www.berznik.com.

mk

берзНИК -

GODINA III - BROJ 85 - 3 АВГУСТ 2009 GODINA (PRILOG NA TENDERNIK)

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:28 Page 1

Владата даде отчет за
едногодишната работа

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:28 Page 2

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:29 Page 3

Data 3. 08. 2009

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Г

лобалната криза бара и глобални решенија...
Сиромашните земји трпат најтешки удари од
светската економска криза, оцени
потпретседателот на Светската банка, Марван
Муашер. Според него, социјалниот аспект на
кризата во голема мерка е игнориран, а
игнорирањето на помошта за сиромашните
претставува кратковидост. Истакнувајќи дека
светската криза, одведе во сиромаштија уште 90
милиони луѓе ширум целиот свет, пред се во земјите
во развој, Муашер потсети дека во овие држави без
работа останале 30 милиони лица. Токму поради
овие причини, Светската банка ги повикува богатите
земји да насочат 0,7 отсто од своите стимулативни
пакети за поддршка на сиромашните држави.

Зелено светло за
ИПА фондовите
- Добро е што финансиските пазари
заздравуваат. Добро е што компаниите почнуваат да
постигнуваат подобри резултати. Но, 2009 ќе биде
лоша година. Ние сме на половина пат. Остатокот од
годинава нема да биде добар, а подобрувањето кое
го гледаме сега, вистински ќе го почувствуваме дури
следната година, оцени и извршниот директор на
ММФ, Доменик Штрос-Кан.
Шефот на ММФ додаде дека дури и
економијата да заздрави, невработеноста ќе остане
висока и ќе се зголемува уште некое време. За
првпат во своето постоење, Меѓународниот
Монетарен Фонд (ММФ) ќе помогне 80
најсиромашни земји, без да плаќаат камата, барем
не до крајот на 2011 година. Така ќе можат да
примаат и повеќе пари во облик на заем. Новите
заеми на овие земји би можело да достигнат 17
милијарди долари до 2014 година, од кои што 8
милијарди ќе бидат исплатени првите две години.

Makedonka Baldazarska
Glaven i odgovoren
urednik na берзНИК
e-mail:
berzNIK@interNIK.com.mk

берзНИК

3

Според него, одлуката согласно која Македонија ја
презема надлежноста за управување со европските
пари е воедно и најдобар доказ дека капацитетите
на државните институции постојано зајакнуваат.
Двата проекта со кои Македонија ќе
стартува се делницата Демир Капија - Смоквица од
Коридорот 10, значаен за подобрување на
конкурентноста на македонската економија, и
изградбата на пречистителна станица во Прилеп,
вредна 16 милиони евра.
Финансирањето и склучувањето на договорите за
третата ИПА компонентна ќе се врши преку
Министерството за финансии.
- Очекуваме во септември да се склучи спогодбата
и веднаш потоа да почне објавувањето на
тендерите за првите проекти што ќе се
финансираат од ИПА средствата, рече
вицепремиерот и министер за финансии Зоран
Ставрески.
Министерот за транспорт и врски Миле
Јанакиески додава дека третата ИПА компонента
предвидува инвестиции не само во транспортот, туку
и во областа на животната средина. Ќе се изработи
студија за модернизација на железничката
инфраструктура, најави Јанакиески.
Да потсетиме, инструментот на ЕУ за
претпристапна помош (ИПА) почна да се применува
од 1 јануари 2007 година. Ги замени дотогашните
тековни програми КАРДС (за земјите од Западен
Балкан) и ИСПА, ФАРЕ и САПАРД (за земјите
кандидати за членство).
ИПА се состои од пет компоненти: за
развој на административните капацитети, за
прекугранична и регионална соработка, за
регионален развој, за развој на човечки ресурси и за
рурален развој (ИПАРД).

ММФ од 2006 до 2008 година просечно има
одобрено милијарда долари како помош на
најсиромашните држави, а од почетокот на 2009
година за оваа намена се одобрени 3 милијарди
долари.

Сите земји кориснички на ИПА немаат еднаков
третман. Пристапот е различен за потенцијалните
кандидати (Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и
Косово) и кандидатите за членство во Унијата
(Македонија, Хрватска и Труција).

На Македонија, да не се жалиме, добро и
тргна со кредитните линии. Прво, Светска банка за
изградба на патната инфраструктура, па ЕИБ со 100
милиони евра за поддршка на малите и средни
претпријатија, а сега Македонија доби и зелено
светло од Европската комисија (ЕК) за самостојно
управување и со парите од третата компонента на
претпристапните ИПА фондови, која се однесува на
регионалниот развој, соопшти вицепремиерот за
евроинтеграции, Васко Наумовски. Станува збор за
над 110 милиони евра од кои 40 се за периодот
2007-2009 година, а останатите за 2010 и 2011
година. Во првата фаза ќе се реализираат два
проекта, доизградба на Коридорот 10 и изградба на
пречистителна станица во Прилеп. За втората
приоритетите веќе се дефинираат.

Услов за да се добие европската помош е
државата да обезбеди национално кофинансирање.
Притоа, соодносот на поддршката е различен.
Проектите од компонентите 1 и 3 се финансираат со
75 отсто од ЕУ фонодивте и 25 проценти домашни
буџетски средства, а оние од компонентите 2 и 4 со
15 отсто национални и 85 европски пари. ИПАРД
проектите, пак, се кофинансираат 50 отсто (75 отсто
со ЕУ средства и 25 проценти со национални пари).
Останатите 50 проценти ги покриваат земјоделците.

- Угледот на Македонија во Европската комисија
расте за што доказ е и оваа укажана доверба за
управување со парите на европските даночни
обврзници. По визната либерализација, ова е уште
една јасна порака дека ЕК смета на Македонија како
на сериозен партнер и идна држава - членка на
европското семејство, рече Наумовски.

Македонија во периодот 2007 - 2012 година од сите
пет компоненти има можност да искористи вкупно
507,2 милиони евра.
Сега се на потег домаќините, колку ќе бидеме
умешни сите тие пари да ги искористиме за
поставување на базни темели за натамошен
економски развој зависи и од Владата и од
експертите и од стопанските и земјоделски бизнис
потенцијали.

До следниот
понеделник

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:32 Page 4

4

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 3. 08. 2009

ПРОКРедит аКадеМија

Банкарска едукација и за новинарите
Околу четириесетина новинари од националните и локалните медиуми, на 27 и 28
јули годинава, ја посетија Банкарската школа
за новинари, што ја организираше ПроКредит
банка. Целта на Школата беше да ги продлабочи познавањата за макро и микро –економското опкружување, улогата на банкарскиот
сектор во Македонија како и финансиските
услуги, и да им пружи на новинарите поголема умешност за подлабоко истражување,
објективно расудување и аналитички осврти.
Инаку, обуката на претставниците на медиумите, која се одржа во Академијата на
ПроКредит банка, на езерото Младост кај
Велес, е една од стратешките определби за
развој на банката.
На првиот ден од Банкарската школа,
новинарите имаа можност да дискутираат со
еминентни и истакнати професори, како
проф. д-р Мирољуб Шукаров, од
Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.
д-р Владимир Филиповски од Универзитетот
св. Кирил и Методи и проф. д-р Дејан
Пендев, од Економскиот институт. Подетално
зборувајќи на темата Макроекономското
опкружување и улогата на банкарскиот сектор, професор Шукаров потенцираше дека
банкарството е дел, и тоа најважен, во
финансискиот систем на државата. Кај банките нема алтруизам. Нивна основна цел е создавање профит, додека основна задача им е
да го следат реалниот сектор. – Во споредба
со западните, високоразвиени земји, каде
финансискиот систем, а со тоа и банкарскиот, пружа високо софистицирани услуги,
нашите банки се задржуваат на класичните
банкарски услуги. Всушност, благодарение
токму на таа неразвиеност, нашиот банкарски
систем остана стабилен и се спаси од ударот
на финансиската криза – подвлече Шукаров.
Професорот Владимир Филиповски, кој ја
презентираше темата Микроекономски фактори, анализа на билансот на состојба и
билансот на успех, зборувајќи за функциите
и видовите на банкарство, истакна дека
инвестиционото банкарство доживеа најголема криза. - Кај нас тоа е во зародиш, бидејќи
засега нашите банки не нашле посериозен
мотив да се занимаваат со овој вид на банкарство. Важноста на малите и средни претпријатија за економскиот развој на
Македонија пред посетителите на Школата ја
објасни професор Дејан Пендев, кој меѓу
другото, истакна дека анализите покажуваат
дека тие го решаваат проблемот на невработеноста, но не се толку продуктивни како
големите. За функциите и надлежностите на
Народната банка на Македонија зборуваше
Фросина Целеска.
Покрај тоа, новинарите имаа можност и за
размена на меѓусебни искуства преку отворените дискусии. Во текот на вечерната сесија

Околу четириесетина новинари од националните и локалните
медиуми, на 27 и 28 јули годинава, ја посетија Банкарската школа
за новинари, што ја организираше ПроКредит банка

од првиот ден, своето искуство пред новинарите го сподели главниот и одговорен уредник на А1 телевизија, Младен Чадиковски,
која ја отвори и дебатата за предизвиците со
кои се соочуваат новинарите од економските
рубрики.
Вториот ден беше посветен на теми кои се
однесуваат на банкарството, а беа презентирани од претставници на ПроКредит банка.
За тоа што значи и како се применува одговорното банкарство, на мошне впечатлив и
прифатлив начин зборуваше Емилија
Спировска, член на Управниот одбор на
ПроКредит Банка и Директор за управување
со ризици, која укажа дека најдобра илустрација за тоа е ако се дадат примери на
неодговорно банкарство. Притоа, Спировска
подетално се задржа на причините за настанокот на финансиската криза, која тргна од
САД, со хипотекарните кредити кои банките
им ги даваа на подстандардните клиенти,
таканаречени нинџи. –Битно е да се вратиме
на минатото за да разбереме како и зошто се
случи кризата, кои фактори имале влијание
за криза од вакви размери, а чии последици
денес ги чувствуваме сите ние – рече

Спировска, додавајќи дека примери на
неодговорно банкарство имаме во нашето
соседство, каде има(ше) бум на потрошувачко кредитирање.
Осврт на штедењето денес даде Маја
Палчевска, Раководител на дивизија за банкарски услуги, а на кредитирањето денес и
како се креира и од што зависи каматната
стапка, се осврна Билјана Хаџијанева,
Раководител на сектор за кредитирање.
По презентациите, новинарите имаа можност за практична работа,односно да го спроведат стекнатото знаење преку анализa на
две финансиски институции. Имено, новинарите преку показателите од финансиските
извештаи и начинот на комуникација на банките изготвија кратки студии за тоа како и
дали тие банки практикуваат одговорното
банкарство.
Овие студии беа презентирани пред двајца
уредници со долгогодишно искуство,
Александар Дамовски, главен и одговорен
уредник на Нова Македонија и Спасијка
Јованова, заменик главен и одговорен уредник на Капитал, кои дадоа свои забелешки и
насоки за изготвените студии.

МБПР

Претпријатијата ќе аплицираат за кредит во седум банки
ЕВТИНИТЕ кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе се
доделуваат преку Стопанска банка АД Битола и Стопанска банка АД
Скопје, Прокредит банка, Инвест банка, НЛБ Тутунска банка, Охридска
банка и Комерцијална банка. Станува збор за мошне поволна кредитна
линија од сто милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ)
преку Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) ќе бидат
инјектирани како поддршка во домашните микро, мали и средни претпријатија.
Каматната стапка за крајните корисници, за делот од кредитната
линија од ЕИБ и деловната банка, ќе изнесува шест проценти годишно,

а рокот на отплата на средствата од Програмата за поддршка преку
инвестициони кредити е пет години со вклучен грејс период до една
година, додека, пак, средствата од програмата за поддршка преку кредити за трајни обртни средства ќе се отплаќаат минимум две, a максимум три години, со вклучен грејс период до шест месеци. Средствата
од програмата за поддршка преку инвестициони кредити ќе бидат
наменети за купување недвижности, опрема и обртни средства, како и
за вложување во нематеријални средства, односно за развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и за трошоци и плати
поврзани со фазата на истражување и развој.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:33 Page 5

Data 3. 08. 2009

broj 85
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

5

27.07.2009 g. PONEDELNIK
S

O

D

R

@

I

N

A

VOVED........................ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
BERZNIK - PONEDELNIK SREDA ....................................5-7
на домашен терен...............................8-9

О Т Ч Е Т Н А В Л А Д А Т А ......................12-13

нбрм...............................................14-15

СВЕТ ВЕСТИ.........................................................18-19
БЕРЗНИК - ЧЕТВРТОК-САБОТА ............20-23
НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА................................24
БЕРЗА..................................................25-26

I M P R E S S U M

Izdava: INTERNACIONAL NIK AD - Skopje
Mediumska biblioteka i digitalna arhiva
Redakcija na
Adresa: Plo{tad MAKEDONIJA bb, p.fah 882 Skopje, 1000,
R.Makedonija
Tel.
02/25.32.800 faks: 02/25.32.839
Internet: www.interNIK.com.mk;
e-mail:
info@interNIK.com.mk
Izvr{en direktor: Zdravko Josifovski
IKT Menaxer: Kiro Velkovski
Menaxer za delovni odnosi: Divna Pe{i}
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI
e osnovan 2007 godina.
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI
Broj: 85
Data: 3.08.2009
SE DISTRIBUIRA SAMO SO PRETPLATA
FOTO NASLOVNA:
владата даде отчет
за едногодишната
работа
Foto:
Robert Spasovski

1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
-Можните измени на Законот за енергетика, денеска топ тема во сите печатени медиуми. -Власта ќе попушти,
под притисок на Европската енергетска заедница ќе мора да
го менува Законот за енергетика. Владата сега е ставена во
тесно и има рок од два месеца да го направи тоа. Како што
беа експресно донесени измените на Законот за енергетика
лани есента под притисок на ЕЛЕМ, така сега власта ќе
мора, исто така, експресно да направи повторно измени во
Законот. Претставници на Европската енергетска заедница
уште на почетокот на мај годинава имале специјални преговори во Владата за ова прашање. Меѓугоа, власта во меѓувреме не го измени Законот, поради што очигледно оваа
институција се решила на ваков чекор, да испрати официјално мислење до Владата, но и до македонската јавност. Ако
измените не се направат во рок од два месеца, од Брисел
предупредуваат дека ќе го информираат Советот на министрите, односно целиот случај ќе се Предаде на ЕУ, за таа да
реши што понатаму.
Министерот за економија Фатмир Бесими најави дека
откако официјално ќе ги добијат забелешките од ЕЕЗ, веднаш ќе пристапат кон менување на Законот. -Ние официјално се уште не сме ги добиле забелешките, но штом ќе пристигнат ќе ги разгледаме и подготвени сме веднаш да пристапиме кон усогласување на Законот за енергетика со
европските директиви. Забелешките од Европската енергетска заедница ќе ги инкорпорираме во нашите закони, изјави
вчера портпаролот на Министерството за економија, Исмаил
Ебипи.
Топ вест денес и опжалувањето на стечајната постапка
на Сведмилк од Моше Баум. Неговата фирма бара да се
затвори стечајот во Сведмилк. Моше Баум поднесе жалба на
одлуката за отворање стечај на млекарницата Сведмилк.
-Феникс енерџи сака Сведмилк да работи и да не биде
ликвидиран, бидејќи стечајниот управник досега не најде
соодветен начин млекарницата да проработи. Оваа фабрика е единствена во регионот и повеќе од тажно е што не се
користи нејзиниот капацитет вели Баум во соопштението до
медиумите. Тој истакнува дека како доказ се способни да
работат со фабриката, на судот му доставиле договор потпишан со институтот Пегасис од Италија во вредност од 21
милион евра, за обезбедување шест модерни фарми во
земјава, инвестиции во земјоделството, како и извоз на
млеко. Доставиле и доказ за добиен тендер од држава во
Африка, од кој месечно требало да добиваат по еден милион
евра.
-По повод четири години од влегувањето на компанијата на македонскиот пазар, Андреј Куку, генерален менаџер на Лукоил Македонија, во вчерашното интервју за
државната Македонска информативна агенција (МИА) не
штеди на убави зборови за соработката со Владата и со другите државни институции, за македонската бизнисклима,
условите за инвестирање, како и за развојот на рускиот
бренд. “Лукоил” е присутна четири години на македонскиот
пазар, исто толку време и вие лично сте овде. Што би
издвоиле како најголема промена што сте ја забележале во
Македонија во овој период?
Најбитни се реалните мерки спроведени во насока на

европските интеграции. Да го земеме, на пример, пазарот на
горива. Почнувајќи од јули годинава, Владата дозволи продажба на гориво со квалитет еднаков на земјите од
Европската Унија. Тоа значи: големо подобрување на животната средина и грижа за здравјето на населението во
земјава, можност за увоз и продажба на автомобили со високоекономични и еколошки мотори. Тоа досега не беше
можно бидејќи производителите не даваа гаранција за работата на моторите поради тоа што немаше висококва-литетни
горива. Населението ќе има пристап до поеконо-мични,
поефективни и поквалитетни горива во својата земја. При
избор на земја за транзит, Македонија ќе стане попри-влечна
и за автотранспортните превозници.
Преработувачката индустрија заглавена во банките
–Бизнис, Клиентите од преработувачката индустрија се
најзадолжени кај банките. Корпоративниот сектор за да ги
реализира своите развојни проекти и да се позиционира на
пазарот, најмногу ги користи банките како извори за свеж
капитал. Во текот на минатата година, барем во првата половина, банките беа пофлексибилни и за компаниите обезбедуваа пари со поповолни камати и услови. Тоа овозможи да
се освежи стопанството и да се размрда претприемништвото. Компаниите земаа кредити, но можеа и да ги враќаат
поради зголемениот обем на работа и профитабилноста.
Сега работите се сменети, a долговите почнуваат да стануваат главниот проблем за компаниите, бидејќи профитабилноста е намалена, многу извозни договори или се стопирани
или се намалени. Стопанството ја чека најавената финансиска инјекција од 100 милиони евра што треба да ги обезбеди државата преку Европската инвестициска банка. Бизнис
секторот во изминатиот период негодуваше дека ова нема
да им ги надомести загубите и да ги врати во живот, бидејќи
според најавите, предност ќе имаат само извозно ориентираните, со што остануваат да „висат” останатите фирми.
Време –Истекува времето за замена на горивотоЕвродизелот останува балкански-Крајниот рок на замена на
стариот дизел истече на 15 месецов и тој треба да му го
отстапи местото на новиот евродизел 5, во согласност со
стандардите на ЕУ за примена на течни горива на бензинските пумпи. На пумпите, според постојните законски пропиш,
од први овој месец се воведоа нови безоловни бензини од 95
и 98 октани, евродизел 5 и мазут што содржи помалку
сулфур. Меѓутоа, мал број од бензинските пумпи ги воведоа
новите горива затоа што се уште се ослободуваат од резервите на старите бензини. Оставен им е рок од два месеца за
замена на стариот мазут со нов и купување нови безоловни
бензини.
Квалитетот го испитува пазарната инспекција и според
досега спроведените контроли на пумпите, кои продавале од
новиот вид гориво, не се пронајдени аномалии во неговиот
квалитет и во содржината. Казните за непочитување на правилата за продажба на новите бензини достигнуваат до
15.000 евра.Отворено небо не носи евтини авиобилети-Нова
Македонија-Република Македонија нема изработено сопствена стратегија за авиосообраќајот и преземањето на концептот на „отворено европско небо” нема да донесе конкуренциј а и намалување на цената на авионските билети.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. БЕСИМИ: ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЌЕ СЕ МEНУВA (*****)
2. МОШЕ БАУМ БАРА ДА СЕ ЗАТВОРИ СТЕЧАЈОТ ВО „СВЕДМИЛК” (****)
ДНЕВНИК
с.6 БЕСИМИ ЌЕ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА
с.6 „ЖИТО ВАРДАР” ПОЧНА СО ОТКУП НА ЛЕБНОТО ЖИТО
с.7 „ФЕНИКС ЕНЕРЏИ” ГО ОБЖАЛИ СТЕЧАЈОТ НА
„СВЕДМИЛК”
с.9 ПАЗАРОТ НА ГОРИВА СЕ ОСЛОБОДУВА

БИЗНИС
с.2 ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 1,61 МИЛИЛОНИ
ЕВРА ДОНАЦИЈА ОД ABCTPИJA
с.2 МОШЕ БАУМ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА НА ОДЛУКАТА ЗА
ОТВАРАЊЕ НА СТЕЧАЈ ЗА „СВЕДМИЛК”

Redakcija na
Internet distributiven sistem: www.interNIK.com.mk
Glaven i odgovoren urednik: Makedonka Baldazarska
Novinari: Vaska Mickoska
Evoluator na vesti: Сашо Велагиќ
operatori: Mare Lazarevska, Димитар Димитриески и Иван
Симоновски
Fotoreporter: Robert Spasovski

с.4 ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА ЗАГЛАВЕНА ВО
БАНКИТЕ

Marketing, distribucija i proda`ba:
INTERNACIONAL NIK AD - Skopje

с.8 МОШЕ БАУМ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА НА ОДЛУКАТА ЗА
ОТВАРАЊЕ СТЕЧАЈ НА СВЕДМИЛК

с.8 ИЗНОСОТ НА БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ ЗГОЛЕМЕН ЗА
50 ПРОЦЕНТИ
с.9 ОБВРЗНИЦИТЕ НАЈАТРАКТИВНИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.5 „ГРАДСКИ АПТЕКИ” СО ПРАЗНИ РАФТОВИ

с.9 ВО ЧИИ РАЦЕ ЌЕ ПАДНАТ ПРЕДМЕТИТЕ „ИЗГРЕВ”,
„ЈАКА ТАБАК” И „ПЕПЕЛ”?

