УНИВЕРЗИТЕТ ”ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП

ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ТЕМА: Превенција на вирусен хепатитис ,,B”

Штип, 2013

Содржина
Краток извадок.................................................................................................3
Abstract..............................................................................................................4
Клучни зборови.................................................................................................5
Key words...........................................................................................................6
Вовед.................................................................................................................7
Тематски поглавја и потпоглавја.....................................................................8
Заклучок............................................................................................................15
Користена литература.....................................................................................16

Краток извадок Вирусен хепатитис Б е акутно инфективно заболување од вирусна етиологија кое се карактеризира со зафаќање на паренхимот на црниот дроб. Резервар и извор на заразата претставува човекот а болеста се пренесува по контактен пат преку крв или полов однос. а често поминува во хроницитет. Во однос на превенцијата постои вакцина која е најдобра заштита како и користење на стерилни шприцеви и игли бидејќи како што веќе напоменавме се пренесува преку крвта на човекот. лесни. Последица може да биде цироза на црниот дроб или хепатоцелуларен карцином. од асимтоматски. Вирусен хепатитис Б 2 . до тешки. а се манифестира со жолтица. Болеста протекува во разни форми.

and often passes into chronicity. is transmitted through human blood.Reservoir and source of human infection is a disease spread by contact by blood or sexual intercourse. In terms of prevention there is a vaccine that is the best protection as well as the use of sterile syringes and needles because as already mentioned.Abstract Hepatitis B virus is an acute infectious disease of viral etiology that is characterized by involvement of the liver parenchyma. Вирусен хепатитис Б 3 . The disease runs in various forms. Consequence may be cirrhosis or hepatocellular carcinoma. manifested by jaundice. without symptoms. easy to difficult.

HbsAg антиген 3.Клучни зборови 1. Хепатит Б вирусот 2. Вакцина 4. Крв и крвни деривати Вирусен хепатитис Б 4 .

HbsAg antigen 3.Key words 1.Vaccine 4.blood and blood derivatives Вирусен хепатитис Б 5 .Hepatit B virus 2.

Вовед Вирусен хепатитис Б е акутно инфективно заболување од вирусна етиологија кое се карактеризира со зафаќање на паренхимот на црниот дроб. а застапеноста на бацилоносителството е со различен интензитет во различни делови од светот. Личноста која е инфицирана со овај вирус може да се излечи или пак да стане хронично болна личност што секако најмногу зависи од староста а најмладите единки нај лесно се лечат. Резервар и извор на заразата претставува човекот а болеста се пренесува по контактен пат преку крв или полов однос. Болеста протекува во разни форми. од асимтоматски. Оние индивидуи кои што се хронично заболени остануваат такви цел живот и Вирусен хепатитис Б 6 . а се манифестира со жолтица. Ово заболување е застапено скоро секаде низ светот. Често се среќава вирусоносителство. Последица може да биде цироза на црниот дроб или хепатоцелуларен карцином. а често поминува во хроницитет. до тешки. лесни.

Во јадрото како и другите се наоѓа и HBcAg кој исто така стимулира антитело.можат да развијат активен хепатитис. Наведените антигени и натитела претставуваат маркери за овој вирус и според нив покрај тоа што може да се направи етиолошка дијагноза може и да се одреди и стадиумот на болеста според нивното специфично јавување односно времето и брзината кога тие се појавуваат. Познат е под името данеова честичка и истиот во себе содржи три вида на антигени како што се : антигенот HBsAg е површински и иницира создавање на анти. Во однос на превенцијата постои вакцина која е откриена во 1982 година која е најдобра заштита како и користење на презервативи при секој полов однос како и користење на стерилни шприцеви и игли бидејќи како што веќе напоменавме се пренесува преку крвта на човекот. Исто така е битно да се знае деке може да се пренесе и од детето на мајката. Овој антиген се наоѓа во јадрото како и HBeAg кој стимулира да се создадат анти HBe антитела. Вирусен хепатитис Б 7 .HBs антитело. По повеќе години може да се појават проблеми како што се цироза и рак на црниот дроб. Како последица од прележан хепатитис Б може да биде долготрајно оштетување на црниот дроб како и оштетување на дел од неговите секако витални функции за правилно функционирање на организмот. Тематски поглавја и потпоглавја Етиологија и клиничка слика на вирусот Вирусот кој предизвикува хепатитис Б претставува DNK вирус.

тешка и фулминантна форма. Заболувањето започнува постепено. Вирусот е доста издржлив на надворешна средина и услови а исто така треба да се спомне и неговата издржливост на одредени хемиски и физички фактори. Кај нив болеста може да поприми хроничен тек. макулопапулозен исип и уртикарија.. Клиничката слика на заболувањето битно не се разликува разликува од она кај вирусниот . Може да помине како аниктерична. зголемување на црниот дроб. иктерична. Кај некој луѓе нема симптоми на почетокот односно во текот на првата фаза. А” хепатитис. Симптомите можат да исчезнат и повторно да се појават во наредните месеци. а можни се и артраглии. - Аниктеричната форма на акутен хепатитис Ц се јавува почесто со лесни облици на болеста и најчести симтоми се: повеќедневен замор. Овие симптоми можат да траат неколку дена. болки во зглобовите. Некој од средствата за дезинфекција може да го инхибираат а додека во однос на температурата тој може да остане активен во замрзната состојба исклучително долг временски период а исто така може да биде инфективен и при подолг престој во серум или некој хемиски препарати. гадење со ретко повраќање. болки во епигастриумот. Тежината на болеста варира од лесни до тешки фулминантни облици. но кај околу 10 % останува вирусоносителството.Вирусот HB исто така е многу отпорен а има и доста долг инкубационен период кој може да достигне и до 6 месеци а просечно за инкубационен период се смета време од 100 дена. со можност цироза на црниот дроб или повеќе години да се јави хепато целуларен карцином. но можат да перзистираат и повеќе недели. Во предиктеричната фаза може да се јави еритематозен. Вирусен хепатитис Б 8 . Кај возрасните најчесто болеста завршува добро. поретко се јавува осип во споредба кај болните од акутен hepatits B.

болка под десен ребрен лак. Правење на крвни тестови кои ги Вирусен хепатитис Б 9 . - Фулминантна форма на акутен хепатитис Ц се карактеризира со висока фербилност. анорексија. губење на апетит. а покасно пожолтува и кожата. сопор. стомачни болки. знаци на крварење. малаксаност. Ако се појават симптоми тие обично вклучуваат жолтица ( ожолтување на кожата и очите. гадење. интензивен иктерус. болки во мускулите и зглобовите и главоболки. бојата на видливите делови од слузницата е жолта. хепатална кома со немир.- Иктеричната форма на акутен хепатитис Ц се манифестира со појава на иктерус. Може да заврши со оздравување или со смрт ако се развие сомноленција. Од друга страна пак. Кога веќе е дијагностицирана хронична форма на хепатитис Б инфекцијата на лицето треба да му се вршат редовни контроли и прегледи на црниот дроб. Мокрачата е со кафеаво. зголемена телесна температура. блед измет. замор. повраќање и болки во зглобовите ). Дијагностика Дијагнозата може да се изврши на неколку начини а најчесто праку крвните тестови треба да се одреди присуството на хепатитис Б антигените и антителата кои што покажуваат дека лицето било изложено односно инфицирано со HBV вирусот. и чешање по кожата. губење на интелектуалните финкции и дезириентација. темна урина. присуството на антитела а отсуството на антигени и по 6 месеци во крвта покажува дека испитуваното лице се излекувало од инфекцијата. Ако фрагменти од самиот вирус наречени хепатитис Б површински антигени HBsAg се присутни повеќе од 6 месеци во крвта тогаш лицето е хроничен носител на вирусот со можност да инфицира и други луѓе. гастроинтестинално крварење и акутен хепаторенален синдром.црвена боја.

стоматолошки Вирусен хепатитис Б 10 . проститутките а и брачните партнери на носителите на ХБ вирусот. Исто така и преку биопсија со земање на примерок од ткивото на хепарот може да се определи степенот неговото оштетување. Индиректниот контакт се остварува најчесто при некои инциденти кога крв од инфициран се инкулира на здрав човек. Механизам и патишта на пренесување Вирусот на хепатитисот . B” освен во крвта е најден во многу секрети и ескрети на човекот. Сепак се смета освен крвта инфективно значење имаат и плунката и спермата. вадење крв. Пренесувањето од мајката на детето настанува или за време на бременост или пак за време на породувањето. должина на инкубацијата. Пренесувањето се остварува по директен пат и тоа по директен и индиректен контакт. Посебно ризични групи се хомосексуалците. Директниот контакт се остварува со полов однос и со вертикално пренесување од мајката на детето.вклучуваат и тестовите за работата на хепарот треба да се прават на секои 6 месеци. Тоа се случува при давање на инјекции. Сексуалното пренесување е значаен начин на остварување на инфекцијата и често се случува заради големиот број носители на ХБ вирусот. оперативни зафати.. Исто така како важно е да се напомене дека во дијагнозата помага и епидемиолошкиот метод како податоци за некои медицински интервенции. Тестот за проверка на работата на хепарот го мери количеството на одредени протеини или ензими во крвта кои пак покажуваат колку добро хепарот си ја извршува својата функција. Ако пак лицето има цироза се препорачува правење на ултра звучно скенирање на секои 6 месеци кое пак од своја страна може да биде индикатор за појава на рак на црниот дроб. интравенски наркомани и сл.

можат да се поделат на општи и специфични.интервенции и сл. Голем број годишно заболуваат од оваа болест а се смета дека дури и до неколку милиони во светот умирааат од оваа болест. -Лицата кои прележале вирусен хепатитис Б. Превентивните мерки за заштита од вирусниот хепатитис Б. -Кај ризичните групи да се спроведе здравствено воспитување. Вирусен хепатитис Б 11 . кога ке дојде до случајно бецкање со игла или друг медицински инструмент. кои користејки нестерилни игли и шприцеви ја шират инфекцијата помеѓу себе. Превенција и лекување на болеста Оваа болест е распространета речиси во целоит свет. -Тестирање на потенцијалните дарители на крв. Денеска кога најчесто се користат шприцеви. -Внимателна манипулација на здравстевните работници при работа со -Користење на стерилана опрема при тетовирање и пирсање. Посебна ризична група представуваат интравенските наркомани. Во категорија на општи мерки се применуваат следните: -Користење на игли и шприцеви за еднократна употреба. а инструментите за повеќекратна употреба да се стерилизираат. не смеат да бидат донатори. игли и други медицински инструменти за еднократна употереба овој ризик е минимален.

. хомосексуалци. На бебиња родени од инфицирани мајки треба да им се даде ХБИГ( хепатитис Б имуно глобулин) и да се вакцинираат 12 часа по раѓањето. секрети ).-Лицата кои се инфицирани не треба да им се дозволува да донираат крв ниту пак органи или ткива. -Постекспозиционалната имунопрофилакса се споредува кај новородени од HbsAg позитивна мајка со : серум и вакцина. На вакцинација подлежат сите лица во здраствените и други организации кои во вршењето на својата работа доаѓаат до непосреден контакт со инфицирани луѓе и со инфективен материал ( крв. Покрај овие лица. ескрети . B” подлежат и следниве лица: - болни на хемодијализа - полови партнери HbsAg позитивни лица - штитинеците на заводите за ментално ретардираните лица - интравенски наркомани Вирусен хепатитис Б 12 . на ваксинација против хепатитис . -Селекција на доброволните дарители на крв и тестирање на секоја крвна единица за присуство на HbsAg. вакцина против ХБВ вирусот претставува најдобра заштита од инфекција и треба д се изведува рутински на возраст од 1. Бремените мајки пожелно е да направат ХБВ тест. проститутки здравствени работници и сл. Ако се посомнева лицето дека можно е да било во контакт со инфицирана личност или предмети треба веднаш да се јави на лекар за да се сузбие можноста да се рашири инфекцијата.18 година како и вакцинација на луѓе кои спаѓаат во групи со висок ризик за заболување како интравенски корисници на дрога. Во категоријата на специфичните мерки се применуваат следните: -Специфичната профилакса се споредува со специфична вакцина која содржи HbsAg добиена со генетски инженеринг или рекомбинантна техника.

. Постојат три зони на носителство во населението и тоа : . при што се дава една доза вакцина.зона 3 се места кој се ендемични подрачја каде носителството може да достигне и до над 50% како што се земјите во Африка. создавање на антитела. Реваксинација се врши при епимидиолошки индикации по пет години од последната доза.зона 2 се смета за засатапеност од 2 до 10% . 12 месеци. Прилог слики за хепатитис Б Вирусен хепатитис Б 13 . Терапијата на хроничните носители се доста посложена и има за цел да се редуцира хепарното воспаление. на лица што имале акцидент со инфективен материјал и на пациенти пред стапување на дијализа.. Задолжителна вакцинација на новороденчињата од HbsAg позитивни мајки. да внесува поголеми количини на витамини и да не конзумира алкохол. B”. Како најпознати и прифатени лекови се адефовир. Лекувањето на акутната форма од инфекцијата терапијата е релативно едноставана и се состои пред се од препораки на лицето да мирува. намалување на количеството на хепатитис Б генетскиот материјал како и уништување на хепатитис Б антигените.зона 1 места каде носителството е под два проценти а тука се вклучуваат западноевропските земји Австралија и други . се врши со четири дози по шема 0. алфа интерферон и ламвивудине кој се смета дека се најефикасни но не треба да се даваат на бремени жени. 1..- хемофиличари Вакцинацијата против хепатитис . 2. Не треба да се конзумира алкохол бидејќи тој допринесува за побрзо оштетеување на црниот дроб. B” се врши со вакцина добиена со генетски инженеринг од површинскиот антиген на вирусот на хепатитис .

вирусно заболување кое го Вирусен хепатитис Б 14 .ЗАКЛУЧОК Вирусен хепатитис Б претставува заболување застапено скоро секаде низ светот. заболување кое е инфективно и акутно.

Лекувањето на акутната форма од инфекцијата терапијата е релативно едноставана додека терапијата на хроничните носители се доста посложена и има за цел да се редуцира хепарното воспаление. Дијагнозата може да се изврши на неколку начини а најчесто праку крвните тестови треба да се одреди присуството на хепатитис Б антигените и антителата кои што покажуваат дека лицето било изложено односно инфицирано со HBV вирусот. намалување на количеството на хепатитис Б генетскиот материјал како и уништување на хепатитис Б антигените. Епидемиологија и јавно здравство. употреба на стерилни игли и шприцеви и сл. создавање на антитела. Користена литература Николовски. Болеста која се манифестира од ова заболување се нарекува жолтица која е заразна. Превенцијата се состои од вакцина против ХБВ вирусот. Ѓ. употреба на пресервативи. Б и Шуманов.зафаќа и напаѓа ткивото поточно паренхимниот дел на црниот дроб ( hepar) по што го добива и името хепатит или хепатитис. пренослива односно причинителот хепатитис Б се пренесува преку крвта односно преку додир на неинфицираната индивидуа со крв на носителот што аналогно на тоа значи дека оваа болеста се пренесува и преку полов контакт. Институт за епидемиологија и јавно здравство-Скопје Вирусен хепатитис Б 15 .

ie/~canavam3/Diseases.jpg&imgrefurl=http://stu dent.pdf Вирусен хепатитис Б 16 .htm&usg=__WqFXoBMD4u5jJBRTsnwYD yIUm4U=&h=244&w=233&sz=25&hl=mk&start=1&um=1&tbnid=UHtnYpn9G dO2NM:&tbnh=110&tbnw=105&prev=/images%3Fq%3Dhepatit%2BB%26hl %3Dmk%26sa%3DN%26um%3D1 http://www.google.jpg http://www.biyolojidunyasi.gov.dcu.health.jpg http://www. Р. Институт за водич на вакцини Интернет: http://www. Ризици и предности за деца и возрасни.dcu.Њустедер.ie/~canavam3/hepatit_b2.edu/~swhwang/pics/hepb%20pic%203%20-%20ICtV.mhcs.com/Hepatit_B_Resim.stanford.com/storage/hepatitis-b.nsw.com/imgres? imgurl=http://student.narodnilijek.au/publication_pdfs/8385/DOH-8385MAC.jpg http://images.