Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Факултет за природни и технички науки

Индивидуална работа по предметот

Комерцијална Логистика
Тема:

Мегународен маркетинг и малопродажба

Ментор:

...................................................................................................... Меѓународна кооперативна маркетинг концепција .................14 2.............17 Главни двигатели.............................................5 3..........................3 1.................................................................. Избор на пазарот и пазарниот сегмент........................................................................................................................................................1................................................................16 Решенија за малопродажба................... Непознавање на индустријата....................................15 Чекори за подобрување на продажбата.........................................................6 5................................................................................................ Унинационална маркетинг концепција ............................................................. Започнување без анализа на пазарот............................................................................ Недоволна промоција.......5 1................................................... Мултинационална маркетинг концепција ............... Донесување на одлука за извоз.............................. Утврдување на маркетинг програмата............................ Мислење дека онлајн присутност не влијае на офлајн продавница на мало... Организација на извозниот маркетинг...............................................14 1................. Несоодветна локација............................................15 5....... Меѓународни маркетинг концепции..15 3.......................................8 6......................................6 4........................................4 1.............................................................................Содржина В о в е д............12 Малопродажба: 12 Чекори за подобрување на продажба................................ Избор на стратегија за извоз...................................................5 2.......10 Заклучок..................17 2 ............................................................................................................................................................................................................................................................................................................................15 4........................................3......................................4 1..........................................................................................2....

Без оглед на таквата сложена состојба . придонел доста брзо да се развива и теоретската обработка на проблематиката на меѓународниот маркетинг и секако маркетинг стратегијата. поради разликите во создадената стопанска структура. што наложува потреба за остварување на меѓународна размена. односно работат во меѓународниот промет со надворешни стопански субјекти. посебно за претпријатијата кои одржуваат контакти. Таквата потреба е од национален интерес на секоја земја. така и на специфичните карактеристики на одделните економски (и политички) групации кои со своите ограничувања и други мерки уште повеќе го усложнуваат работењето на надворешниот пазар. Оттаму и сосема логично е меѓународниот маркетинг да има несомнено значајно место и во наши услови. постои тенденција на создавање на единствен светски пазар. Токму големото значење на меѓународната размена и нејзиниот динамачен од.Вовед За разлика од примената на маркетингот во рамките на определени национални рамки каде постојат релативно изедначени услови. без оглед дали се работи за активности кои се во доменот на извозната или увозната проблематика. o Силното влијание на науката и техничко технолошката револуција наложува да се остварува меѓународна размена. во меѓународниот маркетинг се сретнуваме со низа на специфичности кои се резултат како на специфичностите на секоја национална економија и нејзиниот инструментариум. Се чини дека не е неопходно да се истакнува значењето на меѓународната размена бидејќи тоа е неспорно во услови на се поголема поделба на трудот. 3 . Тие врски се карактеризираат со нагласена резистентност така што не можат да се прекинуваат поради определени краткорочни измени во политиката. што произлегува од следниве фактори: o Сите земји во светот упатени се на меѓусебна размена поради нерамномерната територијална дистрибуција на природните ресурси. o Речиси кај најголемиот број земји постои определен економски однос кој се воспоставувал подолг временски период. кој може да се илустрира со низа на илустративни показатели. Тоа се чувствува во различни домени на стопанскиот живот на секоја земја.

 Извозот го забрзува развојот на домашните претпријатија. 4 .1. Меѓународни маркетинг концепции Со оглед на реалните разлики во општествено-економските односи меѓу одделните земји кои учествуваат во меѓународната размена.  Претставува значаен извор на девизен прилив. Основната компонента на оваа концепција е извозот кој ги има следните карактеристики:  Со извоз. 1. или со нив се зголемува користењето на постојните капацитети.1. производствените капацитети се зголемуваат во меѓународни оптимални капацитети. и др. Унинационална маркетинг концепција Оваа концепција има за цел да го вклучи националното стопанство во меѓународната размена со што остварува определени активности на увозен и извозен маркетинг.  Извозот значи зголемување на пласманот на производите бидејќи домашниот пазар е тесен за оптимални производни капацитети.  Обезбедува подобра поделба на финансиските трошоци. Извозната и увозната маркетинг компонента се делови на унинационалната маркетинг концепција и ја одразуваат меѓународната размена од стојалиште на националното стопанство.  Се користат извозни премии. меѓународниот маркетинг добива посебна димензија која води кон создавање различни меѓународни маркетинг концепции.

