Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика
Насока : Бизнис логистика

Логистичка стратегија

Ментор :
Доц.Д-р. Драшко Атанасоски

Кандидати :
Лазар Јованов 17362
Тихомир Ручкоманов 17407
Петар Стошиќ 17446
Јоска Танев 17442

Гевгелија , март , 2012 година

. . . . . . .Содржина : Резиме Вовед . . . . .8. .6. Логистичка стратегија . Проектирање на логистичката мрежа . . 3 . . . . Складирање . . . 1. . Логистички информациски системи . 13 . . . . . Финасии ( трошоци и финансиски перформанси ) 8. . . . . 1. . Управување со ланецот на доставување 1. 11 . . . . . 4 5 . . . 1. . . . . . . Аутсорцинг на логистичките операции 1. Глобална логистика . . . . . . . . . . . . . . 10 . . . . 6 1. . .13. . . Мерење на логистички перформанси . . . . . . . 8 . . .2. . Управување со транспортниот сервис . . 7. . Управување со набавка . . Димензионирање на логистиката .10. . . . . . . . 10 . . . . . . . . . 1. . . . . . . 1. . 6. . . 11 .7.9 . 12 . 6 .5. . .4. . . 1. . . . . . . 1. . . . 4.14. . . Користена литература . . .9. . 7 . . . . . . . .8 .7 1. . . .9 . 1. Управување со залихи . . Логистички план . . . . . .11.3.5 1. . . . . 1. 1. . . . .12. . . . . . . . . . . . .1. . . 9 . . . . . 14 2 . Повторна обработка и рециклажа Заклучок .

Клучни зборови : набавка . inventory . Генерално логистичката стратегија ја дефинира организацијата и поделбата на надлежностите и одговорностите на сите субјекти при имплементацијата на системот на функционирање на една компанија. Logistics strategy basically introduces the process of planning . transportation . управување со транспортот. Summary The purpose of this seminar paper is to show how it should look like one modern logistics strategy . Overall logistic strategy defines the organization and division of powers and responsibilities of all stakeholders in the implementation of the system of functioning of a company . залихи . provision . and reprocessing and recycling materials . 3 . складирање . control and recording of goods . обезбедување.Резиме Целта на овој семинарски труд е да прикажеме како треба да изгледа една современа логистичка стратегија. финансиите. storage . и повторната обработка и рециклажа на материјалите. finance . транспорт . Key words : procurement . контрола и евиденција на стоките. Логистичката стратегија во основа ни го претставува процесот на планирање. transportation management .

1. и стоката воопшто. потребна е добра логистичка стратегија. производство складирање до испорака на стоката до крајниот купувач. производите. опремата и поддршката во имплентацијата и експлоатацијата на целиот систем. За исполнување на овие цели потребна ни е добра и сеопфатна логистичка стартегија. 4 . Во согласност со потребите на пазарот. Логистичка стратегија Денес глобализацијата и растот на пазарите значително влијаат на зголемување на трошоците за логистика и дистрибуција во секој бизнис. ориентирајќи се на комплетна услуга на купувачот. Едноставно. глобалните текови и најнапредните технологии и сето тоа ни овозможува навремено да регистрираме потреба за воведување новини во работењето и правилно да ги насочиме своите капацитети во таа насока. единствено решение е намалување на трошоците. Да би опстанале на пазарот. Да би се постигнале најдобри резултати при координацијата на движењето на материјалите. зголемување на влијанието на пазарот и задоволство на корисниците и купувачите. проектирањето. со што е можно помалку трошоци. а посебно да бидеме успешни. Логистичката стратегија денес претставува високо ниво на стручно знаење. добро познавање на пазарот. стратегијата нуди анализа на потребите. Логистичката стратегија го заокружува процесот на работа од набавка преку производство до продажба на стоката на крајниот потрошувач.Вовед ( Introduction ) Логистиката денес всушност се занимава со совладување на просторот и времето за работи . односно на решенија од областа ланец на снабдување(набавка). перманентен раст. пробивање на нови пазари. со истовремен константен притисок за намалување на цените на услугите и стоката.

Логистички план За изработка на квалитетна логистичка стратегија мораме да започнеме со изработка на темелите на стратегијата претставени преку логистичкиот план. Управување со транспортниот сервис. Повторна обработка и рециклажа. - цели на логистиката. 11. вклучувајќи многу енергија и човечки потенцијал. Логистичкиот план мора правилно да се базира на точно проектирање . Логистичкиот план е променлив во зависност од потребите и големината на барањата кои се предмет на планирањето. Логистички информациски системи. Финансии (трошоци и финансиски перформанси).1. 4. Управување со залихи. - опис на одделни функции на логистиката. - проекции на потребните ресурси. 5 . 10. 3. правилно планирање и тестирање на планираното во соодветно време. Генерално. Логистички план. информации и други ресурси. Складирање. Глобална логистика. Мерење на логистички перформанси. 8. 7. за да не ни се измешаат подоцна фазите во целиот систем на работа. 13. 6. Outsourcing на логистичките операции. 2. 1. Управување со ланецот на доставување. - опис на начинот на кој логистиката како целина ќе ги постигне овие цели.Современата логистичка стартегија нема конечна рамка на влијание во тој проток на роба. Проектирање на логистичката мрежа. можеме да истакнеме повеќе сегменти и тоа : 1. 12. 9. можеме да посочиме дека логистичкиот план е составен од следните делови: - широко резиме. 14. Димензионирање на логистиката. Управување со набавка. 5.

Управување со набавка Управувањето со набавка претставува логистика на материјалите и ги опфаќа тековите на суровините и полупроизводите. Во секој случај. преку управувањето со залихите. технологија. туку на едно оптимално ниво во функција на развој и профитабилност на компанијата. 1. складирањето. логистиката на набавки.2. логистиката на производството. објекти) како и бизнис опкружувањето (пазарни услови. инфраструктура). 1. тактичките одлуки за среден период и оперативните одлуки. конкуренција. Денес.3. 1. димензионирањето на логистиката мора да ги има во предвид компетенциите на организацијата (вработени. количински 6 . политички услови.4. Значи. значајна улога имаат новите софтверско – логистички решенија со кои се постигнува совршена оптимизација и рационализација на мрежата.- проекции на трошоците и финансиските перформанси. ресурси. логистиката на дистрибуција. маркетинг логистиката и логистиката на пост-производство. Димензионирањето на логистиката не смее да биде на минимум од можностите ниту пак на максимум од можностите . при проектирањето на логистичката мрежа. логистичката мрежа мора во целост да ги задоволи сите барања на целокупниот процес на функционирање на компанијата – од снабдувањето. - опис на начинот на кој оваа стратегија влијае на останатиот бизнис. Почетните финансиски потенцијали се првиот индикатор за големината на логистиката. Главна цел на управувањето со набавката е да обезбеди вистински материјали. производството. Димензионирање на логистиката При димензионирањето на логистиката во една компанија. Проектирање на логистичката мрежа Секоја компанија при проектирањето на сопствената логистичка мрежа ги зема во предвид логистиката на материјали. основен водач ни се стратешките одлуки за правците на развој. пакувањето и транспортот.

Конвенционалните палетни регали претставуваат универзален систем на складирање со директен пристап до секоја палета. правилен избор на транспортот и транспортните сретства. трошоците за набавка. да се проектира оптимална залиха. залихи во недовршени производи и залихи во готови производи. Складирање Константното располагање со стоката и целосната транспарентност се апсолутно најбитните елементи во модерното складирање. добро и функционално пакување на материјалот. Со овој систем на складирање повеќекратно се зголемува просторот предвиден за складирање и лесно се манипулира со палетите од сите големини. во еден производствен процес управувањето со залихите е поделен на залихи во суровина (репроматеријали). складирање во блокови.колку што се потребни да ги достави до вистинското место со што е можно поголема економичност. Планирањето на набавката содржи економско-техничка пресметка со која се одредува содржината и големината на набавката. потребен број на извршители и висина на вкупните потребни финансиски сретства.5. Управување со залихи Управувањето со залихи најмногу зависи од одлуките – што да се купи или произведе и кога и во колкави количини. На крај секако мораме да извршиме и контрола на набавката. Задачи на управувањето со набавката се и правилен избор на стоката. да се прати и контолира залихата. Тие обезбедуваат високо ниво на точни информации за состојбата и количината на стоката. 1. 7 . Постојат повеќе начини на складирање на стоката како што се полици. 1. претоварање и растоварање. складирање на отворен простор и безброј разни специфични поедини модели на складирање. Конкретно. Исто така цел на ова управување се и залихите во самите производствени погони и дистрибутивните центри. да се утврди точната количина. Основно при управувањето со залихите е прво да се класифицираат. соодветно товарење.6. Правилното распоредување на времето и просторот се клуч на ефикасноста при складирањето.

Денес брзината и точноста на доставената стока до нарачателот е прво мерило за способноста на доставувачот. Главно транспортниот сервис има за цел планирање. - товарење на формираните единици товар – стока во транспортното сретство.8. - доставување на стоката до крајниот потрошувач. - истоварување на единицата товар – стока. во оптимален временски рок со минимални трошоци. Управување со ланецот на доставување Ланецот на доставување е систем на организации од луѓе. - да се овозможи економичност при набавка и производство. Најсовремен пример на доставување 8 . информации и ресурси кои се вклучени во движењето на производот или услугата од доставувачот до купувачот. прецизна и профитабилна дистрибуција. патот – рутата(маршутата) на транспорт и секако испораката. - да се овозможи константност во работењето. активности.Целта на управувањето со залихите е: - да се заштити производството од неизвесности. Управување со транспортниот сервис Транспортниот сервис е систем на организирање на превоз на стока од една до друга точка. 1. Современото доставување подразбира елиминација на човекот како главен фактор и воведување на модернизацијата како решение за брза. - контрола на реализацијата на транспортот. организирање и испорака на материјалните ресурси од примарниот извор до крајниот потрошувач. технологија.7. 1. При изборот на транспорт важно е правилно да се одбере начинот на транспортирање. Транспортната шема има неколку етапи и тоа: - формирање на единицата товар – стока. - консолидација на единицата товар – стока до одреденото место. - транспортирање на товар – стоката до терминалот. - да се амортизираат понудата и побарувачката.

трошоци за реструктуирање. намален ризик. организација и реализација на активностите. оперативни експертизи. проценки итн. човечки ресурси. пристап до таленти. препуштањето на дел од логистичките операции на професионалци претставува значаен чекор кон рационално работење на компанијата. Фронтмен е флексибилен систем наменет за автоматизација на дистрибутивните.прибирање информации во реално време на место каде се 9 . продажните и истражувачките процеси кои се состојат од неколку модели на планирање.9.10. 1. Основна цел при управувањето со ланецот на доставување е да се исполнат барањата на корисникот со најефикасно користење на ресурсите. Outsourcing на логистичките операции Аутсорцингот подразбира пренос на управување или барање на помош од трети лица за организирање или изготвување на договор со кој ќе се дефинира пренос на услугата. Тие имаат разновиден дизајн. книговодство. такс – бенефит (некои земји нудат помали даноци за одредени производствени операции) и друго . зависно од капацитетите и стоката која се доставува. Во моменти кога намалувањето на оперативните трошоци во ланецот на снабдување станува услов за опстанок на пазарот. Сегменти на аутсорцингот кои најчесто ги среќаваме во пракса се нови информациски технологии. Capture . конкретно внимание на основната дејност. инвентарот и работната сила. Постојат повеќе системи и технологии во светски рамки од кои ќе прикажеме два система и тоа. Овој систем се базира на три основни барања: 1. Причини кои не принудуваат на аутсорцинг во бизнисот денес се: заштеда по повеќе основи. проектирање. катализатор за промени.претставуваат сортерските системи. 1. Frontman и Sky Friend. Логистички информациски системи Денес влијанието на информациите добиени од информациските системи се од непроценлива вредност и голема важност за успешно и квалитетно водење на било кој бизнис. истражувања на пазарот.

1. Mаnage – управување со информациите и мобилните системи со максимална ефикасност и сигурност. - мерење на екстерните логистички перформанси.11. организациски. Екстерните логистички перформанси се всушност нивото на квалитет и економичност при реализацијата на интерните логистички перформанси надвор во нивното опкружување. производство) и се однесуваат на техничко – технолошките. а преку GSM/GPRS врската овозможува пратење на подвижните објекти и ја прикажува нивната позиција на електронска карта. нивото на квалитет на логистичките услуги и логистичката продуктивност. складирање. More . Мерење на логистички перформанси Мерењето на логистичките перформанси можеме да го извршиме по два основа и тоа: - мерење на интерните логистички перформанси. 10 . 2. Постојат две варијанти на овој систем и тоа: - за пратење и лоцирање на возила. Скајпријател е софистициран компјутерски систем кој со помош на Сателитската мрежа GPS (глобален позиционен систем). За ефикасност се смета економично користење на ресурсите. За основни логистички перформанси се сметаат логистичките трошоци. а со помош на WAP сервисот дури и на мобилен телефон.брзо пренесување на информација од моментот на добивање за бизнис активноста до местото и личноста каде ќе има најголемо значење 3.случува бизнис активноста. Интерните логистички перформанси се внатрешните логистички подсистеми (транспорт. се прекинува електрично напојување). Мерењата на логистичките перформанси се врши пред се за да се разграничат ефикасноста и ефективноста. - за пратење и лоцирање на возила со алармантна функција (се прекинува довод на гориво. економски и други релевантни карактеристики на овие подсистеми. а за ефективност кога се постигнува некоја цел.

Пред се зголемена е употребата на компјутерите. Таа денес организира координација помеѓу логистиката. 11 . 1. извозно – увозни царини и други трошоци. Трошоците се делат на трошоци за залиха. трошоци за камата на капитал. Глобалната логистика освен движењето на стоката. го презема и управувањето со каналите на дистрибуција надвор од земјата на производство.12. Финансиските перформанси имаат значителна улога во процесот на управување со компанијата. Глобалната логистика денес претставува клуч на успех при зголемувањето на профитабилноста на една компанија. - финансиски перформанси во функција на остварување на одредени цели.13. трошоци за складирање и манипулирање. маркетингот и набавката во една компанија на повеќе локации во повеќе земји. Финансии (трошоци и финансиски перформанси) Квалитетното управување со финансиите значително влијае на конкурентноста и профитабилноста на компанијата. производството. Финансиите генерално се прикажуваат низ призмата на трошоци и финансиски перформанси на компанијата. Генерално. трошоци за транспорт. воздушниот транспорт и комплексните линии во производството. Глобална логистика Процесот на глобализација и примена на информациските технологии влијаеше на извршувањето на сите логистички активности. финансиските перформанси можат да се следат како: - финансиски перформанси во функција на финансирање.1. - финансиски перформанси во функција на мотивација и контрола. Таа ги идентификува и анализира сите трошоци при извршувањето на логистичките активности и го димензионира бизнисот на глобално ниво. трошоци за комуникација.

Токму ова се нарекува повратна (обратна) логистика. бидејќи главна улога има застарувањето на важноста на производот.14. 12 . значително го намалува растот на сопствениот профит. низ ланецот на снабдување. реновирањето или складирањето на вратените производи. Таквиот производ не се обработува повторно. понекогаш производите мораат да се движат од корисникот кон производителот. Во одредени индустрии стоката може да биде вратена од крајниот купувач до производителот. Рециклажата е значаен сегмент во вкупните напори за зачувување на природните ресурси и заштита на природата со добивање на дополнителен профит. Меѓутоа. Секоја компанија која ја занемарува повторната обработка. туку се рециклира. препакувањето. Повторна обработка и рециклажа Вообичаено е интегрираните логистички системи да ги доставуваат производите до корисниците.1. Добар пример се весниците.

мора да практикува своја логистичка стратегија. при тоа зголемувајќи ги ефикасноста и ефективноста на сите системи . Правилното проектирање на можностите на организацијата во една компанија . 13 . ја прават логистичката стратегија главен фактор – водач за развој и профитабилност на компанијата .Заклучок ( concluding remarks ) Денес. ќе се конвентираат во реалност . нивото на искористување на сите ресурси внатре . Главна цел на логистичката стратегија е да го пронајде и назначи правецот и начинот или методот по кој визијата и мисијата . од идеен или концептуален облик . Логистичката стратегија надополнува и води кон перманентен развој и раст на компанијата . поттикнувајќи и креирајќи потреби за нови производи и услуги . Логистичката стратегија ги унапредува активностите во организацијата преку одредувањето на интегралните логистички трошоци . една современа компанија која тежи кон задоволување на севкупните барања на пазарот . но и го негува и зголемува бројот на пазарите и крајните корисници на услугите .

Ballou : Business Logistics /Supply Chain Management . : Marketing logistika .Coyle . 2006 14 .H.Користена литература ( references ) J. E. Prentice Hall . Zagreb . 2004 Banjanin M. 1996 R.John Langley Jr. : The Management of Business Logistics . : Logistika .J. USA . Mate . Beograd . West Publiching Company .K. C. 2002 Bloomberg D.Bardi .

15 .

16 .

17 .