УНИВЕРЗИТЕТ ’’ Св.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ’’ - СКОПЈЕ
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
ИНСТИТУТ ЗА ДЕФЕКТОЛОГИЈА

- Семинарска работа -

ОСНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА
ЗЛАТКО ДОБРЕВ

Ментор :
Проф. д-р. Љупчо Ајдински

Декември , 2007

Изработил :
Елена Ташкова

Вовед
Авторот на книгата"Основи на дефектологијата", проф.д-р Златко
Добрев е долгогодишен професор на Софискиот универзитет "Климент
Охридски’’. Неговите научни интереси се пред се во областа на специјалната
педагогика и психологија, дијагностиката на нарушувањата во развојот на
децата, дидактиката и методиката на обучувањето. Автор е на голем број на
научни трудови: монографии, учебници, студии, научни стаии и тие се
публикувани на англиски, руски, чешки, српски и други јазици. Во учебникот
"Основи на дефектологијата", Златко Добрев ги разгледува основните проблеми
на дефектологијата како наука за изучувањето, образованието и воспитанието на
аномалните деца. Тој ја

пишува оваа книга за да им послужи на идните

дефектолози, студенти на дефектологија, педагогија, предучилишна и општа
училишна педагогија, но исто така може да биде и од големо значење и на
наставниците и воспитувачите во специјалните институции и на сите кои се
занимаваат со оваа проблематика. Во книгата авторот големо внимание
посветува на содржината и структурата на дефектологијата. Ја изнесува
суштината, методологијата, основните поими, објектот и предметот на
изучување на дефектологијата, како и некои други фундаментални проблеми на
дефектологијата.Посебно внимание оддава на класификацијата, особеностите во
развојот, педагошката диајгностика, системот на образование на различните
категории на аномални деца. Поаѓајќи од фактот дека дефектологијата е
педагошка наука, Добрев посветува големо внимание на нејзината педагошка
суштина и карактеристики. Го застапува мислењето дека дефектологијата е
"гранична"наука и дека нејзиниот интердисциплинарен карактер е условен од
синтеза мегу медицината, педагогијата, психологијата, биологијата и др. науки.
При разработување на проблемите, се базира на традиционалната и современата
класификација на одделните категории на аномални деца. Големо внимание
оддава на социјалните фактори и можностите за оптимална корекцијата,
компензација и рехабилитација на овие деца. Во книгата"Основи на
дефектологијата", авторот ги претставил, како општоутврдените и широко
распространетите сваќања, така и современите научно теориски погледи, кои се
се повеќе објект на дискусии и критички анализи.
1

I. ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА КАКО НАУКА
" И така, сите, кои се родиле луѓе
имаат потреба од образование,
зошто треба да бидат луѓе... "
Јан Амос Коменски
Книгата ,,Основи на дефектологијата ,, е поделена во шест дела или глави кои
во себе содржат поглавја во кои се образложени поедини содржини. Првиот дел
насловен како Дефектологијата како наука ги содржи следните поглавја : 
Определување 
Објект и предмет на дефектологијата 
Задачи на дефектологијата 
Основни познавања во дефектологијата и взаемно дејство на
дефектологијата со другите науки.

1. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ
Во оваа содржина Добрев прво го опишува потеклото на зборот дефектологија.
Терминот "дефектологија" се состои од два збора: од латинскиот defectus што значи
дефект, недостаток, аномалија и од грчкиот logos, што значи наука,учење. Во буквален
превод тој термин значи наука за дефектите или аномалиите. Поради набљудување
на аномалиите кај децата уште од најрана возраст, во поширока смисла, се преведува
како наука за аномалните деца. Добрев пишува дека многумина во системот на науки
ја определуваат дефектологијата како гранична научна област. Други автори ја
разгледуваат како наука со интердисциплинарен карактер, како комплексна научна
дисциплина. Од многуте автори, кои од свој аспект ја дефинираат дефектологијата како
наука, Добрев ги наведува : 
А.И. Дјачков - кај кој се среќаваат два значајни моменти: неопходноста од
изучување на децата со пречки во развојот и од откривање на
закономерностите при нивното воспитание и образование

2

Воспитувањето. задачи и местото во системот на научните знаења. 3 . Основното во трите определувања е дека дефектологијата се разгледува како наука за изучувањето ."научна област која што се занимава со изучување на особеноститие во развојот на децата со физичка и психичка попреченост. Од тука произлегува дека дефектологијата е педагошка наука. образование и работна подготовка ".дефектолози каде што дефектологијата се определува како . така и на нејзината структура. образованието и обучувањето на аномалните деца. образование. оспособување и подготовка за активна работна дејност". а сестраното проучување на децата со пречки во развојот е логична предпоставка за усовршувањето на целосната образовно воспитна дејност.ја карактеизира дефектологијата како "Единствена комплексна наука за изучување на закономерностите и особеностите во развојот на различни категории на децата со пречки во развојот ". Врз основа на ова Добрев извлекува заклучок и ја дава следнава определба : "дефектологијата е комплексна наука за изучување на особините и развојот на аномалните деца. воспитанието. Т. Власова .  дефиницијата на УНЕСКО дадена од експертната комисија на.А. образованието и оспособувањето се основни педагошки процеси. Овие дефиниции имаат значајна улога за разоткривањето и определување како на објектот и предметот на дефектологијата. као и со прашањата на нивното воспитување. за откривање на законитостите на нивното воспитание.

Објект на дефектологијата во потесна смисла на зборот се : различните категории на аномални деца ( деца со пречки во развојот ) и возрасни кои што се наоѓаат под влијание на специјално организираните образовно-воспитни дејствија. се карактеризира со оформен поглед. физички. На тој начин ќе се дејствува активно за целосниот умствен. се додека таа се наоѓа во процесот на биолошкиот и невро – психичкиот развој Објект на дефектологијата во поширок смисол на зборот се : различните категории на аномални индивидуии . типични и инвидуални условуваат примена на специфични методи и принципи на работа. естетски. Добрев истакнува дека. дејност. интелектуални или говорни нарушувања. Тоа се деца со слушни. Предмет на дефектологијата во потесна смисла на зборот е : откривањето на закономерностите на специјално и систематски организираната образовно-воспитна дејност со аномалните деца и младинци (децата и возрасните со пречки во развојот). културен и социјален развој и формирање на личноста. Овде особено е важно да се воспостават специфичните особини на оспособувањето на аномалните деца (децата со пречки во развојот ) на различни возрасти и да се откриваат најефикасните средства и методи на работа 4 . Од научна гледна точка како објектот така и предметот на дефектологијата треба да се разгледат во потесна и поширока смисла на зборот. Под влијание на овие процеси врз знаењата од областа на дефектологијата се повеќе се оцртува тенденцијата за разрешување на нејзиниот објект и предмет на изучување. видни. чии што психо-физички. што има одраз врз целосната општествено-политичка и професионално-работна. но не само тие што се во процесот на биолошко и социјално изгрдување туку и тие што се во зрела возраст. ОБЈЕКТ И ПРЕДМЕТ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА Според Добрев дефктологијата се развивала во рамки на системот на педагошките науки.2. аномалната личност во зрелата возраст. трајно убедување и поведение. карактеристични. здравствен. Соодветно на тоа објектот и предметот на дефектологијата треба да се анализираат од гледна точка на современите идеи и развој на педагогијата. Типични за педагогијата и дефектологијата се интензивните процеси на интеграција и диференцијација.

работните организации. дефектологијата треба да решава многубројни сложени задачи. Во зависност од специфичноста на дефектолошката проблематика. културно – просветни. 5 .  Да разработи педагошка дијагностика за аномалните деца (деца со пречки во развојот).Со овие деца треба да се применува диференциран пристап во зависност од категориите и возраста на аномалните деца (децата со пречки во развојот ). Од суштинска важност при решавањето на оваа задача е да се имаат во предвид најновите достигања во дефектолошката теорија и практика. Давањето ширина на преметот на дефектологијата е условено од врската и взаемното дејство помеѓу социјалните фактори како што се : семејството. се разработени поопшти или специфични научнотеорески и практични задачи. училиштето. Научниот пристап при решавањето на оваа задача. образование и оспосбување. Тоа е поврзано со етиологијата и причинските фактори за структуралните и функционални нарушувања во текот на целиот развој на аномалните деца. ЗАДАЧИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА Како комплексна наука за изучување на аномалните деца (децата со пречки во развојот ) и проучување на законитостите на нивното воспитание. 3. општествените организации и др.  Да изгради научно заснована и практично потврдена класификација на аномалните деца. Предметот на дефектологијата во поширока смисола на зборот е: откривање и воспоставување на разлиничните социјално – педагошките. бара да се прилагодат надежни и ефективни методи и принципи за изучување и на ова се заснива диференцијалната дијагностика. Најсуштествени се следните :  Да ја проучува суштината и карактерот на различните видови на аномални деца (деца со пречки во развојот). квалификациони и други форми и методи на работа со аномалните лица (лицата со пречки во развојот ) во текот на целиот нивен развоен период. што е и истовремено една од суштинските компоненти на предметот на дефектологијата.

 Да ја проучува педагошка карактеристика на аномалните деца (деца со пречки во развојот). почнувајќи од најраната возраст на детето. да се развијат патишта и средства за оптимална социјална работна подотовка.. методи и принципи за корекциона и компезаторно оспособување и воспитување. оспособување. посебно акцентирајќи го диференцираното образование и оспособување на различните категории на аномални деца (деца со пречки во развојот)  Да ги открие целите. општите принципи за развој и усовршување на образовниот систем. адаптација и реализација. Овие задачи можат да се определат како општодефектолошки и имаат општовалиден карактер. компензаторната и рехабилитациона дејност.  Да утврдат форми. воспитување и професионална работна подготовка на аномалните деца (деца со пречки во развојот). задачите и содржините на образованието и воспитанието на аномалните деца. Од тука се определува обемот. 6 .  Да определи систем на образование на аномалните деца (деца со пречки во развојот) во согласност со типолошките особини на развојот на овие деца. да се откријат специфичните општо-дидактички форми и методи за образование и воспитание на аномалните деца (деца со пречки во развојот).  Да се определи и разработи содржината на професионално . Од општите цели и задачи се определуваат целите и задачите на корекционата. Посебно се истакнува значењето на социјално – педагошките фактори во развојот на детето.работното образование и воспитание на аномалните деца (деца со пречки во развојот). Тие би требало да придонесат за изградување на единствена и целосна теорија за проучување. сложеноста и структурата на содржината на образованието. Во врска со ова се откриваат можнстите за педагошка едукација и развој во зависност од видот и степенот на недостатоците.

4.  Потребно е да постојат унифицирани дефектолошки поими кои ќе овозможат подобро разграничување и решавање на проблемите како и поедноставување на светските научни дискусии.  Дефектологијата е една опширна наука со широк објект и предмет на изучување кој што бара да се изгради научен систем од дефектолошки поими. Неспорна е неговата улога за значењето и унификацијата на најважните дефектолошки поими. а некои од нив според мислењата на одделните автори придобиваат статус на самостојни науки. Аномалијата означува пред се значајно нарушување кое што е причина 7 . резултира со развој на повеќе гранки на дефектологијата. ОСНОВНИ ПОИМИ ВО ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА Определувањето на основните дефектолошки поими е еден од најсложените и најтешките проблеми за решавање во дефектологијата .дефектолози кои имаа за задача да разработат и издадат специјалем терминолошки речник на основните дефектолошки поими. 4. при научното толкување и анализа на поимите како и изедначување на разликите од лингвистички и терминолошки карактер.1.  Брзото темпо на развој на дефектологијата и сродните науки. Заради потребата од унифицирање на дефектолошките поими и термини во 1973 година во Секретарјатот на УНЕСКО беше формирана специјална комсија составена од експерти . Основна цел на создавањето на вакви дефектолошки речници е да се постигне единство. ОСНОВНИТЕ ПОИМИ ВО ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА СПОРЕД ЗЛАТКО ДОБРЕВ a) Аномален развој Објаснувањето на тој поим е поврзан на прво место со разграничувањето на термините аномалија и дефект. Тој документ беше издаден во 1977 г.Најчести определувања на дефектологијата кои ги дава Добрев во своето дело се следните :  Дефектологијата завзема гранично место среде голем број науки и научни дисциплини.

b) Заостанување во развојот Овој поим е дискутабилен и често се заменува со поимите : психичка непотполност. на некаков орган или систем..психолошки форми на работа. d) Компензација Латинскиот термин компензација . Првата е поврзана со примена на медицинските средства и методи.correctio. Од дефектолошка гледна точка компензацијата е сложен процес на преструктуирање. чувствата .за суштински отстапувања од општите законитости во развојот на детето. волјата. 8 . замена и развој на загубени или нарушени функции на определени органи со помош на други чија функција е задржана. а втората вклучува како медицински .вниманието.образовната дејност со аномалните деца (деца со пречки во развојот) .првичен недостаток.. Со терминот дефект се изразува конкретен недостаток кој може многу лесно да се надмине. c) Корекција Овој термин има латинско потекло .Во врска со целите и задачите на воспитно . Во буквален превод означува подобрување на нешто.compensatio. се преведува како пополнување.педагошка гледна точка овој поим се однесува на најсложените форми на психичка дејност и се манифестира во побавно формирањена најважните психички процеси и класи : мислењето и неговите операции. така и педагошко .. - . корекцијата се подразбира како целосен систем од педагошки и медицински фактори за подобрување и ли намалување на недостатоците во психо физичкиот развој. Од психо . Во содржината на поимот аномален развој се вклучуваат две основни компоненти: - . Овие два термина се во причинско – полседична поврзаност. умствен недостаток.. Првиот недостаток настанува како резултат од некакво заболување и ограничено функционирањењ на определени органи. секундарни отстапувања. карактерот и др. емоциите. замена и израмнување. педагошка заостанатост и др. Додека вторите отстапувања се поврзани со неправилниот развој и функционирање на тие органи и се условени од првиот недостаток. Се разликуваат два вида на корекции: биолошка (анатомска) и функционална.

интердисциплинарана наука. социјалните. 5. педагошки. за развој на творечкото мислење. кој означува враќање или возобнување. гранична наука. умеења и навики.воспитната работа. Воспитанието. компезаторноразвојниот карактер на обочувањето. образование и обучување Овие основни педагошки поими имаат фундаментална улога за дефектологијата. карактерот. f) Воспитание. Од дефектолошка гледна точка Добрев ја дефинира рехабилитацијата како комплексен систем на медицински. укажуваат на широка взаемност со ред други науки. Помеѓу основните дефектолошки поими постои цврста дијалектичка врска и зависност. образованието и обучувањето на децата со аномалии се одвива под специфични услови. Затоа во дефектологијата се пошироко се разработуваат проблемите на корекционо. Воспитание е организиран и целно насочен процес за изградување на личноста. психолошки. за формирање на различни погледи и убедувања под раководство на учители.e) Рехабилитација И овој термин има латинско потекло . Обучување е целно насочена спознајна дејност за совладувања на определени знаења. Образование е севкупност од усвоени и систематизирани знаења. умеења и навики кај учениците. образовните и професионалните мерки чија што цел е обучување или повторно обучување на инвалидите за да се постигне оптимално ниво на функционалните можности.rehabilitatio. Така на пример совладуваето на наставните содржини соодвествува со корекцијата на недостатоците во текот на развојот и обратно. ПОВРЗАНОСТ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА СО ДРУГИТЕ НАУКИ Сфаќањата на дефектологијата како комплексна. степенот на недостаток и ред други показатели. Взаемноста на дефектологијата со другите науки треба да се разгледува како во врска со успешното решавање на сложените и многубројни задачи на воспитувањето и оспособувањето на 9 . професионално-работни и социјални взаемни дејства за востановување на нарушувањата во развојот на децата со аномалии (децата со пречки во развојот) до ниво на оптимални индивидуални способности. кои зависат од специфичноста. Според експертите на СЗО рехабилитацијата е комплексно и координирано искористување на медицинските.

Во врска со тоа во дефектологијата се создаваат нови методи. генетиката. Анатомијата и физиологијата на човекот ги открива специфичностите во структурата и функциите на одделени органи и системи.аномалните деца ( децата со пречки во развојот) како и од неопходноста од сестраното изучување и адекватна дијагностика на овие деца. Широко место во тој систем заземаат : - општата пеагогија ( дидактика и теории на воспитувањето) - педагошка социјалогија - професионалната педагогија - методика на наставата на определени предмети - историја на педагогијата Посебно значајна за дефектологијата е врската и непосредното влијание на општата педагогија. Суштествена улога за дефектологијата има врската со методиките за учење на одделни наставни предмети. дефектологијата се стреми да го разоткрие специфичното при оспособувањето на аномалните деца ( децата со поречки во развојот).Суштинска улога во дефектологијата имаат современите достигања во биологијата и генетиката. методи и принципи на работа.Врз основа на општите биолошки поими и законитости за наследувањето во дефектологијата се разгледуваат суштината и причините за недостатоците во развојот на аномалните деца ( децата со пречки во развојот). 5. Дефектологија и педагошките науки Дефектологијата се развива во системот на педагошките науки.2. 5. анатомијата и физиологијата на ЦНС на човекот и др.Раководејќи се со општодидактичките форми. принципи и средства за проучување на аномалните деца ( деца со пречки во развојот).1. Дефектологија и биолошки науки Во овие науки треба да се истакне пред се врската со биологијата. Овие знаења и служат на дефектологијата за да ги утврди отстапувањата во функционирањето на оштетените органи. која е фундаентална основа за развојот на дефектологијата. Методите за испитување на вишата нервна активност се користат за да се откријат нарушувањата на функциите на мозокот и различните анализатори. 10 .

За развојот на дефектологијата има придонес и хигиената. Посебно е тесна врската со педагошката психологија. морфологијата.4. За правилно решавање на низа свои задачи дефектологијата се потпира на врските со општата психологија.3.5. неуропатологијата. суштината и структурата на одделни психички процеси и видови на личноста се откриваат особините во психичката активност на аномалните деца (деца со пречки во развојот) Медицинската психологија ги изучува законитостите во психата на децата во текот на различните периоди на нивното формирање.5. биохемијата. диференцијалната психологија итн. Широка е взаемноста на дефектологијата со психијатријата . Врз основа на општите психолошки поими . Дефектологијата и медицинските науки. принципи и практични резултати од тие науки во дефектологијата води до конструирање на нови уреди и апаратури и со нив се се активираат потенцијалните можности кај учениците. хигиената и др. како што овие науки се битни за дефектологијата така и таа придонесува за нивниот развиток. 5. 5. Дефектологија и психолошки науки. психологија на возрасни. етиката и др. Дефектологијата со технички науки Дефектологијата е во врска со следните технички науки: - електротехниката - електроакустиката - електрониката Искористувањето на основните идеи. затоа многу автори и денденес оваа наука ја определуваат како медицинска педагогика. Се разбира дека дефектологијата има врска и со многу други научни дисциплини како што се: биофизиката. психијатријата. Врската на дефектологијата со овие науки има далечно историско минато. На тој начин се се открива улогата на психолошките фактори за решавањето на корекционите и компезаторните цели и задачи на образованието и воспиувањето на аномалните деца (деца со пречки во развојот). Врската помеѓу дефектологијата и наведените науки е двонасочна . посебно со детската психијатрија. 11 . Освен овие науки дефектологијата е во врска и со филозофските науки како логиката. педагошка психологија. која ги изучува психолошките основи на образовно – воспитната дејност. пред се училишната хигиена. медицинската генетика. Денес за дефектологијата големо значење од медицинските науки има: општата патологија. се создаваат предпоставки за потикнување на компезаторните процеси. патофизиологијата. специјална психологија и др.

СОДРЖИНА. додека пак во ГДР во аномалните деца се вклучуваат и децата со хронични заболувања. Л.Тоа се однесува за децата со нарушувања во локомоторниот апарат и таа тенденција е изразена во ЧССР.. Кои деца се определуваат како аномални. Од научна гледна точка суштината е да се изгради оптимално точна представа за суштината на одделни видови на недостатоци.С. ( како деца со пречки во развојот ) ? Како што веќе е објаснато кај аномалните деца ( деца со пречки во развојот) се забележуваат значителни отстапувања од општите законитости во развојот. поврзани со тотално оштетување на мозочната кора.II. предизвикани од оштетување на видниот анализатор. 12 . и глувоста и слабоумноста. но се јавува и напор во групата на аномални деца (деца со пречки во развојот) да се вклучат и други различни категории на аномални деца. т.Виготски 1.е. од оштетувањето на определен орган. 2. условени од определени оштетувања на слушниот анализатор. Овие категории се земаат како класични. КАТЕГОРИИ НА АНОМАЛНИ ДЕЦА (деца со пречки во развојот) Во современите дефектолошки испитувања се пошироко место заземаат поедини проблеми за разграничување и карактеристика на основните категории на аномалните деца (деца со пречки во развојот). Со слушни недостатоци.. Со интелектуални недостатоци. условени од оштетувања на говорно-двигателниот анализатор. Со видни недостатоци. поради кои треба да се образуваат во посебни образовно-воспитни установи. СТРУКТУРА И МЕТОДИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА . 3. Со говорни недостатоци. во дефектологијата се разграничуваат следните категории на деца со пречки во развојот: 1.Во Полска се вбројуваат и децата со неморални појави. Суштествено од педагошка и дефектолошка гледна точка е фактот . Сигурно човечштвото ќе ги победи порано или подоцна и слепилото. Во зависност од видот на првичниот недостаток. но многу прано тоа ќе ги победи социјално и педагошки отколку медицински и биолошки. 4. дека во процесите на корекција и компензација со аномалните деца (децата со пречки во развојот) вниманието на дефектолозите целосно е насочено кон спречување на секундарните последици во развојот.

СПЕЦИФИЧНОСТ НА ДЕФЕКТОЛОШКАТА ПРОБЛЕМАТИКА Специфични за дефектологијата како педагошка наука се пред се сите проблеми поврзани со корекцијата. зависи од нивните недостатоци. сродна со таа на повредените органи или системи.Овој процес е важен пред се поради исклучителната пластичност. Како процес на замена и развој на нарушените функции. Во практиката. корекцијата. подвижност и интегративност на кората на големиот мозок во која се отсликуваат разни влијанија кои водат до подобрување и заменување на нарушените функции со други чија физиолошка основа е блиска. Со примена на соодветни педагошки и медицински методи и средства во третмано доаѓа до определена функционална корекција. компензацијата има специфична улога и при работата со слушно и видно попречените деца. предметот и задачата на дефектологијата. се дејствува за спречување/одстранување на секундарните последици во развојот на децата со пречки во развојот до ниво на оптимални индивидуални способности. Секое дете е посебен случај чии можности за развој треба да се разгледуваат. компензацијата и рехабилитацијатa. Начинот на кој ќе се реализира воспитно-образовниот процес. Спецификата на дефектолошката проблематика е суштествен елемент од содржината и структурата на дефектологијат.компензацијата и рехабилитацијата се обединуваат во единство на процесот на систематична и целнонасочена образовно-воспитна дејност со аномалните деца (децата со пречки во развојот). Посебно внимание се дава на дифернцираниот пристап. интереси.2. Специфичен теориски и практичен интерес за дефектологијата и за науката представува оспособувањето и развојот на аномалните деца (деца си пречки во развојот) со комбинирани ( сложени ) недостатоци. 13 . Како сложен и продолжителен процес корекцијата има специфично значење главно при работењето со интелектуално заостанатите деца како и кај оние со говорни пореметувања. Нејзиното истражување допринесува за подлабоко и целосно објаснување на објект. прогнозираат и реализираат на индивидуален план. профилите за кои ќе се оспособуваат децата. Преку рехабилитацијата која вклучува корекција и компензација. можности и нивните индивидуални способности и интереси. за успешното решавање на конкректните цели на наставно – воспитната дејност со аномалните деца (деца си пречки во развојот). условите.

Олигофренопедагогија Нејзин објект се децата со интелектуални недостатоци и ги проучува условите. СТРУКТУРА НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА Како и секоја наука и дефектологија непрекинато се развива и усовршува и за неа како за секоја наука се карактеристични двете основни особини. начините за реализирање на воспитно-образовниот процесна децата со интелектуални недостатоци разработува. Првата особина се однесува на воспоставениот систем на знаења и законитости. интелект. малоумност и затоа се зборува за деца – олигофрени и тие заземаат најзначајно место помеѓи децата со интелектуални недостатоци.Терминот е поврзан со историскиот термин олигофренија кој е со грчко потекло и значи oligos . глувост.и во буквален превод значи слабоумност. слабо и fren – ум . и доведуваат до збогатување на научно теоретските и практични законитисти. Традиционалната структура ги опфаќа следниве научни гранки кои имаат статут на самостојни науки со свој предмет и објект на изучување. хипотези и дискусии кои имаат суштинско значење.Таа истражува методи. Сурдопедагогија Нејзин објект се децата со недостатоци во слухот. Специфична задача е да изнаоѓа специфични средства и методи кои ќе го олеснат воспитно-образовниот процес на овие деца. при кои отстапувањата се последица на органски повреди на слушниот анализатор. слепите и слабовидите деца. средства и форми за компензаторна работа со слушно оштетените деца за формирање на говорот кај овие лица во текот на специјално организирното образование и воспитание и искористување на нивните индивидуалните можности и способности. Терминот surdus има латинско потекло и значи глув. Тифлопедагогија Нејзин објект се децата со нарушувања во видот. 14 . кај кои е значително оштетен видниот анлизатор.3. сурдопедагогијата е наука за образование и воспитание на лицата со различни слушни нарушувања. Според ова.Терминот typhlos е од грчко потекло и значи слеп. 2.. слепило. Златко Добрев во своето дело зборува за традиционална (класична) и современа структура на дефектологијата.малку. Тоа се следните: 1. чие совладување обезбдеува соодветно ниво на професинална подготовка и квалификација. Втората особина се поврзува со присуството на даден круг на научни идеи. 3. Во врска со тоа тифлопедагогијата се дефинира како наука за образование и воспитание на лицата со оштетувања на видот.

Секоја гранка од дефектологијата може да се смета за самостојна наука. кои се воспитно запуштени (социопати). дефектологијата во својот предмет на проучување треба да ги опфати и децата со разни нарушувања во карактерот и поведението. Оваа структура на дефектологијата се здобила со општоутврден и широко популарен карактер.4. Дечо Денев кој вели дека дефектологијата вклучува три дела. Добрев истакнува дека во врска со овие тенденции постојат несогласувања за тоа дали овие деца да се сметаат за аномални деца (деца со пречки во развојот) или не. Современата структура на дефектологијата се формира под влијание на две тенденции :  Првата е да бидат опфатени и децата со различни соматски недостатоци и нарушувања во локо – моторниот апарат  Според втората тенденција. кои што се наоѓаат во строга хиерархија и диалектичка взаемна поврзаност. а потоа да се утврдат индивидуалните методи. Според него дефектологијата вклучува : а) прочување на деца со аномалии (деца со пречки во развојот) б) воспитание и образование на деца со аномалии (деца со пречки во развојот в) организација на образовно-воспитната работа со аномални деца ( деца со пречки во развојот). Современата структура на дефектологијата се заснива на новите постигнувања и идеи во развојот на оваа наука. 15 . а од друга страна сите тие гранки заедно и даваат интердисциплинарен карактер на дефектологијата како наука. Логопедија Нејзин објект се децата со сложени говорни недостатоци од различен вид и степен. Има за цел да разработи систем на ефикасни методи. средства и форми за корекција на различните говорни недостатоци. Тој го наведува гледиштето на Проф. Говорните проблеми можат да бидат од различна природа па поради тоа потребно е да се утврдат причините и видот на нарушувања.

за да се направи досие за детето. 4. Во првиот дел се опфаќаат проблемите на комлексното изучување на конкретните категории на аномални деца (деца со пречки во развојот) со цел да се откријат етиологијата. Клиничко-генетски методи Овие методи служат за поставување на етиологијата. Бидејќи централно место во дефектолошката проблематика. завзема воспитно-образовната и корекционо-компензаторната дејност. МЕТОДИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА Како и секоја наука. компензацијата и рехабилитацијата на аномалните деца (деца со пречки во развојот). предметот и задачите на секоја дисциплина на дефектологијата. тука таа ги користи и методите од другите науки кои ќе и помогнат за подобар развој и напредок. 16 . основно значење имат педагошките методи. методите. начините и можностите за воспитниот-образовен процес на децата со аномалии (деца со пречки во развојот). причините и суштината на недостатоците. Но тоа не значи дека таа се заснова само на сознанијата од овие методи. Секое клиничко-генетско испитување вклучува две основни етапи.Тука се и прашањата за класификацијата и карактеристиките на аномалните деца (деца со пречки во развојот). патологијата и структурата на недостатоците. Вториот дел треба да ги проучува средствата. Во третиот дел се наоѓаат проблемите на организацијата. така и дефектологијата своите проблеми ги изучува со помош на определен систем на методи. Најпрво се собираат фактички сознанија за детето со помош на конкретни методи. нивната дијагностика итн. После тоа се изведуваат поспецифични анализи.Во суштина од оваа внатрешна структура произлегуваат објектот. раководството и управувањето на специјалните образовно-воспитните училишта Третиот дел треба да ги поврзе двата претходни дела и на најсоодветен начин да го организира воспитниот-образовен процес на тие деца.Методите во дефектологијата можат да се обединат во три основни групи  клиничко-генетски  психолошки  педагошки. Вториот дел ги вклучува специфичните проблеми на корекцијата. локализацијата.

се откриваат психо патолошките промени кај децата. При систематизирањето на добиените сознанијата од разговорот. психолошки експерименти. Со нивна помош се откриваат особености во психичкиот развој. со добро поставен план. интересите на детето и родителот и се добиваат корисни податоци за професионално ориентирање на детето. дидактички експерименти и др. дијалог. тестови на мерење и др. анализа на различни училишни документи. Педагошки методи Тие се најефикасни методи за проучување на аномалните деца (децата со пречки во развојот). се спроведува како цел на педагошката дијагностика. дефектологот треба да има во предвид дека сите добиени одговори не се веродостојни и подоцна треба да подлежат на систематска анализа. 17 . целосно и партикуларно. Најшироко распространети се: педагошкото набљудување. како и при изучување на проблемите на целосната образовно-воспитна работа со аномалните деца (деца со пречки во развојот). б) Разговор Во дефектологијата има значење на самостоен метод. На тој начин се утврдуваат карактеристиките на оделни психички процеси и карактеристиките на личноста на детето. а) Педагошко набљудување Тоа е целно насочено и организирано опсервирање на педагошките јавувања при општествени услови. Особено значење има разговорот со детето. Може да биде: индивидуално и колективно. да се бележат точно сознанијата кои треба понатаму да се анализираат детално. родителите и помеѓу дефектолозите во однос на некое прашање. Со овој метод се разјаснуваат тешкотиите во воспитно-образовната работа.Психолошки методи Овие методи ги вклучуваат сите различни видови на набљудувања. делумно и др. Ова набљудување треба да има конкретна и јасна цел. нивото на определени способности. да се спроведува систематски и продолжено. непосредно и посредно.

III ОСНОВНИ ИСТОРИСКИ ЕТАПИ ВО РАЗВОЈОТ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА 1.експериментален. видот. лабараториски. Поради нивните недостатоци се сметале за социјално непосакувани. Секако дека во дефектологијата се користат и други методи (математички.е физички истребувани. секојдневни училишни услови какви ни дозволува состојбата. каде се води сметка за условите. особеностите на неговата сознајна дејност. за на определени проблеми поврзани со образовните и воспитни задачи. поради недостаток на научна заснованост.. задачи. г) Дидактички експеримент Ова е еден од најефективните методи на проучување во дефектологијата. поврзани со експериментална и контролна група. албуми преку кои се добива увид во состојбата на детето. во нормални. статистички ) и нивната употреба е условена од поставените цели. Цел на овие системи било да се формираат физички здрави деца. Во античкиот свет аномалните деца (децата со пречки во развојот). Се разликуваат два вида на експерименти: .СПАРТА. каде што немало место за аномалните деца ( деца со со пречки во развојот ) и истите биле убивани. биле убивани т.в) Анализа на учишната документација на детето Со овој метод подобро се изучуваат материјалите изработени од учениците. степенот и карактерот на оштетувањето. пред се од растот и развојот на производните сили и производните односи.природен. РИМ Односот на општеството кон аномалните деца (децата со пречки во развојот) е во зависност од разни економски и социјални фактори. без промени. можности. изведени.АТИНА. тие се предизвикани. Дава големи можности и служи како метод за проверување на способноста за работа под различии услови кои ги менуваме. Овој метод му помага на дефектологот во односот решавањето кон учењето. .ОДНОСОТ КОН АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА ( деца со пречки во развојот) ВО АНТИЧКИОТ СВЕТ. Напредокот во развојот на општествените односи и постепениот развој на 18 . писмени работи. Во античката историја познати се воспитните системи на древна Спарта и древна Атина.

а тоа допринесува до формирање на различен однос и кон аномалните деца (децата со пречки во развојот)и присутно е демонолошко објаснување на психички болните лица. За јавување на ваквиот однос кон овие деца имаат голема улога познати педагози-хуманиста. Се повеќе се засилувал општествениот интерес кон децата со пречки во развојот. Овие промени ги промениле и целите и задачите на воспитанието. Се јавуваат различни религиско мистични карактеристики на некои учења. придонел за први обиди за регулирање на правата на аномалните деца (децата сопречки во развојот). 2. Практиката на индивидуално образование на децата со пречки во развојот се повеќе ги откривала нивните вистински можности за развој.ОДНОСОТ КОН АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА ( ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ) ВО ФЕУДАЛНОТО ОПШТЕСТВО Во овој период се јавуваат првите обиди за индивидуално оспособување на аномалите деца ( децата со пречки во развојт). а врз основа на ова и за јавување на дефектологијата како наука со свој објект и предмет на проучување. Постепено со развојот на медицината започнале да се формираат погледи за човекот и за неговата суштина. На тој начин се поставил еден нов однос кон аномалните деца (деца со пречки во развојот) а тоа е хуман однос. Голема улога врз постепеното преминување на индивидуално учење на овие лица одиграле медицинските и педагошките знаења.медицинските сознанија. Со ова и религијата пројавува чувство на сожалување кон овие деца. а особено значење му се дава на Јан Амос Коменски кој во својот труд "Голема Дидактика" одделува значително внимание на недостатокот. Се јавиле и првите обиди за нивно систематско образование и воспитание. 19 . Со ова се јавуваат и први обиди за образование на сите категории на номални деца ( деца со пречки во развојот) од страна на значајни педагози.ИНТЕРЕСОТ ЗА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА ( ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ) ВО КАПИТАЛИСТИЧКОТО ОПШТЕСТВО Развојот на економските и политички односи за време на феудализмот довело до значителни промени во организацијата и структурата на општествениот живот. филозофи кои даваат една основа за понатамошниот систематски развој на воспитно-образовниот ситем на овие деца. на посебни грижи за оспособување на ваквите деца. 3. лекари.

а подоцна преминало во самостојно посебно училиште. РАЗВОЈ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА ВО БУГАРИЈА Првиот официјален литературен извадок во кој што се спомнува образование на овие деца е законот за народно просветение за време на турското ропство кој излегол во 1891 година. Првото училиште за слепи деца е отворено во Париз во 1784 година. За децата со интелектуални недостатоци одвај во 1921 година во Софија во некои редовни училишта се појавиле првите одделенија за "ненормални деца". Тој за разлика од своите предходници прв успеал да ги воопшти сфаќањата за оспособувањето на децата со интелектуални недостатоци и целиот медико-педагошки систем и ја основал теориската и ја докажал практичната неопходност за систематско образование и воспитание на овие деца. стануваат иницијатори на разни мерки за подпомагање на аномалните деца (децата со пречки во развојот). Првото училиште за слабовиди под името "Училиште за кусогледи" било отворено во Англија во 1908 година. Подоцна современите заложби на одредени лекари и педагози. 4. Основната причина бил фактот што долго време проблемите на логопедијата не се разграничувале од оние на сурдопедагогијата. Постепено се издвоиле и се појавиле и првите обиди за систематско логопедска работа со децата. по неколку години во Дрезден биле создадени одделенија при редовните училишта. Главната заслуга за тоа ја има д-р Власаки Шуманов. Во 1859 во Германија во градот Хале било формирано првото одделение за вакви деца.Првото специјално училиште за глуви деца е отворено во 1770 година во Париз од страна на Шарл Мишел де Монтењ. Исклучителна заслуга за азбуката за овие деца има Луј Брај. Се приложуваат разни современи методи и средства за корекција и компензација на недостатоците. Врз систематското учење и воспитување на слепите деца голема улога има Валентин Ај. наречено помошно. Во него се посочува дека за "недоразвиените. За организираното учење и воспитување на децата со интелектуални недостатоци значајна улога има Едуард Сеген. нездравите и слабоумните треба да се отворат посебни училишта". Подоцна во 1778 се отвара и првото училиште за глуви во Германија. Денес во развиените земји има редица успеси во образованието и воспитувањето на децата со пречки во развојот. Обидите за посистематична анализа и работа за третирање на говорните нарушувања кај децата се јавиле подоцна. Подоцна се отвориле и помошни паралелки 20 .

методите и принципите на образованието. Првите обиди за помагање на децата со говорни нарушувања се поврзуваат со името на Ф. После 1944 година се јавува тенденција за диференцирање на логопедската работа со различни по вид и степен говорни недостатоци. Образованието е диференцирано и почнале да се отвараат и паралелки за слабовидни ученици. Првите грижи за децата со слушни недостатоци се поврзани со дејноста на германскиот сурдопедагог Фердинанд Урбих. во 1945 година било отворено и второто училиште-интернат за слепи деца. Во 1937 година во Софија било отворено и првото помошно училиште под името Воспитен институт "Развој". училишно и вечерно образование на овие деца. Во 1898 го отворил првото училиште за глуви деца со кое се поставени основите на сурдопедагогијата. Урбих кој е основоположник на логопедијата во Бугарија.направени се суштествени промени во организацшата. Во 1924 година се основало прво самостојно "Говорно-лековно училиште". уште пред ослободувањето. Но со систематско образование и воспитание се започнува во 1908 година кога се отвара првото училиште под името Воспитен институт за слепи деца. Се развиле конкретни услови за образование и воспитание на аномалните деца (децата со пречки во развојот). После 1944 година се создале и нов вид на помошни училишта-интернати. кое функционирало само две години. 21 . Особено внимание се посветило на раната дијагностика и компензација на нарушувањата во здравјето. Била воведена најсовремена електроакустичка апаратура. се собирале "слепите браќа" преку зимата за да изучуваат разни песни и мелодии за да преку пролетта пејат и на тој начин да заработуваат. дијагностицирање и поттик на овие деца во образовно-воспитните установи. Значајно место во образовно-воспитната дејност се посветило и на професионално-работната подготовка. проучување. Во 1944 година со развојот на дефектологијата во Бугарија се развиле подобри перспективи. Во 1954 година се отворил и првиот логопедски кабинет. составена од компетентни специјалисти. Варна и др. Во 1951 година во Софија се отвориле и првите поликлиники за логопедски курсеви за подготовка на логопеди. содржината. Тимот во посебните училишта се состоел од специјална медико-педагошка комисија. Тој постигнал во Бугарија да организира образование на глуви деца во 1897 година. Денес се разработени нови учебни планови и програми. Важна улога во научнометодскиот однос игра и изработката на специјални наставни планови и програми во 1948 година. Широко се разгранила мрежата на предучилишно.и во Пловдив. регистрирање.е. Се изградил систем на наоѓање. Во однос на децата со видни недостатоци постојат податоци дека во некои села. како и помошни детски градинки. После 1944 година се создале оптимални услови за развој. После 1944 година т. Русе.

Со помошта на психолошките критериуми се установуваат особеностите во психичките процеси и карактеристиките на личноста. Во 1959 се отворила специјализација за дефектологија. Во зависност од целта. 2. педагошките. улогата и можностите на тие деца и соодветно на тоа систем на знаења за суштината. структурата и особините на одделни видови на недостатоци. за усвојување на определени знаења. методите и други фактори широко влијание во дефектологијата имаат клиничките. Во учебната 1984-85 година на факултетите за децки и начелни учители на Софискиот универзитет "Климент Охридски" и на вишиот педагошки институт во Благоевград беше откриена специјалноста "Дефектологија".Напоредно со развојот на системот на образование на аномалните деца (децата со пречки во развојот) се решавале и проблемите за подготовка на висококвалификувани дефектолошки кадри. Со помошта на педагошките критериуми се гледаат можностите за обучување и развој. социјалните и други критериуми. Научно теоретското значење е во смисла на правилно разграничување на различните категории на деца со отстапувања во психофизичкиот развој. чии студии траеле 2 години. Во 1953 на учителскиот институт во Софија се отворила дефектолошка паралелка. ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ Секоја класификација се потпира на определени критериуми. Во крајна цел е да се одреди местото. Практичното значење на класификацијата се поврзува пред се со неопходноста да секое аномално дете биде насочено кон определено социјално образовно-воспитно училиште. задачите. но како специјална педагогија во Софискиот универзитет "Климент Охридски". психолошките. IV КЛАСИФИКАЦИЈА НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (децата со пречки во развојот) 1. Проблемот на класификација на аномалните деца има широко научнотеоретско и практично значење. СУШТИНА И ЗНАЧЕЊЕ Проблемот на класификација на аномалните деца (децата со пречки во развојот) има широко научнотеоретско и практично значење. Преку клиничките критериуми пред се се установува карактерот и степенот на оштетувањето. умеења 22 .

средна олигофренија-имбецилност .слабовиди 4. воспитување и развој.дизартрија Првичните недостатоци доведуваат до значителни секундарни последици врз функциите на зафатените органи и системи. Деца со сложени говорни нарушувања . Обучувањето.со лесна олигофренија -дебилност . Класичната класификација е изградена врз основа на три главни критериуми кои ги карактеризираат суштината.со тешка олигофренија.афазија .глуви . структурата и перспективите за развој на разните категории на аномалните деца (деца со пречки во развојот) и тоа се: 1. . 3.Деца со слушни недостатоци . Првичниот (основен) недостаток. Секундарните последици. 3.алалија. зашто дозволуваат да се откријат како психо-физичките особености на аномалните деца (деца со пречки во развојот) така и нивните можности за обучување. Класичната класификација ги вклучува следните видови на аномални деца (деца со пречки во развојот): 1.Деца со видни недостатоци . Преку социјалните критериуми се разоткриваат пред се можностите за социјализација и интеграција на аномалните лица под влијание на определени услови и фактори. Деца со интелектуални нарушувања .слепи .идиотија 2. 2.КЛАСИФИКАЦИЈА НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА Според Добрев можат да се разграничат две основни класификации и тоа класична (традиционална) и современа.и навики. Овие критериуми имаат комплексен карактер.наглуви 3. Во однос на карактерот на првичниот недостаток во целокупниот развој на аномалните деца (децата со пречки во развојот) се 23 .

2. Деца со интелектуални нарушувања. треба да се земат во предвид и некои други критериуми и класификации. Анализата на взаемното дејство помеѓу овие два критериума има непосредна улога за правилно откривање на врските и зависностите во кои што се наоѓаат првичниот недостаток и секундарните последици. 4. кај кои што мозочното нарушување не е завршено. Поаѓајќи од современите постигнувања и развојот на дефектологијата и утврдувањето на ред нормативни документи. Оваа класификација има низа слабости.. Возраста на детето на која се јавил недостатокот . Деца со интелектуални нарушувања. Врз основа на ова се изработува современа класификација на овие деца и таа се гради врз основа на уште два критериуми и тоа: 1. Современата класификација на децата со интелектуални недостатоци е резултат на продолжени експерименти и научни проучувања. каде се забележуваат заболувања кои сеуште се во тек на големиот мозок. особено за сестрано и комплексно проучување.СОВРЕМЕНА КЛАСИФИКАЦИЈА Интересот за проучување на аномалните деца (децата со пречки во развојот) непрекинато расте. Степенот на недостатокот. 24 .набљудуваат и различни по сложеност оштетувања. Светската здраствена организација воведува четиристепена класификација која ги дели овие лица на: 1) лесен интелектуален недостаток ( IQ 50-70) 2) умерен интелектуален недостаток (IQ 35-50) 3) тежок интелектуален недостаток (IQ 20-35) 4) длабок интелектуален недостаток (IQ под 20) Важен момент во оваа класификација има коефициентот на интелигенција IQ Според Рубинштајн децата со интелектуални недостатоци се делат на две големи групи и тоа: 1. бидејќи опфаќа мал дел на аномални деца (децата со пречки во развојот). 2. кои биле изложени на органскомозочна повреда во дадена етапа од развојот како резултат на определено мозочно заболување.

Во сурдопедагогијата особено внимание се посветува на остатоците на слухот. чија што основна цел е развој на говорот. 4.4 на подоброто око и можат да се разграничат во две основни групи на апсолутно (тотално) слепи и практично слепи. говорат со помали недостатоци. Глуви (касно оглувени) деца кај кои се јавува извесен говор.05 до 0.2 на подоброто око. Во зависност од остатоците на слухот се делат на глуви и наглуви. 1. 3.Кај слепите деца острината на централен вид е од 0 до 0. 25 . Овие одстапувања зависат од различни фактори:  возраста на детето при јавувањето на органското оштетување  конкретните причини за нарушувањето  индивидуалните и типични особини на поединецот. Наглуви деца со значително недоразвивање на говорот. 2. При педагошката класификација на децата со слушни оштетувања.  времето на јавување  педагошките услови за развој на глувото и наглувото дете  неговите индивидуални особини. Кај слабовидите деца острината на централниот вид е од 0. кај кои не се развил говорот. Со оглед на ова може да се разграничат четири групи на деца со слушни оштетувања: 1. Глуви (рано оглувени) деца. Од таа гледна точка децата со слушни нарушувања се делат на две групи: глуви и покасно оглувени. туку и на времето (возраста) кога настанало оштетувањето. треба да се земат во непосредна врска и следните фактори:  степенот на слушно оштетување. овие деца можат да се поделат во две големи групи: слепи и слабовидни. Современата класификација на деца со видни недостатоци се однесува главно на проучувањето и разграничувањето на секундарните одстапувања врз функциите на видниот анализатор.Современата класификација на децата со слушни нарушувања е во основа не само на првичните недостатоци и секундарните последици. Во зависност од острината на централниот вид. Наглуви деца. 2.

КАРАКТЕРИСТИКИ ВО РАЗВОЈОТ НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (децата со пречки во развојот) 1.Современата класификација на деца со сложени говорни недостатоци пред се се поврзува со стремежот за поправилно внатрешно разграничување на различните форми и видови на алалии. од сите аспекти. 26 . на методите и средствата за социјално-педагошко делување. Како резултат на ова се јавува и значаен интерес и за аномалните деца (децата со пречки во развојот). Анализа на нивните основни недостатоци. т. на можностите за нивна корекција и компензација. на структурните и функционални нарушувања во нивниот развој овозможува да се откријат некои општи законитости во спознајната дејност на нормалните индивидуи. Во зависност од новите научни постигнувања. афазии и др. неврофизиолошките. V. За развој на психичките процеси и особини на децата уште од најрана возраст големо значење имаат социјалните фактори. Широкото проучување на клиничките. формите. во зависност од недостатоците како и општота психичка состојба на детето се предвидуваат средства и методи за корективно-компензаторно педагошка дејност.е. времето на јавување. современата класификација на аномалните деца (децата со пречки во развојот) непрекинато се усовршува. патогенетските. синтеза од биолошки. Објаснување на причините за одделни нарушувања има суштествена улога за откривање на суштината и карактеристиките на одстапувањата од развојот. Во современата генетика се поголемо внимание заземаат мутациите кај човекот. причините. принципите и методите за педагошки взаемни дејства. психолошко-педагошките и други особини на различните категории на овие деца е основа за нивно образование и развој.СУШТИНА И ЗНАЧЕЊЕ Во својата суштина. структурни и функционални особености. Врз основа на тоа се усовршува и системот на нивно диференцирано образование и воспитание. човекот е био-психо-социјална целина. социјални фактори. во зависност од карактерот на оштетувањето. физиолошки и психолошки карактеристики. Соодветно со суштината и специфичните особини на секое попречено развивање. поради што е неопходно тој да се изучува и третира сестрано.

но и од времето во кое се јавиле. Генетски наследно. Според мислењата на низа автори во основа на интелектуалните нарушувања се наоѓаат најразновидни патогени фактори и причини. 3. Функционално-динамичната карактеристика на тие особини. така и на одделни видови во границите на едно оштетување. 4. интелектуалниот недостаток може да биде условен од следните клиничкогенетски особини: 1. Во непосредна врска со ова се изработуваат адекватни корекционо-образовни и воспитни форми и методи на дејствување. 2. Правилното разграничување на разновидните патогенетски особини има суштествена улога за целата дијагностичко-профилактичка и педагошка дејност на интелектуално заостанатите деца.Изјаснувањето на основните особини во развојот на аномалните деца (децата со пречки во развојот) има суштествено научнотеоретска и практична улога. содејствува како со успешното разграничување на разновидните одстапувања. Проучувањето и карактеристиките на тие особини е непосредно поврзано со социјализацијата и развојот на различните категории на аномални деца (деца со пречки во развојот ) под влијание на целно насочена и системско образовно-воспитна дејност. Патогени фактори при раѓањето . Преку нив се изјаснуваат патогените фактори и конкретните причини за тие аномалии. КЛИНИЧКО-ГЕНЕТИЧКИ ОСОБИНИ Тие особености се резултат на сите причинско-последични анализи на суштината и структурата на различните видови на оштетување во развојот на децата. Патогени фактори по раѓање до 35 години. Кај децата со интелектуални недостатоци исклучително се набљудува разновидноста на форми и степени на психичките нарушувања. По својата суштина клиничко-патогените фактори се изделуваат како сложени и многубројни. Патогени фактори за време на бременост. Една од најважните задачи на клиничко-генетичката анализа е да се откријат ефикасните здраствено-профилактички и лековни средства за борба со јавувањето и распространувањето на недостатоците во психо-физичкиот развој на децата. 27 . Во зависност од нивниот карактер. Во последните години се бележат значајни успеси во етиологијата на психичките нарушувања. 2.

-Катаракта. тие се групираат на следниот начин : 1. -Пигментна дистрофија на ретината . Секое оштетување има своја етиологија и особености. Афазии . -Атрофија на очен нерв . а од друга страна откривање на карактерот на причините за тие нарушувања. Кај децата со видни нарушувања клиничко-генетските особини наоѓаат израз во различните органски изменувања кое влијаат врз острината на видниот анализатор. Кај децата со тешки говорни недостатоци клиничко-генетските особини се условени од карактерот на органските оштетувања на централниот нервен систем.Бадалјан.нарушување на сите компоненти на говорот поради оштетување на говорните зони во мозочната кора. Клиничко-генетските особини во развојот на аномалните деца (децата со пречки во развојот) имаат суштествена улога како за дијагностиката на разновидните недостатоци. Алалии - целосно неразвиен говор поради оштетување на говорните зони во кората на големиот мозок за време на прелингвалниот период. така и за диференцијалната дијагностика во рамките на определен вид на 28 . -АноФталмија . се јавуваат различни видови и степени на тешки говорни пореметувања. 2. востановување на локализацијата на нарушувањата во слушниот анализатор. Како и кај другите категории на аномални деца (деца со пречки во развојот) и тука се јавува задачата за посочување на најчестите видови на нарушувања и причините за нивно јавување. Тоа е предпоставка за адекватна дијагностика и успешна компензаторна дејност. Дизартрии . а како најфреквентни се јавуваат: -Микрофталмија.О. Според Л.Кај децата со слушни недостатоци клиничко-генетските особини пред се се однесуваат на проучувањето на две основни цели. Во зависност од локализацијата на оштетувањето и причините кои го обусловуваат. Од една страна.нарушување при кое поради неправилна инервација на говорната мускулатура е отежнат говорот. •Глауком. 3.

НЕВРОФИЗИОЛОШКИ ОСОБИНИ Структурнните измени на определени органи и системи кај аномалните деца (децата со пречки во развојот) даваат измени и на нивниот неврофизиолошки развој. Во непосредна врска со тоа се разработуваат и адекватни корекционо-воспитни и образовни форми и методи на работа. 3. 4. кое се изразува воглавном во недоразвивањето на вториот сигнален систем. Една од најважните задачи на клиничко-генетската анализа е да се пронајдат ефективни здраствено профилактички и лековити средства против јавувањето и распространувањето на недостатоците во психо-физичкиот развој на децата. Изучувањето на неврофизиолошките особини има суштествена улога за дијагностиката. 3. локализацијата. образованието и воспитувањето на овие индивидуите. 2. за поправилно разбирање на отстапувањето во нивниот развој. кое што води до разни степени на одстапување на психичкиот развој. нивната етиологија и времето на јавување ги условуваат различните можности на таквите деца за приспособување кон средината. компензаторна и рехабилитациска дејност во процесот на образование и воспитание на овие индивидуии. Кај децата со слушни недостатоци. Тешко изградување и диференцирање на нервните врски. Видот и длабочината на оштетувањето. Тешко и бавно формирање на нови условни врски. Поважни особини на високата нервна дејност: 1.Тоа е предпоставка за успешна корекциона. Изјаснувањето на овие особини е во суштина на непосредната врска со сфаќањата и структурата на функциите на анализаторите и улогата во приспособување на организмот 29 . за регулирање на нервните процеси.оштетување. неврофизиолошките особини се условени од различни услови: карактерот на појавата. Нарушена подвижност помеѓу основните нервни процеси. времето на јавување и др. Нарушена врска и взаемно дејство помеѓу првиот и вториот сигнален систем. сврзано пред се со патолошката инертност. Кај децата со интелектуални недостатоци се наоѓаат значајни промени во структурата и функциите на мозочната кора. Особена улога во изучување на суштината и механизмите на одстапувањата во развојот на овие лица имаат низа основни знаења за високата нервна дејност.

Врз основа на тоа. кое што води до значителни нарушувања како при разбирање на туѓиот збор така и при формирање на сопствениот. VI КАРАКТЕРИСТИКИ ВО СОЗНАЈНАТА ДЕЈНОСТ КАЈ АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (децата со пречки во развојот) 1. Недостаток или ограничени светлосни дразнења поради повреда на одделни делови на видниот анализатор. Кај децата со видни нарушувања неврофизиолошките особини се поврзани со степенот на оштетување. Поспецифични неврофизиолошките особини се: 1. 2. најважно својство на мозокот како материјален субстрат е неговата психичка дејност. вниманието е насочено кон откривање на општите и специфични законитости во неврофизиолошкиот развој на овие деца. како резултат слушните примања добиваат дифузен карактер. Тешко и бавно формирање на вториот сигнален систем. поврзано со нарушувањето на аналитичко-синтетичката дејност. 2. Извесни ограничувања во развојот на вториот сигнален систем како резултат на структурно-функционални нарушувања врз високите мозочни центри. локализацијата и други фактори. Брзо гаснење на условните врски. причините. до барање на специфични методи за взаемно разбирање и познание. се формираат 30 . Најопшти особини се: 1. Неправилно диференцирање на говорните звукови. 3. Отежнато или наполно нарушено диференцирање на звучните дразби. кој што доведува до суштествени промени на формата и средствата за општење.кон средината. Значително намалена соединувачка функција на кората на големиот мозок. Во најопшт план може да се забележат следните неврофизиолошки особини: 1. 3. Во основа на спознајната дејност на човекот се наоѓаат психичките процеси.НЕВРОПСИХОЛОШКИ ПРЕДПОСТАВКИ Од гледна точка на дијалектиката. 2. Кај децата со тешки говорни недостатоци неврофизиолошките особини треба да се разгледаат во тесна врска и зависност со слушните недостатоци и структурнофункционалните оштетувања. Нарушено или смалено примање на звучни дразби поради недостик или намален слушен праг на слушна чувствителност. Во процесот на образование на учениците.

Во невропсихологијата се разграничуваат неколку основни насоки: клиничка. 31 . 3. Суштествената улога за откривање на особините во спознајната дејност на аномалните деца (децата со пречки во развојот) има невропсихологијата. Невропсихологијата за детската возраст ги покажува особините со кои што се карактеризираат високите психички процеси кај децата од различна возраст. со сите нејзини структурни елементи. како и можностите за корекција. Блок за регулирање на тонусот. говорот. Од оваа гледна точка се објаснуваат механизмите на разновидните нарушувања кај аномалните деца (децата со пречки во развојот) и поврзаноста со нивните одстапувања во психичките процеси. чие што нарушување е условено од локални мозочни оштетувања. Оштетувањето во различни делови на анализаторите кај аномалните деца (децата со пречки во развојот) доведуваат до разновидни одстапувања во развојот на спознајната дејност. 2. Особена улога за дефектологијата имаат последните две. компензација и рехабилитација на недостатоците. треба да се има во предвид "блоковно-функционалната" структура на мозочниот апарат. Помеѓу овие три функционални блока постои тесна врска и взаемно дејство. духовната и културна област на општествениот живот. Таа е поврзана со функциите на кората на големиот мозок. регулирање и контрола на психичката дејност. Тие одстапувања го зафаќаат пред се мислењето. нејзината локализација и интегрална суштина. за активно усвојување на социјалниот опит и приспособување на личноста кон условите на социјалната средина. Во мозокот на човекот може да се разграничат три основни функционални блокови. кое што во крајна цел ги менува средствата и методите за запознавање со предметите и појавите. рехабилитациона и невропсихологија за детска возраст. Спознајната дејност на човекот има своја невропсихолошка обусловеност. експериментална. Тие претставуваат еден динамичен. обработка и сфаќање на информацијата.познавања за предметите и појавите од материјалната. 1. истите се сметаат за сложени функционални системи. За адекватна прогноза на аномалните деца ( децата со пречки во развојот). психо-физиолошка. саморегулативен систем кој е основа на целиот психички живот на човекот.Блок за програмирање. Рехабилитационата насока ги проучува можностите за востановување на високите психички функции. Согласно современите невропсихолошки сфаќања на психичките процеси. вниманието и др. Блок за регулирање. Со оваа врска се откриваат општите и специфични особини во спознајната дејност на овие деца.

32 . 3. 5. Недостатоци во импресивниот говор (неправилното примање и разбирање на говорот ) 4. Специфичните особини во спознајната дејност на различни категории на аномални деца (деца со пречки во развојот) имаат конкретно значење за сестраното изучување на суштината и степенот на определен вид на нарушување.2. ОПШТИ СПЕЦИФИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ВО СПОЗНАЈНАТА ДЕЈНОСТ НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (децата со пречки во развојот) Придонес за откривање на општите и специфични особини во спознајната дејност на аномалните деца (децата со пречки во развојот) дале многубројните теоретски објаснувања преку кои е објаснета суштината и карактерот на различните видови на аномални деца (деца со пречки во развојот). 3. 5. 4. Како најопшти особини на овие деца се јавуваат : 1. Намалени можности за прием и обработка на информацијата. Недостатоци во експресевниот говор (неправилна артикулација) 3. Побавен развој на говорот .КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГОВОРОТ КАЈ АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (децата со пречки во развојот) Говорот е основно средство за општење и е тесно поврзан со јазикот.се јавува покасно. Сиромашен речник. неговата мисловна дејност. Пониска регулаторна функција на говорот. со помош на кои човекот ги запознава појавите и предметите. Говорот на децата со интелектуални недостатоци се проучува опширно. Како најважни психички процеси. Недоволно заемно дејствување со социјалната сфера. Секундарни последици во психичкиот развој на аномалните деца (децата со пречки во развојот) 2. Недоволно јасно говорно општење. Говорот и јазикот ги прошируваат спознајните можности на човекот. Говорот на аномалните деца (децата со пречки во развојот) се одликува со низа особености. Општите особини во спознајната дејност на аномални деца (децата со пречки во развојот) имаат широка психодијагностичка улога. Тешко и бавно формирање на сознанието. се издвојуваат говорот и мислењето. Најважни особини во нивниот развој се: 1. 2.

33 . Релјефно-точковна азбука. 2. Најсуштествени особини во говорот на слепите деца се: 1. 2. Секое нарушување има свои специфични етиопатогенетски фактори и особини. 4. Во говорот на овие деца се јавуваат следните особини: 1. Дактилологија (рачна азбука) 3. Нејасен говор (потешки говорни нарушувања како алалии. Тешкотии при усвојувањето на оралниот говор. дизартрии) 3. Недостатоци во семантичкиот говор. Недостатоци при оралниот говор. Најопшти особини во говорот на овие деца се: 1. Мимичко-гестовен говор. Современите постигнувања во развојот на сурдопедагогијата препорачуваат совладувањето на усниот говор да се изведува на основа на мултисензорен пристап.( Брајеово писмо) Говорот на децата со тешки говорни нарушувања е многу сложен. Говорот на децата со видни оштетувања е објект на разновидни проучувања. Нарушен (дезорганизиран) говор. Покасно јавување на говорот поради намалени или недостик на видни перцепции. 3. Тешкотии во артикулација (дислалиите се најчести) 2. афазии.Говорот на децата со слушни оштетувања ги заинтересирало низа сурдопсихолози и сурдопедагози. кои што се неопходна основа за навремен и правилен развој на говорот.

Тоа се карактеризира со специфични особини во секоја група на оштетување. Суштествена улога има развојот на анализата. КАРАКТЕРИСТИКИ НА МИСЛЕЊЕТО НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦАТА (децата со пречки во развојот) Проучувањето на мислењето на аномалните деца (децата со пречки во развојот) од многу одамна го привлекувало вниманието на многу стручњаци.4. Формализам во усвојување на знаења (едностраниот развој на совеснологичното мислење) Често претставите и поимите на тие деца се неточни. на децата од задачата која ја работат поради многу фактори). Неправилно формирање на претстави и поими за предметите 2. Најтипични особини на мислењето: 1. неадекватни. Пониска регулаторна функција 4. Недоволна подвижност на мислењето 3. Мислењето кај децата со тешки говорни нарушувања исто така се карактеризира со некои особенести. Кај овие деца се јавуваат следните особини на мислењето: 1. Сликовито мислење (нагледно дејствено мислење) 2. синтезата. 34 . Ограничено сликовито воопштување Мислењето на децата со видни оштетувања е во непосредна врска со човекот како извор на информации и условите за развој на спознајната дејност. Конкретен карактер на мислењето (не постои апстракција и воопштување) 2. Со многу дидактичко-методска работа сето тоа се подобрува. во врска со решавањето на разновидни образовно-воспитни задачи. Пониска критичност во мислењето (не прават проверка на своите дејства). Мислењето на децата со интелектуални недостатоци одамна предизвикало внимание. 3. воопшувањето уште од најрана возраст. Мислењето на децата со слушни недостатоци се разгледува од разни гледни точки: од одделни мисловни операции. Поважни особини на мислењето на овие деца се: 1. Нема последователност во мислењето (оваа особина се изразува поради често отргнување.

афазии.Добрев смета дека педагошката дијагностика на аномалните деца (децата со пречки во развојот) се остварува во непосредна врска со сваќањето на дефектологијата како интердисцилинарна наука. затоа што откриваат важни страни од целосниот развиток на учениците. pedagocis. Времени задржувања во развојот на мислењето (се изразуваат со намалени можности за аналитичко-синтетична дејност. Од ова произлегува и мислењето на авторот дека педагошката дијагностика има поголем круг на задачи и поширок диjапазон на дејствување. кој значи "распознавање". З. а не е резултат на намалените умствени способности на тие деца.Добрев укажува дека во сегашноста тие имаат важна улога за воспитно-образовната дејност. Особините во спознајната дејност на аномалните деца (децата со пречки во развојот) се разновидни. Сестраното откривање е суштествен услов за предпоставка за адекватна психолошко-педагошка дијагностика. проблемите во педагошката дијагностика биле послабо обработени. сврзано со со слабата регулаторна функција). За разлика од медицинската и психолошката дијагностика. VII. тешко осмислување на општите својства на предметите.Само со комплексни 35 . ПЕДАГОШКА ДИЈАГНОСТИКА НА АНОМАЛНИ ДЕЦА (деца со пречки во развојот) 1. компензаторна и рехабилитациска дејност со овие деца. З. да потоа невлезе и во други науки. естетски и работни квалитети и тоа преку различни психолошки и педагошки методи и средства. 2. чии најважни "гранични бразди" се медицината. Кај учениците се дијагностицираат можностите за учење. нивните природни.СУШТИНА И ЗНАЧЕЊЕ З. Намалена недоразвиеност на критичност апстрактните на мислењето форми на (ова е мислењето..Добрев го објаснува поимот дијагностика. На таква основа се прогнозира и организира понатамошното педагошко дејствување.. Овој термин започнува да се користи во медицината. Тоа е карактеристично за сите алалии.1. психологијата и педагогијата. кој произлегува од грчкиот термин . за ефикасна корекциона.

Од научно-теоретско значење. корекција и компензација на недостатоците. 36 . што дава можност за најефективна профилактика. задачата е да се остварат последователно конкретни дијагностички дејности. Во врска со правилната педагошка дијагностика се решава и проблемот на диференцирано образование на аномалните деца (деца со пречки во развојот) и се создаваат подобри услови за успешна корекција и компензација на нарушувањето. Затоа овој период е нареч«н "златно доба" за делување.Добрев ја укажува неопходноста од рана педагошка дијагностика на аномалните деца (деца со пречки во развојот). Во овој период созревањето на одделни органи (пред се мозочната кора) и нивните функции се одликуваат со голема подвижност. Од практично значење. како и можностите и перспективите во образование. толку се поголеми можностите за подобрување и постигнивање подобри резултати. заради можноста за успешна корекциона и компензаторска дејност.методи и средства може да се откријат суштината и причините на нарушувањата. воспитание и развивање на аномалните деца (децата со пречки во развојот) Од оваа гледна точка во дефектологијата се појасно се оцртува тенденцијата за разработување на адекватни методи за проучување и дијагностика на одделни категории на аномални деца (деца со пречки во развојот). степенот на недостатоците. Колку е пократко времето поминато од настанувањето на оштетувањето и почетокот на третманот. 2. З. пластичност и динамичност. РАНА ПЕДАГОШКА ДИЈАГНОСТИКА КАЈ АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (деца со пречки во развојот) Проблемот за раната педагошка дијагностика добива се пошироко и актуелно значење. целта е да се разработат адекватни методи и средства за педагошко дијагностицирање на различни категории аномални деца (деца со пречки во развојот). Смета дека предучилишната возраст е еден од најсензитивите периоди за развитокот на психолошките процеси и квалитети.

каков однос има кон учењето и играта и др. индивидуален пристап. проучувањето на особеностите во развитокот на секое дете. така и тие кои што се добиени од секој член на комисијата од непосредното проучување. Во неа се набљудуваат како позитивните. Само тогаш може да се оствари успешна педагошка дијагностика. Сегашноста налага.Добрев основните принципи за проучување и педагошка дијагностика на аномални деца се: 1. потребно е сестрано да се проучува. секој аномален развиток е неповторлив. видот и степенот на нарушувањето.Виготски за двете зони на развитокот: зона на актуелно и зона на најблиско развивање. Принцип на индивидуален пристап По својата длабока суштина. Принцип за сесграно и комлексно проучување Секоја личност . Тие можат да се изразат во конкретна насока при определени услови и ситуации. синтезира во себе разнообразни квалитети и особености.ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ И ПЕДАГОШКАТА ДИЈАГНОСТИКА НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (деца со пречки во развојот) Дефектолозите ја укажуваат неопходноста на специфичните принципи за педагошко проучување на аномалните деца (деца со пречки во развојот). Принцип за целосно и конкретно проучување Личноста на детето е целосна единка. Така ќе се насочи вниманието на дефектолозите со кои средства и методи. 3. 2. За детето треба да се знае: возраста.Тоа значи да се земат во предвид сите докази за детето. ефектно ќе дејствуваат корекционо и компензаторски. Принцип на динамичен пристап Теоретската основа на овој принцип е учењето на Л.3. Според З. така и негативните квалитети. Во првата се вклучуваат знаењата и умеењата на детето добиени во моментот на 37 . Така ќе се дојде до заклучоци за можностите за образование и развивање на подмладокот. дали одело во градинка или училиште. карактерот на неговите недостатоци и други фактори. Од индивидуалните особености во развитокот на аномалното дете.С. 4. Во зависност од возраста на детето. ќе се определи изборот на средствата и методите за проучување. Како претходни. Важно е правилно да се процени местото на секој конкретен недостаток во општиот развиток не детето. конкретни нервно-психички состојби. Затоа секое дете треба да се проучува на специфичен. треба да биде комлексно.

на односот кон прифаќање на одредена помош. типичните и индивидуалните различности на одделни категории на аномални деца (деца со пречки во развојот). Неопходно е да се земат во превид и позитивните црти на поведението. На тој начин ќе бидат создадени услови за разграничување на можностите на аномалните деца (деца со пречки во развојот). следува да се направат извештаии за конкретните можности на детето и перспективите за понатамошното образование и воспитание. во однос на степенот на конкретните недостатоци. но кои што може да ги совлада со помош на наставникот во најблиско време. Од сите овие позиции. Така ќе се оствари диференцирана дијагностика и помош на аномалните деца (деца со пречки во развојот). неврофизиолошки.Добрев. во процесот на специјално организирана воспитнообразовна дејност.Секој од нив приложува 38 . интересите. педагошкии и др. според З. во корекционо-компензаторска работа. психолошки. Тоа се знаењата и умеењата кои што во моментот не ги покажува. 4. 6. знаењата. за исполнување на одредени задачи итн. Принцип за откривање на позитивните можности Во процесот на проучување.ОСНОВНИ МЕТОДИ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ И ПЕДАГОШКАТА ДИЈАГНОСТИКА НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (деца со пречки во развојот) Севкупното проучување и дијагностика на аномалните деца (деца со пречки во развојот) е сврзано со спроведување на разнообразни дејствувања: клинички. додека во втората зона се вклучуваат потенцијалните можности за развитокот на детето. Принцип на диференцирана оценка на особеностите во развитокот Неопходно е да се направи диференцирана оценка на особеностите на развитокот во однос на: возраста. а со тоа и систем на диференцирано образование. Тоа има важна дијагностичка улога за понатамошното образование и воспитание на тие деца. Треба да се прогнозираат насоките за оптимална корекција и компензација на недостатоците во севкупниот психо-физички развиток со помош на комлексни средства и методи на дејствување. вниманието на специјалистите не треба да е насочено само на откривање на недостатоците во развитокот на детето.проучувањето. 5. професионална ориентација и производствена дејност.

соматоскопија. Со неврофизиолошките методи (електроенцефалографија. Каков е карактерот на играта 39 . Во зависност од полот. Тоа е задача на дефектологот. возраста и други различности. Дали адекватно ги употребува 4. аудиометрија.Добрев ги наведува следните методи во педагошка дијагностика: 1. што изискува примена на соодветни методи. психолошки. Со клиничките методи (анамнеза. неговата локализација и динамика. треба да се стимулира кон таква дејност. децата се поставуваат пред разнообразни ситуации на игра. при што секој од нив има конкретна улога за сестраното и комплексно проучување на овие деца. Целта на педагошките методи е да се установи нивото и можностите за усвојување на знаење. Во процесот на педагошко набљудување треба да се следат следниве моменти: 1. Дали интересот е траен или не 3.Проучување и дијагностика на аномалните деца (деца со пречки во развојот) е врзано-условно од примената на разновидни испитувања: клинички. педагошки. експерименти) се изучуваат особеностите на психата-психолошката структура и недостатоците во психичките процеси. Педагошко набљудување Најчесто децата се проучуваат во процесот на играта. неврофизиолошки. што е еден од најважните показатели на умствениот развој. електромиографија) се испитуваат функционалните можности на засегнатите органи и системи Со психолошките методи (набљудување.соодветни методи и секој од нив има конкретна улога за сестраното и комлексно проучување на тие деца. рентгеноскопија) се установуваат особеностите во генезата и структурата на нарушувањето. З. Дали детето пројавува интерес кон играчките и кои играчки го интересираат повеќе од останатите 2. Ако детето самостојно не се насочило кон некоја играчка и не започнало игра.

неопходно е да се знаат индивидуалните особености на детето. Улогата на дефектологот е да ги провери нивните знаења за читање. пишување.. Една од најраспространети варијанти на овој метод е методот за исклучување на излишниот премет. За да се насочи разговорот. слухови и тешки говорни нарушувања. Целта е да се следат можностите на детето за класификација. Невербална класификација На децата им се понудуваат разни предмети кои треба да подредат во групи. сметање. умеења и навики Овој метод се применува на деца што посетувале предучилишна установа или училиште.Овој метод се применува на деца над 5години. "исклучување на четвртиот член". Секој разговор започнува со прашања и тоа прво со тие што не го оптеретуваат детето. Разговор Се користи како прв контакт со децата.2. каде живее итн. Одговорите на децата детално се анализираат. 5. од каде што се препратени кај медицинско-педагошки комисии. 4. 3. но и сите испитувања и документи за детето. дефектологот го користи разговорот.е. Неопходно е да се имаат во предвид голем број на методи. треба да одговара на определени барања. неговите интереси. така и прифаќањето на помошта. Едно од најважните е добро да се обмислат прашањата. За да биде ефективен. 40 . Дури и кога проучувањето започнало со игра. Целта е да се открие како детето разбира одредени ситуации и до кој степен ги открива причинско-последователните врски меѓу предметите и нивните структурни елементи. т. во зависност од различните категории на аномални деца (деца со пречки во развојот). При анализа на податоците треба да се има предвид како карактерот на грешките. кои веќе имаат претстава за објектите. Анализа на слики Овој метод се користи при проучување и помош на деца со интелектуални. Анализа на училишни знаења.

формирањето на тие младинци како активни.работни квалитети. здраствени.Виготски. проучувачи и општополезни личности се разгледува од некои фактори(видот и степенот на недостатокот. 3. компензација и рехабилитација на недостатоците во психо-физичкиот развој на тие деца. осигурувајќи на секој потполна социјална и професионално-работна реализација. кој докажува дека воспитанието и образованието на нормални деца и на аномални деца (деца со пречки во развојот). Напоредно со решавањето на општата цел се работи за корекција.е. Успешниот образовно-воспитен процес во многу зависи од успешноста и однесувањето на дефектологот кон карактеристиките на следниве прашања :  Како се формира сознанието кај аномалните деца ?  Како се регулира нивното поведение сообразно со општествените норми?  Како во практика се создава потесна врска меѓу сознанието и поведението на аномалните деца? Воспитанието на аномалните децата (деца со пречки во развојот) се остварува во сооднос со најошптите закони за психичкиот развиток на децата.Во врска со тоа се формираат различни психички. Во зависност од своите био социјални особености секоја личност изградува оптимален индивидуален и општествен статус. 41 . се базира на единство мегу основните психолошки законитости на развитокот. естетски физички и професионално. условите на диференцираното Целите и задачите на сите младинци се детерминираат од основните закономерности и општествениот развој. Реализирањето на таа цел т.VII ОСНОВИ НА ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО НА АНОМАЛНИ ДЕЦА (деца со пречки во развојот) 1.С. општата цел на воспитанието и образованието е севкупно и демократско развивање на личноста.ЦЕЛ И ЗАДАЧИ НА ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО Според З.Добрев. Соодветно со суштинските социјално економски однесувања се создаваат претпоставки за совладување на определени системи на оценување. Добрев нагласува дека оваа концепција е основана од Л.

Добрев неопходно е да се земат во предвид две основни барања: 1. децата со со пречки во развојот да го регулираат нивното однесување во средината во која што учат и живеат. Основно значење е поврзување на теоретските знаења со практичната примена - морално воспитание дејствува на градењето на морални знаења. убедувања. Според З. однесување. 42 . генерализација и т. цртите и особините на личноста. Се развиваат способности за анализа. Значи. дисциплинираност. општеството и човечкото мислење. умеења и навики. нејзиното активно вклучување во општествениот живот. за да има развивачки карактер. Од квалитетот на наставниот материјал ќе зависи подготвеноста на учениците.Добрев го обработува значењето на воспитанието во ралични области: - Умственото воспитание односно ителектуално воспитание Интелектуалното воспитание на аномалните деца е поврзано со развојот на логичкото мислење. содржината не смее да се потпира само на недостатоците на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) Понатаму З.н.2. квалитетот и структуирањето на содржините на образованието и воспитанието на аномалните деца (деца со пречки во развојот). Најбитно е. трудољубивост итн. Од друга страна.е. чувства. Учениците стекнуваат широки познавања за природата. содржината на воспитанието и образованието треба да се изгради соодветно со задачите да се надминат особеностите и последиците на аномалното дете ( детето со пречки во развојот). како и особини те : одговорност. обемот. апстракција. колку се позначајни недостатоците во психо-физичкиот рзвиток. Содржината на воспитанието и образованието да биде во зависност од степенот и карактерот на инвалидноста.Содржината на воспитанието и образованието ќе зависи од видот и степенот на инвалидноста. т. карактерот на усвоените знаења. Добрев смета дека содржината на воспитанието и образованието на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) има суштинска улога за правилниот развиток на личноста. кај учениците се формира и способноста за творечко мислење. Иако потешко.СОДРЖИНА НА ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО 3. толку ќе бидат поголеми особеностите на содржината на воспитинанието и образоването 2. синтеза. со практична дејност. Особена улога за ефекективноста на педагошките дејствија имаат прашањата за помош.

методи и средства за работа.- работно воспитание на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) се однесува на непосредниот однос кон професионално-работната подготовка.Добрав тврди дека решавањето на воспитанието и образованието се остварува во процесот на организирана воспитно-образовна дејност. правилна моторика и координација на движењата. дека. општа физичка способност. адаптација и реализација на личноста. за изградувањето на љубов кон работата и формирање на навики за колективна работна дејност. принципите. суштината. Во согласност со особеностите во развојот на одделни категории на аномални деца ( деца со пречки во развојот) се поставува задачата за формирањето на двигателни знаења и навики. животот и взаемниот однос помеѓу луѓето. работата. 43 . со помош на дидактички форми. Во врска со ова особено важно е да децата со аномалии ( деца со пречки во развојот) разберат. Изборот на методите. убавото не е само во внатрешните својства на предметите и појавите. - физичкото воспитание е насочено кон градење на различни физички вредности се со цел зајакнување на организмот. КОРЕКЦИОНИ ОСНОВИ НА ВОПСИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО Добрев е застапник на корекционото дејствување во воспитно-образовниот процес на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) и ги разработува поимот. принципи. Во процесот на професионалното-работно образование на аномалните деца значајно виимание се придава на усвојувањето на достапни работни знаења. индивидуалните особености во развитокот на ученици со посебни образовни потреби. формите. 3. Се разбира дека целта на естетското воспитание не е само препознавање на убавото туку и усвојување на знаења за стварање на естетски вредности. - естетско воспитание има за цел да изгради вистински естетски вкус и да изгради критериуми за убавото во природата. општеството. З. возраста. ќе зависат од видот и степенот на инвалидноста.Во зависност со тоа корекцијата се разбира како цел систем од педагошки и медицински фактори за намалување на недостатоците во психо-физичкиот развој. мускулна сила. целта и задачите на корекцијата. Во врска со тоа учениците се запознаваат со најважните општотехнички знаења и принципи.

Задачите на корекционо-воспитната работа се разнообразни. Суштината на корекцијата во дефектологијата се врзува со основните цели и задачи на воспитно-образовната дејност со аномалните деца (деца со пречки во развојот). Тие врски можат да се обединат во 4 основни врски: 1.Од неврофизиолошки аспект основа на корекцијата се безбројните врски кои ги сврзуваат различните полиња на големиот мозок. Целта на корекцијата е да се дејствува со разнообразни средства на подобрување или намалување на недостатоците во целосниот развиток на аномалните деца ( деца со пречки во развојот). Комисурални врски. Во развојот на секое дете постојат редица општи задачи од кои најважни се : -зајакнување на организмот -развој на движечките вештини -организирање на правилен режим -развој на сетилното чуство и мислењето -учество во достапна работа -организирање на социјален опит -отстранување на говорните нарушувања и развој на говор. Неговото конкретно значење е-поправање. 44 .Добрев смета дека корекционите задачи се делат на два основни типа:  биолошки(анатомски)  функционални. подобрување. Од дефектолошка гледна точка. Освен општи има и специфични задачи во зависност од видот и степенот на оштетувањето. корекцијата треба да се разгледува во поширока смисла и има интердисциплинарен карактер.Проекциони врски 3. З. а зависат од видот и стеиенот на инвалидноста. возраста. Поимот корекција е широко навлезен во науката и практиката. индивидуалните особености во развитокот не секое аномално дете ( дете со пречки во развојот). Тангенционални врски 4.Колатерални врски 2.

многу е важна раната дијагностика. со помош на други. многу порано ќе ги победи социјално и педагошки. вештините и навиките да се заснова врз основата и заемното користење на повеќе анализатори. Запознавањето со предметите.За дефектологијата пошироко значење имаат функционалните корекциони задачи. чија што дејност е запазена. отколку медицински и биолошки!" Успесите добиени од воспитанието и образованието на аномалнитедеца (деца со пречки во развојот) се повеќе ја подржуваат оваа мисла. 4. затоа што за биолошките се користат пред се медицински методи. Добрев го цитира Л. Тоа се остварува системно и организирано преку процесот на воспитанието и образованието на аномалните деца. Според З. замена. а во поширока смисла на зборот значизамена на изгубените вредности и својства со помош на други средства и методи. За остварување на целите на компензацијата. Овие барања имаат широко значење за целокупната воспитно-образовна дејност со аномалните деца (деца со пречки во развојот). Совладувањето на знаењето. Но.С. Целта на функционалните корекциони задачи е да се подобри функцијата на определени органи или системи и тоа со помош на педагошки и психолошки средства и дејствување. Тука 3. колку на возможноста да се формираат нови способности за умствена дејност. 45 . 2. КОМПЕНЗАТОРНИ ОСНОВИ НА ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО Поимот компензација значи поправање. Не се заснива толку на билошките гледишта.Виготски кој вели: "Веројатно човештвото ќе ги победи порано или подоцна и глувоста и слепоста и малоумноста. усвојување на определени знаења и умеења.Деобрев суштината и целта на компензацијата од дефектолошка гледна точка се изразува во замената на нарушените функции на определени органи и системи. појавите и процесите да се извршува во тесна врска и единство со разните практични дејства и работната дејност на учениците. Во целата учебно-воспитна дејност со аномалните деца (деца со пречки во развојот) специјален интерес заслужуваат три основни барња: 1.

Се разграничуваат три основни вида компензација :  автоматска  внатрешносистемска  меѓусистемска. Компензаторната насоченост треба да биде насочена кон откривање на нивните потенцијални можности за развој. времето на нивното појавување. Меѓусистемска компензација се набљудува при значајни повреди на анализаторите.Задачите на компензаторската работа со аномални деца (децата со пречки во развојот) се сложени и тешки за решавање и затоа треба да се земат во предвид многу особености: видот и степенот на конкретните недостатоци. или други дејствија. како и индивидуалните особености на секое дете. обидите за медицинско лечење. Компензаторната насоченост наоѓа широка примена во процесот на индивидуалните занимања со аномалните деца(деца со пречки воразвојот) (со повисоки интелектуални способности). Во однос на задачите кои имаат општо значење за сите деца се изнесуваат некои барања кон организацијата на образовно-воспитна дејност : -осигурување на правилен режим -учество во разни образовни.посебно кај децата со видни и слушни оштетувања. работни. Внатрешносистемска компензација е резултат од максимално искористување на резервните можности на самиот анализатор. 46 .Низ компензаторната насоченост на образованието и воспитувањето се зема во предвид темпото за развој на аномалните деца (деца со пречки воразвојот).Компензаторната насоченост има суштинска улога за диференцираното образование и воспитание на аномалните деца (деца со пречки воразвојот). степенот и одразувањето на различните недостатоци врз општиот психо-физички развој на децата треба да се имаат во предвид некои основни барања : 1.. Автоматска компензација е возможна при најлесните нарушувања. игровни дејности -изградување на правилен взаемен однос во детскиот колектив -користење на современи технички средства и апарати. 2. Во зависност од карактерот. 4. З.

4. педагошки и други средства за воспоставување на психо-физички можности и вклучување на личноста во општествениот живот. затоа што со неа се воспоставува начелото на рехабилтациската дејност 2.исклучително важна за аномалните деца. Поважните задачи на рехабилитацијата. училиштето.интернатот - рано започнување со рехабилитација - непрекинатост на рехабилитацониот процесс - комплексен карактер на рехабилитацијата - колективен карактер на рехабилитацијата индивидуален приод во процесот на рехабилитација Како најважни видови рехабилитација ги спомнува: 1.целта е личноста да се подготви и вклучи во општествениот живот 3. рехабилитација е систем од медицински. Тука е многу важна улогата на педагогот и дефектологот. социјални. РЕХАБИЛИТАЦИОНИ ОСНОВИ НА ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО Терминот рехабилитација означува. Психолошка рехабилитација . индивидуални можности. Во поширока смисла. психолошки. се надминуваат недостатоците на личноста. Педагошка рехабилитација .Добрев се: - обезбедување сигурен режим во домот. Професионално-трудова рехабилитација -задачата е подготвување за извршување на трудово-професионална дејност Важно значење за откривање на педагошката и дефектолошкта суштина на рехабилитацијата имаат два моменти. според З. Првиот е сврзан со фактот што многу често психолошко-педагошката рехабилитација се нарекува превоспитување. Преку корекциона и компензирачка дејност.целта е постигнување на социјална интеграција 5. Медицинска рехабилитација . Преку педагошки и дидактичли средства и методи.како најсуштествена . Целта на рехабилитацијата (во дефектологијата) е воспоствување на нарушувањата во развитокот на аномалните децата (деца со пречки во развојот). се решаваат и основните цели на рехабилитацијата. на рамниште на нивните оптимални.возвраќање. 47 .5. Социјална рехабилитација . воспоставување. вклучувајќи ги корекцијата и компензацијата.

2. дека децата со различни отстапувања во развојот се нарекуваат неприспособени поради што со нив треба да се остварува рехабилитациона дејност.Во таа смила особено се важни следниве барања: 1.Вторит момент е сврзан со опстојувањето. Особено внимание обрнува на проблемите за широк и демократски карактер на образованието. за диференциран систем на образование итн. Со современите сваќања на карактеристиката. рехабилитацијата вклучува најразлични комплексни дејствија. З. адаптација и рализација на аномалните деца (деца со пречки во развојот) со реален фактор за целосен развој. Тоа е неопходна претпоставка за правилно решавање на основните цели и задачи на образованието и воспитанието на младинците. Со неа се остварува нов приод кон личноста. Како сложен и продолжен процес. IX .Рехабилитационите цели на професионално-работната подготовка. Добрев ја обработува суштината и претпоставките за системот на образование на аномалните деца ( деца со пречки во развојот). Суштествено значење за современото 48 . Рехабилитционата насоченост на образованието и воспитанието на аномалните деца (деца со пречки во развојот) има конкретно значење за нивен оптимален психо-физички развој. се поставуваат поголеми барања кон системот на нивното образование.Добрев укажува на неопходноста од специјална грижа и внимание за овој образовен систем. преку разнообразни корекциони и компензаторни средства и методи се совладуваат достапни професии. специјалности или одделни операции. за организирање на специјално образование и воспитание.НЕОПХОДНОСТ И АКТУЕЛНОСТ Во овој дел од книгата 3. СИСТЕМОТ НА ОБРАЗОВАНИЕ НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (деца со пречки во развојот) 1. 3.Во согласност со индивидуалните особености. класификацијата и развитокот на аномалните деца ( деца со пречки во развојот).Рехабилитционата насоченост на целосната работа со аномалните деца (деца со пречки во развојот) има широко значење за нивна успешна социјална интеграција.

во Декларацијата на правата на детето (Собрание на ООН.ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ЗА ИЗГРАДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ НА ОБРАЗОВАНИЕ НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА (деца со пречки во развојот) 1. Добрев ги цитира и генералниот директор на УНЕСКО. УНЕСКО е иницијатор и активен учесник на изработка и реализација на различни проекти за образование на аномални деца ( деца со пречки во развојот). 1959год.). Се води голема грижа за предучилишното и училишното образование и воспитание. културен и др. Образованието се разгледува како единствено право на секој човек. Освен ООН. 1960г. со дејноста за заштита и сестрано помагање на децата со ПОП се залагаат и организации како УНЕСКО.образование на аномалните деца (деца со пречки во развојот). кој вели: "Треба да ги насочиме силите во образованието. 3. З. затоа што тоа е средство со кое би надминале многу неправилности и неравенства".А. развиток на општеството. УНИЦЕФ и др. 2. Произлегува од Декларацијата за правата на човекот (ООН. Се разработуваат специјални програми.). на која се разгледаа проблемите на образованието на аномалните деца (децата со пречки во развојот) 49 . за да се постигне пошироко социјално и професионално формирање на тие личности.) и на 23-та конференција на УНЕСКО (Женева. а важи за висока вредност на секое демократско општество. 1948г.Право на образование на аномалните деца (деца со пречки во развојот) Правото на образованието на аномалните деца (деца со пречки во развојот) е суштествен белег на демократскиот однос кон сите членови на општеството. Образованието може активно да делува на целосен економски. грижа која нема да донесе некакво решение". социјален.Добрев го нагласува решението и препораките на ООН. Колку е поширок и демократски системот на образование на аномалните деца (деца со пречки во развојот). Со ваква практика се остварува еден од најхуманите погледи на основоположникот на педагогијата како наука Ј. толку е повисок нивниот развиток и прилагодување во општествениот живот. Федерико Мајор Сарагоса. во кои се инвестираат значајни финансиски средства.Коменски:"Не може да се најде толкава сиромашна природна заложба.

независноста и слободната воља на изразување. приватни и др.Правовремено( рано) образование на аномалните деца (деца со пречки во развојот) Според современите дефектолошки истражувања овој принцип има решавачка улога во целокупниот иден развој на тие деца. 2.Задолжително и бесплатно образование за аномалните деца (деца со пречки во развојот) Овој принцип има длабока социјална и високочовечка улога. Раното вклучување во системот на специјалното образование е надежна претпоставка за нивно правилно психофизичко и социјално формирање. кооперативни. 3. Децентрализација во образованието на аномалните деца (деца со пречки во развојот) Во согласност со овој принцип.Тоа право е едно од многубројните вредности. за усовршувањето на образованието на аномалните деца (деца со пречки во развојот) и нивна 50 . покасно ќе бидат многукратно возвратени. воспитание и подготовка за работа. Предучилишната возраст се смета дека е нај сензитивен период во развојот на аномалното дете. Длабоката смисла на овој принцип е дека вложените средства за образование.Деференцирано образование и оспособување на аномалните деца (деца со пречки во развојот) Овој принцип е еден од најсуштествените за изградување на системот на специјалните образовно-воспитни училишта. Преку негово реализирање. на секоја личност. активно се дејствува за градењето на тие личности како општествено-корисни. за аномалните деца треба да се изградат различни по вид и насоченост специјални образовно-воспитни училишта: државни. врз основа на кои се развива рамноправноста. овозможува да се задоволат во оптималеи опсег личните и општествените интереси на децата и нивните родители. Подготовката за социјално-работна дејност. По својата длабока суштина децентрализацијата на образованието. има големо значење за нив и за општеството во кое живеат. 5. 4.

за двете зони на развојот:  зона на актуелен (сегашен) развој  и зона на потенцијалниот (нај близок) развој. 6. времето на настанувањето на оштетувањето и др. При обучувањето на аномалните деца (деца со пречки во развојот) не треба да се раководиме од недостатоците и ограничувањата. Сообразување со медико-педагошките барања за образованието на аномалните деца (деца со пречки во развојот) Суштината и карактеристиката на овој принцип е поврзана со неопходноста. 7. степенот. Во зависност од редица критериуми како што се видот. Неговата суштина се изразува во оптималното усогласување со суштината и карактерот на недостатоците.подготовка за активна професионална-работна дејност. Сообразување со потенцијалните можности за образование на аномалните деца (деца со пречки во развојот) Овој принцип произлегува од теоријата на Л. се спазат редица здравствено-медицински и психохигиенски норми. се употребуваат различни корекциони и компензаторни методи на образование и воспитание. да во процесот на образовно-воспитната дејност со тие деца. се разработуваат различни образовни планови и програми. се употребуваат разни апаратури и прибори за слушна. целосната организација на образовно-воспитната работа во специјалните училишта. треба активно да дејствува за вклучувањето на аномалните деца (деца со пречки во развојот) во нивната социјална средина. Често во рамките на определени групи на ученици се бара да се спроведи подлабока диференцијација и индивидуализација на обучувањето. Научна основа за изградувањето на диференциран систем е современата класификација на аномалните деца (деца со пречки во развојот).С. 51 .Виготски. Интеграција на аномалните деца (деца со пречки во развојот) Согласно овој принцип. говорна или видна рехабилитација. во развојот на аномалните деца (деца со пречки во развојот). Суштествена е неговата улога за професионално-работната подготовка и реализацијата на таа личност како рамноправен член на тоа општество. Во тој случај посебно внимание се дава на индивидуалите корекциони и компензаторни задачи. туку од потенцијалните можности и способности. 8.

така и системот на специјалните училишно . 52 . глуви и наглуви. слепи и слабовиди.3. говорни недостатоци. на теориските и практичните проблеми. Системот на образование на аномалните деца (децата со пречки во развојот) е неделива компонента од од општата структура на образовниот систем. Така овие деца се вклучени во следните институции :  детски градинки  училишта  логопедски кабинети и пунктуви за ученици кои посетуваат средно политехничко училиште  центри за рехабилитација на слухот и говорот на децата Сите овие институции се специјализирани зависно од видот на оштетување кај децата (интелектуален недостаток.воспитни установи во Бугарија непрекинато се усовршува и развива. пред се на децата со комбинирани недостатоци.СИСТЕМ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА АНОМАЛНИТЕ ДЕЦА ( деца со пречки во развојот) ВО НР БУГАРИЈА Во НР Бугарија на образованието на аномалните деца ( децата со пречки во развјот) се посветува специјално внимание и грижа и условите за нивно развивање како личност непрекинато се подобруваат. Современиот развој на образованието на аномалните деца ( децата со пречки во развојот) во Бугарија ја истакнува е неопходноста од диференцирано образование со сите категории на деца. Како системот на општото образование.Таа објективна закономерност е поврзана со современите достигнувања во развојот на педагошките науки.

го користи терминот "дијагностика" (медицински термин). образованието и обучувањето на аномалните деца. Основата за многу теории и докажувања му се теориите на Л. образованието и обучувањето се основни педагошки процеси.Виготски за двете зони на развитокот: 53 .С.ОСНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА. дека воспитанието и образованието на нормали деца и на аномални деца( деца со пречки во развојот). се открива интердисциплинарната концепција на дефектологијата како наука. со посебни образовни потреби.Виготски).. Во анализата на содржината во делот на Педагошката дијагностика. Пред се.Виготски. се заклучува дека авторот се обидел да ја објасни пред се педагошката суштина и карактеристика на дефектологијата и постојано се забележува „дефектологијата како педагошка наука" и се има едно чувство на преголемо истакнување на педагошката страна на дефектологијата. со Педагошката концепција се гледа во неговото дефинирање:"Дефектологијата е педагошка наука. а сестраното изучување на аномалните деца. децата со посебни образовни потреби. децата со посебни образовни потреби е логична претпоставка за усовршувањето на воспитно-образовната дејност". можностите и перспективите за образование. Исто така. воспитанието. Потоа го искажува своето мослење дека при педагошката дијагностика треба да се користат комлексни методи и средства. ОД ЗЛАТКО ДОБРЕВ Во книгата "Основи на дефектологијата" авторот Златко Добрев ги разработува основните проблеми на дефектологијата како наука.. Воспитанието. КРИТИЧИ ОСВРАТ НА ДЕЛОТО . кога зборува за системот за помош на овие деца смета дека системот треба да опфати различни медицински. Анализирајќи ја содржината на книгата. термин кој Добрев го употребува за децата со пречки во развојот.С.С. Добрев поаѓа од учењето на Л. степенот на недостатоците.Х. дефектологијата ја дефинира како наука за изучувањето. Во книгата. се базира на единство меѓу основните психолошки законитости на развитокот. за да може да се откријат суштината и причините за нарушувањето. психолошки и педагошки активности. воспитание и развој на аномалните деца. На пример концепцијата (основана од Л. Во однос на потенцијалните можности на аномалните деца ( деца со пречки во развојот).

Виготски кој вели: "Веројатно човештвото ќе ги победи порано или подоцна и глувоста и слепоста и малоумноста. за лица со пречки во развојот. 54 .е. зона на актуелен (сегашен) развој  зона на потенцијалниот (нај близок) развој 3. особините во развојот не се зборува за децата со телесна инвалидност. како и во дефинирање на принципите на воспитно образовната работа со аномалните деца (децата со пречки во развој) и е корисна стручна литература на сите лицата кои се занимаваат со оваа проблематика. во структурата на дефектологијата. Интересно е тоа што при читањето на материјалот од оваа книга. отколку медицински и биолошки!" З. Во суштина оваа книга ги обработува најсуштествените прашања од дефектолошката проблематика и во голема мера има свој придонес во териското определување на оваа наука .С. Се забележува за тоа дека постојат дилеми за тоа дали лицата со телесна инвалидност и хронично болните лица би требало да се сметаат за „аномални" како што ги нарекува Добрев. во делот на класификација на лицата со пречки во развојот. многу порано ќе ги победи социјално и педагошки. она што е исто така забележително е тоа што во содржините на оваа книга т. Но. т. децата со аутизам.Добрев е застапник на корекционото и компензациското дејствување во воспитно-образовниот процес на аномалните деца (децата со пречки во развојот) . хронично болните и лицата со комбинирани пречки.е. обидите за систематско образование и воспитание на овие деца. Добрев е истомисленик со Л.

.....11 II. 5 –6 4.......... 20 – 22 IV.................................. Класификација на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) …………………………………23 – 24 4.... 4 ....................... Основни критериуми ………………………………………………… 22 -23 3............... Карактеристики во равојот на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) …………………………………26 ...... Класификација на аномалните деца ( деца со пречки во развојот).......... Определување………………………………………………….....9 5..... Современа класификација …………………………………..................... Категории на аномални деца ……………………………………12 2....... …12 1.26 .............19 3... Основни поими во дефектологијата …………………………..3 2.. Специфика на дефектолошката проблематика... Односот кон аномалните деца (децата со пречки во развојот) во феудалното општество …………………………………………………….......... …22 1...................... Структура на дефектологијата…………………………………14 ........26 V...2 ... Развојт на дефектологијата во Бугарија ………………………………… …...7 .1. Дефектологијата како наука. Основни поими во дефектологијата според Златко Добрев …………………………………………..... 2 1.. Интересот за аномалните деца ( децата со пречки во развојот) во капиталистичкото општество …………………………………………19 – 20 4.... 9 ..... Поврзаноста на дефектологијата со другите науки ……….......... Задачи на дефектологијата ............27 ...........27 1... структура и методи на дефектологијата ..16 4... Објект и предмет на дефектологијата .. Основни историски етапи во развојот на дефектологијата …………………… 18 1......5 3... Суштина и значење …………………………………………………….........Односот кон аномалните деца ( децата со пречки во развојот) ………………18 – 19 2............ ......СОДРЖИНА Вовед.... Содржина..29 55 .......... 7 4.......... Клиничко – генетички особини ……………………………........22 2...27 2..............................…13 3.... Суштина и значење …………………………………………................................... Методи на дефектологијата……………………………………16 – 18 III .......24 ..........1 I.

49 2..Бугарија 56 .. Основи на воспитанието и образованието на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) …………………………….46 5.Корекциони основи на воспитанието и образованието …...Педагошка дијагностика на аномалните деца…………………35 .Основни принципи за изградување на системот на образование на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) …………………….45 . 41 1.47 –48 IX.. Основни принципи за проучување и педагошка дијагностика на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) ………………………37 ..........Карактеристики на мислењето кај аномалните деца ( деца со пречки во развојот) ………………………...36 2...Компензаторни основи на воспитанието и образованието..43 3.42 .49 ( деца со пречки во развојот) 1. Основни методи за проучување и педагошка дијагностика на аномалните деца ( деца со пречки во развојот) ……………………… 38 ..Рехабилитациони основи на воспитанието и образованието.. Општи и специфични карактеристики во спознајната дејност на аномалните деца ( деца со пречки во развојот). Системот на образование на аномалните деца…………………48 ...30 VI .31 2... Суштина и значење ………………………………………………35 .45 4.43 . Невропсихолошки предпоставки ………………………………………… .32 – 33 4.35 VII ....38 4.. Карактеристики во спознајната дејност на аномалните деца ( деца со пречки во развојот)…………………………. …30 1. Цел и задачи на воспитанието и образованието …………………41 2.36 ( деца со пречки во развојот) 1... Неопходност и актуелност …………………………………….40 VIII.36 ( деца со пречки во развојот) 3.Неврофизиолошки особини ………………………………… 29 .…32 3. 49 – 51 3.30 . Рана педагошка дијагностика кај аномалните деца……………..34 .3.Содржина на воспитанието и образованието……………….Систем на образование на аномалните деца во НР.48 .Карактеристики на говорот кај аномалните деца ( деца со пречки во развојот) ………………………....

Основи на дефектологијата..54 Користена литература …………………………………………………………. од Златко Добрев ………………………………… 53 . Критички осврт на делото . .55 57 ..…...( деца со пречки во развојот) ………………………………52 IX.

58 .

59 .

60 .

61 .

62 .

63 .

64 .

65 .

66 .

67 .

68 .

69 .

70 .

71 .

72 .

73 .

74 ..

75 .

76 .

77 .

78 .

79 .

80 .

81 .

82 .

83 .

84 .

85 .

86 .

87

88

.

89

90 .

91 .

92 .

93 .

94 .

95 .

96 .

97 .

98 .

99 .

100 .

101 .

102 .

103 .

104 .

105 .

106 .

107 .

108 .

. 109 .

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful