You are on page 1of 16

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Факултет за туризам, бизнис и логистика
Студии по бизнис логистика
Скопје

Семинарска работа по предметот:

Трговско право
Тема:

„Франшиза„

Ментор

Изработил

асс. М-р. Анета Стојановска

Даниел Огненоски 174723

Скопје 2014

1

............... Предност на франшизата како начин на проширување на работењето .......................... 7 4............................................. Терминологија ...................................... Модерна Франшиза ....................... Историјата на Франшизата.............................................................Содржина ВОВЕД ........... 4 2............ 16 Клучни зборови: Франшиза – franchise Корпоративна идентификација – corperate identity Примател на франшиза – franchisee Давател на франшиза – franchisor Тантиеми ................................. Предностите на франшизата наспроти започнување сопствен бизнис ............................................................................................ 7 5.................................................................................................................................................................................................................. Даватели на франшиза ..................................................................................... Негативни страни на франшизен бизнис.............................Royalities 2 .................................................... 15 Користена литература.................................... 6 3. 8 6...................................................................................................... 13 Заклучок .......... 3 1.............................................................. 3 Што е франшиза?!................................................... 12 7................................................

пак. алатите. која се базира на блиска и константна соработка. 11/2007 3 . за што овој вториот плаќа одредена сума пари. кога некој витез или опат можел да добие право на управување одреден дел од имотот на лордот. тоа значи дека се купува правото за користење конкретен заштитен знак (трејдмарк) или бизнис концепт. под поимот договор за франшиза се подразбираат услуги што ќе бидат осигурени од давателот на франшизата. 1 Кога се купува франшиза.Вовед Франшизата се дефинира како „привилегија или дозволено право на поединецот или на група што му овозможува на корисникот да спроведува одреден вид комерцијална активност“. помошта за адвертајзинг и обука од франшизорот (фирмата која ги поседува правата на бизнисот). Денес. легално и финансиски на самостојна компанија сопственик на франшизата и на поединечните корисници на франшизата и на себе зема одговорност дека ќе го води бизнисот во склоп со концептот на франшизата. Што е франшиза?! Франшизното работење е систем на трговии со добра и/или услуги и/или технологија. Легалниот концепт на франшиза датира од средниот век. бр. можеби ќе треба да се купат производите. Бизнисот кој се води е во основа ист како и сите други бизниси кои се водат под истото име. Давателот на франшизата на корисникот му овозможува да постигне конкурентска предност пред конкуренцијата. 1 Еукономист. За да може да се води тој бизнис. списание за Економија. а од лицето кому му ја продава франшизата бара да ги исполни условите пропишани од неговата компанија. Давателот на франшиза пред потпишувањето на договорот дава целосна информација за неговиот производ.

2 Tomazack Marta. бренд). и многу поуспешно од Исак. ова е основната придобивка од франшизата .можеш да капитализираш од деловната форма. 1999. меѓутоа сите под контрола на Western Union. Во XIX век целата наплата на франшизингот била базирана засебно.Од една страна ти го поседуваш бизнисот. на секој производ. Единствената разлика помеѓу денешниот и тогашниот договор е во начинот на наплата. системот за поддршка кој го обезбедува франшизорот. Идејата била да се дозволи независни компании да го користат истото име (марка. кој направил подобрување во веќе постоечкиот модел на машина за шиење сакал да ја зголеми дистрибуцијата. "Tips & Traps When Buying a Franchise" Paperback. Овој тренд започнал пред 1933 година кога најеминентен бил A&W Root Beer. но работата е водена од условите за договорот за франшиза. Џон Пембертон склучил многу договори за франшиза на својот производ Кока Кола. истите суровини. Модерниот франшизинг е воспоставен со подемот на овој тип на договори во секторот на бизнисот кој се занимава со ресторани за брза подготовка на храна. 4 . истата храна. име. а не сами. За многумина. Во 1935 година Howard Deering Johnson заедно со Reginald Sprague го создале првиот модерен фрашншизинг за ресторани. Телеграфскиот систем го воделе повеќе компании. иако неуспешно на долгорочен план. Историја на франшизата Франшизингот датира од 1850 година кога Исак Сингер. лого. Подоцна. бил првиот обид да се воведе овој тип на договор. дури и дизајн на ресторанот за одреден надоместок. 2 1. Најчесто цитираната реплика е дека франшизата им овозможува на луѓето да влезат во бизнис за себе. додека денес наемнината се пресметува вкупно за едномесечната работа на компанијата. Неговото заложување. а со тоа и продажбата на неговите машини. Кон крајот на XIX век со договор за франшизинг работел и целокупниот телеграфски систем во Соединетите Американски Држави. услуга.

“4 3 4 “ Franchising in the Economy” – University of Louisiana (1991-1993) IFA – International Franchising Association 5 . а најголем дел од нив претставувајќи синџири направени токму со договори за франшизинг. И двете страни имаат корист од овој договор. Според „Franchising in the Economy“ (1991-1993). никнувале како печурки после дожд. и апроксимативно еден од 12 бизниси се засноваат преку франшизинг. и скоро сигурен бизнис за корисникот на франшизата. франшизингот и помогна на Америка да стане најголема економска сила во светот. Интернационалната Асоцијација за Франшиза (IFA) кажува: „Анализа на денешната индустрија покажува дека преку франшизинг се вработени повеќе од осум милиони луѓе. студија изработена од Универзитетот на Луизијана.3 Франшизингот е уникатен бизнис модел кој им помага како на давателите на франшизингот така и на корисниците на франшизингот. и тоа проширување на бизнисот без никакви вложувања за давателот на франшизингот. поточно најголемата мрежа на автопати низ Соединетите Американски Држави.Растежот на популарноста на овој тип на договор било поткрепено и од креирањето на ланец на мотели од страна на Howard Johnson кои биле под иста капа меѓутоа сосема независни еден од друг. Меѓутоа вистинскиот бум е забележан во 1950 година кога сообраќајните превозни средства станаа нормален дел од животот на сите луѓе и кога беше изграден најголемиот. Франшизингот како модел денес се употребува во седумдесет различни индустриски гранки и генерира повеќе од 1 трилион долари во годишната продажба (услуги и производи) во Америка. Мекдоналдс во тој период станува најголемиот ланец на ресторани за брза храна и до денес го држи тој примат не само во САД туку и во целиот свет. хотели. со сосема различни сопственици. Ресторани за брза храна. мотели.

помош за маркетинг и продажба. за да може фирмата да опстане.  Можеби ќе ти помогнат и во изборот на локација.Не се добиваат само погодностите од националните и регионалните промотивни кампањи од франшизерот.  Адвертајзинг и промоција .од обезбедување на копија за твоите сопствени адвертајзинг напори.Многу франшизери обезбедуваат за своите овластени партнери најразлични докажани системи за финансии и сметководство. Предностите на франшизата наспроти започнување сопствен бизнис Се добиваат бројни предности кога се купува франшиза:  Намален ризик .  Моќ на броеви . итн.кога стануваш франшиза. 6 . истражување и развој.2. лесен пристап до познат производ.  Бизнис процеси .  Добиваш комплетен пакет .Франшизите традиционално имаат многу помала стапка на неуспех во споредба со бизнис на почеток. што може да ти помогне да обезбедиш производ и да се натпреваруваш со поголеми национални клиенти. залихи и сл. опрема. Ги покажуваат техниките кои го прават бизнисот успешен и ќе ти помогнат да го развиеш својот бизнис.трејдмарк. водејќи сметка за атрактивноста на локацијата. управување со залихи. туку и придобивките и во други области . со тоа што дозволуваат да потрошиш што е можно помалку готовина однапред. докажан маркетинг метод.  Финансиска помош и помош за селекција на локација . до развој на материјали за твојата канцеларија/продавница кои се осмислени да ги водат купувачите низ бизнисот. имаш моќ на купување на целата мрежа. планирање и проектирање. Причина? Купуваш бизнис концепт за кој повеќето проблеми биле разрешени од некој друг. продолжителна обука и поддршка.Некои компании помагаат за финансирање на првичната инвестиција.

 За овие личности можеби е тешко да се вклопат во нечиј друг систем. особено за оние кои имаат изразен претприемнички дух. ќе страда и твојата индивидуална франшиза поради тоа што ќе бидете тесно поврзани. Ако не се согласуваш.  Не си сам . Па така. Повеќето договори го расправаат договорот до најситни детали и обновата на истиот. Еве некои од можните негативни страни:  Недостаток од контрола . Ќе бидеш ограничен на извесни деловни практики. па дури и изгледот на твојот бизнис. Ова може да е тешко за некои луѓе.3. исто така и неговите проблеми стануваат и твои.Франшизниот договор е обврзувачки. и може да биде прилично ограничен.  Почетните трошоци можеби ќе се повисоки и можеби ќе видиш дека тековните лиценцни трошоци имаат најголемо влијание на твојот готовински прилив. Тој договор од 3 страни нараснал на 50 и повеќе страни и сега давателот на франшизата го диктира секој аспект на односот. доколку се допушти обнова или менување на условите.Суштината на франшизата – купување и работа со докажан концепт . можеби ќе немаш друг ресурс освен да ги почитуваш инструкциите.  Имаш обврска . ако матичната компанија се соочи со тешки моменти. надоместоци.  Цена . корисниците на франшизата обично ги 7 . Модерна Франшиза Типичниот договор за франшиза од средината на 90-тите до денес драстично се разликува од своите претходници од 50-60-тите години. Негативни страни на франшизен бизнис Франшизен бизнис не е за секого.Исто како што репутацијата на франшизерот може да влијае на индивидуалниот бизнис. 4. Во цел за униформирање.може да се чини како менаџирање отколку како сопственост.Може прилично многу да чини да се отвори франшиза и да се работи со неа.

5. Освен тоа. повеќето даватели на франшиза нудат намалена заштита од пазарот или никаква заштита на корисниците. Огромната популарност на франшизата и гледиштата кои ги креираат давателите на франшизата дека улиците на франшизните заедници се поплочени со злато. Се додека купувачите стојат во ред со пенкало и пари во рака. продавачите ќе најдат друг купувач. Денешниот систем на франшизирање (а не повеќе правото на дистрибуција на производи). франшизниот пазар ќе нуди само договори кои ги штитат само интересите на давателите на франшиза.прифаќаат (и плаќаат за тоа) сите потребни системски промени.5 Заради фактот дека франшизата ужива голема популарност. “O poslovanju franshiza”. 5 Mr. купувачите размислуваат да ако не ги прифатат понудените франшизи и едностраните договори. Во Македонија со таа проблематика се занимава комисијата за заштита од конкуренција. вклучувајќи ги и понудените производи. повеќето даватели на франшиза наплаќаат royalty на правото на користење на името и системот. створиле состојба на франшизниот пазар да не се бара преговарање околу франшизниот договор. sc. 8 . користењето на трговските имиња и потребните трговски униформи за работење. Aleksandra Ercega. Терминологија Antitrust Израз кој се употребува за законската регулатива околу конкурентите на пазарот и евентуалните забрани. Купувачите на франшиза се уверени дека тие едноставни франшизни договори се „индустриски стандард“ и со самото тоа и прифатливи.

Допринесува за креирање на имиџ на брендот на еден систем на франшиза. униформи итн) и надворешни (излози. Примател на франшиза (franchisee) Правно или физичко лице кое со потпис на посебен договор го прифаќа системот на работа на еден систем кој од поптишувањето значи негов претприемнички чекор. реклами.Буџет за реклами Износот кој се предвидува за одреден временски период (обично од 1 година). 9 . ѕидни облоги. а се однесува на заедничка реклама на цела мрежа во која се соединуваат сите карактеристики на ланецот.) на едно продажно место. прифаќа систем на работа кој го наметнува давателот на франшизата. натписи. Допринос за реклама Процент кој секој давател на франшиза го издвојува во заедничката благајна поради рекламирање на целата мрежа на национално ниво. но со влез во ланецот. Така влегува во ланецот на дистрибуција кој има препознатливо име. мебел. Corporate Identity Хомогеност на сите внатрешни елементи (боја. Директни продажни точки Продажни точки кои се во сопственост и со кои директно управува давателот на франшизата. Тие во некои ситуации можат да се сметаат како пилот центри.. Примателот на франшизата е правно независна личност..

Франшизен ќош (franchise corner) Е метода на отстапување на франшизниот пакет на трговец кој во својот продажен простор ќе направи посебен простор посветен на таа франшиза.Давател на франшиза (franchisor) Корпорација која ги стандардизирала и испробала својот бизнис концепт. Франшизен договор Е документ кој ги израмнува (ускладува) правата и обврските на двете страни и отстапките на целиот пакет помеѓу нив. Know-how Сумата на тајниот работен концепт на давателот на франшиза кој уште се нарекува и интелектуална сопственост. повлекува со себе плаќање од страна на примателот на франшизата. Lay-out Архитектонскиот облик на едно продажно место со исполнување на условите за внатрешното уредување кое се бара. визуелен идентитет и марка. Лансирање Означува големо отварање на франшизна мрежа или само поединечно место во франшизата. искуства. повторлив и пренослив и го отстапува на други компании (корпорации) заедно со марката или брендот и со сите детали кои го сочинуваат тој специфичен бизнис концепт. Logotip 10 . Тој трансфер на знаења. а во останатиот дел од просторот ќе ја извршува својата првобитна дејност.

машини. фигура или комбинација која ја идентификува марката или брендот. обука. договор. цртеж кој го симболизира работењето или идејата и името. Мастер франшиза Франшизни права кои подразбираат ексклузивност на една поголема територија. Обично се состои од лого. знак. а често и цели држави и обврска за продажба на подфраншиза на тој простор. Почетно плаќање (initial fee или entrance fee) 11 . помош во раководството. апарати кои се составен дел од работата. Пакет франшиза Склоп на сите елементи кои прават една франшиза да биде пренослива и применлива за употребување. Тоа се : марка или бренд. Марка или бренд Претставува заштитен знак под кој работи франшизата. графички приказ. услуги.Симбол. консалтинг. периодични семинари и советувања итн. Целта му е да ги идентификува услугите или производите на една компанија и да ги заврти очите на потенцијалните купувачи или корисници на услугите што таа ги нуди. Royalties (тантиеми) Износот кој е пресметан во проценти од бруто прометот и се плаќа периодично на давателот на франшизата. Тантиемите му служат на давателот на франшизата да ги подмири сите трошоци кои ги има за техничката помош.

sc. “O poslovanju franshiza”. 12 .Износ кој давателот го бара од купувачот на франшизата.е. продажба на франшизни пакети. би требало да го земе во предвид составот на франшизата како можност за свое ширење. техничка помош во фазата на отворање и лансирање. а воедно трошоците за раководниот кадар во управата и на терен ќе бидат пониски во споредба со трошоците за водење на сопствена мрежа. Тој содржи: лиценца за употреба на марката и евентуалните патенти. Даватели на франшиза Секое успешно работење кое има намера и можност да расте и да се шири. Не секој производ на некоја фирма или услуга која таа ја дава. 6 Mr. Aleksandra Ercega. може да постане франшиза и да ја продава. меѓу кои и можноста да се отворат свои. нови трговски објекти со користење на пари на трети лица и компании. Освен тоа. обука. таквите предности имаат и своја друга страна. 6 Нормално. но повеќето компании тоа би го можеле доколку пазарот покажува заинтересираност за производите или услугите кои се нудат. (инвеститори и идни купувачи на франшиза) кои ќе го водат тој бизнис. од потписникот на договорот. што значи дека работењето може брзо да се шири со високо мотивирани луѓе. За остварување на бизнис планот за поставување на темел на нова франшизна дејност на една фирма. прирачник. ексклузивност на одредена територија итн. а тоа е фактот дека работењето во франшиза ќе има помал приход отколку потполна сопственост на некој бренд. Овој систем нуди многу предности. давателот на франшизата мора да се носи со неизбежните проблеми со комуникацијата и работата на купувачите на франшизата. 6. мораме да ги споменеме и критериумите кои мораат да се исполнат за да тоа постане можно. Не секогаш како показател може да се земе бруто профитот на фирмата за нејзината популарност и важност на пазарот. т.

7.  Достапен – ако франшизата е скапа. тие пари ги добивате од давателот на франшизата. постојат одредени предности на ширењето на франшизата. имате персонал кој е добро припремен за работа во составот на франшизата затоа што самите сте ги припремиле. како би можел да даде атрактивен feedback на купувачот на франшизата и да се оправда како добра бизнис идеја. тогаш малкумина можат да ја дозволат.Некои од критериумите се:  Уникатност – нов концепт кој има потенцијал за ширење во националните и интернационалните услови  Профитабилност – концептот мора прво да носи добар профит на единечен пазар или територија за да постане франшиза. Идеално вложување во франшиза би било од 5000 – 40000 евра. Предност на франшизата како начин на проширување на работењето Како што веќе напоменавме. потребни се пари за нејзино одржување и проширување. а тоа се:  Туѓи пари: Кога работата се шири.  Квалификуван и мотивиран раководен кадар: Тешко е да се најде кадар кој ќе ги исполни вашите очекувања и ќе работи по тие очекувања. Тие состави и процедури мора да бидат во облик на прирачник.  Лесно пренослив – би требало да биде релативно лесно да се пренесе целокупното знаење и искуство на примачите на франшизата. Ако сте под франшиза.  Систематизираност – сите бизнис состави мораат да бидат детално разработени и функционални. но кога станува збор за франшизното работење. 13 .

 Брзо ширење: Денес пазарот многу често се менува па ако не се делува брзо во смисла на ширење на концептот. Франшизата нуди можност да имате илјадници единици во светот што ниеден друг бизнис модел не го овозможува.  Ефикасност – профитабилност: Работењето на франшизните фирми се по правило подобро водени па со тоа и поефикасни отколку нормалните фирми од едноставна причина што во нив е вложен капитал. Секој за себе во случајот е правно лице.  Оптимална големина: Максимален профит се остварува само со голем раст. Приликите се затвараат ако не се искористат. затоа што не е директно приклучен во проблемите на секој купувач.  Време: Времето потребно да се изгради успешен и добар бизнис на нова локација му дава на примачот на франшизата почетен успех. па истите со тоа се многу мотивирани. време. но баш поради тоа се високо мотивирани за да успее работењето. знаење а често и целокупната егзитенција на примачот на франшизата. некој друг ќе ве претрка. Освен тоа. во своите програми за обука ги кфалификува другите да продолжат со неговиот бизнис состав. правејќи една франшиза има помалку проблеми со вработените. Бидејќи давателот користи туѓи ресурси. 14 . давателот на франшиза.а покрај тоа се добро мотивирани заради тоа што тоа е нивниот претприемнички потфат. Нема подобар и побрз начин на проширување на работата од франшиза. затоа што тоа време веќе го поминал давателот и првиот трговски субјект на франшизата.

Продажба на роба 6. Франшизни тантиеми 3. 15 . потребно е познавање на терминологијата. поголемиот дел е веќе ориентиран и условен кон резултат кој што некој веќе го остварил. Наемнини Франшизните компании се високо профилни. затоа што како што веќе е напоменато. Како што веќе е наведено во текстот. Продажба на услуги 7. Максимален приход: Франшизите заработуваат на многу начини како на пример: 1. Кај франшизата нема многу простор за испишување на свои мислења. Луѓето превземаат лиценци и почнуваат да делуваат во веќе предодреден сектор. времето на делување и менаџерска контрола на приходи и севкупното делување. мал е просторот за експериментирање. Продажба за опрема 5. изборот на позиција како стратешки потег. додека е огромен за протоколно делување и менување како целина. Буџет за маркетинг 4. брзорастечки и ништо не може да им застане на патот да постанат многу моќни и големи. Франшизен хонорар – влезен влог 2. Заклучок Франшизата како начин на работење постанува се почест избор за личности со одреден почетен капитал. Кога работиме со франшиза.

Користена литература 1. sc. Mr. Aleksandra Ercega.gov. 1999. 6. Aleksandra Ercega. www. Tomazack Marta. 4. "Tips & Traps When Buying a Franchise" Paperback. IFA – International Franchise Association 16 . “O poslovanju franshiza”. br. Mr. Louisiana University Study (1991-1993). 3. "O poslovanju fransiza". 11/2007. 5.mk 2. “Franchising in the Economy” 7. EUkonomist spisanie za Ekonomija. sc.kzk.