You are on page 1of 26

Универзитет “Св.

Кирил и Методија“
Филозофски Факултет

<><><>

Македонско Самуилово Царство

Пост-дипломец:
Стефановски Мартин

<><><>

Насока:
Археологија

Број на Индекс: 20219/05

Содржина

<><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><>

I Тема: Македонските Средновековни Кнежества - Склавинии.....................02
Првите Средновековни Македонски Кнежества......................................................02
Пораз од Византија - поделба на повеќе кнежества................................................03
Брсјаци (Берзити) - Берзитска Склавинија...............................................................04
Македонија под Бугарска власт - Мкд Автономија..................................................05

II Тема: Востание на Комитопулите...................................................................06
Востание против Бугарската власт..........................................................................06
Македонија од тетрархија до монархија...................................................................07

III Тема: Македонското Самуилово Царство - Склавинија..............................09
Експанзија на Македонската држава.........................................................................09
Државни Уредување.......................................................................................................11
1) Македонска Средновековна Војска..................................................................................11
2) Воено - Административни Единици..............................................................................11
3) Македонска Православна Црква......................................................................................13

Името на Македонското Самуилово Царство..........................................................16
Македонскиот народ во Самуиловото Царство.......................................................17
1) Македонските жители на Самуиловото Царство.....................................................17
2) Македонија во Византиската Тема Бугарија...............................................................17
3) Проблемот со поимот “Бугари“ (жители на Тема Бугарија) - појаснување..........18

IV Тема: Војна со Византија – Падот на Самуиловото Царство...................22
Експанзија на војната помеѓу Самуил и Василиј II..................................................22
Битката кај Беласица...................................................................................................22
Смртта на Цар Самуил.................................................................................................23
Атентат Врз Гаврило Радомир - Пад на Македонија.............................................25
<><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><>

Стефановски Мартин

-1-

2 4 .0 4 .2 0 1 0

I Тема

Македонски Средновековни Кнежества - Склавинии

Првите Средновековни Македонски Кнежества - Склавинии

Првите македонски склавинии (кнежевства) се јавуваат од крајот на 6 век.
Сите жители на склавиниите по византиските извори се наречени словени
(склавенои). Склавиниите честопати стапувале во сојузи меѓу себе со цел
подобар напад на Византија, а подоцна и одбрана како од Византија, така од
Бугарија и од Антите, Северјаните тнр. бугарски славјани.
Во Македонија, Пеонија, најдолна Мизија, Тесалија, Епир, и Тракија до р.
Марица се населиле Склавени. Источно од нив се населиле антите, северјаните,
за кои се смета дека се словенизирани староседелски ирански племиња.
Васил Златарски,…
“История на Първото Блъгарско Царство, И Епоха на хуно-българското надмощие (679-852), стр. 40;
Литература:
R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau...
Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77-126;
М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами...
Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл;
М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл;
А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл;
Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл;
L. iiederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл;
К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл;

Склавените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно
од нив до Црноморието, Антите тнр. бугарски „словени“.
ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА
* Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989;

Источно од р. Марица во Тракија и во Добруџа се населиле споменатите
Словени Анти (7 племиња), и Северјани, кои биле непријатели со македонските
склавени, и забележени и евидентирани се нивни меѓусебни борби.
“История на българската държава през средните векове"
том I, София, 1970 г. стр. 41;

Македонските склавинии биле државни формации, а во 7 век формирале и
своја држава Македонска Склавинија.
Theophanes, Chronographia,
edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347;

Таа држава се формирала на етничка Македонија, зафаќајки ја географска
Македонија, Пеонија, долна Мезија со Метохија, западна Тракија до долината
на р. Места.

Стефановски Мартин

-2-

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Cекое кнежество, имало свој водач, челник, така и оваа наша склавинија за
свој прв крал го имала рекс Хатсон. По византиската средновековна литература,
македонскиот крал Хатсон е познат како Рекс Хатсон, а титулата доаѓа од
латинскиот поим ‘рекс’, кој означува ‘крал’. Рекс Хатсон ја водел првата
средновековна македонска држава во 20-те години на 7 век
(Mirac.,II ,p.1325-1333);

Вториот познат крал на првата средновековна македонска држава е Крал
Пребонд, кој владеел во 70-те години на 7 век.
(Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176);

Пораз од Византија - Поделба на повеќе кнежества

Од крајот на 8 век, Византија ја уништува Македонската Склавинија и
државата ја разделува на повеќе кнежевства - склавинии. Тогаш, склавиниите
биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната
самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во 9 век, дел од Македонија, пред се
северна, централна и источна Македонија потпаѓаат под бугарска власт.
И под власта на Бугарите, македонските склавинии ја задржале внатрешната
самоуправа, а на бугарите биле должни да им плаќаат данок.
79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498...
T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252;

Тоа многу убаво го објaснува средновековниот македонски автор Јоан
(Иван) Камениатес кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок
на градот Солун (Византија), а дел на скитите (бугарите), но имале кнезови кои
одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето
воена помош на принципалот Византија или Бугарија
81. L. iiederle, pages: 425 - 428

Вазалноста на македонските склавинии кон Бугарија и Византија може да се
спореди со вазалниот однос на Република Рагуза (Дубровник) кон Турција, на
која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија;

Стефановски Мартин

-3-

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Брсјаци (Берзити) - Берзитска Склавинија

Кнез на Берзитската Склавинија, една од најголемите, бил таткото на
Самоил, комитопулот, те. кнезот Никола.
Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136;
Bernhardi, Lothar, S. 600 f. zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39;

Како една од најголемите склавинии прераснала и во средновековна
Македонска Склавинија Берзитија.
L. iiederle, Slovan. starozhit., Dil. II, str. 428—29.);

Неа ја спомнува и познатиот хроничар Теофан Конфесор.
Theophanes, ibid, pages, 447,10–13;

