Процедури за донесување на годишната програма и техничко уредување на ГП

Училиштето треба да го дефинира методолошки приод во изготвувањето на годишната програма за работа. Изготвувањето на
годишната програма за работа на училиштето претставува процес, а самиот документ е резултат на тој процес.
Процесот се одвива во четири фази:

подготвителна фаза – формирање комисии (членови на комисиите и датум до кога да го изготват својот дел од
работната верзија) ;

фаза на изработка на работна верзија -( комисиите треба да се поддржуваат и да соработуваат); би било добро
работната верзија да се стави на огласна табла, за да можат сите заинтересирани да придонесат со свои предлози за
подобрување;

фаза на изработка на предлог-програма – придржување на роковите

фаза на утврдување и усвојување- состаноци на наставничкиот совет и училишниот одбор, се предлага годишната
програма за работа на училиштето до советот на општината ( донесување на програмата ).

Насловна страна
Корицата ги содржи:

лого на училиштето;

наслов ,,Годишна програма на основното училиште________________ за учебната ________________ година";

под насловот може да име фотографија на училиштето и датум.

Доколку годишната програма се печати, на тврдата корица ги има сите претходно наведени елементи, освен датумот, а на
поткорицата ги има сите елементи, вклучувајќи го и датумот. На втората страна е претставена содржината.

Предлог содржина на Годишна програма за работа на училиштето

1. Вовед
Годишната програма е краткорочен развоен документ. Ова поглавје треба да биде јасно, да го отсликува она што е содржано
во програмата и да одговори на прашањето зошто се подготвува годишната програма и врз кои документи се заснова. Ова
поглавје ги сумира активностите од минатата година.
Документи врз кои се заснова:

Законот за основно образование, Закон за работни односи, Закон за јавни набавки, Закон за организација и работа на органите
на државната управа и други закони (да се наведат членови од законот) (Законите се достапни на следните веб страни:
www.pravo.org.mk ; www.eduligje.mk; www.eduzakoni.mk; www.slvesnik.com.mk )

Под- законски и интерни акти (Статут, етички кодекс, деловници за работа на органите итн.), правилници (Правилник за работа
на комисии, правилник за дежурства на наставници, правилник за работно време итн.)

Наставните планови и програми (http://www.bro.gov.mk/?q=osnovno-obrazovanie)

Концепција за деветгодишно образование

Статут на училиштето

Програма за развој на училиштето

Програмата за работа на училиштето од претходната година

Извештаи (Годишен извештај на училиштето од претходната учебна година, извештаи од интегрална евалвација, од самоевалвација, програма за развој, извештај од екстерно оценување, извештаи за финасиското работење на училиштето,
записници).

2. Лична карта на училиштето

Општи податоци за училиштето (име, адреса, телефон, фах, емал адреса, општина, место (локација, изградено, тип
на градба, од кого е основано, верификација- број на актот, година на верификација, јазик на кој се изведува наставата,
број на одделенија, број на паралелки, број на ученици, број на смени и статус на еко-училиште. Доколку училиштето има
повеќе подрачни училишта, оваа табела треба да ја пополни за секое подрачно училиште одделно.
Име на училиштето
адреса, општина, место
телефон
фах
е-маил
основано од
Верификација- број на актот
Година на верификација
Јазик на кој се изведува наставата
Година на изградба
Тип на градба
Површена на објектот
Површина на училшниот двор
Површина на спортски терени и игралишта
Училиштето работи во смена
Начин на загревање на училиштето
Број на одделенија
Број на паралелки
Број на смени
Статус на еко-училиште (зелено знаме,
сребрено или бронзено ниво)
Датум на добиен статус

Просторни услови за работа на училиштето (вкупен број на училишни згради, бруто и нето површина на училиштето,
спортски терени, број на катови, број на училници,; број на помошни простории, училишна библиотека. Доколку во оваа
учебна година се промени местоположбата на некоја училница, тоа треба да се наведе, на пр., заради ученикот/ученичката
со посебни образовни потреби-отежната моторика специјализираните училници (кабинети) ќе бидат само на први кат.

