Универзитет “ Гоце Делчев “- Штип

Земјоделски факултет

Проектна задача по предметот Механизација во земјоделското
производство
на тема: ,,Житни комбајни’’

Ментор:

Изработиле:

Доц. Д-р Зоран Димитровски

Штип, мај 2013

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип
Содржина:
Вовед.............................................................................3
Универзални житни комбајни......................................4
Жетварка (ХЕДЕР).......................................................6
Крилест механизам......................................................6
Апарат за сечење (жнеење)........................................8
Корито на хедерот........................................................9
Спирален транспортер.................................................9
Елеватор на хедерот....................................................11
Постапка за одвојување на жетварката (хедерот).....11
Одвојување на хедерот од вршачка............................12
Составни делови на вршачката...................................13
Вентилатор....................................................................19
Елеватор на зрно...........................................................19
Деловите се исти како кај елеваторот за зрна............20
Користена литература...................................................22

2

овоштарството. односно комбајни наменети за таа цел.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Вовед Основен услов за добивање на високи и рентабилни приноси во земјоделството. се смалуваат производните трошоци и се зголемува рентабилноста. покрај примената на современи агротехнички мерки базирани врз научни сознанија. претставува и примената на најсоодветната механизација на сите можни работни и производни процеси. градинарството. Современата и сложена механизација дава големи можности во областа на полјоделството. Со примена на современа земјоделска механизација. 3 . исто така е важен елемент. сточарството и други земјоделски гранки. повеќе пати се зголемува продуктивноста на човечкиот труд. За да може навреме да се заврши жетвата и вршидбата се применуваат специјални машини. се извршува во временски ограничен период. Прибирањето на житните култури. лозарството.

3заштитен поместувачки плех. 4-разделувач. 1-стрипинг ротор. 6-надолжни транспортер.  Вршачка на комбајнот.  Систем за движење и управување. Слика 2 – Функционална шема на комбајнот 4 .  Погонски агрегат. 5-спречувачки плех. 2-помошен ротор.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Универзални житни комбајни Универзалните житни комбајни овозможуваат прибирање на житни реколти во полјоделкото производство. 8-неподвижен лим. Слика 1 .Комбајн со стрипер уред за берба на класови.  Хидрауличен систем.  Дополнителни уреди и адаптери. Главни делови и склопови на универзалните житни комбајни се:  Жетварка или хедер. 7спирален транспортер.

Невршените класови поминуваат преку горното сито и пропаѓаат низ продолжетокот на долната сливна површина и се сливаат во коритото за невршени кластови. а лесните примеси испливуваат на површината. Сламотресот го истресува преостанатото зрно од сламата кои пропаѓаат низ отворите од сламотресот во коритото.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Крилестиот механизам со пикап прстите ја зафаќа растителната маса. 5 . на него делува воздушна струја која ги издувува ситните примеси надвор од вршачката. во времето додека паѓа. се избива зрното од класовите. спиралениот траспортер ги зафаќа и ги предава на транспортерот кој ги носи невршените кластови во вршидбената комора на повторна вршидба. кој го оспорува движењето на сламата и ја распоредува во сламотресот. Од коритото. Во вршачката комора со ударите на шините од барабанот и со триењето кај класичните комбајни. истовремено се врши тежинско одделување такашто да зрната паѓаат долу. Таквата подготвена маса паѓа на горното сито. кој го зафаќа житото и го предава на вертикалниот елеватор кој го качува житото и го внесува во бункерот. се поместува наназад кон ситата. низ кое се слива назад на каскадното собирно сито кое осцилира. кои заедно со поситните примеси низ решетката од контрабарабанот паѓаат на собирното сито. Двостраниот спирален транспортер ја зафаќа откосената растителната маса и ја носи во средината кадешто ја зафаќаат прстите и ја повлекуваат под спиралниот цилиндар и ја предаваат на елеваторот на хедерот. Зрното од горното зрно пропаѓа на долното сито. Елеваторот ја повлекува растителната маса и преку собирачот за камења ја зафаќа битерот и ја предава на вршачката комора. а потоа на сливната површина и се слива во коритото за жито. доколку навлезат во просторот помеѓу барабанот и контрабарабанот. Сламата и останатите зрна (од 10 до 15%) продолжуваат преку подбарабанот до одбојниот битер. Во собирачот се задржуваат некои крупни предмети кои можат да предизвикаат оштетување. кадешто на долниот дел има сместено спирален трнспортер. Сламата доаѓа до горната завеса кадешто се задржува и се спушта на сламотресот. итовременои придржува додека да ја отсече резачкиот апарат и да ја достави до спиралниот транспортер.

1.Жетварка или хедер на житниот комбајн. 10-хидрауличен цилиндар за кревање на крилестиот механизам. 4-подигнувач. крилест механизам. спирален транспортер. 8-елеватор на хедерот. Странично на коритото на жетварката се поставени разделувачите со кои се врши разделување на растенијата помеѓу секој откос. 6 . Во текот на вртењето ја задржува положбата на подесениот агол кој претходно ќе се регулира. делови за погонот и регулирање и подигнувачи на полегнат посев. но и да ја задржи сè до моментот додека спиралниот транспортер не ја зафати. Слика 3 . 5-пикап прсти. Основни делови се: корито со внатрешен и надворешен разделувач. 9-апарат за сечење.3-разделувачи. 7-спирален трнспортер. 6-крилест механизам. апарат за сечење.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Жетварка (ХЕДЕР) Жетварката е предниот дел на комбајнот кој е поставен во Т положба во насока на вршачката. На изведените конструкции крилестиот механизам има можност за регулирање на аголот на пикап прстите во сите положби. 11-хидрауличен цилиндар за кревање на хедерот Крилест механизам Улога на крилестиот механизам е да ја прифати и да ја задржи растителната маса додека режачкиот уред ја отсекува. елеватор на хедерот.2.

. 5 до 6 шипки за центрирање на крилестиот уред и уред за подигнување и спуштање на крилестиот уред. погон може добива по механички и хидростатски пат. 9навртка. осовина со две лежишта и два осигурача. 5 до 6 летви со пик-ап прсти.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Слика 4. 10-шуплива оска Крилестиот менанизам. 9-автоматски затегнувач. 4-каиш. 6-затегнувач на синџирот.Универзален крилест механизам. 8-метална прачка. Слика 5 . 3-подвижувач на летвата.Погон на крилестиот механизам и на спиралниот транспортер. 10-насач на крилестиот механизам Крилестиот механизам е состои од две цевкасти носачи. Основно е во системот да се обезбеди можност за континуирана промена на бројот на вртежите во границите од 0 до 50 0/min. 1-пиап прст. Кај новите конструкции на комбајни се користи хидростатскиот погон (погон со хидромотор) поради големата оддалеченост од изворот на погон како и за полесна промена на бројот на вртежи. 7 . четири неподвижни розетни и една ексцентрична розента на левата страна. 2погонски каиш. 6-држач на подвижувачот на летвите. 7-дрвено лежиште. 5-држач. 8-варијатор на крилестиот механизам. 7погонско вратило. 3-погон на спиралниот транспортер. 2-летва. 4спојница. 1-погонска каишница. 5-синџир.

Апаратот за жнеење се состои од подвижна шина со ножеви и една неподвижа шина со прсти. Главата на косата со вилушката е поврзана со помош на школки.Апарат за жнеење. 2-водилка на косата.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Апарат за сечење (жнеење) Задачата на апаратот за жнеење. преку ексцентричен зглоб. Начини на погон на косата. водилка на ножот. Делови кои го сочинуваат апаратот за сечење се: коса. Прстите со помош на две завртки се прицврстени за шината. 10-лежште. кој може да биде на главното вратило. 4-контра нож. 9-осовина на погонот на косата.Апарат за жнеење. 4контранож. 3-двојни прсти. 3-нож. 2-шина. 11-лост. 1-потиснувач (држач на ножот). Прстите се леани и тоа по два прста заедно. вообичаено се механички. Се изработуваат од материјал кој има еластичност. водилка на косата и погонотски уред. или куќиштето на погонот на косата (планетарен погон). Слика 6 . и држач на ножот. е да ја отсече растителната маса донесена од крилестиот механизам. 6-назабен нож. Механизамот со планетарен погон е ново 8 . 6-завртка. 13-мазалка. осцилаторен лост или лост на движачот и виљушка. 5-водилка на ножот. 14-пружина Уредот за погон на косата го сочинува ексцентричниот зглоб. 7-водилка на косата. 5-носач на ножевите. 7-прст Слика 7 . 8-држач на ножот. 12-зглоб. Апаратот за жнеење се состои од контранож. 1-водилка.

а по должината е поставен спиралниот транспортер.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип решение. Се изработува од челичен лим и има форма на корито. На задниот дел на коритото е поставен елеваторот на хедерот.Погон на косата преку ексцентричен зглоб и преносни полуги Слика 9 . има полмалку вибрација. е да со своите лева и десна спирала ја собира отсечената растителна маса и ја носи кон средината и со помош пикап прстите да ја повлечкува и да ја предава на транспортерот на хедерот.Погон на косата преу ексентрична оска Корито на хедерот Хедерот има функција да ја прифати отсечената растителна маса. а од страна е затворено со заштитни лимови. На предниот дел од коритото е поставен апаратот за сечење. а погонот го добива преку каишница. Спирален транспортер Улога на спиралниот транспортер. Коритото се протега по целата широчина на зафатот на комбајнот. Слика 8 . 9 . со што движењето на механизамот се базира на принцип на кардански кругови.

Растојанието треба да изнесува од 10 до 13 mm. се изведува со помош на разлабавување од двете страни на носечките плочки по четири навои и со помош на регулирачките навои. која се наоѓа на десната страна на хедерот со која се завртува коленестото вратило со прсти. цилиндар со лева и десна заварена спирала. спиралниот транспортер се подигнува или спушта.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Слика 10 . Регулирањето на растојанието помеѓу прстите и подот на коритото се врши со помош на рачката. При регулирањето треба да се внимава на задната страна да прстите да не се многу над цилиндарот. Растојанието се движи од 5 до 25 mm. а за пченица изнесува од 7 до 10 mm. 2двојни прсти. 3-лимен цилиндар. 3-хедерско корито. 1-погонски синџир. 5-пикап прсти.Спирален транспортер на хедерот. Погон добива од главното вратило. носечка плоча од двете страни и два спирални чистачи. лево кратко и десно долго вратило. за да не ја исфрлаат масата надвор од него. 10 . 4-пик-ап прсти. растојанието помеѓу спиралниот транспортер и дното на коритото секогаш треба да е поголемо од големината на зрното кое се собира. 4-полжавест транспортер. во средината коленесто вратило со пикап прсти и лопаткаста водилка. 7чистачи на транспортерот Спиралниот транспортер е составен од уред за погон. 6-лимен цилиндар. 2-кратко погонско вратило. 5-папуча за регулирање на прстите Слика 11 . Регулирањето на растојанието помеѓу спиралата и дното на коритото.Напречен пресек на спиралниот транспортер на хедерот. 1-подигнувачи.

1-рам на елеваторот. 13-лизгачки лим. куќиште. Постапка за одвојување на жетварката (хедерот) Хедерот се спушта на количката и се поврзува со 4 врски со неа. Елеваторот е поврзан со хедерското корито со две автоматски куќи на долната страна и два потпирача на горната страна. лебдечко со 3 синџирници.Елеватор на хедерот. затегнувањето на елеваторските синџири се врши со помош на држачките навоји на двете страни. 11 . но и со хедерското корито. а за вршачката со помош на два раменски носачи. 8-расцепка. 4 и 5-носач на затегнувачката каишница. 7-навој за затегнување. Се ослободува спојницата на хидрауликот и се отстранува каишот од каишницата на главното вратило за погон на делот на хедерот. 3затегнувачка каишница. 2-горна осовина на елеваторот. 6.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Елеватор на хедерот Елеваторот на хедерот има функција растителната маса која ја добива од спиралниот транспортер да ја предаде на вршачкиот апарат со помош и низ собирачот на камења. Слика 12 . 12-долна осовина на елеваторот. Регулирањето. Преку синџирниците префрлени се синџири на кои наизменично се прцврстени лопатки во L форма. Елеваторот добива погон од одбојниот битер од левата страна со помош на клинест каиш и спојка.14затворач.н. долно вратило т. се затегнуваат или се попуштаат синџирите – равномерно за да се постигне растојание помеѓу лопатките и дното од куќиштето на елеваторот од 8 до 10 mm.9 и 10-навртка. 15-поклопец Составни делови на елеваторот на хедерот се. 11-синџир. горно вратило со 3 синџирници.

спојувањето на хедерот со вршачката е изведено со брзоспојувачки куки или осигурувачи. односно регулирање на протокот на масло во одредената насока.Систем за контрола на висината на хедерот Современите житни комбајни се опремени со софистицирани уреди. има целосна контрола и прегледност. Лизгачкиот потпирен уред кој го копира теренот. Ракувачот на машината. Горната глава на елеваторот е зглобно врзана со вршачката. сензори и целокупното управување и раководоње на постапката за одвојување и контрола на висината на хедерот се извршува од нивната кабина. со кои се подигнува и се спушта хедерот. Одвојување на хедерот од вршачката За адаптирање на комбајнот и за други работни органи на вршачката комора. Преку електродавачот добива сигнал електромагнетниот вентил кој ги уклучува дизните за подигање или спуштање на хедерот. Кај современите комбајни постои уред за автоматско одржување (регулирање) на висината на отсекување. е поврзан со стрелката која се наоѓа во просторот помеѓу два електродавача. бидејќи за секоја аномалија и состојба на кој било уред е информиран или со звук или со копче. Слика 13 . кое прво предупредувадека постои некој проблем. 12 .Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Се ослободуват долните и горните потпирачи од двете страни. а потоа елеваторот се спушта со хидрауликот за да горните ракавци излезат од своите лежишта и комбајнот се движи малку назад. а долната наслонета на хидрауличните цилиндри.

2-барабан. а вообичаено е во границата од 115 до 1200. преку LCD-екраните. 4елеватор за неовршени кластови. Слика 15 . трева и сл. 1-собирач на камења. кадешто изронетото зрно паѓа низ отворите на котрабарабанот на собирното сито.а.)Запчест контрабарабан 13 . зафатниот агол на контрабарабнот се движи во границата од 110 до 1300. експлоатацијата на житниот комбајн. во спротивно нема да можат да се задржуваат предметите кои можат да предизвикаат кршење во вршидбената комора. Ако сепараторот на камења е полн. 11-решеткаст сепаратор.) Летвест контрабарабан.Делови на вршачката. Кај комбајните со класично напречно поставени вршачки комори. Составни делови на вршачката Вршачката. како и за правилната експлоатација.). треба да се исчисти. Контрабарабанот има функција заедно со барабанот да врши одделување на зрната од класовите. луцерка. 8-сламотреси. 5-одбоен битер. 7-хоризонтална спирала на бункерот. 3-контрабарабан.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Со самото вградување на компјутерите. 10-собирна површина. претставува доста слоен елемент на житните комбајни и е составена од сложени склопови и делови и тоа: Слика 14 . тој има и поклопец кој се поставува при адаптацијата на комбајнот за вршидба на (пченка. б. 9-сита. се добиваат целокупните информации за квалитетот на работниот процес. Одделувач (сепаратор) на камења претставува лимено корито кое сместено на предниот дел од вршачката. 6-сепаратор.

Растителната маса од елеваторот на хедерот ја зафаќа внесувачката спирала и ја вовлекува дирекно во комората. Барабанот има функција да со помош на ударите на летвите по растителната маса. триењето и влечењето на масата помеѓу контрабарабанот и предавање на одбојниот битер.  Напречна вршачка комора (радијална). Не постои класичен сламотрес. Надолжната вршачка комора е поставена должински на комбајнот. Напречната вршачка комора е поставена попречно по должината на вршачката и е одвоена од оделувачките органи. Во комората истовремено се остварува вршидба и одделување на зрната. А растојанието мегу шините на барабанот и контрабарабанот треба да иснесува 15 mm. Растојанието на излезот треба да изнесува 8 mm.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Регулирањето на растојанието на контрабарабанот.Комбајн со надолжна (аксијалена) вршачка комора 14 . може да биде со летвест или запчест барабан. Постојат два типа на вршачки комори и тоа:  Надолжна вршачка комора (аксијална). како и растојанието на влезот помеѓу првата летва на барабанот и летвата на контрабарбанот треба да изнесува 20 mm на двете страни. Слика 16 . Вршидбата се изведува со спирални удирачи кои ги има по 2 на еден ротор. да овозможи разделување на зрната од класот. Има класичен сламотрес.

Ако битерот нема доволен број на вртежи тогаш сите работни органи кој тој ги покренува. 5каишница. 2-ременица. 8-десна шина Улогата на одбојни битер е да ја прими сламата од барабанот. Бројот на вртежи на битерот треба редовно да се контролира. Битерот добива погон дирекно од моторот преку спојница и широк ремен од левата страна на вршалката. слабиот мотор. 4-крило на битерот. 3-осовина. 2-ребраста летва. 15 . Слика 18 .Одбоен битер. 8-шина на цилиндарот Роторот истовремено врши насочување на растителната маса.5-конрабарабан за плева.Одбојeн битер. 2-клин. 3контрабарабан за зрно. пумпата под висок притисок. 3-вратило на барабанот. На сликата се претставени неговите составни делови: Слика 19 . Причина за помал број на вртежи кај битерот се: лостот за гас. да ја распореди рамномерно по ширина на сламотресот. нема да имаат доволен број вртежи.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Слика 17 . 7-каишница. 2-сепаратор. а со тоа истовремено се изведува вршиба и одделување на зрната. 4-спирални ударичи. 6-диск на варијаторот.Надолжна (аксијална) вршачка комора. 3-решетка на сепараторот Слика 20 . 1-одбоен битер. 1-внесувачка спирала. 6-ротор.Барабанот на комбајнот. 7-диск на барабанот. 1-главчиња. 7-зафаќачки цилиндар. 4 и 5-плоча. 1-тело на битерот. 6лева шина.

Со примена на сепараторот се смалува површината на сламотресот. Составни делови се: барабан и подбарабан.Сепаратор за слама. е бујна и жилава. Задача на горната подвижна завеса е да ја задржи масата. 2-контрабарабан на сепараторот Сепаратор за слама има задача да го интензивира одвојувањето на преостанатото зрно од сламата и класот. Ако сламата е кршлива. а подбарабанот со помал опфатен агол од 80о до 100о и поголема 16 . гумен дел и синџири за регулирање. каде што истовремено се подигнува и спушта. Ако пак. кој е закачен на покривот на вршалката зад моторот. со што ја олеснува работата на сламотресот. да ја спушти на сламотресот и во зависност од положбата. завесата се подига за да може сламата побрзо да излезе од сламотресот.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип излегување на погонскиот ремен од лежиштето или незатегнaтост на истиот. на слојот на сламата преку сламотресот. односно со иста површина сламотрес и технички карактеристики на вршидбената комора се зголемува капацитетот на комбајнот за 10-15%. Барабанот е со тапо назабување. кај битерот лопатките се заменуваат со чешли. го скратуваме патот на сламата и се зголемува побрзото излегување на сламата. Ако ја повлекуваме назад. 1-сепаратор (барабан). При адаптација на пченка. На тој начин се регулира должината на патот и дебелината.назад. Слика 21 . односно во поголема маса и обратно. Нејзини делови се носечка шипка. завесата треба да се спушта. да ја пропушти масата под себе. Регулирањето се врши со помош на синџир во движење напред . елеваторот на хедерот и повторно враќање на масата преку елеваторот на хедерот. но се води сметка да не се спушти дотаму да предизвика загушување на барабанот.

2 коленести вратила кои се потпираат на шасијата на комбајнот со затворени лежишта. 8-еластична чивија. 10дотресувач преден. Секоја секција има 5 решеткасти каскади и сливно корито за зрно. Погонот на секцијата на сламотрес може да биде добиен од едно или од две коленести вратила.Конвејрски сламотрес .Сламотрес-конвенционален.(сериски сепаратори) Улога на сламотресот е да го издвои зрното од сламата и преку сливните корита го врати зрното на каскадна собирна површина и да ја транспортира сламата надвор од вршилицата. 17 . кои во текот на ронењето ги потиснуваат класовите по должината на барабанот од предниот влезен спрема задниот влезен дел. 5-осовина на сламотресот. 11 и 12-подметнувач за регулирање. Подбарабанот на сепараторот претставува мост помеѓу жичаниот продолжеток на подбарабанот на вршидбената комора и сламотресот. Барабанот за ронење се состои од метален цилиндар на кој спирално се монтирани четириаголни метални клинови. Распоредот на колената од вратилото. што зависи од бројот на секциите. неопходно е да се создадат оптимални услови за движењето на сламата и издвојување на преостанатите зрна. Сламотресот добива погон од десната страна на комбајнот од вентилаторот преку шестоаголниот клинест каиш. Слика 22 . Составен е од 4 до 6 секции. Бројот на вртежите се 210 min-1. (max. 4-дрвено лежиште. 9-главчина.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип светла површина. односно површина на отвор. 7-каишница. Со кинематиката на работата на секцискиот сламотрес. до 10%). 13-плоча Слика 23 . 6-куќиште. 1-секција на сламотресот. 2 и 3-кукиште. може да биде по различни агли.

Вилести растресувач на слама. Решеткастите површини на сламотресот мора да бидат чисти како и коритата на секциите. во случај кога се коси ниско и кога е влажно. Регулирањето на сламотресот се врши во зависност од условите за работа. 3. Ако масата е бујна и остануваат доста зрна во сламата. ниту опуштен) за да може секцијата да се движи. се враќаат продолжетоците на коритото и се поставуваат блиндирани лимови на предните и задните каскади.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Прилагодувањето на растојанието во лежиштата на сламотресот се врши рачно. а блиндирани лимови се поставуваат на каскадите на сите секции.осцилаторен дел под сламототреси 18 . На предните и задните лежишта растојанието треба да биде многу мало (ни премногу затегнат. 2-сламотреси. се монтираат дотресувачи на краевите на сите секции и се продолжува коритото на секциите. Адаптацијата за пченка се врши така што се отстрануваат сите дотресувачи и блиндирани лимови.Ротационен растресувач на слама Слика 24 . Коритата и секциите се загушуваат со ситна слама поради нееднаквата висина во косењето. Лежиштата не се подмачкуваат во текот на сезоната. ако се поставени. 1-вили. Ако растојанието е големо се отстрануваат лимените потпунки помеѓу половинките на дрвените лежишта и обратно. Слика 23 . ако растојанието е мало тогаш дополнително се поставуваат. да може секцијата на сламотресот да се движи во правец горе – долу. Ако сламата пак е кршлива сите дотресувачи се отстрануваат.

18-продолжеток на ситото. На тој начин вентилаторот врши главно чистење. 17-класово сито (горно сито).Плевни сита со собирна површина. 15собирна површина. 19-агличести продолжеток. 4-капак. 3-тело. 16-носач. односно издвојување на зрното од ситните примеси. Тој е поставен под плевните сита. 6лост.Вентилаторот.5 и 8-вешалици. 10-лим. Страничните капаци на вентилаторот овозможуваат прилагодување на јачината на воздушната струја и интензитетот на провејување на ситото. Јачината треба да е таква да плевата лебди што плевното сито. Слика 26 .Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Слика 25 . да го подигне и преку горниот полжавеср транспортер да го внесе во бункерот. 21-заштитник Вентилатор Улогата на вентилаторот е да создаде воздушна струја со помош на која ќе се изврши одвојување на лесните примеси од зрното и преку горното сито да ги исфрли од вршалката. 11-носач. 5-каишница Елеватор на зрно Улогата на елеваторот за зрно е да со помош на долниот полжавест транспортер го собере зрното од коритото за зрна. куќиште на елеваторот. 2-лопата. Основни делови на елеваторот на зрно се: долно вратило со полжавест транспортер и запчеста спојка. 20-гумена лента. 4насочувач. 19 . 1-кукиште. бесконечен синџир со лопатки и горен полжавест транспортер. 9-заштитник. 3-пригушувач. 14-носач на завесата. 13-плоча. 12-гумена завеса. 2. 1-лежиште. 7-носач.

На 20 . Во горниот дел на елеваторот. Слика 27 . Премногу лабав синџир не може добро да го пренесува зрното. Се контролира зтегнатоста на синџирот.Елеватор за невршени кластови. Погонските синџири се затегнуваат навечер. Со помош на полжавест транспортер. Прилагодувањето на затегнатоста на елеветорот се врши на горниот дел со попуштање на четири навои на носечките плочи од двете страни на куќиштето со помош на два прилагодливи навои. Деловите се исти како кај елеваторот за зрна Елеваторот добива погон од левата страна на комбајнот преку синџир. се собираат невршените класови од коритото и преку елеваторскиот синџир се подигнуваат горниот транспортер која ги внесува под барабанот на повторна вршидба. а на горниот дел. преку синџирот се придвижува горниот полжавест транспортер. па затоа можно е зрното да се крши. Сигурносните спојки не се прилагодуваат на елеваторите туку се затегнуваат до крај еднаш во сезоната и се подмачкуваат. 4-долна спирала на елеваторот за зрна Елеватор за невршени класови. која дирекно од левата страна го придвижува елеваторскиот синџир. преку синџирот за погон на горниот полжавест транспортер.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Добива погон преку синџирот од десната страна на комбајнот на вратилото на долниот полжавест транспортер. Одвржувањето се врши така што повремено во текот на работата се отвора долниот поклопец и се проверува долната глава да не е намотана со плева. 2-куќиште на елеваторот. 1-барабан. може да настане загушување и пукање на синџирот. 3-долна спирала на елеваторот за невршени класови.

21 . но ако има многу зрна ситата се затворени или загушени. Ако има многу невршено класје. па ветерот не може да ја одвее. или помал е просторот меѓу барабанот и контрабарабанот. се контролира хедерот на елеваторот.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип горната страна низ вратичка треба да се контролира каква е состојбата на повратната маса. значи дека е големо растојанието меѓу барабанот и подбарабанот. струјата е лошо насочена или е многу силна. спиралниот транспортер. Ако зрното е искршено. или. е поголем бројот на вртежи на барабанот. или пак сламата е многу ситна. пак. или е мал бројот на вртежи.

„Практикум по основи на земјоделската техника“.Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Користена Литература -Давчев. Д-р Ристе Ѓорги Кукутанов 22 . Ж. „Основи на земјоделската техника“.. 2002.. -Механизација во земјоделското производство – Проф. Ж.. Скопје -Давчев. Скопје.. 2002.