УПРАВУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО
Д-р. Вера Симовска,MD.PhD., експерт
Цел: Создавање на надзорен систем над здравјето и бихејвиоралните ризик фактори (неправилна исхрана,
намалена физичка активност, пушење, алкохол и др.) во услови кога хроничните болести се во постојан пораст
(“FINBALT Health Monitor”).
Дали сметате дека Националниот мониторинг систем како интегрирана база на јавни информации за здравјето
поврзано со начинот на живеење и социо-демографските карактеристики на населението во Република Македонија би
допринела за :
1) Рано откривање на ризик факторите?
2) Утврдување на приоритетите во здравството?
3) Процена на ефиканоста на здравствената политика?
4) Идно планирање на интервентните превентивни мерки?
Цел: Унапредување на здравјето низ препораки за здрава исхрана вклучувајќи традиционална храна, развој на
кадри, стандарди и идно планирање на програми за превенција на нутритивно –поврзаните хронични болести .
Цел: Унапредување на здравјето и превенција на хроничните болести низ физичка/спортска активност во услови
кога растечкиот тренд на хипокинезијата постана јавно здравствен проблем во Република Македонија.
Цел: Потреба од трансфер на знаење од областа по спортската медицина наметна потреба од формирање на
Катедра по спортска медицина при Медицинскиот факултет и Национален центар/институт како наставна база за
спроведување на специјализацијата со курикулум од 4 год.според ЕУ.
Цел: Урбаното планирање на здрави општини може да се понуди како една форма на примарна превенција.
Централна улога во решавање на здравствените проблеми на ниво на локалната самоуправа имаат докторите по јавно
здравство “идните планери за унапредување на здравјето” со мултисекторска соработка.
Дали е потребно:
1) Да се воведе електронско учење за поефикасна и подостапна здравствена едукација на населението со отварање
на Здравствена академија при НИЈЗ ?
2) Да се зајакнат функциите на постоечките институции во насока на едукацијата без да се формира
нова Академија во рамките на НИЈЗ ?
ИНДИРЕКТНИ ДАНОЦИ НА ХРАНИ И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