Вкупен број на училишни згради
Број на подрачни училишта
Бруто површина
Нето површина
Број на спортски терени
Број на катови
Број на училници
Број на помошни простории
Училишна библиотека
Начин на загревање на училиштето

-

материјално- технички услови -(да се издвојат и да се наведе опременоста на училиштето) пр. број на компјутери,
нагледни средства, ЛЦД итн. Конкретно да се наведе што е набавено, обновено-реновирано санирано, изработено пред
почетокот на учебната година.
Материјално технички услови

-

мапа на училиштето (каде се наоѓа), план на просториите

структура на училиштето (училиштен одбор, совет на родители, наставнички совет, стручни активи, одделенски
совети, ученичка заедница)

Членови на училиштен одбор (име и презиме)
Членови на совет на родители (име и презиме)
Стручни активи (видови)
Одделенски совети (број на наставници)
Членови на ученичка заедница (број на ученици)
Членови на еко-одбор (број)
- Наставен кадар (унифицирана табела: вкупен број на вработени, структура на вработени, степен на образование, стаж на
вработените, етничка припадност, директор, наставен кадар, стручни соработници, административни работници, техничка
служба)
Одд.

вкупно

Етничка и полова структура на учениците
Македонци
м

ж

Албанци
м

ж

Турци
м

ж

Број на вработени
Број на наставен кадар
Број на стручни соработници
Административни работници
Техничка служба
Директор
Степен на образование на вработени
Образование
Високо образование
Виша стручна спрема
Средно образование

Број на вработени

Роми
м

ж

други
м

ж

Старосна структура на вработени
Години
20-30
31-40
41-50
61 - пензија

Број на вработени

Ученици (унифицирана табела, број на ученици, структура на ученици. Доколку училиштето има повеќе подрачни
училишта, оваа табела треба да ја пополни за секое подрачно училиште одделно.
Одд.

Бр. на
паралелки

Бр. на
ученици

Етничка и родова структура на учениците
Македонци
м

I
II
III
IV
V
I-V
VI – дев.
VI - осм
VII
VIII
V - VIII
I - VIII

ж

Албанци
м

ж

Турци
м

ж

Роми
м

ж

други
м

ж

Наставен јазик
Наставен јазикмакедонски

Наставен јазикалбански

Наставен јазиктурски

Наставен јазиксрпски

Број на паралелки
Број на ученици
Број на наставници
3. Мисија и визија
Мисијата и визијата треба да се видливо истакнати на посебна страница.
Мисија - Во ова поглавје се дефинираат принципите, вредностите, очекувањата, мотото и логото на училиштето.
Визија- Визијата дава главни насоки за развојот на училиштето, во неа се дефинира крајната цел т.е. каде сакаме да стигнеме.
Визијата е свртена кон иднината, претставува јасен краток опис на идната состојба кон која се стреми училиштето.
Визијата да биде споделена и заеднички креирана од сите вработени. Тука се дефинираат и конкретните стратешки чекори кои ќе не
донесат до развој на училиштето, треба да одговори на следните прашања:
1. Што сакаме да постигнеме?
2. На кој начин би го постигнале тоа?
4. “Lessons Learned”- Веќе научено/ Стекнати искуства
Во ова поглавје треба да се напишат поуките од реализирањето на минатите активности кои може да бидат корисни за време на
реализирањето на годинешните активности.
5. Подрачја на промени, приоритети и цели

Произлегуваат од констатираната состојба во годишните извештаи, само- евалвацијата и Програмата за развој - треба да
се земаат предвид оние подрачја и потреби кои се приоритетни за конкретното училиште и за тековната учебна година и
каде ќе се направи промена.

Од подрачјата се дефинираат приоритетите (специфични, реални, остварливи, мерливи) кои ќе се реализираат во текот на
годината – треба да се има предвид, сето ова да е во тесна врска со потребите и интересите на сите заинтересирани
субјекти, особено со потребите на учениците и во склад со реалните можности на училиштето и усогласени со
финансискиот план.

Целите се однесуваат на претходно дефинираните приоритети. Тие треба да се јасни, мерливи, остварливи. – целите
треба да бидат насочени кон постигнување на резултати, треба да се временски определени и да водат кон остварување
на визијата на училиштето. Целите се динамични и честопати се формулираат со помош на глаголски именки, пр.
зголемување, усовршување, подобрување, унапредување, зајакнување, оспособување, воспоставување, развивање,
поставување, градење. Планирањето на целите треба конкретно и доколку има можност да е дефинирано во проценти ( Во
оваа учебна година цел е да се намали бројот на неоправданите изостаноци за 20%). Со определувањето, односно со
изборот на приоритетите се имаат предвид очекувањата, позитивните промени што ќе се случат, а од нив ќе произлезат
акциските планови.

Анализа на состојбата на животната средина- се изработува за да се утврди во каква состојба се наоѓа училиштето. Со
анализата се добиваат податоци и информации за: колку отпад се произведува, колку вода се троши, каква е состојбата со
водоводната инсталација, какви средства за чистење се употребуваат, каква е состојбата во училишниот двор односно во
дворот на градинката, колкав е степенот на свесноста за заштитата на животната средина и какви активности презема
училиштето или градинката околу тоа. Анализата ќе помогне во воспоставувањето приоритети за активностите кои ќе се
преземемат. За детална и прецизно изработена анализа училиштата треба да се водат според воспоставените екостандарди и девете еколошки теми.

6. Акциски планови
Конкретни задачи и специфични активности за нивна реализација, време за реализација, одговорни лица за спроведување на
активноста, начин на спроведување на активноста, кои се очекувани резултати од реализираната активност, следење на
реализацијата, индикатор за реализираната активност и потребен буџет.
Година 2011/2012
Временска рамка (месец)

Следење

Задача

Активност

9

10

11

12

1

2

3

4

5

6

7

8

Носител

Начин на
спроведув
ање
(ресурси)

инструм
енти

Очекуван
и
резултати

Одговорно
лице


x

Потребен
буџет

План на активности за реализација на еколошката програма- се прави за секоја учебна година со избор на точките на акција од екостандардите, односно стандардите за одржлив развој. Планот на активности ги содржи целите за реализација, времето и начинот на
реализација, одговорните лица и планираните потребни средства.
7. План за евалуација на акциските планови
-

Критериум за успех - (претставува нивото и квалитетот на промената која сакаме да ја постигнеме. Пожелно е што
појасно да се определат начините со кои ќе се мерат и оценуваат постигнувањата и тоа за секоја задача).

-

Инструменти - (тестови на знаења, скали на проценка, прашалници, потсетник за водење на интервју, протоколи за
набљудувања и опсервации).

-

Индикатор за успешност - доказ дека резултатите се постигнати (просекот на оценките е покачен, се намалува бројот на
слаби оценки, зголемена сооработка со родителите, зголемен е бројот на различни видови стратегии за оценување).

-

Одговорен за следење - (директор, училишен одбор, стручна служба, училишни тимови, наставници, ученици, совет на
родители).

-

Повратна информација - (дава информација за постигнувањата, поуки за подобрување на успехот, мотивацијата,
самостојноста во водење на учењето, вреднување на напредокот на учениците, наставниците и училиштето).

-

Следење и евалуација на планот на активности од еколошката програма- (се состои од методи на следење на
реализираните активности од планот на активности и евалуирање на постигнатите резултати со користење на индикатори
за реализираните активности.)

8. Календар за работа
Календарот за работа на училиштето го донесува Министерот за образование. Во овој календар секое училиште одделно треба да ги
внесе деновите кои се нeработни во нивното училиште (ден на училиштето, ден на општината, неработни денови за етничките
заедници и сл.). Календарот за работа Министерството за образование и наука го објавува во Службен весник (www.slvesnik.com.mk)
Календарот е основа за планирање на активностите за одбележување на значајни датуми, преку училишни радио емисии ( разглас)
или книга за соопшетнија, уредување на училишниот хол, пано, уредување на содржини за ѕиден весник, организирање на прослави,
приредби, хепенинзи, базари, настани од хуманитарен карактер, собирни акции, еколошки активности.
- Еколошки календар
5 март
22 март
7 април
22 април
15 мај
31 мај
5 јуни
16 септември

Светски ден за заштеда на енергија
Светски ден за заштеда на водите
Светски ден на здравјето
Светски ден на планетата
Светски ден за заштита на климата
Светски ден против пушењето
Светски ден за заштита на животната средина
Светски ден за заштита на озонската обвивка

22 септември
Меѓународен ден без автомобили
08 октомври
Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
15 октомври
Меѓународен ден на пешаците
16 октомври
Меѓународен ден на храната
Ден на дрвото – ден на еколошка акција на младите и граѓаните на Република Македонија – ненаставен ден
Ден на акција на еко-училиштата- се реализира два пати во текот на една учебна година
Ајде Македонија- ден на еколошка акција на младите и граѓаните на Република Македонија
9. Настава
-

Вид на настава....

