You are on page 1of 32

15 ГОДИНИ

КНИГИ ЗА СИТЕ

ГЕНЕРАЦИИ
2014

15/52

#јубилеј
#секоја недела –
нова книга

Драги наши,
2013 година ја почнавме со најскромни честитки
и желби, а ја испративме со 39 објавени книги
во 16 едиции на Антолог, a наградата „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, му беше доделена на писателот Александар Кујунџиски за И
строфите растат, издание на АНТОЛОГ - Скопје.
Што да си замислиме во 2014-тата, отсечката од
времето кога одбележуваме 15 години од првото
издание под логото на АНТОЛОГ? Наша роденденска желба сте вие, читателите од сите воз­
расти. Бидејќи од самото основање наш слоган е
КНИГИ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ.
Токму затоа, годинава секоја недела Ви следи
ново книжевно изненадување. Во 15-тата година од постоењето ќе објавиме 52 книги!
Ќе имате можност да ги прочитате најновите и
најважните дела од познати македонски, латиноамерикански, руски, европски, канадски, балкански, американски, но пред сè – квалитетни автори.
На сите саеми на книгата на кои учествуваме ќе ги
добиете најголемите попусти и гратис-книги, за
по добро да го паметите роденденот на АНТОЛОГ.
Годинава во план е да ја објавиме и 115-тата книга
од Александар Кујунџиски, рекордер по бројот на
објавени книги помеѓу македонските писатели.
Ја основавме, 17-та по ред едиција, „Нови планети“, наменета за тинејџерите, возраст за која досега во Македонија немавме доволно објавени
книги.
Планираме да стигнеме до 70-та книга од препоз­
натливата и популарна едиција БРАНОВИ.
Во подготовка е и официјалната веб-страница на
АНТОЛОГ, а продолжуваме со издавање на првото списание за креативност и уметност, РЕПЕР.
Веќе почнавме со одбележување на јубилејот „10
години од појавувањето на Spectator.“
Откриваме нови дела и автори и пред да освојат
планетарни рекорди, како што правиме со ремек-делото Лавр од Евгениј Водолазкин и со бестселер-хитот за Хитлер, Види кој се врати.
Го отвораме и промотивно-креативното студио
на АНТОЛОГ, блиску до сите читатели...
Единствено со поддршка на пријателите ќе може
желбите да ги претвориме во реалност.
За многу години, читатели, за многу години,
пријатели на книгата и на добрината!

2

ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29
1000 Скопје
Република Македонија
Телефон +389 70 778 007
Факс +389 2 3065 843
skype izdavac_antolog
http://www.facebook.com/antolog
Единствен даночен број
4080014541495
Жиро сметка 300000003674784
Депонент на
Комерцијална банка а.д.
IBAN MK07300701003070696
S.W.I.F.Т. KOBSMK2X
Основач
Александар Никола Кујунџиски
Главен и одговорен уредник
Жарко Кујунџиски
antolog@gmail.com
Извршен уредник
Валентина Костова
kostova.antolog@gmail.com
Лектор
Kристина Велевска
Дизајнери
Ана Андроска
Ненад Јолдески
Александар Ковачевски
Нина Рудиќ
Каталог
Александар Ковачевски
Правна служба
Златко Кујунџиски
antolog.books@gmail.com
Печати
Графоден
Тираж
2.000

#хумор #сатира
#иронија #сеир

smiley

Види кој се врати
Тимур Вермеш

Адолф Хитлер се буди после 70 години во Берлин со истата цел. Да го освои светот. Романот
ги крена Германците на нозе. Потоа продолжи
и Европјаните. Секаде е меѓу најчитаните и
најконтроверзни книги со лавина реакции од
публиката. Македонија е 4 земја од светот и 1
на Балканот каде е објавена. Досега продадена во 38 држави, наскоро почнува и снимањето и на истоимениот филм. Многумина велат
дека не смеете да читате ништо за Хитлер. Но,
дали е така?
Оригинал Er ist wieder da // Година 2013 //
Страници 384 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507840

Го имам служено англискиот крал
Бохумил Храбал

Романот ја раскажува приказната на Дити, амбициозен но едноставен келнер во елитен хотел во Прага пред Втората светска војна кој е
поканет да го служи, не кралот на Англија, туку Хајле Селасие. После
војната станува милионер, но со доаѓањето на комунизмот, губи сè
и е испратен да биде надзорник на планинските патишта. „Една од
најавтентичните инкарнации на магичната Прага, неверојатен спој
од бескомпромисен хумор и барокна имагинација.“ Милан Кундера
Оригинал Obsluhoval jsem anglického krále // Страници 176 //
Формат 13x20 // ISBN 978-608-4507-58-1

меш

Ричард Хукер
Романот за тројца воени лекари е книга за авантурите на една мо-

билна единица на хирурзи од американската армија, за време на
Корејската војна. Веднаш по објавувањето, стекнува огромна популарност и набрзо според него се снимени телевизиска серија и филм
кои насмејуваат генерации луѓе. „Прва книга после Квака 22 која
има сила да го сочува разумот сред лудилото на војната, раскажана
на воодушевувачки смешен начин.“ Ринг Чарднер Џуниор
Оригинал MASH // 2013 // Страници 240 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507963

3

smiley

#хумор #сатира
#иронија #сеир

Смеата на галебите

Кристина Марија Балдурсдотир
Најубавата жена од едно исландско село избегала во Њујорк со Американец и сега се враќа без сопругот но со неколку куфери секси
здолништа. Дали е веќе вдовица, дали воопшто и не стапила во брак
со Американецот? Фраја е таква жена која е инспирација на трачеви.
Оваа несекојдневна комедија има и своја филмска верзија.
Оригинал Mávahlátur // 2014 // Страници 256 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-243-007-2

Центурија

Џорџо Манганели
Книга од 100 „романи“, а секој „роман“ е долг само две страници.
Овие лежерни, комични, шармантни, луцидни приказни нè пренесуваат во светот на стотици фасцинантни ликови. Еден од најоригиналните експерименти во литературата, забавна и провокативна,
елегантна и сугестивна. Добитник на наградата Вијареџо.
Оригинал Centuria // 2012 // Страници 288 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507703

Скопје и сè е можно

Жарко Кујунџиски

Четворица луди другари имаат намера да го украдат споменикот „Воин на коњ“ од плоштадот во Скопје. Урнебесните ситуации почнуваат со ковањето планови како да се
„дигне“ 14,5 метарскиот споменик кој тежи десетици тони.
Пишуван на сленг и со народен хумор, романот е добитна комбинација во бестселерска форма. Лесно и бргу се чита а дејството е и
смешно и динамично, како да гледате стенд-ап комедија. Стилот е
на македонски Тарантино. Насловната страница е дело на Тхе Мичо.
2013 // Страници 304 // Формат 17x24 // ISBN 9786084507741

како и:
Смеаториум

4

Чисти артисти

Живко Павлов

Александар Кујунџиски

2001 // Страници 160 // Формат
17x24 // ISBN 9789989992673

2000 // Страници 160 // Формат
17x24 // ISBN 9789989992665

passion

#еротика #страст
#љубов #емоции

На плоштадот Дијамант
Мерсе Родореда

Историско-психолошки роман, чие дејствие е сместено во Барцелона и ја раскажува сторијата на Наталија, жена на која војната ѝ ја
уништила сета надеж. Таа прифаќа да ѝ го сменат дури и името во
Гулабица. Но после граѓанската војна ќе се побуни да си го врати
своето. „Најпрекрасниот роман на шпански јазик после Граѓанската
војна.“ Габриел Гарсија Маркес
Оригинал La plaça del Diamant // 2014 // Страници 192 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-243-001-0

емаус

Алесандро Барико

Романите на италијанскиот писател Алесандро Барико се омилени во
цел свет и во Македонија. Емаус е книга што ја открива сета волшебност на италијанската харизматичност. Тие се четворица другари,
таа, Андреа, една и единствена. Сè што ним им е забрането, таа си го
дозволува. Свирка на бенд во блиското гратче ќе ги доближи до вчера непристапната девојка. „Незаборавна книга потоната во поетичната страна на трагичната судбина и на кршливоста.“ The Daily Beast
Оригинал Emmaus // 2013 // Страници 144 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507802

Тешки љубови
Итало Калвино

15 раскази од еден од најголемите италијански писатели на 20 век,
во кои се опишани трагикомичните љубовни авантури на различни
ликови – фотограф, пливач, патник, разбојник, војник, скијач, читател, кратковид...
Оригинал Gli Amori Difficili // 2007 // Страници 303 // Формат 13x20 //
ISBN 9789989266232

Spectator

(VI издание)

Жарко Кујунџиски

Единствен дебитантски роман во современата македонска книжевност со шест изданија. „Ако никогаш не ви паднало наум како
изгледа ДНК на љубовта, Spectator ви ја нуди таа лекција. Тука ќе
ја најдете биологијата на човечката љубов, хемијата на еротиката,
физиката на страста.“ Александар Русјаков
2013 // Страници 144 // Формат 13х20 //
ISBN 978-608-4507-54-3

како и:

Писма до вечноста
Марија
Зафирова (приредувач)

2009 // Страници 142 // Формат
15x10 // ISBN 9786084507086

Нож и
пердув

Димитри Соле Љубин
2010 // Страници 128 // Формат
13х20 // ISBN 9786084507277

Приказни за август
Дејан Велкоски

2010 // Страници 64 // Формат
10х15 // ISBN 9786084507420

5

passion

#еротика #страст
#љубов #емоции

101 Рејкјавик

Халгримур Хелгасон

Хлинур Бјорн има 30 години и сè уште живее со разведената мајка
која штотуку му соопштува дека е лезбијка. Деновите ги поминува
голтајќи екстази во локалните клубови, висејќи на Интернет, гледајќи порно филмови на ТВ и зјапајќи по сè женско што има две нозе,
дури и по девојката на мајка му. „Прекрасно развратен, понекогаш
брилијантен, честопати фрустрирачки.“ The New York Times
Оригинал 101 Reykjavík // 2013 // Страници 352 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507789

Појадок кај Тифани
Труман Капоти

Њујорк и продавницата за скапоцен накит Кај Тифани треба да
спојат еден вечен сонувач и една девојка која ги врти мажите на
малиот прст. Дали ќе постоеше Сексот и градот ако не се појавеше
овој романот е прашање на место. Неповторлива книга која и ден
денес влијае на музиката, lifestyle-от, модата, филмот.
Оригинал Breakfast at Tiffany’s // 2011 // Страници 128 // Формат 13x20
// ISBN 9786084507475

Жената на маестрото
Гилјермо Мартинес

Двајца мажи губат глава околу една прекрасна дама од високите
кругови. Бидејќи обајцата се писатели, судирот се проширува и во
професионална смисла. Роман натопен во шпанска сензуалност и со
енигматична загатка која читателот треба сам да ја открие.
Оригинал La mujer del maestro // 2011 // Страници 128 // Формат 13x20
// ISBN 9786084507482

како и:
Најдено-загубено
(II издание)

Жарко Кујунџиски
2010 // Страници 128 // Формат
13х20 //
ISBN 9786084507208

6

Нај-кратки
раскази
Анета Попова

2009 // Страници 159
// Формат 16x17 //
ISBN 9786084507048

MURDERS

#криминал
#трилер

Алцхајмеровиот случај
Жеф Герартс

Алцхајмерoвиот случај е крими напишан со брилијантност на која

сме навикнати од Герартс. Винке и Ферстујфт се најдобрите полицис­
ки детективи во Антверпен. Кога еден сериски убиец почнува да ги
убива најважните директори од градот, тргнуваат во негова потрага.
Авторот ни ги открива истражувачките техники на ФБИ како и форензичките методи. Заслужен добитник на наградата за најдобар
криминалистички роман на фламански јазик. Според романот е
снимен филмот Сеќавањето на еден убиец од 2003.
Оригинал De zaak alzheimer // 2014 //
Страници 320 // Формат 13x20 // ISBN 978-608-243-004-1

Убиство во хотел Босфор

Есмахан Ајкол

Првиот роман од серијата на крими-трилери со ликот на Кати Хиршел, потпишани од писателката Ајкол. Кати се доселила во Истанбул
од Германија и отворила книжарница, каде се продаваат исклучиво
криминалистички романи. Наскоро во блискиот хотел се случува
убиство во која е вклучена и нејзина пријателка. Така што, истрагата станува нејзин интерес. „Не ќе можете да ја испуштите од раце“.
Филип Деларош, Лир

Оригинал Kitapçı Dükkanı // 2014 //
Страници 192 // Формат 13x20 // ISBN 978-608-243-006-5

Ноќно нуркање
Ким Смоге

Нуркањето е една од најпривлечните активности, а подводниот свет
една од најголемите енигми. Хилке Торхус се упатува на нуркање на
западниот брег од Норвешка. Пријателите ѝ ги убиваат, па ќе мора
сама да тргне на долга игра на мачка и глушец, во која храбро бега со
куп дијаманти. Добитник на наградата Ривертон за најдобра крими
приказна.
Оригинал Nattdykk // 2012 // Страници 160 // Формат 13x20 // ISBN
9786084507758

Деликатно злосторство

Сержио Сант’Ана

Напнатата приказна е сместена во фантастичниот Рио де Жанеиро.
Антонио Мартинс е театарски критичар кој по игра на случајот ќе се
вплетка со Агнес, млада куца жена за која не знае речиси ништо. Во
потрагата да ја сретне повторно, открива дека Агнес е модел на уметникот Бранкати и дека неговиот однос кон неа се движи меѓу татко
и садист. „Романот ја раскрива сексуалната перверзност, а со својата
елеганција целосно ги освојува читателите.“ Ракел Илескас Буено
Оригинал Um crime delicado // 2013 // Страници 128 //
Формат 13x20 // ISBN 9786084507796

7

MURDERS

#криминал
#трилер

Врвна уметност
Рубен Фонсека

Итар поглед кон подземјето на урбаното општество на Бразил. Еден
адвокат е ангажиран за случај на убиство на две проституки. Во својата
истрага открива садизам, криумчарење на кокаин, сериски убиства,
мафијашки пресметки. Потрагата тргнува од буквата П со нож испишана на лицето на убиената проститутка. Нема отисоци, сведоци, докази. Само ракописот на убиецот. „Врвна уметност е речиси совршена
книга. Единствена мана ѝ е што има крај.“ Франсиско Хозе Виегас
Оригинал A Grande Arte // 2013 // Страници 336 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507987

Оксфордски убиства
Гилјермо Мартинес

Професор со еден студент ги истражуваат низата чудни убиства во
Оксфорд, Англија. Сите злосторства се поврзани со математички
симболи и шифри кои го најавуваат следното од серијата. Бидејќи
сè почнува со кругот, полицијата брза да го открие убиецот. Според
романот е снимен холивудскиот филм со Илајџа Вуд и Џон Харт во
главните улоги. „Овој трилер е доволно долг за да се прочита во една
вечер, а заплетот ќе ве потресе со својот ефективен ритам.“ Томас
Џонс, Лондонска книжевна ревија

Оригинал Crímenes imperceptibles // 2013 // Страници 224 // Формат
13x20 // ISBN 9786084507864

Слепиот убиец

Маргарет Етвуд

Дејството се фокусира на Ајрис Чејс и сестра ѝ Лора, пораснати
во благосостојба, но без мајка, во мало гратче во Јужен Онтарио.
Светски бестселер и добитник на Букеровата награда во 2000 година. Списанието Тајм го прогласи за најдобриот роман во 2000 и
го стави на листата на 100 најголеми романи на англиски напишани
од 1923 година наваму.
Оригинал The Blind Assassin // 2014 //
Страници 512 // Формат 13x20 // ISBN 978-608-243-015-7

како и:
Евтини приказни

Роџер Евари и Квентин
Тарантино
Оригинал Pulp Fiction // 2008 //
Страници 192 // Формат 13x20 //
ISBN 9789989266249

8

#историја #социјала
#војни
#општествени
движења

LOUD

Случајот Кукоцки
Људмила Улицкаја

Ако уживате во класиците на Булгаков, Толстој, Достоевски, Набоков, пред себе имате нова величина на прекрасната руска литература. Книгата поставува важни прашања: каде завршува човечката слобода, дали имаме право самостојно да одлучуваме, како да
постапиме со сопствениот живот, како да се биде во хармонија со
светот. Прекрасен обид преку едно семејство да се покаже целото
општество на конкретната епоха. Со Случајот Кукоцки Улицкаја стана првата жена-добитник на руската „Букерова награда“.
Оригинал Казус Кукоцкого // 2013 // Страници 432 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-4507-53-6

Покер во Вилнус
Ричардас Гавелис

Витаутас Варгалис лежел во камп за превоспитување на ГУЛАГ, искуство кое оставило физички и психички рани. Сега е опседнат да
открие „што навистина се случува“ во неговата држава, во која Тие
презеле сè. Во 1989 година романот е пречекан како спектакл. „Замислете го како Матрикс од другата страна на Железната завеса,
крајно вознемирувачки и бескрајно интересен.“ Kirkus Reviews
Оригинал Vilniuas Pokeris // 2013 // Страници 512 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507949

Гранична држава
Тону Онепалу

Еден човек е уловен во канџите на Западната претераност, емотивно
осакатен свет во кој „сите земји станаа имагинарна пустина во која
луѓето се номади што талкаат од едно искуство до друго“. Книжевната сензација од 1993 година, досега објавена на десетина јазици.
Оригинал Piiririik // 2014 / Страници 112 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-243-016-4

како и:
Градот Ен

Леонид Добичин
Оригинал Город Эн //
2012 // Страници 112 //
Формат 13x20 // ISBN
9786084507666

Енциклопедија
на руската душа

Сите тие
краеви

Оригинал Энциклопедия русской души // 2010 // Страници
208 // Формат 13x20 // ISBN
9786084507307

2012 // Страници 94 //
Формат 12х17 // ISBN
9786084507673

Виктор Ерофеев

Бранислав
Ѓорѓевски

9

LOUD

#историја #социјала
#војни
#општествени
движења

Близначки
Теса де Ло

Историската и човечката приказна се судираат во овој психолошки роман, кој почнува во 1990 со една случајна средба на две возрасни жени
во белгиското одморалиште Спа. Двете жени се дојдени на бања. Но
не е случајно што обете страдаат од артритис. Стариците, всушност, се
близначки, одделени во детството поради смртта на нивните родители. „Фасцинирачка и прекрасна книга за сеќавањето и загубата, проткаена со волшебниот конец на историската вистина.“ Ричард Цимлер
Оригинал De Tweeling // 2013 // Страници 416 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507598

Скаменето време

Ана Ким

Од крајот на војната во поранешна Југославија повеќе од 30.000 луѓе
се евидентирани како исчезнати во Црвениот крст. До денес само
15.000 се идентификувани. Косовец што трага по сопругата која се
води исчезната и еден женскиот лик кој раскажува во прво лице се
поврзуваат преку трауматичен настан. Времето во кое сме одделени
од саканиот, ни се чини бледо и празно, дури повремено ни се чини
и како да застанало.
Оригинал Die gefrorene Zeit // 2014 // Страници 144 // Формат 13x20
// ISBN 978-608-4507-38-3

Роман 1987
Даг Солстад

Фјорд, образован човек во средните 40-ти, ја раскажува својата
приказна: бара да биде разбран, да ја објасни својата судбина. Приказната може да се чита како егзистенцијалистичка, во која еден
човек се обидува да му побегне на апсурдот. Добитник на наградата на Нордискиот совет за култура во 1987. „Ние сме во рацете на
врвен раскажувач... Не постои друг писател што би можел да му се
доближи.“ Политикен, Данска
Оригинал Roman 1987 // 2013 // Страници 368 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-4507-91-8

како и:
Црвениот симбол
на храброста
Стивен Крејн

Оригинал The Red Badge of
Courage // 2012 // Страници 176 //
Формат 13x20 //
ISBN 9786084507710

10

Америка

Франц Кафка
Оригинал Amerika // 2011 //
Страници 239 // Формат 13x20
// ISBN 9786084507468

#историја #социјала
#војни
#општествени
движења

LOUD

Рулет

Лада Жиго
Во Хрватска има 50.000 регистрирани хронични зависници од комар. Годишно на овој порок се трошат речиси милијарда евра. Еден
бунтовен човек меѓу останатите коцкари ќе одлучи со необична
игра да го надитри рулетот, општеството, судбината, околината. Но
играта е возбудлива и многу болна. Добитник на Европската награда
за литература во 2012 година.
Оригинал Rulet // 2014 / Страници 176 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-4507-49-9

Животописот на црно-белото јагне
Томаш Змешкал

Авторот црпи инспирација од сопствените искуства. Бидејќи Змешкал е од мешан брак меѓу Чехинка и Конгоанец, ги отсликува ситуациите и однесувањето на двајца близнаци-мулати, Вацлав и Луција,
ситуации и однесувања кои повеќето од нас – белците – не можеме
да ги сфатиме.
Оригинал Životopis černobílého jehněte // 2013 // Страници 272 //
Формат 13x20 // ISBN 978-608-4507-57-4

Божикен ораториум
Јоран Тунстрјом

Најважното дело на познатиот шведски писател е фамилијарна сага
на три генерации во текот на бурниот XX век. Добитник на високата
Нордиска книжевна награда во 1984 година. Истоимениот филм од
1996.
Оригинал Juloratoriet // 2014 // Страници 352 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-4507-99-4

како и:
Автобиографија

Јас имам сон

Next

Оригинал Autobiography
// 2008 // Страници 112 //
Формат 14х18 //
ISBN 9789989266263

2010 // Страници 304 //
Формат 17x24 // ISBN
9786084507284

2010 // Оригинал Next
// Страници 112 //
Формат 10x15 // ISBN
9786084507291

Чарлс Дарвин

Жарко Кујунџиски
(приредувач)

Алесандро Барико

11

#патувања
#авантура
#пустоловини
#експеримент

ON THE ROAD

Николски

Никола Дикнер
Книгата Николски е напишана за сите вечни талкачи и патувачи, на
кои ќе им покаже дека патот на крајот секогаш завршува дома. Пролетта 1989 година тројца млади луѓе, сите родени на илјадници километри оддалеченост еден од друг, решаваат да го кренат сидрото од
своите родни места и да тргнат по нешто што ќе ги зацврсти како личности и луѓе. „Ако ве интересира големиот, простран свет, нурнете
се во овој фантасмагоричен, жив, фасцинантен роман“. Игу Кориво
Оригинал Nikolski // 2013 // Страници 192 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-4507-55-0

Повторно дома
Анти Тури

Еден човек се враќа во родниот крај откако долго време поминал
на Флорида. Причините поради кои Ерки отишол во Америка пред
десетина години се поврзани со финансиски криминал и сега тој се
враќа да си го земе она што е негово – местото во општеството и
жената. Меѓутоа, сопругата има син од друг човек, а има нешта кои
не можат да се купат со пари. Добитник на наградата „Финландија“
во 1997.
Оригинал Lakeuden kutsu // 2013 // Страници 288 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507871

Жолти очи дома водат
Маркета Пилатова

„Прекрасна прослава на животот со целата негова полнокрвност, сировост, нежност.“ Илитература „Четири жени, еден маж,
два континента, две генерации, две култури, две диктатури –
споени во прстенот на судбината... Какво романсиерско деби!“
Франкфуртер алгемајне цајтунг

Оригинал Žluté očí vedou domu // 2013 // Страници 144 // Формат
13x20 // ISBN 9786084507567

Мементо за Истанбул
Ахмет Умит

Роман од 2010, кој не само што донесува многу историски податоци
за градот со три имиња (Византион, Константинопол), туку е и вториот трилер со ликот на главниот инспектор Невзат. Убиствата, археологијата, историјата, детективските истражувања, се вкомпонирани
како вртоглаво патување со временска машина. Огромен бестселер
од еден од најважните турски писатели во моментов.
Оригинал İstanbul Hatırası // 2014 // Страници 512 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-243-022-5

12

#патувања
#авантура
#пустоловини
#експеримент

ON THE ROAD

62. Модел за составување
Хулио Кортасар

Еден од најдобрите романи на шпански јазик од XX-иот век. Експериментално дело во кое главните ликови истовремено опстојуваат
во реалниот свет и во еден град, измислен од нив самите. Кортасар
го поканува читателот да излезе од своите рамки и заедно со авторот да го гради дејствието во романот. „Длабоко трогателна книга
во која се ужива и која е прекрасно напишана, а истовремено е и
одушевувачки загадочна.“ Њујорк Тајмс
Оригинал 62. modelo para armar // 2013 //
Страници 288 // Формат 13x20 // ISBN 9786084507895

Сплендорвил

Елен Матсон

Еспарто е лекарка и ќерка на познат археолог, израсната во малото
гратче Сплендорвил на работ од пустината. Еден ден тука пристигнува холивудска екипа да снима филм. Романoт го споредуваат
со филмот Mulholland Drive на Дејвид Линч.
Оригинал Splendorville // 2014 //
Страници 352 // Формат 13x20 // ISBN 978-608-243-017-1

Булеварот на Независноста
Кшиштоф Варга

Добрите приказни, барем оние според хичкоковските шеми, треба
да почнат со експлозија, а потоа да нè држат во напнатост до крајот.
Булеварот на Независноста е токму тоа. Херојот е модерен лузер,
фрустриран и неостварен уметник, кој ноќите ги минува пред компјутер со шише в рака. „Страшна и воедно и смешна книга. Меланхолична и безмилосна.“ Анджеј Сташук
Оригинал Aleja Niepodległości // 2013 // Страници 240 // Формат 13x20
// ISBN 9786084507970

како и:
Америка

(II издание)

Жарко
Кујунџиски

2010 // Страници 176
// Формат 13х20 //
ISBN 9786084507192

13

Жарко
Кујунџиски
2010 // Страници
144 // Формат
13х20 // ISBN
9786084507222

Продолжено
образование
Сотир Ристо

2009 // Страници 128 //
Формат 13x20 // ISBN
9786084507130

13

MEDITATION

#психологија
#мистерија
#природа
#философија

Утрото на светот

Педро Гиљерме-Мореира

„Што ако некој видовит човек, може да се разбуди навремено и да ја
спречи трагедијата?“ Од ваква претпоставка тргнува романот Утрото на светот, инспириран од нападите на Светскиот трговски центар
од 11 септември 2001. Приказната ни ги претставува ликовите кои
скокнаа од Кулите-близначки при судирот на авионите.
Оригинал A Manhã do Mundo // 2014 // Страници 176 // Формат 13x20
// ISBN 978-608-4507-61-1

Лебедот

Гудбергур Бергсон
Магичната реалност топло влијае на оваа современа исландска
сторија за деветгодишно девојче „што е уапсено заради кражба “
и е испратено од својот град на село поради своите лоши постапки,
инаку типична исландска казна. Ремек-дело на еден од најцелосните
исландски романсиери и еден од водечките прозни иноватори.
Оригинал Svanurinn // 2013 //
Страници 144 // Формат 13x20 // ISBN 9786084507635

Е.Е.

Олга Токарчук

Првиот роман на веројатно најчитаната и најважната современа
полска писателка е парабола на тајната на човековата личност и
потрагата по смислата на животот и на светот. Авторката, и покрај
фантастичниот облик, ги вклучува окултното, гностиката, теозофското итн. Вистинската вредност што има да ја понуди е да го врати
интересот на човекот кон целата сопствена духовна димен­зија и
мистерија што ги поседува.
Оригинал Е.Е. // 2014 // Страници 192 // Формат 13x20 //
ISBN 978-608-243-005-8

како и:
Приказни за
тревите

Живко Грозданоски

2011 // Страници 158 // Формат
12х17 // ISBN 9786084507444

14

Надојдени реки

Александар Кујунџиски
2002 // Страници 192 // Формат
14x20 // ISBN 9789989992630

#психологија
#мистерија
#природа
#философија

MEDITATION

Сината лисица
Сјон

Студениот пејзаж на Исланд е локацијата каде се случува магичната
приказна која е делумно мистерија, делумно бајка. Човечките ликови и сината лисица не се само длабоко поврзани, туку се и еднакво
фасцинантни. Добитникот на Нордиската книжевна награда, еквивалент на Букеровата, е совршен вовед во еден книжевен талент од
светска класа. „Кога барам нешто моќно и поетично, се потпирам на
Сјон... Сината лисица е магичен роман.“ Бјорк
Оригинал Skugga-Baldur // 2014 //
Страници 112 // Формат 13x20 // ISBN 978-608-243-002-7

Ексцентричен универзитет
Станислав Ракус

Студентска приказна која е сместена на еден факултет и преставува
своевидна трагикомедија во која се поставени во судир репресивниот систем од 50-тите и генијот на руската литература од 19 век,
што се предава на универзитетот.
Оригинал Excentrická univerzita // 2014 // Страници 224 //
Формат 13x20 // ISBN 978-608-243-018-8

Мисли и зборови
Сузи Тенева

Метафизичката атмосфера во повеќето од стиховите, произлегува од
засегнатоста на индивидуата да го осмисли битисувањето. Суптилноста и лирските проткајувања во говорот, го покажуваат философскиот
сензибилитет на авторката во промислувањето на историскиот момент.
2014 // Страници 48 // Формат 10x20 // ISBN 978-608-243-020-1

како и:
Единствен
матичен број
Ацо Гогов

2012 // Страници 94 //
Формат 12х17 //
ISBN 9786084507178

Најкраткото долго
Жарко Кујунџиски

2012 // Страници 301 // Формат
10x15 // ISBN 9786084507642

15

MEDITATION

#психологија
#мистерија
#природа
#философија

Троглодитни тинејџери

Емануела Пагано

Храбар роман, поетски и возбудлив, кој ја враќа надежта. Адела е
главниот лик, родена во тело на маж, но подоцна се подведува на
операција за промена на полот. Добитник на Европската награда за
литература во 2009 година. „Романот на Пагано не е далеку од тоа
да се смета за ремек-дело, нурнувајќи се во срцето на женственоста,
душата на детството и во убавините на снегот.“ Л’ Матрикул де Анж
Оригинал Les Adolescents troglodytes // 2014 // Страници 160 // Формат 13x20 // ISBN 978-608-4507-36-9

Скандалите во Кроум
Олдус Хаксли

Дружина составена од ликови на уметници се собира во малото
гратче Кроум. Меѓу чудните гости се писател кој високо котира,
утопист со планови за „идеална држава“, чувствителен поет кој е
„зацопан“ во внуката на Вимбуш. Првиот роман на Хаксли ги исмева
трендовите и модата на своето време. „Премногу иронична за да
се нарече сатира, но премногу цинична за да се нарече иронија.“
Френсис Скот Фицџералд

Оригинал Crome Yellow // 2013 // Страници 208 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507901

За Родерер

Гилјермо Мартинес

Две момчиња во ист момент треба да одберат помеѓу другарството
и кариерата. Но што ако се изгубат и двете нешта. Аргентинската
критика го смета За Родерер меѓу најважните романи објавени
во последните децении и го прогласи за најквалитетниот роман
напишан од млад автор.
Оригинал Acerca de Roderer // 2010 //
Страници 126 // Формат 13x20 // ISBN 9786084507390

Врева и бес

Вилијам Фокнер
Камен-темелник на американската литература од 20 век, кој припаѓа на линијата
„тек на свеста“, заедно со романескните
остварувања на Џојс и на Вулф. Четвртиот роман на Фокнер е неговото прво
ремек-дело кое многумина велат дека е
најдоброто од авторот.
Оригинал The Sound and the Fury //
2008 // Страници 336 // Формат 13x20 //
ISBN 9786084507000

16

како и:
Географија на
маленкоста

Ацо Гогов

2009 // Страници 64 //
Формат 13x20 //
ISBN 9786084507178

SPIRITUS
MOVENS

#духовност
#мудрост
#православие

Мисловно досие

Александар Кујунџиски (приредувач)
Секој ден од годината може да го обележите со интересна мисла од
369 познати личности од нашата земја, како револуционери, научници, политичари, бизнисмени, писатели, музичари, сликари, лекари, спортисти, но и од многу други професии. Прва и единствена
антологија на она што го кажале и мислеле личности од Македонија.
2010 // Страници 128 // Формат 17x25 // ISBN 9786084507260

Веков е тркало

Никола / Александар / Жарко Кујунџиски (приредувач)
Секогаш кога имаме желба да подариме книга, себеси и на блиските,
во потрага сме по Книга, која истовремено ќе биде топла и мудра,
восхитувачка и лесна. Прекрасната антологија на изреки, крилатици,
максими, афоризми, мудри, поучни и духовити мисли од познати и
непознати личности е вистинска Книга, Божилак, сплетен од тајните
на светот, изговорени но и напишани, слушнати но и запишани во минатите три илјади години од човештвото. Големо дело на големи луѓе.
2007 // Страници 254 // Формат 17x25 // ISBN 978998999269Х

Книгата дно нема

Никола / Александар / Жарко Кујунџиски (приредувач)
Антологијата на народни поговорки, пословици и сентенции од целиот свет донесува народни мудрости од сите краишта на земјината
топка, почнувајќи од Авганистан до Шри Ланка.
2000 // Страници 64 // Формат 17x25 // ISBN 9789989992681

СПИСАНИЕ ЗА КРЕАЦИЈА И РЕКРЕАЦИЈА

17

SPIRITUS
MOVENS

#духовност
#мудрост
#православие

Лавр

Евгениј Водолазкин
Роман за Бога, верата, времето и за тоа дека времето не постои, дека сè е едно и сè е поврзано со
остатокот, книга за љубовта и за жртвувањето.
Андреј Рубљов е во стилот на Името на ружата
во оваа длабока приказна, спектакуларно книжевно остварување. Специјалистот по средновековна историја, Евгениј Водолазкин пишува на
вечни теми како љубов, вера, саможртва и загуба,
со огромна сила и со енергија на маестрален раскажувач. „Во книгата ќе уживате, ќе сакате да ја
носите со себе, да ја препрочитувате на различни места, да ја подарите и да ја препорачувате на
пријателите.“ Итоги. Добитник на престижната
руска награда „Големата книга“ во 2013.
Оригинал Лавр // 2014 // Страници 352 //
Формат 13x20 // ISBN 978-608-243-003-4

Ритуали

Сеис Нотебом
Дрско загадочна книга за патувањето во просторот и во времето.
Иако сместена во 1980, главниот лик „прошетува“ во други три години од XX век, откривајќи им на читателите незаборавни слики од
Амстердам. Добитник на високата награда за литература „Пегаз“.
„Интелигентна, прониклива парабола за редот и хаосот, напишана од еден од најголемите современи холандски романописци.“
Washington Post

Оригинал Rituelen // 2013 // Страници 176 // Формат 13x20
ISBN 978-608-4507-88-8

Патот

Борис Митковски
„Ова што е во нашите раце е грст литании на мигот што имаат сила да
нè пренесат во мистичните простори на срцето, евклидовски простор
кој, само во една педа, бесконечен број пати го содржи растојанието од
Куманово до Струмица и назад и, уште толку пати, растојанието од Македонија до Авганистан и назад... пат што најпрецизно се мери само со
солзи и со насмевки.“ Митрополит Методиј Златанов
2013 // Страници 128 // Формат 10х20 // ISBN 9786084507772

18

#поезија
#стихови #хаику
#романтика

VERS-US

Сенки низ циркускиот шатор
Исток Улчар

„Иако станува збор за дебитантски поетски ракопис на автор-средношколец, иако носи поднаслов ‘поезија за тинејџери’, стихозбирката не е четиво што се ограничува само на средношколската публика.“ Владимир
Мартиновски „Посветена директно на тинејџерското време кое младиот
Улчар со сензибилен рез успеал да го окарактеризира низ своите стихови
како едно време активно и во реалноста и во неговата фантазија.“ Мане
Манушев

2014 // Страници 64 // Формат 10x20 // ISBN 978-608-243-009-6

Midnight blues
Андреј Ал-Асади

„Образован според искуството и на источната и на западната традиција,
Андреј Ал-Асади во својата поезија им ја отвора вратата и на Дионис и
на Шива, зашто неговото гесло гласи: Дадена ни е една цел - слобода.“
Лидија Капушевска-Дракулевска

2013 // Страници 32 // Формат 10x20 // ISBN 9786084507628

Алхемија на 21 век
Душко Крстевски-Кристан

„Одлично едуциран и солидно упатен во литерарните феномени, овој
млад и мошне талентиран автор, на моменти води дијалог, дури и креативно спори, со некои познати имиња и дела од книжевната историја,
како и со некои востановени норми и вредности.“ Лидија Капушевска-Дракулевска

2013 // Страници 64 // Формат 10x20 // ISBN 9786084507932

Агрегатна состојба

Звонко Маковиќ

„Поетскиот опус на Маковиќ е пример на постмодернистички отворен
опус. Во него се соединети провокативноста на експериментот и академската смиреност, проекцијата и случајноста, емоцијата и мислата,
стиховниот и прозниот поредок.“ Крешимир Багиќ
Оригинал Agregatno stanje // 2013 //
Страници 106 // Формат 10x20 // ISBN 9786084507796

како и:
Мојот портрет

Никола Кујунџиски
2010 // Страници 64 // Формат
10x20 // ISBN 9786084507253

За сите овие
години

Снежана Стојанова
2010 // Страници 48 // Формат
10x20 // ISBN 9786084507420

19

VERS-US

#поезија
#стихови #хаику
#романтика

Ледена вода

Митко Гогов

„Со сликите што ви ги нуди поезијата на Митко: можете да изградите
дворец, или да направите филм, или да измислите некоја игра, или... ама
штогоде да измислите, можеби ќе можете да ги спасите граѓаните..., а
можеби во тоа ќе се спасите и себеси.“ Јасна Котеска
2014 // Страници 64 // Формат 10x20 // ISBN 978-608-243-012-6

куќичка за птици-преселници
(второ издание)

Ѓоко Здравески

„Книгата е составена од песни и поетски записи што во себе ја носат
тегобноста на одмаздата кон просторот, тегобноста на патувањето, на
преселникот што, уморен од премостувањето на границите, ја изгубил
волјата за патување, па се вдал во една потрага по пронаоѓање на својот
мир, налик на влевањето на реката во морето, налик на соединувањето
на атманот со брахманот.“ Катица Ќулавкова
2014 // Страници 64 // Формат 10x20 // ISBN 978-608-243-021-8

Бденија и виденија

Петко Дабески (приредувач)

Оваа Антологија на македонската песна во проза прв пат пред книжевната јавност го претставува овој интересен и возбудлив лирски
жанр во македонската литература и се овозможува на едно место
во соодветен контекстуален амбиент, ново читање на најкусите креации. Застапени се педесетина автори од сите генерации со биобиблиографски податоци.
2013 // Страници 320 // Формат 17x24 // ISBN 9786084507826

како и:
Предмети

20

Изложба

Марко Погачар

Јана Лозаноска

Оригинал Predmeti //
2012 // Страници 96 //
Формат 10x20 // ISBN
9786084507680

2011 // Страници 48 //
Формат 10x20 / ISBN
9786084507451

Номадска
душа

Марина Мијаковска
2010 // Страници 64 //
Формат 10x20 // ISBN
9786084507215

Сузан

Џеси Блејз

2008 // Страници 64 //
Формат 10x20 // ISBN
9786084507024

#поезија
#стихови #хаику
#романтика

VERS-US

Антиепитаф

Гаврило Миловановиќ
„Како да им се пријде на овие искрени, или подобро речено колку искрени толку халуцинантни, колку акрибични толку навидум наивни, и
колку привидно танатофилични а всушност очајно вивистични, па дури
и деликатно еротички записи.“ Сашо Гигов-Гиш
2014 // Страници 48 // Формат 10x20 // ISBN 978-608-243-010-2

Ноќниот ум

Стефан Велковски
„Поезијата на младиот Велковски полека созрева во ноќта.“
Мане Манушев

„Соголено патување низ душата на младиот човек.“
Ивица Димитријевиќ

2013 // Страници 64 // Формат 10x20 // ISBN 9786084507529

Риба во шише ракија
Орхан Вели

Избор од сто песни од великанот на турската и на светската лирика.
Повод е јубилејот „Сто години од раѓањето“, а причините се многубројни, особено промените што Вели ги направи во урбанизацијата и модернизацијата на целосната структура на турската поезија.
Оригинал Vazgeçemediğim // 2014 // Страници 128 // Формат 10x20
// ISBN 978-608-243-019-5

како и:
Ќе

Мане Манушев
2013 // Страници 64 //
Формат 10x20 //
ISBN 9786084507765

Палиндром со
две н
Ѓоко Здравески

2010 // Страници 48 //
Формат 10x20 //
ISBN 9786084507314

Нешто не е во ред?
Татјана Громача

Оригинал Nešto nije u redu? //
2012 // Страници 96 // Формат
10x20 // ISBN 9786084507735

21

#поезија
#стихови #хаику
#романтика

VERS-US

Низ темјанот, еден лилјан

Сузана В. Спасовска

„Најновата [четврта] поетска книга на Сузана В. Спасовска претставува
своевиден лирски трактат за жената како битие на светлината, како на
микрокосмички (домот, семејството, улогата на родилка, итн.), така и на
макрокосмички план.“ Eфтим Клетников
2014 // Страници 96 // Формат 10x20 // ISBN 978-608-243-008-9

Стихувани години
Саво Костадиновски

Автобиографски поетски записи од еден од најпродуктивните и
најпознати македонски писатели за деца и возрасни кои творат во
дијаспората. Песни напишани во секоја измината година од неговиот живот, почнувајќи од годината во која ги напишал своите први
стихови, годината на скопскиот земјотрес.
2013 // Страници 64 // Формат 14,5x20,5 // ISBN 9786084507512

Сонце и Месечина

Александар Кујунџиски

Хаикуто од оваа книга ги фаќа моментите како со мрежичка за лов на
пеперуги и ги преточува во поетски сатори-проблесоци. Во сите појави
во природата едноставно се исцртува вечната борба на Јин и Јанг, на
светлината и темнината.
2013 // Страници 32 // Формат 10х20 // ISBN 9786084507345

како и:
Сто

22

ХА И КУ

Александар
Кујунџиски

Александар
Кујунџиски

2008 // Страници 32 //
Формат 10х20 // ISBN
9789989266270

2010 // Страници 32 //
Формат 10х20 // ISBN
9786084507239

Гулаби над
Фуџи

Црешар врз
слива

2011 // Страници 32 //
Формат 10х20 // ISBN
9786084507338

2012 // Страници 32 //
Формат 10х20 // ISBN
9786084507321

Александар
Кујунџиски

Александар
Кујунџиски

#драма
#театар

STAGE

Тринити

Анета Попова
Тринити е тројство меѓу јазолот на смртта, моќта на љубовта, вечното пријателство. Тринити е драма за пукање на маските. Тринити е
драма за човекот, чии точки се разбегани, се шетаат некаде, којзнае
каде. Тринити е соѕвездието на кое тие секогаш му се враќаат.
2013 // Страници 64 // Формат 14x20 // ISBN 9786084507956

Хенри IV

Луиџи Пирандело
Славната драма во три чина напишана во 1921 претставува вистинска студија за лудилото и за сложениот однос меѓу ликот и човекот,
фикцијата и вистината. Пирандело е автор кој одамна е промовиран
во книжевен мит. „Смеата и болката совршено измешани со разумот
и со лудилото.“ Пол Тејлор, Индепендент
Оригинал Henry IV // 2013 // Страници 112 // Формат 14x20 //
ISBN 9786084507819

Ендрју, љубов и други непогоди
Жарко Кујунџиски

Три драми за читање и за гледање - Ендрју, љубов и други непогоди
(2004), Трета врата (2001), Девиците од Исток сонуваат секс и/ли
љубов (1998).
2004 // Страници 208 // Формат 14x20 // ISBN 9789989218714

23

#деца 0–7
години

ПРВИ ЧЕКОРИ

Стариот ковчег

Михо Атанасовски

Стотина необјавени песни од оставнината на Михо Атанасовски, еден од најголемите македонски писатели за деца и возрасни. Песните се кратки, повеќето од нив и шеговити, а сите
се незаборавни и впечатливи по својата модерна поетика и
бујна фантазија.
2010 // Страници 128 // Формат 15х20 // ISBN 9786084507246

Заедно со Филип
Саво Костадиновски

„Оваа збирка песни за деца од предучилишна и рана училишна воз­
раст, ја карактеризираат едноставноста и краткоста, искреноста и
непосредноста, топлината на исказот. Не случајно е речено дека
вистинските писатели за деца и млади, во душата и срцето засекогаш остануваат млади.“ Александар Кујунџиски
2013 // Страници 48 // Формат 14,5x20,5 // ISBN 9786084507505

како и:

Зборчињаизворчиња

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

2010 // Страници 48 // Формат
15x21 // ISBN 9786084507376

2005 // Страници 32 // Формат
10x20 // ISBN 9789989218749

Броеви-роеви

Букви, укви, кви...

Александар Кујунџиски
2004 // Страници 32 // Формат
21x21 // ISBN 9789989218706

24

Новогодишна
честитка

Спомен среде срце

Александар Кујунџиски
2007 // Страници 16 // Формат
21х15 // ISBN 9789989266218

Мои бои

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

2004 // Страници 32 // Формат
21x21 // ISBN 9789989218706

2004 // Страници 32 // Формат
21x21 // ISBN 9789989218706

#деца 8–12
години

ТАБЛА

И строфите растат

Александар Кујунџиски

Добитник на наградат „Ванчо Николески“ за најдобра детска книга
во 2013 година. 110-та објавена книга на Александар Кујунџиски донесува песни наменети за децата од I-VI oдделние. Содржи 32 песни
кои буквално имаат „строфи кои растат“, исто како што растат и самите читатели. Од сите нив зрачи содржина осветлена со мисли и
пораки што се помнат и траат, а при тоа разведруваат, опуштаат,
насмејуваат, забавуваат...
2013 // Страници 74 // Формат 14,5x20,5 // ISBN 978-608-243-000-3

како и:
Светулки од
мониста

Ванѓа МихајловаШтерјова (приредувач)

Одлична единица

Александар Кујунџиски
2005 // Страници 160 // Формат
17x24 // ISBN 9789989218722

2012 // Страници 327 // Формат
15х20 // ISBN 9786084507697

Распеани песни

Сцени и сценарија

2006 // Страници 32 // Формат
17x24 // ISBN 9789989218765

2006 // Страници 48 // Формат
17x24 // ISBN 978998921879Х

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

Разбој-разнобој

Еколошки сказни

Весело летување

2007 // Страници 32 // Формат
17x24 // ISBN 978998926032Х

2006 // Страници 32 // Формат
17x24 // ISBN 9789989260303

2007 // Страници 32 // Формат
17x24 // ISBN 9789989260346

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

25

ТАБЛА

#деца 8–12
години

Happy роденден

Александар Кујунџиски
Пред нас е ракописот со необичен наслов и содржина, Happy роденден, од писателот-челник и по бројот на објавени книги во Македонија. Сите 40-ина раскази вклучени во ова дело имаат басновидна и
бајковидна содржина. Роденденските сказни и приказни во формат
на книга се најубавиот роденденски подарок!
2014 // Страници 144 // Формат 17x24 // ISBN 978-608-243-013-3

Природо, љубов моја!
Александар Кујунџиски

Книга целосно посветена на природата и на грижата за неа, со која
авторот е комплетно поврзан. Овој голем вљубеник во пишуваниот збор – како негова професија, и во природата – како негова
опсесија, донесе и внесе во македонската литература за деца
раскошно издание. Препорачан прирачник во наставата и четиво
што треба да го има за себе секое дете при своето градење како
личност.
2000 // Страници 64 // Формат 17x25 //
ISBN 9789989992657

Гнездо од бетон

Александар Кујунџиски
Песни за деца на теми на кои досега воопшто не се напишани стихови и кои се сметале за табу-теми за генерациите, меѓутоа денешните
деца честопати се опседнати, погодени и имаат желба да дознаат
нешто повеќе и да се соочат со сексуалното образование, разводите,
пијанството, наркоманијата и сл.
2010 // Страници 48 // Формат 15х21 // ISBN 9786084507406

како и:
Дедо Мраз, Дедо
Врелчо,Снешко
Црнчо, Снешко
Белчо

Александар Кујунџиски

И од пиле млеко

Александар Кујунџиски
2007 // Страници 192 //
Формат 17x24 //
ISBN 9789989266225

2006 // Страници 32 // Формат
17x24 // ISBN 9789989260338

Нека ечат песни

Расцветани сказни

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

2008 // Страници 32 // Формат
17x25 // ISBN 9789989266287

2009 // Страници 160 // Формат
17x24 // ISBN 9786084507055

2009 // Страници 32 // Формат
17x24 // ISBN 9786084507147

Александар Кујунџиски

26

Јас – Дедо Мраз

#13–19 години

TEEN AGE

Зелените луѓе
Михо Атанасовски

„Роман со научно-фантастична содржина“, мошне
раритетен жанр во литературата за деца и млади во
Македонија. Темата е оригинална и провокативна,
посебно ценејќи го сознанието дека дејствието на
оваа интересна и возбудлива сторија се случува во
2310 година! Летајќи на крилјата на бујната писателска фантазија, во вистински жилверновски стил, со
вселенскиот брод, управуван од командантот
Велјан, патуваат шест космонаути, во пресрет на
предизвиците што ги носат далечните и непознати
предели на вселената.
2014 // Страници 96 // Формат 14,5х20,5 //
ISBN 978-608-243-011-9

Приказната за Вилхелм Тел
Јирг Шубигер

Добитник на швајцарската Награда за книга за млади во 2005 година како и наградата за литература за
млади на Германија. Напишана врз основа на легендата во која Вилхелм Тел е пандан на Крале Марко во
македонскиот фолклор.
2011 // Страници 96 // Формат 12х17 //
ISBN 9786084507437

како и:
Нова планета
Александар
Кујунџиски

2006 // Страници 48 //
Формат 17x24 //
ISBN 9789989260311

Моите
(не)напишани
романи

Александар Кујунџиски
2007 // Страници 32 // Формат
17x24 // ISBN 9789989260353

27

TEEN AGE

#13–19 години

Вечен глас

Саво Костадиновски

Впечаток на секој што ја проследува македонската литература за
деца, е дека патриотската поезија напишана за најблагородната
читателска публика е запоставена во споредба со другите теми.
Зарем љубовта кон родната грутка, кон сопствената историја, не
се всадува токму на таа возраст? Преку неизмерно топлите и надахнати стихови на поетот Саво Костадиновски, кој над 40 години
минал во туѓина, се дополнува оваа празнина.
2014 // Страници 160 // Формат 14,5х20,5 // ISBN 978-608-243-014-0

Мојот живот како куче
Реидар Јонсон

Истовремено суров до коска и нежен како ќебе, на моменти длабоко замислува но цело време со леснотија насмевнува, ова ќе биде
најпрекрасниот роман што сте го прочитале и ќе подари огромно
количество топлина. Секој кој барем еднаш чувал домашно милениче, ќе се воодушеви од поврзаноста на малиот Ингемар со неговото
куче кое го придружува дури и во соништата.
Оригинал Mitt liv som hund // 2012 //
Страници 240 // Формат 13x20 // ISBN 9786084507727

Разговори со Бети
Саво Костадиновски

Со колку нежност и драгост говори поетот кога се обраќа кон својата
прва и единствена ќерка – изнурнуваат прекрасни, инспиративни
стихови. Иако таа денес е возрасна, песниве објавени во оваа книга
за деца, нè враќаат на времето од најраното нејзино детство.
2013 // Страници 36 // Формат 14,5x20,5 // ISBN 9786084507604

како и:
Шах-мат торта

Александар Кујунџиски
2007 // Страници 32 //
Формат 17x24 //
ISBN 9789989266201

28

#мега–проект
#мулти–култи

1 КНИГА – 21 ЈАЗИК

Сакам книга

Александар Кујунџиски
Прекрасен избор од богатото творештвото на
еден од најреномираните писатели за деца во
Македонија. Топли раскази, песни, сказни и
драматизации во кои ќе ужива секое дете од
предучилишна и од рана училишна возраст.
Објавена во Библиотеката „Мозаик“, под уредништво на Вилма Венковска-Милчев, директор
на Образовната програма при НВО Потрага по
заедничка основа. Сакам книга е дел од мегапроектот „1 книга – 21 јазик“.

2006 // Страници 48 // Формат 17x24 //
ISBN 9789989260397
Aleksandar Kujunxiski
Dua libër (2006)
албански

Aleksandar Kujunciski
Kitap Istiyorum (2006)
турски

Aleksandar Kujundžiski
Mangava lil (2006)
ромски

Александар
Кујунџиски Хоћу књигу
(2007) српски

Alexandar Kujundžiski
Voi carti (2007) влашки, аромански

Aleksandar Kujundžiski
Volim knjigu (2009)
босански, бошњачки

Aleksandar Kujundžiski
Ljubim knjigo (2009)
словенечки

Aleksandar Kujundžiski
Zavolih knjigu (2009)
хрватски

Aleksandar Kujundžiski
Ich liebe das Buch
(2009) германски

Aleksandar Kujundžiski
Želim knjigu (2010)
црногорски

29

Прв електронски неделник за креација и рекреација

Издавачката куќа Антолог го издава Репер, списанието за креација и рекреација,
првиот специјализиран електронски неделник кој ја претставува и промовира
целокупната креативност од територијата на Македонија, дома и во светот.
Првиот број на www.reper.net.mk е објавен во март 2008 година.
30

15 ГОДИНИ АНТОЛОГ
ПРИМАМЕ ЧЕСТИТКИ НА САЕМ НА КНИГА ОД
08-14 АПРИЛ 2014
главен влез

ГОЛЕМИ РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТИ И ПОДАРОЦИ
ЗА СИТЕ НАШИ ЧИТАТЕЛИ!
31

НА
СК
ОР
О
НОВОТО ПРОМОТИВНО-КРЕАТИВНО СТУДИО
НА „АНТОЛОГ“ ЌЕ МОЖЕ ДА ГО
ПРОНАЈДЕТЕ НА УЛИЦАТА КОЈА ГО НОСИ
ИМЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ПИСАТЕЛ,

УЧЕБНИКАР, ЛЕКСИКОГРАФ И ИСТОРИЧАР,
ЃОРЃИ ПУЛЕВСКИ, ЛОЦИРАНА ВО

ДЕБАР МААЛО, ПОД БРОЈ 29.