2013

пронајди не` на саем на книга

9-15 април 2013

главен влез

СО ПОПУСТ ОД 10-90%

за антолог

В

о 2013 година „Антолог“ полни 14
години, што е отприлика трипати
повеќе од мускетарите на Дима Таткото, но околу седумпати помалку
од годините самотија на семејството Буендија кај Г.Г. Маркес.
Роденденот ќе го одбележиме со
120-тата книга во новата, 17-та едиција, што самото по себе говори
колку распространети се нашите
идеи.
И со вртење нова страница на
www.reper.net.mk, списанието за
креација и рекреација, каде може
да најдете огромен број занимливи
и конструктивни содржини.
И со потсетување дека основачот
на книгоиздателството Антолог,
македонскиот писател Александар Кујунџиски, е еден од ретките
наши автори кој досега објавил
107 самостојни наслови. Исто така,
Кујунџиски го држи рекордот на
објавени книги - од истиот автор во
текот на само 1 година, 17 во 1994
година.
Но, за уметноста многу поважна од
бројките е инспирацијата. Со неа,
редејќи ги и прередувајќи ги нашите изданија, дојдовме и до икс други
интересни фикс-идеи.
Сите 120 книги положени една покрај друга фаќаат површина од 3 м2.
Како да сме изградиле соба со оригинален поглед.
Но, многу поважно од бројките е
што овие 14 години го чувавме и

развивавме погледот кон македонскиот јазик.
Сите 120 книги поставени една на
друга се високи повеќе од еден метар. Како да сме пораснале дете.
Но, она што нам ни е поважно е што
во процесот на издавање книги поставивме стандарди на врвен квалитет по сите основи.
Сите 120 книги поставени на вага
тежат 19 килограми. Споредете
како било.
Она што ни е најважно е што објавивме Книги за сите генерации читатели.
Сите 120 книги наредени една под
друга образуваат траекторија долга
24 метри. Како да прошетате од споменикот на Даме Груев до Гоце Делчев на плоштадот Македонија.
Најважното е што овие 14 години
исцртавме линија до домовите на
голем број наши сограѓани.
Не правете го ова дома, бидејќи
книгите пред сè се апстрактни категории, уживање, предизвик, страст,
храброст, сон.
Благодариме на храброста што во
14 години прочитавте 120 соништа.
Останете со нас,
Тим Антолог

3

4

сурфајте на бранови

Емаус

Алесандро Барико

Потпомогнато

Романите на италијанскиот писател Але­
сандро Барико се омилени во цел свет и во
Македонија. Авторот на Свила, Новеченто,
Океан море, Пијанистот се појавува со
нова книга што ја открива сета волшебност
на италијанската харизматичност.
Тие се четворица другари, таа, Андреа, една
и единствена.
Тие се членови на бенд, таа е прекрасна
танчарка.
Тие се мирни, таа бесна.
Тие се уште тинејџери, таа е многу позрела
од своите врсници.
Сè што им е забрането, таа си го дозволува.
Една пијана свирка во блиското гратче ќе ги
доближи до вчера непристапната девојка.
„Незаборавна книга потоната во поетичната
страна на трагичната судбина и кршливос­
та.“ The Daily Beast
Оригинален наслов Emmaus // Превод Лил­
јана Узуновиќ // Година на прво издание
2013 // Број на страници 144 // Димензии
13x20 // ISBN 9786084507802 // Препорача­
на цена 270

МЕШ

Ричард Хукер

МЕШ: Роман за тројца воени лекари е книга за
авантурите на измислената хируршка мобил­
на единица на американската армија (Mobile
Army Surgical Hospital) во Кореја, за време на
Корејската војна. Веднаш по објавувањето, ро­
манот стекнува огромна популарност и набрзо
според него се снимени телевизиска серија и
филм кои насмејуваат генреации и генерации.
Поголемиот дел од лекарите кои се ангажирани
во оваа единица, според самиот автор, „го збо­
гатија пеколот, на разни начини и степени“. Тоа
е така бидејќи, како и повеќето војници, иако се
обучени, тие се премногу млади за професијата.
Оригинален наслов MASH // Превод Ана Ва­
силева // Година на прво издание 2013 //
Број на страници 240 // Димензии 13x20 //
ISBN 9786084507963 // Препорачана цена 250

Потпомогнато

сурфајте на бранови

О
ксфордски убиства
Гилјермо Мартинес

Потпомогнато

Оксфордски убиства е книга што ќе ве држи уловени во
приказната до последниот збор. Во романот се раскажу­
ва за професор кој заедно со еден студент ги истражу­
ваат низата чудни убиства во Оксфорд, Англија. Сите
убиства се поврзани со математички симболи и шифри
кои го најавуваат следното злосторство од долгата се­
рија. Бидејќи сè почнува со кругот, полицијата брза да
го открие убиецот пред да стане преголем.
Романот е широко популарен во светот и е преведен на
многу јазици. Според него е снимен истоимениот холи­
вудски филм со Илајџа Вуд и Џон Харт во главните улоги.
Оксфордски убиства е добитник на престижната награ­
да „Планета“, највисоката парична награда за книжевно
дело во светот покрај Нобеловата.
„Овој трилер е доволно долг за да се прочита во една
вечер, а заплетот ќе ве потресе со својот ефективен ри­
там.“ Томас Џонс, Лондонска книжевна ревија
„Спојот од математика и загадочни убиства прави моќен
коктел.“ Маркус ди Сатој, Гардијан
Оригинален наслов Crímenes imperceptibles // Превод
Ирина Талевска // Година на прво издание 2013 // Број на
страници 224 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507864
// Препорачана цена 300

За Родерер
Гилјермо Мартинес

Две момчиња во ист момент треба да одберат помеѓу другарството и
кариерата. Но што ако се изгубат и двете нешта, како да се поставиме
во таква ситуација. Аргентинската критика го смета За Родерер меѓу
најважните романи објавени во последните децении и го прогласи
за најквалитетниот роман напишан од млад автор.
Оригинален наслов Acerca de Roderer // Превод Ирина Талевска //
Година на прво издание 2010 // Број на страници 126 // Димензии
13x20 // ISBN 9786084507390 // Препорачана цена 220
Потпомогнато

Жената на маестрото
Гилјермо Мартинес

Двајца мажи губат глава околу една прекрасна дама од високите круго­
ви. Бидејќи и двајцата се писатели, судирот се проширува и во профе­
сионална смисла. Што сè прават за да најдат инспирација. Едноставно
раскажана книга која долго се памети и одново се препрочитува. Роман
натопен во шпанска сензуалност и со енигматична загатка која читателот
треба сам да ја открие.
Оригинален наслов La mujer del maestro // Превод Ирина Талевска //
Година на прво издание 2011 // Број на страници 128 // Димензии 13x20 //
ISBN 9786084507482 // Препорачана цена 240

5

6

сурфајте на бранови

101 Рејкјавик
Халгримур Хелгасон

Потпомогнато

101 Рејкјавик е како да кажеш 1000 Скопје, поштенскиот код на
главниот град е синоним за менталитетот на еден крајно откачен
лик. Хлинур Бјорн има 30 години и не може да најде работа, па
сè уште живее со разведената мајка која штотуку му соопштува
дека е лезбејка. Деновите ги поминува голтајќи екстази во ло­
калните клубови, висејќи на Интернет, гледајќи порно филмови
на ТВ и зјапајќи по сè женско што има две нозе. Нештата да бидат
посложени, се затрескува во Лола, девојката на мајка си, иако
во меѓувреме тмурната Хофи, со којашто спиел еднаш-двапати,
и самиот не е целосно сигурен, му соопштува дека е бремена.
„Прекрасно развратен, понекогаш брилијантен, честопати фру­
стрирачки.“ Sam Lipsyte, The New York Times
Оригинален наслов 101 Reykjavík // Превод Мери Кицовска // Го­
дина на прво издание 2013 // Број на страници 352 // Димензии
13x20 // ISBN 9786084507789 // Препорачана цена 400

Ноќно нуркање
Ким Смоге

Нуркањето е една од најпривлечните мистерии, а подводниот свет
една од најголемите енигми. Водена од големата нуркачка страста,
Хилке Торхус се упатува на нуркање на западниот брег од Норвешка.
Пријателите ѝ ги убиваат, па ќе мора сама да тргне на една долга игра
на мачка и глушец, во која храбро бега со куп дијаманти.
Книгата Ноќно нуркање е добитник на наградата Ривертон за најдо­
бра крими приказна.
Оригинален наслов Nattdykk // Превод Душанка Каевска // Година на
прво издание 2012 // Број на страници 160 // Димензии 13x20 // ISBN
9786084507758 // Препорачана цена 250

Потпомогнато

Деликатно злосторство
Сержио Сант’Ана

Потпомогнато

Кога страста води до лудило а лудилото нè турка во оригинално
злосторство.
Напнатата приказна на Антонио Мартинс е сместена во фантастич­
ниот Рио де Жанеиро во Бразил. Тој е театарски критичар кој еден
ден по игра на случајот ќе се вплетка со Агнес, млада куца жена за
која не знае речиси ништо. По долга потрага да ја најде повторно,
Мартинс открива дека Агнес е модел на уметникот Бранкати и от­
крива сигнали дека неговиот однос кон Агнес се движи меѓу татко
и садист.
„Романот ја раскрива сексуалната перверзност, а со својата елеган­
ција целосно ги освојува читателите.“ Ракел Илескас Буено
Оригинален наслов Um crime delicado // Превод Маргарита Тер­
зијан-Маленкова // Година на прво издание 2013 // Број на страници
128 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507796 // Препорачана цена 220

сурфајте на бранови

Повторно дома
Анти Тури

Потпомогнато

Еден човек се враќа во родниот крај откако многу време поми­
нал на Флорида. Причините поради кои Ерки отишол во Америка
пред десетина години се поврзани со финансиски криминал и
сега тој се враќа да си го земе она што е негово – местото во
општеството и жената. Меѓутоа, нештата не се одвиваат според
неговиот план. Сопругата има син од друг човек, а има нешта кои
не можат да се купат со пари.
Повторно дома е добнитник на наградата „Финландија“ во 1997
година.
Оригинален наслов Lakeuden kutsu // Превод Родна Русковска
Година на прво издание 2013 // Број на страници 288 //
Димензии 13x20 // ISBN 9786084507871 // Препорачана цена 250

Црвениот симбол на
храброста

Стивен Крејн

Енергична, машка книга, во која главна тема е обидот на Хенри
Флеминг да се докаже и покаже како одлучен војник. Интере­
сен воен роман во кој се истражува созревањето, херојството,
кукавичлукот и променливиот карактер на човекот, насочувајќи
се повеќе на внатрешната битка на главниот лик, отколку ди­
ректно на самата војна. Прекрасен опис на борбениот нагон.
Оригинален наслов The Red Badge of Courage // Превод Николче
Мицкоски // Година на прво издание 2012 // Број на страници
176 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507710 // Препорачана
цена 220

Потпомогнато

Потпомогнато

Америка
Франц Кафка

Американскиот сон има повеќе лица, може да дојде преку
ноќ а може да се претвори и во кошмар. Ликот во книгата се
движи од една во друга крајност. Интересно е што Кафка не
стапнал во Америка но преку неговиот главен херој целосно
ја доловува сликата за најмоќната држава на светот. Романот
е чиста антологија.
Оригинален наслов Amerika // Превод Душанка Каевска // Го­
дина на прво издание 2011 // Број на страници 239 // Димен­
зии 13x20 // ISBN 9786084507468 // Препорачана цена 340

7

8

сурфајте на бранови

Енциклопедија на
руската душа
Виктор Ерофеев

Потпомогнато

Какви психолошки трауми предизвикал распадот на Советски­
от Сојуз. Немир, дигресија, пороци, лаги, дивеат во годините на
транзиција. Романот на можеби најскандалозниот постмодер­
нист, може да предизвика восхит и непријатна одбивност. Со
него може целосно да се согласите но може и да го негирате со
негодување. Но оваа книга никого нема да остави рамнодушен.
Оригинален наслов Энциклопедия русской души // Превод Ѓорѓи
Крстевски // Година на прво издание 2010 // Број на страници
208 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507307 // Препорачана
цена 280

Градот Ен
Леонид Добичин

Како дете гледа на случувањата околу себе во едно зафрле­
но гратче. Малите нешта можат да станат одеднаш големи,
а големите да се претворат во ситни колку мравки. Книга за
растењето на кое секој од нас има потреба да се присети и на
тоа како во тие возбудливи мигови одеднаш се преобразува
и светот наоколу.
Оригинален наслов Город Эн // Превод Ѓорѓи Крстевски // Го­
дина на прво издание 2012 // Број на страници 112 // Димен­
зии 13x20 // ISBN 9786084507666 // Препорачана цена 240
Потпомогнато

Врева и бес
Вилијам Фокнер

Потпомогнато

Врева и бес е камен-темелник на европскиот роман од 20 век.
Припаѓа на линијата именувана како „тек на свеста“, заедно со
делата на Џојс и Вулф. Врева и бес е четврт роман на Вилијам
Фокнер, негово прво ремек-дело кое многумина се согласуваат
дека му е најдобриот роман.
Оригинален наслов The Sound and the Fury
Превод Николче Мицкоски
Година на прво издание 2008
Број на страници 336
Димензии 13x20
ISBN 9786084507000
Препорачана цена 400

сурфајте на бранови

Ритуали

Потпомогнато

Сеис Нотебом

Дрско загадочна книга за патувањето во просторот и во вре­
мето. Иако сместена во 1980 година, главниот лик со еднос­
тавно име „прошетува“ во други три години од XX век, откри­
вајќи им на читателите незаборавни слики од Амстердам.
Книгата е добитник на високата наградата за литература
„Пегаз“.
„Интелигентна, прониклива парабола за редот и хаосот, на­
пишана од еден од најголемите современи холандски ро­
мансиери.“ Washington Post
Оригинален наслов Rituelen // Превод Ели Пујовска // Година
на прво издание 2013 // Број на страници 176 // Димензии
13x20 // ISBN 9786084507888 // Препорачана цена 270

Евтини приказни
Роџер Евари и Квентин Тарантино

Покрај високото петто место на листата најфилмови на сите вре­
миња, околу самото сценарио е кажано „Како и Граѓанинот Кејн,
Евтини приказни е напишан на таков нелинеарен начин што
може да се гледа дузина пати и секогаш да се прашуваме што
следи потоа...“ Моќните дијалози го вбројуваат во највредните
сценарија на XX век.
Оригинален наслов Pulp Fiction // Превод Жарко и Златко
Кујунџиски // Година на прво издание 2008 // Број на страници
192 // Димензии 13x20 // ISBN 9789989266249 // Препорачана
цена 290

Појадок кај Тифани
Труман Капоти

Њујорк и продавницата за скапоцен накит „Кај Тифани“
треба да спојат еден вечен сонувач и една лесна девојка
која ги врти мажите на малиот прст. Дали ќе постоеше
Сексот и градот ако не се појавеше романот Појадок
кај Тифани е прашање на место. Во култниот истоимен
филм Холи Голајтли ја игра Одри Хепберн, која просто
брилијира во улогата на џебна Венера. Неповторлива
книга која и ден денес влијае на повеќе уметнички фор­
ми, музика, lifestyle, мода, современа култура. Подарок
во секоја прилика.
Оригинален наслов Breakfast at Tiffany’s // Превод Жар­
ко Кујунџиски // Година на прво издание 2011 // Број на
страници 128 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507475
// Препорачана цена 200

9

10

сурфајте на бранови

Центурија
Џорџо Манганели

Потпомогнато

Дали може да си претставите книга составена од 100 романи, а
секој „роман“ да биде долг само две страници. Тоа го постигнал
Манганели со овие лежерни, комични, шармантни, луцидни
приказни кои нè пренесуваат во светот на стотици фасцинант­
ни ликови. Книгата е еден од најоригиналните експерименти во
литературата, забавна и провокативна, елегантна и сугестив­
на. Центурија ја има добиено и високата италијанска награда
Вијареџо.
Оригинален наслов Centuria // Превод Јулија Петровска
Година на прво издание 2012 // Број на страници 288
Димензии 13x20 // ISBN 9786084507703
Препорачана цена 340

Тешки љубови
Итало Калвино

Книгата раскази Тешки љубови нуди 15 раскази од еден од најго­
лемите италијански писатели на 20 век, во кои се опишани траги­
комичните љубовни авантури на 15 различни ликови - фотограф,
пливач, патник, разбојник, војник, скијач, читател, кратковид...
Оригинален наслов Gli Amori Difficili
Превод Наташа Бошкова
Година на прво издание 2007
Број на страници 303 // Димензии 13x20
ISBN 9789989266232 // Препорачана цена 380

Хенри IV
Луиџи Пирандело

Потпомогнато

Хенри IV е славна драма во три чина напишана во 1921, а преми­
ерно поставена на сцена на 24 февруари 1922 во театарот Ман­
цони во Милано. Претставува вистинска студија за лудилото и
сложениот однос меѓу ликот и човекот, фикцијата и вистината.
Луиџи Пирандело, италијански прозаист и драмски автор со рет­
ко богат, но и ретко еминентен опус, составен од најмалку двесте
брилијантни новели, десет романи, куп луцидни есеи и дури 44
интригантни, драматуршки иновантни, беспрекорно структури­
рани пиеси, автор кој одамна е промовиран во книжевен мит.
„Смеата и болката совршено измешани со разумот и со лудило­
то.“ Пол Тејлор, Индепендент
Оригинален наслов Enrico IV // Превод Радица Никодиновска //
Година на прво издание 2013 // Број на страници 112 // Димен­
зии 14x20 // ISBN 9786084507819 // Препорачана цена 250

сурфајте на бранови

Мојот живот како куче
Реидар Јонсон

„Чисто задоволство, од почеток до крај“, „Брилијантно, урне­
бесно раскажување“. Истовремено суров до коска и нежен
како ќебе, на моменти длабоко замислува но цело време со
леснотија насмевнува, ова ќе биде најпрекрасниот роман што
ќе го прочитате и ќе подари огромно количество топлина. Се­
кој кој барем еднаш чувал домашно милениче, ќе се воодуше­
ви од поврзаноста на малиот Ингемар Јохансон со неговото
куче кое го придружува секаде, дури и во соништата.
Оригинален наслов Mitt liv som hund // Превод Родна Русков­
ска // Година на прво издание 2012 // Број на страници 240 //
Димензии 13x20 // ISBN 9786084507727 // Препорачана цена 290
Потпомогнато

62. модел за склопување
Хулио Кортасар

Еден од најдобрите романи на шпански јазик од дваесеттиот век. Екс­
периментален роман во кој главните ликови истовремено опстојуваат
во реалниот свет – каде што го образуваат својот потесен круг, односно
зона, место каде што се среќаваат – и во еден град, измислен од нив
самите, место каде што не се среќаваат, каде залудно се обидуваат да
ја најдат својата среќа која, се чини, е толку блиску за секој од нив, но
Потпомогнато
упорно им се измолкнува...
Во оваа книга Кортасар го поканува читателот да излезе од своите рамки
и заедно со авторот да го гради дејствието во романот.
„Длабоко трогателна книга во која се ужива и која е прекрасно напишана, а истовремено е
и одушевувачки загадочна.“ Њујорк Тајмс
„Врво дело од еден од најнеобичните писатели на нашето време.“ Лајбрери Журнал
Оригинален наслов 62 modelo para armar // Превод Борјана Мојсовска // Година на прво из­
дание 2013 // Број на страници 288 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507895 // Препорачана
цена 320

Скандалите во Кроум
Олдус Хаксли

Потпомогнато

Шеговита дружина составена од необични ликови на уметници се соби­
ра во малото англиско гратче Кроум на имотот на Хенри Вимбуш. Меѓу
чудните, учени гости се наоѓаат високо профилиран писател, утопист со
планови за „идеална држава“, чувствителен поет кој е до уши зацопан во
внуката на Вимбуш. Скандалите во Кроум е првиот роман на англискиот
писател Олдус Хаксли, објавен 1921 година. Во оваа книга Хаксли ги ис­
мева трендовите и модата од тоа време.
„Премногу иронична за да се нарече сатира но премногу цинична за да
се нарече иронија.“ Френсис Скот Фицџералд
Оригинален наслов Crome Yellow //Превод Тања Кузмановска // Година
на прво издание 2013 // Број на страници 208 // Димензии 13x20 // ISBN
9786084507901 // Препорачана цена 250

11

12

во огнови со никола маџиров и

Предмети
Марко Погачар

Младиот Погачар е еден од најважните современи поети од Балка­
нот, кој освен песни редовно објавува и музички критики, во кои
често опфаќа македонски бендови.
Продорните текстови на Погачар донесуваат слики чии глетки мо­
жат да однесат далеку. Неговите текстови ослободуваат неодречна
сила. Книгата Предмети од критиката беше едногласно именувана
како врвот на хрватската поезија во последните години.
Оригинален наслов Predmeti // Препев Никола Маџиров // Година
на прво издание 2012 // Број на страници 96 // Димензии 10x20 //
ISBN 9786084507680 // Препорачана цена 200

Нешто не е во ред?

Татјана Громача

Храбра жена, уште похрабри стихови, е заклучокот додека се чита
оваа ретка книга, што ни ја претставува за првпат една од најважни­
те поетеси од Хрватска. Песните се обични и секому достапни со
леснотијата на стилот, полни со ироничен поглед кон реалноста и
необични случки кои го заслужуваат интересот на секој читател. „
Громача пишува од точка на гледање во која желбата за широчина
на љубовта се спротивставува на тесноградоста и заслепеноста од
национализам. Во Загреб е славена како чудесна појава, како Инге­
борг Бахман на Балканот.“
Оригинален наслов Nešto nije u redu? // Препев Никола Маџиров //
Година на прво издание 2012 // Број на страници 96 // Димензии
10x20 // ISBN 9786084507735 // Препорачана цена 200

Аритмија
Делимир Решицки

НАСКОРО
Оригинален наслов Aritmija // Препев Никола Маџиров // Година
на прво издание 2013 // Број на страници 96 // Димензии 10x20 //
ISBN 9786084507857 // Препорачана цена 200

Агрегатна состојба
Звонко Маковиќ

НАСКОРО
Оригинален наслов Избор песни // Препев Никола Маџиров // Година
на прво издание 2013 // Број на страници 128 // Димензии 10x20 //
ISBN 9786084507796 // Препорачана цена 200

природа и општество

Автобиографија
Чарлс Дарвин

Aвтобиографијата на Чарлс Дарвин, во редакција на
неговиот син Францис Дарвин, е издадена во чест на
200 години од неговото раѓање. На стотина страници,
Дарвин прави преглед на најзначајните места од својот
животопис. Книгата открива бројни интересни и скокот­
ливи податоци за еден од највлијателните и најнапаѓа­
ните научници на сите времиња.
Оригинален наслов Autobiography // Превод Јулијана
Мицевска // Година на прво издание 2008 // Број на
страници 112 // Димензии 14х18 // ISBN 9789989266263
// Препорачана цена 250
Потпомогнато

Next

Алесандро Барико

„Зошто се одржува Г-8? Зошто осум славни водачи
кои би можеле сосем спокојно да е состанат преку ви­
део-конференција или да се соберат незабележано на
некој имот во Конетикат, така дефилираат, принудувајќи
цел еден град да се мобилизира? Затоа што се будали?
Не, затоа што се реклама“.
На ваков начин размислува Барико во своите фасци­
нантни есеи околу глобализацијата и иднината која до­
аѓа. Стилот на книгата е впечатлив како откопчан шлиц.
Оригинален наслов Next // Година на прво издание 2010
// Превод Живко Грозданоски // Број на страници 112 //
Димензии 10x15 // ISBN 9786084507291 // Препорачана
цена 200

Најкраткото долго
Жарко Кујунџиски

Колку долго е краткото? Колку кратко е доволно долго? Дали
постои долго што е уште кратко? Колку кратко е најкраткото
долго? Кујунџиски го испитува прашањето на краткоста т.е.
должината, не само во литературата, туку и во сè друго што
нè опкружува, социјалните мрежи, тв-шоута, фармацијата,
техниката, Интернетот.
Година на прво издание 2012
Број на страници 301
Димензии 10x15
Потпомогнато
ISBN 9786084507642
Препорачана цена 290

13

14

антолог-ии

Книгата дно нема

Никола, Александар, Жарко Кујунџиски
(приредувачи)
Антологија на народни поговорки, пословици и сентен­
ции од целиот свет, распоредени по азбучен ред според
земјите од кои потекнуваат. Донесува народни мудрости
од сите краишта на земјината топка, почнувајќи од Авга­
нистан до Шри Ланка.
Година на прво издание 2000
Број на страници 64
Димензии 17x25
ISBN 9789989992681
Препорачана цена Распродадено
II издание, наскоро

Веков е тркало

Никола, Александар, Жарко Кујунџиски
(приредувачи)
Секогаш кога имаме желба да подариме книга, себеси и
на блиските, во потрага сме по Книга со големо К, која
истовремено ќе биде топла и мудра, восхитувачка и
лесна. Прекрасната антологија на изреки, крилатици,
максими, афоризми, мудри, поучни и духовити мисли
од познати и непознати личности е вистинска Книга.
Веков е тркало е Божилак, сплетен од тајните на светот,
изговорени но и напишани, слушнати но и запишани во
минатите три илјади години од човештвото. Големо дело
на големи луѓе.
Година на прво издание 2007 // Број на страници 254 //
Димензии 17x25 // ISBN 978998999269Х // Препорачана
цена 500

Мисловно досие
Александар Кујунџиски (приредувач)

Секој ден од годината може да го обележите со интересна
мисла од 369 познати личности од нашата земја, како рево­
луционери, научници, политичари, бизнисмени, писатели,
музичари, сликари, лекари, спортисти, но и од многу други
професии. Прва и единствена антологија на она што го ка­
жале и мислеле личности од Македонија, само во „Антолог“.
Година на прво издание 2010
Број на страници 128
Димензии 17x25
ISBN 9786084507260
Препорачана цена 300

антолог-ии

Светулки од
мониста

Ванѓа Михајлова-Штерјова
(приредувач)
Антологија на современата литература
за деца од Молдавија на два јазик, ма­
кедонски и аромански. Во Антологија­
та се вклучени исклучително нежни и
виртуозно напишани дела од 40 мол­
давски писатели за деца кои досега не
биле преведени во Македонија.
Година на прво издание 2012
Број на страници 327
Димензии 15х20
ISBN 9786084507697
Препорачана цена 290

Поддржано од Молдавски конзулат во Република Македонија.

Антологија на

македонската
песна во проза
Петко Дабески (приредувач)

Оваа Антологија првпат пред книжевната јав­
ност го претставува овој интересен и возбудлив
лирски жанр во македонската литература и се
овозможува на едно место во соодветен кон­
текстуален амбиент, ново читање на креациите
на песната во проза, а со тоа и ново, позадлабо­
чено промислување и толкување на нејзините
суштински одлики и вредности.
Застапени се педесетина автори, меѓу кои писа­
тели од сите генерации, од Блаже Конески, па сè
до најмладите, тукушто пројавени автори.
Антологијата содржи и богати биобиблиограф­
ски податоци за авторите и поговор.
Година на прво издание 2013
Број на страници 320
Димензии 17x24
ISBN 9786084507826
Препорачана цена 350

Потпомогнато

15

16

антолог-ии

Јас имам
сон

Жарко Кујунџиски
(приредувач)
Врвните 55 говори говори на
сите времиња од светот и од
Македонија собрани ексклу­
зивно на едно место, со кратки
објаснувања за истите. Конечно
дело кое ги обединува на едно
место − Че Гевара и империја­
листите, Хитлер и Евреите, Бри­
танците и Ирците, демократите
и комунистите, Црвенковски и
Груевски.
Година на прво издание 2010
Број на страници 304
Димензии 17x24
ISBN 9786084507284
Препорачана цена 615

Писма до

вечноста

Марија Зафирова
(приредувач)

Писма до вечноста, најубавите љубовни писма на
сите времиња е книга за
вечната потрага по совршен
начин да се искажат си збо­
рови: болката, копнежот,
среќата, страданието, раз­
делбата. Секому барем ед­
наш му е потребен совет како најсоодветно да ги искаже своите чувства. Конечен и еден
одговор не постои. Жан-Жак Русо се доближил до него со зборовите: „Да напишеш добро
писмо треба да почнеш не знаејќи што мислиш да кажеш и да привршиш не знаејќи што
си напишал.“
Година на прво издание 2009 // Број на страници 142 // Димензии 15x10 // ISBN
9786084507086 // Препорачана цена 200

made in macedonia

Скопје и сè е можно

Потпомогнато

Жарко Кујунџиски

ЧЕТВОРИЦА ЛУДИ ДРУГАРИ ИМААТ НАМЕРА ДА ГО УКРАДАТ СПОМЕНИКОТ „ВОИН НА КОЊ“
ОД ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ. УРНЕБЕСНИТЕ СИТУАЦИИ ПОЧНУВААТ СО КОВАЊЕТО ПЛАНОВИ
КАКО ДА СЕ „ДИГНЕ“ 14,5 МЕТАРСКИОТ СПОМЕНИК КОЈ ТЕЖИ ДЕСЕТИЦИ ТОНИ.
Пишуван на скопски сленг и со народен хумор, романот е добитна комбинација во бестсе­
лерска форма. Скопје и сè е можно лесно и бргу се чита а дејството е и смешно и динамично,
како да гледате холивудска комедија. Хуморот во македонската литература е ретко прису­
тен, но овојпат стилот е на чист македонски Тарантино и ќе ги возбуди читателите од сите
генерации.
Насловната страница ја направи македонскиот стрипаџија Михајло Димитриевски Тхе Мичо,
цртачот на серијата Еднооки.
Година на прво издание 2013 // Број на страници 304 // Димензии 17x24 // ISBN 9786084507741
// Препорачана цена 350

17

18

made in macedonia

Америка (II издание)
Жарко Кујунџиски

Америка е вториот роман на писателот Жарко Кујунџиски, кој чита­
телите го споредија со делата на Зискинд, Маркес, Барико, Фелини,
Монти Пајтон. И покрај стабилниот брак, Италијанецот Америка Бер­
ти решава да ја напушти жената и децата без објаснување. Колку
долго и на каков начин е подготвена една жена да чека маж.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 176 // Димензии
13х20 // ISBN 9786084507192 // Препорачана цена 200

Најдено-загубено (II издание)
Жарко Кујунџиски

Најдено-загубено е роман за љубовна врска распливната низ три
географски коти - Скопје, Софија и Лондон. Како размислуваат еден
дечко и една девојка, едниот во Лондон, другиот тука, во Скопје, от­
како врската ќе заврши. Дали откако еднаш се нашле па се загубиле,
може одново да бидат едно исто, како некогаш. Најдено-загубено
дефитивно ќе се најде меѓу книгите со уникатен начин на читање.
Со овој роман Кујунџиски ја комплетира својата „љубовна трилогија“.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 128 // Димензии
13х20 // ISBN 9786084507208 // Препорачана цена 200

13

Жарко Кујунџиски
Книгата 13 е скапоцена збирка од 15 раскази. Секое дело е ново из­
ненадување. Високиот квалитет на расказите е потврден со тоа што
половината се наградени на литературни конкурси, а другата поло­
вина се избрани во голем број антологии во светот и во Македонија.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 144 // Димензии
13х20 // ISBN 9786084507222 // Препорачана цена 200

Spectator (V издание)
Жарко Кујунџиски

Spectator е единствен дебитантски роман во современата македон­
ска книжевност со пет изданија. Првата вистински урбана книга која
пренесува машко-женски ситуации од 12 европски града, меѓу нив
и Скопје, но блиски на сите луѓе на светот.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 128 // Димензии
13х20 // ISBN 9786084507185 // Препорачана цена 300

made in macedonia

Куќичка за птици-

преселници
Ѓоко Здравески

Продолжува свежината на поезијата од претходната
книга. Академик Ќулавкова вели „Книгата Kуќичка за
птици-преселници, инаку второ поетско дело на млади­
от поет Ѓоко Здравески, е составена од песни и поетски
записи што во себе ја носат тегобноста на одмаздата кон
просторот, тегобноста на патувањето, на преселникот
што, уморен од премостувањето на границите, ја из­
губил волјата за патување, па се вдал во една потрага
по пронаоѓање на својот мир, налик на влевањето на
реката во морето, налик на соединувањето на атманот
со брахманот.“
Година на прво издание 2013
Број на страници 64
Димензии 10x20
ISBN 9786084507833
Препорачана цена 200
Потпомогнато

Палиндром со две н
Ѓоко Здравески

Прекрасна збирка, нешто како обнова на едноставниот, а длабок
спој на љубовта и поезијата на македонски јазик. Тематската ори­
гиналност и свежина, композициската конзистентност, поетичката
самосвест и јазично-стилската доследност нè уверуваат дека изле­
гувањето од печат на дебитанскиот поетски ракопис на Ѓоко Здраве­
ски е значаен влог за стапувањето на најновата македонска поетска
генерација на книжевната сцена
Година на прво издание 2010 // Број на страници 48 // Димензии
10x20 // ISBN 9786084507314 // Препорачана цена 150

Потпомогнато

Номадска душа
Марина Мијаковска

Номадска душа на Марина Мијаковска несомнено, ќе даде свој ориги­
нален придонес во развојот на женското поетско писмо кај нас. Сред­
бата со овие емотивни, лирски стихови, тој „ковчег од зборови“, нема да
го остави рамнодушен читателот. Веќе со својата прва книга стихови,
Мијаковска се наметнува како авторка која успева да оствари високи
естетски квалитети а, едновремено, да понуди и вистинско уживање.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 64 // Димензии 10x20
// ISBN 9786084507215 // Препорачана цена 150

19

20

made in macedonia

Ќе

Мане Манушев
Се раѓа ново поетско име кое се истакнува со храброста
и урбаноста да се создава Песна директно од под оџаите
на велешката топилница, од над асфалтот кој зрачи со
тешка опасност. Каква литературна реткост. Поезијата
на младиот поет Манушев доаѓа како молскавица, жес­
ток изблик на понорница на карпа. Со премногу вистина
во стихот. Со крик на парадокост на реалноста низ поет­
ската форма но современа и бескомпромисна.
Година на прво издание 2013
Број на страници 64
Димензии 10x20
ISBN 9786084507765
Препорачана цена 200

Потпомогнато

Изложба
Јана Лозаноска

„Оваа поезија совршено го отсликува Човекот, патот до возвишеноста,
автономијата на духот и безграничната љубов, како пулсираат моќно на
Врвот, диплејќи го небото околу себе, со орел кој исцртува вечни кругови
на трансцеденталното небо а стравот за навек исчезнува.“, напиша д-р
Маја Мухиќ во поговорот.
Година на прво издание 2011 // Број на страници 48 // Димензии 10x20
// ISBN 9786084507451 // Препорачана цена 150

За сите овие години
Снежана Стојанова

Книгата За сите овие години е дебитантска поетска објава на Сне­
жана Стојанова, поет од македонската дијаспора. Во делото се по­
местени четириесетина дела пишувани во различни периоди, во
кои може да се прочита родокрајна поезија но и песни во чест на
неповторливиот глас на Тоше Проески.
Година на прво издание 2010
Број на страници 48
Димензии 10x20
ISBN 9786084507420
Препорачана цена 150

made in macedonia

Продолжено образование
Сотир Ристо

Прочитајте како македонски писател од Мала Преспа, Албанија,
вешто ги комбинира Сартр и Ками со Буковски и Селин. Возбудлива
авантура на човек кој е постојано и од сè незадоволен. Дали на вна­
трешниот немир ќе најде барем малку спокој во стварноста.
Година на прво издание 2009 // Број на страници 128 // Потпомогнато
Димензии 13x20 // ISBN 9786084507130 //
Препорачана цена 190

Нај-кратки раскази
Анета Попова

Колку најкраток може да биде еден расказ а сепак во
него да се раскажува интересен и впечатлив настан.
Анета Попова е една од првите жени-авторки кои обја­
вија храбра книга микрофикции.
Година на прво издание 2009 // Број на страници 159 //
Димензии 16x17 // ISBN 9786084507048 //
Препорачана цена 200

Географија на маленкоста
Ацо Гогов

Ако имате потреба од книга која ќе внесе малку потребен мир и хар­
монија со секој збор, тогаш одберете ја Географија на маленкоста.
Расказите се како неопходна и медитативна дневна доза опуштање.
Година на прво издание 2009 // Број на страници 64 //
Димензии 13x20 // ISBN 9786084507178 // Препорачана цена 150

Единствен матичен број
Ацо Гогов

Потпомогнато

Дел од мислењата на читателите:
„Субјектите, сведени на матични броеви и фотографии за лични кар­
ти и понатаму ќе ги раскажуваат своите приказни.“ С. Гаџова
„Благодарение на Единствен матичен број добиваме спокојни чита­
телски средби со топлиот и непосреден раскажувачки глас на Гогов.“
В. Мартиновски
Година на прво издание 2012 // Број на страници 94 //
Димензии 12х17 // ISBN 9786084507178 // Препорачана цена 200

21

22

made in macedonia

Нож и пердув
Димитри Соле Љубин

Љубовта во овој роман „вреска“ од секоја негова страница. Оваа
книга е таква. Подарок за душа. А не ви е ни роденден. Го спојува
прозниот и поетскиот дискурс, што му дава карактеристичен белег
на раскажувањето и на водењето на приказната. Една од најпрода­
ваните книги од млади автори.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 128 //
Димензии 13х20 // ISBN 9786084507277 // Препорачана цена 200

Потпомогнато

Приказни за тревите
Живко Грозданоски

„Најжално е тоа што луѓето книгите најчесто не ги читаат, не ги зна­
ат, не ги ни гледаат, ниту ги допираат. А книгите се како девојките.
Најжално нешто што може да им се случи е никој да не ги допира,
никој да не ги отвора. А толку убаво мирисаат.“ е цитат од книгата
што треба да ги надразни сетилата за читање.
Година на прво издание 2011 // Број на страници 158 //
Димензии 12х17 // ISBN 9786084507444 // Препорачана цена 200

Приказни за август
Дејан Велкоски

Книга со која авторот ѝ предожи брак на својата девојка. Цел еден
роман напишан за само една личност.
„Можам да ви зборувам за техниките што ги користи Велкоски при
пишувањето. Можам да ви кажам дека станува збор за префинето
писмо на еден школуван млад автор кој ветува. Ама, што фајде од
тоа. Сето тоа е само обична форма во однос на она што во суштина
претставува оваа книга. А тоа е – љубов.“, напишал рецензентот.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 64 //
Димензии 10х15 // ISBN 9786084507420 // Препорачана цена 150

Сите тие краеви
Бранислав Ѓорѓевски

Критичната авторска појава на Ѓорѓевски е обележана со раскази
од кои зрачи елоквентност и храброст да се отворат теми што секој
ќе го заинтересира.
Маалски фраери, општествени фалинки, младешки главоболки, бр­
кање девојки.
Година на прво издание 2012 // Број на страници 94 //
Димензии 12х17 // ISBN 9786084507673 // Препорачана цена 200

made in macedonia

Мојот портрет
Никола Кујунџиски

„Никола Кујунџиски (1920, Пехчево - 1997, Куманово) една несекојдневна личност на полето на уметноста, не
само на овие наши простори, туку и пошироко. Во текот
на целиот живот - освен прекрасни фотографии (над
петстотини уметнички фотографии со седум самостојни
изложби и десетина групни) создава и стихови, песни
со различен тематски опсег, „своја, оригинална и ориги­
нерна поезија“, како што соопштува во оваа своја втора
објава (по првообјавената збирка Мојата роднокрајна
природа).
Година на прво издание 2010
Број на страници 64
Димензии 10x20
ISBN 9786084507253
Препорачана цена 130

хаику

Патот

Борис Митковски
120 православни хаику.
„Ова што е во нашите раце е грст литании на мигот
што имаат сила да нè пренесат во мистичните прос­
тори на срцето, евклидовски простор кој, само во
една педа, бесконечен број пати го содржи растоја­
нието од Куманово до Струмица и назад и, уште тол­
ку пати, растојанието од Македонија до Авганистан
и назад... пат што најпрецизно се мери само со солзи
и со насмевки.“
Митрополит Методиј Златанов
Година на прво издание 2013
Број на страници 128
Димензии 10х20
ISBN 9786084507772
Препорачана цена 200

23

24

хаику

С
онце и Месечина
Александар Кујунџиски
Хаикуто од оваа книга ги фаќа како со мрежичка со која ловат пеперуги и
ги преточува во поетски сатори-моменти, сменувањето на денот и ноќта. Во
сите појави во природата едноставно се исцртува вечната борба на Јин и
Јанг, на светлината и темнината.
Година на прво издание 2013 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 //
ISBN 9786084507345 // Препорачана цена 150

Сто

Александар Кујунџиски
Стотата - јубилејна книга на Александар Кујунџиски е со наслов 100 и има
двојна симболика: го означува бројот на неговите досега објавени книги
со оригинални творби (не сметајќи ги преводните дела и составуваните и
подготвуваните антологии) и донесува 100 кратки хаику-творби наменети
за сите генерации почитувачи на пишуваниот збор.
Година на прво издание 2008 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 //
ISBN 9789989266270 // Препорачана цена 100

ХА
И КУ
Александар Кујунџиски
Јапонската кратка форма наречена хаику на македонски начин. Како да се
раскаже цел роман во само три стиха. Во книгата ќе најдете 150 песни со
дејство на капка мастило падната на хартија, колку и да е мали има дејство
на допир со бескрајот.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 //
ISBN 9786084507239 // Препорачана цена 100

ГАлександар
улаби над Фуџи
Кујунџиски
На пауза, меѓу две обврски, пред спиење, веднаш по будење, дајте си мала
оддишка со едно-две хаику. Овие кратки творби имаат моќ да внесат нова
свежина во денот и ноќта.
Година на прво издание 2011 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 //
ISBN 9786084507338 // Препорачана цена 150

Ц
решар врз слива
Александар Кујунџиски

Што мислите, дали може една единствена птица, наречена црешар, и нејзи­
ниот песнопој, да го инспирираат авторот да напише повеќе од сто ориги­
нални хаику-тристишја.
Година на прво издание 2012 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 //
ISBN 9786084507321 // Препорачана цена 150

1 книга - 21 јазик

Сакам книга
Александар Кујунџиски

Прекрасен избор од богатото творештвото на
еден од најреномираните писатели за деца
во Македонија. Топли раскази, песни, сказни
и драматизации во кои ќе ужива секое дете
од предучилишна и рана училишна возраст.
Објавена во Библиотеката „Мозаик“, под уред­
ништво на Вилма Венковска-Милчев, дирек­
тор на Образовната програма при невладина­
та организација Потрага по заедничка основа.
Сакам книга е македонскиот, односно првиот,
дел од масивниот издавачки проект со наслов
„1 книга - 21 јазик“.

Година на прво издание 2006 // Број на
страници 48 // Димензии 17x24 // ISBN
9789989260397 // Препорачана цена 150
Aleksandar Kujunxiski
Dua libër (2006)
албански

Aleksandar Kujunciski
Kitap Istiyorum (2006)
турски

Aleksandar Kujundžiski
Mangava lil (2006)
ромски

Александар Кујунџиски
Хоћу књигу (2007)
српски

Alexandar Kujundžiski
Voi carti (2007) влашки,
аромански

Aleksandar Kujundžiski
Volim knjigu (2009)
босански, бошњачки

Aleksandar Kujundžiski
Ljubim knjigo (2009)
словенечки

Aleksandar Kujundžiski
Zavolih knjigu (2009)
хрватски

Aleksandar Kujundžiski
Ich liebe das Buch (2009)
германски

Aleksandar Kujundžiski
Želim knjigu (2010)
црногорски

25

26

во ливадите на детството

Стариот ковчег
Михо Атанасовски

Книгата Стариот ковчег донесува стотина
досега необјавени песни од оставнината
на Михо Атанасовски, еден од најголемите
македонски писатели за деца и возрасни.
Песните се кратки, повеќето од нив и шего­
вити, а се сите незаборавни и впечатливи по
својата модерна поетика и бујна фантазија.
Година на прво издание 2010
Број на страници 128
Димензии 15х20
ISBN 9786084507246
Препорачана цена 200

Потпомогнато

Приказната за
Вилхелм Тел
Јирг Шубигер

Оваа книга е добитник на швајцарската
Награда за книга за млади во 2005 годи­
на и напишана врз основа на легендата
во која Вилхелм Тел е пандан на Крале
Марко во македонскиот фолклор. Ав­
торот Шубигер добил многу награди,
меѓу кои и престижната „Ханс Кристијан
Андересен“ во 2008 година, како и На­
градата за литература за млади на Гер­
манија во 1996 година, токму за оваа
прекрасна книга за деца што треба да ја
прочитаат и родителите.
Година на прво издание 2011
Број на страници 96
Потпомогнато
Димензии 12х17
ISBN 9786084507437
Препорачана цена 200

во ливадите на детството

Б
роеви-роеви
Александар Кујунџиски
Кратки приказни и брзозборки, при што на секоја стра­
ница е претставена уште една нова игра со броевите. И
оваа сликовница целосно се вклопува во мисијата што ја
извршува: да ги разоноди и поучи децата од најмала во­
зраст полесно и побрзо да ги запознаат броевите. Втор
дел од Едицијата „Моите први книги“.
Година на прво издание 2004 // Број на страници 32 //
Димензии 21x21 // ISBN 9789989218706 // Препорачана
цена 100

Букви
, укви, кви
Александар Кујунџиски
Кратки приказни и брзозборки, при што на секоја стра­
ница е претставена уште една македонска буква. Сли­
ковница која соодветствува на возраста на која е наме­
нета: децата кои со голема страст и заинтересираност
влегуваат во дворецот наречен Азбука, а паралелно со
тоа и во светот на самостојно, првопрочитаните книги.
Трет дел од Едицијата „Моите први книги“.
Година на прво издание 2004 // Број на страници 32 //
Димензии 21x21 // ISBN 9789989218706 // Препорачана
цена 100

М
ои бои
Александар Кујунџиски
Кратки приказни и брзозборки, при што на секоја стра­
ница е претставена една од боите. Сликовницава е наме­
нета за децата од предучилишна возраст, за идните, но
и за сегашните првачиња. Ќе им помогне полесно да ги
научат и распознаваат боите, а на страниците за боење и
практично да ги употребат. Прв дел од Едицијата „Моите
први книги“.
Година на прво издание 2004 // Број на страници 32 //
Димензии 21x21 // ISBN 9789989218706 // Препорачана
цена Распродадено

Јас -Александар
Дедо Кујунџиски
Мраз
Книгата е со новогодишни содржини, исполнети со хуморот и ведри­
ната кои, како новогодишни прскалки, зрачат и светнуваат од секоја
нејзина страница, дело кое освои голем број читатели од предучи­
лишна и рана училишна возраст.
Година на прво издание 2009 // Број на страници 32 //
Димензии 17x24 // ISBN 9786084507147 // Препорачана цена 100

27

28

во ливадите на детството

З
борчиња-изворчиња
Александар Кујунџиски
Песни за деца од онаа најмала возраст, од кои некои се веќе ком­
понирани за интерпретација на фестивалите на детски песни,
значи – песни и за пеење и за рецитирање.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 48 //
Димензии 15x21 // ISBN 9786084507376 // Препорачана цена 150

И одАлександар
пиле млеко
Кујунџиски
Издание какво што досега не е публикувано кај ниту еден издавач
во Република Македонија, а можеби и во пошироките простори на
книгоиздателската продукција. Благодарение на сестраноста на ав­
торот, кој пишува дела од сите литературни родови, и речиси од сите
литературни видови во оваа збирка се содржани, всушност, седум
мали книги: книга со раскази, книга со песни, книга сказни, книга
со басни, книга со гатанки, книга со пиеси и книга со краткозборки
(прашанки-досетки, брзозборки, скривалки-дополнувалки и афори­
зми- пораки).
Година на прво издание 2007 // Број на страници 192 //
Димензии 17x24 // ISBN 9789989266225 // Препорачана цена 300

Потпомогнато

П
риродо, љубов моја!
Автор Александар Кујунџиски
Збирката Природо, љубов моја! од Александар Кујунџиски – како
што кажува и самиот наслов – е целосно посветена на природата и
грижата кон неа, со која авторот е комплетно поврзан. Овој голем
вљубеник во пишуваниот збор – како негова професија, и во при­
родата – како негова опсесија, со Природо, љубов моја!, гледано од
содржински и од жанровски аспект донесе и внесе во македонската
литература за деца едно навистина раскошно издание. Препорачан
прирачник во наставата и четиво што треба да го има за себе секое
дете при своето градење како личност.
Година на прво издание 2000 // Број на страници 64 //
Димензии 17x25 // ISBN 9789989992657 // Препорачана цена 150

Гнездо
од бетон
Александар Кујунџиски
Песни за деца на теми на кои досега воопшто не се напишани стихо­
ви и кои се сметале за табу теми за генерациите, меѓутоа денешните
деца многу пати се опседнати, погодени и имаат желба да дознаат
нешто повеќе и за тоа и да се соочат со ситуацијата. На пример, сек­
суално образование, развод, пијанство, наркоманија и сл.
Година на прво издание 2010 // Број на страници 48 //
Димензии 15х21 // ISBN 9786084507406 // Препорачана цена 150

како и

Александар Кујунџиски
Чисти артисти (2000)
Надојдени реки (2002)
Одлична единица (2005)
Новогодишна честитка (2005)
Распеани песни (2006)
Сцени и сценарија (2006)
Разбој-разнобој (2006)
Нова планета (2006)
Еколошки сказни (2006)
Весело летување (2007)
Моите (не)напишани романи (2007)
Дедо Мраз, Дедо Врелчо, Снешко Црнчо и
Снешко Белчо (2007)
Шах-мат торта (2007)
Спомен среде срце (2007)
Нека ечат песни (2008)
Расцветани сказни (2009)

Живко Павлов
Смеаториум (2000)

Жарко Кујунџиски

Ендрју, љубов и други
непогоди (2004)

Џеси Блејз

Сузан (2008)

29

30

Издавачката куќа Антолог го издава Репер, списанието за креација и рекреација, првиот
специјализиран електронски неделник кој ја претставува и промовира целокупната
креативност од територијата на Македонија, дома и во светот.
Првиот број на www.reper.net.mk е објавен во март 2008 година.

31

ул. „Киро Димушков“ бр. 40-б
1000 Скопје
Република Македонија
+389 2 3065 843
+389 2 2670 379
+389 70 778 007
+389 70 713 174
skype izdavac_antolog
http://www.facebook.com/antolog
жиро сметка 300000003188135
Депонент на Комерцијална банка а.д.
единствен даночен број5038010500180
Основач
Александар Никола Кујунџиски
Главен и одговорен уредник
Жарко Кујунџиски
antolog@gmail.com
Извршен уредник
Валентина Костова
kostova.antolog@gmail.com
Редакција
Ѓорѓи Крстевски
Иван Антоновски
Лектор
Кристина Велевска
Каталог
Александар Ковачевски
Дизајн
Ана Андроска
Ненад Јолдевски
Александар Ковачевски
Правна служба
Златко Кујунџиски