архиепископија охридска и митрополија скопска

параклис

Св. Нектариј Егински
билтен • брoj 3 • година II • Февруари 2010

бесплатен примерок
излегува под пастирската грижа на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован

Протојереј Александар Шмеман

Молитвата на св. Ефрем Сирин
ГDи и 3 вLко животA моегw,2
дyхъ прaздности, ўнhніz,
любоначaліz и 3 праздносл0віz
не дaждь ми .2
Дyхъ же цэломyдріz, смиреномyдріz, терпёніz и 3 любвE,
дaруй ми 2 рабY твоемY.
Е $й гDи цRю2, дaруй ми 2 зрёти мо‰ прегрэшє1н іz, и 3 не
њсуждaти брaта моегw :2 ћкw
бlгословeнъ є3си 2 во вёки
вэкHвъ, ґми н1 ь.

О

ваа молитва се чита два пати
на крајот на секоја служба во
текот на постот од понеделник
до петок (но не во сабота и недела
бидејќи службите во овие денови
се разликуваат од посните служби).
При првото читање се прават метании по секоја прозба. Тогаш сите се
поклонуваме дванаесет пати говорејќи: „Боже, очисти ме грешниот“.
Целата молитва се повторува и на
крајот се прави една метанија.
Зошто оваа кратка и едноставна
молитва зазема толку важно место

Господи и Владико на мојот живот, дух на мрзеливост, безволност,
властољубие и празнословие не давај ми.
Дух на целомудрие, смирение,
трпение и љубов, дарувај ми, на твојот слуга.
Да, Господи Цару, дарувај ми да
ги гледам моите прегрешенија и да
не го осудувам мојот брат, зашто Си
благословен во вековите на вековите. Амин.
во целокупното богослужение за
време на постот? Затоа што на едноставен начин ги набројува сите
негативни и позитивни елементи
на покајанието и сочинува, ако може така да се каже, „потсетник“ за
нашиот индивидуален подвиг во
постот. Овој подвиг е насочен најпрво кон ослободување од некои основни духовни болести кои го формираат нашиот духовен живот и ни
оневозможуваат дури и да почнеме
да се свртуваме кон Бога.
Основната болест е мрзели-

но овојпат вперени кон другите. зашто ја труе духовната енергија уште во самиот извор.параклис „Св. Тоа е коренот на секој грев. тоа е длабоко вкоренетата циничност која на секој духовен предизвик му одговара со „чуму. токму мрзеливоста и безнадежноста го исполнуваат нашиот живот со властољубие. празнословието. која постојано нѐ турка „надолу“ наместо „нагоре“. тие нѐ присилуваат да бараме надомест во радикално погрешната поставеност кон другите личности. со тоа духовното самоубиство се надополнува со духовно убиство. Конечно. само човекот го има дарот на говор. Тоа е состојбата на безнадежност. Од сите созданија. безобѕирност и непочитување. го исполнува животот со темнина и негација. 2 . Сите Отци во тоа го препознаваат самиот „печат“ на Образот Божји во човекот. Резултатот од таквата мрзеливост е „унинието“ — малодушноста. Тоа не е секогаш изразено во конкретна побуда да се владее и да се доминира над „другите“. Безнадежноста е неможност човек да види било што добро или позитивно. Ако мојот живот не е свртен кон Бога. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 воста. Всушност. Тоа е навистина мрзеливост и безнадежност. заради што?“ и го прави нашиот живот огромна духовна пустелија. Тој го лаже човекот за Бога и за светот. тој е апсолутно неспособен да ја види светлината и да ја посакува. 1). која постојано нѐ убедува дека промената не е можна. 1. Безнадежноста е самоубиство на душата. моите идеи. моите желби и моите судови. тогаш јас постанувам свој господ и господар — апсолутен центар на сопствениот свет и почнувам сѐ да вреднувам во контекст на моите потреби. Тоа може да се пројавува како рамнодушност. зашто Самиот Бог се откри како Слово (Јн. Тоа навистина е демонска сила во нас. тоа е барање тие да ми се потчинат. таа е сведување на сѐ на негативизам и песимизам. ниту пак пожелна. презир. Ако Бог не е Господ и Господар на мојот живот. Изопачувајќи го целиот наш став кон животот и правејќи го бесмислен и празен. зашто ако го обземе човека. тогаш неизбежно ќе стане себичен и егоцентричен. „Љубоначалие“ — Властољубие! Колку и да изгледа чудно. Тоа е онаа чудна мрзеливост и пасивност на целото наше битие. а тоа значи дека сите други битија ќе станат средство замое сопствено задоволување. којашто сите духовни Отци ја сметале за најголема опасност за душата. Властољубието со тоа е суштинска изопаченост во мојот однос кон другите битија. ако не е насочен кон вечни вредности. зашто ѓаволот во основа е лажго. незаинтересираност.

А нејзината спротивност е токму целовитоста. Тогаш ги „спроведува во сила“ мрзеливоста. Целомудрие! Ако овој израз не се сведе. Но само Бог може да ги отстрани. победа на вистината во нас. тој се сфаќа како позитивна спротивност на мрзеливоста. За него веќе зборувавме. Затоа е речено дека Бог е милостив кон смирените и дека им се противи на горделивите. Само смирението е способно за вистина. а тоа го прави со обновување на вистинскиот опус на вредности преку наше враќање кон Бога. од истата причина. растуреност. за согледување и прифаќање на нештата онакви какви што се. безнадежноста. Тоа е. речта вдахнува и речта труе. Точниот и целосен превод на грчкиот збор „софросини“ и црковнословенскиот „целомудрие“ би требало да биде „сосредоточеност на умот“. за предавство и грев. Речта е орудие на Вистината и средство за демонска лага. само на неговата полова конотација. отстранување на сите лаги во коишто обично живееме. Првиот и најчудесен плод на оваа целовитост или целомудрие е смирението. средство за негово самореализирање. Словото спасува и словото убива. како што тоа често и погрешно се прави. Оттука првиот дел на великопостната молитва. 3 . Ако вообичаено под целомудрие подразбираме добродетел спротивна на половата распуштеност. Мрзеливоста е. тој крик од длабочините на човековата беспомошност. а со тоа и согледување на Божјото величие и добрина и љубов во сѐ. како најголем дар тој е истовремено и најголема опасност. пред сѐ. Имајќи крајно позитивна сила. тој е. Таа навистина создава. Тоа се пречките коишто треба да се отстранат.параклис „Св. кои повторно ги има четири. Потоа молитвата се префрла на позитивните цели на покајанието. Тогаш станува самата сила на гревот. во позитивна или негативна насока. скршеност на нашата визија и енергија. властољубието. Како основен израз на човекот. а животот го претвора во пекол. Христос ја обновува целовитоста во нас. Кога отстапува од своето божествено потекло и намена. речта станува „празна“. пред сѐ. Ова се четирите негативни „предмети“ на покајанието. Целомудрието и смирението природно ги следи трпението. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 Но. има и огромна негативна сила. тоа е затоа што скршениот карактер на нашето постоење никаде подобро не се пројавува отколку во половата острастеност — во отуѓувањето на телото од животот и контролата на духот. и средство за негов пад и самоуништување. неспособност да се согледа целината.

зашто дури и оваа очигледна добродетел може да се претвори во гордост. Во долгиот и тежок подвиг на духовната обнова. зашто бивајќи слеп во однос на самиот себе тој. Рамнодушен кон секого освен кон себеси. реално. Имајќи кршливо. трпението и љубовта се едно во нас. под плаштот на смирението и самоосудувањето може да доведе во вистинска демонска горделивост. во којашто молиме „да ги согледаме своите прегрешенија и да не го осудуваме својот брат“. конечно. Духовните списи изобилуваат со предупредувања за суптилните облици на лажната побожност којашто. затоа што внатрешната стварност на нештата. туку сочинуваат една од карактеристичните одлики на целокупното посно богослужење. што е и токму Божјата особина. По секоја прозба од молитвата правиме метанија. може само Бог да ја даде — дарот кој е цел на сите духовни подготовки и подвизи.параклис „Св. целиот човек треба да биде обновен. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 „Природниот“ или „паднатиот“ човек е нестрплив. е навистина божествена добродетел. Затоа што. Сето ова е собрано и опфатено во завршната прозба на молитвата. а сето зло е горделиво. тогаш и само тогаш во нас бива уништен најголемиот непријател: гордоста. Ефрем Сирин. Нему Му е отворена. брза да го суди и осудува другиот. Конечно. Гордоста е изворот на злото. круната и плодот на сите добродетели. постои само една опасност: гордоста. Целиот човек отпадна од Бога. туку затоа што Тој ја гледа длабочината на сѐ што постои. на секој раст и подвиг. не е доволно само да ги согледам своите гревови. меѓутоа. е љубовта — онаа љубов која. Катастрофата на гревот лежи токму во победата на телесноста — животинското. Бог е трпелив не затоа што е „попустлив“. Колку поблиску доаѓаме до Бога. Трпението. Овде. Црквата не прави разлика помеѓу душата и телото. најдобро е изразено нивното значење. тој сите нешта ги мери според сопствените вкусови и идеи. како што веќе кажавме. целомудрието. Сепак. Метаниите не се ограничени само на молитвата на св. стануваме сѐ потрпеливи и сѐ повеќе го одразуваме безграничното почитување кон сите битија. целиот човек треба да се врати. со други зборови. којашто во нашето слепило ние не можеме да ја видиме. непотполно и искривено знаење за сѐ. кога. тој сака животот да му биде успешен тука и сега. смирението. нерационалното. похотта во нас — над 4 . Кога „ќе ги увидиме сопствените прегрешенија“ и „нема да ги осудуваме своите браќа“. меѓутоа.

духовното и божественото. Плачот на пророкот Давид за чисто срце беше крик кон Бога. телото е свето. 5. Своето искрено покајание го забележа во педесетт иот псалм. според тоа. Од оваа причина. Телото учествува во молитвата на душата како што и душата се моли преку телото и во телото. Тајната на покајанието го сочинува второто Крштение. Во светото Крштение ни се дава пресоздавање на нашите срца. како храм на бесценетата човечка душа. Чувствувајќи дека го извалкал своето срце.. Меѓутоа се покаја.параклис „Св. Светиот Бог нè створи за да имаме чисти срца. Меѓутоа. Но.“ Ова чисто срце го бара секоја побожна душа која го љуби Бога. туку враќање на телото на неговата вистинска функција како израз и живот на духот. Кога низ нашите лични гревови ја губиме чистотата на срцата. дарувајќи ни ново срце за да станеме нови луѓе. Кога згрешија првостворените. во коишто би можел да почива Духот Свет. телото е возвишено. псалмот на покајанието. според тоа.8) П ророкот Давид згреши со смртен грев. зашто тие ќе Го видат Бога“ (Мт. тие копнееја за чисти срца.. се. на обожението и послушноста. не значат презир за телото и негово запоставување. и со тага и солзи го измоли од Бога својот живот. човекољубецот Христос го чисти нашето срце од пра­ро­дителскиот и од сите наши гре­вови. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 аскетизам не е борба против туку за телото. толку е свето што и Самиот Бог „постана тело“. целиот човек — душа и тело — се покајува. Христијанскиот Архимандрит Георгиј Капсанис На почетокот на светата четириесетница „Блажени се чистите по срце. 5 . Метаниите. par excellence посен ритуал. Боже. молеше од Господа: „Срце чисто соѕидај во мене. „психосоматскиот“ знак на покајанието и смирението. Спасението и покајанието. на пред Христа. На овој крик Небесниот Отец одговори со овоплотувањето на Единородниот Негов Син. неискупениот човек. тие ја изгубија чистотата на срцето. Со своето искупително дело и особено со Својата пресвета Крв. милосрдниот Господ ни дава можност повторно да ги исчистиме низ солзите на покајанието. и со светите тајни и држењето на Христовите заповеди ја чуваме оваа света и нова состојба на нашите срца.

непријателство. кога се радуваме на Господовите добродетели кон луѓето. Треба да пролееме крв во бор­бата. Со претстоечката света и Голема Четириесетница ни се дава уште една можност да ја започнеме оваа света борба. кои на некаков начин сме ги осудиле. без да учествуваме во нивните можни падови. Со татковски молитви за бла­ гословена. кога се отргнуваме не само од грешните дела. злоба. е главното дело за нас како Христијани и монаси. „Да дадеме крв за да примиме Дух“. кога бараме прошка од нашите браќа. туку „заради совеста“ и љубовта Христова. Ајде да не ја губиме оваа при­лика. 6 . умилостивуваме. да Го израдуваме. не ги озборуваме. Ова. кога ги надминуваме се­бич­носта. користољубието. природно. и не му дозволуваме да го одвлечат световните работи и доживувања. Нашето срце се чисти тогаш: кога се бориме против нашите страсти. не ги клеветиме нашите браќа. Постојат и многу други „кога“ за исполнување на нашата борба за чисто срце. братољубие. Молитва прва). кога се бориме против гру­бос­та на срцето и сакаме да соѕидаме срце милостиво. Борбата не е лесна. меѓутоа. покриваме. и кога негуваме чувства на љубов. ако сакаме да Го видиме Бога. да Го имаме како единствен Господ вселен во нашето срце. самооп­рав­дувањето. злопамтење. наклонетост. кога од нашето срце ќе ги отфрлиме чувствата на рамнодушност. туку и од грешните помисли. Кога сострадуваме со страдалните. Нивата на нашето срце е необработена. и се радуваме со оние коишто се радуваат. мирна и плодоносна голема Че­тирие­сетница. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 Кога влегуваме во светата и голема Четириесетница ни се дава можноста со бла­го­дат­та Божја да се бориме за очистување на срцата „од се­как­ва нечистотија на те­лото и ду­шата“ (Служба на Бо­жест­веното причестување. не само од страв или нужда. војувачка. Не само кога не ги осудуваме. разбирање.параклис „Св. та да почиваме заедно со Него. завист. како што ни кажуваат речта Божја и Светите Отци. снисходливост и прифаќање на нашите браќа како поголеми од нас во добродетелите. зашто според светиот Исак Сирин: „Горештото срце е над целата твар“ (Слово 81). одбивност кон нашите браќа. кога го собираме нашиот ум призивајќи го најслаткото име на Господа Исуса Христа. кога со смирение сме им послушни на нашите старци или духовници. жртвувајќи се за бра­ќата. туку и кога ги оправдуваме. и кон нас лично.

особено во оние кои биле изложени на латинско и западно влијание. Во Православното Предание. За да го разбреме значењето на овој принцип. Христос им се покажал. Навистина.параклис „Св. Евхаристијата секогаш имала свечен и радостен карактер. важно е. Таа е. тука имаме израз и примена на еден битен литургиски принцип: несовпадливоста на Евхаристијата со постот. клуч за разбирање на православното литургиско предание. не е направен никаков напор да се надмине формалното придржување на „прописот“ и да се разбере неговото духовно значење. длабоката логи- ка на Великиот пост. во „прекршувањето на лебот“. доаѓањето и присутноста на Христа во Евхаристијата. Тоа е радоста на запалените срца на Апостолите кога. А таму кадешто правилото се држи. за Црквата се „доказ“ на Неговото Воскресение. туку со Евхаристијата. во многу случаи. па се продолжило со секојдневно служење на „приватни” и „заупокоени“ Литургии во текот на целиот Пост. претставува. едно е од одлучувачка важност за неговото разбирање и. детално да го објасниме значењето на ова правило кое ја надминува рамката на Великиот пост и ја објаснува севкупната литургиска традиција на Православието. Значењето на ова правило до таа мера е заборавено. тоа е вечниот извор на „експерименталното” и „егзистенцијалното” знаење на Црквата за Воскресението. Света Тајна на Христовото доаѓање и присутноста помеѓу учениците. на патот за Емаус. доколку се падне во овие денови. бидејќи е специфично за Православието. што во многу парохии не се почитува. коешто во ова мошне се разликува од евхаристиската теологија и пракса на западниот католицизам. пред сѐ. па заради ова е прослава — во сосема реална смисла — на Неговото Воскресение. Се работи за правилото кое забранува служење на Света Литургија во текот на неделите на постот. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 Протојереј Александар Шмеман Литургија на Претходноосветените Дарови О д сите литургиски правила кои се однесуваат на Великиот пост. Учениците 7 . не смееме да почнеме со постот. Во среда и петок има посебна Вечерна служба на причестување: се нарекува Литургија на Претходноосветените Дарови. Во општи црти. Јасно е наведено: Светата Литургија во никаков случај не може да се служи за време на постот од понеделник до петок — со еден исклучок — на празникот Благовештение. Затоа.

и почеток на нашиот духовен напор. е исполнување на сите наши подвизи и напори. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 не го виделе вистинското Воскресение. Кога „вратата беше затворена”. крајната радост на нашиот христијански живот. Секогаш кога Црквата служи Евхаристија. веруваа во него. но уште подобро Црквата како празник.“ Така можеме да разбереме зошто Евхаристијата не се совпаѓа со постот. како радување во Христовата присутност. бидејќи постот. треба да го разгледаме вториот аспект на православното разбирање на Причестувањето. па сепак. за да можеме да „јадеме и пиеме на Неговата Трпеза во Неговото Царство. кој ни овозможува да 8 . Па зошто тогаш. како што ќе видиме понатаму — е главен израз на Црквата кога е во состојба на патешествие. Тој се појавил помеѓу нив и учествувал во нивниот обед. туку бил Господов Ден — ден кој е над времето. А „синовите на Царството“ — вели Христос — „не можат да постат додека Женикот е со нив“. како што видовме. Кој се вознел на небото и седи од десната страна на Отца. затоа што во Евхаристијата веќе се согледува Царството Божјо. истата радост. е учествување во Царството коешто е „радост и мир во Духот Свети“. таа се вознесува таму каде што Христос се вознел. Евхаристијата е празник на Црквата. што за раната Црква денот на Евхаристија не бил еден од обичните денови. Причестувањето е „храна на бесмртността“. која ги одржува нашите духовни моќи. а приближувањето до Светата Трпеза е вистинско вознесение на небото. Евхаристијата. бивајќи присутност на воскреснатиот Господ. божествен дар.параклис „Св. Самиот Христос на Тајната Вечера им кажал на своите ученици дека им го дарува Царството за да можат да „јадат и пијат во Неговото Царство“. неговото значење како извор на сила. се дава Причеста во деновите на постот на Литургијата на Претходноосветените Дарови? Дали тоа се противи со горенаведениот принцип? За да одговориме на ова прашање. ќе праша некој. и тоа само додека е на својот пат кон Царството Небесно. Евхаристијата е исто доаѓање и присутност. туку затоа што го виделе воскреснатиот Господ. Така. Ако Светата Причест... Таа радост е толку голема. и „разгореност на срцата“. таа е исто така по неопходноста извор. „небесен леб“. но и апсолутното знаење дека воскреснатиот Господ се покажува во „прекршувањето на лебот”. таа е „дома“ – на небото. истото нерационално. ка- ко учествување во вечната радост на Царството Божјо. не затоа што некој на тоа ги научил. цел кон која се стремиме.

и дека малкумина се оние кои можат по него да одат. во Црквата постои непрестана присутност на плодовите од Евхаристијата.. за умножување на божествената Твоја благодат. таа „насушна храна“. иако е дојдено. за вера непосрамена.параклис „Св. туку продри во моите членови и состави. Творче мој.. треба да биде исполнето и во својата совршеност и пројавено на крајот на времето кога Бог сите нешта ќе ги исполни со Самиот Себеси. за да се оттргне од Него колку што е можно повеќе.. знаејќи дека Христос ќе го победи. која духовно нѐ одржува. да сакаме и да се стремиме кон „посовршено заедничарење во невечерниот ден“ во Царството Божјо. Во посните денови не се служи Евхаристија затоа што нејзиното служење е непрестано зголемување на радоста. Во оваа борба. и нашето севкупно земно битисување е долг и често мачен пат кон крајниот ден Господов. за исполнување со премудрост. Дарови осветени на Евхаристијата претходната недела кои се чуваат во олтарот за причестување на верниците во среда и петок навечер. меѓутоа. сè уште не се предал. На овој пат. иако доаѓа во Црквата. со влегувањето на причеста. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 знаеме. но сè уште сме на земјата..“ Ако Великиот пост и постењето значат засилена борба. секоја страст. Ние тоа го знаеме и однапред во тоа учествуваме. за мир на душевните мои сили. па затоа потребна ни е помошта и силата на тој божествен Оган. за просветување на очите на срцето мое. Откако сме ја примиле Светата Причест ние се молиме: „. за одгонување на секој противник. а „вратата адова“. потребна ни е помош и поддршка. во срцето. Оваа битка е толку тешка. Зашто. за здобивање со Твоето Царство. во утробата. е. тоа е — според Евангелието — затоа што сме соочени со злото и со сите негови сили. за љубов нелицемерна. Напротив. како од оган да бега секој злотвор. Во тоа е смислата на посебното причестување со однапред осветените Дарови т.. Ис9 . сила и утеха.. Царството. зашто „кнезот на овој свет“... за сочувување на заповедите Твои. Да не ме изгориш. Та како од Твојот дом. имаме претчувство и предвкус на славата и блаженството. тој подготвува последна и жестока битка против Бога.дај овие дарови да ми бидат и мене за исцелување на душата и телото. нашата главна помош се Телото и Крвта Христови. Ние сега учествуваме во Царството кое ќе дојде. толку моќна што и Самиот Христос ни говори за „тесниот пат“. нѐ прави да бидеме Христови следбеници. и без оглед на сите искушенија и опасности.

потсетувајќи дека во словенските јазици зборот „среќа“ произлегува од зборот „средба“. Јован отслужи свечена Архијерејска Литургија во нашиот параклис. откако во 2005 год. местото. како и вообичаено. ова беше првпат да служи во новата локација на параклисот. поточно од средбата со Бога. а нејзините зраци го осветлуваат севкупниот живот на Црквата. таа е во самиот центар на постот.  г. на Прочка. Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. Како Света Тајна и славење на Царството Божјо. Јован говореше за простувањето и за значењето на празникот Сретение.параклис „Св. како наша „насушна храна” и оружје во нашата духовна борба. но сепак е веќе помеѓу нас. којшто оваа година падна во Сиропусната недела. од животот на параклисот Н а празникот Сретение Господово. небесна манна која нѐ одржува во животот за време на нашето патување низ пустината на Великиот пост. Како благодат и сила на Царството кое веќе делува во светот. или Пасхата која се слави еднаш годишно. се вознесе на небото па сепак е невидливо присутен во светот. Просторот.  г. која беше подготвена во периодот на неговото принудно отстуство. истото е и со Евхаристијата. На крајот ги благослови верните посакувајќи им плодотворна Че- 10 . кадешто првенствено се наоѓаше параклисот. беше демолирано. По речиси две години поминати во прогонство. се покажа претесен за да ги собере сите кои дојдоа да учествуваат во Литургијата и да се сретнат со својот Архипастир којшто конечно се врати при своето паство. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 то како што „видливиот“ Христос. како Празник на Црквата таа не се сов- паѓа со постот и не се служи за време на Великиот пост. таа е навистина. или Царството Божјо кое ќе дојде. Во својата беседа Архиепископот охридски г.

Јован е неизмерна и постојана.) би го понеле домаќински на наши плеќи. Оттука и одговорноста за него е заедничка. А дарувајќи ја. Така ја помагаме и нашата Црква и нашите ближни. Амин. пак. и имавме можност да поразговараме со Архиепископот. од Храмовото настојателство 11 . По Литургијата. вградувајќи се во неа во вековите на вековите. г. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 тириесетница и радосна Пасха. беше приредено послужување. нашиот Параклис не е само зеднички молитвен дом. Несомнено. туку е и пошироко семејство за сите нас кои црквуваме во него. Но. љубовта и грижата на нашиот духовен родител. по повод враќањето на Архиепископот од двогодишно прогонство му подари енколпија и надбедреник. Црквата се даруваме себе си за неа. свештеникот Борјан Витанов. Браќа и сестри во Христа. Старешината на храмот. сепак точно е и тоа дека можеме и ние да придонесеме со тоа што секој според своите можности (било да се тоа паричен прилог. Така беше така и ќе биде. Неговото Блаженство Архиепископот г. од името на целото настојателство на храмот и сите верници. товарот околу финансиското издржување на истиот. личен труд и сл.параклис „Св. но на крајот и самите себе си.

. г.nektarij@gmail. Во Штип во параклисот „Свети Николај Мирликиjски” секоја недела почнувајќи од 21 Февруари (Недела на Православието) со почеток во 12 часот. 076 960-697. Нектариј Егински“ • билтен • број 3 • Февруари 2010 соопштение Се известуваат заинтересираните за учење на источно црковно пеење дека со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. Јован на неколку места на територијата на Охридската Архиепископија ќе се одржуваат вежби за совладување на источното црковно пеење. Во Битола во Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст” секој понеделник почнувајќи од 22 Февруари (Свети мч. Кирил учител словенски 27 / 14 Март преп. Покајниот канон на св. Распоредот на богослужби во Страстната седмица ќе биде дополнително и навремено објавен во параклисот. Партениј (Тодорова сабота) 27 / 14 Февруари св. Евентуалните промени на овој распоред исто така ќе бидат благовремено објавени во параклисот.15 ч. Божествена Литургија ќе се служи секоја недела со почеток во 8. Марко. Бенедикт Нурсиски (Лазарова сабота) Акатист ќе се служи секој петок со почеток во 18 ч. Распоред на богослужбите за време на Великата Четириесетница Литургија на Претходоосветените дарови ќе се служи секоја среда.30 ч. со почеток во 8. Никифор) со почеток во 15 часот. sv.com 12 .параклис „Св. Вежбите ќе ги одржува Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и местобљустител битолски г. како и во следните саботи: 20 / 7 Февруари преп. Андреј Критски ќе се чита на 17 / 4 Март (среда) во 18 ч. контакт: 076 966-217 . Во Скопје вежбите ќе се изведу- ваат во параклисот „Свети Нектариј Егински” секоја сабота почнувајќи од 20 Февруари (Тодорова сабота) со почеток во 16 часот.

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful