Иво НИКОЛОВСКИ

Промената на концептот на ДОО
во земјите-членки на ЕУ со посебен
осврт на германската легислатива

олем број законодавства избегну­
ваат да дадат дефиниција за друшт­
вото со ограничена одговорност
(ДОО). ДОО долго време претставувало ис­
клу­чителна форма на мало претпријатие, но
во последно време се појавува во фор­ма на
големо претпријатие. Поради евро­инт­егра­
циските процеси, настануваат промени и во
правото и во економијата, па затоа со хар­мо­
низацијата со европското право се менува и
неговиот концепт во земјите од Југо­источна
Европа. Во овој труд ќе биде анализирана
промената на концептот на ДОО во Европа,
со посебен осврт на германското законо­
давство, бидејќи и ДОО како форма на
друштво, своето потекло го има токму во
Гер­манија. Францускиот Закон за трговски
друштва од 1966 година, унгарскиот Закон
за стопански друштва од 1988 година,
швајцарскиот Законик за облигации од 1911
година и македонскиот Закон за трговски
друштва од 2004 година (со повеќе измени
и дополнувања)1 го дефинираат друштвото
со ограничена одговорност како трговско

Авторот е магистрант
на Финансии и
финансово право
на Правниот факултет
„Јустинијан Први“
во Скопје и вработен
во Отворениот
Регионален Фонд
за Југоисточна Европа
- Правна реформа, при
Германското друштво
за интернационална
соработка (ГИЗ)

Historical Background of the Limited Liability Company. Мексико во 1934 година. Целта на предлогот на Германското Сојузно  Министерство за правда е 1 Законот за трговските друштва е донесен во 2004 година (Сл. весник на РМ бр. спојување и трансфер. Eurowatch. 2009. ГмбХ сеуште е најпопуларната форма на трговско друштво. March 31. 46). за повеќе види: www.llc-reporter.bmj.2 На 1 ноември 2008 година стапи на сила Законот за модернизација на законот за друштвата со ограничена одговорност и за спречување на злоупотребите. За разлика од стариот Закон. Number 6. 2009 5 Германско Сојузно Министерство за правда. 2000 стр. со тоа што постапката е изменета за поедноставување на процесот на поделба на уделите.com 3 Gesetz zur Modernisierung des GmbH-Rechts und zur Bekämpfung von Missbräuchen .de . особено за средните претпријатија.MoMiG 4 Fillman. Исто така. A. 2010 и 2011 година. како и олеснување на одредбите за делењето на капиталот. Бразил во 1919 година. Има повеќе од еден милион ГмбХ претпријатија во Германија.176 Иво НИКОЛОВСКИ друштво во коешто едно или повеќе физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред договорената основна главнина на друштвото (Николовски. Новиот  закон  ги опфаќа и прашањата за лажните и измамничките деловни практики и ја поедноставува постапката за поднесување на барања. кој како модел беше усвоен и во Португалија во 1917 година. Чиле во 1923 година. 2 Limited Liability Company Reporter. 28/2004) и изменуван и дополнуван во 2005. Во однос на потеклото на ДОО.4 Германското Сојузно Министерство за правда5 објави прелиминарен нацрт-предлог за потенцијална далекусежна реформа на Законот за друштвата со ограничена одговорност. за основање на ГмбХ. како и наметнува високи стандарди при изборот на извршни директори на друштвата. Италија и Перу во 1936 година. 2008. Уругвај во 1933 година. поврзана со Законот за ГмбХ. 2007. Белгија во 1935 година и Швајцарија. Турција во 1926 година. Франција во 1925 година. Volume 21. Куба во 1929 година. The New German Limited Liability Company Act. тоа генерално се припишува на германскиот закон од 1892 година. и често е користена во групните структури. вклучена е и модернизација на системот за регистрација со што ќе се забрза постапката за регистрација во трговскиот регис­ тар.3 Овој закон го модернизира старото ГмбХ во области како што се основањето на ГмбХ. Available: http://www. но и ја оттргнува можноста за вештачки и намерни одложувања на стечајните постапки. Аргентина во 1932 година. новиот Закон дозволува ГмбХ да го лоцира седиштето како центар на администрацијата надвор од Германија.

1 7 Германското Сојузно Министерство за Правда.7 Меѓутоа. Indust­ rie und Handelskammer fur Munich und Oberbayern.ssd. 177 одржување на статусот и на структурата на ГмбХ како привлечна бизнис форма за спречување на конкуренцијата од страна на други корпоративни форми во ЕУ. од друга страна. исто така ќе имаат можност да ја одберат новата опција на претприемничко друштво со ограничена одговорност. ограничување на ризикот од злоупотреба. 29 октомври 2008. како и зголемување на заштитата од злоупотреба на структурата на ГмбХ. постигнувајќи поголема флексибилност и дерегулација. Германија (и земјите кои го применуваат овој модел) немаат единствена форма на компанија која може да се користи како “отворена” форма (како јавното трговско 6 Freshfields Bruckhaus Deringer. “The Business Company with limited liability”. Ger­ man Law Alert. Law and Fairplay.com 9 Heck. muenchen. March 2009 Available: www. што е алтернатива на ДОО. p. луѓето кои започнуваат нови бизниси. Available: http://www. а генералниот директор треба да свикува средби штом се појави и најмала закана за несолвентност. но и Законот за ДОО е во целост модернизиран и е олеснета неговата примена во практиката. R. Sanders & Dempsey.ihk. Основната модернизација на Законот што ги уредува ДОО се базира врз следниве принципи: од една страна. не само што стана полесно.6 (Deringer 2006. побрзо и поприфатливо да се формира ДОО. Proposed new German limited liability company law. стр. June 2006. За разлика од Велика Британија и САД. bmj. Новиот Закон дозволува новиот тип на ГмбХ да биде формиран со минимална номинална вредност од едно евро.de/ .de 8 Squire. потребно е да се има познавање од германскиот корпоративен систем.9 За да се разбере германското друштво со ограничена одговорност (ГмбХ). “The New German Limited Liability Company Act”.1) Со ова се донесе најсеопфатната реформа на Законот што ги уредува друштвата со ограничена одговорност после донесувањето на актот за ДОО. 8 Друштвото кое има малку средства уште од самиот старт е под закана на несолвентност. (17 април 2010) http://www.. Донесувањето на оваа долгоочекувана реформа го помести Законот за регулирање на друштвата со ограничена одговорност во 21виот век и ја подобри конкурентноста на ова друштво.. таканаречена претприемничко друштво (УГ).Промена на концептот на ДОО во земјите-членки на ЕУ. 2008. од аспект на меѓународните стандарди. ДОО има модерна. Законот со кој се уредува друштвото со ограничена одговорност. Во иднина. Берлин. некомплицирана правна структура погодна за малите и средните претпријатија.

000 евра. German law Journal.Special Issue on the Reform of the GmbH”.10 (Bachmann. а целта е да се задржи 10 Bachmann. означено со кратенката УГ. Но­виот закон кој ги регулира ДОО разликува две алтернативни форми на ДОО. која откако ќе била завршена ќе се продолжело со хармонизација на приватните друштва. with a view to making such safeguards equivalent throughout the Community (68/151/EEC) 12 Klaus J. 2005 . со оглед на помалку строгите ба­ рања во многу земји членки на ЕУ во однос на формалностите за регистрирање и депонирање на минимална основна главнина.11 Но. како ДОО.09 11 First Council Directive of 9 March 1968 on co-ordination of safeguards which. G. Во Првата Директива за хармонизација од 9 март 1968 година се опфатени сите друштва со ограничена одговорност. Основната глав­ нина за ГмбХ останува да биде 25 илјади евра. for the protection of the interests of members and others.625) Една од главните цели на реформата на ДОО е да се олесни и забрза воспоставувањето на бизниси.12 (Klaus. Едната од нив е акционерското друштво (АД) а другата е друштвото со ограничена одговорност (ДОО). Hopt and Eddy Wymeersch. како и многу нерегулирани прашања. 09 No.”Introductory Editorial: Renovating the German Private Limited Com­ pany . стр. со што се остава простор за останати законски одредби. Oxford.09) Кои се карактеристиките што го прават ДОО привлечна форма на друштво. 2009. кое бара минимум основна главнина од 25. веднаш потоа аспирациите се намалуваат и се дава приоритет за хармонизација на јавното трговско друштво. Соединетите Американски Држави и останатите земји од англиското говорно подрачје се задржаа на нивниот концепт на еден и единствен статут за сите друштва. Како дополнување на воспоставената форма на ДОО (друшт­ вото со ограничена одговорност). are required by Member States of companies within the meaning of the second paragraph of Article 58 of the Treaty. 2009 No. и зошто Велика Британија и Соединетите Американски Држави не го усвоија овој модел? Најголема предност на законот што се однесува на ДОО е фактот што внимателно е насочен кон идејата за “прво започни од малку”. Сето ова објаснува зошто Велика Британија. Законот содржи 87 членови. двете регулирани во комплетни и одвоени кодекси. во Германија наречено ГмбХ. Се веруваше дека во прав­ ниот систем на Германија постои конкурентска неповолност на ДОО во споредба со правните форми во другите земји како на при­ мер британскиот модел на ДОО. Capital Markets and Company Law.178 Иво НИКОЛОВСКИ друштво). Vol. Германија нуди 2 различни форми на друштва. или во “затворена” форма. беше воведено и претприемничко ДОО.

во економска смисла компанијата добива непарични влогови (на пример. Legal Update Newsletter. Олеснета е поделбата и здружувањето на уделите. Сепак. на кои им требаат малку средства. возило). како и нивниот пренос на трета страна. Ова е така уредено со намера да им се овозможи на компаниите постепено да се зачува минимум основна главнина потребна за нормалната форма на ДОО.Simplification and Liberalisation.2) Една нова опција воведена со новиот Законот за модернизација на ДОО и спречување на злоупотребите за бизнис кој бара мал капитал е УГ. ова друштво не е посебен тип на компанија. туку алтернативна форма на ДОО. Секој удел сега се деноминира во износ од најмалку едно евро. April 2010.1) Ова претставува алтернативна форма на ДОО и е од особен интерес за основачите на нови бизниси кои имаат ограничен износ на основна главнина на почетокот на работењето. постои поголема флексибилност во однос на уделите. p. Правната несигурност во однос на подигнувањето на капиталот е елиминирана како резултат на воведувањето на јасна законска регулатива во врска со правната институција на неоткриениот безготовински капитален влог. S. T.14 (Kobras.. Newsletter November 2008 14 Kobras. туку специфичен вид на ГмбХ. па така постоечките удели во бизнисот може да се деноминират многу лесно. 179 репутацијата на ГмбХ. Можноста за флексибилна деноминација постои од самиот почеток со започнување на нов бизнис и зголемување на уделите.. која може да се формира без одреден минимален номинален капитал на почетокот.. Lawyers and No­ taries. Сепак. особено во споредба со ограниченото друштво на Велика Британија.1 . p. овој тип на ДОО не може да го дели профитот во целост. стр. Reform of German Law on Limited Liability Companies. Ова друштво бара минимум номинална капитална инвестиција од едно евро и може да биде генерален партнер на бизнисите на ДОО. Corporate. 13 Wessing.Промена на концептот на ДОО во земјите-членки на ЕУ. УГ не е целосно нова правна структура. but also New Risks for Founders and Investors. Содружниците сега имаат поголема индивидуална моќ во однос на соодветните износи на нивните влогови и на тој начин се во подобра позиција да ги изменат овие придонеси да им одговараат на нивните потреби и финансиски услови.13 (Wessing 2008. Исто така. за во услужниот сектор. Law Modernising German Limited Liability Company Law and Combating Abuse (MoMiG) . на пример. исто така позната како мини-ГмбХ за започнување на бизниси. Неоткриениот непаричен влог се смета дека постои иако во формалните услови кога уделот е договорен во готовина.

кај кои се бара комерцијална лиценца. Експлицитно е појаснето дека судот. Користењето на модел протоколот. регистри за задруги и бизнис регистри (ЕХУГ). кој стапи во сила на почетокот на 2007-та година. тоа ќе биде можно да се направи со еден надворешен проценител. ресторани итн. назначувањето на управителот на друштвото и листата на содружинците се комбинирани во само еден документ. поради привилегијата доделена од правните акти со кои се регулираат трошоците. Овој суд потоа донесува одлука за директно внесување на податоците добиени во електронскиот регистар. . исто така. може да побара поднесување на сметки за депозит или други документирани докази. Актот за модернизација на зако­ нот кој ги уредува ДОО и за борба против злоупотреба прави чекори кон намалување на времето потребно за внесување на регистрација во трговскиот регистар. при спроведување на своите почетни испитувања. документите потребни за основање на ДОО се доставуваат по електронски пат до судот каде што треба да се изврши регистрацијата. со тоа што не е повеќе потребно да се достави специјална гаранција. користењето на модел протоколот за основање на претприемачкото ДОО со мал износ на основна главнина води до огромна заштеда на трошоците. во иднина. ако има значителни сомневања околу тоа дали капиталот е правилно депониран. судот за регистрација врши проверка на нивната вредност за да одреди дали е преценета нивната вредност. ќе придонесе за забрзување на процесот. Ова кореспондира со правната состојба на ДОО. Така. Оттука. само ако соодветната јавна лиценца беше поднесена во моментот на барањето за запишување во регистарот. бидејќи тоа ќе значи дека судовите за регистрација ќе треба да направат помалку истраги. исто така. Според овој акт. Оваа најде примена. компанијата можеше да се запише во трговскиот регистар. Формирањето на друшт­ во со ограничена одговорност од едно лице (ДООЕЛ). Со користењето на модел протоколот се олеснува основањето на ДОО. на пример. се поедностави. Ова примарно се постигнува како резултат на фактот дека трите документи. кај искусните трговци. Забрзување на регистрацијата: Регистрација на фирма во трговскиот регистар веќе е значително забрзана со актот за електронски трговски регистри.180 Иво НИКОЛОВСКИ Воведување на модел протокол: Модел протоколот кој бара нотар­ ска исправа е додаден како анекс на актот за ДОО. договорот на содружинците. Претходно. како дел од почетното испитување каде што има индикации дека е неопходно. Во случај на безготовинските капиталнивлогови.

181 Преку пакетот мерки. Овие странски компании мора да бидат признати како такви во Германија. исто така. - Пренесување на седиштето на Управниот одбор во странство: Фактот дека. Како резултат на бришење на делот 4а. - Дерегулација: Законот со кој се уредуваат уделите. Во случај на стечај. - Зголемување на транспарентноста во врска со уделите во друшт­вото: Во моделот на регистарот на содружници на ДОО. германските компании ќе бидат во можност да го преместат седиштето на администрацијата кое не е исто со она на кое е регистрирана канцеларијата. во Германија претходно беше сметано за конкурентска непо­ вол­ност. не само во врска со формирањето на ДОО. Во исто време. во согласност со доследните пресуди на Европскиот суд на правдата. е значително поедноставен и фундаментално нерегулиран. овие мерки служат за да се елиминираат недостатоците кај германските ДОО во конкуренцијата со различни правни структури.Промена на концептот на ДОО во земјите-членки на ЕУ. германските компании сега уживаат во зголемен обем развивање на нивните деловни активности надвор од границите на Германија. Меѓутоа. од актот за ДОО. Овој центар на администрацијата. Со тоа што структурата на акционерите ќе стане потранспарентна. уделот на содружинците се рангира после сите останати кредитори. атрактивноста на ДОО е зголемена. Ова им овозможува на бизнис партнерите на ДОО да добијат комплетна информација кој стои зад компанијата. само оние лица кои се регистрирани во листата на содружници во иднина ќе се сметаат за лица кои поседуваат удел во ДОО. кој стана екстремно комплексен. Основната идеја за сето ова лежи во тоа што институциите и содружинците треба да најдат . обратната ситуација не беше можна за германски фирми. ќе биде полесно да се спречат злоупотребите како што е перењето пари. - Собирање на готовината и ставање на заштитено рамниш­ те: Повлекувањето на готовината е инструмент за балансирање на ликвидноста меѓу делови на друштвото која вклучува канализирање на средствата од подружници до компанијата-мајка за целите на централното управување со готовината. односно како бизнис учесник на пазарот. странските компании можат да из­ берат да имаат центар на администрацијата со седиште во друга др­ жава. Законот за уделите се занимава со прашањето дали уделот даден од страна на содружинците на нивните ДОО треба да се третира како заем или капитал. Како последица на тоа. но исто така и во однос на неговото ангажирање како бизнис во промотивни активности... подточка (2). може да биде во некоја странска држава.

лице кое ги прекршило одредбите од економското казнено право не може да биде именуван како управник. - Ако компанијата нема управител. стечајниот управник. ќе бидат одговорни за било каква штета или загуба предизвикани на компанијата од страна на тоа лице. ќе бидат повикани на одговорност од повисок степен. Оваа одредба го елиминира ризикот дека компанијата не може да имаат средства на располагање на почетокот на стечајната постапка. Ова исто така важи и во однос на обвинувањата за слични кривични дела во странство. Со други зборови. има право на барање за сегрегација. - Управителите кои дејствуваат како содружници кои повле­ку­ ваат средства од нивната компанија. Оваа регулатива го заменува претходниот трансфер на употреба како замена за содружничкиот удел. како и уверувањата базирани на општи кри­вични дела поврзани со деловна активност. а со тоа се грижат и за солвент­ носта. во иднина. Покрај тоа. Случаите на злоупотреба се среќаваат во праксата во врска со правната форма на Друштвото со ограничена одговорност и можат да бидат спречени преку следните мерки: - Преземањето на правните мерки против компаниите да се забр­за. Актот за модернизација на Законот за регулирање на ДОО и за борба против злоупотреба го задржува трендот кон полесно водење на бизнисот во случај на стечај. одговорноста за поднесување на предлогот за стечајот паѓа на содружниците во случај на преголем долг или неликвидност. Тоа значи дека должноста да поднесе стечај повеќе не може да биде заобиколена поради непостоењето на упра­ вителот. за давање лажни извештаи и за лаж­ но прикажување на факти. и кои го прават тоа со намера или од небрежност. .182 Иво НИКОЛОВСКИ јасна правна рамка за сето ова. Доколку содружник има префрлено некое возило на друштвото. Ако постои можност бизнисот да биде успешно реорганизиран. содружинците кои дозволиле лицето кое е исклучено од функ­цијата управник да управува со работењето на компанијата. по правило. - Досегашната основа за исклучување на управник се прошири и ги вклучи иницијативите за одложување на поднесувањето на предлог за отворање на стечајна постапка. На содружникот му се доделува финансиска компензација за ова. треба да склучи договор во рамките на рокот од една година со кој се дозволува продолжување на работата на компанијата која е должник. па затоа и беше поедноставена постапката за стечај. што ќе биде потребно за продолжување на работењето. максимум една година откако таквите постапки ќе бидат доставени.

и може да има најмногу 50 содружници. се третираат на ист начин како и физички лица кои се државјани на земјите-членки. односно управителот овластен од другите управители ако друштвото има повеќе управители.. Износот на основната главнина мора да биде изразен со цел број којшто е делив со бројот сто. „Службен весник на РМ“ бр. 8/2011. туку повеќе како две варијанти на една кор­ по­рациска форма со различни структури. 1997 . Па така. кои имаат седиште.Промена на концептот на ДОО во земјите-членки на ЕУ. стр. 183 Јавните и приватните трговски друштва не се сметаат за две од­ воени форми на друштва. 28/2004. 71/2006. Основната главнина не може да биде помала од 5. компаниите или фирмите основани во согласност со законот на земјата-членка. 21/2001. Тоа се разликува и меѓу земјите од континентална Ев­ропа. 48/2010. Содружниците кон друштвото со ограничена одговорност се обврзани на давања и други обврски определени со договорот за друштвото. а основната главнина на друштвото се состои од збирот на влоговите на содружниците.000 Евра во денарска противвредност. “European Company Law – Organization. Antwerpen – Oxford: 2007. каде најтипичен пример е Германија. 23/2009.. Се смета дека оваа цел може да се постиг­не доколку се дозволи и олесни слободата на движење на работниците. како главен проблем е тоа што земјите-членки применуваат различни правила при идентификацијата 15 Grundmann. 24/2011. член 167-176 17 Договорот од Амстердам. 16 Закон за трговски друштва. Основањето на друштвото се запишува во трговскиот регистар. слобода на обезбедување услуги и слободното движење на стоки. слободата на основање. но со построга регулација на јавните друштва. 84/2005. освен ако основачите не се договориле тоа да биде денот на потпишувањето на договорот за друштвото. 87/2008. 9) Во Република Македонија.15 (Grundmann 2007. член 48. S. Finance and capital Mar­ kets”. 42/2010. односно на изјавата за основање на друштвото. 25/2007. Службен весник на Европската унија. централна администрација или главно место за работа во рамките на заедницата. ДОО се основа со договор за друштвото што го склучуваат сите основачи во писмена форма или во електронска форма. според средниот курс на таа валута што е објавен од Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. друштвото со ограничена одговорност може да биде основано од едно или од повеќе физички и правни лица. според член 48 од Договорот од Амстердам. 17/2009.16 Како една од најважните цели на Европската унија е воспоста­ ву­вањето на заеднички пазар.”17 Но. а пријавата за упис на основањето на друштвото ја поднесува управителот.

Нај­голема добивка од спојувањето на компаниите е влегувањето на странски капитал. откако државата ќе стекне статус на полноправен член. Од друга страна.членство за да се исполни критериумот за прекуграничност. европското друштво и Европските економски интересни групи. иако има македонски компании кои навреме ги надминале сите бариери и успешно работат. поради фактот што примената на овие одредби е врзана за условот . бизнисмените иако се соочуваат со многу пречки и неприлики. како резултат на потребата од воспоставување на единствен пазар без 18 Steiner. Има два пристапи кон ова прашање.н. носи нови можности за македонското стопанство. стр. воведувањето и признавањето на прекуграничното спојување на компании. Иако е предвидена одложена примена на одредбите за прекугранично спојување на трговските друштва до влез на Република Македонија во ЕУ. а тоа пак бара регистрираната канцеларија да биде под истата јурисдикција. “EU Law”. тие ги поздравуваат новите можности за влез на европскиот пазар преку партнерства со европ­ски компании. Бизнис. за компанијата ќе се применува правото на земјата каде што се наоѓа централата или раководството. доктрина на вистинското седиште. што ќе ја покрене економијата. 2006 19 Георгиевска. пред сè. Ninth edition.18 (Steiner 2006. нере­ шените прашања околу сопственичките односи. стечаите и ликви­ да­циите.184 Иво НИКОЛОВСКИ кој правен систем се применува за една компанија.com. едниот е во однос на инкорпорирачката доктрина. Причините за доне­ су­вање на новините во оваа проблематика се прилагодувањето на националното законодавство. Сегашните состојби покажаа дека домашните компа­нии потешко успеваат да излезат на европскиот пазар и да одговорат на строгите европски правила.biznis24. отво­ рено прашање е колку домашните компании ќе можат да одговорат на строгите европски критериуми.19 Бирократските процедури. Во Евроската унија. J. кои и онака беа во постојана битка со неликвидноста. според која седиштето на компанијата каде што е регистрирана го одредува правото кое се применува.02.463) Македонските компании ќе можат да се спојуваат со компании од Европската унија. Според другата теорија или т. 2010: http//www. “Македонските трговски друштва ќе каскаат по европски компании”. Oxford University Press.. Во таа насока. Оваа новина. кризата предизвика финансиски последици врз претпријатијата. Lorna Woods and Christian Twigg-Flesner.mk (26. се повеќе подлежат на позитивни промени и мерки за олесну­вање на работењето на бизнисите. и според оваа доктрина правото кое се применува е она на инкорпорирачката земја.2010) . М.

Има стремеж да се транспонира предметната дирек­тива со која се олеснува прекуграничното спојување на друшт­ вата со ограничена одговорност. состојбата во практиката не е баш таква.. 02. постои потреба за соработка помеѓу друшт­вата со ограничена одговорност од различни земји-членки во водењето на бизнисот. . Зборник од научна расправа одржана во Скопје. Г. Законите на земјите-членки на ЕУ предвидуваат прекугранично спојување на национално друштво со ограничена одговорност со друштво со ограничена одговорност од друга земја-членка.341) 20 Коевски.04. Методи за хармонизација на националното законодавство со правото на Европската унија. Македонска академија на науките и уметностите. 185 огра­ничувања во трговијата. стр.20 (Коевски 2008. доколку во националното законодавство на дадената земја-членка се дозволува спојување на такви типови друштва. Иако се претпоставува дека во рамките на Европската унија постои најголем степен на хармонизација во делот на компаниското право.Промена на концептот на ДОО во земјите-членки на ЕУ.2008. како нужен предуслов за создавањето и функционирањето на единствениот европски пазар..

legal amendments. Преку пакетот мерки. како и аспектите повр­зани со предностите и не­ до­статоците. regula­ tions and reports of the European Union and literature. the attractiveness of the LLC has been increased. атрактивноста на ДОО е зголемена. .Иво НИКОЛОВСКИ 186 Резиме Овој труд ги опишува про­ мените на концептот на Друшт­ вото со ограничена одговорност. Во изработката на овој труд ав­ торот се служи со аналитичкосинтетичкиот и компаративниот метод. through the analysis of domestic laws. со посебен акцент на германското законодавство. не само во врска со формирањето на ДОО. регулативи и из­ вештаи на Европската унија. Through the package of measures. преку анализа на домашни законски акти. Ivo NIKOLOVSKI CHANGE OF THE CONCEPT OF LLC IN THE EU MEMBER STATES – CASE STUDY OF GERMAN LEGISLATION Abstract This paper describes the changes of the concept on Limited Liability Company (LLC) with spe­ cial accent on the German legisla­ tion. advantages and disadvantages. In preparation of this paper the author used the analytical-synthetic and comparative method. односно како бизнис учесник на пазарот. но исто така и во однос на неговото анга­жирање како бизнис во про­ мотивни активности. како и странска и домашна литература. not only in connection with the forma­ tion of the LLC. амандманите. LLC is becoming more attractive as a legal form. or as a busi­ ness participant on the market. objectives of the reform and novels. це­ ли­те на реформата и новелите во оваа сфера. and also all aspects related to its modifications. but also in terms of its engagement as business in promotion activities.

За повеќе види: http://www. Lawyers and Notaries. Бизнис.ssd. Steiner. The New German Limited Liability Company Act.. German Law Alert. June 2006 5. G. Договорот од Амстердам. Службен весник на Европската унија. Available: http://www. Lorna Woods and Christian Twigg-Flesner. with a view to making such safeguards equivalent throughout the Community (68/151/EEC) 4. Deringer.09 2.Simplification and Liberalisation. 2006 12. are required by Member States of companies within the meaning of the second paragraph of Article 58 of the Treaty. Legal Update Newsletter. “Proposed new German limited liability company law”.bmj. Vol. 2005. Newsletter November 2008 13. Squire. Германското Сојузно Министерство за Правда.02. Freshfields Bruckhaus. Heck. S. Oxford. Available: http://www. for the protection of the interests of members and others. 2009. Ninth edition.. vol.biznis24. German law Journal. March 2009. Klaus J. muenchen. European Company Law – Organization. “Law Modernising German Limited Liability Company Law and Combating Abuse (MoMiG) . 9. First Council Directive of 9 March 1968 on co-ordination of safe­ guards which.Special Issue on the Reform of the GmbH”. 2010: http//www. Corpo­ rate. Kobras. Finance and Capital Markets. Grundmann. EU Law. “The New German Limited Liability Company Act”. Законот со кој се уредува друштвото со ограничена одговорност.T. 29 октомври 2008 година. 6. “Македонските трговски друштва ќе каскаат по европски компании”. Wessing . Bachmann. Capital Markets and Com­ pany Law. Reform of German Law on Limited Liability Companies.Промена на концептот на ДОО во земјите-членки на ЕУ. Георгиевска. 187 Литература 1.”Introductory Editorial: Renovating the German Private Limited Company .. 1997 . Industrie und Handelskammer fur Munich und Oberbayern. March 31. April 2010 10. Oxford University Press. 2010 7. 21. R. Hopt and Eddy Wymeersch. Limited Liability Company Reporter.de/ April 18.com 8. J. Antwerpen – Oxford: 2007 6. but also New Risks for Founders and Investors”. Eurowatch. Fillman.llc-reporter. A. Берлин.de 15. Sanders & Dempsey. no. com.2010) 14.mk (26. М. S. “The Business Company with limited liability”. Available: www.com 11.. 09 No. Historical Background of the Limited Liability Company.ihk. 2009 3.

87/2008. 48/2010. Трговско право. 71/2006. 23/2009. 24/2011 17. 84/2005. Скопје: Економски факултет – Скопје. А. Зборник од научна расправа одржана во Скопје.188 Иво НИКОЛОВСКИ 16. Закон за трговски друштва. 19. Николовски.2008 18. 21/2001.bmj. 02. 8/2011.de . 28/2004. Коевски. Македонска академија на науките и уметностите. за повеќе види: www. Г. 42/2010. 25/2007.04. Германско Сојузно Министерство за Правда. “Методи за хармонизација на националното законодавство со правото на Европската унија”. 2000. 17/2009. „Службен весник на РМ“ бр.

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful