P. 1
EDINAESET 2.studenti

EDINAESET 2.studenti

Views: 54|Likes:
Published by Tatjana Dejan

More info:

Published by: Tatjana Dejan on Dec 05, 2011
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

08/26/2015

pdf

text

original

Етика и општествена

одговорност
Доц. д-р Елизабета Митрева

Што е посветеност кон општествена
одговорност
• Посветеност кон општествена одговорност се
напорите што компанијата ги вложува континуирано
за подобрување на корпоративното управување,
обуката на вработените, развивање на чувството за
солидарност и филантропија во соработка со
заедницата и социјално ранливите групи во
општеството.

доц.д-р Елизабета Митрева
Општествено одговорна компанија
• Општествено одговорна компанија секогаш работи во насока на
подобрување на квалитетот на животот во општеството за сите негови
членови преку споделување вредности и верувања со купувачите/
корисниците, вработените, акционерите и партнерите, заедницата.
• Голем број светски компании својот успех го темелат на принципи
кои почиваат на потребата да се однесуваат на етички и општесвено
одговорен начин кон сите заинтересирани страни, односно сите кои
се под влијание на нивниот бизнис. Овие компании имаат развиено
мисии засновани на колективна одговорност на сите вработени кон
благосостојбата на купувачите и на сите други стеикхолдери.
доц.д-р Елизабета Митрева
Етика на работното место
• Класичниот извадок вели: «етичкиот бизнис е добар бизнис», но истото
може да биде кажано и за сите поединци и институции во општеството. Овие
дилеми се дел од предизвиците на модерното општество, бидејќи во една
компанија е вистински тест кога менаџерот или работникот доаѓа во
ситуација да ги тестира своите лични верувања или стандарди.
• Етичките димензии се присутни во сите видови на менаџмент одлучување,
но како компаниите и менаџерите ќе се однесуваат и по што ќе се
разликуваат зависи од нивната посветеност спрема заинтересираните
страни.
Па затоа, треба да се осознае природата на етиката и изворите на етичките
дилеми и проблеми.
доц.д-р Елизабета Митрева
Што е етичка дилема
• Етичката дилема е ситуација во која се бара да се направи избор од
потенцијалните текови на акции, кои иако се корисни за личните или
организациските интереси, можат да бидат неетични.
• Тоа се такви ситуации во кои мора да се преземат одредени акции но нема
консензус за тоа што е правилно а што не. Најчесто, етичка дилема се јавува
кај менаџерите инволвирани во конфликти со надредените, подредените и
купувачите/ корисниците. Обично тоа е резултат од нечесност во
рекламирањето и комуникациите со врвните менаџери, клиентите и владините
институции. Луѓето често знаат да се конфротираат со етички дилеми кога
нивните морални чувства за должност влегуваат во игра и ги предизвикуваат
да се двоумат за исправноста или добрината во правецот на акцијата.
Моралните чувства за должност се: мисла и чувства кои му кажуваат на
лицето што е правилно а што нé - тие се дел од етиката на личноста.
доц.д-р Елизабета Митрева
Етика
• Етиката е душевно водени морални
принципи, вредности, убедувања кои луѓето
ги употребуваат за да ја анализираат или
интерпретираат ситуацијата, а потоа да
одлучат кој е правилниот или адекватниот
начин на однесување. Во исто време, етиката
укажува на неадекватното однесување и како
лицето треба да се однесува за да се избегне
нанесување штета на другите.
доц.д-р Елизабета Митрева
Фактори кои влијаат во етичките
избори
– Менаџерот
– Организацијата
Етичкото или неетичкото дејствување на компаниите не може да биде препишано единствено на личните вредности на еден
менаџер.
– Вработените
Принципиелен начин на кој компанијата може етички да се однесува кон вработените и да ги исполнува нивните очекувања
е преку креирање структура на занимања со која праведно ќе ги наградува вработените за нивните придонеси.
– Доставувачите и дистрибутерите
Од начинот на кој компаниите соработуваат со доставувачите и дистрибутерите произлегуваат многу етички прашања како
на пример, како да се извршат наплатите, спецификациите за квалитетот на производите, роковите, цените.
– Купувачите/ корисниците
Купувачите се најкритичната група на стеикхолдери, па менаџерите и вработените мора да работат на зголемување на
квалитетот на производите, ефикасноста и ефективноста, се со цел да изградат доверба и лојалност од страна на нивните
консументи.
– Заедницата, општеството и нацијата
Ефектите од донесените одлуки на компаниите и менаџерите се шират низ сите аспекти на заедницата, околината,
глобалниот пазар. Заедницата ја обезбедува компанијата со физичка и социјална инфраструктура која овозможува услови
за работа: работна сила, домови, училишта, здраствени установи за нивни потреби и сл. Преку личните примања на
вработените, придонесите и даноците што ги плаќа компанијата на заедницата се влијае на економскиот и културен развој
на заедницата. Додека, со присуство на глобалниот пазар компанијата влијае на глобално ниво и на напредокот на
глобалната економија.
доц.д-р Елизабета Митрева
Дали етичкото однесување се исплаќа
• Етичкото однесување е вредно и за менаџерите и за компанијата бидејќи
истражувачките студии покажуваат позитивна врска меѓу етичкото
однесување и лидерската ефективност.
• Неетичкото однесување е штетно на повеќе нивоа, а особено создава
негативна слика за брендот, имиџот и деловната култура на компанијата.
Вредностите и етиката се од суштинско значење за ефективното лидерство.
• Поседувањето високи етички стандарди кај лидерите и менаџерите
значи поседување интегритет, а со тоа се стекнува довербата и
лојалноста.
• Денес, вработените ретко можат да им веруваат на менаџерите, а
истражувањата во македонските компании покажаа дека најголемиот број од
анкетираните лица немаат доверба во менаџментот.
доц.д-р Елизабета Митрева
Правила за етичко одлучување
• Повеќето етички дилеми се конфликт помеѓу потребите на индивиудата и
системот, или индивидуите наспроти компанијата како и организацијата наспроти
заедницата. Пример за тоа е, производство на производи кои не ги исполнуваат
ISO стандардите а се извезени во други земји каде владините стандарди се
пониски, со што се овозможува добивка на компанијата но производите се
потенцијална опасност за странските купувачи/ корисници. Понекогаш етичките
одлуки вклучуваат конфликти помеѓу две групи. На пример, може ли проблемот со
здравјето на луѓето предизвикан од влијанието на компанијата врз околината да
добие приоритет пред работните места кои ги создава истата компанија како
водечки работодавач во градот (пример Топилницата во Велес).
• Кога се донесуваат одлуки менаџерите мора да ги земат во предвид барањата на
сите стеикхолдери, сé со цел да си помогнат себеси, на вработените, да направат
етички избор. Менаџерите најчесто бираат некои од нормативните стратегии
(оние базирани на норми и вредности) за да го раководат етичкото одлучување.
доц.д-р Елизабета Митрева
Методологија за развој на програма за
корпоративна етика
Методологијата за развој на програмата за корпоративна етика во една компанија се одвива во осум чекори:

•Чекор 1: Да се најде соодветна, успешна супериорна личност во компанијата, најдобро главниот извршен менаџер, кој ќе
ги постави рамките на етичката политика во компанијата.
•Чекор 2: Да се добие одобрение од генералниот директор и од одборот на директори за корпоративните вредности и
етиката кои се прашања во доменот на управувањето. Одборот треба да биде ентузијастичен, не само да креира таква
политика туку и да добива повратни извештаи од имплементацијата.
•Чекор 3: Да се направи план за воведување кодекс на однесување кој ќе се темели на деловната култура, нормите и
вредностите на компанијата.
•Чекор 4: Да се направи избор на тестиран модел со користење рамка која ќе ги детектира проблемите според тоа кому
истите влијаат, односно на сите заинтересирани страни. Некои дури ги вклучуваат и конкурентите.
•Чекор 5: Да се креира кодекс на однесување кој треба да биде во форма на прирачник. Постоечките политики,
политиката на квалитет, на безбедност, заштита на околината или давање и примање подароци или користење компаниски
софтвер, треба да бидат опфатени со овој кодекс.
•Чекор 6: Да се тестира кодексот преку примерок на вработени, од различни нивоа и позиции.
•Чекор 7: Јавно да се објави кодексот и да се обезбеди дека сите се запознаени со него (вработените, доставувачите,
дистрибутерите, акционерите и сите релевантни лица). Јавно да се покаже дека компанијата има кодекс и
имплементациона програма која ја покрива цела компанија. Да се постави на компаниската веб страна и да се испрати до
сите деловни партнери.
•Чекор 8: Да се вложат напори да кодексот заживее, а резултатите од неговото заживување јавно да бидат претставени.
Поседувањето кодекс на етика и имплементациона програма се минималните критериуми за добра репутација на
менаџментот.
доц.д-р Елизабета Митрева
Испитни прашања
1. Што е посветеност кон општествена одговорност?
2. За која компанија велиме дека е општествено одговорна?
3. Што е етичка дилема?
4. Што е етика?
5. Кои фактори влијаат во етичките избори?
6. Кои се придобивките од етичкото однесување?
7. Што се кодекси на етика?
8. Што е кодекс на однесување, облекување?
9. Објасни ја методологијата за развој на програма за корпоративна етика
во осум чекори?
доц.д-р Елизабета Митрева

обуката на вработените.д-р Елизабета Митрева . развивање на чувството за солидарност и филантропија во соработка со заедницата и социјално ранливите групи во општеството. доц.Што е посветеност кон општествена одговорност • Посветеност кон општествена одговорност се напорите што компанијата ги вложува континуирано за подобрување на корпоративното управување.

You're Reading a Free Preview

Download
scribd
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->