You are on page 1of 9

Врз основа на член 52 од Законот за високото образование („Сл.

весник
на Р. Македонија“ бр.35/08, 103/08, 26/09, 83/09 и 99/09), Универзитетскиот
сенат на 27. седница, одржана на 14.12.2009 година, ги донесе следниве
ПРАВИЛА
ЗА ИЗРАБОТКА НА ТРУДОВИ (СЕМИНАРСКИ, ДИПЛОМСКИ,
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ, МАГИСТАРСКИ И ДОКТОРСКИ) ОД СТУДЕНТИТЕ НА
УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП
Со овие правила се уредуваат активностите кои треба да се опфатени во
постапката за изработка на тематски и истражувачки трудови (семинарски,
дипломски, специјалистички, магистерски и докторски) од студентите на прв,
втор и трет циклус на студии на Универзитетот.
1. Подготвување на ракописот (за сите трудови)
Ракописот за трудот треба да биде комплетно подготвен во согласност
со овие правила. Ракописот може да биде напишан на македонски или на
англиски јазик, да биде изработен во MS Word, на А4 формат, со употреба на
Arial со МК поддршка за кирилско писмо и Arial со EN поддршка за латинично
писмо, со фонт 12, во проред 1,5 (Single Space), во рамка со големина 21 cm 
29,7 cm; со порамнување лево и десно (Јustify) низ целиот документ и маргини:
долу, горе, лево и десно (2,54 cm) и нумерирање на страниците на средината
од дното на секоја страница.
2. Цитирање на литература (за сите трудови)
Списокот на цитирана литература се составува според азбучниот,
односно абецедниот ред на авторите и хронолошкиот ред на објавување.
Доколку се цитираат повеќе референци од еден автор, истите се поредуваат во
списокот на цитирана литература хронолошки од поновите кон постарите
датуми на објавување.
Во цитирањето на литература во поглавјето литература да се следи
примерот:
За книга:
Пејчиновски, Ф. и Митрев, С. (2007). Земјоделска фитопатологија.
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип: Монографија, 332.
За поглавје од книга:
Okuda, M., & Okuda, D. (1993). Star trek chronology: The history of the future. New
York: Pocket Books, 545.
За списанија:
Avinion, G., Greeg, D., & Johnsom, J. (2006). Characterization of some colliform
bacteria isolated from pork meat. Journal of Veterinary Pathology, 88(3), 321324.
Davine, P., & Sherman, L. (2002). Intuitive versus rational jujment and the role of
stereotyping in the human conditions. Psychological Inquiry, 3(2), 154-160.

. American Scientist.9 . Velika Plana.6 0. фотографии. За веб-страница: Статистички завод на Република Македонија (2009). К. 139-146. D.9 26. Конгрес на еколозите на Р. (Алексов.7 Сума на врнежи во милиметри / Rainfall sum in millimeters 2006 75. 1998. CT: Grolier. (2004).stat.6 24. стр. Ковачевски. November/December).1999).7 2. 8. За дневен печат: Талески.7 24.. Proceedings. Статистички годишници на Република Македонија.0 106. pp.2 13. Метеоролошки податоци во периодот на испитување Table 2. големина на буквите 12. Скопје. (2008. Б. 390392). Stafilov. Управување со организациските конфликти.8 34.9 2007 39. М. (2005). Преземено на 4 март 2009 г. 2006. Велкова. (1998. март 15). Тодоровска.1 23. слики. 86(6). T. http://www.. За магазини: Mershon.gov. без проред помеѓу табелата и насловот. Во табелата текстуалниот опис исто така треба да е двојазичен. (1999). Анализа на воздушното загадувањето во велешкиот регион.. Годишен зборник на Економски факултет. Годишен зборник за заштита на растенијата. Science fiction.5 18.0 31. Serbia and Montenegro. Македонија.. Organic seed production of vegetables. human minds. Според Cornell. (Dumas et al. Star trek on the brain and alien minds. VIII Symposium Agroindustry.2 107. V.2 27.3 73. Б. 5. Охрид. (1995).mk Во цитирањето на литературата низ текстот да се следи примерот: Новаков (2001). Обработка на прилозите: сите графикони. Иванов. табели. X. 252-259. (2003).5 45. Здравствена состојба на пиперката во југоисточниот регион во Република Македонија во 1999 година. За презентацja од конференцja или научнен собир: Dimitrovski. D. К. 24. Табели: насловот на табелата треба да е двојазичен (македонски и англиски).За зборници: Накова. Р. И. 2009). и Тодоров Б. Мартиновски.8 13. скици и други релевантни показатели кои го објаснуваат текстот се сметаат за прилози во семинарската работа.7 19. 163-171. Универзитет „Гоце Делчев” – Штип. Македонија. Трајковски 200 и Шопов.8 24. 2006. Бизнис. секогаш над табелата. Miravcievska. 585.. 246-252. За енциклопедија: Sturgeon. Зборник на трудови.1 23. Meteorological parameters in the research period Година Месеци / Mounts Year III IV V VI VII VIII o o Средномесечни температури во C / Average mounts temperature in C 2006 8.8 19. Dabury. B. Табела 2. The Encyclopedia Americana (Vol. Тотален менаџмент во управувањето со информатичката мрежа во Инфосервис. 1999.1 2007 9.

Списокот на темите за завршен испит ги верификува наставно-научниот совет на единицата при Универзитетот. пита. цртеж. Под слика се подразбира графикон. Резултат од електрофорезата во 1% агарозен гел на PCR Figure 1. а авторите се одговорни за оригиналноста на истите. по предлог на соодветната катедра/институт или оддел. Фотографиите се приложуваат во формат и квалитет кој е неопходен за печатење.истражувачки проблематики. Првата. насловот и бројот на страниците на семинарската работа ја определува предметниот наставник или менторот на кандидатот за магистерски т. Највисока бројност на видот е во март (сл. образложување на определена тема од наставната програма (за семинарски труд особено во I и II циклус на студии. R16 M1B6 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 M 1050 bp Слика 1. При користење на единици како и нивните симболи авторите треба да го применуват Интернационалниот систем за единици (SI . шема. а за дипломски труд особено при четиригодишни студии со 240 ЕКТС). а за завршен испит особено при тригодишни студии со 180 ЕКТС).Слики: насловот на сликата треба да е двојазичен. 3. образложување на резултати од сопствени или тимски истражувања (за семинарски труд особено во II и III циклус. секогаш поставен под сликата. на почетокот на секоја студиска година. во посебен фолдер.International System of Units).тематски проблематики. односно насловната семинарската/дипломската работа содржи: страница (корицата) на . Изработка на семинарски/дипломски трудови Семинарските/дипломските трудови може да се изработуваат и да опфаќаат: . 3. таб. како и .е. фотографија. 1). PCR products in 1% agarose gel electrophoresis Повикување на прилозите низ текстот: Во Табела 2 е прикажан. Темата и насловот за завршниот испит/дипломската работа студентот ја избира од списокот на теми кои се објавени од единицата на УГД на вебстраницата на факултетот за секоја катедра/институт/оддел посебно. хистограми итн. Темата. интерниот и екстерниот ментор при докторските студии.

- на почетокот пд страницата со ГОЛЕМИ БУКВИ БОЛД. 12) o Abstract (not more than 250 words) o Key Words o Вовед (Introduction) o Тематски поглавја и потпоглавја (обработка на темата) o Заклучок (Concluding remarks) o Користена литература (References) - Семинарската/дипломската работа (истражувачка) ги содржи следниве поглавја. порамнување централно (Central): УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП ЕДИНИЦА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ Катедра/институт/оддел на единицата на Универзитетот - на средината на почетната страница НАСЛОВ (ГОЛЕМИ БУКВИ БОЛД. мали букви 12 болд). месец година - Втората страница е СОДРЖИНА. по редослед: o НАСЛОВ НА СЕМИНАРСКАТА o Краток извадок (не повеќе од 250 зборови) o Клучни зборови (3-7 зборови кои не се содржат во насловот) o Title (НАСЛОВ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК. ментор звање /име и презиме - кандидат име и презиме број на индекс 0369 на средината од дното од страницата се пишува местото. презимето и звањето на менторот (лево порамнување. мали букви 12 болд). Потоа на истиот ред се пишува името и презимето на кандидатот и бројот на индексот (десно порамнување. Вовед (Introduction) . 12. 12). по редослед: o НАСЛОВ НА СЕМИНАРСКАТА o Краток извадок (не повеќе од 250 зборови) o Клучни зборови (3-7 зборови кои не се содржат во насловот) o Title (НАСЛОВ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК. месецот и годината (мали букви 12 болд) Штип. порамнување централно (Central) - СЕМИНАРСКА/ДИПЛОМСКА РАБОТА НАСЛОВ по насловот следат името. 12) o Abstract (less than 250 words) o Key Words o 1. во која е даден преглед на сите поглавја по број на страници во семинарската работа. - Семинарската/дипломската работа (тематска) ги содржи следниве поглавја.

а јавната презентација на семинарската работа како и консултациите со предметниот наставник носат од 0 до 25 поени. Насловот и темата на семинарската работа ги одредува предметниот наставник.o o o o 2.втор циклус на студии Изработката на семинарски труд во вториот циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип може да е тематски или истражувачки труд. Изработката на семинарските трудови за секоја наставна програма е во консултација на магистрантот со раководителот на катедрата која ги организира магистерските студии и со предметниот наставник. Семинарски трудови . Материјал и метод на работа 2. според тематската област која се обработува. Изборните семинари се поврзани со одделни предмети кои се наоѓаат на списокот на изборни предмети и истите претставуваат вовед на докторандот во . според тематската област која се обработува или.е. изработката на семинарската работа носи од 0 до 25 поени. Во кумулативното оценување од предиспитни активности и завршен испит. Заклучок (Concluding remarks) 5.е. а оценувањето на семинарскиот труд е регулирано со истиот Правилник и во кумулативната оценка од предиспитните активности и завршниот испит може да изнесува 0-10 поени. Насловот и темата на семинарската работа ги одредува предметниот наставник. изработката на семинарски труд е задолжителна по секоја наставна програма. но не треба да биде пократок од 20 страници. Семинарски трудови .1.3. 3. 3. пример: 2. а без проред меѓу насловот и текстот на поглавјето. пак. менторот на магистерскиот труд.1. Тренески испитувања 2. Лабораториски испитувања По секое ново поглавје се остава еден празен проред.2. Резултати и дискусија (Results and discussion) 4.2. Користена литература (References) Потточките во одделното поглавје да се нумерирани со еден вовлечен параграф. но не треба да биде пократок од 10 страници. на докторските студии се предвидени задолжителни предмети и изборни семинари. критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.прв циклус на студии Според Правилникот за условите. Материјал и метод на работа (Materials and methods) 3. Бројот на страници на семинарскиот труд го одредува предметниот наставник т. според истражувањата кои се образложуваат. Бројот на страници на семинарскиот труд го одредува предметниот наставник.трет циклус на студии Во организацијата на третиот циклус на студии т. 3. Семинарски трудови .

- Втората страница (не се нумерира) содржи: . месец година И - Првата страница е идентична со предната корица (не се нумерира). магистерските и докторските трудови се резултат на самостојната работа на кандидатот. 4. Докторандот во консултации со раководителот на катедрата на која се организираат докторските студии и менторот може да избере најмногу 4 изборни семинари.самостојна истражувачка работа. концертна или сценска изведба на музичко дело или солистички концерт. со која се систематизираат постојаните научни знаења и се придонесува за нивниот понатамошен развој. УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП ЕДИНИЦА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ Катедра/институт/оддел/ Штип Име и презиме на кандидатот НАСЛОВ НА ТЕЗАТА -СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ/МАГИСТЕРСКИ ТРУД-ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈАИме и презиме на кандидатот Наслов на тезата Универзитет „Гоце Делчев” – Штип Штип. Изборните семинари (по предмет или група од сродни предмети) исто така се дефинираат во консултации помеѓу докторандот. Изработка на специјалистички и магистерски трудови и докторски дисертации Специјалистичките. Магистерскиот и докторскиот труд од областа на уметноста може да се направи како композиција. раководителот на катедрата на која се организираат докторските студии и менторот. Изборниот семинар во третиот циклус на студии може да биде максимум 5 кредити за еден изборен семинар. Предната и задната корица на трудот треба да се од тврд повез и да се подготвени како што е прикажано.

Комисија за оценка и одбрана Ментор: Име и презиме Звање. институција Научно поле: Научна област: назив на научното поле назив на научната област Датум на одбрана:____________ Датум на промоција:__________ - Третата страница (не е задолжителна и не се нумерира) содржи посвета или благодарност. - Следи на една. страници на македонски јазик: o НАСЛОВ НА ТРУДОТ o Краток извадок (не повеќе од 500 зборови). до две најмногу. до две најмногу. институција Членови на комисија за оценка и одбрана: Претседател Име и презиме Звање. институција Екстерен ментор: Име и презиме Звање. институција Член Име и презиме Звање. институција Член Име и презиме Звање. o Клучни зборови (3-7 зборови кои не се содржат во насловот). - Следи на една. институција Член Име и презиме Звање. страници на англиски јазик: . научни и апликативни) произлезени од истражувањето. институција Член Име и презиме Звање. печатени во домашни или меѓународни списанија или реферати и презентации од научни собири. - Четвртата страница (не се нумерира) содржи рецензирани и објавени трудови (стручни. институција За докторска дисертација: Интерен ментор: Име и презиме Звање.

РЕЗУЛТАТИ 5. Изработката на специјалистичкиот и магистерскиот труд во вториот циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев” . ВОВЕД o 2.1. Резултати од теренски испитувања 5.1.2. Постапка за пријава. Бројот на страници на магистерскиот труд е во зависност од карактерот на истражувањата кои се образложуваат.1.1. насловот на трудот и изработката на трудот е во консултација на кандидатот со менторот и со раководителот на катедрата (институтот) која ги организира студиите.1.2. а без проред меѓу насловот и текстот на поглавјето. Содржина на нитрити По секое ново поглавје се остава еден празен проред. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА (REFERENCES) Потточките во одделното поглавје да се нумерирани со еден вовлечен параграф. o Key Words (3-7 words not included in the title) - Наредната страница е СОДРЖИНА. - Трудот ги содржи следниве поглавја. o Abstract (not more than 500 words). ДИСКУСИЈА o 7.Штип е самостоен истражувачки труд. ДОДАТОК (ако постои прилог. пример: 5. РЕЗУЛТАТИ o 6.o TITLE (НАСЛОВ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК. и не е задолжително поглавје) o 9.2.2. Појави 5. фотографии. оценка и одбрана на магистерскиот труд. критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Резултати од лабораториски испитувања 5. Изборот на работната теза. нумерирани по редослед и по број на страници: o 1. а според карактерот на студиите се вреднуваат со: .2. Содржина на нитрати 5. користени кратенки. ЗАКЛУЧОК o 8. ПРЕГЛЕД НА ЛИТЕРАТУРАТА o 3. но трудот да не е пократок од 60 страници на А4 формат. Локалитети 5. во која е даден преглед на сите поглавја по број на страни во трудот. МЕТОДИ НА ИСТРАЖУВАЧКАТА РАБОТА o 5. односно изработка и/или изведба на уметничко дело е регулирана со Правилникот за условите. Оценувањето е во согласност со Правилникот за условите. 12). речник и сл. ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО o 4. критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

Изработката на докторската дисертација во третиот циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев” . насловот на трудот и изработката на докторската дисертација е во консултација на кандидатот со екстерниот и интерниот менторот. оценка и одбрана на докторската дисертација.. кој е резултат на самостојна научна работа и претставува придонес во развојот на соодветната научна. проф.Штип е самостоен истражувачки труд. критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Изборот на работната теза. односно уметничка област. Докторандите се должни докторските дисертации да ги подготват според овие правила. Носителите на третиот циклус на студии се должни да ги усогласат докторските студии според Правилникот за условите.за магистерски труд – 18 ЕКТС (за едногодишни студии со 60 кредити).р. Бројот на страници на докторската дисертација е во зависност од карактерот на истражуваната кои се образложуваат. Докторската дисертација од областа на уметноста може да биде композиција. Носителите на втор циклус на студии се должни да ги усогласат магистерските и специјалистичките студии според Правилникот за условите.за специјалистички трудови – 10 ЕКТС. Докторската дисертација е самостоен научен труд. д-р Саша Митрев. . критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. а според карактерот на студиите изработката на докторската дисертација се вреднува максимум со 90 кредити. . Претседател на Универзитетски сенат Ректор. . Постапка за пријава. односно изработка и/или изведба на уметничко дело е регулирана со Правилникот за условите. Кандидатите се должни специјалистичките и магистерските трудови да ги подготват според овие правила. но не треба да е пократка од 90 страници на А4 формат. критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Правилата влегуваат во сила со денот на објавувањето. Оценувањето е во согласност со Правилникот за условите. концертна или сценска изведба на музичко дело и солистички концерт.за магистерски труд – 30 ЕКТС (за двогодишни студии со 120 кредити). како и со раководителот на катедрата (институтот) која ги организира студиите. с.