и на тој начин остваруваат мошне големи профити. Врз таа основа се развиваат мултинационалните компании кои во денешни услови доминираат во економијата на низа на неразвиени и земји во развој. Донесување на одлука за извоз Во доменот на глобалниот пазар треба да се донесат неколку битни одлуки. Самиот збор покажува дека постои соработка меѓу две или повеќе национални стопанства. Понатаму треба да се 5 . Една од тие одлуки е поврзана со прашањето дали да се извезува. Меѓународна кооперативна маркетинг концепција Меѓународната кооперативна маркетинг концепција. Мултинационална маркетинг концепција Мултинационалната маркетинг концепција поаѓа од поставката на создавање оптимални резултати во повеќе национални стопанства. а со меѓународната размена се настојува да се постигнат заеднички национални резултати.3. Се поставува прашањето колкаво ќе биде учествотот на продажбата во однос на вкупната продажба? Едни почнуваат со помало учество. се однесува на задоволување на потребите на две или повеќе национални стопанства. 2. За да се донесе ваква одлука претпријатието како прво мора да ги дефинира своите меѓународни маркетинг цели и политики.1. 1. додека други имаат големи планови.2.

Трошоците ќе зависат од предвидената стратегија.  Предвидување на трошоците и профитот. трошоците на работење.одлучи дали дасе развива маркетинг во помалку земји или во многу земји. Повремен извоз е пасивно вклучување. Предвидување на нејзиното можно учество на пазарот бара уште повеќе напори. Компанијата користи изворни информации за пазарниот потенцијал на секој поединечен пазар. Таа треба да биде доволно висока. од населението. во кое претпријатието извезува вишоци и 6 . Извоз Со извоз. како и за типовите земји во кои ќе се изнесува. 4.  Предвидување на идниот пазарен потенцијал и ризик. Атрактивноста на земјите ќе зависи од самиот производ. Избор на пазарот и пазарниот сегмент Следната одлука која треба да се донесе е поврзана со прашањето на кој пазар да се влезе. а од нив и очекуваните профити. како едноставен начин за вклопување во странскиот пазар.  Проценката на стапката на приносот на вложувањата. 3. Предвидувањето на идното стопанско остварување се јавува како тешка задача. конкурентската предност и ризикот. Како задача се поставува проценката на стапката на приносот од вложувањата. од политичката ситуација и од други фактори. растот на пазарот . Ова се одвива низ пет фази:  Проценка на актуелниот пазарен потенцијал. за да ги покрие вложувањата како и ризикот за несигурност во таа земја. Избор на стратегија за извоз Влегување на пазарот може да се оствари на три начини: 1. За донесување на ваква одлука се користат повеќе критериуми како: големината на пазарот. од географските фактори.  Предвидување на продажниот потенцијал.

додека активниот извоз се јавува кога претпријатието ја испорачува стоката со цел да го зголеми извозот на одредено време. со директен извоз и индиректен извоз. 1. - Лиценца - Договор за производство - Договор за управување - Сопственички вложувања. Заедничко за двата случаи е тоа што производите се произведуваат во сопствената земја. Заедничко вложување Заедничко вложување. како друг метод за влегување на странскиот пазар. 2.понекогаш продава производи. Може да се извезува на два начина. кое доведува до олеснување на производството во странство.2Индиректен извоз - Домашен извозен трговец - Домашен извозен агент - Кооперативна организација - Претпријатие за водење на извозни работи.1Директен извоз - Домашно извозно одделение - Странска продажна филијала - Патувачки претставници - Странски продавачи. 3. Директно вложување 7 . 1. Разликата со претходниот метод е воспоставена на партнерство.

додека други ке применуваат прилагоден маркетин микс. на економската пропаганда. тогаш станува збор за прилагоден маркетинг микс. 5.ја задржува целосната контрола врз вложувањата. Предностите на овој тип на стратегија се следниве: . Утврдување на маркетинг програмата Освен наведените одлуки што треба да се донесат.Вложувањето во странски монтажни или производствени капацитети претставува директно вложување. олеснувања од владата итн. заштеди во превозот. - се зајакнуваат врските со владата. друг тип на важна одлика кој што треба да биде донесена се однесува на одлуката маркетин програмата. за цените. . на цените. Маркетинг програмата содржи одлуки за производот.претпријатитео заштедува на трошоците. Едни компании ке применуваат стандардизиран маркетинг микс. затоа што користи поевтина работна сила или суровини. продавачите. 8 . Главната слабост е ризикот од блокирана или девлавирана валута. експропријација. со цел да се остварат најниски трошоци. Кога продавачот ги прилагодува елементите на маркетинг миксот на секој целен пазар. Стандардизираниот микс ке значи стандардизација на производите.стекнува подобар имиџ во земјата домаќин. на каналите на дистрибуција. купувачите. добавувачите. . каналите на дистибуција и промоцијата. поради отворањето на нови работни места.

Производителите остваруваат слаба контрола врз малопродажните цени кои ги формираат странските посредници. За да се зголеми неговата предност треба да се најде нови употреби на производот. но и да биде катастрофално. 2. 3. Ист облик на производ – воведување на производот на странскиот пазар без никакви промени. за да се осигура учество на пазарот. Ова може да донесе успех. Адаптација на производот – само мали промени за да се задоволат локалните услови.ПРОИЗВОД ЦЕНА цел пазар КАНАЛИ НА ДИСТРИБУЦИЈА ПРОМОЦИЈА Маркетинг Микс а) Производ Најчесто се користат три стратегии за адаптација на производот и промоцијата за странскиот пазар. Владата може да се заштити со воведување на дампинг царина. Иновација на производот – креирање на нешто ново. 1. Иновација нанапред – креирање на нов производ со одредена мерка за потребите на друга земја. б) Цена Цената која ја определуваат производителите на странскиот пазар најчесто е пониска. Оваа практика се нарекува дампинг (dumping). Може да биде иновација наназад – повторно воведување на претходниот обликна производот кој може успешно да се адаптира за потребите на некоја земја. 9 .

Третата врска се канали внатре во држaвата. 10 . Каналите се разликуваат од земја во земја. Организација на извозниот маркетинг а) Ивозно оддeление Со проширувањето на меѓународната продажба претпријатието организира извозно одделение составено од директор на продажбата и неколку помошници. Ако и понатаму расте продажбата. Но. тој на локалниот големотрговец. Втората врска се канали меѓу државите. кои истовремено се дел од тој канал и го контролираат. 6. треба да се знае употребата на медиумитево различните земји.в) Канали на дистрибуција Претпријатието мора да ја разбере целината на каналите во врска со проблемот на дистрибуцијата на производот до крајниот потрошувач. а малопродажбата во странство да е во рацете на самостојните трговци на мало). кои ги носат производите од велзот на границата до крајниот потрошувач. Првата врска е централата не продавачите. Медиумите се многу важна компонента за донесување на одлуки во врска со маркетинг миксот.Бројот и видовите на посредниците (одреден производ може да се продава од главниот големотрговец.Големината и карактерот на малопродажните единици во странсво (во една држава може да доминираат големи синџири на малопродажба. кои ги носат производите до границите на одредена националана економија. . Во претпријатија постојат служби за соптвена економска пропаганда. оддлението се проширува за да ги опфати поголемиот број на маркетинг услуги. тој на големотрговецот за одредена марка на производот. Најкарактеристични се следниве разлики : . тој на големотрговецот специјализиран за основниот производ. г) Промоција Промоцијата може да биде сита и за странскиот и за домашниот пазар или да се менува за секој локален пазар. тој на регионалниот големотрговец. Се појавуваат три главни врски меѓу продавачот и крајниот потрошувач. а тој на трговецот на мало).

 Полицентрична стратегија се заснова врз намалувањето на ризикот преку постоењето на голем број на автономни пзарни единици и широк асортиман на производи. Глобалните оператiвни единици непосредно се одговорни на извршниот директор. Менаџментот се пополнува од кадрите на многу земји. Тие планираат за различни оперативни единици и им вршат услуги.  Глобална стратегија – фокусот го става на меѓународното поврзување на странските пазари. в) Мултинационална организација Ваквата организација размислува за себе како за маркетер на глобалниот пазар.се претпоставува дека производите и услугите на една земја се посупериорни во однос на производите и услугите од друга земја и кон своите погони во странство се однесуваат како кон секундарни делови. составните и резервните делови се купуваат таму каде што можат да се најдат по најниска цена. се вложува каде што очекуваат најголеми приноси. Други членови на меѓународната служба се стручњаци за маркетинг. Со неа раководи претседател кој ги поставува целите.  Геоцентрична стратегија – се засниова на географска децентрализација со стеснет асортиман на производи и намален ризик преку производство во повеќе земји. Оперативните единици можат да бидат : географски организации.б) Меѓународна служба Меѓународната служба се организизра на повеќе начини. Ефикасната конкуренција во меѓународното окружување бара различна старатегија од онаа наменета за домашниот пазар. Врзвниот менаџмент може таа служба да ја гледа како една дополнителна служба и да не ја вклучува во оценката и планот на глобалниот маркетинг. извршниот директор е упатен светски. задачите и се грижи за растот. 11 . а не на претседателот на меѓународната служба. истражување. производство. организации за група на производи и меѓународни организации. планирање и кадри. финансии. а не само во домашните или меѓународните трансакции. На менаџерите им стојат на располагање четири стратегии и тоа следниве :  Етноцентрична стратегија .

како и разликите во инструментите на државите во регулирањето на пазарниот механизам. Прилагодување на производот. На овој начин едно претпријатие се решава и ја спроведува одлуката за неговото вклучување на меѓународниот пазар. Се донесува одлука за организацијата на маркетингот и тоа како за извозното оддление. меѓународната служба или мултинационалната организација. 5. заедничко вложување или како директно вложување. Одлуката е проследена со соодветен ризик и бара систематскки начин на водење на меѓународниот маркетинг. за да донесе одлука за вклучување на глобалниот пазар. дистибуцијата и промоцијата на секој поединечен пазар. 4. културната и итн. што во голема мерка ги 12 . дали ке се работи во малку или многу земји. Тоа е разбирливо ако се има предвид дека се работи за пазари на кои е силно изразена конкуренцијата. цената. политичко-правната. економската. како и можности и ограничувања на окружувањето. Голема пречка притоа претставува релативно недоволното познавање на овие пазари. 6. Проценка на стапката на принос од вложувањата во донос на степенот на ризик.Секое претпријатие ги оценува своите предности и слабости. Треба да се определи начинот на кој ќе се влезе на пазарот и тоа како извоз. како и донесување на одлука на кој пазар сака да се влезе. 3. 2. Заклучок Меѓународните маркетинг активности се сложен процес. Мора да се донесе одлука за учеството на надворешната продажба во однос на вкупната . а тука важно место завзема меѓународниот маркетинг трговски систем. Прв чекор е оценка на меѓународното маркетинг окружување . 1.

ограничува извозните активности на нашите стопански субјекти. се градат пристапни патишта…) носи технолошки напредок (се бараат нови начини на продажба. планирање и контрола. елементите на извршување на маркетинг активностите мораат да бидат програмирани. се бараат нови производи и/или услуги …) претставува директен генератор на приход обезбедува стоки и услуги по соодветна цена на крајните потрошувачи претставува директен контакт со корисникот на производите и/или услугите … 13 . се инвестира во опрема. МАЛОПРОДАЖБА – ОГРОМНО ЕКОНОМСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СИТЕ ЗЕМЈИ Малопродажбата претставува еден многу динамичен сектор кој се разликува од сите останати бини сектори. Меѓународниот маркетинг се спроведдува преку активностите на организацијата. Зошто е тоа така? Малопродажбата: • • • • • • • обезбедува огромно вработување а со тоа и посилна економија на државата (во еден просечен град од околу 100. за да донесе одлука за вклучување на глобалниот пазар. Секое претпријатие ги оценува своите предности и слабости. Концептот на меѓународен маркетинг го вклучува и спроведувањето на маркетинг концептот врз основа на системски и деловни активности во пазарно-ориентираниот систем на меѓународни бизнис односи. Од современите меѓународни економски односи произлегуваат меѓународните маркетинг активности. фокусирани на планирање.000 малопродажни објекти со просек oд 3 вработени тоа се скоро 10 процентно вработување) поттикнува инвестиции (се градат објекти. развој и пласман на производите спрема барањата на целните пазари. меѓусебно усогласени и координирани.000 жители доколку има 3. како и можности и ограничувања на окружувањето. информирање и комуникација. Затоа. Повеќето од развиените земји малопродажбата ја сметаат како еден од назјачајните економски елементи на земјата. Одлуката е проследена со соодветен ризик и бара систематскки начин на водење на меѓународниот маркетинг. со цел да се постигне успех на меѓународниот пазар.

На ваков начин ќе имате недостаток на купувачи. токму тоа искуство стекнато од еден поранешен период не може да се избрише. а со тоа нема да знаете какви производи да им продавате и може да не го имате она што се бара. Подетално можете да прочитате во 10 извори на информации за успешна анализа на пазарот. едно е сигурно. Значи. се бира локација.н ценрални комитети нормално не сепроверуваа. големите претпријатија беа во сопственост на државата и по налог на некои т.Но. Но. зошто овие продавници на мало по толку кратко време се затвораат? Дали може да биде поинаку? За продавници на мало кои имаат краток век на живот причините за смртност се многу. од друга страна не е лесно да се работи и опстане во овој сектор бидејќи: • • • • Постои голема конкуренција (најлесно е да се започне со малопродажба. Малопродажба: 12 Чекори за подобрување на продажба Малопродажба Колку продавници на мало сте виделе кои по 6 месеци или една година од своето работење се затвораат? Сигурно многу. се затвораат заради недостаток на купувачи. … Дистрибуцијата на потрошувачките производи започнува со производителот. Но. па секако преставуваа „најголема опасност“ за државата. Иако штетата за државата на некои други места е многу поголема. Во продолжение ќе прикажеме 10 чекори кои можете да ги искористите за подобрување на продажба во продавница на мало. цените. преку еден или повеќе дистрибутери. се набавуваат производите и се отпочнува со малопродажба) Малопродажбата секогаш е прва на удар на инспекциските органи за ситни работи (Ова е поради фактот бидејќи само тоа знаат да го работат. Е. нивните потреби. пазарот… Доколку не се следат овие елементи набавените производи можат да остнат на грбот на малопродавачот и наместо профит следува загуба. Започнување без анализа на пазарот Без соодветна анализа на пазарот не можете да ги знаете вашите потрошувачи. Пред да тргнам со чекорите би ги претставил накратко и 5-те основни причини за недостаток на купувачи: 1. неможност за покривање на трошоците и на крај банкрот. од друга страна малопродажбата беше еден од ретките можности за приватен сектор и претприемничко работење. преку малопродавачот до крајниот потрошувач. од малопродажбата во голем дел зависи и успехот на одредени производи и/или услуги. туку да работи и остварува профит. нивните навики. 14 .) Мора да ги следи роковите. размслуваме зошто е тоа така? Во еден поранешен систем во кој беше и нашата земја. На претприемачот кој започнал со ваков бизнис сигурно не мислел да го затвори по краток период. Со тоа инспекциските органи стекнаа едно огромно искуство во малопродажбата. А. Со недостаток на купувачи се јавува и недостаток на готовински тек. Но. нивните начини на трошење на парите.

некој има добро познавање во автомобилската индустрија и ќе започне малопродажен бизнис со авто делови итн. Несоодветна локација Доколку претприемачот не ја анализира локацијата на која планира да ја отвори својата продавница на мало може да се случи да нема доволен сообраќај на луѓе. На таков начин нема да имате доволно купувачи. Не може секој да биде добар во сите индустрии. Недоволна промоција Доколку претприемачот не ја избере вистинската промоција за неговиот бизнис купувачите нема да знаат дека постои. Некој има познавање од модната индустрија и ќе биде добар во бизнисот со бутици. Од друга страна со поголемата пристапност на интернетот низ домовите овозмужува една голема популација да се информира токму преку тие онлајн медиуми. Непознавање на индустријата Не можете да го продавате онаа што не го познавате. нема да можете да знаете да ги препорачате на купувачите вистинските производи. а ќе имате врзани пари во стока која нема да се продава. Доколку не ја познавате индустријата во која влегувате нема да можете да знаете да ги изберете вистинските производи. 4. На ваков начин нема да има доволен број на купувачи.2. Ова се однесува особено на сите малопродажби кои не се наоѓаат во главниот град. а со тоа помалку луѓе ќе ја забележат продавницата дури и да ги има најбараните производи. сепак сметам дека сеуште се малку. ќе продолжат да купуваат онаму каде што купувале досега. Погледнете само во оваа шума на можности за онлајн присутноста: 15 . Мислење дека онлајн присутност не влијае на офлајн продавница на мало Иако голем број на малопродажни бизниси веќе започнуваат да размислуваат и имплементираат стратегии за онлајн присутноста на нивниот бизнис. Доколку не им го привлечат вниманието на потенцијалните купувачи за да ја дознаат новата продавница тие ќе си ги користат старите навики. 3. 5.

но да пропадне заради немање на готовина. Цените претставуваат спој на наука и уметност. Контролирајте ги залихите. Проучете ги главните играчи како на локално така и на национално ниво. 4. 16 . Ова нека биде последно мерило за конкурентноста. а тие не постојат заради Вас. Имиџот се креира преку производите. Проучете ги Вашите сегашни и потенцијални потрошувачи. Започнување на нов бизнис не е 2. цените. 7. Тие зависат од производите што ги продавате. продажба. Дали имате доволно знаење од финансии. Доколку одржувате големо ниво на залихи може да имате проблеми со готовинскиот тек. Но запомнете цените треба да овозможат покривање на трошоците за Вашиот бизнис и остварување на профит. Запомнете дека Вие постоите заради Вашите потрошувачи. Проучете ја индустријата во која ќе влезете. навики и однесувања при купување. Добриот имиџ ќе Ви носи уште повеќе потрошувачи. Разберете ги потрошувачите за да можете да го прилагодите Вашиот бизнис. залихи…? Дали сте спремни од одрекувања од досегашните навики? Ова се само дел од прашањата за кои треба да се запрашате пред започнување на бизнисот. Имајте секогаш готовина на сметка. На ваков начин ќе им го дадете она што им треба и тие ќе продолжат да купуваат кај Вас. Без доволно готовина бизнисите пропаѓаат. Доколку сакате да успеете мора да имате добар бизнис план кој ќе Ви помогне да ги носите најдобрите одлуки. само седење во продавница и продавање.Онлајн присутност Чекори за подобрување на продажбата Чекори кои можете да ги спроведете кога ќе одлучите да навлезете во бизнис со продавница на мало се следниве: 1. Постојано внимавајте на оваа прашање. Бизнис планот претставува алатка за конвертирање на Вашата бизнис идеа во профитабилен бизнис. Имиџ претставува слика за Вашиот бизнис што ја имаат потрошувачите. Изградете систем за контрола на залихи кој ќе овозможи истите да се одржуваат на минимално (оптимално) ниво. 6. Конкурентноста не се мери само во цена. Дали сте спремни за таков потфат. начинот на продажба. Што е она што се бара? Ова проучување ќе Ви го покаже правецот по кој ќе треба да тргнете. Првин пред се запознајте се себеси. маркетинг. Изградете и постојано надградувајте го Вашиот имиџ. локацијата итн. Прочитајте за процесот на бизнис планирање. Залихите значат врзани пари. Планирајте. рекламниот материјал. Постојано анализирајте го Вашиот готовински тек. Испланирајте се што треба да направите. Користете ги 40-те прашања за анализа на индустријата. Пари кои ги нема како готовина. 3. логото. Вашиот стекнат имиџ и услугата која ја нудите. набавка. 8. Бизнисот може да биде профитабилен (да прави солидни профити). 5. Многу мали бизниси пропаѓаат заради погрешно воспоставени цени на производите кои ги продаваат. Оваа проучување треба да се однесува на нивните потреби. Трошете онолку колку што ви дозволува Вашиот готовински тек. Изберете вистинска ценовна политика.

Сето оваа ќе доведе до зголемување на купувачите. Размислете добро за целта на онлајн присутноста на Вашиот бизнис онлај и подгответе една онлајн стратегија. брошури. Се зависи од вашата креативност. Запомнете дека не можете да бидете експерт во сите подрачја што ги бара водењето на сопствен бизнис. каде и најмалата заштеда на трошоците е важна и каде рокот за враќање на инвестициите е помал од 3 години Достапност: Осветлувањето и системите за готовина мора да работат постојано Осветлување: Експертско и дополнително осветлување за да се овозможи продажбата Безбедност и удобност на клиентите: Еколошката удобност и чувството на сигурност кај клиентите ја подобрува продажбата 17 . Секаде каде што одите промовирајте го Вашиот бизнис преку делење на визит карти. Веќе многу бизнис стратеги во голем дел се базираат на онлајн стратегија. 10. Барајте помош кога ќе почувствувате дека не можете. Не е важно дали имате интернет продажба или не. Ова се само 12 можни чекори кои може да ви помогнат за да ја подобрите продажбата. Стратегија на хартија не значи ништо. 11. покани итн. изгответе листа на конкретни чекори и започнете со имплементација. рекламен материјал.9. важно е да почнете да ја обезбедувата онлајн присутноста на Вашиот бизнис. Но. Изгответе онлајн стратегија. Започнете со примена на стратегијата. Многу работи се на Вашиот грб како претприемач. не се ограничувајте само на нив. Добра промоција не е само реклама на радио или телевизија. Разговарајте со луѓето за Вашиот бизнис и за Вашите понуди. Сигурно можете да направите уште милион работи кои ќе влијаат на вашата продажба. Решенија за малопродажба Главни двигатели • • • • • Намалување на трошоците и времето за градба: Силен и постојан притисок врз учесниците во проектирањето и изведбата за намалување на Оперативни трошоци: Малопродажбата е бизнис со тенки маргини. Стратегијата треба да ја преточите во конкретни чекори. 12. Без разлика дали е тоа правење на Facebook страна за Вашиот бизнис или Ваше лично активирање на Twitter или пак изработка на веб сајт. Понекогаш е подобро да потрошите некој денар за некој кој ќе Ви помогне со консултантски совети отколку да оставите и немоќно да гледате како пропаѓа Вашиот бизнис. Искористете ја секоја можност да се промовирате.

троши од 35 до 50% од целосната енергија. се претпочита одржување и работа на згради Модернизација: Во западните земји. и само малку е направено за да се намали потрошувачката и да се заштеди енергија Еколошки заложби: Клиентите треба да ги гледаат препродавачите како пријатели на животната средина Прописи: Прописите за енергија силно се развиваат во сè повеќе и повеќе држави Оптимизирање на цената на енергијата: Либерализацијата на енергетскиот пазар води кон централно купување за повеќе места и држави Управување со објекти: Секогаш кога е можно.• • • • • • Енергетска ефикасност за ладење: Ладењето. единствениот n° процес за малопродажбата на храна. каде основната инсталација е стара просечно 20 години. се одвива голема модернизација со потреба од енергетска ефикасност 18 .