Берзитија плаќала данок прво на Византија, за да од 9 век биде покорена од
Бугарија и вазалски од тогаш данокот го плаќала на Бугарија.
Денес од бугарските историчари ќе слушнете нелогични контрадикторности
и во еден пасус напишани од нив, дури и од познатиот Златарски кој во една
реченица тврди дека Берзитите сакале да влезат во бугарскиот сојуз и да докаже
дека така станале Бугари, бидејки не може никако бугарската историографија
логично да објасни како Македонците, со свои кнежевства, држави кои се
бореле против бугарите (прабугарите) и бугарските словени и биле непријатели,
станале бугари како нив.
Во следната реченица пак самиот се негира и вели дека бугарскиот хан
Телериг во 773 г. испраќа 12 000 војска против Берзитија, за да ја опљачкаат, а
населението како робови да го пренесат во Бугарија, но Византија ја спасува
Берзитија со 80.000 војска
Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство...
I. Епоха на хуно-българското надмощие (679—852)" I изд. София 1918, стр. 303, 302;

Стефановски Мартин

-4-

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Македонија под Бугарска власт - Мкд Автономија

Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска
ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис со
крстено име Михаил, секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој
епископ.
Инаку целото папско правило гласи:
”...Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput
existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc...”;
”Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98...
Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство” II...
От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120)

Тогаш, бугарскиот цар Борис со крстено име Михаил, самиот ги одвојува
Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област.
Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85;

За управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент,
кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во
средниот век означувал народ.
Македонија станала третиот дел од бугарското царство со своја управа.
Климент Охридски станал автономен управител на целата територија на
Македонија, на југ се до Халкидик и Јанина.
Ibid: pp. 157 et seq.;

Но, забележни се пред Св. Климентовото време и два кмета од Македонија...
Тамериан и Дристар.
Житието на Тивериуполските маченици кај Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A;

Тие биле полунезависни владетели на македонските етнички територии во
склоп на Бугарија со свои војски и свои крепости.
Skyl.- Cedr., ibid., II, p. 4698–9;

Таков кмет кнез (комитопул), бил и Никола, таткото на Самоил и со таква
титула е забележан во византиската историографија
Zonaras, ibid., IV, p. 75;

Стефановски Мартин

-5-

2 4 .0 4 .2 0 1 0

II Тема

Востание на Комитопулите

Востание против бугарската хегемонија

Во енциклопедискиот речник "Брокгаус-Ефрон", С. Петербург 1896 годиа
пишува:
"...Во 963 г. во Македонија се кренало востание, кое завршило со истерување на Бугарите и со
основање на сопствена држава...“

Според Ангел Динев, востанието се кренало во 963 г. Во тој период во
Битола, Преспа и Охрид Никола бил кнез, во Струмичко - Драгомуж, во
Воденско - Драгашин, во Сервија - Николица, во Албански Берот - Еглеш, во
Перник и падините на Витоша - Кракра. Не е познато кој бил кнез во Скопје.
Тие општини го прогласиле Никола (според Динев - таткото на Давид, Мојсеј,
Арон и Самуил) за свој началник и во 963 година се кренале против ханскиот
ред и се ослободиле од бугарското владеење. Првиот главен град на нова
Македонија бил Меглен, подоцна Воден, Преспа и на крајот Охрид. Така е
создадена моќна средновековна држава на територијата на Македонија.
Кнезот Никола е на чело на новата држава во периодот 963-970 г. Од 970 976 (977) управувал неговиот син Давид заедно со тројцата браќа во тетрархија.
Бугарија била исцрпена од борбите со Византија, а уште повеќе од новите
воени наезди на принцот Свјатослав I од Киев кои биле директно спонзорирани
и наплатени со 15 000 фунти злато од Византискиот Двор. Во 968 г. Борис II и
Роман синовите на бугарскиот цар Петар, идат во Константинопол за да
постигнат примирје со Византија понудувајќи им се за доброволни заложници,
сето тоа за да се спаси Бугарија од пораз знаејќи дека нивната земја неможе да
војува на две страни одеднаш. Кон крајот на 968 год. или почетокот на 969 год.
со 60 000 војска Русите лансираат нов поход со кој повторно катастрофално ги
поразуваат Бугарите. Поради тоа бугарскиот крал Петар абдицира. На 30
Јануари 969 г. умира Петар, а неговите синови Роман и Борис Втори се во
заточеништво од Византијците.
Македонските благородници ја искористуваат оваа лоша ситуација на
Бугарија, за да ги зајакнат своите позиции и комплетно да се одтргнат од
бугарскиот јарем. Македонските принцови, Давид, Арон, Мојсеј и Самоил
речиси комплетно ја ослободуваат Македонија и ја прошируваат слободната
македонска територија и на тло на Византија.
Од ваквите подоцнежни успеси на македонските господари, Византија е
исплашена и во 969 г. ќе ги ослободи бугарските принцеви Роман и Борис
Втори, за да го сочуваат татковото наследство, и да ги спречат комитопулите
понатаму да напредуваат. Византискиот император Никифор II Ј. Фока ги
наоружува Бугарите во борбата против Македонците.
Skylitzes: 255.73-80;

Стефановски Мартин

-6-

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Скилица, најголемиот самоилов историограф вели дека Македонците
(Комитопулите) и Бугарите биле две најголеми спротиставени сили.
Skyl: 328f;

Во ова византиско-бугарско партнерство влијание имало и руското
присуство на Балканот. Византијците неможејќи да се договорат да го одвратат
Свјатослав I од неговите балкански аспирации, ги поткупиле Печенезите да го
нападнат и опсадат Киев, со што избила војна помеѓу Византија и Киевската
држава.
Но да се навратиме наназад. Во 969 г. права Бугарија (територијата меѓу
Дунав и Стара Планина) била катастрофално поразена од Русија и Русите, кои ја
прегазиле слабата Бугарија.
Во 969 г. користејки ја зафатеноста на Бугарија со руските напади, четирите
брсјачки кнезови (комитопули) преку Берзитија, речиси комплетно ја
ослободуваат Македонија и ја прошируваат слободната македонска територија и
на тло на Византија, а кон нив почнале да се приклучуваат и другите делови на
етничка Македонија.
Васил Н. Златарски, История на Първото българско Царство...
II От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), страна 609;

Била на пат да се формира нова држава. Се чекало меѓународно признание.
Византија не можела да прифати формирање на нова држава на своја
територија па во 969 г., византискиот двор ги испраќа бугарските цареви Роман
и Борис II да ја напаѓаат државата на четворицата брсјачки кнезови, со цел да ја
уништат и да го задушат егзистирањето на Комитопулите Македонски.
Skyl: 255.73-80;

Во 969 г., императорот Никифор Ј. Фока бил убиен, па на чело на Византија
со државен преврат доаѓа Јован I Цимискиј.
Бугарија ослабена од руските напади на Киевската држава на чело со
Свјатослав, не успеала да ги покори Комитопулите во Македонија.

Од Тетрархија до Монархија

Во 970 г. бил ликвидиран комитопулот Никола, а власта со автономната
земја ја презеле неговите четири синови.
Во 971 Јован Цимискиј ги протерал Русите од Балканот, и го ликвидирал
слабото речиси вазално бугарско царство. Бугарија ја претворил во обична тема
- провинција. Вазалите Борис II и неговиот брат Роман биле заробени и вратени
во Константинопол. Заедно со нив била пратена и бугарската царска круна.
Истата година и Србија била потчинета од Византија, и уредена како
провинција.

Стефановски Мартин

-7-

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Комитопулите го искористиле целиот овој за Византија несигурен период,
обединувајќи ги македонските средновековни кнежества.
Земјата продолжила да биде владеана во тетрархија од четирите браќа:
- Давид владеел со јужните делови од земјата. Тој требал да ја чува најризичната гранична линија на патот кои
Солун и Тесалија, кој постојано бил на мета на различни непријателски продори. Дворците на Давид биле
сместени во Преспа и Касториа;
- Мојсеј својата власт ја ширел од Струмица која била главна база од која се лансирале походи кон брегот на
Егејот, и Серез;
- Арон владеел од градот Средетс, и имал за задача да ги спречува продорите на главниот пат од Адрианопол до
Белград, како и да ја напаѓа Тракија;
- Самуил владеел со северозападниот дел на земјата, од добро утврдениот град Видин;

Тоталната меѓународно призната независност на земјата на четирите браќа
била на дофат. Во 973 г. комитопулите испратиле свои претставници на дворот
на германскиот император Отон I во Кведлинбург, за да му однесат подароци по
повод велигденските празници. На приемот во Кведлинбург тргнал најверојатно
Самуил со еден од браќата. Таму го искористиле присуството на другите
европски владетели, за издејствување на меѓународно признание на својата
држава.
Во 976 г. умрел и Јован I Цимискиј.
Браќата Давид, Мојсеј, Арон, и Самуил ја искористиле неговата смрт, за да
ја зацрвстат власта и да ги прошират териториите.
На страната на комитопулите поминало и дел од бугарското население, со
што во Македонската Средновековна држава биле приклучеии и бугарски
територии.
Во текот на 976 г., во рок од шест месеци биле убиени тројцата Самуилови
браќа:
- Давид загинал кај местото “Убави Дабови“, меѓу Костур и Преспа, во борбите со Власи скитници кои го
ликвидирале по нарачка на Византија;
- Мојсеј загинал во борбите со Византијците кај Серез;
- Арон бил ликвидиран од Самуил, во околината на Разметаница, зашто со помошта на Византија се стремел за
себе да ја приграби целата власт во државата. Било ликвидирано и целото негово семејство. Жив останал само
неговиот син Иван Владислав, кој бил спасен и поштеден од Гаврило Радомир, синот на Самуил;

На тој начин од 976 г. македонската држава била претворена во монархија,
на чело со македонскиот монарх Самуил
“Историја на македонскиот народ“, стр. 186...
проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996;

Стефановски Мартин

-8-

2 4 .0 4 .2 0 1 0

III Тема

Македонското Самуилово Царство - Склавинија

Експанзија на Македонската Држава

По стабилизицијата на своeto кралство, Самуил започнал забрзано да го
проширува, во голема мера достигнувајќи ги речиси истите граници од онаа
Античка Македонија во времето на Филип II Македонски.
Во 985 г. Самуил ја освоил Лариса во Тесалија, притоа однел голем број на
Ларисчани во ропство. Меѓу нив била и убавата Ирина во која се вљубил
Гаврило Радомир па ја зел за жена, притоа ја избркал својата прва жена која
била унгарска принцеза.
Од Лариса Самуил ги однел во Преспа моштите на Св. Ахил Лариски.
Во 986 г. Самуил извојувал голема победа и во битката кај Трајанова Порта
во денешна Бугарија, нанесувајќи му голем и срамен пораз на Византискиот
император Василиј II, кој дотогаш бил непоразен.
Охрабрен од успехот Самуил превзел поход кон Дукља и Далмација. При
освојувањето на Дукља го заробил кнезот Владимир, и го испратил на својот
двор во Преспа.
Подоцна кнезот Владимир бил вратен да ја управува Дукља како Самуилов
зет, откако за жена ја земал Косара, ќерка на Самуил.
По капитулацијата на Дукља, се спуштил во Далмација и опостошувајќи
повеќе градови, стигнал до Задар. По неуспешните обиди да го освои овој град,
се свртел кон Босна и Србија, ги потчинил, а откако ги освоил и областите
Травунија, Захумље и Албанија заедно со Драч, се вратил во својот двор во
Преспа.
Само кратко време потоа Самуил се обидел да го освои и Солун, но во тоа не
успеал.

Слика 1: (лево) Битката кај Солун 996 година;

Слика 2: (десно) Битката на реката Сперхеј;

Со тоа не престанале Самуиловите завладувачки походи. Заедно со својот
син Гаврило Радомир, продолжиле да продираат кон Пелопонез, но во 996 г. на
реката Сперхеј, доживеале тежок пораз, и двајцата едвај се спасиле и брзо се
вратиле во Преспа.

Стефановски Мартин

-9-

2 4 .0 4 .2 0 1 0

До Самиот крај на X век Самуил успеал осетно да ја прошири својата
држава. Покрај територијата на Македонија, без Солун, во рамките на
македонската држава биле вклучени поголемиот дел од Бугарија, дел од Грција,
дел од Албанија, како и Србија, Босна, Тривуније, Захумље и други области.

Слика 3: Историска карта на Самуиловото Царство во времето на неговите најголеми територијални експанзии околу
996 година;

По овие големи територијални придобивки, Самуил во последните години
од X век, во Преспа се прогласил за цар. Свечениот чин на крунисувањето било
извршено во црквата Св. Ахил во присуство на папските пратеници од Рим. Тие
по склучената спогодба меѓу Самуил и папата Григориј V, ја донеле во Преспа
круната. Со тоа Македонската држава била претворена во Царство, кое било
наречено Склавинија.
“Историја на македонскиот народ“, стр. 187...
проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996;

Слика 4: (лево) Цар Самоил (??? - 1014) ликовно дело на Димитар Кондовски, масло на платно од 1984 година;
Слика 5: (десно) Остатоци од црквата на островот Св. Ахил на езерото Мала Преспа ( 986 г.), првото
седиште на македонската црква и место каде Самуил бил крунисан за Цар;

Стефановски Мартин

- 10 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Државно уредување

1) Македонската Средновековна Војска
Самуил за кратко време успеал да создаде голема војска и изградил броен
команден кадар. Пешадијата и коњаницата биле двата основни рода во војската.
Самуил како способен војсководач и стратег ја оспособил македонската војска
за водење офанзивна и одбранбена војна. Таа била наоружана со долги копја,
долги лакови, мечови, штитови, стрелци и др. Војниците биле облечени “цели
во железо“, т.е. со железни кошули, а на главите носеле шлемови од различни
димензии.
Македонската војска располагала со знамиња, труби, трумбети, и други
класични средновековни алатки. Низ целата држава Самуил изградил утврдени
градови, и одбранбени попатни тврдини.
“Историја на македонскиот народ“, стр. 186...
проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996;

2) Воено - Административни единици
Самуиловото Царство имало уредување на типична ранофеудална држава.
За цело време од нејзината егзистенција во Македонија доминантна останала
селската општина, врз која Самуил и неговите наследници Гаврило Радомир и
Иван Владислав, ја заосновале својата економска и воена моќ.
Била развиена македонска феудална аристократија, која под своја власт
држела феудално зависни луѓе (парици, клирици, робови, итн.).
Голем број од носителите на македонската феудална аристократија биле
држатели на државната власт, главно во областите од кои потекнувале и во кои
имале свои феудални поседи. Во утврдените градови и тврдини зајакнати со
кули, располагале со броен воено - административен апарат. На своите
феудални поседи располагале со раскошни дворци, во кои биле опслужувани од
зависни луѓе.
Самуиловиот војвода Ивац на планината Брохот во околината на Девол
поседувал “многу убави дворци, наречени Проништа, градини и слични места
за уживање“.
Соопштува: Јован Скилица

По смртта на Самуил, крупните македонски феудалци доброволно
предавајќи му се на Василиј II, изгурале и до највисоките ешалони од
византискиот двор.
По својот народносен состав Македонското Самуилово Царство
претставувало многународносна држава. Покрај Македонците кои важеле за
господаречки народ, во рамките на Самуиловото Царство живееле и Бугари,
Срби, Грци, Албанци, Власи, и др.

Стефановски Мартин

- 11 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Царството било уредено централистички со тоа што главниот државен
апарат бил сконцентриран во престолнините Преспа и Охрид. По својот етнички
состав тој бил главно од македонска потекло.
Главниот воен кадар како и најголемиот број на македонската војска ја
сочинувале македонските војници и старешини.
Самуиловото Царство било поделено на воено-административни единици
(области). На нивно чело стоеле војводи, велможи, топарси, и лица со други
титули. Сите тие биле поставувани директно од Македонскиот Цар, и морале
без дилеми да го спроведуваат неговите директни наредби.
Цар Самуил како и неговите наследници, Царството го управувале со
помошта на голем број советници, секретари, и други државни органи.
Најголемиот број од администрацијата на државниот апарат и неговите
органи, биле сместени во престолнините Преспа и Охрид. Во овие дворови биле
сместени и царски канцеларии во кои биле пишувани царски наредби, и други
државни документи.
Како официјален јазик бил воспоставен Словенскиот, официјално писмо
било кирилицата, а за меѓународна употреба била користена латиницата, како и
грчкиот алфабет.
Покрај постојаните престолнини Преспа и Охрид, постоеле и повеќе ближни
попатни покретни престолнини, од кои позначајни биле Битола и Сетина. Во
нив исто имало царски дворци, и привремени органи на власт кои биле ставани
во употреба главно во услови на на воена опасност.
Во рамките на Самуиловото Царство биле приклучени и вазални (зависни)
државички и покраини. Нивните владетели се наоѓале под врховна власт и
директна наредба на македонските цареви. Таков бил на пример Дукљанскиот
кнез Владимир кој ја управувал Дукља како зет на цар Самуил.
За издршка на огромниот воено-административен апарат, сите поданици без
разлика, слободни крупни феудалци, или феудално зависни селани, морале да
плаќаат одредени давачки за државата, а извршувале и бесплатни работи
(ангарии), средства со кои се граделе и реконструирале градови, тврдини,
патишта, мостови итн.
Главниот државен данок се плаќал во натура. Секој поданик кој располагал
со имот што се обработувал со чифт волови, бил должен на државата да и
доставува по една крина (9 килограми) жито и просо, како и по една стомна
вино.
Феудално зависните луќе пак, морале да доставуваат дел од производството
и на своите феудални земјопоседници.
“Историја на македонскиот народ“, стр. 189/190...
проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996;

Стефановски Мартин

- 12 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

3) Македонска Православна Црква
Уште во 969 г. кога градот Преспа станал престолнина на македонската
средновековна држава, биле поставени и темелите на независната македонска
правослана црква. Изградувањето на Македонската држава се темелело врз
силните традиции воспоставени во Македонија во првата половина на VI век,
кога Јустинијан I ја основал Архиепископијата Јустинијана Прима (чие седиште
сеуште не е пронајдено).
Уште позначајна црковна основа била поставена кога Климент и Наум
Охридски изградиле бројно македонско свештенство, а Климент станал прв
словенски епископ.
Св. Климент ја основал првата црква на средновековните Македонци. Од
богатата македонска средновековна книжнина, дознаваме дека македонските
словенски епископи не биле под јуриздикцијата на бугарската или
цариградската патријаршија т.е. имале религиска автономија. Во ниту еден
средновековен документ, македонските епископи не спомнуваат бугарски или
цариградски великодостојник. По Св. Климент, имало уште 3 генерации
словенски епископи од кои зачувано е името на "епископ Марко на словенскиот
народ". Уште во времето на бугарскиот кнез Борис, Македонија добила посебен
статус на автономна провинција, со свои кнезови и свои епископи.
(Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.)

За тоа голема заслуга имал и Папата кој во 866 г. наредил на бугарскиот цар
секој народ во Бугарија да добие своја црква и свој епископ по тнр. папско
правило кое гласи:
”...Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput
existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc...”;

По словеномакедонскиот епископ Марко, Цар Самоил ја издигнува
Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија. Се интензивира градењето
на црковни храмови. Голем број македонски цркви изградени во Самуилово
време, се темелеле врз ранохристијански црковни објекти, разурнати и
опустошени при продорите во периодот на големите преселби.
Во Преспа Самуил изградил раскошен храм уште пред неговото
крунисуваље за Македонски Цар. Во храмот во 985 г. биле поставени и
ограбените мошти на Св. Ахил Лариски, по кого и црквата била наречена Св.
Ахил.
Уште пред крунисувањето на Самуил, римската црква преку зборовите на
римскиот папа Григориј V дала согласност средновековната македонска држава
да добие своја Архиепископија.
Официјалното прогласување на првиот македонски архиепископ било
извршено во црквата Св. Ахил, од страна на високи римски црковни веледостоинственици испратени од римскиот папа Григориј V (околу 997 -999 г.).

Стефановски Мартин

- 13 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Така во 976 г. е востоличен првиот македонски архиепископ гг. Герман, чие
патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град.
(Standard iews Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“).

Од тој запис се зачувани само делови и можат да се прочитаат и имињата на
следниве епархии: Видинска, Кефалониска (Главенишка), Вериска, Ираклиска
(Пелагониска), Скопска, Сардикиска, Селасфорска (Деволска), Пелска и
Призренска. Несомнено, епархии на Охридската Патријаршија биле и
Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска,
Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска. За меѓународно
признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од
центрите на христијантвото - Цариград или Рим. Цариград не ја признава
Самоиловата држава, па затоа како што споменавме тоа го сторува Папата
Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.).
Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria;

Слика 6: Историска карта на јурисдикцијата која ја имала афтокефалната Охридска
Архиепископија за време на владеењето на Цар Самуил па се до 1020 година;

Дури откако бил прогласен преспанскиот архиепископ, бил извршен и чинот
на прогласување на Самуил за Цар. Овој свечен чин го извршил
новопрогласениот преспански и македонски архиепископ гг. Герман во
присуство на папските пратеници и бројните македонски епископи кои стоеле
на чело на македонските епархии и помали црковни области.
За време на патријархот Герман, во Бугарија прво го затекнал бугарскиот
патријарх Дамјан, а после него доаѓа патријархот Глигориј.
Църковен Вестник, Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003...
Наслов “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА;

Стефановски Мартин

- 14 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на
Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј се упокојува во 1016 г. како
„Митрополит Бугарски“, и како таков се слави од БПЦ.
(види православен календар на Бугарската Православна Црква);

Во почетокот на XI век, кога градот Охрид постанал нова престолнина на
македонската држава, овој древно македонски град станал седиште и на
македонските архиепископи. Одтогаш Македонската Црква почнала да се
нарекува и Охридска Архиепископија.
“Историја на македонскиот народ“, стр. 191...
проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996;

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја
намалува диецезата на Охридската Ахиепископија само на Тема Бугарија т.е. на
најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора. Бугарските историчари
тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што
нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА, но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се
подразбира целата тема Бугарија, која не ја опфаќаше денешна БугаријаДобруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема
Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија.
Диецезата на Охридската Архиепископија се простираше во Бугарија само на
територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот
Видин, што представува десеттина отсто од територијата на цела Бугарија. Тоа
го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за "бугарскиот
народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од Срем, цела Србија,
Косови делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на
северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија.
Иван Снeгаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1.
От основаването до завладяването на Балканския полуостров от турците, стр. 55-62

Од таму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само
византиската тема Бугарија, а бугарскиот народ е словенскиот народ од
спомнатите територии, оти покрај него, спомнува и турци Вардариоти и власи,
мислејки на Романците на север од Дунав.
Како што истакнав погоре, бугарските историчари тврдат дека Охридската
Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се
спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите,
Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна
Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА,
но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под
јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во
шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската
Архиепископија. За да го оправдаат ова смешно тврдење, од бугарите ќе
слушнете дека бугарскиот архиепископ Дамјан избегал во Самоиловото Царство
и таму ја пренел својата патријаршија, но археолошки е докажано дека тој
останал во Силистра.

Стефановски Мартин

- 15 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра
(североисточна Бугарија, 1000 км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др.
Стефка Ангелова, дипл. археолог.
Standard iews, Sofia, ден 21.08.2001,
Наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамян“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова,

Други пак сакаат да докажат дека Бугарскиот Патријарх Глигориј и
Македонскиот Патријарх Герман се еден ист Патријарх, но пак е тоа една
голема лага, оти Св. Глигориј е канонизиран во светец и упокоен како
Митрополит Бугарски, со смалена титула од Патријарх во Митрополит од
самиот Цар Самоил и македонскиот Патријарх Герман.
Охридската Архиепископија цело време од 1018 г. па се додека е под
византиска јуриздикција ја носи титулата "Бугарија на цела тема Бугарија", но
и вон византијската управа, кога архиепископи биле грци, за да докажат дека
тоа е византиска црква со византиски титули.

Името на Македонското Самуилово Царство - Склавинија

Името на Самоиловата држава се нарекува Славинија. Венецијанскиот
дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала
времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на Арон и на брат му Самуил), во
описот за решението на венецијанскиот дужд Петар Урс (980-1009) да го
испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:
“...По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во
Славинија, а потоа отишол во Италија...“
ЛИБИ, 7. 2. стр. 348;

Има и други силни индиции дека Самоиловото Цраство се нарекувало
Славинија (Склавинија). Така според еден стар документ од времето на
германскиот император Хенрих II (1002 - 1024 г.), има претставено минијатура
на која се насликани четири грации (кои симболизираат четири земји народи),
како му принесуваат подароци на императорот на Светото Римско Царство
(тогаш моќна германска средновековна држава). Имињата на овие четири земји
народи биле напишани над главите на девојките и тие гласат:
- Roma, Germania, Galia, Sclauinia;

Во тоа време единствено царство во Европа, на кое можел да се однесува
терминот Склавинија било токму Македонското Самоилово Царство, кое многу
веројатно било претставено со дадената грација, над чија глава го пишува
даденото име.
Мошне индикативно е тоа што оваа грација била претставен како русокоса
девојка, која во раката држи симбол на Сонце, а на нејзината носија има
елементи од фолклорните македонски носии (везена зашивка околу вратот).

Стефановски Мартин

- 16 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Друга индиција дека Самоиловото Царство се нарекувало Склавинија е и
експанзијата и проширувањето на средновековната македонска држава, која
главно соодветствуваат со териториите на првите Македонски Склавинии.
Акад. Др. Блаже Ристовски:
Makedonija i makedonskata nacija, Skopje, (1995), str. 115;

За разлика од овие факти нема никаков доказ, епиграфски или пишан извор,
дека Самуиловото царство го носело името Бугарија, освен секако неколку
фалсификати како што се, Битолската или Воденската Плоча, и имаат за цел да
го побугарчат името на македонскиот Цар Самуил, а со тоа и името на неговото
Македонско Царство - Склавинија.

Македонскиот народ во Самоиловото Царство

1) Македонци жители на Самоиловото Царство
Поетот Иван Кириотес, кој живеел во Мелитена, во X век, во своите песни
со кои ги опишувал настаните од тој период, жителите на Самоиловото Царство
ги нарекол како:
- Македонци, Мизи, Скити, Бугари и уште многу други;
Ivan Kiriotes Geometres Melitena;

Подоцна по пропаста на Самоиловото Царство, во Македонија биле диганти
две востанија од Самоиловите потомци. По пропаста на востанието на Петар
Делјан, востаниците кои преживеале било гонети насекаде, па некои од нив
пребегнале дури до Сицилија. Тамошните хроничари од тоа време, во делото
“Барските Анали“, го овековечиле нивното доаѓање со зборовите:
- Од таму од копното Ромеите ги протераа, и тука пристигнаа несреќните Македонци;
Запишале: Сицилијански хроничари во делото “Барските Анали“;

2) Македонија во Византиската тема Булгарија
Веќе пишав дека во 971 г. Јован Цимискиј бугарската држава ја укинува и
таа повеќе не постои туку истата влегува во состав на Византија, во која
спаѓаше и поголемиот дел на Македонија; слободните територии на Самоил и
неговите браќа не беа признати за посебна држава, туку тие беа за Византија
само бунтовници со одреден степен на автономија. Цариградскиот Патријарх не
го признал Самоил за Цар, туку тоа години подоцна морал да го стори папата
Грегур V.
Во 971 г. Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните
Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Но, за да ги
асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува
имињата на окупираните територии. Така, територијата на источна Тракија
станува тема Македонија (уште во 9 век), а жителите на темата Македонија за
византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Тема
Тракија станува Цариград, Босфорот и делови на Мала Азија.
Стефановски Мартин

- 17 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во
византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби,
Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија воулгари - бугари. Права,
вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите
Паристрионци или Мизи
Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115...
i. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46...
i. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube...
“Byzantinisch-ieugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310, i. Bănescu...
Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946 p. 101...
P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101;

Слика 7: Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од
10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е
тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема
Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле
Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги
нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат;

Така, по византиската книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по
територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се
луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани
Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи, Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните
писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од
темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари
во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од
Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била
византиската тема Македонија.
3) Проблемот со поимот “Бугари“ жители на Тема Бугарија појаснување
Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако
го разгледаме случајот со византискиот император Василиј II Македонецот,
Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците.

Стефановски Мартин

- 18 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Родоначенлик на оваа династија е Василиј Први, по потекло Ерменец, од
ерменска фамилија или мешано словено-ерменска, која стотина години живеела
во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија,
во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија
Македонци - „Македонос“
Извори:
1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155…
2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005...
3. Abstracts from the International Conference ARMEiIAi COiSTAiTIiOPLE
organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001...
UiIVERSITY OF CALIFORiIA, LOS AiGELES, DICKSOi AUDITORIUM;

Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата
Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а
Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори
Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица,
Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде
убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори
Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот
т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.

Слика 8: Местоположбата на темата
Македонија во Византиската империја за
време на војната со Цар Самуил

Како ермено-словенот Василиј II беше Македонец, така и Цар Самоил беше
Бугарин за Византија - жител и владетел на териториите кои припаѓаа на темата
Воулгарија.
Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само
најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, Црна Гора, и делови на
Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците
представувале бугари - жители на темата Бугарија.
Слика 9: Печат на темата Воулгариа,
со седиште во Скопје. За
Византијците Бугарија била само
област, а не етногеографска област,
со цел асимилација на нејзините
многубројни етнички групи.
Византија намерно ги менува
етногеографските имиња на
териториите со нови, туѓи, па така
тема Македонија станува географска
област Тракија, а тема ПаристрионМизија станува права Бугарија.

Стефановски Мартин

- 19 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели:
“...Трибалите - средновековно архаично име за Cрби - рашкани, сега се нарекуваат Бугари...”;
(Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26);

Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава не
само Србите, туку и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц
Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка
Косара, го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од
Црногорци, која потоа собирала и косовари, е окарактеризирана како војска на
„Бугари“, т.е. војска составена од жители на темата Бугарија.
Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus, 1. 1 Bonnae, 1839, pp 714-719;

Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари.
Неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го
нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската
црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото
име се слави од БПЦ на 22 мај
Види православен календар на Бугарската Православна Црква;

Византискиот хроничар Михаил Псел за востанието на Петар Делјан внукот на Цар Самоил, тврди дека тоа е востание на племето на "бугарите", а
почнало во денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија, за на крај да
стигне во Македонија.
Крунисувањето на Петар Делјан за цар е одржано во Белград (главниот град
на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгарои).
Поради тоа, бугарските историчари сакаат да ги прикажат Самоил, неговото
царство како бугарско, а Македонија како бугарска земја. Но притоа, ги
испуштаат пасусите каде и србите, и црногорците, босанците и херцеговците се
означени од страна на византиските историчари исто како Бугари.
Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале
за Бугари т.е. географски Бугари, жители на Византиска Тема Бугарија.
Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската
Архиепископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано
"Пространото Св. Климентово Житие", каде објаснува дека за него бугари се
жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари.
Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин - жител на темата Бугарија, па
во Пространото Житие на Св. Климент запишува:
"...Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ
се однесува на црквата...“;

сето она што

Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва...
Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б....
Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV;

Стефановски Мартин

- 20 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија,
Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените,
па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или
бугарскиот народ", а јазикот во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него,
Св. Климент бил "прв епископ на бугарски јазик"
Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва...
Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б....
Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV;

Оттогаш, за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен,
а бугарски јазик синоним за словенски јазик;
Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", за
кое се смета дека е напишано од Охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот
Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги
нарекува бугари - волгарои.
За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува:
"...Тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон
Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа
Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик (Србија, БиХ, Црна
Гора, Хрватска, мое дополнување), а и голем дел од Македонија и Тесалија..."
Охридска Легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан...
Ал.Милев, “Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г.;

Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека
папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема
Бугарија), а Kлимент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик
и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта.
Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан…
в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му"...
БАН, София, 1966 г., стр. 161—171;

За Грците, сите словенски народи што ги населуваат Илирик (Србија, БиХ,
Црна Гора, Хрватска,), Далмација и Панонија биле бугари и ги нарекуваа со
едно име, почнувајки од 10 век.
Кај Скилица-Кедрин сосема јасно е кажано дека Охрид е столицата на
темата Бугарија, но не на правата "Аемус Воулгариа".
Kedrinos, II 462468.1,652;

За да ги разликуваат правите Бугари од самоиловите "бугари" т.е. жители на
темата Воулгариа, од 972 г. византијците почнуваат да ги нарекуваат Мизи, а
нивната земја Мизија или пак Парастриноци од тема Парастрион.
Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија:
ГИБИ, 5. том, стр. 247. Царот Петар е наречен водач на Мизите: ГИБИ, 5. том, стр.248-249. И Скилица и
Кедрин (11 век) исто така пишуваат за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија: ГИБИ, том 6., стр.
293-294..

Стефановски Мартин

- 21 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

IV Тема

Војна со Византија - Падот на Самуиловото Царство

Експанзија на војната помеѓу Самуил и Василиј II

Од почетокот на XI век Византија превзела страотна офанзива против
средновековната македонска држава. Откако освоил повеќе подунавски
градови, кои пред тоа влегувале во рамките на Самуиловото Царство, Василиј
се спуштил кон Македонија и со предавство во 1004 г., успеал да го освои
Скопје, кој претставувал важен воено стратегиски центар.
Засилената византиска опасност била причина Самуил да ја пренесе
престолнината од Преспа во Охрид. Во Охрид биле изградени раскошни царски
дворци, живеалишта за војската, итн. Тие биле опкружени со дебели и високи
ѕидини зајакнати со кули. Остатоците од овие ѕидови се видливи и ден денес во
Самуиловата Тврдина во Охрид.
Под ѕидините на Самуиловата Тврдина се наоѓал другиот дел од градската
населба, кој истотака бил опкружен со дебели ѕидови, зајакнати со кули. Во овој
дел живеело останатото население на Охрид. Тоа биле трговците, занаетчиите,
поситните државни службеници, свештенството, и останатото население. На тој
простор била изградена и раскошна црква, во која архиепископите во присуство
на останатите свештеници, ги извршувале црковните обреди. Биле изградени и
голем број на други цркви, раскошни домови, итн.
На тој начин Охрид за кратко време се претворил во вистинска престолнина.
“Историја на македонскиот народ“, стр. 191/192...
проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996;

Битката кај Беласица

Превземените одбранбени мерки од Самуил, не го попречиле продорот на
Василиј кон Македонија. Сега Василиј почнал да ги напаѓа градовите и во
внатрешноста на Македонија. Тоа било причина Самуил да се подготви за
одлучувачка битка.
Откако утврдил дека византискиот император движејќи се од Цариград
навлегувал во Македонија низ царскиот пат кој водел кон Струмица, одлучил да
му го прегради патот. На најтесното место каде се доближуваат планините
Беласица и Огражден била изградена Дема (преграда), на која била поставена
посада. По ридиштата биле распоредени главнината од Самуиловата војска.
Кога во летото 1014 г. императорот Василиј се приближил до преградата,
Самуиловите војници почнале да стрелаат од ридиштата и од преградата,
притоа набрзина нанесувајќи и големи загуби на византиската војска
Византискиот император само што помислил да се повлече, кога кај него дошол
пловдивскиот војсководач Никифор Ксифија, и му предложил план за
разурнување на преградата.
Стефановски Мартин

- 22 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Василиј го одобрил планот па со дел од војската Никифор преку споредно
патче набрзина ја заобиколил планината Беласица и од задгрб ги нападнале
македонските војници што ја бранеле преградата. Изненадени тие се оддале во
панично бегство. Тоа го искористиле Византијците и ја уништиле преградата.
На 29 Јули 1014 г. во подножјето на Беласица дошло до жесток судир, кој е
познат како Беласичка битка. Царот Самуил претрпел катастрофален пораз.
Покрај големиот број изгинати македонски војници, биле заробени и над 14 000
илијади лица.
Самуил се спасил благодарение на неговиот син Гаврило Радомир. Тој го
качил на својот коњ и го префрлил до Струмица, а одтаму Самуил заминал за
Прилеп.
“Историја на македонскиот народ“, стр. 192...
проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996;

Смртта на Цар Самуил

Имшераторот Василиј по победата на Беласица ја разурнал попатната
тврдина Мацукион и се упатил кон Струмица. Иако го опсадил овој град, не
успеал да го освои. Пред да се повлече од Струмица му наредил на својот
прославен војсководец Теофилакт Вотанијат да му го обезбеди патот од
Струмица преку Валандово и Дојран за Солун.
Самуиловиот син Гаврило Радомир ја начекал во заседа војската на чело со
Теофилакт и ја ликвидирал.
Како одмазда Василиј наредил да бидат ослепени сите 14 000 македонски
војници, а на секој 100 да му се остави по едно око, за останатите да можат го
најдат патот до нивниот цар во Прилеп.

Стефановски Мартин

- 23 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

Кога осакатените македонски војници пристигнале во Прилеп, Цар Самуил
бил до срце погоден од глетката, му се заматил паметот, побарал вода да се
напие, и по кратко време починал од кап на срцето. Тоа се случило на 6
Октомври 1014 година.
“Историја на македонскиот народ“, стр. 193...
проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996;

Слика 11: “Смртта на Цар Самуил“
- минијатура од Манасиевата Хроника
од XIII - XIV век, Прилеп 1014година

Самуил бил погребан на островот Св Ахил во гробот Гама сместен во
непосредна близина на црквата Св Ахил кој тој самиот ја изградил. Во 1965 г.
грчкиот археолог, проф. Николос Муцопоулос во црквата Св. Ахил на островот
Голем Град го отворил гробот на Цар Самоил. Грчкиот археолог во интервјуто
за бугарскиот весник Стандард Њувс од Софија вели дека нашиот Цар бил
завиткан во скапоцена пурпурна облека.
Standard iews, Sofia, 03.09.2001, наслов:
Счупена ръка доказва, че гробът е на българския монарх;

Во ваква пурпурна облека погребувани се само античките македонски
цареви, додека ниеден бугарски цар од првото бугарско царство не е погребан
по антички обичаи, во пурпурна облека.
Воедно, во царската катедрала Св. Ахил се најдени записи на
старословенски, најверојатно од 998 г., со содржина „тоа се троновите на
Патријархот Герман, на Митрополите на Скопје, Велбужд, Сердика, Бер итн., но
никаде не пишува нешто за Бугари или Бугарија.
Standard iews, Sofia, 03.09.2001, наслов:
„В църквата има списък на епископствата“;

Во Св. Ахил мора да постои и запис на која држава и на кој народ Цар
Самоил бил Цар, но дефинитивно не се работи за Бугарија и бугарски народ,
туку за нешто што не им одговара на нашите соседи, оти грците и бугарите по
однос на ова прашање мудро молчат.

Стефановски Мартин

- 24 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0

По обичај, македонската историографија воопшто за ништо не се
интересира, а целата историја нашите „историчари“ ни ја препишуваат од
Бугарите или Србите, па затоа имаме доста контрадикторности.

Атентат врз Гаврило Радомир - Пад на Македонија

По смртта на Самуил престолот на македонското средновековно царство го
наследил самуиловиот син Гаврило Радомир (1014 - 1015 г). Меѓутоа тој не
владеел ниту цела година. Бил убиен од неговиот братучед Иван Владислав, кој
за тоа бил наговорен од византискиот император.
Веднаш по тоа Иван Владислав го приграбил царскиот престол. Но царот
Иван Владислав не успеал да склучи мир со Василиј. Дошло до уште поголемо
разгорување на Македонско - Византиската војна.
Управниците на македонските градови и тврдини, согледувајќи ја
безизлезната ситуација, со цел да спасат што може да се спаси, почнале масовно
да му се предаваат на византискиот император.
Иван Владислав бил немоќен да му се спротивстави на Василиј II, па во 1018
г. бил убиен во битката кај Драч.
По смртта на царот Иван Владислав се ближел и крајот на Самуиловото
Царство. На императорот почнале да му ги предаваат македонските градови,
најмоќните војводи и велможи.
Немајќи друг излез и царицата - вдовица Марија, жена на Иван Владислав,
решила доброволно да му се предаде на византискиот император. Кога Василиј
се наоѓал во Струмица таму пристигнал охридскиот архиепископ Давид. Тој му
предал на императорот писмо од царицата Марија, во кое се нуделе услови за
предавање. Веднаш потоа Василиј се упатил кон Охрид каде бил дочекан од
целото царско семејство. Притоа на императорот му биле отворени ризниците
на македонските цареви, во кои имало многу пари, круни од бисери, облека
исткаена од злато итн. Голем дел од запленетото богатство Василиј го поделил
на својата војска.
Со тоа на крајот од 1018 година бил ставен крај на Македонската
средновекона држава а Македонија повторно станала Византиска провинција со
Тема Бугарија.
За издвојување се македонските востанија на Петар Делјан (1040 - 1041 г.),
како и она на Георги Војтех (1072 – 1073 г.). За нив споменавме неколку извори
погоре, па поради нивното опстојување од не подолго од една година,
подетално нема да ги анализираме.
“Историја на македонскиот народ“, стр. 193...
проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996;

<><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><>
<><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><>
<><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><>

Стефановски Мартин

- 25 -

2 4 .0 4 .2 0 1 0