You are on page 1of 9

Ремонт на електрични машини Новица Ѓорѓевски

ТЕМА 3 ОДРЖУВАЊЕ И РЕМОНТИРАЊЕ НА

МАШИНИТЕ ЗА ЕДНОНАСОЧНА СТРУЈА

1. Потреба од одржување на машините за еднонасочна струја

Слика. 1. Мотор на еднонасочна струја

Машините на еднонасочна струја поради своите многу добри функционални


карактеристики некогаш претставувале често решение во електричните постројки
и погони. Поради големата цена, посложеното и поскапото одржување, помала
сигурност и пократок век на траење, денеска машините ( моторите) на
еднонасочна струја се истиснуваат од употреба од страна на поевтините,
поедноставните и понегабаритните електрични мотори за наизменична струја
управувани со микропроцесори и напојувани со енергетска електроника.

Генераторите на еднонасочна струја практично се потиснати со


полупроводнички исправувачи. Меѓутоа како сто е веќе кажано, генераторите на
еднонасочна струја со независна возбуда заради своите многу добри
карактеристики често се користат како кочници во лабораториите за испитување
на електрични машини.

Машините на еднонасочна струја се, по својот внатрешен состав и


однесување, во принцип, идентични со синхроните машини. Битна разлика во
надворешноста постои во присуство на комутатор кај машините
м на еднонасочна струја. Понатамошните разлики постојат во физичкото
сместување на намотките – кај машините на еднонасочна струја индуктот е
сместен на роторот ( поради комутаторот) , а индуктор на статорот.
Ремонт на електрични машини Новица Ѓорѓевски

Слика 2. Внатрешен изглед на статорот и на роторот

Во табела 1 дадени се ознаки на краеви на поедините намотки кај


машините на еднонасочна струја

Табела 1 Ознаки на краеви на намотки на машините на


еднонасочна струја
Намотка Нова ознака Стара ознака
Индукт A1, A2 A, B
Помошни полови B1, B2 G, H
Компензација C1, C2 G, H
сериска возбуда D1, D2 E, F
Паралелна возбуда E1, E2 C, D
Независна возбуда F1, F2 I, K

2. Системски пристап за одржување на машините за


еднонасочна струја

Еднонасочните машини како и сите други мораат да се одржуваат. Онаа што


важеше за наизменичните машини важи и за еднонасочните: одржување на
чистотата, подмачкување, вентилација, контрола на дозволеното загревање и.т.н.
Машините за еднонасочна струја имаат колектор, а тоа е најосетливиот дел на
електричната машина, па во тек на одржувањето на него треба да му се обрне
најголемо внимание.
Ремонт на електрични машини Новица Ѓорѓевски

Колекторот мора да биде потполно кружен, а ако не е треба да се обработи


на дребонг ( не смее да се турпија со турпија). Лискунот помеѓу ламелите мора да
биде понизок од ламелите, да четкиците не се трошат премногу и да не искрат.
Чистење на лискунот се врши со специјални ножеви (сл.3)

Слика 3. Ножеви за чистење на лискун

Четкичките мора да имаат исто заоблување како и колекторот. Тоа се


постигнува на тој начин што испод четкичките се поставува рапава хартија со
рапавиот дел на нагоре, а на неа налегнува четкичката. Роторот се поместува
лево – десно, додека четкичката не добие заоблување како колекторот ( сл.4)

Слика 4. Заоблување на четкичка

Колекторот се чисти со рапава хартијана тој начин што од дрво (сл. 5) ке се


направи заоблување како кај колекторот и под него ке се стави рапава хартија со
рапавата страна према колекторот. Чистењето се врши на дребонг.
После тоа целиот ротор со колекторот се издувува на компресор
или со рачна пумпа (сл.6)
Ремонт на електрични машини Новица Ѓорѓевски

Слика 5. Чистење на Слика 6. Рачна пумпа за издувување на колектор


колектор

Ако четкичките стојат вертикално на колекторот (сл.7), машината може да


работи и со десена и со лева насока на вртење. Ако четкичките стојатпод агол на
колекторот (сл. 8), машината има само една насока на вртење, означена на
шината.

Слика 7. Вертикална поставеност


на четкици над колекторот

Слика 8. Поставеност на четкици над


колекторот под агол

Четкичките мора да легаат над колекторот под константен притисок.


Нечистиот и прашинливиот колектор треба да се чисти, а по потреба да се испере
и со бензин. Темната боја која настанува на колекторот за време на работа го
штити колекторот од оксидација и трошење, па не треба да се чисти. Освен
одржување на самата машина, потребно е редовно да се одржува и приборот,
прекинувачите, склопките, регулаторите на напон. Пуштачите треба редовно да се
прегледуваат и оштетените делови да се заменат.
Ремонт на електрични машини Новица Ѓорѓевски

3. Потреба од испитување на моторите за еднонасочна струја


пред започнување на нивна поправка

Како што кажавме и претходно, како и кај сите машини, така и кај
еднонасочните машини се вршат испитувања. Онаа што е особено битно е дека
пред да се започне со поправка на машината мора да се направи нејзино
испитување. Врз основа на таквото изведено испитување заклучуваме дали е
потребна нејзина поправка или не. Се испитува: магнетното коло на машината,
изолацијата на намотките, изолацијата меѓу намотките и магнетното коло на
машината, балансирање и слично, т.е. испитување на механичкиот и
електричниот дел на машината.
Кога станува збор за механички испитувања, се врши испитување на
лежиштата на роторот. Доколку се покаже дака лежиштата се прегреани тогаш
мора да се интервенира, односно да се отворат лежиштата, да се сменат
лагерите или да се подмачкаат ако е потребно. Се проверува оската на роторот,
дали роторот симетрично врти. Доколку се примети дака оската е ексцентрична се
врши балансирање на роторот. Кога се испитува електричниот дел на машината
воглавно се испитуваат намотките на машината и комутаторот. Се испитува
изолацијата на намотката на статорот, изолацијата помеѓу намотката и
магнетното коло на статорот. Доколку се утврди неисправност се заменува со
нова. Се испитува изолацијата на намотката на роторот при што се утврдува
нејзина исправност. Се проверува изолацијата помеѓу ламелите на комутаторот
со цел да не дошло до пробив на ламелите, се испитуваат четкичките и нивната
исправност.
Откако се извршени сите испитувања, утврдена одредена состојба на
машинината , се пристапува кон нејзина поправка.

4. Редоследноста на чекорите за расклопување на моторите за


еднонасочна струја

При размонтирање и монтирање на електричните машини, чистење и


подмачкување како и при премотување , мора да им се обрне големо внимание.
При размонтирањето на електричната машина, потребно е статорот и капаците
првин да се обележат со боја, за да при составувањето веднаш знаеме од која
страна треба да се стави капакот ( сл.9 )
Ремонт на електрични машини Новица Ѓорѓевски

Слика 9. Обележување со боја на статорот и капаците

Потребно е да се обележи, односно запомни од која страна на разводната


кутија на машината се наоѓа ременот. Пред да се започне со расклопување
обавезно треба да се препишат сите податоци од натписната плочка ( сл.10 ).
Завртките треба да се одвртуваат само со клучеви а не со клешти ( сл.9 ).
Завртките од капаците ги ставаме во една кутија, завртките од капаците на
лежиштата во друга кутија, а завртките од приклучната кутија во трета кутија и
така по ред, сите во посебни кутии за да при монтирање да не дојде до погрешно
шпоставување на завртките ( сл.10 )

Слика 10. Вадење на податоци и редослед на вадење на завртки


Ремонт на електрични машини Новица Ѓорѓевски

Ако така постапиме при составување на електричната машина нема да имаме


никакви потешкотии.

Ременот, запчаниците и и лежиштата треба треба да се вадат со специјален


алат за вадење, а никако со чекан и секач. За демонтирање на ременицата и
запчаникот се користи посебен алат, т.н. радапцигер. ( сл.11 ).

Слика 11. Вадење на ременицата и роторот со радапцигер

При вадење на капаците треба да се служиме со дрвен или оловен чекан, а


никако со метален ( сл.12 ).

Слика 12. Размонтирање и монтирање на капаците и ремениците

При составување на машината особено внимание треба да се обрне на


лежиштата. После расклопување на машината лежиштата треба да се исперат со
бензин или бензол. Кај лежиштата мора да се одржува наголема чистота.
Ремонт на електрични машини Новица Ѓорѓевски

Подмачкувањето се врши со маст при што мора да се подмачка 2/3 од слободниот


простор. Кога подмачкувањето се изведува со масло нивото на маслото не смее
да надмине половина од најниската кугличка. Преголемо полнење со маст или
масло може да доведе до прегревање на лежиштата. При вадење и набивање на
лежиштата се употребува посебен алат.После подмачкувањето лежиштата
обавезно се проверуваат на загревање. Прекумерното загревање може да
настане од премногу маст или масло за подмачкување, нечистотија во лежиштата.
Новите лежаи кои што се монтираат треба да бидат затворени во кутија и да се
отворат на лице место пред да се монтираат за да не се наполнат со нечистотија.
Пред монтирање лежиштата се загреваат во масло на 80ºС. Кога се составуваат
еднонасочните машинин повторно треба да се употреби дрвен чекан и клучеви.
Набивањето на ременицата се одвива према слика 13,

Слика 13. Принцип на набавивање


ременица со соодветен алат

После составување машината се поставува на четири гуми, се пушта во


работа и со помош на метална слушалица се испитуваат шумовите и пиштењето.
Шумењето и пиштењето настануваат кога лежиштата се истрошени, неправилно
набивање на прстенот или неодговарачко заоблување на осовината ( сл.14 ).
Ремонт на електрични машини Новица Ѓорѓевски

Слика 14. Проверка после монтирање

You might also like