You are on page 1of 65

ОБЛИГАЦИОНО

ПРАВО
Час 1, 2007/2008

Одговори на неколку
прашања
Што

(ќе учите и научите)?

◦ Како се регулираат некои односи кои
секојдневно се случуваат ... да кога
купивте кафе, сок, чај денска
склучивте договор, кога го земавте
пенкалото на колешката склучивте
договор ...
Зошто

(да научите)?

◦ За да можете да имате основни
познавања кој е соодветениот начин за
уредување на односите помеѓу лицата
по повод размената на стоки и услуги

Кога

( ќе учите)?

◦ Во петтиот семестар и доколку се
определите за правосудна насока во
вториот циклус

Од

што ( ќе учите)?

◦ Авторизирани предвања по
oблигационо право
◦ Практикум по облигационо право
◦ Презентации
◦ Закони и друга литература

Како

(ќе учите)?

◦ Теоретски предавања
◦ Практични вежби
◦ Посета на соодветни институции и
организации

Неда Здравева  Дем.Од кого (ќе учите) ? ◦ Проф. д-р Гале Галев ◦ Проф. асс. д-р Јадранка Дабовиќ – Анастасовска ◦ Соработници  Пом. Ненад Гавриловиќ .

Што се очекува од вас? Редовно да ја посетувате наставата Активно да се вклучувате со прашања. размисли Да се подготвувате за дискусии на тема што ќе ви бидат најавени Да бидете подготвени за „блиц“ конторолни тестови . коментари.

Теми за денешниот час  ПОИМ И ИЗВОРИ НА ОБЛИГАЦИОНОТО ПРАВО ◦ Поим на облигационото право  Поим и значење на терминот облигационо право  Предмет и метод на облигационото право  Местото на облигационото право во правниот систем ◦ Извори на облигационото право  Устав  Закон          Настанок и развиток на Законот за облигационите односи Карактер на нормите на Законот за облигационите односи Карактеристики на Законот за облигационите односи Начелата на Законот за облигационите односи Правни стандарди Општи услови Обичај Морал Меѓународни извори .

Поим на облигационо право Дефинирањата на поимот зависат од значењата ◦ Облигационо право како објективно право ◦ Облигационо право како субјективно право ◦ Облигационо право како наука .

Објективно облигационо право  Објективно облигационо право е збир на правни норми. јавно ветување награда  Карактеристики координација ◦ ◦ ◦ ◦ на методот на Еднаквост и рамноправност на страните Автономија на волјите Прометливост на правата Имотна санкција . ги регулираат облигационите односи  Кои се тие односи? ◦ Односи кои настануваат во врска со промет на стоки и услуги. работводство без налог. кои со примена на методот на координација. причинување штета. стекнување без основ.

облигационите односи и облигационото право како практика .Субјективно облигационо право Правото што за страните прозилегува од определен облигационен однос Облигационо право како наука Наука која ги проучува нормите со кои се уредуваат облигационите односи.

Потекло на изразот Изразот облигационен однос или облигација потекнува од латинискиот израз obligare што значи врзува. заврзува .

. ..Местото на облигационото право во правниот систем Дел од приватното право Дел од граѓанското право ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ Општ дел на граѓанско право Стварно право Наследно право Право на интелектулана сопствеснот Граѓанско процесно право .

односно стоковно – паричните односи израснати во рамките на стоковно – паричното стопаство и тоа оној дел од овие односи кој појавува како промет на стоки и стоковни услуги .Извори на облигационото право Материјални извори и формални извори Материјални извори на облигационото право се општествено – економските односи.

. донесени од надлежни државни органи или од други домашни правни субјекти. како и одредени акти од меѓународен карактер. стандардите како посебен вид на правила на општествената заедница како држава.Формалните извори се нормите и правилата со кои се регулираат облигационите односи. до ниво на целото општеството како посебна заедница. Нив ги сочинуваат повеќе видови домашни правни акти. одредени видови правила од неорганизирани или од организирани помали или поголеми општествени заедници.

Видови формални извори  Пишани извори ◦ Акти на домашните надлежни државни органи  Устав  Закони  Подзаконски акти ◦ Стандарди како бланкетни правни норми ◦ Општи услови како автономни правила на поведение Непишани ◦ Обичај ◦ Морал извори .

што се однесуваат на економските. социјалните и културните права на човекот и граѓанинот Членовите 55 .Уставот како извор на облигационото право На начелно ниво уредува одредени прашања кои директно или индиректно се однесуваат и на облигационото право Членот 8 . со кои се уредени основите на економските односи .темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија Членовите 30 до 54 .59.

... за сопствеснот и други стварни за за за за за за за за градежно земјиште земјоделско земјиште домување индустриска сопствеснот авторско право и сродни права трговски друштва банките концесии ...Законите како извор на облигационото право  Законот за облигационите односи од 2001 година  Други закони: ◦ Закон права ◦ Закон ◦ Закон ◦ Закон ◦ Закон ◦ Закон ◦ Закон ◦ Закон ◦ Закон ◦ .

... што се однесуваат на договорите се применуваат врз сите видови договори. ст. освен ако за трговските договори не е изречно определено поинаку “ . ЗОО „ Врз облигационите односи што се уредуваат со други закони се применуваат одредбите од овој закон во прашањата што не се уредени со тие закони“ Единство во уредувањето на сите видови прометни односи ◦ член 17.Закон за облигационите односи Белези на ЗОО Основен или системски закон ◦ член 16. ЗОО „.1 .

само ако страните не предвиделе ништо друго ◦ Член 14. ако од одделна одредба на овој закон или друг закон или од нејзината смисла не произлегува нешто друго“.Белези на ЗОО Диспозитивен карактер на одредбите на ЗОО ◦ Одредбите на ЗОО се применуваат – стануваат извор. . ЗОО: „Учесниците можат својот облигационен однос да го уредат поинаку отколку што е определено со овој закон.

во однос на дополнителните правни норми предвидени во Законот за облигационите односи се појавуваат како прави диспозитивни норми. законите и добрите обичаи“ ◦ Член 354. Диспозитивноста е „ограничена“ со императивните норми Нормите ◦ Член 3. ЗОО „Учесниците во прометот слободно ги уредуваат облигационите односи во согласност со Устваот.креирани од учесниците. ЗОО „ (1) Со правна работа не може да се определи подолго или пократко време на застареноста од она време што е определено со закон.“ . (2) Со правна работа не може да се определи дека застареноста нема да тече некое време.

Преодни и завршни одредби .Содржина на ЗОО Најобемен закон во РМ со 1141 член Поделен во три дела: ◦ Дел 1. Основи на облигационите односи (општ дел) ◦ Дел 2. Договори ◦ Дел 3.

Настанување на обврските .се уредени основните начела на Законот. Дел 1. Основи на облигационите односи (општ дел)  Глава I.е посветена на доверителовите права и должниковите обврски и на доверителовите права во некои посебни случаи.  Глава III. . промена или престанок на облигационите односи. Основни одредби .се однесува на изворите на облигациите или поинаку речено на облигационо – правните факти кои доведуваат до настанување.  Глава II. Дејства на обврските .ЗОО.

ги уредува  одделните начини на престанок на обврските и тоа: исполувањето. пристапувањето кон туѓ долг и преземањето на исполнување на туѓ долг.  Глава VI. смрта и застареноста  Глава V. Основи на облигационите односи (општ дел) Глава IV.ЗОО. истекот на време и отказот. отпуштањето на долгот новацијата. преземањето на долгот. Разни видови на овврски . Прсетанување на обврските . земени заедно или одделно како промени во страните на облигационите односи. Промена на доверителот или должникот уредени се промените во страната на облигационите односи и тоа: цесијата. пребивањето.во себе ги вклучува: паричните обврски. . Дел 1. обврските со повеќе предмети и обврските со повеќе должници или доверители. невозможноста за исполнување на обврските.

.ЗОО.44 одделни глави. Договорот за заем. ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ Договорот за продажба. Договорот за градење. Дел 2. Договорот за закуп. Договорот за размена. кои се посветени на одделните договори или правни институти блиски на нив. Договорот за дар. Договори 700 членови . Договрот за послуга. Договорот за дело.

◦ Договорот за трговско застапување. ◦ Договорот за налог. ◦ Договор за превоз. ◦ Договорот за лиценца.ЗОО. ◦ Договорот за комисион. Дел 2. . ◦ Договорот за посредување. ◦ Договорот за депозит. ◦ Договорот за складирање. Договори ◦ Договорот за ортаклак (договор за зедница). ◦ Договорот за експедирање ( шпедција).

◦ Договор за осигорување. ◦ Договор за гаранција. . Договори ◦ Договорот за контрола на стоќи услуги. ◦ Договор за отстапување на имотот за време на жиотот. Дел 2. ◦ Договор за доживотна издршка. ◦ Упатување ( Асигнација).ЗОО. ◦ Договор за ангажирање на уостителски капацитети (Договор за алотман). ◦ Посреднички договор за патување. ◦ Договорот за организирање на патување.

Банкарска тековна сметка. . Договор за кредит. Договор за кредит врз основа на залог на хартии од вредост. Акридитиви. Договори ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ ◦ Банкарски парични депозити. Банкарска гаранција. Дел 2. Договор за сеф. Депонирање харии од вредност. Примена на одредбите за банкарското работење и Порамнувањето.ЗОО.

ЗОО. ќе се применуваат општите и посебните узанси. при уредувањето на облигационите односи. ◦ кои прописи престануват да важат со денот на неговото влегување во сила ◦ од кој ден по објавувањето во Службен весник на Република Македонија влегува во сила овој Закон. Дел 3. Преодни и завршни одредби Ги уредува следниве прашања: ◦ на кои облигациони односи ќе се применуваат одредбите од овој Закон ◦ во кои случаи и под кои услови. како и другите трговски и деловни обичаи. .

Развој на ЗОО Законот за облигационите односи на РМ донесен е во 2001 година (Службен весник бр.18/01) До тогаш важи ЗОО на СФРЈ од 1978. согласно член 5 на Уставниот закон за спроведување на Уставот на РМ ЗОО на РМ содржински и структурално е близок до ЗОО на СФРЈ па кога се зборува за развојот на облигационото право се гледа во овој континуитет .

Договори .Историски развој на ЗОО  Почеток на рботатата во 1960  До 1966. Облигации ◦ Преднацрт на Законот за облигациите – книга втора. под раководство на проф. д-р Михајло Константиновиќ. изработени се три поврзани текста: ◦ Преднацрт на Законот за облигации ◦ Образложение на преднацртот на Законот за облигации ◦ Содржина на посебниот дел на Законот за облигации  До 1969 се диференцираат два текста: ◦ Преднацрт на Законот за облигациите и договорите – книга прва.

како и правните решенија од најзначајните современи граѓански кодификации на одделни земји и посебно од познатите две Хашки конвенции: Конвенцијата за еднообразниот закон за склучување на договорот за продажба на подвижни телесни ствари и Конвенцијата за еднообразниот закон за продажба на подвижни ствари. ◦ Ги одразува современите правни теории од облигационото право. проф. М. „Облигации и договори (Скица за Законот за облигациите и договорите)“. Константиновиќ. издание на Правниот факулет во Белград  Зошто е значајна „Скицата“ ? ◦ Во неа е вградена потврдената и прифатената во реалниот живот судска практика. двете од јуни 1964 година ◦ Послужила како основа за понатамошна работа врз текстот на Законот за облигационите односи. .

 Работата врз ЗОО. конечно. бил усвоен од Сојузното собрание март. . меѓу кои се и д-р Димитар Поп Георгиев и д-р Асен Групче од Правниот факулет во Скопје. сопственичките и облигационите односи. во Комисијата за цивилен кодекс на Сојузното собрание ◦ Од 1971 год. Притоа. Последнава во текот на својата работа подготвила два нацрти на Законот:  работен материјал. врз основа на службената верзија на Нацртот. понатаму. 1978 година. кој со неколку амандмани од помало значење. кој бил ставен на јавна стручна дискусија (1974). Поткомисијата подготвила предлог на Законот.  службен материјал (1976)  Во 1977. во Заедничката комисија за здружен труд. во рамките на двете комисии работела посебна Подкомисија за законот за облигациите и договорите.  Врз тексот на Законот работеле скоро сите познати и признати цивилисти од сите поранешни југословенски републики. се одвивала во повеќе работни тела на Сојузното собрание и тоа: ◦ До 1971 год.

Работата на македонскиот ЗОО  1996 година во Министерство за правда се формира посебна Комисија  Во рамки на УСАИД – Проект за трговско право се анализира законот  Во 1998 година се поднесува извештај за потребите за изменување и дополновување. и без расправа Законот е усвоен . по експозе на Министерот. по низа јавни расправи. Комисјата изготвува предлог измените и дополнувањата да се инкорпорираат во постојниот ЗОО и да се донесе нов Закон  Во 2000 год. односно донесување „нов“ македонски Закон  Во 1999. Комисијата го финализра тектот и Министерство за правда го предлага до Владата. односно до Собранието  На 20 февруари 2001 година.

 Одредени поглавја од Законот се отстранети поради нивно урдување со други закони или поради унитарниот карактер на државата .Што се промени?  Отстранети се рецидивите и анахронизмите како остатоци на поранешниот систем  Одредени решенија се прилагодени на новите општествено – економски односи  Поцелосно и појасно се уредени одредени облигациони односи или институти  Целосно се уредени одредени договорни односи кои пред тоа правно не беа уредени со сојузниот Закон за облигационите односи  Инкорпорирани се одредени договори од други закони  Пропишани се еднообразни правила за учесниците во облигационите односи за одредени домени.

◦ Законското право на првенствено купување ◦ договорот за управување со сосопственчките односно заедничките делови од станбената зграда. Законот за домување .Други закони што се извор на облигационото право Законот за сопственост и други стварни права ◦ стекнување на правото на сопственост врз основа на правно дело. ◦ деловите и случаиите кои се однесуваат на причинување на штета и одговорноста односно надоместувањето на штетата.). каков што е случајот со имисиите на штетните материи и сл.

кои го уредуваат прашањето на концесијата o договорниот дел на концесијата • Законот за индустриска сопственост и Законот за авторско право и сродни права o договорната лиценца односно авторските договори .Други закони што се извор на облигационото право • Законот за земјоделско земјиште и Законот за градежно земјиште o закупните односи. • Законот за концесија и сите други посебни закони.

• Законот за задолжително осигурување во сообраќајот o различните видови договорно осигурување. . • Законите од доменот на друмскиот.Други закони што се извор на облигационото право  Законот за заштита на потрошувачите. во најголмиот негов дел. водениот и воздушниот сообраќај o Делови кои се однесуваат на договорните односи  Законите за договорен залог. во најголем дел од нивните одредби.

o одговорноста за причинета штета од правното лице на работникот и обратно од работникот на правното лице. o во деловите кои се однесуваат на продажбата на претпријатијата или нвни делови и сл.Други закони што се извор на облигационото право  Законот за работните односи.  Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и Законот за јавните претпријатија. o во повеќе нивни делови кои се однесуваат на монополското работење и нелојалната конкуренција.  Законот за трговските друштва.  Законот за заштита на конкуренција и и Законот против нелојалната конкуренција. . o застапувањето на трговските дрштва и одговорноста за причинета штета.

катастар и запишување на правата на недвижностите. Законот за хартии од вредност. Законот за надворешно трговско работење. Законот за извршување. Законот за банките. Закон за премер.Други закони што се извор на облигационото право Законот за девизно работење. Законот за нотаријатот .

Подзаконски акти Уредби Правилници Упатства .

ќе треба да ја утврди и нивната конкретна содржина. тие сами по себе не се применливи. во секој одделен случај на нивна примена. За да дојде до применливост на овие одредби надлежниот орган (најчесто судот). .Правилата на општествената заедница (стандарди) како извор на облигационото право Правилата (стандарди) преставуваат посебен вид на правни норми чиа што содржина не е докрај определена од законодавецот и оттука.

 Како се утврдува содржината? ◦ Преку утврдување на конкретните околности во кои настанал даден облигационен однос.  Стандардите. дали тие можеле и поинаку да се однесуваат наоѓајќи се во нив и сл. од случај до случај. и ако оценката за нив е позитивна тие стануваат дел од содржината на тоа правило. ◦ сфаќањата за овие околности кои постојат во одредено време и место  Органот проценува дали тие можат да се подведат под дадено правило на општествената заедница. ондосно стануваат применливи врз конкретните облигационите односи или врз одделни сегменти од тие односи. . имат различна содржина и поради тоа во правната теорија се познати и како каучук (еластични) норми или бланкетни норми. ◦ како субјектите од тој однос во овие околности се однесувале.

ЗОО со која се уредува прашањето за потребното внимание што учесниците во облигационите односи треба да го имаат при извршувањето на своите обврски и остварувањето на правата ◦ внимание на добар домакин ◦ внимание на добар стопанственик ◦ внимание на добар стручнак. од ЗОО со кој се уредува прашањето за вината сфатена како посебен услов за субјективната одговорноност за причинета штета. неможе однапред да пропише задоволителни правни решенија. ЗОО: „Во облигационите односи и остваувањето на правата и обврските во тие односи учесниците се должни да се придржуваат кон начелото на совесност и чесност.  член 141. ◦ Намера ◦ Крајно невнимание ◦ Обично невнимание  Овие норми се полезни затоа што со нив се овозможува уредување на сите оние правни односи и ситуации за кои објективното право. .“ член 11. со оглед на нивната природа.  член 5.

кои договорните страни ги користаат при склучувањето на одреден вид договори. строго формално – правно гледано не се извор на облигационото право.Општи услови како извор на облигационото право  Општите услови.  Да дојде до примена потребно е тие услови да и биле познати или да морале да и бидат познати во моментот на склучување на договорот. сфатени како однапред формулирани договорни клаузули. . а тоа практично значи таа да се согласила со нив односно да ги прифатила.

подготвени од национален субјект. својот основ на настанување го имаат во начелото на автономија на волјите .Основна каректеристика на овие услови е доброволноста во однос на нивната примена страните слободно одлучуваат дали ќе ги прифатат и во која мера ќе го сторат тоа. Општите услови.

 Општие услови во одредена мрера наликуваат и на формален извор на правото ◦ преставуваат апстрактни клаузули .не се однесуваат на конкретен договорен ◦ еднообразни се и неменливи во конкретните договорни односи ◦ по правило се од трајна природа ◦ се донесуваат од страна на надлежните органи на доносителот. без било какво учество на субјектите во однос на кои ќе се применуваат. ◦ Одреден број на општи услови се донесуваат по основ на делегирана надлежност .

◦ Правната природа на општите услови во правната теорија постојат три различни гледишта  Нормативна или антидоговорна теорија  Договорна  Мешовита теорија .

исти околности или ситуации. ◦ Санкцијата која следи во случај на нивна повреда од учесниците во облигационите односи. ◦ Создадената општа свест кај членовие на општествената заедница за залолжителноста на сосдадените од неа правила на однесување. .Обичајот како извор на облигационото право   Обичајот е вид на општествено правило или пошироко правила на однесување на членовите на одредена помала или поголема општествена заедница настанати спонтано по пат на нивно истоветно повеќекратно повторување во исти околности и врз тие основи израсната општа свест за нивна примена и почитување Елементи на обичајот ◦ Спонтаноста се изразува во тоа што членовте на општествената заедница на неорганизиран начин и без однапред поставено барање од некого создаваат одредена навика на исто однесување во одредено место. ◦ Повеќекратно истоветно повторување од мнозинството членови на општествената заедница.

изречно се упатува на примена на дадено обичајно правило на поведение. Судот молкум се повикува на опрделено обичајно правило кога во решавање на одредено правно прашање наидува на правна празнина во прописите (законите) . Преку одделна законска одредба. 2. 3.Само санкционираните обичајни правила се извор на облигационото право Санкционирањето врши на три начина: 1. Се преземаат како готови и проверени правила и се вградуваат во постојниот правен систем и тие како такви престануваат да постојат (јуридизација на обичајот).

доаѓа зад императивните и диспозитивните норми.  Тоа е случај со Узансите како кодифицирани обичаи . Обичајното право како извор на облигационото право. по правило.  Во одредени случаи обичајните правила се јавуваат и во пишана форма и хиерархиски можат да дојдат пред диспозитивните правни норми. Ова е присутно кај узансите. е непишан вид на право и истовремено е од автономна природа.  Тоа е од супсидиерен карактер: се применува само ако односот или дел од него остане неуреден имеративни или диспозитивни норми  Обичајното право. по правило.

Узансите

се кодифицирами
обичаии собрани во посебен
зборник.
Во меѓународно трговско право
◦ Узансите на Циришката берза
◦ Хамбуршките узанси
◦ Правила на Меѓународната трговска
комора во Париз – Incoterms 1936,
1953, 1990, 2000 и др.
◦ Еднообразните правила и обичаии
по документарниот акредитив

 Општите

систем

узанси во нашиот правен

◦ Главната државна арбитража (подоцна
Врховен стопански суд на Југославија) во 1954
година и одиграа значајна улога до
стапувањето во сила на ЗОО (1978)
◦ Останаа да постојат, а со тоа и да се
применуваат во праксата
◦ член 15, ст. 2 од ЗОО. „Врз облигационите
односи се применуваат узансите ако
учесниците во облигационите односи ја
договориле нивната примена или ако од
околностите произлегува дека ја сакале
нивната примена.“
◦ член 1139 став 1 од ЗОО„ Општите узани за
промет со стоки нема да се применуваат по
влегувањето во сила на овој закон во
прашањата што се регулирани со него.“

Посебните

узанси се однесуваат
на одделни видови трговски
односи. Нив ги донесуваат
стопанските комори и исто како
и Општите узанси се објавуваат
во службените гласила.
◦ Посебни узанси за промет на стоки
на мало ( „Службен лист на СФРЈ“
број 12/78); Посебни узанси за
градење („Службен лист на СФРЈ“
број 18/77;
◦ Посебни узанси за угостителство
(„Службен лист на СФРЈ“ број 69/83);

вонинституционално Кај него е изразен елементот свест Просечниот морал. . мислења и верувања за она што е добро или лошо за општеството и човекот“ Настанува. всушност преставува вистинска мерка за моралните вредности на средината.Моралот како извор на облигационото право Моралот сфатен „како облик на општествена свест што опфаќа еден поврзан систем на ставови. како и обичајот.

 совесноста и чесноста. ЗОО „Учесниците во прометот слободно ги уредуваат облигациоите односи во согласност со Уставот. законите и добрите обичаии“  Во уредувањето на предметот. . и  правичноста.Три вида санкции ◦ Автосанкција ◦ Надворешна/општествена санкција ◦ Правна санкција  Член 3. основот и условот  Преку уредување на одредени правни принципи:  еднаквоста и равноправноста на субјектите како учесници во облигационите односи.

Меѓународното право како извор на Одделни правни акти од облигационото право меѓународен карактер кои под одредени услови можат да бидат правни основи за уредување на облигационите односи во кои една од страните на тие односи е странско правно или физичко лице. Кои се тие акти и под кои услови стануваат применливо право? . а другата срана е домашно лице.

 странското право е меродаво право за уредување на договорните односи и по други критериуми. е меродавно правото што го избрале договорните страни“.а) Правото на странски држави како извор на облигационото право  согласно одредбите на Законот за меѓународното приватно право во определени односи. освен ако за некој договор. е определено како меродавно право  За склучување на некој договор . Според ова странското право избрано на овој начин го супституира домашното право... согласно Законот за МПП на овој Закон „. со овој или друг закон или меѓународен договор не определено поинаку. а не врз основа на негов избор. .

донесени од Економската комисија на ОН за Европа (ECE). здруженија и меѓународни комисии „ автономно приватно право“ во вид на Општи услови и Типски договори ◦ Женевски општи услови“.Начелата за меѓународните трговски договори од 1994 и 2004 година . а подржани од Комисијата на ОН за меѓународно трговско право ( UNCITRAL) ◦ UNIDROIT .б) Општите услови на странски компании.

Принципи (начела) на европското договорното право – Ландо начела ◦ Создадени како дел од напорите за единствен европски граѓански законик ◦ Подготвени од страна на Комисија за европско договорно право. која започнува со работа во 1982 година  Дел 1 – 1995. дел 2 – 1999. Дел 3 – 2002 година ◦ Предвидена е примена како општи правила на договорното право во Европската Унија. предводена од Оле Ландо. како страбните договориле да ги вградат во нивниот договор .

Принципи (начала) на европското отшетно право ◦ Подготвени од страна на европската група за отштетно право ◦ Претсатвуваат насоки за развој на европското отштетно право .

в) Меѓународните конвенции и договори. ратификувана од СФРЈ 1984 година ◦ римската Конвенција за примеливо право за договорни обврски од 1980 година . ◦ Виенската Конвенција на ОН за договорите за меѓународна подажба на стоки од 1980 година. односно спогодби како извор на облигацоното право  Меѓународни правни акти од мултилатерална или билатерална природа. кои РМ ги ратификувала прифатила од поранешната СФРЈ ◦ Конвенцијата за еднообразниот закон за склучување на договорот за продажба на телесни подвижни ствари и Конвенцијата за еднообразниот закон за продажба за подвижни ствари. познати како Хашки конвенции и двете донесени 1964 година.

склучена меѓу Република Македонија и Европските Заедници и нејзитите земји членки.Спогодбата за стабилизација и асоцијација. од 9 април 2001 година ◦ Усоглсување на законодавството ◦ Единствен пазар на стоки и услуги .

Директива на Советот 93/37/ЕЕЗ од 14 јуни 1993 која се однесува на координција на постапката за доделување договори за јавни работи (Директива 93/37/ЕЕЗ). Директива на Советот 93/13/ЕЕЗ од 5 април 1993 за нечесни одредби во потрошувачките договори (Директива 93/13/ЕЕЗ). Директивата за спречување на задоцентото плаќање во комерцијалните транскации (Директива 2000/35/ЕЗ).Директиви со кои ќе се усогласува ЗОО      Директиви за одговорност од неисправен производ (Директива 85/374/ЕЕЗ и Директивата 99/34/ЕЗ). . Директива на Советот 93/36/ЕЕЗ од 14 јуни 1993 за координирање на постапките за доделување договори за јвано обезбедување услуги (Директива 93/36/ЕЕЗ).

Директиви со кои ќе се усогласува ЗОО   Директива на советот 92/50/ЕЕЗ од 18 јуни 1992 која се однесува на координација на постапките за доделување договори за обезбедување јавни услуги (Директива 92/50/ЕЕЗ). Директива на Советот 89/665/ЕЕЗ од 21 декември 1989 за координација на законите. регулативите и административните одредби кои се однесуваат на примена на одредбите за преиспитување на постапките за доделување договори за обезбедување јавни работи и јавни услуги (Директива 89/665/ЕЕЗ) .

кои за заштита на интересите на членките и другите. се побаруваат од Земјите-членки за компаниите кои се предвидени со параграф 2 на член 58 на Договорот. со цел правење на тие мерки еквивалнетни низ заедницата (68/151/EЕЗ) .Директиви со кои ќе се усогласува ЗОО   Директива на Советот 93/38/ЕЕЗ од 14 јуни 1993 за координирање на постапките за набавки на правни лица кои делуваат во секторите на водостопансво. енергија транспорт и телекомуникации (Директива 93/38/ЕЕЗ) Прва директива на советот од 9 март 1968 за координација на заштитните механизми.

Директиви со кои ќе се усогласува ЗОО   Директива на Советот 92/13/ЕЕЗ од 25 февруари 1992 за координација на законите. енергија транспорт и телекомуникации (Директива 92/13/ЕЕЗ). регулативите и административните одредби кои се однесуваат на примена на правилата на Заеднцата постапките за набавки на правни лица кои делуваат во секторите на водостопансво. Директивата за координација на законодавството на земјите членики за самостојните трговски застапници (86/653/ЕЕЗ) .