Универзитет “Гоце Делчев”- Штип

Правен Факултет

Семинарска работа по предметот Семејно право
Тема: Обработка на судска одлука за развод на брак

Ментор:
Проф. Д-р Војо Беловски

Ивана Ѓорѓиева

Асс. Дејан Маролов

Бр.на индекс 07665

Мај,2011 Штип

..................................................................................................................................................................................................................................................4 Постапка за развод на брак................................. Содржина Вовед..........10 Коментар на примерот........................................................14 2 .......3 Одлука на Основниот суд Штип..............................11 Заклучок..............................................................................................................................................................................................................13 Користена литература.....

потребно е да поднесат спогодба за начинот на вршењето на родителските права и должности и за издржувањето и воспитувањето на децата. Постапката за развод на бракот по взаемна согласност се поведува по предлог на брачните другари за спогодбен развод на бракот. семејството и општеството. За развод на бракот со взаемна согласност на брачните другари ако тие имаат заеднички малолетни деца или полнолетни деца над кои е продолжено родителското право. Во понатамошниот текст следува пример од развод на брак со тужба на еден од брачните другари во кој има малолетни деца. Постапката за развод на бракот се поведува со поднесување на тужба од страна на двата или на едниот брачен другар или со предлог за спогодбен развод на бракот. Вовед Постојат повеќе дефиниции на бракот со кои бракот се дефинира како со закон уредена заедница на живот на маж и жена. 3 . така има и постапка за престанок односно на прекинување на бракот со развод. Законот за семејство на Република Македонија до дефинира бракот како заедница на живот на маж и жена уредена со закон во која се остваруваат интересите на брачните другари. Како што има постапка за склучување на бракот. За престанок на бракот со развод нужно е да постои правосилна одлука на надлежниот суд за развод на бракот донесена во парнична постапка.

. . и тужената А.СЕ РАЗВЕДУВА. и тужената лично и нејзиниот полномошник Б.2011 година ја донесе следната: ПРЕСУДА Тужбеното барање на тужителот А. по одржаната усна....90/10 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Основниот суд во Штип.. Д. тајна и главна расправа..05. од Ш.. под тековен број . К. Бракот склучен на ден . како граѓански. со записничар Лилјана Гичева. заради нарушеност на брачните односи до степен на неподносливост согласно чл. С.. Д. од Ш.Одлука на Основниот Суд Штип 19..40 од Законот за семејството. од Ш. Д. П. адвокат од Ш. ...04. за . решавајќи по тужбата на тужителот А. во присуство на тужителот лично и неговиот полномошник Љ. првостепен суд. заведен во Матичната книга на венчаните. на ден 27.. претставен од судијата Миланчо Рамбабов како претседател на совет и судии поротници: Лилјана Ристовска и Сања Талевска како членови на советот. со ЕМБГ . 4 . година за О... П. Ш..СЕ УСВОЈУВА . од Ш. против тужената А.година помеѓу тужителот А.2011 P-2 90/10 П-2. адвокат од Ш.бр. за развод на брак. од Ш.

роден на ден .. Д-1.. П. П. секој месец најдоцна до 05-ти во месецот сметано од поднесувањето на тужбата од 16.. Секоја странка да ги сноси своите трошоци направени во постапката. за .и Д...00 денари за секое дете или вкупно за трите деца 9. Д.. во корист на буџетските средства на Буџетот на Р.година во Ш. Д. година во СВР-Штип со ЕМБГ . година во СВР-Штип.Македонија.. Д.... од Ш. роден на ден .година во Ш..000... заведен во матична книга на родените под тековен број . Образложение 5 . од Ш. од Ш.. СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот А.. со ЕМБГ . да на име придонес во издржувањето за малолетните им деца Филип. Давид и Д. Д-2.. да плаќа месечен износ од по 3. за ..и преку законскиот застапник мајката А.00 денари. година во СВР-Штип со ЕМБГ.. СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот А. Д-3..08.. СЕ ДОДЕЛУВААТ на чување..во Ш.... Д..2010 година па во иднина се додека не настапат променети околности и се додека постојат законски услови за тоа. во рок од 15 дена од приемот на пресудата.. од Ш.. воспитување и делумно издржување на туженатанејзината мајка А. во рок од 15 дена од приемот на пресудата. за .00 денари. под тековен број . да плати такса за пресуда износ од 800.000. роден на ден ..Малолетните деца Ф.. заведен во матична книга на родените под тековен број ..

. до овој суд поднесе тужба против тужената А..04. од Ш.. под тековен број . Бараше малолетните им деца Ф.. воспитување и делумно издржување на нивата мајка. Во почетокот на брачната заедница. бараше бракот помеѓу странките да биде разведен. а тужителот да се задолжи да плаќа месечна издршка во износ од по 2.. Од овие причини тужителот со предметната тужба побара бракот склучен со тужената на ден . Д. К.. до степен на неподносливост. роден на ден . нејавна и усна расправа на ден 27..година. Д.година заведен во Матичната книга на венчаните што се води за О. Д.година.поради честите расправии. преку својот полномошник адвокат Љ.. да и бидат доделени на чување. П. од Ш.Тужителот А. поради тоа што брачните односи им се нарушени до степен што заедничкиот им живот станал неподнослив. година да се разведе. адвокат од Ш. Д и да се додеат на чување. Имаат три малолетни деца и тоа: Ф.... Во одговор на тужбата и тужбеното барање полномошникот на тужената изјави дека се согласува со тужбеното барање на тужителот бракот помеѓу тужителот и тужената да биде разведен поради нарушени брачни односи.. Постапувајќи по тужбата судот закажа и одржа главна. и Д... брачните односи функционирале релативно добро. адвокат од Ш... и Д.година.. Исто така се согласува малолетните деца Ф.00 денари за секое дете.. за . но покасно брачните односи се нарушиле до степен што заедничкиот им живот станал неподнослив .2011 година на која пристапи тужителот лично и неговиот полномошник Љ. С. и тужената лично со нејзиниот полномошник Б. На одржаната расправа полномошникот на тужителот изјави дека останува кон тужбата и тужбеното барање.. и Д. Д-3. Д-1. роден на ден . Д-2. за развод на брак. Д. со наводи дека со тужената склучиле брак на ден .000. роден на ден . воспитување и делумно издржувае на нивната 6 . С. од Ш.год.. Ш.

во уверение за остварени приходи.. за . Во доказна постапка судот изведе докази и тоа во: извод од Матична книга на венчаните за О.. во извод од Матична книга на родените за О.од . Д-2. Ваквата фактичка состојба судот ја утврди од изведените докази на главна расправа.година. на име Ф. Ш.2009 год...“ Дооел .. под тековен број . во Мислење од Центарот за социјални работи бр.. Д-1... за .. на име Д..09.поради честите расправии... во извод од Матична книга на родените за О. ги сослуша тужителот и тужената во својство на странки... за .2011 година за А.. и Д. но покасно односите на брачните другари се нарушиле до степен на неподносливост што заедничкиот живот им станал неподнослив . во преглед на примањата за месец 08.. Д. брачната заедница функционирала релативно добро.мајка . Ш. за А. Д-2.год. Ш. Утврдени се сите решителни факти во конкретниот семејно-правен однос.. Д-1.2010 година и за месец 01 и 02. Д-3. Ш. за исплатена плата за месец 11 и 12.год....година... Д-3. роден на ден . Д. и тоа како усмени така и писмени докази.. за . под тековен број . во потврди од “К. роден на ден .. Ш. заведено во Матичната книга на венчаните што се води под тековен број .година..000. Врз основа на вака утврдената фактичка состојба судот го усвои тужбеното барање на тужителот и бракот помѓу нив го разведе поради следните причини: 7 . Во текот на бракот им се родиле три малолетни деца и тоа: Ф.....2009 година од 09. во потврда дека лицето не е запишано како носител на право на кататарот на недвижности.. под тековен број .. па по оцена на овие докази ја утврди следната факатичка состојба: Странките склучиле брак на ден . меѓутоа по однос на месечната издршка изјави дека бара тужителот да биде задолжен со износ од по 4.сега тужената..година....година. во извод од Матична книга на родените за О..Ш. год. година. за .00 денари месечно за секое дете....година.. роден на ден . Д. за О.. под тековен број . на име Д. Во почетокот брачните другари живееле во добри односи.

воспитување и делумно издржување на нивната мајка .година ги додели на чување. Д-3. Д-1. Д.1 од Законот за семејството е речено: “Со пресудата со која се разведува бракот судот ќе одлучи за чувањето. Во одредбата на чл. а воедно од увидот во извештајот на Јавната установа . Ш.194 од истиот закон. Во одредбата на чл.. при утврдувањето на потребата за издржување на лицето.80 ст.тужената А. па малолетните деца и тоа: Ф. која што издршка е соодветна на потребите на малолетните деца. на нивната возраст.тужата...00 денари.000. бракот може да се разведе доколку односите на брачните другари се нарушени до таа мера што заедничкиот живот станал неподнослив“.40 од Законот за семејство. роден на ден.. Заради ова судот смета дека нарушените брачни односи не овозможуваат понатамошно заедничко живеење на странките. од Ш.година.179 ст. судот ќе ја земе предвид неговата имотна состојба. Во смисол на цитираната законска одредба. роден на ден .год.1 од Законот за семејството е речено:“Родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца“. што судот го прифати во целост. па заедно со адекватниот допринос што ќе продолжи да го дава нивната мајка . Д-2. здравствената состојба. воспитувањето и издржувањето на заедничките деца“.000.. како и други околности. П.. и Д. како родител на малолетните деца е должен да плаќа месечна издршка во висина од по 3..Ц. Одовде судот смета и одлучи дека тужителот А. Д.. ќе можат да бидат 8 .Во одредбата на чл. Во смисол на цитираната законска одредба. така што немало услови за нивно продолжување. Имајќи во предвид изјавите на странките од одржаното рочиште. а и од изјавите на тужителот и тужената сослушани во својство на странки неспорно се утврди дека односите помеѓу странките им се нарушени до степен на неподносливост. можноста за вработување. способноста за работа.00 денари за секое дете или вкупо 9. роден на ден . а при тоа имајќи ја во предивид и одредбата од чл.

Основен суд – Штип. како приход на буџетот на РМ на тезорска сметка при Народна банка на РМ број 100000000063095. 9 . приходна шифра 722213/00. Судот го задолжи тужителот да плати износ од 800. Судија. како лице заинтересирано за в одење на постапкта е и таксен обврзник. ПОУКА: Незадоволната странка има право на жалба во рок од 15 дена по приемот на пресудата. Во кон кретниот случај тужителот со поднесувањето на тужбата. Заради кое судот го задолжи тужителот да плати такса за пресуда износ од 800. Миланчо Рамбабов с.3 од Законот за судски такси е речено: “Таксите пропишани со овој закон е должно да ги плати лицето по чиј предлог се поведува постапката или во чиј интерес се превземаат дејствијата во постапката“.р. Од овие причини судот одлучи како во диспозитивот на пресудата. па е должен да плати и такса за пресуда. уплатна сметка 840-174-03359. преку овој суд до Апелациониот суд во Штип.00 денари.2011 година Претседател на совет.04. од причини што во чл. 27.задоволени потребите на децата.00 денари на име такса за пресуда. вклучително и потребите за нивно школување.

Според овие закони за судење во брачен спор. претседателот на судскиот совет закажува главна расправа. Ова рочиште се одржува и во постапката за развод на бракот по взаемна согласност на брачните другари. Во текот на постапката судот посебно внимание им посветува на заедничките малолетни деца и на полнолетните деца врз кои е продолжено родителското право. Ако рочиштето за обид за мирење не успее. За донесување на пресудата ирелевантно е кој и колку од двајцата брачни другари е виновен за нарушувањето на односите меѓу нив. Пред главната расправа за развод. издржување и воспитание. тој донесува пресуда за развод на бракот. Надлежноста на судовите за судење во брачните спорови е пропишана со одредбите на Законот за семејство. Законот за семејството и Законот за парнична постапка ја одредуваат месната надлежност на овие судови. за судење во брачните спорови стварно се надлежни основните судови. Постапка за развод на брак Бракот може да се разведе по барање на еден од брачните другари ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив. покрај судот од општа месна надлежност. Заради решавање на прашањето за издршка и воспитание на децата во текот на бракоразводната парница. Овие мерки се спроведуваат додека не се донесе одлука за доверување на децата на чување. и Законот за парнична постапка. Законот за судовите. Кога судот ќе утврди дека односите меѓу брачните другари се нарушени. надлежен е и судот на чие подрачје 10 . судовите одржуваат посебно рочиште како обид за мирење на брачните другари. Според Законот за судовите. па поради тоа не е можно никакво усогласување на недоразбирањето меѓу нив. судот може со решение да определи привремени мерки.За развод на бракот по овој основ брачните другари треба да докажат дека нивниот брачен живот навистина станал неподнослив поради нарушените односи меѓу нив.

бракот може да се разведе доколку односите на брачните другари се нарушени до таа мера што заедничкиот живот станал неподнослив“. односно мајката на малолетните деца со обврска тој да им дава месечен надомест за издршк. за судење ќе биде месно надлежен судот во Републиката поради тоа што брачните другари имале последно заедничко живеалиште во Републиката. но кој со текот На времето станал неподнослив. ако брачните другари во бракот имале малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското право. но покасно односите на брачните другари се нарушиле до степен на неподносливост што заедничкиот живот им станал неподнослив .40 од Законот за семејство. Правосилната предуда за развод на бракот судот ја доставува до органот на управата надлежен за водење на матичната книга за венчаните најдоцна во рок од 30 дена заради упис на промените. брачната заедница функционирала релативно добро. Во одредбата на чл. Во тужбата тужителот образложува дека во почетокот брачните другари живееле во добри односи. а и од изјавите на тужителот и тужената сослушани во својство на странки неспорно се утврди дека односите помеѓу странките им се нарушени 11 . Тужителот во тужбата бара да се разведе бракот и децата да се доделат на тужената. Во овој брак странките имаат три малолетни деца.брачните другари имале свое последно заедничко живеалиште. а и мајката делумно да ги издржува децата. тужителот ја тужи тужената за развод на бракот кој е склучен доброволно.поради честите расправии. како и до центарот за социјална работа. Во смисол на цитираната законска одредба. Општо месно надлежен суд е судот на чие подрачје тужениот има живеалиште. односно поради тоа што тужителот имал живеалиште во Републиката. Според Законот за парничната постапка во случај двата брачни другари или тужениот да немаат живеалиште во Република Македонија.  Коментар на примерот Во горенаведениот пример.

која што издршка е соодветна на потребите на малолетните деца. на нивната возраст. ќе можат да бидат задоволени потребите на децата. 12 .000.до степен на неподносливост. Судот го задолжува тужителот да ги плати соодветните трошоци за судската постапка и како поука наведува дека незадоволната странка има право да се жали до надлежниот апелационен суд.тужената.00 денари. вклучително и потребите за нивно школување. Судот одлучил дека тужителот како родител на малолетните деца е должен да плаќа месечна издршка во висина од по 3. така што немало услови за нивно продолжување. па заедно со адекватниот допринос што ќе продолжи да го дава нивната мајка .00 денари за секое дете или вкупо 9.000.

 Заклучок Од горенаведеното можеме да заклучиме дека за престанок на бракот со развод нужно е да постои правосилна одлука на надлежниот суд за развод на бракот донесена во парнична постапка. Во примерот се обработува тужба за развод на бракот од страна на едниот брачен другар во кој има малолетни деца. Како причина за развод се наведени условите во кои функционирал заедничкиот живот кој станал неподнослив со текот на времето. 13 . Тужителот во тужбата бара малолетните деца да се доверат на чување на тужената а тој се обврзува да плаќа месечна издршка за децата. Постапката за развод на бракот се поведува со поднесување на тужба од страна на двата или на едниот брачен другар или со предлог за спогодбен развод на бракот. Во текот на постапката судот посебно внимание им посветува на заедничките малолетни деца. Правосилната предуда за развод на бракот судот ја доставува до органот на управата надлежен за водење на матичната книга за венчаните најдоцна во рок од 30 дена заради упис на промените.

80/92 од 22 декември 1992 година. Користена литература - Закон за Семејство – Службен весник на РМ бр. - Семејно право – Проф.aspx 14 .mk/Odluki. Д-р Темелко Ристески (авторизирани предавања) - http://osstip.