архиепископија охридска и митрополија скопска

параклис

Св. Нектариј Егински
билтен • брoj 6 • година II • Август 2010

бесплатен примерок
излегува под пастирската грижа на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован

Епископ Атанасиј Јевтиќ

слово за славното Успение Богородично
Правилно и вистинито ја
нарекуваме Светата Марија
Богородица, зашто тоа име
ја сочинува сета тајна на
Домостројот на спасението.
Св. Јован Дамаскин
(за Православната вера 3, 12)

П

реславното Успение и чудесното претставување (преселување) на Мајката Господова ја
исповеда и проповеда свети Јован
Дамаскин следејќи го „древното и
вистинско предание“ на Црквата
Ерусалимска. Тој во своите Беседи
на Успение ги опишува подробно
многуте чудесни настани коишто се
имаат случено на денот на Успението на Мајката Божја (како што тоа би
можел да го види и самиот читател
при читањето на беседите, особено
неговата трета Беседа на Успение).

Ние тука нема да се задржуваме во
изнесувањето на тие подробности и
случувања.
Несомнежен е фактот, според
светиот Дамаскин, дека Светата Богомајка умрела со смрт човечка. Иако Таа, вели Дамаскин, е „Извор на
Животот“, сепак и Таа „преку смртта
го приведува животот“ на небо. И
уште: Таа која „при раѓањето на Христа ги надмина границите на нашата
природа, сега сепак потпаѓа според
законите на таа природа, и Нејзиното пречисто тело е подложно на

Ова. туку „успение“ „божествено преставување“ или „преселување при Бога“ и „населување кај Бога“. А ако всушност и се нарече смртта на Мајката Божја со поимот „смрт“. се предава на законитиот погреб. Но и покрај сето тоа што го говори свети Дамаскин за таквата природна. е. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 смртта“. е. Господ Христос која ја „обновила природата“ и „сѐ направи да биде ново“ (Откр. човечка смрт на Пресветата Богородица. т. но токму таа „слабост“ Божја е онаа којашто го спаси светот и човекот. Како доказ на вистинитоста на самиот факт на спасението. натприродна. и обесмртувањето на човекот после Христовата смрт и воскресение. 5). пак. Се разбира. како што вели светиот Дамаскин. Христовото доброволно понижување и смирение за нас и заради нас. и Нејзината света душа „природно се разделува од непорочното тело.параклис „Св. т. е. тој истовремено исповеда и говори. е. и навидум. дека смртта на Богородица била во исто време и „над нас“. Зашто „слабоста Божја“ е апофатичкиот израз со којшто Светите Отци го нарекуваат спасителниот Христов кеносис (истоштение) за нас. погребувањето на телото на Пречистата Богомајка во земјата. сите нешта ги постави на еден нов начин на егзистенција и вечен живот. Дамаскин вели дека тоа се случува за „она што е составено од земја. парадоксално е. чудо на таквата Нејзина смрт се случило затоа што е „бескрајно силна добрината на богоначалната слабост“ на Нејзиниот Син. над природата. Зашто смртта на „Животоначалната Мајка“ на нашиот Господ толку го надминува самиот поим на „смртта“. всушност го означува она истото што е и „богоначалната семоќност“ Божја). што тој поим повеќе не се ни нарекува „смрт“. во време на смртта „потпаѓа под одговорноста на својот отец“. и таму во земјата да ја соблече од себе „трошноста и пропадливоста“. заедно со светиот Андреј Критски. 2 . во јазикот на богословската апофатика. противречно да се говори за „бо- гоначалната слабост“ Божја (зашто „слабост“ Божја или „немоќ“ Божја. 21. т.“ Во однос на „погребот“. тогаш тоа пред сѐ е „живоносна смрт“. е. ни сведочат сите Негови Светители. т. т. а телото пак. повторно да се врати в земја“. Неговото снисходливо воплотување. е. страдање и воскресение заради нашето спасение. т. да се преобрази во светло и продуховено тело на бесмртноста. како живи членови на Вечноживеештиот Христос. И уште: Светата Дева како „ќерка на стариот Адам“. а пред сите нив самата Христова „Животоначална Мајка“. како што вели самиот Дамаскин.

