РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ „ Гоце Делчев “ - Штип
ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА
,,Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје
- придружна членка-

Предмет: Мотори и моторни возила
Тема: Систем за потпирање на возилото
- Семинарска работа -

Предметен наставник:

Изработил:

д-р, Елениор Николов, доцент, полк.

пит.Сашка Спасовска

Thus improving comfort in the vehicle and the contact between road and Pneumatics.Скопје. ABSTRACT Suspension system of the vehicle carried elastic connection between body and axle or directly to the wheels of vehicles. Кога сме кај безбедноста сите добро знаеме дека таа е најважната алка во животот на еден човек. thus reducing dynamic loads on the vehicle of the actions of bumps along the way. Speaking of safety we all know that it is the most important link in the life of a man. што директно влијае на безбедноста на возилото. 2013 год АПСТРАКТ Системот за потпирање на возилото остварува еластична врска меѓу каросеријата и оските или непосредно со тркалата на возилата. which directly affect the safety of the vehicle. 2 . мај. со што се намалуваат динамичките оптоварувања на возилото од дејствијата на нерамнините на патот. На тој начин се подобрува комфортот во возилото и контактот меѓу пнеуматикот и патот.

.........1........................................................... човекот во целиот свој развиток настојувал на разни начини да го реши проблемот со превозот и транспортот....8 2......... Листести пружини....... Еластични елементи во системот за потпирање..............................................................................СОДРЖИНА: Вовед............................. Хидрауличен стабилизатор ..................3 1....................................................9 3.....2........................10 4................................................................................................................9 3.....10 4..................................................1...........4 2...................... Торзионен стабилизатор............. Така со тек на времето возилата постанаа основни сообраќајни средства.................................... Систем со зависно еластично потпирање.................. Спирални пружини.......................... Систем со независно потпирање................11 Заклучок.. Развојот на 3 ....................................................11 Користена литература............................................... Стабилизатори во системот за потпирање............................................12 Вовед Историски глегано............... сообраќајот и во другите гранки од стопанството................... кои имаат сестрано значење во индустријата..........................9 4.............................2....................1.............................2................................................................................................................. Општи барања од системот......9 3................................................

најбарани и најзначајни системи. Еден од тие системи е и системот за потпирање на возилото.моторните возила се движи во разни правци. Тој денес е еден од најважните. па дури и при самото влегување во него. овој систем настојува сите вибрации коишто човековиот организам може да ги почувствува. Комфорот и стабилноста се најпрепознатливите карактеристики кои можеме да ги почуствуваме при возењето на возилото. Склопот од меѓусебно зависни системи. па дури и да ги оттргне целосно. јасно ни дава знак дека во прашање е исклучиво сложена конструкција (возило). Осцилациите и вибрациите имаат најголемо 4 . Основната задача на системот за потпирање е да ги прими сите реактивни сили и моменти. се со цел возилата да добијат перформанси спрема потребите на корисниците. кој е еден од најзаслужните за вашето удобно и сигурно превезување со возилата. дејствуваат на возилото и да ги придуши до одредени граници или наполно. 1. кои поради нерамнините од патот. Искрено се надевам дека ќе го задржам вашето внимание и дека со пролистување низ страниците на мојата семинарска работа ќе осознаете многу повеќе околу својствата и конструкцијата на еден систем. Одтука и потребата да ги осознаеме елементите и уредите преку кои целата конструкција од возилото се поврзува со тркалата. да ги сведе на минумум. Општи барања од системот Системот за потпирање на возилото ги опфаќа сите елементи и уреди преку кои целата конструкција од возилото се поврзува со тркалата. во кривина. Затоа. по прав пат.

Фреквенцијата има поголемо влијание врз човечкиот организам. - интензитет на промената на забрзувањето при осцилаторно движење. Осцилациите со ниска френквенција (900-1100 Hz) човековиот организам ги прима издвоено. - аголни осцилации околу оската Y-Y(пливање на возилото). - Аголни осцилации околу оската Z-Z(кривулкање на возилото). како вибрации. - напречни осцилации во правец на оската Y-Y. Поголемите амплитуди доведуваат до осцилирање на главата на возачот. Најсилно влијание врз човековиот организам има осцилирањето на каросеријата и во таа смисла потпирањето треба да дејствува на следниве карактеристики на осцилациите: - амплитуда. Посебно значајно влијание врз огранизмот има промената на забрзувањето што потешко се поднесува. Осцилациите со повисоката френвенција не се чувствуваат издвоено туку. - аголни осцилации околу оската X-X(лулање на возилото). 5 . Ако се земе дека просечниот чекор на човекот изнесува 0. Големината на забрзувањето на осцилаторното движење има големо влијание врз конфорот на возачот и доведува до појавување на инерцијални сили во организмот на човекот. тогаш бројот на вертикалните осцилации се движи во границите од 67 до 120 во минута.влијание врз конфорот на возачот и патниците. така што тие не се пренесуваат на главата. кои предизвикуваат тешкотии. Осцилациите кај моторните возила имаат 6 степени на слобода и тоа: - надолжни осцилации во правец на оската X-X. Во овие граници треба да се движат и осцилациите кај современите моторни возила за да го обезбедат природниот амбиент на човекот. - вертикални осцилации во правец на оската Z-Z. - забрзување. заедно. како посебни циклуси на примена на оптоварувањето или на положбата. од што тој и патниците бргу се заморуваат и имаат непријатно чувство.75 m. - фреквенција. a просечната брзина на движење изнесува 4 km/h. Амплитудите помали од 35 mm во основа ги прифаќа амортизационата способност на човечкиот организам.

амортизерите и седиштата. - да е едноставен за производство и оддржување. а нив треба да ги прифатат и амортизираат пневматиците. Како што може да се види со овие барања значително се усложнува конструкцијата на системите за потпирање. со својата конструкција тој треба да обезбедува и услови за работа на управувачкиот механизам и услови за непречено пренесување на вртежниот момент. - еластично поставени крути мостови. Ако се изврши систематизирање на функциите кои се поставуваат пред системот за потпирање. односно пневматиците. па во зависност од применливиот вид на системот за потпирање. тие се изведуваат како: - крути мостови. - да обезбедува паралелност помеѓу оските.Наведените осцилации не се јавуваат издвоено туку најчесто заедно. да е сигурен и надежен во експлоатацијата. Со овие барања значително се усложнува конструкцијата на овој систем. - да обезбедува придушување на осцилациите. покрај тоа што обезбедува еластична врска помеѓу возилото и мостовите. - да влијае врз намалување на истрошувањето на пневматиците поради бочни пролизгувања. - механизми за водење на тркалото. - да обезбедува еластично прифаќање на оптоварување и ударите. пружините. може да се утврди дека овој систем приоритетно треба да ги задоволи следниве барања: - да изврши целосно прифаќање и пренос на работните оптоварувања од надградбата кон тркалата. и тоа во сите услови на експлоатација. да има минимална тежина и ниска цена. - да обезбеди максимални конфорни поволности при превозот. Ако системот за потпирање на возилото се гледа изолирано. Тие постојано се променливи под дејство на внатрешните и надворешните сили кои дејствуваат на возилото. и обратно. - да го исполнува барањето бројот на осцилациите на возилото постојано да биде изедначен. 6 . - да ја обезбедува непречената и надолжната стабилност на возилото.

Стабилизаторите се елементи кои се вградуваат во возилата со улога да ја зголемат нивната стабилност при движење во кривина. Тие го спречуваат претераното наклонување на возилата во кривина под дејство на центрифугалната сила. пневматските балони. Задачите на овие елементи во најкуси црти се: Крутите мостови и мостовите кај еластичниот систем за потпирање имаат задача да ги пренесуваат оптоварувањата од надградбата кон тркалото и спротивно. Елементите за придушување на осцилациите ги смалуваат динамичките врвни оптоварувања. Еластичните потпори имаат улога еластично да го прифатат вертикалното оптоварување. Во исто време.. а некој видови еластични потпори делумно можат да пренесат и хоризонтални оптоварувања. туку имаат улога само при постоење на динамички променливи оптоварувања. 2. гумените потпори и одбојници и др. Механизмот за водење на тркалата ги поврзува тркалата со надградбата и обезбедува соодветна кинематичка зависност при поместувањата на тркалото. Класификација на системот за потпирање 7 . Овие потпори делумно вршат улога и на придушувачи во случаите кога се оптоварени со вертикални оптоварувања. при што кинетичката енергија се претвара во топлинска. овој механизам ги прима и ги пренесува реактивните сили и моменти од подлогата на возилото.Во елементите кои го сочинуваат овој систе спаѓаат: - еластичните елементи како што се пружините. при што треба на соодветен начин да ги обезбедат и преостанатите функции за водење на тркалата. - Уредот за придушување на осцилациите (амортизери). - Стабилизатори за смалување на бочното наклонување на каросеријата. Овие елементи не се во состојба да ги примамат и да ги пренесуваат трајно вертикалните реактивни сили.

Меѓутоа.1.Според конструктивните карактеристики. Крутиот систем на потпирање се применува кај оние возила чија максимална брзина на движење е помала од 30 km/h. - конструкцијата дозволува да се запазат аглите на поставување на тркалата во однос на мостовите. Кај овој систем врската помеѓу рамката и тркалото е крута и не постојат еластични елементи и елементи за придушување на осцилациите (амортизери). Основни недостатоци на овој вид конструкција се : - при наидување на едното тркало на нерамна површина се закосува и другото тркало за ист агол. 8 . поради што се смалуваат стабилноста и управливоста со возилото. (кај работните возила и тракторите ). денес. Еластичниот систем за потпирање. а со тоа и целата каросерија. а со тоа има посебно значење за тешките товарни возила. но за рамката од возилото се поврзани со еластична врска. се вградуваат еластични системи за потпирање. - ја растоварува рамката од моментите што во овој случај ги прима мостот. се изведува како : - систем со зависно еластично потпирање и - систем со независно еластично потпирање 2. а со тоа и поефикасна. како v < 30 [km/h]. од аспект на заштита на елементите и за поголем комфор. Систем со зависно еластично потпирање Кај овој систем левите и десните тркала независно дали се погонски или погонети меѓусебно се круто поврзани. кај некои работни возила. Ваквата конструкција ги има следниве предности : - конструкцијата на системот е поедноставна. според начинот на меѓусебно поврзување на тркалото со рамката. - еластичен систем на потпирање. системот за потпирање на возилото се сретнува по две изведби : - крут систем на потпирање.

Систем со независно потпирање Независниот систем за еластично потпирање на каросеријата врз тркалата. Овој систем треба да ги задоволи барањата изнесени во точка 1.. Еластични елементи во системот за потпирање 3. а поради немањето преден ( заден ) мост. Потпирањето е меко и погодно за најголемиот број видови транспорт и за различни патишта. комфор. не доаѓа до поместување на другото. Основната предност на овој систем се состои во тоа што не постои директна кинематичка зависност помеѓу оските на левото и десното тркало. Наедно. најчесто се користи кај предните управувачки тркала од патничките возила. Спирални пружини 9 . 3. со тенденција овој систем пошироко да се применува и за потпирање на задните погонски тркала кај овој вид возила. Како недостатоците на овој систем се сметаат бројните зглобни врски што тој ги поседува. бидејќи самата конструкција овозможува поедноставно анулирање на сопствените осцилации. со што се зголемува стабилноста на возилото. што резултира со зголемување на цената. управливост. Со вакво решение се постигнува поголема стабилност.2. поголема грижа при одржувањето. постои конструктивен простор моторот и трансмисијата да се сместат пониско. листестите пружини се економична алтернатива. дури и при мали оптоварувања на оската.1.1. ). со што ќе обезбеди правилна кинематика на водењето на тркалата ( посебно на управувачките ) и пренесување на погонскиот момент врз подлогата ( кај погонските тркала ). доволна крутост во надолжна и непречна рамнина.2. конструкцијата овозможува добивање на помала тежина на системот. Со малата тежина и долгиот работен век.2. а бара и попрецизна обработка. во денешниот концепт на градба на возилата. Листести пружини Листестите пружини од параболичен тип обезбедуваат одлично возење без удари. 3. па при вертикално поместување на едното тркало ( поради удар. закосување и сл.

како елемент. не смее да дејствува врз промената на еластичната карактеристика на системот за потпирање. при движење на возилото во кривина. во практиката се сретнуваат повеќе решенија кај кои стабилизаторот се вградува само на предниот систем за потпирање.Наспроти лиснати пружини се појавува потпирање со спирални пружини. Во таков случај торзијата се пренесува во вклештувањето од системот за потпирање на спротивното тркало. или таканаречени стабилизатори. Овие елементи ја зголемуваат бочната крутост на потпирањето. како реакција која спречува надградба да се наклони во однос на патот. а со својата крутос треба. возачот да не го изгуби чувството за управливост по подлогата. 4. преку торзија. во системот за потпирање се вградуваат елементи за стабилизација. најчесто се во примена торзионите стабилизатори. а поретко хидрауличките. а тоа посебно е значајно кога системот за потпирање е независен. улогата на стабилизаторот доаѓа до целосен израз кај возилата кои се движат со поголеми брзини. се спротивставува на бочното наклонување на надградбата во случај кога едното тркало се растоварува. Овие пружини се со интегриран амортизер и засилен стабилизато. со што го смалуваат аголот на наклонување на надградбата. сепак. 4. Конструктивно. како и целиот систем за потпирање. да дејствува до тој степен.1. Поради фактот дека при свртување на возилото предните тркала. Торзионен стабилизатор Улогата на торзионит стабилизатор во практична смисла се состои во тоа што тој. Со овој стабилизатор доаѓа и до значително продолжување на векот на лежиштата на пневматиците од тркалата. односно тој дел од возилото се навалува повеќе. 10 . Стабилизаторот. Исто така. Стабилизатори во системот за потпирање Со цел да се смали напречното наклонување на надградбата во одделни услови на експлоатација. односно при дејство на бочни реакции.

Ако системот за потпирање на возилото се гледа изолирано.2. со својата конструкција тој треба да обезбедува и услови за работа на управувачкиот механизам и услови за непречено пренесување на вртежниот момент. односно пневматиците. со посебен венил. кои меѓусебно се поврзани со цевка која. А негова основната задача е да ги прими сите реактивни сили и моменти. освен во оние случаи кога од возилата се бараат посебни услови за добра бочна стабилност во кривина. Заклучок Од моето така наречено мало истражување и изнесување на факти во врска со ситемот за потпирање може да кажеме дека поднаучивме колку е важен за самото моторно возило. 11 . Хидрауличниот стабилизатор. дејствуваат на возилото и да ги придуши до одредени граници или наполно. кои поради нерамнините од патот. Со овие барања значително се усложнува конструкцијата на овој систем. дека ги опфаќа сите елементи и уреди преку кои целата конструкција од возилото се поврзува со тркалата.4. врши изедначување на притисокот. покрај тоа што обезбедува еластична врска помеѓу возилото и мостовите. всушност претставува склоп од два двонасочни хидраулични амортизера. Хидрауличен стабилизатор Овие стабилизатори ретко се применуваат.

Користена литература [1] Тодор Давчев: Мотори и моторни возила.Останатите поважни делови се наоѓаат во содржината на оваа семинарска. кои се подетално објаснети. Скопје 2010 година [3] Елениор Николов: Лекции од предавања и вежби 12 . Скопје 1999 година [2] Драги Данев: Конструкција на моторните возила.

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful