МЦМС е-Билтен

Размена на искуства
со Комисијата за
еднаквост на Северна
Ирска
Oд 5 до 8 февруари 2014 г. се реализираше студиската посета на Северна Ирска, што ја организира МЦМС
за претставниците на партнерските
организации од проектот„Од норма
до пракса за еднаквост“, Полио плус,
Министерството за труд и социјална
политика и Комисијата за заштита од
дискриминација.
Целта на студиската посета беше да
се разменат искуства и да се воспостави комуникација со Комисијата
за еднаквост за Северна Ирска. Учесниците имаа можност да поминат
еден ден со членовите на Комисијата
што го искористија за запознавање
со главните активности и со нејзината работа. Тие разговараа за воспоставувањето, за улогата и составот
на Комисијата, за надлежностите,
за промоцијата и заштитата на еднаквоста, особено за заштитата на
правата при вработување и работни
односи на лицата со хендикеп. На
состанокот беа презентирани и конкретни случаи по кои постапувала
Комисијата.
Дел од програмата на студиската
посета беше и посетата на организацијата Медијација Северна Ирска.
Освен за работата и постигнувањата
на организацијата, учесниците имаа
можност да слушнат и за историјата и
клучните моменти на конфликтот во
Северна Ирска. Потоа беше организирано и разгледување на Белфаст.
Посетата се реализираше во рамки
на проектот„Од норма до пракса за
еднаквост“ кој спроведува МЦМС во
партнерство со Полио плус, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски
е поддржан од програмата Прогрес
(2007-2013) на Европската Унија.

Февруари
2014
БРОЈ 151

Можностите треба да се искористат
Десет учеснички од скопскиот регион, кои успешно го
завршија курсот за кроење и шиење, на 11 февруари
2014 г. добија дипломи. На доделувањето, тие ги презентираа своите нови вештини преку облеката која сами
ја направиле во текот на курсот. Сите изразија голема
благодарност до МЦМС и ЕУ, како и до проектниот и наставниот тим за добиената можност да го научат занаетот
и да го верифицираат стекнатото знаење.
„Научивме многу нови работи“, изјави една од учесничките. „Ваква можност ретко им се дава на жените
во Македонија. Јас сум домаќинка и благодарение на
курсот излегував од дома почесто од обично и можев
да запознам други луѓе. Тоа е додадената вредност на
овие курсеви. И еве сега, добив желба и редовно да работам“, рече таа. Нејзината „соученичка“ се пофали дека
благодарение на стекнатите вештини добила работа во
конфекција, а уште една од учесничките изјави дека
почнала да шие дома. Сите имаат иста порака до жените
кои уште се двоумат дали да ги прифатат ваквите можности – без оглед на возраста, не треба да размислуваат,
ваквите можности треба да се искористат.
Проектниот тим од МЦМС е многу задоволен од резултатите од курсот. Даниела Стојанова, раководител на
проектот, изјави дека оваа група покажала најголема
мотивација и посветеност. „Иако се работеше за интензивен курс со повеќе часови дневно, ниту една од

учесничките не се откажа ниту го намали интересот и
желбата за учење. На крај тоа се гледа не само од постигнатите резултати туку и од радоста и задоволството
на жените кога ги презентираа нивните производи и
плановите за иднината“, рече таа.

Упешно завршените курсеви ги охрабруваат жените
да почнат да бараат вработување

Курсот го спроведе Универзитетот за доживотно учење
„Кочо Рацин“ од Скопје во текот на декември и јануари
2014 г.
Проектот „Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот“ е финансиран од Европската Унија
во рамките на 4-та компонента на Инструментот за
претпристапна помош (ИПА), a го спроведува МЦМС со
партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените
погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

Презентирани резултатите во проектот
„Од норма до пракса за еднаквост“
На 25 февруари 2014 година во хотелот Пората во Скопје се одржа конференција на која беа презентирани
резултатите од проектот „Од норма до пракса за еднаквост“.

Во кратки рокови со проектот беа постигнати
вредни резултати

„Вклученоста на Министерството за труд и социјална
политика во овој проект ги покажува нашите заложби
за поефикасна борба против дискриминацијата“, рече
во своето обраќање Муедин Кахвеџи, државен секретар
во МТСП. И Ингрид Сагер, шеф на секторот за регионален развој, социјална политика, земјоделство и прекугранична соработка во Делегацијата на ЕУ во Република Македонија ја истакна важноста на реализирање
на вакви проекти. „Делегацијата на ЕУ и е подготвена

и понатаму да помага за обезбедување рамноправно
општество.
На конференцијата се обрати Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација
(КЗД), кој зборуваше за искуствата Комисијата во борбата против дискриминацијата. „Почитувањето на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата на
граѓаните во Република Македонија се меѓу основните
начела на демократијата загарантирани со Уставот и законите. Должни сме и посветени да ги промовираме и
заштитиме“, рече тој.
За резултатите зборуваше Александар Кржаловски, прв
извршен директор на МЦМС. Тој ја истакна посветеноста
на сите партнери да го реализираат големиот обем на
активности во краток временски период. „Како дел од
проектот беа спроведени промотивни кампањи, телевизиски и јавни дебати, обуки и работилници, неколку истражувања и публикации“. Кржаловски го потенцираше
истражувањето „Барометар на еднакви можности“ кое
што обезбедува важни информации за перцепциите,
искуствата и состојбата со дискриминацијата во Република Македонија. Дел од проектот се и публикациите
„КЗД во функција на заштита од дискриминација“ – водич за граѓаните и „Најдобрите практики на независни
механизми за еднаквост во ЕУ и во регионот“.

Се интензивираат активностите за борба
против корупцијата

Kонкурс за
испорачатели на
услуги за подготовка
на апликации за ЕУ и
други фондови
Отворен е конкурс за испорачатели
на услуги за подготовка на апликации за ЕУ и други фондови во рамки
на проектот Пристап на Ромите до
Фондови Македонија, кој се спроведува од МЦМС и ИнСоК, како дел од
програмата „Да се направи максимум
со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ)
на Фондацијата Институт Oтворено
Oпштество, Будимпешта.
Ангажманот на испорачателите на
услуги во Македонија е за период од
12 месеци, при што бројот на денови на ангажман ќе се договара врз
основа на контекстот/потребите и
покажаниот успех во работата на испорачателите. Целта на ангажманот
е работа со „корисници“ за развој на
предлог проекти во корист на Ромите
за финансирање од ЕУ и други фондови.
Линк до целосниот конкурс:
http://0.mk/prfkonkurs1

Kонкурс за млади
соработници,
потенцијални
кандидати за
испорачатели на услуги
Отворен е конкурс за млади соработници, потенцијални кандидати
за испорачатели на услуги во рамки
на проектот Пристап на Ромите до
Фондови Македонија, кој се спроведува од МЦМС и ИнСоК, како дел од
програмата „Да се направи максимум
со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ)
на Фондацијата Институт Oтворено
Oпштество, Будимпешта.
Ангажманот на младите соработници
е за период од 10 месеци. Целта на
ангажманот е поддршка на сениор
консултантите во процесот на работа со “корисниците“ и во процесот на
развој на предлог проекти во корист
на Ромите за финансирање од ЕУ и
други фондови.
Линк до целосниот конкурс:
http://0.mk/prfkonkurs2

На 12 и 13 февруари 2014 година во Скопје, МЦМС организираше средби со државните институции кои имаат
надлежности во справувањето со корупцијата и судирот
на интереси и со граѓанските организации. На состанокот со државните службеници, организиран во соработка
со Центарот за изучување на демократијата од Бугарија
(ЦИД), присуствуваа 16 претставници на 14 институции
(министерства, дирекции, агенции, комисии, правосудни
органи, итн.). МЦМС ги информираше за планираниот
тек на активностите од Програмата на УСАИД за аникорупција специфично поврзани со спроведувањето на
Системот за следење на корупцијата.

Од тркалезната маса со граѓанските организации

Марија Саздевски од МЦМС, ја презентираше Програмата и истакна дека еден од клучните предуслови за успех е соработката со државните институции. Бугарскиот
експерт Руслан Стефанов од ЦИД, даде краток осврт на
методологијата на Системот за следење на корупцијата,
со посебен акцент на информациите и податоците потребни за успешно, квалитетно и целосно спроведување
на истражувањето. Тој истакна дека овој систем е развиен од страна на ЦИД и дека се применува повеќе од 15
години во Бугарија и во други земји од регионот.

Беа дискутирани можностите и подготвеноста на државните институции за соработка во процесот на собирање
на податоците потребни за Извештајот за проценка на
корупцијата како и за активно вклучување преку давање
коментари и сугестии за подобрување на Извештајот.
Темата на тркалезната маса организирана во соработка со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ)
беше „Платформа на граѓански организации за борба
против корупцијата: потреба и/или предизвик?“. На настанот учествуваа 21 претставник од 13 ГО.
Емина Нурединоска од МЦМС, даде краток вовед во
идејата за здружување на ГО за борба против корупцијата. На средбата учествуваa и Руслан Стефанов и Димитар
Марков од ЦИД од Бугарија кои ги споделија искуствата
од воспоставувањето на националната платформа за
борба против корупцијата „Коалиција 2000“ и на Регионалната мрежа за добро владеење и интегритет во Западен Балкан и Турција „СЕЛДИ“.
Учесниците дискутираа за идејата и за предизвиците
што би се појавиле во иднина при воспоставувањето на
платформа на ГО за борба против корупцијата. Текот на
дискусијата покажа дека меѓу присутните постои волја
за соработка и здружување кои би воделе кон нивна
поактивна улога и со што би дале придонес кон намалување на корупцијата во земјата.
Програмата на УСАИД за анти-корупција е спроведувана
од МЦМС во партнерство со Институтот за демократија
„Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ). Целта на програмата е зголемена информираност и знаење на граѓанските организации и граѓаните
за барање отчетност од институциите како и придонес
кон нивниот повисок интегритет.

Нови огради на училиштата во општина Аеродром
Заврши буџетскиот форумскиот процес во општина Аеродром. На последователната форумска сесија, што се одржа
на 26 февруари 2014 година, во ОУ Љубен Лапе беа презентирани резултатите од проектот „Реконструкција на
оградите на објектите на ОУ заради поголема безбедност
на учениците и чување на објектите во општина Аеродром” што го избраа граѓаните.

На крајот од сесијата општинската администрација ја презентираше Информацијата за преземените активности и
состојбата на предлозите произлезени од граѓаните на
форумскиот процес.

Проектот ќе обезбеди нормални услови за изведување на
наставната и воспитната дејност, како и за извршување на
другите училишни активности во училиштата. Во проектот
беа вложени вкупно 6.429.887 денари од кои 2.400.000
денари беа обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а 4.029.887 се општински средства.
„Форумот е мошне важна алатка за граѓаните“, рече Вангелина Секуловска, директорка на ОУ Љубен Лапе. „Преку
неа се овозможи активно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки, а со тоа и партиципирање во
креирањето на буџетот на општината.“ И според Сузана
Божинова, наставник во ОУ Гоце Делчев, форумот бил добро спроведен. „Избраниот проект е од голема важност
за нас наставниците и учениците, зашто обезбедува безбедност на секое дете, а училишните дворови изгледаат
многу поубаво“.

Граѓаните слушнаа за постигнатите резултати во
рамките на форумскиот процес

Борче Христов, раководител на Одделението за буџетска
координација на општина Аеродром, им посака на граѓаните во иднина заеднички да остваруваат уште многу вакви проекти, избрани од нив.

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

ул. Никола Парапунов 41а, П.Фах 55, 1060 Скопје
тел: +389 2 3065381 | факс: +389 2 3065298 | www.mcms.mk | mcms@mcms.mk