Универзитет св.

Кирил и Методиј – Скопје
Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје

СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО АГРОКЛИМАТОЛОГИЈА
Тема: Влијание на климатските промени врз живиот свет и врз квалитетот на
земјоделските производи

Насока: Еко-земјоделство

Изработил:

Ментор:

Аризан Незири

проф. Д-р Сребра Илиќ Попова

Бр.инд. 16802

Октомври 2015

0

Содржина:

Вовед........................................................................................................................2
Врнежите и нивното влијание врз живиот свет.....................................................3
Површинската вода го одржува животот................................................................4
Транспирацијата и лисјата на растенијата.............................................................5
Умерено сонце - долговечност .............................................................................7
Прекумерна изложеност на сонце - ризик за кожен рак........................................8
Магла........................................................................................................................9
Води.........................................................................................................................13
Земјоделие..............................................................................................................15
Шумарство..............................................................................................................17
Здравје....................................................................................................................19
Заклучок.................................................................................................................
Користена литература...........................................................................................21

1

индустриски процеси. земјоделие. отпад и користење органски растворувачи и други соединенија. 2 . земјодели 8. најголем придонес кон емисиите имаат секторот енергетика со 78. промена на употреба на земјиште и шумарство.Вовед Климатските промени се резултат на зголеменото количество на гасови на стаклена градина во атмосферата. Области во кои се создаваат гасови на стаклена градина се следните: енергетика. При тоа.6%. отпад 6.1%1 .7% и индустрија 6.3%.

голем дел од водата од реките доаѓа директно од истекувањето од површината на земјата. Оваа слика покажува пример на површинско истекување (овде како истекува од пат) што втекува во мал поток. за нивните потреби. Слични бури во џунглата на Амазон и во пустината југозападно од САД ќе доведе до различни ефекти на површинско истекување. Истекувањето во овој случај е по гола почва и носи седименти во реката (лошо за квалитетот на водата). За време на обилен дожд можат да се забележат мали поточиња од вода што тече надолу. Водата тече вдолж каналите во тлото на својот пат до поголемите реки. Останатите две третини испаруваат. дел од дождот што паѓа понира во тлото. но кога дождот допира заситена или непробивна површина. површинските истекувања можат да бидат пренасочени од страна луѓето. проток) и втекуваат во реки. веројатно. Површинското истекување е под влијание на метеоролошките фактори и на физичката геологија и топографија на земјиштето. заемното влијание меѓу врнежите и површинското истекување варира според времето и просторот. Сепак. Ова е "поедноставено". бидејќи реките исто така добиваат и губат вода во тлото. што се дефинира како површинско истекување. почнува да тече надолу како истекување.Врнежите и нивното влијание врз живиот свет Многу луѓе. коишто потоа се празнат во океаните. Исто така. имаат поедноставена претстава дека врнежите паѓаат на земјата. 3 . Само околу една третина од врнежите што паѓаат над земјата истекува во потоците и во реките и се враќа во океаните. течат над земјата (истекување. Вообичаено. се транспирираат или понираат во подземните води. Како и кај останатите делови на кружниот тек на водата. Истекувањето што се влева во овој поток го започнува својот пат назад кон океанот.

подземните води постојат поради надолното движење на површинската вода во подземните водоносни слоеви. Други дваесет проценти се акумулирани во Големите Езера (Хурон. Мичиген и Големо Езеро). Водата на земјината површина навистина го одржува животот. доколку има достап до снабдување со површинска (или подземна) вода.29 проценти од слатката вода на Земјата. Дваесет проценти од целокупната свежа вода е во едно езеро. Слатката вода ја има во мошне ограничени количества на површината на Земјата. Транспирацијата. Гледате дека животот на Земјата опстојува од она што е во основа само "капка во морето" од вкупните резерви на вода на Земјата! Транспирацијата и лисјата на растенијата Транспирацијата е процес со којшто влагата се пренесува преку корењата на растенијата до малите пори на долната страна на лисјата. Се проценува дека околу 10 проценти на влагата што се наоѓа во 4 . во основа.Површинската вода го одржува животот Како што покажува оваа слика на Делтата на Нил во Египет. А. Бајкалското Езеро во Азија. Само околу три процента од целокупната вода на Земјата слатководните е слатка езера и вода.006 проценти од вкупните резерви на слатка вода. животот може да цвета и во пустина. Реките имаат само околу 0. кадешто се менува во пареа и се ослободува во атмосферата. претставува испарување на вода од лисјата на растенијата. а мочуришта претставуваат само 0.

400-15. како што се кактусите.000 галони) годишно.  Движење на ветерот и воздухот: зголеменото движење на воздухот околу едно растение ќе резултира во повисока транспирација. преку транспирацијата. вие не одите. кога воздухот е потопол. Во сезоната на растење. Некои растенија што растат во суви региони. Еден ар пченка испушта околу 11.со оглед на тоа што водата испарува од површината на лисјата. Атмосферски фактори што влијаат на транспирацијата Количеството на вода што се ослободува од растенијата преку транспирација во голема мерка се разликува во зависност од географската положба и времето. Водата полесно се ослободува во посув воздух отколку во позаситен воздух.000-4.  Вид на растение: Растенијата ослободуваат вода со различни стапки на транспирација. зачувуваат драгоцена вода преку помала транспирација отколку кај другите растенија. едноставно.000 литри (40. надвор и ги гледате лисјата како се потат. особено во сезоната на растење. Неколку фактори ги одредуваат стапките на транспирација:  Температура: Стапките на транспирација се зголемуваат со зголемувањето на температурата. 5 .  Релативна влажност: Со зголемувањето на релативната влажност на воздухот околу растението опаѓа стапката на транспирација. а големо дрво даб може да испушти 151.100 литри (3.000 галони) вода секој ден.атмосферата се ослободува од растенијата. еден лист многукратно ќе изврши транспирација на повеќе вода отколку што изнесува неговата сопствена тежина. Транспирацијата на растенијата е прилично невидлив процес .

Нервозата меѓу патниците расте. Умерено сонце . Најпрво биле откажани летовите во внатрешноста. а недостатокот од вода го надоместува со магла бидејќи се наоѓа на брегот на Тихиот Океан и 9 месеци во годината е обвиен во морска магла која се фаќа на мрежите. Околу три британските милиони патници аеродроми се поради заглавени на откажување на летовите. во Британија се очекува и застој на патиштата. готвење и хигиена. Жителите на едно предградие на Лима на падините на Андите можат да соберат 240 литри вода за една ноќ и уште толку во текот на денот.Жителите на некои делови на главниот град на Перу. а потоа и меѓународните. со пластични мрежи собираат магла за да си обезбедат вода. Според метеоролозите. Холовите на аеродромите се преполни. а маглата им е само изговор. Лима е еден од најголемите пустински градови во светот. Најлоша е состојбата на најголемиот и најпрометниот лондонски аеродром „Хитроу“. Хаосот се случува во најпрометниот дел од годината . Таа вода се користи за наводнување на градините. По хаосот на аеродромите. Густата магла го парализираше авиосообраќајот во Велика Британија. ваква магла немало во изминатите 15 години и не прогнозираат подобрување на временските услови пред Божиќ. но луѓето сепак мораат да купуваат вода за пиење. а четвртина од нив немаат довод на вода. каде што маглата исто така го отежнува движењето. Лима денеска има 8 ипол милиони жители.долговечност 6 . Вака собраната магла се претвора во вода и се слева во големи резервоари. каде во изминативе три дена летовите беа редуцирани.на три дена пред Божиќ. Густата магла го парализираше авиосообраќајот во Британија. Британската јавност ги обвинува аеродромските власти дека не знаат да се справат со ситуацијата. Поставувањето на мрежите почна како експеримент пред две години. два пати повеќе отколку пред 30 години. а денеска ги пои некои од најсиромашните жители на градот. Оттаму денеска не полетале околу 300 авиони.

Витаминот Д му е потребен на телото за да може да го апсорбира калциумот. Но. Високите дози на витаминот Д. за одржување на добра состојба на коските и многу други клучни телесни функции. кој под нејзино влијание се создава под кожата. Немаланомскиот рак на кожата (базоцелуларниот и планоцелуларниот карцином) обично се јавува на површините на кожата кои се често изложени на сонце. Таа е и наш главен извор на витамин Д. Истражувањето спроведено на "Варвик Медикал Скул" било фокусирано на луѓе постари од 50 години. Затоа вашата кожа како што ја чувате од надвор. количеството на витаминот Д значително се зголемило. многу е важно секојдневно да се користи дневна крема со заштитен фактор и на таков начин да ја заштитите кожата од сонцето.Престојувањето на сонце може да го намали ризикот од болестите поврзани со срцето. го намалуваат ризикот од умирање од болести на срцето. додека пак меланомот најчесто се јавува на кожата на грбот кај мажите. што се создаваат со изложувањето на сончеви зраци. преголеми дози од сончева светлина може да бидат вистински кошмар за здравјето. но можат да заштитат и од друг вид здравствени проблеми. Преку 90% од случаите на рак на кожата се јавува на површини кои се редовно изложени на сончевите зраци или на други извори на ултравиолетово зрачење. треба да ја чувате и од внатре: јадете намирници кои се богати со антиоксиданти и нутриенти. за да ја задржите нејзината влажност и да се заштитите од оштетувањата кои може да ги предизвика сончевата светлина. пијте многу вода. а се поправила и нивната општа здравствена состојба. и на 7 . а исто така влијае и врз долговечноста. потврди новото истражување. користете соодветни производи за нега на вашата кожа. Откако докторот им советувал повеќе време да минуваат на сонце. Дури и кога се сончате. Сончевата светлина не е само привилегија резервирана за годишни одмори.ризик за кожен рак Се смета дека изложувањето на сончевите зраци и на другите извори на ултравиолетово зрачење е најголем фактор на ризик за настанување на кожниот карцином. кои во телото имале недоволно количество од витаминот Д. Прекумерна изложеност на сонце .

јаглероден диоксид. Скопската Котлина поради своите физичко-географски карактеристики се одликува со зголемена зачестеност на денови со магла. кога видливоста е од 50 до 200 метри. се зголемува густината. Тогаш маглите можат да бидат многу штетни за здравјето на луѓето. Но. Скопјани дишат јаглероден моноксид. како што се лампите за сончање и солариумите. Кај нас никој не се занимава со пр оцес на растерување на маглата. не треба да се заборави дека и неприродните извори на УВ зраци. Во времето кога над Скопје има магла. особено од ноември до февруари. сулфурен диоксид. а со тоа и концентрацијата на атмосферски додатоци. Просечно годишно во Скопје има 39 најчесто магливи во денови. а особено ведрите ноќи по дожд кога воздухот е многу влажен и има услови за појава на езера на студен воздух. Скопските магли се одликуваат со зголемена концентрација на разни гасовити соединенија и честички на согорување. а се јавува во сите часови од деноноќието. сите вредности на отпадните гасови и полутантите се зголемуваат за неколку пати. Меѓутоа. периоди неколку дена од со карактеристика на многу густа магла. Доколку потрае стабилна состојба во атмосферата. Радијациските магли се најраспространети и најчесто присутни во Скопје. можат да бидат причина за појава на кожен рак. Магла Една од многуте карактеристични појави за Скопје во длабока есен и зима е маглата која во одредени услови се задржува и подолго време. 8 . ниту една институција досега професионално не се зафатила со надминување на овој проблем.кожата на нозете кај жените. Најпогодни временски услови за нивно образување се тивки и ведри ноќи со слаб ветер. иако се прават само поединечни обиди.

начини за борба со маглата постојат и се применуваат секаде во светот. според стручњаците. Прогнозите за последиците од промената на климата во наредните 15 години воопшто не се поволни. Метеоролозите тврдат дека оваа пустина неколку дена ќе биде под снег. Обиди за растерување на маглата во последните неколку години прават поедници. што би се случило со намалувањето на соленоста на океаните поради големиот прилив на слатка вода од стопените санти и дотекувањето на реките . иако. Во тој период природната моќ на воздухот самостојно да ги рециклира штетните полутанти е намалена поради присуството на маглата. Со цел да се ублажат последиците од оваа не така оптимистичка иднина 190 земји од светот од 28 ноеври до 9 декеври 2005 година се состанаа во 9 . Неверојатно снег во пустина Градчето Ел Салвадор во Чиле потполно е прекриен со снег. Климатски промени и пчелите Последните десетина години се повеќе ги чуствуваме промените во климата како последица на глобалното затоплување како резулат на неконтролираното испуштање на гасови во атмосверата. Ова го изненади целиот свет. додека Управата за хидрометеоролошки работи нема надлежност. а поради големото невреме во Чиле се затворени неколку автопати и аеродроми. вели Магдалена Трајковска од работната група за испитување на квалитетот на воздухот во ЛЕАП. но и големи поплави и заладувања поради прекинување на голската струја. а во воздухот има и голема концентрација на цврсти честички како чад. ниту пак посебно одвоени средства за таа намена. Се очекуваат големи невремиња и бури . Најсушната пустина во светот пустината Атакама е моментално целата под снег.азотни оксиди. Природните климатски околности во Скопје се такви што оваа котлина ја прават многу неповолна за живеење во зимскиот период".

Екологистите пак предупредуваат дека во блиска иднина доколку не се превземат радикални мерки за зачувување на животната средина голем број видови од растителениот и животинскиот свет ќе исчезнат .па дури и америчка трулеж. да се одгледуваат исклучиво здрави и силни пчелини семејства кои имаат доволно квалитетна храна. Канада на самитот на ОН и дебатираат како да ја прошират борбата против глобалното затоплување. Превентивно треба да се обезбедат сите услови за успешно пчеларење. За да се ублажат последиците од ваквите екстремни промени во природата најважно е да се внимава на технологијата на пчеларењето и основните принципи во пчеларството. мај и јуни што условува задоцнета вегетација. Поради тоа активниот медобер при стационирано пчеларење во одредени години не е подолг од 2 до 3 недели што многу неповолно се одразува на приносите и развојот на пчелината заедница. Ова сигурно дека ќе се одрази и на климата на балканот и во Македонија како и на пчелините заедници и медоносната флора -промени во климатските услови веќе може да се почувствува. мед и полен и малади матици. европска трулеж . добра локација на пчеларникот која не е изложена на студените ветрови и загадената средина. продолжена и студена зима. ниски температури посебно во пролетните месеци април. Во пролетниот период се забележуваат и големи температурни разлики во текот на едно деноноќје. што предизвикува појава на болести. кречно легло. преладено легло. Елативната влажност на воздухот е една од карактеристиките на 10 . сувата и долга есен. а наглото затоплување доведува до едновремено цутење на најголемиот дел од пчелината паша најчесто проследено со големи осцилации на температурата и нерамномерни врнежи. семејствата да бидат добро затоплени и со соодветна вентилација. кои во текот на денот се искачуваат и до 28 0 С.Монтреал. а ноќните температури се 1 или 3 0С под нулата. Овие промени во климата овозможат разни мутации на одредени бактерии и вируси кои ќе бидат уште една голама закана за здравјето на животните и човекот. Ова може катастрофално да се одрази на медоберот најчесто на пашите од багрем и липа кои се многу осетливи на температурните промени. ноземоза. Освен тоа многу негативно влијае врз развојот на пчелината заедница во која може да дојде до оладување на леглото поради потребата пчелината заедница да формира клубе.

Само Шар Планина има снежна покривка која достигнува и до два метра дебелина и наглото топење на снегот предизвикува зголемување на нивото на реките и нивно излевање. Релативната влажност на воздухот просечно се движи од 84% во декеври па до 57% во јули. Славиште и во Малешевијата.Во котлините со умереноконтинентална клима кои се заштитени од студрните воздушни струења се карактеризираат со топли лета и поблаги зими. Ова клима е застапена во Пелагонија.Ветровите кои дуваат во овој климатски тип е Вардарецот и Југото. ако последица на климатските и другите природни фактори за кои поконкретно пишувавме на територијата на република Македонија се застапени три основни климатски типа: Изменето- средоземноморска за кои е карактеристично топлото влијание од Егејското Море кое навлегува по речното корито на реката Вардар кон север. Се карактеризира со топли суви лета и благи врнежливи зими. Овче Поле. Преспа.На планините температурата се намалува во зависност од висината. Планинска клима е застапена на оние планини во Mакедонија кои имаат над 1000 м надморска височина.климатските услови и има големо влијание врз интензитетот медењето но и врз развојот на пчелината заедница. Есента вообичаено е подолга и потопла од пролетта. и најчесто е пропратено со јужен ветер и врнежи. Умерено континенталната клима се карактеризира со струење на студени воздушни маси од север во зима и топлите воздушни маси кои навлегуват од југ во летото.кога по обилните врнежи од снег Доага до зголемување на температурите над 200 Ц. Малата релативна влажност на воздухот не е поволна за медењто ниту за одгледување на леглото. Оптималната релативна влажност на воздухот за добор развој на пчелината заедница и обилно медење на медоносниите билки е во границите од 60% до 80 %. Регулиранањето на речните корита и чистењето на 11 . Поплави се случуваат претежно во пролетните месеци. Кичевско. особено во топлите летни денови . есента е подолга и потопла од пролетта која е покуса и посвежа. Кумановско. а врнежите на поголемите надморски висини се зголемуваат.Ова клима е позната како Жупска клима и е застапена во Полошката и во Дебарската Котлина. Пласнинската клима се карактеризира со долги студени и снежни зими и кратки и свежи лета а пролетта е пократка и посвежа од есента.

.. а во услови на зголемени температури поради климатските промени се очекува зголемување на потрошувачката на водата за пиење до 30%. Како мерка за адаптација кон новонастанатите услови се препорачува намалување на загубите на вода во системот за водоснабдување со вода за пиење (кои сега изнесуваат 45 – 50%).”3 Ова би значело дека расположливите водни ресурси за водоснабдување би биле намалени. зголемување на цената на водата.. може да се заклучи дека значителната редукција на ефективните врнежи ќе предизвика драстично намалување на расположивите водни ресурси во 2050 и 2100 година. радоградинарските култури.тој треба да се постави надвор од областите каде се можни излевања на реките. пластениците. подигање на јавната свест на населението за рационално користење на водата. Земајќи го во предвид намалувањето на ефективните врнежи и фактот дека 84% од расположивите водни ресурси се создаваат на територијата на Република Македонија. односно истата да не се употребува за полевање на тревници и сл. Климатските промени би имале негативно влијание и врз наводнувањето (каде се трошат 40% од целокупната потрошена вода во земјата) од една страна поради намаленото расположливо количество на водни ресурси. како и подобрување на функционирањето на јавните претпријатија. ВОДИ . Износот на редукцијата на ефективните врнежи за 2100 година се движи во опсегот помеѓу 27% и 84% . ерозии на земјиштето прдизвикано од поплавите и сл. Поплавите треба да се имаат во предвид кога се избира локација за пчеларникот. Најчесто страдат посевите. Доколку пчеларник биде зафатен од поплава може да биде целосно уништен. кое главно се должи на значителниот пораст на температурите.одводните канали ‚ќе ги намали опасностите од поплави со што ќе се намалат и штетите од нив. . има драстично намалување на ефективните врнежи за идниот период. а 12 ..

Климатските промени ќе имаат негативно влијание и врз квалитетот на водите. климатските промени ќе се одразат негативно врз земјоделието. рехабилитацијата и одржувањето на системите за заштита од поплави и системите за одводнување е неопходна. Според тоа. Адаптационите мерки поврзани со сушите се поврзани со промена на видот на културите кои ќе се одгледуваат.од друга страна поради зголемената евапорација поради зголемените температури. Во делот за управување со водните ресурси посебно влијание треба да се посвети на управувањето со браните и вештачките акумулации бидејќи тие играат значајна улога и во наводнувањето. поплавите и сушите. во водите ќе се зголемат концентрациите на загадувачките материи испуштени во истите. кон Вториот национален извештај на РМ кон РК на ОН за климатски промени. Зголемената температура на водите негативно ќе влијае врз водниот биланс и живиот свет кој живее во водите. Поради намалените протоци. Во напорите за спречување на поплавите потребно е да се инсталираат системи за рано предупредување на главните водотеци во Македонија. и во спречувањето на поплави и во водоснабдувањето на населението. декември 2006 8 загубите на вода. цената на водата да достигне реална вредност. Поради тоа. Најуспешна мерка за адаптација кон влошениот квалитет на водите е изградбата на пречистителни 13 . пред се поради намаленото количество на кислород во водата. потребно е изготвување на оперативни планови за заштита и ревидирање на документите за плавените површини итн. Како мерки за адаптација во делот на наводувањето се опфатени: зголемување на ефикасноста на системите за водоснабдување и начините за наводнување. со што би се намалило количеството на вода потребно за наводнување и 3 Проценка на ранливоста и адаптација за секторот водни ресурси. одржување на системите за водоснабдување. а поради зголемената употреба на вода во земјоделието ќе се зголеми концентрацијата на загадувањето кое се испушта во реките. Климатските промени исто така ќе влијаат и врз зачестената појава на екстремните хидролошки појави. што ќе ги натера земјоделците да ја штедат истата или да се преориентираат на култури со помала побарувчка на вода. Д-р Катерина Доневска. за кои веќе е регистрирана зголемена зачестеност во однос на минатото. Исто така. како и зголемено испуштање на вода од акумулациите.

луцерката чие производство во Битолскиот регион би се намалило за 70% до 2100 година. Високопродуктивните грла исто така ќе бидат под негативно влијание на зголемените температури. посебно за поголемите градови во Македонија. особено во интензивното сточарско производство. зимската пченица . Полог (Тетово и Гостивар). Најзагрозени земјоделски култури од климатските промени би биле: виновата лоза во делот на Повардарието. Намаленото производство на луцерка и зимска пченица ќе се одрази и врз сточарското производство. во многу загрозени зони спаѓаат југоисточниот регион (Струмица). долината на Скопје – Куманово (Скопје). јужниот дел на Вардарската долина (Гевгелија). чие производство во скопскиот регион би се намалило за 21% до 2100 година. ЗЕМЈОДЕЛИЕ Најзагрозени земјоделски подрачја од појавата на климатските промени во Македонија се следните: како најзагрозена зона е зоната на Повардарието. едукација на фармерите итн. Адаптирањето во растителното производство кон климатските промени би се сосотоело во: употреба на техники за заштеда на вода во наводнувањето. како загрозени земјоделски зони се сметаат: Пелагонија (Битола). 14 . чие производство би се намалило за 84% во Гевгелискиот и 82% во Струмичкиот регион до 2100 година. особено во делот на реките Црна и Брегалница.станици за отпадни води. регионот на големите езера (Ресен). како и на брзите и големи температурни разлики. превземање на мерки за опоравување на почвата. доматот. Овче Поле (Штип). За следење на влијанието на климатските промени врз водите во Македонија неопходно е да се подобри системот за мониторинг на водите. воведување на нови култури и сорти толерантни кон суши. чие производство би се намалило за 59% до 2100 година. а производството на јаболка во Ресен би се намалило за 59% до 2100 година.

Како пример за ова се истакнува појавата на инфективното заболување плав јазик во 2001 година. Климатските промени ќе предизвикаат и влошување на квалитетот на прехранбените производи поради појавата на патогени и биотоксини во истата. Влошувањето на условите за земјоделско производство во одредени подрачја би предизвикало нивно осиромашување. што пак директно влијае на нејзината плодност. Најдобар начин за заштита од ерозија е пошумувањето на падините. миграција на населението и замирање на животот во тие краишта. Како една од мерките за спречување на намалувањето на органската материја во почвите е употребата на органски ѓубрива. ѓубрење на почвите по претходно направени хемиски анализи на почвата. Намаленото производство би ја погодило и преработувачката индустија захрана. така што голем број на болести кои се пренесуваат преку инсекти. Зголемената температура и намалената влажност во почвата ќе придонесе кон намалување на органската компонента во почвата и зголемување на ерозијата. одгледување на легуминозни растенија заради зголемување на количеството на азот во почвата итн. ШУМАРСТВО 15 . заболување кое е нетипично за нашето поднебје.Поради зголемените температури и влажноста на воздухот ќе се зголемат природните живеалишта на инсектите. а се карактеристични за тропските области би се пренеле кај нас на добитокот. Како најпогодни мерки за адаптација на климатските промени би биле воведување на 10 грла отпорни на високи температури и тропски заболувања. како и модификација на исхраната и условите во шталите каде се одгледува добитокот.

На пример: Одгледувачките мерки да бидат прилагодени со климатските промени. преку детални мерки предвидени во посебните планови за стопанисување. Сето ова. 2. се очекува одредена миграција на дрвните видови кон поголемите надморски височини и промена на флористичкиот состав на сегашните шуми. Исто така. Уредувачките мерки да бидат 12 прилагодени со климатските промени. 4. пресупресивни и директни мерки за заштита на шумте од пожари. 5. а и според резултатите од ова сценарио. Заради зголемениот процент на суви стебла ќе се зголемува количината на горливиот материјал и поради поволните услови (зголемена температура на воздухот и намалени врнежи) се очекуваат поголем број на шумски пожари и опожарена површина. а согласно тоа се предложени и адаптациони мерки за нивно ублажување: „ Според досегашните искуства. дрвни видови. Да се превземат сите превентивни. 3. заради потребата за преземање на соодветни мерки при работата во шумарството. Да се воспостави мониторинг за следење на влијанието и промените на климатските промени врз шумите и шумарството. Заради физиолошкото слабеење на дрвјата се очекува зголемена популација на одредени штетници (особено инсекти) и габи. особено во дабовиот појас ( до околу 1 200 м н. 3. до 2050 година можни се следниве последици од климатските промени: 1. Подобрување на видовиот состав на шумите (природни и вештачки) со автохтони. 2. ќе ги зголеми трошоците на работа во шумарството и се очекува да предизвика значајни економски штети. Поради зголемувањето на температурата на воздухот и намалените врнежи. Да се воспостават механизми државата да го помага овој аспект на работа во шумарството бидејќи тој нема секогаш да има економска оправданост. Особено се мисли на следењето на здравствената состојба на шумите. Стопанисувањето на шумите да се прилагоди на климатските промени. можно е интензивирање на процесот на сушење на шумите. 4. 5. 16 .).Во делот на шумарството се предвидени следните последици од климатските промени. отпорни на климатски промени. Мерките кои треба да се преземат за да се адаптира шумарството на едни вакви услови се: 1. Изборот на видови при пошумувањата да бидат прилагодени со климатските промени и сл.в. популациите на болестите и штетниците и фитоценолошкиот состав на шумите.

Топлотните бранови предизвикуваат топлотни удари. а разликата е максимална во случајот на Амстердам и изнесува 8.000 жители. директните опасности врз човековото здравје можат да претставуваат понатамошната сигнификантен урбанизација. Во директни влијанија спаѓаат болестите и сосотојбите со здравјето кои се поврзани со температурата и екстремните временски настани и ефектите од аерозагадувањето повразни со ширењето на спори и мувли. „Како последица на глобалното затоплување. здравствен Потоплите проблем температури. водата за пиење или недостаток од нив. претставуваат ризик за здравјето и животот на луѓето зафатени со нив. како и поради географското ширење на некои видови растенија во нови области. во контекст на комбинирани со зголемената амбиентална УВ радијација и урбаното аерозагадување можат да го потенцираат фотохемискиот смог. исрпување и грчење. поради продолжените периоди на цветање и сезоната на полен на некои растенија. Глобалното затоплување влијае и врз појавата на алергии и нивно интензивирање. како што се поплавите. исто така. срцевите и бубрежните болести.70 C). Во Македонија поеќе од 60% од населението живее во градовите. луѓето со зголемена телесна тежина и оние луѓе кои имаат зголемено трошење на течности на работното место. Екстремните временски појави.“5 Најпогодени групи од топлотните бранови се доенчињата и децета до четири години. Влијанието на зголемената температура посебно ќе дојде до израз во урбаните средини каде температурата е повисока од руралните средини за неколку степени (оваа разлика во Америка изнесува 12. посебно во урбаните средини.50 C за град од 1.ЗДРАВЈЕ Ефектите врз здравјето кои ги предизвикуваат климатските промени може да се поделат на директни и индиректни влијанија. 17 . а исто така ги влошуваат и хроничните проблеми со белодробните. Во индиректните влијанија спаѓаат болестите поврзани со загадувањето на храната. а исто така и болестите кои се пренесуваат преку вектори. За Европа оваа бројка е помала.000.

Во природата не постојат ни награди ни казни. кои како последица предизвикуваат глобално затоплување. поради понатамошно зголемување на концентрацијата на стакленички гасови. Температурата во светот во изминатите 100години се има покачено за 0. доколку не превземеме чекор за намалување на емисијата на стакленички гасови. Во денешнo време зборот климатски промени се однесува на антропогените/човечки предизвикани климатски промени преку зголемената концентрација на гасови со ефект на стаклена градина во атмосферата.ЗАКЛУЧОК Важен аспект на климатa се климатските промени. Се предвидува дека просечната глобална температура ке порасне за 4 ° C до крајот на 21от век.74 ° C а научници се јасни дека светот ќе добие потопол век. Во текот на изминатите милиони години средната годишна температура на Земјата варирала нагоре или надолу по неколку степени целзиусови. Користена литература: 18 .постојат само последици.

www.wmo.meteo.mk.hr.int www.meteo.climatesciense.com www.gov.www.gov.gov 19 .mk www.wikipedia.