. бцdе. и Којашто го роди Очевото благоволение — Ипостаста Бога Логосот. смрт којашто во суштина е „почеток на новото битие“ и новиот живот. глас 1-ви: Во раѓањето девството си го запазила. престaвиласz є3си2 къ животY. и Онаа која Го родила Уништителот на смртта. тропар. Ете така. на крајот на краиштата. Мајка бивајќи на Животот. Онаа Која е исполнета со силата и енергијата на Духот Свети. всушност: смртта е усмртена со Христовото воскресение. зашто од оној момент кога таа иста смрт го беше нападнала Нејзиниот Син. смртта го извлече за себе само горчливото искуство на поразот и од тоа се „умудри“. вели понатаму Дамаскин. и со твоите молитви ги избавуваш од смрт нашите души. сето тоа е потполно туѓо на Нејзината богоносна душа и тело. таа сеопфатна и сеспасоносна Богочовечка тајна — „од сѐ најновата. во успението светот не си го напуштила. сета тајна на Пресветата Богородица се сведува. во ўспeніи мjра не њстaвила є3си2.. глaсъ №: Въ ржcтвЁ дёвство сохрани1ла є3си2. Кој со Себе ги исполнува сите и сѐ? Како Неа како таква може пеколот да ја прими во себе? Како можат да се осмелат трулежноста и пропадливоста макар само и да се приближат до Нејзиното живоносно тело? Секако. зарем може да биде подложна на смртта Онаа која Го родила Синот — на сите вистинскиот Живот?“ Зашто како може. мт7и сyщи животA: и3 моли1твами твои1ми и3збавлsеши t смeрти дyшы нaшz. Богородице. Затоа и вели Светиот богослов: „Денеска ризницата на животот и морето на благодатта се прикрива со животворна смрт. при Синот Нејзин и Бог — Спасителот наш Богочовекот Христос. бестрашно ѝ пристапува на смртта.параклис „Св. и секогаш единствена нова (тајна) под сонцето“. на вечното битие и вечниот живот. Зашто. Се престави кон животот. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 смрт која носи живот. Зашто смртта се уплаши уште и при самиот поглед на Неа. 3 . тропaрь. А последицата на тоа е и Богородичното преселување во слава на небесата. на Тајната Христова. да ја проголта смртта Онаа којашто е Мајка на Ипостасниот Живот. ако воопшто доликува да го наречеме „смрт“ Нејзиното сесвето и живоносно преселување во другиот живот.