ВРЕМЕ
с.6 БАНКИТЕ СОБИРААТ ПОМАЛКУ ПАРИ
с.7 ЕВРОДИЗЕЛОТ ОСТАНУВА БАЛКАНСКИ
с.7 ЗАГУБАРИТЕ НА ПАЗАР
с.7 HA ЕЛЕМ ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ МОНОПОЛОТ

ВЕЧЕР
с.5 ВЛАДАТА СОЗДАВА ОДЛИЧНИ БИЗНИС УСЛОВИ
с.7 ЖАЛБА ЗА СТЕЧАЈОТ ВО СВЕДМИЛК
с.7 ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА НАЕСЕН ЌЕ СЕ МЕНУВА

ВЕСТ
с.2 БЕСИМИ: ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЌЕ СЕ МEНYВA
с.3 ТОПЛАНИТЕ БАРААТ ПОСКАПО ПАРНО OД 20 ДO 32 ОТСТО
с.3 555 КМ АВТОПАТ ПОД КОНЦЕСИЈА

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.6 ГОЛЕМИ ВЕТУВАЊА ЗА ИДНИНАТА НА СУВЕНИР
с.7 “ОТВОРЕНОТО НЕБO” НЕ НОСИ ЕВТИНИ АВИОБИ-ЛЕТИ
с.7 “ФЕНИКС ЕНЕРЏИ” JA ОБЖАЛИ ОДЛУКАТА ЗА СТЕЧАЈ ВО “СВЕДМИЛК”

ШПИЦ
с.8 МОШЕ БАУМ БАРА ДА СЕ ЗАТВОРИ СТЕЧАЈОТ ВО
„СВЕДМИЛК”
с.8 ВЛАСТА ДA ГО ВРАТИ „КАЈМАКОТ” ОД ЕЛЕМ

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:33 Page 6

6

берзНИК

broj 85
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 3. 08. 2009

28.07.2009 g. VTORNIK
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
-Зошто паѓаат тендерите на Владата, анализира Утрински весник. Изградбата на трите куполи на Собранието повторно се одложува поради
тоа што пропадна и вториот тендер. Според официјалното објаснување, трите заинтере-сирани
фирми, Бегон, Гранит и Конструктор-Сплит, и овој
пат понудиле превисоки цени, околу 12 милиони
евра. Компаниите не доставиле ниту спецификации за материја-лите, што, исто така, им се зема
како голем пропуст. За две седмици ова е трет
тендер што не успеа (по двокатните автобуси и
Вардарска Долина), a се однесува на проекти кои
Владата ги турка уште од преземањето на власта
во 2006 година. Слична судбина со поништување
или со заглавување во процедурата имаа и тендерите за повеќе капитални објекти од енергетиката како: ТЕЦ Неготино, хидроцентра-лите
Чебрен и Галиште, Бошков мост, Вардарска
Долина, кои неколку пати беа поништени, па
повторно објавени.
-Тендери се распишуваат само за да пропаднат, анализира и Време.Тендерите за енергетика
во земјава пропаѓаат поради лошата владина
политика и несериозниот однос кон заинтересираните компании, тврдат експертите...
Условите што ги нудеше државата беа причината за пропаѓање на тендерите за изградба
на хидроцентрали. He можете да ги викате инвеститорите ајде градете кај нас, ама објектот што
ќе го изградите цело време ќе биде наш. Под тие
услови никој нема да дојде вели Кочо Анѓушев,
универзитетски професор и претставник на ЕФТ,
компанија што се занимава со увоз на електрична енергија. Тој тврди дека ЕФТ е заинтересирана за проектот Бошков мост, но ќе учествува
само ако државата ги смени условите под кои го

одобрува проектот.
-Се одложува тендерот за концесии на
патиштата,
пишува
Нова
Македонија.Министерството за транспорт и врски се уште не
го распиша тендерот за издавање концесија на
седум патни правци во Македонија, иако премиерот Никола Груевски пред повеќе од еден месец
најави распишување на тендерот во рок од еден
месец. Во Министерството сега најавуваат дека
тендерот ќе се распише во август, а изборот на
концесионер што ќе ги гради 550 кило метри нови
патни правци ќе биде познат дури во септември,
пренесе Тотал...
-Шведска без истрага за Сведмилк, е насловот под кој Вест ја објави анализата за случајот
со млекарницата во разговор со шведскиот амбасадор Ларс Фреден ,кој првпат се согласи за
аферата со млекарницата. -Bo Шведска нема
истрага за млекарницата, Свидмилк во која
доминантен сопственик беше шведскиот фонд
Свидфонд кој е основан со 100 проценти државен капитал, изјави за Вест, Ларс Фреден, амбасадор на Кралството Шведска во Македонија.
Оскарсон исчезна од Македонија кога проблемот
со неисплатеното млеко кулминираше.
Шведскиот амбасадор во Македонија вели
дека Шведска во проектот Свидмилк изгубила
вкупно 500.000 евра во акциски капитал и околу
150.000 во позајмици кои Свидфонд ги вложи во
развојот на млекарницата во Маке-донија.
И денес дел од весниците се навраќаат на
Законот за енергетика. -Мислењето од
Европската енергетска заедница за Законот за
енергетика се уште патува до Влада-та, по дипломатски пат, велат од Министерството за економија. Владата се правда дека официјално ги

нема добиено забелешките. Министрите си ја
префрлаат одговорноста едни на други. Од
тројката најповикани Ставрески, Чингов-ски и
Бесими, само Бесими најави дека откако официјално ќе ги добијат забелешките од ЕЕЗ, веднаш ќе пристапат кон менување на Законот.
Од ЕЛЕМ, кој фактички поради забелешките
од Брисел ќе морада ја загуби монополската
позиција што му се даде со ланските измени на
Законот, засега не сакаат да коментараат ништо.
Оттаму упатуваат на Министерството за економија, кое е предлагач на Законот за енергетика.
-УЈП наплаќа данок во покер апарати, машини и автомобили, пишува Нова Македонија. Станува збор за имот кој УЈП го запленила од
различни даночни обврзници, правни и физички
лица кои не успеале навремено да ги намират
даночните обврски. Од огласите на УЈП може да
се забележи дека даночниците не се пребирливи
во однос на имотот што е предмет на заплена.
Така, на продажба се нудат хаварисани автомобили по багателни цени, разни видови машини,
деловен простор, апарати за игри на среќа и што
уште не.
Кој ја голта водата за пиење, истражува
Шпиц.-Рашче ќе пресуши, а скопјани ќе дехидрираат ако граѓаните и јавните претпријатија ги
полеваат дворовите и парковите со водата за
пиење Автопералниците не се ништо посовесни
и се правдаат дека немаат цистерни да носат
вода од Вардар.
Вечер- Продадени акции на Охридска банкаВо блок трансакција, вчера на Официјалниот
пазар на Македонската берза за хартии од вредност продадени 1,29 проценти од капиталот на
Охридска Банка.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. ЗОШТО ПАЃААТ ТЕНДЕРИТЕ НА ВЛАДАТА (****)
2. ВЛАСТА НЕ ГЛЕДА КРИМИНАЛ ВО „СВЕДМИЛК” (***)
ДНЕВНИК

с.6 ТЕНДЕРИ СЕ РАСПИШУВААТ САМО ЗА ДА ПРОПАДНАТ

с.7 ОБВРЗНИЦИТЕ ГИ ЗАЈАКНАА ФОНДОВИТЕ

с.6 БЕНЗИНОТ ПОЕВТИН

с.7 БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНИ ЗА 2,5, ДИЗЕЛОТ ЗА ТРИ ДЕНАРИ

с.6 ГРАЃАНИТЕ ГО СТИСНАА ЏЕБОТ

с.8 СЛАВЕСКИ ИСЧЕЗНА
с.8 ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НЕ ЗНААТ КОЈ ГИ ЗАСТАПУВА

БИЗНИС
с.2 БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИН ЗА 2,5, A ДИЗЕЛОТ ДО 3,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР
с.2 ВРЕМЕ Е ЗА МЕНАЏЕРСКИ КОНСУЛТАНТИ
с.5 ЌЕ СЕ ИСЧИСТИ ЛИ ОГРОМНАТА НЕВРАБОТЕНОСТ?
с.5 ТРАНЗИТНИОТ ПРЕВОЗ НА СТОКИ БЕЗ ДОЗВОЛИ
с.8 СТРАНСКИТЕ АКЦИОНЕРИ ГИ „ГОЛТНАА” ДОМАШНИТЕ БАНКИ
с.9 ИСТРГУВАНИ 1,29 ПРОЦЕНТИ ОД ОХРИДСКА БАНКА ЗА 7,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

ВЕЧЕР
с.5 ПРОДАДЕНИ АКЦИИ НА ОХРИДСКА БАНКА
с.7 ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН-РЕАЛНОСТ!
с.7 БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНИ ЗА 2,5, А ДИЗЕЛОТ ЗА 3,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР
с.7 ДОЛГОВИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА ДА СЕ ОДЛОЖАТ

ВЕСТ
с.3 ШВЕДСКА БЕЗ ИСТРАГА ЗА “ СВИДМИЛК”
с.3 ПОЕФТИНИJA БЕНЗИНИТЕ

УТРИНСКИ ВЕСНИК

с.7 ЦАРИНАТА ЕЛЕКТРОНСКИ ЌЕ ЃИ СЛЕДИ АКЦИЗНИТЕ СТОКИ

с.3 ЗОШТО ПАЃААТ ТЕНДЕРИТЕ НА ВЛАСТА
с.7 СИТЕ СИ ЈА ПРЕФРЛААТ ТОПКАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА
с.7 БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНИ ЗА 2,5 ДЕНАРИ А ДИЗЕЛОТ ЗА 3
с.8 ОД ИДНАТА ГОДИНА, ЦАРИНА ЌЕ ГИ НАПЛАЌА АКЦИЗИТЕ

с.7 УЈП НАПЛАЌА ДАНОК ВО ПОКЕР АПАРАТИ, МАШИНИ И АВТОМОБИЛИ

ВРЕМЕ
с.6 ЕВН ДА ИМА ИСТ ТРЕТМАН СО ЕЛЕМ

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.7 БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНУВААТ ЗА 2,5 ДЕНАРИ, А ДИЗЕЛОТ ЗА 3 ДЕНАРИ

ШПИЦ
с.7 КОЈ ЈА ГОЛТА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ?
с.8 „ВАРДАРСКА ДОЛИНА” ЗАМАТЕНА OД НОВИОТ ТЕНДЕР

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:33 Page 7

Data 3. 08. 2009

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

7

29.07.2009 g. SREDA
1. KRATOK pREglED NA NASTANI
Искористувањето нa сончевата енергија, се
поактуелно кај македонските граѓани, е тема која
денес ја обработуваат речиси сите дневни весници.
Примерот на семејството на Себастијан Хуна од
скопската населба Ново Лисиче е едно од 500-те
македонски домаќинства кои за потребите на својот
дом имаат инсталирано сончеви колек-тори, а за
тоа Владата им има доделено субвенција, опишуваат весниците. Министерството за економија покрива
30 проценти од трошоците за поставување на колектор, а заштедите во енергија што едно семејство ќе
ги има на годишно ниво, ќе им овозможат намалување на сметките за струја за повеќе од 7.000 денари.
Со овие колектори се користи сончевата енергија
како обновлив извор на енергија за добивање на
топла вода, оти доволно е во текот на денот да има
само половина час сонце и водата да се стопли.
-ЕВН ја замрзнува апелацијата, пренесува
Дневник... Австријците бараат Арбитражниот суд во
Вашингтон да донесе привремена мерка со која ќе
се замрзне случајот во македонските судови додека
на заврши процесот во САД. ЕВН бара
Арбитражниот суд во Вашингтон да донесе привремена мерка со која на Македонија ќе и’ препорача
да го прекине случајот ЕВН-ЕЛЕМ во домашните
судови се’ додека не заврши процесот во САД,
велат адвокатите од американската правна куќа,
Латам и Воткинс, која ја застапува македонската
влада.
Иако Австријците се’ уште не го потврдуваат
ова барање, експертите велат дека привремените
мерки се сосема легитимно право во меѓународната практика, кои имаат цел заштита на одредени
права и интереси.
Земјоделците секогаш актуелни. - Агроберзата
да работи поактивно, седум дена во неделата, и со
поинтен-зивна динамика да го прибира житото, а
државата да обезбеди дополнителни два денара за

килограм пченица, побараа денеска претставниците на Асоцијацијата на земјоделци од ресорниот
министер Љупчо Димовски. Според нив, допрва
треба да се очекуваат проблеми со откупот на
грозјето и градинарските култури. Светската криза,
преду-предија, ќе се почувствува и во останатите
гранки.
- Агроберзата треба повеќе да се активира за
да знаеме какви се цените на најголемите потрошувачки центри со кои имаме соработка, како Загреб и
Белград, да видиме дали навистина ниската откупна цена е резултат на светската економска криза
или тоа намерно го прават трговците за да имаат
поголем профит, изјави претседателот на
Асоцијацијата Ефтим Шаклев по средбата со
Димовски.
-Меркатор, најголемиот трговски синџир во
Слове-нија и покрај глобалната криза најавува дека
ќе го шири бизнисот на Балканот, вклучително и во
Македонија. Според првиот човек на Меркатор
Жига Дебељак, експанзијата ќе биде во Косово и
Македонија....Меркатор кој, покрај во Словенија, е
присутен и во Хрватска, Србија, Босна и
Херцеговина и Црна Гора лани остварил приходи од
продажба во висина од 2,7 милијарди евра. Тоа е за
11 проценти повеќе од претходната година и три
насто над планираното. Компанијата лани остварила чиста добивка од 40,8 милиони евра.Компанијата
планира да навлезе на пазарите во Македонија и
Косово до 2012 година.
Скопски Жито Лукс, компанијата за производство на прехранбени производи деновиве се здобила со новиот сертификат за квалитет и безбедност
на храна ISO 22000. Оваа информација компанијата
ја има објавено на официјалниот сајт на
Македонската берза за хартии од вредност како
ценовно чуствителна информација
Во Утрински ќе читате, од ММФ добивме 77

милиони долари. -Во август ќе се знае дали и кога
Македонија ќе може да повлече 77 милиони долари
од квотата што и’ припаѓа на земјава, а е дадена со
специјалните права за влечење од средствата на
Меѓународниот монетарен фонд. Овие пари нашата
земја може да ги повлече без склучување формален
аранжман со Фондот, а ќе и’ помогнат на државава,
покрај 175 милиони евра од еврообврзницата, да ја
премости кризата. Министерот за финансии Зоран
Ставрески деновиве изјави дека оцена на Владата
е дека засега Македонија може успешно да се справи со кризата и без аранжман од ММФ, најавувајќи
го очекуваниот прилив на пари од Фондот есенва.
Државата и натаму ги цеди парите од стопанството-Министерството за финансии, иако има нов
кормилар, не се откажува од старата практика задолжување на домашниот пазар. Со тоа продолжува да ги истиснува парите од стопанството, кои
моментно му се повеќе од неопходни.
Сепак, вчера Министерството за финансии не
успеа да ја реализира целосно продажбата на понудените државни записи од околу 14 милиони евра,
односно не успеа да се задолжи со планираната
сума, бидејќи продаде само записи вредни 8 милиони евра, по фиксна камата од 5,7 отсто.
Најверојатно, слабиот интерес се должи на долгиот
рок на достасување на записите од 12 месеци, поради што не се привлечни за банките и за другите
инвеститори. Токму поради тоа, беше остварена и
пониска каматна стапка од 5,7 отсто, во споредба со
краткорочните записи што достигнуваа камати и до
над 9 проценти. Инаку, денеска Министерството за
финансии треба да врати речиси два милиона евра,
за претходно продадените 12 месечни записи. Во
почетокот на овој месец, Владата врати и 17 милиони евра зајмени врз основа на три и шест месечни
записи. За таа цел мораше да издаде и нови записи
за да ги врати парите од претходните задолжувања.

2. TOp VESTI - RElEVANTNOST pO BROJ NA OBJAVI
1. СОНЦЕТО ГИ ПРЕПОЛОВУВА СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА (****)
2. ЕВН ЈА ЗАМРЗНУВА АПЕЛАЦИЈА (***)
ДНЕВНИК
с.7 СКОПЈАНИ ОТСЕЧЕНИ ОД ПАРНОТО
с.7 ЕВТИНА СТРУЈА ОД СОНЦЕТО
с.7 ЕВН ЈА ЗАМРЗНУВА АПЕЛАЦИЈА
с.9 ПОСЕБЕН ФОНД ОД 250 МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ММФ
БИЗНИС
с.2 МЕРКАТОР ЌЕ СЕ ШИРИ ВО МАКЕДОНИЈА
с.4 КРИ3ATA ЈА НАГРИЗУВА ПРОФИТАБИЛНОСТА HA БАНКИТЕ
с.5 КРИ3ATA ЈА НАГРИЗУВА ПРОФИТАБИЛНОСТА HA БАНКИТЕ
с.8 „ЖИТО ЛУКС” СО СЕРТИФИКАТ ИСО 22000
с.8 НЕТРГОВСКИ ТРАНСФЕР НА АКЦИИ НА КОТИРАНИ ДРУШТВА
с.9 ПОРАСНА ВРЕДНОСТА НА МБИ-10 И МБИД

с.6 ВЛАДАТА ЌЕ РАСПРАВА ЗА ЕНЕРГЕТИКАТА
с.7 ПОЛЕСНО СЕ ЛЕТА БЕЗ MAT
ВЕЧЕР
с.7 ЖИТО ЛУКС ГО ЗАЈАКНУВА КВАЛИТЕТ
с.7 СЕ КАПЕШ ЦЕЛ ДЕН ЗА БАДИЈАЛА
с.7 ЖИТО ВАРДАР ОТКУПИ 1.500 ТОНИ
с.7 ЗА КИЛОГРАМ ПЧЕНИЦА ДОПОЛНИТЕЛНИ 2 ДЕНАРИ
ВЕСТ
С.3 АЦЕ РУСЕВСКИ В.Д. ДИРЕКТОР НА ЈП ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ
С.3 HOВ ТЕНДЕР ЗА ЗГ МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА
НОВА МАКЕДОНИЈА

УТРИНСКИ ВЕСНИК

с.6 ШВРГОВСКИ: КАНЦЕЛАРИЈА: НА ЗИКОВ БЕШЕ ВО „ЏИНО”

с.7 ОД ММФ ДОБИВАМЕ 77 МИЛИОНИ ДОЛАРИ?
с.7 ДРЖАВАТА И НАТАМУ ГИ ЦЕДИ ПАРИТЕ ОД СТОПАНСТВОТО
с.8 БЕСИМИ СЕ ПРАВДА НЕ БИЛ ОДГОВОРЕН ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА
с.8 СЕКНА БУЏЕТОТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ СО ДОГОВОР ЗА ДЕЛО

с.7 НАД 72 МИЛИОНИ ЕВРА БАНКАРСКИ КРЕДИТИ ПОД ЗНАК СОМНИТЕЛНО

ВРЕМЕ
с.6 ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ГИ ЈАДЕ ДУЌАНИТЕ
с.6 ДРЖАВНИ ДВА ДЕНАРА ЗА ПЧЕНИЦАТА

с.7 ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ БАРААТ УШТЕ ДВА ДЕНАРА ЗА КИЛОГРАМ ПЧЕНИЦА
ШПИЦ
с.9 СОНЦЕТО ГИ ПРЕПОЛОВУВА СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА
с.10 БАРААТ УШТЕ ДВА ДЕНАРИ ЗА ПЧЕНИЦА
с.10 „ЖИТО ЛУКС” ВОВЕДЕ ИСО 22000
с.10 ЌЕ СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:34 Page 8

8

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 3. 08. 2009

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
Бизнис заеДниЦата сугеРиРа:

итна распределба на парите од еиБ
– Распределбата на 100-те милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и репрограмирањето на кредитите се клучни во
овој момент за заживување на македонското стопанство, сметаат бизнисмените.
Според нив, владините мерки за ублажување на последиците од
светската економска криза имаа ефект. Се уште нема јавни наддавања за деловни простори, ниту хипотекарна криза, но итна е потребата
од финансиска инјекција.
- За реалниот сектор сега е многу битно да има брза реакција од
страна на Владата како што досега беше случај. Новите проекти не
се толку актуелни, колку што е важно спасувањето и обезбедувањето
помош за постоечката трговија, изјави Златко Калеников од Сојузот
на стопански комори по денешната средба со министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Калеников напомена дека бизнис секторот за рецесија разговара
веќе шест месеци, дава предлози и мерки што ќе помогнат за подобро стопанисување во услови на криза, независно дали е таа официјално прогласена или не.
- Владата преку статистиката и министерствата треба да ги согледа
официјалните показатели, да види колку тие се рефлектираат на
буџетот и приходите, и официјално да прогласи рецесија или не, рече
Калеников.
Стопанствениците го чекаат новиот ребаланс на Буџетот, кон крајот
на август или во септември. Владата прифати и имплементира околу
80 отсто од нивните предлози.
На средбата со министерот Димовски станало збор за откупот на
пченицата, за стартот на гроздоберот и за состојбата во овоштарството,
сектори во кои, според проценките, допрва ќе се почувствува кризата.

Бесими во посета на макстил

Челичната индустрија бара подобри услови за работа
е-

- Менаџерскиот тим на Макстил не бара
никакви бенефиции од Владата, туку само
поправање на условите за работа на челичната индустрија на економски принципи. Тие за
проблемите на челичната индустрија предизвикани од актуелната глобална економска
криза, како и за владините мерки за нивно
надминување, разговараа при минатонеделната посета на министерот за економија Фатмир
Бесими на челичарницата АД Макстил.
- Средбата со министерот Бесими е поврзана со нашите тековни контакти кои се засилени во услови на криза и преку кои ние се обидуваме да ги надминеме негативните ефекти
од глобалната економска криза. На средбата
ќе го замолиме министерот и Владата во рамките на обврските од Националната програма
за преструктуирање на челичната индустрија
во Република Македонија да помогнат во
поправањето на условите во кои работи и
треба да работи челичната индустрија, изјави
сопственикот на АД Макстил Минчо Јорданов
пред почетокот на средбата.
Јорданов побара да се најдат начини да се
намали цената на гасот и електричната енергија, како и загубите на железницата во
патничкиот превоз да не се покриваат на сметка на делот на транспортот на стоки.
Тој посочи дека трите антикризни мерки на
Владата дале резултат во Макстил, особено
намалувањето на придонесите за 10 проценти.
- За нас антикризните мерки имаа значаен
придонес за надминување на кризата особено
намалувањето на придонесите што предизвика
намалување на трошоците за 10 милиони
денари месечно што на годишно ниво е значајна бројка. Во другите антикризни мерки
челикот не беше ни планиран така што нашата

забелешка е делот од мерките на Владата да
опфати и економски мерки кои ќе и помагаат и
на челичната индустрија по примерот на преземените мерки во овој сектор во Европската
унија, рече Јорданов.
Министерот Бесими посочи дека целта на
денешната средба во Макстил е одблиску да
се запознае со реалната ситуација, односно
како изгледа на терен тоа што е претставено
преку бројките и што значи од аспект на производниот процес и набавката на репроматеријали.
- Челичната индустрија директно е поврзана
со движењата на цената на металите и со
светската економска ситуација, а денешната
средба е можност да видиме како се справуваат нашите компании со последиците од економската криза, рече министерот Бесими.
Тој посочи дека го радува фактот што во
Макстил редовно се спроведуваат планираните инвестиции пред кризата и покрај тоа што,
како што рече, годинава е карактеристична со
неповолни движења од аспект на приходите.
- Тие инвестиции ќе значат преструктуирање
на овој сектор што е и една од целите на
Националната програма и ќе овозможат да
станат поконкурентни на светскиот пазар преку
намалување на нивните трошоци, рече
Бесими.
Министерот за економија нагласи дека на
денешните разговори во Макстил ќе стане
збор што може во наредниот период да се
направи во Националната програма од страна
на Владата за создавање услови, а од приватните компании за преструктуирање на нивното
производство со цел да станат поконкурентни.
- Како ресорен министер на моите колеги во
Владата ќе им ги пренесам предлозите и нови-

те идеи од разговорите. Тие потоа ќе треба да
се разгледаат од повеќе аспекти за да можат
да го дадат својот ефект, рече Бесими.
Бесими и Јорданов се согласија дека е
чудно што производството на метали годинава
бележи пад од 50 проценти, бидејќи како што
кажаа, нема никакви измени во производството на големите претпријатија, а особено не во
Макстл.
- Чудно е што во првиот и вториот квартал
од годинава тоа не беше забележано, а во јуни
се забележа пад од 50 отсто. Не ни е јасно од
каде бидејќи кај нас во јуни се засилува производството, рече Јорданов. Макстил за првите шест месеци од годинава бележи пад на
производството за 25 отсто во однос на истиот
период од 2008 година, кога произведе вкупно
342.732 тони лим. Намалувањето на производството според Јорданов се должи на 12 дневниот прекин на производството во јануари
заради прекинот на дотурот на гас од Украина
и редуцираното производство предизвикано од
глобалната криза.
- Во првиот квартал од годинава беше
остварена загуба од 1,6 милиони евра, вториот квартал помина без загуби, но не успеавме да ја покриеме загубата од првото тримесечје. Очекувам да крајот на годинава загубите
да достигнат до два милиони евра, рече
Јорданов.
Тој посочи дека инвестициите од 31,1
милиони евра во нова потисна печка ја намалиле потрошувачката на електрична енергија
за околу 150.000 евра месечно што придонело
за полесно надминување на последиците од
глобалната криза. Покрај тоа, поради падот на
производството за 20 отсто биле намалени и
платите за вработените.

ЦаРинската упРава и усаиД

Развој на системот за обработка на царински декларации
- Директорот на Царинската управа Ванчо
Каргов и Гордана Тошева директор на проектот
е - Гов финансиран од страна на УСАИД, денеска потпишаа Меморандум за разбирање и соработка за поддршка за развој на нови функционалности и интегрирање на ЕЏИМ системот во
новиот систем за обработка на царински декларации – СОЦД и другите информатички системи
на Царината.

Како што соопшти Царинската управа, целта на
Меморандумот е поддршка на втората фаза за
развој на Едношалтерскиот систем за издавање
на лиценци за увоз и извоз и квоти, кој овозможува поедноставување на сложената постапка
на нивно издавање.
Освен Царинската управа, во развојот на
ЕЏИМ системот, кој беше ставен во функција во
ноември 2008 година, се вклучени и 15 други

државни органи. За негова успешна имплементација беше извршено усогласување и поедноставување на административните постапки, како
и трансформација на постапката за поднесување на барање и негово одобрување од хартиена
во електронска форма. Со тоа, се наведува, се
изгради моќна алатка која на деловната заедница и обезбедува полесно, побрзо и поевтино
вршење на прекугранични трансакции.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:34 Page 9

Data 3. 08. 2009

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

9

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
извештај На аек:

пазарот на електронски комуникации, во пораст
- Приходите на пазарот на електронски комуникации од година во година бележт значителен
раст во сите сегменти освен во фиксната телефонија. Најголем дел од вкупните приходи од
околу 392,5 милиони евра отпаѓа на мобилната
телефонија 58 проценти, фиксната телефонија
учествува со 32, интернет услугите со осум, а
најмал дел два отсто има преносот на радио
телевизиска програма до крајните корисници. На
пазарот за фиксна телефонија во Македонија во
првото тримесечје од годинава активни се шест
оператори, на пазарот за мобилна телефонија
три, како и 70 кабелски оператори, 52 интернет
провајдери и 42 даватели на јавно достапни
телефонски услуги на фиксна локација (ВОИП).
Ова се констатациите кои произлегуваат од
Извештајот за развојот на пазарот за електронски комуникации во Македонија за првиот квартал од годинава, кој го објави Агенцијата за електронски комуникации.
Раководителот на секторот за анализа на
пазар при АЕК Васка Петровиќ истакна дека кај
фиксната телефонија утврден е значителен
процент на опаѓање на фиксните линии во
однос на првиот квартал од 2008 година од
399.975 линии на 375.461. Тоа не се однесува
на деловните линии во фиксната телефонија
кои од квартал во квартал, како што вели
Петровиќ, одат во нагорна линија, од 37.057 на
41.535 крајни корисници.
Според уделот на пазарот на фиксната телефонија, Македонски телеком бележи пад од
95,49 отсто во првиот квартал од 2008 година
на 88,81 отсто во првиот квартал оваа година
на сметка на учеството на алтернативните оператори чиј удел расте и во овој квартал изнесува 11,19 проценти.
- Учеството на операторот Македонски телеком постојано се намалува, меѓутоа неговото
учество е се уште значително големо и тоа е
доволна причина за во моментот да ја вршиме
анализата на релевантните малопродажни
пазари согласно препораките од ЕК, со цел да
се констатира дали на пазарот има ефикасна
конкуренција или се уште има оператор кој
што може да делува независно од останатите

во однос на понудата и цените, рече Петровиќ.
Во однос на интернет услугите, односно пристапот до интернет бројот на резиденцијални
претплатници кои што користат теснопојасен
пристап на интернет континуирано опаѓа од
9.412 на 4.483 за анализираниот период. Тој
тренд е присутен и кај деловните претплатници. Преку мобилна телефонија, пак, теснопојасен пристап на интернет во првиот квартал
годинава користат 177.967 резиденцијални и
50.392 деловни претплатници. Наспроти ова,
континуирано се зголемува бројката на корисници на широкопојасен пристап на интернет и
кај резиденцијалните и кај деловните претплатници.
Во константен раст е и пазарот на мобилна
телефонија каде постојано се зголемува бројот
на претплатници. Во моментов во Македонија
има 2.299.068 активни претплатници на мобилна телефонија.
Забележана е и тенденција на намалување
на при пејд корисниците за сметка на порастот
на пост пејд претплатници, што се должи на

во паНтелеј –кочаНи, Нов рудНик за ГраНит

Германска фирма ќе го
преработува каменот габро
- Работите околку стартувањето
на новиот рудник за гранит од
типот габор се целосно завршени.
Направени се потребните анализи
во Германија, а е добиена и
потребната концесија за работа на
рудникот со површински коп.
Инвеститор е германската фирма,
Меристен Тоби од градот
Ашафенбург од Германија.
Според анализите, каменот е
многу скап и е баран на светскиот
пазар. Сопственикот на фирмата
од Германија, Гинтер Капраун,
најавува дислокација на фабриката за примерна преработка на
каменот од Германија во кочанското село Пантелеј со што ќе се вработат стотина работници.
Инаку, на површина од 15 хектари по вадењето на јаловината во

длабочина од 12 до 15 метри се
дојде до првите примероци на
каменот. Уште на стартот рудникот
ќе работи за познати купувачи,
бидејќи каменот ќе се користи во
автомобилската индустрија.
Склучените договори со познатите автомобилски индустрии Волво
и Ербас се потврда за интересот
на овој камен од типот габро.
Германскиот инвеститор поседува две фабрики за обработка
на гранитен камен од типот габро
во Франкфурт, а досега овој тип
гранит го ваделе во Јужна
Африка.
Концесијата за експлоатација
на рудата во површинскиот коп
кај село Пантелеј, кочанско е
добиена 2002, а обновена во 2007
година и е за период од 30 години.

корпоративните стратегии на мобилните оператори да се прилагодуваат на потребите и желбите на крајните корисници.
Од трите оператори во мобилната телефонија Т-Мобиле бележи незначително опаѓање
во вкупниот удел на пазарот, од 61,03 проценти
во првиот квартал 2008 година на 58,83 проценти од првиот квартал оваа година.
Космофон има пораст на уделот од еден процентуален поен и изнесува 31,91 процент, а
учеството на ВИП од 8,15 проценти во првиот
квартал лани во првите три месеци од годинава бил 9,26 отсто.
Според првиот човек на АЕК, сите мобилни
оператори ја почитуваат одлуката на АЕК донесена пред една година за асиметрична интерконекција во мобилната телефонија.
- АЕК во моментов прави анализа на пазарот. Во теков на месецов ќе излеземе со јавна
расправа врз основа на која потоа Агенцијата
ќе преземе мерки, рече Ивановски нагласувајќи
дека очекува асиметрична интерконекција да
продолжи и во наредниот период.

Според Нова МакедоНија

Централниот регистар најуспешна
институција во државата
- Централниот регистар на Република Македонија е најдобра
институција во државата, покажува истражувањето на дневниот
весник Нова Македонија.
Директорот на Централниот регистар Ване Костадиновски
изјави дека тоа се должи на континуираното спроведување на
реформите во делот на бизнис секторот и институционалното
зајакнување.
- Мобилизирањето на сите човечки ресурси за квалитетно и
ефикасно извршување на услугите е императив на Централниот
регистар. Причината за прогласувањето на оваа институција за
најуспешна е во човечките ресурси, рече Костадиновски.
Централниот регистар е вклучен и во проектот на Владата за
електронски попис. Со реализирањето на овој проект,
Централниот регистар, како што истакна директорот, ќе биде
дел од најдобрите регистри во светот.
- Со спроведувањето на проектот -електронски попис ќе
извршуваме софистицирани услуги со што ќе го подобриме
имиџот на земјава за бизнис секторот и странските инвеститори, рече Костадиновски.
Во тек е преземањето на регистрите од судовите, а според
динамиката на работа проектот ќе биде завршен во септември.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:34 Page 10

10

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 3. 08. 2009

Владата даде отчет за едНоГодишНата работа

Mаксимални напори да се
остварат ветувањата
Владата прави максимални напори да ги оствари сите цели и
ветувања дадени во нејзината Програма, а јас верувам дека
најголем дел од нив ќе бидат остварени, рече премиерот Никола
Груевски пред пратениците во македонскиот парламент,
одговарајќи на пратеничкото прашање што од ветеното
во Програмата на Владата може да се реализира до 2010 година.
Премиерот Груевски истакна дека голем дел од ветеното е веќе
оставрено, а поради кризата, за дел е одложена реализацијата.
- Владата досега се придржува до она што го ветила во
Програмата и стоиме зад сите проекти кои сме ги ветиле. Добар
дел од нив се во фаза на подготовка, како гасификацијата

и изградбата на хидроцентралите Чебрен, Галиште и Бошков Мост,
истакна Груевски.
Тој посочи дека пред кризата во значаен процент Владата
успеала да ги намали и каматните стапки, но додаде дека поради
кризата тие повторно се зголемија.
- Бевме многу блиску до ветеното и остварувавме камати од 5 до
6 отсто. Во услови на глобална криза, кога каматните стапки во
САД и ЕУ пораснаа како никогаш досега, нормално беше тоа да се
случи и во Македонија, прецизира Груевски и додаде дека Владата
е посветена на остварување на целите и фокусирана на
прашањата поврзани со ЕУ.

зораН СтаВреСки, ВицепреМиер и МиНиСтер за фиНаНСии

Македонија не може да биде надвор од рецесијата
Не треба никого да изненади тоа што
Македонија во текот на 2009 година, како и
другите земји, има негативни стапки на
економски раст, ниту, пак, тоа што годинава
би влегла во рецесија. Ако цел свет е во
рецесија, веројатно не може да се очекува
дека Македонија ќе биде надвор од тоа. Но,
она што може и треба да се очекува и за кое
треба да се поставуваат прашања, е
длабочината на таа рецесија. Ова е одговорот на Зоран Ставрески, вицепремиер и
министер за финансии, на пратеничкото прашање за ефектите од владините мерки за
ублажување на последиците од светската
економска криза.
-Мерките што Владата ги презема,
нагласи Ставрески, -помогнаа македонската
индустрија, стопанството и работниците
помалку да ги почувствуваат последиците од
кризата. Треба да се погледнат бројките,
фактите, резултатите, случувањата во
европските земји и врз основа на тоа да се
носат какви било оценки за сработеното.
Според него, дали она што се случува како
последица во делот на социјалната сфера,
невработеноста и падот на економската
активност, е подобро или полошо во однос на

останатите земји - е репер за квалитетот и
успешноста на работењето на Владата.
- Ова е тешка година во која се соочуваме
со многу предизвици, но треба да се биде
коректен и да се кажат резултатите што
Македонија ги оствари, колку и да не сакате
да го признаете тоа. Тоа, впрочем, го
докажуваат бројките. Соред ЕУРОСТАТ, во
однос на падот на БДП постигнавме втор
најдобар резултат во Европа. Бруто
домашниот производ во првиот
квартал падна за 0,9 проценти. Несомнено
дека оваа стапка во вториот квартал ќе биде
поголема, но нема да биде од ранг што би ја
загрозил економската иднина на државата,
напомена Ставрески.
Уште пред да почне кризата, во ноември,
Владата го донесе првиот пакет од десетина
антикризни мерки, насочени кон
претпријатијата што имаат наследени
ливкидносни проблеми поради лошата
приватизација во 90-тите години. Преземени
беа и мерки за фирмите што стојат подобро.
Сепак, заради светската економска криза,
загубениот пазар и намалената побарувачка
за нивните производи тие се соочија со
предизвици.

Првата од мерките, Законот за отпис на
каматите на достасани обврски по основ на
даноци и придонеси, рече Ставрески, ја
искористија 3.855 фирми со над 10,3
милијарди денари вкупен долг. Само во
првите четири месеци 758 претпријатија
намириле над 660 милииони денари главен
долг при што се отпишани камати во износ
од над 10 милиони евра. Тој потсети дека
секои наредни четири месеци нови фирми од
вкупно пријавените, ќе може да ја искортстат
оваа поволност.
Втората мерка, Законот за отпишување
обврски по основ на придонеси за
задолжително здравствено осигурување ја
искористиле 1.435 фирми, 582 трговци
поединци и 1.058 земјоделци со што во
мирување е ставен вкупен долг од 920
милиони денари. - На 9.417 земјоделци,
претприемачи и работници со оваа мерка им
се овозможи да го регулирираат тековното
здравствено осигирување, истакна
министерот.
Со третата мерка, Законот за претворање
на побарувањата на Македонија по основ на
јавни давачки и други побарувања во траен
влог во четирите акционерски друштва

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:34 Page 11

data 3. 08. 2009

broj 85
BERZANSKI pREglEdNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEdIUMI

ОХИС, ЕМО, Еврокомпозит и Тутунски
комбинат, државата презема 131 милион
евра, претворајќи ги во акционерски капитал.
Преку 4.000 вработени во овие фирми ги
регулираа заостанатите обврски и кога ќе
дојде време, нагласи Ставрески, тие ќе можат
да се пензионираат.
Осврнувајќи се на четвртата мерка, новиот
модел на оданочување на данокот на
добивка, Ставрески посочи дека вкупно, по
основ на месечни аконтации за 2009 година,
од данок на добивка се остварени над 1
милијарда денари. Владата им ги остава овие
пари на фирмите со цел да ги искористат за
ликвидни потреби или за исплата на плати на
работниците, за да не преземаат други мерки,
како намалување на вработеноста.
- Вкупниот финансиски
ефект од првиот пакет антикризни мерки е
330 милиони евра со кои Владата, преку
откажување од сопствени приходи или преку
други форми, му помогна на македонското
стопанство. Тука е одговорот на прашањето
зошто во Македонија во периодот на
светската економска криза не дојде до
драстични последици во делот на
намалување на вработеноста како што
предвидуваа некои, зошто индустриското
прозивдоство не се намали за 15, 20 или 30
отсто и зошто БДП не се намали за 10 отсто,
ниту се оставрија другите апокалипитчни
сценарија, нагласи вицепремиерот и
министер за финансии. Тој подвлече дека во
рамки на вториот пакет антикризни мерки
почна изградбата на патните правци кои
изминатите 15 години беа само приказни и
никогаш не се реализираа.

- Годинава почна реализацијата на 15
години најавуваниот пат Порече - Скопје,
изградбата на 10 години најавуваниот пат за
ски-ценаторт Кожуф, на патот Радовиш Струмица, на повеќе регионални и локални
патишта. Факт е дека на теренот се случуваат
промени. Со концесија за автопатиштата ќе
успееме да постигнеме посериозен
инвестициски циклус. Така Македонија
конечно ќе добие современа патна мрежа,
рече Ставрески.
Владата годинава излезе и со третиот пакет
антикризни мерки чија цел беше државните
трошоци да се прилагодат кон актуелната
економска состојба. Буџетот се намали за 10
проценти.- Во првите шест месеци буџетскиот
дефицит е 1,3 отсто од БДП. Во која било
друга европска земја, нема буџетски дефицит
понизок од три отсто, некои имаат пет, некои,
шест, некои 8, 10 или 20 проценти. Нема
земја ни приближно со толку низок буџетски
дефицит. Тоа покажува дали Владата
преземала мерки во делот на Буџетот и
трошењето државни пари, рече Ставрески.
Сите добри
економисти, додаде, знаат дека во услови
кога е намалена инвестициската активност на
фирмите, намалена е и приватната
потрошувачка. Евентуалното претерано
стегање на јавната потрошувачка само
дополнително ќе ја зголеми рецесијата. Битно
е да се одмери правилното ниво на буџетски
расходи што треба да се задржи во овој
период за колку - толку да се поттикне
економската активност што воедно значи
дека структурата на буџетските расходи треба
да биде насочена кон продуктивните расходи,

берзНИК

11

кон капиталните инвестиции кои можат да
привлечат остварување раст на други сектори
во економијата.
Со четвртиот пакет, Владата обезбеди 100
милиони евра за малите и средни
претпријатија, кредити под исклучително
поволни услови, со камата од околу шест
проценти. Тоа ќе овозможи, истакна
Стварески, многу македонски фирми да ги
надминат ликвидносните проблеми, да го
сочуваат бројот на вработени и да опстанат
во овие тешки времиња. Искористувањето на
средствата се очекува да почне кон крајот на
септември и почетокот на окотмври.
До крајот на август Владата, рече
министерот, ќе го предложиме и новиот
ребеланс на Буџетот по што очекува да
биде прифатен и од Собранието. - Со тоа
дополнително ќе се усогласиме со
случувањата во реалниот сектор, со
најновите податоци за БДП, со економската
активност..., рече Ставрески.
- Владата се обидува да ги контролира
последиците од кризата. Најзначјано е дека
во тој дел приоритети беа сочувување на
макроекономската стабилност што е
остварено, сочувување на стабилноста на
девизниот курс што исто така е остварено и
покрај апокалиптичните сценарија.
Останавме активни, креативни и динамични
онолку колку што можеме да ги
ублажиме последиците од светската криза.
Продолжуваме да работиме во таа наоска
и до крајот на годината. Се надеваме
дека 2010 и 2011 се годините кога ќе се врати
економскиот раст во Македонија, потенцира
Ставрески.

МиниСтерСтво за транСпорт и врСки

Станови, патна инфраструктура, лиценци,
електронско аплицирање...
Британската авиокомпанија Бритиш Ервајс е заинтересирана за
воспоставување авионски линии кон Македонија, но конечната
одлука допрва ќе биде донесена на Бордот директори на
компанијата. - Тоа е првичен интерес од страна на Бритиш Ервајс. Ќе
ни достават и прашалник којшто треба да го одговориме со цел тие
да ја донесат финалната одлука. Се што е до нас ќе направиме, а до
нив останува да ја донесат одлуката на Бордот на директори.
Очекувам дека Бритиш Ервајс би можел да влезе во Република
Македонија, но тоа беше пред се првичен состанок каде тие собираа
информации за делот на законодството, кои се условите на
пазарот..., изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески,
при отчетот за сработеното во изминатата година.
Во врска со недоразбирањата меѓу националниот авиопревозник
МАТ и Агенцијата за цивилно воздухопловство, кои траат веќе подолг
период, министерот Јанакиески рече дека за него најважна е
безбедноста на патниците и оти мора да се почитуваат законските
прописи. - Се додека не се отстранат сите оние работи кои треба да
бидат согласно законите и прописите, АЦВ нема да дозволи МАТ да
лета. Она што е надлежност на Министерството за транспорт и врски
е почитување на законските прписи кои ние ги носиме, а мене како
министер најважна од се ми е безбедноста на македонското небо,
потенцира Јанакиески.
Во однос на станбената политика и најавената изградба на 1.100
социјални станови, министерот Јанакиевски информираше дека со
кредит од Советот на Европа ќе се зголеми бројот на социјални
станови што ќе бидат изградени. - Повеќе од сигурно е дека го
добиваме кредитот од Советот на Европа, со што дополнително ќе
бидат изградени социјални станови во Република Македонија.
Очекуваме кредитот да биде ефективен во септември. Тоа е
зголемување на онаа програма од 1.100 социјални станови.
Најверојатно ќе се оди со бројка од 1.500 до 1.700 социјални
станови, рече Јанакиески, додавајќи дека критериумите се слични и
оти има седум ранливи групи што ќе ги добијат становите.
Методологијатае веќе донесена и деновиве треба да излезе во
Службен весник, а потоа ќе се оди со повик ранливите групи да
аплицираат.
Инаку, досега е реализирана изградбата на 102 социјални станови

во Скопје и 29 станови во Македонска Каменица и продолжуваат
активностите за изградба на повеќе од 1.000 социјални станови во
градовите низ државата.
Јанакиески информираше дека во завршна фаза е и изградбата на
северната трибина на Арената Филип Втори во Скопје и се очекува
таа свечено да биде пуштена на 2 август.
Во изминатиот едногодишен период, Министерството за транспорт
и врски по првпат го воведе системот за електронски аукции за
отуѓување на државно градежно неизградено земјиште, го почна
проектот за урбанизација на просторот на касарните, ги издаде
првите лиценци за учесниците во процесот на просторно планирање,
а во завршна фаза е и изработката на физибилити студија за
гасоводениот систем.
Во делот на комуникациите, донесена е Националната стратегија
за развој на следна генерација на широкопојасен интернет, намалени
се годишните надоместоци за користење на радиофреквенции,
воведена е услугата преносливост на броеви, доделено е одобрение
за дигитална телевизија и две одобренија за 3 Г.
Во патната инфраструктура пуштена е во употреба обиколницата
на Скопје, почната е реализацијата на проектот за рехабилитација на
регионалната и локалната патна мрежа, во тек е изработката на
Студија за сообраќаен систем за Градот Скопје и во завршна фаза е
и изградбата на крак од патот до манастирот Св. Преображение до
местото Вршник, каде треба да биде изграден крст во спомен на
Тоше Проески.
По првпат воведено е и електронското аплицирање и
распределбата на нови возни редови за меѓуопштинскиот и
меѓународниот патен сообраќај и почната е постапка за
категоризација на автобуските станици, при што досега
категоризирани се 17 автобуски станици. Според Јанакиевски, се
уште е рано да се каже дали поради рецесијата ќе бидат
откажани некои проекти на Министерството. Министерството за
транспорт и врски ќе ги почитува овие одлуки бидејќи факт е дека
мора да има ребаланс на буџетот. Сеуште е рано да се каже кои
ставки ќе се кратат бидејќи како што кажа министерот за финансии
при крајот на август ќе има ребаланс на буџетот и тогаш ќе се знае
точно од кои ставки ќе се крати, рече министерот Јанакиевски.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:35 Page 12

12

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 3. 08. 2009

Министерство За локална саМоуправа

јакнење на прекугранична соработка
со европоски пари
Доставувањето предлог проекти кои ќе
бидат финансирани со средства од ЕУ
преку ИПА програмата за прекугранична
соработка на Република Македонија со
Република Албанија, Стратегијата за
регионален развој, која е во собраниска
процедура, и процесот на
децентрализација се дел од проектите кои
министерот за локална самоуправа, Муса
Џафери, ги наведе како отчет за
едногодишното работење.
Тој ги повика сите заинтересирани
субјекти од Пелагонискиот, Полошкиот и
Југозападниот регион до локалната
канцеларија на Министерството во Струга,
да ги достават своите предлог проекти за
прекугранична соработка со Албанија. За
таа намена, како што кажа, од ЕУ се
обезбедени 1.020.000 евра, како
и домашното учество од Буџетот во
вредност од 15 отсто.
Со свои проекти можат да аплицираат
локалните власти, регионални агенции,
бизнис асоцијации, невладини организации,
како и институции од областа на
образованието, здравството и културата.
Со средствата од ИПА програмата за
прекугранична соработка со Албанија ќе се
финасираат проекти за развој на туризмот,
особено алтернативните форми на туризам,
како и проекти за животната средина и за
социјална кохезија во која најголем простор
е одвоен за проекти за прекугранична
соработка помеѓу невладини организации,
образовни, културни и здравствени
организации.
Министерот Џафери истакна дека
вториот повик за доставување предлог
проекти за прекугранична соработка со
Албанија ќе биде објавен до крајот на
годинава, а во септември ќе биде објавен и
повик за доставување предлог проекти
за прекугранична соработка со Бугарија и
Грција. Тие ќе бидат финасирани преку
втората компоненета од ИПА програмата, за
чија реализација е надлежно
Министерството за локална самоуоправа.
Пред почеток на реализација, како што
нагласи, се и проектите кои се финасираат
преку една транша од првата компоненета
на ИПА програмата, а кои се наменети за
изградба на локална инфраструктура.
- Станува збор за средства од ЕУ во

износ од 7,8 милиони евра. Проектите се
доставени, направено е рангирање на
општините и по финалната евалуација ќе
отпочне нивната изведба, рече Џафери.
Тој посочи дека во собраниска процедура
е Стратегијата за регионален развој на
Република Македонија со која ќе се
дефинираат перспективите на државата
преку развојот на планските региони.
Стратегијата предвидува, преку користење
на инструментите за развој, во наредната
деценија да се намалат диспаритетите
помеѓу оделните региони во Македонија, но
и во однос на земјите од ЕУ. До 2019
година, согласно Стратегијата, просечниот
БДП по жител во Македонија
треба да достигне 50 отсто од европскиот, а
во најмалку развиениот регион тој да
изнесува не помалку од 35 отсто во однос
на европскиот. Сега сме на ниво од 27 отсто
од европскиот за државата и 13,1 отсто од
европскиот за најнеразвиениот регион од
Македонија.

За процесот на децентрализација
министерот Џафери истакна дека е секогаш
на врвот на приоритетите на
Министерството за локална самоуправа и
додаде дека во иднина Работната група за
децентрализација ќе функционира во
проширен состав. Освен претставници на
надлежните министерства во клучното тело
за координација, мониторинг и евалуација
на процесот на децентрализација ќе
членуваат и претседателите на сите
работни тела формирани за следење на
одредени сегменти од процесот на
децентрализација.
- Работната група до крајот на август ќе
подготви и Годишна информација за
спроведувањето на процесто на
денцентрализација за периодот јули 2008 јули 2009 година, која ќе послужи како извор
на објективни и верификувани податоци во
подготовката на есенскиот извештај на ЕУ
за напредокот на Република Македонија,
рече министерот Џафери.

Министерство За ЗеМјоделство, шуМарство и водостопанство

За субвенции – 70 милиони евра
Минатата година се исплатени 45 милиони евра субвенции,
Платежната агенција која ќе управува со ИПАРД средствата доби
национална акредитација, продолжува реализацијата на капиталните
инвестиции во водостопанствното, привршува и обележувањето на
ситниот добиток. Ова се дел од резултатите од сработеното во
последните 12 месеци во Министерство за земјоделство, шумарство и
водостопанство, што ги презентираше министерот Љупчо димовски.
Тој изминатиот едногодишен период во аграрот го оцени како многу
успешен и дециден е дека рецесијата нема да се одрази врз
распределбата на државната поддршка за земјоделството и врз

спроведувањето на веќе почнатите проекти.
- Достоинството на земјоделецот е и останува наша мисија. Само
модерен и органиизран аграр може да се носи со европските
предизвици кои му претстојат, истакна Димовски.
Министерството го воспостави Единствениот регистар на
земјоделски стопанства со кој Македонија доби реална слика за
производствените капацитети, продолжува распределбата на
земјоделското земјиште, а од лани земјава стана и членка на УПОВ
Конвенцијата – Меѓународна организација за заштита на нови сорти.
- Зачленувањето во оваа организација ќе им овозможи на

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:35 Page 13

data 3. 08. 2009

broj 85
BERZANSKI pREglEdNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEdIUMI

селекционерите на нови сорти растенија да ги заштитат своите
авторски права не само во државата, туку и во сите други земјичленки на УПОВ, рече Димовски.
Според него, во 2009 година од предвидените 11 огласи за
земјоделско земјиште, објавени се пет за вкупно 8.000 хектари. Со
останите шест конкурси, додаде, ќе се понудат на закуп уште 18.850
хектари државни површини.
- Со Акцискиот план на Владата за распределба на државното
земјоделско земјиште опфатена е цела територија на Македонија.
Остануваме на определбата да се стави во постапка на огласување
секоја педа необработена земја, ослободена од узурпаторите или што
ќе се јави како новооткриена, напомена министерот.
Тој информира дека се веќе обележани преку 95 отсто од малите
преживари и, според досега евидентираните грла, Македонија
располага со околу 700.000 овци и 100.000 кози.- Обележувањето на
ситниот добиток е основна алатка за борба против заразните болести,

берзНИК

13

но и предуслов за извоз на јагнешко месо во ЕУ, истакна Димовски.
Од јуни почна да функционира и националната мрежа за прибирање
сметководствени податоци од земјоделските стопанства.
Во врска со актуелните состојби во земјоделството, Димовски
посочи дека е во тек исплатата на 70 милиони евра субвенции за
поддршка на млекопроизводството, за подигнувањето нови лозови и
овошни насади, за градинарско производство, алтернативни култури...
Двојно е зајакната и поддршката за рурален развој. Неразвиените
селски подрачја ќе се развиваат и модернизираат со седум милиони
евра.
- Владата постојано ја следи ситуацијата со откупот на пченицата и
ќе настојува да најде решение што ќе ги задоволи двете страни, и на
производителите и на преработувачите, нагласи Димовски. До крајот
на 2009 година се очекува Платежната ИПАРД агенција да добие и
европска акредитација што практично ќе значи можност за конкретно
искористување на претпристапните 45 милиони евра.

МиниСтерСтвото за инфорМатичко општеСтво

приоритет -електронскиот пристап
до податоци и услуги

До крајот на годинава во сите основни
училишта ќе биде поставена нова
електрична и комуникациска
инфраструктура и околу 108.000
компјутерски работни места, со што ќе
заврши втората фаза од акцијата
Комјпутер за секое дете, соопшти заменикминистерката за информатичко општество,
Мирјана Секуловска,презентирајќи ги
постигнувањата на ова министертво во
измионатата година.
- Заокружувањето на компјутеризацијата
на училиштата завршува со набавката на
53.000 преносни компјутери за учениците
од прво до трето одделение и 22.000 за
наставниците од средните и основните
училишта. Испораката на опремата ќе
заврши до средината на октомври оваа
година, рече Секуловска. Во рамки на овој
проект беше спроведена и обука на 12.000
наставници од средните училишта и е
извршена локализација на образовните
содржини за примена во основните и
средните училишта. Во 2007 и 2008 година

на студенти кои првпат запишале завршна
година им се доделени 22.476 вредносни
бонови (ваучери) за набавка на
компјутери, во рамки на проектот
Македонија - земја на информатичари.
Министерството за информатичко
општество планира да го прошири
списокот на административни услуги за
кои таксата се плаќа со испраќање СМСпорака на мобилен телефон. Засега,
ваквата електронска наплата граѓаните
можат да ја користат за износи до 250
денари и за издавање патни исправи,
возачка дозвола и лична карта.
Годинава почна и имплементацијата на
интегрираниот е-Владин систем за
управување со документи со кој ќе се
автоматизираат работните процеси и ќе се
овозможи следење на текот на
документација во процесот на нејзино
донесување и одобрување. Тој овозможува
веб-базиран пристап кон централниот
систем и со него ќе бидат опфатени сите
државни институции. Намалени

материјални и оперативни трошоци, лесна
достапност, брзо пребарување и
електронско архивирање, се само некои од
придобивките на овој проект. До крајот на
годинава ќе бидат автоматизирани 500
административни процеси, соопшти
Секуловска.
Министерството работи и на проектот
Владина ’рбетна мрежа за поврзување на
државните институции со оптичко влакно
што ќе им овозможи меѓусебна размена на
податоци. Наскоро се очекува и
донесувањето на подготвениот закон за
електронско управување што ќе
овозможи поврзување и користење на
регистрите и базите на податоци во
државните органи, а во следната фаза и
опфатеност на бизнис-секторот, граѓаните
и меѓународни институции. Овој закон има
предзнак револуционерен во
законодавството на Македонија, зашто
граѓаните и компаниите од едно место по
електронски пат ќе можат да ги добијат
потребните податоци и документи.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:35 Page 14

14

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 3. 08. 2009

НБРМ гО уСВОИ кВаРталНИОт ИзВеШтај

Рецесија- БДП и натаму ќе паѓа!
- Советот на Народната банка на Република
Македонија на седницата која се одржа на 30
јули оваа година ја ревидира проектираната
стапка на раст на македонската економија во
2009 година од минус 0,4 на минус 1,8 проценти, со можност тој да достигне до минус 2,5
отсто.
Во првиот квартал на 2009 година, макроекономските трендови во македонската
економија, во голема мера, соодветствуваат
со случувањата во глобалната економија.
По глобалната рецесија, започна и намалувањето на домашната активност, при што
временското задоцнување е пократко во
однос на очекуваното. Брзиот ефект од
светската криза врз побарувачката за извоз
и врз степенот на искористување на извозните капацитети имаат доминантна улога врз
падот на домашниот БДП во првите три месеци на годината. Од аспект на цените, намалените притисоци од увозните цени и забавувањето на домашната побарувачка се фактори што придонесуваат за натамошно
забавување на инфлацијата. Во услови кога
очекувањата се во насока на понатамошно
продлабочување на глобалната рецесија, се
оценува дека падот на домашната економија
ќе продолжи да се засилува. Во оваа насока делуваат стеснувањето на извозната
побарувачка, забавувањето на капиталните
приливи, очекуваното затегнување на условите на пазарот на труд и прилагодувањата
на очекувањата на домашните економски
субјекти. Во прилог на ваквите оцени оди процикличното однесување на домашниот банкарски сектор, којшто на неизвесниот макроекономски амбиент и се поголемите ризици
одговори со позатегнати кредитни услови и
ограничена понуда на кредити. Во надворешниот сектор продолжи проширувањето на
дефицитот во тековната сметка, одразувајќи
го побрзото надолно прилагодување на извозот во однос на увозот, како и неповолните
трендови на приватните трансфери.
Неможноста за целосно финансирање на
овој јаз преку капиталните текови доведе до
интервенции на НБРМ на девизниот пазар со
продажба на девизи, со цел да се одржи стабилноста на девизниот курс. Со тоа, во
овој период преку девизните резерви беше
финансиран поголем дел од дефицитот во
тековната сметка. Оттука, и покрај отворањето негативен производен јаз и значителното
забавување на инфлацијата, притисоците врз
девизниот курс наметнаа потреба од преземање дополнителни монетарни мерки во
насока на поголема затегнатост. Во текот на
јуни се забележува промена на движењата на
девизниот пазар, но сепак временскиот период
е премногу кус за да се укаже на промена во
досегашните трендови.
По значителното забавување на растот во
последниот квартал на 2008 година, во првото
тримесечје на 2009 година, за првпат во
последните шест години, беше забележан умерен пад на БДП од 0,9%. Притоа, негативниот придонес на нето извозната побарувачка, во голема мера беше надополнет
преку с¢ уште силната домашна побарувачка.
И покрај растот, трендовите во првиот квартал
покажуваат забавување на домашната компонента на побарувачката, при што од особено
значење е движењето на личната потрошувачка, како доминантна категорија. Така,
личната потрошувачка се прилагоди побрзо
од очекуваното, забавувајќи до 3,5% во

Првиот квартал покажа побрзо прелевање на ефектите од глобалната
криза врз домашната економија, во споредба со првичните очекувања.
Ова, комбинирано со повторните надолни ревизии на проекциите за
глобалниот раст, доведува до натамошна надолна ревизија на проекцијата за растот на македонската економија за 2009 година, од претходно проектираните -0,4%, на -1,8%. Сепак, за разлика од претходната проекција, кога очекувањата беа исклучиво песимистички, последните очекувања за побрзо закрепнување на глобалната економија и позитивните поместувања на пазарот на метали укажуваат и на фактори коишто би
можеле да влијаат и во спротивна насока. И покрај ова, ризиците
околу проекцијата се претежно негативни, при што долната граница на
интервалот на БДП за 2009 година се оценува на околу -2,5%. Во третиот квартал се очекува најсилен пад на БДП од 2,9%, и се оценува дека
потоа падот на економијата ќе биде поумерен. Што се однесува до промените во цените, остварувањето пониска инфлација од проектираната и оцените за подлабок пад на домашната побарувачка доведоа до
надолна ревизија на проектираниот интервал за 2009 година од -0,4%
до 0,6%, на интервал од -1,1% до -0,4%
првиот квартал (наспроти 7,4%, колку што
изнесуваше реалниот раст во претходниот
квартал). Во следниот период, процените се
во насока на натамошна надолна корекција
на личната потрошувачка, водена од оцените
за намалување на расположливиот доход,
неизвесноста на пазарот на работна сила,
намалувањето на склоностите и можностите за
ново задолжување, како и од мотивот на претпазливост и поголема склоност кон штедење. И покрај очекувањата за продолжување на

падот на инвестициската побарувачка, во
првиот квартал бруто- инвестициите забележаа
пораст, со помал интензитет од просечниот
раст во текот на 2008 година. Сепак, во услови
на намалена домашна и извозна побарувачка,
оцени за намалена профитабилност на корпоративниот сектор и ограничен пристап до
извори на финансирање, не се очекува растот
на инвестициите да продолжи до крајот на
годината.
ИНфлацИја
Забавувањето на домашната инфлација
продолжи и во вториот квартал на 2009 година, при што во овој период е забележана и
негативна просечна промена на цените. Во
првите шест месеци на 2009 година, просечната годишна стапка на инфлација изнесува
0,1%. Притоа, инфлациските остварувања се
под проектираната патека, укажувајќи на поголемо забавување на инфлацијата од очекуваното, а и понатаму останува ризикот од
поголем дефлациски ефект на домашната
побарувачка во однос на очекувањата.
Сепак, глобалните движења упатуваат и на
можни нагорни ризици. Ова, пред с¢, се
однесува на трендот на раст на цените на
нафтата на светските берзи, што укажува на
потенцијални нагорни притисоци врз инфлацијата преку овој канал. Во секој случај, споредбата на ризиците ги идентификува како
доминантни оние коишто ја зголемуваат
веројатноста за посилно просечно намалување
на домашните цени.
Прелевањето на глобалната рецесија во
домашната економија, во првите месеци на
2009 година, особено е видливо преку
наглото намалување на вредноста на извозот. Се поголемото продлабочување на падот
на странската побарувачка и пониските цени на
металите се главните фактор на годишното
намалување од 33,8% на вкупниот извоз, во
првите четири месеци. Од друга страна, годишниот пад на увозот беше речиси двојно
помал и изнесуваше 17,1%, одразувајќи го
побавното прилагодување на домашната
побарувачка. Во вакви услови, во овој
период беше забележано значително проширување на трговскиот дефицит (за 6,3%, на
годишна основа). Се очекува притисоците од
домашната побарувачка значително да се

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:35 Page 15

Data 3. 08. 2009

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

намалат до крајот на годината, што значи и
поголемо прилагодување на страната на увозот
во следниот период. Сепак,неизвесноста
околу времетраењето на кризата, како и започнатиот тренд на раст на цената на нафтата на
светските берзи не создаваат простор за очекувања за поголемо подобрување на трговското
салдо во текот на годината. Оттука, изворите
на негово финансирање се се уште од критично значење и во следниот период. Движењата
од првиот квартал покажаа пад на капиталните
приливи од околу 60% на годишна основа,
што во комбинација со пониските нето -приливи од приватни трансфери наметна потреба од
обемни интервенции на НБРМ со нето -продажба на девизни средства. Иако, од почетокот
на вториот квартал кај менувачкото работење
(како доминантна ставка на приватните трансфери) е видлива промената на неповолните
трендови, сепак, натамошната динамика на
овие приливи е тешко предвидлива и високо
чувствителна на психолошки фактори. Од
друга страна, иако капиталните приливи се
повисоки во однос на очекувањата, сепак во
услови на отсуство на показатели за побрзо
излегување од кризата и при бавно враќање на
довербата кај инвеститорите во глобални
рамки, приливите од странски директни инвестиции и можноста за надворешно задолжување се се уште многу неизвесни. Со тоа, ризиците што произлегуваат од надворешната не
рамнотежа и натаму остануваат клучна слаба
точка на македонската економија.
Неповолните поместувања во глобалната и
домашната економија и зголемената неизвесност беа причина домашниот банкарски сектор
да реагира со значително стеснување на понудата на кредити. Така, веќе започнатиот тренд
на постојано намалување на кредитите кон
домаќинствата, во првите пет месеци на 2009 г.
беше надополнет со позначајно забавување на
кредитната активност и кон корпоративниот
сектор, што доведе до годишна стапка на раст
на вкупните кредити од 18,5% во мај 2009 година (наспроти 34,4% во декември 2008 година).
Ваквите движења, во најголем дел, се одраз на
затегнатите услови на кредитирање од страна
на банкарскиот сектор, согласно со влошениот
ризичен профил на постојните и потенцијалните кредитокорисници (при пад на економската

берзНИК

15

Проекциите на НБРМ за натамошен пад на БДП и негативното движење на
другите економски параметри ги коментираа повеќе економски аналитичари, владините претставници, опозицијата, и сите тие гледања и ставови
беа пренесени во дневните гласила, а Берзник, пренесува поголем дел од
воведот и макроекономските проекции кои НБРМ ги изложи во
Кварталниот извештај, јули 2009 година
активност и влошени изгледи за идната динамика на расположливиот доход), како и на
склоностите на банките, во услови на висока
неизвесност во поглед на времетраењето и
интензитетот на кризата, да се насочат кон
зачувување на сопствената ликвидност и солвентност, на сметка на поумерено кредитирање
на приватниот сектор. Значаен фактор на забавување на кредитната активност на банките е и
стеснувањето на обемот на расположливи
извори на финансирање. Имено, од почетокот
на годината, банките значително ги зголемија
девизните средства (делумно како последица
на потребата за одржување на определено
ниво на девизна ликвидност, согласно со
Одлуката на НБРМ за управување со ликвидносниот ризик), а девизните обврски кон
странство забележаа мал пораст, капиталот се
задржа на приближно истото ниво, додека
годишниот раст на вкупниот депозитен потенцијал продолжи да забавува, сведувајќи се на
2,9% во мај (наспроти 12,9% во декември 2008
година). Се оценува дека очекувањата за
бавно ревитализирање на домашното штедење
(согласно со падот на економска активност и
намалувањето на капиталните приливи), во
комбинација со отежнатиот пристап на меѓународниот пазар на капитал и се поголемата
одбивност кон ризик на банките ќе бидат главните фактори што ќе ја профилираат кредитната политика на банките и во следниот период.
Во вакви услови, се очекува натамошно забавување на стапката на кредитен раст.
ДевизеН ПазаР
Притисоците на девизниот пазар, предизвикани од проширувањето на дефицитот во
тековната сметка, намалениот обем на
капитални приливи од странство, психолошките притисоци, како и од зголемените склоности
на банките за собирање девизни средства,

претставуваа главен фактор на промените во
поставеноста на монетарната политика во
првите пет месеци на 2009 година. Притоа, во
услови на зголемен интензитет на овие притисоци од почетокот на годината (со кулминација
во март, во периодот на претседателските и
локалните избори), НБРМ презема мерки во
функција на одбрана на стабилноста на
домашната валута. Така, на девизниот пазар
продолжија интервенциите со нето- продажба
на девизни средства. Воедно, во март, референтната каматна стапка беше зголемена
од 7% на 9%, а дополнително затегнување
на монетарната политика беше направено во
мај со зголемувањето на стапката на издвојување задолжителна резерва на обврските на
банките со девизна компонента. Иако целосните ефекти од преземените монетарни мерки
се очекуваат со одредено временско задоцнување, сепак, согласно со остварувањата од
почетокот на јуни (раст на понудата на девизи
на девизниот пазар и интервенции со нето откуп на девизи од страна на НБРМ) може да
се увиди одредена промена во однесувањето
на пазарните субјекти и постепено стабилизирање на нивните очекувања. И во следниот
период, НБРМ ќе продолжи да ги следи клучните ризици, преземајќи, доколку е потребно,
дополнителни монетарни мерки со цел да се
одржи стабилен девизен курс и ценовна стабилност.
во ПРвиот КваРтал, БаНКите со НаМалеНа аКтива
Советот на Народната банка на Република
Македонија го усвои Извештајот за банкарскиот
систем на Република Македонија во првиот
квартал од 2009 година. Во првиот квартал од
2009 година продолжи стеснувањето на активностите на банкарскиот систем коешто започна
во последниот квартал од 2008 година. На

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:36 Page 16

16

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

31.03.2009 година, вкупната актива на банкарскиот систем изнесува 246.973 милиони
денари и таа забележа квартално намалување
од 1,5%. Главната причина за ова беше надолниот тренд на депозитното јадро во првиот
квартал од 2009 година. Имено, во првиот
квартал од 2009 година, депозитите забележаа намалување за 2,9% во однос на крајот на
2008 година и на 31.03.2009 година, тие изнесуваа 175.642 милиони денари. Истовремено,
беше присутна натамошна валутна трансформација на депозитите, во корист на депозитите
со девизна компонента, со изразен надолен
тренд кај денарските депозити. Кредитите
одобрени од страна на банките продолжија да
растат, но со значително побавна динамика во
однос на претходните квартали. Така, на
31.03.2009 година, вкупните кредити кон нефинансиските субјекти изнесуваат 171.734 милиони денари и забележаа квартален пораст од
2,3%. Во овој квартал повторно почнаа да растат износите на средствата пласирани кај
банки, а нето-вложувањата во хартии од вредност видно опаднаа. Во првиот квартал од
2009 година, показателите за квалитетот на
кредитното портфолио на банките забележаа извесно влошување. Така, кредитната
изложеност класифицирана во категориите на
ризик „В”, „Г” и „Д” забележа квартален пораст
од 6,9% (или за 1.162 милиони денари). Со
тоа, учеството на изложеноста класифицирана
во категориите на ризик „В”, „Г” и „Д” во вкупната кредитна изложеност изнесува 6,9%.
Просечното ниво на ризичност на кредитната
изложеност забележа квартално зголемување
за 0,4 процентни поени и на 31.03.2009 година
го достигна нивото од 6,2%. Во првите три
месеци од 2009 година, вкупните нефункционални кредити пораснаа за 1.597 милиони
денари (или за 13,9%), со што нивното учество
во вкупната кредитна изложеност на банките
изнесува 5,0%.
Банкарскиот систем и понатаму одржува стабилна ликвидносна позиција. На 31.03.2009
година, просечниот месечен износ на ликвидната актива на банките е 51.571 милиони денари, а на високоликвидната актива на банките е
39.709 милиони денари. Во споредба со првиот
квартал од 2008 година, тие бележат пад за
27,2% и 6,4%, соодветно. Банките управуваат
со валутниот ризик главно во рамките на пропишаните лимити за агрегатната отворена
девизна позиција.
Во првите три месеци од 2009 година, банкарскиот систем оствари добивка во износ од
136 милиони денари, којашто е за 85,6% помала од добивката остварена во истиот период
претходната година. Стапките на поврат на
активата и капиталот изнесуваат 0,2% и 1,8%,
соодветно и се значително пониски во однос на
стапките остварени во истиот период минатата
година (во март 2008 година, овие стапки изнесуваа 1,7% и 14,7%, соодветно). Банките располагаат со доволно капитал за покривање на
ризиците од работењето. На 31.03.2009 година,
стапката на адекватност на капиталот изнесува
16,5% и е повеќе од двојно повисока од законски пропишаниот минимум од 8%.
Проекции за кредитната активност на
банките во третиот квартал на 2009
година
Со засилувањето на глобалната економска
криза и влезот на домашната економија во
зоната на негативен економски раст, преносните ефекти врз банкарскиот систем почнаа да се
засилуваат, повлекувајќи позначајно прилагодување од очекуваното како на страната на
пасивните, така и на страната на активните
банкарски активности. Така, трендот на забавен раст на банкарските депозити продолжи со

забрзано темпо и во првите пет месеци на
2009 година, создавајќи годишна стапка на
раст на најшироката парична маса М4 од
2% во мај 2009 година (наспроти очекуваните 2,4% за крајот на вториот квартал).
Факторите зад ваквото забавување на монетарниот раст главно се однесуваат на влошената ликвидносна кондиција на корпоративниот сектор и забавувањето на растот на
доходот на домаќинствата, во услови на пад на
економската активност, раст на трошоците за
сервисирање на постојните долгови кон банките
намален обем на новоодобрени кредити и
висока неизвесност и ризик околу идните економски согледувања. Ваквите остварувања,
како и процените за продлабочување на економскиот пад и стеснување на доходот, беа
причина проекциите за монетарниот раст да
бидат ревидирани до крајот на годината.
Имено, иако во првите пет месеци на годината
депозитите на домаќинствата (како главен
суфицитарен сектор во економијата) продолжија да остваруваат солидни стапки на раст, а
високата неизвесност и воздржаноста од
потрошувачка може да ја зголемат склоноста
кон штедење, се предвидува дека очекуваното
забавување на приходите врз основа на плати
и дополнителни извори, како и заострувањето
на кредитните услови ќе доведат до посилно
забавување на растот на депозитите. Ова,
заедно со процените за бавно заздравување на
економијата, а со тоа и на финансиските резултати на претпријатијата, доведе до оцени според коишто во третиот квартал, најшироката
парична маса се очекува да навлезе во зоната
на негативни промени, при што во септември
2009 година би се намалила за 2,3% на годишна основа. Се очекува годишниот пад на
најшироката парична маса М4 да изнесува
4,8% за целата 2009 година (наспроти пораст
од 1%, согласно со априлската проекција), за
што придонес би имала и очекуваната репатријација на висок износ на дивиденда од
домашната економија кон инвеститор во
странство, во четвртиот квартал.
забавување на кредитниот Пораст
Порастот на неизвесност во економијата,
којашто се одрази со влошување на согледувањата на банките околу идните остварувања
на економските субјекти, заедно со стеснувањето на депозитниот потенцијал, во услови на
глобален недостиг на ликвидност и затегнати
услови за заемање од надворешни извори,
влијаеја во насока на значително забавување
на кредитниот раст од почетокот на 2009 година. Така, годишната стапка на раст на вкупните
кредити на банките од 34,4%, колку што изнесуваше во декември 2008 година, во мај 2009
година се сведе под проекцијата за вториот
квартал (од 19,8%) и изнесуваше 18,5%, при
забележано забавување на растот на кредитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Ваквите остварувања се показател за
прилагодување на однесувањето на економските субјекти, при што, во досегашниот
период, како клучен двигател на ваквите промени се јавуваат факторите поврзани со понудата на кредити. Имено, во услови на неповолни поместувања во реалниот сектор на
економијата, апетитите за ризик на домашните
банки се намалија, доведувајќи до поконзервативна кредитна политика и значително стеснување на понудата на кредити. Потврда за
ова се
затегнатите услови на кредитирање и поригорозната оцена на кредитниот ризик од страна
на банките кон домаќинствата и корпоративниот сектор, видливи во првите пет месеци на

Data 3. 08. 2009

2009 година, коишто се очекува да претставуваат главна карактеристика на
кредитниот пазар и во следниот период. Во
прилог на ваквите очекувања се и резултатите
од Анкетата за кредитна активност, според
која банките очекуваат заострувањето на кредитните услови да продолжи и во вториот квартал. Истовремено, се поизвесната рецесија
веројатно ќе предизвик фирмите и домаќинствата да ги ограничат или да ги одложат плановите за инвестиции и потрошувачка на
трајни добра,
што секако ќе се одрази со намалување и на
кредитната побарувачка.
Оттука, процените за втората половина на
годината се во насока на натамошно посилно
забавување на кредитниот раст. Во оваа насока се и очекувањата на поголемите банки,
чиишто деловни планови за 2009 година се
фокусирани кон намалување на ризиците и
зачувување на квалитетот на кредитното портфолио, за сметка на поумерено кредитирање
на приватниот сектор. Со тоа, до крајот на
годината е веројатно дека ќе има умерено
проширување на кредитните портфолија на
банките, па дури и нивно задржување на
постојното ниво, со што кредитната активност
на банките би се свела на реализација на веќе
склучените кредитни договори и рефинансирање на постоечките кредити. Во вакви услови,
заради одржување на параметрите на профитабилност на прифатливо ниво, наместо досегашното зголемување на девизните средства,
банките би можеле да
преминат кон преструктурирање на своите
портфолија кон поликвидни понискоризични
инструменти на домашниот пазар, како поприносна актива, врз што би влијаеле и измените
во Одлуката за управување со ликвидносниот
ризик на банките.
секторско кредитирање
Од аспект на секторската структура, ефектите
од кредитното рационализирање на банките,
веројатно во поголем обем, ќе се почувствуваат во доменот на кредитирањето на домаќинствата, имајќи предвид дека во услови на висока неизвесност околу динамиката на идниот
доход, ризичниот профил на овој сегмент
значително се влошува.
Во однос на претпријатијата, како позасегнат сегмент од ограничената кредитна понуда би можело да се издвои краткорочното кредитирање за обртен капитал, согласно со
поедноставната процедура за прекинување на
ваквите кредитни аранжмани по истекот на
рокот на достасување, што не е случај за
инвестициските кредити, за коишто преземените обврски на банката се однесуваат на подолг
рок. Но, овој ефект се релативизира со очекувањата за пад на инвестициската активност
во земјата, што би значело потенцијално
пониска побарувачка за кредити на долг
рок. Сепак, се очекува кредитниот раст кон
претпријатијата да биде поддржан од средствата обезбедени преку кредитна линија од ЕИБ,
во рамки на Програмата за кофинансирање и
гаранции на корпоративни кредити и субвенционирање на камата (како дел од Третиот
пакет антикризни мерки) на Владата на РМ, а
за одреден дел од нив се очекува да бидат
пласирани во втората половина на годината.
Согласно со ваквите претпоставки, се очекува
дека годишната стапка на раст на вкупните
кредити на банките ќе изнесува 7,1% во септември 2009 година, а дека до крајот на годината дополнително ќе забави до 2,9% во
декември (наспроти 8,5% во априлската проекција).

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:36 Page 17

Data 3. 08. 2009

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

17

Балкан вести... Балкан вести...

најниска плата меѓу новите
членките на еу
Најниска минимална месечна плата во
текот на јануари од 123 евра меѓу
земјите - членки на ЕУ од источна
Европа, според статистичките податоци
на Евростат, била исплатена во Бугарија,
а највисока од 589 евра во Словенија.
Веднаш зад Бугарија, според висината
на минималната месечна плата, е

Романија со 153 евра, а потоа следуваат
Литванија со 232, Летонија со 254,
Унгарија со 270, Естонија со 278, Полска
со 281, Словачка со 296 и Чешка со 306
евра. Со своите 589 евра, Словенија е
единствената меѓу новите земји - членки
на ЕУ во која минималната месечна
плата е повисока од 400 евра.

ХрваТСка

БуГарија

намалување на
буџетските трошоци
Бугарската Влада донесе денеска одлука за оптимизирање и ограничување на трошоците за буџетот за оваа
година. Со одлуката на лицата кои се првостепено одговорни за буџетските кредити им се наложува да дадат
конкретни мерки за намалување на трошоците до крајот
на годината во однос на политиките и програмите.
Предлозите за намалувањата во поединечни ресори ќе
бидат соопштени од министерот за финансии, кој ќе ги
достави на разгледување до Владата.

Турција

Банките заработиле 2,39 Поврзување со Грција преку далновод
Турција и Грција потпишаа
милијарди куни
договор за изградба на 155

Во првото полугодие од 2009 година, банките во
Хрватска оствариле добивка од 2,39 милијарди куни,
објави Хрватската народна банка. Во споредба со податоците за истиот период лани, кога е забележан резултат
од 2,78 милијарди куни, добивката е помала за 14,2
отсто.
На крајот на јуни имотот на банките бил вреден 369,57
милијарди куни и помал е за околу 500 милиони куни во
споредба со крајот на 2008 година.
Вкупните кредити на крајот на првите шест месеци
достигнале 252,88 милијарди куни, а во првото полугодие пораснале за 6,28 милијарди. Во секторот население, во споредба со крајот на 2008 година, намалени се
сите видови кредити, вклучувајќи ги и оние со кредитни
картички. Најмногу се намалени потрошувачките кредити
(за 1,5 милијарди куни) и кредитите за автомобили (за
една милијарда), кои веќе подолго време опаѓаат.
Станбените кредити, кои пред финансиската криза доживеаја вистински бум на хрватскиот пазар, почнаа исто
така да се намалуваат (за 360 милиони, на 51,58
милијарди), како и до неодамна популарните кредити со
картички (за 348 милиони, на 5,1 милијарди куни).

нови мерки на штедење
Хрватскиот парламент донесе неколку закони за борба
со рецесијата, меѓу кои и за зголемување на данокот на
додадена вредност (ДДВ) од 22 на 23 проценти, што
треба да влезе во сила од 1 август и да се применува до
крајот на 2010 година, пренесува агенцијата Хина.
Зголемувањето на ДДВ-то за еден процент за овој период
се планира да донесе во државната каса 1,5 милијарда
куни (околу 205 милиони евра).
Парламентот го донесе и законот за воведување шест
процентен данок врз вкупниот месечен приход на мобилните оператори од СМС и ММС пораки и разговори на
мобилните телефони. До крајот на годината државата
очекува од овие мерки да добие дополнителни средства
од 430 милиони куни (58,6 милиони евра).
Донесени се и измени во законот за вработување, со
кои се намалува компензацијата за невработените, која
веќе ќе се калкулира на основата на минималната плата
од околу 300 евра, а не како досега на основата на просечната плата во земјата (околу 700 евра). Воведени се и
специјални даноци за луксузни автомобили, приватни
јахти и авиони, при што за автомобили со вредност од
над 350.000 куни (околу 47.750 евра) се воведува данок
од четири ставки. Донесен е и закон за помагање на зачувувањето на работните места, со кој се поздравуваат
работодавачите кои заради кризата воведуваат неработен петок.
Парламентот ќе го разгледа предлог законот за воведување специјален данок врз платите, пензиите и другите
приходи или таканаречен кризен данок од два и четири
проценти, кој е предвиден за плати или пензии над 3.000
куни (410 евра).

километри долг далновод, со
кој ќе се поврзат електро
дистрибутивните системи на
двете земји.
Согласно договорот, како што
информира турскиот министер
за енергетика Танер Јилдиз,
предвидено е далноводот да
биде завршен во текот на 2012
година. Изградбата на далноводот, кој ќе биде со капацитет
од 1.000 мегавати, ќе чини 100
милиони евра.
Предвидено е секоја
страна да ја финансира
изградбата на далноводот на
своја територија. Од вкупната
должина на далноводот, 130
километри се на територијата
на Турција, а останатите 25
километри се на грчко тло.

Словенија

Дефицитот во наредната година 4,8% од БДП
Буџетскиот дефицит на Словенија во
2010 година би требало да изнесува 4,8
отсто од бруто домашниот производ, а
во 2011 година, 3,5 отсто. Владата ја
одреди и индикативната висина на расходите за 2012 и 2013 година, кои се
однесуваат на домашните извори кои
имаат извор во европскиот буџет. За
2012 година висината на тие расходи
изнесува 9,476 милијарди евра, а за
2013 година 9,853 милијарди евра. Во
согласност со ова, буџетскиот дефицит
во 2012 година би изнесувал 1,42
милијарди евра или 3,4 отсто од БДО, а
во 2013 година 1,282 милијарди евра
или 2,9 % од БДП. Словенечката
влада одреди дека горната граница на
државниот дефицит во 2010 и 2011
може да изнесува околу девет милијарди евра и одлучи дека парите од буџетот
повеќе нема да ги добиваат министерствата, туку развојните проекти на тие
министерства. Владата наведува дека
европските средства ќе бидат единствен
извор на финансирање на буџетот, кој
однапред ќе биде познат. Кој проект
колку ќе добие се уште не е познато, но
е познат фактот дека наредната година
ќе има 188 милиони евра, однос 63
отсто повеќе средства за сервисирање
на јавниот долг отколку во минатата
година.

Словенците со
најмногу давачки
За секојдневна потрошувачка во средна и источна Европа најмногу давачки
имаат Словенците, а најмали украинската,
српските, бугарските и романските домаќинства. Просечно словенечко домаќинство троши месечно по 1.700 евра за
секојдневни потреби, додека украинско
има на располагање 214 евра, се вели во
анализа на агенцијата Регио план консалтинг.
Според анализата, извршена во десет
земји од средна и источна Европа, домаќинствата во Србија, Романија и Бугарија
мора да издржат со 400 до 500 евра
месечно. Чесите и Словаците за
секојдневни потреби имаат на располагање 900 до 1.000 евра, исто како Хрватите
и жителите на Полска.
Во Украина 54 отсто од потрошеното
се издвојува за храна, додека во Чешка за
храна се троши нешто повеќе од 20 отсто,
а во Словенија само 17 отсто од приходите. Во изминатите неколку години давачките за секојдневна потрошувачка според
анализата, се зголемени за околу десет
отсто.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:36 Page 18

18

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 3. 08. 2009

сВЕТ вести ...сВЕТ вести ...
ММФ

Кредитирање на најсиромашните држави
ММФ ќе продава дел од своите златни
резерви за да може да финансира мерки
без преседан, наменети за помош на
најсиромашните држави да се изборат со
глобалната економска криза.
Фондот ќе ја зголеми вредноста на кредитите за 17 милијарди долари до 2014
година, а ќе укине камати на некои кредити за сиромашните држави до 2011
година. Мерките се делумно и одговор на
апелот на 20-те индустриски најразвиени
држави и државите со економии во развој
од самитот во Лондон одржан во април.
- Ова досега е најзабележливо зголемување на поддршката на ММФ за најсиромашните држави во подсахарска Африка и
други делови од светот, изјави шефот на
ММФ, Доминик Сторс Кан, со оценка дека
мерките треба да спасат милиони луѓе од
сиромаштија..

Меѓународниот монетарен фонд соопшти
дека почнал да ги подигнува средствата кои
во неговите фондови ги уплатиле Јапонија,
Канада и Норвешка, бидејќи ненадејно се зголемил бројот на земјите кои на таа финансиска институција и се обраќаат за помош во
текот на глобалната финансиска криза.
Според соопштението, Фондот позајмил 1.287
милијарди во специјални прави извлекувања
(СДР), на квази валутата на ММФ од Јапонија
(што е околу 2 милијарди долари), 128,7
милиони СДР од Канада и 59,4 милиони од
Норвешка.
ММФ одобри трансфер на 3,3 милијарди
долари за Украина во рамките на третата транша на стабилизацискиот кредит, вреден 16,4
милијарди. ММФ по втор пат ги ревидираше
условите за помош на Киев, согласувајќи се со
зголемување на буџетскиот дефицит поради
проблемите кои ги има државната компанија.

ГЕРМанија

намалена
продажбата на пиво
Продажбата на пиво во Германија опадна на
најниското ниво во последните 18 години бидејќи
врнежливото време, забраната за пушење и зголемените цени ги присилија Германците годинава да
ја намалат потрошувачката, покажаа податоците
на германското Федерално статистичко биро.
Германските пивари во првата половина од 2009
година продале 4,93 милијарди литри пиво, што е
за 4,5 отсто помалку отколку во истиот период
лани и е најмалото количество за прва половина
од годината уште од 1991 година, кога почна следењето на податоците за цела, обединета
Германија.
Најголемиот дел од произведеното пиво во
Германија се продава во земјата - околу 4,22
милијарди литри.
Експертите објаснуваат дека и стареењето на
населението придонесува за постепеното намалување на продажбата на пивото во текот на целата
измината декада.
-Постарите луѓе помалку пијат, а младите ги нема
доволно за да го надоместат овој пад на потрошувачката, објаснува директорот на германското
здружение на пиварите, Петер Хан.

РОлс - РОјс

Профитот зголемен за шест пати
Британскиот производител на авионски
мотори Ролс-Ројс соопшти дека во првиот
шест месеци од годинава остварил профит
од 1,86 милијарди фунти (2,18 милијарди
евра), што на годишно ниво е шестпати
поголемо.
Резултатите од работењето се подобрени
благодарејќи на одложувањето на проектите на новите авиони Ербас А380 и Боинг
787, поради што повторно е зголемена
побарувачката за постоечките модели на
летала, во кои се вградуваат моторите на

Ролс-Ројс. Акциите на компанијата се зголемија по објавувањето на резултатите од
работењето за 8,2 отсто, на 406 пени.
За шест месеци, до крајот на јуни, фирмата остварила заработувачка од 2,2
милијарди фунти, а повеќето од нив се
обезбедени од порастот на вредноста на
девизните договори. Без тие измени, главниот профит на Ролс-Ројс, пред оданочувањето, е зголемен за девет отсто, на 445
милиони фунти. Прометот се зголемил 27
проценти, на 5,1 милијарда фунти.

Triumph

Отпуштање на 3.600 вработени
Еден од најпознатите светски производители на долна облека, швајцарската компанија Триумф, отпушта 3.600 вработени и
воведува скратено работно време за останатите, за да се избори со светската економска криза која го намали купувањето на
нејзините производи. Капацитетите на ком-

панијата Триумф во Австрија драстично се
намалуваат и од 10 август од вкупно 2.130
вработени, 800 ќе преминат на скратено
работно време, кое носи и помали плати.
Управата објаснува дека во прашање се
превентивни мерки, кои се воведуваат за
да се спречат отказите.

Кина

Една милијарда долари за трговски комплекс во Москва
Московската влада се договори со делегацијата на кинеското
Министерство за трговија за изградба на нов трговски комплекс на местото на познатиот Черкизовски пазар, пишува Комерсант. Според
Владимир Малишков, началник на одделот Потрошувачки пазар и услуги,
Кина во овој проект е подготвена да инвестира една милијарда долари.
Во составот на новиот комплекс ќе се изградат трговски и логистички
центар, пунктови за царинска и санитарна контрола на Федералната
имиграциска служба, како и хотел со две ѕвезди.
Затворањето на Черкизовскиот пазар, во јуни 2009 година, ги вознемири
кинеските власти, бидејќи 70 отсто од стоте илјади лица кои работат на
пазарот беа државјани на Кинеската народна република.
На пазарот останаа кинески стоки во вредност од пет милијарди долари.
-Русија и Кина постигнаа согласност и ќе разработат заеднички план
за борба со сивата економија, изјави заменик министерот за трговија на
КНР Гао Хучен, по преговорите со московските власти.
Трговскиот комплекс ќе се гради на местото на зградата на затворениот
пазар.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:36 Page 19

Data 3. 08. 2009

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

19

Свет вести ...Свет вести ...
европСкА унИјА

Источните членки се соочени со раст на
буџетскиот дефицит
Романија најави дека од Меѓународниот
монетарен фонд ќе побара зголемување на
својот буџетски дефицит, додека Бугарија вети
дека ќе ги намали трошоците за да постигне
рамнотежа на буџетот, што се најнови обиди
на членките на Европската унија, за да ја
поправат влошената состојба на нивните
буџети.
Тие потези се поклопија со инсистирањето
на Летонија во преговорите со ММФ за обезбедување на дополнителни финансии и предупредувањата на премиерот на Чешка дека
неговата влада ќе биде принудена да го зголеми планираниот буџетски дефицит за идната
година.
Владите на земјите во Европа се откажаа
од планираните буџети пред кризата и дозволија буџетскиот дефицит да расте, но тоа се
покажа по проблематично во источните земји
на ЕУ од развиените западни членки, главно
поради послабата доверба на инвеститорите
кај нив.
Во обид да се совлада поголемиот стопански пад од очекуваниот, кое доведе до намалување на данокот на приход, Романија од ММФ
ќе побара да го зголеми својот буџетски дефицит на околу 5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), изјави висок претставник на таа

земја. Тоа барање, неопходно за Романија да
продолжи со програмот за кредитирање за
спас на државата, вреден 20 милијарди евра,
би го поништил планираниот буџетски дефицит од 4,6 отсто БДП кој е веќе договорен со
ММФ.
Романското барање е слично на потезите
кои оваа година ги преземаа Унгарија и
Летонија, откако економскиот пад доведе до
зголемување на поранешните прогнози на
нивниот буџетски дефицит.
Додека многу западни земји на економската
криза одговараат со стимулативни пакети, или
со намалување на данокот на приход се борат
со зголеменото кредитирање, источните членки на ЕУ имаат ограничени можности.
Централно европските земји имале буџетски дефицит дури и во години на брз стопански раст, а рецесијата и прогнозите на послаб
раст ќе ги принуди нивните влади на решавање на длабоки структурни проблеми за кои се
надевале дека со време самите ќе исчезнат.
Друг проблем претставува целта на дефицитот од 3 отсто БДП кој се бара од новите
членки на ЕУ за евентуален влез во евро
зоната. Тоа би можело да го одложи нивниот
влез во однос на периодот од 2012 до 2014
година, кој беше предвиден пред кризата.

Virgin galactic

Излегување на берза
Компанијата која ветува излетите во вселената да
им ги овозможи на пошироката популација, Virgin
Galactic, сопственост на Richard Branson, планира
да излезе на берза, објави портпаролот на компанијата минатата недела.
Virgin Group досега излезе на берзата со својата
австралиска подружница, Virgin Blue, со Virgin Mobile
UK и со Virgin Mobile USA. Branson инаку целата групација ја понуди на берзата уште во 1986 година, но
две години подоцна ги откупи сите акции назад.
Virgin Galactic со своите летала SpaceShipOne и
SpaceShipTwo планира редовни летови на вселенските туристи на самиот раб на вселената веќе во
2010. Леталото е во завршна фаза од испитувањата.
Летови веќе имаат резервирано триста луѓе, а нивната цена изнесува само 200.000 долари.
Како што пренесуваат медиумите, ќе помине уште
време пред да излезе Virgin Galactic на берза, но
Branson веќе доби 280 милиони долари од инвеститорите од Абу Даби за 32-отстотно учество во компанијата. Со ова Galactic е проценет на 900 милиони
долари, што значи дека спаѓа меѓу трите највредни
компании во состав на Групацијата Virgin. Инаку,
Branson досега во проектот има вложено 100 милиони долари.

Полска и Чешка до сега многу не ја
намалија потрошувачката, ниту ги зголемија
даноците, но и понатаму настојуваат да го
задржат кредитирањето под контрола.
Премиерот на Чешка, Јан Фишер, изјави
дека ризиците се зголемени, планираниот
буџетски дефицит за 2010 од 170 милијарди
круни да биде зголемен со влошувањето на
прогнозата на стопанскиот раст.
Во Полска, каде е предвидено големо намалување на потрошувачката во случај долгот да
порасне над 55 отсто БДП, владата настојува
да го финансира дефицитот со помош на мерките како што се високите дивиденди од
државните фирми и програмот за приватизација кој се проценува на 15 милијарди злоти
(5,12 милијарди долари).
Бугарија ќе ги намали трошоците за 1,5 до
2,0 милијарди лева (1,1 до 1,5 милијарди
долари), главно во администрацијата и некои
други инфраструктурни проекти за да може
оваа година да го регулира буџетот.
Новиот министер за финансии на Бугарија,
Симеон Џанков, кој порано беше економист во
Светската банка, рече дека новата влада на
Бугарија ќе бара од ММФ да ја надгледува
ревизијата на нејзиниот буџет, но за сега нема
да бара помош.

СветСкАтА бАнкА

Апел за помош на сиромашните земји
Сиромашните земји трпат најтешки удари
од светската економска криза, оцени
потпретседателот на Светската банка,
Марван Муашер.
Според него, иако во некои сфери на
глобалниот пазар има показатели дека
најтешкиот период помина, економската
криза сепак би можела да има разорно
влијание врз здравствените и образовните
проекти на земјите во развој, што би се
спречило доколку богатите држави дел од
своите мерки за стимулации ги пренасочат
за помош на сиромашните.
Тој нагласи дека сиромашните земји се
тешко погодени од кризата, за која ниту се
одговорни, ниту пак имаа можност да и се
спротивстават, бидејќи врз нив драстично

се одразија проблемите во секторите храна
и енергетика.
Истакнувајќи дека светската криза одведе во сиромаштија уште 90 милиони луѓе
ширум целиот свет, пред се во земјите во
развој, Муашер потсети дека во овие држави без работа останале 30 милиони лица.
- Глобалната криза бара и глобални
решенија... Социјалниот аспект на криза во
голема мерка е игнориран, а игнорирањето
на помошта за сиромашните претставува
кратковидост, оцени Муашер.
Тој нагласи дека поради овие причини,
Светската банка ги повикува богатите земји
да насочат 0,7 отсто од своите стимулативни пакети за поддршка на сиромашните
држави.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:37 Page 20

20

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 3. 08. 2009

30.07.2009 g. ЧЕТВРТОК
1. KRATOK pREglED NA NASTANI
Денешните весници на своите насловни
страници информираат дека Македонија влезе
во рецесија. Aнтикризните мерки на Владата не
успеаја да ја одржат на нозе домашната економија. He помогна ниту емисијата на еврообврзници, ниту ребалансот на Буџетот што
владата го направи во мај. Иако министерот за
финансии Зоран Ставрески не сака официјално да соопшти, сепак признава дека очекува
пад на економијата и во вториот квартал,
коментираат печатените медиуми. Тоа значи
дека државата влезе во циклус на долгорочен
пад на домашниот бруто-производ повеќе од
шест месеци. Притоа, најзагрижувачки е податокот за падот на производството во најзначајните сектори за македонската индустрија.
Секторот за преработка на руди и камен забележа пад од 3,7 отсто, додека кај енергетскиот
сектор производството е намалено за 21,4
отсто. Ако се земе предвид дека индустриското
производство во Македонија учествува со една
четвртина во бруто домашниот производ, а
економските експерти предвидуваат негативниот тренд да продолжи, земјава е на прагот
од рецесија.
За заживување на македонското стопанство
неопходна е распределбата на 100-те милиони
евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и
репрограмирањето на кредитите. Според македонските бизнисмени, чии ставови ги пренесуваат печатените медиуми, владините мерки за
ублажување на последиците од светската економска криза не ги дадоа очекувањата, поради
што е потребата итна финансиска инјекција. За
Златко Калеников од Сојузот на стопански комори неоходна е владина помош за трговијата. Тој

напоменува дека бизнис секторот за рецесија
разговара веќе шест месеци, дава предлози и
мерки што ќе помогнат за подобро стопанисување во услови на криза, независно дали е таа
официјално прогласена или не. Според мислењето на Џевдет Хајредини, ексминисгер за
финансии, во Утрински весник, Владата не
треба да седи со скрстени раце, зашто сите
последици од кризата најсилно ги чувствуваат
луѓето. -И крајно време е премиерот да излезе и
јавно да признае дека сето ова време го лажел
народот дека стопанството ни закрепнува, а
всушност сме во рецесија. Владата крајно
неодговорно се однесува кон даночните
обврзници, кои се генератор на нивните глупави
трошења, вели Хајредини.
Металургиските комбинати бараат од
Владата да обезбеди фер услови за конкурентна работа како што е предвидено со
Националната стратегија за преструктурирање
на челичната индустрија. -Државата не остана
доследна на преземените обврски за обезбедување нормални услови за развој на челичната
индустрија првенствено во цената на електричната енергија и на железничката возарина,
велат во челичарницата Макстил, која вчера ја
посети министерот за финансии, Фатмир
Бесими. Инаку, Макстил до крајот на годинава
ќе реализира загу6а во работењето од приближно два милиони евра. Компанијата во првиот
квартал веќе забележа негативно салдо од 1,7
милиони евра, додека за првите шест месеци
загубата е нешто помала и достигнува 1,6
милиони евра. И покрај овие бројки, Минчо
Јорданов, претседател на УО на Макстил, е
оптимист и вели дека компанијата во вториот
квартал веќе работи позитивно, а производството се придвижило кон позитива. Сепак, од мини-

стерот Бесими побара да се намалат трошоците за железнички транспорт на стоки, цената на
гасот и на цената на електричната енергија, која
двојно поскапи откако за големите потрошувачи
беше либерализиран пазарот пред две години,
како и да се одложи спроведувањето на еколошките стандарди, кои бараат големи трошоци.
Весниците ги пренесуваат и податоците од
државниот завод за статистика, според кои
бројот на работниците во индустријата во јуни
годинава, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 6,3 отсто. Во споредба пак со просечниот број на работници во 2005
година, бројот на индустриските работници во
јуни годинава е намален за 10,4 проценти.
Најголемо намалување е регистрирано во секторот вадење руди и камен, каде што бројот на
работници во однос на 2005 година е намален
за 23,5 отсто, по што следува секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода со
намалување за 10,8 отсто и преработувачката
индустрија за 8,8 отсто. Статистика објави дека
индустриското производство во јуни е намалено
за 16,2 отсто во однос на истиот месец лани.
Од статистиката е и информацијата за просечната нето плата по вработен, која во мај
изнесува 20.112 денари или околу 327 евра.
Ова во споредба со истиот месец лани претставува зголемување од 27,9 отсто, но треба да се
има предвид дека од почетокот на годината, со
примена на концептот за бруто-плати, настанаа
структурни промени во податоците за нето-платите со вклучување на надоместоците за храна
и превоз во платите. Во споредба со месец
април, просечната исплатена нето-плата во
Македонија е намалена за 55 отсто.

2. TOp VESTI - RElEVANTNOST pO BROJ NA OBJAVI
1. „МАКСТИЛ” БАРА ФЕР-ПЛЕЈ ОД ВЛАСТА (*****)
2. „БРИТИШ ЕРВЕЈС” ЌЕ ЛЕТА ЗА СКОПЈЕ (****)
ДНЕВНИК
с.7 РЕЦЕСИЈАТА БАРА ИТНИ МЕРКИ
с.7 „БРИТИШ ЕРВЕЈС” ЌЕ ЛЕТА ЗА СКОПЈЕ
с.7 ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА 20.112 ДЕНАРИ
с.8 КРИЗАТА ДОПРВА КЕ ГИ УДРИ СИРОМАШНИТЕ

БИЗНИС
.2 ПОНУДА ОД 1.500.000.000 ДЕНАРИ
с.3 BRITISH AIRWAYS СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА
с.4 ВЛАДИНИТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ МУ ПОМОГНАЛЕ НА „МАКСТИЛ”
с.4 ОФИЦИЈАЛНО ИЛИ НЕ, РЕЦЕСИЈАТА СЕ ВГНЕЗДИ ВО МАКЕДОНИЈА
с.5 ОФИЦИЈАЛНО ИЛИ НЕ, РЕЦЕСИЈАТА СЕ ВГНЕЗДИ ВО МАКЕДОНИЈА
с.5 БИЗНИСМЕНИТЕ БАРААТ ИТНА РАСПРЕДЕЛБА НА 100 МИЛИОНИ ЕВРА
с.8 КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО ПОЗИТИВНО РАБОТЕЊЕ ВО УСЛОВИ НА
КРИЗА
с.9 АКЦИЈАТА НА „АГРО КУМАНОВО” ГО ЗГОЛЕМИ ПРОМЕТОТ

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.7 РАДИКАЛЕН РЕБАЛАНС ЗА ИЗЛЕЗ ОД РЕЦЕСИЈАТА
с.7 BO ЈУНИ ЗА 6,3 ОТСТО ПОМАЛКУ ВРАБОТЕНИ ВО ИНДУСТРИЈАТА
с.7 ВЛАДАТА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ СО НОВИ 24 МИЛИОНИ ЕВРА
с.8 „БРИТИШ ЕРВЕЈЗ” СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА?
с.8 „КОСМОФОН” СО ХУМАН ТАРИФЕН МОДЕЛ

ВРЕМЕ
с.6 МАКСТИЛ ПОБАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА
с.7 КРИЗАТА ЌЕ УДРИ ВО СЕЧИЈ ЏЕБ

с.7 ДЕБЕЛИ КАЗНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА
с.7 ПАРНОТО ЌЕ НЕ ИЗГОРИ ОД СЕПТЕМВРИ

ВЕЧЕР
с.7 КРИЗАТА ГО ОЧЕЛИЧИ МАКСТИЛ!
с.7 НЕОПХОДНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА
с.7 BRITISH AIRWAYS СЕ ВРАЌА НА МАКЕДОНСКОТО НЕБО

ВЕСТ
с.6 ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ-СЕВЕР И ВО ЖЕЛЕЗАРА ПОСКАПУВА ЗА 10 ТСТО
с.6 “МАКСТИЛ” БАРА ПОЕВТИН ГAC И СТРУЈА
с.7 „БРИТИШ ЕРВЕЈЗ“ СЕ СРЕТНА И СО КОНЦЕСИОНЕРОТ „ТАВ“

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.6 ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ГО НОСИ „БРИТИШ ЕРВЕЈС” ВО МАКЕДОНИЈА?
с.6 „КОСМОФОН” СО НОВА УСЛУГА ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
с.7 ЛИЦЕНЦИ ЗА НЕПОТРЕБЕН ТРОШОК ИЛИ МЕРКА ЗА ПОДОБАР РЕД
с.8 „МАКСТИЛ БАРА ФЕР-ПЛЕЈ ОД ВЛАСТА

ШПИЦ
с.9 СТОПАНСТПОТО БАРА ИТНА РЕАКЦИЈА
с.10 „БРИТИШ ЕРВЕЈС” ПОВТОРНО ЌЕ ЛЕТА КОН СКО-ПЈЕ
с.10 ПАЃА И НЕТО-ПЛАТАТА
с.10 ЈАКУПИ: ОКТА И УСЈЕ НЕ ЗАГАДУВААТ

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:37 Page 21

Data 3. 08. 2009

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

21

31.07.2009 g. ПЕТОК
1. KRATOK pREglED NA NASTANI
Македонската економија ќе падне за
скоро три отсто во јули, август и септември, а
бруто-домашниот производ за цела година ќе
падне од 1,8 до 2,5 отсто, предвидува НБРМ,
пренесуваат сите денешни весници...
-Македонија уште подлабоко ќе потоне во рецесија во следните неколку месеци.
Народната банка вчера предвиде најсилен пад
на македонската економија за скоро минус три
отсто во тековното тромесечије. Централната
банка предвидува вкупен пад на бруто-домашниот производ од 1,8 до 2,5 отсто за целата
година. Претходно НБМ предвидуваше вкупен
пад на економијата годинава од 0,4 отсто.
Од Министерството за финансии вчера
најавија дека до поднесувањето на вториот
ребаланс на буџетот, односно до крајот на
август, ќе ги анализираат податоците, па потоа
ќе излезат со свој став за ревидираните стапки
на раст. Ќе ги комплетираме почнатите анализи
и проекции за макроекономските индикатори,
вклучително и ревидираните макроекономски
проекции за БДП за 2009 до поднесувањето на
ребалансот на буџетот - изјавија кратко од
министерството. Ставрески, спротивно на предвидувањата на НБМ, пред неколку дена најави
дека во втората половина од годината очекува
работите
да
тргнат
на
подобро.
Според ексминистерот за финансии
Никола Поповски, основна причина за разликата во предвидувањата на Владата и
Централната банка е тоа што -НБМ ја води економијата од стручен аспект, а Владата, за жал,
економијата ја третира само политички.
По прогнозите на НБРМ, вниманието

свртено и кон банките, тие се се уште ликвидни
но, со големо намалување на профитот. Кризата ги стигна и македонските банки.
Драматично им се намалени добивките за разлика од лани, кога книжеа фантастични профити. Според податоците на Народна банка, профитот на банките во првиот квартал од годинава паднал за 85,6 отсто или вкупната добивка
изнесува 2,2 милиона евра. Истовреме ризичните и спорни побарувања на банките во истиот
период се зголемиле за 14 отсто или за 26,2
милиони евра и тие со 5 отсто учествуваат во
вкупната кредитна изложеност на банките.За
експертите е очекуван падот на профитот на
банките и зголемувањето на ризичните кредити.
Но, најавуваат нов шок за граѓаните.
- Банките се се уште профитабилни,
но профитот е драстично намален. Тоа е резултат на падот на кредитирањето за 50 отсто.
Очекувам овој тренд и натаму да продолжи,
бидејќи банките живеат од кредити, а во моментов нив ги нема. Може да се очекува, НБРМ по
септември пак да ги зголеми каматните стапки
за да ја зачува ликвидноста на банките. Тоа ќе
доведе до социјален удар. Владата ќе мора да
донесе итно и пакет социјални мерки за да го
ублажи- изјави Никола Поповски, поранешен
министер за финансии.
Денешните весници пренесуваат и
дека Јанакиески е горд на сработеното.Изградбата на 102 социјални стана во Скопје и
29 стана во Македонска Каменица, реализацијата на проектот за рехабилитација на регионалната и локалната патна мрежа, завршувањето на обиколницата на Скопје, како и изградба-

та на северната трибина на арената „Филип
Втори“, се дел од инвестициите на
Министерството за транспорт и врски во
последната година, со кои вчера се пофали
министерот Миле Јанакиески. Тој ги нагласи и
заложбите за враќање на британскиот авиопревозник Бритиш ервејз на македонското небо...
-Берзанското тргување и натаму во
надолна линија. Рекордно низок промет од само
1.942.839 денари или 31.500 евра беше остварен вчера на Македонската берза за хартии од
вредност. Понизок промет од овој бил остварен
единствено на 2 и 5 јануари 2009 година, денови помеѓу новогодишните и божикните празници, кога вообичаено се намалени активностите.
На официјалниот пазар преку 33 трансакции се оствари промет од 1.521.350,97 денари.
Прометот на редовниот пазар остварен преку 13
трансакции изнесуваше 421.489,00 денари.
МБИ-10 загуби 0,12 отсто од својата
вредност и се спушти на ниво од 2.442,90 индексни поени. МБИД со пораст од 0,93 отсто ја зголеми
својата вредност на 2.213,92 индексни поени. ОМБ
со намалување од 0,26 отсто ја намали вредноста
на 101,52 индексни поени.
Парното поскапо-Цената на парното
греење за корисниците на топлинската енергија на
скопска Топлификација поскапува за 17,11 отсто.
Нова цена повисока за 8,11 отсто ќе плаќаат потрошувачите на Скопје Север, а за 9,15 отсто повеќе
ќе одвојат потрошувачите на ЕЛЕМ. - Подружница
Енергетика. Според одлуката на Регулаторната
комисија за енергетика новите цени за корисниците на овие услуги ќе важат од први август до
крајот на годинава.

2. TOp VESTI - RElEVANTNOST pO BROJ NA OBJAVI
1. НБМ: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ГО ТРПИ НАЈСИЛНИОТ УДАР (*****)
2. ПАРНОТО ПОСКАПУВА ОД АВГУСТ (****)
ДНЕВНИК
с.7 УШТЕ ТОНЕМЕ ВО РЕЦЕСИЈА

ВРЕМЕ

с.7 ИМОТОТ НА БИТОЛСКАТА ПИВАРНИЦА НА ПРОДАЖБА

Сс.7 ЗАПИСИТЕ СЕ ПРЕТУРАЊЕ ОД ШУПЛИВО ВО ПРАЗНО

с.7 ПАРНОТО ПОСКАПУВА ОД АВГУСТ

с.7 ПАДОТ НА ДБП ОЧЕКУВАН

с.9 МАЛ ПЛУС ЗА БАНКИТЕ ГОЛЕМ МИНУС ЗА ГРАЃАНИТЕ

с.7 ПАРНОТО ПОСКАПИ

с.9 НОВ РУДНИК ЗА ГРАНИТ ВО КОЧАНСКО

с.7 ГУВЕРНЕРОТ ГОШЕВ ГЛЕДА ДЛАБОКА КРИЗА

БИЗНИС

с.10 „КАМ ФУД” ЌЕ ГРАДИ ЗАТВОРЕН ПАЗАР

.3 ЕСЕНТА НАЈКРИТИЧНА ЗА БДП

ВЕСТ

с.4 ПАРНОТО ПОСКАПУВА ОД 8,11 ДО 17,11 НАСТО

с.3 ПАД НА ДОБИВКАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

с.4 „КАМ ФУД„ СО НАЈПОВОЛНА ПОНУДА

с.4 ПАД НА ЕКОНОМИЈАТА ДO -2,5%

с.7 КАРТИЧКИТЕ НА УНИБАНКА БЕЗБЕДНИ НАСЕКАДЕ НИЗ СВЕТОТ

с.6 КАМИОНЏИИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ КАМИОНИ

с.13 ПРОМЕТОТ ДОСТИГНА 1,9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

с.7 ПАРНОТО ПОСКАПЕ ОД 8 ДО 17 НАСТО

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.7 РЕКОРДНО НИЗОК ПРОМЕТ НА БЕРЗАТА
с.8 СЕ ПРОДАВА ИМОТОТ НА БИТОЛСКАТА ПИВАР-НИЦА
с.8 ОД АВГУСТ ПОСКАПУВА ПАРНОТО ОД 8 ДО 17 ПРОЦЕНТИ

ВЕЧЕР

НОВА МАКЕДОНИЈА
.с.7 ПРВАТА ЕКОНОМСКА ЧЕТВОРКА УТНА НА НАМЕСТЕН НАТПРЕВАР
с.8 ПАРНОТО ПОСКАПУВА ДО 17,11 ОТСТО
с.8 НБМ: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ГО ТРПИ НАЈСИЛНИОТ УДАР

ШПИЦ

с.7 ПАДОТ НА БДП НАМАЛЕН ОД -4 НА -1,8 ПРОЦЕНТИ!

с.7 “КАМ ФУД” ЌЕ ГО ГРАДИ НОВИОТ ПАЗАР

с.7 ПАРНОТО ПОСКАПО ОД 8,11 ДО 17,11 ОТСТО

с.7 РЕЦЕСИЈАТА ГАЛОПИРА

с.7 ПАТНИЦИТЕ БЕЗБЕДНО ДА ЛЕТААТ

с.7 ПАД НА ДОБИВКАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА

с.8 КАМ ФУД ЌЕ ГРАДИ ЗЕЛЕН ПАЗАР НА ЦВЕТЕН ПАЗАР

с.7 ПАРНОТО НЕИЗВЕСНО, АЛТЕРНАТИВИТЕ СКАПИ

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:37 Page 22

22

берзНИК

broj 85
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 3. 08. 2009

1.08.2009 g. САБОТА
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Денешните празничните изданија на печатените медиуми се релативно сиромашни со вести
од бизнисот. Сепак, топ вест во економските
рубрики е дека поради непочитување на законските обврски (недоставување или ненавремено доставување информации до Управата за
одредени сомнителни трансакции), четири
македонски банки, од страна на Управата за
спречување перење пари и финансирање тероризам, се казнети со 60.000 евра. Имено,
Управата извршила контрола на пет банки, од
кои во четири утврдила 20 прекршоци во работењето. Според законот, банките може да платат 50 отсто од изречената глоба веднаш или
против нив ќе биде покрената прекршочна
постапка. Извршените контроли се наменски и
краткотрајни. Co нив, за разлика од целосните
контроли, не е опфатена севкупната работа на
банките на полето на превенцијата од перење
пари и финансирање тероризам, соопшти
Управата. Од таму објаснуваат дека не смеат
да откриваат информации за кои банки станува
збор, ниту за сомнителните трансакции се
додека не се добие правосилно судско решение. Меѓу казнетите има и големи и мали
банки.
Европската унија вчера ја одобри одлуката за
помагање на буџетот на Македонија, во рамките
на пакетот финансиска помош наменет за оваа
цел на сите земји од Западен Балкан, информира Утрински весник. Објаснувајќи ја одлуката,
комесарот Оли Рен објасни дека интерес на ЕУ
е да се зачува економската и финансиската стабилност на овие земји во време на економска
криза. Најголем дел од помошта, дури 100
милиони евра ќе добие Србија, што одговара и
на размерот на кризата што е најголема во оваа
земја. За Македонија, другите земји од Западен
Балкан и за Турција помошта е 85 милиони евра,
која ќе биде дел од вкупниот финансиски пакет
за справување со кризата, кој ќе биде дополнет
со средства на ЕБРД и ЕИБ -150 милиони помош
и 600 милиони евра кредити.
И покрај мрачните предвидувања за падот на
бруто-домашниот производ (БДП) од близу 3

отсто во следните месеци, Владата не размислува да формира посебно антикризно тело за
борба против рецесијата, коментира Нова
Македонија. Од друга страна, дел експертите
сугерираат итно да се формира антикризно тело
што континуирано ќе ги следи состојбите и ќе
предлага излезни решенија. Абдулменаф
Беџети, професор на Штуловиот универзитет,
смета дека на ваков начин би се кренал степенот на одговорност и конзистентност на одговорните институции во земјата во справувањето со
последиците од економската криза. На иста
линија на размислување е и неговиот колега
Мирољуб Шукаров. И од Советот за глобална
соработка повикуваат на формирање мешовит
антикризен комитет при Владата на Македонија
во кој би зеле учество претставници на сите
релевантни заинтересирани страни и експерти.
Тие бараат да се засили и дијалогот за кризата
помеѓу институциите, бизнис-заедницата, академската јавност и медиумите.
Иако банкарите до неодамна уверуваа дека
нема да се зголемуваат каматите до крајот на
годинава, сепак, Стопанска банка завчера на
граѓаните им испорача допис со кој ги известува
дека каматата за станбените кредити од денеска им се зголемува за 0,25 процентни поени, со
што таа се искачи на 8,75 отсто. Оваа одлука
важи од 1 август и е второ поскапување на станбените кредити во рок од три месеци.
Претходното зголемување се случи во мај, а
важеше од 1 јуни, а каматите тогаш скокнаа за
0,25 процентни поени. Во Стопанска банка два
пати поскапеа и автомобилските кредити.
Во весниците може да се прочита и за резултатите остварени во аграрот, што се содржани во
годишниот отчет на министерот во овој ресор. Над 45 милиони евра субвенции им се исплатени на земјоделците во изминативе 12 месеци,
посочи новиот министер за земјоделие Љупчо
Димовски. Во 2009 година од предвидените 11
огласи за земјрделско земјиште, објавени се пет
за вкупно 8.000 хектари. Co останите шест конкурси ќе се понудат на закуп уште 18.850 хектари државни површини. Димовски посочи дека е
во тек исплатата на 70 милиони евра субвенции
за поддршка на млекопроизводството, за подиг-

нувањето нови лозови и овошни насади, за градинарско производство, алтернативни култури...
Во Вечер може да се прочита дека од биомасата и отпадоците од земјоделското производство
може да се произведат од 20 до 30 проценти од
потребите на електрична енергија во земјава. Во
услови кога земјава е енергетски зависна, а
околу 30 проценти од потребите за електрична
енергија се обезбедуваат токму од увоз, експертите предупредуваат дека крајно време е да
почнат инвестициите за производство на таканаречената зелена струја. Македонија има одличен потенцијал за тоа, а може да го искористи и
искуствово на развиените земји каде тоа одамна
се практикуват, а во поново време тие ги искористуват и отпадоците од фармите и од кланиците.
Инвеститорите се исплашија и престанаа да
купуваат акции на берзата по изјавите на министерот за финансии, Зоран Ставрески, дека
земјата ќе има негативен пораст и во вторите
три месеци од годината, што ќе значи влегување
во рецесија, -стои во берзанската анализа на
Време. Рекордно низок промет на берзата од 1,9
милиони денари беше регистриран завчера, при
што биле реализирани 33 трансакции. Ова е
трет најнизок промет од почетокот на годината.
Единствено послаби биле втори и петти јануари,
денови меѓу новогодишните и божикните празници, кога се вообичаено намалени берзанските
активности.
Актуелниот тренд на рекордно позајмување
пари почнува да го кочи заздравувањето на
глобалната економија, а главна пречка за економскиот раст претставува неможноста на
фирмите, пред се, на американските, да ги
враќаат долговите, оценува њујоршкиот економски неделник Бизнис вик, пренесува
Дневник. Според весникот, вкупниот долг на
компаниите во 20-те најразвиени земји во
светот достигнал десет илјади милијарди
долари. Само во првата половина на 2009
година на 40 отсто од американските компании им било понудено склучување специјални
договори за намалување на нивниот долг, што
според економските аналитичари, претставува
традиционален предвесник за банкрот и
реструктурирање.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. ЧЕТИРИ БАНКИ КАЗНЕТИ СО 60.000 ЕВРА (*****)
2. АД 45 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ (***)
ДНЕВНИК

с.8 ХРАНАТА НЕ Е СКАПА СТАНДАРДОТ НИ Е НИЗОК

с.7 КАЗНЕТИ ЧЕТИРИ БАНКИ
ВРЕМЕ

с.9 НЕИСПЛАТЕНИТЕ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈАПАТ ИЗНУДИЈА ОСТАВКА

с.7 МИНИСТЕРОТ СЕ ПОФАЛИ

с.9 ЧЕТИРИ БАНКИ КАЗНЕТИ СО 60.000 ЕВРА

с.7 ЛОШИТЕ ВЕСТИ ЈА ЗАМРЗНАА БЕРЗАТА

с.10 ДОЛГОВИТЕ ЈА ЗАБАВУВААТ СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈАТА

с.7 КАЗНЕТИ ЧЕТИРИ БАНКИ СО 60.000 ЕВРА

УТРИНСКИ ВЕСНИК

ВЕСТ

с.2 ЕУ ЌЕ ГО СПАСУВА БУЏЕТОТ НА МАКЕДОНИЈА

с.8 ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ШТРАЈК ВО ЈП „МАКЕДО-НИЈАПАТ“

с.7 ПОВТОРНО СКОКНА РАТАТА ЗА СТАН

с.9 И ЗИМАВА БЕЗ МЕРАЧИ ЗА ПАРНО НА СЕКОЈ СТАН

с.7 КАЗНА ОД 60.000 ЕВРА ЗА ЧЕТИРИ БАНКИ
с.7 ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕСОТ ЗА АКЦИИТЕ НА „ТОПЛИФИКАЦИЈА”
с.9 УСПЕШНА ГОДИНА СПОРЕД ДИМОВСКИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НЕ
ВИДОА АИР
ВЕЧЕР

НОВА МАКЕДОНИЈА

с.9 HA ВЛАСТА НЕ И ТРЕБА АНТИКРИЗНО ТЕЛО
с.9 КАЗНА ОД 60.000 ЕВРА ЗА ЧЕТИРИ БАНКИ
ШПИЦ

с.2 НАД 45 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ
с.7 ЗЕЛЕНАТА СТРУЈА - СВЕТСКИ ХИТ

с.7

ИЛИ ЛАЖЕЛ ИЛИ НЕ БИЛ СПОСОБЕН

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:37 Page 23

Data 27.07.2009

broj 84
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

23

OD 27.07 DO 1.08.2009 g. PONEDELNIK-SABOTA
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI VO NEDELNICITE
ГЛОБУС
с.24 ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА СУВО
Во битолско-пелагонискиот регион, според истражувањето на
словенечкиот Универзитет во Нова Горица, направено пред неколку години, во периодот од 2020 -2050 година врнежите ќе се намалат за 35 отсто, а потребите за вода ќе се зголемат за 50 отсто

С.37ЕНЕРГЕТИКАТА И ФИНДНСИСКИОТ СЕКТОР НАЈИНТЕРЕСНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
Минатата недела не донесе поголеми изненадувања ниту на
светските, ниту на нашата берза. Веке навикнавме на големи
флуктуации, на драматични објави од разни компании, така што
може да ја наречеме и здодевна неделата што е зад нас.
Светските индекси по десеттинадневниот раст се стабилизираа.
Инвеститорите се во очекување на поконкретни резултати од компаниите, со кои ќе се види реално во каква финансиска кондиција
се истите.

Kога на 2 декември минатата година Владата на РМ соопшти
дека го поништува тендерот за хидроцен-тралите „Чебрен” и
„Галиште” и објави истакнување на нов, јавноста беше поделена.
Едни беа разочарани што во екот на економската криза, која се
разгоруваше, не добивме можеби последна шанса кај нас да влезат странски инвестиции, вредни повеќе стотини милиони евра, и
тоа во миг кога парите на странците, со „светлосна брзина” бегаа
на сите страни кон матичните земји.

КАПИТАЛ

ФОКУС

С.7 И ВИП ЌЕ JA ТУЖИ МАКЕДОНИЈА

С.28НАСКОРО ЌЕ ПЛАЌАМЕ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ГОДИШЕН
УВОЗ НА СТРУЈА
Очигледно, полесно е да се увезе, отколку да се произведе, па
увозот со струја стаиа најпрофитабилен бизнис во државава.
Според најавите, пак, на ,преродбеничкава, влада, тој требаше
целосно да се укине според сегашниот модел, со воведување на
берза на струја. Во која ли само фиока остана и таа .грандиозна,
идеја? Од сите бисерни планови, остана само фактот за нескротливиот апетит по брзиот профит од трговијата со увезена струја,
кој и на ова поле не остава на нивото на бебешки чекори - повеќе
паѓање
С.36ДОБРИТЕ ВЕСТИ ПАТУВААТ БРЗО, ЛОШИТЕ ВООПШТО
HE СТИГНУВААТ!?
По се изгледа, нашите комуникациски канали имаат две брзини. Едната, побрзата линија, е за добрите вести, а другата, побавната, за лошите. Типичен пример е Законот за енергетика. За него,
по неколкуте состаноци со Европската комисија, власта не уверуваше дека е во целост во согласност со европското законодавство,
иако за тоа никогаш немаше потврда од ЕК. Но, откако Европската
заедница и упати серија критики на Владата, барајќи итни измени
во Законот што овозможува привилигирана позиција на државната
ЕЛЕМ, официјалната информација никако да стигне во државава!? Исто е и со Македонската Берза!
С.37ТРПЕЛИВОСТА И ХРАБРОСТА МОЖЕ ДА ДОНЕСАТ БОГАТА НАГРАДА
Доколку е потребно со еден збор да се опише
Македонската берза, тој збор ЈкаХверојатно ќе биде неликвидност. Воедно, тоа за жал е и основна карактеристика на
нашиот пазар. Во таква ситуација, и оние малку инвеститори
што се присутни не се осмелуваат да вложуваат поголеми
средства на берзата, секако плашејќи се дека, кога тоа ќе
биде потребно нема да имаат прилика лесно да ги продадат
своите холдинзи. Така, нашата берза сега наликува на некој
рудник во кој можеби се крие нешто вредно, но, доколку се
впуштите во авантура да влезете во него, ќе имате проблем
при враќањето назад. Тоталната пасивност на регионалните
фондови (освен на продажната страна), немањето силна база
на домашни фондови, стравот кај индивидуалните инвеститори и секако годишните одмори, се главните причини за
моменталната ситуација.

Американската статистика и показатели се повторно главниот
центар на внимание. И покрај податокот дека растот на продажбата на нови недвижности е повеќе од очекуваниот,.

Македонија отвора нова војна со странска компанија. По судските спорови со Окта и со ЕВН, овој пат многу веројатно е да
заработи тужба и од третиот мобилен оператор Вип, поради, како
што тврдат од Випнепочитување на Законот за заштита на конкуренцијата. Од Вип најавуваат дека ќе ги искористат сите правни
средства кои им се на располагање, вклучувајќи го и правото за
тужба на државата, односно поведување на управен спор пред
Уаавниот суд на Република Македонија,
С.20РЕВИЗИЈАТА ДАВА ПЕНАЛ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ
ШУТИРА
Државните ревизори се платени од државата за да видат како
другите корисници ги трошат буџетските пари. Без забелешка за
нивната стручност и објективност, тие редовно известуваат за
незаконско и ненаменско трошење на државните пари. Нo МВР,
Јавното обвинителство и Финансиската полиција недоволно ги
користат наодите на ревизијата. Зошто се игнорираат ревизорските извештаи кога сите овие институции се на истата страна на
законот, да ја штитат државната каса од злоупотреби?
С.34КОНЗЕРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ГРЧ!
Фабриките за преработка на зеленчук и овошје немаат пари
да го финансираат откупот на суровини и нивната преработка.
Наплатата од странство им е одложена од 45 дена на шест месеци, а банките тешко им одобруваат кредити за обртни средства.
ниту државата има слух за проблемите co кои се соочува оваа растечка прехранбена гранка, чија вредност на извозот лани пораснала за над 30%
Македонските конзервни фабрики се во грч. Во најголемата
откупна сезона на зеленчук и овошје, која почкнува во август, најголем дел сд нив ќе влезат без обртен капитал за финансирање на
суровините и за нивна преработка.
С.36ИНВЕСТИРАМЕ МИЛИОН ЕВРА BO НОВА ПРОИЗВОДНА
ЛИНИЈА!
Макпрогрес, еден од поголемите македонски прехранбени
фабрички комплекси, во време на глобална рецесија ќе лансира
20 нови кондиторски производи. истовремено менаџментот работи
на пробивање на два нови пазари - унгарскиот и австрискиот пазар
Компанијата зо производство на кондиторски и земјоделски
производи Макпрогрес од Виница инвеаира над еден милион евра
за набавка на опрема за производство на 20 нови видови кондиторски производи.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:37 Page 24

24

берзНИК

broj 85
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 3.08.2009

НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА...

акциите на реплек - најтргувани
Во последната недела од месец јули
прометот на македонската берза изнесуваше 74.738.764,65 денари што значеше
пораст од приближно 125% споредено со
тргувањето во претходната недела.
Просечниот дневен промет беше приближно
15.000.000 денари, при што просечно се
реализираа по 72 трансакции.
Од државните обврзници најликвидна беше
обврзницата од осмата емисија со промет
од 10.939.351,79 денари, додека од акциите
најмногу се тргуваше со акциите на Реплек
Скопје. Со 412 акции на Реплек истргувани
преку две трансакции се оствари вкупен
промет од 18.876.000,00 денари.
Меѓу хартиите од вредност кои беа
најтргувани на Македонската берза беше
акцијата на Алкалоид со промет од 8,2
милиони денари. Во понеделникот се реализира блок трансакција со акцијата на
Алкалоид, во која беа истргувани 1.059
акции (0,07% од основната главнина) по
цена 4.844 денари. По акцијата на фарма-

цевтската компанија, како најтргувана се
рангираше Топлификација со 3,6 милиони
денари, како и Државната обврзница за
денационализација од шестата емисија со
2,6 милиони денари.
Најголемиот ценовен пад од 17,14% во
оваа недела доживеа РЖ Интер-Трансшпед
Скопје. Последната истргувана цена од оваа
акција беше 58 денари.
Од акциите кои котираат на редовниот пазар
најтргувана беше акцијата на Агро Куманово
со која преку една трансакција која вклучуваше 3.000 акции беше остварен промет од
18.000.000 денари. Воедно акцијата на оваа
кумановска фирма оствари најголем пораст
на неделно ниво Нејзиниот пораст изнесуваше 144,70% при цена од 6.000,00 денари.
На официјалниот пазар се оствари промет
од 52.959.396,65 денари, додека прометот на
редовниот пазар изнесуваше 21.779.368,00
денари. МБИ-10, во текот на неделата забележа намалување на вредноста од 1,88%,
додека МБИД неделата ја заврши со зголе-

оваа НЕдЕла

На продажба -шестмесечни државни записи
со девизна клаузула
- Министерството за финансии во вторник (на 4.август)
на аукција ќе понуди шестмесечни државни записи со
девизна клаузула во износ од 1.500.000.000 денари со
каматна стапка од 5,5 проценти.
Државните записи, кои имаат евро клаузула, ќе достасаат за исплата за 182 дена, односно на 3. февруари
2010 година.
Според најавите од Министерството за финансии, во
среда на 5. август за исплата достасуваат шестмесечни
државни записи во износ од 61.500.000 денари.

бритиш Ервејс ќе лета
до Македонија
- Британската авиокомпанија Бритиш Ервејс сака
да воспостави авионски линии до Македонија заради очекуваното зголемување на воздушниот патнички сообраќај во земјата и на бројот на понудени
дестинации до кои ќе има директни летови по стапувањето во сила на визната либерализација за
македонските граѓани од почетокот на следната
година, информираа претставници на авиокомпанијата кои престојуваат во работна посета на
Македонија.
На средбата во Министерството за транспорт и
врски, министерот Јанакиески на претставниците на
Бритиш Ервејс им ги посочи предностите за оперирање во Македонија и плановите за модернизација
на аеродромскиот систем преку проектот за издавање на македонските аеродроми под концесија.

мување од 4,92%. ОМБ за истиот период
своето ниво го намали за 0,09%.
Во текот на последната јулска недела
неревидирани биланси на успех за периодот
од 01.01.09 до 31.06.09 објавија акционерските друштва Алкалоид, Макстил,
Комерцијална Банка, РЖ Економија и ЗК
Пелагонија.
Макпетрол објави ценовно чувствителна информација во која ги информира акционерите дека исплатата на дивидендата ќе се
исплаќа на 05.08.2009 година.
АД ОХИС Скопје на акционерското собрание
кое се одржа на 31.07.2009 година донесе
одлука со која за вршење ревизија на
финансиските извештаи на АД ОХИС Скопје,
како и ДОО и ДООЕЛ чиј основач е АД
ОХИС се избира друштвото за ревизија
Пелагониска ревизорска куќа дооел Прилеп.
ОХИС објави и одлука за зголемување на
основната главнина со издавање на втора
емисија на обични акции, по пат на приватна
понуда.

ЕвробароМЕтар:

Невработеноста најголем
проблем за Македонците
Повеќето од Македонците генерално се задоволни од животот, најголеми проблеми им претставуваат невработеноста и актуелната економска ситуација, но сепак се оптимисти за иднината, покажуваат
резултатите од анкетата на Евробарометар направена во првиот квартал од годинава.
Од анкетираните 1.009 македонски државјани, 61 отсто одговориле
дека генерално се задоволни од животот што го имаат. Тој просек во
земјите од ЕУ изнесува 75 отсто. Најзадоволни во Унијата се Данците
(98%), Финците (97%) и Швеѓаните (96%), а најнезадоволни Бугарите
(34%).
Од стандардот на живот во кој се перципираат условите за домување, здравствените услуги, економската состојба и можноста за вработување, задоволни се 53 проценти од Македонците. И во оваа категорија најзадоволни се жителите на нордиските земји, а најнезадоволни
Бугарите (28%). Од земјите кандидати за членство во ЕУ, позадоволни
од Македонците се Хрватите (67%), а понезадоволни се Турците
(50%).
Само 19 проценти од анектираните македонски државјани одговориле дека се задоволни од можноста за вработување. Дури за 64 отсто
невработеноста е најголемиот проблем, а за 49 проценти тоа е актуелната економска ситуација.
На 40 отсто куповната моќ годинава им се намалила, на 19 им се
подобрила, а на 41 процент им останала иста. Нешто над половината
од Македонците (52%) се плашат од дополнително осиромашување.
Македонските граѓани, сепак, се оптимисти дека работите ќе се
подобрат, за разлика од Хрватите и Турците кои се песимисти.
Дека членството во ЕУ би било добро за државата сметаат 64 проценти од анкетираните Македонци, а 74 отсто мислат оти тоа ќе и
донесе економска корист. Поддршката за членство во ЕУ во Турција е
39, а во Хрватска 29 проценти.
Задоволни од членството на нивните земји во ЕУ се 52 отсто од
европејците. Најголема евро поддршка има во Холандија 78 проценти
и во Луксембург 74, а најмала во Велика Британија 29 проценти.

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:38 Page 25

Data 3. 08. 2009

broj 85
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

25

NEDELEN PREGLED NA MAKEDONSKA BERZA
za period od 6.07. - 10.07. 2009 godina
VKUPEN PROMET NA MAKEDONSKATA
BERZA AD SKOPJE

U^ESTVO NA ODDELNI PAZARNI
SEGMENTI VO VKUPNIOT PROMET

PREGLED ZA NAJTRGUVANI AKCII NA OFICIJALEN PAZAR

10 NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST
NA OFICIJALEN PAZAR

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:38 Page 26

26

берзНИК

broj 85
OFICIJALEN PAZAR ZA PERIOD OD 20.07. D0 24.07. 2009

Data 3. 08. 2009

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:38 Page 27

berznik_085:berzNIK 01.08.2009 16:39 Page 28