You are on page 1of 21

2011

ЦЕНТАР ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И
РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ
QENDRA PËR TË DREJTAT E
NJERIUT DHE ZGJIDHJE TË
KONFLIKTEVE
CENTER FOR HUMAN RIGHTS
AND CONFLICT RESOLUTION

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Издавач:
Центар за човекови права и разрешување конфликти

Претседател:
Мирјана Најчевска
Виолета Петроска- Бешка

Изработи:
Љуан Имери

ВИЗИЈА НА ЦЧПРК
Центарот за човекови права и разрешување конфликти е детерминиран да
стане еден од главните лидери во развојот на демократијата, слободата и стабилноста во
Македонија. Нашата визија е иднина во која секоја индивидуа или група е во состојба
слободно да учествува во сите сфери на општеството, врз основа на принципите на
меѓународно признатите човекови права и вредности, иднина во која сите имаат можност да
земат активна улога во активностите на заедницата, иднина во која сакаме да ги срушиме
бариерите и да овозможиме еднакви можности за сите, иднина во која сите граѓани без
разлика на полот, возраста, попреченоста, сексуалната определеност, етничката припадност,
расата и

уверувањето, како и културните и социјалните разлики се почитувани и сите

заедници живеат заедно со взаемна почит и толеранција.

МИСИЈА НА ЦЧПРК
Центарот за човекови права и разрешување конфликти е невладина
организација, односно здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на
граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како
и заради вршење на дејности и активности за промоција и заштита на човековите права и
слободи и развивање и унапредување на начините на меѓусебната комуникација меѓу луѓето,
базирани врз овие права.
Центарот за Човекови права и Разрешување Конфликти е организација која примарно се бави
со истражувања и едукација, базирани на следниве основни цели:

Да им помогне на граѓаните на Република Македонија да заземат активна улога во
разрешувањето на навидум нерешливите конфликти, вкоренети во етничките и други
разлики; и

Промовирање на концептот на човековите права и базичните слободи, како суштински
дел од политичката, судската и општествената трансформација која се одвива во
државата.

БОРД НА ЦЧПРК

Проф. Др. Мирјана Најчевска

Проф. Др. Виолета Петроска-Бешка

Др. Николина Кениг

Др. Стојанка Мирчева

Сафет Балажи

Идавер Мемедов

ПРОГРАМИ И АКТИВНОСТИ
Постигнувањето на основните цели, е базирано на предземање на различни активности во
рамките на трите клучни области:
Човекови права, насочени кон:


Дисеминација на знаења од областа на човековите права и слободи - преку подигање
на свеста за своите и туѓите права и создавање на услови за активна заштита на своите
и туѓите права, со примена на демократските механизми и владеењето на правото;
Развој и адаптирање на концептот, со цел да се имплементира на што е можно
пошироко ниво во македонската реалност; и
Трансформирање на постојното разбирање за човековите права - од нивно
согледување како примарно колективни, до нивно прифаќање како базично
индивидуални.

Разрешување на конфликти, насочено кон:

Промена на пристапот на луѓето кон конфликтите - од гледање на конфликтот како на
перманентна деструктивна битка меѓу инкопатибибилни интереси, до негово
согледување како можност за заеднички развој и подобрување на односите, кои
покрај интереси, содржат и потреби, чувства и вредности; и
Воведување на техники за конструктивно и мирољубиво разрешување на
интерперсоналните и интергрупните конфликти, засновано на културна модификација
на постојните модели на заедничко преговарање и медијација.

Интеретнички односи, насочени кон:

Развивање на почитувањето на културните/етничките разлики - од нивно
предвидување како извор на конкуренција, која неизбежно создава тензии помеѓу
различните етнички групи, до нивно прифаќање како потенцијален извор за заеднички
развој; и
Поттикнување и спроведување на интегративниот процес на живеење во
мултикултурно општество, каде „мултикултурно“ би имало значење на
„интеркултурно“ - различни култури кои живеат заедно во рамките на една територија,
притоа одржувајќи отворени односи на меѓусебно признавање, интеракција и меѓу
зависност.

Активностите на Центарот се концентрирани на шест поголеми области:





Развивање на едукативни програми;
Спроведување на обука за едукатори и други учесници;
Организирање и помагање на дијализи и тркалезни маси;
Дизајнирање и спроведување на истражувачки проекти;
Пишување и објавување на книги, прирачници, брошури, статии;
Давање консултации и експертиза на локални и меѓународни организации.

Реализирани проекти и активности во текот на 2011 година:

Проект: Oпштини по мерка на детето – 2011 година
Реализатор:
Центар за човекови права и разрешување конфликти
Време на реализација: 2011 година
Финансиери:
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје
Вкупен Буџет:

867.500,00 ден

Тим:
Раководител:
Консултант:
Асистент:

Љуан Имери
Мирјана Најчевска
Дијана Стојановиќ Ѓоргевиќ

Учесници:

Општините: Битола, Велес, Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш, Сарај,
Струмица, Тетово, Чаир и Штип.

Опис на проектот:
Во текот на 2011 година, продолжуваат со реализација предвидените активности во
рамките на проектот во општините: Сарај, Гостивар, Битола, Кочани, Радовиш, Струмица,
Прилеп, Велес, Чаир, Тетово и Штип, со посебен фокус во општините: Кочани, Прилеп и Штип.
Во овој период се реализирани овие активности:

Поединечни состаноци во сите општини со координаторот и членовите на комисиите
со цел увид во работата на комисиите и нивните активности.

Спроведени се договорените активности и задачи: (1) Избрани се индикатори од
областа образование, тие се анализирани и ревидирани од тимот на Центарот а
одобрени од претставникот на УНИЦЕФ. (2)

Пристапено е кон ревидирање на

Ситуационите анализи и ЛАП со фокус на индикаторите за образование.

Реализирана средба за презентација на содржината на ПЕТС анализата.

Тим од Центарот во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Државниот
завод за статистика ги анализираа и приспособија на постојните индикатори од областа
образование за изработување на ситуациони анализи и акциски планови од областа
образование.

Проект: “Училиште по мерка на детето, со фокус на
мултикултура и партиципација“
Реализатор:
Центар за човекови права и разрешување конфликти
Време на реализација: 2011 - 2012 година
Финансиери:
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје
Вкупен Буџет:

9.557.500, 00 ден

Раководител:

Виолета Петроска-Бешка

Сениор експерти:

Јуниор експерти:

Проф. д-р Виолета Петроска-Бешка
Проф.д-р Најчевска Мирјана
Проф.д-р Мирослава Николоска
Проф.д-р Снежана Адамчевска
Асс.проф. Николина Кениг
Асс.проф. Огнен Спасовски

Рената Дедова
Филипина Негриевска
Сафет Балажи
Шерузе Османи
Ана Томовска

Едукатори:
Сашо Н.Алушевски
Душанка Панкова
Кети Темелковска
Викторија Пауновска
Технички координатор: Симоновска Викторија

Во рамки на проектот се реализираат следните активности:
I - Активности поврзани со УМД концептот и неговата примена во контекст на образовните
реформи;
II - Aктивности за воведување на образованието за животни вештини во средното
образование;
III - Aктивности поврзани со имплементација на УМД стандардите во училиштата, со фокус на
мултикултура и партиципација

Проект: “РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА
УМД МОДЕЛОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
Реализатор:
Центар за човекови права и разрешување конфликти
Време на реализација: Април 2011 година
Финансиери:
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје
Вкупен Буџет:

155.000, 00 ден

Раководител:

Виолета Петроска-Бешка

ЦЧПРК експертите беа одговорни за креирање и реализација на содржините од
конференцијата реализирани на во месец април и тоа:
1.
2.
3.
4.

Сензибилизација за детски права
Образование за животни вештини
Самоевалуација на училиштата
Концепција и курикулуми за деветолетката

Тимот на ЦЧПРК беше составен од:
Сениор експерти:
Проф.д-р Најчевска Мирјана
Проф.д-р Снежана Адамчевска
Асс.проф. Николина Кениг

Технички координатор: Симоновска Викторија

Јуниор експерти:
Рената Дедова
Филипина Негриевска
Сашо Н.Алушевски
Сафет Балажи
Шерузе Османи

На конференцијата учествуваа и координатори од УМД училиштата, кои во соработка со УМД
експертите подготвија презентации преку кои ги претставија реализираните активности за
мултикултура и демократска партиципација во нивните училишта:
Едукатори:
Здравка Охомуш
Маре Ангелова
Фора Савева
Љубица Божинова
Анета Божиноска
Енвер Селими
Арбнора Рушани
Даниела Грозданоска

Проект: “УЧИЛИШТЕ ПО МЕРКА НА ДЕТЕТО“
Реализатор:
Центар за човекови права и разрешување конфликти
Време на реализација: Април 2010 - Февруари 2011 година
Финансиери:
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје
Вкупен Буџет:

6.854.720,00 денари

Раководител:

Виолета Петроска-Бешка

Тимот на УМД беше составен од:
Сениор експерти:
Проф. д-р Виолета Петроска-Бешка
Проф.д-р Најчевска Мирјана
Проф.д-р Мирослава Николоска
Проф.д-р Снежана Адамчевска
Асс.проф. Николина Кениг

Јуниор експерти:
Рената Дедова
Филипина Негриевска
Сашо Н.Алушевски
Сафет Балажи
Шерузе Османи
Огнен Спасовски
Ана Томовска

Едукатори:
Душанка Панкова, Кети Темелковска и Викторија Пауновска
Технички координатор: Симоновска Викторија и Колеќески Зоран

Во рамки на проектот беа реализирани следните активности:
I - Активности поврзани со примена на УМД концептот:
II - Активности за претставување на практики согласно УМД стандардите:
III - Супервизии:
IV - УМД конференција за мултикултурализам и демократска партиципација и доделување
сертификати

Проект: “Проценка на подготвеноста за ратификација на
Конвенцијата за правата на лицата со попречености“
Реализатор:
Центар за човекови права и разрешување конфликти
Време на реализација: 2011 година
Финансиери:

Вкупен Буџет:

345.000,00 денари

Раководител:
Автори:

Мирјана Најчевска

Мирјана Најчевска ,Вјолца Мора - Бајрами, Беким Кадриу, Билјана

Асистент:

Чавковска и Кети Јандријеска Јованова
Љуан Имери

Краток опис на активностите:
ФИООМ и Центарот, во насока на остварување на своите стратегиски цели и
приоритети соработуваа во изготвувањето на Проценката на подготвеноста за ратификација на
Конвенцијата за правата на лицата со попречености и потребата од усогласување на
домашното законодавство во областа на образованието, здравството, правдата и работните
односи. Во рамки на Центарот се формира на експертски тим кој изготви анализа “Проценка на
подготвеноста за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченоси и
учествува на јавната промоција на “Проценка на подготвеноста за ратификација на
Конвенцијата за правата на лицата со попречености”.

Проект: “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка
меѓу заедниците”
Реализатор:
Центар за човекови права и разрешување конфликти
Партнери:
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Скопје (ИСППИ)
Време на реализација: Мај 2011 - Јуни 2012 година
Финансиери:

УНДП

Вкупен Буџет:

5.787.000, 00 ден

Раководител:

Мирјана Најчевска

Асистент:

Љуан Имери

Тим:

Виолета Петроска-Бешка, Емилија Симоска, Николина Кениг, Виолета
Чачева, Петар Атнасов, Стојанка Мирчева и Сафет Балажи.

Краток опис на активностите:
Во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации „Подобрување на
меѓуетничкиот дијалог и соработка меѓу заедниците”, Секретаријатот за спроведување на
Рамковниот договор, Центарот за човекови права
и

разрешување

на

конфликти

(ЦЧПРК)

и

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,
Институт за социолошки и политичко-правни
истражувања

Скопје

(ИСППИ)

изработуваат

стратегија за развој на алтернативен систем за
решавање спорови насочен кон олеснување и
медијација кои ќе поддржат меѓуетнички дијалог
и соработка и на локално и на национално ниво.

Преку понатамошен развој на капацитетите овој проект треба да овозможи поддршка на
меѓуетничкиот дијалог и соработка, брза реакција на споровите (рано превенирање) и
медијација како форма на решение.
Поради тоа што во Република Македонија не постои организиран систем и формални
механизми за решавање на меѓуетнички спорови и конфликти, а активностите за разрешување
на истите се превземаат ад хок, сметаме дека од исклучителна важност е создавање на Мрежи
на олеснувачи и База на податоци со лица кои би работеле на решавање на ваквите
конфликти. Мрежата на олеснувачи ја сочинуваат организации, како и поединци од следниве
области: образование (наставници, стручни служби, директори), локална самоуправа и
медиуми (совет, комисии, месни заедници, локални медиуми), медијатори и сродни структури
(медијатори, омбудсман, полиција), невладини организации што работат на разрешување на
меѓуетнички конфликти од општините во кои што се спроведува проектот (Куманово, Кичево и
Струга).
Во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања Скопје е формиран
Центар за поддршка на олеснување на меѓуетнички спорови. Центарот во моментов работи на
формирањето на Мрежата на олеснувачи. Тој ќе земе активно учество во олеснување на
процесот на разрешување на меѓуетничките спорови, преку координација на работата на
Мрежата на олеснувачи, ќе врши мониторинг на истото и ќе комуницира со можните учесници
во олеснувањето и со медиумите.
Со цел обезбедување оддржливост на
идејата и натамошен развој на комплексен систем
на олеснување, како и поддршка на олеснувањето
и превентивно делување, проектот предвидува
формирање мешовито тело (Координативно тело)
кое ќе ја превземе улогата на политичко
насочување на работењето и воспоставување
врски со политичките фактори во државата.

Проект: “Поддршка за имплементација на пробацијата во
македонскиот казнено – правен систем“
Реализатор:
Центар за човекови права и разрешување конфликти
Време на реализација: Јули 2011 - Декември 2012 година
Финансиери:

Министерството за надворешни работи и комовелтот на Велика Британија

Вкупен Буџет:

47.010,00 Фунти

Раководител:

Љуан Имери

Асистент:

Александар Иванов

Тим:

Стојанка Мирчева Мирјана Најчевска, , Виолета Петроска-Бешка,
Николина Кениг, Виолета Чачева, Сафет Балажи, Љупчо Арнаудовски и
Снежана Мојсовска.

Цел на проектот
Да обезбеди поддршка и услови за донесување на закон за пробација во Република
Македонија согласно европските стандарди
Главни активности
- Донесување на стратегија за пробација и
акционен план за пробацијасо пресметка за
финансиските импликации од донесување на ваков
закон.
- Организација на дискусии со експертите од
работната група како и за усвојување на стратегија
и акционен план.
- Превод на стратегијата и нејзино објавување.
- Студиска посета на Националната служба за
справување со престапништво на Велика Британија
која ќе се спроведе со искусни претставници на институциите за спроведување на санкции од
Република Македонија.
- Организација на тркалезни маси околу консултирање, размена на мислења и донесување на
заклучоци во врска со стратегијата за пробација и акциониот план, како и нивно усвојување.
- Јавна промоција на концептот за пробација преку презентирање на стратегијата и акциониот
план за пробација.

Резултати
1. Развиена и спроведена Стратегија и акционен план со цел имплементација на системот на
пробација во Република Македонија која понатаму ќе користи како основа за донесување на
Законот за пробација во Република Македонија, за периодот 2011 – 2015.
2. Студиска посета во Велика Британија која ќе
обезбеди основа за контакт и соработка на
британските и македонските институции задолжени за
спроведување на санкции и промоција на стратегијата
и акциониот план за пробација на стручната, научната
и општата јавност.

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ

С ОДРЖИНА

Финансиски извештаи за годината која завршува на 31.12.2011 ..........................................................................17
Биланс на приливи и одливи .............................................................................................................................17

Финансиски извештај за средствата, обврските и капиталот.....................................................................18

Белешки кон финансиски извештаи .........................................................................................................................19
1.

2.

Основи за подготовка ................................................................................................................................19
Основни сметководствени политики .....................................................................................................19

Признавање на приходи ...................................................................................................................................19
Признавање на расходи ....................................................................................................................................19
Пари и еквиваленти на парични средства .......................................................................................................20

3.

Приходи од донатори .................................................................................................................................20

5.

Други расходи..............................................................................................................................................20

4.

6.

7.

Материјални расходи и услуги .................................................................................................................20

Плати и надоместоци од плати ................................................................................................................20
Недвижности, постројки и опрема ..........................................................................................................21

Финансиски извештаи за годината која завршува на 31.12.2011
Биланс на приливи и одливи

Приливи
Наменски средства
Пренесени средства од претходна година
Други приходи

Одливи
Материјални расходи и услуги
Амортизација
Наемнини
Други расходи
Надворешно ангажирани лица
Пренесени средства на други субјекти
Плати и надоместоци од плати
Приливи над одливи пред данок од
добивка
Данок од добивка
Нето приходи над расходи

белешки

2011
во денари
13.084.738

2010
во денари
10.356.009

12.075.914
1.004.318
4.506

9.837.893
504.206
13.910

(11.405.176)
(1.737.891)
(31.002)
(512.224)
(547.920)
(8.576.139)

1.679.563
1.679.563

(9.351.050)
(1.591.049)
(36.764)
(263.971)
(888.872)
(6.434.566)
(91.078)
(44.751)
1.004.959

641
1.004.318

Финансиски извештај за средствата, обврските и капиталот

СРЕДСТВА
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема
Тековни средства
Ситен инвентар
Останати побарувања
Парични средства
Вкупно средства

белешки
(7)

2011
во денари
117.165
117.165

2010
во денари
147.055
147.055

2.013.202
1.512
2.011.690
2.130.367

1.075.790
8.605
7.300
1.059.885
1.222.845

450.804
70.973
32.698
264.600
82.533

218.527
101.586
641

1.679.563

1.004.318

2.130.367

1.222.845

КАПИТАЛ И ОБВРСКИ
Тековни обврски
Обврски кон добавувачи
Обврски за даноци
Обврски кон ангажирани лица
Останати обврски
Дел од вишокот на приходите за пренос во
наредната година
Вкупно извори на средства и обврски

116.300

Белешки кон финансиски извештаи
Основи за подготовка
Финансиските извештаи се подготвени во согласност со прописите на Република
Македонија.

Финансиските извештаи се засновани на сметководственото начело на модифицирано
настанување на деловните промени односно трансакции и на претпоставката за
континуитет. Финансиските извештаи се подготвени во согласност со усвоените
сметководствени политики обелоденети во белешката два.
Функционална валута е македонскиот денар.

Финансиските извештаи се прикажани во македонски денари и се изготвени врз основа
на податоците од работењето за годината кој завршува на 31.12.2011 година.

Основни сметководствени политики

Основните сметководствени политики применети при составувањето на овие
финансиските извештаи се следните:
Признавање на приходи

Приходите се признаваат според сметководственото начелото на модифицирано
настанување на деловни промени односно трансакции. Приходите се мерливи кога
можат да се искажат вредносно. Приходите се расположиви кога се остварени во
пресметковниот период или во рок од 30 дена по истекот на пресметковниот периодот
под услов приходите да се однесуваат на пресметковниот период и служат за покритие
на обврските од тој пресметковен период.
Признавање на расходи

Расходите се признаваат според сметководственото начелото на модифицирано
настанување на деловни промени односно трансакции, односно се признаваат во
пресметковниот период во кој што настанале или во рок од 30 дена по истекот на
пресметковниот период под услов обврската за плаќање да настанала во тој
пресметковен период.
Данокот од добивка се издвојува по прописите на Република Македонија. Издвојувањата
за данок од добивка се вршат на напризнаените расходи согласно прописите, по стапка
од 10%.

Пари и еквиваленти на парични средства
Паричните средства во благајната и на сметките во домашна валута се внесуваат во
главната книга во номинален износ, а во странска валута по курсот на Народната банка
на Република Македонија на денот на билансирањето. . За целите на финансиските
извештаи, парите и паричните еквиваленти се состојат од готовина и парични средства
на сметки во банки.

Приходи од донатори
Опис
Донации од странство
Донации од земјата
Вкупно

Материјални расходи и услуги

Опис
Потрошени и канцелариски
материјали
Транспортни услуги
Печатење, копирање
Репрезентација
Вкупно

Други расходи

2011
11.593.787
482.127
12.075.914

2010
8.769.782
1.068.111
9.837.893

2011

957.374

488.566
69.110
222.841
1.737.89
1

Опис
Банкарски провизии
Исплатени надоместоци на ангажирани лица
Издатоци за одржување на семинари
Останати расходи
Вкупно

2011
52.396
216.297
79.406
199.821
547.920

2010

480.710

784.356
52.540
273.444

1.591.049
2010
41.944
139.000
546.094
161.834
888.872

Во останати расходи се вклучени книговодствени услуги, премиии
за осигурување и други нематеријални трошоци.

Плати и надоместоци од плати

Здружението во 2011 година нема трошоци по основ на плати и надоместоци од плати за
вработени лица. (2010: 44.751 денари).

Недвижности, постројки и опрема
Опрема

Опис
Набавна вредност
Состојба на 01.01.2011
Зголемувања во тек на година
Намалување во тек на година
Состојба со 31.12.2011

200.530
25.880
(33.775)
192.635

Нето вредност на 31.12.2010

147.055

Нето вредност на 31.12.2011

117.165

Исправка на вредноста
Состојба на 01.01.2011
Зголемувања во тек на година
Намалување во тек на година
Состојба со 31.12.2011

53.475
31.002
(9.007)
75.470