т. ја раскажува приказната за своето обраќање. „Сфаќањето на бестелесните нешта мошне ме восхитуваше. кои потекнуваат од „Федон и Федар“. Главните класични докази за бесмртноста. е. тогаш секако ќе требаше да ја нарекуваме и безначална. E. и се такви што можат да бидат уништени и да престанат да постојат. бесмртноста или нетленоста значат исто што и божественост. туку на Бога. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 Протојереј Георгиј Флоровски Душата како „создание“ С ветиот Јустин. Христијаните не можеле да се согласат со оваа „философска“ претпоставка. има почеток. Но. „бесмртноста“ на душата би ја подразбирала нејзината „вечност“. туку само „учествува“ во животот.“ Бесмртното е само по себе и безначално. Само Бог е живот. Сите создадени нешта „по природа се распадливи. Со други зборови. е. а платоновата теорија на идеите го окрилуваше мојот ум. единствено Бог е безначален и бесмртен. има почеток. во неговиот „Разговор со Трифун“.“ Созданијата. Сè што има почетокот задолжително има и крај. Да се каже дека душата е бесмртна. „бидејќи и самиот свет.параклис „Св. вечното „претпостоење“. Само она што нема почеток би можело да трае вечно. како што гледаме. тлени. т. и заради тоа морале 4 . Светот. Како што посочи професорот A. Тејлор: „во елинското поимање. тој прво отишол при философите. душата може само да има живот. вечна и „божествена“. и токму заради тоа Тој е Бог. опитен и почитуван човек. од друга страна. Не треба душата да ја нарекуваме бесмртна — тврдел Христијанинот. а душите се дел од светот. и подразбираат нествореност како и неуништивост“. „Затоа што способноста за живот не е својство на душата. Помеѓу прашањата покренати во текот на нивниот разговор. за Елините. Господ им дава живот на душите „како што Му е угодно“. се пренебрегнати.“ Душата не е живот самата по себе. Во потрага по вистината. како такви се „распадливи“. „Веројатно имало време кога тие не постоеле.“ Потоа тој сретнал еден христијански учител. а нивните основни претпоставки отворено отфрлени. беспочетно — тоа e тезата на платонистите. е. т. „Бидејќи ако беше бесмртна. и извесно време бил наполно задоволен со учењето на платонизмот.“ Освен тоа. за еден Елин е исто како да се каже „таа е несоздадена“. било и прашањето за природата на душата. бидејќи тие верувале во создавањето.“ И затоа тие не се бесмртни.

Творецот. е. главното тврдење секогаш било јасно: прашањето за човековата бесмртност мора да се постави во согласност со учењето за Создавањето. ниту.“ Ако Човекот од почетокот ја избереше бесмртноста. сосема и целосно ab alio. deus assumptus. Следствено. Сепак. туку смртна. „Философската“ аргументација за „бесмртноста“ по природа. Тоа е да се каже дека светот е. Татијан отиде дури и подалеку. сама по себе. Но. „Бидејќи. Не само што конечната судбина на човекот 5 . во послушност кон Божјите заповеди. Тој ќе имаше создадено Бог. неговата целосна незадолжителност. Со други зборови. човекот не е ниту „бесмртен“. Свети Теофил Антиохијски инсистирал на „неутрален“ карактер на човекот. „Јас не велам дека сите души умираат. е. „Бога по восиновување“. туку создание. односно токму незадолжителноста во редот на постоењето. била секогаш прецизно изразена. и во ниедна смисла не е a se. Меѓутоа.“ Целата аргу- ментација беше полемичка. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 да ја негираат „бесмртноста“ (во елинското поимање на зборот). за разлика од Него. „Душата не е самата по себе бесмртна. можно е таа да не умре“. коешто самото свое постоење Му го должи на Бога.параклис „Св. т. тој ќе беше награден со бесмртноста и ќе станеше Бог. Како што тоа го објаснува Жилсон „постојат некои битија кои се сосема различни од Бога. Душата не е независно или самоуправно битие. тие можеле да не постојат. не може да биде „бесмртна“ по природа. по благодат. Би можело исто така да се каже: не само како метафизички проблем. барем во тоа што. и нејзината цел беше да се нагласи вербата во создавањето. и во одреден момент може да престанат да постојат“. туку нешто што во крајна линија зависи од човековиот однос со Бога. Мислата на раните апологети не била без противречности. туку пред сѐ како религиозен. Светиот Јустин не беше „кондиционалист“. туку само ако „Му е угодно на Бога“. „Бесмртноста“ не е својство на душата. пак. создадениот свет е свет кој можел воопшто и да не постои. „По природа“. ниту „смртен“. и неговото име било залудно прозивано од страна на бранителите на „условната бесмртност“. Напротив. „може да престанат“ не значи дека нужно „ќе престанат“. т. да се каже дека светот е создаден значи најпрвин да се нагласи. туку „способен за обете“. Истото размислување го наоѓаме и во други записи од вториот век. о Елини. била заснована на „нужноста“ на постоењето. неговиот Господ и Создател. ако Бог го беше направил бесмртен од почетокот.

Душата не е живот сама по себе. и покрај неговиот платонизам.). вели светиот Иринеј. Единствено Бог е Живот и Тој е единствениот Животодавец. кое беше прочитано и позитивно примено на Шестиот Вселенски Собор (681 год. иако не умираат.параклис „Св. Свети Иринеј ги користи речиси истите фрази како и свети Јустин. Патријарх Ерусалимски (634 год. затоа што во спротивно тие би требало да умрат со телото. Таа не доаѓа од „друг свет“ ослободен од распаѓање. туку таа му припаѓа токму на овој создаден свет. душите „опстојуваат колку што Бог сака да опстојуваат“. Тој го отфрла ваквиот аргумент. тој мошне инсистирал на тоа дека сè што е создадено е „по природа“ нестабилно и изложено на уништување. Дури и Климент Александриски. таа учествува во животот кој ѝ е даруван од Бога. Во вториот дел од своето писмо Софрониј ги осудува грешките на оригенистите: претпостоењето на душата и апокатастазата.). помалку или повеќе на ист начин како и апологетите. сепак „не се бесмртни по природа“. Може да се додаде дека дури ни во 17-от век оваа рана традиција не била заборавена на истокот. Дури и светиот Августин беше свесен за потребата да се ограничи бесмртноста на душата. повремено ќе се сети дека душата не е бесмртна „по природа“. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 може да се постигне само во заедница со Бога. Светиот Атанасиј ќе ја покаже бесмртноста на душата според аргументите кои може да се проследат назад до Платон. Во својата борба против гностиците тој имал особена причина да ja нагласи создаденоста на душата. туку само по благодат. таа може да се каже дека е смртна“. ние мораме да ја имаме пред вид создадената природа на душата. а сепак. Како созданија. Самото постоење 6 . „Според променливоста на овој живот. туку дури и самото постоењето на човекот и неговиот опстанок зависат од Божјата волја. дека за да постојат душите мора да бидат „безначални“. Можеме да го заклучиме следното: кога разговараме за прашањето на бесмртноста од христијанска гледна точка. Светиот Јован Дамаскин вели дека дури и ангелите не се по природа бесмртни. Ја наоѓаме истата категорична изјава во „синодското“ писмо на светиот Софрониј. и имаме интересен запис од спорот помеѓу двајца грчки Епископи на Крит токму по ова прашање: дали душата е бесмртна „по природа“ или „по благодат“. и тоа го докажува. и јасно изјавува дека „умните суштества“. Светиот Иринеј ја продолжил истата традиција. Се тврди. туку само според благодатта Божја.

да мрда. да чувствува болка или радост(!). има црти на лицето. имаме кон самиот човечки живот и неговата скапоценост. „условно“. Бог го создал светот едноставно за постоење.параклис „Св. е „Антибеби“ за удобен живот Врз основа на тоа што уште нероденото бебе телесно е зависно од мајката. потем укажува до кај сме го спуштиле достоинството на жената. или да ви биде појасно — абортуси. сопствен нервен систем. нема ни потреба посебно да се нагласува дека во мигот на претпоставениот абортус детенцето во матката веќе има свој крвоток чија крв не се меша со онаа на мајката. Овој. па дури покажува и лични навики — на пример. не мора да значи дека е минливо. Токму тука е бодежот на противречноста: имајќи незадолжителен почеток. без маски ни открива каков став. всушност. или кој било друг. Сепак.) амнодушноста е нешто што повеќе не можеме да си го дозволиме! Секоја година во Македонија се извршуваат повеќе од 30. Прво. Да се оправдува абортусот со гледиштето дека детето во мајчината утроба не е живо суштество. Не може да биде укината таа творечка заповед. Затоа. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 на душата е незадолжително. т. постоењето што не е нужно „по природа“. Тоа е условено од Божјиот творечки fiat. односно. туку претставува случаен израсток во телото на жената. (Во психологијата постои и посебна гранка што го истражува душевниот живот на детето во утробата — пренатална психологија. светот сепак нема крај. едно постоење. Игор Радев Р Колкава е цената на убиството на нероденото бебе? најблаго речено недоветно и ја навредува човечката интелигенција. има право да 7 . умее да прави гримаси. но неизменливо Божјо дејство. е. си го цица палецот и сл. може да препознава гласови. Тој бива одржуван од неизменливата Божја волја.000 чедоморства. не може да се заклучи дека таа. Творечкиот fiat на Бога е слободно. еден вид „тумор“. суштински ја разобличува лекарската „етика“ и ја става под прашалник смислата на нашето правно устројство. до грозотија поразувачки факт нѐ принудува да признаеме дека нешто пеколно смрди во повеќе области на нашето живеење.

намерно да се абортираат девојчиња понекаде е толку раширена. во желба за машко дете. всушност претставува барање цена на убиството. Па и штом ќе се роди. па уште и популарно ги нарекуваат „антибеби“ таблети.) Соучесници во бели мантили А најапсурдно — непосредни извршители на ова убиство се оние 8 . Згора. колку ли само девојченца уште во мајчината утроба ги „ослободува“ од самиот нивен живот. ние си се „штитиме“ од децата како да се тие некаква погубна болест и зараза. човекот го почнува својот личносен живот од мигот на зачнувањето! Затоа секое оправдување што го наоѓаме за од тој час па натаму да го прекинеме неговиот живот. многу често принудата на мажот е причина за абортус.. поголем дел од вината за убивањето на детето е негов. неодговорно блудничење. воспоставувајќи непријателство и шизофрен раскол помеѓу мајчинството и женственоста. (Појавата. и тоа. единствено мажите развратници. суштински ја „ослободува“ неа од сопствената женска природа. од она од што тие најмногу се плашат — од одговорноста. што во извесни земји воопшто не смее ни да се каже полот на детето пред породувањето. со детски коски ги градиме кулите вавилонски на нашата малограѓанска удобност! Од друга страна.? Дојдовме во ситуација сопствените деца да ги сметаме за непријатели на нашата „благосостојба“.) Да не зборуваме уште и за тоа какви сѐ повреди и последици остава абортусот врз женските тела и души. ќе признаеме дека легалното детеубиство ги „ослободува“. Потоа. зарем е помалку зависно? Колку глупаво звучат изјавите дека слободно може да се погуби детето во матката. Која е таа? Нашиот поголем економски комфор. Конечно. Можеби на тој начин што. Имено. Несудените мајки голтаат таблети против зачнување. па во тој случај. А кога потполно станува човек? Во пубертетот ли.. бидејќи сѐ уште не е целосно оформен човек. цинично давајќи им назив што повеќе асоцира на отров за глувци. непопречувана кариера. секако. Погледнете ја сеприсутноста на таквиот дух. трагикомични се во својата необмисленост ставовите дека абортусот претставува епохално „право“ што ја „ослободува“ жената. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 го убие. Насекаде се рекламираат средства за „заштита“ од бременост. (Впрочем. треба ли да се чудиме зошто во една таква атмосфера кај нас повеќе деца бидуваат убиени во абортус отколку што се раѓаат? Значи.параклис „Св. подоцна? Не. всушност. ако сакаме да бидеме искрени.

 Ѕ. Значи.параклис „Св. vol. каде што изрично стои: „И нема да ѝ дадам на жена средство за пометнување“ (ORKO. Пред нас е поставен изборот дали ќе се прифатиме себеси како одговорни суштества обдарени со совест (што. Ама во случајот на абортусот правниот систем во нашата држава до непоим- лив ужас потфрлил да ги одбрани токму најневините и најнезаштитените. при абортусот лекарот е ставен во положба безмилосно да го сотрува животот на детето (истото она бебе на коешто можеби само пред неколку минути со помош на ултразвук му ги следел отчукувањата на срцето) а истовремено со овој вид интервенција тој го загрозува и здравјето на жената. Овој производ се рекламирал како „исклучително средство за подмладување“! Текстот е објавен во „Дневник“ бр. ќе си ја послушаме неа и час поскоро со сите законски расположливи средства ќе се потрудиме да се избориме за правна забрана на абортусот во Татковината без никаков компромис! Сега сѐ уште нè држи оваа наша тромава незаинтересираност и рамнодушност. зарем мислите дека и најзакоравените поборници на абортусот ни малце не ги подгризнува совеста во врска со тоа?). До кога? Р. Пред неколку години беше обелоденет случај на трговија со тела на абортирани деца. Купувачот била една прочуена француска козметичка компанија. Имено. да се подзамислиме сега за нашиот. Ако сториме така. Меѓутоа. она медицинско лице што е вмешано во извршување абортуси не ни може да се нарече лекар! Така? Толку за нивниот етос. Ќе помогне ли во будењето на совеста ако ја цитирам овде и Хипократовата заклетва. тој се претворил во неумоливо орудие за нивно усмртување. напротив. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 што според самата суштина на својот призив се должни да ги штитат и да ги запазуваат животот и здравјето. 2077 од 15-ти Февруари 2003 год. таа нив ги користела во производството на крем за нега на кожата. 20-21. The Loeb classical library). 1. Но. Што воопшто заслужува да се каже за него кога дозволуваме во ова општество чедоморството да биде толерирано и правно озаконето? Смислата на правото нема да одречеме дека се темели врз тоа да им обезбедува справедливост и сигурност на сите (а најмногу на послабите и незаштитените) наспроти силеџиството од посилните. која со неподнослива леснотија прави од нас вистински соучесници во масакрот што секојдневно се случува по гинеколошките клиники. 9 . Hippocrates.

Во недостаток на простор. Само неколку дена подоцна. на денот на дванаесетгодишнината од ракополагањето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. Моштите беа со свечена литија внесени во храмот. Јован во 10 Епископски чин. од островот Санторини. Моштите ги донесоа архимандритот Епифаниј Димитриу во чијашто придружба беа и архимандритите Амфилохиј и Антониј од Атинската Архиепископија.параклис „Св. Архимандритот од манастирот на светиот пророк Илија. Литургијата беше служена под ведро небо Свештенослужителите и верните од параклисот „Св. на денот на прославата на светиот Наум Охридскиот Чудотворец. Имено. г. поради државниот прогон и дискриминацијата на Православната Црква во Македонија. Нектариј Егински“ со организиран превоз дојдоа во манастирот „Св. Григориј Богослов. г. кадешто Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. Игуменот Дамаскин. нашата Црква во траен благослов доби и парче од моштите на светиот Еразмо Охридски. Грција. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 од животот на параклисот В о изминатиот период Господ ја дарува Православната Охридска Архиепископија со големи благослови и благодат во изобилие. Јован Златоуст“ . во траен благослов на Архиепископијата ги донесе светите мошти на големите Три Јерарси: Василиј Велики. Јован Златоуст. Јован отслужи света Литургија во сослужение на Високопреподобниот игумен Дамаскин и повеќе свештенослужители на Православната Охридска Архиепископија.

ѓаконот Георгиј Максимов.параклис „Св. Д обро познатиот теолог од Московската Патријаршија. Нектариј Егински“. и драг пријател на Охридската Архиепископија. Јован. Н еговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. На интернет страната на параклисот е поставен звучен запис од проповедта. местото кадешто отец Даниил неуморно го сведочеше Христа до својата маченичка кончина. токму од отец Георгиј — негов долгогодишен пријател и близок соработник. во дел од својата посета на нашата Црква. кој може во целост да го чуете на интернет страницата на параклисот. на денот кога се празнува соборот на светиот Архангел Гаврил сослужуваше на Божествената Литургија во параклисот „Св. г. Апостол 11 Тома“. Нектариј Егински“. и еден од првите кои по убиството пристигнале во храмот „Св. По Евхаристиското заедничарење во Телото и Крвта Христови. Јован во четвртата недела по Педесетница служеше Божествена Литургија и проповедаше во параклисот „Св. …Отец Даниил беше голем пријател на Охридската Архиепископија и имаше голема љубов кон неа. г. имавме можност да дознаеме повеќе за о. Тој . Во продолжение пренесуваме дел од разговорот. Даниил Сисоев и за неговата маченичката смрт. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 за да се поклонат на светите мошти и да земат учество во Литургијата. Излевање на благодатта Божја како да беше подготовка за настаните кои следуваа — веќе следниот ден преку медиумите дознавме за потврдата од Апелациониот Суд за затворската казна на Неговото Блаженство Архиепископот охридски г.

св. sv. ап-ли Марко. а по маловерието. св. Еп. / 26 Септ. најсуштинското нешто што може да биде во животот. Агатоник. Лионски. вмч. саб. Михаил во Колос 21 / 8 Септември втор. спомен на чудото на св. Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден 3 Окт.wordpress. / 30 Авг. Тој многу сакаше маченичка кончина. преп. мч. Нектариј Егински“ • билтен • број 6 • Август 2010 беше тука меѓу вас двапати.com . мч. кој од Христијаните може да го каже тоа? „Подобро е да се живее како праведник. св.nektarij@gmail. / 20 Септ. Таа покажа како Господ се однесува кон отец Даниил. св. саб. / 29 Авг. Рождество на Пресвета Богородица 26 / 13 Септември нед. Симеон Столпник (почеток на индиктот) 19 / 6 Септември нед. Јован Крстител 12 Септ. Александар.параклис „Св. св. 14 / 1 Септември втор. нед. Нашиот живот во суета често нема во себе ништо вистинско. ништо оригинално. Успение на Пресвета Богородица 29 / 16 Август нед. апостол и евангелист Јован Богослов 10 Окт. Констант. Арханг. затоа што маченичката крв очистува од секој грев — освен од гревот на расколот… подготовка: презвитер Борјан Витанов. затоа што имаше многу разни новинарски раскажувања кои не се точни. мч. Иринеј. тој во срцето го преживуваше она што се случуваше во Македонија. Јован Рилски 4 Септ. / 23 Авг. Јоаким Осоговски 31 / 18 Август втор. Тоа како тој умре — беше највистинското. отец Даниил говореше дека е тешко да се живее како праведник. и кога беше во Москва. 076 960-697.com 12 контакт: 076 966-217 . „Ако имаш гревови — тогаш за тебе најдобар пат е маченичкиот“. Луп 11 Септ. беше секогаш со срцето. св. свешт-мч. саб. ништо суштинско. / 27 Септ. св. Јован и Павле Патр. но. св. јеромонах Иринеј (Стефановски) Распоред на богослужби 28 / 15 Август саб. Калистрат. нед. / 22 Авг. преп. (…) Кога се случи убиството. свешт-мч. св. ние почувствувавме дека сѐ се смени. и многу се трудеше — колку што можеше — за Охридската Архиепископија… И кога не беше присутен тука телесно. туку и самиот негов дотогашен живот го направи сама вистина. мч-ци Иринеј. св. но таквата смрт не ја направи само смртта на отец Даниил. св. (…) Сметам дека е мој долг да ви раскажам како се случи сето тоа. одошто да се умре за Христа.“ Но. Евстатиј и останатите со него 9 Окт. нед. Отсекување на главата на св. нед. Ор и Оропсис 5 Септ. Аристарх и Зинон http://svnektarij. Корнилиј Стотник 27 / 14 Септември пон.

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful