ГРАДЕЖНИШТВО И ЖИВОТНА СРЕДИНА

Припремиле:

проф. д-р Катерина Доневска, проф. д-р Милорад Јовановски
Скопје, 2013

........1............. Загадување на подземните води .................4............................. дефиниција.. 22 3...............................3............................................... Подземна вода ...1..............3................................3..... Вовед.............5...........................3.................. Влијание на градежните објекти врз животната средина...............................................2...................... 4 1... 20 3.. Еколошки фактори......................................... валентност.......................................................... Кружење на материјата во екосистемот ........................... 13 2...............2................. Закиселување на водите...... 5 1............................4 Инфилтрација и површинско истекување ................ 29 3.....2......... 14 3........ Дефиниции и концепти за квалитет на водата..................................3.................................................................. ЕКОЛОШКИ КАТЕГОРИИ И ЗАКОНИТОСТИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПЛАНИРАЊЕ............... водостопанство.................................................................... ограничувачки фактори ....... 25 3...... ВОВЕД ..............4......2...................ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА СОДРЖИНА 1.........................5.......6......... 21 3.... 18 3. Ланец на исхрана во екосистемите ........... Основни поими: екологија.......................... ВОДАТА КАКО ЖИВОТНА СРЕДИНА ..... 19 3........... 31 3................... 31 2 .. 30 3................2............................. Сукцесија............. 15 3...10.............. 11 2...3................. 15 3............ 15 3.1. 11 2.................. Вовед........................ 31 3................... 21 3........ Нанос ...................................................... климакс................................................. 15 3........ 9 2.......................5......................................... Термално загадување ..................................................................................................... биотопи...................... дефиниција ........................................3............................................3... 30 3............... Животна средина.3................6....................3. Патогени ......3................. 4 1..................... Основни проучувањa за водниот квантитет ................................1........................ Речни сливови ...1.............3........... 26 3...... хомеостаза ........... Абиотички фактори на водата како животна средина .................................. 19 3... Дефиниции и концепти за квантитетот на водата.........3......................3............ Еутрофикација на езерата .............................................. Карактеристики на животните заедници во реките и езерата ... 6 2..... 30 3........... 9 2..... Површински води ................................2........................................................2................................. Вовед..................... 12 2. биоценози ................2.......................................... Врнежи и евапотранспирација ....6....................................2....2....................................................................................................................2.............. микро органски и останати штетни хемикалии..... ..................................3.............8............ Метали...................................... 17 3......9........ Градежништво.....................................................................................................4............... Проток на енергијата низ екосистемот и производството во неа ...................................................7..........................................

......................................................... Општи дефиниции за геологија и геоморфологија . 35 4...1...........................................4...3.......................................................................................... Error! Bookmark not defined............................. 3 ..... 39 4....................... Цели и задачи на истражувањата на геолошките и геоморфолошките студии од аспект на заштита на средината .............. ПОЧВАТА КАКО ЖИВОТНА СРЕДИНА.........................Основни студии за квалитетот на водата .. 62 6............... Мониторинг ....6.........5................................................................................ 55 4................. 35 4...................... 32 3...................... Напомени околу законските услови за заштитан а почвата и мерките за санација (обновување) ............ 46 4..........5..................2........... Вовед........................ 32 4.... Општи карактеристики на почвата .................................................................. 38 4.................................................................................. 47 4.........6 Адекватни мерки за складно вклопување на објектите во животната средина ............................. ЛИТЕРАТУРА: ..........................8 Основни напомени околу заштитните мерки .......................................................................................9................... Значајни геолошк ии геоморфолошки елементи за проценка на влијанијата врз животната средина ..........................................................7 Практични примери за влијанија на градежни активности врз геолошк ии геоморфолошки елементи на животната средина . 59 4.............. 61 5..................................................... ВОЗДУХОТ КАКО ЖИВОТНА СРЕДИНА ...........................................................................................ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 3................... 45 4..

ВОВЕД 1. брани и сл. водостопанство. со извонредно големо количество на цврсти. драстичното опаѓање на квалитетот на живеењето во се позагадената животна средина. со дополни и измени на законот кој ја регулира предметната материја. Во подоцнежниот период. односно се регулира дека оваа 4 . Сите човекови активности како и производството се оценувани исклучително од аспект на критериумите на економските добивки или минимизација на трошоците за производство. се уредува попрецизно вршењето на Определени видови на стручни работи за заштита и унапредување на природната средина и природата. Во периодот од појавувањето на првите елаборати-студии за оцена на влијанијата на објекти врз животната средина е присутна изразена разновидност во поглед на методологијата. Сета технолошка еволуција трае 20 минути.1. како во светски рамки. Според овој модел човекот почнал да оди по земјата и да користи орудие на 30 Декември и за 6 минути искоренува 200 животински видови. Индустриската револуција почнува 36 секунди пред полноќ и во последните 30 секунди човекот ги согорува сите течни и гасни горива кои се формирани претходно. доведувајќи го во опасност и основниот услов за живот. 30 минути пред полноќ човекот почнува да го обработува земјиштето што го претставува неговиот прв напор да ја промени површината на Земјата. при кои се зема во предвид влијанието кое би го имала изградбата и експлоатацијата на објектите врз животната средина. Не спорно е дека експанзивниот техничко технолошки напредок во минатото доведе до множество на рационални решенија сурово оштетувајќи ја природата и нанесувајќи и ненадоместиви губитоци. фарми. така и кај нас. Целиот технолошки развој на човештвото се базирал на две големи заблуди: заблудата за неисцрпното богатство на природата и заблудата за безграничната способност на природата за саморегенерација. Голем дел од овие активности со однесуваат на проектирањето и изградбата на нови објекти. како витален предуслов за нормален развиток и остварување висок квалитет на живеење. Затоа. течни и гасовити отпадоци. во втората половина на 20-тиот век се интензивираат активностите за заштита на животната средина. Добар пример за брзиот развој на индустријализацијата е годишниот модел на астрономот H. проблемите со отпадот кои ќе достигнат ниво кое ќе го загрози и самиот живот на Земјата. Siedentopf. при што не се земани во предвид аспектите за неповратно уништување на необновливите ресурси.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 1. На 31 декември. Создавана е технологија со многу низок коефициент на корисна употреба на природните ресурси (се проценува дека тој коефициент на корисна употреба е околу 4%-5%). дефиниција. Технологијата заснована на овие заблуди како и демографската експлозија и нанесоа на животната средина ненадокнадливи штети. билансот на кислородот (Оприцовиќ. Објекти за кои најчесто се правени студии за влијание на животна средина се главно од типот бензиски пумпи. Само последните две генерации ја имаат исцрпено и загадено природата повеќе од сите генерации на луѓе пред нас. Првичните елаборации од аспект на оцена на влијанијата на објекти врз животната средина во Република Македонија потекнуваат од деведесетите години на 20 век. 1986). Во овој период нема лиценцирани субјекти за изработка на документација за оцена на влијанијата на објекти врз животната средина. содржината и обемот на истите. Едно од примарните човекови права е секако правото на егзистенција во здрава животна среедина. Со овој модел 170-те милиони години на земјината историја се кондензираат во една година од 365 дена. Градежништво.

градење и експлоатација се нарекува хидротехника. Со градежништвото се создава физичка инфраструктура за домување и работа. Инженерските објекти кои се градат за да се решат определени водостопански задачи.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА дејност да можат да ја обавуваат Научни и стручни организации и други домашни и странски правни лица кои се регистрирани за вршење на тие работи. индустријата на градежните машини и опрема. се нарекуваат хидротехнички објекти.) според потребите на човекот и за заштита на животната средина од штетното дејство на водата. техничкотехнолошка и градежна целина заедно со вградените инсталации. Водостопанството претставува стопанска дејност со која со која се овозможува користење на водите. далноводите. Со Законот за животна средина од 2005 година се воведува обврска за задолжителна оцена на влијанијата на објектите врз животна средина. комунална инфраструктура и други основни услуги. Интегрален дел на нашиот живот е средината која се создава со изградбата на објектите. системите за водоснабдување. Видот на проектите за кои се спроведува постапка за оцена на влијанијата врз животната средина. мостовите. патиштата. Градежништвото е стопанска и општествена дејност. под терминот градежништвото се подразбира и производството на градежни материјали. која вклучува проектирање. како и оправување со објектите. телекомуникациските мрежи се само дел од листата на разновидните градежни објекти. Во поширока смисла на зборот. објектите во кои што работиме. 1. Применетата наука која се занимава со општата теорија на хидротехничките објекти. како и методологијата со која се извршува оваа оцена се пропишани одделно. во рамките на ЕУ. езерата. изградба. направен од градежни производи и природни материјали и претставува физичка. Исто така. производството на машинските елементи кои се користат во градежништвото. 5 . Производ од градежните активности се градежните објекти. односно опрема. Помеѓу овие два поими постои суштинска разлика и затоа најнапред ќе се задржиме на нивната дефиниција. за производство. транспорт. дефиниција Во поново време поимот “животна средина” често се поистоветува со поимот ”екологија”. а прашањата од животната средина со еколошките прашања. Основната задача на хидротехниката и на хидротехничките објекти е да го приспособат природниот режим на водите (реките. реконструкција на објектите. производството на материјали кои покрај во градежништвото се користат и во останатите стопански дејности. Градежен објект (или градба) е се што настанало со изградба и е поврзано со земјиштето. Животна средина. заштитата на водите и одбраната од водите. Со градежништвото се создава и огромна количина на отпаден материјал и градежен шут од рушењето и реконструкцијата на старите објекти (повеќе од 270 милиони тони годишно на ниво на ЕУ).2. Куќите и зградите во кои што живееме. аеродромите. а градежништвото како сектор се наоѓа на второ место по придонесот на емисиите на CO2. Важна карактеристика на градежништвото е што кон себе поврзува значителен дел од остатокот на стопанските дејности како: електро индустријата. хотелите. нивното проектирање. градежните објекти се одговорни за потрошувачка на 42% енергија. подземните води и др. железниците.

односно природните и создадените вредности. со што занчително се подобрува животната средина во сите населени 6 . Изградбата на автопатиштата. Затоа секоја активност поврзана со водата мора да се оценува и вреднува во согласност со влијанието кое би го имала врз животната средина. Водата пак е основен медиум на животната средина. Поимот “животна средина” може да се дефинира на повеќе начини: Животна средина е просторот со сите живи организми и природни богатства. во кои се вбројуваат и човековите односи. (Закон за животна средина. економијата и политиката. хидроенергетските објекти. индустриските и другите објекти. Влијанијата на објектите врз животната средина може да бидат позитивни и негативни.3. вклучувајќи ги и медиумите и областите на животната средина. 1. индустриските објекти. железниците. биолошките и општествените фактори. Некои примери на позитивните влијанија на некои објекти врз животната средина би биле: • Системите за водоснабдување овозможуваат обезбедување на чиста вода чиј квалитет е постојано контролиран. објектите за регулирање на водните токови и другите градежни објекти ја менуваат животната средина. • Се подобрува водниот режим. термоцентралите. Со тоа се гарантира дека биолошкиот минимум може да се регулира во тек на целата година и по количина и по клучните параметри за квалитет (температура. Поради тоа основна цел на сите истражувањата поврзани со влијанијата на објектите на животната средина е тие влијанија благовремено да се согледаат и да се изнајде решение со кое се елиминираат негативните влијанија (доколку е можно) или во краен случај колку е можно повеќе се минимизираат негативните влијанија врз животната средина. Медиум на животната средина се: почвата. се намалуваат големите и се зголемуваат малите води.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Екологијата преставува научна дисциплина која се занимава со проучување на односите на организмите (растенија и животни) и нивните животни заедници со околната средина. Воедно се зголемува содржината на кислород во водата со нејзината аерација кај испустите. добрата во општа употреба. 2005) Животната средина претставува сложен динамичен систем кој е перманентно изложен на влијанието од техничко-технолошките. количество на кислород) согласно со потребите на биоценозата во низводниот дел од системот. што претставува извонредна добивка од аспект на заштита животната средина. нивните меѓусебни односи и вкупниот простор во кој живее човекот и во кој се сместени населбите. • Со изградбата на браните и акумулациите се ублажува поплавниот бран и се елиминираат поплавите на низводниот дел од реката. со што се елиминира можноста за појава на епидемии • Со изградбата на браните се зголемуваат протоците на деловите од водотекот низводно од акумулациите во услови на маловодие и топлите делови од годината кога е загрозена биоценозата и биотопот во реката. Влијание на градежните објекти врз животната средина Изградбата на секој градежен објект доведува до промени на животната средина. водата и воздухот. како и нивните меѓусебни односи.

Со браните како градби се овозможува да се подигне нивото на реките. да се води сметка за условите кои владеат не само на теренот на кој што се 7 . со што на најдобар можен начин се делува против сушата и се добива борбата за храна. што овозможува похуман живот во оплеменетата околина. Покрај наведените позитивни влијанија. при градбата на браните. Со таков вид на градежни зафати се овозможува безбедна. некои од објектите и системите може да имаат и негативни влијанија на животната средина. појава на свлечишта и ерозија на косините. Изградбата и експлоатацијата на автопатиштата може да доведат до загадување на површинските и подземните води во непосредна близина на автопатот. Со тоа се создаваат услови за поквалитетно урбанистичко решение на населените места. мелиорации. неретко на големо растојание пред самата градба. урбанистички уредена и од гледиште на животната средина оплеменета средина за изградба на населени места на бреговите на реките и езерата. Интервентното испуштање на чиста и аерирана (богата со кислород) вода е најефикасен начин за санирање на вакви инцидентни загадувања на водата. гасовити и течни отпадоци како и термичкото загадување на водотекот. како составен дел на целокупната заштита на квалитетот на водата е една од најзначајните мерки за заштита и унапредување на животната средина. излевање на опасни материи при транспорт и др). обновување на деградирани шуми) е клучна мерка за уредување на сливовите. Тоа овозможува да се заштедуваат необновливите енергетски ресурси (фосилни горива) и да се намали загадувањето со цврсти. Тоа го наметнува барањето. појава на бучава. • Со изградбата на хидроцентралите се овозможува производство на електрична енергија со користењето на водната енергија. посебно со примена на биолошки мерки (пошумување. • Антиерозивната заштита на сливовите. како и изградбата на системите за одводнување доведуваат до промена на режимот на површинските и подземните води поради кое некои животински видови неможат да опстанат. • Во зоната на водостопанските системи се создаваат услови за развој на туризмот и рекреација на вода. • Постоењето на акумулации во горните делови на сливовите овозможува интервентно испуштање на вода и спречување на еколошки катастрофи во случај на инцидентни загадувања на реките (хаварија на уреди за пречистување. • Регулација и уредување на водните текови е предуслов за урбанизација на населените места кои се наоѓаат во нивна близина.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА места низводно од акумулацијата. аерозагадување. хаварија во фабрики. • Со изградбата на системите за наводнување се овозможува наводнување на земјоделските површини. при што настанува поплавување на бреговите и подигање на нивото на подземната вода. може да ја попречат миграцијата на животинскиот свет од едната на другата страна на автопатот и др. Тоа е практично единствена активна мерка со која се спасуваат водните ресурси од инцидентни хаварии. Примери на негативни влијанија се: Изградбата на објектите за регулација на водотеците. • Пречистувањето на отпадните води.

Многу преградни места се лоцирани токму на вакви водотеци и го прекинуваат миграциониот пат на рибите. Охрабрува фактот дека поголемиот дел на негативните влијанија на животната средина може да се неутрализира со соодветни мерки или да се компензираат со позитивните влијанија во некоја друга сфера од животната средина. а се со цел да се овозможи заштита на пооделните компоненти од животната средина. За да може планерот да ги проучи влијанијата на објектите врз животната средина и изнајде соодветни технички решенија со кои се зголемуваат позитивните. се потопуваат водните текови во нејзината зона. туку и многу пошироко. менувајќи ја влажноста и температурата на воздухот. како и врз некои стари споменици. • Загуба на животен простор на диви животни кои се хранат со вегетацијата покрај водните текови. по изградбата на браната и полнењето на акумулацијата. Промената на овие параметри може да дојде до појава на процес на еутрофикацијата која доведува до нивна еколошка деградација. физичко географски или биолошки формации кои имаат исклучителна вредност од естетска. со што се губи одредена животна средина.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА гради објектот. матноста. потребно е да познаваат основните еколошки законитости. Оваа промена се одвива на ограничен простор околу и над зоната на акумулацијата и може штетно да се одрази врз природниот режим на живиот свет. • Блокирање на миграционите патишта на рибите. конзервациска или научна гледна точка. какви што се црквите и манастирите. Со планираната акумулација би можело целосно или делумно да се потопат исклучителни геолошки формации. содржината на кислород и содржината на органските материи. Големите акумулации влијаат врз промената на микроклимата. во која живеат рибите. • Загуба на животен простор на риби и водни растенија. Некои реки се истовремено и патишта за мигрирање на рибите од морето кон мрестилиштата во планинските делови на водотеците и обратно. а се намалуваат негативните влијанија. која делумно се губи со потопувањето. • Потопување на културно историски споменици и локалитети со археолошка вредност. • Блокирање на миграционите патишта на животните. По полнењето на акумулацијата. Некои од позначајните негативни влијанија врз животната средина од изградбата и експлоатацијата на браните би можеле да бидат: • Промена на квалитетот на водата и можност за појава на еутрофикација. Изградбата на браните и акумулациите имаат влијание врз најважните параметри за квалитетот на водата како: температурата. • Промена на микроклимата. Предмет на понатамошно изучување се само основните поими кои се потребни за успешно планирање и проектирање на објектите. • Потопување локации со природно наследство. 8 .

животни. Клучен поим во екологијата е екосистем. скривалиштата и сл. Таквата биоценоза е еден беспрекорно поврзан биолошки ланец преку кој се одвива проток. Примери на различни биотопи се: планинскиот поток. Врските по правило се толку цврсти така да со влошување на условите за живот на еден вид. Заради тоа биоценоза не е прост збир на биолошки видови кои ја сочинуваат. Тој всушност го претставува неживиот дел од екосистемот.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 2. Заради тоа важно е да се истакне дека членовите на биоценозата не се случаен збир на видови. размножувањето. Основни поими: екологија. биотопи. односно под биотоп подразбираме живеалиште на одредена животна заедница. додека други ги отстрануваат неговите отпадоци кои после одреден период би го уништиле. 1990). постојаната бара и др. водата. при што на прво место доаѓа односот кон исхраната. logox наука. влошувањето се одразува на целата биоценоза предизвикувајќи дури и нејзино целосно распаѓање.е. чија дефиниција може најдобро да се прикаже преку поимите биотоп и биоценоза. Најголем интерес за екологијата е интеракцијата помеѓу единките и средината. собирање и трансформација на материјата и енергијата. т. Односите во биоценозата се уредени и урамнотежени. планинското езеро. микроорганизми) составен од растителни и животински заедници населени на еден биотоп. Екологијата (грчки: oikox– дом. Популација е временски и просторно здружена организација на единки од ист вид.. животни и микроорганизми. туку претставуваат интегрирана и историски условена целина чија динамика е регулирана со посебни закони. Во тој ланец секој член зависи од останатите членови затоа што едни го снабдуваат со храна. составена од високо развиени растенија. туку е биолошки систем од повисок ред во кој 9 . Во поволни услови се развива целосна биоценоза. како и врските што постојат меѓу различните видови живи организми. додека микроорганизмите (разложувачи) ги разложуваат отпадните материи и со тоа го чистат биотопот од штетни отпадоци и на тој начин припремаат храна за растенијата. ЕКОЛОШКИ КАТЕГОРИИ И ПРОЦЕСОТ НА ПЛАНИРАЊЕ ЗАКОНИТОСТИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА 2. Екологијата посветува внимание само на мал дел од Земјата. Растенијата (производители) користат сончева енергија и со процесот на фотосинтеза произведуваат органски материи. спора река.1. буквално: “домот во кој живееме”) е релативно млада наука која се занимава со проучувањето на заемните односи на живите организми и нивната животна средина. Биоценоза претставува биотички систем (збир на животни заедници: растенија. Токму овие меѓусебни зависности (интеракции) се основна карактеристика на биоценозата. воздухот итн. тревопасните животни тие органски материи ги трошат (потрошувачи). односно само на Земјината кора. популацијата на некој биолошки вид и средината и помеѓу популацијата на различни видови и средината. Биоценозата се карактеризира со одреден состав на различни популации поврзани со меѓусебна зависност. биоценози Екологија е наука која ги проучува односите што постојат помеѓу живите суштества на Земјата и физичката средина во која живеат. Биотоп (грчки: “место на живеење”) е ограден (повеќе или помалку) простор кој нуди слични услови за живот и кој располага со доволно ресурси за опстанок на одредени животни заедници (Ðorđević B. почвата. Во нашиот јазик најадекватен термин за биотоп би бил поимот “живеалиште”.

До колку поради некои антропогени влијанија настане пореметување во чувствителната рамнотежа на производителите. Влезни параметри во биотопот се: сончевата енергија. потрошувачи. Во екотоните доаѓа до извесно мешање на биоценозите од соседните екосистеми. кои попримаат разни облици на соработка (кооперација) или компетиција (соперништво). Биотопот и биоценозата која го населува претставуваат два неразделни елементи кои делуваат еден на друг образувајќи екосистем. топлина. море и т. Добар пример е еутрофикацијата на некое езеро. постојат зони на нивно преклопување кои се нарекуваат екотони.н. водата. Во екосистемите постојано се одвива процесот на интеракција помеѓу биотопот и биоценозата. кислород. водниот режим итн. Состојбата на екосистемот се дефинира со физичко-хемиската состојба на биотопот и биолошката состојба на биоценозата во него. реакција и коакција. Таа цврста врска помеѓу биоценозата и биотопот е основен предизвикувач на динамичноста на екосистемот која се согледува од непрекинатата појава на акција. 10 . а излезни се: разни видови на биоенергија. кои се во цврста меѓусебна зависност одржувајќи во езерото некоја состојба на квазистабилна рамнотежа. брегови и дно) е јасно разграничен. хемиски и т. Секоја промена во биотопот (на пример промена на хемискиот состав на водата. Екосистемот поседува способност за саморегулација и адаптација така да ја одржува својата стабилност и во одредени граници на промена на состојбата на биотопот и биоценозата. Како последица од тоа делување настанува реакција со која живиот свет делува на биотопот менувајќи ги неговите карактеристики (физички. Значи може да се формулира: Екосистем = биотоп + биоценоза Екосистемот е отворен природен систем во кој се одвива интензивна размена на материјата и енергијата помеѓу пооделните компоненти на системот.) нужно како акција се одразува на биоценозата. Терминот “екосистем” се користи за биотопи и биоценози со многу различни големини. потрошувачите и разложувачите (на пример буење на растенијата како последица од преголемо слевање на растворени ѓубрива во езерото) доаѓа до трајно дестабилизирање на претходно уравнотежените акции. разложувачи. Добар пример за екосистем е езерото. температурата. Акција е делување на биотопот врз биоценозата.н. мезоекосистем (една шума. Затоа разликуваме микроекосистем (на пример свет на едно паднато дрво во шума). биогени материи.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА квантитетот (број на биолошки видови) прераснал во нов квалитет (биолошки урамнотежен систем). реакции и коакции (доаѓа до “еколошка експлозија” како почеток на еутрофикацијата) и до уништување на езерото како дотогашен екосистем.) Иако екосистемите во извесна мера се разграничени. јаглендвооксид и други гасови.). а во биоценозата се застапени сите три видови на организми: произведувачи. езеро. каде заради внесување на хранливи материи во езерото (акција) се поттикнува растењето на водните растенија кое предизвикува лош квалитет на водата (реакција). рибник и др. Неговиот биотоп (вода. Взаемното дејство на различни популации внатре во биоценозта претставува коакција. езерце.) и макроекосистем (планински систем. минералните материи и гасови.

Во некои водени екосистеми абиотичките фактори се температура на водата.н.3. во склад со новонастанатите услови во биотопот. Со достигнување на климакс се остварува биоценоза со најдобри биолошки видови. Посебно се интересни секундарните сукцесии и тоа при изградбата на браните и акумулациите. Поаѓајќи од аспектот 11 . При тоа важи основното правило дека крупните промени во биоценозата настануваат како резултат на малите промени. па да дојде до сериозна промена на целата биоценоза. елементи на природни водни режими (мала вода) и тн. Сукцесија. климакс. и т. се зголемува вкупната биомаса во системот (познатата “Ѕ” крива на пораст. ланецот на исхраната. биохемиските текови. Тоа е феноменот на сукцесивните промени во составот на биоценозата. Тој процес се одвива се додека во крајната етапа на тие сукцесии не се формира квазистабилна биоценоза во која процесите на акција. Биоценозата во фазата на климакс останува квазистабилна се додека не се променат условите во биотопот по пат на природно или антропогено влијание. со најголема количина на биомаса и со најсложени врски и интеракции помеѓу видовите. Нивниот развој може да се согледа и со следење на: текот на енергијата во системот.н. Постанокот на сосема нов биотоп започнува со населување на неколку видови (пионери). Воедно. до постепено стабилизирање на одредено ниво). просторните и временските разлики на биолошките видови и антропогените влијанија на системот. таа највисока фаза на развојот на биоценозата се наоѓа на стабилизирано хомеостатско ниво. реакција и коакција се уравнотежени. во услови на дадениот тек на енергијата. односно сукцесија. Антропогени фактори се сите човекови влијанија на биотопот: промена на водниот режим.). пред се во доменот на разновидноста и сложеноста на ланецот за исхрана. Процесот на сукцесија во сосема нов биотоп е следниов. Таа фаза кога биоценозата е стабилна и урамнотежена со биотопот се нарекува климакс.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 2.н. хомеостаза За да се согледа влијанието на животната средина потребно е да се изучи уште еден многу важен феномен. како последица од претходно влошените односи. Секундарните сукцесии доведуваат до обновување на претходниот состав на биоценозата. Еколошките сукцесии се закономерни процеси. се зголемува меѓусебната зависност на видовите. светлината. содржината на кислород. Во втората група посебно се издвојуваат антропогените фактори. промена на квалитетот на водата на почвата и т. 2. валентност. Еколошките фактори можат да бидат абиотички (фактори од небиолошки карактер) и биотички (фактори од биолошки карактер). се зголемува нивната разновидност. ограничувачки фактори Еколошки фактор претставува било кој елемент кој е во состојба да предизвика директно влијание на биоценозата во која било фаза од нејзиниот развој. разни хемиски параметри. Понекогаш е доволно со промената во биотопот да се прекине една нишка во претходно складно поврзаниот ланец на исхрана на уравнотежената биоценоза. со нарушениот ланец на исхрана во биоценозата. врската помеѓу видовите станува се посложена. кои настапуваат кога во постојните екосистеми ќе се сменат условите во биотопот (во овој случај со изградба на браните доаѓа до промена на водниот режим и т.2. со кои човекот делува на своето окружување. Биоценозите се развиваат и менуваат. Постојат: примарни сукцесии (населување на биотоп кој бил пуст претходно) и секундарни сукцесии кога во веќе постоен биотоп се одвива процес на промена на биоценозата. Еколошки фактори. а потоа низ процесот на сукцесија се зголемува спектарот на видовите во новиот екосистем.

Еден биолошки вид се храни со видот кој што му претходи. Во подоцниот период овој закон добил пошироко толкување. а служи за исхрана на другиот вид кој следува после него во ланецот на исхраната. ланецот на исхрана е совршено избалансиран. Ланец на исхрана во екосистемите Ланецот на исхрана во екосистемите го сочинуваат низа на меѓусебно зависни организми.1. Покрај критичните точки.4. со кој се утврдува дека развојот на растенијата го ограничува оној елемент чија концентрација е минимална.1.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА на планирање од големо значение е познавањето на така наречениот ограничувачки фактор. Затоа познавањето на ланецот на исхрана е посебно важен. Уште од 1840 година Леибиг го формулирал основниот закон на минимум. Надвор од овие критични точки животот на соодветниот вид не е можен по тој фактор. така да е воведен поимот ограничувачки фактор. иако останатите елементи ги има во доволно количество. Граница на издржливоста на видот Зона на оптимумот Min Оптимум Интензитет на еколошкиот фактор => Max Слика 2. со дефинирани критични точки на максимум и минимум. Комплетниот ланец на исхрана го сочинуваат продуцентите 12 . Во екосистемите кои се во состојба на равнотежа. биолошките видови имаат и зона на еколошки оптимум слика 2. бидејќи со нарушување на само една нишка во тој ланец може да се загрози целата низа на организми. Шема на граница на издржливост на видот и зона на оптимумот на еколошкиот фактор 2. Еколошкиот фактор станува ограничувачки фактор во оној случај кога се наоѓа под некое критично ниво или пак го надминува некое максимално дозволено ниво. Сите биолошки видови имаат некоја граница на издржливост во однос на различни еколошки фактори. Доволно е само еден елемент кој што е потребен за развојот на растението да недостасува за да престане неговиот развој.

Овој познат факт е истакнат за да се истакне и помалку познатиот факт дека човекот со преголемо согорување на фосилните горива и уништување на шумите како примарен производител на кислород. Остатокот од нето примарната продукција е на располагање на наредното ниво во ланецот на изхраната.н. N. Конзументите се хетеротрофни организми кои се хранат на сметка на веќе создадената биомаса. Можат да се издвојат конзументи од повисоко ниво. Редуцентите го завршуваат ланецот на исхрана. додека микроелементите се потребни во многу мала количина (Fe. а низ процесот на дишење. од кои некоии од нив (макроелементите) се потребни во поголема количина (H. Првите конзументи (фитофаги) се тревопасни животни и бројни инсекти кои се хранат со растенијата. Mg. Во продолжение ќе се прикажат само некои начела на кружењето на најзастапените елементи. Продуценти се растенијата. Тоа се организми (сапрофаги) кои ги разложуваат сите органски материи во екосистемот.5. Со фотосинтезата се вградува во биомасата. започнува и завршува како јаглендвооксид во атмосферата. Тие циклуси се: воздушен тип на кружење на елементите и седиментационен тип на кружење каде почвата е основен резервоар. лешинари) кои се хранат со животните од второто ниво на конзументи. и т. C. Кружењето на кислородот е во најтесна врска со кружењето на јагленородот со одредена инверзија: кога јаглеродот од атмосферата се вградува во биомасата. и т. а се троши во процесот на дишење и согорување. Целиот досегашен живот на планетава се базира на исполнување на неравенството: Фотосинтеза > Потрошувачка на кислород со кое се прикажуваат резервите на фосилните горива.н.). K.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА (произведувачи). Втори конзументи се животните кои се хранат со првите конзументи (зоофаги). 13 .јаглендвооксид. како позитивен биланс на тие два процеси. а растенијата кои ја остваруваат таа продукција се првите во ланецот на исхраната и затоа се нарекуваат автотрофни (единствени видови кои се во состојба да се хранат сами). повеќе нивоа на консументите (потрошувачи) и редуцентите (разложувачи).). затоа што ланецот на исхрана може да се состои од 5-6 нивоа. Сите тие елементи непрекинато поминуваат од органска во неорганска материја во рамките на многу сложени биохемиски циклуси. Кружењето на јаглеродот. Кружење на материјата во екосистемот За синтеза на протоплазмата на живите организми им е потребно околу 40 елементи. додека трети конзументи се крволочните животни (грабливци. кислородот се ослободува. P. Со тоа доаѓа до намалување на количината на кислород. 2. кои се единствено во состојба со помош на фотосинтезата неорганската материја да ја претворат во органска. при разградување на биомасата или со согорување повторно се враќа во атмосферата како CO2. Cu. Тоа е воедно примарна продукција во екосистемот. ја нарушува рамнотежата на релацијата кислород. што претставува најголема опасност за Земјата. најзастапен елемент во сувата материја со 49%. Од вкупната новосоздадена органска материја (бруто примарна продукција) еден дел трошат самите растенија за задоволување на своите животни процеси.

Mn) кои во земјоделието се додаваат вештачки. Фосфорот како важен составен елемент на протоплазмата кружи доста едноставно.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Кружењето на азотот е многу посложен процес. уреа) кои настануваат со разградување на биомасата. нитрити и др. Најголем процент го има во атмосфера (околу 79%). B.) и органски материи (аминокиселини. Растенијата го превземаат фосфорот од фосфатите. Првиот е дефиниран со познатиот закон за одржување на енергијата. На второ место е почвата каде се наоѓа во облик на неоргански соединенија (нитрати. а при разградувањето со помош на бактериите повторно се создаваат фосфати. но од неа можат да ја користат само некои бактерии. Во такви системи воедно можат да се пратат првиот и вториот принцип на термодинамика. Слична е состојбата со калиумот како и со микроелементите (Mg. енергијата само протекува низ системот. 14 . Проток на енергијата низ екосистемот и производството во неа Во екосистемот непрекинато се одвива сложен трансфер на енергија. При интензивно земјоделие мора да се внесува со помош на вештачки ѓубрива. 2.6. Тој азот воглавно го користат растенијата со помош на кореновиот систем. Тоа значи дека за разлика од материјата која кружи. од кои како најпрегледен од аспект на екологијата се истакнува дека во секој процес на пренос или трансформација на енергијата одредена количина на енергијата се расејува во вид на топлина која го напушта екосистемот. додека вториот (закон на ентропија) може да се формулира на различни начини.

и големи количества се користат за употреба во домаќинствата. Дел од врнежите кои паѓаат на површината на земјата истекуваат во реките. ВОДАТА КАКО ЖИВОТНА СРЕДИНА 3. како и режимот на водите на површината. Вовед Водата е основен ресурс што го овозможува и одржува животот на земјата. дел од водата се инфилтрира во подземните слоеви. Хидрологијата ги проучува процесите на преод на водата од атмосферата на површината на земјата. снег). Сепак околу 96% од слободната вода е морска. Таа го изучува режимот на водите од квантитативен и квалитативен аспект. океаните. Водата може да помине во атмосферата и директно од цврста состојба (лед. пак директно истекува во некои површински токови. од површината под земјата и обратните процеси независно од агрегатната состојба. а еден дел повторно испарува во атмосферата. а околу 3% е мраз и снег – значи свежата (слатка) вода е само 1% и е релативно редок т. Дефиниции и концепти за квантитетот на водата 3. Испарувајќи од површините на реките. како и помеѓу нив. Овие активности имаат влијание врз водните ресурси како во поглед на квалитетот така и на квантитетот. морињата и океаните. во атмосферата и под земјата.1. Во многу делови на светот недостигот од доволно чиста вода најверојатно ќе биде еден од најкритичните проблеми на 21-от век. Вовед Студиите за квантитетот на водата го опфаќаат акумулирањето на водата во различни системи на животната средина. Во сложениот кружен циклус водата од една поминува во друга агрегатна состојба. временската и просторната распределба на водата.2. 3. протокот на вода во рамките на тие системи. 15 . морињата.2. Планирањето на било каков развој што би влијаел врз водите наложува познавање на варијациите на квантитетот (запремината и протокот) и на материјалите што тие ги носат со себе (водниот квалитет).ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 3. односно океаните. копното и растенијата водата преминува во атмосферата во вид на водена пареа. Хидрологијата е наука која ја изучува појавата. Кога е во прашање подземниот дел на хидросферата (литосфера) треба да се истакне дека сите видови на вода се наоѓаат во рамнотежна состојба: водена пареа ⇔ мраз ⇔ хемиски врзана вода ⇔ физички врзана вода ⇔ капиларна вода ⇔ слободна (гравитациона ) вода. езерата и морињата. при одредени услови се кондензира и паѓа на земјината површина во вид на дожд. за ладење. миење и чистење во индустријата и за наводнување во земјоделството.1. Во процесот на движење на воздушните маси. Водата во природата под влијание на сончевата енергија и дејството на силата на гравитација се наоѓа во непрекинат процес на движење. После извесно време дел од водата која понира се појавува на површината на земјата во вид на извори или. снег или друг вид на врнежи. водената пареа се пренесува над површината на земјата. езерата. а присаството на неврзана вода во течна состојба ја чини земјата единствена меѓу останатите познати планети. Во Европа пристапот до чиста вода е генерално слободен.е дефицитарен ресурс. Водите кои истекуваат од изворите отекуваат во реките. што претставува процес на сублимација.

Најзначајниот влез за почвата се врнежите. Најглавното одлика на водниот систем на Земјата е хидролошкиот циклус во кој што: • Водата испарува (воглавно од океаните коишто покриваат >71% од земјината површина) и формира водена пареа во атмосферата • Водената пареа кондензира и се враќа на земјата во вид на врнежи • Водата истекува од земјата кон морињата и океаните Оваа глобална циркулација на водата претставува затворен систем без поголеми односно значајни придобивки или загуби. со влез (I) и излез (О) кои го контролираат количеството на вода во системот.1. 16 . 2-водопропусни карпи.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Слика 3. инфилтрација во подземни води и површинското истекување (главно во реките). Кружење на водата во природата Легенда:1-врнежи. 5-извор. 6-правец на движење на водата и водената пареа Во овој систем рамнотежата е повратна. Ако во некој дел од земјината кора количството на вода се намалува. 3-слабо пропусни карпи. тогаш во некој друг дел се зголемува за истото тоа количество. Спротивно на ова. 4-непропусни карпи. предел.е водниот биланс кој може да се претстави како I – O = ∆S Каде што ∆S = промена во волуменот (при I>0 се зголемува а при I<0 се намалува). регион или масив може да се разгледуваат како отворен систем на проток. Од овде произлегува расположливата вода т. Излезите се евапотранспирацијата.

управување со водите и студирање на проценката на влијанието.2. површинско и подземно истекување.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Слика 3.2. 3. Во рамките на еден слив можат да се препознаат различни компоненти. широко устие или делта” или • Речен подслив – дефиниран како „земно пространство од кое што целото површинско истекување преку систем на потоци. реки или езера се слева во море преку речно устие. Сливот како систем обезбедува одличен фокус за научни истражувања. Речни сливови За оценка на водите треба да се познава хидрологијата на сливот. реки или езера се слева во конкретна точка од еден воден тек најчесто езеро или речен слив”. Излезен профил е местото сместено во рамките на сливот кое може да ги прими површинските и (или) подземните води од повисокиот дел на сливот и го има следниов воден биланс: 17 . иако дотекување од подземни води може да се појави кога подземните води се дел од два или повеќе слива • Излези се евапотранспирација. Водниот биланс му е следен: • Главен влез се врнежите. Тоа може да биде: • Речен слив (басен) – дефинирано како „земно пространство од кое што целото површинско истекување преку систем на потоци.2. Шематски приказ на хидролошки циклус.

Долгорочно односот Pn:ET е функција од локалната и регионалната клима. коишто пак имаат сериозно влијание врз сливовите. додека пак во летниот период се јавува недостиг од вода. со забележливи отстапувања од нормалните сезонски шеми.евапотранспирација Rs – површински дотек Qs – површински истек Rn – подземен дотек Qg – подземен истек ∆S – – промена на резерви на вода во сливот. Во колку е избрана локација во горниот дел на сливот. Вообичаено во зимскиот период се јавува вишок. Нивото на почвената влажност. кога Pn<ET има недостиг од вода што води кон редукција на акумулираната вода и намалено истекување. 3. Се мисли дека овој тренд е поврзан со глобалното затоплување. Метеоролошката водна рамнотежа прикажува значителни. Метеоролошката водна рамнотежа е под влијание и на други фактори освен климата.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА (Pn + Rs + Rn) – (ET + Qs + Qg) = ∆S каде: Pn – врнежи ET .3. непредвидливи варијации. Во нашиот регион недостигот од вода е резултат на високата ЕТ и на намалените врнежи во летниот период. и може да биде многу чувствителна на недостаток од вода за време на сушни периоди. Овде се вклучени: состојбата на почвата пред дождот. Релативното значение на влезовите и излезите зависи од бројни фактори вклучувајќи ја и местоположбата на излезниот профил во сливот. Ова може да се изрази како однос Pn:ET или метеоролошка водна рамнотежа (Pn-ET). Врнежи и евапотранспирација Врнежите (Pn) и евапотранспирацијата (ET) се носители на размената на атмосферските и земјишните води и водниот биланс на сливот се менува во зависност од рамнотежата меѓу нив. распространетоста на површинските води и распространетоста и видот на вегетацијата. нивото на подземните води. Кога Pn>ET се јавува вишок од вода кој се празни преку истекување. Последново е важно поради: 18 . особено присатни во последниве години. обработливоста на почвата.2. таа во голема мерка може да зависи од врнежите. Но се случува ЕТ и да се намали често за време на сушните периоди поради дефицитот на почвената влажност. дотокот во подземните води и водостојот на реките се многу чувствителни на промената на односот на Pn:ET. таа е подложна на ризик од поплави. Од друга страна пак. Ова е резултат на тоа што: а) испарувањето се зголемува како резултат на зголемените температури и намалената влажност и б) транспирацијата се зголемува со почетокот на вегетациониот период на растенијата. ако е избрана локација во долниот дел од сливот. Ова влијае на транспирацијата и растењето на билките што ја објаснува потребата за наводнување на посувите места.

Но. изворите и подземните води. на градилишта).4 Инфилтрација и површинско истекување Поголемиот дел од врнежите кои доаѓаат до површината на земјата се инфилтрираат во почвата каде што се зачувуваат. Под подземни води се подразбираат сите води во течна. вишокот на вода се собира во почвени депресии или истекува по површината како површинско истекување. Процентот е повисок во шумски области. Интерцепцијата и транспирацијата се значително намалени кога вегетацијата е заменета со градби. а понизок во области со ниско зеленило. а се намалува можноста за појава на подземни води под објектите. • падот на земјиштето и покриеноста со вегетација – површинското истекување се зголемува при поголеми падови на земјиштето и слаба покриеност со вегетација што често доведува до ерозија и ненадеен поплавен бран. а сосема се спречува при водонепропустливо земјиште.5. пукнатини и друг празен простор во карпестите маси. вклучувајќи ги и постојаните водотеци или водотеците во коишто повремено тече вода. испаруваат. оставајќи само помалку од 25% да се претворат во истекување – што значи дека вегетацијата е голем фактор кој влијае на истекувањето.2. коишто се наоѓаат под површината на земјата и ги заполнуваат најразновидните шуплини.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА • Интерцепцијата (задржувањето) на врнежите од страна на вегетацијата и дирекното испарување поради кое водата не допира до земјата. Со ова се зголемува површинското истекување во урбана средина. Комбинацијата на интерцепција и транспирација може да попречи повеќе од 75% од врнежите. 3. Слично на ова. Овој процент е многу помал во области со ниско зеленило. 3. гасовите или цврста состојба. На пример може да достигне до 25% од врнежите во густи листопадни шуми. високи четинарски шуми и области со високи треви. и ова е главна причина за поголемо истекување од урбани средини. Преоѓањето од подземни (инфилтрирани) води во површински води нормално е долг и бавен процес. Најчесто до надминување на абсорпциониот (инфилтрациониот) капацитет доаѓа при поројни. каде пристигнале 19 . ако врнежите го надминат абсорбциониот капацитет на почвата. Оваа загуба заради интерцепција (што придонесува на ЕТ) варира заради различната способност на разни видови вегетација за интерцепција. езерата. Подземна вода Под терминот води ги подразбираме површинските води. акумулациите.2. се користат од вегетацијата преку кореновиот систем на растенијата или пак продираат во внатрешноста под дејство на гравитацијата. обилни или долготрајни врнежи (особено ако почвата веќе е со голема влажност) или кога напластениот снег започнува нагло да се топи. култивираното земјиште е ретко покриено со вегетација и овозможува поголемо истекување. Инфилтрацијата драстично се намалува при набивање на земјиштето (на пр. • Транпирацијата може да врати повеќе од 50% од врнежите во атмосферата иако тоа исто така зависи од видот на вегетацијата. Сепак инфилтрацијата и придружното површинско истекување зависат од: • длабочината и текстурата на почвата.

3. кои што на многу места во 20 .е проток е многу мало. каде покрај вода во почвата. каде што хоризонталното движење т. Неподвижните води се појавуваат во земјишни депресии или во долини каде што има природни или вештачки брани зад кои што се акумулира вода. суви летни периоди. и проточни (потоци. Во заситената зона. акумулациите и слично. а потоа да биде искачена уште погоре кон земјината површина поради евапотранспирацијата. Во многу сливови подземната и површинската вода се наоѓаат во заемна спрега при што подземните води го овозможуваат базното истекување во реките и во периодот кога има малку врнежи. Сериозна суша се појавува кога а) последователно се појавува сушна зима и сушно лето и б) зимското полнење е потпросечно во текот на неколку последователни години. кога истекувањето кон изворите и реките продолжува но: а) влезот е минимален поради меторолошкиот воден дефицит и б) исцрпувањето на подземните води се зголемува. коишто овозможуваат црпење на значајни количества подземни води. Ако водата наиде на непропустлив слој во незаситената зона. Во овие системи малите води најчесто се јавуваат поради зголемено црпење на подземните води. Својствата на почвата (особено структурата и текстурата) влијаат врз способноста за задржување на водата (во незаситената зона) како и на хидрауличката водопропустливост. 2006). Површински води Површински води се сите проточни и непроточни води на површината на земјата. Резервите од вода се исцрпуваат во текот на летото. Површинските води може да се поделат на неподвижни како што се езерата. Нивото на подземната вода вообичаено има сезонски циклус. Како последица на погоре кажаното таканаречената подземна суша се јавува повеќе како резултат на намалени врнежи преку зимата отколку од долги.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА главно по природен пат и со природните процеси (Јовановски М. порите се заполнати со воздух. Доневска К. Но водата од длабоките слоеви не може да стигне до површината и тогаш таа: а) не е достапна за вегетацијата и б) исцрпувањето мора да се врши со пумпи.) каде што движењето е значително. Гапковски Н. Водата може и да се искачува (на кратки растојанија) од водното ниво на подземната вода по капиларен пат.6. а втората е заситена зона каде што целиот расположлив простор е заполнет со вода. Колку е подлабоко во земјата толку и течењето е поспоро. реки и сл. Повторно полнење на подземната вода обично се јавува преку зимата кога има меторолошки воден суфицит и помало исцрпување. а од долната страна со водонепропусни наслаги) и затворена или артеска вода (меѓу две водонепропусни средини). Големината им е различна од сосема мали (бари) до многу големи езера и вештачки акумулации. подземните води обично се задржуваат во средини наречени аквифери. Подземните води во заситената зона можат да се поделат на: слободна или фреатска вода (ограничена од горната страна со слободно водно ниво. Понекогаш подземната вода е важна за одржување на мочуришните еко-системи. Генерално подземното течење е споро. Подземниот систем може да се раздели на две зони..2. ретко преку 10 м/ден а понекогаш и помало од 1 м/година. таа може да се акумулира или да почне да тече надолу во подолните слоеви (но ова количество е минорно). Аквифер е потповршински слој или слоеви на карпи или други геолошки формации со задоволителна порозност и водопропустливост. што значи дека тие се загрозени при недостаток на подземна вода. На некои места сепак досега до површината и се појавува како извор или директно се влева во некој поголем речен ток. Едната е незаситена зона.

слив. нагло топење на снегот или пак комбинација на некои од овие фактори. 21 . како езеро. дури и ако пред почетокот на сезоната биле исполнети до максималното ниво. Таа може да биде составена од постојани и повремени водотеци. степенот на обработеност на земјиштето. но коешто може. Доневска К. Речната мрежа ја сочинува систем од речни корита кои служат за транспортирање на површинските и на подземните води. Ризикот од појава на поплава е првенствена причина за проучување на протокот низ водотеците во студиите за проценка на влијанието врз животната средина. Во физичките својства се вклучуваат: температурата. наводнувањето. нивото на подземните води. Ѓешовска В. водотек. Појавата на зголемување на нивото на водата и протокот во водотеците се нарекува поплава. (Поповска Ц. Поплавниот бран обично е краткотраен. река или канал. гоемината и обликот на сливот и др. а губат значителна количина преку испарувањето. формата на попречниот пресек и неговата површина. Протокот и нивото на водата во водотеците. или дел од водотек. Во случај на ограничен капацитет на коритото доаѓа до нивното излевање надвор од него и поплавување на околината. а хемиските својства зависат од видот и концентрацијата на присатните растворени хемикалии. провидноста. 3. Без дотек од реките само најголемите акумулации се во можност да ги задоволат потребите од вода за време на сувиот летен период.3. а секако тука е и движењето на водата од подземјето кон површината на земјата т. може бргу да пораснат како одговор на појавата на интензивни врнежи. Малите води се сериозен проблем во поглед на одржувањето на еко-системите т. Појавата на поплавите е резултат пред се на поројни и долготрајни дождови. распоредот на реките во речниот слив. присуство на некоја одредена друга материја. А под површинско водно тело подразбираме одделен и значителен елемент на површинска вода. акумулација. како и од рапавината на коритото (или на каналот). во дел од својот тек да тече и под земја. Исто така постојаните води примаат вода и од врнежите. енергетиката и индустријата доколку тоа зависи само од црпењето на водата од реките или акумулациите. Во последно време и малите води се предмет на проучување во студиите за проценка на влијанието на животната средина.. Дефиниции и концепти за квалитет на водата 3..ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА светот се главни водни ресурси. Вовед Квалитетот на водата се однесува на физичките и хемиските својства на површинските и подземните води. но високи нивоа на вода во водотеците е можно да се одржат и во подолг период.е дното на езерото. река или канал. Секако појавата на поплавата зависи и од влажноста на земјиштето пред појавата на дождот. И покрај тоа што има мал хоризонтален истек тие не се статични системи. видот и распространетоста на растителната прекривка. Како последица на ова нивото на водата а) може да се смени во рамките на неколку часа и б) влијае на локалните подземни води и водотеци. боја. Проточното количество во водотекот зависи од подолжниот пад на водотекот (или на каналот). Река е водно тело коешто постојано или повремено тече по површината на земјата. вкус. мирис. Долготрајните суви периоди можат да предизвикаат намалување на водите во реките или дури пресушување особено ако истите имаат природно мал базен проток или пак се подложени на црпење.).е речната екологија како и за водоснабдувањето на населението.3.1. Многу од нив имаат влезни и излезни текови (на пример Охридското Езеро).

фосфати. пестициди) и промени во исталожените материјали. почвата или од карпите. а овозможува течење на водата под мразот и нејзино користење во зимскиот период. Речниот талог може да биде во вид на тиња. Дури и во постојани води. загадувачите се таложат. Влијанијата од објектот врз квалитетот на водата ќе зависат не само од типот на проектот туку и од типот и квалитетот на рецепиентот (река. метали).2. внесување на нови синтетички супстанци (на пр. Оваа особина има извонредно еколошко значење: од една страна го овозможува живот во водата како биотоп и во зимски услови. од страна на загадувачи кои можат да го загрозат здравјето на луѓето или квалитетот на водните екосистеми или копнените екосистеми кои зависат директно од водните екосистеми. езеро. брод. Дифузни извори на загадување. а со понатамошното разладување се формира мраз кој почнува да делува како термички изолатор. биоцидни материи и супстанции и слично). движењето на водата во нив е многу бавно. а нивното влијание се интензивира со тек на време. Поради тоа има големи варијации во присатноста на разни супстанци во природната вода. зрачење и конвекција (струење на ладни и топли слоеви). Талогот може да се движи. груб песок. вклучувајќи и нутриенти. чакал и поголеми камења. но само кога брзината на текот е доволна за придвижување на исталожениот материјал на дното.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Водата во природата никогаш не е чиста. При замрзнувањето на водата се ослободува топлина која ја загрева водата на контактот со мразот успорувајќи го понатамошното замрзнување. Фините суспендирани честици нема да се исталожат на дното освен при многу бавен тек.се широко распространети активности каде што неможе да се идентификува поединечен определив извор (ѓубривата. тињата останува растворена извесно време пред да потоне на дното и да стане талог. На пример реките го носат загадувањето низводно така што загадената вода треба да помине големо растојание за да загадувачите се разградат или да се намали нивната концентрација. 22 . канал. органското ѓубриво. таа секогаш содржи некои растворени хемиски супстанци кои што доаѓаат од атмосферата. Точкасти извори на загадување е стационирана локација или неподвижна постројка од којашто се испуштаат загадувачките материи и супстанции односно поединечен определив извор. Постојаните води како што се барите или езерата имаат наталожено многу нанос. (цевка. Генерално изворите на загадување може да се поделат на два типа: точкасти и дифузни. рудник и слично). Хемискиот состав на водата многу зависи од геологијата и од климата во сливот. 3.3. При повисока и пониска температура густината на водата се намалува што е причина за термичка сепарација во езерата. море). која е важна од еколошки аспект. Реките можат со себе да носат различни материи. пестициди. Човечкото влијание врз квалитетот на водата вклучува промена на концентрацијата на природно присатните хемикалии (на пример нитрати. Променливоста на густината на водата е многу важен абиотички фактор. Како што е познато најголемата густина (1000 кг/м3 има при +4 оC). Разладување на водата се врши со истовремено дејствување на три процеси: испарување. Загадување на водата претставува внесување на материи и супстанции (непосредно или пак посредно) или топлина во водите. На +4 оC конвекцијата се прекратува. Абиотички фактори на водата како животна средина Водата како биотоп ја карактеризираат нејзините физички и хемиски својства и нејзиното движење.

Содржината на кислород во водата е многу важен еколошки фактор кој често се јавува како ограничувачки фактор.37 10.48 содржина (mg3/L) на О 14. Табела 3.95 5.) Тоа значи дека водата најдолго се загрева. Специфичната топлина (количина топлина потребна за загревање на 1 гр за 1 оC) која за вода на +15 оC изнесува 4.16 12.1. а ги зголемува ниските температури.92 9.53 (извор: Ðorđević B. На овој фактор човекот може успешно да делува со соодветно управување на системите: со испуштање на ладна вода од акумулацијата (се испушта вода со посакувана температура со користење на селективни зафати на водата од акумулацијата).ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Температурата на водата е една од клучните еколошки фактори за животот на рибите. Термичкиот капацитет на водата изразен преку специфичната топлина на водата исто така е важен еколошки фактор. бидејќи ги намалува екстремно високите температури.84 8. pH вредноста на водата како биотоп е многу важен еколошки фактор.11 7. Рибите поднесуваат киселост во граница на pH=5-9 и ако постојат видови кои можат да опстанат и на понеповолни услови. челик 0. но затоа при ладење ослободува најголема количина на топлина. 1990. Степенот на заситеност на водата со кислород е обратно пропорционално со нејзината температура.. • Со наводнувањето.24 8. 23 . • Има позитивно влијание врз микро климата покрај големите водни површини.1. глина 0. Содржина на кислород во 1л вода ратворен до заситување при притисок од 1 бар Температура водата во оC на 0 5 10 15 20 25 30 содржина (cm3/L) на О 10.н.187 J. Во табелата 3.15 6. Вредност на pH>10 е смртоносна за сите видови на риби.98 7.50 5. Разните видови на риби различно реагираат на намалената содржина на кислород во водата. При зафаќањето на водата од акумулациите мора да се внимава на топлотните слоеви заради низводната температура на водата како животна средина на рибите. неколку пати е поголема од специфичната топлина на другите материи (воздух 1J.96 7.46J и т. е прикажана содржина на кислород во еден литар слатка вода растворен до заситување при притисок од 1 бар. Таа особина и дава на водата посебно значење: • При системите за ладење (термо електрани и нуклеарни електрани) и системите за греење (топлани).9J. Заради тоа во топлите делови од годината кога температурата на водата во реките може да достигне и 30 оC содржината на кислород во неа често станува ограничувачки еколошки фактор. а со распрскувањето на водата во млазеви кај затварачите се сатурира кислород до заситување. Vodoprivredni sistemi) Водата е релативно сиромашна со кислород и во неа ретко се достигнува состојба на заситеност. во почвата се внесува додатна енергија која благотворно делува на културите.76 8. Од анализите на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (Food and Agriculture Organization of the United Nations) се дадени прегледи за влијанието на pH вредноста врз слатководните риби во Европа.

како што е намалувањето на pH вредноста на водата и отровното дејство на анјоните. Поради турбулентното движење на водата брзите водотеци содржат колемо количество на кислород абсорбиран од атмосферата. пестициди. тешки метали).е ловиштата на риба. метан.2 mg/L). Поголема содржина на некои соли делува како ограничувачки фактор.) исто така се значаен еколошки фактор. Во езерата во летниот период планктонските алги произведуваат интензивно кислород што може да доведе и до сатурација на површинските слоеви. бидејќи се регенерира со разложување на органските материи на дното. Во постојаните води. фенол. при мешањето на слоевите на вода овозможуваат кислородот да пристигне и до најдлабоките делови на езерото. карбонати. Останати токсични материи кои предизвикуваат уништување на рибниот фонд се: амонијак. текстилните фабрики и некои фабрики за преработка на храна можат во голема мера да ја зголемат pH вредноста во водните ресурси што доведува до опасност за живите организми. хлориди и т. бакар. или пак од земјоделски или индустриски влијанија. додека во еутрофните езера на пример Дојранското Езеро го има неколку пати повеќе. Концентрацијата на растворен кислород во водата може многу да влијае на животинскиот свет и комерцијалното риболовство т. сулфурводород итн. Еколошки фактор е и проѕирноста на водата бидејќи од неа зависи процесот на фотосинтеза како и однесувањето на некои водени организми. Посебно малку фосфор има во олиготрофните езера како што е Охридското Езеро во кое има 3-4 mg/m3. Внесувањето на киселините резултира со многу штетни последици. Нивото на кислород природно варира помеѓу водните слоеви. а често и во нивните рамки. Недостиг од кислород може да се јави и од загадување. нивото на кислород варира во опсег од презаситени преку ден до нула преку ноќ. • Низ процесот на фотосинтеза од зелените растенија кои живеат во водата со кој се овозможува да се ослободи кислород. На пример солите на фосфорот и азотот се од примарно значење затоа што овие елементи влегуваат во составот на белковините. Големите водни површини во погорните слоеви имаат поголемо присуство на кислород за разлика од подолните слоеви кои што се далеку од атмосферата и кај кои често се јавува недостиг. Помало количество има во спорите водотеци.н. Меѓутоа до колку во езерото има многу органски материи доаѓа до нивно разградување кое не само што го троши кислородот. 24 .ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Во природата кислородот во водата се внесува на два начини: • Со зафаќање од атмосферата со циркулација на струите и турбуленција на токот. тешки метали. Хлорот кој често се јавува во отпадните води има токсично дејство и при многу мали количини (0. Загадувањето на водата е се поприсатен абиотски фактор од антропогено потекло. воглавно од органска природа и извори како почвата. туку создава и токсични гасови: метан. делува смртоносно за рибниот подмладок и раковите. особено ноќе.1-0. а во комбинација со фенол формира многу токсична материја хлор-фенол која предизвикува помор на рибите. внесувајќи во нив нови количини на кислород. Ниското ниво на кислород може да доведе до зголемено ниво на потенцијално опасни хемикалии (амонијак. Алкалните отпадни води кои ги испуштаат фабриките за преработка на кожа. па нивниот недостаток може да биде ограничувачки фактор. органски материи и др. а во ладниот дел од годината при ладењето на површината тие слоеви богати со кислород се спуштаат кон дното. детергенти. Минералните соли расторени во водата (сулфати.

Спорите водотеци се карактеризираат со мала брзина и повисоки сезонски температурни осцилации. Во овие услови треба да се води грижа за миграцијата на рибите за време на мрестот со изградба на рибни патеки. Се забележуваат следниве длабински зони: • површинскиот слој со длабочина до 15 метри е епилимнион во кој се одвиваат процесите на промена на температурата и турбуленцијата на водата. Планктонски организми скоро нема. Начинот на разграничување на тие слоеви е прикажан на сликата 2. Поголема опасност од променета на хидрауличкиот режим за овие видови на водотеци е загадувањето кое може да доведе до радикално разградување на биоценозата. особеностите на биоценозата се разгледуваат према деловите од водениот ток. Слика 3. Карактеристики на животните заедници во реките и езерата Движењето на водата и нејзината брзина се едни од клучните еколошки фактори. Заради разликите во брзините и содржината на кислород. помала количина на кислород и песокливо-милен состав на дното.3. итн.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 3.3.3. зона на мрени. • под површинскиот слој е слојот наречен металимнион во кој температурата на водата значително се намалува во зависност од длабочината (дури и по 3oC/m) и • на дното е слојот наречен хиполимнион кој содржи ладна вода со најголема густина (најчесто 4 oC). Овој слој добива кислород со сезонското мешање на слоевите. скалила или преводници. Брзите водотеци ги карактеризира ниска температура. мали длабочини и висока содржина на кислород.5. што го условува составот на биоценозата. Разграничување на длабинските зони на езерата 25 . Во нив се развиваат планктони и поголем број на водени растенија. При успорувањето на овие водотеци во голема мера не се менуваат хидрауличките услови и во такви услови опстануваат сите видови на жив свет и биоценозата брзо се доведува до повторна рамнотежа. Доста е прегледна поделбата на реките на зони према доминантните видови на риби кои живеат во нив (зона на пастрмки.) Природните и вештачките езера како поголеми биотопи ги карактеризираат длабински зони. а живиот свет го сочинуваат само организми прилагодени за живот во брзи води.

па затоа водата е скоро заситена со него. До колку во такви екосистеми од надворешната средина влегуваат хранливи материи -нутриенти (со испирање на природни и вештачки ѓубрива од сливот и носење на хумусни материи). потрошувачката на кислород е мала. мрена. Имаат мала органска продукција заради постоењето на малку храна. Количеството на кислород е многу мало дури и на сосема мали длабочини. До колку антропогените влијанија се интензивни и деструктивни. Преоден облик помеѓу олиготрофните и еутрофните езера се мезотрофните езера. Водата е со зеленкаста боја и застапени се риби кои се задоволуваат со мала количина на кислород (црвеноперка. доаѓа до негова интензивна еутрофикација. 3. Овде спаѓаат мочварен тип на езера и езера кои доживеале еутрофикациона деградација. езерата се делат на: • Олиготрофни езера се длабоки. • Вештачките езара се типичен пример за динамички екосистем во кој се одвиваат секундарни сукцесии. Меѓутоа заезерените води како екосистем се се помалку затворени системи. него го нема во доволна количина. белвица). Еутрофикација на езерата Еден затворен езерски екосистем проаѓајќи низ сукцесивните промени ја достигнува рамнотежната фаза со потполна стабилизација на рамнотежата помеѓу биотичките и абиотичките компоненти на системот. вклучувајќи го и физичкото отстранување на исталожените органски материи од дното. Најпрво се по правило олиготрофни.4. Типичен пример е езерото Палиќ. крап).3. Започнува процесот на еутрофикација-стареење на езерата (акумулациите). До колку нема деструктивни антропогени влијанија (загадување. прекумерно внесување на хранливи материи) езерото може низ процесот на сукцесија да достигне климакс со многу разновидна и стабилна биоценоза. посебно во долните слоеви бидејќи се троши за разградување на органските материи кои паѓаат на дното. Во летниот период има голем број на фитопланктони (кои се примарен продуцент во процесот на фотосинтезата) кои произведуваат кислород и зоопланктони (кои се први консументи). Типичен пример за такви езера се Охридското Езеро и Преспанското Езеро. Пример за вакво езеро е Дојранското Езеро. Во овие езера опстануваат биоценози со најголема отпорност и мала потреба од кислород. потопли од олиготрофните езера и богати со органски материи. во крајбрежната зона се развиваат растенија како примарни продуценти па езерото постепено преминува во еутрофно со зголемувањето на видовите и богатството на биоценозата. Во овие езера живеат риби кои бараат повеќе кислород (разни видови на пастрмка.потрошувачи на кислород. Со текот на времето биолошката продуктивност се зголемува. 26 . кој на крајот доведува до одумирање на езерата како воден екосистем. Водата е жолта до кафеава. • Еутрофни езера се релативно плитки. • Дистрофните езера се разликуваат од еутрофните езера по високата количина на хумусна киселина што ја прави водата со pH вредност од 4 до 6.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Према количината на хранливи материи за развој на биоценозата. Заради интензивно мешање на слоевите дури и хиполимнионите слоеви се богати со кислород но и поради фактот дека на дното нема многу органски материи и нема распаѓање на такви материи. прозирни и чисти езера со длабок хиполимнион. таквиот систем станува значително попродуктивен во создавањето на органски материи. има мала прозирност. И покрај тоа што има големо производство на кислород. кое е спасувано со мерки за санација. богати со кислород и со ниска продуктивност.

Поради тоа не се дозволува преголем развој на планктон и алги. го забрзува процесот на еутрофикација до колку не се чисти (таа паѓа на дното каде се распаѓа). па се појавува вишок кој умирајќи паѓа на дното. Во рамнотежните услови масата на алги и планктони се регулира со помош на организми кои се хранат со нив. фотосинтезата е интензивна. завршувајќи го процесот како дистрофно. дури и до 200%. Планктонската еутрофикација. доаѓа до експлозивен развој на планктонот и алгите. а потоа сива боја која ја намалува прозирноста и го оневозможува животот на растенијата бидејќи ја оневозможува нивната фотосинтеза. Со зголемувањето на нутриентите во езерото интензивно се развиваат водените растенија кои интензивно ги трошат нутриентите. што е токсично за рибите и за останатиот жив свет. кои ја чинат водената средина неподнослива за некои поразвиени видови на организми. Еутрофикацијата се јавува во два вида: • бентонска еутрофикација –(бентони-организми кои се врзани за дното). Притоа се создаваат бројни еколошки проблеми: • Во текот на денот алгите низ процесот на фотосинтезата произведуваат кислород. приближувајќи се на тој начин до својата еколошка смрт. потоа во еутрофна. Бентонската еутрофикација го има следниот механизам на развој. Водата во ваквите езера е прозирна. Изумрените растенија при нивното распаѓање го трошат кислородот создавајќи анаеробни услови во долните слоеви на езерото.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Зголемената содржина на нутриенти во езерото доведува до брз развој на фитопланктонот (продуцентите). • планктонска (планктони-организми кои лебдат во водата). тоа преминува постепено во мезотрофна состојба. Адекватна мерка би било физичкото чистење на езерото од растенија. што го оневозможува опстанокот на низа биолошки видови. Создавањето на анаеробни услови во зоната на дното е погодна средина за создавање на отровни гасови. вршејќи при тоа и определено самопречистување на водата. зоопланктонот (првите консументи) и до експлозивен развој на алгите и водените растенија. езерото најнапред добива зелена. Конзументите не можат да го пратат овој развој на алгите. Треба да се истакне дека приобалната вегетација. на пример трската. а содржината на кислород во прифатливи граници. се спречува нивното депонирање и распаѓање на дното и се подобруваат условите за заштита на езерото од процесот на еутрофикација. Доколку езерото било олиготрофно. бидејќи може да се контролира со соодветни мерки. Како што е познато фитопланктонот и алгите произведуваат кислород и на тој начин ја прават средината аеробна. • Во текот на ноќта алгите го трошат кислородот така да неговата концентрација паѓа под минималната дозволена вредност (критичната вредност). за разлика од бентонската. Растенијата кои умираат паѓаат на дното каде се распаѓаат трошејќи го кислородот од тие зони. Затоа до колку се реши проблемот со потполно чистење на овие растенија на крајот од вегетационата сезона. 27 . со што тоа се ослободува од прекумерните органски материи. И покрај сето ова. но има и заштитна улога бидејќи го штити езерото од загадувањето од брегот (ги врзува полутантите). ова е поволен облик на еутрофикација. Меѓутоа до колку се зголеми количината на нутриентите. Водените растенија со своето физичко присаство го намалуваат квалитетот на ваквите води за рекреација како и опстанокот на некои видови на риби. се одликува со брз развој на планктонски организми и алги. кој може да помине и во суперсатурација.

бидејќи вклучува размислување за процесот на еутрофикација уште при изборот на положбата и големината на акумулацијата во фазата на планирање. Слика 3. Единствена ефикасна борба против еутрофикацијата на езерата е спречувањето на причините за настанувањето на овој феномен. со ставање под посебен режим на заштита на возводните делови на сливот и пречистување на отпадните води. продукција на сулфурводород. Овој вид на еутрофикација е неповолен затоа што не може да се делува со чистење на самото езеро како во првиот случај. метан. но многу брзо се изразуваат и водостопанските последици: водата добива непријатен мирис и вкус што наложува нејзин дополнителен третман.4. Еколошките последици на планктонската еутрофикција се јасни: забрзано стареење и деградација на езерото како воден екосистем. Објаснение на постанокот на еутрофикацијата на езерата Првата мерка е многу важна. • Се зголемува pH на водата. Некои алги испуштаат отровни материи кои се штетни за рибите и произведуваат материи кои и даваат на водата мирис и вкус. што го зголемува токсичното делување на амонијакот. редукција и растворање на металите и др. • намалување на влезот на нутриенти во природните и вештачките езера. со цел да се ограничи развојот на алгите и водните растенија. бидејќи тие се многу погодни за развој на растенија и интензивирање на 28 . каде бактериски се разложуваат во аеробни и анаеробни услови што доведува до потрошувачка на кислородот.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА • Изумрените алги паѓаат на дното на езерото. Некои од најважните мерки се: • избегнување на лоцирање на акумулации на простори кои се погодни за појавата на еутрофикација (со пространи и плитки зони). Мора да се избегнува плавење на широки делови со тенки слоеви на вода. • мерки во самото езеро.

Бидејќи органската материја на алгите е составена најмногу од јаглерод. Термално загадување Слатководните системи имаат свои температурни режими. се оди на радикално потопување на возводните полиња. водород.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА процесите на еутрофикација. а воедно е регулатор на фотосинтезата. На неговото ограничување тешко може да се влијае (иако е пожелно ограничување на неговото внесување од сливот). Заштитата на езерото била возможна благодарејќи на малиот доток во езерото (годишен доток од 40 до 60 милиони м3 вода). бидејќи големи количини на фосфати влегувале од земјоделските површини кои се наоѓале во возводниот дел на токот.3. кислород. Останува фосфорот како основен елемент на фотосинтезата со чие лимитирање може значително да се влијае на процесот на контролата на примарната продукција во езерата. додека јаглеродот не може да го лимитира процесот на еутрофикација бидејќи постојано се обновува од атмосферата. Азотот во облик на аминокиселини учествува во изградбата на белковините. Во колку таа запремина е недоволна како потребна корисна запремина на акумулацијата.5. Работите во самото езеро се помалку ефикасни во борбата против еутрофикацијата. и може да доведат до недостиг од кислород затоа што: а) се зголемува потрошувачката низ дишењето на животните и микробите и б) го намалуваат количеството на растворениот кислород задржан во водата. Со одведување и пречистување на отпадни води се овозможува оздравување на бројни езера во светот. Карактеристичен пример е езерото Vahnbach во Германија каде било потребно да се пречистат сите води кои дотекуваат во езерото. Еутрофикацијата на езерото не можела да се спречи само со пречистување на отпадните води од населбите и индустријата. Согласно законот на минимумот ова би делувало ограничувачки на примарната продукција во екосистемот. Во случај на одржување на концентрацијата на фосфорот под оваа вредност езерата може да се одржуваат во олиготрофна состојба. претставува гранична вредност над која се интензивираат фотосинтетските активности. Тоа воедно значи дека со контролата на влезот на фосфорот од сливното подрачје може да се “излечат” и оние езера кај кои процесот на еутрофикација е веќе започнат. 29 . Во некои случаи се одржува вертикална циркулација во езерото по вештачки пат (внесување на воздух) со што алгите се доведуваат во подлабоките темни слоеви и се успорува нивниот развој и езерото се одржува во мезотрофна состојба. а животинските видови се имаат прилагодено на нив. Главен извор на термичко загадување се термоелектраните. Во таквите топографски околности. па затоа на процесот на еутрофикација тешко може да се влијае преку азотот. Високите температури може директно да влијаат врз животинските заедници. Изграден е предрезервоар од кој водата се пумпа во станицата за пречистување и потоа се испушта во езерото. Од спомнатите елементи може да се има какво било влијание само на билансот на азотот и фосфорот. од аспект на заштита на акумулацијата поволно е ако се остане во границите на длабоките кањони. азот и фосфор. Намалување на влезот на нутриенти во природните и вештачките езера е најефикасната мерка за заштита на езерата од еутрофикационото деградирање. На тој начин ова езеро со запремнина од 41 милион м3 успешно е вратено од еутрофна во олиготрофна состојба. 3. Истражувањата покажуваат дека концентрацијата од 10 mg/l фосфор во водата. логично е да контролата на продукцијата на тие материи води кон ограничувањето на внесот на тие елементи во езерото.

нитрати и пестициди.3. микро органски и останати штетни хемикалии Загадувањето на водата со овие хемикалии во најголем дел се должи на хаварии од индустриски објекти и од разни извори коишто се тешки за контролирање како на пример слевање на вода од патишта и урбани или земјоделски површини. како и да нанесе штета на размножувањето на рибите кои ја полагаат својата икра врз или пак во него. но и не мора токсично да влијаат врз организмите. Овие хемикалии може. На пример. доведе до закиселување на некои водни тела. 3. Ова се одразува во промена на физиологијата (хормонални пореметувања). проценето е дека помеѓу 20 000 и 70 000 состојки се во општа употреба денеска. Органската материја често ја прочистува водата од метали врзувајќи се со нив. однесувањето и репродукцијата. Наносот од еродирана почва или пак од отпадната вода може да содржи многу органски материи. како и во денешниот период. тие може да бидат токсични над одредена критична концентрација. па затоа дозволеното ниво е поголемо кај водата за пиење отколку кај водата за рибарење.6. Металите се најтоксични кога се растворени. неурбани средини или градилишта. а на местата каде што сливот е урбанизиран или пак е во зона каде се одвива интензивно земјоделско производство. а понерастворливи при таканречена тврда вода (со високо присуство на калциум и со висока pН вредност). Со ова слатководните системи и ловиштата на риба може да бидат сериозно загрозени. Многу слатководни системи имаат природно ниска pН вредност. Може дури и да го спречи протокот помеѓу подземните води и дното. На овие системи не треба да се гледа како на системи со лош квалитет на водата иако тие не овозможуваат некои комерцијални активности како на пример рибарење. каде што условно е заробен и претставува потенцијална штета за екосистемите.7. може да содржи високо ниво на фосфати. најзагрижувачко е присуството на алуминиум. но од друга страна пак при тој процес можат да се ослободат други метали кои би останале нерастворени. Од групата на метали. Метали. а нивната растворливост е поврзана со pН вредноста на водата. цинкот не е токсичен за луѓето но е исклучително токсичен за рибите.8. Покрај природните токсини.3. Важна група се микро органските соединенија во кои се вклучуваат и пестицидите.е. Нанос Наносот може да се смета како загадувач во следниве случаи: кога е присатен во неприродно големо количество или пак е загаден со хемикалии.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 3.3. т. Неодамнешните истражувања покажуваат дека многу хемикалии се штетни и во дози значително помали од оние кои предизвикуваат смрт како и под дозволените законски ограничувања. 3. а воедно и зголемување на киселоста на некои водни тела кои биле приридно кисели. Закиселување на водите pН вредноста на природната вода варира и може значително да се менува како дневно така и сезонски. Исклучително големо количество на нанос може да се создаде од земјоделското земјиште. Токсичноста на металите варира за различните животински видови. хром и тешки метали во слатката вода. 30 . Сепак испуштањето на киселини во минатото. Порастворливи се при ниски pН вредности. Ниската pН вредност влијае директно врз многу слатководни животни. но главното влијание е зголемувањето на растворање на токсични материи како на пример алуминиумот. Влијанието од загадениот нанос може да биде многу значајно за езерата и барите. Вообичаено тие се присатни во мали количества или како што е случај со алуминиумот најчесто се во сврзани.

Повеќето од хидролошките променливи се проучуваат за определено сливно подрачје.е точка во сливот и се прецизни ако се извршат за мала површина која што ни е од посебен интерес.3. издашноста на исцрпената вода. како и на количеството на површинските води. Податоци за врнежите може да се користат од најблиската метеоролошка станица.9. Главниот извор на виралните патогени се фекалиите кои што се транспортираат низ канализацијата. потребно е да се обезбедат податоци за нивната големина 31 . врнежите. евапотранспирацијата. Податоците за евапотранспирацијата многу често се добиваат со примена на емпириски методи за нивно пресметување. Основни проучувањa за водниот квантитет Проучувањето на водното количество наложува да се спроведат анализи за сливното подрачје.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Маслата често доаѓаат до слатката вода преку миење на улиците. За да се процени ранливоста на езерата и акумулациите на промени во истекувањето или црпењето на вода.10. бактериите и протозоните (микроскопски животни). Тие истотака содржат многу штетни хемикалии. инфилтрацијата. статичката резерва и динамичката резерва на подземната вода. подземните води. површинското истекување. на загадувачите им е потребно долго време за природно да се разблажат. 3. 3. Маслата може да ја прекријат водната површина и со тоа да ја намалат размената на кислородот. Не е практично да се вршат директни теренски мерења на големи површини. Поради спорото движење на подземните води. индустриските капацитети и пловните превозни средства. користејќи ги локалните климатски и метеоролошки податоци. 3. почви и покривка на земјиштето (вклучувајќи постојани води. Затоа е потребно да се соберат податоци за карактеристиките на сливот и тоа: а) главните карактеристики на сливот (границите. Од аспект на подземните води се мерат нивото на подземната вода. Пречистувањето често е доста скапо или невозможно и затоа од особена важност е да се води сметка за превенцијата од загадување на подземните води. Значи генерално подземната вода е почиста од површинската и скоро воопшто не е е потребно нејзино пречистување пред употреба. површината ) и б) останати аспекти како геоморфологија (особено падовите). Патогени Најпознати категории на човечки патогени во слатките води се: вирусите. Мерењата на инфилтрацијата може да се вршат на определено место т. и длабоката подземна вода може да остане загадена со векови или дури и милениуми. вегетација и слично). Загадување на подземните води Порозните карпи ја филтрираат подземната вода. Загадувањето доаѓа од урбани и рурални извори.4. Испарувањето од слободна водна површина и од површината на почвата вообичаено се мери во хидрометоролошките станици.3. Постојат повеќе потенцијални извори на бактерии и протозони бидејќи тие бараат помалку специфични услови за развој. геологија. Сепак хемикалиите не се отстрануваат во целост и со право постои зголемена загриженост околу нивното загадување.

машински згради. стотици микроорганизми) • Хемиската состојба на примерокот важи само за времето кога е земен Биолошките методи користат живи организми како индиректен метод за мерење на квалитетот на водата. како и на малите води. За потоците и реките важно е познавањето на протокот во подолг временски период бидејќи тој е важен параметар од аспект на водоснабдување на населението и индустријата. • испитувањата често ќе откријат мрежен ефект на еден или повеќе (често непознати) загадувачи и • испитувањата може да се користат за долгорочна проценка на квалитетот на животната средина. Проценката на квалитетот само со хемиски методи има три главни недостатоци: • Има многу можни загадувачи и секој треба да се испитува т. Со двата вида на испитување може да се определет само некои параметри (што ни се потребни) или пак целиот опсег на параметри т. 32 .н. 3.) просторно да се решат.Основни студии за квалитетот на водата Квалитетот на водата може да се определи со помош на хемиски и биолошки методи. Вообичаено. фосфати итн.е загадувањето. затворачи. елевација.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА (површина. кислород. сливното подрачје. податоците за протокот на реките се добиваат со мерење и можат да се добијат од хидрометоролошките станици. архитектонски и хортикултурно да се обработат со цел најскладно да се вклопат во амбиентот. и т. но има три главни предности: • испитувањата на живи организми е најдиректен начин за оценка на статусот на екосистемот. на пример да се откријат загадувачи кои само повремено може да се појават иако во моментот на анализата тие не се присатни. Од особена важност е познавањето на големите води. опсег и варијабилност на водното ниво. контролата на загадувањето. ризикот и заштитата од поплави. Повеќето групи на слатководни организми се употребуваат како индикатори за квалитетот на водата т.е анализира посебно • Набљудувањето на многу од загадувачите е тешко и скапо (на пр.5. Предноста на овие методи им е во тоа што овозможуваат споредба со стандардите и се единствени за проценка на квалитетот на подземните води (освен некои микробиолошки методи). 3.6 Адекватни мерки за складно вклопување на објектите во животната средина Во продолжение ќе се задржиме само на некои од најчестите мерки за складно вклопување на објектите во животната средина. проектирањето на мостови итн.). Недостатокот на оваа метода е невозможноста за откривање односно определување на точниот загадувач на системот. Добро проектираните објекти мора како краен резултат да ја подобрат општата состојба на животната средина. длабочина.е варијабили. Некои од мерките кои треба да се превземат за подобро вклопување на водостопанските системи во животната средина се следните:  Сите објекти на системот (брани. зафатнина). режимот на полнење и празнење. При употребата на хемиски методи се користат проби на вода за определување на хемиски карактеристики (нитрати.

Внимателно да се исчисти зоната на акумулацијата пред нејзиното полнење. од аспект на нарушување на еколошката рамнотежа и осиромашување на разновидноста на биоценозата. порибување и т.) да се изведуваат само после изработката на детални еколошки студии. длабинска поставеност. а во мал број на случаи каде е тоа возможно да се обезбедат посебни мрестилишта и систематско донесување на рибен младеж. Пропусната моќ мора да да биде доволна за да може да се изврши празнење на акумулацијата заради поефикасна трансформација на брановите на големата вода.  Сите биолошки интервенции во системот (пошумување. а самите затворачи мораат да бидат регулациони.  Кај акумалациите пожелно да се одржува котата на водата на повисоко ниво посебно во топлиот дел од годината (од аспект на развој на туризам и рекреација). Слични. Досегашната практика укажува дека не се водело грижа за ова прашање. за да се избегнат подоцнежните негативни ефекти на квалитетот на водата.  Во големите системи да се предвидат шумски заштитни коридори кои животните ги користат за миграција и симнување до водата. за време на експлоатацијата да се следи развојот и однесувањето на целиот екосистем.  Во склад со деталните ихтиолошки студии да се изврши порибување на новата акумулација.н. туристички и еколошки цели.н. притоа да се интервенира со нови порибувања и други мерки како би се обезбедило правилен развој и минување низ соодветните сукцесии на новиот екосистем. за да се спречи заполнувањето со нанос на акумулациите и на најсоодветен начин да се изврши конзервација на земјиштето.  Динамиката на првото полнење на акумулацијата да се прилагоди на еколошките барања. и т. а на тие места да се обезбедат поволни стрмнини за несметано симнување на животните до водата. вид на затворач.  Со антиерозивна заштита на сливот да се опфатат сите загрозени површини. рибни преводници и преносници). така да со нив може да се управува (со пумпни станици и дренажни системи кои дозволуваат доволно прецизно управување со подземните води). заради испуштање на биолошкиот минимум.) да се во склад со еколошките барања.  Во состав на браната треба да се предвидат објекти за премин на рибите (рибни патеки.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА  Позајмиштата на материјалот да се лоцираат на оние места кои ќе бидат потопени. Во колку постои можност потребно е тие места да се обликуваат или пак да се залечат со биолошки мерки. Посебно е важно и деталното изучување на ланците на исхрана. Кај подолги каналски доводи да се предвидат шумски оази од двете страни на каналот за несметано преминување на препреката.  Промената на режимот на подземните води во зоната на ниските приобални места да се контролира со систем на одводнување. Системот за одводнување на најприкладен начин да се вклопи во околината и да се прилагоди на останатите водостопански. Покасно. со цел да некоја невешта интервенција не наруши некоја веќе воспоставена пожелна еколошка рамнотежа. во согалсност со деталните ихтиолошки истажувања. добро лоцирани и со различни видови насадени шуми во близина на езерата и 33 .  Диспозиција на темелните испусти (пропусна моќ. Истите да се решат на таков начин.

Со изградбата на градежните објекти е потребно да не се загрози ниту еден ендемичен вид. кој по правило може да овозможи подобри услови за живот на поширок спектар на нови видови.) оплеменување на екосистемот. доплонително пошумување со нови насади. тетреби и т. од аспект на складно функционирање и естетско вклопување во урбаната средина. дотолку е поуспешна од аспект на заштита на животната средина. низводно. туку да се оди на естетски поубави решенија кои складно се вклопуваат во зелените површини покрај водните територии. Ако некои видови неможат да опстанат во новите услови треба внимателно да се истражат сите параметри и да им се создадат услови за живот негде возводно. 34 . па до конзументи од повисоко ниво (грабливци). Со претворањето на реката во езеро се создава нов биотоп. зголемувајќи ја пред се неговата разновидност. овозможува несметан еколошки развој и зголемување на бројноста и разновидноста на биоценозата. Да се избегнуваат конструкции со многу бетон или камен. воведување на нови видови на животни: елени.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА водотеците. како основен показател за тоа дали се добри сите човекови интервенции во просторот. При тоа важи правилото при регулацијата на водните текови дека доколку регулацијата на реката е помалку видлива. Со постојана контрола на развојот на новиот екосистем и споредување со прогнозираните сукцесивни промени со активните мерки (дополнително порибување.  Сите хидротехнички објекти во зоната на населено место треба посебно и внимателно да се планираат. муфлони. на некои притоки. преку примарните конзументи – фитофаги од разни еколошки нивоа.н. во одбрани резервати. Тие мерки на постојано пратење на сукцесиите во екосистемот имаат за цел да ги ускладат односите на целиот ланец на исхрана – од примарните продуценти.

Со неговото населување пред се со растителни. Вовед Многу е напишано за значењето и влијанието на геологијата и почвата врз човекот и општо врз развитокот на цивилизацијата. во кои навлегува или вода или воздух.н. Водата подолго се задржува во малите капиларни каналчиња. Од аспект на животната средина и нејзиното зачувување почвата се идентификува како еден од главните рецептори на влијанијата од развојот поради што како неопходна се наметнува потребата од нејзино адекватно осознавање и вреднување. а во зависност од нивната количина и соодносот со минералните честици се создале и различни типови на почви. 35 . Таа е компонента/подсистем на екосистемот на Земјата. Одбегнувањето на поголеми негативни влијанија од објектите врз почвата во крајна линија го заштитува целиот екосистем од деградација. Потребно е да се потенцира дека тие се помалку нагласени поради релативно ограничените можности на човекот да влијае на подпочвените слоеви во длабина во поголема мера.1. дрво текстил итн. ПОЧВАТА КАКО ЖИВОТНА СРЕДИНА 4. калиум. на површината постојано се таложеле мртви органски материи од отпаднати листови гранчиња. Водата е важна по тоа што во неа се одвиваат сите физичко-хемиски процеси. како што се различните трансформации на материите. со што помеѓу честичките се создава еден систем од поврзани каналчиња и празнини. но значително помалку е третирана проблематиката на антропогените влијанија врз почвата и геологијата како дел од животната средина. карбонати. Цврстите честици во почвите можат да бидат многу блиску поставени или да се допираат само со одделни делови. Од хуман аспект почвата е основа за земјоделско и шумско производство на храна. а потоа навлегува свеж воздух со повеќе О2. и животна средина за фауната. Поради тоа во ова поглавје се обработени почвата. а со тоа и на антропогените влијанија врз истите. обезбедувајќи плодна средина за флората. аерација. Познавањето на локалните услови на средината би било нецелосно во колку не се обрне внимание на геологијата на подпочвените слоеви во длабина. т. Почвата се дефинира како горен слој на површината на земјата во рамките на биосферата. магнезиум. зависно од конфигурацијата на теренот. геолошките и геоморфолошките аспекти кои на имплицитен или пак на ескплицитен начин можат да бидат инволвирани во влијанието врз екосистемите. плодови од растенијата. како и лешини и измет од животните.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 4. Со раздробување и хемиско изменување на овие материи се добиле органски честици кои се измешале со минералните честици. понирајќи во длабочина. кој може да биде потенок или многу длабок. додека во пошироките и поголемите празнини водата воглавно протекува по обилни дождови. сулфати и хлориди на елементите натриум. во неа се растворуваат минералните материи кои во прв ред се значајни за исхраната на растенијата. Од минерлните материи најзначајни се нитрати. што е многу значајно за живиот свет населен во почвата. а потоа и со животниски видови. бидејќи со понирањето водата го истиснува воздухот од почвата кој е богат со СО2. фосфати. а преку нив и за другите живи облици. калциум и железо. Почвата настанала со раздробување на карпите од земјината кора и на тој начин се создал еден растресит слој од минерални честици на нејзината површина. На тој начин се врши и проветрување на почвата.

Во Република Македонија ерозијата на почвата е доминантен вид на почвена деградација. и други автори. во одделните области и разградувањето на органските материи протекува со различна брзина: при повисоки температури и поволна влажност брзината на одвивањето на процесите е поголема. Почвата 1 е хетерогена. Разликите произлегуваат од тоа што на површината на почвата постојано се таложи мртов органски материјал. Главни закани за нарушување на здравата состојба на почвата се ерозијата. поредени во вертикална насока. намалување на неговата површина. Значаен дел од ерозивните наноси се појавуваат во природните езера и во акумулациите. што предизвикува сериозни социо-економски последици. псевдоглејни. рендѕини. со кој што е потребно да се упарвува интегрирано. кафеави почви на варовници и доломит. рендѕини на тврди варовници доломити. кој веќе претрпел механички и хемиски промени.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Структурна одлика на секоја почва претставува и нејзината внатрешна морфологија.н. како и несоодветната практика на земјоделската обработка и управувањето со пасиштата. регосоли. кафеави подзолни почви. алувијални почви. придонеле за висока стапка на ерозивни процеси. засолувањето. испостување на почвата и друго. 36 . постојат и други видови на физичко-механичка деградација. црвени почви. контаминација и деградација на почвата преку активностите во земјоделството и шумарството. а пред се ја определува брзината на процесите на измени и минерализација на органските материи. глејни почви. трестни почви (хистозоли). Почвата претставува мошне чувствителен медиум и важен природен и економски ресурс особено за секторите земјоделство и шумарство. хромни камбисоли. но и за економијата и напредокот на општеството во целост. вертисоли. Почвата има бројни еколошки функции кои што се од суштинско значење за заштитата на животната средина. флувијални ливадски почви. 2 Годишната загуба на почва претставува годишна загуба на обработлив слој на почвата со длабочина од 20мм на површина од 8 500 хектари.5% од целокупната површина се подложени на процеси на ерозија. секоја година се губат 17 000 000 м3 почва. отколку при пониски температури. 96. Процесите на водената ерозија се најдоминантни и според Извештајот на Европската агенција за животна средина. Природните услови. локалното и дифузното загадување.2 Економските загуби поврзани со последиците од ерозијата се големи. ранкери. Во различните климатски области топлината се добива во различни количини. а самото загревање на почвата се случува преку површинските почвени слоеви. колувијални почви. Од друга страна и температурата се јавува како фактор кој влијае на промените во почвата. бидејќи почвата се состои од слоеви со различни одлики. така што во секој слој преобразбата на материјата е поинаква. која најдобро се забележува преку почвениот профил. инфекција со патогени организми и друго. слатини и солонетц (солени почви). покривајќи го претходно наталожениот. хидроморфни срни почви. кафеави шумски почви. ареносоли. почвени типови се: литосоли. кои што можат да резултираат со конверзија на продуктивната во непродуктивна почва. како и обесшумувањето што било присутно во минатото. Врз неа дејствуваат различни видови влијанија како што се: уништување на земјиштето. Со други зборови. или меризирани почви. 1 Според класификацијата на Скориќ А. Исто така. црно земи. а промените се забележливи на многу мали растојанија. Според Картата на ерозија на Република Македонија. Република Македонија е рангирана во т. Влијанијата врз почвата кои ги предизвикуваат човечките активности постојано се зголемуваат и водат кон деградација и опустинување на земјиштето. „црвена зона на водена ерозија во Европа”.

индустрискиот и опасниот отпад. влијанијата се разгледуваат во однос на најгорниот слој од површината на теренот кој се нарекува почва. Можни се следните варијанти: • Фактори кои предизвикуваат позитивно влијание врз развојот и состојбата на општеството (минерални суровини. кога се третираат проблеми на заштита на животната средина.н. земјотреси и друго). 37 . геолошки добра и вредности во најширок смисол (слика 4. особено во сушните региони. одрони. тешки метали и нафта. овој тип на почвена деградација е незначителен.1 Основни елементи на геолошкиот потенцијал (Јовановски М. Постои веројатност од загадување на почвата како резултат од употребата на ѓубрива. Постојат 11 000 хектари природно солени почви лоцирани во најсушниот регион Овче Поле.1).. води кон зголемен ризик од засолување. Значајно е да се напомене загадувањето од комуналниот. Во општ случај. можностите кои ги поседува природната геолошка средина се нарекуваат геолошки потенцијал. 2006) Ако се има предвид ваквата поставеност.. Под овој поим се вклучуваат сите варијанти и можности за оптимално и рационално користење на т. подземни води. Најчесто.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Како последица на климатските услови и други фактори поврзани со закиселувањето на почвата. Карактеристиките на природната геолошка средина (теренот) се многу значајна алка при анализа на влијанијата на градежните објекти или инженерските интервенции врз екосистемот. Гапковски Н. кои на имплицитен или експлицитен начин може да бидат инволвирани во влијанијата врз екосистемот. Факт е дека наводнувањето. неопходно е познавање на голем дел геолошки и геоморфолошки аспекти. со оглед дека ситe влијанија од објектите најбрзо се чувствуваат точно во таа зона. но не постои востановен постојан и долгорочен систем за мониторинг на почвата. Јасно е дека користењето на геолошкиот потенцијал е неизбежно поврзан со одредена интервенција во природната средина. присуство на поволни услови за градба и др). пестициди. Слика 4. органски загадувачки материи. Во голем број случаи тоа е и оправдано. Антропогените влијанија може да предзивикаат позитивни но и негативни влијанија врз околината. • Фактори кои може да предзивикаат негативно влијание врз средината и материјалните добра (појави на свлечишта.

честите појави на свлекување. поплави. од геолошките и хидрогеолошките услови во склоп на теренот. додека загубите на материјалните добра од друг карактер многу тешко се проценуваат. Магнитудата и зачестеноста на сите овие појави. Општи дефиниции за геологија и геоморфологија Геологијата е комплексна природна наука ја проучува Земјата од аспект на нејзиниот постанок. На пример. Во вакви случаи. според Burton и др. Тие имаат не само научна. заштита и конзервација на геолошките реткости како ретките минерали и фосили. (1978). а во комбинација со хидролошките елементи или инженерските интервенции може да претставуваат многу лимитирачки фактор за развој на општеството и реална опасност кон природната околина. геоморфологијата ги вклучува влијанијата на геолошките и почвените услови на теренот. 38 . историскиот развиток на Земјината кора и сите процеси кои се одвивале и се одвиваат во нејзината внатрешност и на нејзината површина. загадување на подземни води и почва. структура. Покрај останатите аспекти. состав. механиката на почвите итн. 4. Голем дел од геоеколошките аспекти се поврзани со зачувување. Афирмативната страна на користење на геолошкиот потенцијал подразбира преземање на сите неопходни мерки за заштита на средината.3). акумулативните процеси од реките и водените системи.2. материјални и човечки загуби. како и проучување на морфологијата на нестабилните терени. Во одредени случаи. детални истражувања и изработка на проектна документација со која се дефинираат оптималните услови за валоризација на геолошките добра и вредности. се проценува дека на годишно ниво има дури и до 250 000 човечки жртви. посебно кај карстните терени. морфолошките услови на теренот се ограничувачки фактор за употреба на замјиштето. туку и културна вредност. ерозија од различен карактер. Од друга страна. земјотреси. Таа има допирни точки со низа науки како инженерската геологија. Генерално. се применуваат и геохемиските и геофизички методи на истражување на теренот. неконтролирано депонирање на отпад со различен карактер.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА • Фактори кои при некоректна техногена активност може да предизвикаат значајни штети и проблеми (неконтролирана рударска активност. но може да се искористат и како туристичка атракција (слика 4.2 и 4. Геоморфологија е наука која го проучува релјефот на површината на Земјата и условите за негов постанок. Со еден збор. рушење на објекти заради градба врз терени со неповолни геолошки и геотехнички карактеристики и вештачко иницирање на рушење на природната геолошка средина и објектите). одронување. вулканската активност и други ефекти предизвикуваат огромни загуби на геолошките потенцијали. во денешно време. геологијата има значајна улога има и при решавање на условите за заштита на животната а делот кој се занимава со проблеми на заштита на животната средина се нарекува геоекологија. во голема мера зависи можноста и магнитудата за загадување на средината. Геоморфолошките истражувања се често насочени кон многу значајни аспекти на заштита на средината како еродибилноста на теренот. на еден или друг начин се многу зависни од геолошките предуслови. Подлабоките нивоа на Земјината кора исто така можат да бидат под влијание од инженерските интервенции.

Имено. Кавадарци (фото Б. Во денешно време се смета како еден од најопасните природни хазарди. Н.3. Пехчевско (фото Б.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Слика 4. седиментни или метаморфни карпи. Маркоски) 4.3 Интензивно еродиран терен (bad lands) во плиоценски наслаги од околина на с. Маркоски) Треба да се нагласи дека изучувањето на ерозијата е едно од најзначајните аспекти при заштита на природната средина. со распаѓање и преталожување на карпите се 39 . заради процесот на опустинување на огромни предели. Слика 4.Истевник. Општи карактеристики на почвата Основни поделби на почвите од педолошки аспект Најгорните зони од Земјината кора се обично изменетите делови од матичните магматски. настанати со влијанија на современите егзогени геолошки процеси.2 Живописни геоморфолошки форми во туфови во вид на столбови (куклици) како продукт на комбинирано дејство на површинска и ветрова ерозија од околина на Конопиште.

Главно.06 мм • Глина. со што се прави разлика од земјоделската обработлива почва. главно се користат класификации според терминологија која се употребува во педологијата како наука која се занимава со проучување на најгорната зона од земјината кора. Видот на органската материја на најгорниот слој (анг. Почвените профили вообичаено се составени од повеќе слоеви. делувијални. при што се ствараат покисели почви. односно можноста за развој на конкретните вегетациони типови по региони. со димензии на минерални честички под 0. Посебно е значајно да се напомене дека од тоа зависи и способноста за задржување на природна влага во почвата.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА формира горниот растресит покривач во вид на елувијални. кои се процентуално застапени околу 45% од вкупниот волумен • органска материја со околу 5% од вкупниот волумен • почвена вода со околу 25% од вкупниот волумен • воздух со 5% од вкупниот волумен Органската материја настанува со декомпозиција (распаѓање) на вегетацијата. Неорганските делови (минералните зрна) се делат според нивната големина најчесто на следен начин: • Чакалести почви со димензии на минерални зрна поголеми од 2 мм • Песокливи почви со димензии помеѓу 0. При третирање на проблеми на заштита на животната средина. Генерално. органските делови се распаѓаат поцелосно и формираат површинска зона која обично се нарекува хумус. при што од конкретниот процентуален сооднос на одделните фракции зависат низа физички и механичкки својства на почвата.002 до 0. Вообичаено. земјоделските почви содржат од 2-6% органска материја. најгорниот дел од теренот се нарекува почва. Во педологијата почвените слоеви се делат на: • почвен покривач (горна зона или topsoil) • подпочвени слоеви (основна карпа или subsoil) 40 . а секој одделен слој се нарекува хоризонт.06 до 2 мм • Прашинести почви со димензии помеѓу 0.topsoil) зависи од останатите услови на природната средина. Најчесто. Во региони со повисока температура. Во инженерството (градежништвото) е вообичаено под поим карпа да се подразбираат само цврсто сврзаните карпи.002 мм Вообичаено се јавуваат разни преоди меѓу основните почвени видови. Типичните минерални почви обично ја имаат следната градба: • минерални честички настанати со распаѓање на основните карпи. почвите се делат на минерални и органски почви. Овие карактеристики се од големо значење за можноста за загадување на средината и транспорт на евентуалните загадувачи. глацијални и други видови на седиментни карпи. како и водопропустноста. во ладните и влажни предели органската материја се распаѓа побавно. додека слабоврзаните и неврзаните материјали се именуваат како градежна почва. алувијални.

41 . Елувиумот настанува со распаѓање и испирање на органските и неорганските делови во подрачја со значајни атмосферски врнежи во т. Одредени земји во Европската Унија исто така имаат развиено свои класификациони системи.4 Типичен пресек на збогатена почва од тип на т.F. настанува обратен процес. При инфилтрација на атмосферските падавини. Хоризонтите А и Е се нарекуваат елувијални горни зони на почвата. така што најгорните делови се осиромашени со корисните состојки за развој на вегетацијата. многу кисела Зона Bh-Црна иловача. богата со железо. Со оглед дека скоро кај сите почви свое влијание има оставено човековата активност. 1990). илувијалниот хоризонт обично е застапен во највисоките зони од теренот. евапотранспирацијата е поизразена и корисните соли се концентиртаат во погорните зони од теренот. песок. бидејќи во таквите подрачја. кои се карактеристични за северните предели на Европа.5. а се ствараат во услови на ладна и влажна клима. богата со железо Зони C. Илувијалните хоризонти кои се збогатени со соли се формираат во подолните делови од почвата.4 и 9. man-made soils). како и според критериуми на FAO-UNESCO системите. Имено. Во аридните (сувите) климатски подрачја. посебно заради дејството на ерозијата. Во светот постојат низа класификации на почвите како систем кој се користи во Британија (според Avery. најчесто се користи Британската терминологија. обично цементирана Зона Bs-Портокалово-кафеава илувијална почва.н хумидни климатски подрачја.4). но од друга страна се многу значајни во шумарството. понатаму според такнсономски систем во САД (US Soil Taxonomy System). богата со хумус Зона Bfe-Портокалова иловача. каде се дефинирани следните почвени типови: Поздоли (слика 4. Треба да се нагласи дека некој од прикажаните хоризонти може да отсуствува од најразлични причини.5.H-Кисели органски присуство на хумусна материја почви со слабо Зона А-Мешана зона на органски и минерален хоризонт Зона Еа-Елувијална распадната зона збогатена со железо.Основна карпа. класификација на почвите од педолошки аспект. и најчесто се покриени со хумусен материјал. Овие почви се обично доста кисели со вредност pH=3-4. чакал или песочник Слика 4. Avery (1990) воведува и термин вештачки створена почва (анг. растворените материи се таложат во подолните зони на почвата.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Илустрација на различни почвени профили е дадена на сликите 9. Слабо се употребуваат во земјоделието.н. Од аспект на заштита на средината.н хумусно богат подзол Типот на почвен профил е основа за т. Зони L. Најдобро се развиваат врз песокливо-чакалести водопропустни почви.

5-8. peat soils) се релативно поретко застапени. Се стараат во региони каде има слаба застапеност на кислород во близина на водени површини.5 Типичен пресек на кисела кафеава почва (brown soil) Кафеавите почви (brown soils) генерално се развиваат во потопли и посуви услови во споредба со подзолите.F-Органски слој со добро развиен хумус Зони А-Мешана зона на органски и минерални почви (кисела зона) Зона А/B-Транзитна зона Зони B-Распаднат хоризнот со мала содржина на соли Зони C.Основна глацијална почва карпа. песочник. бидејќи тоа предизвикува знатни и брзи измени и нивно уништување. додека останатиот дел е составен од ситнозрни неоргански глиновити делови. а воздухот е скоро целосно истиснат. Најпознати литоморфни почви се рендзините кои се развиваат над гипсот или над карбонатните карпи. Измените се манифестираат со загуба на почвата при оксидацијата и ерозијата. Почвените пори се скоро целосно заситени со вода. Обично кај ваквите екосистеми не се дозволува знатно снижување на нивоата на подземни води. Кај нас најзначајни тресетни почви има во Струшко. Ова значи дека имаат способност да ја задржат водата на површина на терен скоро низ цела година. Се карактеризираат за подрачја со долни слоеви градени од карбонатни карпи или аливијални наслаги.1. Во светот посебно внимание се посветува на мировите (анг.5. Литоморфни почви се такви типови каде самиот почвен слој е доста тенок и се формира веднаш над основната карпа.5. Нивната киселост е во границите pH=4. Споредба на почвите според Британскиот и Американскиот класификационен систем е дадена во табела 4. Спротивно на нив. Преостанатата мала количина на воздух се употребува од микроорганизмите. Карактеристични се т. gley-почви кои се изразито хидроморфни.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Зони L. што значи дека имаат многу мала водопропустност.н. а се карактеризираат со значајно растително присуство и органски остатоци. rankers) се млади почви со висока киселост кои се застапени над основна карпа без карбонатна материја (како на пример песочниците). глинец или Слика 4. Тресетните почви содржат околу 20-25% органска маса. Пример за ваква почва е даден на сликата 4. 42 .4. Тресетоидни почви (анг.5-6. mires). Се карактеризираат со помала водопропустност и често се употребуваат за земјоделски цели. кои се третираат како посебен екосистем со оглед дека се формираат во зони со високо ниво на подземни води. со што е забавено растварачкото дејство на микроорганизмите. Тие се главно темни по боја и се базични со pH=7. што главно предусловува анаеробни услови во почвата. ранкерите (анг. Охридско и Струмичко. Кај нив хорозонтот А обично директно лежи над хоризонтот C.

изгледот. Токсичноста на почвата е предизвикана од присуство на токсични елементи кои може да се лимитирачки фактор за нивна употреба.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Табела 4. Високото ниво на макронутрициенти (посебно азот и фосфор) го стимулираат развојот на растенијата. и процесите кои придонеле до нивно сегашно оформување. тие понатаму се делат според формата на нивните агрегати (форма и големина на зрната). Проценка на квалитетот на почвата и нивна употребливост Класификацијата на почвите од педолошки аспект главно се засновани на критериуми кои ја дефинираат природата на материјалот од кои се тие изградени. Од формата на почвените агрегати зависи нивната збиеност и водопропустност. 43 . На пример. алуминиумот и другите тешки метали се позастапени кај киселите почви. почви со црна или темно-гри боја укажуваат на поголемо присуство на органска материја и хумус. Киселоста на почвата нема големо влијае врз развојот на растенијата но е значајна од аспект на достапноста на растителните нутрициенти. додека заоблени.1 Споредба меѓу Британскиоот и Американскиот класификационен систем Британски систем според Avery. Во поглед на фертилитетот се разликуваат слабо фертилни почви каде има ниска содржина на азот. фосфор натриму или магнезиум. потребно е познавање на определени физички карактеристики на почвата кои може да се сметаат како непроменливи во услови на менаџирање со неа. 1990 Американски систем Подзоли (podzols) Сподосол (spodosols) Кафеави почви (brown soil) Афисоли (афиsols) Литоморфни почви Ентисоли (entisols) Gley-почви Aquic-почви Тресетни почви Хистосоли (histosols) Вештачки почви (man-made soils) Почви тип Plaggepts и Arents Покрај наведените поделби на почвите. бојата и киселоста е одраз на генетските услови при кои е створена почвата. Таков пример е бакарот. гипс или карбонати. На пример. Обично. додека бела почва е индикатор за постоење на знатна содржина на силикатни материи. некои елементи кои се многу значајни за развојот на растенијата и кои се викаат микронутрициенти во концентрации над дозволени вредности може да бидат и токсични. за проценка на употребливоста на почвите за разни намени (како земјоделие и шумарство). Бојата на почвите може да биде значаен показател на составот на почвата. почва со аглести и покрупни незаоблени зрна се карактеризира за почви од чакалест тип кои претрпеле помал транспорт. нивната боја и киселост (феритилитет). На пример. полузаоблени и поситнозрни минерални агрегати укажуваат на подолг трапсорт. За оваа намена во стручната литература може да се сретнат различни стандарди и препораки. Од друга страна. Црвената боја укажува на присуство на железни оксиди. споредено со неутралните и базичните типови. Генерално.

4 ограничувачки фактори за употреба. додека кај аридни подрачја се појавува обратен проблем. Топографските услови се исто така значен елемент со оглед дека стрмните терени се неповолни за обработка. На пример. каде почвите се поделени на повеќе категории според нивната употребливост (табела 4. јасно е дека климата како фактор влијае на различни начини врз можноста за искористување на земјиштетето. со мали 16. во пракса се користи класификација на теренот од земјоделски аспект. без никакви 2. но со модификација на критериумите. односно недостаток на вода. Табела 4. floodplains). може да се примени и за други подрачја. а слично може да се случи и кај терени со високо ниво на подземна вода или зоните на чести поплавувања (анг. терени за голф итн Урбано Земјиште со изградени живеалишта и индустриски земјиште комплекси 44 .9 ограничувачки фактори за употреба. и можност за засадување само на трева 5 Земјиште со многу слаб квалитет. Оваа категоризација се користи најчесто во Велика Британија.2). квалитетот на почвата за разни намени се заснова на взаемна анализа на повеќе фактори и тоа климата. и слаба можност за засадување главно на тревни и цереални култури 4 Земјиште со слаб квалитет.1988) Класа за употребливост на почвата 1 Опис на калитет на земјиштето. со широка можност за засадување на различни хортикултурни и земјоделски култури 3а Земјиште со добар квалитет. со средни до знатни 35.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Во овој контекст.3 ограничувачки фактори за употреба. Покрај нив. со многу широка можност за засадување на различни хортикултурни и земјоделски култури 2 Земјиште со многу добар квалитет. топографијата на теренот.3 ограничувачки фактори за употреба. со знатни 15 ограничувачки фактори за употреба. Со комбинација на разните влијателни елементи. се анализираат и евентуалните ограничувачки фактори за користење на земјата.1 и знатни ограничувачки фактори за употреба. паркиралишта. со многу високи 11. земјиште како шумски зони. хидролошките услови и друго. со средни 19. и широка можност за засадување на земјоделски култури 3б Земјиште со среден квалитет. Во ладни и влажни климатски зони тешко е нивно користење во тек на цела година и се неповолни од аспект за засадување на различни култури.2 Класификација на почвите за земјоделски намени (MAAF. и можност за засадување само на полу-природни кулури како трева Неземјоделско Земјиште со високо пореметени природни почви. лимитирачки % на застапеност фактори за употребливост и капацтет за на земјоделско засадување земјиште Земјиште со одличен квалитет.

На ова поле.н. загадување на воздух и др). треба да се споменат неколку значајни аспекти и тоа: • Плодните почви треба да се заштитат од некоректна и непланирана урбанизација. контаминирани (загадени) почви. Закон за просторно и урбанистичко планирање. Закон за изградба на инвестициони објекти. Според овој акт. интензивно се работи во светската пракса. однапред се знае дека треба да се пропишат сите потребни мерки за заштита при работа и подоцна рекултивација на просторот. во Велика Британија дури во 1995 година е донесен законски акт. Напомени околу законските услови за заштитан а почвата и мерките за санација (обновување) Во земјите на Европската унија. Закон за водите. фосили и физиографски (геоморфолошки) реткости. Закон за животната средина. Дефиниција за контаминирана почва Во зоните околу рударските објекти или индустриските постројки кои подолго време биле во експлоатација. како и соодветни технички стандарди и норми. Во Р. односно зоните на урбанизација треба да се насочуваат кон земјишта кои не се поволни за земјоделие или шумарство • Одржливиот развој на државата е невозоможен без соодветно планирање на конзервација (заштита) на плодните области. најмал дел од почвите е во категоријата 1. при анализа на влијанијата врз животната средина. 45 . кој пропишал правила за вакви случаи. На пример. геоморфолошките услови како и заштита на посебните геолошки феномени од тип на ретки минерали. или пак има влијание врз водните богатства или потенцијал за нивно зазгадување.. посебно на дефинирање на Законските акти за превентивно делување при заштита на почвените и водните ресурси. постојат препораки и закони кои покрај другото ги третираат и проблемите на заштита на природната геолошка средина. Дури и во западно-европските земји до деведесетите години од дваесетиот век не постоела прецизна законска рамка како да се постапува во ваквите случаи. има појава на звучни и други ефекти од минирање. а издвоени се во посебни делови неземјоделското земјиште и урбаните зони кои не може да се користат од аспект на земјоделие. Законот за градба и други закони. Закон за отпад. Како такви може да се споменат Законот за експлоатација на минерални суровини. сепак постојат определени законски норми за заштита на геолошките добра и реткости. 4. но балансот се бара во ригорозна и доследна примена на низа заштитни мерки.Македонија иако легислативата не е докрак оформена. Околу заштита на почвата. постојат т.4. се менува неговата топографија. под терминот контаминирана почва се подразбира почва која содржи супстанци кои може да предизвикаат знатни оштетувања или има потенцијал за оштетување на некои ресурси. кои се сметаат како општо национално богатство • За зоните каде се планира ископ на корисни минерални суровини (кои исто така се национално богатсво).ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Се забележува дека во оваа класификација. се потенцира ерозијата. Кај рударските интервенција одредено влијание врз животната средина е неизбежно заради фактот што како прво трајно се одзема дел од теренот.

Карта на ерозија на Македонија и др.5.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 4. појава на мраз и други аспекти. Развиени се повеќе постапки и методологии на истражување кои како основа ја имаат меѓусебната условеност на фазите на истражување и проектирање на заштитните мерки. Во Р. Анализата на постојната документација е прва но многу значајна фаза за правилно програмирање на останатите истражни постапки. без оглед на бројот видот и обемот на истражните работи и опитите кои се применети за нивно дефинирање. Основните хидргеолошки и инженерскогеолошки карти во мерка 1 : 200 000. постојат низа влијателни фактори кои во помала или поголема мера учествуваат при донесувањето на решенијата. вообичаено преку мрежа на истражни работи поставени на растојание од 50-100 метра. Кај Студиите за заштита на животната средина најчесто се применуваат следните фази: Анализа на постојната документација Во оваа фаза за проблемот кој е предмет на анализа се прави преглед и анализа на сета постојна документација и тоа:Анализа на геолошки и геоморфолошки податоци • Анализа на почвените услови и квалитет на земјиштето • Анализа на климатски и метеоролошки услови на теренот • Барање на податоци дали постои контаминирано земјиште • Анализа на хидрогеолошките услови а вакви намени. што е обично поврзано и со земање на определен број на проби за натамошни лабораториски испитувања на почвата или подземната вода • Истражување на почвата и земање на примероци за лабораториски анализи • Истражување на контаминираните зони. врнежи. Сите останати постапки треба да се прават врз основа на прецизна и детална Проектна задача и Проектна програма. како и можните влијанија од објектот кон околната средина. 46 . Тие фактори по правило се зависни од сложеноста на геолошките и геотехничките услови за изведба на објектите. геоморфолошки или хидрогеолошки карти. каде се дефинираат целите и задачите на Студијата. -Теренски работи Фазата на теренски истражувања се состои од неколу основни постапки и тоа: • Геолошка и геоморфолошка проспекција (преглед) и картирање на теренот. оценка за економичноста или можните еколошки ефекти при неговата изведба и експлоатација. секогаш постои одредено ниво на непознавање на карактеристиките на природната средина. се користат истражни објекти од тип на истражни бунари. Може да се рече дека заради вака сложените меѓузависни влијанија. во комбинација со карти на средногодишни температури. Цели и задачи на истражувањата на геолошките и геоморфолошките студии од аспект на заштита на средината Во процесот на донесување на решение за градба на даден објект. За земање на проби.Македонија за таа цел на располагање се Основните геолошки карти во мерка 1 : 100 000. во зависност од проектот кој е предмет на анализа. најчесто се користат регионалните геолошки. од која мрежа се земаат потребен број на примероци Техниката на опробување и постапките на истражување се дефинирани според програмата или со соодветни стандарди.

вкупен цијанид. Ризикот може да се дефинира како вкупен ризик (total risk-Rt).н. Во одредени специфични случаи. жива. така што се можни низа взаемни влијанија меѓу одделните елементи на хазардите (слика 4. феноли. олово. Rt=(E)(Rs)=(E) (H*V) Во теориите за проценка на хазардот.6). и др. геохемиски или геотехнички истражувања. се дефинираат и цијаниди. Овие елементи или соединенија во концентрации кои се над дозволени вредности се сметаат како токсични. сулфати. бор. биохемиска потрожувачка на кислород и друго.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА раскопи или дупнатини како и кај останатите геолошки. селен. елементарен сулфур . влажност. општествен хазард. цинк. Значајни геолошк ии геоморфолошки елементи за проценка на влијанијата врз животната средина Во пракса. за дефинирање на можноста на појава на одреден процес кој во тек на време би имал негативни ефекти врз животната средина. вклучувајќи материјални и други штети.6. граници на пластичност. Најчесто се дефинира концентрацијата на бакар . а тој е производ на специфичниот ризик (Rs) и елементите на ризикот (Е). азот. Ризик (R) од геолошкиот или техногениот хазард претставува веројатност за активирање на одреден процес и големината на штетата која тоа активирање може да ја предизвика. посебно ако истражувањата се прават за локалитети околу индустриски постројки. топилници и слично. никел. органски киселини и компоненти на земјини гасови. 47 . најчесто се користат следните термини: Геолошки или техноген хазард (H) ја претставува веројатноста за активирање на одреден геолошки процес или процес во геолошка средина предизвикан од техничка активност. хром. арсен. кадмиум. често се вклучува и елементот на т. Чувствителноста или повредливоста (vulnerability-V) на одредено подрачје се означува како степен на веројатност или потенцијалност за да се случат некои негативни последици (оштетувања) од природните процеси. Лабораториски испитувања Со лабораториските испитувања се дефинираат сите потребни параметри кои се од интерес за Студијата за заштита на средината како: • основни физички карактеритики на почвите (збиеност. Поретко се дефинираат сулфидите. пестициди. па и човечки жртви. вклучувајќи го неговиот интензитет и обем. инженерскогеолошки. минерални масла. гранулометриски состав итн) • основни механички својства • електропроводливост • водопропустност • структура и текстура на почвата и др Од хемиски (геохемиски) аспект. се дефинираат сите елементи кои се значајни за дефинирање на нивото на контаминација. 4.

односно влијанија врз животната средина.1993) Успешната идентификација на геолошките хазарди и нивното влијание врз животната средина не е можна без детално познавање на геолошкиот развој и геолошкогенетските карактеристики на даден регион.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Слика 4. На слика 4. Слика 4.7 е дадена една шема на поделбата на природните хазарди со приказ на можните ризици. Гапковски. можни ризици и влијанија врз животната средина (Јовановски.2006) 48 . техногени хазарди. но при тоа е потребно да се земат предвид и другите услови на природното опкружување (посебно хидролошките елементи).7 Шема на можни влијанија меѓу хазарди на природното опкружување.6 Можни комбинации на различни видови хазарди (Jones.

односно некои терени се однапред проблематични за градба (повредливи). Шема на можни интеракции дадена во вид на квалитативна матрица на влијанија е дадена на слика 4.3 укажува дека карактеристиките на теренот имаат директно влијание врз животната средина. габарит.8 Квалитативна матрица на проценка на интеракции (влијанија) на објектите и теренот врз животната средина • Влијанието 1. одрони. зависно од постојните карактеристики на животата средина (пример. квалитативно може да бидат дефинирани со следните описни термини: • Влијанието 3. • Влијанието 1.8. зони со високо 49 . се однесува на влијание на објектот врз животната средина кое може да е повеќекратно ако објектот не е прилагоден ко животната средина Интеракциите поврзани со повратните влијанија на карактеристиките на животната средина кон теренот и објектите.1 укажува дека очекуваните ефекти врз животната средина услоуваат во кој дел од теренот би се граделе објектите (пример. и на теренот од друга страна. • Влијанието 3. како на пример зони на активни свлечишта. нуклеарни постројки и сл). Слика 4. сеизмички подрачја итн. во национални паркови не е дозволена градба на депонии.2 укажува дека карактеристиките на теренот со своите својства директно влијаат врз проектното решение (тип на објект. мерки за заштита и сл).2 се однесува на можно влијание на изборот на тип на објект.3. • Влијанието 2.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Од слика 4.7 јасно се согледува дека влијанијата врз животната средина зависат од збирните интеракции поврзани со карактеристиките на објектот од една.

Неорганските материи можат да дојдат во изданските води со растварањето на минералните соли при движењето на амбулантните и изданските води низ порните агрегати на хидрогеолошките колектори. површинските води и почвата ⇒ останати екстремни влијанија (испуштања на отровни гасови на површина на терен. или почвата. ерозија. Сето ова дава основа за опасно загадување на изданите. ерозија.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА ниво на подземна вода се неповолни за градба на ризични објекти од тип на депонии.) ⇒ хемиско влијание врз подземните. индустриски постројки од тип на топилници на тешки метали и сл). 50 . загуба на почва.9 до 4. со несодветна градба вештачко се иницира појава на свлекување. развој на суфозија. Посебно внимание треба да се посвети на можноста за загадување на подземните води (слика 4. органски остатоци од септичките јами. промена на структурата на почвата и др. Со ваквата поставеност се овозможува полесно дефинирање на целите на градбата и можните интеракции меѓу теренот и објектот со се еколошките ефекти. • Влијанието 2. Најзначајни се следните можни влијанија врз околната средина: ⇒ потреси од минирање врз околината ⇒ стварање на звучни ефекти ⇒ загадување на воздух со елементи кои се резултат на разорувањето (најчесто минирање) ⇒ механичко влијание од менување од режимот на подземните води (слегнувања на терен. тревата и другите делови на растенијата. Сите наведени аспекти може да имаат сериозно влијание врз теренот. Изданските води можат да се загадат со органски и неоргански материи од растително и животинско потекло. Органските материи ги има скоро секаде на површината на теренот и потекнуваат од гниењето на лисјата. како и од индустриските и отпадните води кои се инфилтрирале во подземието.11). можни свлекувања и др.1 укажува дека карактеристиките на објектот може да влијаат врз теренот во фаза на градба и екслоатација (пример. преку трајна промена на релјефот. ѓубришта и др. знатни слегнувања и др). радиоактивност и др. ерозија. органски материи од животински трупови.) ⇒ влијание на ископан и депониран материјал врз околината и др.

Од друга страна. жолтица. колера и др.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Слика 4.). дизентерија. чија подземна вода е загадена. со оглед дека таквите води можат да бидат носители на бактерии на многу заразни боилести (дифтерија.10 Шема на загадување на подземни води со филтрат (исцедок) од депонија за цврст отпад со приказ на правец на напредување на загадената подземна вода 51 . материите од растително потекло главно се помалку опасни по здравјето на луѓето и животните.9 Шема на загадување на подземни води со органски отпад и зони на загадување со приказ на напредување на загадената подземна вода Во терени. Посебно е опасно загадувањето на изданските води со материи од животинско потекло. загадувањето се пренесува само во насока на движењето на тие води. во спротивните насоки тоа е незнатно и на мало растојание од изворот на загадувањето. Слика 4.

низ кои пак движењето е извонредно бавно. Постојат два главни процеси или начини на придвижување на растворените материи и тоа: • траснпорт со процес на дифузија. низ кои загадената вода може да помине и десетина “ km” . а движењето е резултат на разлика (градиент) на концентрациите • транспорт со процес на адвекција (уште се нарекува и конвекција). Инаку.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Загадувањето на подземните води се случува и кај лошо изведени или оштетени инсталции кај индустриските постројки. Слика 4.11 Шема на загадување на подземни води од оштетен резервоар за бензин (1). Како најдобри природни филтри се сметаат чистите мрсни глини. Транспортот на растворените компоненти низ почвата и подземните води се одвива на различен начин низ заситена и незаситена почвена маса. пречистувањето е значително подобро кај карпи со поситна порозност. а да не се пречисти. и при подолг пат на минување. Кај песоците и чакалите филтерското својство е за неколку пати послабо при движењето на водата во хоризонтална насока одошто нормално на слоевите на наслагите. При тоа. Тие можат наполно да ги пречистат бактериолошки загадените води со слој со дебелина од само дваесетина “cm”. Поедини посни глини и лесот претставуваат безбедни филтри во слој со дебелина од 1 4 m. најслабо филтерско својство имаат карстифицираните карпи. кој се карактеризира со движење на растворените честички од места со поголема кон места со помала концетрација. со зона на истекување (2) и формирање на концентрација на гасови над подземната вода (4) и испарувања од гасовите во надизданската зона (3) Загадените подземни води можат природно да се пречистуваат проаѓајќи низ финопорозни карпести средини. но за наполно пречистување на водите потребна е нешто поголема дебелина на нивните наслаги. Сосема добри филтри се сметаат и останатите видови на глини и прашинестите седименти. бензиски пумпи и сл. односно пренос со подземна вода на растворените материи 52 .

12 за регион од Канада. подрачјето се дели на зони кои се најчувствителни за загадување. прв Fick-ов закон дефиниран преку т. Ваквите анализи се моќна алатка за утврдување на методи и средства на интервенција во случај на еколошка опасност. каде не би смеело да се градат капацитети кои се потенцијални загадувачи. Се применуваат низа техники кои се засновани на детална анализа на картографските подлоги. 53 . потребни се детални податоци за хидрогеолошките услови за движење на подземните води. односно за дефинирање на чувствителноста или повредливоста на одредено подрачје.градиент на концентрација (M/L3/L) Транспортот со адвекција се дефинира со следната основна формула: Fx = vnC каде е: F-флукс на растворената материја v-средна брзина на движење на подземна вода (L/T) C-концентрација на растворената материја (М/L3) n-ефективна порозност Во стручната литература постојат разни решенија за комлицирани случаи на транспорт на различни видови органски и неоргански загадувачи и голем број софверски пакети за решавање на вакви проблеми. Со припрема на серија на карти. детално познавање на геологијата и хидрологијата на регионот и слично. VISUAL FLOW и др. локацијата на потенцијалните загадувачи. како на пример FEFLOW.н. За коректно решение на проблемот. флукс на растворените компоненти изразени за единица површина во единица време со следната основна формула: F = − Dd( dC ) dX) каде е: F-флукс на растворената материја Dd-коефициент на дифузија (L2/T) C-концентрација на растворената материја (М/L3) dC/dX. Пример на поделба на терен според повредливоста е даден на слика 4. геоморфолошките и хидрогеолошките карактеристики. за секој параметар. хидрологијата на регионот. MUD FLOW.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Процесот на дифузија се дефинира за заситени почви со т.н. геолошките.

J.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Слика 4. 2003) Кога ваквите карти се искомбинираат со податоци за локации на потенцијални загадувачи.13.1999) 54 .Maria (R. Пример за карта со приказ на потенцијални загадувачи (Morgan L.Burnside. Слика 4.12 Поделба на зони склони кон загадување за област Sault Ste. доста добро може да се процени каде постојат најголеми ризици за загадување на подземните води или за оценка на употребливоста на земјиштето.

да се согледаат бескрајно можните меѓусебни влијанија кај природните со техногените хазарди. За подобра илустрација на овој став. со основна цел.7). во комбинација на нессодветно избрани локации за градба или несодветни технички решенија кај објектите. на следните слики се прикажани повеќе конкретни примери (главно од територијата на Македонија).15 Рушење на мост на Мрзенска река-Гевгелиско при појава на интензивни врнежи во тек на 2004 година 55 .ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Ваквите прикази припаѓаат кон групата на специјални карти. во фаза на експолатација се можни разни влијанија (прикажани на сликата 4.7 Практични примери за влијанија на градежни активности врз геолошк ии геоморфолошки елементи на животната средина При изведба на градежните објекти или при некој друг вид на активност.14 Рушење на мост на Анска река (Валандовско) заради ерозија на лев речен брег и појава на интензивни врнежи во тек на 2004 година Слика 4. а нивната систематска изработка е императив за анализа на загадувањата и идните мерки за санација на најопасните зони и нивна рехабилитација во состојба која е одржлива и прифатлива од еколошки аспект. 4. Слика 4.

17 Одронување на блок во близина на Мелнички мост-Дебар заради сложена комбинација неповолни пукнатински системи. со целосно превртување на станбени објекти Слика 4. хемиско растварање и карстификација во гипсни наслаги и езерска абразија Слика 4.16 Појава на ликвифакција на терен при земјотрес во градот Ниагата-Јапонија.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Слика 4.18 Поглед кон крајбрежен столб после заштита со насип ( видлива е лузната од одронот) 56 .

б.21 Оштетувања на облога на Тољански тунел од Мавровски хидросистем.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА а б Слика 4.рушење на помошна просторија во склоп на црковниот двор Слика 4. 2003 година 57 . в.20 Поглед кон одронет блок над храм “Свети Пантелејмон” во Велес: алузна од одрон. поради пресек со расед при слаб земјотрес во близина на Гостивар во тек на ноември. б-група на понори со оштетувања на заштитниот глинен тепих а б Слика 4. заради карстификација на подлогата: а-детал.срушен над црковен двор.19 Појава на понори (колапси) во зона на село Леуново кај вештачка акумулација Маврово.

23 Несоодветно (плитко фундиран) потпорен ѕид на автопат Неготино-Демир Капија поместен при свлекување на засек Слика 4.22 Оштетувања на објекти и теренот со придвижување на свлечиште Рамина во Велес Слика 4.24 Вештачки индуцирана ерозија со изведба на засек на автопат од НеготиноДемир Капија со донесен еродиран материјал на коловозната конструкција 58 .ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Слика 4.

25 Фотографија на истиот засек од автопат од Неготино-Демир Капија од друг агол Сите наведени примери. Во принцип. колку што е можно при секоја инженерска интевренција. тогаш е потребно да се припремат бариери за дејство против ветарот 59 . За оваа намена. Невозможно е да се дадат точни препораки кој вид на заштитни мерки може да се применат кај секој конкретен случај. очигледно укажуваат дека изучувањето на взаемните влијанија на геолошките со инженерските зафати може да биде од првостепена важност за дефинирање на условите за градба на сите објекти од градежен и рударски карактер. треба да се заштитат со затревување за да се спречи нивната ерозија. но треба да се тежнее секогаш кога е можно да се делува на превентивен начин. Ако е тоа неопходно. која е склона кон ерозија од ветар. Идентификацијата и заштитата на квалитетните почвени ресурси е основен императив. При случаи на експлотација на минерални суровини. косините треба да се изведуваат со благи наклони • Инсталирање на погодни дренажни системи со цел брза евакуација на водата од косините • Избегнување на припрема на големи отворени површини на почва. За заштита од ерозија најчесто се применуваат следните заштитни мерки: • Минимизирање на процесот на уништување на вегетациониот покривач.8 Основни напомени околу заштитните мерки Дел од секоја постапка за заштита на животната средина претставува и дефинирање на заштитните мерки или мерки за намалување на ефектите од инженерските интервенции. поризичните објекти треба да се лоцираат во геолошки.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Слика 4. почвените хоризонти може плански да се остранат и да се складираат на поволни локации. при што после изведба на објектите (или после ископ) треба да следи итно повторно засадување на уништената вегетација • Секогаш кога е можно. 4. геоморфолошки и почвени средини со послаб квалитет за користење од аспект на земјоделски ресурс.

а треба да се спроведува систематски и преку издржано проектно решение. • поширок заштитен појас. со оглед на значењето кои го имаат изданските води денес за водоснабдување. ако нема можност за нивно натамошно ширење во просторот. Истражувањето на можностите за загадувањето на подземните (изданските) води е посебно сложена материја. За заштита на изданските води постојат технички и законски регулативи. отстранување и траспорт на загадената почва на друга локација. но која подразбира преземање на заштитни мерки за сигурен транспорт на загадена материја и постоење на поволна локација за нејзино депонирање во соодветна депонија • Ископ и депонирање на блиска локација до контаминираната површина. односно со помош на подзмемните води да бидат зафатени делови од контаминентите. Во случаи ако веќе постојат контаминирани зони во почвата. Во одредени случаи. односно ако не се ризик по здравјето на луѓето и живиот свет. геосинтетски системи и др. Имено. дури и да постојат контаминирани зони. едноставно може да се затрупаат и тој локалитет понатаму да се изолира од контакт со живиот свет. бунар.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА • Ако објекотот е во близина на водена површина. само околу изворот. со кој се опфаќа поголема површина. а понекогаш дури и целото сливно подрачје на некоја позначајна издан. Услов за ваква постапка е да нема можност за внесување на контаминентите во подземјето со атмосферските води. дупнатина). или околу водозафатите обекти. тогаш е пожелна припрема на заштитни ровови за седиментација на материјалот и спречување на внесување на суспендираниот материјал во екосистемите со свежа вода • Култивирање на просторот после ископ или набивање • Инсталирање на вештачки системи за заштита од ерозија како габиони. поради нивна заштита се определуваат два вида на заштитни зони: • потесен заштитен појас во кои постои многу поголема возможност за загадување (посебно околу изворот. загадување на изданот може да се појави во рамките на целата негова собирна површина. што подразбира припрема на дел од теренот со проектирано решение за заштита со што ќе осигура теренот од идни негативни влијанија врз животната средина • Прочистување на самата локација со посебни постапки на извлекување на загадената материја од почвата • Биолошко опоравување на просторот со примена на мерки кои се засновани на внесување во почвата на микроорганизми кои ги извлекуват токсичните елементи од почвата и ја намалуваат нивната концентрација • Измивање на почвата со соодветни киселини или растварачи кои се ефективна мерка за отстранување на контаминираните зони. а услов е со реагенсите да се ствараат крајни продукти кои не се опасни по животната средина • Извлекување на загадените маси со помош на вакуум или воздух Изборот на техниката за елиминирање на загадувачите зависи од случај до случај. како најчесто применувана мерка. може да се применат следните мерки: • Ископ. 60 . Затоа. кои од ден на ден се посеопфатни и поригорозни.

Ако се утврди отстапување во однос на проектираната состојба или евентуални значајни влијанија врз животната средина. 61 . Покрај тоа. Прва фаза на мониторингот секогаш е визуелно набљудување на теренот или изведените објекти. можноста на појава на знатни ризици врз геолошката средина и слично. Постојат различни начини на мониторинг.9. валидноста на техничките решенија се следи со инсталирање за инструменти за мониторинг (или оскултација). Кај позначајните инженерски објекти. Мониторинг Условите за загуба на почвени маси.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 4. Од друга страна. во фазите на проектирање и изведба се предвидуваат со помош на различни аналитички техники и симулации во проектните услови. што секогаш вклучува и мерки за заштита и евентуална реставрација на почвените ресурси. нивото на контаминација. може да се набројат следните мерки за мониторинг: • вградување набљудување специјални реперни точки за инструментално геодетско • се вградуваат инклинометри за следење на поместувања во длабина на теренот кај нестабилните зони • се мери количината на загуба (испирање) на почвата при интензивни врнежи или количеството на суспендиран нанос во реките • подземните води се следат со систем на пиезометарски конструкции • кај депониите се следи развојот на филтратот (исцедокот) во дренажните системи и околните точки за набљудување • за анализа на сеизмичките дејства се инсталираат специјални инструменти за следење на сеизмичката активност • се вршат хемиски анализи на почвата и водата во фаза на експлоатација и др. во фаза на експлоатација. се припремаат специјални Проекти за оскултација на теренот и објектот. влијанијата од инженерските интервенции. тогаш се пристапува кон санација на теренот врз основа на соодветно изработени проекти. Во земјоделието и шумарстово се прават планови за одржлив развој на општетството.

На сличен начин елементарниот азот може да биде вклопен во аноргански соединенија преку активноста на одредени бактерии. како последица на зголемени емисии од загадувачките супстанции. кои заради лесното движење и мешање на воздушните маси се среќаваат со константна застапеност: Азот со 78. не само во текот на годината туки и во текот на деноноќието. Од останатите гасови во атмосферата посебно еколошко значење има озонот (О3) кој настанува со јонизација на кислородот под дејство на електрични празнења во атмосферата. како резултат на индустрискиот развој и зголемување на интензивноста на сообраќајот. Тоа значи дека азотот не стапува во реакции со други материи. Јаглерод диоксидот и кислородот се гасови кои постојано се користат од страна на живите организми: јаглерод диоксидот растенијата го вградуваат во органските соединанија на своето тело. кој е застапен во најголеми количини во атмосферата се наоѓа во облик на хемиски инертен гас и како таков е погоден медиум (средина) за активните гасови кислород и јаглерод диоксид кои постојано се користат и ослободуваат од страна на организмите. Иако е застапен во многу мали количини само 0.н. наречени азотофиксатори. Лошиот квалитет на воздухот може да доведе до сериозни здравствени проблеми особено кај најмладата популација. Од почетокот на 50-те години доаѓа до влошување на квалитетот на амбиентниот воздух. Азотот (N). па дури и смртоносно би делувале на живите организми.03%. или одредени модро-зелени алги. ВОЗДУХОТ КАКО ЖИВОТНА СРЕДИНА Атмосферата како воздушна обвивка над почвата и водените пространства во основа е изградена од гасовите азот. Во воздухот секогаш се присутни и одредени количини на водена пареа. при кој процес ослободуваат кислород.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 5.99% и јаглерод диоксид со 0. Тоа се случува под дејство на електрични празнења во атмосферата кога се вклопува во аноргански соединенија. или вкупната застапеност на овие гасови изнесува 99. На тој начин постојано се остварува рамнотежен однос во искористувањето на овие гасови и нивното обновување во воздухот. хелиум. 62 . криптон и озон се застапени во многу мали количини. во тек на кој се ослободува јаглерод диоксид. тропосфера) во облик на тенок слој од 5см дебелина. Загадувањето од индустриското производство и производството на енергија. особено во градовите и во областите со интензивна индустрија. Управување со квалитетот на воздухот Управувањето со квалитетот на воздухот претставува суштинска алатка во унапредувањето на неговиот квалитет.05%. така што другите гасови како аргон. или реагираат со други материи во природата. но нејзината количина е постојано променлива зависно од промените на климатските услови. иако повремено и тој се изменува. како и различните космички зрачења бидејќи истите во поголеми количини штетно. Овој тенок слој се јавува како филтер кој не го пропушта поголемиот дел од ултравиолетовите зраци кои доаѓаат од Сонцето.03%. согорувањето на фосилните горива и транспортните активности претставуваат потенцијална закана за квалитетот на воздухот. а кислородот го користат сите живи организми во процесот на дишењето. кислород и јаглерод диоксид. кислород со 20. неон.00006% тој се концентрира на висина од 25км од површината на земјата (во т. а кои со врнежите доаѓаат во водата и почвата од каде може да бидат искористени од страна на растенијата.

Во нашата земја. производство на топлина за индустрија и затоплување на инвидуалните домаќинства и административните установи. трансмисија и влијание на концентрацијата на загадувачките супстанции на животната средина и луѓето. Но. Загадувањето на воздухот претставува закана за условите во биосферата. со скромно но постојано зголемување на индустриската активност што самото по себе придонесе кон благо зголемување на емисиите на сулфур диоксид. 63 . Најголем удел во загадувањето имаат стационарните и мобилните извори на загадување и тоа: производство и трансформација на енергија. Проблемите поврзани со квалитетот на воздухот се осбено изразени околу подрачјата на поголемите градови. трендот се одвива во обратна насока. азотни оксиди и прашина. оттогаш наваму.ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Состојба на емисиите од загадувачки супстанции во воздухот Присуството на загадувачки супстанции во воздухот претежно се должи на три процеси: емисии. емисиите во воздухот во периодот до 2000 година бележат намалување. главно како последица на периодот на транзиција кој особено влијаеше на индустрискиот сектор. согорување на горива.

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful