P. 1
54258986-Strategija-Za-Razvoj-Na-Turizmot-2009-2013-2

54258986-Strategija-Za-Razvoj-Na-Turizmot-2009-2013-2

|Views: 1,709|Likes:
Published by eftimova_elizabeta

More info:

Published by: eftimova_elizabeta on Jul 02, 2011
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

04/01/2013

pdf

text

original

Sections

  • Вовед
  • Извршно резиме
  • Визија за македонскиот туризам
  • Туристичкиот производ на Македонија
  • Перформанси на туризмот во Македонија
  • Перформанси на регионалните конкуренти на Македонија
  • Идни цели за извршување во Македонија
  • Резиме на акцискиот план за исполнување на целите
  • Заклучен акциски план
  • ДЕЛ 1
  • ДЕЛ 2
  • Тековни перформанси
  • 1. Туристички производи и услуги
  • 2. Пристап и инфраструктура
  • 3. Влијанија врз животната средина
  • 4. Пазари и Маркетинг
  • 5. Влијанието врз економијата и инвестициска клима
  • 6. Човечки ресурси
  • 7. Организација и управување на туризмот
  • 8. Анализа на предностите, недостатоците, можностите и заканите (SWOT - Анализа)
  • ДЕЛ 3
  • Идни планови – стратегиски насоки
  • 9. Туристички производи и услуги - Препораки за развој
  • 10. Пристап и инфраструктура
  • 11. Животна средина
  • 12. Маркетинг и цели на остварување пораст
  • 13. Стратегија за економски развој на туризмот и инвестиции
  • 14. Развој на човечките ресурси
  • 15. Управување и организација на туризмот
  • 16. Подигнување на јавната свест за туризмот
  • План на активности 2009- 2013
  • Додаток: Избрани примери на најдобро користени практики
  • 2. Организациски структури: Случај на Република Чешка
  • 5. Будимпешта: Стратегија за туризмот во иднина

Република Македонија

Влада на Република Македонија










Национална стратегија за развој на
туризмот 2009 - 2013












Овој документ е резултат на проектот “Подготовка на Национална стратегија за
развој на туризмот 2009-2013“, имплеметиран од страна на Министерството за
економија




Дата на издавање: Јуни 2009

Главен автор: Џим Фланери, Планер за туризам
Учесници: Џим Флечер, Економија и туризам
Ричард Бачелор, Маркетинг планер
Драган Поп-Стојанов, Консултант при финализирањето на
стратегијата
Љупчо Димовски, Консултант за туристички производи
Александар Ивановски, Консултант за животна средина
Кокан Грчев, Консултант за култура
Дори Павловска Георгиевска, Консултант за економија
Васко Бошевски, Консултант за развој на човечки ресурси
Зоран Тунтев, Консултант за инфраструктура

Раководител на
изданието:

Дејан Рајчановски, Раководител на проектот

Координација и
поддршка:
Г-н Фатмир Бесими, Министер за Економија
Г-н Методиј Хаџи-Васков, Заменик Министер
Г-ѓа Катерина Костеска, Државен Секретар
Г-н Шовкет Хазари, Државен Советник
Г-н Зоран Николовски, Раководител на Сектор






Република Македонија
Влада на Република Македонија








Национална стратегија за развој на
туризмот 2009 - 2013












Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

Содржина:

Вовед.............................................................................................................. 1
Извршно резиме ........................................................................................... 3
Визија за македонскиот туризам ............................................................... 3
Туристичкиот производ на Македонија ..................................................... 3
Перформанси на туризмот во Македонија ............................................... 4
Перформанси на регионалните конкуренти на Македонија .................... 8
Идни цели за извршување во Македонија .............................................. 10
Резиме на акцискиот план за исполнување на целите .......................... 15
Заклучен акциски план ............................................................................. 16
ДЕЛ 1 ............................................................................................................ 20
Визија за македонскиот туризам ............................................................. 20
ДЕЛ 2 ............................................................................................................ 21
Тековни перформанси .............................................................................. 21
1. Туристички производи и услуги ........................................................ 21
2. Пристап и инфраструктура ............................................................... 51
3. Влијанија врз животната средина .................................................... 73
4. Пазари и Маркетинг .......................................................................... 83
5. Влијанието врз економијата и инвестициска клима ..................... 103
6. Човечки ресурси .............................................................................. 123
7. Организација и управување на туризмот ...................................... 141
8. Анализа на предностите, недостатоците, можностите и заканите
(SWOT - Анализа) ............................................................................... 152
ДЕЛ 3 .......................................................................................................... 154
Идни планови – стратегиски насоки ...................................................... 154
9. Туристички производи и услуги - Препораки за развој .............. 154
10. Пристап и инфраструктура ........................................................... 170
11. Животна средина .......................................................................... 160
12. Маркетинг и цели на остварување пораст .................................. 173
13. Стратегија за економски развој на туризмот и инвестиции ....... 196
14. Развој на човечките ресурси ........................................................ 208
15. Управување и организација на туризмот .................................... 221
16. Подигнување на јавната свест за туризмот ................................ 244
Дел 4 ........................................................................................................... 246
План на активности 2009- 2013 ............................................................. 247
Дијаграм на активности .............................. Error! Bookmark not defined.
Додаток: Избрани примери на најдобро користени практики .............. 268
1. Организација и само - организација на руралниот туризам на
национални, регионални и локални нивоа во Унгарија .................... 268
2. Организациски структури: Случај на Република Чешка .............. 274
3. Антрек - искуство во промовирање на романскиот рурален
туризам. Потреба од маркетинг и воспоставување на мрежа ......... 281
5. Будимпешта: Стратегија за туризмот во иднина ........................ 297
6. Подмладување на јавните атракции. Што може да направи
Владата? Примерот на Австрија ........................................................... 303



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

1 -1 | С т р а н а

Стратегија за развој на туризмот во Република Македонија
2009-2013

Вовед

Владата на Република Македонија го идентификуваше туризмот, заедно со
земјоделството, како приоритетен сектор за развој. Во 2003 година беше
изготвена “Глобалната студија за туризмот во Република Македонија“ од страна
на Француската компанија Луј Берже, но истата не беше имплементирана. Оваа
нова развојната стратегија за туризмот за 2009-2013 има за цел да им ја
обезбеди рамката и неопходната доверба на постојните актери, странските и
домашните инвеститори, како и на меѓународните донаторски агенции, да му се
посветат на туризмот во Република Македонија.
Креираната рамка и изразената доверба ќе се раководи од „Визијата за
македонскиот туризам“ и до 2013 ќе изгради имиџ на препознатлива европска
дестинација за туризам, базиран на културното и природното наследство и ќе
биде препознатлива по производите и услугите чувствителни за животната
средина и одржливи со висок квалитет, кои се на ниво на најдобрите светските
искуства.

Република Македонија располага со богати природни, историски, културни и
туристички добра. Македонија е сè уште речиси недопрена во својата
единствена убавина и разновидноста на езерата, високите планини, шумите,
реките, изворите како и многуте културни споменици и археолошки наоѓалишта,
кои претставуваат одраз на местото каде што Свети Павле го донесе
христијанството во Европа и каде што разните антички народи, старите Грци,
Римјани, Илири и Отоманските Турци оставиле свои белези.

Република Македонија е мала земја без излез на море, која се простира на
површина од 25.713 километри квадратни и со население од нешто повеќе од
два милиона жители. Македонија се наоѓа во јужниот дел на Балканскиот
полуостров и се граничи со Албанија, Грција, Бугарија, Косово и со Србија. По
распадот на Југославија, Македонија од република во составот на
федерацијата стана целосно самостојна и суверена држава.

Македонија има разновидна топографија, со ридишта, падини, планини, реки,
големи и мали езера и бањи. Позната е и по својата биолошка разновидност.
Речиси половина од нејзината територија е земјоделска површина, а нешто
повеќе од една третина е покриена со шуми.

Главен град е Скопје, кој се наоѓа во северниот дел од државата. Градот Охрид
(заштитен од УНЕСКО како дел од светското наследство) со Охридското Езеро
е најпознатото туристичко место во земјата. Други поголеми градови се
Битола, Куманово, Прилеп, Тетово.

Република Македонија има отворена економија, со надворешно-трговска
размена која покрива 90 проценти од БДП. Иако е чувствителна на
надворешните фактори, таа е веќе политички и економски стабилна држава.

По прогласувањето на независноста, Македонија се соочи со економска криза,
меѓутоа економијата почна повторно да расте во 1996 година. Стапката на
развој во 2005 година изнесува околу 8%. БДП по глава на жител е 2.550 евра.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

2 -2 | С т р а н а

Инфлацијата е ниска, нешто над 2%, додека националната валута - денарот, е
врзана за еврото и е стабилна. Сепак, невработеноста официјално се наоѓа на
неприфатливо високо ниво од 36%.

Бројот на странските туристи, врз основа на регистрираните ноќевања, е
драстично зголемен во последните неколку години по решавањето на некои од
регионалните проблеми. Така, од 99.000 ноќевања во 2001 година тој број е
зголемен на 254.957 ноќевања во 2008 година. Во истиот период, домашниот
туризам, исто така, се зголеми за речиси 50 % - од 234.000 на 350.000
ноќевања.
Врз основа на статистиката која се однесува на преминувањето граница,
вкупниот број на странски туристички посети во 2006 година се проценува
помеѓу 930.000 и 1.020.000.

По обем, главниот извор на туристи се Србија, Грција, Бугарија и Албанија.
Туризмот не е еднакво распределен низ целата држава, туку е главно
концентриран на неколку места, како што се Охридското Езеро и Скопје.

Климата е континентална со медитерански влијанија, што ја прави земјата
привлечна како за зимски така и за летен туризам. Со подобрена
инфраструктура и соодветно претставување на своите разновидни туристички
атракции, Македонија може да биде мошне привлечна за пребирливите
туристи.

Земјата доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ во декември 2005.
Таа ќе се квалификува за помош согласно Инструментот за пред-пристапна
помош (ИПА) во 2007-2008 година. Стратегијата за развој на туризмот, покрај
тоа што ќе претставува еден вид водич за Владата, странските и домашните
инвестиции, ќе овозможи и распределба на ИПА фондовите во областа на
туризмот на најефикасен начин.



Скопје,

Април 2009


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

3 -3 | С т р а н а

Извршно резиме

Визија за македонскиот туризам

Република Македонија до 2013 ќе изгради имиџ на препознатлива европска
дестинација за туризам, базиран на културното и природното наследство и ќе
биде препознатлива по производите и услугите чувствителни за животната
средина и одржливи со висок квалитет, кои се на ниво на најдобрите светските
искуства.


Туристичкиот производ на Македонија

Туристичкиот производ на Македонија претставува богата комбинација од
културно и природно наследство, што се карактеризира со широко пространи
пејсажи од езера и планински глетки, многу од кои поседуваат релативна
одалеченост и мир кој ретко може да се најде во светот од 21-от век. Исто така,
Македонија била крстосница со милениуми, бидејќи луѓето и армиите се
движеле вдолж и попреку целата земја, носејќи со себе различни култури и
духовни верувања и оставајќи доказ за своето поминување за идните
генерации да уживаат. Римјаните ги изградиле првите примитивни патишта,
некои од кои се надоврзуваат на Европскиот пат Е-75 кој го поврзува Брисел со
Атина, но Македонија и покрај историската и стратегиската важност се уште е
релативно непозната.

Највисоко ценетата и глобално важна карактеристика на Македонија под
заштита на светската организација УНЕСКО која ги инкорпорира Охридското
Езеро и езерскиот град Охрид, комбинација од ретко научно, културно и
еколошко значење, што на многу начини ја претставува самата основа на
туристичкиот производ на Македонија. Езерото е едно од најстарите во светот и
се споредува во Бајкалското Езеро во Русија и езерото Титикака во
Перу/Боливија, додека градот со својата средновековна архитектура и план на
улиците оригинално бил неолитска населба, која сега преставува најдолго
постојано населено место што датира од пред 7000 години.

Во областа околу езерото има многу атрактивни села, цркви, манастири и свети
места, како и Националниот парк Галичица, кој е еден од трите главни
национални паркови во Македонија и, поради ова, леснотијата со која еден
посетител може да ужива во бројните карактеристики на културното и
природното богатство на многу посебни локации низ земјата е очигледна на ова
место.

Ширум земјата се пронајдени неколку главни примери на свето и духовно
изградено богатство од неолитот па низ грчкиот, римскиот и отоманскиот
период до понеодамнешни времиња, вклучувајќи ја неолитската опсерваторија
Кокино во Куманово, античката тврдина Кале во Скопје, античкиот град на
Хераклеа Линкестис од 4-от век пред н.е. во Битола, aнтичкиот театар од 2-от
век пред н.е. во Стоби, Римскиот амфитеатар во Битола, тврдина од 10-от век
во Охрид, манастирот Бигорски и фреските од 11-от век во Дебар, манастирот


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

4 -4 | С т р а н а

Трескавец од 13-от век и фреските кај Прилеп, Јаја Паша и Алаџа џамијата од
раниот 16-ти век кај Скопје и Тетово и старата Турска чаршија во Скопје.

Трите национални паркови Галичица, Маврово и Пелистер штитат богата и
ретка флора и фауна и спектакуларни природни пејсажи во кои истите се
лоцирани, но, исто така, нудат и голем број можности за рурален и
авантуристички туризам, вклучувајќи и спортски активности од посебен интерес
како лов, риболов, скијање, пешачење, планинареше, истражување на пештери,
јавање на коњ и велосипедизам/планински велосипедизам.


Активности во Еко туризмот и руралниот туризам се исто така достапни на
многу локации надвор од Националните паркови каде се основани креативни
мали бизниси во меѓусебна соработка во областите на сместување,
исхрана/пијалоци, ракотворби, тури со водич и спортски активности, како што е
примерот со еко туризмот во селото Брајчино. Развојот на винскиот туризам и
туризмот со храна и духовни/манастирски тематски маршути кои ги
комбинираат овие посебни интереси со сместување, оброци, и тури со водич
дополнително го развива туристичкиот производ во земјата.

Народниот фолклор и традиционалните ракотворби и занаетчиство се високо
ценети во Македонија и преставуваат важна димензија на националната
култура, во која може да уживаат посетителите на бројни фестивали, концерти
и изложби во текот на целата година. Македонија, исто така, го обележува
споменот на бројните историски и културни личности, чии животи и дела се
слават во музеите, јавните објекти и споменици, вклучувајќи ја статуата во
Скопје на светски познатата хуманитарка родена во Македонија, Мајка Тереза.


Перформанси на туризмот во Македонија

Пристигнувања и Ноќевања на странски и домашни гости

Во 2000 година, пазарот на македонскиот туризам достигна висока стапка на
пораст како за странските така и за домашните посетители која за жал веќе
следната 2001 година доживеа вистински колапс од 50% намалување согласно
немилите настани. Вистинско надминување на лошата туристичка година беше
забележано во наредната 2002 година кога воедно беше и забележан тренд на
зголемување на бројот на странските посетители како што е прикажано во
Табела 1, (пристигнување на гости) и Табела 2, (Ноќевања на гости) подолу, кој
во 2007 за прв пат ги достигна резултатите кои беа забележани во 2000 година.

Табела 1: Странски гости во регистрираните сместувачки капацитети 2000-2008
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008
Регистрир
ани
сместувачк
и
капацитети
224,016 98,946 122,861 157,692 165,306 197,216 202,357 230,080

254,957

Годишен
пораст %
23.9 -55.8 24.2 28.3 4.8 19.3 2.6 13.7 10.8
Извор: Статистички Годишник на ДЗС, 2007 и Изданија за печатот на ДЗС, 09.02.2009


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

5 -5 | С т р а н а



Табела 2: Ноќевања на странски гости во регистрираните сместувачки капацитети
2000-2008
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008
Ноќева
ња 493,867
212,751 274,720 346,200 360,589 442,988 442,845 518,088
587,447
Годише
н
пораст
%
4.1 -56.9 29.1 26.0 4.2 22.8 -.03 17.0 13.4
Извор: Статистички Годишник на ДЗС, 2007 и Изданија за печатот на ДЗС, 09.02.2009


Домашниот пазар не успеа да го прати соодветно трендот на пораст кој беше
наметнат од страна на странскиот пазар, доживувајќи дополнителни
намалувања и оттука, стапките на пораст се во опаѓање. Сепак, од бројките за
2008 прикажани во Табелите 3 и 4 подолу, јасно е дека иако е постигнато
подобрување на состојбата од 2002 наваму, бројките се сепак под резултатите
од 2000.

Табела 3: Домашни гости во регистрираните сместувачки капацитети 2000-2008


2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008
Регистрира
ни
сместувачк
и
капацитети
408,507 234,362 318,851 325,459 299,709 312,490 297,116 306,132 350,363
Годишен
пораст %
10.7 -42.6 36.1 2.1 -7.9 4.3 -4.9 3.0 14.4
Извор: Статистички Годишник на ДЗС, 2007 и Изданија за печатот на ДЗС, 09.02.2009
Табела 4: Ноќевања на домашни гости во регистрираните сместувачки капацитети
2000-2008

2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008
Ноќева
ња
1,940,772 1,041,831 1,575,664 1,660,667 1,504,845 1,527,053 1,474,550 1,501,624 1,648,073
Годише
н пораст
%
5.5 -46.3 51.2 5.4 -9.4 1.5 3.4 1.8 9.8
Извор: Статистички Годишник на ДЗС, 2007 и Изданија за печатот на ДЗС, 09.02.2009


Компаративната сила на пазарот на странски посетители несомнено е резултат
на потребата поврзана со деловното работење а ова е евидентно од
повообичаената униформирана шема на сезонско работење на овој пазар која
се задржува во текот на годината додека шемата на потребата на домашните
посетители демонстрира драматичен пораст во текот на традиционалните
месеци за одмор односно јули и август што претставува речиси 85% од
годишните регистрации на престој и преноќувања.

Анкета спроведена од Владата на граничен премин во 2004 (и досега не е
повторена) откри дека Скопје е дестинација за речиси 50% од странските
посетители следен од Битола и Охрид со околу 15% по секој град а во исто


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

6 -6 | С т р а н а

време многу јасно е дека за домашниот пазар, традиционалните летни
атракции во Охрид го прават главна дестинација за престој.

Главни националности на меѓународните гости

Главните изворни пазари на странски гости (врвните четири најзначајни пазари)
за Македонија во 2007 (последни расположливи податоци за земјата)
прикажани во Табела 5 подолу и тоа се непосредните соседи, односно Србија-
Црна Гора-Косово, Грција, Бугарија и Албанија (по тој редослед), кои
учествуваат со речиси 48 проценти од регистрациите на странски гости
(пристигнувања) и 49 проценти од Ноќевања. Србија-Црна Гора-Косово и Грција
отсекогаш биле водечките националности.

Табела 5: Меѓународни пристигнувања и ноќевања од врвните пазари на гости,
2007
Земја на потекло Пристигнувања Ноќевања
Бројки % Бројки %
Србија-Црна Гора-Kосово* 44,661 19.4 116,909 22.6
Грција 28,618 12.4 58,525 11.3
Бугарија 18,901 8.2 37,246 7.2
Албанија 17,573 7.6 39,831 7.6
Останатиот дел од светот 120,327 52.4 265,577 51.3
ВКУПНО 230,080 100.0 518,088 100.0
Извор: ДЗС, Туризмот во Република Македонија, 2003 до 2007
*нема поединачни податоци

Вредноста на Туризмот

Недостатокот на податоци достапни од туристичкиот сектор е посебно изразит
при обидот да се изврши анализа на финансиската и економската корист од
туризмот. Постоечката индустриска класификација користена за
категоризирање и средување на податоците се неадекватни и истите бараат
користење на податоци кои можат лесно да се идентификуваат а кои се
однесуваат пред се на секторите холелиерство и ресторани како замена за
пошироката туристичка индустрија што во голема мерка резултира со
несомнено намалување на прикажаниот бенефит од овој секторот туризам.

Недостатокот на податоци кои се достапни за туристичкиот сектор особено е
нагласен кога се обидуваме да ја анализираме финансиската и економската
вредност на туризмот. Постојните индустриски класификации кои се користат
да се категоризираат и сортираат податоците се несоодветни за да се
почувствува вистинскиот дух на секторот и ова бара користење на податоци кои
лесно се идентификуваат за хотелскиот и ресторанскиот сектор како застапник
за пошироката туристичка индустрија, и како резултат ова секако недоволно го
претставува обртот/вредноста на секторот.

Слично, иако податоците за приливите на девизен курс добиени од патничките
сметки во рамките на секторот за услуги од состојбата на плаќање ги покриваат
трансакциите со девизен курс извршувани од странски посетители, речиси е
сигурно дека исто така ќе вклучат и слични трансакции на македонските граѓани
за цели кои не се поврзани со туристичкиот сектор (можеби македонски
државјани кои живеат во прекуокеанските земји испраќаат или вршат уплати во
странска валута во Македонија) и поради ова користењето на овие податоци
како застапување за придонесот на странските туристи кон вкупните приливи на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

7 -7 | С т р а н а

девизен курс речиси сигурно претставува поголема вредност од вредноста на
овој индикатор.

Во отсуство на анкети за трошоците и закупеност на сместувачките капацитети
и пред развојот и воведот на Туристичката сателитска сметка, секое оценување
на вредноста на туризмот за економијата единствено може да биде широко
индикативно. Поради ова иако е јасно дека странските посетители особено
оние кои престојуваат во регистрирани сместувачки капацитети го предводат
зголемувањето на вредноста и придонесот на туризмот за економијата како
резултат на поздрав пораст а нивната многу поголема куповна моќ споредена
со домашниот пазар кој во голема мера е сезонски, побавно расте и со послаба
куповна моќ, многу е тешко да се идентификувај точна вредност за севкупниот
придонес на туризмот за БДП.

Табелите 6 и 7 (последните расположливи податоци во секоја Табела) подолу
покажуваат пораст од година в година на девизни приливи во туризмот и пораст
од година в година на обртот во хотелскиот и ресторанскиот сектор соодветно,
додека Табела 8 ги претставува истите податоци, но ги изразува како процент
од националниот БДП за истите тие години. Она што табела 8 го покажува е
дека онаму каде што постои пораст во апсолутна смисла, истиот е присутен и
во девизните приливи и обртот во хотелскиот и ресторанскиот сектор, а овој
пораст како процент од БДП е прогресивен во однос на девизните приливи, но,
во најдобар случај, статичен во хотелскиот и ресторанскиот сектор. Како
надополнување и имајќи ги предвид коментарите во пасусот погоре за
тешкотиите во оценување на придонесот на туристичкиот сектор кон
Македонската државна економија (БДП), изгледа дека овој придонес се наоѓа
некаде помеѓу бројките прикажани за овие два индикатори, односно некаде
помеѓу 1.7 проценти и 2.7 проценти од БДП.

Табела 6: Приливи на девизи од странски туристи 2003 - 2008
2003 2004 2005 2006 2007 2008
Заработка
(ЕУР
милиони )
49.9 57.9 72.3 102.4 134.9 166.9
Годишен
пораст %
- 16.0 24.9 41.6 31.7 23.7
Извор: Народна Банка на Македонија, 2008 и март 2009

Табела 7: Обрт во хотелскиот и ресторанскиот сектор 2003 - 2007
2003 2004 2005 2006 2007
Приходи
(ЕУР
милиони )
72.3 77.0 82.5 84.9 96.9
Годишен
пораст %
- 6.5 7.1 2.9 14.1
Извор: Државен завод за статистика 2008

Табела 8: Придонес кон БДП од девизен прилив и хотели/ресторани 2003-2008
2003 2004 2005 2006 2007 2008
Проценет БДП
(ЕУР милиони)
4,110 4,335 4,684 5,097 5,800 6,090*
Девизен курс
(ЕУР милиони )
49.9 57.9 72.3 102.4

134.9

166.9
Девизен курс 1.2 1.3 1.5 2.0 2.3 2.7


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

8 -8 | С т р а н а

како % од БДП
Обрт во хотели
и ресторани
(ЕУР милиони)
72.3 77.0 82.5 84.9 96.9 N/A
Заработка на
хотели и
ресторани како
% од БДП
1.8 1.8 1.8 1.7 1.7 N/A
Извор: Државен завод за статистика 2008 и Народна Банка на Македонија
*Проценка заснована на претпоставени 5% пораст во 2008 во споредба со 2007


Вработување во Туризмот

Табелата 9 подолу прави споредба помеѓу експанзијата на вработување во
хотелскиот и ресторанскиот сектор и експанзијата на севкупното работно
население и покажува постојан пораст на двете бројки и на процентот на
националната работна сила вработена во хотелскиот и ресторанскиот сектор.
Исто така, може да се забележи дека вработувањето во туристичкиот сектор
(хотели и ресторани), всушност, расте побрзо отколку во економијата во целост
- речиси двојно меѓу 2003 и 2007, споредено со само 8 проценти пораст на
пошироката економија, земено во целост во истиот период.

Табела 9: Учество на вработување во хотелскиот и ресторанскиот сектор во
севкупното работно население 2003-2007
2003 2004 2005 2006 2007
Севкупното
работно население
545,108 522,995 545,253 570,404 590,234
Вработување во
хотелскиот и
ресторанскиот
сектор
9,880 12,672 13,558 19,034 18,995
Вработување во
хотелскиот и
ресторанскиот
сектор во % од
севкупното
работно население
1.8 2.4 2.5 3.3 3.2
% раст на
севкупното
работно население
-2.9 -4.1 4.3 4.6 3.5
Извор: Завод за статистика, 2008

Перформанси на регионалните конкуренти на Македонија

Корисно е да ја гледаме Македонија и нејзиниот туристички производ во
контекст на избор помеѓу регионалните соседи и конкуренти. Покрај фактот
дека постои разновидност во смисла на големина, ниво на економски развој и
разноликост на основниот туристички производ претставен од избраните
народи, тие сепак нудат конструктивна гледна точка за разгледување на тоа
како македонската економија и туристичкиот сектор се споредливи со другите
во моментот додека во исто време нудат одредени правец на
аспирации/инспирации за иднината.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

9 -9 | С т р а н а

Табелите 10 и 11 подолу се поделени помеѓу основни економски/туристички
индикатори и водечките туристички производи за споредба за појаснување на
разбирањето. Главните економски и туристички индикатори во Табела 10 се
добиени од годишниот собир на СТО на ОН за Тенденции на туристичкиот
пазар (ТТП), издание за Европа, што претставува прецизен збир од
компаративни податоци за цели на истражување и анализи.

Табела 10: Некои основни економски и туристички индикатори за споредба
Земја

Основни економски и туристички индикатори за споредба
површ
ина км
квадр
атен
„000
Насел
ение
милио
ни
БДП
Евра
милиј
арда
2006
БДП
%Cap
Евра
2006
БДП%
порас
т
2007
Инд.н
оќева
ња,
милио
ни
2006
Инд.ту
ри
ноќи
милио
ни
2006
Инд.п
риход
од
тури
евра
милио
ни
2006
Инд.
Приход од
тури како
% од БДП
2006
Албанија 29 3.2 7.26 2,303 6.0 0.06 0.13 805 11.1
Австрија 84 8.3 257.90 31,212 3.4 20.3 62.8 13,255 5.1
Бугарија 111 7.7 25.24 3,281 6.2 5.2 11.8 2,061 8.2
Реп.Чешка 79 10.3 113.90 11,095 6.5 6.4 17.0 4,396 3.9
Унгарија 93 10.1 89.93 8,925 1.3 9.3 8.5 3,371 3.8
Македонија 26 2.0 5.10 2,550 5.1 0.2 0.44 102 2.0
Романија 238 21.6 97.68 4,514 6.0 1.4 3.2 1,034 1.1
Србија 88 7.4 25.31 3,402 7.3 0.5 0.9 317 1.3
Словенија 20 2.0 30.45 15,149 6.1 1.6 3.4 1,425 4.7
Извор: СТО ОН, ТТП 2007 издание

Во однос на просторната големина и бројот на жители, Македонија се
споредува директно со Албанија и Словенија, но, во однос на повеќето други
индикатори, Македонија е рангирана како последна или како претпоследна.
Албанија и Македонија, соодветно, имаат најнизок број на странски
пристигнувања или се на претпоследното место во однос на бројот на странски
пристигнувања, но се чини дека Албанија генерира неколку пати повеќе од
нивото на заработка од девизни приливи од странските пристигнувања во
споредба со Македонија, чија заработка е на најниско ниво од сите споредени
земји. БДП по глава на жител е најниско во Албанија, но е не многу повисок во
Македонија, додека Словенија има БДП по глава на жител за речиси шест пати
повисок од оној во Македонија.

Прилично е јасно дека оттука обемот и вредноста на македонскиот туризам се
на најниско ниво од споредбениот опсег претставен овде, што демонстрира
дека Македонија заостанува пред конкурентите од регионот; сепак тоа, исто
така, демонстрира дека постои значајна можност да се достигне тој напредок
остварен од соседите, а стратегијата на туризмот е спроведена со цел тој
процес да се забрза.

Табелата 11, која ги споредува водечките национални туристички производи на
овие земји, е подготвена за нивните веб страници за организација на
националниот туризам и ја дефинира насоката и фокусот на категории на избор
на водечки национален производ, кои ги идентификувале првите три производи
во секоја земја. Македонија со ова е во директна конкуренција со Албанија,
Австрија, Романија и Србија во однос на туризмот поврзан со културното
наследство, со Албанија и Србија во однос на планинскиот и руралниот
туризам и со Албанија и Бугарија во однос на морскиот/езерскиот туризам.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

10 -10 | С т р а н а



Табела 11: Водечки национални туристички производи за споредба
Земја Водечки национални туристички производи за споредба
Плаж
а
/Езер
о
Почивк
а во
град
Конференци
ја
Културн
о /
Богатств
о
Планин
а
/
руралн
о
Бањи /
Здравств
о
Скијање
/
Спортов
и
Албанија * * *
Австрија * * *
Бугарија * * *
Реп.Чешка * * *
Унгарија * * *
Македониј
а
* * *
Романија * * *
Србија * * *
Словенија * * *
Извор: веб страници за национални туристички организации

Овие споредби се своевиден индикатор, бидејќи летниот туризам во
Македонија е езерски, а не морски туризам како во Албанија и Бугарија, додека
Романија и Словенија, исто така, располагаат со ресурси за планински и
рурален туризам кој може да се натпреварува директно со оној во Македонија.

Одреден број на примери од случај студии на најдобрата пракса следени во
развојот на неколку од категориите на националните туристички производи
идентификувани во Табела 11 погоре, може да се најдат во посебен Додаток на
крајот на овој документ.


Идни цели за извршување во Македонија

Успехот на Стратегијата за развој прво и најважно е што може да се следи до
степен колку е имплементиран Акциониот План и може да се оцени до степен
до кој „критериумите за успех“ идентификувани за секоја активност во рамките
на Планот се постигнати. Акциониот план со детална листа на „критериуми за
успех“ може да се најде подолу во Дел 4 од овој извештај.

Дополнително, и неоспорно многу појасно и поедноставно, најјасните знаци за
напредок резултираат од имплементација на Стратегијата за развој ќе се најдат
во изведбата на неколку клучни статистички индикатори и нивните цели кои се
наведени во Дел 12, Маркетинг и Цели за раст, и Дел 13 Развој на економијата
и инвестициска стратегија, во рамките на Дел 3 од овој извештај. Овие основни
статистички индикатори и нивните цели се, исто така, претставени во Табелите
од 12 до 18 подолу, коишто го прикажуваат обемот и вредноста на посети на
домашни и странски гости, заедно со проценка на нивниот заеднички придонес
кон БДП.

Сепак, мора да се напомене дека слабостите на постојните податоци кои се
достапни за туристичкиот сектор наметнуваат одредени препреки врз
анализите кои може да се спроведуваат во однос на нив а активностите кои се


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

11 -11 | С т р а н а

преземаат за да се справиме со ова статистичко прашање се опишани во Дел 4
од оваа Стратегија, Акционен План. Како надополнување, во продолжение
мора да забележиме дека временски хоризонт од пет години е особено краток
период за да се видат придобивките од Стратегијата за развој бидејќи
временските распони помеѓу имплементацијата на многу активности
(вклучувајќи ги и тие од маркетиншка природа) и реализацијата на резултатите
може лесно да заземе две до три години, згора на тоа додавајќи го сегашниот
светски економски пад чие влијание може да се почувствува во следните две
години.


Цели- Странски посетители

Регистрациите на странските посетители во сместувачки капацитети дури во
2007 го достигнаа (и надминаа) нивото од 2000, зголемено за 14% пораст во
2007. Ова неодамнешно заздравување се одржуваше со солиден раст од 10,8%
во 2008 и покрај неповолната меѓународна економска состојба, која започнува
да влијае врз одлуките за патување.


Во поглед на неодамнешните силни изведби во 2007 и 2008 и во признавањето
на значењето кое ќе го има меѓународното економско забавување во наредните
две години (и имајќи го предвид тековното ниско ниво на промотивна активност
на Македонија на странските пазари, особено кога има зголемен публицитет од
конкурентските дестинации како на пример Србија, Црна Гора и Бугарија), се
смета прогнозата за просечен годишен раст од 5-8% е разумна. Сепак, под
услов преструктуирањето и координацијата на маркетинг активностите
препорачани во оваа стратегија да се имплементираат веднаш, порастот би се
зголемил како што пошироката економска клима ќе зајакне од 2011,
достигнувајќи тековно ниво од 8% годишен пораст од 2013 па понатаму. Овие
целни претпоставки и резултатни предвидувања се прикажани во Табела 12
подолу.

СТО при ОН предвидува дека растот на светскиот туризам ќе стагнира или ќе
опаѓа во 2009 (проценките се од 0-2% пад); сепак, тоа е светски просек кој е
комбинација и од позитивните и од негативните резултати од различни делови
на светот. На пример, во 2008, Источна Европа (што ја вклучува и Македонија)
прикажа годишен пораст од 2.6%, додека Западна и Јужна Европа
демонстрираа пад од 1 до 2 % и, иако дури и Источна Европа демонстрираше
пад од 1.5% во последното тромесечие од 2008, карактеристиките на пазарите
на странски гости на Македонија (важноста на регионалните пазари на гости,
деловниот пазар и пазарот на пријатели и роднини во посета) покажува дека
нивните познавања за Македонија и информираноста за генерално пониското
ниво на пазарни цени може да го ограничи влијанието на глобалната
финансиска криза и, поради тоа, го подржува постојаниот пораст на број на
гости по поумерени стапки.

Среднорочниот и долгорочниот проектиран просек на СТО/ОН за
меѓународниот пораст на светскиот туризам е околу 4% на годишно ниво и,
иако е точно дека во последните неколку години Македонија има пораст во
проширувањето на ова ниво (види табели 1 и 2 погоре) како последица од
зајакнувањето на светската економија а, пак, влијанието од ослабнување на
светската економија се очекува да се одрази преку пониски нивоа на пораст на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

12 -12 | С т р а н а

туризмот во Македонија, сепак, и покрај тоа, се очекува комбинацијата на
поволна мешавина од пазари на странски гости во Македонија и
имплементацијата на Националната Стратегија на развој на туризмот да
резултираат со одржување на порастот на туризмот на сите нивоа над
долгорочниот и среднорочниот просек на СТО/ОН, но со многу поумерени
стапки од претходно, прикажани во Табела 12 подолу.

Табела 12.: Цел - регистрирано сместување на странските туристи 2008-
2013

2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Регистрирано
сместување
254,957 267,705 281,090 297,955 318,812 344,317
Годишен раст
%
10.8 5.0 5.0 6.0 7.0 8.0
*Фактички Извор: Проценки на Државен Завод за статистика и консултант на СТО при ОН

Трендот во минатото беше таков што ноќевањата се зголемуваа и намалуваа
во согласност со регистрираните сместувања. Иако целта е да се зголеми
должината на престојот на туристите кои доаѓаат на одмор, веројатно е дека
тоа ќе биде компензирано со зголемување на деловните патувања со краток
престој. Оттука, целите за зголемување на ноќевањата се поставени на истата
стапка на зголемување како и за регистрациите, освен за 2008, за која
проценката се заснова на расположливоста на податоците за таа година.
Табелата 13 подолу ги претставува претпоставките за целта и предвидувањата
кои произлегуваат од овде.

Табела 13: Цел - ноќевања на странските туристи во регистрирано сместување
2008-2013

2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Ноќевања 587,447 616,819 647,660 686,520 734,576 793,342
Годишен
пораст %
13.4 5.0 5.0 6.0 7.0 8.0
*фактички Извор: Проценки на Државен завод за статистика и консултант на ОН/СТО


Предвидените целни приходи прикажани во Табела 14 подолу се изразени во
во вредности од милиони евра во 2008 и оттука не се дадени претпоставки или
предвидувања за можниот ефект од инфлацијата, кој може да ја подобри
номиналната вредност на овие бројки.

Табела 14: Цели-приходи од странски туристи од ноќевања во регистрирани
сместувачки капацитети – 2008-2013

2008 2009 2010 2011 2012 2013
Приходи во милиони ЕУР во вредност во 2008 166.9* 175.2 184.0 195.0 208.7 225.4
Пораст во проценти 23.7 5.0 5.0 6.0 7.0 8.0
Извор: Народна Банка на Македонија, 2009 и проценка на консултант на ОН/СТО
* Ова е бројката на Народната банка за 2008 година, преземена од секторот за
туризам во рамките на сметката за услуги во платниот биланс. Бројката
изразена во американски долари во платниот биланс е конвертирана во евра,
со користење на општите стапки на размена.




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

13 -13 | С т р а н а

Цели- Домашни Посетители

Поставувањето на цели за домашниот туризам е многу попроблематично.
Растечкото изобилие од една страна е веројатно да стимулира земање на
дополнителни слободни денови- втор и трет одмор, особено кратки одмори.
Ова ќе продуцира поголема побарувачка надвор од шпиц летната сезона,
особено за време на зимските одмори. Сепак, од друга страна ако и кога ќе се
олеснат визните ограничувања за патување надвор од земјата ова ќе ги намали
трошоците и неприликите на патувањето во странство. Потоа може да се
предвиди значително зголемување во патувањето надвор од земјата бидејќи
желбата на Македонците за посета на други земји и пријатели и роднини во
странство може да се исполни полесно. Ова ќе резултира со намалување во
побарувачката во шпиц сезоната за домашни одмори и соодветно зголемување
во патувањата во странство во текот на летните месеци.

Нето ефектот на ова е веројатно да биде позабавено зголемување во
регистрациите и ноќевањата на домашните посетители за околу 3% годишно во
среден до долг рок. Сепак, се смета дека визната либерализација нема да се
случи наскоро а краткорочно меѓународните економски слабости може да
стимулираат поголем број на домашни одмори особено од Македонци кои
можеби би патувале надвор од земјата. Оттука целите за регистрации и
ноќевања на домашни посетители во Табели 15 и 16 подолу покажуваат силен
пораст во 2008 следен од понизок пораст во текот на наредните две години кога
се очекува меѓународните економски прилики да имаат ефект врз македонската
економија; пред се, се очекуваат нешто пониски стапки на пораст на
регистрациите и ноќевањата на гости од 2011 натаму, откако економското
заздравување ќе намами повеќе Македонци да патуваат надвор од земјата на
одмор, наместо да остануваат дома.

Табела 15: Цели регистрации на сместувања на домашни гости 2008-2013
2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Регистрации во
сместувачки
капацитети
350,363 367,881 386,275 397,863 409,799 422,093
Годишен пораст % 14.4 5.0 5.0 3.0 3.0 3.0
* фактички Извор: Народна Банка на Македонија, 2009 и проценка на консултант на ОН/СТО


Табела 16: Цели- ноќевање на домашни гости во регистрирани сместувачки
капацитети 2008-2013
2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Ноќевања 1,648,073 1,730,477 1,817,000 1,871,510 1,927,656 1,985,485
Годишен
пораст %
9.8 5.0 5.0 3.0 3.0 3.0
* фактички Извор: Државен завод за статистика и проценка на консултант на ОН/СТО


Подготовката за целите во однос на приходи од ноќевања на домашни туристи
е уште попроблематична, бидејќи не се прибираат податоци на оваа тема и не
постојат спроведени анкети. Вредноста на домашниот туризам не е многу
висока поради релативно ниските нивоа на плати во домашната економија, како
и степенот до кој скромниот приход е расположлив за цели на туризмот. Сепак,
важно е да не ја игнорираме вредноста на секторот, кој во моментот генерира
повеќе од 1.6 милиони ноќевања на годишно ниво, па поради ова се донесе суд


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

14 -14 | С т р а н а

врз основа на груби, нецврсти докази, кои сугерираат дека во просек 15 евра по
лице за едно ноќевање може да биде разумна бројка која може да се усвои како
основа за подготовка на целите презентирани во Табела 17 подолу. Во
подготовките на овие целни приходи не е оставен простор за инфлација.

Табела 17: Цели-приходи од домашни туристи од ноќевања во регистрирани
сместувачки капацитети – 2008-2013
2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Ноќевања 1,648,073 1,730,477 1,817,000 1,871,510 1,927,656 1,985,485
Приходи
(вредност
во
милиони
евра во
2008)
24.7 25.9 27.2 28.1 28.9 29.8
Годишен
пораст %
9.8 5.0 5.0 3.0 3.0 3.0
* Actual Source: State Statistical Office and UNWTO estimates


Цел – допринос на секторот туризам во националниот БДП

Повторно, важноста на тоа да се демонстрира вредноста на туризмот за
економијата може да биде потпомогната со подготовка на проценки кои го
прикажуваат придонесот на домашните и странските туристи кон националниот
БДП.
Откако поединечно ги идентификувавме целите на приход од странски и
домашни туристи за 2008-2013 и ги претставивме во Табелите 14 и 17 погоре,
и двата вида приход се дадени во комбинација во Табела 18 подолу, која го
прикажува процентот од националниот БДП. Оваа табела демонстрира
постојан пораст во придонесот на туризмот кон БДП, од 3.1% во 2008 до 3.4%
во 2013.

За да се подготви оваа табела беше потребно да се направат претпоставки за
идниот раст на националниот БДП и тоа е направено во консултации со
последните извештаи за македонската економија од Светската Банка и ММФ.
Врз основа на проценките направени од Централната Банка на Македонија се
предвидува раст на БДП од 5% во 2008, но сега се очекува тој раст да падне до
3.0% во 2009 и 2010, по што ќе расте до 5% од 2011 до 2013, според
проценките на меѓународните организации напоменати погоре.
Once again, no allowance for inflation has been made

Табела 18: Цели-Придонес за БДП од домашните и странските туристи 2008-2013
2008 2009 2010 2011 2012 2013
Предвиден
БДП
(вредност
во милиони
евра во
2008)
6,090 6,272 6,461 6,784 7,123 7,479
Заработка
од
туризмот
(вредност
во милиони
евра во
191.6 201.1 211.2 223.1 237.6 255.2


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

15 -15 | С т р а н а

2008)
Заработка
како % од
БДП
3.1 3.2 3.2 3.3 3.3 3.4
Извор: Народна Банка на Македонија, 2009 и проценка на консултант на ОН/СТО


Резиме на акцискиот план за исполнување на целите

Туризмот како економска активност е неспорно најразновидниот сектор и сектор
со најширок опсег во споредба со кој било сектор во економијата, поради тоа
што има поголем број значајни врски и економски поврзаности со други сектори
отколку која било друга економска активност и, оттука, има важна (но помалку
разбрана) улога во економскиот развој.

Во владините програми за планирање и законодавство за државната економија
од 2004 е утврдено дека туристичкиот сектор има потенцијал за раст и е еден
од приоритетите за развој, со што се препознава потенцијалот за отворање
нови работни места и можноста да даде поддршка за другите, пошироки
национални цели. Овој поволен статус на приоритет е спротивен на неуспехот
во спроведувањето на претходниот план за стратегија за развој на туризмот
изготвен во 2003 и ова е охрабрувачка позиција, од која се гледа можноста за
оваа нова стратегија, како почетна точка од која би започнала реализацијата на
туристичкиот потенцијал на Македонија.

Туристичката индустрија, во голем дел, е активност предводена од приватниот
сектор, но бара поддршка од позитивната рамка на јавниот сектор и
овозможување средина која би го помогнала напредокот, особено во ситуација
во која, како што е таа во Македонија, развојот на секторот и владината
поддршка биле историски слаби. Воспоставувањето на неопходните
организациски развојни темели и буџети во рамките на јавниот сектор е
основен предуслов за имплементирање на Стратегијата и за иницирање
поголема комуникација и соработка помеѓу општата јавност и приватниот
сектор, заради ефективна реализација на потенцијалот на македонскиот
туризам и поради значајните врски со делови од економијата.

Анализата СВОТ на стратегијата за развој идентификуваше серија клучни
иницијативи и препораки кои опфаќаат развој на производот, инфраструктура,
човечки ресурси, природни и културни богатства, маркетинг, инвестиции и
организација, како одраз на потенцијалот на македонскиот туризам, но исто
така и на утврденото недоволно внимание посветено на секторот од страна на
Владата во последните неколку години.

Препораките подолу се толкуваат во деталниот Акциски план, кој ги надградува
препораките, ги идентификува соодветните активности и ги утврдува водечките
организации и организациите за поддршка и индикативните буџети. Детален
акциски план за реализација на потенцијалот на македонскиот туризам може да
се најде во делот 4 од овој извештај и е резимиран подолу:


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

16 -16 | С т р а н а


Заклучен акциски план


I – Препораки за развој на производи и услуги

Препознатливи производи
Признавање како Светско наследство на Маркови Кули - Прилеп и Цоцев
Камен - Кратово
Искористување на барањето на НАСА за признавање на Кокино како
пред-историска опсерваторија
Зелена туристичка дестинација / Дестинација на органска храна

Општи туристички производи
Поставување патокази на маршрути/рути за разгледување, со цел да се
привлечат туристи надвор од главните автопатишта
Изготвување понуда, со цел да се постигне регионална распределба на
туризмот
Изготвување на листа и промовирање на туристички активности

Сместување
Висококвалитетни пансиони - фамилијарни бизниси, мали,
традиционални
Светски познати/висококвалитетни меѓународни брендови - Скопје
Нискобуџетен познат бренд на коридорот 10
Манастирското сместување - соработка при изработка на водич и
маркетиншка брошура

Категоризација на сместувачките капацитети
Воведување годишна такса, со цел да се подмират трошоците зa
редовна контрола
Ревизија на критериумите и воведување субјективни параметри за
квалитет - квалитет на храна, декор, услуга итн.
Регулирање на “сивите” сместувачки капацитети

Охридско Езеро
Конференции и фестивали вон главната сезона

Национални паркови
Бизнис планови за Националните паркови
Повеќе туристички активности во парковите, со цел да се искористи
нивниот потенцијал
Изградба на два центари за превод
Подобрување на Планинарските домови, детски и работнички
одмаралишта

Вински туризам
Составен дел на Руралниот туризам
Развој на панорамски тури, пешачење, рурално сместување и
традиционална кујна


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

17 -17 | С т р а н а

Поддршка на Фондацијата Тиквешки Вински Пат со поставување
патокази и маркетинг

Рурален туризам
Брајчино како извонреден пример на предизвици за развој
Пехчево, Берово, Колешино, Банско, Мокрино, Смоларе, Вевчани и
Галичник како потенцијал
Општините, Агенцијата за промоција, и невладините организации треба
да се поддржат со заеднички развојни програми и промоција

Култура и занаети
Објавување на годишен календар на настани
Поврзување на Тур-оператори со организатори на културните настани
Групирање на настани и пакет-аранжмани
Користење на занаетите и културата при промотивните активности

Бањи
Подобрување/реновирање
Погодни за локален и регионален пазар
Да претставуваат центри за здравје и убавина наместо медицински
капацитети
Студија на пазарот од Комисијата

Лов
Зајакнување на контролата на незаконскиот лов
Зголемување на фондот за дивеч
Маркетинг насочен кон специфичен пазар, откако ќе биде обезбедена
контрола
Студија на пазарот од Комисијата


Конференции и состаноци
Подготвување на сеопфатна листа / брошура на конференциски објекти
Изработка на Студија за потенцијалот за изградба на конференциски
центар


II – Препораки за пристап и инфраструктура

Воздушен пристап
Да се продолжи со имплементација на Мултилатералната Спогодба за
основање на Европска заедничка воздухопловна област – т.н. Спогодба
за ЕЗВО (European Common Aviation Area Agreement - ECAA) и
имплементација на III, IV и V слобода
Обезбедување услови за привлекување на нискотарифни
авиопревозници

Патна инфраструктура
Имплементација на делот за патишта во Националниот Развоен План
(НРП)
Подобрување на патоказите
Поголема употреба на кафеавите туристички патокази


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

18 -18 | С т р а н а

Донесување критериуми за употреба на патоказите

Визи и контрола на границата
Овозможување жителите од ЕУ да патуваат само со лични карти


III – Препораки за развој на човечки ресурси

Идентификување на идните потреби за вработување во туристичкиот
сектор и потребите од обука
 Спроведување на Анкета за работната сила, со која ќе се одредат
потребите од вработување и соодветни обуки
 Обука за туристички менаџмент

Подобрување на гостопримството и образованието во областа на
туризмот и обука во рамки на училишниот систем
 Подобрена набавка на опрема за обучување во образованието
 Зголемување на процентот на часови за практична обука
 Развој на програми за обуки

Подобрување на врската помеѓу училишниот систем и индустријата
 Основање на комитет за развој на човечки ресурси во туризмот.


IV – Препораки за управување и заштита на животната средина и
културното наследство
Подобрување на управувањето со животната средина;
Подобрување на заштитата на природното наследство;
Идентификација на културното наследство како туристички потенцијал
Подобрување на заштитата на културното наследство;
Управување со гости на местата со природно наследство преку нивно
подобро информирање;
Идентификување на дополнителни природни области кои имаат
туристички потенцијал и на кои им е потребна заштита.


V – Препораки за маркетинг
 Подобрување на собирањето, анализата и доставувањето на
статистиките за туристите;
 Подобрување на собирањето, анализата и доставувањето на
статистиките за искористеноста на капацитетите;
 Зајакнување на секторот за маркетинг во рамките на Агенцијата за
промоција и подршка на туризмот;
 Развивање на моќен бренд за туризмот со помош на меѓународни
консултации;
 Развивање и одржување на еден главен туристички производ и база на
податоци со информации за услугите како извор за сите средства за
рекламирање и медиумите;
 Понатамошно развивање и проширување на порталот за националниот
туризам како целосен и непристрасен извор на податоци за туристичките
можности на Македонија;


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

19 -19 | С т р а н а

 Понатамошно развивање на мрежата на Туристички информативни
центри со стандардизирани услуги и процедури, и со обука на
персоналот;
 Изготвување кохезивен и координиран пакет од промотивни материјали
за туристичките центри;
 Промоција на македонските туристички дестинации и атракции на
меѓународно ниво.

VI – Препораки за економски развој на туризмот
 Подобрени статистички податоци - обезбедување предуслови за систем
на Туристичка Сателитска Сметка (ТСС) во следните 5 години;
 Зголемено владино инвестирање во туризмот, имајќи го предвид
важниот придонес што тој го има во БДП, вработувањето, приливот на
девизи и државните приходи;
 Зајакнати врски на туризмот со другите сектори (како земјоделството),
помогнати од програми/семинари за свесност, кои ќе доведат до
намалување на економските загуби.
VII – Препораки за инвестиции
 Фокусирање на активностите на Агенцијата за странски инвестиции и
соработка за да се добие приоритетен статус за туризмот
 Основање советодавна служба за малите бизниси во туристичкиот
сектор;
 Организирање и лансирање на форум/саем за инвестиции на
потенцијалните инвеститори;
 Помагање во процесот на развој на катастарот;
 Подобрување на банкарскиот сектор.


VIII – Препораки за организација во туризмот
 Зајакнување на Секторот за туризам и угостителство при
Министерството;
 Зајакнување на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот;
 Усвојување на обврските од страна на општините согласно препораките;
 Имплементирање на системот на класификација/категоризација како
развојна и маркетиншка алатка;

IX – Подигнување на јавната свест
 Развивање и имплементација на програма за подигнување на свеста за
туризмот












Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

20 -20 | С т р а н а



ДЕЛ 1



Визија за македонскиот туризам

Република Македонија до 2013 ќе изгради имиџ на препознатлива европска
дестинација за туризам, базиран на културното и природното наследство и ќе
биде препознатлива по производите и услугите чувствителни за животната
средина и одржливи со висок квалитет, кои се на ниво на најдобрите светските
искуства.




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

21 -21 | С т р а н а

ДЕЛ 2

Тековни перформанси


1. Туристички производи и услуги

Во оваа глава ќе зборуваме за спектарот на туристички производи и услуги во
Македонија, преку идентификување на видовите, локациите и, доколку е можно,
квалитетот и одржливоста, како за домашните, така и за меѓународните
туристи.

1.1. Сместување

Според статистичкиот годишник од 2006 година, структурата на туристичко
сместување во Македонија ја сочинуваат 72.637 легла: 16.187 или 22,46% се
таканаречени основни објекти: хотели, преноќишта, мотели и туристички
објекти, а 55.782 или 77,54% се комплементарни капацитети.

Табела 1.1: Капацитет на објектите за сместување во Македонија во 2006 година
Сместување Број на легла %
Основни капацитети
Хотели 14.369 20,0
Преноќишта 347 0,4
Мотели 1.371 1,5
Туристички објекти 193 0,6
Комплементарни објекти ,
Туристички кампови 11.991 15,5
Бањи 1.096 1,6
Планинарски домови и куќи 47 0,3
Одморалишта на претпријатија 7.347 10,3
Одморалишта за деца и младинци 7.717 10,9
Привремени објекти за сместување 534 0,7
Приколки 1.680 2,2
Приватни соби 25.818 36,0
ВКУПНО 72.637 100,0
Извор: Статистички годишник на Република Македонија, 2006


Во последните 10 години, вкупниот број на легла опадна (во 1996 година имаше
7,030 повеќе легла отколку во 2006 година). Оваа стагнација може да се
забележи кај сите видови на сместување, но најзначително намалување на
бројот на кревети е забележано во туристичките кампови.

Еден од најзначајните атрибути на оваа структура, што во нормални услови
влијае врз искористеноста на капацитетите, е фактот што повеќе од 89% од
сите основни капацитети за сместување е во хотелите. Најмногу од
комплементарните капацитети отпаѓа на приватни соби (46,52%) и туристички
кампови (20,01%).




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

22 -22 | С т р а н а

Цртеж 1.1: Вид на сместувачки објекти во Македонија - 2006 година, во проценти
Извор: Државен завод за статистика

Сликата 1.1. погоре покажува дека, во смисла на бројот на објекти за
сместување расположливи во Македонија во 2006, најголемиот број (35
проценти) се работнички одморалишта , следени од хотелите (31 процент) и
мотелите и детските и младинските одморалишта со по 10 проценти.


Хотели



Во Македонија во моментов има ограничено присуство на меѓународни
хотелски синџири (освен Бест Вестерн и Холидеј Ин). Овој недостаток на
меѓународни хотелски синџири ја ограничува можноста за привлекување
странски туристи, а истовремено и можноста за презентирање на стандардите
на западната индустрија, коишто можат лесно да се применат во други локални
хотели. Постои се поголема свесност за потребата од тоа да се поканат
одредени меѓународни хотелски синџири во Македонија. Идентификувани се
некои атрактивни локации во Скопје и Охрид и треба да се организираат
меѓународни тендери, за да се привлечат потенцијалните странски хотелски
синџири/инвеститори.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

23 -23 | С т р а н а

Објектите за сместување во Македонија во 2006 година беа категоризирани
според системот на ѕвезди (до 1 август 2005 година, како што може да се види
од податоците на Државниот завод за статистика, системот којшто се
применуваше се уште се базираше врз категоризацијата А, Б, и В , којашто се
применуваше во поранешна Југославија). Новата категоризација се уште не се
применува во однос на сите сместувачки капацитети. Постојат 50% повеќе
хотели/мотели, покрај категоризираните, коишто можат да се најдат во
деловните именици, брошурите на туристичките агенции, а коишто не се
оценети. Со примената на системот на ѕвезди се воведе ред во
категоризацијата на услугите за сместување, но во својата примена, овој
систем не ги следи меѓународните стандарди. Ова особено важи за хотелите со
4 и 5 ѕвезди, каде ниту физичките услови (просторноста на собата, бројот на
капацитетите за рекреација (базен, детско игралиште), опременоста со деловна
опрема (интернет, мала канцеларија, факс услуги), ниту квалитетот на
услугите (тие се бавни, ограничен број на меѓународни, барем европски,
јадења, понудата на вина е само од локално проистводство, итн.) не одговараат
на стандардите.

Табелат 1.2 подолу покажува дека бројот на хотели со 5 ѕвезди во двете
најважни дестинации, Охрид и Скопје, е ограничен: Охрид има само еден, а
Скопје пет хотели со 5 ѕвезди.

Надвор од Скопје, Охрид, Струга и Маврово, постои недостаток на хотелско
сместување, особено од средна до висока класа. Недостатокот од хотели од
висока класа понатаму е усложнет со превисоката категоризација на имотите.

Табела 1.2: Хотели по категорија според новата регулатива
на Министерството за економија - 2007 година
Место 5* 4* 3* 2* 1*
Скопје 5 4 5 10 5
Охрид 1 6 4 11 7
Струга - 2 - 1 2
Гевгелија 2 - - - 1
Битола - 1 - 3 1
Прилеп - 1 - - 1
Гостивар - 1 - 2 3
Маврово - 1 3 2 -
Крушево - - 1 1 -
Тетово - - 1 - 1
Пробиштип - - 1 - 1
Велес - - 1 - -
Струмица - - - 2 -
Банско - - - - 1
Штип - - - 2 1
Кичево - - - 1 2
Виница - - - 1 1
Куманово - - - 1 1
Кочани - - - - 1
Неготино - - - - 1
Делчево - - - - 1
Ресен - - - - 1
Претор - - - - 1
Вкупно 8 16 16 37 33
Извор: Министерство за економија



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

24 -24 | С т р а н а

Повеќе од 80% од сите сместувања по легло се концентрирани околу езерото.
Во Скопје, тие изнесуваат 10%. Сместувањата по легло во големите планински
центри опфаќаат околу 5%, а бањите учествуваат со само 1,7% од сите
капацитети во Македонија.

Имајќи го предвид квалитетот и квантитетот на сите класифицирани хотели,
очигледно е дека постои недостаток од хотели со 4 и 5 ѕвезди. Тие едноставно
не можат да ја задоволат моментната пазарна побарувачка во екот на летната
сезона. Од друга страна, главната (летна) сезона, особено во Охрид и другите
езера (и планини) трае околу 45 до 60 дена во годината. Имајќи ги предвид
ваквите остварувања, речиси сите овие хотели може да се опишат и
дефинираат како исклучиво сезонски сместувачки единици.

Според ХОТАМ, во последните три години просечната годишна стапка на
искористеност на хотелите на државно ниво изнесуваше приближно 45-48%.
Оваа година се очекуваа одредени промени (но, искористеност од не повеќе од
50%).

Заради исклучително кусата сезона, нивото на искористеност на капацитетите
во Охрид е под овој државен просек. Состојбата со хотелите во Скопје е сосема
различна. Просечната годишна стапка на искористеност е малку над 70%.
Скопските хотели се празни за време на викендите. Во главниот град на
Македонија побарувачката од квалитетно хотелско сместување се уште е многу
поголема од тековната понуда.


Во другите градови (надвор од езерските места и Скопје, особено Прилеп,
Велес, Тетово, Гостивар, Куманово итн.) состојбата во хотелите е слаба: еден
(или два) градски хотели, обично стари и неатрактивни за меѓународниот пазар.
Битола, Гевгелија и Струмица може да се сметаат за урбани средини со
неколку пристојни хотели. Локацијата на овие градови покрај грчката граница е
главната причина за ова; сите хотели се ориентирани кон казино туризам
(коцкањето е забрането во Грција, па затоа голем број луѓе доаѓаат во
Македонија од тие причини).

Друго сместување

Повеќе од 36% од сите регистрирани сместувачки капацитети во Македонија се
во приватни соби, како што е прикажано во Табела 1.1 погоре (повеќето од нив
се концентрирани во Охрид, а некои во Крушево, Скопје, Струга, Дојран).
Локалните власти се уште не посветиле доволно внимание за регистрација и
категоризација на овие капацитети. Прв, доста скромен чекор се направи само
во Охрид, без поголеми ефекти.

Процентот на таканаречени “работнички одморалишта” (35%) и по број на
објекти и по број на сместувачки единици (соби) е повисок од процентот на
хотели (31%). Повеќето од овие објекти се стари, со ограничена понуда,
нерешени сопственички и управувачки прашања. Кај нив може да постои
потенцијал, ако соодветно се реконструираат, за да се обезбеди пазарно
ориентирана понуда.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

25 -25 | С т р а н а

Владата од неодамна ги понуди на продажба (по пат на аукција) објектите за
сместување на деца и младинци, од кои повеќето се во многу лоша физичка
состојба.

Тие се лоцирани во сите туристички области (планини, езера, скијачки центри,
национални паркови) и, со соодветно реинвестирање, имаат потенцијал за
туризам.

Табела 1.3: Авто кампови
Извор: Државен завод за статистика





Табела 1.4: Опрема во авто камповите и посебни услуги

Опрема Вкупно I Категорија II Категорија III Категорија
Број на кампови 12 2 6 4
Продавница за храна 9 2 5 2
Телефонска говорница 11 2 6 3
Тениско игралиште 3 - 2 1
Одбојкарско игралиште 5 1 2 2
Кошаркарско
игралиште
6 1 3 2
Фудбалско игралиште 8 2 4 2
Мини голф 2 1 1 -
Пинг-понг 8 4 4 -
Услуги за одржување
на облека
3 1 2 -
Извор: Државен завод за статистика

Постојните 12 кампови прикажани во Табелите 1.3 и 1.4 погоре се
категоризирани во три категории, од кои само два припаѓаат во највисоката
категорија и се наоѓаат на брегот на Охридското езеро. Камповите се стари
повеќе од дваесет години, со старомодни објекти, стил и понуда. Двата кампа
од прва категорија, исто така, се опремени со одредени спортски објекти, а
еден од нив нуди бесплатна интернет зона. Камповите се исклучиво сезонски и
работат само во ударната летна сезона (јуни - септември).

Организацијата на камповите е стара, со ограничен простор околу секоја
единица и со мала приватност. Системот на електрична енергија и
Авто кампови
Број на кампови Кревети
Вкупно 12
1,025 8,900
I категорија 2
260 2,000
II категорија 6
148 43,350
III категорија 4
617 2,550


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

26 -26 | С т р а н а

канализација функционира само во два кампа, а е доста проблематичен во сите
други. Хигиената и одржувањето претставуваат проблем во речиси сите
кампови.

Постојат шест кампа на Охридскиот брег, од кои пет се уште работат. Постојат
три кампа на Преспанскиот брег, од кои само еден е активен. Еден има во
Скопје, кој не е активен и два во Дојран, кои што се повторно отворени после
десетгодишна неактивност.

Генерално, градовите веќе не ги задоволуваат модерните туристички
очекувања. Голем број градови се наоѓаат на атрактивни локации, и имаат
добар потенцијал, доколку во нив се реинвестира и истите се модернизираат.

Ресторани

Во 2005 година, во Македонија постоеја 2.190 ресторани. Согласно законската
регулатива (Закон за угостителска дејност 64/04,89/08), сите ресторани треба
да бидат регистрирани и категоризирани согласно меѓународните стандарди за
оценување со ѕвезди. Меѓутоа, ова се уште не се применува.

Овој недостаток од оценување со ѕвезди не се смета како недостаток од страна
на гостите, коишто одбираат каде да јадат пред се од препораките и преку
водичите, а не заради оценките со ѕвезди. Може да се заштеди напор во
спроведувањето на категоризацијата; од суштинско значење е регулативите за
здравје и безбедност стриктно да се почитуваат.

Се чини дека не постои недостаток од традиционални ресторани во Македонија
(особено во Скопје и Охрид) со ентериер во стар стил, мебел, костими,
традиционална народна музика, македонска и друга народна храна и пијалоци.
Повеќето од рестораните во Македонија се ориентирани кон брза храна, скара
и добро познатата (но, несоодветна) меѓународна кујна.

Вкупниот број на места за седење во рестораните во 2005 година изнесуваше
131.379. Вкупниот број на туристички работници во 2005 година изнесуваше
10.671.

1.2. Бањи



Табелата 1.5 подолу покажува дека постојат осум бањски центри, градени или
реновирани во седумдесетите години, кои во моментов работат во Македонија.
Третманите што се нудат речиси се исклучиво од медицинска природа, и освен
(до ограничен степен) Дебар и Негорски бањи, не нудат услуги на релаксација и
разубавување, за кои постои се поголема побарувачка во Западна Европа и


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

27 -27 | С т р а н а

насекаде во светот. Мапата 1.1 подолу покажува каде се локациите на осумте
бањски центри.
Табела 1.5 : Бањски центри во Македонија
Име/Место ° C Сместувачк
и единици
Медицинск
и персонал
Релаксација
1 Банско/Струмица 72 70 -
2 Кежовица/Штип 57 25 -
3 Негорци/Гевгелија 40 20 -
4 Бања/Кочани 37-70 - - -
5 Катланово/Скопје 24-53 90 -
6 Проевска/Куманово 30 50 - -
7/8 Косоврасти,
Бањиште/Дебар
38-48 612
Извор: Државен завод за статистика

Мапа 1.1: Бањски центри



Не постојат други рекреативни центри или друга понуда надвор од бањските
комплекси. Туристите може да се чувствуваат досадно и изолирано, делејќи го
просторот со ”болни” луѓе. Сопственоста и управувањето на бањите е нејасно.
Освен за Бањско, Бањиште, Косоврасти и Негорци, се чини дека се направени
малку приватни инвестиции во последните 5 години.

Законската регулатива е во процес на подготвување, но се чека на одлуката
дали тие ќе бидат чисто медицински установи, со што не подлежат на
стандардите и класификацијата за сместување. Се претпоставува дека


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

28 -28 | С т р а н а

сегашното сместување во повеќето бањи, прикажани во Табела 1.6 подолу,
треба да се класифицира на ниво на квалитет од една или две ѕвезди.

Обично, должината на престојот на гостите во бањите е 10 до 15 дена, а
искористеноста е голема преку цела година. Иако ги опслужуваат најмногу
домашните гости, многу странски гости, пред се од македонската дијаспора,
исто така престојуваат во бањите. Во однос на промоцијате, пред се се
потпираат на зборот на јавноста и локалните огласи.

Некои бањи го подобруваат својот третман и сместувачките објекти и
размислуваат да се прошират. Со оглед на постојаната домашн побарувачка,
ова е доста логична стратегија. Со тоа може да се овозможи проширување на
бизнисот надвор од регионалните пазари. Меѓутоа, експанзијата на други
пазари ќе бара обезбедување на единствен третман кој не може да се најде на
ниту едно друго место и/или развој на помошни капацитети за релаксација и
разубавување, со сместување со ниво на квалитет од најмалку 4 ѕвезди. Сите
одлуки за проширување во овој правец треба да се донесат врз основа на
истражување на пазарниот потенцијал, имајќи предвид дека постои силна
конкуренција на пазарите, како во Унгарија и Бугарија.

Табела 1.6: Сместувачки објекти во бањите
Бањски центри
Хотели 2
Бања (болница) 6
Работнички одмаралишта 1
Вкупно 9
Извор: Државен завод за статистика


1.3. Природно богатство

Национални паркови

Објектите за сместување во планинските области се ограничени како што
покажува Табела 1.7 подолу, но трите национални парка се добро управувани
области, посветени на заштита на животната средина. Во последните години
постоеја многу инвестиции во туристичката дејност во планинските области
(патеки за планински велосипедизам, јавање коњи, патеки за планинарење,
итн.). Овие се уште се во раната фаза и нивната иднина директно ќе зависи од
развојот и напредокот на на туризмот од сегашното ниско ниво.

Табела 1.7: Објекти за сместување во планинските области
Планински области
Хотели 15
Мотели 5
Планинарски домови 2
Работнички одмаралишта 12
Детски и младински одмаралишта 11
Вкупно 45
Извор:Државен завод за статистика

Со планинарските домови управуваат локалните планинарски здруженија и
нудат минимални услуги за планинарите, ловџиите, пешаците, итн. И кај нив


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

29 -29 | С т р а н а

постои потреба од инвестиции за подобрување и проширување. До денес,
износот на приватни инвестиции е многу низок, така што може да има потреба
од јавни инвестиции.

Работничките и детските одморалишта во Националниот парк се се уште
активни и обезбедуваат основно ниво на услуги, кои ги исполнуваат
очекувањата на сегашните гости.

Езера

Табела 1.8: Сместувачки објекти во други туристички места (пред се езера)
Други туристички места (пред се, езерски
центри)
Вкупно 172
Хотели 35
Мотели 7
Преноќишта 1
Туристички населби 1
Работнички одморалишта 106
Детски и младински одморалишта 21
Привремени објекти за сместување 1
Извор:Државен завод за статистика

Табелата 1.8 погоре покажува расположливост на сместувачки капацитети
најмногу покрај езерските области.

Седумдесет отсто од објектите за сместување кои беа на располагање на
Преспанското Езеро пред 20 години се затворени. Една странска компанија
неодамна ги објави своите планови за изградба на ексклузивен центар.

Сликата со Охридското Езеро е поинаква. Во последните неколку години,
забележано е значително инвестирање за подобрување на објектите за
сместување, особено во хотели каде сопственоста е јасна. Меѓутоа, проблем за
одржувањето на хотелите е нивната работа само во одредени сезони.
Носечкиот капацитет на постојната инфраструктура нема да издржи
понатамошно зголемување на бројот на гостите за време на летните месеци во
ударна сезона.

Во последните три години, на Дојранското Езеро повторно се отворија многу
објекти за сместување со нови инвестиции во сместувањето, следејќи ги
потребите за туризам од забава (казино).

Малку е инвестирано во вештачките езера (езерото Младост - близу Велес и
Дебарско Езеро - близу Дебар), што одговара на пазарната побарувачка.

Голем број работнички одморалишта близу езерата се многу руинирани. Тие не
се користат со години и не се приватизирани. Тие се остатоци од болното
затворање на големите компании, кои се уште имаат неразрешени прашања.
Некои од нив се лоцирани на атрактивни места и стануваат “трн во око” кој
треба да се реши.





Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

30 -30 | С т р а н а

Пештери

Со најголем број од пештерите во Македонија управуваат разни спелеолошки
здруженија. Повеќето од нив не се осветлени и само во неколку има толкувања.
Освен од донации, во патоказите за пештерите и толкувања за истите речиси
воопшто и не е инвестирано. Пештерите кои се отворени за јавност се
наведени во Табела 1.9 и лоцирани на Мапа 1.2, подолу.

Табела 1.9: Пештери отворени за јавност
Пештера Место Осветлување
1 Саматска дупка НП Галичица -
2 Шаркова дупка НП Маврово
3 Велигденска Сопиште -
4 Бозгуни Сопиште -
5 Бело вода Демир Капија -
6 Песна Македонски Брод
7 Матка 1 Скопје
8 Матка 2 Скопје
9 Матка 3 Скопје
10 Ѓоновица Македонски Брод -
Извор: Спелеолошка асоцијација

Мапа 1.2: Најважни пештери



Најголеми и најатрактивни се оние во областа Матка и во Македонски Брод.
Освен редовните неделни посети во пештерите, ПЕОНИ исто така организира и
посети на барање на поголеми групи.




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

31 -31 | С т р а н а

1.4. Културно наследство

Верски споменици

Во табелите 1.10 до 1.12 подолу се дадени некои од најважните од големиот
број религиозни споменици во земјата, меѓу кои има христијански цркви и
манастири и исламски џамии. Ова е показател за богатата историја на
Република Македонија, а Мапата 1.3 подолу ги дава главните локациите на
овие споменици на религиозното наследство. Мапата 1.4 потоа ни ги покажува
локациите на оние манастири кои нудат сместување за гостите од општата
јавност кои сакаат да платат.

Табела 1.10: Цркви
Црква Место Толкување
1 Св. Архангел
Михаил
Штип -
2 Св. Атанасиј Ресен
3 Св. Димитрија Битола -
4 Св. Јован Канео Охрид
5 Св. Наум Охрид
6 Св. Ѓорѓија Курбиново -
7 Св. Ѓорѓија Старо Нагоричане -
8 Св. Богородица Дебар -
9 Св. Богородица Вељуса, Стумица
10 Св. Спас Скопје
11 Св. Леонтиј Струмица
12 Св. Пантелејмон Нерези, Скопје -
13 Св. Пантелејмон Охрид -
14 Св. Софија Охрид
15 Св. Климент Плаошник, Охрид
16 Св. Стефан Охрид
Извор: Министерство за култура, Македонска православна црква, Општина Охрид

Табела 1.11: Џамии
Објекти Место Превод
17 Јени џамија Битола -
18 Ајдар Кади Битола -
19 Имарет Струга -
20 Арабати Баба Теке Тетово
21 Шарена џамија Тетово -
22 Куршумли Ан Скопје
23 Султан Муратова џамија Скопје -
24 Мустафа Пашина џамија Скопје -
25 Јахја Пашина џамија Скопје -
26 Чифте Амам Скопје -
Извор: Министерство за култура, Македонска православна црква, Општина Охрид

Табела 1.12: Манастири
Манастир Место Сместување
27 Дељаковце Куманово -
28 Ѓурче Крушево


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

32 -32 | С т р а н а

29 Јоаким Осоговски Крива
Паланка

30 Јован Бигорски Маврово
31 Св. Ѓоргија Неготино
32 Калишта Струга -
33 Карпино Куманово
34 Конче Радовиш
35 Кучевиште Скопје -
36 Лешок Тетово
37 Лесново Пробиштип
38 Марков манастир Скопје
39 Матејче Куманово -
40 Матка Скопје -
41 Св. Архангел
Михаил
Берово
42 Св. Архангел
Михаил
Прилеп
43 Моклишки Кавадарци -
44 Св. Наум Охрид
45 Св. Никола Крива
Паланка
-
46 Св. Никола Скопје -
47 Св. Пантелејмон Скопје
48 Побуџе Скопје
49 Слепче Демир Хисар
50 Слимница Демир Хисар -
51 Трескавец Прилеп
52 Св. Заум Охрид -
53 Зрзе Прилеп
Извор: Министерство за култура, Македонска православна црква, Општина Охрид

Мапа 1.3: Главни локации на религиозното наследство




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

33 -33 | С т р а н а


Верските објекти во Македонија се во сопственост и под управа на соодветните
верски заедници. Тие се отворени за гости, но бидејќи не постои посебно време
(од времето за миса) за туристички посети, често пати оние кои доаѓаат да ја
видат историјата и културата се мешаат со оние кои доаѓаат да се молат.

Генерално нема толкување, и ако има обично е на македонски или на албански,
освен во случајот на Охрид. Толкувањето е лошо, туристот не може да добие
јасна слика за историјата и приказната која стои зад сликата. Толкување може
да даде само водич, со кого треба да го стапите во контакт однапред. Некои од
црквите и манастирите наплаќаат влезници за странските туристи.



Некои од манастирите нудат сместување кое се разликува по стандардот и по
видот на услугата. Во некои од нив, туристите се релативно независни и можат
да ја користат кујната, имаат сопствени тоалети, но во други манастири тие
практично се дел од монашкиот живот за време на целиот престој.
Потенцијалот за манастирско сместување е голем, но не секогаш е препознаен
како таков од страна на одговорните епископи.

Мапа 1.4: Манастири кои нудат туристичко сместување





Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

34 -34 | С т р а н а


Археолошки локалитети/наоѓалишта

Табела 1.13: Главни археолошки наоѓалишта во Македонија

Локалитет
/наоѓалиште
Место Управител Патокази Превод Водич
1 Стоби Близу
Неготино
Министерство за
култура, СТОБИ
Археолошки
локалитет/
наоѓалиште
-

2 Хераклеа Битола Министерство за
култура, Музеј на
Битола

3 Скупи Скопје Министерство за
култура, Музеј на
Македонија
- - -
Извор: Министерство за култура


Мапа 1.5: Главни археолошки локалитети/наоѓалишта



Други главни атракции од културно наследството

Табела 1.14: Други главни атракции од културно наследството
Локација Место Управител Патокази Превод Водич
Маркови Прилеп - - -


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

35 -35 | С т р а н а

Кули
Самоилова
Тврдина
Охрид Музеј на Охрид
Скопско
Кале
Скопје Град Скопје
Марвинци Гевгелија - - -
Виничко Кале Виница Општина Виница - -
Стара
чаршија
Скопје Град Скопје
Извор: Министерство за култура

И на археолошките локалитети/наоѓалишта и на другите атракции од културно
наследство прикажани во Табела 1.14 погоре, им недостасува толкување, што
претставува најголем проблем за потенцијалните туристи. Ретко може да се
најде карта или водич кој би ги водел гостите низ локалитетите/наоѓалиштата.
Доколку постојат, тие се најчесто стари 20 или повеќе години. Во некои случаи,
одговорноста за управувањето со локалитетот/наоѓалиштето не е јасна,
локалитетите/наоѓалиштата не се обезбедени, и не се соодветно конзервирани.


1.5. Сценски уметности

Театри

Театрите во Македонија, наведени во Табела 1.15 подолу, се независни
институции, делумно финансирани од Министерството за култура, единиците
на локална самоуправа и приватните фондови за претставите кои ги
поставуваат на сцена. Повеќето од нив се таканаречени Народни театри. Сите
театри даваат престави само на локалниот јазик. Ова е проблем за странските
гости, освен оние кои ја посетуваат операта или балетот при Македонскиот
Народен Театар во Скопје. За жал, Народниот театар во Скопје за време на
летните месеци е затворен за оперски и балетски претстави.

Табела 1.15: Локација на Театрите во Македонија
Театар Место
Народен театар Куманово
Народен театар Битола
Народен театар “ЗЕР” Пробиштип
Драмски театар “Јордан Хаџи-
константинов”
Велес
Народен театар Штип
Народен театар Охрид
Народен театар Прилеп
Народен театар Струмица
Македонски народен театар Скопје
Драмски театар Скопје
Театар за деца Скопје
Турски театар Скопје
Албански драмски театар Скопје
Извор: Министерство за култура




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

36 -36 | С т р а н а

Фестивали

Фестивалите од голема регионална важност, а некои и пошироко, (наведени во
Табела 1.16 подолу) се добро организирани и привлекуваат домашни и
странски туристи.

Табела 1.16: Локации на фестивали во Македонија
Фестивал Време на
одржување
Фестивал Охридско лето 12 јули - 20 август
Балкански Фестивал, Охрид Јули
Балкански Фестивал на народни песни и ора Јули
Скопски џез фестивал средина на октомври
Скопски филмски фесивал Март
Фестивал Скопско лето јуни – јули
Галичка свадба 12 јули
Скопско Лето 21 јуни - 10 август
Фестивал на народни носии, Струга 05 Јуни
Фестивал Këngë Jeho, Струга 25 Juli
Тетовски хорски одзиви Јуни
Shari Këndon, Tetovo крај на Јуни
Староградски Албански песни, Тетово октомври
Струшки вечери на поезијата крај на август
Струмички карневал март
Вевчански карневал Јануари
Прилепски пиво фест Јули
Меѓународен класичен драмски фестивал,
Стоби

Извор: Министерство за култура

Постојат многу повеќе регионални фестивали кои, доколку се промовираат во
јавноста, имаат потенцијал да се развијат во меѓународни настани.

1.6. Музеи и галерии

Во Македонија има многу музеи и галерии, а нивните локации се наведени
соодветно во Табелите 1.17 и 1.18 подолу. Некои од нив поседуваат важни
интересни артефакти и експонати. Меѓутоа, со неколку исклучоци, изложбите се
неинтересни и неинформативни, им недостасува толкување со објаснување,
или било каква анимација. Покрај ова, осветлувањето во музеите и галериите е
слабо. Исто така, постојат многу случаи пријавени од страна на гости кога тие
наидуваат на затворени врати на музеите и галериите, без наведено време за
нивно отворање.

Табела 1.17: Локации на музеи во Македонија
Музеи Место
Воен музеј Скопје
Народен музеј Охрид
Музеј на Битола Битола
Музеј на Струмица Струмица
Историски музеј Крушево
Музеј на Илинденско востание Крушево
Музеј на град Неготино Неготино
Музеј на град Скопје Скопје


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

37 -37 | С т р а н а

Музеј на Македонија Скопје
Музеј на современи уметности Скопје
Музеј на Тетовскиот регион Тетово
Музеј -галерија од Кавадарци Кавадарци
Народен музеј Свети Николе
Народен музеј Гевгелија
Народен музеј Велес
Народен музеј Никола
Незлобински
Струга
Национален музеј Куманово
Национален музеј Прилеп
Природо-научен музеј Скопје
АСНОМ Музеј Пелинце,
Куманово
Извор: Министерство за култура

Табела 1.18: Локации на галерии во Македонија
Галерии Место
АнаГор Скопје
Анина Скопје
Антика Битола
Антико Скопје
АРС Битола
Art House Скопје
Ателје Атанас Дудам Охрид
Маријак Скопје
Безистен Штип
Безистен Скопје
Букефал Струга, Скопје, Охрид
РА Скопје
Грал Скопје
Даут Пашин Амам Скопје
Дрво Арт Скопје
Дудидко Скопје
Ел Греко Скопје
Импресија Скопје
ИН Скопје
Ј‟НО Охрид
Касвер-Ц Скопје
Кодекс ВМ Скопје
Културно Информативен
Центар
Скопје
Леонардо Скопје
Момир Охрид
Лотрек Струга
Монет Скопје
Осојница Виница
Пинокио Штип
Св. Кирил и Методиј Битола
Теменида Битола


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

38 -38 | С т р а н а

Јени Џамија Битола
Чифте Амам Скопје
Џани Кочани
Градска уметничка галерија Куманово
Извор: Министерство за култура


1.7. Активен туризам

Зимски спортови

Табелата 1.19 подолу содржи детали за локациите на кои постојат скијачки
центри, ски лифтови и организирани патеки.

Табела 1.19: Локации на скијачки центри, ски лифтови и организирање на патеки
Име/Место Скијачка
патека
Ски
Лифт
Организатор
Маврово 1 Лесна Клуб Заре Лазаревски
Маврово 2 Лесна Клуб Заре Лазаревски
Маврово 3 Лесна Клуб Заре Лазаревски
Маврово 4 Средна Клуб Заре Лазаревски
Маврово 5 Средна Клуб Заре Лазаревски
Маврово 6 Средна Клуб Заре Лазаревски
Маврово 7 Тешка Клуб Заре Лазаревски
Маврово 8 Тешка Клуб Заре Лазаревски
Попова Шапка 1 Лесна ПК Љуботен, Тетово
Попова Шапка 2 Лесна ПК Љуботен, Тетово
Попова Шапка 3 Средна ПК Љуботен, Тетово
Попова Шапка 4 Тешка ПК Љуботен, Тетово
Попова Шапка 5 Тешка ПК Љуботен, Тетово
Крушево 1 Лесна АД Илинден, Крушево
Крушево 2 Средна АД Илинден, Крушево
Стрезево, Пелистер Лесна ЈП Стрежево, Битола
Нижеполе, Пелистер Средна ЈП Стрежево, Битола
Бегова Чешма,
Пелистер
Средна ЈП Стрежево, Битола
Маврово Скијање на
даска
Асоцијација за скијање
на даска
Шапка, Тетово Скијање на
даска
Асоцијација за скијање
на даска
Извор:Министерство за култура

Во моментот, трите најпопуларни зимски спортски центри за домашните и
регионалните туристи се Попова Шапка, Пелистер и Маврово. Постојат скијачки
патеки во должина од 20 километри на Попова Шапка и 7 километри во
Маврово, со сите нивоа на нагиби потребни за скијање. Заради висината на
којашто се наоѓаат, нивната сезона обично е релативно долга.

И на Попова Шапка и на Маврово има добар спектар на хотелско, апартманско
и приватно сместување и до нив релативно лесно може да се дојде од
локалните аеродроми - Скопје и Охрид. Пелистер се наоѓа на дофат на
објектите за сместување и другите објекти во Битола. И сместувањето и цените
на скијачките билети се конкурентни. Доколку може да се обезбеди атрактивен


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

39 -39 | С т р а н а

авио-превоз преку чартер летови и/или евтини авионски линии, постои добар
потенцијал за привлекување странски скијачки бизниси. Маврово е во приватна
сопственост и е позитивен пример за другите ски-центри.

Сопственоста, одржувањето и неадекватните инвестиции се проблеми кои го
спречуваат неговиот раст и развој.

Скијањето на даска е нова зимска спортска активност која започна пред 5
години и со истата се уште управува и ја организира невладина организација.

Промотивната активност во моментов е сконцентрирана само на домашниот
пазар.

Пешачење/велосипедизам

Пешачењето и велосипедизмот се во организација и под управа на невладини
организации, единиците на локална самоуправа или националните паркови.
Повеќето од постојните патеки се добро означени, но недостасува толкување, а
Табела 1.20 подолу ги дава локациите и карактеристики на различни патеки за
пешачење и велосипедизам во Македонија.

Табела 1.20: Локации и карактеристики на различни патеки за пешачење и
велосипедизам во Македонија
Патека Пешачење/
велосипедизам
Место Должина Знаци Превод
Асан Ѓура Пешачење НП
Галицица
15 км
Галичица Велосипедизам НП
Галицица
23 км -
Голема Ливада-
Копанки
Пешачење НП
Пелистер
3 км -
Копанки-
Пелистерски очи
Пешачење НП
Пелистер
12 км
Ротино-детска
патека
Пешачење НП
Пелистер
2 км
Брајчино-
Пелистерски очи
Пешачење НП
Пелистер
15 км
Требиште-
Локувски езера
Пешачење НП
Маврово
6 км -
Ростуше-Дуф Пешачење Близу НП
Маврово
3 км
Галичник-Јанче Велосипедизам НП
Маврово
6 км - -
Маврово-
Богдево-Трница
Велосипедизам Близу НП
Маврово
40 км -
Елен скок-Селце-
Тресонче
Велосипедизам
/ Пешачење
Близу НП
Маврово
25 км -
Бошков мост-
Јама
Велосипедизам Близу НП
Маврово
23 км -
Беровско езеро Велосипедизам
/Пешачење
Берово 18 км
Извор:Министерство за култура

Инвестирањето во овие патеки главно се врши преку различни донации, и не се
обезбедуваат адекватни средства за долгорочно управување и одржување на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

40 -40 | С т р а н а

патеките. Учеството на единиците на локална самоуправа во процесот на
одржување на постојните и градењето нови патеки е се уште ограничено.
Потенцијалот за организирање на повеќе патеки е значителен, особено ако се
планира во комбинација со други активности и капацитети кои може да се
пласираат на пазарот како еден туристички производ.

Екстремни спортови

Екстремните спортови се релативно нова активност, се уште предводени од
групи на ентузијасти во клубовите или невладините организации, бидејќи
вклученоста на единиците на локална самоуправа е инцидентна. Табела 1.21
подолу дава листа на активности со нивните локации и организатори.

Табела 1.21. Локации и организации на екстремни спортски активности во Македонија
Име/Место Активност Организатор
Црна река Сплаварство НВО “Трансверзалец”, Гостивар
Отмарова карпа, Матка Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Централа, Матка Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Пиер, Матка Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Дом, Матка Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Маткино трло, Матка Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Виа Фератте, Демир
Капија
Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Радар Петра, Демир
Капија
Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Арена, Демир Капија Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Кифла Рак, Демир Капија Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Канео, Охрид Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје е
Трпејца, Охрид Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Св. Никола, Охрид Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Зли Дол, Охрид Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Плоча, Штип Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Магарево, Битола Алпинизам Спортско качувачка асоцијација,
Скопје
Треска ,Скопје Кајакарство Спортска асоцијација Скопје,
Скопје
Радика, Маврово Кајакарство Спортска асоцијација Скопје,
Скопје
Љилачица, Велес Параглајдерство Вертиго, Скопје
Крушево Параглајдерство Вертиго, Скопје
Охрид Параглајдерство Вертиго, Скопје
Пелистер, Битола Параглајдерство Вертиго, Скопје
Ајватовци, Скопје Параглајдерство Вертиго, Скопје


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

41 -41 | С т р а н а

Караџица, Скопје Екстремен
велосипедизам
ХМКД, Скопје
Извор: Здружение на екстремни спортови и одговорни невладини организации.

Туристичката понуда на екстремни спортови е мала и е достапна главно за
локалните туристички ентузијасти, а не како комерцијално организирана понуда
за потенцијалните туристи.

Параглајдерството е нова активност која се нуди, а кајакарството е
традиционална активност на спортски здруженија во Скопје, која им се нуди и
на туристите. Тоа е добро опремена и организирана активност, особено во
пролетната и есенската сезона во регионот на реката Треска и реката Радика.

Сплаварењето и алпинизмот се нови активности организирани од Спортското
алпинистичко здружение на Скопје. Тури се планираат во текот на месецот и за
членовите на здружението и за туристите.

Постојат одлични услови за едриличарство, како и објекти за обука на пилоти
на спортските аеродроми, како на пример Стенковец.

Лов

Вкупниот број на ловци кои ја посетуваат Македонија веројатно не е поголем од
1 000 годишно. Меѓутоа, ова е високо профитабилен пазарен сегмент, во кој
трошоците кои се директно поврзани со ловењето, во просек, се повисоки од
2000 евра по лице. Табелата 1.22 подолу содржи локации и видови на лов кои
се достапни во Македонија.

Табела 1.22 :Локации и видови на лов кои се достапни во Македонија.
Место со локации за лов Вид на дивеч
Дојран Диви свињи
Богословец Птици
Катланово Фазани
Маздрача, Шар Планина Диви свињи, диви гуски
Брезовец, Бистра Диви свињи
Јасен Диви свињи, диви гуски
Полаки Диви свињи, диви гуски
Извор: Главен туристички план, Луис Бергер 2003 година

Иако постојат околу 45 ловечки здруженија, само неколку организации активно
го промовираат ловот надвор од земјата. Тука се вклучени големиот приватен
оператор Микеи, Националните паркови и Македонски шуми. Маркетингот се
врши преку интернет страниците и преку разни деловни врски. Операторите,
исто така, се поврзани со голем број специјализирани туристички оператори кои
организираат тури за лов. Тие, исто така, учествуваат на голем број изложби во
Европа со специјализирани делови за лов, или на штандовите на туристичките
оператори или самостојно.

Дневната цена за ловците е околу 200 евра за сместување и користење на
капацитетите. На оваа цена треба да се додаде надоместокот за трофеј. Овие
цени се конкурентни на ниво на регионот.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

42 -42 | С т р а н а

Носечкиот капацитет на ловечките области во голема мера ја надминува
сегашната популација на дивеч и постои голем потенцијал за зголемување на
бројот на ловци доколку бројот на дивеч се зголеми. Како што беше наведено
во Стратегијата на Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство за одржлив развој на шумите, постои потреба од воведување
на репродуктивен центар за одгледување на дополнителни ендемски видови,
со цел повторно населување на ловечките области.

Исто така, потребна е поддршка за промовирање на ловот, со цел да се
овозможи бројот на гости да се зголеми на ниво на кое приходот ќе биде
доволен за одржување на високо-профилна годишна промотивна програма.

1.8. Рурален туризам

Руралниот туризам е нова активност за Македонија. Се прават напори тој да се
зголеми како дел од заштитата на природата и животната средина, а Табела
1.23 подолу, ги прикажува локациите и видовите на активности од рурален
туризам расположливи во Македонија.

Табела 1.23: Постојни локации на рурален туризам

Место Сместување Угостителство Патеки Разгледување
1 Брајчино
2 Вевчани
3 Берово
4 Пехчево - -
5 Смоларе - -
6 Банско -
7 Мокрино -
8 Колешино -
9 Галичник
10 Зрновци
Извор: СОРОС и одговорните општини

























Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

43 -43 | С т р а н а


Мапа 1.6: Главни области за рурален туризам



Мапата 1.6 погоре прикажува локации на главни области за рурален туризам во
Македонија, иако единствено “целосно” организиран рурален туризам може да
се најде во селото Брајчино, каде постојат објекти за сместување и
угостителство, патеки и активности. Друго село, Зрновци, се планира да се
организира на сличен начин во иднина. Постојат голем број атракции и патеки
организирани во Малешевијата (Пехчево, Берово), со објекти за сместување и
угостителство, како и атракции и угостителски објекти само во областа
Беласица (Колешино, Банско, Мокрино, Смоларе).

Привлечната природа на планините во Западна Македонија и долгата историја
и традиција досега се промовирани само во Галичник. Тука постојат многу
повеќе потенцијали.

Селото Вевчани е уште еден добар пример на организирани патеки и атракции,
како и сместување и угостителство, но, сепак, како и во претходните примери,
тоа претставува изолиран краткотраен туристички производ.

Постои потреба од поврзување на голем број области, со цел да се понуди
барем еднонеделен производ со различни активности и истите да се спакуваат
и да се понудат на пазарот.

1.9. Вински туризам

Во Република Македонија постојат околу 54 комерцијални винарии. Голем број
од нив прикажани во Табела 1.24 и лоцирани во Мапата 1.7 подолу, почнуваат


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

44 -44 | С т р а н а

да нудат дегустација на вина и други услуги на формална основа за гости, со
цел да се промовираат нивните брендови и директна продажба.

Табела 1.24: Локации и капацитети на винарии отворени за гости во Македонија

Место Сместување Угостителство Дегустаци
и
1 Бовин, Неготино -
2 Пивка, Неготино - -
Фонко, Неготино
3 Камник, Скопје
Еленови, Демир Капија
4 Попова Кула, Демир
Капија

5 Лепово, Кавадарци -
Тиквеш, Кавадарци
Вадарска Долина,
Кавадарци

6 Чекорови
Јостела, Гевгелија

Извор: Exploring Macedonia и Винарско здружение, Енолошки клуб


Мапа 1.7: Винарии кои нудат тури и дегустација



Во Република Македонија, винскиот туризам е релативно нов производ, како
дел од некои други туристички понуди или како еднодневна екскурзија. Од


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

45 -45 | С т р а н а

винариите известуваат дека повеќето гости доаѓаат преку директни контакти, а
не преку туристички агенции и/или туристички оператори.

Понудата се состои од дегустација на различни вина, тури во фабриките каде
што се произведува виното, одредени историски предавања, приказни, како и
добро традиционално угостителство и можности за купување.

Постои потреба за организација на повеќе објекти за сместување во овие
области, како и организирање на вински патеки коишто ќе се поврзат во
единствен производ. Фондацијата Тиквешки вински пат е активна во оваа
област, но со ограничени средства.

1.10. Конференциски капацитети

Република Македонија има ограничена понуда на комерцијални објекти за
конференции. Во земјата не постојат конференциски центри изградени за
потреби од повисоко ниво. Во повеќе места можат да одржат состаноци на
повисоко ниво, пред се во Скопје, и овие се дадени во Табела 1.25 за Скопје и
Табела 1.26 за Охрид и Струга.
Скопски саем може да прими и до 5.000 луѓе и има 3.546 седишта во
амфитеатарски стил. Покрај ова, тој има уште две простории во кои собира
околу 150 седишта во амфитеатарски стил.
Најголем број од конференциските сали се наоѓаат во хотелот Александар
Палас во Скопје, каде што има најголема просторија со 14.000 седишта.
Меѓутоа, не постои објект во кој би се одржале состаноци во групи од илјада
делегати без да се преуреди главната сала, а да се послужат голем број луѓе е,
исто така, тешко. Ова се однесува и на другите големи хотели, и во Скопје и во
Охрид.

Табела 1.25: Конференциски капацитети на хотелите во Скопје
Хотел Сместување Капацитет и стил на
најголемите сали
Сали за работа во
групи, Амфитеатарски
стил, Капацитет
Холидеј Ин 163 соби
15 апартмани
700 амфитеатарски 7 соби 20 - 450 седишта
Александар
Палас

135 соби 1.400 амфитеатарски 5 соби 20 - 500 седишта
Континентал 194 соби
6 апартмани
1.000

2 соби 50 - 400 седишта
Карпош 59 двокреветни соби
5 апартмани
60 амфитеатарски 2 соби 10 - 40 седишта
Бест Вестерн 75 двокреветни соби 100 коктел 3 соби 20 - 120 седишта
Извор: Сектор туризам, локална власт Скопје

Табела 1.26: Конференциски капацитети на хотелите во Охрид и Струга
Хотел Сместување Капацитет и стил на
најголемите сали
Сали за работа во групи,
Амфитеатарски стил,
Капацитет
Метропол 1 претседателски
апартман
5 апартмани
200 соби
500 амфитеатарски 5 соби 50 - 450 седишта

Белви 19 апартмани
180 соби
300 амфитеатарски 2 соби 100 - 200 седишта
Гранит 6 апартмани 250 амфитеатарски


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

46 -46 | С т р а н а

227 двокреветни соби
Инекс Горица 5 ВИП апартмани
150 соби
450 амфитеатарски 3 соби 20 - 100 седишта
Дончо 8 апартмани
50 соби
250 амфитеатарски 1 соба - 35 седишта
Дрим - Струга 1 апартман
199 соби
350 амфитеатарски 6 соби - 50 - 250 седишта
Извор: Сектор туризам, локална власт Охрид

Поголемите хотели нудат модерна опрема за состаноци, вклучувајќи уреди за
симултан превод.

Многу хотели надвор од двата главни центри нудат мали конференциски сали,
како на пример, Молика - Битола, Сириус и Банско - Струмица, Бистра -
Маврово, Амбасадор - Скопје, Силекс, Ривиера или Миленимум Палас - Охрид.

Хотелските конференциски објекти во Охрид и Струга се особено важни како
средство за привлекување бизнис надвор од сезоната.

Во моментов, објектите за состаноци се прилагодени пред се на домашниот
пазар, но биле одржани и неколку регионални состаноци. Не постојат
консолидирани податоци за местата на одржување на конференците од кои
организаторите на состаноците можат да изберат дестинации и кои може да
бидат искористени за промотивни цели.

За време на фазата на прием во ЕУ и после истата, Република Македонија ќе
има се повеќе можности да привлече регионални и меѓународни конференции.
Ќе има можност за дополнителни места за состаноци кои нудат централни
конференциски сали со седишта од 250 до 1000 места, со голем број простории
за работа во помали групи со приближно толкав вкупен капацитет, а исто така и
можност да се обезбеди храна за истиот тој број лица во други делови на
истото место.

1.11. Туристички оператори кои носат странски туристи во земјава -
Прифаќачи на групи - Компании за управување со дестинации

Табела 1.27 подолу покажува локации, број и вид на лиценца на лиценцираните
туристички оператори кои носат странски туристи во земјата и прифаќачи на
групи- компании за управување со дестинации лиценцирани во Македонија.

Табела 1.27: Туристички оператори кои носат странски туристи во нашата земја -
Прифаќачи на групи - Компании за управување со дестинации
Категорија на
лиценца
А Б В
Скопје 79 19 22
Охрид 3 2 3
Струга 2 1 4
Прилеп 2 1 6
Битола 7 3 13
Гостивар 1 - 5
Тетово 3 2 8
Кавадарци - - 2
Гевгелија - 1 -
Струмица 3 2 3
Штип 2 - 2


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

47 -47 | С т р а н а

Кочани 1 1 5
Богданци - - -
Куманово 1 5 10
Велес 1 1 2
Радовиш - 1 3
Пробиштип - - -
Дебар - - 3
Кичево 2 - 7
Неготино 2 - -
Ресен - - -
Тотал 106 32 99
Извор: Локални општини, Министерство за економија и Државен завод за статистика

Туристичките агенции со лиценца А организираат патувања на странски
туристи во земјата и на домашни туристи во странство, оние со лиценца Б се
повеќе ориентирани кон домашните туристи, а оние со лиценца В се најчесто
превозници. Агенциите и туристичките оператори коишто организираат
патувања на странски туристи во земјата се оние коишто поседуваат лиценца
А. Тоа не значи дека тие се активни на ова поле.

Од вкупно 120 туристички агенции присутни и прикажани во Табела 1.27 погоре,
од оние со лиценца А во Скопје, само 4 се познати како туристички оператори
кои носат странски туристи во земјата. Постојат и две во Охрид и една во
Битола, кои исто така работат на организирање патувања на странски туристи
во земјата.

На туристичките агенции им недостасува капацитет од аспект на човечки
ресурски, финансии и организација за да одржат долгорочни врски со
странските туристички оператори. Иако некој може да очекува од Асоцијацијата
на туристички агенции на Македонија (АТАМ) да ги промовира своите членови и
нивните услуги на странските пазари, таа сепак не ја игра таа улога. Исто така,
тешко е за асоцијацијата да работи во отсуство на генерална промоција на
земјата како атрактивна туристичка дестинација.

1.12. Туристички Информативни Центри и туристички водичи




На меѓународно ниво, улогата на туристичките информативни центри е да им
обезбеди на гостите информации за локалните и регионалните и националните
туристички објекти, атракции, сместување и услуги и да обезбеди сместување,
изнајмување на автомобил, тури итн. Во многу случаи, тие наплатуваат за овие


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

48 -48 | С т р а н а

услуги, а исто така наплатуваат провизии и продаваат туристички мапи,
публикации и сувенири.Табела 1.28 подолу ги наведува локациите и услугите
кои се достапни за постојните Туристички Информативни Центри во
Македонија, а Мапата 1.8 ги прикажува локациите во рамките на земјата.


Табела 1.28: Туристички информативни центри во Република Македонија
Име/Место Сопственост/
управување
Работно
време
Сувенири Мапи Понуда
на
водичи
Резервации
за
сместување

1 ТИЦ, Скопје Туристичка
асоцијација на
Скопје, (НВО)
Во
моментов
не работи

2 ТИЦ
“Лихнидос”,
Охрид
Општина Охрид 9-21

3 ТИЦ, Битола Општина
Битола/”Центар за
културна
соработка” (НВО)
10-18 - -
4 ТИЦ, Струмица Општина Струмица
/ "Aquila Aurea
Makedonika” (НВО)
10-20
-
5 ТИЦ, Осогово,
Коцани
Општини во
Осоговскиот
регион, GTZ проект
08.30-
16.30
(само
преку
недела)

-
6 ТИЦ, Берово,
Берово
Општина Берово,
UNDP / Фински
проект
10-14
(само
преку
недела)

-
7 ТИЦ, Гевгелија Apollonia Casino
UNDP/ Фински
проект
08-24
јуни-
септември
-
Извор: Министерство за економија





















Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

49 -49 | С т р а н а

Мапа 1.8: Туристички информативни центри



Повеќето туристички информативни центри работат со соодветно работно
време, освен оние во Берово и Кочани, коишто не работат за време на
викендите, кога се очекува најголем број туристи. Само Охрид нуди туристички
водичи преку информативните центри. Центрите во Охрид и Битола нудат
информации за изнајмување автомобил.

Информации за сместувањето и угостителството, како и за музеите, театрите,
галериите се нудат насекаде, но само Битола има можност да организира
сместување (да се направат резервации).

1.13. Заклучоци

Надвор од Скопје, Охрид, Струга и Маврово, постои недостаток од квалитетно
сместување. Само 20% од сместувањето на национално ниво (14.000 кревети)
е во хотели, но критериумите и спроведувањето на категоризацијата за
сместувањето не се усогласени со меѓународните стандарди и постои само
ограничено присуство на меѓународни брендови за сместување, кои можат да
стимулираат повисоки оперативни стандарди. Манастирското сместување е
потенцијална туристичка придобивка, ако ефикасно се промовира.

Работничките и детските објекти за сместување се многу на број, но повеќето
се во мошне лоша состојба, со нејасна сопственост и не одговараат на
туристичкиот пазар, додека автокамповите и камперските локации се на многу
пониско ниво од европските стандарди. До 50% од сместувањето не е
регистрирано и е на неофицијалниот (црн) пазар. Понудата на бањскиот


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

50 -50 | С т р а н а

туризам е со низок квалитет и има потреба од целосно
реновирање/реконструкција, за да одговара на европските производни
стандарди за бањите и за релаксација.

Понудата на туризмот во националните паркови е на ниско ниво на развој, но
има добар потенцијал како производ и како извор на приходи за парковите.

Охридското Езеро го постигнува својот носечки капацитет во летните месеци на
ударна сезона, но во другите периоди собите се празни. Преспанското и
Дојранското Езеро имаат развоен потенцијал, но тој развој мора да биде под
строга контрола за да се избегнат еколошките грешки од минатото.

Пештерите имаат добар туристички потенцијал, но во моментов нивните
системи се лоши, вклучувајќи ги стандардите за сигурност, осветлување и
толкување.

Богатото религиозно наследство е голема придобивка, но толкувањето и
малопродажната понудата во најголем дел е многу слаба. Дури и најголемите
археолошки локации и музеи имаат слаб превод и имаат ограничена
малопродажна понуда.

Неколку зимски спортски дестинации нудат објекти од меѓународен квалитет.
Другите активни спортови имаат добар потенцијал, но потребно е да се
подобри нивната организација, координација и промоција.

Руралниот туризам има добар потенцијал, но за него е потребна подобра
организација, презентација и промоција на производите. Винскиот туризам е
производ во развој, кој е поврзан со руралниот туризам и со еднакво добар
потенцијал.

Одговорноста за одржувањата на пешачките и велосипедските патеки не е
јасна и постои недостаток од инвестиции од општината. Риболовот е важна
активност за локалните или регионалните пазари. Ловот има добар потенцијал,
а подготвена е програма за интензивно одгледување на дивеч и строго
спроведување на контроли.

Постои голем недостаток од компетентни туристички оператори кои носат
странски туристи во земјати кои располагаат со соодветна опрема и
промотивни ресурси. Мрежата на Туристички информативни центри е
нецелосна и и недостасува координација и професионални стандарди на
работа.














Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

51 -51 | С т р а н а

2. Пристап и инфраструктура

Воздушниот пристап е важен за економскиот развој на Република Македонија.
Подобрувањето на авиотранспортните системи ќе го олесни забрзаниот развој
на индустријата, меѓународната трговија и туризмот. Патната и железничката
мрежа се еднакво важни за пристап и дистрибуција во земјата.

2.1 Воздушен пристап

Тековна состојба

Во Република Македонија постојат два меѓународни комерцијални аеродроми:

- Аеродром „Александар Велики“ - Скопје (главно со однапред
резервирани летови: 93%) и
- Аеродром „Св. Апостол Павле“ - Охрид (за чартер летови, скоро 100%)

Во 2005 година, во воздушниот сообраќај во Република Македонија
учествувале околу 600.000 патници, од кои околу 530.000 (88%) поминале преку
Аеродромот во Скопје, а околу 60.000 (12%) преку Охридскиот аеродром.
Постојат пет спортски аеродроми и над петнаесет леталишта за земјоделско-
стопанска авијација.
Двата меѓународни аеродрома ги контролира Владата преку Акционерското
Друштво за Аеродромски Услуги „Аеродроми на Македонија“. Бидејќи
растојанието меѓу двата аеродрома изнесува само 150 км, не постои домашен
комерцијален авиосообраќај.
Република Македонија има повеќе авиопревозници - Македонски
авиотранспорт (МАТ), кој е во приватна сопственост и е определен како
редовен авиопревозник со право на вето и контрола врз конкурентите кои
влегуваат во овој пазар, како и врз цените на билетите, Airlift Service со
мешовита македонско - бугарска сопственост, и Star Airlines со мешовита
македонско – турска сопственост за превоз на стока.

Табела 2.1: Аеродром „Александар Велики“ - Скопје

Оддалеченост од град
Скопје
22 км
Шалтери за
регистрирање на
патници и багаж
8
Број на влезови 4 (2 за полетување /
2 за слетување)
Извор: АД Аеродроми на Македонија
Скопскиот аеродром е главниот меѓународен аеродром во Република
Македонија и неговите основни карактеристики се претставени во Табела 2.1
погоре. Во 2000 година, во сообраќајот учествувале повеќе од 1 милион
патници, но оттогаш наваму, сообраќајот е намален. Развојот на економијата и
туризмот ќе придонесат кон зголемување на фреквенцијата на сообраќај во
иднина. Зголемената безбедност може да го ограничи капацитетот на патници
кои може да бидат опслужени на помалку од еден милион.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

52 -52 | С т р а н а

Според Планот за развој (подготвен со поддршка на програмата CARDS), 1,2
милиони патници се предвидени за 2030 година. Ова се смета за внимателно
предвидување и не го зема во предвид потенцијално влијание од членството на
земјата во ЕУ, што значи дека бројката веројатно ќе биде поголема од
предвидената. Ќе треба да се разгледа можноста од реорганизација на
движењето на патниците или од зголемување на капацитетот на терминалот.
Акционерското друштво „Аеродроми на Македонија“ е единствен оператор на
аеродромската инфраструктура и давател на аеродромски услуги во РМ. Ова е
во спротивност со правилата на Спогодбата за ЕЗВО за давање на
аеродромски услуги, што треба да биде дозволено до одредена мерка за
аеродром од каква било големина и целосно возможно за аеродроми кои
опслужуваат повеќе од 1 милион патници.

Приливот на патници на аеродромот (во ситуација на нормална
распределеност) изнесува приближно 240 патници на час на 8 шалтери за
регистрирање на патници и багаж. Истата ситуација со приливот на патници
може да се сретне и кај одделите за пристигнување. Меѓутоа, како резултат на
најновите технолошки достигнувања на полето на безбедноста
(фотографирање на сите патници при пристигнување и заминување од
Македонија), приливот може да биде малку побавен и намален (приближно 180
патници на час). Најголем проблем со турканици се јавува во утринските
часови (особено околу 06 часот), бидејќи тое е времето за полетување кое го
бараат сите авиокомпании.

Авиокомпании кои оперираат на Скопскиот аеродром:

Helvetic Airways
German Wings
Bulgaria Air
Macedonian Airlines
BH Airlines
Adria Airways
JAT Airways
Malev Hungarian Airlines
Czech Airlines
Austrian Airlines
Croatia Airlines
Germania Fluggesellschaft
Turkish Airlines

Авиокомпании кои се во code-share:

Helvetic Airways (codeshare со IN)
Alitalia (codeshare со OK)
British Airways (codeshare со MA)
Lufthansa (codeshare со JP, OS)
Austrian Airlines (codeshare со IN)
Aeroflot (code share со OK, MA)

Што се однесува до големината на авионите, Скопскиот аеродром може да ги
опслужи скоро сите видови авиони, вклучително и широко трупните авиони (на
пример Ербас 310 или Боинг 747).


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

53 -53 | С т р а н а


Регионална конкурентност на Скопскиот аеродром

Во овој реон, на оддалеченост од 50 км не постои друг аеродром. Најблискиот
аеродром (на оддалеченост од 100 км) е Приштинскиот аеродром (Косово), кој
сè уште е под многу строги ограничувања во однос на користењето на
воздушниот простор. На оддалеченост од 200 - 300 км се наоѓаат следните
аеродроми: Солун (Грција), Софија (Бугарија), Ниш (Србија), Подгорица (Црна
Гора) и Тирана (Албанија).

Сите овие аеродроми ги опслужуваат нивните територии во рамките на нивните
национални граници, Меѓутоа, целосната имплементација на Спогодбата за
ЕЗВО и идното подобрување на патната мрежа на Балканот ќе резултира со
многу повисок степен на конкурентност меѓу овие аеродроми.

Слетувања на аеродромот

Распоредот на летање во летниот период за Скопскиот аеродром е ограничен
на директните врски со 15 европски дестинации. Повеќе од 90% од
македонскиот авиосообраќај се одвива преку овој аеродром. Скоро сите
дестинации се кон поголемите Европски градови или важни дестинации на
Балканскиот Полуостров.. На Табелата 2.2 подолу се претставени
расположливи податоци од АД „Аеродроми на Македонија“ за деталниот
сообраќај на Скопскиот аеродром.

Табела 2.2: Статистички податоци за сообраќај на Скопскиот аеродром
2004 2005 2005/2004
%
ЛЕТОВИ
Закажани летови 6.880 8.238 19,7
Чартер летови 537 595 10,8
Карго летови 527 754 43,1
Други (воени, ВИП) 2.996 2.514 16,1
Вкупно движење на
воздухоплови
10.940 12.101 10,6
ПАТНИЦИ
Патници што
пристигнуваат
245.572 256.561 4,5
Патници што заминуваат 249.039 264.778 6,3
Вкупно патници 494.611 521.339 5,4
Вкупно карго 2.283,1 2.305,4 3,2
Извор: АД „Аеродроми на Македонија“, 2006


Табела 2.3: Број на операции на воздухоплови и патници на Скопскиот аеродром

Година Операции на
воздухоплови
Патници


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

54 -54 | С т р а н а

2000 24.234 1.019.905
2001 16.673 495.204
2002 13.725 508.258
2003 12.428 494.247
2004 10.940 494.611
2005 12.101 521.339
2006 12.637 542.319
2007 13.085 626.644
2008 13.303 652.339
Извор: АД Аеродроми на Македонија, 2008

Табела 2.3 погоре го покажува историскиот тренд на вкупните операции на
воздухоплови и патници на Скопскиот аеродром во периодот од 2000 до 2007.
2000 година беше најуспешната година за Скопскиот аеродром во изминатата
деценија. Преку него поминаа повеќе од 1 милион патници (главна причина е
неговата близина до Косово и специфичната ситуација со авиотранспортот
после конфликтот во овој регион). Оттогаш па наваму, сообраќајот опадна
заради внатрешниот конфликт (2001) и може да се забележи намалување во
смисла на бројот на операции на воздухоплови, но постепено зголемување на
бројот на патници.

Табела 2.4: Аеродром „Св. Апостол Павле “ - Охрид

Оддалеченост од град
Охрид
10 км
Број на шалтери за
регистрација на патници и
багаж
4
Број на влезови 2
Извор: АД „Аеродроми на Македонија“

Охридскиот аеродром е мал туристички аеродром, со максимален капацитет од
300.000 патници годишно, и неговите главни карактеристики се претставени во
Табела 2.4 погоре. Само четирите шалтери за регистрација на патници и багаж
и едната лента за багаж во моментов го ограничуваат бројот на истовремени
операции на само две.
Техничката опременост на аеродромот ги задоволува меѓународните стандарди
од областа на опслужувањето на воздухоплови и патници. Охридскиот
аеродром е многу полезен во смисла на алтернативен аеродром за
пренасочување на авиони заради добрите временски услови во текот на целата
година. Вработените на аеродромот ја поседуваат неопходната стручна
едукација и сите потребни меѓународни и национални дозволи за работа и
уверенија. Обуката најчесто се организира во тесна соработка со Скопскиот
аеродром.

Според раководството на аеродромот, приливот на патници на аеродромот (во
ситуација на нормална распределеност) приближно изнесува 300 патници на
час на 4 шалтери за чекирање или оддели за пристигнување. Меѓутоа, како
резултат на најновите технолошки достигнувања на полето на безбедноста


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

55 -55 | С т р а н а

(фотографирање на сите патници при пристигнување и заминување од
Македонија), приливот може да биде малку намален и побавен (приближно 200
патници на час).

Авиокомпании кои оперираат на Охридскиот аеродром:

Macedonian Airlines;
Adria Airways;
Helvetic Airlines;
GermanWings;
JAT Airways.

Имајќи ја предвид големината на авионите, Охридскиот аеродром може да ги
опслужи скоро сите видови авиони, вклучително и широко трупните авиони (на
пример Ербас 310, но не и најголемите авиони како Ербас 380 или Боинг 747).
Потребни се одредени модификации и подобрувања на инфраструктурата за
аеродромот да може да опслужи поголеми авиони, особено оние што се
користат за карго операции и авионите за долги летови.

Регионална конкурентност на Охридскиот аеродром

Во овој реон на оддалеченост од 50 км не постои друг аеродром. На
оддалеченост од 150 км се наоѓа Тиранскиот аеродром (Албанија). Во опсег од
250 км се наоѓа аеродромот на Крф (Грција), Солун (Грција), Приштина
(Косово), Ниш (Србија), Тирана (Албанија), Тиват (Црна Гора) и Подгорица
(Црна Гора).

Слетувања на аеродромот

Табелата 2.5 подолу ги презентира расположливите податоци за бројот на
операции на воздухоплови и патници на Охридскиот аеродром за периодот од
2000 до 2007. Аеродромски услуги на Охридскиот аеродром користат МАТ и
уште 4-5 странски авиокомпании оперирајќи на 7-8 европски дестинации. Само
10% од вкупниот македонски авио-транспорт се одвива преку овој аеродром.
Раководството на Охридскиот аеродром проценува дека повеќе од 80% од
патниците на овој аеродром се туристи што доаѓаат на одмор. Намалувањето
на бројот на патници во 2007 се должи на принудното затворање на
аеродромот во текот на неколку недели од технички причини.

Табела 2.5: Број на операции на воздухоплови и, патници на Охридскиот
аеродром

Година
Број на
операции на
воздухоплови
Патници
2000 2.051 65.941
2001 998 53.954
2002 1.079 60.209
2003 1.032 51.082
2004 656 32.497
2005 1.088 53.930
2006 1.025 50.366


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

56 -56 | С т р а н а

2007 1.109 45.515
2008 976 44.413
Извор: АД Аеродроми на Македонија, 2008

Воздухопловна безбедност и сигурност
Република Македонија е членка на Европската конференција за цивилно
воздухопловство (ECAC - European Civil Aviation Conference) и Меѓународната
организација за цивилно воздухопловство (ICAO - International Civil Aviation
Organisation) и заради тоа има целосен пристап до доверливи и специфични
безбедносни мерки од Документот 30 од ECAC и Анекс 17 од ICAO.
И двата аеродроми, Скопскиот и Охридскиот имаат одобрени безбедносни
програми, но немаат програми за безбедносни обуки. Лицата кои ги вршат
сигурносни проверки се обучени од страна на Министерството за внатрешни
работи. Спроведени се обуки за важноста на безбедноста и сигурноста, за кои
се водени записници и се чуваат досиеја.
Македонски авиотранспорт (МАТ) подготви Програма за безбедност на авио-
превозник, врз основа на форматот од Документ 30 од ECAC. Програмата беше
одобрена од ЕЗО. МАТ има многу високи безбедносни стандарди, а неговиот
персонал дава слика на добро образуван и обучен персонал во областа на
авиобезбедноста.

Организациска структура на авиотранспортот

Македонскиот авиотранспортен сектор се состои од неколку сегменти во однос
на неговата организациска структура.

 Министерство за транспорт и врски - согласно член 6 од Законот за
воздухопловство, Министерството за транспорт и врски е надлежно за
работите од областа на воздухопловство и тоа: ја подготвува националната
стратегија за развој на воздухопловството; ја реализира политиката на
Владата во Република Македонија во областа на воздухопловството; ја
спроведува политиката на Владата на Република Македонија при
доделување на концесии од областа на воздухопловството; предлага закони
од областа на воздухопловството и подготвува и донесува подзаконски акти;
врши надзор над работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство;
спроведува постапка за привремено ставање на концесија под привремена
принудна управа (секвестар).
 Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ) - согласно член 7 став 2 од
Законот за воздухопловство, Агенцијата за цивилно воздухопловство е
самостоен орган на државната управа со својство на правно лице.
Надлежностите на Агенцијата за цивилно воздухопловство се утврдени во
став 3 од истиот член. Агенцијата се финансира од дел од надоместокот
остварен врз основа за користење на услугите на воздухопловна навигација
во македонскиот воздушен простор, надоместок за издавање на уверенија,
дозволи, одобренија, согласности и друго, надоместок за преглед на
воздухоплов, надоместок за проверка на стручната способност на
персоналот во воздухопловството и друг стручен персонал, дел од
надоместокот за обезбедување од дејствија на незаконско постапување, дел
од надоместоците за користење на аеродромската инфраструктура
(аеродромска такса) и донации, заеми и друга финансиска и техничка помош


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

57 -57 | С т р а н а

и други надоместоци утврдени со овој закон и други прописи донесени врз
основа на овој закон.
 Давател на услуги на воздухопловна навигација (М-НАВ) – акционерско
друштво со еден акционер, државата – давател на услуги во воздушниот
сообраќај, кој е дезигниран давател на услуги на воздухопловна навигација,
во рамките на македонскиот воздушен простор.
 Акционерско друштво за аеродромски услуги „Аеродроми на
Македонија“ - моментално единствено правно лице што управува со
аеродромската инфраструктура на двата аеродроми во РМ. Тоа ги
обезбедува сите услуги на аеродромите - како воздухопловните,, така и
комерцијални услуги (паркинг, храна, пијалок, кетеринг, и малопродажба)
 Комисија за испитување несреќи и сериозни инциденти во
воздухопловството - согласно член 166 од Законот за воздухопловство во
септември 2006 година e формирана Комисијата за испитување на несреќи
и сериозни инциденти. Оваа Комисија ги испитува несреќите и сериозните
инциденти на воздухоплови или падобрани во воздушниот простор на
Република Македонија и е самостојна во својата работа. Има постојан член
именуван од Владата на Република Македонија и променлив состав чии
членови, во случај на несреќа или сериозен инцидент на воздухоплов или
падобран, ги именува министерот за транспорт и врски од листата на
воздухопловни стручњаци, во зависност од типот на воздухопловот за кој се
работи.
 Национален комитет за воздухопловна безбедност - Со Одлука на
Владата на Република Македонија бр.19-4087/1 од 18.11.2005 година
формиран е Национален комитет за воздухопловна безбедност. Со
Решение од 22.10.2008 година на директорот на Агенцијата за цивилно
воздухопловство именувани се членовите на Националниот комитет за
воздухопловна безбедност. Национален координатор за воздухопловна
безбедност е директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Комитетот работи како постојан комитет за координација на сите дејности
за обезбедување од сите дејствија на незаконско постапување во
воздухопловството. Задача на Комитетот е превземање на превентивни
мерки, организирано постапување и отстранување на последиците од
дејствата насочени против безбедноста на цивилниот воздушен сообраќај.
Во работата на Комитетот учествуваат претставници од Министерството за
транспорт и врски, Министерството за одбрана, Министерството за
внатрешни работи, Министерството за финансии (Царинската управа),
аеродромските оператори, авиопревозниците и давателот на услуги на
воздухопловна навигација.
 Национален комитет за олеснување на превозот во воздушниот
сообраќај - Врз основа на член 86 став 4 од Законот за воздухопловство,
Владата на Република Македонија на 07.10.2008 година донесе
Национална програма за олеснување на превозот во воздушниот сообраќај
(„Службен весник на РМ“ бр.127/08). Согласно оваа Програма и
стандардите од Анекс 9 кон Чикашката конвенција, именувани се
членовите на Национален комитет за олеснување на превозот во
воздушниот сообраќај кој се состои од претставници од Министерството за
транспорт и врски, Министерството за одбрана, Министерството за
внатрешни работи, Агенцијата за цивилно воздухопловство, давателот на
услуги на воздухопловна навигација, Царинска управа, оператори на
воздухопловни пристаништа, даватели на аеродромски услуги и
авиопревозници. Комитетот e надлежен за превземање на мерки за
олеснување на прифаќањето, престојот и испраќањето на воздухоплови,


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

58 -58 | С т р а н а

патници, багаж, стока, пошта и др.
 Национален координатор за алоцирање на слотови за полетување и
слетување - согласно член 84 став 2 од Законот за воздухопловство е
предвидено донесување на подзаконски акт на Владата на Република
Македонија која треба да предвиди номинирање на независен координатор
за алокација на слотови со цел усогласување со ЕУ прописите. Независен
национален координатор за алокација на слотови ќе биде назначен само
ако протокот на патници на аеродромот/-ите надмине 1.000.000 на годишно
ниво и доколку истовремено се појави континуиран недостаток на
капацитети за опслуга. Се дотогаш, доделувањето на слотови ќе се врши
преку олеснувач на распоред.

Трансформација на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Трансформацијата на Агенцијата за цивилно воздухопловство е обврска која
произлегува од член 193 од Законот за воздухопловство. Како резултат на тоа,
секторот во Агенцијата за цивилно воздухопловство надлежен за контрола на
летање ќе се издвои како посебно Акционерско друштво во државна
сопственост, со дејност „давање услуги на воздухопловна навигација“. Наспроти
тоа, пак, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ги задржи регулаторните
функции на воздухопловна власт во воздухопловството.

Во таа насока, Владата на Република Македонија ги донесе следниве акти:

- Делбен биланс за поделба на основните средства, имотот, правата и
обврските помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и Давателот на услуги
на воздухопловна навигација (139-та седница од 23.03.2008 година),
- Одлука бр.19-4602/1 од 16.10.2008 година за отпочнување на постапка за
основање на акционерско друштво во државна сопственост за вршење на
дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација („Службен весник на
РМ”бр.133/08),
- Статут на акционерското друштво во државна сопственост за вршење на
дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација бр.19-4602/1 од
28.10.2008 година („Службен весник на РМ” бр.139/08),
- Одлука за избор на членови на Надзорниот одбор на АД во државна
сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната
навигација бр.33-387/1 од 20.01.2009 година. (Со оваа Одлука именувани се
двајца од тројца членови),
- Одлука за избор на член на Надзорниот одбор на АД во државна
сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната
навигација бр.33-387/3 од 14.04.2009 година. (Со оваа Одлука именуван е
третиот независен член),
- Одлука на Надзорниот одбор на АД во државна сопственост за вршење на
дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација за избор на членови
на Управниот одбор (12.05.2009) и

Новото Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста
давател на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје е
регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија на 04.06.2009
година.





Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

59 -59 | С т р а н а

Трансформација на Јавно претпријатие за аеродромски услуги
„Македонија“ – Скопје

Трансформацијата на ЈПАУ „Македонија” – Скопје во Акционерско друштво во
државна сопственост е обврска која произлегува од членовите 81 и 196 од
Законот за воздухопловство, а врз основа на член 4 од Законот за јавни
претпријатија, како и Законот за трговски друштва.

Во таа насока, Владата на Република Македонија на седницата одржана на
25.02.2008 година ги донесе следниве акти: Одлука за преобразба на Јавното
претпријатие за аеродромски услуги „Македонија“- Скопје во Акционерско
друштво во државна сопственост („Службен весник на РМ“ бр.35/08) и Статут
на Акционерското друштво за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА
МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост („Службен весник на РМ“ бр.35/08).

Со Одлука бр.33-3555/1 од 12.07.2008 година избрани се членови на
Надзорниот одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА
МАКЕДОНИЈА“ – во државна сопственост. Со Одлука на Надзорниот одбор
бр.02-934/3 од 20.08.2008 година избрани се членови на Управниот одбор на
АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА“ – во државна
сопственост.

Новото Акционерско друштво за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА
МАКЕДОНИЈА“ – во државна сопственост е регистрирано во Централниот
регистар на Репубика Македонија на 22.08.2008 година.

Концесија на аеродромите „Александар Велики“ – Скопје, аеродромот
„Св.Апостол Павле“ – Охрид и изградба на нов карго-аеродром во Штип

Законот за воздухопловство предвидува давање под концесија на аеродромите
во Македонија на домашни или странски компании преку јавен тендер. Ова е
исто така потенцирано и во последната одобрена верзија на Национална
Стратегија за развој на воздухопловството во РМ (усвоена од Владата на РМ
на 31.07.2007 година).

Одлуката за избор на концесионер во постапката за давање на концесија за
аеродромите „Александар Велики“- Скопје и „СВ. Апостол Павле“- Охрид и за
изградба на нов карго аеродром во Штип е донесена на седница на Владата на
Република Македонија на 29.08.2008 година („Службен весник на РМ“
бр.108/08).

На 24.09.2008 година во Владата на Република Македонија беше потпишан
Договорот за концесија за аеродромски систем во Република Македонија и
компанијата „ТАВ“ од Република Турција. Потпишаниот договор се однесува на
концесија во период од 20 години. Договорот за концесија ќе влезе во сила на
31.08.2009 година.

Од страна на инвеститорот „ТАВ“ се очекува во период од 20 месеци на
аеродромот „Александар Велики“ во Скопје да изгради нова терминална зграда,
да се продолжи полетно-слетната патека, да се изгради паркинг за автомобили,
пристапен пат, заедно со нова клучка, да се изврши инсталирање на системите
за земска навигација, да се изгради потребната комунална инфраструктура, да


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

60 -60 | С т р а н а

се изврши доградба на административната зграда, нов карго терминал, нова
противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во рок од 12 месеци се предвидува
реконструирање на постоечкиот паркинг, реновирање на објектите во карго
центарот, изградба на ВИП објект, пречистителна станица, реконструкција на
постоечката административна зграда, набавка на нови патролни и
противпожарни возила, како и набавка на нова потребна опрема за аеродромот
да функционира согласно меѓународните стандарди.

Интенцијата за изградба на новиот карго-аеродром во Штип во рок од 36
месеци е да функционира како алтернативен аеродром за потребите на
цивилната авијација со можност во иднина да прерасне во главен аеродром во
Македонија. На карго-аеродромот се предвидува изградба на полетно-слетна
патека, нова терминална зграда, два хангари за увоз и извоз, два хангари за
гаражирање на воздухоплови, изградба на административни објекти, паркинг за
возила, изградба на потребната комунална инфраструктура, набавка на
патролни и противпожарни возила со цел оптимално функционирање, како и
набавка на целокупната потребна опрема за работа според меѓународните
стандарди.

Правна рамка

Закон за воздухопловство
Со Законот за воздухопловство („Службен весник на РМ“ бр.14/06) се уредуват
условите и начинот на вршење на дејностите од областа на воздухопловството
во Република Македонија. Подзаконските акти предвидени со овој Закон се
изготвуваат во согласност со прифатените меѓународни воздухопловни
стандарди, препорачаните практики и легислатива на ЕУ, ICAO, ECAC,
JAA/EASA и EUROCONTROL. Меѓународните стандарди, регулативи, упатства
и препорачани практики на кои подзаконските акти вршат само упатување се
сметаат за прифатени и директно се применуваат. Овој закон дава основа за
транспонирање на ЕУ мерки во подзаконските акти.

Законот за возухопловство е усогласен и обезбедува примена во пракса на
меѓународните договори од јавно правен карактер на кои Република
Македонија е потписник.

Закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство
Во февруари 2007 година е донесен Закон за изменување и дополнување на
Законот за воздухопловство („Службен весник на РМ“ бр.24/07). Измените и
дополнувањата ги отстранија пречките за трансформација на Управата за
цивилна воздушна пловидба, ги допрецизираа изворите на финансирање на
новата Агенција за цивилно воздухопловство, и извршија усогласување со
одредбите од Законот за прекршоци и усогласување со меѓународните
регулативи и стандарди.

Закон за дополнување на Законот за воздухопловство
Во август 2008 година е донесен Закон за дополнување на Законот за
воздухопловство („Службен весник на РМ“ бр.103/08). Дополнувањата се во
насока на регулирање на аеродромските такси (на пример: надоместок за
патници, за безбедност и надоместок за слетување) во смисла дека
аеродромските такси може да бидат поставени од страна на операторот на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

61 -61 | С т р а н а

аеродромот, но мора да бидат одобрени од Владата на Република Македонија
пред да стапат во сила.

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за
воздухопловство
Донесувањето на овој закон е во насока на подобрување на квалитетот на
Законот за воздухопловство и усогласување на состојбите во правец на
обврските и ЕУ правилата превземени со Спогодбата за ЕЗВО, ратификувана и
објавена во „Службен весник на РМ” бр.27/2007, како и постапување согласно
препораките содржани во Извештаите на Мисијата на ЕУ за извршените
проценки на имплементацијата на Спогодбата за ЕЗВО. Со овие измени и
дополнувања, состојбата поврзана со воспоставување на слобода на пристап
на пазарот на аеродромски услуги ќе се регулирана во согласност со ЕУ
Директивата 96/67, со што се овозможува самостојно вршење на аеродромски
услуги. Исто така, испитувањето на воздухопловни несреќи, сериозни
инциденти, инциденти и настани, и потрага и спасување на воздухоплов ќе се
регулира во согласност со ЕУ Директивата 94/56 за основните принципи за
испитување на несреќи и сериозни инциденти во цивилното воздухопловство,
како и ЕУ Директивата 2003/42 за известување на настани во цивилното
воздухопловство и ќе се формира независно тело за нивно испитување.
Понатаму, ќе се уреди работното време на мобилни работници во
воздухопловството и нивното право на бесплати медицински прегледи согласно
ЕУ Директивата 2000/79. Исто така, со измените и дополнувањата ќе се
допрецизираат одредени членови и ќе се усогласат со меѓународните
регулативи и стандарди како и прописите на ЕУ.

Закон за облигационите и стварноправните односи во воздушниот
сообраќај
Во јули 2008 година е донесен Законот за облигационите и стварноправните
односи во воздушниот сообраќај („Службен весник на РМ“ бр.85/08). Со овој
закон се регулираат прашањата поврзани со приватното право во доменот на
воздухопловството, во однос на договорот за превоз, т.е. авиокартата за превоз
на патници, одговорноста на авиопревозниците што произлегува од договорот
за превоз, надоместување на штета, осигурување и сл. Овој закон е усогласен
со следниве ЕУ мерки: 31992R2409; 31997R2027, 32002R0889, 32004R0261,
32005R2111, 32004R0785, 31989R2299 и 31999R0323.

Меѓународни спогодби

Република Македонија ја ратификуваше Чикашката Конвенција и Спогодбата за
меѓународни воздухопловни услуги од 1944 и Монтреалската Конвенција од
1999 година. Меѓутоа, најзначаен водич за исполнување на целите за ЕУ
интеграција на Република Македонија е успешната имплементација на
Спогодбата за ЕЗВО. Меѓу другите работи, оваа спогодба ќе го зајакне
воздушниот пристап, а со тоа и развојот на туризмот.

Мултилатерална спогодба за основање на Европска заедничка
воздухопловна област (ЕСАА)
Во февруари 2007 година Собранието на Република Македонија ја ратификува
Мултилатералната спогодба за основање на Европска заедничка
воздухопловна област (ЕСАА), потпишана на 9.06.2006 година во Луксембург
(„Службен весник на РМ“ бр.27/07).



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

62 -62 | С т р а н а

Спогодбата за ЕЗВО е клучен елемент за развојот на воздушниот сообраќај во
Република Македонија, а исто така и еден од клучните елементи за целосен
економски развој на државата.

Оваа Спогодба ги обврзува сите земји-потписнички во националните
законодавни системи да ја транспонираат листата на регулативи и директиви
на ЕУ кои се приоритети во воздухопловството. Ова вклучува:

 Легислатива за либерализација на пристапот до пазарот, правата и
надоместоците;
 Прописи на ЕУ за регулирање на земското опслужување и доделувањето
на слотови;
 Легислатива за безбедност и сигурност;
 Легислатива за конкуренција и државна помош;
 Легислатива за управување со воздушниот сообраќај и имплементација на
концептот Единствено европско небо (Single European Sky), и
 Стандарди за животната средина и правата на потрошувачите во
воздухопловството.

Дел од оваа легислатива е веќе успешно спроведена. На пример, Правилата за
конкурентност и државна помош се целосно компатибилни со правилата на ЕУ
и се применуваат од страна на независна организација (Комисија за заштита на
конкуренција) од 2006 година. Но, голем приоритет за вклучување на другите
ЕУ правила треба и се даде на законската регулатива која спаѓа во првата фаза
согласно Протокол V од Спогодбата за ЕЗВО и на областите во кои постои
конфликт меѓу правилата на Спогодбата за ЕЗВО и постојните правила во
Македонија.

Спогодба помеѓу Европската Заедница и Република Македонија за некои
аспекти на воздушниот сообраќај, тн. „Хоризонтална спогодба“
Во декември 2006 година Собранието на Република Македонија ја ратификува
Хоризонталната спогодба, потпишана на 9.06.2006 година во Луксембург
(„Службен весник на РМ“ бр.127/06). Нејзина цел е измена или дополнување на
некои одредби од билатералните спогодби за редовен воздушен сообраќај кои
Република Македонија ги има склучено со земји членки на ЕУ со цел истите да
бидат усогласени со законодавството на ЕЗ и на тој начин да се одбегне
дискриминацијата во воздушниот сообраќај во однос на другите земји членки на
ЕЗ.

Македонски Авиотранспорт (МАТ)

Целосната имплементација на Спогодбата за ЕЗВО ќе реши едно од горливите
прашања во однос на пристап до македонското небо: Монополот на МАТ.
Владата на Република Македонија склучи договор со Македонски
авиотранспорт (2000), согласно кој МАТ се именува за државен редовен
авиопревозник. .

Комисијата за заштита на конкуренцијата го испитала Договорот меѓу Владата и
МАТ и дошла до заклучок дека одредбите со кои на МАТ и се дава право на
вето врз другите конкурентни услуги се во спротивност со правилата за
конкуренција на ЕУ. Конечно, согласно член 4 од Протокол V од Спогодбата за
ЕЗВО, овој договор на МАТ треба да се укине веднаш по стапувањето во сила
на Спогодбата за ЕЗВО.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

63 -63 | С т р а н а


Согласно истражувањето на Центарот за истражување и креирање на политика
– Скопје (2006), споредбата меѓу бројот на летови и дестинации меѓу Скопје и
Софија покажува дека Македонија има само неколку линии кои летаат со мал
број на дестинации. Од друга страна, пак, Бугарија (сега членка на ЕУ), со
големиот број линии и дестинации, е една од земјите во Југоисточна Европа со
многу поефтини летови.

Табела 2.6: Споредбени цени на летови на правците од Скопје
(Атина/Софија/Тирана) и други европски дестинации
Од До МАТ Ниско-тарифни
превозници
Скопје
Милано
236 евра
Атина 80 евра
Скопје
Франкфурт
230 евра
Атина 164 евра
Скопје
Прага
210 евра
Софија 132 евра
Скопје
Франкфурт
230 евра
Софија 59.99 евра
Скопје
Милано
236 евра
Тирана 120 евра
Извор: Центар за истражување и креирање на политика, Ефтини летови кон Македонија -
Невозможна мисија?, Скопје, септември 2006

Во глобала, МАТ е мошне ранлив на економски план, поради проблемот со
стари долгови, особено кон Македонските аеродроми. До сега работи со мал
профит (УС$1,5 милион), користи само еден Боинг 737 (изнајмен). МАТ е
целосно во приватна сопственост..
Според информациите од веб страната на МАТ, возможно е да се вршат
резервации преку интернет (2007). Меѓутоа, повеќето резервации (80-90%)
доаѓаат од лични контакти, е-пошта и туристички агенции.
Заклучок:
Според Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за цивилно
воздухопловство, целиот пакет на законската регулатива од Спогодбата за
ЕЗВО би можело да се спроведе до 2010 година.
Дотогаш, авиотранспортот и туризмот ќе бидат пред голем предизвик со
останатите елементи на затворено небо, органичени летови, лоши конекции и
скапи авионски билети.
Двата меѓународни аеродроми во Македонија имаат мала улога во транспортот
на патници: околу 675.000 патници годишно (2007), околу 630.000 (93%) на
Скопскиот аермодром и околу 45.000 (7%) на Охридскиот аеродром.
Воздушниот сообраќај нема значителна улога во транспортот на туристи кон
Македонија. Според студијата на Louis - Berger (2003), само 30-38% од вкупниот
број на туристи користат авионски превоз за да дојдат во Македонија.







Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

64 -64 | С т р а н а

2.2 Патен транспорт

Вовед

Сите тековни структурни реформи на Македонската влада се во согласност во
напорите на земјата за пристапување кон ЕУ. Меѓу другите сектори, секторот
за патен транспорт треба да одигра клучна улога во постигнувањето на
високите стандарди што ги применува ЕУ. Тоа вклучува:

 модерна, добро одржувана и интегрирана мрежа на патен транспортен
систем, која е прилагодена на потребите на земјата и го поддржува
одржливиот развој и пораст на домашната економија, како и
регионалната и меѓународната трговија.

Географската локација на Република Македонија (20 27'32'' - 22 18'04 источна
географска ширина и 41 31'04'' - 42 22'21 северна географска должина) можат
да се сметаат за одлична туристичка вредност, со потврдена гео-стратегиска
важност, особено во контекст на развој на туризмот, каде што релевантни
категории се следните:

 најфреквентни транзитни рути на туристи во Европа;
 најзначајни региони од кои доаѓаат патници во Европа;
 главни конкурентни дестинации во Европа; и
 главни регионални конкурентни дестинации и нивната привлечност за
туристите.

Транспортниот сектор треба да одигра важна улога за домашната економија.
Според Статегијата за македонскиот транспортен ситем (усвоена во 2007),
уделот на транспортот, складирањето и комункациските активности во БДП
изнесува 8% во 2005.

Во 2005, транспортот, складирањето и комуникациските активности изнесуваа
16.781 или 9,6% од сите регистрирани дејности.

Според статистичките податоци за бројот на вработени според сектори на
дејности за 2005 година (Статистички годишник, 2006), 3.110 лица (или 6% од
сите вработени во Македонија) работеле во дејности на транспорт, складирање
и комуникации.

Министерството за транспорт и врски има регистрирано 2.020 компании во
Македонија, кои се вклучени во меѓународни патни транспортни активности.
Бројот на издадени ЦЕМТ дозволи за 2007 година изнесува 662.
Патна инфраструктура

Министерството за транспорт и врски има главна улога во транспортната
политика, но неколку други независни органи и јавни институции се исто така
надлежни за различни области од транспортниот сектор.

Меѓу останатите, најзначаен орган е Агенцијата за државни патишта на
Македонија, кој покрива неколку области: планирање на патишта, изградба,
одржување и финансирање. Неговиот инвестициски буџет значително се
зголеми во последните години. Всушност, буџетот за одржување на патиштата


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

65 -65 | С т р а н а

се префрла на Македонија Пат (МП), компанија во државна сопственост,
одговорна за одржување на главната патна мрежа, која функционира како
директен изведувач на Агенцијата.

Согласно постоечката законска регулатива, обезбедувањето средства за
изградба и одржување на патната инфраструктура во Македонија е одговорност
на Агенцијата. Најголем дел од средствата доаѓа од меѓународни заеми и
грантови, помал дел од данокот за регистрација на возила, данок на гориво и
патарина. Новите проекти и одржувањето на мрежата се спроведуваат
согласно годишните ажурирања на Проектите за јавни инвестиции.

Инфраструктурата на патниот транспорт на Македонија се карактеризира со
релативно голема густина (освен националната автопатна мрежа). Вкупната
должина на патиштата во Македонија изнесува 13.494 км.

 906 км главни патишта,
 3.806 км регионални патишта;
 216 км автопат;
 548 км Меѓународни „Е“ патишта;
 4.690 км локални;
 3.876 км неасфалтирани патишта;

Патната мрежа е добра почетна основа за понатамошен развој. Табела 2.7
подолу ја претставува проценката на општата состојба на патната
инфраструктура подготвена од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР).

Табела 2.7: Проценка на состојбата на патиштата во Македонија
Добра Средна Лоша
Автопатишта 60% 30% 10%
Главни 60% 30% 10%
Регионални 45% 27% 28%
Локални 20% 30% 50%
Неасфлатирани

50% 50%
Извор: ЕБОР, Студија на за институционално и патно планирање, BCEOM, 2005

Општата состојба на патната структура (особено главните и важните
регионални патишта) е на пониско ниво во споредба со европските стандарди и
стандардите во некои соседни земји. Вo глобала, постојните конструкции се
цврсти и со добар квалитет. Главните патишта и автопатишта, каде што се
одвива најголемиот дел од сообраќајот, се во подобра состојба од оние
патишта кои се од второстепена или третостепена важност. Најлоши услови
можат да се забележат на регионалните патишта со слаба фреквенција на
сообраќај. Всушност, повеќето од нив завршуваат како ќор сокак.

Две главни артерии на државната патна мрежа се: Коридор X (добро развиен
коридор север-југ) и Коридор VIII (сè уште се чека почнувањето на формална
изградба во Македонија), кој ги поврзува Црно Море и Јадранско Море.

Коридорот X, со целокупната должина од 172 км, се протега низ земјата во
правец север-југ. Речиси 71% од оваа главна врска е финализирана според
стандардите за модерни автопатишта, а преостанатите делови (приближно
29% од вкупната должина) се подготвени за понатамошни тендерски постапки.
Меѓутоа, најголемите недостатоци на овој пат може да се надоместат со


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

66 -66 | С т р а н а

обезбедување места за одмор, со модерни услуги и ресторани. Имајќи го
предвид големиот број патници што транзитират низ земјата преку овој коридор
(проценката е околу 3,5 милиони секоја година), повеќе од очигледно е дека на
овој пат нема скоро никакво патно одморалиште/место за одмор и починка,
сместување и други услужни капацитети што можат да ги привлечат тие луѓе и
да ги привлечат да направат пауза од час или два, па дури и да преноќат.

Коридорот VIII, со целокупната должина од 304 км, ќе се протега низ земјата во
правец исток-запад. За жал, овој пат не е доволно развиен и не може да се
споредува со Коридор X. Само 27,6% од вкупната должина е изградена според
стандардите на модерни автопатишта, а преостанатите 8,7% моментално се во
изградба.

2.3 Граници и гранични премини

Според Националната стратегија за интегрирано управување со гранични
премини, бројот на официјални гранични премини во Македонија е 20:

 15 патни гранични премини:
o 3 кон Србија (најфреквентен е Табановце, близу Куманово);
o 2 кон Косово (Јажинце и Блаце)
o 3 кон Бугарија (најфреквентен е Деве Баир, близу Крива
Паланка);
o 3 кон Грција (најфреквентен е Богородица, близу Гевгелија); и
o 4 кон Албанија (најфреквентен е Ќафасан, близу Струга).

 3 железнички гранични премини:
o 1 кон Србија;
o 1 кон Косово; и
o 1 кон Грција

 2 воздушни гранични премини: Скопски и Охридски аеродром

Функционирањето на граничните премини во голема мерка зависи од следните
елементи:

 успешна имплементација на процесот на модернизирање на царинската
регулатива;
 подобрување и функционалност на зградите на граничните премини, но
исто така и
 зајакнување на борбата против шверцот, корупцијата и трговијата со
луѓе.

Општо гледано, индивидуалните патници од земјите од ЕУ можат лесно да ја
преминат македонската граница. Ним не им се потребни визи. Нивните пасоши
или лични карти (за Грците) се признати. Проверката на пасошите е
комјутеризирана на сите гранични премини. Покрај возачка и сообраќајна
дозвола, патниците со автомобили треба да приложат и зелена карта и
меѓународна возачка дозвола. Царинските формалности се извршуваат многу
брзо, особено оние поврзани со проверка на личен багаж и багажници на
автомобили.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

67 -67 | С т р а н а

Со цел да се забрза постапката на проверка на сите патници, за автобусите кои
превезуваат групи на патници има посебна лента на сите гранични премини, со
посебни полициски и царински службеници.
.
2.4 Сигнализација

Сигнализацијата на насоки и информации во Македонија е доста сиромашна и
незначајна, на национално ниво, но и на ниво на дестинации. На сите гранични
премини нема доволно информации и знаци за дестинации.

Меѓутоа, добри примери можат да се сретнат во Охрид, каде во 2007 година
локалната власт постави нови, добро дефинирани сообраќајни знаци кон
најпопуларните локации. Повеќе од очигледно е дека гостите во Охрид сега се
поттикнати да пронаоѓаат повеќе атрактивни локации и атракции, поквалитетно
да го минуваат времето во Охрид и да трошат повеќе пари.

Другите градови (особено Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, и Прилеп) имаат
само неколку информативни знаци, и често пати збунувачки знаци за насоки.
На главните патишта не постојат скоро никакви кафеави туристички знаци што
би укажувале на туристички капацитети и атракции. Тие што можат да се најдат
на нашите патишта ретко се усогласени со меѓународниот дизајн.

Не постојат информативни центри или канцеларии на границите покрај
сезонскиот центар во Гевгелија.

Заклучок

Во глобала, Македонија има релативно добра основна патна инфраструктура за
туризам. Сите развиени дестинации (особено езерските и планинските центри
и националните паркови) се поврзани со поголемите градови и главните
коридори со модерни асфалтирани патишта. Меѓутоа, сигнализацијата скоро и
да не постои, а се забележува значаен недостиг од патни одморалишта/места
за одмор и починка, добри услуги и ресторани, како на меѓународните патишта,
така и на регоналните патни правци.


2.5 Железница и воден сообраќај

Историјата на железничкиот транспорт во Република Македонија започнува во
1873 година, кога била изградена железничката пруга од Скопје до Солун во
Грција. Денешната железничка мрежа е долга 925 км со единечна пруга и
нормален колосек. Само 1/3 (235 км) од железничката мрежа е
електрифицирана (25Kv, 50Hz).

Главната железничка пруга на Коридорот X (Табановце - Гевгелија, 215 км) е
единечна пруга, електрифицирана и опремена со релеен сигнален систем, кој
овозможува добра размена на информации и комуникации преку оптички кабел.
Меѓутоа, последното обновување на оваа трансконтинентална линија е
извршено пред околу 30 години.

Вкупната должина на железничката инфраструктура на Коридорот VIII изнесува
околу 307 км на територијата на Македонија. Само 152 км (55%) се изградени и
функционални. Еден дел од 89 км (25% од вкупната должина) треба да се


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

68 -68 | С т р а н а

доизгради за да се поврзе со делот во Бугарија. Од другата страна, остатокот
од 66 км (20% од вкупната должина на коридорот), кој треба да ја поврзе
земјата со Албанија, чека на започнувањето со изградба.

Покрај нецелосната основна инстраструктурна мрежа, постојат неколку фактори
кои го појаснуваат релативно малиот удел на железницата во развојот на
земјата. Главните проблеми се поврзани со географските карактеристики на
земјата (кратки растојанија меѓу главните дестинации во земјата), доцнењето
со техничкиот и технолошкиот развој се пречките за железничката компанија
целосно да го развие својот потенцијал, особено во врска со меѓународниот
сообраќај.

Во Република Македонија единственото јавно железничко претпријатие се
реформира и се регистрирани два железнички ентитета и тоа: ЈП МЖ
Инфраструктура – Скопје и МЖ Транспорт АД – Скопје. ЈП МЖ Инфраструктура
–Скопје го организира и регулира железничкиот сообраќај, планира изградба,
реконструкција, ремонт, одржување и заштита на железничката
инфраструктура, врши модернизација, презема мерки за заштита од бучава и
заштита на животната средина, а МЖ Транспорт АД-Скопје врши јавен превоз
на патници и стока во меѓународен и внатрешен сообраќај, како и тековно
инвестиционо одржување на влечни и влечени средства.

Владата на Република Македонија донесе Одлуки за решавање на статусот на
долговите и на двата ентитета и Министерството за финансии ја реализира
истата. Согласно закон секоја година се алоцираат средства од Буџетот на
Република Македонија за финансирањето на железничката инфраструктура.
Плановите за изградба на нова пруга, како и реконструкција, модернизација,
ремонт и одржување на постојната железничка инфраструктура, се уредуваат
со поместувачка и динамичка национална програма за железничка
инфраструктура која се однесува за период од 5 години. Управителот на
инфраструктура, однсоно ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје со согласност на
министерот за транспорт и врски, изработува годишен план за изградба,
реконструкција, модернизација, ремонт и одржување на железничката
инфраструктура и истата мора да биде временски усогласена со роковите за
изработка и донесување на буџетот на Република Македонија.

За период од една година (2008 година) во внатрешниот (локален) патнички
сообраќај, превезени се вкупно 1.423.147 патници, а во меѓународниот патнички
сообраќај превезени се 26.640 патника. Во 2008 година сообраќале вкупно
16023 воза и превезле 444.490,672 тони стока. Сепак резултатите од светската
криза влијаат и на железницата. Коридорот 10 е еден од најзначајните и
најдолгите пан-европски коридори и ги поврзува земјите од централна и
Југоисточна Европа. После изградбата на делниците на Коридор 8 ќе се
поврзат Црното и Јадранското Море. Двата коридора ќе придонесат за развојот
на туризмот.

Македонија е мала копнена земја. Пристапот до соседните пристаништа
(особено Солун во Грција и Драч во Албанија) е воспоставен преку патни и
железнички врски (само до Солун). За сите копнени земји, пристапот до
пристаништа е од витално начење за развојот на домашната економија.
Правата на копнените земји се дефинирани со Конвенцијата на ОН за поморско
право (1982), што им овозможува да уживаат во слободен транзит низ
територијата на транзитните држави со сите видови на транспорт. Од тие


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

69 -69 | С т р а н а

причини, од големо значење е Македонија да има склучено посебни
билатерални спогодби со соодветните земји за користење на Стратегиските и
преференцијални пристаништа во регионот врз основа на економските потреби
и заради обезбедување на конкурентност на Македонија во глобалната
економија.

Водениот транспорт може да се сретне само на Охридското езеро, со мали
бродови (25-100 патници) и околу 1.300 регистрирани мали чамци (8-10
патници). До сега, сите билатерални договори меѓу Македонија и Албанија за
регуларен воден транспорт немаат големо значење за регионот.

2.6 Друга инфраструктура

Електрична енергија

Според Државниот завод за статистика, бруто домашната потрошувачка на
електрична енергија во 2005 во Македонија изнесуваше 8.541.116 MWh (мега
ват часови). Домашното производство учествува со околу 81,3%, а увозот
учествува со само 18,7% (најмногу од Србија и Бугарија).

Вкупното бруто производство на електрична енергија во Македонија доаѓа од
термо и хидро системи според следниот редослед:

- Термо системи: 78,51%
- Хидро системи: 21,49%
-
Најголеми потрошувачи на електрична енергија се:

- Домаќинства (35%);
- Индустрија (27,9%) и
- Други сектори (12,9% од бруто домашната потрошувачка на електрична
енергија).

Некои села и рурални области, идеални за развој на рурален туризам, не се
поврзани со главната мрежа на снабдување со електрична енергија.

Водоснабдителни системи

Само 2% од македонската територија е водена површина. Има 53 природни и
вештачки езера и 35 реки.

Водоснабдувањето во Македонија се врши од природни извори, како езера,
подземни води, акумулации и водни текови. Природните извори се
најдоминантниот извор на снабдување (63% од вкупниот воден капацитет и
речиси 100% незагадени).

Постојат 2 регионални системи за водоснабдување, 106 локални системи и 17
високи вештачки брани. Вкупната должина на водоснабдителната мрежа е:
8.110 км. Сите системи се функционални, но имаа проблеми заради стари
цевки и загуба на вода во системот.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

70 -70 | С т р а н а

Населението во 10 најголеми урбани области во Македонија често има
проблем со водоснабдувањето - Гостивар, Ресен, Велес, Куманово, Штип,
Струмица, Валандово, Крива Паланка и Дојран.

Многу села и рурални области идеални за развој на рурален туризам немаат
добри водоснабдителни системи.

ПТТ

Македонска пошта е јавно претпријатие, кое ја покрива целата територија на
земјата, со мрежа од повеќе од 300 пошти и единици, и повеќе од 2000
вработени. Тоа е јавен оператор за домашни и меѓународни поштенски услуги.

Целата територија на земјата е, исто така, покриена со безжичен интернет WiFi.

Македонски Телекомуникации е компанија во јавно-приватна сопственост (51%
поседува Унгарскиот МАТАВ, ќерка-компанија на Дојче Телеком), која ги
обезбедува сите телекомуникациски услуги во земјата (100% покриеност на
територијата).

Со усвојување на Законот за електронските комуникации во март 2005 (објавен
во „Сл. весник на РМ“, бр. 13/2005), административните бариери за влез на
новите оператори за обезбедување на јавни електронски комуникациски мрежи
и/или услуги се намалуваат на минимум. Пред започнување на изградба и/или
употреба на јавни комуникациски мрежи и/или обезбедување на јавни
комуникациски услуги, менување или прекин во обезбедувањето на јавни
комуникациски мрежи и услуги, новопојавениот оператор треба да достави
нотификација до Агенцијата за електронски комуникации. Агенцијата врши
регистрација на операторот или давателот на услуги со запишување во
службената евиденција во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на
нотификацијата, по која му доставува писмена потврда за извршена
регистрација. Постапката за нотификација е бесплатна.

Во Табела 2.8 Податоци за движење на бројот на нотифицирани/активни
субјекти за обезбедување
31.12.2005 31.12.2006 31.12.2007 01.07.2008 31.12.2008
Фиксна телефонија 1 2 44 / 4 54 / 6 55 / 9
Мобилна телефонија 2 2 11 / 3 14 / 3 13 / 3
CaTV 9 105 111 / 64 113 / 67 123 / 70
VoIP 20 46 99 / 31 132 / 31 130 / 32
Пренос на податоци
(Интернет)
12 87 96 / 38 99 / 50 104 / 55
Извор Министерство за Транспорт и комуникации

Како што може да се забележи од Табела 2.8, бројот на активните оператори
што обезбедуваат фиксни телефонски услуги се зголемува, пред се поради
фактот дека Агенцијата ги отвори сите регулаторни и технички платформи за


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

71 -71 | С т р а н а

работа за новите оператори на пазарот на фиксна телефонија (разврзан
пристап на локална јамка - LLU-Local Loop Unbundling, големопродажба на
претплатнички линии WLR-Wholesale Line Rental, безжични технологии за
пристапни мрежи -WiMax, кабелските мрежи за дистрибуција на радио и
телевизиски програми, и сл.) Активни алтернативни оператори за фиксна
телефонија (статус на 31.12.2008) се „Космофон“, „Он-Нет“, „Неотел“, „Актон“,
„Мател МК“, „Некском МК“, „ИнфелНетПлус“ и „Кејблтел“. Во меѓувреме, уште
еден фиксен оператор „Аикол“ започна со обезбедување на услуги на фиксна
телефонија преку кабелска мрежа за дистрибуција на радио и ТВ програми.

Во декембври 2008, Агенцијата донесе нов правилник за интерконекција.

Во Табела 2.9. е прикажана цената за терминација на повик во мобилна мрежа
(MTR) во 2005, 2006, 2007 и 2008.

MTR (MKД) 2005 2006 2007 2008 разлика
2008-2007
Интензивен
сообраќај
7.8 7.8 7.8 3.8 -51.3%
Слаб
сообраќај
2.9 2.9 2.9 3.8 31%
Табела 2.9 Извор Министерство за Транспорт и комуникации

Во март 2009, Агенцијата ја одобри понудата на „Македонски телеком“ за
изнајмување на претплатнички линии. Цените за изнајмување на претплатнички
линии се утврдени со CP=20%. При тоа: C
wlr
= C
r
– CP. Со тоа се регулираа и
цените на пазарот.

Агенцијата го додели второто одобрение за користење на радиофреквенциите
за 3G мобилна комуникациска мрежа (согласно IMT- 2000/UMTS стандардот) на
„Т-Мобиле“.

Такси возила

Во 2006 во Македонија постоеја 2.419 такси возила. Во транспортот во
урбаните, населените и меѓуградските населби, овие возила превезуваат
14.645.000 патници, и поминуваат околу 63.439.000 км. Во сите поголеми
градови и главни туристички дестинации, таксиметарот и радио-системите се
функционални.

2.7 Визен режим

Визниот режим е доста позитивен за развој на туризмот. Од претставеното
подолу, очигледно е дека на граѓаните од земјите кои во моментов се важни
извори на туристи не им се потребни визи за да влезат и да престојуваат во
Македонија како туристи.

Граѓаните од следните земји кои генерираат туристи можат да влезат и
престојуваат во Македонија без виза:

 Србија;
 Грција*


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

72 -72 | С т р а н а

 други ЕУ земји;
 Словенија;
 Хрватска;
 Црна Гора;
 Турција;
 Израел;
 САД.

* во Август 2007 година, грчките граѓани можеа да влегуваат во Македонија
само со лична карта.

Граѓаните од следните земји треба да имаат виза за да влезат во Македонија:
 Русија;
 Канада;
 Украина
 Австралија
 Кина.

2.8 Заклучоци

Спроведувањето на Националната стратегија за развој на воздухопловството
во РМ ќе отвори пат за отстранување на таквите препреки. Патиштата и
водените патиша, со комплетирањето на планираните градби и одредени
подобрувања, ќе бидат соодветни за предвидениот развој на туризмот.
Железницата има многу мал удел во туризмот во моментов и нема да
придонесе многу на среднорочен план. Повлекувањето на визниот режим за
земјите-членки на ЕУ и дозволувањето влез со лични карти, исто така, ќе има
големо влијание врз порастот на бројот на пристигнувања на туристи.


























Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

73 -73 | С т р а н а

3. Влијанија врз животната средина

Развојот на туристичката индустрија во Република Македонија, ако не е
одржлив, може да претставува закана, особено за животната средина и
природното наследство на земјата. Бидејќи постојат многу дефиниции и
термини поврзани со одржливиот туризам, ние ја нагласуваме оваа:

“Одржливиот туристички развој ги задоволува потребите на туристите и на
регионите кои се домаќини на тие туристи, а истовремено ги штити и зголемува
можностите за во иднина. Се предвидува да води кон управување на сите
ресурси на начин кој ќе овозможи исполнување на економските, општествените
и естетските потреби при одржување на културниот интегритет, суштинските
еколошки процеси, биолошката разновидност и системите за поддршка на
животот”.

3.1. Тековни притисоци врз локациите со природно наследство

Како гранка на туризмот, еко-туризмот бара одржливост преку кој природните
атракции, меѓу кои атракциите од природно наследство - планини, кањони,
пештери, бездни, реки, езера, извори, минерали и термо минерални води, шуми
и извонредни пејсажи, би останале непроменети и покрај туристичките
активности.

Можното негативно влијание на туристичката индустрија врз животната
средина во Република Македонија се гледа првенствено преку влошување и
исцрпување на природните ресурси, зголемување на загадувањето и физичко
влијание.

Природни ресурси

Највисок притисок во смисол на искористување на природните ресурси се
појавува кога тие се ретки или ограничени. Со туристичкиот развој,
искористувањето на овие ресурси се зголемува, а соодветно на тоа се
зголемува и притисокот.

Едно од најголемите негативни влијанија на туристичкиот развој е преголемото
искористување или неодржливото користење на водните ресурси. Водата се
користи пред се од објектите за сместување преку санитарните системи, за
готвење, чистење, пиење, хигиена, базени, наводнување итн. Преголемото
користење на вода, особено во сувите области или во областите дефицитарни
со вода, резултира со недостаток на вода за пиење за населението во областа
каде водата се користи. Исто така, постои можност за деградација на водните
екосистеми сместени во вододелниците од кои се исцрпува водата.

Енергијата, храната и други суровини, кои може да не се обезбедуваат во
доволни количини, се, исто така, фактор за негативното влијание на
туристичкиот развој врз животната средина. Тоа се должи на фактот што, во
туристичка сезона, големата побарувачка од овие ресурси за да се исполнат
високите туристички очекувања се задоволува со големото исцрпување и
транспорт, што го зголемува физичкото влијание и загаденоста.





Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

74 -74 | С т р а н а

Загадување

Загадувањето на воздухот и бучавата се предизвикани првенствено од
земниот, воздушниот, патниот и железничкиот транспорт и пропорционално се
зголемуваат со зголемувањето на бројот на туристи и нивната мобилност.
Бучавата од транспортот и рекреативните возила е важен загадувачки
проблем, кој речиси секогаш се занемарува. Тој е важен не само поради
неговото влијание врз здравјето, туку и поради негативниот ефект врз дивиот
свет преку менување на природните механизми на дејствување.

Цврстиот отпад е еден од главните проблеми во областите со висока
концентрација на туризам во Република Македонија. Недостатокот на
управување со отпадот во локациите со природни богатства дури и го влошува
проблемот со комуналниот цврст отпад во тие области. Управувањето со цврст
отпад, кој првенствено се состои од собирање и исфрлање на отпадот, доколку
се занемари, може да има негативен ефект врз водните и земните екосистеми,
негативно влијание врз човечкото здравје и може да ја намали живописноста на
туристичките локации.

Во регионите со туристички активности, покрај отпадните води кои доаѓаат од
локалното население и индустријата, загадувањето на отпадните води се
зголемува и заради одводните системи на хотелите, рекреативните и другите
објекти кои ги користат туристите. Во локациите со природно наследство -
Охрид, Преспа и Дојран, и во делови од Националниот Парк Маврово што
гравитира кон реката Радика, се прават извесни, но не целосно ефикасни
напори за воведување на системи за собирање на отпадните води и
пречистителни станици за третман на отпадните води. Во сите други области
каде што има природно наследство, такви системи не постојат.

Загадување на естетскиот пејсаж

Често, туризмот не се интегрира во структурите со природни карактеристики и
автохтоната архитектура на одредиштето. Големите, доминантни
одморалишта/центри со различен дизајн може да се издвојуваат од природната
средина и може да дојдат во судир со автохтониот структурен дизајн.
Недостатокот од планирање на користењето на земјиштето и спроведувањето
на законска регулатива за изградба на многу места ја олеснуваат
урбанизацијата долж речните или езерските брегови, долини и живописните
патишта. Урбанизацијата ги вклучува туристичките објекти и помошната
инфраструктура - како на пример патишта, станбени простори за вработените,
паркинг, сервисни области и депонии.

Физичко влијание

Несоодветните градежни активности и развој на инфраструктурата, како, на
пример, изградба на туристички објекти (сместувачки капацитети,
водоснабдување, ресторани и објекти за рекреација), патишта и аеродроми,
доведуваат до деградација на земјиштето и неповратна загуба на природните
живеалишта и уништување на пејсажот. Еден основен пример на физичко
влијание е изградбата на скијачки центар со сместувачки капацитети и објекти,
за што често е потребно расчистување на пошумено земјиште. Во вакви
ситуации, примарна заштитна мерка би бил план за контрола на урбанизацијата
на туристичките викенд населби. Друг чест случај е незаконското градење на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

75 -75 | С т р а н а

разни туристички структури на бреговите на природните езера. Негативните
влијанија се очигледни, не само во деградацијата на околните планински
екосистеми, туку и во директното загадување на самите езера. Постојат многу
примери за ова (Лагадин на Охридското Езеро, 1.200 викендици околу
Мавровското Езеро во Националниот Парк Маврово, итн.).

Вредно е да се напомене дека желбата за повеќе туристичко-рекреативни
центри на сметка на заштитата на природните живеалишта (особено
планинските извори и потоци, заедниците кои живеат во висока трева, итн) се
повеќе расте.

3.2. Статус на локација со природно наследство

Република Македонија изобилува со исклучителни терестријални и водни
живеалишта и многу важни растителни и животински видови кои во моментов
се подложни на антропогени влијанија, меѓу кои и влијанието и притисокот од
туризмот. Заштитата е несоодветна, бидејќи мрежата на заштитени области е
недоволна и не е вопоставена врз основа на специфични и систематски
критериуми. Планови и активности за управување на загрозените живеалишта
или видови не постојат или се неефикасни (освен во трите национални парка).

Природно наследство значи делови од природата и локации кои се состојат од
геолошки, физички и географски или биолошки формации или групи на такви
формации кои имаат исклучителна вредност од естетски, конзервациски и
научен аспект.

За природно наследство може да се сметаат:

 заштитени области,
 строго заштитени или заштитени диви видови,
 карактеристични минерали и фосили или спелеолошки објекти.

Екосистем значи простран, динамичен комплекс од биоценоза и нежива
средина, којашто заемно дејствува како функционална целина.

Природното наследство е дел од одреден дефиниран екосистем. Земајќи го ова
предвид, најважните екосистеми и, во нивни рамки, локациите со природно
наследство во Република Македонија кои имаат туристичко значење се
планинските и водните екосистеми. Сегашниот статус на клучните екосистеми
во Република Македонија е одраз на локалните еколошки услови во кои тие се
развиваат, глобалните климатски промени и степенот на антропогено влијание
врз поединечните екосистеми.

Еколошки статус на планинските екосистеми

Растителните и животинските компоненти на планинските екосистеми
генерално не се загрозени и нивната распределба и зачувување одговара на
специфичните еколошки услови на секој планински масив. Планинските
екосистеми во трите национални парка на Република Македонија (Галичица,
Маврово и Пелистер) се заштитени со посебна правна регулатива и планови на
управување. Засега, само Националниот Парк Пелистер е национален парк со
План на управување, заедно со деловен план кој предвидува туристички развој.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

76 -76 | С т р а н а

Националните Паркови Маврово и Галичица се во процес на изготвување на
нивните Планови на управување.

Факторите кои влијаат врз состојбата на планинските екосистеми се различни.
Тука спаѓа преголемото искористување на пасиштата и неконтролирано
собирање на одредени растителни видови за продажба или лична употреба.
Изградбата на ски-лифотви, планинарски кули, телевизиски предаватели и
други воздушни системи, кои обично се инсталираат на планинските врвови,
често предизвикуваат деградација на некои од тие растителни заедници, со
што се ограничува нивната дистрибуција на планинските врвови (заради
конфигурацијата на теренот, силни ветришта, итн.). Во однос на животинската
компонента на планинските екосистеми, индиректните антропогени влијанија не
ја загрозуваат стабилноста на популациите. Единствена закана за
животинската компонента на планинскиот екосистем е нелегалниот лов, кој во
рамките на националните паркови е минимален, поради присуството на
ловочуварите и контролите.

Еколошки статус на водните екосистеми во Република Македонија

Статусот на Охридското Езеро е малку подобар отколку оној на другите две
природни езера, Преспанското и Дојранското. Сепак, потребно е соодветно
функционирање на постојниот интегриран систем на собирање/третман на
комуналните и индустриски отпадни води долж брегот на целото езеро. Еден
од главните уништувачи на Охридското Езеро, како главна туристичка
дестинација и истовремено локација со природно наследство, е езерскиот
сообраќај, кој главно се состои од превоз на патници на Охридското Езеро за
време на туристичката сезона. Загадувањето предизвикано од моторните
чамци, особено испуштањето на нафта и бензин директно во езерото, во
голема мера придонесува за целокупното загадување на езерото.
Управувањето со цврст отпад, особено на плажите на езерото, не е на
задоволително ниво.

Постојаното намалување на нивото на вода на Преспанското Езеро со текот на
годините негативно влијае врз состојбата на површинската/плутачката
вегетација и животинските заедници во крајбрежната зона на езерото.
Присуството на големи количини органиски мил на дното на езерото го
забрзува процесот на еутрофикација, која се манифестира со појава на
фитопланктонски расцветувања во летниот период. Со тоа, квалитетот на
водата и видливоста се намалува, што има негативно влијание врз туризмот во
таа област.

Статусот на Дојранското Езеро е најалармантен. Од 1988 година па наваму,
нивото на водата драстично опадна, што придонесува за намалување на
длабочината на водата и нејзино повлекување од брегот, придружено со
целосно губење на крајбрежната зона и нејзините биолошки заедници.
Забрзаната еутрофикација доведе до интензивно таложење и драматично
намалување на епи-бентичките заедници, како и сериозни промени во
структурата на микрофлората на алгите. Овие промени особено влијаат врз
зоната на трски и другата водна макрофитска вегетација. Со цел да се поврати
нарушената еколошка рамнотежа, се прават напори да се донесат
дополнителни количини на вода во езерото, со што се очекува да се подобри
состојбата на биолошките заедници во рамки на езерскиот еко-систем. Сега се
забележува постепено враќање на туристите на Дојранското Езеро.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

77 -77 | С т р а н а


Стаусот на речните екосистеми во Република Македонија, исто така, е
алармантен. Речиси сите реки се под големи директни и/или индиректни
антропогени притисоци.

Состојбата со најголемиот реципиент на сите видови отпадна вода (комунална,
индустриска и земјоделска) - реката Вардар е најлоша. Состојбата со другите
речни еко-системи (Брегалница, Црна, Лепенец, Пчиња, Злетовица итн.) е
слична. На некои реки се градат резервоари, кои претставуваат мијалник за
перзистентните/нерастворливите материи (пр. Калиманци и Тиквешко Езеро).
Во резервоарите кои обезбедуваат вода за пиење или индустриска вода
(Мавровица, Стрезово, Турија), покрај забележливите мали влијанија од
природната еутрофикација, се забележуваат и намалувања на квалитетот во
последните години, поради несоодветна продажба и искористување на рибите.
Бентичките заедници во речните екосистеми се намалуваат, што на крај ќе
доведе до намалување на рибната популација. Шест од дваесет ендемски
рибни видови во Република Македонија се сретнуваат во речните екосистеми.
Три од нив се сметаат за глобално загрозени видови.

Мочуришната вегетација која се развиваше на големи површини на мочуришта
и блата во сите долини на Македонија забележа големи промени со минатите
режими на исушување, кои повеќето од овие екосистеми ги претворија во
обработлива земја.

Реликтните водни живеалишта заедници, кои денес се појавуваат главно во
делови, се најзагрозени. Некои од нив, кои беа присутни близу до природните
езера, се уништени само заради тоа што претставуваат недобредојдена
мочуришна вегетација. Некои од водните живеалишта кои се се уште зачувани,
се важни за објаснување на генезата на вегетацијата на водни живеалишта во
Република Македонија. Само Белчишкото Блато се уште постои во оригинална
состојба, каде популацијата на видри (Lutra lutra), глобално загрозен вид, е
најголема. Покрај нивните големи еколошки вредности како дел од водните
екосистеми, водните живеалишта можат да имаат големи туристички
вредности, особено за набљудувачите на птици.

Узурпацијата/црпењето на вода од планинските извори и потоци често
предизвикува исушување на планинските блата и мочуришта, а со тоа и
деградација на заедниците на водните живеалишта. Вакви влијанија се
забележани на планините Јакупица, Ниџе, Баба и Шар Планина.

3.3. Главни фактори за деградација на природата

Основните фактори кои довеле до сегашната неповолна состојба на природата
во Република Македонија ги вклучуваат генерално историските процеси,
лошата социјално-економска состојба, несоодветното просторно планирање и
несоодветното користење на земјиштето.

Неколку основни причини за проблемите на спроведување на заштитата на
природата:

 Ниско ниво на образование и недостаток од информации особено во
руралните области, што придонесува за ниското ниво на свест кај
населението за односот меѓу човечките активности и животната


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

78 -78 | С т р а н а

средина, одржливото користење на биолошките ресурси и одржливиот
трансфер на биотехнологија;
 Се поголема сиромаштија, која не ги препознава принципите на
одржлив развој, се манифестира преку незаконското преголемо
користење на шумите и другите ресурси, прекумерното ловење и
риболов, неодржливиот развој на земјоделството итн.;
 Нецелосна законска регулатива;
 Слаб институционален капацитет во смисол на образуван и обучен
персонал, опрема и ресурси;
 Неконтролираната урбанизација, де-аграризацијата (во традиционален
смисол) и индустријализацијата се главните процеси кои ја нарушуваат
еколошката рамнотежа (земајќи го предвид кумулативниот ефект од
загадувањето);
 Стагнација на економијата и користење на застарени технологии и
недостиг на третман на отпадните води и отпадните гасови, што
доведува до уништување на природата;
 Процесот на профитабилна заработка во високо конкурентни пазарни
услови, постојаниот тренд кон глобализација и фаворизирање на
понови, попрофитабилни видови кои целосно ги истиснаа автохтоните,
ниско производни и/или помалку профитабилни генетски типови.

Влијание на пожарите во локациите на природно наследство врз туризмот

Пожарите во Република Македонија најчесто се подметнати или резултат на
невнимание. Обемот значително се зголеми во последната деценија, а ризикот
од диви пожари се очекува да расте. Мноштвото големи пожари во последните
години во Република Македонија ја откри ранливоста на туристите и
туристичките објекти од директните или индиректни ефекти на дивите пожари,
особено во најпосетените области со природно наследство во летниот период.
Примери се Националниот Парк Галичица, Националниот Парк Пелистер и
Споменикот на природата - Охридското Езеро.

Пожарите кои горат во услови на екстремни временски услови се закана за
камповите, националните паркови и другите туристички центри. Од друга
страна, туристите не секогаш се свесни за потенцијалната закана од тоа да
останат заробени од дивите пожари или да бидат извор на пожар заради
невнимателно ракување со оган за скара или пушење.

Постојат две нивоа на влијание врз туризмот предизвикани од пожар во
локациите со природно наследство: хронично и акутно.

 Хронично влијание врз туризмот

Видовите растенија и дрвја со ниска толеранција кон пожари не можат да се
регенерираат, така што биодиверзитетот се намалува. Истовремено, ерозијата
на незаштитената почва се зголемува, со што се намалува плодноста на
почвата.

Кога биодиверзитетот и пределските/пејсажните атрибути на локациите со
природно наследство се деградирани, се намалува туристичката вредност на
туристичките атракции во локацијата, како и самите природните атракции. Со
губење или влошување состојбата на биодиверзитетот и пејсажот, туристичките
атракции и потенцијал може драматично да се променат во негативен смисол.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

79 -79 | С т р а н а


 Акутно влијание врз туризмот

Подраматично и поакутно е кога ќе се појави пожар во локациите со природно
наследство кој ќе ги принуди туристите да се евакуираат од областа.

3.4. Главни карактеристики на движењето на посетители на природни
богатства во секторот туризам

Постоењето на туризмот во Република Македонија е тесно поврзано со
нејзината поволна географска позиција, што овозможува услови за туристички
развој во рамки на регионот. Многу важни елементи на туристичката понуда
зависат од убавините на нејзиното природно наследство.

Регионалната дистрибуција на приливите на туристи укажува на тоа дека
западниот регион на Македонија забележува најголем број на туристички
посети. Тоа е резултат на високата концентрација на природни туристички
атракции во овој регион. Како резултат на ова, македонските најпопуларни и
најразвиени туристички центри се сместени тука: Попова Шапка, Маврово,
Охрид, Струга, Преспа, Пелистер и Крушево.

Друга тенденција, која е особено карактеристична, е концентрацијата на прилив
на туристи во езерските области и во главниот град. Во нив се слеваат во
просек 70% од вкупните туристички посети. Приливот на гостите во езерските
области, пред се оние во кои се наоѓаат локациите со природно наследство, е
резултат на следново:

 Езерските области апсорбираат наголем дел од туристичките посети
(просек 46.7%) бидејќи тие, исто така, се и најразвиените туристички
места во Македонија (особено Охридското Езеро).
 Постои добра комуникација меѓу езерските области и другите региони.
 Автопатите се дел од регионалната и меѓународната патна мрежа.
 Аеродромите Петровец и Охрид се во нивна близина.

Покрај регионот на Охридското Езеро, други места од интерес за туризмот се
Преспанското Езеро и Дојранското Езеро. Зимските центри на Шар Планина,
Бистра, Крушево, Пелистер и Кожув се, исто така, дел од листата на
најпосетени места.

Планините и планинарските домови во Република Македонија, заедно со
излетничките места, привлекуваат посетители чија цел е планинарење,
пешачење, велосипедизам и други спортови или слободни активности,
разгледување, собирање диви растенија или печурки кои се користат во
исхраната или во медицината. Овие места се посетени првенствено за време
на викендите и одморите. Обично, секое поголемо населено место има своја
омилена излетничка дестинација: пр. Скопје (Матка, Марков манастир, Сарај,
Водно), Кичево (Крушино); Тетово (Теќе, Лешочкиот Манастир Св. Атанасиј);
Куманово (Реката Пчиња, Скачковце, Градиште, Стрновац); Берово (Беровско
Езеро); Струмица (Манастирите Велјуса и Водоча, како и Колешинските и
Смоларските водопади); Битола (Баба Планина) итн.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

80 -80 | С т р а н а



3.5. Правни аспекти на заштитата на природното наследство

Националниот закон во областа на животната средина е во постојан процес на
приближување и усогласување со законите на Европската Унија. Целосна
хармонизација со законската регулатива на Европската Унија ќе се постигне
кога ќе се подготват подзаконски акти врз основа на законите во областа на
животната средина. Ова, исто така, ќе придонесе кон зголемување на
еколошките стандарди и придобивките кои опфаќаат заштита и унапредување
на природното наследство.

Беа разгледани неколку најважни сектори од областа на животната средина, со
цел да се определи правниот еколошки статус од аспекти кои се суштински
поврзани со туризмот.

Хоризонталниот сектор е составен од ОВЖС (Оценка на влијанието врз
животната средина) и СОЖС (Стратегиска оценка на животната средина).
Процесот на спроведување на обврските од ОВЖС и СОЖС е во тек.
Значителни чекори се преземаат во однос на еколошката свест и пристапот до
информации од областа на животната средина, вклучувајќи го и
подготвувањето на стратегија за комуникација и подигање на јавната свест.
Законот за животна средина ги вклучува основните одредби на еколошка
одговорност во однос на заштитата и санација на штети во животната средина.

Во секторот за квалитет на воздух, треба да се изготви Национална програма
за мониторинг на квалитетот на амбиенталниот воздух, а мониторингот на
квалитетот на воздухот треба да се подобри. Сите големи извори на
загадување се идентификуваат во катастар. Стандардите за квалитет на
воздухот треба да се усогласат и со Насоките за квалитет на воздухот на
Светската Здравствена Организација (СЗО).

Управувањето со отпад е еден од најсериозните и најочигледните еколошки
проблеми во Македонија. Законот за управување со отпад треба да биде
усогласен со acquis, а политиката за управување со отпад, дефинирана во
Националниот Еколошки Акциски План (НЕАП) (од 1996 година, ревидиран во
2006 година), треба повторно да се разгледа и да ги вклучи целите посочени во
acquis. Недостатокот на соодветна инфраструктура генерално го отежнува
соодветното исфрлање на отпад, пред се, исфрлањето на опасен отпад. За да
се усогласи со acquis во областа на управувањето со отпад, треба да се
направат големи инвестиции. Напорите за селектирање и рециклирање на
отпадот со кои во голема мера би се придонесло кон минимизирање на отпадот
се или непостоечки или многу мали.

Што се однесува до секторот води, постои недостиг од интегриран пристап кон
управувањето со водните ресурси, преклопување на одговорностите и
надлежностите, недостиг од институционална координација и неефикасна
реализација, слаба примена на законските обврски за квалитет на вода,
недостаток на соодветни законски обврски, недостаток од пречистителни
станици за третман на отпадни води, недоволни мрежи на одводниот систем,
застарен или никаков систем за мониторинг на квалитетот на водите. Многу
градски системи за водоснабдување се во незадоволителна состојба, постои
недостаток од системи за водоснабдување во руралните области, системите за


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

81 -81 | С т р а н а

наводнување генерално се во лоша состојба, стапката на наплата на даноци е
ниска, постојат ограничени податоци за потрошувачката на вода, дренажните
системи се во лоша состојба, итн. Сите овие проблеми сериозно и наштетуваат
на одржливоста во користењето на водата во Република Македонија. Во Закон
за води, кој беше усвоен во 2008 година, вклучен е принципот на интегрирано
управување со води и јасно да се дефинираат улогите и одговорностите во
секторот води. Законот треба допрва да се спроведе.

Во секторот природа, поголем дел од законската регулатива на Европската
Унија за зачувување на природата е отсликано во Законот за заштита на
природата. Меѓутоа, потребни се големи напори за развој на подзаконската
регулатива, како и обезбедување на спроведување на законите. Управувањето
со заштитените области е нецелосно, со исклучок на националните паркови, а
во одредени случаи и не постои, освен закони кои предвидуваат интегрирана
заштита во и надвор од заштитените области. Во секторот постојат неколку
проблеми, како, на пример, недостаток од воспоставување на меѓу-секторски
пристап за зачувување на биолошката разновидност, несоодветно ниво на
усогласеност со националната и законската регулатива на Европската Унија,
недостаток од информации за управувањето со природата, ниско ниво на јавна
и институционална свест и непостоење на мониторинг систем за
биодиверзитетот.

3.6. Улоги и одговорности

Министерството за животна средина и просторно планирање е целосно
одговорно за управување и надзор на заштитени области и заштитени видови.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е одговорно за
управување со шумите и заштита на шумите надвор од заштитените области,
како и за регулирање на ловот и риболовот и заштитата на растенијата (под
заштита на растенијата се подразбира земјоделски растенија). Согласно
Законот за заштита на природата (“Службен весник на РМ”, бр. 67/04),
националните паркови се трансформираат во Институции за национални
паркови, кои се одговорни за управување со националните паркови.
Административниот надзор на нивното работење го врши Министерството за
животна средина и просторно планирање, а Службата на животната средина
(во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање)
врши професионален надзор на нејзините активности. Дирекцијата за заштита
на растенија и Државен инспекторат за шуми и лов се органи во состав на
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Табелата 3.1 подолу ги претставува улогите и одговорностите на
институционалните тела кои работат на полето на заштитените области и
заштитените видови.

Табела 3.1: Улоги и одговорности на институционалните тела за клучните
еколошки функции

Клучни функции на управување
со животната средина
Одговорна институција
Регулирање  Министерство за животна средина и
просторно планирање
 Министерство за земјоделство,
шумарство и водостопанство
Креирање политики и планирање  Министерство за животна средина и


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

82 -82 | С т р а н а

просторно планирање
 Министерство за земјоделство,
шумарство и водостопанство
Мониторинг  Министерство за животна средина и
просторно планирање
 Единици на локална самоуправа –
Општини
Регистрација на лиценци и дозволи  Министерство за животна средина и
просторно планирање - Служба за
животна средина
Инспекција  Министерство за животна средина и
просторно планирање - Државен
инспекторат за животна средина
 Единици на локална самоуправа –
Општини
Примена на законски инструменти во врска со
природните богатства
 Министерство за животна средина и
просторно планирање - Државен
инспекторат за животна средина
 Единици на локална самоуправа -
Општини
 Министерство за земјоделство,
шумарство и водостопанство - Државен
инспекторат за шумарство и лов
Финансиски планови и економски инструменти  Министерство за животна средина и
просторно планирање, Министерство за
земјоделство, шумарство и
водостопанство
 Министерство за финансии
Информирање и консултации со јавноста  Министерство за животна средина и
просторно планирање
 Јавни информативни канцеларии;
 Единици на локална самоуправа -
Општини
 Универзитети
 НВО
 Професионални асоцијации
Извор:Различни Министерства, општини, НВО, универзитетски и професионални тела

3.7. Заклучоци

Управувањето со отпадот и со животната средина во целина е лошо,
процедурите и спроведување се слаби. Недостигот од примена на регулативата
за планирање на користењето на земјиштето и изградба овозможи
урбанизација долж речните и езерските брегови. Водните екосистеми се под
голема закана од голем број притисоци.












Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

83 -83 | С т р а н а

4. Пазари и Маркетинг

Пазари

4.1 Пристигнувања и ноќевања

Статистичките податоци кои постојат и според кои може да се разгледа
еволуцијата на туризмот во Македонија доаѓаат од два извора. Првиот извор се
граничните премини, а вториот се податоците доставени од регистрираното
сместување. Второнаведениот извор е најчесто цитиран како “службена“
статистика.

Податоци од граничните премини

Министерството за внатрешни работи функционира на граничните премини во
Република Македонија. Податоците собрани при пристигнувањето и
заминувањето на странците се сметаат за недоволно детални за да може да се
направи прецизна процена на странскиот туризам. Граничните премини ги
бележат пристигнувањата и заминувањата на странските државјани. Бројките
кои се однесуваат на заминувањата се од 20 до 30 % пониски од оние во однос
на пристигнувањата, а се претпоставува дека тоа е поради фактот што се
спроведува построга контрола при пристигнувањето на странците.

Табела 4.1: Пристигнувања во Македонија 2000-2006 според начин на транспорт
Начин 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006
Воздух 262.972 104.809 115.667 104.197 104.638 129.238 119.529
Железница 67.358 33.119 41.001 42.454 41.467 43.797 53.472

Пат 2.534.366 1.592.430 1.922.462 2.035.900 2.447.648 3.072.814 3.196.288
ВКУПНО 2.864.696 1.730.358 2.079.130 2.182.551 2.593.753 3.245.849 3.369.289
Извор: Министерство за внатрешни работи

Табелата 4.1 погоре и Табелата 4.2 подолу ги претставуваат бројките на
пристигнувања на гостите обезбедени од Министерството за внатрешни работи
и ова покажува дека доминацијата на патничкиот сообраќај во пристигнувањата
(95%) е зголемена како начин на патување од 2000, година бидејќи воздушниот
сообраќај како начин на патување не се врати на нивото од 2000 година по
конфликтот во 2001 година.

Табела 4.2: Удел на пристигнвуања според начин на транспорт, 2000 и 2006
% 2000 2006
Воздух 9,2 3,5
Железница 2,4 1,6
Пат 88,5 94,9
Вкупно 100,0 100,0
Извор: Министерство за внатрешни работи

Не се прибираат редовно податоци од страна на службениците за имиграција
за видот на посета - транзит, денови или туристи (еднодневен престој или
повеќедневен престој во Република Македонија). Во 2004 година Државниот
завод за статистика спроведе излезна анкета за странските гости за период од
четири месеци во текот на главната сезона, но, и покрај важноста и вредноста
на анкетата, не е сигурно дали или кога истата ќе се повтори. Според таа


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

84 -84 | С т р а н а

анкета, чии резултати се прикажани во Табела 4.3 подолу, идентификувани се
29% пристигнувања како туристи (кои остануваат на едно или повеќе
ноќевања).

Табела 4.3: Вид на посета
%
Дневна посета 28,41
Транзит 42,53
Посета со престој 29,06
Вкупно 100,0
Извор: Државен завод за статистика

Иако ова е само една анкета која е валидна за една година, со примената на
овој размер врз податоците за пристигнување во периодот од 2000 до 2006
година, може да се направи проценка за бројот на пристигнувања на туристи за
овој период и ова е прикажано во Табелите 4.4(1) и 4.4(2) подолу.

Табела 4.4(1): Проценети пристигнувања на странски туристи 2000 - 2006 (29% од
вкупни пристигнвуања)

2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006
Туристи
832.478 502.842 604.195 634.249 753.745 943.244 979.115
Извор: Податоци од Министерство за внатрешни работи и Анкета за 2004 на Државниот завод за
статистика














Табела 4.4(2): Проценети пристигнувања на странски туристи 2000-2006 (29% од
вкупните пристигнувања)


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

85 -85 | С т р а н а


Извор: Податоци од Министерство за внатрешни работи и Анкета за 2004 на Државниот завод за
статистика

Врз основа на оваа проценка и дозволувајќи +/- 5% грешка, во 2006 година
Република Македонија ја посетиле помеѓу 930.000 и 1.020.000 туристи.

Сезонската распределеност на странските посети (од сите видови) укажува на
тоа дека главнината на посети е во летниот период (јули, август и септември),
додека висока посетеност има и за време на новогодишните и божиќните
празници, т.е. во период на зимските одмори. Овој сезонски тренд е сличен
како за сите гости (прикажан во Табела 4.5 подолу) - од 450.000 во главната
сезона во август, до нешто над 150.000 во февруари, а за туристите кои
остануваат во регистрирано сместување (прикажано во Табела 4.6 подолу) – од
над 60.000 посети во август до 20.000 во февруари.




















Табела 4.5: Пристигнувања на гости според месец-2006
Проценет број на туристи 2000-2006
(29% од вкупни пристигнувања )
0
200000
400000
600000
800000
1000000
1200000
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

86 -86 | С т р а н а


Извор: Министерство за внатрешни работи

Табела 4.6: Ноќевања на странски гости според месец-2006

Извор: Државен завод за статистика

Во 2006., статистичките податоци на граничните премини, исто така, ја бележеа
и националноста на гостите. Бидејќи ова е понатаму анализирано според видот
на посета, овие податоци не даваат јасна слика за релативната важност на
изворните пазари на туристи.

Министерството за внатрешни работи спроведува постапка за воведување
системи за Интегрирано управување со граници. Од основно значење е
Преноќувања на странски гости во
регистрирани сместувачки капацитети
- 2006 според месец
0
10.000
20.000
30.000
40.000
50.000
60.000
70.000
Јан Фев Март Апр Мај Јуни Јули Авг Септ Окт Ное Дек
Пристигнувања на гости според месец - 2006
0
50.000
100.000
150.000
200.000
250.000
300.000
350.000
400.000
450.000
500.000
Јануари
Февруари
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Септември
Октомври
Ноември
Декември


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

87 -87 | С т р а н а

Државниот завод за статистика и Секторот за туризам при Министерството за
економија да бидат вклучени во Комитетот за координација на овој проект.

Податоци од регистрираното сместување

Податоците од овој извор можат да наведат на погрешни заклучоци. Бројот на
регистрирани “посети“ не е еднаков на бројот на туристи. Првенствено, ова е
поради тоа што многу гости остануваат во повеќе од едно сместувалиште и
притоа се регистрираат повеќе пати. Второ, голем дел од туристите не
остануваат во регистрирано сместување, туку кај пријатели и роднини, во
приватно сместување или во друг вид сместување, кое Државниот завод за
статистика не може да го регистрира. Со оглед на фактот дека не постојат
редовни податоци за бројот или процентот на гостите дојдени кај пријатели или
роднини, информациите што се земаат од сместувалиштата не може да се
применат на сите гости.

Сепак, гостите кои престојуваат во регистрирани сместувалишта се оние што
најверојатно биле под влијание на некоја промотивна активност и кои
резервирале сместување преку агенции или директно. Од тие причини, нивниот
профил е прилично индикативен за тоа каде би било најдобро да се насочат
промотивните и рекламните активности.

Туризмот во Македонија кулминираше во доцните 1980-ти години. По
стекнувањето независност, беа регистрирани постепени зголемувања, до
највисокиот регистриран број ноќевања од скоро 225.000 во 2000 година, како
што може да се види од Табела 4.7 подолу.

Табела 4.7: Регистрирани странски гости 2000-2007

Година Регистрации
2000 224,016
2001 98,946
2002 122,861
2003 157,692
2004 165,306
2005 197,216
2006 202,357
2007 230.080
Извор: Државен завод за статистика

Податоците за регистрирани сместувачки капацитети во табелата 4.7, исто
така, укажуваат на тоа дека туризмот во Македонија тукушто се врати на
нивоата од 2000, заради внатрешниот конфликт во 2001 година. Подетална
студија за изворните пазари на овие регистрации открива дека повеќето
регионални пазари се обновиле од 2001 година па наваму. Меѓутоа, Албанија и
Бугарија сè уште не се вратиле на нивните претходни нивоа. Ова можеби е
делумно резултат на значителните активности за развој на туризмот во нивните
сопствени земји, кои се конкуренти на Македонија.

Во Европа постои ограничено обновување, пред сè од главните пазари во
Германија и Обединетото Кралство. Австрија и Италија ги надминаа нивоата
на гости од 2000 година. Некои помали пазари, каде што основата беше на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

88 -88 | С т р а н а

пониско ниво, покажаа повисоки стапки на пораст. Бројот на гости од
Австралија, Азија и Израел се зголеми рапидно. Пазарите на САД и Канада се
покажаа како доста слаби, што е делумно резултат на намалениот број на
хуманитарни работници кои доаѓаат во Македонија и несигурноста од патување
после нападите што се случија на 11 септември.

Најголемите изворни пазари според националност во 2007 година се прикажани
на табела 4.8 подолу и целосно ги претставуваат тековните и раните периоди
на оваа декада, во која земјите, особено во првата половина на табелата, ја
задржаа својата позиција речиси непроменета во текот на целиот период.

Табела 4.8: Најголемите 15 пазари за регистрации на странски гости - 2007

Ранг Земја на потекло Регистрации 2007
% промена од 2000
1 Србија-Косово-Црна Гора 44,661
26
2 Грција 28,618
35
3 Бугарија 18,901
-21
4 Албанија 17,573
-20
5 Словенија 13,046
147
6 Хрватска 12,326
165
7 САД 8,907
34
8 Турција 8,840
-8
9 Германија 7,978
-34
10 Велика Британија 5,789
-10
11 Италија 5,186
102
12 Босна и Херцеговина 5,123
17
13 Холандија 4,887
51
14 Австрија 3,705
-32
15 Франција 3,594
-14
Извор: Државен завод за статистика

Оваа табела покажува ширење на изворните пазари, иако постои голема
зависност од земјите од регионот и релативно помал број од Западна Европа.

Вкупно земено, бројот на гости и ноќевања сè уште е за околу 10% понизок од
2000 година. Заради повеќекратните регистрации, од овие податоци не можат
да се добијат значајни податоци за должината на престојот.

4.2 Сезонска природа

Податоците од Табелите 4.9 и 4.10 подолу ја покажуваат сезонската природа на
ноќевањата во регистрирани сместувачки капацитети според странски и
домашни гости за 2006 (најновите расположливи детални извештаи).
Флуктуациите/колебањата кои се прикажани во текот на годината се слични на
оние од претходните години и, исто така, се сметаат за одраз на тековната
состојба.


Табела 4.9: Сезони на ноќевања на странци во регистрирани сместувачки
капацитети 2006


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

89 -89 | С т р а н а


Извор: Државен завод за статистика

Табела 4.10: Сезони на домашни гости во регистрирани сместувачки капацитети
2006

Извор: Државен завод за статистика

Графиконот покажува дека обемот на ноќевања на домашни и странски гости
може во голема мера да се споредува со бројките за месеците меѓу јуни и
септември. Во јули и август постои значителен пораст на домашните ноќевања.

Не постои значително зголемување на бројот на ноќевања на странски гости во
текот на летото. Ова веројатно покажува дека високиот процент на странски
посети е од деловен карактер, со опаѓање на деловните патувања, кое се
Преноќувања на домашни гости
во регистрирани сместувачки капацитети
- 2006 според месец
0
100.000
200.000
300.000
400.000
500.000
600.000
Јан Фев Мар Апр Maј Jуни Jули Авг Сеп Oкт Ное Дек
Преноќувања на странски гости во
регистрирани сместувачки капацитети
- 2006 според месец
0
10.000
20.000
30.000
40.000
50.000
60.000
70.000
Јан Фев Март Апр Мај Јуни Јули Авг Септ Окт Ное Дек


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

90 -90 | С т р а н а

компензира со соодветно зголемување на патувањата поврзани со одмор и
летување во текот на летото.

Постои нагорен тренд кај ноќевањата на домашни туристи и туристи од Грција
во месец јануари, пред сè заради зимските спортови.

Летниот бран на домашна побарувачка од сместување, пред сè, се однесува на
капацитетите за кампување и капацитетите на приватно сместување.

4.3 Искористеност на сместувачките капацитети

Податоците собрани од Државниот завод за статистика не дозволуваат
пресметување на зафатените сместувачки капацитети за секој месец во
годината, туку само на годишна основа. Покрај тоа, пресметката е заснована на
сите единици за сместување кои се отворени во текот на целата година, иако
голем број од нив функционираат само за време на „сезоната“. Во 2005., само
78% од хотелите работеа во текот на сите 12 месеци од годината. 5% работеа
повеќе од 5 месеци, а 7% беа отворени помалку од пет месеци.

Годишното ниво на искористеност од 39% - како што се наведува од Државниот
Завод за статистика - е доста генерализирано и пониско отколку во реалноста.

Меѓутоа, следново е очигледно:
 Искористеноста на капацитетите на Охридското Езеро и
Преспанското Езеро е висока само во краток период во текот на
летната сезона, иако до одредена мера таа се одржува и во сезоните
блиски до летната, поради честото организирање конференции
 Планинските сместувачки капацитети се главно неискористни во
текот на летото, додека само во краток период од зимата тие имаат
висок процент на искористеност, и тоа главно поради ограничениот
зимски распуст.
 Скопје и останатите деловни центри имаат поеднаква распределба
на искористеност на објектите во текот на годината, со намалувања
во текот на викендите или за време на празници.
 Искористеноста на бањските капацитети е подеднаква во текот на
целата година.

Подеднаквото распределување на училишниот летен и зимски распуст би
помогнало во подобрувањето на искористеноста на капацитетите.

4.4 Профил на странските гости

Единствени податоци кои се на располагање во врска со профилот на странски
(нерезидентни) гости и целта на нивните посети се собираат секои пет години
во две анкети што се прават на граничните премини и во сместувачките
капацитети - „Анкета за странски гости – гласање на граничните премини 2004“
и „Анкета за странски гости - во сместувачки капацитети“. И двете беа
спроведени во периодот од јуни до септември, а резултатите се оценуваат и
според нив се оформуваат годишните податоци.

Табелата 4.11 подолу дава преглед на сите гости кои ги минале границите во
2006, од кои само 29% се туристи кои остануваат во земјата со едно или повеќе
ноќевања.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

91 -91 | С т р а н а


Табела 4.11: Вид на странски гости

Вид на
посета %
Дневна
посета 28.4
Транзит 42.5
Посета со
престој 29.1
100.0
Извор: ДЗС анкета на граничен премин

Еднодневните гости и во помала мерка, транзитните туристи значајно
придонесуваат кон стопанството со нивната потрошоувачка. Во 2006 година,
просечната потрошувачка на дневните гости беше 3.153 денари, а на
транзитните - 1.125 денари.

Анализата на целта на посетата на туристите, прикажана во Табела 4.12
подолу, укажува на тоа дека, генерално, четвртина од туристите имаат за цел
некоја деловна активност, додека една четвртина доаѓаат за одмор. Висок
процент - речиси 40% - доаѓаат во посета на пријатели или роднини (ППР).

Во зависност од изворниот пазар, кај целта на посетата постојат значителни
варијации. Најголем број од гостите од Србија,Косово и Црна Гора доаѓаат во
посета на роднини и пријатели, додека пак Албанците почесто доаѓаат на
одмор. Сепак, прикажаната намера за патување од соседните земји треба да
се земе со резерва. Во секој случај, податоците за другите земји веројатно се
поверодостојни. Постои висок степен на посети на пријатели и роднини и од
други земји - тоа е една од три посети. Туристичките посети и деловните посети
се слични и од тие пазари - секој со по 27%.

Табела 4.12: Цел на посета на странски туристи - %

Земја Одмор Работа
Пријател
и и
роднини Друго
Албанија 63.2 5.5 28.9 2.3
Бугарија 55.4 25.2 10.4 9.0
Грција 45.6 13.1 32.9 8.4
Србија, Косово,
Црна Гора 11.6 24.8 58.7 4.9
Друго 27.6 27.0 33.3 12.1
ВКУПНО 26.0 24.0 39.0 6.7
Извор: ДЗС анкета на граничен премин

39% гости на пријатели и роднини е многу близу до процентот на оние кои се
сместуваат во семејства. Постои голема фреквенција на гости што користат
сопствено сместување - најмногу Македонци-иселеници.

Најзначајно е тоа дека само 38% од туристите престојувале во комерцијално
сместување, како што е прикажано во Табела 4.13 подолу. Голем дел од
статистичките податоци за туризмот во Македонија се базира на податоците
добиени од регистрираното сместување. Иако тие можеби не плаќаат


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

92 -92 | С т р а н а

комерцијални цени за сместувањето, 62% од гостите кои пестојуваат во
сопствено сместување или кај семејствата имаат значителен придонес во
стопанството. Наспроти податоците за дневните и транзитните туристи во
поглед на потрошувачката, такви податоци за овој сегмент не се достапни.

Табела 4.13: Сместување користено од странски туристи - %

Земја
Платено
сместување
Пријатели
и роднини
Сопствено
сместување
Друго
(автомобил)
Албанија 70.4 29.6 0.0 0.0
Бугарија 80.7 19.4 0.0 0.0
Грција 54.2 45.8 0.0 0.0
Србија, Косово,
Црна Гора 31.1 68.9 0.0 0.0
Друго 33.0 28.3 34.5 4.2
ВКУПНО 37.8 39.6 20.1 2.5
Извор: ДЗС анкета на граничен премин

Скопје е најпопуларна локација за еднодневен престој за сите странски гости,
како што е покажано во Табела 4.14 подолу - како за оние кои користат
комерцијални сместувачки капацитети, така и за оние кои престојуваат кај
пријатели и роднини.

Табела 4.14: Локации на ноќевање на странски туристи

Локација %

Скопје 47.0

Битола 14.6

Гевгелија 0.6

Струмица 0.7

Охрид 13.0

Струга 5.7

Куманово 5.3

Крива Паланка 0.3

Друго 12.9

Извор: ДЗС анкета на граничен премин

Туристите кои престојуваат во платени сместувачки капацитети го формираат
главниот пазар кон кој е насочена туристичката индустрија. Ова е главниот
сегмент кој треба да го привлечат Агенцијата за промоција и поддршка на
туризмот, сместувачките капацитети и тур-операторите и туристичките агенции.
Од тие причини, нивниот профил е од особена важност.

Во 2004 година, просечната должина на престојот на туристите во платени
сместувачки капацитети изнесуваше 3,15 дена (2,15 ноќевања), што варираше
во зависност од националноста, како што може да се види во Табела 4.15
подолу.



Табела 4.15: Просечна должина на престој на странски гости - денови

Земја Денови
Албанија 2.69


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

93 -93 | С т р а н а

Бугарија 2.58
Србија-Косово-Црна
Гора 2.94
Грција 2.63
Австрија 3.13
Босна и Херцеговина 3.15
Хрватска 3.13
Франција 4.36
Германија 3.26
Италија 3.34
Холандија 3.50
Русија 2.83
Словенија 2.73
Турција 2.03
Обединето Кралство 3.87
САД 4.13
Друго 3.62
Просек 3.15
Извор: ДЗС анкета на граничен премин

Предвидливите посети на туристи од соседните земји, во просек, беа најкратки.
Меѓутоа, престојот на гости од подалечните земји беше, исто така, релавитно
краток, што укажува на фактот дека тоа биле кратки деловни посети и дека ја
вклучуваат Македонија како дел од едно регионално патување.

82% од туристите веќе ја посетиле Македонија претходно, и голем број од нив
се чести гости, како што може да се види во Табела 4.16 подолу. Еден на секои
пет гости доаѓа за првпат. Ова е релативно добар баланс меѓу оние што
доаѓаат првпат и туристите кои доаѓаат почесто, иако процентот на оние што
доаѓаат првпат треба да се зголеми, со цел да се обезбеди подолгорочен
пораст.

Табела 4.16: Претходни посети на Македонија

Посети %
Никогаш 18
Еднаш 19
2-3 пати 26
4 или повеќе 37
Вкупно 100
Извор: ДЗС анкета на граничен премин 2004


Табелата 4.17 подолу укажува дека странските гости покажуваат висок степен
на независност во однос на организацијата на нивната посета во Македонија.
44% од нив тврдат дека не направиле претходен аранжман. Останатите 46%
направиле претходни резервации. Само 10% се дел од групни или патувања
преку туристичка агенција. Ова укажува на фактот дека е неопходно да се
поведе рекламна кампања, чија цел ќе бидат потенцијалните гости, за да им се
обезбедат информации за дестинациите и за сместувачките капацитети,
односно директни контакти од капацитетите каде што ќе можат да извршат
резервација.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

94 -94 | С т р а н а

Табела 4.17: Организирана посета на странски туристи

Начин на организација %
Независно 44
Независно со претходни резервации 46
Независно резервирање преку
туристички агент 3
Група преку агент 4
Група преку клуб, асоцијација, итн. 3
Извор: ДЗС анкета на граничен премин 2004


4.5 Активности на странските гости

Анкетата на странски гости не обезбедува многу информации за активностите
на гостите. Меѓутоа, некои увидувања можат да се извлечат од податоците.
Податоците за потрошувачката дадени во Табела 4.18 подолу укажуваат на
невообичаено висок процент на трошоци за сместување. Со оглед на фактот
дека 85% од туристите изјавиле дека добиваат добра услуга за парите
потрошени на сместување, високиот процент не рефлектира високи цени, туку
помалку пари потрошени (од вообичаеното) на други активности. Очигледно,
една од причините за ова е недостатокот на опции за забава, и посебно
слабата малопродажба (во форма на занаетчиски производи и сувенири).


Табела 4.18: Трошоци на странски гости

Трошок %
Сместување 59
Храна и пијалок 27
Купување 11
Забава 1
Локален транспорт и
друго 1
Извор: ДЗС анкета на граничен премин 2004


Гостите ги оценуваат можностите за екскурзии доста високо - 94% ги сметаат за
добри или многу добри, како што може да се види во Табела 4.19 подолу.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

95 -95 | С т р а н а

Табела 4.19: Оценување на можностите за екскурзии

Извор: ДЗС анкета на граничен премин 2004

Слично на тоа, природните убавини на земјата се мошне ценети, како што може
да се види во Табела 4.20 подолу.

Табела 4.20: Оценка за природата и животната средина

Извор: ДЗС Анкета за сместувачки капацитети - 2004

Меѓутоа, мислењето за животната средина не е толку позитивно, како што е
покажано во Табела 4.21 подолу, можеби како рефлексија на слабото
управување со отпадот во многу делови од земјата.

Природа и животна средина
0
10
20
30
40
50
60
70
80
Лоша Добра Многу добра
Можности за екскурзија
0
10
20
30
40
50
60
Лоши Добри Многу добри


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

96 -96 | С т р а н а



Табела 4.21: Оценка на еколошките услови

Еколошки услови
Извор: ДЗС Анкета за сместувачки капацитети – 2004

4.6 Заклучоци

Сегашните статистички податоци не дозволуваат јасна проценка на бројот на
туристите и другите гости, ниту пак на нивната активност или потрошувачка во
Република Македонија. Земјите кои граничат со Македонија го даваат
најголемиот број туристи, додека западноевропските гости и оние од Северна
Америка имаат поголема потрошувачка по посетител. Постои добро ниво на
повторни гости, што укажува на задоволство од претходната посета.

Најголем дел од патувањата се самостојно организирани, или, пак, воопшто не
се претходно резервирани. Ова укажува на недостаток на пакет аранжмани кои
се меѓународно достапни, или пак, што е поверојатно, на тоа дека на
Македонија се гледа како на лесно пристапна земја за самостојно патување.

Во моментот, статистичките податоци за туристите главно се однесуваат на
оние кои користеле регистрирано сместување. Податоците од граничните
премини, кои, иако се потенцијално поважни, во моментов даваат малку повеќе
од индикација за обемот на туризмот во Република Македонија. Треба да се
направи посеопфатна анализа на транзитните туристи, на дневните туристи и
на оние што престојуваат во земјата, заедно со податоци за земјата на потекло
и целта на патувањето. Податоците за искористеноста на капацитетите се
неадекватни за проценка за потребите од додатно сместување за иднина. Исто
така, недостигот на овие податоци не помага во идентификувањето на
проблемите во однос на сезонската достапност на сместувачките капацитети.

Сегашните двојни петтогодишни истражувања помагаат да се добие делумен
профил на странските гости, но тие треба да се комбинираат во единствено
Еколошки услови
0
10
20
30
40
50
Лоши Добри Многу добри


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

97 -97 | С т р а н а

годишно истражување, со цел да се добие неопходниот профил на гостинот,
како и податоци за потрошувачката.

Маркетинг

4.7. Улогата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Агенција за промоција и поддршка на туризмот е оригинален термин кој се
користи за да се опише организација којашто го предводи туристичкиот сектор
во дестинацијата.

Маркетинг на дестинацијата е примарна улога на Агенцијата. Таа може да има
регулаторна и развојна функција, насочена кон обезбедување на разновидност,
квалитет и стандард на производите кои му се потребни на пазарот. Таа може
да има улога на фактор за развивање на човечки ресурси, со цел да обезбеди
соодветен број обучени и вешти работници за туристичкиот сектор. На тој
начин, нивото на квалитет на услугите ќе ги задоволи пазарните очекувања.
Сите овие функции придонесуваат кон основната улога на ефикасен маркетинг
на дестинацијата.

Агенцијата е одговорна за преземање на маркетинг функциите и активностите
кои туристичкиот сектор не може самиот ефикасно да ги изврши. Нејзините
основни маркетиншки улоги може накратко да се објаснат на следниов начин:

1. Градење на имиџ на дестинацијата

Агенцијата мора да го проектира имиџот на Македонија на меѓународно ниво.
Овде се бара истражување на клучните атракции на Македонија за гостите од
различни пазари и зголемување на свеста за целиот спектар на овие атракции,
преку рекламирање, постојани односи со јавност и ширење на информации.

Најголем дел од оваа задача е воспоставување моќен имиџ на бренд за
дестинацијата Македонија, во која може да се промовираат и дестинацијата во
целина и составните производи и услуги кои ги врши туристичкиот сектор.

Агенцијата исто така, е одговорна за намалување на негативниот публицитет за
дестинацијата, доколку и кога истиот ќе се појави.

2. Пазарно истражување и прибирање на информации

Агенцијата треба, во име на туристичкиот сектор во целина, да ги испитува
постојните и потенцијалните пазари. Тоа ќе го стори преку собирање директни и
индиректни податоци за туризмот во однос на регионот и земјата. Тука се
вклучени статистиката и профилите на гости; податоци за факторот на
искористеност/исполнетост на капацитетите; податоци за трошоците;
испитување на поединечните пазари или сегменти; итн. Агенцијата за
промоција и поддршка туризмот ги анализира овие податоци со цел да ги
идентификува пазарните трендови, да изготви проекции за раст и да
идентификува можности за развој на производот. Оваа информација не треба
само да се користи во маркетингот или развојот планиран од Агецијата туку
може да се сподели со добавувачите и инвеститорите во туристичкиот сектор,
со цел да им помогне при нивното планирање.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

98 -98 | С т р а н а

Покрај статистичкото истражување, Агенцијата треба, исто така, да прибере
информации за структурата на пазарите кои се извор на туристи со цел да
идентификува нови можности, како и за најдобрите начини на пробивање на
пазарот. Тоа вклучува составување датотеки за трговија и контакти со медиуми,
кои се од особена важност и интерес за добавувачите во македонскиот
туризам.

3. Обезбедување информации

Потенцијалниот посетител, странскиот туристички сектор и странските медиуми
гледаат на Агенцијата како на основен извор на сеопфатни и објективни
информации за туристичките атракции, производи и настани во Македонија.

Со цел да ја задоволи оваа перцепција, таа мора да направи напор да
воспостави ефикасни системи за дистрибуција на информации. Тука се
вклучени интернет страници на дестинацијата; канцеларии во странство за
дистрибуција на промотивни и информациски публикации и материјали;
туристички информациски центри во Македонија; датотеки на контакт лица во
трговијата, медиумите и потрошувачите; итн.

Од страна на Агенцијата треба да бидат подготвени соодветни комуникациски
материјали кои ќе бидат дистрибуирани преку овие канали, како на пример
печатени, аудиовизуелни материјали, материјали за прикажување, билтени,
соопшенија до јавноста, итн.

Целта на овој информативен сервис ќе биде да обезбеди соодветни
информации до клиентот - трговија, медиуми и туристи - кога и каде и да им се
потребни.

4. Пионер

Агенцијата ќе ги испитува новите пазари, новите сегменти и новите маркетинг
техники во име на туристичкиот сектор. За оваа цел, таа може да врши
истражувачки мисии на пазарите кои се чини дека имаат потенцијал за пораст,
пред да предложи промотивни активности за трговијата генерално. Таа, исто
така, ќе испитува нови пазарни сегменти, пред се пазари од посебен интерес,
со цел да утврди како може производот најдобро да се обликува и да му се
презентира на сегментот. Исто така, ќе се тестираат нови маркетинг техники,
како на пример електронски билтени до потрошувачите и други интернет
техники.

5. Маркетинг координатор

Агенцијата ќе врши координација на маркетинг активностите во име на
туристичкиот сектор, прво, за да создаде повисок профил и влијание во корист
на Македонија, и второ, за да ги намали трошоците во време и пари за
партнерите во туристичкиот сектор. Ова обично добива форма на координација
на промотивни настани, како, на пример, трговски изложби и промоции на
потрошувачи, организирање продажни мисии и можност за рекламирање во
медиуми со дистрибуција до целните групи.

Покрај тоа, Агенцијата ќе им помага на “конкурентните” добавувачи и на
малите, како и големите фирми да се комбинираат во заеднички промоции. Тие


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

99 -99 | С т р а н а

може да бидат производи – на пр., сместување или оператори на одредена
активност, или тематски – на пр., наследство или патот на виното.

6. Мониторинг на задоволството на гостинот

Како клучен дел од нејзината истражувачка работа, Агенцијата редовно ќе ги
анкетира гостите, со цел да го идентификува нивото на нивното задоволство од
квалитетот на производите и услугите кои ги добиваат, вредноста која ја
добиваат за потрошените пари итн. Исто така, ќе се идентификуваат и
пропустите и недостатоците кај производите и услугите. Овие информации ќе
се користат за да се стимулира подобрување на стандардите и да се поттикне
соодветна обука во рамки на туристичкиот сектор.

4.8 Маркетингот во Македонија како туристичка дестинација

Влада

Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија во
моментов исполнува мал дел од одговорностите на Агенцијата за промоција и
поддршка на уризмот. Поделено е на две единици: една за политика и
планирање и друга за лиценцирање и класификација на производи и соработка
со индустријата и други државни агенции. Поранешниот отсек за промоции е
укинат и консолидиран во Отсек за општи промоции во Министерството за
економија.

Улогата на маркетингот е, всушност, релативно нефункционална и се состои од
координација и финансирање на учеството на Македонија на голем број
туристички изложби во Европа, изготвување на некои основни промотивни
материјали и примање на повремени посети од туристички оператори и
медиуми кои сакаат да се запознаат со туристичкиот сектор во земјава. Исто
така, дадена е поддршка на интернет порталот ExploringMacedonia.com преку
официјално одобрување. Не постои формална програма за истражување на
пазарите, преку која може да се идентификуваат приоритетните пазари и
сегменти и да се формулира интегрирана маркетинг програма во рамки на
расположливите ресурси.

Индустрија за патување

Приватниот сектор, покрај тоа што превзема активности околу продажба и
промоција на унилатерална основа, исто така, соработува во заеднички
активности. Ова се гледа во активностите на двете најголеми трговски
асоцијации, Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) и Асоцијација на
туристички агенти на Македонија (АТАМ).

Во ХОТАМ членуваат 55 од вкупно 120 хотели во целата земја.

ХОТАМ активно учествува на туристички изложби во странство, пред се во
соработка со Секторот за туризам и угостителство при Министерството за
економија. Таа, исто така, активно кани и пречекува групи на туристички
оператори и претставници на медиуми од странство со позитивни резултати.
Нормално е да се очекува ваква активност да биде иницирана од Агенцијата за
промоција и поддршка на туризмот и да биде спроведена со помош на
индустријата.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

100 -100 | С т р а н а


Интернет

Националниот портал за македонскиот туризам може да се најде на
www.exploringmacedonia.com. Оваа интернет страница беше формирана како
комерцијално, самофинансирано претпријатие со помош на УСАИД и е
официјално поддржана од Министерството за економија во приватно/јавно
партнерство со ExploringMacedonia.com. Таа нуди широк спектар на
информации за туризмот и е посетувана поинтензивно од нејзиното отворање
на почетокот на 2005 година - во моментов оваа страница ја посетуваат 200.000
лица месечно. За да се оддржи, таа рекламира одбрани добавувачи кои
плаќаат годишна чланарина по различна тарифа и, исто така, плаќаат
провизија за резервациите направени преку интернет. Помалите оператори кои
не можат да си ги дозволат овие трошоци не се рекламираат на оваа интернет
страница. На тој начин, се ограничува сеопфатноста и објективноста на
обезбедувањето на информации, што може да се смета како негативен фактор.

Важноста на интернет страницата на националниот туризам не може да се
потенцира доволно, особено за земја како Македонија - која има големи
атракции за самостојните патници, кои се повеќе го користат интернетот за
целите на планирање и резервирање. Трошоците за одржување на интернет
страницата, а особено дневното ажурирање, е обврска за која мора да се
најдат средства. Рекламирањето или платените приклучувања и провизиите,
како и спонзорствата, се логични извори на таквите ресурси.

Меѓутоа, државата и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се
одговорни за обезбедувањето публицитет за сите квалитетни добавувачи. Во
моментот, освен официјалното одобрување, Одделението за туризам и
угостителство не придонесува пропорционално за интернет страницата во ова
партнерство, во смисол на информации кои би можеле да бидат ставени на
интернет страницата и публицитет за истите.

Би било контрапродуктивно да се изготви посебна интернет страница за
Агенцијата, но помошта на Министерството за www.EхploringMacedonia.com
треба да се обезбеди согласно сеопфатните листи на добавувачи коишто се
претставени таму. Оние кои се подготвени да платат провизија или такса треба
да добијат повеќе вклучувања и директни поврзувања на интернет страницата.

ExploringMacedonia.com врши голем број промотивни активности за
промовирање не само интернет страницата, туку и на дестинацијата во целина.
Тука се вклучени спонзорирања на посети за запознавање од страна на Yahoo
Travel, Conde Nast Traveller и, во скора иднина, уредничкиот тим на
француското списание за планински велосипедизам. Публицитетот кој ќе го
добие Македонија на овој начин е повеќе од добредојден, но обично треба да
биде организиран од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на
туризмот, а ExploringMacedonia.com да се остави да се концентрира на
постигнување на висок профил на интернет страницата меѓу пребарувачите и
на интернет.




Промотивни материјали


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

101 -101 | С т р а н а


Одделението за промоции при Министерството за економија е одговорно за
изготвување на промотивни материјали кои ги бара Секторот за туризам и
угостителство. Не постои годишна програма за изготвување на материјали, туку
се работи по методот врз основа на порачка. Главните производи се:

 Брошура за дестинацијата - англиски, германски, француски и
албански изданија - 24 страници А4 формат
 Брошури на два јазика со корисни информации -
англиско/германски, англиско/француски и
англиско/македонски изданија - 28 страници, 10 х 20 см
 Мапи на Македонија на повеќе јазици - македонски, англиски,
француски, германски и руски - А2 формат
 Документ паричник
 Кеси

Ваквиот спектар на публикации е соодветен за основните платени промотивни
активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Од аспект на
слики и текст, тие се добро конципирани. Меѓутоа, постојат многу слабости во
печатењето. На пример:

 Иако туристичкото лого на Македонија се користи во сите публикации,
сепак не постои негов единствен дизајн.
 Водичот за дестинацијата е ефикасен во градењето на позитивна слика
за Македонија, но не обезбедува некои основни информации за тоа како
да се стигне до Македонија и каде можат да се добијат дополнителни
информации.
 Во публикацијата на Корисни информации не постојат посебни
информации за сместувањето, што е основна грижа на посетителите
 Адресата на интернет страницата на ExploringMacedonia.com треба, исто
така, да се наоѓа на истакнато место на насловната страница на сите
публикации, со цел да се насочат читателите кон понатамошни извори
на информации и да се поттикнат да направат резервации.
 Картата на Македонија е детална и доволна за да им овозможи на
мотористите да патуваат низ целата земја. Задната страна може да се
искористи за одредени практични информации за мотористите, како, на
пример, процедури во случај на дефект, телефонски броеви за итни
случаи, итн.

Голем број публикации треба да се прегледаат и да се дефинираат нивните
улоги. Како дел од нејзиното маркетинг планирање, Агенцијата за промоција и
поддршка на туризмот ќе треба да ги утврди годишните обврски за количината
на промотивните материјали, канцеларии за дистрибуција, изданија на разни
јазици и соодветна содржина.

Истражување и статистика

Во моментот, статистички податоци за туризмот во однос на Македонија и во
Македонија можат да се добијат од 5 главни извори:

 Бројки за месечни минувања на границата, добиени од Министерство за
внатрешни работи


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

102 -102 | С т р а н а

 Месечни податоци за посети и ноќевања во регистрирани објекти за
сместување од Државниот завод за статистика
 Годишниот попис на регистрирани објекти за сместување, кој го
спроведува Државниот завод за статистика
 Петгодишната “Анкета на странски туристи - Испитување на гранични
премини” - последно издание во 2004 година од Државниот завод за
статистика
 Петгодишната “Анкета на странски туристи - Во објекти за сместување” -
последно издание во 2004 година од Државниот завод за статистика

Сите овие обезбедуваат вредни информации, кои помагаат во развојот на
туризмот и планирањето на маркетингот. Постојат одредени внатрешни
слабости во структурите и меѓусебната поврзаност на овие анкети, кои, ако се
елиминираат, ќе дадат многу покорисна основа за целите на планирање и
покорисно вршење на анкетите. На пример, врз основа на двете анкети на
странски туристи може да се утврдуваат трошоците од транзит и дневните
гости и туристи кои престојуваат во регистрирани објекти за сместување, но не
и други туристи, како, на пример, сегментот ППР (посета на пријатели и
роднини).

4.9. Заклучоци

Туристичкиот сектор е активен во промовирањето на своите услуги и производи
и дестинацијата, но само по потреба и некоординирано. Националниот
туристички портал има постигнато голем напредок во овозможувањето пристап
до информациите за македонскиот туризам и обезбедувањето системи за
резервации. Меѓутоа, на приватното/јавно партнерство, врз коешто тој се
заснова, му недостасува поддршка од јавниот сектор.

Изготвените промотивни материјали се со добар квалитет, но се објавуваат по
потреба и им недостасува единственост во дизајнот и планирање на
дистрибуцијата.

Сликата на Македонија како туристичка дестинација е многу слаба на
меѓународно ниво и не се прават доволно напори за да се подигне свеста за
големиот број позитивни атракции на земјата.


















Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

103 -103 | С т р а н а

5. Влијанието врз економијата и инвестициска клима

Влијание врз економијата
Туризмот е мошне значаен за многу земји, поради приходите кои се создаваат
од туристичката потрошувачка на производи и услуги, од даноците кои се
собираат од туристичката индустрија, како и од можностите за вработување во
услужната индустрија поврзана со туризмот.
Туристичките активности во Македонија имаа забележителен успех во доцните
1980-ти години. Во тоа време, Македонија ја посетуваа главно туристи од
другите делови на поранешна Југославија и од други источноевропски земји, но
туристи, исто така, доаѓаа и од земјите од Западна Европа - Германија,
Холандија и Франција. За жал, кризата која подоцна го затресе Балканот
драстично го намали нивото на туризмот во регионот. Настаните од 2001 во
Македонија имаа влијание врз имиџот на земјата во очите на потенцијалните
гости и странските тур-оператори и туристички агенции кои ги креираат
различните перцепции во глобалната туристичка индустрија. Ситуацијата,
сепак, се подобрува во последните неколку години.
5.1. Придонес кон Бруто домашниот производ (БДП)

Во рамките на структурата на БДП, вработувањето и инвестициите, Државниот
завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија разликува 15 категории, од
кои една категорија е „Хотели и ресторани“, што претставува само еден дел од
целокупниот туристички сектор. Преостанатите туристички производи и услуги
(транспорт, туристички агенции, услуги од полето на културата,
телекомуникации, рекреација, забава, пазарување, итн.) се распределени во
другите категории. Од тие причини, невозможно е да се пресмета вкупниот
удел во БДП (како и вработувањето и инвестициите) кој произлегува од
туристичкиот сектор како целина.

Со оглед на фактот дека не постојат официјални податоци за уделот на
туризмот во БДП, можеме да го анализираме трендот на уделот што хотелите и
рестораните го имаат во БДП и да го искористиме ова како индикатор за
туристичкиот сектор во целост. Тука има и ставки кои не влегуваат во графата
туризам, но тие во одредена мерка го дополнуваат уделот во туристичките
производи и услуги надвор од хотелите и рестораните. Од тие причини, може
да сметаме дека бројките што се однесуваат на хотелите и рестораните го
претставуваат обемот на туристичките активности, а Табелата 5.1 подолу го
прикажува трендот на уделот на хотелскиот и ресторантскиот сектор во БДП во
периодот меѓу 2002 и 2007.

Табела 5.1: Удел на хотели и ресторани во БДП 2002 - 2007


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

104 -104 | С т р а н а


Извор: ДЗС, Бруто домашен производ, 2007, Скопје, 2008

По зголемениот удел на хотели и ресторани во БДП од 1,7-1,9 проценти во
периодот меѓу 2002 и 2003 година, во 2004 година беше забележан пад од 1,6
проценти, како резултат на намалениот број на туристи и ноќевања во
Македонија таа година. Во 2005 година, и покрај порастот на номиналната
вредност од работењето на хотелите и рестораните, уделот на секторот во БДП
опадна до 1,5 проценти, но оваа состојба се подобри и достигна 1,7 проценти
од БДП, поради тоа што работата на овој сектор растеше побрзо во споредба
со оној во економијата во целост во 2006 и 2007.

5.2. Придонес во зголемувањето на девизниот прилив

Движењата на зголемениот позитивен удел на туризмот во вкупниот прилив на
девизи од услуги се дадени во табела 5.2 подолу:

Табела 5.2: Уделот на туризмот во вкупниот прилив на девизи од услуги

Извор: Народна Банка на Македонија, 2008

17.79%
17.61%
17.35%
0.0
100.0
200.0
300.0
400.0
Mилиони
евра
Вкупен прилив
од услуги
239.1 298.4 345.1
Прилив од
туризам
41.5 52.5 61.4
2003 2004 2005
1.49% 1.57% 1.85% 1.68%
0
1,000
2,000
3,000
4,000
5,000
Милиони
евра
БДП
3,987 4,110 4,335 4,684
Хотели и
ресторани
66.8 76.0 68.2 69.9
2002 2003 2004 2005


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

105 -105 | С т р а н а

Порастот во вкупниот прилив на девизи од секторот на услуги во економијата,
како што е прикажано од сметководствените извештаи за услуги во платниот
биланс, покажува дека вкупниот прилив расте од година в година за 8% во
периодот меѓу 2003 и 2004 и до околу 25% во периодот меѓу 2006 и 2007.
Сепак, приливите од девизи од туризмот се зголемуваат со побрза стапка на
пораст отколку вкупниот прилив од услуги во целина, со годишен пораст од 16%
во периодот меѓу 2003 и 2004, зголемувајќи се до пораст од 32% помеѓу 2006 и
2007 и достигнувајќи врв од 42% помеѓу 2005 и 2006.

5.3. Придонес во однос на вработеноста

Уште од 1980-те години, Македонија се соочува со висока стапка на
невработеност. Во времето кога земјата прогласи независност, стапката на
невработеност беше близу 24%. Преструктурирањето на економијата доведе
до глобален пад на побарувачката на работна сила, а глобалниот низок раст и
недостатокот од големи инвестиции не доведоа до создавање на доволен број
работни места.

Неодамнешните реформи на пазарот на труд, вклучително и новиот Закон за
работни односи од 2005., претставуваат чекор напред кон подобрување на
состојбата со невработеноста во Македонија.

Во моментот, стапката на невработеност е 35%. Меѓутоа, треба да се има
предвид дека оваа бројка не го вклучува големиот удел на сивата економија,
кој, доколку би бил земен предвид, би покажал дека вистинскиот број на
невработени е значително помал.

Табелата 5.3 подолу го прикажува уделот на хотели и ресторани во вкупната
вработеност во Македонија.

Табела 5.3: Удел на хотели и ресторани во вкупната вработеност 2001 - 2007

Извор: ДЗС, Статистички годишник на Република Македонија, Скопје, 2007
и веб страна на ДЗС: www.stat.gov.mk

1.85% 1.60%
1.65%
2.89%
3.14% 3.34%
0
100000
200000
300000
400000
500000
600000
Вкупен број
вработени
297.780 279.854 267.546 411.723 411.031 570.404
Вработени
во хотели и
ресторани
5.514 4.472 4.422 11.905 12.892 19.034
2001 2002 2003 2004 2005 2006


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

106 -106 | С т р а н а

Како што е прикажано во табелата, иако вкупната вработеност во Македонија
опадна за потоа да се врати на претходната состојба во периодот од 2001-2007,
бројот на вработени во хотелите и рестораните во истиот период е двојно
поголем, со особен пораст евидентен од 2006 наваму. Вработеноста во
хотелите и рестораните се зголеми од 1,6 % од работната сила во 2001 до 3,2
% во 2007. Важно е да се сфати дека туризмот е специфичен сектор, во кој
воведувањето нови технологии нема големо влијание врз (односно не го
намалува) бројот на вработени, како што е тоа случајот со другите сектори. Со
други зборови, туристичките услуги се поинтензивни во однос на вложениот
труд од другите услуги во економијата. Во таа смисла, можеме да заклучиме
дека во ситуација на голема невработеност, развојот на туризмот во голема
мера ќе придонесе кон нови вработувања и намалување на стапката на
невработеност.

5.4. Придонес кон приходите на централната власт

Приходите на централната власт во периодот меѓу 2001 - 2007 година се
движеа на следниот начин, прикажан во Табела 5.4 подолу:




Табела 5.4: Приходи на централна власт 2001-2007

Извор: Министерство за финансии, 2008

Графиконот покажува скок од 85% во приходите на централната власт помеѓу
2004 и 2005, со последователни умерени степени на пораст, како последица на
редефинирањето на методологијата која се користеше за пресметување на
овие бројки од 2005.

За да се определи важноста на туризмот во создавањето приходи за
централната власт, треба да го разгледаме уделот со кој овој сектор
придонесува кон истите. Меѓутоа, релевантните институции (Министерство за
финансии, Управа за јавни прихдои) изјавуваат дека не располагаат со преглед
на такви податоци. Од тие причини, следната табела 5.5, која покажува избрани
приходи за власта од туризмот, е изготвена врз основа на статистичките
950
1000
1029
881
931
863
750
800
850
900
950
1000
1050
2001 2002 2003 2004 2005 2006
Година
Милиони
евра
Приходи во
централен буџет


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

107 -107 | С т р а н а

параметри кои ни беа ставени на располагање од страна на Државниот завод
за статистика, од кои беа пресметувани различни даночни категории.

Табела 5.5: Избрани приходи на централната власт од хотели и ресторани - 2006

Пoдатоци од 2006 во евра
Обрт (вклучително и ДДВ од 18%) од трговија во угостителството и
услугите 101,255,000
ДДВ – 18% 15,445,438


Вкупен број ноќевања 1.917.395
Даночна стапка за привремен престој, евра/ноќ 0.65
Приход на централна власт од данок на привремен престој од
20%. 249.261

Вкупен број вработени во хотели и ресторани 19.034
Просечна нето плата во хотели и ресторани 187.2
Ослободување од плаќање данок 47.1
Стапка на персонален данок 15%
Персонален данок 4,800,000

Вкупен број деловни субјекти (хотели и ресторани 8.298
Провизија на Централен регистар за преглед на годишен
финансиски извештај 19.6
Приход на централна власт од годишни финансиски извештаи 162,732

ВКУПНО 20,657,431
Извор: Државен завод за статистика (ДЗС) на РМ, 2007 и пресметки на консултант

Треба да се истакне дека тука не се вклучени данокот на профит и акцизите,
затоа што е тешко истите да се проценат. Даночните приходи пресметани овде
претставуваат 1,2% од приходите на централната власт, така што може да се
претпостави дека хотелите и рестораните во 2006 година придонесле со повеќе
од 1,2% кон приходите на централната власт.

Важно е се спомене дека, освен придонесот кон приходот на централната
власт, туристичките дејности придонесуваат и кон приходите на единиците на
локалната самоуправа. 80% од данокот за привремен престој останува во
единиците на локална самоуправа, исто како и данокот на имот и данокот за
комуналии.

Околу 2,9% од приходите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
потекнуваат од плати, а околу 4,4% од приходите на Фондот за здравствено
осигурување од плати што се исплаќаат од хотели и ресторани.

Резиме на оваа состојба е презентирано во Табела 5.6 подолу:

Табела 5.6: Резиме
Приходи на централната власт од
хотели и ресторани во 2006
Во евра
ДДВ 15,445,438


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

108 -108 | С т р а н а

Данок за привремен престој 249,261
Персонален данок 4,800,000
Провизија на Централен
регистар
162,732
ВКУПНО 20,657,431
Плус:
 Данок на профит
 Персонален данок
 Провизија на Централен
регистар
 Придонеси во Фонд за
пензиско осигурување
 Придонеси во Фонд за
здравствено
осигурување
 Акцизи
 Даноци на
производствени
активности
 Произлезени даноци

Извор: ДЗС и Пресметки од консултант





5.5. Економски врски и одливи

Постојат два вида врски кои се важни за туристичкиот сектор: внатрешните
врски меѓу различни субјекти во рамките на секторот и надворешните врски со
други сектори.

Од спроведеното истражување во текот на подготовката на Националната
Стратегија за Развој на Туризмот, очигледно е дека внатрешните врски од
неодамна се зајакнати. На пример, туристичките работници, хотелите,
рестораните, туристичките водичи, итн., соработуваат меѓусебно многу почесто,
со цел да произведат заеднички туристички производ кој ќе им биде привлечен
на странските туристи и ќе биде конкурентен на пазарот. Ова произлезе како
резултат на развојот на пазарот, каде соработката е услов за да се стане
конкурентен, но, исто така, и како резултат на поддршката од проекти на
странски донатори кои промовираат соработка. Еден таков проект беше и
Проектот за конкурентност финансиран од УСАИД, кој го поддржуваше
туризмот и го промовираше работењето преку кластери. Сепак, има уште многу
работа што треба да се сработи за внатрешните врски да се развијат и да
станат доволно силни за да можат да гарантираат дека македонскиот туризам
ќе остане конкурентен на пазарот.

Постоат надворешни врски со голем број други сектори, од кои земјоделскиот
сектор е еден од поважните. На пример, Македонија може на туристите да им
понуди високо квалитетно домашно овошје и зеленчук, грозје, и вино. Еден
пример за таква врска е соработката меѓу производителите на вино, од една, и
оние што нудат сместување и другите туристичките работници, од друга страна,
кои заедно развиваат вински тури во регионот на Кавадарци, позната како
„Винска тура“. Меѓутоа, сè уште треба да се развиваат посилни врски меѓу
операторите во туризмот и земјоделството.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

109 -109 | С т р а н а


Тесно поврзани со ова се економските одливи. Многу земји ја развиваат
својата туристичка индустрија, затоа што таа може да биде канал преку кој
може да се зголеми девизниот прилив. Таков е случајот и со Македонија. Токму
од тие причини, многу е логично и препорачливо таа да не дозволи непотребно
губење на овие приходи.

Постоењето на само еден национален авиопревозник, кој лета до само неколку
надворешни дестинации, резултира со загуба на потенцијален девизен прилив
во однос, на пример, на странски авиокомпании. Или иако Македонија е
земјоделска земја (12% удел во БДП од примарно производство, 16% ако се
вклучи и преработувачката индустрија), таа е нето увозник на храна и троши
девизи за да плати за увезена храна. Оттука, многу е важно да се намалат
економските одливи со тоа што на странските туристи ќе им се обезбеди
домашно произведена храна. Покрај ова, има доста голем увоз на ефтини
производи од азиските земји, пред сè од Кина, од која се увезуваат и сувенири.
Увезените кинески сувенири ги заменуваат домашните, рачно изработени
производи, кои се поскапи. Странските туристи во Македонија, исто така,
користат увезена струја и друга увезена енергија. Македонија има потенцијал
да го зголеми нивото на производство на струја на сопствена територија, но
моментално увезува струја за да го покрие недостигот во домашното
производство во однос на нивото на побарувачка на сопствената територија.
Добар сигнал е тоа што неодамна Владата објави меѓународен јавен тендер за
изградба на 62 нови мали хидроцентрали.

5.6. Повеќекратен ефект од туризмот
Туризмот не само што создава работни места во терцијалниот сектор, туку
создава и пораст во примарниот и секундарниот сектор на индустријата. Ова е
познато како мултипликативен ефект, кој во својата најосновна форма,
всушност, претставува показател на тоа колку пати парите потрошени од
страна на туристот циркулираат во стопанството на земјата.
Парите што се потрошени во еден хотел помагаат да се креираат работни
места директно во хотелот, но исто така и креираат економска дејност и
работни места индиректно на други места во економијата. Хотелот, на пример,
треба да набавува храна од локалните земјоделци, кои можат дел од овие
пари да потрошат за ѓубриво, гориво или облека. Производителите,
продавачите на овие ѓубрива, гориво или облека ги трошат нивните пари кои ги
добиле за своите производи и, оттука, овие последователни кругови на
расходи продолжуваат да создаваат дополнителни економски дејности.
Побарувачката од локални производи, исто така, се случува надвор од
секторите кои се директно поврзани со туризмот, како што се облека,
уметнички дела, енергија, итн.
Повеќекратниот ефект продолжува да се чувствува во целата економија, но
ова се компензира со одливот поради купување стоки и услуги надвор од
земјата и парите за увоз ја напуштаат домашната економија.
Досега не се направени конкретни истражувања во Македонија за да се утврди
вредноста на повеќекратниот ефект. Според Horwath Tourism and Leisure
Consulting (1981), економската структура на една област е клучен фактор за
определување на големината на повеќекратниот ефект. Колку е поширок


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

110 -110 | С т р а н а

опсегот на економски дејности кои се вршат во една област, толку е поголема
вредноста на трговијата што се одвива. Од тие причини, поголема е и
вредноста на повеќекратниот ефект. Капацитетот за увоз на стоки и услуги е
особено важен. Колку е поголем капацитетот за увоз, толку е пониска
резултантната вредност на повеќекратниот ефект, а со тоа е и понизок
придонесот во економијата. Имајќи ги предвид слабите врски меѓу секторите и
трговскиот дефицит на Македонија, не се очекува многу висок повеќекратен
ефект од туризмот.

5.7. Заклучоци

Вработеноста во хотелите и рестораните растеше побргу отколку општата
вработеност во стопанството. Само во 2007., туристичкиот сектор (хотелите и
рестораните) учествуваше во приходите на власта со 15.0м евра по основ на
ДДВ. Другите даноци, акцизите, здравственото и пензиско осигурување, како и
ефектите од мултипликација значајно може да го зголемат овој удел. Сепак,
загубите во прехрамбените производи и енергијата можат да бидат значителни.





Инвестициска клима

5.8 Степени на инвестиции во хотелскиот и ресторантскиот сектор

Графикон 5.1: Инвестиции во фиксни средства во Македонија, според дејност,
2004


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

111 -111 | С т р а н а


Извор: ДЗС, Статистички годишник на Република Македонија, Скопје, 2006

Уделот на хотели и ресторани во вкупните инвестиции во фиксните средства во
Македонија, како што е прикажано на Графикон 5.1 погоре, изнесува околу 3%.
Во 2005, 68% од тие инвестиции беа во згради и структури, а 32% во машини и
опрема, а сликата останува непроменета во 2006. Како што е прикажано на
графиконот 5.2 подолу, повеќето од нив се сконцентрирани во Скопје и
регионот околу Охрид и ова се однесува и на 2006:












Графикон 5.2: Инвестиции во фиксни средства во хотели и ресторани
во Македонија, по општини
Снабдување
со ел.енергија,
гас и вода
10%
Изградба
32%
Преработувачка
индустрија
15%
Рударство
и каменоломи
1%
Риболов
0%
Комунални услуги,
социјални и
лични услуги
1%

Земјоделство,
лов и
шумарство
4%
Продажба на
големо и мало,
поправка на
моторни возила,
моторцикли
и стока за лична
и потрошувачка
во домаќинствата
11%

Хотели и
ресторани
3%
Транспорт,
складирање и
комуникации
14%
Јавна
администрација
и одбрана;
задолжително
социјално
осигурување
2%
Изнајмување
на недвижен
имот и други
бизнис
активности
2%
Финансиско
посредување
3%
Здравствена
заштита и
социјална
работа
2%
Образование
1%



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

112 -112 | С т р а н а


Извор: ДЗС, Статистички годишник на Република Македонија, Скопје, 2006


Како што може да се забележи од графиконот 5.2 погоре, повеќето инвестиции
(76%) се во областите на Скопје и Охрид - Струга. Ова ги следи
традиционалните примери за концентрирање на развој на туризмот само во
овие области. Во секој случај, преостанатиот дел од земјата има голем
потенцијал за развој: рурален туризам, културен/историски туризам,
природен/авантуристички туризам, бањски туризам, итн., но многу малку е
направено за да се стимулира нивниот развој.

Табелата 5.7 подолу ги покажува инвестициите во фиксни средства во туризмот
во Македонија, во споредба со вкупните инвестции во периодот 2001 - 2006.





















Скопје
32%
Охрид
26%
Радовиш
0%
Ресен
0%
Струга
18%
Тетово
1%
Кавадарци
4%
Македонски
Брод
1%
Гевгелија
2%
Битола
6%
Струмица
7%
Штип
3%


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

113 -113 | С т р а н а

Табела 5.7: Инвестиции во фиксни средства во хотели и ресторани во Македонија
2001 – 2006


Извор: ДЗС, Формирање на нето фиксен капитал , 2006, Скопје, октомври 2007.

Табелата 5.7 погоре покажува дека онаму кадешто нивоата на вкупна
инвестиција растеле постојано од година в година, инвестициите во
туристичките средства се помалку постојани од година в година. Сепак, трендот
во текот на периодот од 2001 до 2006 покажува вкупен пораст во годишното
ниво на инвестиции во туристичкиот сектор и процентот на удел во вкупните
инвестиции кои произлегуваат од туризмот покажува сличен пораст, кој во
просек достигнува околу 2,8 % од вкупните годишни инвестирани средства.

Табела 5.8 подолу ја покажува врската помеѓу странските директни инвестиции
(СДИ) во Македонија во сите економски сектори, во споредба со СДИ за
туристичкиот сектор, особено во периодот од 2001 до 2006.


















3.5% 2.8% 2.1% 3.0% 2.6%
0
200
400
600
800
1.000
Милиони
евра

Инвестиции во
фиксни средства
567 661 688 773 799
Инвестиции во
фиксни средства во
хотели и ресторани
15.0 19.8 14.7 21.9 27.9
2001 2002 2003 2004 2005


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

114 -114 | С т р а н а

Табела 5.8: Странски директни инвестиции во хотели и ресторани споредени со
вкупните меѓу 2001 – 2006


Извор: ДЗС, Странски директни инвестиции, 2001 – 2006, Скопје,октомври, 2007

Пред 1998 година, странските директни инвестиции беa занемарливи (на пр. во
1995 година се регистрирани помалку од 10 милиони евра). Оттогаш па наваму,
странските директни инвестиции постојано растат. Тие достигнаа врв од околу
330 милиони евра во 2001 година. Ова во голема мерка се должи на
купувањата на големите компании и банки за време на процесот на
приватизација од страна на странски инвеститори. Најголемата реализирана
зделка беше продажбата на домашниот телекомуникациски оператор на Маѓар
Телеком.

До драстичен пад на странските директни инвестиции дојде во 2001 година
кога странските директни инвестиции забележаа вкупен пад меѓу 55 и 60
милиони евра и во 2002 и во 2003 година. Меѓутоа, после многубројните напори
насочени кон постигнување на економска и политика стабилност, странските
директни инвестиции започнаа да добиваат нагорен тренд од 2004 година. 2006
беше година во која се случи нов бран на инвестиции, кои главно произлегуваа
од приватизациите на енергетскиот сектор и одредени гринфилд инвестиции во
македонските слободни економски зони.

Хотелите и рестораните не останаа имуни на сложената политичка и економска
клима на постконфликтниот период и, по достигнувањето на врвот од 2,4
милиони евра на странски директни инвестиции кои беа привлечени во 2001,
немаше скоро никакви странски директни инвестиции во хотели и ресторани во
периодот меѓу 2002 - 2004 година. Во 2005 година конечно се достигна нивото
од 2001 година во однос на приливите на СДИ, со забележана бројка од 2.0
милиони евра, пред да дојде донагло зголемување од 4.2 милиони евра во
2006.


2.38% 0.02%
0.03% 0.47% 0.74%
0
50.000.000
100.000.000
150.000.000
200.000.000
250.000.000
300.000.000
350.000.000
EUR
СДИ во РМ
325.580.216 56.410.203 58.462.551 101.102.232 84.216.579
СДИ во хотели
и ресторани
2.403.951 266.783 15.224 15.949 2.003.051
2001 2002 2003 2004 2005


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

115 -115 | С т р а н а



График 5.3: Странски директни инвестиции во РМ во 2005 според инвестициска
дејност

Извор: ДЗС, Статистички годишник на Република Македонија, Скопје, 2006

Графиконот 5.3 погоре покажува дека хотелите и рестораните имаат добиено
2% од вкупните странски директни инвестиции во 2005 година, иако ова се
намали до 1,5 % во 2006 година, врз основа на податоците прикажани во
Табела 5.8 веднаш над Графиконот 5.3.

5.9. Приватизација

Процесот на приватизацијата на претпријатијата во државна сопственост се
спроведе брзо и скоро целосно во 1990-те години. Од околу 2000 претпријатија
во државна сопственост, помалку од 75 сè уште не се приватизирани.
Македонската Влада сега е ангажирана во финалниот процес на приватизација
на јавниот сектор. По успешната приватизација на телекомуникациската
индустрија и делумната приватизација на енергетскиот сектор, Владата сега
има амбициозен план да ги реструктурира и до крај да ги приватизира
преостанатите јавни сектори од областа на енергетиката, транспортот и
здравството.

5.10. Стратегија за развој

Во изминатите години, Владата успешно го намали фискалниот дефицит и се
фокусираше на одржување на ниска стапка на инфлација, стабилен курс на
денарот и ниски каматни стапки. Сепак, како што покажува Табела 5.9 подолу, и
трговскиот биланс и тековните биланси на сметка се негативни, а долгот кон
Рударство
и каменоломи
23%
Преработувачка
индустрија
47%
Изградба
2%
Јавна
администрација
и одбрана;
зафдолжително
социјално
осигурување
2%

Друго
1%
Земјоделство,
лов и
шумарство
2%
Недвижен имот ,
изнајмување
и бизнис активности
3%
Финансиско
посредување
11%
Хотели и
ресторани
2%
Продажба
на големо
и мало
7%


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

116 -116 | С т р а н а

странство расте во текот на период на силен пораст на БДП и умерена
инфлација.

Табела 5.9: Основни макроекономски индикатори на Република Македонија
Извор: Министерство за финансии, Билтен, август 2008

Најавените идни цели на Владата ќе бидат насочени кон поддршка на порастот
на домашната потрошувачка, индустриски учинок и креирање на поволно
опкружување за странски и домашни инвестиции. За да го постигне ова,
Владата веќе спроведе и сè уште подготвува бројни мерки, меѓу кои се и
следните:

 Понатамошна реформа на јавниот сектор, вклучително и воведување на
инвестиции од приватниот сектор во јавните услуги и секторите за
инфраструктура;
 Продолжување со политиките за либерализација на трговијата;
 Построга контрола на монетарната политика со цел обезбедување на
полесен пристап до финансирање за бизнисите;
 Спроведување на даночни олеснувања преку основање на безданочни
зони и општо намалување на глобалното оданочување.

Индексот на економска слобода на Wall Street Journal 2006 ја рангираше
Македонија меѓу најдобрите 60 земји. Земјата беше особено добро оценета за
нејзината паметна монетарна политика и ниските фискални оптоварувања.

5.11. Законска регулатива

Како земја која во моментов има кандидаткси статус за членство во ЕУ,
Македонија забрзано ја хармонизира својата законска регулатива со Аcquis на
ЕУ.
Не постои еден закон кој ги регулира странските инвестиции. Напротив, постои
правна рамка која се однесува на странските инвеститори, која е составена од
различни закони, меѓу кои: Закон за трговски друштва, Закон за хартии од
вредност, Закон за данок на профит, Закон за персонален данок, Закон за
2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007
Раст на БДП (%) -4,5 0,9 2,8 4,1 4,1

4.0


5.0
Годишна инфлација
(%)
5,5 1,8 1,2 -0,4 0,5 3.2 2.3
Извоз франко брод
(милиони Евра)
845 814 997 1,223 1,493 1,911 2,446
Извоз франко брод
(милиони Евра)
1.230 1.402 1.618 2.038 2.266 2,935 3,634
Трговски биланс
(милиони Евра)
-385 -588 -621 -814 -773 -1,024 -1,188
Тековен биланс на
сметка (милиони
Евра)
-179 -262 -109 -304 60

-44.9

-181.2
Долг кон странство
(милијарди евра)
1.102 1.196 1.326 1.496 1.652


2,495




2,711


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

117 -117 | С т р а н а

данок на додадена вредност, Закон за надворешна трговија, Закон за
преземања, Закон за девизно работење, Закон за инвестициски фондови, Закон
за банки, Закон за супервизија на осигурувањето, Закон за ревизија, итн.
Уставот на Македонија го гарантира еднаквиот третман на сите учесници на
пазарот и правото на секој инвеститор слободно да врши трансфер и
репатријација на инвестираниот капитал и профит. Согласно Уставот, на
инвеститорот му е загарантирано правото на имот. Странските инвеститори
можат да стекнат право на имот во вид на згради и права врз други недвижни
средства кои ќе ги користат во нивните деловни активности. Тие може да
стекнат со резиденцијален имот, но не и сопственички права врз градежното
земјиште. На странските ивнеститори им е дозволено само правото на
користење на земјиштето, но не и правото на сопственост на истото.

5.12. Трговска политика
Како членка на Светската трговска организација (СТО), Македонија се обврза
на три основни правила во врска со трговијата: транспарентност во законите,
еднакви права и привилегии за странските и домашните фирми и граѓани и
третманот на најповластена нација. Со донесувањето на новиот Закон за
трговски друштва, Република Македонија успеа да го хармонизира својот
трговски режим согласно правилата на СТО. Членот 4 од Законот предвидува
целосна либерализација на надворешната трговија.
И покрај тоа, сè уште постојат ограничувања во врска со:
 дозволите за извоз за заштита на животната средина, заштита на
човечкото здравје, заштита на животни и растенија, заштита на
историско наследство, трговија со воен хардвер; и
 мерки за заштита на домашното производство од значително
зголемување на увезени стоки, анти-дампинг мерки, и мерки против увоз
со субвенционирани цени.
5.13. Инвестициона политика

Македонија е свесна колку е важно привлекувањето на странските инвеститори,
таа го ценни нивниот know-how во врска со управувањето и продажбата, како и
свежиот капитал што тие го носат. Земјата ангажираше двајца министри од
кабинетот, чија единствена одговорност е привлекување странски директни
инвестиции. Покрај тоа, постои и Агенција за странски инвестиции во Република
Македонија (МакИнвест), која е посветена на привлекување и помагање на
странските инвеститори.

Уставот предвидува дека странците во Македонија можат да стекнат имотни
права согласно условите предвидени со закон. Понатаму, како што е веќе
споменато, Уставот му го гарантира на странскиот инвеститор правото на
репатријација. Странец може да ги основа истите видови трговски друштва како
и граѓаните на Македонија. Странски инвеститор може, исто така, да биде
индивидуално деловно лице (трговец-поединец).

Генерално гледано, не постојат ограничувања во поглед на странските
инвестиции во Македонија, освен во специфични области, како што е хардвер


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

118 -118 | С т р а н а

за воени цели, трговија со наркотици и артефатки со историска и културна
вредност.

5.14. Регистрирање трговски друштва
Едношалтерскиот систем беше воведен со цел да им овзможи на
инвеститорите да ја регистрираат нивната дејност во рок од 3 дена.
Регистрацијата се прави со посетување на една служба каде информациите се
добиваат од едно место и каде што се обраќате на само едно лице. Ова
значително ги намалува административните бариери и почетните трошоци.
Едношалтерскиот систем функционира во рамките на Централниот регистар
преку 32 интегрирани канцеларии лоцирани низ целата територија на
Македонија: Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес и Штип. Овие
канцеларии се поврзани со електронски регистар, кој овозможува ефикасна и
брза регистрација на трговските друштва. Со развојот на услугите на е-влада,
деловните субјекти набрзо ќе бидат во можност да ги регистрираат нивните
дејности по електронски пат.
Централниот регистар има лесно достапна база на податоци за компании.
Таму можат да се добијат целосни информации за потенцијални партнери и
набавувачи, како и за потенцијални европски партнери преку нивните домашни
регистри (Европски деловен регистар).
5.15. Технолошки индустриски развојни зони

Технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) претставува засебна царинска
територија во Македонија, во која економските активности се извршуваат под
посебни услови. Корисници на ТИРЗ можат да бидат домашни и странски
инвеститори, иако некои од бенефициите што им се достапни на странските
инвеститори не им се нудат на домашните оператори.

Бројни даночни олеснувања им се на располагање на странските инвеститори
во ТИРЗ, со намера истата да ја направат попривлечна за инвеститорите.
Земјиштето во ТИРЗ може да им се изнајмува на странските инвеститори за
период од педесет години, со можност за продолжување на дополнителни
дваесет и пет години.

5.16. Конкуренција

Новиот Зaкон за конкуренција постои заедно со законите против ограничување
на конкуренцијата и против монополите. На Македонија сè уште и недостасува
правичен закон за конкуренција. Во практика, државните претпријатија уживаат
посебни привилегии наспроти истите дејности што се во приватна сопственост.
Постои одредена загриженост во врска со судскиот систем на земјата и сè уште
не е јасно на каков начин Македонија ќе го реши ова прашање.

5.17. Контрола на цени

Либерализацијата на цените во основа е завршена. Владата влијае врз цените
преку преостанатите претпријатија во државна сопственост, главно во
енергетскиот сектор. Цените во овој сектор (нафтени деривати, електрична
енергија) ги контролира независен регулаторен орган.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

119 -119 | С т р а н а


5.18. Извори на средства

Банките се главниот извор на финансирање, бидејќи пазарот на капитал
генерално е неразвиен и слабо капитализиран. Трошоците за позајмици се
високи и каматните стапки во моментов се движат меѓу 7 и 13 %. Иако
компаниите од Македонија можат слободно да позајмуваат од странски банки
без ограничувања, приливот на странски капитал за оваа цел е минимален.

Туризмот не претставува сектор за кој се развиваат специјални банкарски
производи. Меѓутоа, комерцијалните банки кои нудат микро кредити ги
поддржуваат претприемачите од различните сектори, вклучително и туризмот.

5.19. Даночни олеснувања

Палетата на олеснувања што им се достапни на странските инвеститори во
Македонија вклучува ослободување од царина, различни даночни олеснувања
и специфични мерки за даночни олеснувања. Тие вклучуваат:

 Согласно Законот за царина, капиталната опрема (освен автомобили и
канцелариска опрема) на странски инвеститори може да се увезе без да
се платат царински давачки.
 Странските инвеститори се изземени од плаќањето данок на профит за
профитот што го оствариле во текот на првите три години од
работењето, под услов странскиот капитал да учествува со 20% во
вкупниот капитал и компанијата да продолжи со својата дејност во
период од шест години.
 Профит кој е реинвестиран во фиксни оперативни средства или кој е
искористен за заштита на животната средина не се оданочува.

Другите значителни олеснувања вклучуваат намалување на даночната основа
од 100.000 евра за инвестиции од 100.000 во фиксни средства. Дополнително
намалување до 25% од даночната основа е дозволено за инвестиции што ја
надминуваат сумата од 100.000 евра. Инвеститорите имаат право да изберат
само едно од различните олеснувања кои се понудени.
Владата воведе рамна стапка од 19% за корпоративниот и персоналниот данок.
Корпоративната стапка и стапката на персонален данок во 2007 година е 12%,
а истата понатаму ќе се намали на 10% во 2008. Претходната корпоративна
даночна стапка изнесуваше 15%, додека стапката за персоналниот данок
изнесуваше 15%, 18% и 24%. Со цел да се овозможи стимулирање на
дополнителни странски и домашни инвестиции, корпоративниот данок за
реинвестиран профит е утврден на 0%.
За да се избегне двојно оданочување на странските компании што се наоѓаат
во Република Македонија, на билатерална основа беа склучени 34 договори за
двојно оданочување, од кои 25 се веќе во сила. Се очекува преостанатите 9 да
се ратификуваат наскоро.
Рамниот даночен систем овозможува транспарентни и ефикасни
административни постапки. Даночниот систем со рамен данок овозможува
едноставно пресметување и лесно пополнување на даночните формулари.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

120 -120 | С т р а н а

Даночните власти основаа Специјално одделение за големи даночни
обврзници.
5.20. Заштита на инвестиции и трговски спогодби

До сега се потпишани 27 билатерални Спогодби за заштита на инвестиции,
меѓу кои со: Австрија, Албанија, Белгија, Белорусија Босна, Бугарија, Кина,
Хрватска, Чешка Република, Египет, Финска, Франција, Германија, Унгарија,
Иран, Италија, Кореа, Малезија, Холандија, Полска, Романија, Руска
Федерација, Србија, Шведска, Швајцарија, Тајван, Словачка, Словенија,
Турција и Украина.

Потпишани се спогодби за слободна трговија со следните земји: Србија,
Турција, Украина, Албанија, Босна и Молдавија. На 3 мај 2006 година,
македонскиот Парламент ја ратификуваше Спогодбата за пристапување на
Македонија кон Спогодбата за слободна трговија во Централна Европа
(ЦЕФТА), која стапи во сила на 24 август 2006. Со нејзиното стапување во сила,
престана да важи претходниот Договор за слободна трговија меѓу Македонија,
Бугарија, Романија и Хрватска.


5.21. Тековни препреки за претприемништвото

 Бирократија во јавната администрација, која резултира со долги
административни процедури
 Нефункционаолен судски систем
 Недостаток или несоодветна промоција на национално ниво
 Недостиг од странски инвестиции како резултат на слабите промотивни
активности
 Високи даноци, кои ја прават Македонија неконкурентна на регионалниот
туристички пазар. Тие предлагаат услугите што им се даваат на
странците да се третираат како извоз и, како такви, да бидат ослободени
од ДДВ: Иако цената на трудот е конкурентна во Македонија,
придонесите се прилично високи, бидејќи истите изнесуваат 77% од нето
платата.
 Лоша инфраструктура - слабо регулиран сообраќај, недостиг од паркинг
места во градовите, тесни патишта во селата, непостоење на
сигнализација
 Отпад – недостиг од програми за подигање на свеста, недоволно
спродевување на казнената политика за фрлање отпад на несоодветни
места и лошо организирано управување со отпадот.
 Високи каматни стапки, кои ги демотивираат потенцијалните
инвеститори
 Високи цени на горивото, што резултира со скап транспорт во
Македонија
 Недостиг од обучена работна сила во туристичкиот сектор и наставни
програми во високите школи за туризам и факултетите кои не се
прилагодени на потребите на работодавачите
 Слаби или непостоечки асоцијации во туристичкиот сектор
 Скап воздушен пристап до Македонија, како резултат на монополската
контрола од страна на Македонски авио транспорт (МАТ)



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

121 -121 | С т р а н а

Од страна на приватниот сектор исто така како како сериозни бариери на
претприемништвото во туристичкиот сектор се наведуваат следите:

 Недостиг од насоки од страна на Владата или поддршка за туристичкиот
сектор
 Непостоење на насочен маркетинг
 Скап воздушен пристап
 Трошоци и услови за финансирање

5.22. Поставување на критериуми

Студијата за критериуми на Западен Балкан изготвена во 2006 од Групацијата
на Светска банка покажува дека Македонија е конкурентна дестинација за
инвестирање. Долните табели од 5.10 до 5.12 ги презентираат критериумите
за неколку различните индикатори од оваа студија на Светската Банка,
вклучувајќи го општото деловно опкружување и комунални трошоци по единица
и стапки на корпоративно одданочување за пет земји од Западен Балкан:
Хрватска, Босна и Херцеговина, поранешна Србија и Црна Гора, Албанија и
Македонија.

Табела 5.10 : Општо деловно опкружување

Извор: Групација на Светска банка, Мултилатерална агенција за инвестициски гаранции,
2006












Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

122 -122 | С т р а н а


Табела 5.11: Кoмунални трошоци по единица, според земја, во (УС$)

Извор: Групација на Светска банка, Мултилатерална агенција за инвестициски гаранции,
2006

Табела 5.12: Споредливи стапки на Корпоративно оданочување (во %)

Извор: Групација на Светска банка, Мултилатерална агенција за инвестициски гаранции,
2006

5.23. Заклучоци

Инвестициите во фиксни средства во туристичкиот сектор се на доста ниско
ниво. Хотелите и рестораните учествуваат со само 3% во вкупните инвестиции
во 2006-та и со 1.5 % во странските директни инвестиции во 2006 година. Пред
тоа, странските,директни инвестиции во секторот биле под нивото од 1%.
Според индустријата, основните бариери за претприемништвото се
непостоењето насочен маркетинг, бирократските процедури и високите каматни
стапки.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

123 -123 | С т р а н а

6. Човечки ресурси

Бројот на туристички работници значително се зголеми до тој степен, што денес
патувањето и туризмот се сметаат за најголем светски работодавец.
Потенцијалот на туризмот за генерирање работни места во области каде што
има неколку други алтернативи за вработување и високото влијание врз
националната економија и развој резултираа со ангажирање на Владата на
Република Македонија на развој на туризмот во Македонија.

Ќе се изготви Стратегија за развој на човековите ресурси врз основа на анализа
и испитување на сегашната состојба, профилирајќи ја македонската туристичка
работна сила и од аспект на квантитет и квалитет, како и предвидување на
идните пазарни потреби од работна сила во смисол на број, вештини и
квалификации. Овој дел се осврнува на тековната понуда на образование и
обука за создавање туристичка работна сила, преку оценка на наставните
планови и капацитетот.

Посебно внимание ќе се посвети на човековите и организациските способности
на вработените во Министерството за економија, Секторот за туризам и
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како клучни носители на
процесот на спроведување на Националната стратегија.

Намерата е да се изготви практична стратегија, која ќе обезбеди јасни насоки и
ќе идентификува приоритетни активности за Македонската влада, којашто ќе
помогне во исполнувањето на потребите на туристичката индустрија од човечки
ресурси и која ќе гарантира дека Македонија ќе има соодветен број добро
обучени, вешти и квалификувани луѓе.

6.1. Дефиниција на туристичкиот сектор / индустрија

Туристичкиот сектор и гостопримство вклучува претпријатија кои директно го
остваруваат поголемиот дел од својот приход од потрошувачката на туристите,
како, на пример, објекти кои нудат:

 Краткорочно сместување (хотели, мотели, апартмани, итн.);
 Храна и пијалоци (ресторани, угостителски објекти, пазари);
 Рекреација и разонода (разни туристички атракции и слободни
активности);
 Туристички и транспортни услуги (туристички агенции, изнајмување
автомобили).

Покрај ова, овој сектор вклучува и други видови претпријатија, како на пример
претпријатија за градежништво, производство, малопродажба и услуги. Овие
економски активности не остваруваат приход директно од трошењето на
туристите, туку ги снабдуваат претпријатијата кои директно обезбедуваат
услуги за туристите. Силните врски кои туризмот ги создава со другите сектори
на економијата преку посветување внимание на повеќекратните ефекти од
туристичката потрошувачка се широко препознатливи.

Меѓутоа, оваа Глава се фокусира на директната работна сила: работната сила
во бизниси во кои туристите ги трошат своите пари, на пример хотели и
ресторани (сектор 55 од Националната класификација на Државниот завод за


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

124 -124 | С т р а н а

статистика) и туристички агенции и туристички оператори (класа 63.3 од
Националната класификација на Државниот завод за статистика).

6.2. Квантитативна анализа на македонската работна сила во секторот
туризам

Мерење на туристичката работна сила во Македонија

Не е лесна задача да се идентификува обемот на работната сила во туризмот
во Македонија, заради постоењето на сивата економија (паралелна економија).
Постоењето на сива туристичка економија е забележителна во Македонија
преку значителниот број на непријавени, нелиценцирани единици и соби, како и
луѓе кои се вработени во секторот туризам, но кои не се пријавени во Заводот
за вработување и не се дел од официјалната статистика. Оваа сива економија
вработува сезонски нерегистрирани лица, работници на повик (слободни
повремени работници), нерегистрирани членови на семејства, работници во
нерегистрирани објекти за сместување. Бројот на вакви работни места во
сивата економија е голем. Ова е особено случај во сезонското вработување,
каде повеќето од дополнителната сезонска работна сила не е пријавена во
Заводот за вработување и прима плата од сивата економија во готово. Според
учесниците во туризмот кои беа консултирани и според извештајот на Светска
банка за македонската економија, процентот на овие нерегистрирани
работници може да сочинува до 50% од вкупниот број на вработени во овој
сектор.

Вториот голем проблем кој оневозможува да се направи квалитативна анализа
на македонската работна сила во секторот туризам е класификацијата која се
користи од Државниот завод за статистика. Имено, не постои посебен сегмент
во туристичкиот сектор во кој се вклучени сите негови работни места.

Токму поради тоа, Стратегија се фокусира на информациите на Државниот
завод за статистика за директната работна сила: работната сила во секторите
во кои туристите ги трошат своите пари, како, на пример, хотели и ресторани
(сектор 55) и туристички агенции и туристички оператори (класа 63.3), земајќи ги
предвид нерегистрираните работници како значителен дел од вкупниот број на
работници во туризмот.

Вкупен број на работници во туризмот

Во 2007 година, активното население во Република Македонија изнесуваше
907,138 лица. Од вкупната работна сила, 590,234 лица или 65,0% беа
вработени, а 316,905 лица или 35,0% беа невработени.

Стапката на активност во 2007 година изнесувше 55,7%; стапката на
вработеност изнесуваше 36,2%, додека стапката на невработеност изнесуваше
34,2%.

Согласно Државниот завод за статистика, приближно 3,5% од работната сила -
повеќе од 20.000 луѓе - работи во туристичкиот сектор и угостителство. На
хотелите и рестораните отпаѓа голем дел - повеќе од 90% од вкупното
вработување во секторот туризам. Табелата 6.1 подолу ја покажува вкупната
работна сила и бројот на вработени во туристичкиот сектор за 2007.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

125 -125 | С т р а н а

Табела 6.1: Број на вработени во туристичкиот сектор во 2007
Вработени Број Процент
Вкупно 590,234 100
Хотели и ресторани (сектор 55) 18,995 3.22
Туристичка агенција и туристички оператор
(класа 63.3)
1.230* 0,22*
Извор: Државен завод за статистика и АТАМ *Податоци од 2007

Во последните години, се поголемиот тренд на вработување во хотелите и
рестораните е повеќе од очигледен, како што може да се види од Табела 6.2
подолу, особено во 2006 година, кога бројот на вработени се зголеми за околу
50% во споредба со 2005 година. Податоците од 2007, иако се значително
пониски од оние од 2006, треба да се сметаат за консолидација на драстичниот
пораст од претходните години.

Табела 6.2: Генерална тенденција на вработувања во хотелите и рестораните-
2004-2007
Вработени 2004 2005 2006 2007
Хотели и ресторани (сектор 55) 12.672 13.558 19.034 18,995
Извор: Државен завод за статистика и АТАМ

Сепак, ако ги земеме предвид работните места кои не се вклучени во овој
сектор и нерегистрираните вработувања, овој број ќе се зголеми за најмалку
40% до 50%; што значи дека неофицијалниот вкупен број на работници во
туристичкиот сектор е околу 30.000.

Од Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) велат дека вкупниот број на
вработени во хотелите и рестораните е околу 50.000. Покрај 20.000 официјални
вработени, според асоцијацијата, дополнителни 15.000 нерегистрирани
работници (повеќето од нив со полно работно време) и околу 15.000 работници
на повик (слободни повремени работници) се активни како туристички
работници. Оваа разлика меѓу официјалната државна статистика и
информациите добиени од професионалното здружение е многу голема.

Табела 6.3: Сегментација на вработени-Старосна структура
0
10,000
20,000
30,000
40,000
50,000
60,000
70,000
80,000
90,000
100,000
15 -
19
20 -
24
25 -
29
30 -
34
35 -
39
40 -
44
45 -
49
50 -
54
54 -
59
60 -
64
+ 65


Распределеноста на работната сила во Република Македонија е концентрирана
на работници на возраст од 25 до 50 години (приближно 70%), како што може
да се види од Табелите 6.4 и 6.5.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

126 -126 | С т р а н а


Табела 6.4: Старосна структура на вработените во Македонија

15 - 19 20 - 24 25 - 29 30 - 34 35 - 39 40 - 44 45 - 49 50 - 54 54 - 59 60 - 64 + 65
Броеви 10.174 36.740 65.101 75.603 79.741 84.642 86.585 67.203 42.600 14.578 7.466
% 1,78% 6,44% 11,41% 13,25% 13,98% 14,84% 15,18% 11,78% 7,47% 2,56% 1,31%
Извор: Државен завод за статистика

Туристичкиот сектор во голема мера се потпира на младината како своја
работна сила. Иако на работниците на возраст од 15-29 години отпаѓа 19% од
вкупната работна сила во Македонија, тие сочинуваат повеќе од 40% од
туристичките работниците и услугите поврзани со туризмот. За многу млади
Македонци, нивното прво работно искуство е во туристичкиот сектор и
угостителство. Хонорарните и сезонските вработувања во оваа индустрија ги
привлекуваат младите, кои ја комбинираат работата со средното образованите
и студирањето на универзитет.

Полова структура

Табела 6.5: Полова структура на работната сила во туризмот
Мажи Жени
Вкупно 61,7 % 38.3 %
Туризам 68,0 % 32,0 %
Извор: Државен завод за статистика

Пропорционално, повеќе мажи отколку жени работат во хотелските и
ресторанските услужни сегменти на индустријата. Приближно 62% од
националната работна сила се мажи, а приближно 68% од хотелските и
ресторанските услужни работници се мажи, како што е покажано во Табела 6.5
погоре.

Нивоа на плати

Платите за многу работни места во туристичкиот сектор се под просечната
плата во Република Македонија. Но, овој сектор е добро влезно место за оние
кои за првпат се вработуваат и им овозможува на поединците кои бараат
дополнителен приход флексибилност, заради работата со скратено работно
време.

Поради структурата на вработените, многуте хонорарни почетнички работни
места во туристичкиот сектор и ниското ниво на квалификуваност на
работниците, просечната плата за хотелските и ресторанските услуги
изнесуваше 7.397,00 денари за мај 2007 година - околу 47% пониска од
националниот просек од 14.100,00 денари.

Ова е структурата на пријавените плати согласно Државниот завод за
статистика. Многу од работните места се пријавени на минимални плати, при
што работодавците избегнуваат да платат целосен износ на социјалните
обврски и даноци. Реалните плати се за приближно 30% до 50% повисоки во
споредба со пријавените плати.

За оние кои бараат вредни подолгорочни работни места со изгледи за
напредување во кариерата, просечната плата е, исто така, повисока кај


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

127 -127 | С т р а н а

квалификуваните работни места (на пример готвач, управител на хотел). Покрај
ова, многу работници во туристичкиот сектор можат да ги надополнат своите
плати со напојници и имаат бенефиции, како, на пример, храна, сместување и
патување по намалени цени.

Поделба по професија и активност (профил на вработени)

Табелата 6.6. подолу ги покажува резултатите за работната сила во
туристичкиот сектор според прегледот на Државниот завод за статистика за
работната сила во 2006 година. Табелата јасно покажува дека овој сегмент се
состои главно од три групи со повеќе од 90% од вкупната работна сила. Тие
важни групи се управители и виши раководители, кои сочинуваат 11,2%,
услужни работници, кои сочинуваат 71,1% и елементарни професии со 7,8%
учество.

Табела 6.6: Вработени по професии и активности во деловниот субјект во
туризмот-2006
Професија Процент на
вкупниот број на
вработени
Процент на
вработени во
туристичкиот сегмент
Законодавци, виши раководители
и менаџери
5,9 11,2
Професионалци 9,2 0,6
Техничари и професионалци
соработници
11,9 3,0
Службеници 6,2 1,6
Услуги, продавачи во продавници
и на пазар
13,8 71,1
Занаетчии и слични трговски работници 13,1 4,1
Оператори со системи и машини 13,1 0,2
Основни професии 24,6 7,8
Извор: Државен завод за статистика

Тргнувајќи од табелата 6.6 погоре и врз основа на други информации од
Државниот завод за статистика и професионалните асоцијации на други
учесници, беше изготвен индикативен профил на работниците, и ова е дадено
во Табела 6.7 подолу. Највисокиот процент се професионалци и квалификувани
работници (повеќе од нив вработени со средна стручна спрема). Ова треба да
биде групата којашто е најрепрезентативна во туристичкиот сектор и најважна
група што треба да се земе предвид и да се анализира.

Табела 6.7: Профил на вработените врз основа на извештаите
од Државниот завод за статистика

Број Процент
Раководство 2,270 11,2
Професионалци / нераководен персонал 9,505 ~ 46
Квалификувани / полуквалификувани работници 7,232 ~ 35
Неквалификуван персонал 1,657 7,8
Извор: Државен завод за статистика





Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

128 -128 | С т р а н а

Министерство за економија - Сектор за туризам

Проценка на секторот, неговите вработени и организација

Вработените во Секторот за туризам во Министерството за економија на
Република Македонија играат значајна улога во развојот на туристичката
индустрија во Македонија. Улогата на Секторот за туризам во Министерството
е суштинска за исполнување на дадените задачи на ова одделение како
креатор на политиката, регулатор на пазарот и креатор и спроведувач на
Националната стратегија за туризам...

Во следната Глава е дадено кусо вреднување и проценка на организацијата и
вработените. Постојат 4 клучни области:

Уредбата за организација и работа на Министерството за економија и
Државниот план и програма на Секторот за туризам во Министерството
за економија, како почетна клучна точка за сите аспекти на управување и
развој на човековите ресурси;
Последната верзија на предложената организациска структура
(систематизација) и опис на работни места;
Фактичката организациска структура и должности;
Проценка на човечките ресурси во Секторот за туризам

Организација и работа на Секторот за туризам при Министерството за
економија

Работата на Секторот за туризам се регулира со Правилник (Уредба) за
организацијата и работата на Министерството за економија.

Должностите на Секторот за туризам при Министерството се, главно, поделени
во три дела:

 Општи одредби на политиката:

o предлага мерки за создавање и спроведување на
Политиката за развој на туризмот;
o го следи спроведувањето на законите;
o иницира билатерални договори за соработка во рамки на овој
сектор;
o предлага мерки за зголемување на економската активност на
туризмот и односните гранки;

 Пазарен регулатор и гарант на квалитетот на услугите:

o издава професионални лиценци (ресторани, туристички агенции,
туристички оператори, ноќни клубови);
o утврдува критериуми и врши категоризација на хотели.

 Спроведување на владиниот годишен план и програма на финансирани
активностите на секторот.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

129 -129 | С т р а н а

Согласно владината програма за Секторот за туризам при Министерството за
економија (Програма за општа туристичка пропаганда и информации на
Република Македонија за 2007 година), главните финансирани активности на
овој сектор треба да се фокусираат на 11 точки:

 Подготвување и печатење на промотивен материјал за сите сегменти на
туристичката понуда;
 Промоција на туристичката понуда во странските медиуми;
 Претставување на македонскиот туризам на меѓународни туристички
саеми;
 Соработка со странски туристички оператори;
 Подготвување Главен План и Стратегија за развој на туризмот во
Република Македонија;
 Организирање деловни форуми и други состаноци и конференции;
 Иницирање, формирање и водење Подкомисии за развој на туризмот;
 Соработка со заедницата во процесот на стратегиско планирање;
 Организирање кампања за подигање на јавната свест;
 Спроведување на обврските кои произлегуваат од билатералните
договори;
 Организирање обука за маркетинг и управување за претставници од
туристичкиот сектор.

Ова е доста долг список на цели. Не се дадени ниту цели, ниту показатели за
успешно спроведување на целите. За успешно спроведување на овој список,
потребни се голем број висококвалификувани и мотивирани професионалци,
способни за управување со проекти, со одлична организација и развиен систем
на управување со човечки ресурси, кои ќе ја потпомогнат реализацијата на оваа
сложена и амбициозна програма.

Последна верзија на предложената организациона структура
(систематизација) и опис на работни места во Секторот за туризам при
Министерството за Економија

Новоподготвениот акт за организациско преструктуирање (систематизација) со
нов опис на работни места датира од мај 2007 година. Според оваа
систематизација, секторот за туристички и ресторански услуги треба да брои 10
луѓе. Описот на работните места и одговорностите не е во согласност со
гореспоменатиот владин план. Организационата структура е следнава:


Организациска шема - мај 2007 година








Раководител на Сектор
Заменик Раководител


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

130 -130 | С т р а н а






















Владината програма е ориентирана кон маркетингот; Одделението за
маркетинг во Министерството е најголем приоритет за високо квалификуваните
промотери (референти за маркетинг).

Во моментов, во Секторот за туризам при Министерството за економија работат
шест лица. Според предложената структура, недостасуваат четири лица или
40%.

Заклучоци:

 Постои голем дел кој недостасува во структурата.
 Постои голем дел кој недостасува во секторот одговорен за следење на
трендовите во индустријата и за предлагање мерки.
 Одговорностите и напорите на сегашните вработени се првенствено
(90%) концентрирани на административни прашања: лиценцирање на
хотели, ресторани, ноќни клубови.
 Не постои специјалист за маркетинг кој би гарантирал соодветно
остварување на владината програма ориентирана кон маркетинг. Иако
одделенијата за маркетинг и промоција на туризмот се преселени во
централното одделение во Министерството за економија, заклучокот е
дека специјалистот за маркетинг во Одделението за туризам е важен за
давање совети и изготвување на конкретни маркетинг активности.
 Само едно до две лица се вклучени во извршувањето на други работни
одговорности на Одделението за туризам (анализа, предлагање мерки,
стратегија, креирање политика. . . ).
 Не постои правен експерт во секторот, односно клучен Креатор на
политика и Пазарен регулатор, ниту пак се планира вработување на
правен експерт.
 Не постојат СМАРТ (специфични, мерливи, достижни, релевантни,
временски ограничени) цели и систем насочен кон конкретни цели.



Истражување, лиценцирање,
класифицирање и соработка
Одделение за Политика и
стратегиско планирање
Раководител на Одделение
Советник 2 Советник 2
Помлад Асистент
Администр. асистент
Помлад Асистент
Администр. асистент

Раководител на Одделение


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

131 -131 | С т р а н а

Проценка на вработените во овој сектор од аспект на човечките ресурси

Секторот за туризам во моментов има шест вработени. Двајца од нив имаат
дипломирано на Економски факултет, двајца имаат универзитетски степен по
туризам и угостителство и двајца се со средна стручна спрема (студенти на
Економскиот факултет). Просечната старост е 38 години. Просечното работно
искуство во Секторот за туризам при Министерството за економија е приближно
4 години. Познавањето на јазици е на многу ниско ниво. Познавањето на
компјутери е задоволително во однос на административните работи кои се
вклучени во нивните работни места. Недостасува искуство и вештини на
управување со проект. Недостасуваат сите сегменти на структуриран процес на
анализа на работни места, почнувајќи од персоналот и планирањето,
развој/надградба на вработените и одржување на вработените.


6.3. Квалитативна анализа на работната сила во туристичкиот сектор

Анализа на вештини и компетентност

Анализата на вештините и компетентноста на работната сила во туристичкиот
сектор е најпредизвикувачка задача бидејцќи недостасуваат веродостојни и
добро структуирани документи, анализи и истражувања кои можат да се
искористат како почетна точка во изготвување на квалитативна анализа,
особено комуникациски вештини и практични способности стекнати со искуство.

Единствена валидна и сигурна информација за формалното образование на
пријавените работници во туризмот е информацијата добиена од Државниот
завод за статистика. Ако земеме предвид дека овој број е барем 50% повисок
од пријавениот, како и клучното значење на здобивањето со неопходните
вештини и стекнување способности/вештини преку обуки на неформален начин,
оваа информација нема голема важност.

Табела 6.8: Профил на формално образование*

Процент
Основно образование 22
Средно образование 48
Универзитетски степен (VI/1 и повисок) 22
Неквалификуван персонал 8

* Броевите се приближни, и врз основа на извештаи од Државниот завод за статистика

Пристап кој е насочен кон професионалноста и клиентот е незаменлив фактор
за развој на туризмот. Во моментот постојат недостатоци во вештините, како и
во професионалната историја. Секторот не може да гарантира сигурни животни
услови за својата работна сила и покрај сериозните вештини и способности кои
што се бараат. Вештините на веќе обучени и квалификувани работници
варираат пред се како резултат на:

 Сезонската природа на работните места - заради големата разлика во
периодот на ударна сезона и во другите периоди, вештините се користат
и главно се развиваат во периодот на голема активност (период на
висока сезона).


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

132 -132 | С т р а н а

 Мотивираност на вработените - мотивираноста на вработените за обука
и развој на вештините не е многу висока поради:
o најголемиот број се нерегистрирани и незаштитени работници
o ниска плата (карактеристика е минималната плата) во споредба со
вештините и способностите кои што се бараат (квалификација,
пракса, смени, голем обем на работа).

Познавањето на јазици и комуникациските вештини се на многу ниско ниво кај
населението над 40 годишна возраст.

Персоналот во областите поврзани со туризам (музејски експерти, касиери,
таксисти) не е свесен за значењето на туризмот. Населението не го смета
туризмот како важна можност. Поради ова, постои голема потреба за
управување и развој на човечки ресурси во овој сектор (анализа на работно
место и опис на работни места, обука и развој на вработени, развој на
организацијата, напредување во кариера).

6.4. Преглед на постојните образовни институции и програми за туризам

Образовниот систем во Република Македонија се базира на образовниот
систем во поранешна Југославија. Тој е еден од областите во кои се вршени
многу реформи и експерименти. Делот кој недостасува е голема структурна
реформа во образовната компонента која обезбедува студии по завршување на
средното образование, на пример Универзитет, иако ve‟e се спроведуведени
реформи и стандардизација, вклучувајќи ја Болоњската декларација за виското
образование.

Образовниот систем е организиран во три дела:

 Основно образование - регулирано со Законот за основно образование и
со Законот за измени и дополнувања на Законот за основно образование
(“Службен весник на РМ”, бр. 51 од 24 мај 2007 година), според кој
основното образование е задолжително за сите деца на возраст од 6 до
15 години. Основното образование трае 9 години и е организирано во
три дела. Приближно 235.000 ученици во моментов се запишани во
основниот образовен систем.

 Средно образование - се базира врз наставни планови и програми за:
општо средно образование, стручно, средно уметничко образование и
средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Средното образование им овозможува на студентите да се стекнат со
знаење и да развијат вештини за работа и понатамошно образование.
Општото средно образование и средното уметничко образование траат
4 години, додека средното стручно образование трае или 3 или 4 години.
Стручното образование и обука, исто така, можат да се спроведат
согласно наставните планови и програми за двегодишна стручна обука.
Според Законот за изменувања и дополнувања на Законот за средно
образование (“Службен весник на РМ”, бр. 49 од 18 април 2007 година),
средното образование е задолжително за секој граѓанин под еднакви
услови, дефинирани со Закон. Во согласност со овој Закон, средното
образование во јавните училишта се одвива бесплатно. Приближно
94.000 ученици се во овој момент вклучени во системот на средно
образование во Македонија.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

133 -133 | С т р а н а


 Високо образование - нуди дипломски, постдипломски и докторски
студии, континуирано образование и студии за зголемување,
продлабочување или проширување на одредени области во знаењето.
Дипломските студии на универзитетите (факултети), согласно измените
и дополнувањата на Законот за високо образование (“Службен весник на
РМ”, бр. 44 од 25 јули 2005 година), трае најмалку три, а најмногу пет
години. Дипломските студии на високите стручни училишта траат
максимум три години. Постдипломските студии се организирани како
постдипломски научни или уметнички студии (магистерски студии) и
постдипломски стручни студии (специјалистички студии).
Постдипломските научни и уметнички студии траат најмалку три
семестри, од кои два се фокусирани на настава, а една на изготвување
на магистерската теза. Постдипломските специјалистички студии траат
девет месеци, од кои еден семестар е фокусиран на настава, а три
месеци на изготвување на специјалистичката теза. Највисокиот
докторски степен може да се стекне со ислушување на докторски студии
и одбрана на докторска дисертација или со упис и одбрана на докторска
дисертација. Докторските студии траат најмалку две години.
Додипломските и постдипломските студии се организирани во
согласност со Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС). Процедурата
за усвојување на новиот Закон за високо образование согласно
принципите и критериумите на Болоњската декларација е во процес на
имплементирање.

Потребата од развој на човечки ресурси за туристичкиот сектор беше увидена
пред многу време. Во рамки на образовниот систем на Република Македонија,
програмите кои се однесуваат на туризмот (управување со туризам, хотели,
ресторани, гастрономија, итн.) се вклучени во средниот и високиот образовен
систем.

Дипломски и постдипломски студии

Како дел од високиот образовен систем во Република Македонија, во моментов
постојат две образовни институции кои создаваат високо квалификувани
профили за секторот туризам:

 Факултет за туризам и организациски науки во Охрид, и
 Факултет за туризам - Скопје


Факултет за туризам и организациски науки - Охрид

До 2006 година, Факултетот за туризам и организациски науки од Охрид беше
единствен претставник на високиот образовен сегмент кој нудеше образовни
програми за туристички професионалци. Во моментот, таа е единствена
државно финансирана институција која создава високо квалификувани
туристички работници. Како последица на тоа, како институција формирана во
1970 година, со долга традиција во подготовка на работници за туристичката
индустрија, таа е најважна институција за анализирање на фактичката состојба
во однос на човечките ресурси во туристичкиот сектор и за предвидување на
идниот развој на потребите од човечките ресурси.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

134 -134 | С т р а н а

Оваа институција е дел од вториот најстар Државен универзитет Св. “Климент
Охридски”. Основан во 1979 година, овој универзитет има речиси 30-годишна
традиција и искуство во образовната и научна работа.

Факултетот за туризам и организациски науки во Охрид нуди додипломски,
постдипломски програми и програми за учење на далечина со меѓународни
универзитети. Како резултат на идентификуваните потреби, во Велес - во
централниот дел на Македонија - беше отворен пододдел на Факултетот за
туризам и организациони науки, кој нуди ист вид на студии.

Според факултетската програма и информациите дадени од Факултетот за
туризам и организациони науки од Охрид, факултетот нуди три додипломски
образовни програми кои се однесуваат на туризмот, како што е прикажано во
Табела 6.9 подолу.

Табела 6.9: Образовни програми и број на студенти

2006/2007 2007/2008
Образовна програма Охрид Велес Вкупно Охрид Велес Вкупно
Туризам 138 50 188 113 49 162
Гастрономија 23 30 53 41 11 52
Хотели и ресторани 35 18 53 11 22 33
ВКУПНО 196 98 294 165 82 247

Извор: Факултет за туризам и организациони науки

Последното прилагодување и подобрување на студиската програма беше
извршено во 2005 година, а применето во 2005/2006 година. Според тие
промени, студиите се организирани според моделот 3 + 2 години, на пример,
три години додипломски студии и две години постдипломски студии.

За дипломските студенти, Факултетот нуди два вида на постдипломски
програми, една организирана исклучиво од Факултетот за туризам и
организациски науки во Охрид и втората како дисперзирана студија,
организирана во соработка со странски универзитети. Постдипломските студии
се нудат во три групи:

 Управување со туризам,
 Управување со угостителската дејност,
 Меѓународен туризам.

Тие се организирани како двегодишни студии поделени на 4 семестри.
Прикажана е кусата верзија на планот и програмата.

Професорскиот кадар е составен од професори од Македонија, со завршено
образование главно во институцијата. Студиските програми имаат добра и
соодветна покриеност со професори, но, на Универзитетот и Факултетот има
недостаток од програми за континуирано образование на професорското тело,
висока просечна старост на асистенти и соработници, минимална мобилност на
професорскиот кадар, несоодветна селекција и промоција на професорите и
соработниците и ниско ниво на познавање на странски јазици.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

135 -135 | С т р а н а

Факултетот има остварено многу достигнувања во сегментот на меѓународна
соработка.

 Договори за соработка со странски универзитети,
 Учество во многу меѓународни проекти,
 Договори за визитинг професори,
 Учество и организирање на разни симпозиуми.. .

На страната на ресурсите (материјали и простор), просекот е многу понизок од
европскиот просек и од универзитетскиот просек, и има само 1,31м2 простор по
студент. Другите ресурси се ограничени (лабораторија, кабинети за вежби), а
квалитетот на образованието и особено квалитетот на пренесувањето на
знаењето од теорија во пракса, е многу слаб.

Факултет за туризам - Скопје

Факултетот за туризам во Скопје беше основан и акредитиран од Одборот за
лиценцирање на Министерството за образование во 2006 година. Тој
официјално започна да работи во 2006/2007 училишна година, како прва
приватна образовна институција за туризам.

Во првата година, факултетот беше отворен за 100 редовни и 100 вонредни
студенти. Факултетот нуди една тригодишна програма по која дипломираните
студенти ќе се стекнат со назив дипломирани туризмолози. Програмите,
содржините и начинот на студирање на Факултетот за туризам во Скопје и
целокупниот тек на студии и програма се целосно усогласени и прилагодени со
Болоњската декларација за високо образование во Европската Унија.

По дипломирањето, студентите можат да продолжат со специјалистички студии
(туристички специјалист) или магистерски студии (магистер по туристички
науки).

Според програмата, дипломските студенти треба да студираат 27
задолжителни предмети, шест задолжителни изборни предмети и два
факултативни предмети. Подолу е дадена програмата на студиите:

За дипломирани студенти, факултетот нуди два вида студии, кои се прикажани
во Табели 6.10 и 6.11 подолу, Специјалистички студии и Магистерски студии.

Специјалистички студии - нуди практична специјализација и попрактичен
пристап.
Магистерски студии - Магистер по туристички науки

Табела 6.10: Специјалистички студии- Изучувани предмети
Бр. Задолжителни предмети Семестар
I
Семестар
II
СТБК
1 Основи на туристичко вреднување 4+0 56 10
2 Принципи и методи на туристичка
регионализација
4+2 84 10
3 Видови на туристички промет 4+2 84 10
4 Методологија и научно-истражувачка
работа и туристичка информатика
4+2 84 10
5 Изработена магистерска теза 56 10


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

136 -136 | С т р а н а

6 Изборни предмети 4+0 10
6а Езерски туризам
6б Планински туризам
6в Културно образовен туризам
6г Рурален туризам
Вкупен број на часови, предавања и
вежби
8+2
Вкупен број на часови во една
седмица
10 16 364 60
Извор: Факултет за Туризам-Скопје

Табела 6.11: Магистерски студии –Изучувани предмети
Бр. Задолжителни предмети Семестар
I
Семестар
II
СТБК
1 Основи на туристичко вреднување 4+0 56 10
2 Принципи и методи на туристичка
регионализација
4+2 84 10
3 Видови на туристички промет 4+2 84 10
4 Методологија и научно-истражувачка
работа и туристичка информатика
4+2 84 10
5 Изработена магистерска теза 56 10
6 Изборни предмети 4+0 10
6а Езерски туризам
6б Планински туризам
6в Културно образовен туризам
6г Рурален туризам
Вкупен број на часови, предавања и
вежби
8+2
Вкупен број на часови во една
седмица
10 16 364 60
Извор: Факултет за Туризам-Скопје

Професорскиот кадар е составено од професори од Македонија и странство
(Катедра за географија, туризам и хотелска трговија од Нови Сад, Колеџ за
хотелски менаџмент во Белград, Институт за економија и управување од Лутск -
Украина, Висока школа за менаџмент на регионална економија и туризам од
Килсе - Полска, Факултет за туризам и здравствен менаџмент од Опатија, итн.).

За сите три години се предвидува теренско истражување и практично
образование. Тоа треба да се изврши во мај, согласно плановите и програмите
договорени на почетокот на секоја образовна година. Истиот пристап ќе се
примени за домашни и меѓународни дестинации: првата година, фокусот на
теренското истражување треба да се биде во Република Македонија, втората
година на територија на Балканскиот полуостров, во третата година, теренското
истражување и практичните вежби треба да бидат во земја со високо развиен
туризам, надвор од претходните региони (пред се, во Германија, Швајцарија,
Австрија, Велика Британија, Грција, Кипар и САД). Практичните вежби треба да
се вршат во хотели - угостителски објекти, туристички агенции или туристички
организации во странство за секој студент, по завршување на втората година
од студирањето.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

137 -137 | С т р а н а

Средно стручно образование за туризам

Средното образование и идната работна сила која ќе стекне образование во
средните образовни институции се главните карактеристики на работната сила
на секторот туризам. Повеќе од 70% од вкупната работна сила во индустријата
има завршено средно образование.

Повеќе од 90.000 ученици се вклучени во средниот образовен систем во цела
Македонија.

Средниот образовен систем е организиран во три вида на средни училишта:

 Десет јавни (државни) средни училишта,
 82 јавни општински училишта,
 Приватни средни училишта.

Програмите за туризам ги контролира општината (јавни општински училишта).
Тие се организирани во тригодишни и четиригодишни програми, кои нудат
четири области на специјализација:

 Хотелски и угостителски техничари (четиригодишна програма),
 Келнери (тригодишна програма),
 Главен готвач (тригодишна програма),
 Слаткар - пекар (тригодишна програма).

Шест средни училишта во Република Македонија нудат програми за туризам, а
деталите за тоа се презентирани во Табела 6.12 подолу.

Табела 6.12: Средни училишта кои нудат програми за туризам и број на ученици

Град Име на училиште Програми кои се нудат Број на понудени
места за ученици
во прва година,
според огласот за
2007 година
Вкупен
број на
ученици
Охрид Ванчо Питошевски  Техничари во
хотелски и
угостителски
дејности
 Келнер
 Готвач
68

68
102
744



Гевгелија Јосиф Јосифовски  Техничари во
хотелски и
угостителски
дејности
 Келнер
 Готвач
34

34
68
365
Крушево Наум Наумовски
Борче
 Техничари во
хотелски и
угостителски
дејности
 Келнер и Готвач
34

34
176


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

138 -138 | С т р а н а

Скопје Лазар Танев  Техничари во
хотелски и
угостителски
дејности
 Келнер
 Готвач
 Слаткар
102

170
102
34
981
Штип Коле Нехтехин  Келнер и Готвач 34 103
Тетово Моша Пијаде  Техничари во
хотелски и
угостителски
дејности
 Готвач
34

34
306

ВКУПНО

952

2675

Извор: Министерство за образование

Програмите се состојат од:

44% општи предмети (кои не се директно поврзани со туризмот -
историја, информатика, македонски јазик и литература. . .),
36% предмети поврзани со туризмот (основи на туризмот, туристичка
географија, туристичка агенција и хотелска дејност, туристичка
економија...),
12% практични вежби,
8% предмети според интересот на студентите (изборни).

Студиските програми имаат релативно добра и соодветна покриеност со
професори, но сепак постои високо ниво на незадоволство од овие студии.
Учениците не се подготвени да работат во туристичкиот сектор и да ги
извршуваат целосно одговорностите на нивните работни места.

Пристапот на професорите е многу теоретски, а пренесувањето на теоретско во
практично знаење и вештини е многу слабо. Училишните објекти за обука нудат
многу ограничени услови. Општиот заклучок е дека не е можно да се обучат
професионалци во ваква програма и со вакви понудени услови за обука. 34
студенти во еден клас е многу голем број на студенти за еден клас.

Треба да се обрне внимание на стекнувањето со вештини и на практичната
работа.

Учениците не се многу заинтересирани и мотивирани да се вклучат во
образовниот процес. Туристичките работни места кои им се нудат на
средношколците не се сметаат за многу атрактивни, а и во јавноста не се ценат
на високо ниво.









Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

139 -139 | С т р а н а

Други неформални образовни курсеви и обуки

Процесот на доживотно учење преку понудата на обука, курсеви и програми е
многу важен дел во процесот на создавање висококвалификувана и
компетентна работна сила. Се работи за институционализирано образование,
кое го вршат професионално квалификувани наставници и образовна програма
која придонесува за зголемување на знаењето и вештините на работниците.

Курсевите и обуките за туризам кои се нудат може да бидат претставени во три
групи:
1. Обуки и програми изготвени конкретно за работната сила во туризмот:

 Во структурата на Факултетот за туризам – Скопје,
овластениот центар за обука IATA ги нуди следниве обуки и
курсеви:

o IATA/UFTAA Меѓународен сертификат за GDS - такси и
тикетирање (букирања, резервации, или на систем за
глобално поврзување со Амадеус, Абакус, Аполо,
Галилео и Сабре),
o Хотелски менаџмент,
o Туристички менаџмент,
o Интернет комуникации,
o Туристички водичи и придружници,
o Курс за цивилна авијација,
o Патување и туризам,
o Интернет презентација, итн.

2. Курсеви и обуки за јазици и компјутерски вештини

Моментната понуда на курсеви и обуки за сите јазици и на ниво на Македонија
е многу голема. Во Република Македонија работат повеќе од 220 училишта за
странски јазици. Квалитетот на професорите и квалитетот на програмите е
дискутабилен. Во последните неколку години, Центарот за осигурување на
квалитет - Агенција за издавање сертификати - се грижи за овие аспекти.
Што се однесува до понудите на обуки за компјутери и информациски вештини,
постојат повеќе од 65 специјализирани училишта. Тие се сите релативно добро
опремени. Некои курсеви се нудат бесплатно за некои категории на луѓе.

3. Обука за комуникациски вештини

Во последните неколку години, понудата на обуки за комуникациски вештини се
зголеми и се развива - квалитативно и квантитативно. Со повеќе од 40
специјализирани компании, кои нудат отворени обуки, прилагодени обуки,
внатрешни обуки, директни обуки преку компјутер, овој сегмент се повеќе расте.
Понудата на обучувачи (домашни и меѓународни) и квалитетот на обуката е
дискутабилна. Сепак, во овој момент, Македонија има задоволителен број на
искусни и добро квалификувани обучувачи за поголем дел од темите на обука.




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

140 -140 | С т р а н а



6.5. Заклучоци

Според податоците добиени од Државниот завод за статистика, приближно
20.000 лица од Република Македонија се вработени во секторот туризам.
Меѓутоа, постои голема разлика меѓу официјалната владина статистика и
состојбата на терен. Некои проценки сугерураат дека бројот на непријавени
работници е меѓу 15.000 и 30.000. Ова треба да биде првата област во која
треба да се интервенира. Со цел да се добијат релевантни податоци и
информации, апсолутно е потребно да се изврши истражување во туристичкиот
сектор пред да се преземат било какви сериозни мерки.

Што се однесува до структурата, работната сила во туризмот има релативно
поволен состав во речиси сите анализирани сегменти, во образованието,
возраста и во однос на порастот на населението.

Пристапот заснован на професионализам и насочен кон клиентите е
незаменлив фактор на развој на туризмот. Во моментов, постојат недостатоци
во поглед на вештините, како и во професионалното искуство. Туристичкиот
сектор не може да гарантира сигурни животни услови (ниско ниво на плата и
пакети на социјална сигурност) за своите работници и покрај сериозните
вештини и компетенции коишто се бараат.

Проценката на Секторот за туризам при Министерството за економија јасно
покажува ограничен капацитет и во број и во вештини. Очигледно е дека има
потреба од итно преструктуирање и градење на капацитетот на Одделението за
туризам и на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Прегледот на тековните образовни и тренинг програми и ефикасноста на овие
програми ги нагласуваат слабостите на македонскиот образовен систем, како
на пример недостиг од лаборатории за вежби, организирани и добро
структуирани практични вежби, лошиот пренос на теоретското знаење и
вештини во практични вештини, големата разлика меѓу потребите на
индустријата и образовните програми. Доколку сакаме да создадеме
висококвалификувана и ефикасна работна сила во секторот туризам, мора да
изградиме високо функционален образовен систем и високо функционална
работна средина.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

141 -141 | С т р а н а

7. Организација и управување на туризмот

Вовед

Политиките и законската регулатива се основите врз кои се гради одреден
сектор. Во оваа Глава се разгледуваат и коментираат политиките и постојната
законската регулатива кои се однесуваат на туризмот, како и некои предложени
закони. Овде се вклучени:

 Програмата на Владата на Република Македонија за 2006-2010 година,
 Национален развоен план за 2007-2009 година,
 Просторен План на Република Македонија (2004 година).

и следниве постојни закони и основна законска регулатива:

 Закон за туристичка дејност (Службен весник на РМ, бр. 62/2004, 89/08)
 Закон за угостителска дејност ( Службен весник на РМ, бр. 62/2004,
89/08)
 Закон за такса за привремен престој (Службен весник на РМ, бр.
19/1996, 26/02, 51/03 и 89/08)
 Закон за основање на Агенција за промоција и подршка на туризмот
(Службен весник на РМ, бр. 103/2008)
 Правилник за минималните технички обврски за вршење угостителска
дејност (број 16/2006),
 Правилник за обврските за категоризација на објектите како туристичка
понуда (број 16/2006),

Други закони кои влијаат врз туризмот се законската регулатива и одредбите за
животна средина, транспорт, подобрување на земјиштето и обука, од кои некои
се разгледани во други делови од овој извештај.

Програма на Владата на Република Македонија за 2006-2012 година

Со Програмата на Владата се утврдуваат приоритетите на Владата за
економскиот и општествен развој. Темелните цели на програмата се:

 Подобрување на животниот стандард,
 Зголемување на вработеноста,
 Борба против корупцијата,
 Развој на демократијата,
 Подобрување на меѓуетничките односи,
 Воспоставување политичка стабилност,
 Интеграција во ЕУ и НАТО.

Во Програмата се вели дека “Македонија има голем потенцијал за развој на
туризмот, иако малку од тоа е искористено. Туризмот е форма на извоз и
можност за привлекување на странски капитал. За време на својот мандат,
Владата ќе преземе голем број мерки за да го стимулира туристичкиот
потенцијал на Република Македонија и да привлече странски туристи”.

Во таа насока, со програмата се предлагаат промотивни кампањи; зајакнување
на Секторот туризам на Министерството за економија; насочување на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

142 -142 | С т р а н а

активностите кон компании кои ќе управуваат со хотелите и кон меѓународни
тур-оператори и туристички агенции; промовирање на руралниот, културниот,
наследниот, винскиот и бањскиот туризам.

Владата ќе инвестира во инфраструктурата на туризмот: ќе поставува знаци (на
англиски јазик) за патните одморалишта/уредените простори за починка и
одмор на автопатите, ќе го подобри гостопримството на граничните премини и
ќе ги одржува туристичките локации и атракции, ќе го поготви проектот
Македонско село како национална туристичка атракција, и ќе привлекува
домашни и странски инвестиции во туристичкиот сектор.

Во Програмата, исто така, е претставена намерата на Владата да ја заштити и
да ја подобри животната средина преку различни иницијативи: воведување на
економски инструменти за заштита согласно принципот “загадувачот плаќа”;
даночни и царински поттикнувачки мерки; мониторинг, изготвување на програма
за пошумување и програма за јавната свест, со цел подигнување на јавната
свест за животната средина.

Национален развоен план за 2007-2009 година

Во националниот развоен план за 2007-2009 година, туристичкиот развој се
дефинира како важен развоен приоритет за земјата, поради потенцијалот за
создавање работни места и поддршката на националните цели во трговијата,
извозот и инвестициите. Во него, исто така, се идентификувани ограничувањата
на порастот на туризмот, како што се, на пример, малиот спектар на производи
и лошиот квалитет, географската концентрација на туристичката дејност во
само неколку места и недоволното инвестирање во инфраструктурата.

Утврдени се два големи проекта кои треба да се финансираат или ко-
финансираат од јавните фондови во период од 3 години: скијачкиот центар во
Националниот Парк Галичица (15 милиони евра) и туристичката населба во
Козјак, вклучувајќи нов пат до ова место (30 милиони евра). Предложени се и
следниве мали проекти: Културен туризам - тврдината Маркови кули и
манастирот Трескавец (1,10 милиони евра): поддршка за руралниот туризам
(3,0 милиони евра) промовирање на Македонија (0,65 милиони евра) и
спроведување на HACCP стандарди во угостителството (0,45 милиони евра).

Просторен План на Република Македонија за 2004-2020 година

Просторниот План на Република Македонија беше усвоен од Собранието во
јуни 2004 година, со динамика на исполнување до 2020 година. Претходниот
Просторен План беше усвоен во 1982 година, и неговиот рок за исполнување
истече.

Планот, како што укажува неговото име, го разгледува користењето на
просторот, земајќи ги предвид општествените, техничките, економските и
културните промени кои се одвиваат не само во Македонија, туку и пошироко на
меѓународен план.

Целите за зачувување и подобрување на животната средина, природното и
културното наследство се утврдени во планот. Тука се вклучени
распоредувањето по зони, утврдување на капацитетот, мониторинг и контрола
вклучувајќи и проширување на заштитените области. Регионалните,


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

143 -143 | С т р а н а

општинските и обласните просторни планови треба да обратат посебно
внимание на физичкото наследство.

Што се однесува до туризмот, со плановите се утврдени голем број цели и се
дефинирани десет туристички региони. Целите се дадени накусо и се следниве:

 Вреднување на најважните туристички производи за домашните и
странските пазари
 Идентификување на туристички производи кои треба да се развијат во
одредени области
 Воспоставување на меѓусебна зависност на просторните единици;
 Утврдување на насоките за развој и областите за заштита на
туристичкиот развој
 Утврдување на приоритетните области
 Реагирање на побарувачката, отворање на нови области
 Идентификување на можните области на конфликт меѓу туризмот и
другите економски сектори и дефинирање на приоритетите.

Идентификувани се десет туристички области, бидејќи тие претставуваат
географски области кои се важни за меѓународните, регионалните и
националните пазари.

7.1 Постоечка законска регулатива

Закон за туристичка дејност (Службен весник на РМ, бр. 62/2004, 89/08)

Законот за туристичка дејност беше донесен во 2004 година, изменет и
дополнет 2008 година. Според него, “туристичка дејност” се дефинира како
поим кој што вклучува организација и реализација на туристички патувања,
семејни излети (некомерцијални екскурзии), туристички аранжмани во земјата и
странство, обезбедување туристички информации, организација и продажба на
угостителски и други услуги – како, на пример, сместување, туристички водичи,
патнички билети, изнајмување автомобили и чамци, спортување и културни
активности, сувенири и други производи за туристи.

Законот го дефинира поимот “туристички аранжман” во меѓународна
стандардна форма, како комбинација на најмалку две од долунаведените
услуги и кој покрива минимум 24 часа.

 Транспорт,
 Сместување,
 Други туристички услуги.

Според законот, трговските друштва и трговците поединци кои што извршуваат
туристички активности треба да бидат регистрирани во Централниот трговски
регистар, а лицата кои што нудат “активности од мал обем” треба да се
регистрираат во општинските регистри. Министерството одговорно за туризам
има за задача да го дефинира поимот “активности од мал обем”.

Издавањето дозволи и регистрација на лицата кои што даваат туристички
услуги и активности потпаѓа под Министерството одговорно за туризам кое ги
пропишува условите за издавање на дозвола/регистрација на:



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

144 -144 | С т р а н а

- Туристички агенции,
- Туристички водичи,
- Туристички придружници, и
- Лица кои даваат услуги во руралниот и еко-туризмот.

Министерството ги дефинира видовите на услуги кои треба да ги вршат
различните категории наведени погоре:

 Туристички агенции продаваат билети, организираат и продаваат тури и
аранжмани за одмор, резервации итн.
 Туристичките водичи се оние кои вршат водички услуги, што опфаќаат
познавање од историски, културни и општи теми поврзани со
Македонија. Кустосите во музеите и водичите за риболов и лов,
планинските и пештерските водичи или придружувањето на тури од
локација до локација не се сметаат за “водич” кој треба да добие
дозвола како туристички водич.
 Туристичките придружници ги придружуваат туристичките групи и имаат
општо знаење за меѓународните и националните туристички региони и
имаат познавање од странски јазици.
 Лицата коишто даваат услуги во руралниот и еко-туризмот се лица кои
продаваат аранжмани за јавање на коњ, рачна изработка на предмети,
домашни производи, фото сафари и рурален транспорт.

Туристичките агенции се раководат според деталните барања и обврски за
парични осигурувања поврзани со големината на агенцијата и поделени на три
групи А, Б и В. Називите “Туристичка агенција”, “Турс” и “Травел” може да се
користат само во имињата на лиценцирани Туристички агенции.

Законот, исто така, предвидува имплементација на директивата на ЕУ за
Патувања во пакет аранжман, пакет аранжмани за годишен одмор и
организирани тури.

Туристичките водичи мора да бидат граѓани на Македонија и да го имаат
положено испитот за туристички водичи пред да им биде дадена дозвола за
работа.

Законот, исто така, предвидува работа на Туристички бироа за резервирање за
сместување во приватни куќи, обезбедување информации и промотивен
материјал и продажба на сувенири, разгледници, патни карти итн.

Предвидени се казни за кршење на законите со укинување на лиценците, казни
и условно прекинување на туристичките активности.

Закон за угостителска дејност (Службен весник на РМ, бр. 62/2004, 08/89)

Законот за угостителска дејност, кој беше донесен во 2004 година, изменет и
допонет 2008 година го дефинира поимот угостителска активност како
активност која вклучува подготовка и послужување на храна и пијалоци, храна
за носење и обезбедување сместување.

Угостителските активности ги вршат трговски друштва и трговци поединци кои
се регистрирани во трговскиот регистар. Активностите од мал обем ги


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

145 -145 | С т р а н а

извршуваат лица кои се регистрирани во општините. Министерот ги пропишува
минимуалните услови за регистрација.

Исклучок од регистрацијата се дава на лица кои што пружаат услуги поврзани
со храна и сместување за вработените во образовните, затворските,
социјалните, здравствените и другите институции и Министерството за
одбрана, Министерството за внатрешни работи и другите јавни
административни институции. Предвидени се минимум услови за регистрација,
кои треба да се во согласност со барањата за заштита на здравјето, заштита од
пожар, заштита на животната средина и безбедност. Што се однесува до
ноќните клубови, кабареата и диско клубовите, тие мора да ги задоволат
условите кои се однесуваат на одредбите за јавен ред и безбедност во
сообраќајот пропишани од Министерството за внатрешни работи и таквите
активности не можат да се вршат во колективни резиденцијални објекти.

За продажба и служење на алкохол се потребни посебни лиценци, а на
одредени изземени снабдувачи (во образовниот, здравствениот и социјалниот
сектор) не им е дозволено да продаваат или да служат алкохол.

Објектите за сместување се класифицирани во основни објекти кои што
вклучуваат:

- Хотели
- Хотелски села
- Апартмански села
- Мотели
- Пансиони
- Резиденции
- Туристички села итн.

Комплементарното сместување вклучува:

- Куќи со соби за издавање
- Преноќишта
- Места за кампување
- Приватно сместување (соби, апартмани, куќи)
- Одморалишта ( за деца, младински работници итн.)
- Друго (хостели, планински преноќишта, привремено сместување)

Објектите за храна се класифицирани во:

- Ресторани
- Барови
- Кантини
- Друго

Хотелите со 5 и 4 ѕвезди не треба да се стекнуваат со специјална лиценца за
ноќни клубови, кабареа и диско клубови.

Котизациите за лиценци и регистрација се одредуваат според максималниот
број на работни часови за различните категории на туристички
одморалишта/центри и за Скопје.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

146 -146 | С т р а н а

Категоризацијата на нивото на квалитет според ѕвезди ја врши Комисија за
категоризација, која се состои од 5 члена назначени од Министерот.

Предвидени се квалификации кои треба да ги исполнува управата. Давателите
на услуги треба да ги истакнат цените за сместување во собите, на рецепција и
во менијата; исто така, треба да се истакнат информации за точење алкохол на
малолетни лица, телефонскиот број на Државниот пазарен инспекторат и
податоци за видот и категоријата на објектот.

Одредбите за услуги од страна на лица регистрирани од општините се
ограничени на куќи, апартмани и соби кои немаат повеќе од 10 соби или 20
легла. За локациите за кампување, максимумот е 10 места или 30 гости и
дозволено е служење само на појадок.

Изнајмувањето се извршува преку туристичка агенција или туристичко биро на
основа на договор. Законот ја предвидува содржината на овие договори и
одговорноста на давателите на услуги за истакнувањето на информации и
цени, како и издавањето сметки и водењето список на гости, итн.

Угостителските услуги во селските домаќинства, односно издавање на соби и
апартмани во селските куќи е ограничено на 10 соби или 20 легла.

Домашно произведените (главно од домашно производство) топли и ладни
оброци и пијалоци може да се служат на групи не поголеми од 50 лица. Во
селските домаќинства е дозволена и дегустација на вино и ракија.

Кампирањето е контролирано од страна на општините и е дозволено само на
организирани локации.

Исто така, постојат одредби кои се однесуваат на услуги за угостителски
активности во мобилните објекти, пловните објекти и на нудисти.

Пропишани се постапките за поднесување барање и периодот на регистрација
(3 години), како и недзорот, и казните за кршење на законот и правилата.

Законот предвидува дека државниот административен орган одговорен за
работи поврзани со угостителството ќе го надгледува спроведувањето на
угостителски активности од страна на општините, и може да им го одземе
овластувањето на општините кои ги кршат овие правила за вршење на
активностите.

Закон за основање на Агенција за промоција и подршка на туризмот
(Службен весник на РМ, бр. 103/2008)

Законот за промоција и поддршка на туризмот беше донесен во jули 2008
година и главно ги регулира надлежностите, организацијата и
функционирањето на Агенцијата.

Основните обврски на Агенцијата се: професионална презентација на сите
сегменти и региони опфатени со туристичките понуди; подготовка и
имплементација на стратегии за промоција и развој на туризмот; изработка на
програми за развој, како на целокупниот сектор, така и на секоја посебна гранка
од туризмот во републиката; Обезбедување информативен материјал за


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

147 -147 | С т р а н а

промоција на туристичките алатки (печатени публикации, аудио и видео
материјали, интернет презентации, сувенири итн.); спроведување на соодветни
анализи и прогнози во однос на бенефитот од туристичките придобивки, со што
би можело лесно да се одредат насоките на идните активности и приоритети;
спроведување маркетинг анализи на домашниот и странскиот туристички пазар;
активна промоција на целокупниот туристички потенцијал на Република
Македонија во државата и надвор; формирање и развој на единствен
туристички информативен систем и негов приклучок кон останатите системи во
и надвор од републиката; развој и промоција на нови интегрални туристички
производи; соодветно планирање и работа во насока на комплетирање на
инфраструктурата на македонските туристички центри; креирање комплетна
понуда за културно-забавниот живот, транспортот, моторна сигнализација итн;
иницијатива и реализација на интернационална соработка со афирмирани
организации и институции; сугестии за квалитативни мерки и активности за
промоција и поддршка на недоволно развиените делови во Република
Македонија; давање помош во привлекувањето инвестиции за компаниите кои
работат во секторот туризам; соработка со познатите светски туристички
оператори, со цел да се промовира државата како атрактивна дестинација и да
се придобијат што е можно поголем број странски гости; соработка со домашни
и странски приватни претприемништва.

Правилник за минимум технички услови за вршење на угостителска
дејност (62/2004)

Правилникот ги дефинира критериумите за различните форми на сместување -
како хотели, мотели, преноќишта итн., како и угостителски објекти кои служат
храна - како ресторани, барови и мензи итн. Деталите не се коментираат во
овој документ, освен со назнака дека бројот на имиња треба да биде земен
предвид, особено од гледна точка на маркетиншките активности.

Правилник за услови за категоризација на објекти на туристичката понуда
(62/2004)

Правилникот ги опишува критериумите за категоризација на сместување и
објекти кои служат храна. Повторно, тие не се коментираат во овој документ.

7.2. Организација на Министерството

Министерство надлежно за туризмот е Министерството за економија,
раководено од Министер од Кабинетот на Владата. Ова Министерство е
надлежно за индустриска политика, енергетика, минерали, домашна и
надворешна трговија, и туризам.

Секторот за туризам е надлежен за генералната туристичка политика,
лиценцирање и категоризација на хотелите, туристичките агенции, итн.,
спроведување на законите, изработка на промотивен материјал, генерална
промоција на Македонија како туристичка дестинација на меѓународните
пазари, организација на обуки за туристичкиот сектор во маркетингот и
управувањето со програмите за подигање на јавната свест.

Како што се гледа подолу, Секторот ги нема потребните ресурси за да може да
ги исполни своите одговорности. Целосен преглед и проценка на човечките


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

148 -148 | С т р а н а

ресурси во секторот и нивната неможност да ги извршуваат своите активности
се дадени во Глава 6. (види слика на стр. 120)

Табелата 7.1 подолу го претставува буџетот и трошоците за 2006/07 за
туризмот на Министерство за Економија, прикажувајќи го оперативниот буџет на
секторот за 2007 е 20.016 милиони денари, од кои 3.016 милиони денари се за
плати, а 7.5 милиони денари за маркетинг активности. Стратегискиот проект и
обуката го покриваат најголемиот дел од остатокот на буџетот.

Табела 7.1: Министерство за Економија: Потрошувачка и буџет во туризмот
2006/2007
2006 Буџет 2007
Милиони
МКД
Милиони
МКД
Милиони
МКД
Милиони
МКД
Плати 3.307 3.016
Вкупно 3.307 3.016
Патувања 1.0 0.8
Саеми 1.35 3.4
Рекламирање 0 .5 0.5
Промотивни активности
(посети на тур-
оператори/туристички
агенции )
0.5 0.2
Бизнис форуми 0.5 0.6
Публикации 2.65 2.0
Вкупно 6.5 7.5
Билатерална соработка

0.2 0.3
Обука 0.2 1.0
Комисија за соработка 0.1 0.3
Проекти на општините 0.6
Стратегија за туризмот 7.3
Вкупно 0.5 9.5

Се Вкупно 10.307 20.016
Извор: Министерство за Економија

Секторот за туризам има многу малку финансиски средства и малку луѓе, за да
може да изврши влијание врз порастот на туризмот кон и во Македонија.
Несоодветноста на буџетот во Македонија за промотивни активности на
туризмот е мошне евидентна кога тој ќе се спореди со буџетите за слични
активности од 2005 година на следниве земји.Ова е покажано во Табела 7.2
подолу:

Табела 7.2: Буџети за маркетинг на Национални Туристички Организации, 2005
милиони
евра
Реублика Македонија 0.123
Романија 5.7
Полска 7.7
Унгарија 17.6
Словенија 8.5
Словачка 6.3
Чешка Република 6.8
Грција 121.7
Ирска 66.0


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

149 -149 | С т р а н а

Извор: Министерство за Економија


7.3. Организација на туристичкиот сектор

Општините во туризмот

Националната политика за децентрализација им пренесе надлежност на
општините за планирање и развој на туризмот. Извесен број општини
подготвија Планови и Стратегии за туризмот во нивните области. Сепак,
повеќето општини немаат такви планови. Тие се одговорни за контролата на
дополнителното сместување и за водење статистика и наплата на такси за
ноќевање. Сепак, во повеќето општини ова не се спроведува.

Хотелска асоцијација на Македонија (ХОТАМ)

Хотелската Асоцијација на Македонија (ХОТАМ) е поврзана со Стопанската
Комора на Македонија и е репрезентативно тело на хотелскиот сектор. Таа е
член на Меѓународната Хотелска и Ресторанска асоцијација (IHRA) и има
придружно членство во HOTREC, индустриското тело за хотели и ресторани во
ЕУ.

Од вкупно 180 хотели во Македонија, ХОТАМ има 56 хотелски членови. Исто
така, има 26 придружни членови, како што се ресторани, транспортни компании
и туристички факултети.

ХОТАМ е активен во промовирање на Македонија на некои меѓународни
пазари.

Асоцијациите во приватниот сектор - хотелиерите и туристичките агенции беа
критикувани за нивната неефикасност и за слабата презентација на нивниот
сектор во Владата. Стопанската Комора на Македонија, исто така, се смета за
неефикасна во областа на туризмот.

Освен што го преставува туристичкиот сектор во Владата и ги брани основните
деловни интереси на хотелскиот сектор, ХОТАМ беше активна во
промовирањето на Македонија на некои меѓународни пазари. Ова се случуваше
во отсуство на вистински поттик за маркетинг активности од страна на
Министерството за економија.

Хотелската Асоцијација на Македонија поднесе барање до Владата за правно
основање на Комитетот за туризам на заедниците, на градско, регионално и
национално ниво, кои ќе имаат корист од туризмот, придонесувајќи кон
создавањето на Агенција за туризам која ќе ја промовира земјата.

Асоцијациите во приватниот сектор - хотелиерите и туристичките работници
беа критикувани како неефикасни и за тоа дека не ги претставуваат нивните
сектори во Владата. Стопанската комора на Македонија, исто така, се смета за
неефикасна во сферата на туризмот. Комуникациите помеѓу Министерстовото
одговорно за туризам и приватниот сектор и другите министерства се слаби,
главно заради недоволната екипираност и финансираност на Одделението за
туризам и угостителство.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

150 -150 | С т р а н а

Додека некои хотелиери сметаат дека Хотелската Асоцијација на Македонија
не е ефикасна, таа сепак прави позитивни напори да ја продолжи туристичката
сезона, да ја промовира Македонија и да создава нови туристички производи.

Стопански Комори за Туризам на Македонија

СКТМ преставуваат приватни комори основани во 2008 година и составени од
туристички оператори и научни институции, кои функционираат во рамките на
туристичката индустрија во Република Македонија. Членството се базира на
волонтерско учество и се однесува на преставници кои ја сочинуваат од микро,
малите и средните бизниси во сферата на туризмот во Републиката. Моментно,
коморите содржат стотина преставници од туристичките агенции, хотелиери,
фирми кои нудат угостителски услуги, транспортери и научни институции.
Основна цел на коморите е овозможување основа за зајакнување на бизнис
условите во туристичката индустрија како и создавање поволна клима за
третирање на туризмот како движечка сила за развој на економијата во
Република Македонија.

Стратегиски цели на СКТМ се: Промоција на туризмот, предлагање и
исполнување на правни регулативи за унапредување на туризмот во државата
како и постепено ускладување со ЕУ стандардите, зајакнување на човечкиот
потенцијал, техничка поддршка за развој на туризмот и, секако, промоција на
јавно-приватното партнерство.

Асоцијација на туристички агенции на Македонија (АТАМ)

Асоцијација на Туристичките Агенции на Македонија (АТАМ) има 72 члена, кои
го претставуваат мнозинството на туристичките агенции во Македонија. Освен
многу мал број од членовите кои нудат услуги на влезниот туризам (4-6),
главната активност на останатите членови на АТАМ е излезниот туризам.
Асоцијацијата ги претставува интересите на своите членови пред Владата, во
секторските преговори во рамките на туристичката индустрија.

Туристичка Асоцијација на Скопје

Туристичкиот Сојуз Скопје е составен од Туристичката Унија на Скопје и
Асоцијација/Сојуз на туристичките водичи. Во минатото, Унијата беше всушност
туристичка организација за Скопје, одговорна за промоција на туризмот и за
опслужување на туристите во Скопје. Таа се финансираше од наплатените
такси за преноќување, но повеќе не е така. Таа сега зависи од членарините и
рекламирањето во нејзиниот скопски водич. Таа има 64 членови кои што се
водичи, но има проблеми со собирање на членарини. Ниеден хотел или други
туристички објакти не се членови на оваа асоцијација. Асоцијацијата има
четворица вработени, кои се надеваат дека во блиска иднина повторно ќе го
отворат Туристичкиот Информативен Центар - кога ќе бидат надминати нивните
проблеми со канцеларискиот простор.

Без финансирање е тешко да се преживее или да се има значајна улога во
развојот на туризмот.





Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

151 -151 | С т р а н а

7.4 Заклучоци

Во владините програми и планови, туристичкиот сектор е дефиниран како
сектор кој што има потенцијал за раст и приоритет за развој, препознавајќи го
потенцијалот за создавање на работни места и поддршка од други национални
цели.

Постојната законска регулатива е обемна и бара неколку мали измени, со цел
да се отвори можност за странски државјани кои што престојуваат во
Република Македонија да бидат туристички водичи, и да се овозможи заштита
на името Туристички Информативен Центар. Важно е тоа што ја вклучува
директивата на ЕУ која се однесува на пакет аранжмани. Специјалисти по
маркетинг треба да го разгледаат бројот на називите на објектите за
сместување, како и критериумот за категоризација и квалитативниот критериум
за нивно вклучување. Не треба да се преземаат активности во врска со
категоризација на рестораните.

Секторот за Туризам во Министерството за економија нема човечки, ниту
финансиски ресурси за исполнување на своите задачи или за вршење на
влијание врз развојот на туристичката индустрија.

Основањето на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република
Македонија е значаен чекор напред во зајакнувањето и понатамошното
институционализирање на обврските на Владата за промоција на туризмот.

Согласно интернационалните искуства, кои укажуваат на потребата од
вклучување на приватниот сектор во зголемувањето на ефективноста на
туристичките промо-активности, се препорачува основање на Советодавен
Одбор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Ова би содржело
преставници од туристичкиот сектор, избрани преку сеопфатни консултации со
соодветни тела, организации и експерти на ова поле, меѓу кои секако и со
Собранието на туристичките оператори, основано за целите на спроведување
на ова Стратегија. Советодавното тело би ја советувало Агенцијата во врска со
прашања поврзани со промоција и маркетинг, развој на поизводи, зајакнување
на човечките ресурси и стандардите на туристички сервиси, како и за улогите и
функциите на Агенцијата.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

152 -152 | С т р а н а

8. Анализа на предностите, недостатоците, можностите и
заканите (SWOT - Анализа)

Предности
 Гостопримливи луѓе
 Географска локација
 Умерена клима
 Недопрена природа - планини, шуми, езера и реки
 Биолошка разновидност со многу ендемски видови
 Богато културно наследство
 Органски производи
 Добра транспортна инфраструктура - аеродроми и главни патишта
 Слободен визен режим
 Позитивни стимулации за инвестиции


Недостатоци
 Непостоење на јавно-приватно партнерство
 Недостиг од туристички истражувања
 Недостиг од статистички податоци за туризмот
 Непланирано и некоординирано рекламирање на дестинациите
 Непостоење на позитивна слика на туристичкиот пазар
 Балканскиот идентитет

 Високи цени на авионскиот превоз
 Само неколку компании за управување со дестинации
 Слаба и некоординирана мрежа на Туристички Информативни Центри
 Недостаток на патна и информативна сигнализација
 Ограничени туристички понуди

 Голем дел од сместувачките капацитети се под пазарните стандарди
 Системот на класификација на сместувањето не е целосно спроведен и
не е во согласност со Европското ниво
 Слаб квалитет на понуди за бањски третмани и сместувачки капацитети
 Многу лош квалитет на понуда во кампови со шатори и приколки
 Непостоење на конференциски центар од меѓународен калибар
 Образованието и обуката во туризмот и угостителството се во расчекор
со пазарните потреби

 Недостаток на толкувања
 Лоши услови на локациите со природно наследство поради напуштеност
 Недостаток на патни одморалишта/места за одмор на главните патишта
 Лошо управување со отпадот - како на индивидуално, така и на ниво на
јавниот сектор
 Недостаток на процедури во управувањето со животната средина, како и
неспроведување на законите
 Нееднаква просторна дистрибуција на туристичките атракции и
одморалишта
 Сезонски карактер




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

153 -153 | С т р а н а


Можности
 Нова, неоткриена дестинација
 Зголемена заинтересираност за туризам насочен кон природата,
културата и наследството
 Зелена дестинација со органски производи
 Рурален/Селски туризам
 Селска архитектура и традиционални обичаи и земјоделство како основа
за руралниот туризам
 Активен и авантуристички туризам
 Ниско-тарифни превозници и годишни аранжмани
 Независен мото-туризам
 Кандидат за членство во ЕУ како стимулација за инвестирање и
заинтересираност за посета
 Место под заштита на УНЕСКО за природно и културно наследство
 Регионални и европски конференции до и по пристапувањето во ЕУ
 Транзитни коридори
 Регионална и прекугранична соработка
 Укинување на пасошкиот режим со сите ЕУ членки


Закани
 Зголемувањето на загадувањето на животната средина, кое му штети на
имиџот на недопрена природа
 Конкуренцијата во регионот
 Повторно избувнување на етничките тензии
 Нестабилниот имиџ на регионот
 Политичка незаинтересираност
 Неспроведена стратегија



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

154


ДЕЛ 3

Идни планови – стратегиски насоки
9. Туристички производи и услуги - Препораки за развој


За постигнување на добра продажба, туристичкиот производ мора да го
постигне стандардот кој ќе ги исполни очекувањата на гостинот, треба да
се претстави како привлечен, ”можност која не смее да се пропушти”, и да
се понуди квалитет, т.е. соодветна вредност за потрошените средства.

Прегледот и анализата на туристичките производи и услуги кои беа
претставени во вториот дел од оваа Стратегија укажува на недостатоците
кај производите, кои треба да се поправат, со цел да се задоволат
потребите на пазарот.


Прегледот и анализата на туристичките производи и услуги што се претставени
во Дел 2 од оваа стратегија ги нагласуваат недостатоците во производот, кои
треба да се премостат, со цел да се исполнат потребите на пазарот.

Подолу, даден е список на препораки во однос на активностите што треба да се
земат предвид за да се воспостави квалитет и услуги и производи што ќе бидат
ориентирани кон модерниот туристички пазар. Тука е вклучено следното:

 Предлози за развој на препознатливи атракции
 Препораки во однос на формирањето и претставувањето на тековната и
идната понуда, со цел да биде соодветна и достапна на пазарот
 Посебни барања за развој.

9.1 Препознатливи производи

За разлика од многу земји (Франција со Ајфеловата кула, Италија со
Колосеумот, итн.), Република Македонија нема некој препознатлив симбол или
атракција со кој би се поврзувала земјата. Јасно е дека не е практично да се
создаде ваква атракција која би била од ранг со толку висок профил како
туристичките атракции на другите места.

Двете главни силни страни на Македонија како туристичка дестинација се
културното и природното наследство. Можно е да се развијат поголем број
мали и средни карактеристични производи што би се поврзувале со тоа
наследство. Тие може да се искористат за привлекување на вниманието на
медиумите и развивање на свеста дека Македонија, иако е мала земја, има
широк спектар посебни и интересни знаменитости.

Охридското Езеро веќе е означено како светско наследство од страна на
УНЕСКО. Со ова се дефинира како атракција од највисоко светско ниво, но
сепак не е многу направено во насока на промоција на оваа атракција. Се
препорачува да се бара ваков статус на Светско наследство и за другите


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

155

македонски „производи“ и тие да се искористат во активностите на градење на
сликата и имиџот на земјата.

Се предлага Маркови кули кај Прилеп да се прогласи за светско културно
наследство и да се идентификува со посебно внимание во Националниот план
за развој. Прилеп веќе има и други (иако недоволно развиени) туристички
атракции, како што е музејот на тутунот и манастирите Трескавец и Св. Михаил
Архангел. Исто така, градот стратегиски се наоѓа на Коридорот X. Статусот
светско културно наследство би можел многу да помогне во идентификацијата
на Прилеп на туристичката карта и во создавањето на уште еден туристички
центар.

Слична стратегија се препорачува и за североисточниот дел од земјата, кој во
моментот има повеќе некоординирани туристички атракции и знаменитости.
Постојат дискусии во врска со тврдењето на НАСА дека Кокино е значајна
предисториска опсерваторија. Во секој случај, примената на ова место како
опсерваторија не може да се види од страна на обичен посетител и потребно е
посеопфатно толкување за тоа место да стане поважна туристичка атракција.
Меѓутоа, стремежот кон меѓународно признавање само по себе ќе привлече
публицитет и интерес во областа.


Кокино

Неолитското наоѓалиште кај Цоцев камен е поимпресивна понуда на визуелни
ефекти и чувство на драма за гостите. Постојат тврдења дека таму се наоѓа
најстариот театар во светот. Ова е нешто што би го привлекло светското
внимание. Јасно е дека тоа е единствена дестинација со голем туристички
потенцијал, кој најдобро може да се негува преку фокусирање на вниманието
на добивање статус светско наследство за тоа место.


Цоцев камен

Република Македонија е горда што е родната земја на Мајка Тереза и тоа го
покажува со мал музеј посветен на Мајка Тереза, статуа и демаркација на
местото каде што била родена, како и куќата во центарот на Скопје во која се
презентирани моменти од нејзиниот живот, работа и наследство.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

156


Атракциите од карактеристичното природно наследство потешко може да се
развијат, бидејќи имаат потенцијални импликации по животната средина. Исто
така, уникатноста на природните атракции може често многу малку да биде
привлечна. Меѓутоа, Република Македонија има уникатно природно наследство
што може да се развие за потребите на туризмот со ограничено влијание врз
животната средина и, можеби, зголемен потенцијал за зачувување. На пример.
концентрацијата на видови пеперутки и птици, која се смета за најголема во
Европа. Во повеќе земји, фармите на пеперутки станале одржлива
комбинација на атракција за гости и центри за истражување и одгледување на
пеперутките. Се препорачува да се земе предвид таков развој и во областа на
Преспанското езеро/Националниот парк Галичица, кое би било од интерес за
гостите во југозападниот езерски дел и во транзитот по Коридорот VIII.

Една од најголемите предности на Република Македонија е достапноста на
органски произведена храна. Интензивните земјоделски техники што се
воведоа со цел да се зголеми количеството на производството може да го
загрозат органскиот сектор. Постои зголемена побарувачка од органска храна
во западна Европа. Тоа е побарувачка што ги надминува можностите за
снабдување. Ова е можност за земјоделскиот сектор на Македонија, каде што
голем дел од производството често се постигнува.

Важноста на ова за туризмот е тоа што привлечноста на дестинацијата
значително ќе се зголеми, ако може да се позиционира како дестинација на
органско производство, која нуди висококвалитетна, локално произведена
храна, посебно во секторот за рурален туризам. Според ова, се препорачува
министерствата за економија и земјоделство да соработуваат во создавањето
на сектор за органска храна, и да подготват соодветна брошура и Интернет
презентација. Положбата на Македонија како „зелена“ туристичка дестинација
може да биде главен предизвик, кој вреди да се земе предвид.

9.2. Претставување на производот/развој

Туристичките дестинации и производи во Македонија се развивале во текот на
многу векови, како комбинација на географски карактеристики, историски
трговски патишта и населби. Производот кој е резултат на тоа е развојот на
низа
 одморалишта или туристички дестинации, каде што гостите доаѓаат да
се одморат
 транзитни патишта за гостите од Балканот или едноставно за оние кои
поминуваат низ земјата
 рути во рамките на земјата за оние што ги проучуваат елементите на
понудата
 активности од посебен интерес

Претставување на понудата на одморалиштата и туристичките дестинации

Одморалиштата често се во близина на главните крстосници, како што се
Скопје и Охрид, но може да бидат и подалеку, ако нудат причина за подолг
престој. Исто така, зимските спортски центри, како Попова Шапка и бањите
како Дебар, се сметаат за одморалишта. Дури и помалите понуди, како
руралните туристички дестинации како Брајчино и езерото Гратче, може да се
сметаат за одморалишта. Успехот на овие одморалишта зависи од нудењето


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

157

силна причина за посета и дополнителни туристички понуди – знаменитости,
екскурзии, забава и други активности – за да се задржи и активира гостинот.

Постојат делови од земјата кои не се доволно развиени и не се познати, како
резултат на неуспехот во претставувањето на нивните атракции. За една
туристичка дестинација да биде успешна, потребно е следното:

 добар пристап
 сместување и угостителство соодветно на потребите на гостите
 атракции
 екскурзии
 активности
 забава
 маркетинг

Како пример за локација со потенцијал може да се земе предвид Кратово, кое,
според знаците за добредојде на влезот во областа, веќе се позиционира како
центар за алтернативен туризам.

Дали Кратово има елементи кои се потребни за да успее како туристичка
дестинација?

Пристап

Кратово се наоѓа релативно надвор од патната мрежа. Не е на главниот пат, но
има добри патишта што го поврзуваат регионот. Историски, бил доста важен и
имал повеќе население од Битола и Скопје, но намалувањето на важноста како
рударска област била причината поради која другите го надминале. Ова од
една страна е добро, а од друга лошо. Поголемиот дел од културното
наследство на Кратово останал неуништен и претставува поголем дел од
моментната атракција во овој дел од земјата. Исто така, постои потреба од
нови економски активности, кои би можело да ги донесе туризмот.

Сместување и угостителство

Кратово има еден хотел, кој во моментот не работи и за него ќе биде потребна
поголема инвестиција, за да биде во согласност со модерните стандарди. Ова
укажува на фактот дека градот е почетник како туристичка дестинација, бидејќи
гостите мораат да престојуваат во манастирот Св. Јоаким Осоговски во Крива
Паланка или во Куманово. Меѓутоа, постои голем потенцијал за преноќишта во
самото Кратово, кои би можело да се координираат. Исто така, постојат повеќе
локални добри ресторани, така што гостите се обезбедени со угостителски
објекти. Има и посебна атмосфера, која ја создаваат кафулињата, дополнета
со самиот крајолик и богатството на стари градби, кои го прават ова место
потенцијален магнет за туристите кои бараат гостилница или традиционално
домашно сместување далеку од големите градови и одморалиштата.

Атракции

Градот има повеќе историски атракции, како што е калето и старите мостови.
Исто така, има многу стари улици и дуќани, кои привлекуваат со својот изглед и
атмосфера. Во поголемите градови, потребна е едноставна карта за локација
на атракциите – поголеми и помали – која ќе му биде од помош на гостинот за


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

158

да не пропушти некое од скриените богатства. Со ова се обезбедува поголемо
уживање во посетата, подолг престој и поголеми можности за трошење на
финансиски средства.

Во уште поголемите градови, како што е Скопје, туристичките тури со водич, во
определени периоди и место на тргнување, на пример од Информативниот
центар за туристи, може уште повеќе да го подобрат впечатокот кај гостите.

Екскурзии

Во близина има доста атракции, вклучувајќи ги и следните:

 Лесново – Манастирот Св. Гаврил Лесновски
 Лесново – Мелничките пештери
 Куклица – Геолошката атракција „Камени кукли“
 Бањските води „Бање“
 Неолитското наоѓалиште „Цоцев камен“

Овие атракции може, поединечно или во комбинација, да бидат дел од
организирани екскурзии. Понатаму, може да се организираат и еднодневни
екскурзии на места како што е Манастирот Св. Јоаким Осоговски и
праисториското место Кокино; археолошките локации кај Радовиш и Виница;
како и езерото Гратче.

Активности

Пешачењето е главната локална активност. Има и локален лов и риболов.

Може да се развијат и дополнителни активности во врска со земјоделското
производство, како што е производството на сирење и мед. Слично на ова,
може да се организираат часови по традиционална локална кујна.

Забава

Постојат активни фолклорни друштва, кои може да се организираат да
настапуваат пред туристичките групи и да имаат заеднички активности со нив.

Маркетинг

Ентузијазмот на локалните власти за туристичките атракции од овој регион е
очигледен. Треба да им се дадат совети за идентификација на соодветната
насока во која треба да се насочи овој ентузијазам.

Кратово, како еден пример, изгледа дека ги има сите предуслови за да стане
туристички центар. Меѓутоа, потребно е да се даде насока, водство и
канализирање на локалните ресурси, ако сакаме ова да се постигне и да се
обезбеди привлечно мени на можности кои ќе се претстават пред македонските
компании за управување со дестинации и пред потенцијалните гости.

Вообичаено, локалните власти ја преземаат активноста за претставување на
понудата и изготвување на материјалите за јавноста и локалните знаци (види ги
знаците со насока што се воведоа во Охрид за покажување на атракциите).



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

159

Транзитни патишта

Транзитните патишта често ги поврзуваат поголемите одморалишта и
вообичаено ги користат главните крстосници. Посетителите што поминуваат
може да се поттикнат да го прошират своето патување на различни начини.
Прво, преку поттикнување на туристите да ги користат алтернативните и
поинтересни патишта – како што се од Охрид до Гостивар, преку Дебар и
долината на Радика, како алтернатива на патот преку Кичево. Второ, преку
нагласување „не пропуштај“ за атракциите на главните патишта - на пример,
Стоби, на патот од Гевгелија до Скопје.

Знаците на патиштата, како и материјалите за јавноста, се методи за
поттикнување на овие форми на скршнување. Исто како што може да се
насочуваат товарните возила на соодветните патишта преку знаците, така
може туристите да се советуваат да одат по „патот со пејзаж“.

Претставување на туристичката понуда

Постојат многу атракции за кои посетителот со моторно возило не е свесен
дека постојат и може да ги пропушти ако не е информиран. Тука доаѓаат во
игра предложените туристички рути. Рутата може да има различни форми.
Може да биде проширен круг надвор од главниот пат, од централната точка,
опфаќајќи нзиа атракции и вклучувајќи ги и оддалечените локации и можни
активности на тие прошетки. Алтернативно на тоа, тоа може да биде тура на
разгледување помеѓу две точки, со избегнување главниот пат.

Развојот на оваа понуда со рути нуди поголем обем на иновации и е од посебен
интерес на денешните независни и авантуристички ориентирани гости.
Туристичките рути може да се изготвуваат врз основа на повеќе критериуми.
Тие може да се концентрираат на културното или религиозното наследство или
да се карактеризираат со низа атракции и активности, можеби врз основа на
одреден стил на сместување. Тие ја имаат таа предност што може да ги
привлекуваат гостите од главните патишта и да постигнуваат регионални цели.

Концептот може понатаму да се прошири во тематска рута, како што е, на
пример, Тиквешката винска рута, која поврзува низа привлечни локации, а тука
може да се постават и посебни знаци што ќе укажуваат на „Патот на виното“.

Овие туристички рути може да ги изготвуваат локалните власти, компаниите за
изнајмување моторни возила или Агенцијата за туризам. Тие може да се
промовираат на различни начини:

 Едноставни карти што ќе бидат достапни во локалните туристички
информативни центри и гостилници и во компаниите за изнајмување
возила
 Како предлози на интернет страницата ExploringMacedonia

Претставување на туристичката понуда преку активности

Активности од посебен интерес, како што се зимските спортови, може да се
организираат во традиционалните туристички центри, но кои најверојатно ќе ги
привлечат туристите од главните сообраќајници - тука е вклучено пешачење,
разгледувањето на видовите птици, екстремни спортови и ловот. Овие пазари


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

160

на интерес се значајни за постигнувањето на регионалните и сезонските
туристички цели и често го вклучуваат и руралниот туризам. Учесниците лесно
може да се идентификуваат, коко и специјализираните оператори што се
активни во овие полиња, така што претставувањето на привлечна понуда има
добри шанси за успех.

Потенцијалниот посетител кој сака пешачење, планински велосипедизам или
набљудување птици, на пример, има потреба од посеопфатни информации и
помош од тоа само да се информира дека има добра планина за
велосипедизам во Крушево или добри пешачки патеки во земјата и извонредна
локација за набљудување на птици во Преспанскиот регион и Тиквеш.
Потребни се многу повеќе детали за да се стимулира туристот да одлучи да ги
посети тие места и да го испланира своето патување таму.

Често, специјализираните активности ги изготвуваат групи локални ентузијасти,
кои сакаат да ги споделат своите знаења со гостите, иако немаат посебен
економски интерес за себе. Останува на локалните власти и Агенцијата за
промоција и поддршка на туризмот да работат со овие групи на подготовка на
активностите во форма „подготвена за пазарот“. Понатаму, може да се
планираат и покомерцијални спортови, како што е параглајдерство и обуки за
пилоти, кои би се изготвиле од операторите, кои ќе имаат определена цена за
она што се добива со понудата и кои ќе можат да се разгледаат како можности
на интернет и на страниците на странските спортски клубови.

Во случајот на набљудувањето на птиците, тука може да се соберат сите
детали за тоа „што, кога, каде и какви елементи“ - во однос на локациите за
оваа активност и најдоброто време од годината за набљудување, местата од
каде што се гледа, локални контакти за пристап, помош, информации и можно
сместување. Овие информации се потребни за промоција на посетите од
страна на поединците и за специјализираните организации - клубовите и
туристичките оператори. Подготовката на овие податоци може, исто така, да
укаже на потребата од одреден физички развој, како што се куќички за
набљудување на птиците, места за паркирање, тоалети, итн.

Истиот процес е потребен и за другите активности – карти и детали за патеката
со времетраење, тешкотии и интересни точки, како и обележана патека за
пешаците и велосипедистите, објекти за изнајмување велосипеди, итн. Уште
еднаш, овие може да се искористат од страна на туристичките оператори и
поединците.

Каналите за дистрибуција на активностите до јавноста го вклучуваат следното:

 локални пунктови како што се туристичките информативни центри и
сместување
 Компаниите за управување со дестинацијата за истите да се вклучат во
нивните пакет активности
 Посебни делови на интернет страницата ExploringMacedonia, и
 посебни публикации и кампањи што ќе ги води Агенцијата за промоција и
поддршка на туризам – „Пешачење низ Македонија“, итн.





Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

161

9.3. Препораки за подготвување на туристичката понуда

o Сместување

Во последните години има намалување во бројот на легла во регистрираниот
сектор за сместување. Меѓутоа, побарувачката не е целосна, а она што е
достапно од податоците за сместување укажува дека има повеќе од доволно
капацитети во поголемите центри за поголемиот дел од годината. Се разбира,
во езерските одморалишта има висок степен на искористеност во текот на
двата летни месеци од годината и има голем притисок во сивиот сектор на
сместување во тој период. Меѓутоа, имајќи ја предвид ниската искористеност во
остатокот од годината, тешко би можело економски да се оправда поголемо
проширување на капацитетот за сместување.

Она што е јасно е дека капацитетот за сместување е под стандардите што се
бараат на моментниот пазар. Бројот на собите со една или две ѕвезди ја
надминува побарувачката и потребно е надградување или повлекување од
туристичкиот пазар. Повеќето капацитети со една или две ѕвезди не се во
можност да се надградат, поради големината на собите. Тие може да бидат
кандидати за преминување во студентско сместување или други алтернативни
намени. Секое намалување на капацитетот ќе се надомести со изградба на
нови капацитети коишто ќе бидат во согласност со пазарните услови.

o Квалитетни хотели со пансионско сместување

Треба посебно внимание да се посвети на поддршката на развојот на мали
семејни хотели, кои би обезбедиле флексибилно сместување што ќе
соодветствува на потребите на пазарот. Создавањето на таквите хотели со
пансионско сместување треба да се поттикне во малите туристички дестинации
и туристичките дестинации во развој, посебно надвор од големите урбани
центри.

Таквите пансиони треба да се карактеризираат со традиционалната култура,
фолклор и гастрономијата на земјата во својот дизајн, декор и по можност
понудата на органска храна. Тие треба да имаат од 10-20 соби и со нив
најчесто да раководат семејствата. Со ова би се решил проблемот со недостиг
од објекти за сместување во овие области, кои имаат голем туристички
потенцијал за туристички активности, но немаат капацитети за сместување.

o Меѓународни хотелски брендови

Присуството на меѓународни хотелски брендови е пожелно, не само заради
сместување, туку, исто така, за да се создаде доверба во општиот квалитет на
сместувањето што се нуди. Еден или два квалитетни меѓународни хотелски
брендови може да ги привлечат и другите инвеститори кон можностите за
инвестирање на земјата. Големите хотелски брендови, исто така, обезбедуваат
значително рекламирање на дестинацијата. Овие хотели, исто така,
поставуваат стандарди за сместување, кои постепено треба да се пренесат во
локалните капацитети за сместување. Овие брендови може, исто така, да
помогнат во подобрување на капацитетот во хотелското управување и
човечките ресурси воопшто, поврзани со обезбедување на висококвалитетно
сместување. Квалитетните синџири на меѓународни хотели треба да се земат


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

162

предвид во поголемите урбани области (можеби само Скопје), каде што има
поголема циркулација на луѓе.

o Буџетски хотелски брендови на коридорите

Во Европа има тенденција кон евтино функционално сместување, кое би се
обезбедило на главните патишта или надвор од главните градови. Ова е
примарно за патниците што се на поминување и за комерцијалните деловни
патници. Овие буџетски хотели ја минимизираат улогата на персоналот, имаат
мали тековни трошоци и создаваат хотелска атмосфера која е скоро
самопослужување. На двата најважни коридори, Е-10 и Е-8, треба да се
изградат објекти за сместување од овој тип.

Треба да се бараат меѓународни буџетски хотелски имиња, бидејќи тие ќе
обезбедат осигурување за патниците на големи далечини во квалитетот на
обезбедените стандарди.Треба да се определат соодветни локации на
главните патишта и да се дадат инвестициски предлози до поголемите
хотелски групи.

o Манастирско сместување како посебна понуда

Манастирското сместување, како единствено искуство, треба уште да се
развива. Ова е туристичко искуство со голем потенцијал, не само за патниците,
туку и за другите гости со интерес за културата. Со цел да се претстави
постоечката понуда за манастирско сместување на пазарот, истата треба да се
претстави како целина, а не поединечно како што се прави во моментот.
Треба да се развие соработка помеѓу капацитетите за манастирско
сместување, со консолидиран список - печатена верзија и интернет страница –
на кои се даваат целосни детали за капацитетите, манастирските обврски,
цените и постапките за резервирање.

o Охридско Езеро - сезона

Охридското Езеро, како најголема туристичка област, го постигнува својот
капацитет во летните месеци. Приоритетот тука не е да се зголеми капацитетот
за сместување, бидејќи дополнителни гости би имале негативен ефект на
карактеристичната привлечност на одморалиштата. Треба да се посвети
посебно внимание на продолжување на сезоната и исполнување на
капацитетите во текот на целата година.

Веќе се започнати активности за развој на охридската област како
конференциска дестинација со хотелско сместување во текот на целата година.
Ова треба понатаму да се развива, преку издигнување на подобро опремени и
пофлексибилни конференциски капацитети. Имајќи го предвид релативно
тешкиот пристап до областа од поголемите пазари, се смета дека оваа
конференциска дејност ќе остане регионална и од релативно мал размер.
Затоа, не се промовира развој на наменска конференциска дестинација од
поголем размер.

Во моментот има поголем број настани што се одвиваат во летната сезона.
Треба да се стави фокусот од страна на локалната самоуправа на
угостителството и проширувањето на сезонските настани, кои имаат потенцијал
да привлечат гости што ќе останат повеќе од еден ден. Ова може да бидат


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

163

културни настани, а, исто така, може да се унапредат и религиозните
фестивали. За да се придонесе кон продолжување на сезоната, фестивалите и
настаните треба да се организираат за време на неударните периоди.

o Категоризација/класификација на сместувачките капацитети

Во моментот, Секторот за туризам и угостителство во Министерството за
економија нема доволно човечки ресурси за ефикасно спроведување на систем
за категоризација на капацитетите за сместување. Се препорачува да се
воведат годишни такси за регистрација/лиценцирање, со цел да се покријат
годишните инспекциски трошоци за регистрација и класификација на квалитет
со ѕвезди за хотелите, кои директно би ги покриле административните трошоци
на инспекторатот. Тоа би довело до зголемување на персоналот, заедно со
зголемувањето на сместувачките понуди. Ваквиот тип на такси нема да се
применуваат кај сместувачките капацитети кои нудат ноќевање со појадок.

Критериумите треба да бидат повторно оценети. Конкретно, треба да се
додадат квалитативни елементи кон критериумите, со цел да се даде
пореалистично оценување на искуството што туристот може да го очекува.

o Регулирање на "сивото" сместување

Обезбедувачите на сместување се обврзани со закон да ги регистрираат сите
туристи и да наплатуваат туристичка такса, која се пренесува на општината и
владата. Повеќето од капацитетите за приватно сместување не ги регистрираат
туристите и избегнуваат плаќање на туристичката такса.

"Сивото" сместување треба веднаш да се регулира, не само за да се намали
избегнување на плаќањето на таксата, туку, исто така, за да се обезбедат
стандарди на сместување. Во моментот, тоа е обврска на локалната власт.

o Национални паркови

Големите потенцијали за туристички активности во националните паркови не се
целосно искористени. Националниот Парк Пелистер има развиено туристички
ориентиран деловен план, кој веќе дава резултати. Другите национални
паркови треба да го следат тој пример. Постои потреба од изградба на два
центри за пречекување и толкување за туристите, изградба на до 20 нови
планинарски домови, како и подобрување на постојните 30 планински домови и
на работничките и детските одморалишта кои се наоѓаат во националните
паркови.

Регионот на Паркот Преспа има значителен туристички потенцијал и се смета
за екосистем од глобално значење. Во овој регион во моментов се одвиваат
голем број проекти поврзани со туризмот, кои ќе ја подобрат состојбата со
природното наследство во регионот. Прекуграничната имплементација на овие
проекти на интегрирана основа е витална за неговата иднина.

o Вински туризам

Винскиот туризам е нов концепт во Република Македонија, кој главно го разви
од Фондацијата “Тиквешки Вински Пат“. Ова треба да се гледа како форма на
рурален туризам со тема - вино. Покрај посетите во винариите и капацитетите


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

164

за производство и тестирање, тука треба да се вклучи целосно руралната
средина во поголема област на производство на вино. Ова значи понуда на
повеќе опции за посетителот, вклучувајќи разгледување на околината,
активности како што е пешачење, културни посети и кујна, како и опции за
посета на винариите.

Фондацијата понатаму ги развива овие опции, но има потреба од дополнителна
помош од аспектите како што се поставување знаци и маркетинг. Понудата на
винскиот туризам треба да биде во рамките на понудата на компаниите за
управување со дестинациите и како посебна понуда за рурален туризам во
Македонија на интернет страницата ExploringMacedonia.com.


o Рурален туризам/ Туризам за пешачење

Иако во руралните области има значителен туризам, само за една рурална
туристичка дестинација може да се каже дека функционира - Брајчино.
Брајчино е извонреден пример на предизвици што треба да се надминат,
корист што ќе произлезе и континуирана промоција и ефикасно
функционирање. Идентификувани се и други потенцијални рурални туристички
центри, и нивниот развој е во тек - Зрновци, Пехчево, Берово, Колешино,
Банско, Мокрино, Смоларе, Вевчани и Галичник.

Овие проекти ќе имаат потреба од поддршка од општината, Министерството за
Земјоделство/ИПАРД и невладиниот сектор. Тие, исто така, ќе бараат
поддршка во однос на заедничко претставување пред јавноста, преку
Агенцијата за промоциј и поддршка на туризмот, во однос на заеднички
промотивен материјал, интернет страница и медиумска активност, како и
посети од туристичките оператори.

Горенаведените тела би требало да ги земат предвид и да подржат слични
активности, како што се пристап до руралните пејсажи преку пешачење, но исто
така дополнителна поддршка е потребна и преку издавање на соодветна
брошура/мапа со означени патеки со различна должина/степен на сложеност,
итн. и веб страница која би понудила многу дополнителни информации.

o Културен туризам и занаетчиство

Одговорноста за зачувување и подобрување на културните настани, активности
и артефакти лежи во ресорното министерство за култура и другите тела
надлежни за културните активности. Тоа не е обврска на секторот за туризам.
Туризмот има задача, преку туристичките активности, да обезбеди заштита на
културните богатства на земјата.

Меѓутоа, туризмот може да има значително влијание врз преживувањето и
подобрувањето на културните активности и понудата, преку обезбедување
дополнителен извор на приходи и преку обезбедување платформа и публика за
претставување на културните изведби и артефакти, како и учество на
културните активности. Исто така, туристичките организатори имаат обврска да
обезбедат автентичност и квалитет на понудата за посетителите.
Постојните фестивали и настани од репродуктивната уметност имаат домашна
публика и поддршка. Првично, Агенцијата за промоција треба да ги


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

165

идентификува фестивалите кои би можеле да бидат од интерес за странските
туристи и да ги вклучи во публикуван календар на настани. Треба да се
направат дополнителни напори за да се олесни партнерството меѓу
организаторите на таквите настани со промоторите на комерцијалниот туризам
и туристичките работници. Групирањето на серија настани во низа, или според
нивната комплементарност, ќе го олесни нивното претставување како пакет за
странските туристи.
o Традиционални занаети
Следниве видови традиционални изработки имаат потенцијал да бидат
сувенири и можат да бидат инкорпорирани/вклучени во предложениот Центар
за рачни изработки, каде предметите се изработуваат пред гостите, а самите
производи можат да се продаваат. Тука спаѓаат резбарските производи,
иконите, насликаните ткаенини и грнчарските производи.
Дрворез

Дрворезот е еден од постарите занаети со долга традиција. Постоењето на
повеќе друштва на обработувачи на дрво во Република Македонија потврдува
дека тоа се уште е жив занает.

Ткаење

Ткаењето (теписи, покривки и друго) и, во овој контекст, традиционалната
обработка на волната (предење, валање, итн.) е важен дел од локалните
традиции. Меѓутоа, иако се уште постојат алатките за ткаење во многу
домаќинства, вистинското ткаење е многу ретко, бидејќи индустриските
производи ги презедоа традиционалните методи.

Грнчарство

Грнчарството е занает што постои во многу региони во земјата и не е целосно
заменето со индустриско производство. Со постоењето на некои друштва, овој
занаетчиски сектор има добар потенцијал за развој во рамките и надвор од
занаетчиските центри.

Иконописот

Иконописот е се уште силен како занает, посебно во манастирите, со мали
занаетчиски работилници. Некои од овие работилници може да се истакнат и
да им се помогне со нивна промоција, под услов да може да се види
создавањето на производите наменето за посетителите и како туристичка
атракција.

Буриња

Иако правењето буриња било доста присутно во минатото, се уште постои и
денес, иако денес производниот опсег е доста намален. Традиционалниот
квалитет и препознатливите карактеристики од овој тип занает се уште
постојат. Има значителен број работилници кои се уште произведуваат
производи од овој вид.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

166

Овој тип занаетчиство главно се карактеризира со комерцијалните предмети,
главно применливи во производството и чувањето алкохолни пијалаци
(буриња, итн.) и оние што се користат како сувенири и имаат карактеристичен
изглед.

Се очекува дека некои од овие производи ќе се промовираат во доменот на
производството на сувенири или во производството на локални препознатливи
пакувања за локални производи, како што е мед, алкохолни пијалаци, итн.

Впечатокот кај гостите ќе биде уште подобар, ако тие може да го видат
процесот на создавање на овие производи. Треба да се земе предвид
отворање на Занаетчиски центар во еден од главните туристички центри, каде
што занаетчиите ќе бидат поканети да дојдат и да создаваат производи што ќе
се продаваат во центарот. Центарот треба да биде малопродажен пункт и за
другите занаетчии и центар каде што ќе се промовира квалитетот и ќе се
тестира маркетингот. Во зависност од соодветноста на просториите, ќе има
поголема корист ако Занаетчискиот центар е сместен во туристичкиот
информативен центар.

Културата и занаетите на земјата може да придонесат кон градењето на
брендови на дестинацијата. Се предлага занаетите и културните слики да се
користат во маркетиншките материјали за Македонија. Како резиме, може да се
наведат следните препораки:

 Позиционирање на културните активности и производи така што ќе се
има придобивки од туризмот
 Изготвување на годишен календар на фестивалски и културни настани
 Партнерства за поддршка помеѓу културните пунктови и туристички
организации
 Координација на културните искуства и активности, заради
обезбедување на поцелосен впечаток за посетителите
 Фокусирање на квалитетот и автентичноста
 За почеток, избирање на мал број модел занаетчиски проекти како пилот
проекти
 Употреба на уметноста и културниот имиџ во маркетинг активности

o Развој на бањскиот туризам за домашниот и регионалните пазари и
истражување на потенцијалниот медицински туризам

Бањите во Република Македонија најмногу се лоцирани на привлечни, пејзажни
локации. Можеби, како последица, пристапот не е секогаш лесен. Иако во
неколку случаи се прават подобрувања, целокупниот квалитет на капацитетите
за третман и сместување е многу низок. Бањите треба да одлучат дали сакаат
да се класифицираат како центри за третман во медицинскиот сектор или како
туристички објекти.

Познато е дека бањскиот туризам е сектор кој брзо се развива. Република
Македонија треба да определи дали може да обезбеди меѓународно
конкурентна бањска понуда.

Според почетните проценки, потенцијалот за конкурентност со меѓународниот
бањски, рекреативен, здравствен пазар, како и пазарот за убавина, е
ограничен. За ова се потребни лесно пристапни локации, со хотели со четири


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

167

или пет ѕвезди што ќе понудат широк опсег бањски, здравствени и третмани за
убавина. Постои интензивна конкуренција на пазарот од дестинации со подобри
природни ресурси во однос на водата, изворите на гас и третманите со кал.

Имајќи го ова предвид, се препорачува бањскиот сектор во Македонија да се
концентрира на локалниот и регионалниот пазар и да ги надгради капацитетите
на ниво од три ѕвезди – со некои капацитети за сместување од четири ѕвезди.
Бањската понуда, исто така, треба повторно да се претстави како здравствен, а
не медицински капацитет, нагласувајќи го подмладувањето, благосостојбата и
превентивните придобивки, а не само можноста за лекување. Потребно е да се
спроведе студија на пазарот, за да се идентификуваат соодветните опции за
инвестиции и обновување.

Имајќи ги предвид предностите од структурата на цените и високите стандарди
на одредени медицински третмани, како што е, на пример, стоматологијата, кои
се достапни во Скопје и во другите градови, ова може да претставува можност
да се привлечат до одреден степен туристи заинтересирани за медицински
туризам, особено од редовите на Македонците кои живеат во прекуморските
земји, но исто така и од регионалните и другите меѓународни пазари. Сепак,
потребно е да се спроведе студија на пазарот, за да се определи обемот и
предноста на оваа можност.

o Кампување и места за камп-приколки - Целосно обновување за
домашниот и регионалниот пазар

Поголемиот дел од постојните капацитети за кампување треба целосно да се
обноват и да се адаптираат за домашниот и регионалниот пазар. Основните
единици за сместување, како и целосната инфраструктура треба да се
подобри, со целосно нов модерен концепт за место за кампување. Треба да се
посвети внимание на усогласување со популарниот концепт од западна Европа
на места за кампување со шатори, а не постојното сместување во кампови. Без
поголеми инвестиции, постојните места не ги исполнуваат европските
стандарди и не може да бидат привлечни на пазарот.

Имајќи ги предвид пејзажните локации на некои од местата за кампување,
треба да се земе предвид нивна конверзија во постојани единици за
самоуслуга, во добро дизајнирани и широки парк средини.

Треба да се спроведе понатамошно истражување и проценка на пазарот за
кампување и места за камп приколки, со цел да се изберат најпрофитабилната
и најодржливата опција за иднината на постојните капацитети.

o Подобрено толкување на атракциите од културното наследство

Богатството од културните и природните атракции е очигледно. Меѓутоа, многу
малку од нив може да се сметаат како опис и толкување на нивната содржина и
недостасува важност, освен доколку, по некоја случајност, туристот најде добар
водич.

Музеите, археолошките наоѓалишта, културното и религиозното наследство,
атракциите, пештерите, националните паркови и природните богатства треба
да развијат комуникација со своите посетители. Ова ќе резултира со подобрен
впечаток и искуство кај гостите, ќе поттикне подолготраен престој и поголеми


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

168

средства што ќе ги потрошат посетителите за време на посетата. На различни
начини, на сите им треба да усвојат концепти за:

 Добредојде
 Ориентација, и
 Толкување

Аспектот на добредојде се однесува на помош во пронаоѓање одредена
атракција, преку обезбедување на детали за локацијата и работно време, кои
ќе бидат вклучени во материјалите наменети за јавноста и патните знаци до
самото место. Тука се вклучени личните или, во најмала рака, знак за
добредојде пред самото место.

Ориентацијата вклучува осигурување дека гостинот ќе може да го најде
местото, музејот, црквата, итн. и дека ќе може да ги најде карактеристичните
елементи. Често, за ова се доволни знаци и едноставни карти или планови за
локацијата.

Често, најголем предизвик е толкувањето. Веќе поминато е времето кога
туристите со водич ги разгледуваа атракциите. Сега гостите се понезависни и
треба да се надмине јазичната бариера. Туристите денес сакаат интелектуални
предизвици, но не сакаат академски предавања. Тенденцијата е учење со
забава. Може да се усвојат различни техники од едноставни повеќејазични
описни летоци (често со елементи “не смее да се пропушти“) до аудио водичи.

Се препорачува управниците на местата да бараат поддршка за усвојување на
техниките што се најсоодветни за нивните околности и да бараат Агенцијата за
туризам заедно со невладиниот сектор да организира семинари за изготвување
на опциите и методите за спроведување за кураторите.

o Лов

Ловот претставува потенцијално профитабилна област за развој на туризмот.
Постојат три јасни можности за активности кои треба да се преземат:

 Построго спроведување на законската регулатива, со цел да се
намали незаконскиот лов и да се воспостави контрола на легалниот
лов
 Зголемување на бројот на дивеч преку отворање/развој на еден или
повеќе репродуктивни центри
 Зголемено рекламирање за ловната понуда, следејќи ги препораките
на студијата за маркетинг спроведена за ловната понуда откако ќе се
зголемат резервите дивеч и откако ќе се спроведе соодветна
контрола

o Конференциски пазар

Во моментот има значителна побарувачка од мали и средни капацитети за
конференции, со модерна опрема за низа домашни и регионални средби од
различен формат. Овие средби најчесто се одржуваат во поголемите хотели,
главно во Скопје, но, исто така и на други места во регионот. Многу од местата
надвор од главниот град го гледаат пазарот на одржувањето средби како
средство за приходи надвор од сезоната.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

169


Исто така, не постои информатор за достапни конференциски места, кој може
да се промовира на домашните, регионалните и странските планери за
одржување средби, а како последица на тоа, Република Македонија не е
конкурентна конференциска дестинација.

Како што се приближува интеграцијата во ЕУ, ќе има уште повеќе средби,
семинари и курсеви за обука што ќе се одржуваат во Република Македонија.
Земјата, исто така, ќе има можност да конкурира за одржување на повеќе
меѓународни средби од различен размер. Иако претставува предизвик да се
изгради главен национален конференциски центар што ќе може да служи за
потенцијалните владини, невладини и други корпоративни настани, треба
претходно да се испита пазарниот потенцијал и посебно конфигурацијата на
големите и малите конференциски сали, угостителските и другите капацитети.

Затоа се препорачува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да го
направат следното:

 Да направат список на конференциски капацитети со целосни детали за
капацитетот на седишта во различни конфигурации, опремата,
плановите за локациите и помошното сместување, за регионална и
домашна промоција, во печатена верзија и на интернет страницата
ExploringMacedonia.com
 Да спроведат студија за потенцијалот на националниот конференциски
центар и оптимална локација за истиот, заедно со можностите за
финансирање.

o Подобрени компании за управување со дестинации (дестинациски
менаџмент) (КУД)

Покрај постоењето на преку 180 македонски туристички оператори за
привлекување странски туристи, има само шест кои се активни во оваа област.
Поради ова, тешко е земјата да капитализира од релативно големиот број
специјализирани странски оператори, кои би можеле да бидат заинтересирани
за македонската понуда. Вештините на компаниите за управување со
дестинации во голем дел се стекнуваат преку практични искуства, така што не е
лесно да се зголеми нивниот број.

Со цел да им се помогне на постојните компании за управување со дестинации
да ги прошират своите активности и да се поттикне настапување на пазарот за
нови компании, се препорачува Агенцијата за промоција и поддршка на
туризмот да пронајде потенцијални странски оператори, кои ќе ги
идентификуваат индивидуалните контакти и ќе ги олеснат преговорите. Потоа,
треба да се реализираат преговори меѓу нив и македонските компании за
управување со дестинациите, преку организација на посети за запознавање во
Македонија и да се обезбеди помош за македонските компании при
склучувањето договори, преку учество на одредени туристички изложби каде
што може да се определат состаноци, а исто така, со продажни мисии во
канцелариите на странските оператори.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

170

10. Пристап и инфраструктура


За да се постигнат сите економски цели на Владата, важно е да се
подобри транспортната инфраструктура, која понатаму ќе им даде
позитивен импулс на сите економски сектори со обезбедувањето силни
транспортни врски со другите земји.

Воздушниот пристап е ограничен и неконкурентен, што претставува
пречка за растот на туризмот.


10.1. Воздушен сообраќај

Програмата на Владата (2006-2010) утврдува дека главниот приоритет е
постигнување стабилен економски раст. Македонската влада има за цел
постигнување на повисок процент на вработување и подигнување на животниот
стандард, преку промоција на конкурентноста, поголеми домашни и странски
инвестиции и целосно спроведување на сите структурни реформи.

Зголемувањето на обемот на воздушниот сообраќај ќе резултира со
зголемување на директните вработувања, не само во областа на воздушниот
сообраќај, туку и во другите дејности, посебно туризмот. Според плановите на
Владата, најмалку 200.000 туристи од ЕУ може ќе ја посетат Македонија до
2015 година, главно преку воздушен транспорт. Ова предвидување влијае врз
неколку важни предизвици.

Најважната насока за исполнување на целите за пристапување на Македонија
кон ЕУ е успешно спроведување на трите фази на Спогодбата –за ЕЗВО.. Меѓу
другото, овој договор ќе даде најсилна поддршка за развој на туризмот.
Спогодбата за ЕЗВО е клучниот елемент за развој на воздушниот сообраќај во
Македонија и, исто така, еден од клучните елементи за целосен економски
развој на земјата. Затоа, оваа стратегија препорачува брзо спроведување на
трите фази од договорот.

1. Либерализација на III и IV слобода (сите лиценцирани авиопревозници
да можат да летаат до или од било која дестинација во зоната од
заедничката област, без никакво ограничување на капацитетот или
фреквенцијата на летови)
2. Либерализација на V слобода, и
3. Либерализација на останатите слободи и целосно транспонирање на
легислативата на Спогодбата за ЕЗВО.
Целосното спроведување на Спогодбата за ЕЗВО конечно ќе го разреши
најголемиот проблем во македонскиот воздушен сообраќај, а тоа е монополот
на МАТ. Според членот 4 од Протоколот V од оваа Спогодба, договорот на
МАТ (вето за нови конкурентни услуги) треба веднаш да се прекине, со
стапување на сила на истата. Наместо овозможување понатамошна
монополска контрола на МАТ, Македонија треба да создаде можност МАТ да
стане дел од поголем и пофлексибилен регионален (балкански) заеднички
воздушен превозник. Треба да се потенцира дека МАТ неодамна ги намали


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

171

цените на билетите и контролата врз конкурентните воздухопловни комапнии
кои влегуваат во овој пазар.

Целосното спроведување на Спогодбата за ЕЗВО, исто така, позитивно ќе
влијае на:

 отстранување на недостатоците од билатералните спогодби за редовен
воздушен сообраќај;
 подобрување на конекциите помеѓу аеродромите од РМ и главните
европски центри;
 стимулирање на конкуренцијата и
 намалување на аеродромските такси.

Според Министерството за транспорт и врски, целосниот пакет на законската
регулатива од Спогодбата за ЕЗВО би можело да се спроведе до 2010 година.
Тогаш, Република Македонија ќе биде дел од целосно интегриран европски
пазар, со поголем пристап на приближно 500 милиони потенцијални корисници.

Со цел да се поттикне развојот на туризмот, трeба да се намали цената на
патување во Македонија и да се прошири мрежата на воздушни линии.
Во последните неколку години, бројот на патниците кои ги користат
аеродромите е во рамките на капацитетот на истите. Меѓутоа, ако се постигнат
предвидувањата за пораст до крајот на периодот на Стратегијата (2013), треба
да се завршат обновите на инфраструктурата и проширувањето што се
планира според Националниот план за развој и Националната стратегија за
развој на воздухопловството во РМ.

10.2. Патен сообраќај

Со цел да се олесни движењето на туристите, без разлика дали доаѓаат
деловно или приватно, треба да се спроведат подобрувањата на патниот
сообраќај што се утврдени во Националниот план за развој, посебно следното:

 Завршување на сите делови од Коридорот X (E-75).
 Завршување на проектот за „Коридорот VIII” (изградба на модерен
комплексен пат, железница, нафтен и гасен, како и комуникациски
систем) и негово регионално поврзување со слични проекти во Албанија
и Бугарија;
 Обнова и опремување на сите гранични премини во Република
Македонија, итн.;
 Изградба на модерни патни сервиси и ресторани на главните крстосници
и останатите области.

Има повеќе регионални и локални патишта (т.н. „туристички рути“), кои ги
користат туристите додека патуваат низ Македонија, за кои е потребна обнова,
реконструкција, поставување знаци и модерни места за одмор:

 Гостивар - Охрид;
 Градско - Охрид;
 Маврово - Дебар - Охрид;
 Охрид - Св. Наум (најголем приоритет); и
 Охрид - Ресен (преку планината Галичица).


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

172

Неколку патишта што водат до граничните премини, исто така, треба да се
земат предвид (реконструкција и поставување знаци за туристите):

 Охрид - Св. Наум (до Албанија) (највисок приоритет);
 Охрид - Ќафасан (до Албанија);
 Охрид - Битола - Меџитлија (до Грција) (највисок приоритет);
 Ресен - грчка граница во близина на Преспанското езеро; и
 Куманово - Деве Баир (до Бугарија).

10.3. Туристички патни знаци

Со зголемување на бројот гости во земјата кои патуваат со сопствени возила,
потребата од поставување знаци за туристичките атракции станува се поважна.
Во моментот, бројот на меѓународно признаените кафеави туристички знаци е
делумен. Самите знаци се често неусогласени и ретко се во согласност со
меѓународно прифатениот дизајн, форма, стил и примена на симболите.

Има само неколку примери за добро поставени кафеави туристички знаци во
Република Македонија. Еден таков пример е оној за археолошкото наоѓалиште
Стоби. Недалеку од граничниот премин кај Гевгелија, на главните патишта се
наоѓаат првите знаци што го наведуваат туристот кон оваа атракција.




Овластувањето и поставувањето на кафеавите туристички знаци со бели букви
и слики, според европските стандарди, вообичаено го врши Министерството за
транспорт и врски, на националните патишта и од страна на локалните власти
за другите патишта. Постои потреба да се воспостават стандарди, со цел да се
обезбеди континуитет на пристапот и поставувањето на знаците од
националните кон локалните патишта. Поради тоа, се препорачува
Министерството за транспорт и врски, заедно со Агенцијата за промоција и
поддршка на туризмот, да воспостави национални критериуми и да изготви
хиерархија на туристички знаци за насочување и информирање.
Министерството за транспорт и врски треба да назначи надлежни локални тела
со овластување за поставување на локалните знаци.

Обезбедувањето на кафеавите туристички знаци за „јавните“ дестинации, како
што се природните атракции, црквите и манастирите, културните атракции, итн.,
вообичаено е одговорност на локалните власти и надлежните органи за
патишта, на нивен трошок. Меѓутоа, во последно време вообичаено е знаците
за комерцијалните места, како што се капацитетите за сместување, водените
паркови, одморалиштата, итн. да се плаќаат од страна на корисниците. Ова
укажува на воведување на постапка за примена и одобрување. Исто така, треба
да вклучува одобрение за дизајнот на знаците и спецификација за нивното


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

173

производство, дури и ако корисникот треба да контактира директно со
лиценцираниот производител на знакот или лицето што го поставува.




Активности во врска со поставување на патните знаци

Министерството за транспорт и врски, заедно со ресорното министерство за
туризам, треба да воспостават критериуми што ќе дефинираат кои атракции и
услуги ќе се квалификуваат за поставување на кафеавите туристички знаци.
Се препорачува купување на соодветниот софтвер за компјутерски дизајн и
склучување договор со специјалист консултант за процесот. Упатствата
вклучени во критериумите ќе вклучуваат спецификации за:

 типовите атракции и капацитетите што се квалификуваат за означување
- на пр. историски цркви, манастири и џамии, национални паркови,
археолошки локации, споменици, музеи, итн., кои се рангирани како
знаменитости од национална или локална важност, или означувања на
видот сообраќај до локацијата
 текстот и симболите што треба да се користат, вклучително и фонтот,
дизајнот и изгледот
 формите и големините на знакот во зависност од локацијата, типот на
пат, видливоста врз основа на ограничувањето на брзината, итн.
 бројот на знаци по дестинација, во зависност од важноста и
комплексноста на патната мрежа
 оддалеченоста од патните крстосници и патот каде што треба да се
постави знакот
 производство, вклучително и бои, рефлектирачки материјали, квалитет и
дебелина на металот, столбот, итн.

Упатствата за спроведување на национална мрежа на туристички знаци треба
да ги издаде Министерството за транспорт и врски на локалните надлежни тела
за патишта, заедно со препораки за поставување знаци низ целата локална
област, каде што се наоѓаат „јавни“ туристички атракции и капацитети. Овие
упатства треба или да вклучуваат копии од компјутерска форма на софтверот
за дизајн на знаците или можност за пристап до Министерството за поддршка
од аспект на дизајнот на знаците. Локалните власти треба да се овластат за
издавање одобренија за поставување кафеави туристички знаци, во согласност
со националните стандарди.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

174



Примери за кафеави туристички знаци во согласност со
меѓународните критериуми








10.4. Железнички и воден сообраќај

Железничкиот сообраќај има многу мала улога во туризмот, бидејќи
железничката мрежа не ги опфаќа главните туристички дестинации и региони, а
возовите се многу бавни. Меѓутоа, железницата на Коридорот VIII (исток-запад)
може да отвори можности, бидејќи поминува низ повеќе туристички дестинации.
Владата на Република Македонија посветува посебно внимание на
продолжување на градежните активности, околу доизградбата на делот од
Коридорот VIII, према Бугарија. За таа цел во финална фаза е изработката на
основните проекти за делницата од Бељаковце до Дева Баир, граница со
Република Бугарија. Од друга страна во тек е изработка на идејниот проект со
Студија за оправданост на делницата од Кичево до Лин, граница со Република
Албанија. Се прдевидува во рок од 3 година да се изработи инвестиционо-
техничката докуметација на ниво на главен изведбен проект за оваа делница.
Железничкиот сообраќај е пријател на природата и животната средина. Може
да се истакнат еколошките, просторните, енергетските и други предности во
однос на патничкиот и товарниот сообраќај и тоа: потрошувачката на енергија е
помала од патниот; понатаму емисиите на штетни гасови се помали; поголема
безбедност во железничкиот сообраќај; како и зафатнината на просторот при
еднаква пропусна моќ, железницата е од 2 до 3 пати помала отколку на
автопат. Напоменатите податоци јасно ја покажуваат предноста на
железницата во однос на друмскиот превоз.

Во врска со водениот сообраќај на Охридското езеро, треба да се имаат
предвид две прашања:

 спроведување студија за можноста за изведба (физибилити студија) за
функционирање на редовен бродски превоз помеѓу Охрид и Поградец во
Албанија;
 Изградба на модерни пристаништа во Охрид (едно за мали бродови и
едно за брзи бродови и јахти), со цел да се решат сериозните проблеми
со закотвувањето и одржувањето, посебно за малите пловила.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

175



10.5. Прашањата во врска со визите

Иако визниот режим во Македонија е позитивен, се препорачуваат
понатамошни чекори за поддршка на развојот на туризмот.

 По олеснувањата во барањата за пасоши за грчките државјани,
Република Македонија треба да го отповика пасошкиот режим за
граѓаните на сите земји- членки на ЕУ, овозможувајќи им на нивните
граѓани да влегуваат во земјата со националните лични карти;
 При развивањето на компјутерскиот систем, Министерството за
внатрешни работи треба да ја испита можноста за овозможување
регистрација преку интернет за сите странски гости од страна на
капацитетите за сместување.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

160
11. Животна средина


Главната цел на Стратегијата за развој на туризмот во однос на животната
средина е подобрување на заштитата, унапредувањето и управувањето со
природното наследство и, генерално, управувањето со отпад. Сегашното
ниво на свест за важноста и спроведувањето на управувањето со
животната средина и наследството, како и за климатските промени, е
ниско.


11.1. Анализа за предностите, недостатоците, можностите и заканите
(SWOT - Анализа) за развојот на туризмот во однос на заштитата и
управувањето со природното наследство

Предности:

 Поволна географска положба на Република Македонија во централниот
дел и на крстопатите на Балканскиот полуостров
 Значително неоткриена и нова дестинација за меѓународните туристи и
меѓународниот туристички пазар
 Мешавина на медитеранска, планинска и континентална клима, која
создава разновидни туристички активности и ја зголемува можноста за
посети во текот на целата година
 Недопрена природа и богатата и единствена биолошка, геолошка и
пејзажна разновидност станува реткост во многу други земји.
 Туристички локации со високи стандарди во областа на животната
средина
 Висок туристички потенцијал на постојните и ново-предложените
локации со природно наследство
 Слободен пристап кон отворените места на шумите, планините,
крајбрежјата на реките и езерата.

Недостатоци:

 Нееднаква просторна дистрибуција на туристичкиот прилив и нееднаква
туристичка промоција во туристичките региони во Македонија
 Непостоење на јасни регулативи за управувањето на локациите со
природно наследство
 Непостоење на управување со локациите со природно наследство
(освен трите национални паркови)
 Непостоење на активности или постапки за определување на
капацитетот на локациите со природни богатства
 несоодветни и недостаток на знаци за овие локации
 Непостоење на приемни капацитети и упатства за локациите со со
природно наследство
 Недостаток на грижа за животната средина при посетите на овие места
и недостаток на механизам за спроведување за спречување на оваа
негрижа.
 Слаба слика за македонското природно наследство како туристички
дестинации, посебно оние кои имаат добар потенцијал, но се уште не се
промовирани.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

161
 Непостоење унифицирана и консолидирана промоција на природното
наследство, т.е. промоцијата е децентрализирана на општините
 Природна ревалоризација од аспект на процена на природната вредност
на природното наследство
 Потреба од повторна категоризација од аспект на процена на статусот
на заштита на природното наследство
 Несоодветна институционална мрежа меѓу сите институции што се
вклучени во туризмот.
 Недоволна примена на потенцијалот за туристички развој - природните и
културните вредности.
 Недоволен развој на еко туризмот и бањскиот туризам.
 Нецелосно спроведено законодавство за животната средина и заштита
на природата

Можности:

 Голем интерес за еко-туризмот насекаде во светот
 Воспоставена регионална и прекугранична соработка за промоција на
природното наследство како туристички дестинации
 Меѓународна препознатливост на Македонија како туристичка
дестинација

Закани:

 Положбата на Република Македонија во овој регион се гледа како
нестабилен регион (економски и политички)
 Регионална конкуренција од соседните земји
 Уништување на животната средина
 Непостоење на политичка волја да се разбере и да се спроведе
концептот на еко-туризмот и одржливиот развој на туризмот

11.2. Промоција

Големи природни богатства, како што се недопрените природни локации и
локациите богати со биолошка, геолошка и пејзажна разновидност, која станува
реткост во многу други земји, а Република Македонија ги поседува овие
локации, кои имаат голем туристички потенцијал. Промоција на природното
наследство на национално ниво е потребна, со цел да се активира и да се
искористи овој потенцијал, а овие богатства да придонесат кон развој на
туризмот.

Фактот дека природните богатства на Република Македонија не се целосно
откриени од меѓународниот пазар на туризам претставува силен поттик за
развој на националниот туризам, но ако се примени соодветна промоција.

Целна промоција

Унапредувањето на природните богатства на Република Македонија мора да се
заснова на маркетинг со посебна цел. Имено, планините и езерата треба да се
приоритет онаму каде што недостасуваат, на пр., Холандија, а не, на пр.,
Швајцарија. Маркетингот треба да биде насочен кон конкретните интереси на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

162
туристичките групи, како што се набљудувачите на птици или друштвата за
набљудување птици, со промоција на, на пример, Тиквеш и природниот
резерват Езерани, кои имаат орнитолошка вредност.

Треба да се идентификуваат тековните тенденции во еко-туризмот на
меѓународен план, но, исто така и на национално ниво, со цел да се искористат
македонските потенцијали за создавање на еко-туристички понуди, што ќе ги
исполни потребите на меѓународните и национални туристички побарувања.

За целите на национална промоција на туризмот, пожелно е да се има список
на природните богатства на одредени локации или природни локации кои
поседуваат или може да поседуваат туристички вредности. На тој начин, ќе
создаде јасна слика и ќе се овозможи создавање на туристичка понуда,
маркетинг стратегија за туризам ориентирана кон определена цел и извор на
промотивен материјал.

Развојот на туризмот во почетните фази треба да биде врз основа на промоција
на неколку локации со природни богатства со најголем туристички потенцијал и
активности за управување ориентирани кон одржлив туризам. Преку тоа ќе се
презентираат водечки места за промоција на останатите. Местата што може да
се промовираат може да се изберат од списокот на локации со природни
богатства со голем туристички потенцијал. Треба да се земе предвид дека
еднаквата дистрибуција на промоцијата во рамките на земјата треба да се
постигне ако тоа е возможно. На тој начин, економската корист нема да биде
централизирана на едно место, туку ќе биде распределена.

Вообичаено, секоја локација со природно наследство оригинално е поврзана со
одредено верување или приказна од локалното население. Ова оригинално
обележје на местото мора да се земе предвид при подготовка на туристичката
понуда. Исто така, неопходно е да се постават знаци за природните
наследства, односно локацијата, со јасни насоки до местото, забранети или
допуштени активности и означување на зоните на локацијата.

Треба да се земе предвид понатамошно создавање на капацитети за
сместување, како и подобрување и одржување на постојните, земајќи го
предвид влијанието врз животната средина и природата.

Треба да се нагласи важноста на квалитетот на нивните услуги и структурата
на вработените, посебно оние што имаат директен контакт со гостите.

Сезонска природа

Мешавината на Медитеранот, планините и контитенталната клима овозможува
туристички дејности во локациите со природно наследство преку целата година.
Ова заедно со другите богатства треба да биде земено предвид за
промоцијата. Секако, треба да се направи разлика за тоа во кој период од
годината локацијата може да ги “открие” своите вредности.

Централизирана промоција

Речиси секоја локална заедница во Република Македонија, која има локација
или локации со природно наследство на нејзината територија, презема
иницијативи, активности или проекти насочени кон развој, маркетинг и


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

163
промоција на овие локации. Меѓутоа, овие напори и натаму се независни едни
од други и постои недостаток од координација и информации за плановите и
активностите до централната влада, односно Министерството за економија,
Сектор за туризам. Со цел да се добие целосен преглед во секторот туризам и
целно - насочените планови и активности за развој на стратегија за туризмот,
мора да се воспостави соработка меѓу локалната и централната влада. Со цел
да се започне соработката, пожелно е да се достави прашалник до општините
за нивните проекти, планови, студии и активности за туристичка промоција,
заштита и управување на локациите со природно наследство. Исто така,
пожелно е преку теренска работа да се проценат туристичките вредности на
природното богатство, неговиот статус на заштита и управувањето со истото.
Може да се користат брошури и други маркетинг и промотивни материјали од
локалните власти при промоција на природното богатство на Македонија, но,
секако, со одредени претходно утврдени стандарди. Треба да постојат сектори
за локален економски развој во рамки на општините, кои истовремено би биле
иницијатори на тактвите активности.

Промоција на прекугранична соработка

Недостасува управување на мрежата на прекугранични живеалишта во
Република Македонија, иако се прават напори да се поврзе националната
мрежа на заштитени области со мрежите на соседните земји преку разни
проекти, пред се, за интегрираните стратегии на управување. Еден сегмент од
овие стратегии за управување може да се употреби за развој на интегриран
прекуграничен туризам. Примери за проекти за управувани прекугранични
локации со природно наследство се водните живеалишта во Преспанското
Езеро со Грција и Албанија и оние во Охридското Езеро со Албанија, но, исто
така, и одредени земни локации со природно наследство, како на пример,
Осоговската планина со Република Бугарија како дел од Зелениот појас
(иницијатива на IUCN) и заедничкиот проект за управување на живеалишта во
Националниот парк Маврово со Албанија.

Намалувањето на нивото на водата и истовременото влошување на квалитетот
на водата има сериозно еколошко влијание. Еколошкото влошување има
штетно влијание врз економската активност меѓу кои туризмот за локалното
население кое живее во општината Дојран. Договорот за максималните и
минималните нивоа на Дојранското Езеро склучен во 1956 година стана
неважечки со опаѓањето на нивото на водата во езерото под контролираниот
истек од непотврдени причини. Последните состаноци се одржаа на државно
ниво (јули 2002 година) и на техничко ниво (септември 2003 година). Иако се
договорија за размена на информации, интегрирани студии и основање на
Заедничка комисија за управување со води, овие договори не резултираа со
активна соработка во планирањето на речните сливови или управување на
Дојранското Езеро.

Потребно е заедничко прекугранично планирање и донесување одлуки за
сливот за секоја локација со природно наследство, особено за Дојранското
Езеро.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

164



11.3. Управување и заштита

Управување

Потребни се јасно дефинирани и доделени одговорности за зачувување и
управување со локациите со природно наследство, како и правила и регулатива
коишто го насочуваат користењето на заштитните области од страна на
туристите.

Законот со кој се регулира управувањето и заштитата на локациите со
природно наследство е Законот за заштита на природата. Иако постојат
законски акти кои јасно го дефинираат управувањето на локациите со природно
наследство како што е предвидено со Законот за заштита на природата, ова
прашање е само делумно спроведено во пракса. Единствени локации со
природно наследство, со кои се управува до одредено ниво се националните
паркови, а Националниот Парк Пелистер има свој утврден план на управување
и деловен план, каде екотуризмот е еден од главните приходи за паркот.
Планови за управување треба да бидат изготвени не само за останатите
национални паркови, туку и за сите локации со природно наследство , како што
е предвидено во Законот за заштита на природата. Така, загадувањето и било
каков друг вид на деградација на животната средина ќе бидат спречени или
намалени, а особено проблемите со тврдиот отпад и отпадната вода, коишто се
појавуваат најчесто во туристичките локации со природно наследство во
земјата. Два конкретни примера се градењето на систем за третман на вода во
населбите околу Мавровското Езеро или забрана за користење на моторни
чамци кои користат гориво во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

Ниското ниво на јавна и институционална свест за потребата од планови за
управување и заштита на локациите со природни богатства треба да се
подобри со обука на оние коишто се засегнати (субјекти одговорни за
управување и заштита на локациите со природно наследство: Министерство за
животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство,
шумарство, и водоснабдување, невладини организации (НВО), професионални
институции кои работат во областа на заштита на природата и животната
средина, итн).

Од единиците на локалната самоуправа, невладините организации и
професионалните тела, коишто работат во областа на заштитата и
унапредувањето на природата, треба да се очекуваат посилни иницијативи до
Министерството за животна средина и просторно планирање, со кои се
предлага назначување на заштитени области.

Заштита

Во Република Македонија постои недостаток од финансиски механизми или
правила за одржливо користење на заштитените области. Ова доведува до
ризици за екосистемите, ограничени можности за заработка за локалните
заедници, и мали придонеси за заштита на природата. Еден од најодржливите
пристапи во зачувување на природата е создавањето можности за економски
пораст и повисоки животни стандарди за локалните заедници околу


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

165
заштитените области. Кога луѓето ќе ги почувствуваат вистинските придобивки
од заштитата на природата, тие почнуваат да вложуваат напори за тоа да
продолжи. Чувството на сопственост над природните ресурси и одлуките
коишто го регулираат нејзиното зачувување и одржливото користење се
најважни услови за успешен развој на екотуризмот. Јавните институции на
национално ниво треба да го ценат ова, иницирајќи процес на пошироко
учество во стратешкото планирање на сите нивоа - национално, регионално и
локално.



Една од наважните прашања кои се однесуваат на успешната заштита и
унапредување на природното наследство е управувањето со отпад. Проблемот
од аспект на заштитата е тоа што, доколку отпадот кој се создава не се
управува соодветно, тој ја загадува и деградира областа. Од аспект на
туризмот - тој ја уништува туристичката привлечност на локацијата со природно
наследство. Ова е случај во речиси сите туристички дестинации со природно
наследство во Република Македонија.

Ова е резултат на нејасната одговорност за управување со отпад на локацијата
(мора да се определат одговорни субјекти за управување со отпад во
локациите. Тоа може да биде или субјектот кој што управува со локацијата на
природното богатство или општината на чија територија се наоѓа локацијата со
природно наследство).

Ниското ниво на еколошка свест на гостите на локациите со природно
наследство може да се зголеми со информативни летоци или брошури за
постапување со отпад и со назначување патокази за места на кои треба да се
одложува отпадот.




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

166

Просторниот развој и користење на земјиштето се поврзани со туристичкиот
развој во Република Македонија, и ситите мора да бидат спроведени согласно
просторното и урбанистичкото планирање и услови.

За секоја планирана активност во природата, која, независно или заедно со
други активности, може да ја наруши природната рамнотежа, мора да се
изврши проценка на вијанието врз животната средина.

За заштитата на природното богатство, од особено значење е воспоставување
на национален мониторинг систем за биодиверзитетот.

На национално ниво, исто така, е важно да се направи преоценување и
повторна категоризација на постојните заштитени области, со цел да бидат во
согласност со Законот за заштита на природата, а со тоа и во согласност со
категоризацијата на IUCN. Ова е потребно за да се утврди најсоодветното ниво
на мерки за конзервација и заштита, како и управување, предвидено со Законот
за заштита на природата.

Насоките и методологиите кои ќе се елаборираат за одредени активности за
зачувување на природата (особено елаборирање на плановите за управување)
се на ниво на подзаконски акти, и мора да се предвидат во активностите на
Министерството за животна средина и просторно планирање во блиска иднина.

Мерки и активности за заштита од пожар

Гаснењето и локализацијата на пожарите во Националните Паркови Галичица и
Пелистер се многу добри примери за тоа како треба да се реагира во случај на
пожар во шумите. Она што е алармантно е непостоење на рана акција за
гаснење или локализирање на огнот во другите локации со природно
наследство, бидејќи не постои субјект кој ќе управува со нив или субјект за
управување со огнот.

Еден добар пример за Општи предуслови за мерките и активностите за заштита
на паркот од оган е даден во планот за управување на Националниот парк
Пелистер:

 Редовно ревидирање на повеќегодишната Програма за заштита од
пожар која што вклучува план за одржување и стекнување на опрема;
 Подготвување на Годишни планови за заштита од оган за Националниот
Парк Пелистер, по повеќегодишната Програма за заштита од оган;
 Подготвување на Студија за одржување на способноста за живот,
биолошката разновидност и динамиката на процесите за обновување на
растителните и животинските заедници во паркот, со користење на
еколошко горење врз основа на веродостојно научно истражување во
паркот;
 Изградба на посебни места каде што гостите можат да палат огнови;
 По Програмата за заштита од оган, треба да се дадат соодветни
препораки и насоки за однесувањето на гостите и субјектите кои вршат
услуги и економски активности во паркот, кои ќе станат дел од
Одредбата за внатрешен ред на Националниот парк Пелистер.




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

167
Препораки за заштита од оган:

Субјектот кој управува со локацијата со природно наследство мора да ги
вклучи плановите за управување со оган во планот за управување со
областа, доколку локацијата на природното богатство е подложна на
оган. Ова може да се постигне преку воспоставување на систем на
мерки и активности за заштита од огнови и други природни катастрофи,
како што е предвидено со Законот за заштита на природата;
Треба да се подготват годишни програми согласно одредбите од
Одредбата за заштита од пожари (“Службен весник на Република
Македонија”, бр. 9/89);
Мора да се утврдат и спроведат мерки и активности за заштита и
евакуација на гости од областите каде што има пожари, кои евентуално
може избувнат во локациите со природно наследство ;
Да се заштити природната област од пожар преку информирање на
гостите за мерките на претпазливот, со цел да се спречи избувнување
на оган;
Поставување знаци со кои се објаснуваат ограничувањата или
дозволите за користење на орган;
Ограничувања за користење на огнови како на пример:
o Огнот може целосно да се забрани (забрани за оган се спроведуваат
во периоди на висока опасност од пожари, или во строго заштитени
области);
o Палење на оган е дозволено само во означени места;
o Оган од одреден вид може да се забрани (на пример зелена шума
или локално собрани дрва за огрев);
o Во ситуации на големи височини, оган може да се дозволи само со
печки наполнети со гас;
Мора да се направи оцена на предизвиканите штети од огнот и, врз
основа на ваквите резултати, да се преземат итни активности за
обновување на локацијата со природно наследство.


11.4. Планови, студии и стратегии

Национална Студија за биодиверзитет

Според Националната Студија за биодиверзитет (2003), мрежата на заштитени
области во Република Македонија опфаќа 68 локации, коишто покриваат
област од 170,235 хектари или 6.62% од површината на земјата. Статусот на
заштитени имоти според категорија е следниот:

- три национални паркови кои што опфаќаат површина од 108.338 хектари
или 4.21%;
- три локации со специјален природен карактер кои покриваат 2.338
хектари или 0.09%;
- 14 области надвор од природните резервати кои што содржат одредени
растенија и животински видови 2.709 хектари или 0.10%;
- 48 природни споменици кои опфаќаат 56.850 хектари или 2.22%

Постојат малку информации за статусот или управувањето со заштитените
области, освен за трите национални паркови. Тешко е да се препознаат
приоритетите за заштита за секоја од овие категории на заштитени области,


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

168
бидејќи тие не се во согласност со меѓународниот систем. Националната
Студија содржи различни предлози за системот на заштитена област, кој се
состои од различни извори, кои не се преработени ниту систематизирани.

Национална Стратегија за биодиверзитет и Акциски План

Националната Стратегија за биодиверзитет и Акцискиот План (усвоен 2004)
вклучуваат неколку активности поврзани со екотуризмот:

 Стратегиски пристап Ц - Одржливо користење на биодиверзитетот
Активност Ц5. Промоција на традиционалните начини на користење на
биодиверзитетот и еко-туризмот.
Активност Ц.5.3. Идентификација и промоција на локации кои се добри за еко-
туризмот.
Оваа активност треба да се фокусира на развојот на една листа на локации од
еко-туризмот и промоција на нивното користење.
План за спроведување (2004-2008).

 Стратегиски пристап Ф - Јавна свест и образование
Активност Ф.1. Подигање на јавната свест.
Активност Ф.1.1.4. Создавање на веб страна за традиционалните начини на
користење на биодиверзитетот за поттикнување на еко туризмот.
План за спроведување (2004-2005).

 Стратегиски пристап Г- Проценка на влијанието
Активност Г2. Стратегиска проценка на влијанието врз биодиверзитетот.
Активност Г.2.2. Спроведување на Стратегиска проценка на влијанието врз
животната средина (СВЖС) за развој на еко-туризмот.
План за спроведување (2005-2006).
Завршена СВЖС од екотуризмот.

 Стратегиски пристап Х - Стимулативни мерки
Активност Х2. Конкретни економски мерки за подобрување на заштитата на
биодиверзитетот.
Стимулативни мерки за развој на екотуризмот.
Активност Х.2.2.1. Промовирање на вредностите на биодиверзитетот пред
домашни и странски тур-оператори.
План за спроведување (2005-2008).
Воспоставување на мали туристички атракции со соодветна развојна
инфраструктурата (информативни табли, знаци итн.).
Активност Х.2.2.2. Воведување на данок и царински поволности за економските
и правните органи кои се залагаат за развој на еко-туризмот.
План за спроведување (2004-2005)
Прифаќање на промените во даночните и царинските одредби, со цел
олеснување на развојот на еко-туризмот.

Иако беше усвоен во 2004, Акцискиот План не беше спроведен во однос на
горенаведените активности кои се однесуваат на развојот на екотуризмот. Тоа,
за возврат, има негативни последици врз развојот на туристичкиот секртор во
Република Македонија.





Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

169
Втор Национален Еколошки Акциски План (НЕАП)

Вториот Национален Еколошки Акциски План (НЕАП) опфаќа неколку мерки и
активности поврзани со еко-туризмот:

 Подготовка на пилот проект: основи за развој на селскиот туризам –
село Брајчино, регион во Преспа/или село Маловиште во регионот на
Битола;
 Подготовка на упатства за самоодржлив рурален туризам (добра
практика) - поврзаност со руралниот развој и земјоделско производство;
 Подготовка на економски инструменти и поволности за развој на проекти
во целните потенцијални екорегиони;
 Кампања за подигање на јавната свест, која се однесува на еко-туризмот
и културното наследство

Овие активности од Вториот Национален Акциски План поврзани со туризмот
не беа спроведени, иако селото Брајчино, со имплементацијата на пилот-
проектот за екотуризам во 2002, претставува добар и прв пример на целосно
одржливо природно наследство, каде се одвиваат активности што создаваат
приход и е модел за заштита на планинските села во Република Македонија.
На пазарната страна, тоа го најде своето место како атрактивна понуда за
ноќевање со појадок на едно егзотично место, промовирајќи самоодржлив
развој.

11.5. Заклучоци и препораки

Некои од главните предности за туристичкиот развој на природното
наследство во Република Македонија се:

o недопрената природа и богатата и единствена биолошка, геолошка и
пределска/пејсажна разновидност
o комбинацијата од медитеранска, планинска и континентална клима
o поволната географска поставеност
o високиот туристички потенцијал и еколошки стандарди на локациите
со природно наследство
o слободниот пристап до отворените површини покирени со шуми, до
планините, езерата и реките
o неоткриените и нови дестинации за меѓународните туристи и за
меѓународниот туристички пазар

 Промовирањето на локациите со природно наследство во Република
Македонија мора да биде засновано на целно туристичко рекламирање
 Треба да се идентификуваат трендовите во еко-туризмот на
меѓународно, но и на национално ниво, со цел идентификување на
потенцијалот во Македонија за создавање понуди во еко-туризмот, кои
ќе ги задоволат потребите на меѓународната и домашната туристичка
побарувачка
 За домашните туристички промотивни потреби, неопходно е да се
направи листа на конкретни локации со природно наследство и центри
на природата кои имаат туристичка вредност и кои ќе создадат јасна
слика, а истовремено ќе го олеснат создавањето на:
o туристичкиот производ
o маркетинг стратегија ориентирана кон туризмот


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

170
o извори за промотивен материјал

 Развојот на туризмот во своите почетни фази треба да се заснова на
промовирањето на неколку локации со природно наследство со највисок
туристички потенцијал и на активности насочени кон развој на одржлив
туризам
 Месното/локалното познавање на/за локациите со природно наследство
треба да се земе предвид при подготвувањето на производот
 Неопходно е означување во локациите со природно наследство и до
истите, со јасни ознаки до локацијата, забрана или дозвола за
активности и обележување на зоните/опсегот на локацијата
 Неопходна е изградба на нови сместувачки капацитети, како и
подобрување и одржување на постојните, но треба да се земе предвид
влијанието што тие би го имале врз животната средина
 На локациите со природно наследство се, исто така, потребни прифатни
објекти и професионални водичи
 За да се има јасен преглед во туристичкиот сектор и да се подготват
целни планови и активности за туристички развој, потребно е
воспоставување соработка меѓу локалните власти и централната власт
преку:
o упатување прашалници на општините во однос на промоцијата,
заштитата и управувањето со постојните или планираните
туристички локации со природно наследство:
a) проекти
b) планови
c) студии
d) и активности
o Теренска работа за проценка на локациите со природно наследство:
a) туристичка вредност (пр.: естетска убавина,
ункатност/единственост, итн.)
b) вредности од областа на животната средина (пр.: незагадена,
чиста животна средина, итн.)
c) еколошки вредности (пр.: голема биолошка разновидност и
ендемизам на видови, итн.)
d) статус на заштита и управување (пр.: национален парк, споменик
на природата, итн.)
o Користење брошури, интернет страни и други маркетингшки и
промотивни алатки и материјали подготвени од страна на општините
при промовирање на македонското природно наследство
o Заедничко прекугранично планирање и донесување одлуки за
локациите со природно наследство во однос на нивниот туристички
развој и заштита. Ова е особено потребно во регионите на Дојран,
Преспа и Охрид.
 Јасно дефинирани и доделени надлежности за конзервација и
управување со природните богатства, како и правила и одредби кои ќе
го упатуваат туристот како да се однесува во заштитените зони.
 Со внимателно спроведување на плановите за управување,
загадувањето и какво било друго деградирање на природата би требало
да се спречи или намали, посебно проблемот со цврстиот отпад и
отпадните води кои најчесто се јавуваат во ваквите туристички центри и
локации со природно наследство во земјата.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

171
 Потреба од разгледување на прашањата кои се однесуваат на
климатските промени во сите идни развојни планови и туристички
практики
 Ниското ниво на јавна и институционална свест за потребата од
Планови за управување и заштита на природните богатства треба да се
подобри со обука на заинтересираните страни (лицата одговорни за
управување и заштита на локациите со природно наследство):
o Министерство за животна средина и просторно планирање
o Локалните власти
o Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
o Невладини организации
o Професионални институции во областа на заштитата на природата и
животната средина, итн.)
o Туристички организации
 Поголеми иницијативи, кои ќе му предложат на Министерството за
животна средина и просторно планирање означување на заштитените
зони, треба да се очекуваат од:
o Локалните власти
o Невладините организации
o Професионални тела кои работат во областа на промоција и заштита
на природата.
 Капацитетот за прием на туристи треба да го одредат Управните органи
на секој центар/ локација со природно наследство
 Важно за зачувување на природата во заштитените зони е создавање
можности за економски пораст и повисок животен стандард преку развој
на туризмот во локалните заедници (кога луѓето ќе ги почувствуваат
придобивките од заштитата на природата, тие почнуваат да вложуваат
повеќе напори и се однесуваат како домаќини)
 Потребно е назначување на одговорни лица за управување со отпадот
во овие центри; тоа може да биде одговорното управно лице во самиот
центар/ локација со природно наследство, или пак општината во чии
рамки се наоѓа локацијата со природно наследство.
 Ниското ниво на свест на гостите за животната средина и локациите со
природно наследство мора да се зголеми преку информирање со
брошури или летоци, кои ќе содржат информации за тоа како и каде да
се фрла отпадот, како и со означување на местата соодветни за фрлање
отпад.
 Просторното планирање и користење поврзани со туристичкиот развој
во Македонија треба да се спроведе во согласност со просторните и
урбанистичките планови и услови.
 За секоја планирана активност во природата, која независно или во
заедничка акција со други активности би можела да ја наруши
природната рамнотежа, мора да се направи проценка за влијанието врз
животната средина и да се постави границата на прифатливи измени и
да се одреди капацитетот за прием/пренос.
 Во функција на заштита на природното наследство, од огромно значење
е воспоставување национален мониторинг систем за биолошката
разновидност од страна на Министерството за животна средина и
просторно планирање
 За определување на најсоодветното ниво за конзервација и мерки за
заштита, како и управувањето, а во согласност со Законот за заштита на
природата, на национално ниво потребно е да се преземе следново:


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

172
o ревалоризација во смисла на проценување на природната вредност
на постојните и предложените заштитени области
o повторна категоризација во смисла на проценка на статусот на
заштита на постојните и предложените заштитени области, со цел
истата да биде во согласност со Законот за заштита на природата и,
следствено, во согласност со категоризацијата на Светската унија за
заштита на природата (IUCN)
 Упатствата/насоките за развој на биолошката разновидноста и туризмот
подготвени во согласност со Конвенцијата за биолошката разновидност
треба да се земат предвид како сеопфатен инструмент со цел
постигнување поодржлив развој на туризмот.
 Капацитетот за прием на туристи треба да биде проценет за секоја
локација со природно наследство посебно.
 Потребно е спроведување на активностите наведени во Националната
Стратегија за биолошката разновидност и Акцискиот План.
 Потребно е преземање мерки и активности поврзани со еко-туризмот,
како и спроведување на Вториот Национален Еколошки Акциски План
(НЕАП).




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

173
12. Маркетинг и цели на остварување пораст


"Маркетингот е административен процес во кој се идентификуваат,
предвидуваат и се исполнуваат потребите на потрошувачот на
профитабилен начин".

Република Македонија има изобилство од земјоделски производи кои се
потребни за една успешна туристичка дестинација. Земјата треба да ги
развие и претстави како квалитетна понуда и ефикасно да ги рекламира
кај потенцијалните гости.

Маркетинг стратегијата дадена подолу ги одбележува главните насоки за
успешна промоција на Македонија како атрактивна туристичка
дестинација.


12.1. Цели 2009-2013

Цели - Странски гости

Во својата “Визија 2020”, Светската Туристичка Организација при ОН (ОН/СТО)
предвидува годишна просечна стапка на раст на туризмот во Македонија од 4%
од 2000 до 2010-та, споредена со стапката од 4,3% за Балканот како целина.
Ова предвидување не го очекуваше внатрешниот конфликт во 2001, кој што го
преполови бројот на пристигнувања. Иако имаше забрзано заздравување по
2001 во однос на регистрирањето на сместувачки капацитети, беше потребно
време до 2007 бројот на регистрации на странските гости во сместувачките
капацитети да го достигнат нивото од 2000. Брзото заздравување забави во
2006. и имаше годишен пораст од само 2,6%, но постигна зголемување од 14%
во 2007 и се одржа на солидно ниво на пораст од 10,8% во 2008., и покрај
неповолната меѓународна економска состојба, која започнува да влијае врз
одлуките за патување.

Во однос на последните регистрации на гости во 2007 и 2008-та и имајќи го
предвид значењето кое меѓународната економска рецесија ќе го има во
следниве две години (земајќи го предвид сегашното ниско ниво на промотивни
активности од Македонија на странските пазари, особено кога постои зголемен
публицитет на конкурентните дестинации како Србија, Црна Гора и Бугарија), се
смета дека предвидувањето на кое се однесува на просечниот годишен пораст
најверојатно само маргинално ќе биде повисоко од 5 % во споредба со
просекот од 4% за 2009 и 2010 на Светската Трговска Организација при ОН.
Но, земајќи ги предвид активностите за реструктуирање и координирање на
маркетинг активностите препорачани во оваа стратегија кои треба итно да се
спроведат, растот треба да се подобри како што зајакнува глобалната
економска клима од 2011, достигнувајќи тековно ниво од 8% годишен пораст од
2013 натаму, како што е прикажано во Табела 12.1 подолу.

Поради сегашната непрецизност на податоците кои што се добиваат од
статистиките на граничните премини, се смета дека најдобро е да се постават
цели врз основа на регистрирани сместувања за кои што постојат поточни
историски податоци и тоа се податоците искористени во Табела 12.1 подолу.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

174

Табела 12.1: Цел - регистрирано сместување на странските туристи 2008-2012

2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Регистрирано
сместување
254,957 267,705 281,090 297,955 318,812 344,317

Годишен раст
%
10.8 5.0 5.0 6.0 7.0 8.0

*Извор: Проценки на Државен Завод за статистика и консултант на СТО при ОН
Трендот во минатото беше таков, што ноќевањата се зголемуваа и намалуваа
во согласност со регистрираните сместувања. Иако целта е да се зголеми
должината на престојот на туристите кои доаѓаат за одмор, веројатно е дека
тоа ќе биде компензирано со зголемување на деловните патувања со краток
престој. Оттука, целите за зголемување на ноќевањата се поставени на истата
стапка на зголемување како и за регистрациите, освен за 2008., кога
проценката се заснова на расположливоста на податоците за таа година.
Табела 12.2 подолу ги дава претпоставките за целта и предвидувањата кои
произлегуваат од овде.

Табела 12.2: Цел - ноќевања на странските туристи во регистрирано сместување
2008-2013

2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Ноќевања 587,447 616,819 647,660 686,520 734,576 793,342
Годишен
пораст %
13.4 5.0 5.0 6.0 7.0 8.0
* Извор: Проценки на Државен завод за статистика и консултант на ОН/СТО


Цели - домашни гости

Поставувањето цели за домашниот туризам е многу попроблематично.
Зголемувањето на стандардот, од една страна, веројатно ќе го стимулира
земањето дополнителни слободни денови - користење одмор двапати или
трипати, особено кратки одмори. Тоа ќе создаде поголема побарувачка надвор
од главната летна сезона, а посебно за време на зимските одмори. Сепак, од
друга страна, ако и кога ќе се олеснат визните ограничувања за патување
надвор од земјата, тоа ќе го намали трошокот и малтретирањето при патување
во странство. Потоа, се очекува значително зголемување на патувањата
надвор од земјата, имајќи го предвид фактот за полесно остварување на
потиснатата желба на жителите на Македонија да посетуваат странски земји,
или пријатели и роднини надвор од земјата. Ова ќе резултира со намалување
на побарувачката од домашниот туристички пазар во главната сезона и
соодветно зголемување на патувањето надвор од земјата за време на летните
одмори.

Нето ефектот на тоа веројатно ќе биде бавното зголемување на домашните
регистрации и ноќевања за околу 3% годишно, среднорочно и долгорочно.
Сепак, во скоро време не е веројатно дека ќе има визни олеснувања, а
краткорочните меѓународни економски неповолности може да стимулираат
поголем број одмори дома, особено помеѓу оние Македонци кои можеби
претходно планирале да патуваат надвор од земјата. Оттука, целите за
регистрации и ноќевања на домашни гости прикажани соодветно во Табелите
12.3 и 12.4 подолу, покажуваат силен пораст во 2008., следен од помал раст во


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

175
текот на наредните две години, кога се очекува меѓународните економски
прилики да имаат влијание врз Македонија, а во 2011 се очекуваат малку
пониски стапки на раст на регистрациите и ноќевањата на гостите, кога
економското заздравување ќе доведе до тоа повеќе Македонци да патуваат
надвор од земјата за одмор, наместо да останат дома.

Табела 12.3: Цел - регистририрано сместување на домашните туристи 2008-2013

2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Регистрирано
сместување
350,363 367,881 386,275 397,863 409,799 422,093
Годишен
пораст %
14.4 5.0 5.0 3.0 3.0 3.0
* Извор: Проценки на Државен завод за статистика и консултант на ОН/СТО

Табела 12.4: Цел - ноќевања на домашните туристи во регистрирано сместување
2008-2013
2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Ноќевања 1,648,073 1,730,477 1,817,000 1,871,510 1,927,656 1,985,485
Годишен
пораст %
9.8 5.0 5.0 3.0 3.0 3.0
* Извор: Проценки на Државен завод за статистика и консултант на ОН/СТО

Постојат повеќе последици од ваквиот тренд:

 Домашните ноќевања би требало да се намалат во текот на летото и
да се зголемат надвор од главната сезона или во сезоните близу
главната
 Опаѓањето на домашната побарувачка во летниот период треба да
се компензира преку зголемувањето на бројот на странските туристи
 Зголемувањето на стандардот и искуството на Македонците со
сместувањата надвор од земјата треба да ги направи попребирливи
при домашните сместувања во однос на квалитетот на објектот и
услугите.

12.2. Маркетинг цели

Следниве маркетинг цели се препорачуваат за македонскиот туризам. Тие
треба да се разгледуваат годишно, како дел од процесот на планирање на
маркетингот од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

 Зголемување на свеста на меѓународно ниво за македонските природни,
селски, културни и други туристички атракции и за специјалните
активности
 Развој на моќен бренд за туризмот во Македонија и негово лансирање
на меѓународната сцена во соработка со туристичкиот сектор во
Македонија
 Подобрување/зголемување на приходот од странските туристи со
одбирање пазари и сегменти со натпросечна потрошувачка
 Подобрување на сезонската распределеност на туризмот
 Подобрување на регионалната распределеност на туризмот, посебно во
руралните области


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

176
 Олеснување на планираното патување и резервирањето, со тоа што
сеопфатни информации за производите и услугите ќе им бидат лесно и
редовно достапни на агенциите и гостите
 Помош за набавувачите во Република Македонија да навлезат на
странските пазари преку истражување на пазарите и промотивни
можности

12.3. Приоритерни, секундарни и потенцијални пазари

Изборот на приоритетните пазари може да се заснова на одреден број
критериуми:

 Обем - број на гости
 Потрошувачка по глава
 Сезона на посетата
 Подложност на влијанија
 Пристап до Македонија

2007 е последната година за која постојат податоци за посетите (регистрација
во сместувачките капацитети) и потрошувачката на странските туристи, а 2004
е последната година за која постојат податоци за потрошувачката на
странските туристи.

Месечните статистики за сместување ги даваат следниве податоци за
странските туристи во 2007 година, презентирани во Табела 12.5 подолу.

Табела 12.5: Посета (регистрации) на странски туристи во регистрирано
сместување 2007
Ранг - Посети
Земја на потеклно Регистрации
2007
1
Србија,Косово и Црна
Гора
44,661
2 Грција 28,618
3
Бугарија 18,901
4
Албанија 17,573
5
Словенија 13,046
6
Хрватска 12,326
7
Турција 8,907
8
Германија 8,840
9
САД 7,978
10
Велика Британија 5,789
11
Австрија 5,186
12
Италија 5,123
13
Босна и Херцеговина 4,887
14
Холандија 3,705
15
Франција 3,594
16
Русија 1,523

Други 39,423
Извор: Државен завод за статистика

Податоците за потрошувачката по глава (потрошени средства во Македонија)
утврдени со Анкетата за сместување во 2004. се последни податоци и даваат
поразлична табела од онаа која е дадена во Табела 12.6 подолу.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

177

Табела 12.6: Потрошувачка по глава од странските туристи
Престој во регистрирано сместување 2004
Пазар МКД по
посета
Ранг -
МКД по
посета
САД 18,830 1
Обединето Кралство 12,664 2
Франција 12,002 3
Австрија 11,660 4
Италија 11,471 5
Германија 9,580 6
Холандија 8,668 7
Грција 8,486 8
Русија 8,299 9
Хрватска 8,164 10
Србија и Црна Гора 7,549 11
Словенија 7,411 12
Босна и Херцеговина 7,211 13
Бугарија 6,260 14
Турција 5,632 15
Албанија 4,090 16
Други 11,803
Извор: Државен завод за статистика „Странските туристи во сместувањето 2004“

Во однос на вкупната потрошувачка од сите гости, грчкиот пазар и српско-
црногорскиот пазар се најважни.

Овие табели јасно укажуваат на фактот дека, во однос на обемот на гости,
регионалните пазари се најважни. Сепак, од гледна точка на потрошувачката по
турист, западноевропскиот и американскиот пазар се најважни.

Има нешто подобра сезонска распределба од подалечните пазари и грчкиот
пазар, а највисока посетеност во летната сезона има од регионалните пазари,
особено од Србија и Албанија.

Со оглед на фактот дека главната цел на туризмот е зголемување на приходот
и имајќи предвид дека сликата за земјата е појасна во соседните земји, се
препорачува маркетиншки приоритет да им се даде на западните пазари,
вклучувајќи ја и Грција. Главниот акцент на овие пазари треба првенствено да
се стави на градењето на имиџот и на подигање на свеста за дестинациите во
Македонија кај индивидуалните патници преку медиумите, но, исто така, акцент
треба да се стави и на проширувањето на мрежата туристички агенции што ја
нудат Македонија како дестинација. Сепак, во време на глобалната економска
криза, приоритетот треба да се пренасочи кон регионалните пазари
(вклучувајќи ја и Грција) за следниве две години или додека не се појават јасни
знаци на стабилност на западните пазари за патниците.

За регионалните пазари акцент треба да се стави на рекламирањето на
постојните и нови производи, главно преку медиумите.

Потенцијалните пазари, исто така, се идентификувани, меѓутоа Агенцијата за
промоција не треба да посветува посебно внимание на истите додека добро не


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

178
се развијат маркетиншките дејности во другите пазари, или барем додека не се
појави некоја конкретна можност.


o Приоритетни пазари:
Австрија
Франција
Германија
Грција
Италија
Холандија
Швајцарија
Велика Британија
САД

o Секундарни пазари:
Албанија
Бугарија
Хрватска
Србија
Црна гора
Косово
Словенија
Турција
Унгарија

o Потенцијални пазари:
Австралија и Нов Зеланд
Босна и Херцеговина
Израел
Русија
Скандинавија

Сегменти од посебен интерес

Изборот на приоритетните и секундарните пазари е направен на географска
основа. Во однос на сегментите од посебен интерес, за ентузијастите
локацијата не е важна ако понудата е доволно добра. Додолку се постигне
соодветен развој на производот и/или тој се претстави во добра маркетиншка
форма, треба да се земат предвид следниве сегментирани пазари:

 Зимски спортови
 Планинарење
 Екстремни спортови, вклучително:
o Планински велосипедизам
o Параглајдерство
o Кајакарство
o Алпинизам / качување по карпи
o Спелеологија
 Лов
 Набљудување диви птици
 Религиозен туризам


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

179
 Конференции

Соодветен производ/Пазар

Како дел од планирањето во маркетингот и насочувањето на промотивната
активност, добро е да се најдат соодветни производи на соодветни пазари, за
да се утврди што и каде да се промовира. Таквата споредба е дадена во
Табела 12.7 подолу, која што треба да биде детално обработена за време на
маркетинг планирањето и кога производите ќе бидат подобрени и ќе станат
“подготвени за извоз”.

Табела 12.7: Споредбен производ/Матрица за наоѓање на соодветни пазари
Производ Приоритетни пазари Секундарни пазари

А
в
с
т
р
и
ј
а

Ф
р
а
н
ц
и
ј
а

Г
е
р
м
а
н
и
ј
а

Г
р
ц
и
ј
а

И
т
а
л
и
ј
а

Х
о
л
а
н
д
и
ј
а

Ш
в
а
ј
ц
а
р
и
ј
а

П
б
е
д
и
н
е
т
о

К
р
а
л
с
т
в
о

С
А
Д

А
л
б
а
н
и
ј
а

Б
у
г
а
р
и
ј
а

Х
р
в
а
т
с
к
а


С
р
б
и
ј
а
-
К
о
с
о
в
о
-

Ц

Г
о
р
а

С
л
о
в
е
н
и
ј
а

Т
у
р
ц
и
ј
а

У
н
г
а
р
и
ј
а


Езерски центри Х Х Х Х Х Х Х
Планински
центри
Х Х Х Х
Зимски спортови Х Х Х Х Х
Рурален туризам Х Х Х Х Х Х
Мото-туризам Х Х Х Х Х Х Х Х
Бањски туризам Х Х
Планинарење Х Х Х Х Х Х Х
Лов Х Х Х
Екстремни
спортови
Х Х Х Х Х Х Х Х
Набљудување
птици
Х Х Х Х Х
Верски туризам Х Х Х Х Х
Конференции Х Х Х Х
Игри на среќа Х
Извор: Проценка на консултант на ОН/СТО

12.4. Брендирање

Постоечки македонски бренд

Во делот на туристичките дестинации, постои голем предизвик да се каже:
“Имиџот на нашиот брендот не е добар, ни треба нов пристап. Ајде да
создадеме ново лого и нов слоган”. Таквиот пристап не рапсознава дека
брендот најчесто е наследен имиџ на дестинацијата или производот кој што е
развиен и станал вграден во мозокот на потрошувачот во текот на еден подолг
временски период. Нема смисла да се обидуваме да го отфрлиме постоечкиот
имиџ и да започнеме со нешто сосема различно. Како што некој ќе забележи,
главните светски производи за широка потрошувачка како на пример Кока Кола,


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

180
Мерцедес или Најк, ги имаат развиено своите брендови со текот на времето,
наместо да преземат радикални промени.

Главниот процес во развојот на брендот на една дестинација е подигнување на
свеста за позитивните и посакуваните елементи на дестинацијата, на начин на
кој може да бидат забележани од страна на целната група на посетители и со
минимизирање на негативните аспекти. Ова е еден еволутивен процес, кој
треба да се планира и постојано да се претставува во еден подолг период.

Постои јасна потреба да се освежи и ревитализира имиџот на Македонија. На
главната визуелна демонстрација на брендот – логото и слоганот – им
недостасува инспирација и насока. Постои потреба да се започне со процес кој
ќе ги идентификува суштинските карактеристики на Македонија кои се
најрелевантни за идентификуваните целни пазари, да се редефинираат
основните пораки што треба да се пренесат и да се најде најдобриот начин како
да се направи ова. За таа намена, ќе биде потребно истражување и ангажман
на специјалисти за брендирање.

Постојат бројни очигледни слабости во тековното брендирање на Македонија.
Македонија нема ниедна икона. Како најпрепознатливите симболи кои можат да
бидат препознаени во светски рамки се секако Александар Велики и Мајка
Тереза. Зборот “Македонија” буди спомени, и врз нив може да се изградат
дополнителни позитивни перцепции.

Брендирање

Постојат голем број очигледни слабости во сегашниот бренд:

 Во однос на логото и слоганот, презентацијата на брендот изгледа
пасивно и слабо
 Слоганот - “Лулка на културата, земја на природата” - не содржи
“повик за акција”
 Не постои страст во самиот брендот
 Не постои емотивно врзување со потенцијалниот потрошувач
 Логото е премногу слично со многу други во регионот - нема
препознатливост - види ги примерите подолу.








Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

181



Развој на бренд и имиџ

Брендирањето во туризмот може да биде дефинирано како: “Создавање развој
и одржување на заемно корисна врска помеѓу Македонија (особено нејзината
туристичка индустрија) и селектирана група на патници (целни пазари), со
помош на еден фасцинантен предлог или порака која ќе биде пренесувана
постојано во одреден период.”

Брендирањето се однесува на идентификување, развивање и комуницирање на
делови од идентитетот коишто се корисни за специфична целна група: се
однесува на емоциите, искуството, дејствува интроспективно и постојано,
опфаќа повеќе аспекти, се однесува на вредности/капитал, има чувства и е
водено од срцето. Дестинациите имаат особен проблем при развивање на
нивните брендови, бидејќи тие не можат да ги сменат основните ресурси и
историјата на земјата.

Кога ќе се спомне земјата, слушателот автоматски се сеќава на сето она што
тој или таа го знае и во кое верува. Анкетата на странските гости кои што
престојувале во регистрираните сместувачки капацитети во 2004 објаснува
дека гостите многу ја ценат македонската природа и околина, но во неа не се
поставени други прашања за имиџот на земјата. Не постои истражување за
перцепцијата на потенцијалните гости. Предоминантната слика на јавноста од
главните перспективни туристички пазари за Македонија како туристичка
дестинација, најверојатно е нејасна или неутрална. Ова е предизвик, но е
помалку комплексен, имајќи предвид дека, сепак, во основа, имаме големо
празно сликарско платно, што е подобро отколку да треба да се корегираат или
да се отстранат нашироко распространетите негативни перцепции.

Главниот предизвик за Македонија ќе биде да се основа блиско партнерство
помеѓу Владата и приватниот сектор кој што би бил неопходен за ефикасна
употреба на брендирањето на земјата. Македонскиот туристички бренд треба
да биде “национален бизнис” развиен во консултација со голем број на
акционери – и во туризмот и во другите извозни сектори – чија улога може да
биде оценета од меѓународниот имиџ создаден за земјата.

Пристапувајќи и‟ на задачата за истражување, и идентификувајќи ја
најприкладната дестинација за позиционирање на македонскиот бренд, треба
да се постават серија на клучни прашања:

 Каков е тековниот имиџ на Македонија на пазарите кои се извори на
туризам?
 Кои атрактивни елементи ги има Македонија што другите европски земји
ги немаат?
 Како Македонија може да создаде позиционирање/нова стратегија за
брендот со репозиционирање или израмнување на позициите на другите
земји во полза на Македонија?






Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

182
Итната потреба за Македонија е:

1. Да се идентификува и развие бренд на дестинација врз основа на главните
атрибути на нејзините туристички ресурси, атракции и објекти,
2. Да се пренесат составните делови на брендот до пазарите кои се извори на
туризам - домашни како и странски - со употреба на маркетинг и промотивни
техники и алатки кои што се прикладни за таа фаза на развој на
иднивидуалниот пазар и сегмент, и преку овие активности
3. Да се изгради и да се основа перцепција за Македонија како туристичка
дестинација која е во состојба да ги задоволи потребите и интересите на еден
голем дел на пазари и пазарни сегменти.

При пристапувањето кон процесот на брендирање, за да се постигне најголема
полза при создавањето на македонскиот туризам, важно е да се изврши
внимателна селекција на елементите на Македонија - на пример нејзината
природа, луѓето, вредностите, традициите, вештините, достигнувањата - кои во
комбинација може да бидат презентирани на еден тесно поврзан и убедлив
начин.

Како може да се постигне процесот на брендирање на земјата?

 Да се направи истражување помеѓу македонските акционери за нивното
искуство за главната привлечност на земјата.
 Да се направи истражување со претходните гости – можно е да се
направи истражувањето преку проверка на мислењето на членови на
веб страната на “ExploringMacedonia” - со цел да се препознаат од
перспектива на гостинот, клучните атракции на дестинацијата, важните
работи и нивните сеќавања (добри и лоши).
 Расчленување на ова испитување во една SWOT анализа и
идентификација на главните вредности на Македонија како туристичка
дестинација.
 Изразување на брендот, односно развој на методологија за нејзино
претставување и примери за можно лого, слоган и визуелна
презентација.
 Истражување помеѓу потенцијалните гости за релативното влијание од
предложените можности.
 Презентација до македонските акционери и прифаќање на резултатите.
 Подготовка на “туристички прирачник за брендот” кој ќе се користи од
страна на Агенцијата за туризам и сите акционери.
 Подготовка на стратегија за комуникација на брендот презентирана од
Агенцијата за туризам и индустријата.

Ова е работа за експерти и треба да се превземе со назначување на компанија
за бренд дизајн со големо искуство во работата со туристички дестинации.

Ќе треба да се формира и “работен тим за брендот” кој што ќе треба да биде
врска со назначената фирма и треба да биде составен од претставници од сите
засегнати страни.

12.5. Стратегиски пристап

Расположливите истражувања за гостите во Македонија, иако лимитирани и
прикажани во Табела 12.8 подолу, покажуваат јасно дека најголемиот број на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

183
гости самостојно одлучуваат за нивните туристички дестинации и ги користат
туристичките агенции само до одреден степен. Еден од десет гости доаѓа во
организиран аранжман. Дури и тие гости ги избираат нивните дестинации со
ограничено влијание од страна на туристичките работници.

Табела 12.8: Метод на организирање на патување во Македонија

Метод %
Независно 44
Независно со претходна резервација 46
Независно резервирање преку туристички
агент 3
Групно преку агент 4
Групно преку клуб, асоцијација итн. 3
Вкупно 100
Извор: Анкета за сместување од Државниот завод за статистика-2004

Од тие причини, неопходно е да се промовира дестинацијата директно до
потрошувачите, да им се дадат убедливи причини за посета, да се направат
достапни обемни информации за планирање, и да се осигура дека нивниот
туристички агент е опремен да организирра пакет или друг аранжман ако тие
изберат да резервираат преку нив.

Доколку намерата е да се остави значаен впечаток врз потрошувачите од
меѓународните пазари, македонскиот туризам прво треба да создаде една
силна Агенција за туризам. Неопходно е да се работи од една цврста база која
што може да овозможи логично планирање и постојан маркетинг на
дестинацијата. Откако ова ќе биде направено, може да се развијат каналите за
комуникација и дистрибуција, кои се потребни за постигнување на клучните
маркетинг цели.

Повеќето големи туристички дестинации имаат мрежа од филијали во нивните
примарни пазари на извор на туристи, рекламирајќи ги своите понуди директно
на потрошувачите, локалните медиуми и туристичката индустрија. Овој пристап
не е соодветен, ниту пак достапен за Македонија во оваа фаза. Компаниите за
професионално претставување на дестинациите (кои ги водат односите со
медиумите, со туристичкиот сектор и понекогаш нудат услуги директно на
потрошувачите) треба да се земат предвид откако Агенцијата за промоција и
поддршка на туризмот ќе почне да функционира на два до три примарни
пазари. Овие компании треба да се изберат на тендер со минимум тригодишен
договор.

Амбасадите и конзулатите во странство се користат од некои дестинации за
цели на туристичко претставување. Но, само неколку вработени во амбасадите
се обучени за развивањена врските во туристичката индустрија, и нивното
медиумско искуство често е ограничено во политичката област. Амбасадите
може да работат како локации за распределување на информации за
дестинацијата, и секако треба да бидат снабдени со промотивен материјал.
Треба да се има предвид дека потрошувачите, доколку немаат потреба од виза,
ретко ги користат амбасадите како примарен извор за туристички информации
и помош.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

184
Препорачаниот Стратегиски пристап за маркетинг во периодот 2009-2013 треба
да се одвива на четири фронта:

a) истражување
b) информација
c) градење на имиџ и
d) поставување на производ

Истражувањето е основа врз која мора да биде базирана секоја ефикасна
стратегија за маркетинг (и развој). Тековните расположливи статистички
податоци даваат недоволни информации за големината, вредноста и профилот
на македонските туристички пазари. Со ограничени ресурси неопходно е
Македонија прецизно да се насочи кон своите пазари. Во текот на
петгодишниот Стратегиски период се препорачува прво да се подобрат
основните системи и постапки за собирање на податоци за гостите. Второ,
секоја година или барем на секои две години, треба да се спроведе Анкета на
гостите на излез од земјата. Овие активности треба да дадат доволни
напатствија за донесување на одлука кон крајот на Стратегискиот период за да
се нарача специфично истражување за значајните одбрани пазари или
сегменти.

Информатичкиот пристап има за цел, како клучна активност, да создаде што
поопширен и поатрактивен интернет портал за туризам. Особено кога ќе се
поврзе со опциите за резервации, преку интернет или индиректно, претставува
еден од основните ресурси. Содржината на порталот треба да биде што
поопширна и понепристрасна и задолжително треба да се ажурира. Web
страната ќе биде видливиот резултат од сеопфатните податочни бази за
производите и добавувачите создадени од Агенцијата за промоција и поддршка
туризмот. Вториот информатички пристап има за цел да создаде мрежа од
екипирани туристички информативни центри и неекипирани туристички
информативни пунктови во главните туристички подрачја. Информативниот
материјал ќе биде изработен во соработка со добавувачите и регионите со цел
да ги задоволи потребите на заинтересираните лица.

Стратегијата за градење имиџ има за цел да создаде зголемена свест за
дестинацијата кај релевантните потрошувачи во одбраните приоритетни и
секундарни пазари. Трошоците за отпочнување рекламна кампања што ќе има
вистинско влијание на клучните пазари се превисоки за Македонија во оваа
фаза од нејзиниот развој како туристичка дестинација. Вниманието треба да
биде насочено кон обезбедување „бесплатна“ медиумска покриеност, преку
патеписци, како во пишаните медиуми, така и во телевизиите. Понатаму, ќе
треба да се изработат промотивни материјали за дистрибуција преку однапред
одредени комуникациски канали и пунктови.

Свеста на потрошувачите и интересот кај јавноста се важни чекори кон
поттикнување на туристичките оператори да создадат македонски производ за
да ги задоволат потребите на нивните потрошувачи. Стратегијата за
пласирање на производот има за цел да ја прошири понудата на туристички
тури, балкански или само во Македонија, што се нудат на приоритетните
пазари. За оваа цел Агенцијата за туризам треба да ги истражи сите тур-
оператори на приоритетните пазари, вклучувајќи ги и автобуските оператори на
поблиските пазари, да изработи персонализирани презентации за туристичките
опции што се совпаѓаат со нивните тековни понуди и да ги поттикне и


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

185
финансира да ја посетат Македонија за подобро запознавање и купување.
Понатаму, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе ги советува и
помага македонските оператори да создадат и претстават производ во облик
што ќе биде привлечен за странските тур-оператори и гости. Конечно,
Агенцијата ќе ги координира промотивните активности на македонските тур-
оператори преку поставување изложбени штандови, организирање продажни
мисии и др. активности насочени кон приоритетните и секундарните пазари со
цел да се оствари контакт со однапред одредени оператори.

Истражување и статистички податоци

Како што е споменато во Делот 2 од оваа Стратегија, статистичките податоци
за туризмот кон и во Македонија се добиваат од пет главни извори:

 број на месечни гранични преминувања, обезбеден од
Министерството за внатрешни работи
 месечни податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) за посети
и ноќевања во регистрирани сместувачки објекти
 годишен попис на ДЗС на регистрираниот сместувачки капацитет
 петгодишната „Анкета за странски гости – попис на гости на
граничните премини“ на ДЗС – последно издание од 2004 година
 петгодишната „Анкета за странски гости – во сместувачки објекти“ на
ДЗС - последно издание од 2004 година

Сите овие извори даваат корисни информации што ќе помогнат во развојот на
туризмот и планирање на маркетингот. Постојат некои својствени слабости во
структурите и односите меѓу овие анкети со чиешто отстранување ќе се
обезбеди многу подобра основа за планирање и со што анкетите ќе станат
многу покорисни.

Долгорочно гледано, Македонија треба да се стреми кон исполнување на
условите за Туристичка сателитска сметка (ТСС), со која ќе се овозможи
споредливост на податоците со меѓународните норми и споредба на успехот на
Македонија со земјите ширум светот
1
. Како прва фаза кон таа цел се
препорачуваат неколку подобрувања на постоечкиот систем.

o Податоци за пристигнувања на граничните премини

На сите гранични премини (аеродроми и копнени граници) треба да се собираат
месечни податоци за странските гости според:

 Националност,
 Земја на живеење,
 Број на членови во група,
 Вид на посета
 Цел на посета.
 Должина на престојот

Вид на посета се однесува на транзит, дневна посета или туристичка (престој
од најмалку една ноќ). Цел на посетата треба, во најмала рака, да содржи

1
„Концептуална рамка на туристичката сателитска сметка (ТСС)“ издадена од СТО (Светска
туристичка организација на Обединетите Нации)



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

186
информација дали целта на посетата е одмор (рекреација), деловна посета,
конференција, посета на пријатели и роднини или друго. Овие основни
податоци ја даваат севкупноста на податоци за сите гости во земјата кон кои
можат да се поврзат и податоци од други анкетирани примероци. Ваквата
евиденција може да се врши при пристигнување или заминување. Сепак,
пополнувањето обрасци при заминување е попогодно и дава попрецизни
информации. На копнените гранични премини обрасците може да се поделат
при пристигнување и да се пополнат и предадат при заминување, со што ќе се
забрза процесот.

o Податоци за сместување

Месечните даночни пријави на сместувачките објекти даваат корисни месечни
податоци за бројот на „Посети“ (т.е. регистрирани гости во објектите) и
„Ноќевања“ според националност. За жал, тука не е вклучен бројот на
слободни соби во секој објект за да може да се пресмета искористеноста на
сместувачкиот капацитет. Се препорачува анкетата да биде приспособена за
да го прикажува бројот на слободни соби во секој објект во тековниот месец.
Исто така, се препорачува да се пресметува степенот на искористеност за

 секоја ѕвездичка од категоријата за секој вид сместување
 севкупното сместување во главните туристички подрачја – Скопје,
Охрид, и др.

Со ова ќе се овозможи споредба на одделни карактеристики со просечната
вредност од нивната категорија на сместување и/или туристичко подрачје.
Исто така, ќе се посочи и сезонската максимална искористеност, како и
минималната искористеност, која треба да се подобри преку промотивни
активности.

Од дополнителна корист, а особено за хотелскиот сектор, ќе биде и ако
податоците за приход по соба (REVPAR) станат достапни и за секоја ѕвездичка
и туристичко подрачје.

Од сместувачките објекти исто така треба да се бара во месечните даночни
пријави да го наведат и бројот на постојано или привремено вработени лица во
текот на месецот. Со ова годишниот попис на сместувачкиот капацитет ќе
стане непотребен затоа што податоците за бројот на соби и легла и нивото на
вработеност може да се пресметуваат месечно.

Податоците за искористеност на сместувачкиот капацитет добиени со овој
процес треба да бидат доставени до туристичката индустрија најдоцна за два
месеци.

o Анкета за странски гости

Иако двете тековни анкети („Анкета за странски гости – попис на гости на
граничните премини“ и „Анкета за странски гости – во сместувачки објекти“) се
објавуваат одделно, тие се меѓусебно поврзани и даваат слични податоци за
различните видови гости. Ваквите анкети генерално се нарекуваат Анкети за
мерење на задоволството на гостите. Тие треба да се спроведуваат при
заминување. Тековната анкета за сместување се спроведува за време на
патувањето на гостинот, што значи дека информациите за должината на


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

187
престојот и расходите, на пример, веројатно ќе бидат непрецизни. Се
препорачува во иднина анкетите да бидат комбинирани и да се спроведуваат
при заминување, со поограничени прашања за транзитна и дневна посета, и
поопширен прашалник за туристичка посета.

Постоечкиот приод со две анкети обезбедува важни податоци за трошоците
направени во регистрирани сместувачки објекти при транзитни, дневни и
туристички посети. Сепак, не се собираат податоци за туристи кои престојуваат
кај пријатели и роднини или во нивни сопствени или други нерегистрирани
сместувачки објекти. Ова претставува голема слабост.

Се препорачува комбинирана анкета да се спроведува годишно или барем на
секои две години. Треба да се земаат податоци за расходите на секој вид
гости. Нема потреба секоја година да се бараат детални информации за
возраст, големина на група, број на деца, и др. Прашањата за мерење на
задоволството може да се ротираат секоја година затоа што мала е
веројатноста да настанат драматични промени. Ова треба да овозможи
вклучување на дополнителни прашања за активностите на туристичките и
дневните гости со цел да се обезбеди подобар профил на гости кој ќе помогне
во развојот и маркетингот на производот.

Информации

o Информатичка банка на податоци

Постои потреба од сеопфатна компјутерска информатичка база на податоци за
понудата на производот од туристичкиот сектор. Тука ќе бидат опфатени
податоци за сите видови сместување, транспорт, даватели на услуги,
знаменитости, настани, активности и за индивидуални туристички дестинации,
како големи, така и мали. Ова е потребно за да послужи како основа за
доставување на тековните податоци до веб страницата за туризам и други
публикации, како што се информативните листови и брошури.

Туристичката информатичка банка на податоци треба да опфаќа и
дигитализирана библиотека од фотографии и слики од туризмот во Македонија
– локалитети, пејзажи, активности, традиции, објекти, и др. – која ќе им служи
на новинарите и ќе се користи во промотивни материјали.

o Македонски туристички портал

Македонскиот туристички портал ExploringMacedonia.com е јавно-приватно
партнерство и во релативно кус рок стана популарна и почитувана веб
страница. Тој има многу позитивни карактеристики:

 Разновидност на содржини што ја отсликува разновидноста на
македонските знаменитости
 Редовно се ажурира
 Овозможува резервирање
 Успешно е промовиран на интернет пребарувачите и високо котира
на листата со резултати при пребарувањето
 Се самофинансира



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

188
Порталот ExploringMacedonia.com е структуриран како партнерство со Секторот
за туризам и угостителство при Министерството за економија. Сепак,
партнерот од приватниот сектор во моментов добива незначително мала
поддршка од својот партнер од јавниот сектор. Во одредена мера тоа е
причина за некои од слабостите на веб страницата.

Активната Агенција за промоција и поддршка на туриозмот треба да се погрижи
нејзината веб страница да содржи сеопфатни листи на сите набавувачи на
сместувачки и други услуги, и покрај тоа што оние кои преку такси и провизии
придонесуваат финансиски кон одржливоста на страницата се претставени
понагласено. Агенцијата за туризам исто така треба да биде активна и во
поставување некомерцијални информации на веб страницата, како што се
патеки за пешачење и планински велосипедизам, знаменитости, предложени
маршрути на движење и настани.

Потребна е многу поголема посветеност на Агенцијата кон постојаниот развој
на веб страницата. За Агенцијата за промоција веб страницата треба да биде
главен пункт за сеопфатните бази на податоци за информации за производот
кои треба да ги состави и одржува.

o Туристички информативни центри

Еден од показателите за квалитетна туристичка дестинација е можноста да им
обезбеди на потенцијалните и моменталните гости информации за производот
и услугата во секое време и на секое место. Туристичкиот портал е главниот
канал за давање информации во текот на планирањето на патувањето.
Интернетот станува главен извор за добивање информации пред патувањето,
па затоа создавањето на сеопфатни, флексибилни и ажурирани веб страници е
од клучно значење. Гостите, а особено индивидуалните патници, имаат
потреба и од информации во текот на патувањето. Тука може да бидат
вклучени не само информации, туку и помош при резервирање на сместување
и други услуги.

Во големите туристички дестинации оваа улога вообичаено ја вршат
Туристичките информативни центри (ТИЦ). Еден добар Туристички
информативен центар не само што ќе работи како канцеларија која туристите
може да ја посетат, туку и како пункт за дистрибуирање информации преку
локалните даватели на транспортни и сместувачки услуги. Главната улога на
ТИЦ е да даваат информации и да ги промовираат локалните туристички
производи, со цел да им овозможат на туристите да имаат задоволителен
престој и да ги поттикнат да го продолжат својот престој и да трошат пари. Тие
исто така треба да даваат информации и за други делови од земјата.

Одреден број локални администрации во Македонија имаат Туристички
Информативни Центри. Во услугите што тие ги нудат постои голема
неусогласеност. Некои од нив затвораат рано и за време на викендите. Во
моментов ТИЦ во Скопје не работи како резултат на правен спор, но бара да се
самофинансира преку членарини, провизии и приход од реклами.
Комерцијалната активност е корисна, но, и покрај тоа, локалната власт е
одговорна за обезбедување квалитетни понуда на информативни услуги.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

189


Се препорачува :
 Донесување/усвојување на
законски акти за ограничување на
употребата на термините
Туристичка Информативна
Канцеларија и Туристички
Информативен Центар и
меѓународниот знак „I“ на
канцелариите лиценцирани од
Агенцијата за туризам;


 Локалните администрации во сите големи туристички региони да
воспостават лесно пристапни Туристички информативни центри во
градските центри во согласност со упатствата што ќе ги дава Агенцијата за
промоција и поддршка на туризмот;
 ТИЦ да бидат овластени да продаваат мапи, водичи и литература за
туристи и да наплаќаат провизија за резервации;
 ТИЦ да обезбеди:
o Информации за туристичките производи, сместување и за други
услуги
o Помош при наоѓање сместување
o Литература за локалните и соседните туристички производи и објекти
o Услуги за резервирање на ноќевање, продажба на билети за
настани, и др.
 ТИЦ да и помагаат на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот при
посети на медиуми и тур-оператори;
 ТИЦ редовно да доставуваат ажурирани туристички информации до
националната туристичка податочна база одржувана од Агенцијата за
промоција и поддршка на туризмо.

Туристичките информативни центри може да се бават и со промотивни
активности и да организираат локални настани во име на нивните спонзори.

Градење имиџ - односи со медиумите

Вниманието на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот треба да биде
насочено кон наоѓање новинари од медиуми со соодветен аудиториум да
дојдат да ја посетат земјата. Приоритет ќе имаат националните медиуми, а по


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

190
нив ќе следуваат регионалните и локалните медиуми со аудиториуми блиску до
крстопатите на Македонија. Во изборот треба да влезат и релевантни медиуми
со посебен интерес.

Текстовите треба да бидат во изработени во вид на информации за медиумите
за да го привлечат вниманието на новинарите и тие да им послужат како теми
во нивните написи и програми.

Посетите на медиуми треба да бидат за индивидуални лица и прилагодени кон
нивните посебни интереси. Сепак, соодветно би било да се организираат
групни посети од, на пример, членови на патеписни асоцијации. Маршрутите
треба да содржат поголем степен на флексибилност, и секаде каде што е тоа
можно, Агенцијата треба да обезбеди придружба со соодветни јазични
способности и одлично познавање на земјата. Средбите со туристички и
општински претставници треба да бидат сведени на минимум и да се
одржуваат само на барање на новинарот.

Претставување на производот

o Улогата на компаниите за управување со дестинации – тур-
оператори

Како и секоја дестинација, така и Македонија изобилува со нешта што треба да
се видат и места да се посетат, кои се од интерес за гостинот. Изборот и
претставувањето на овие работи за да ги привлечат потрошувачите се главни
активности на компаниите за управување со дестинации или КУД (познати и
како туристички оператори кои носат туристи од странство). При
престојувањето во центри тоа е релативно лесно и се состои од избор на
сместување и селекција на активности и екскурзии. Процедурата е посложена
при одржување тури и кај гостите со посебен интерес.

Во моментов Македонија има релативно малку, но сепак искусни КУД. Тие
имаат создадено широка понуда на тури и пакет аранжмани и концепти за
Македонија како самостојна дестинација или како дел од тура со повеќе
дестинации.

За групна дејност тие веќе имаат разработено мрежи од партнери-оператори од
многу пазари, а дејствуваат и како локални претставници на регионалните тур-
оператори. За самостојна дејност тие се служат со контактите од партнерите и
продаваат директно, преку веб страницата или на патниците откако ќе
пристигнат. Голема е веројатноста и понатаму да продолжи неодамнешното
консолидирање на тур-оператори и синџири од туристички агенции низ цела
Европа. Операторите со средна големина не можат да опстојат, со што на
пазарот остануваат само големите и малите специјализирани оператори. Една
мала туристичка дестинација како Македонија треба да се концентрира на
работа со помалите специјализирани оператори.

Потребно е КУД постојано да комуницираат со постојните партнери и да
остваруваат нови контакти. Ова е главниот мотив за присуство на странски
саеми за туризам. Присуството на странски саеми за туризам треба да биде
координирано од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во име на
операторите, со цел да се постигне најголем ефект, а трошоците на
индивидуалните оператори да се сведат на минимум. При изборот на саеми за


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

191
туризам за кои Агенцијата нуди помош треба да фигурираат само саеми кои
опфаќаат оператори од приоритетните и секундарните пазари. Исто така,
Агенцијата треба да ги истражи тур-операторите со потенцијал за Македонија
од реонот на опслужување на секој саем за туризам и да ги покани на
македонскиот штанд, информирајќи ги за лепезата понуди што ќе бидат
претставени од македонските оператори.

Македонија има потенцијал да привлекува гости од бројни специјализирани
сегменти, под услов објектите неопходни за потенцијалниот посетител да бидат
координирани. Како примери може да се наведат набљудување птици,
религиозен туризам и екстремни спортови. Неопходна е комбинација од
анализа на побарувањата на специјализираните оператори и претставување на
производот за да се задоволат нивните планирани потреби. За да го постигне
тоа, Агенцијата за промоција треба да работи со крајните даватели на услуги и
иновативните КУД, како и да финансира инспекции од странски оператори.

Македонија не е пазар за масовен туризам. Иако постојат неколку чартер тури
кон Македонија и уште една или две за кои се преговара, малку е веројатно
дека ќе има експанзија на овој вид транспорт, освен ако не се убедат
операторите за зимски спортови во своите понуди да ги вклучат Попова Шапка
или Маврово, користејќи ги транспортните врски од Скопје и Охрид. Групниот
туризам вообичаено се одвива преку редовен авионски или автобуски
сообраќај. Ако им се дозволи влез на нискотарифни превозници тоа
дополнително ќе го намали потенцијалот за чартер тури од поголем размер.

Некои од производите, како што се руралниот туризам или пешачењето, се
помалку подложни на продажба во пакет. Сепак, постои потреба од
координација на неопходните елементи на производот и нивно презентирање
во облик што е привлечен за потрошувачот. Со одреден успех, селото
Брајчино има развиено понуда за рурален туризам. Но, сепак, сè уште зависи
од надворешна помош за да стигне до пазарот од главно индивидуални
патници. Потребна е поддршка од Агенцијата за промоција и поддршка на
туризмот во развојот на канали за промоција преку веб страници, печатен
материјал и посети на медиуми.

Кога станува збор за пешачење, потребен е селективен приод за
претставување на производот. Пешакот како основни услуги бара добро
означени патеки, детални мапи, детали за тежината на патеката, траење,
знаменитости долж патот, безбедносни совети и локално сместување и
угостителство. Може да има и изборни услуги, како, на пример, најмување
водичи и ракување со багаж. Сепак, основната потреба е за „направи сам“
производ, којшто Агенцијата за туризам треба да го развие во соработка со
локалните ентузијасти и да го промовира локално и во странство затоа што КУД
имаат ограничени можности да направат профитабилна дејност од
пешачењето.

Друг облик на претставување на производот е преку видови сместување
прилагодени кон гостинот. Една колекција од селски гостилници, на пример, ќе
биде многу привлечна за гости кои бараат потрадиционално локално искуство,
како и квалитетно сместување. Овој вид маркетиншка соработка или
конзорциум е честа појава во странство и се докажал како многу успешен. И
самиот сместувачки сектор треба да преземе иницијатива со помош на
Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

192


o Маркетиншка соработка со странски оператори

Додека градењето поголема свест во странство за македонските туристички
погодности преку медиумска активност е од клучно значење и поддржано од
лесно достапни информации на интернет и други места, важно е и да се
осигура достапноста на производи на пазарот. Исто така, важно е и да се
надминат високите трошоци за патување од далечните пазари до Македонија.
Постојат разни начини за справување со овие предизвици.

Една од техниките што во моментов се применуваат, особено преку
иницијативите на ХОТАМ, е преговарање за чартер летови со тур-оператори и
нивните подружници / партнери. Тука се вклучени придонеси кон
маркетиншките трошоци на странскиот оператор. Предноста од ваквите приоди
е остварување серија од последователни летови, макар само за ограничен
период, и гарантиран број ноќевања за давателите на сместувачки услуги. Ова
може да донесе многу гости во меѓусезоната, особено во региони како Охрид и
Преспа. Негативната страна е тоа што речиси нема гаранција дека таквата
операција ќе се одвива редовно секоја година.

Добро ќе биде да се договорат слични зимски чартер тури до ски центрите
Маврово и Попова Шапка и чартери до аеродромите во Скопје и Охрид.
Локалните власти и хотелиерите од ски центрите треба да соработуваат во
таквата иницијатива.

Кога се договараат заеднички маркетиншки буџети со странски тур-оператори
треба да се води грижа за тоа инвестициите да бидат поврзани со приходите во
однос на бројот на патници и остварени ноќевања.

Друга техника е да се спонзорира пласман на производот во програмите на
големите тур-оператори. Ова е слично на рекламирање со тоа што вообичаено
нема гаранција за резервации, но, и покрај тоа, дестинацијата е привлечна за
многу идни балкански патници. Ова е многу понесигурен приод затоа што се
врши помал притисок врз тур-операторот да произведе резултати.

Посигурен приод е да се склучи договор за промоција и/или рекламирање со
тур-оператор што одлучил да ја вклучи дестинацијата во својата програма.
Договорот ќе биде за поделба на трошоците за договорена планирана
програма за промоција и/или рекламирање на понудата, врз основа на
претходно договорените цели. Промоцијата и/или рекламирањето е насочено
кон потрошувачот, со повик за дејствување преку тур-операторите или
реномирани туристички агенти или преку интернет.

Трета техника која сè уште не е прифатена во Македонија е соработка со еден
или повеќе нискотарифни превозници за отворање нови линии кон Македонија.
Почетните трошоци на еден нискотарифен превозник за отворање нова линија
се високи и тие често бараат придонеси за публицитет, просечно по 10 евра за
патник. Сепак, постојат одредени предности кај ваквиот приод.

Нискотарифните превозници имаат софистицирана и агресивна продажна
стратегија за пополнување на нивните летови и голема посветеност кон таа
цел. Нискотарифните превозници, за разлика од повеќето чартер операции, не


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

193
зависат само од летови кои носат патници од странство, туку нудат летови и за
локални патници, со што полесно се постигнува максимална исполнетост.
Повеќето нискотарифни превозници работат во текот на целата година и
долгорочно се посветени на линијата, што има очигледна корист за
дестинацијата. Би било мошне корисно ако аеродромите и јавните управни
органи (локални или владини) се договорат за намалување на заедничките
маркетиншки трошоци во период од три години.

Дополнителна корист од работењето на ниско-тарифни превозници е
конкуренцијата со други превозници што тие ја носат на пазарот. Со оглед на
тоа што Македонија е релативно скапа дестинација во поглед на цената на
авионските билети, со воведувањето на ниско-тарифни превозници може да се
подобри таквата ситуација.

Националната Стратегија за развој на воздухопловството во РМ од јуни 2007
година цврсто се залага за привлекување нискотарифни превозници во
Македонија - види Прилог.

12.6. Промотивни и информативни материјали

И покрај зголемената зависност од интернетот за добивање информации, има и
постојана потреба од промотивни и информативни материјали за гостите.
Сегашната понуда е следнава:

 брошура за дестинацијата
 проспект со корисни информации
 мапа на Македонија
 папка за документи
 ќесе
 постери

Овие материјали се произведуваат по потреба, т.е кога ќе се намалат залихите,
а не како дел од однапред планирана годишна програма. Ваквата стратегија
може да предизвика недостиг од промотивни материјали, па ќе треба да се
печати набрзина по повисоки цени.

Сегашната понуда на промотивни материјали е соодветна за општа
промотивна активност. Можно е да се јави дополнителна потреба од
специфични промотивни материјали насочени кон сегментите со посебен
интерес, како што се пешачењето и маршрутите за возење. Корисна алатка, а
особено за развој за вонсезонски туризам, би бил и адресар со локации за
одржување конференции.

Нормално, брошурата за дестинацијата, проспектот со корисни информации и
мапата се печатат годишно. Другите материјали, коишто се бараат во помала
количина, може да се печатат на секои две години за да се намалат трошоците.

Брошурите треба да бидат во А4, А5 или една третина А4 формат за да ги
собере на стандардните изложбени рафтови и за да се олесни доставувањето
во пакувања со стандардна големина.

Сите публикации мора да го отсликуваат туристичкиот бренд и утврдениот стил
на дизајн.


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

194

Тиражот за секоја публикација и јазично издание треба да биде утврден преку
истражување на програмите на меѓународни саеми и други промоции,
амбасадите и другите претставништва во странство, потребите на операторите
од Македонија и др. Проценките за трошоците за испорака на брошури треба
да бидат вклучени во распределбата на буџетот, така што однапред ќе бидат
определени средства за дистрибуција.

Треба да се бара совет за содржината на индивидуалните публикации, со цел
да не се испушти нешто. Како пример може да се наведе тоа што во брошурата
за дестинацијата нема карта на земјата, а проспектот со корисни информации,
пак, не содржи детали за сместувањето.

Иако многу луѓе од Македонија се одлични лингвисти, преводот на секоја
брошура мора да биде проверен од изворен говорител на секој од јазиците.

12.7. Конференциски туризам

Речиси сите конференциски и сали за состаноци во Македонија се сместени во
хотели. Не постојат посебни конференциски центри што нудат големи сали за
пленарни седници и помошни сали за работа по групи. Со ова се ограничува
обемот на состаноците што може да се одржуваат во земјата. Иако во
моментов ова не е голем недостаток на производот, земјата ќе биде во силна
позиција за привлекување многу меѓународни состаноци во предпристапната и
фазата по пристапувањето во ЕУ.

Затоа, се препорачува да се изработи студија за пазарниот потенцијал и
оптималната големина и конфигурација на таков наменски изграден центар.
Центарот треба да биде повеќенаменски објект во кој, покрај конференции, ќе
се одржуваат и забавни и други настани. Битна е и местоположбата на
центарот. Кај меѓународните состаноци најважна е лесната пристапност и,
иако треба да се разгледа охридското подрачје како можна локација со цел да
се стимулира неопходниот вон-сезонски туризам, Скопје е најдобрата локација
со оглед на мрежата на авионски линии и поголемиот и квалитетен сместувачки
капацитет.-

Постојните објекти за состаноци најмногу се користат за домашни деловни
состаноци, тренинг курсеви и дочеци. Локациите за состаноци се нудат
индивидуално при што големо значење се дава на претходното искуство при
изборот на локација. Не постои сеопфатен адресар на објекти за состаноци
што ќе дава опширни информации за нивниот капацитет за различни видови
состаноци и обемот на помошни услуги и опрема. Овој недостаток му отежнува
на организаторот на состанокот при разгледувањето на сите опции што ги
задоволуваат неговите барања и не дозволува понудата на македонски
локации за конференции да биде претставена во регионот.

Затоа, се препорачува Агенцијата за промоција и и поддршка на туризмот да
изработи конференциски адресар за дистрибуција главно до претпријатијата,
НВОата и други организации во Македонија и до деловните претпријатија во
регионот. Податоците треба да бидат претставени и на web страната
ExploringMacedonia.



Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

195


12.8. Резиме на препораки

 Подобрување на собирањето, анализата и доставувањето на
статистиките за туристите
 Подобрување на собирањето, анализата и доставувањето на
статистиките за искористеноста на капацитетите
 Спроведување на редовни анкети за излезноста на туристите
 Основање на добро опремен сектор за маркетинг во рамките на
Агенцијата за туризам
 Развивање на нов туристички бренд/лого/слоган за Македонија од
Консултанти како дел од Комисија
 Започнување на планиран маркетинг за туристичките центри со
концентрација на неколку клучни пазари и сегменти кои ги исполнуваат
целите на маркетингот
 Фокусирање на градење на имиџот на туристичките центри на
меѓународно ниво преку интензивни активности во областа на односи со
јавноста
 Склучување договор со компании кои ќе ги претставуваат туристичките
центри во одбраните пазари
 Развој и одржување на еден главен туристички производ и база на
податоци со информации за услугите како извор за сите средства за
рекламирање и медиумите
 Понатамошен развој и проширување на порталот за националниот
туризам како целосен и непристрасен извор на податоци за туристичките
можности на Македонија
 Претставување или пакување на производите во формат кој одговара на
пазарните потреби - вклучувајќи ги руралните центри, со листа на
активности, места, екскурзии и активности од посебен интерес
 Понатамошен развој на мрежата на Туристички Информативни Центри
со стандардизирани услуги и процедури, и со обука на персоналот
 Основање на маркетиншки групи или конзорциуми - на пример за
манастирското сместување, локални групи кои нудат пансионски услуги,
задруги на селските центри
 Подготвување на кохезивен и координиран пакет промотивни материјали
за туристичките центри
 Подготвување на база на податоци и именик за конференциските
објекти како прв чекор кон проширување на македонскиот домашен и
меѓународен конференциски пазар.
 Започнување/подготвување на Студија со која ќе се идентификува
оптималната локација, големина и конфигурација на националниот
конференциски центар.




Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

196
13. Стратегија за економски развој на туризмот и инвестиции

Економски развој


Туризмот има потенцијал да создава значително поголем девизен и
владин приход и да отвори дополнителни работни места низ земјата за
секакви стручни профили и без полова дискриминација.


13.1. Пазарни цели на краток и среден рок

Како што е наведено во Глава 12 погоре, ако реструктурирањето и
кооординацијата на пазарната активност препорачана во оваа стратегија се
спроведат што побргу, порастот треба да се зголеми над стапката предвидена
од СТО при ОН за Балканот како целина, односно 4.3% на годишно ниво до
2010. Така што целите за регистрации и ноќевања на странски гости за 2009 до
2013 претставени во Глава 12 се повторуваат соодветно во Табели 13.1 и 13.2
подолу едноставно за да ги појаснат целите за приходи од странски гости
дадени во Табела 13.3 подолу.

Табела 13.1: Цели- регистрирани сместувања на странски туристи за периодот
2008-2013

2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Регистрирани
сместувања
254,957 267,705 281,090 297,955 318,812 344,317
Годишен
пораст %
10.8 5.0 5.0 6.0 7.0 8.0
* Извор: проценка на СТО (Светска туристичка организација на
Обединетите нации) и Државен завод за статистика

Табела 13.2: Цели-ноќевања на странски туристи во регистрирани сместувачки
капацитети за периодот 2008-2013

2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Ноќевања 587,447 616,819 647,660 686,520 734,576 793,342
Годишен
пораст %
13.4 5.0 5.0 6.0 7.0 8.0
*Извор: проценка на СТО (Светска туристичка организација на Обединетите нации) и Државен
завод за статистика

Зголемениот број сместувања и ноќевања на странски туристи во регистрирани
сместувачки капацитети ќе значи и пораст на приходите остварени од странски
туристи. Бидејќи со стратегијата се препорачува насочување кон земји со
натпросечна потрошувачка моќ, тогаш се очекува структурата на туристи
според земјата на потекло да се менува во корист на целните пазари (Европа,
Грција и Северна Америка). Оттука, иако бројот на сместувања и ноќевања на
странски туристи во почетокот треба да се зголемува за 5 % во 2009,следен од
пораст од помеѓу 5% и 8% потоа, а овие стапки биле користени во креирање на
индикативни целини приходи, овие приходи во пракса ќе се зголемуваат со
побрзо темпо отколку овие стапки како што ќе се привлекуваат гости со поголем
буџет за трошење. Сепак, не е веројатно дека овој ефект ќе може да се види


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

197
пред крајот на целниот период бидејќи моменталната економска несигурност и
временскиот распон кој се очекува да настапи помеѓу спроведувањето на
Стратегискиот План, маркетинг активностите и последователната реализација
на придобивките.

Предвидените целни приходи прикажани во Табела 13.3 подолу се изразени во
милиони евра во вредност во 2008 и оттука не се дадени претпоставки или
предвидувања за можниот ефект од инфлацијата кој може да ја подобри
номиналната вредност на овие бројки.

Табела 13.3: Цели-приходи од странски туристи од ноќевања во регистрирани
сместувачки капацитети – 2008-2013

2008 2009 2010 2011 2012 2013
Приходи во милиони ЕУР во вредност во 2008 166.9* 175.2 184.0 195.0 208.7 225.4
Пораст во проценти 23.7 5.0 5.0 6.0 7.0 8.0
Извор: Народна Банка на Македонија, 2009 и проценка на консултант на ОН/СТО

* Ова е бројката на Народната банка за 2008 година преземена од секторот за
туризам во рамките на сметката за услуги на платниот биланс. Бројката
изразена во американски долари во платниот биланс е конвертирана во евра
користејќи ги општите стапки на размена.

Домашни Туристи

Како што беше забележано во Глава 12 погоре, поставувањето на цели за
домашниот туризам е повеќе проблематично поради веројатната
чувствителност на потенцијалните промени во виза регулативите и изобилието
што е во пораст. Сепак, не се очекуваат визни олеснување за кратко време а
краткорочните меѓународни економски неповолности може во голема мерка да
го подржат домашниот одмор. Опоравување од оваа неповолност за возврат
може да резултира во намалување на нивото на пораст на домашните одмори
а овие претпоставки ги покажуваат целите за регистрација и ноќевања за
домашните гости прикажани во Табели 13.4 и 13.5 подолу, кои се повторуваат
од Глава 12 за да ја појаснат пресметката на целните приходи од домашни
гости во Табела 13.6 подолу.

Табела 13.4: Цели- регистрирани сместувања на домашни туристи за периодот
2008-2013
2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Регистрирани
сместувања
350,363 367,881 386,275 397,863 409,799 422,093
Годишен пораст % 14.4 5.0 5.0 3.0 3.0 3.0
* Извор: проценка на СТО (Светска туристичка организација на
Обединетите нации) и Државен завод за статистика

Табела 13.5: Цели-ноќевања на домашни туристи во регистрирани сместувачки
капацитети за периодот 2008-2013

2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Ноќевања 1,648,073 1,730,477 1,817,000 1,871,510 1,927,656 1,985,485
Годишен
пораст %
9.8 5.0 5.0 3.0 3.0 3.0
* Извор: проценка на СТО (Светска туристичка организација на
Обединетите нации) и Државен завод за статистика


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

198

Подготовката за цели за приходи од ноќевања на домашни туристи е уште
повеќе проблематично бидејќи не се прибираат податоци на оваа тема и не
биле спроведени анкети. Вредноста на домашниот туризам не е многу висока
во однос на релативно ниските нивоа на плати во домашната економија како и
степенот до кој скромниот приход е расположлив за цели на туризмот. Сепак,
важно е да не ја игнорираме вредноста на секторот кој во моментот генерира
повеќе од 1.6 милиони ноќевања на годишно ниво и поради ова се донесе суд
врз основа на груби нецврсти докази кои предлагаат дека во просек 15 евра по
лице за едно ноќевање може да биде разумна бројка која може да се усвои како
основа за подготовка на целите презентирани во Табела 13.6 подолу. Во
подготовките на овие целни приходи не е оставен простор за инфлација.

Табела 13.6: Цели-ноќевања на домашни туристи во регистрирани сместувачки
капацитети за периодот 2008-2013
2008* 2009 2010 2011 2012 2013
Ноќевања 1,648,073 1,730,477 1,817,000 1,871,510 1,927,656 1,985,485
Приходи
(милиони
евра во
вредност
од 2008)
24.7 25.9 27.2 28.1 28.9 29.8
Годишен
пораст %
9.8 5.0 5.0 3.0 3.0 3.0
* Извор: проценка на СТО (Светска туристичка организација на Обединетите нации) и Државен
завод за статистика

Придонес на приходите од странските и домашните туристи во БДП

Уште еднаш важноста на демонстрирање на вредноста на туризмот за
економијата може да биде потпомогната од подготовка на проценки кои го
покажуваат придонесот од домашните и странските туристи за националниот
БДП.

Откако поединечно ги идентификувавме целите на приход од странски и
домашни туристи за 2008-2013 и ги претставивме во Табели 13.3 и 13.6 погоре,
сега двете се комбинирани во Табела 13.7 подолу која го покажува процентот
за националниот БДП. Оваа табела демонстрира постојан пораст во
придонесот на туризмот за БДП од 3.1% во 2008 до 3.4% во 2013 во вредност
од 2008.

За да се подготви оваа табела беше потребно да се дадат претпоставки за
идниот раст на националниот БДП и ова е направено во консултации со
последните извештаи за македонската економија од Светската Банка и ММФ.
Врз основа на проценки направени од Централната Банка на Македонија се
предвидува раст на БДП во 2008 за 5%, но ова сега се очекува да падне до
3.0% во 2009 и 2010, зголемувајќи се до 5% од 2011 до 2013 според проценките
на Светската Банка и ММФ.

Табела 13.7: Цели-Придонес за БДП од домашните и странските туристи 2008-2013
2008 2009 2010 2011 2012 2013
Предвиден
БДП
(милиони
евра во
6,090 6,272 6,461 6,784 7,123 7,479


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

199
вредност
во 2008)
Заработка
од
туризмот
(милиони
евра во
вредност
во 2008)
191.6 201.1 211.2 223.1 237.6 255.2
Заработка
како % од
БДП
3.1 3.2 3.2 3.3 3.3 3.4
Извор: Народна Банка на Македонија, 2009 и проценка на консултант на ОН/СТО

13.2. Препораки за начините за зголемување на економските придобивки
Препорачаните стратегии за зголемување на економските придобивки се:
 Подобрени статистички податоци
 Зголемена должина на престој и зголемени расходи во туризмот
 Зголемени владини инвестиции во туризмот
 Подобрени врски и намален одлив на профитство
Подобрени статистички податоци

Туризмот е привлечен поради способноста да отвора нови работни места и
потенцијалот да создава девизен прилив, покрај приходите остварени во рамки
на домашното стопанство. Оценувањето на влијанието на туризмот врз
стопанството е попречено од недостигот на сеопфатни и сигурни економски
податоци, како на ниво на самата индустрија, така и во официјалната
статистика. За да можат создавачите на политика да донесуваат информирани
одлуки, неопходно е да се има добро развиен систем од статистички податоци.

Системот на Туристички сателитски сметки (ТСС) ги идентификува и мери
расходите во туризмот за добра и услуги произведени во рамки на
националното стопанство. Оттука, се изведува директниот придонес на
туризмот кон бруто домашниот производ (БДП) и може да се споредува со
придонесот на други индустриски гранки, како што се земјоделството,
производството и услужниот сектор, кон БДП.

Основните извори на податоци кои се потребни за да се добие слика за
расходите во туризмот се директните расходи на меѓународни гости и
домашните патници во рамки на земјата. Расходите на гостите и домашните
патници треба да бидат идентификувани по категории за да може да се поврзат
со производството и потеклото на материјалот.

Примери за категории на директни расходи идентификувани во еден ТСС
систем се:

 Сместување
 Храна и пијалаци
 Авионски превоз на патници
 Автобуски превоз на долги релации
 Друг превоз


Национална Стратегија за развој на туризмот 2009-2013

200
 Трговија на мало - гориво и авто-делови
 Друга трговија на мало – облека, сувенири, ракотворби, накит и др.
 Други туристички производи - влезници, лични расходи и др.
 Вкупни расходи во туризмот

Создавањето на Туристичка сателитска сметка (ТСС) бара збир на
информации од повеќе извори. Се препорачува да се направи проект, со
техничка помош, за создавање на ТСС до 2012 година, која понатаму ќе биде
предмет на набљудување.

Покрај ТСС, треба да се спроведе студија за да се одреди македонскиот
туристички множител.

Зголемена должина на престој и зголемени расходи во туризмот
Македонија има голем туристички потенцијал поради: спектакуларниот амбиент
со исклучителни историски и културни атрибути; долгата историја како
туристичка атракција која изобилува со можности за оживување на традицијата;
можност за создавање лесно достапни, впечатливи и единствени доживувања.
Постои тензија во туристичката индустрија затоа што туризмот во Македонија
традиционално не се смета за „вистински бизнис“ заради недостигот на начин
на размислување со фокус врз крајниот клиент, преголемата зависност од
моделот „она што го имаме“ (езера, хотели, казина), недоволната соработка во
самата индустрија, и заради преголемото потпирање врз владата како
предводник на индустријата.
Според „Анкетата за туризам меѓу странци со привремен престој во
Македонија“, спроведена од УСАИД/МЦА во август 2003 година, странците кои
привремено живеат во Македонија често патуваат како туристи. Речиси 70% од
странците со високи примања патуваат повеќе од 3 пати во период од 6
месеци; речиси една третина патуваат еднаш месечно. Сепак, износот што тие
го трошат патувајќи како туристи надвор од Македонија е за речиси 60%
повисок од износот потрошен во Македонија.
Странците со привремено живеалиште во Македонија поминуваат повеќе
време во одредена дестинација - но тврдат дека немаат некоја поголема
причина да преноќат т