-

Организација на задолжителна настава

-

Се наведува кога започнуваат и кога завршуваат часовите, во колку смени работи училиштето, во колку
специјализирани училници (кабинети) и колку класични училници, како и други специфики на задолжителната настава.

Се наведува кој е задолжителeн странски јазик и кои странски јазици училиштето ги предлага како втор задолжителен
јазик од шесто одделение.

Поделба на класно раководство и поделба на часови на наставниот кадар

Распоред на часови, распоред на часови за дополнителна и додатна настава.

Изборна настава

-

Се наведуваат кои се изборни предмети по одделенија и задолжително се образложува начинот на кој се избираат
изборните предмети во училиштето. Во прилог се приложуваат и анкетните листови од родителите). Доколку
училиштето има изготвено интерен акт за спроведување на постапките за изборни предмети, се наведува актот.
Документот и содржината на ова поглавје се поврзува со тој документ.

Дополнителна настава

 Се наведува процедурата за дополнителната настава и се напоменува дека до 20-ти септември ќе биде изработен
распоред за дополнителна настава кој по донесувањето станува составен дел на оваа годишна програма.
-

Додатна настава
 Се наведуваат законските обврски околу додатната настава како и постапката и изборот од страна на учениците и се
напоменува дека до 20-ти септември ќе биде изработен распоред за дополнителна настава кој по донесувањето
станува составен дел на оваа годишна програма.

-

Индивидуализирани програми за работа со надарени и талентирани
 Се наведува кои програми училиштето ќе ги подготви за работа со надарени и талентирани, задолжително се
поврзува и со процедурата за идентификација на надарени и талентирани ученици, се наведува времето на
реализација на тие програми, кои наставници, стручни соработници или други лица се конкретно одговорни за секоја
од тие програми.

-

Индивидуализирани програми за деца со посебни образовни потреби
 Се наведува кои програми училиштето ќе ги подготви за работа со ученици со посебни образовни потреби и
задолжително се поврзува и со процедурата за идентификација на деца со посебни образовни потреби, се наведува
времето на реализација на тие програми, кои наставници, стручни соработници или други лица се конкретно
одговорни за секоја од тие програми.

-

Поврзување на еколошката програма со редовната настава
 Интегрирање на еколошките содржини од деветте еколошки теми во предметите, наставните содржини и часовите
по соодветното одделение/година. Со тоа се збогатуваат постоечките предмети со еколошки содржини и содржини
за заштита на животната средина. Учениците, децата, вработените и пошироката заедница добиваат знаења за
конкретните акции кои ги презема училиштето за заштитата на животната средина и реализацијата на Програмата.

-

Употреба на ИКТ во наставата

Се приложува планот(распоредот) за употреба на ИКТ во наставата, (за наставник/по месец).

10. Оценување
-

Видови оценување и календар на оценување

Се даваат генерални информации за описното и бројчаното оценување по одделенија, се потенцира формирање на комисии
од учениците за оценување, се прави план за писменото оценување имајќи ги предвид законските ограничувања (дневно
најмногу по едно, а седмично по две писмени работи),
Во ова подрачје треба да се даде опис на активностите со кои:

-

-

ќе се стимулира имплементирањето на стандардите во оценувањето,

-

што се очекува како активност на секој предметен наставник во секој класификационен период

-

планирање на формативното и сумативното оценување

Тим за следење, анализа и поддршка
-

-

се формира тим за следење и проверка на усогласеноста на оценувањето со предвидените стандарди, се
утврдува процедура за поплаки и жалби по добиени оцени, се утврдува начин на информирање на родителите и
учениците за овие прашања. Tимот за следење, анализа и поддршка е составен од стручната служба ,
одделенски и предметни наставници со конкретни задолженија, операционализиран план за следење / период,
наставен предмет/, СВОТ анализа на состојбите со оценувањето ( квартално- по тримесечија споредбено со
извештаи наназад за 3 години), анализа на состојбата на постигнатите резултати на наставниците, план за
поддршка на наставниците кои покажуваат слаби резултати од работењето, поддршка за наставниците кои се
иноватори и креатори на развојот на квалитетното оценување, планирање на споделување на добра пракса во
рамки на училиштето, формирање на тим за оценување на работата на секој наставник како самооценување со
цел да се планира поддршката.

Само- евалвација на училиштето

11. Вон- наставни активности
-

Училиштен спорт

-

Секции и слободни ученички активности

-

Се наведуваат кои општински, регионални, државни и меѓународни ученичките натпревари ќе се организираат во
текот на учебната година и во кои ќе учествува училиштето, се определуваат кои училишни натпревари ќе ги
организира училиштето, во кој период од учебната година, како и кој може да земе учество и во каква процедура.
Се доставува план за ученички натпревари со имиња на ученици- учесници за кои ќе се обезбеди тимска
поддршка од наставниците за подготовка и финансиски план за реализација и поддршка од советот на родители.

Општествено хуманитарна работа

-

Формирани секции и слободни ученички активности кои во ГПРУ ќе бидат описно дадени, а операционализирани
во прилог со списоци на пријавени и одбрани ученици со кои ќе се реализираат истите, со термини и
времетраење, одговорни наставници, потребни ресурси, вклученост на надворешни соработници и совет на
родители. Се наведуваат училишните секциите и слободните ученички активности кои ги нуди училиштето,
одговорни наставници, се потенцираат општите но и конкретните цели во учебната година и се образложува
процедурата како и кога ќе им биде понудена оваа вон- наставна активност на учениците.

Ученички натпревари

-

Се наведуваат училишните спортови кои ги нуди училиштето, одговорни наставници, се потенцираат општите но
и конкретните цели во учебната година, предвидени настапи, турнири итн., се образложува процедурата како и
кога ќе им биде понудена оваа воннаставна активност на учениците. Се изготвува конкретизирано планирање на
активностите за реализација на училишен спорт, време на реализација, опфатеност на ученици, видови на
спорт, следење на реализацијата, одговорни наставници и начин на евалуација .

Се доставува план за организирање на базари, хепенинзи, хуманитарни настани по повод Денот на училиштето
или други одбележувања, одбележување на празниците според календарот, со јасно дефинирани содржини,
време на реализација и задолжени за реализација и супервизија во која задолжително има претставници од
советот на родители. Се наведуваат кои општествено хуманитарни работи ќе ги организира односно поддржи
училиштето и кои се одговорните лица.

Еко- патроли

Се доставуваат списоци за организација на учениците од различни возрасни групи во составот на еко-патролите
за реализација на еколошката програма. Еко-патролите подготвуваат извештаи и листи за следење на
реализацијата на точките на акција од воспоставените еко-стандарди.

12. Поддршка на ученици
-

Постигнување на учениците

-

Се наведуваат постигнувањата на учениците од минатите три години, по предмети и области, и се поставуваат
цели за оваа учебна година (со конкретна програма со активности, одговорни наставници, очекувани резултати и
тим за евалуација), се наведуваат конкретни активности од стручната служба за поддршка на учениците и
наставниците, професионална ориентација на учениците – со конкретни активности и одговорни лица, се
наведуваат начини на промовирање на постигнувањата (во училиштето, во јавноста, со посредство на медиуми и
сл.) како и други форми и методи за мотивација на учениците. Описно прикажување на постигнувањата на ниво
на училиште и на начините кои се планираат за подобрување на резултатите.

Превентивни програми (насилство, болести на зависност, асоцијално однесување, соработка со установи за безбедност
и социјална грижа)

Се наведуваат програмите кои ќе бидат реализирани, целите, одговорните лица и процедурите за избор на
ученици-учесници. Планирање на едукативни работилници со родители, ученици и наставници за подобрување
на социо-емоционалната состојба на учениците, вклучување на надлежните институции и експерти за
определените области на дејствување Организирање на активности во училиштето како и надвор од училиштето,
заеднички посети на установи, социјални активности за интеракција која е осмислена и во функција на
подобрување на соработката.

-

Безбедност во училиштето ( на пр. план за движење при евакуација)

-

Позитивна социо-емоционална клима

Се планираат содржини за ранлива група на ученици за кои препорака дава одделенскиот ракводител, советот на
одделенските наставници, советот на предметните наставници, стручната служба, во соработка со родителите,
содржините се прилагодени на возраста, интелектуалниот и емоционалниот статус на учениците. Се планираат и

интерактивни работилници за родителите на учениците кои се вклучени во оваа програма, кои се реализираат од
страна на стучната служба во училиштето.

Целта е да се обезбеди почитување на личноста- негување на слободата за изразување, остварување на правото на
барање, примање и давање информации, интерактивен однос, меѓусебна доверба, почитување на мислењата на
сите; еднаквост и правичност – еднакво и без прдрасуди однесување кон учениците, родителите, достапност на
информации за сите .

Се планираат и интерни обуки во соработка со БРО, Центарот за социјална работа како и високообраниразовните
институции за поддршка на наставниците во планирањето и реализацијата на наведените содржини, како и
финансиски план за реализирање.

Еколошки акции и кампањи се организраат како дел од еколошката програма со цел да се промовираат еколошките
активности во пошироката заедница, да се подигне свеста и да се вклучат поголем број на ученици, деца,
вработени, родители, медиуми и сл.

13. Грижа за здравјето
-

Хигиена во училиштето

-

Систематски прегледи

-

Вакцинирање

-

Се наведува кои одделенија/ ученици ќе бидат опфатени со систематски прегледи, се потенцира дека ќе бидат
реализирани без да се попречува наставата (пред или по завршувањето на часовите). Исто така се наведува и
наставникот кој ќе ги придружува.

Се наведува кои ученици се опфатени со календарот за имунизација и вакцинација, одговорното лице од
училиштето (според насоките од Министерството се забранува вакцинација во училиштата поради несакани
ефекти).

Едукација за здрава исхрана

Се определува бројот и терминот на предавањата кои ќе ги организира училиштето за едукативни предавања,
предавачите, како и другите интерни активности кои ќе ги спроведуваат наставниците (или родител кој што е
едуциран на оваа тема)

Се реализираат активности од кампањата „Здрава храна за детство без мана“ со цел едукација на учениците за
здравата исхрана, подигање на свеста, подигање на училишниот активизам, промоција и вклучување на
родителите.

14. Училишна клима и односи во училиштето
-

Дисциплина

Се утврдува програма и се определува план за подобрување на училишната дисциплина (на учениците,
вработените) се определуваат одговорни наставници-распоред на дежурни наставници се определува контрола
во училиштето (во ходници, училници, санитарни јазли и други простории), но задолжително и во училишниот
двор од отварање до затворање на училиштето во текот на денот. Училиштето треба да испанира и водење на
писмена евиденција за тековните збиднувања за време на одморите.

-

Естетско и функционално уредување на просторот во училиштето- вработените и учениците треба да развијат
одговорен однос кон уредувањето и одржувањето на просторот и опкружувањето на училиштето (при тоа водејќи сметка за
мулти- културализмот во училиштето)

-

Етички кодекси

-

Се определува временски рок за најмалку едно иновирање на текстот на етичкиот кодекс на сите лица кои се
вклучени во образованието – ученици, наставници, родители, други вработени.

Еко-кодекс- ја дефинира целата мисија на училиштето и претставува заеднички став односно правилник на
однесување на сите вклучени во еколошката програма. На јасен и декларативен начин се покажува посветеноста
на училиштето за подобрување на условите во кои се учи и работи.. Еко-кодексот се истакнува на видно место.

Мулти- културализам

-

Се посочуваат учениците од сите етнички групи и се определуваат активности во насока на меѓусебно
запознавање, развивање на почит и однос кон различностите, се определува тим одговорен за оваа компонента
и се изготвува акционен план за реализација на мултикултурните активности во редовната и во воннаставните
активности. Исто така доколку училиштето соработува и со други училишта од општината или регионот кои се од
друг етнитет се назначува одговорно лице, се определуваат наставниците и учениците кои ќе ги реализираат
активностите, сето тоа се планира со акционен план.

Односи меѓу сите структури

Се наведува тим составен од сите структури кои ќе направат анализа на критичните точки во комуникацијата
помеѓу одредени структури во училиштето, се предлагаат заеднички состаноци-работилници, дебати на кои ќе се
разгледуваат слабостите на комуникацијата и се предлагаат нови начини на комуникацирање. Најпожелени
начини за надминување на тие појави би биле: заеднички прослави, екскурзии, коктели, свечености, посети и сл.
кои би имале за цел подигнување на квалитетот на комуникацијата и меѓусебната доверба и соработка.

15. Професионален развој на образовниот кадар
-

Детектирање на потребите и приоритетите

-

Активности за професионален развој

-

Се утврдуваат и наведуваат потребите и приоритетите кои произлегуваат од детектираните состојби од
самоевалуацијата, интегралните евалуации и новините и насоките дадени од Министерството и основачот, се
наведува процедурата за избор на наставници за професионален развој.

Се планира организирање на обуки, семинари, работилници од кои имаат потреба наставниците, се изготвуваат
акциони планови за истите, се врши дисеминација од проектите, се подготвуваат извештаи, се прави евалуација
и од неа произлегуваат наредените приоритети за професионален развој.

Личен професионален развој

Се планира поединечното следењето и напредувањето на наставниците, нивното вреднување преку однапред
подготвени интерни критериуми, мотивирање на наставниците за постојано посетување на семинари и обуки за

стекнување на сертификати, вреднување (интерно и преку екстерното оценување на учениците) следење на сите
субјекти во училиштето за нивно поуспешно учество во конференции, регионални средби, пишани рубрики или
статии во стручна литература и др.

-

Хоризонтално учење

-

Се планира активно учество на наставнците и вработените на понудени обуки од еколошката програма.

Се планираат различити видови на организирање и пренесување на знаењата или размена на професионално
искуство, преку професионалните активи, организирање на отворени часови, работилници... Училиштето
изготвува акциски план со планирани активности, носители на тие активности, време на реализација, очекувани
исходи, начин на следење, критериуми за успех. (Акцискиот план треба да ги содржи сите параметри од
дадениот модел на Акциски план-тоа важи за сите Акциски планови кои ќе се изготват во Годишната
програма за работа на училиштето)

Тимска работа и училишна клима

Се предвидуваат форми на поттикнување на попродуктивна соработка помеѓу наставниците, да се одржуваат
ефективни состаноци со конкретни заклучоци, предлози и мерки. Зголемено взаемно почитување и доверба,
конструктивно решавање на проблемски ситуации, отворена комуникација и интернализација на ВИП –
компетенции, да се почитува мислењето на секој поединец, да се биде критичен и самокритичен.

16. Вклученост на семејствата во училиштето
-

Во животот и работата на училиштето

Се наведува како да се зајакнат капацитетите на дејствување на Совет на родители со претходно изготвена
програма за работа, детектирање на состојбите во училиштето од типот на потребни дефекти и поправки на
инвентарот и подобрување на условите за работа, нивни идејни планови за организација на активности во
училиштето, родителите да учествуваат во донесување на решенија и одлуки во интерес на сите субјекти во

училиште и реализација на истите, организирање на распоред за средби со родители и отворен ден за прием кои
ќе бидат истакнати на огласна табла и др.
-

Во процесот на учење

-

Во активностите во училиштето

-

Се наведува вклученоста и партиципацијата на родителите во давање на идеи, предлози и донесување на
одлуки, преку совет на родители, училишна заедница, училишен одбор.

Едукација на семејството

-

Се наведува дадените иницијативи за поуспешна реализација на слободните ученички активности и другите
воннаставни активности, натпревари, екскурзии, приредби, манифестации,промоции и др.

Во донесување одлуки

-

Се планира вклученоста на родителите, тие даваат мислења и сугестии за дополни и измени на секаков вид
планирања, постојано се информирани за наставниот процес преку континуирана соработка со Училишниот
одбор, директорот на училиштето, наставниот кадар, стручната служба, учениците. Даваат подршка на
наставниците за олеснување на работата со ученици со потешкотии во развој и посебно ги поддржуваат
соработките за напредување на учениците–таленти. Семејствата помагаат во прибирање на дидактички
матерјали, помагала и други наставни средства и матерјали. Им даваат поддршка на реализаторите за
иновирање во наставата, помагаат при професионалната ориентација на учениците.

Се планира да се организираат едукативни работилници за родители, типизирани предавања и третирање на
теми преку соопштенија, флаери, плакети, брошури, училишни весници. Советодавно-консултативни
работилници –индивидуални и групни, посета на семејства и др.

Изработка на брошура за родители

Се формира тим за подготовка и реализација на брошурата, се дефинира времето на нејзино печатење и се
предвидуваат потребните финансиски средства.

17. Комуникација со јавноста и промоција на училиштето
-

-

Локална заедница (локална самоуправа, бизнис заедница, местно население..)

Се наведува видот на комуникација усна, пишана и електронска комуникација, се предвидуваат состаноци,
средби, дебати, трибини, посети на институции и бизнис-компании во локалното опкружување, собири и
здружувања по одредени случувања во училиштето, се промовираат постигнати резултати од различен вид,
промовирање на проектни активности, комуникација со медиуми и др.

Се воспоставува соработка со општината за реализација на еколошката програма на локално ниво со
потпишување на Меморандум за соработка.

Институции од областа на културата

-

Институции од областа на образованието

-

Се планира и наведува соработката со МОН, БРО, ДПИ, ЕЛС-Сектор за основно образование, Сектор за основно
образование како дел од општината, овластен општински инспектор, актив на директори на ниво на општина,
детски градинки, други основни и средни училишта и факултети и др. Се дава кратка дескрипција на формите и
полето на соработка.

Невладини организации

-

Задолжително се планираат и се следат објавени конкурси и натпревари на кои се учествува и тоа: литературни
и ликовни конкурси, изложби, посета на културно-историски споменици и музеи, библиотеки, театар, ликовни
колонии, Дом на култура, кино-сали.

Се наведуваат невладините организации со кои ќе соработува училиштето и активностите кои ќе ги спроведе
училиштето, пр. Детска амбасада, СОС- центри, Младински културни центри, еколошки друштва и др. Сето ова
се предвидува со акциски план.

Спортски друштва

-

Здравствени организации

-

Се наведуваат фудбалски, ракометни, атлетски, кошаркарски, и др. спортски друштва со кои ќе соработува
училиштето.

Се наведуваат здравствените организации со кои ќе соработува училиштето заради грижа за здравјето и
безбедноста на учениците и вработените, пр. медицински центар, центар за социјални грижи, фонд за здравство,
осигурителни компании (осигурителните компании се на доброволна база) и др.. Исто така се предвидува и
акциски план со едукативни теми за здравјето на учениците, со одговорни лица за реализација, време на
реализација и очекувани исходи.

Медиуми (со цел на промоција на училиштето)

Се наведуваат локални ТВ станици, локални радиостаници, весници и др. со кои ќе соработува училиштето, се
одредува лице за контакт со медиуми кое ќе има за задача да формира тим и да организира настани и
активности од еколошката програма и нивна промоција пред медиумите и јавноста.- училишни флаери (за
постигања, упис на првачиња, училишен весник итн...

Прилози:
-

Годишна програма за работа на: директор, педагог, психолог, помошник директор, училиштен одбор, совет на родители,
наставнички совет, стручни активи, библиотекар, социолог, дефектолог, хор и оркестар.

-

Акциони планови за реализација на сите проекти во училиштето и акциски истражувања

-

Програма за само- евалвација на училиштето

-

Програма за заштита и спасување од елементарни непогоди

-

Програма за реализација на ученички екскурзии

-

Програма за реализација на ученички натпревари

-

Програма за додатна настава

-

Програма за дополнителна настава

-

Програма за општествено хуманитарна работа

-

Програма за работа на ученичка заедница

-

Програма за соработка со локална средина и локална заедница

-

Програма за грижа за здравјето на учениците

-

Програма за јавна и културна дејност на училиштето

-

Програма за интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем:
Прилог 1. Формулар за членови на еко-одбор
Прилог 2. Анализа на состојбата на животната средина
Прилог 3. План на активности
Прилог 4. Следење и евалуација
Прилог 5. Поврзување со наставната програма
Прилог 6. Известување на пошироката заедница
Прилог 7. Еко-кодекс
Прилог 8. Меморандум за соработка со општината

-

Програма за само- евалвација на училиштето

-

Распоред на часови

-

Програма на инклузивен тим за образование

-

Програма за превенција од насилно однесување во основното училиште

-

Програма за професионална ориентација на ученици

-

Следење, вреднување и унапредување на воспитно- образовната работа

-

Правилник за однесување на ученици, наставници и родители (во училиштето и училишниот двор)

Инструмент за подготовка, следење и евалвација на програмите и акционите планови
Година 2011/2012
Активност

9

10

11

Временска рамка (месец)
12 1
2
3
4
5

6

 Тим кои учествувал во изработката на ГП:
 Место за печат
 Датум и потпис на директот
 Потпис на претседател на УО

7

8

Носител

Начин на
спроведув
ање
(ресурси)

инструм
енти

Очекуван
и
резултати

Следење
Одговорно
лице


x

Потребен
буџет

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful