You are on page 1of 36
Весник на локалната самоуправа јануари 2013 • бр. 24 • година 5
Весник на локалната самоуправа јануари 2013 • бр. 24 • година 5

Весник на локалната самоуправа јануари 2013 бр. 24 година 5

НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ
НАЈВИСОКА
ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ
јануари 2013 • бр. 24 • година 5 НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ
јануари 2013 • бр. 24 • година 5 НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ

2 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВО ОВОЈ БРОЈ ВЕТЕНО СТОРЕНО ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВА
ВО ОВОЈ БРОЈ ВЕТЕНО СТОРЕНО ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВА
ВО ОВОЈ БРОЈ ВЕТЕНО СТОРЕНО ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВА
ВО ОВОЈ БРОЈ ВЕТЕНО СТОРЕНО ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВА
ВО ОВОЈ БРОЈ ВЕТЕНО СТОРЕНО ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВА

ВО ОВОЈ БРОЈ

ВЕТЕНО СТОРЕНО

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВА УРБАНА ОПРЕМА ВО ОПШТИНАТА КАРПОШ

6

ИНТЕРВЈУ

Андријана Цветковиќ, филмски режисер

МАКЕДОНКА ВО РАБОТИЛНИЦАТА НА КУРОСАВА

12

НА КАФЕ КАЈ

Ивко Панговски, легендарен радио репортер и стенограф

ГОЛ, ГОЛ, НЕ, НЕ Е ГОЛ, ДРАГИ СЛУШАТЕЛИ

20

ОБРАЗОВАНИЕ

Сертификати за младите актери од Карпош

„НАШИ ГОДИНИ“ СО ЦЕПЕНКОВ

24

СПОРТОРАМА

ЛИКОТ И НАЛИЧЈЕТО НА СП ВО РАКОМЕТ

30

Весник на локалната самоуправа јануари 2013 • бр. 24 • година 5
Весник на локалната самоуправа
јануари 2013 • бр. 24 • година 5
НАЈВИСОКА
ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ

Издава Општина Карпош ул.„Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

Издавачки совет

Стевчо Јакимовски

Даница Мартиновска

Димче Мешковски

Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска

vikipr@karpos.gov.mk

Уредник

Миле Раденковиќ

mile.radenkovic@karpos.gov.mk

Редакција

Живко Трајановски

Елена Кузмановска

Ива Манова

Игор Ѓуровски

Технички уредник Зоран М. Гулевски

Лектура

Живко Трајановски

Ангелина Николовска

Фотографија

Ива Манова

М. Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

3

ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ

ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ Пишува: Владо
ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ Пишува: Владо
ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ Пишува: Владо
ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ Пишува: Владо
ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ Пишува: Владо
ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ Пишува: Владо

НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ

НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ Пишува: Владо Поповски Во

Пишува: Владо Поповски

Во последната 2012-та, Карпош, според пер- цепцијата на своите жители, доби највисо- ки оценки за услугите во областите на обра- зованието, спортот и културата, а се забеле- жува и континуирано подобрување на оцен- ката за локалниот еко- номски развој

Почитувани граѓани, Досега, преку Вашето информативно гласило Карпош Урбан, ги прене- сувавме активностите на локалната власт, трудејќи се да бидеме што по- транспарентни. На неговите страници беа поместувани сите наши плано- ви, видувања, остварувања на вашите желби и потреби. Се обидувавме да бидеме максимално усогласени со нив, но да одиме и чекор понатаму, да би- деме интерактивни, креативни, да ги слушаме вашите идеи, да ги следиме вашите успеси и да ги задоволиме вашите потреби. Во врска со сето тоа, ние градевме и изнесувавме наши ставови и гледишта, но ги регистриравме и вашите животни постигнувања, како и очекувањата што ги имате од нас. Овојпат, решивме да видиме што од сето тоа сме сработиле и колку добро. Затоа решивме да го слушнеме „Гласот на граѓаните“. За да не биде су- бјективна проценката, Општина Карпош, како и уште единаесет општини од државата, веќе трета година е вклучена во проектот “Транспарентна и ефикасна децентрализација”, а неодамна го добивме и последното истражу- вање за задоволството на граѓаните од општинските услуги во Република Македонија, кое, како документ го изготви Фондацијата Отворено Опште- ство – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД). Станува збор за трет последователен извештај, во 12 општини-пар- тнери, кој се базира на теренско истражување за мерење на задоволството на граѓаните, од услугите што ги добиваат од локалните власти во пери- одот 2011-2012 година. Во извештајот беа опфатени општините: Боговиње, Велес, Гостивар, Дебар, Илинден, Карпош, Куманово, Неготино, Охрид, Старо Нагоричане, Струмица и Тетово. Во него учествуваа 1.761 граѓани, како репрезентативен примерок, меѓу кои и граѓаните на Карпош избрани по случаен избор од страна на професионалната агенција GFK Skopje, која на терен, „од лице, в лице“ го сублимираше мислењето на граѓаните. Според овој последен извештај, Општина Карпош има највисока оцен- ка во однос на останатите општини-партнери. Вие како граѓани (оние што

Вкупно

задоволство

Образование

култура

Урбанизам

ЛЕР

Соц.

Комун.

Заштита

Демократија,

Средна

по

заштита

деј.

отчетност

вредност

надлежност

спорт

 

Куманово

3,24

2,96

2,53

2,72

2,94

2,97

2,76

2,89

Тетово

2,56

2,42

2,03

1,81

2,18

2,24

2,07

2,22

Гостивар

3,02

3,32

2,26

2,37

3,13

2,85

2,78

2,89

Карпош

3,90

3,67

3,24

3,14

3,68

3,81

3,61

3,60

Струмица

3,73

3,52

3,29

2,96

3,60

3,62

3,55

3,50

Велес

3,38

2,82

2,17

2,54

2,91

2,92

2,98

2,90

Охрид

3,37

2,60

2,15

2,35

2,96

2,89

2,50

2,75

Боговиње

2,99

3,42

2,91

1,53

3,24

3,05

2,69

2,89

Дебар

2,98

2,86

2,21

2,20

2,35

2,71

2,46

2,53

Неготино

3,73

3,32

2,49

2,91

3,08

3,03

2,62

3,08

Илинден

3,11

2,91

2,70

1,36

2,67

1,87

2,43

2,59

Ст. Нагоричане

2,89

2,34

1,71

1,39

2,24

2,72

1,83

2,16

Р. М. 2012

3,23

3,02

2,95

2,93

2,75

2,47

2,39

2,84

4 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24• ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

го искажаа своето мислење) имав- те шанса со оценка од 1 до 5, во за- висност колку сте задоволни од ус- лугите што ви ги дава локалната власт, да не оцените. Токму тука е лоцирана и нашата гордост. Општи- на Карпош со оценката 3,60 има највисока оценка на задоволство во однос на останатите општини. Во сите досега анализирани го- дини, посебно во последната 2012- та, Карпош, според перцепцијата на своите жители, доби највисоки оценки за услугите во областите на образованието, спортот и култура- та, а се забележува и континуирано подобрување на оценката за локал- ниот економски развој. Тоа, преве- дено со јазикот на практиката, зна- чи дека несомнено вродија со плод нашите вложувања во реконструк- цијата на сите основни училишта и градинки, инвестирањето во квалитетен едукативен кадар, во проши- рувањето на знаењата и вештините во наставниот процес, во формирањето на европско образование за нашите деца, во секој поглед. Инвестирањето во инфраструктурата, во изградба на патишта, петеки, тро- тоари, фекална и атмосферска канализација, во енергетско ефикасни фасади и објекти, во плоштади, во зелени површини, паркови, во натамошната урбанизација на општината, се токму оние моменти кои го но- сат позитивниот и нагорен тренд во локалниот економски развој. Значи, напредуваме. Тоа е вашата пер- цепција и ние за тоа сме ви благодарни. Идејата да се вклучиме во еден ваков проект, кој, по извесен период на практикување на власта, ќе ни даде колку што е можно пообјективна слика за нашата мисија и визија, беше директно поврзана со целта на овој проект. Таа е да се стимулира ефикасен, транспарентен и отворен процес на спроведување на де- централизацијата, преку следење, известување и јавно информирање, за пренесувањето и за извршување- то на надлежностите од страна на општините во областите: финансии, образование, урбанизам и урба- нистичко планирање, локален и регионален развој и комунални дејности. Но, сите овие постигнувања не смеат да не фрлат во летаргија.Имаме уште многу полиња на кои треба да вложиме дополнителни напори. Социјалната грижа и благосостојба на карпошани ни се во преден план. Живееме во извонредно турболентни времиња, во економска криза и невработеност и се соочуваме со ни- за други предизвици. Од нив, заеднички треба да излеземе поцврсти, позадоволни, побогати и посреќни. Ова исклучително студиозно истражување, исто така, покажа дека според мислењето на граѓаните, најго- лемиот дел од нив, дури 70% би ја препорачале својата општина како добро место на живеење. Ние во сиот изминат период, многу сериозно работевме на тоа и мислам дека успеавме. Искрено се надеваме дека тој процент на задоволни граѓани од својата Општина, кај нас, во Карпош, како најубаво катче за живеење, е многу поголем.

за живеење, е многу поголем. КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ
за живеење, е многу поголем. КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

5

ВЕТЕНО СТОРЕНО

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВА УРБАНА ОПРЕМА ВО ОПШТИНАТА КАРПОШ

Во текот на месец јануари 2013 година, беа по- ставени нови 24 парковски клупи за седење и 13 ко- рпи за отпадоци. Клупите и корпите (тип БВ) беа поставени на следниве локации:

Парк на ул. „Иван Аговски“, УЗ Карпош 1 (7 клу- пи и 2 корпи) Парк помеѓу ул. „Соле Стојчев“ и ул. „Никола Парапунов“, УЗ Карпош 4 (7 клупи и 5 корпи) На детското игралиште во УЗ Влае 1 (10 клупи и 6 корпи)

Поставувањето чинеше 252.000 денари за клупи- те и 47.400 денари за корпите, средства од буџетот на Општина Карпош. Беа поставени и 17 метални ракохвати на скали- лата на Порта Влае (кон бул. Партизански одреди), како и 48 заштитни метални огради во УЗ Карпош 3 (45 на ул. „Бледски договор“ и 3 на ул. „Пелистер- ска“). Оваа инвестиција изнесуваше 120.000 денари. Изведувач на овие активности беше фирмата Мастеф од Скопје.

беше фирмата Мастеф од Скопје. Урбана опрема во УЗ Карпош 1 6
Урбана опрема во УЗ Карпош 1
Урбана опрема во УЗ Карпош 1

6 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Детско игралиште во Бардовци

ГРАДЕВМЕ НОВИ ПАТЕКИ, ТРОТОАРИ И ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА

Зимските денови ни одат на рака. Повеќе сонце, помалку студ. Затоа продолживме со градење. Се работеше на изградба на нови тротоари и патеки во Влае 1 и Влае 2, како и на фекална канализација во Карпош 2. Улицата Љубица Георгиева во Тафралиџе 2 ќе ја красат нови тротоари во должина од 100 ме- три и широчина од 6 местри. Изведувач „Изградба Комерц“ од Скопје. Вредноста на зделката е 512.000

денари. На улица Иван Цанкар се градат четири но- ви пешачки патеки во должина од 455 метри. Изве- дувач беше „Еуроинвест инг“. Вредност на работите -1.793.777 денари. На „Бранислав Нушиќ“ во Кар- пош 2 се работеше на реконструкција на фекална канализација во должина од 20 метри. Изведувач беше „Да-Бо компани“. Работите чинеа 650.000 де- нари.

Работите чинеа 650.000 де- нари. Урбана опрема во Влае 1
Работите чинеа 650.000 де- нари. Урбана опрема во Влае 1

Урбана опрема во Влае 1

Реконструкција на фекална канализација на ул.„Бранислав Нушиќ“ бр. 11

Реконструкција на тротоари на ул. „Љубица Георгиевска“
Реконструкција на тротоари на ул. „Љубица Георгиевска“

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

7

НОВИ УЛИЦИ ЗА БАРДОВЧАНИ

Старите колски и пешачки патеки за Бардовча- ни се минато. На улицата број 20 целосно се напра- венни трите краци кои водат кон болницата. По- точно изградени со бекатон плочки се три краци во должина по 250 метри и широчина од по 3 метри, или вкупно 2.400 квадратни метри. Оваа инвести-

ција Општина Карпош ја чинеше 3,5 милиони дена- ри, а зиведувач на работите беше фирмата „СМ компани“. Сега жителите на ова населено место слободно може да возат и да шетаат по нови, современи коло- вози и да заборават на старите истрошени патишта.

на старите истрошени патишта. Трите крака на ул. „Скупи“ 20 во
на старите истрошени патишта. Трите крака на ул. „Скупи“ 20 во
Трите крака на ул. „Скупи“ 20 во Бардовци
Трите крака на ул. „Скупи“ 20 во Бардовци

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

КАКО СЕ „РАЃАШЕ“ ПЛАТОТО КАЈ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН? Граѓаните на Карпош

КАКО СЕ „РАЃАШЕ“ ПЛАТОТО КАЈ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН?

Граѓаните на Карпош добија уште едно прекрас- но место за дружење. Тоа е платото кај т.н. Млечен ресторан, сосема нов урбан простор, кој го посаку- ваа со години,ако не и со децении. Конечно, во ни- зата плоштади кои ги изгради (платото кај Педа- гошка академија, плоштадот во Карпош3) и ги гра- ди ( Влае 2), актуелната локална власт влезе и во овој прекрасен урбанистички проект, во кој е вне- сен многу ентузијазам,креативност, но и упорност, пред сé од нашиот Креативен тим. Реконструкцијата ја направивме на барање на граѓаните од Млечен ресторан.На почетокот беше планирано само да се премачкаат постојните плоч- ки на плоштадот со изолација и врз нив да се поста- ват нови плочки и урбана опрема.Но, потоа, граѓа- ните кои имаат гаражи, инсистираа да се направи добра изолација бидејќи им протекувала вода во га- ражите. Токму инженери од жителите кај Млечен ресторан инсистираа да се извадат старите плочки, да се искрши кошулката и да се постави двојна изо- лација, како и нова кошулка. Ова бараше дополни- телно време, а за таа цел фирмата „Адинг“ направи стручен проект за изолација и одводнување на ви- сински коти, по што, отпочнавме со работа. Само да напоменеме дека овие зафати ја поскапеа инвес- тицијата за 40%.Во меѓувреме, на барање на граѓа- ните, а по претходно спроведена анкета, го тргнав- ме кошот,зашто се правело бука. На инсистирање на граѓаните од овој дел на Карпош, зголемени се тревните површини при што се поставени пет жар- диниери, а исто така на нивно барање беше покри- ен влезот во гаражите.Таму се постави скапа урба- на опрема и осветлување. Во меѓувреме, е ренови- рано и детското игралиште, а се планира и изградба на фонтана.

се планира и изградба на фонтана. Што се однесува до безбедноста,

Што се однесува до безбедноста, од крајот на мај до крајот на септември, ќе има и физичко обезбеду- вање, по 24 часот на полноќ, за да не се нарушува мирот на граѓаните. Сепак, тука мораме да го споменеме и „пате- шествието“ што го минавме во неговата изградба. Затоа, и им се извинуваме на граѓаните кои цело лето беа во прав и кал, поради одолговлекувањето на работите и пробивањето на роковите за градба од страна на фирмата изведувач „Урбан инвест“ со која моравме да го раскинеме договорот.Со новиот изведувач „Аполоинженеринг“ се обидовме, и ми- слиме дека успеавме, тој испуштен временски прос- тор, да го надоместиме. Се работеше неуморно, ду- ри и по ниски температури, за што моравме да по- ставиме тенди и шатори, да донесеме конвентори за загревање, со цел квалитетно да се изведат работи- те на поставување плочки.Ќе останеме запаметени како единствена општина која на теператури под 0 0 C степени изведувавме градежни работи. Сепак, мислиме дека вложениот труд конечно се исплатиа. И за нас и за граѓаните. Задоволството е двострано, а ние сме среќни што уште една желба на граѓаните од овој дел на Карпош е исполнета. Креативен тим на Општина Карпош

Креативен тим на Општина Карпош Реконструкција на плоштадот кја

Реконструкција на плоштадот кја Млечен ресторан

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

9

ПРИЗНАНИЈА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ - МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ

Деновиве, во хотелот „Континентал“, на свеченa церемонија беа прогласени тројцата најдобри скоп- ски градоначалници, избрани во анкетата што ја спроведе интернет порталот Skopjeinfo.mk. Граѓани- те кои учествуваа во анкетата (по електронски пат), најмногу гласови им дадоа на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, и на градона- чалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, додека, третото место го зазеде градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ. Во спомнатата анкета, од 22 декември 2012 годи- на до 15 јануари 2013 година, учествуваа повеќе од 20 илјади граѓани. До последен момент се воодеше „мртва трка“ во која Јакимовски водеше речиси до крајот, а Коневски победи во второто пролонгирање на анкетата.

Е. К.

пролонгирање на анкетата. Е. К. Во градинките во Карпош ОБУКИ ЗА

Во градинките во Карпош

ОБУКИ ЗА ЕВРОПСКИ КУЈНИ

Деновиве, во просториите на КТЦ „КЛУЧ“, Општина Карпош, во соработка со Консалтинг и тренинг центарот „КЛУЧ“, се реализараше заеднич- киот проект - Обуки за изработка на анализа на не- опходни предуслови на кујните во секоја детска градинка на територија на општината. Раководите- лот на Секторот за социјална, детска, и здравствена заштита, Гордана Зафировска им се обрати на при- сутните образложувајќи ја Програмата за 2013 го-

ја Програмата за 2013 го- 10 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 •

10 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

дина при што напомена дека Општината и во идни- на ќе продолжи со отворената поддршка во рамки- те на овие активности како и со грижата за здравје- то на децата на сите нивоа. Општина Карпош е единствена општина во Македонија која презема вакви активности а воедно е членка на EHEDG (Ев- ропското тело за хигиенски инженеринг и дизајн). Согласно со нивните нормативи, во Карпош има овластено лице (м-р Ирена Милевска) која се гри- жи за контролата и безбедноста на храната во гра- динките на територијата на целата локална самоу- права. Спроведувањето на овие обуки е од особено значење за техничкиот и стручниот персонал од овие институции со цел да се подигне нивото на знаење и практична примена на HACCP системот, во функција на контрола и безбедност на храната. Обуките беа организирани за две групи посетители и се спроведоа во две етапи од по три дена. Преда- вањата ги одржа проф. д-р Владимир Какуринов – акредитиран тренер од HACCP - Alliance USA и ре- довен професор по микробиологија и имунологија на Ветеринарниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола. По завршу- вањето на обуките присутните полагаа тест преку кој се здобија со меѓународно признат сертификат за имплементација на HACCP – системот во прехранбената индустрија. И. Ѓ.

Средношколци - членови на МОФ

НАШИ ГОСТИ

- членови на МОФ НАШИ ГОСТИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАРПОШ При

ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАРПОШ

При крајот на минатиот месец, 40 средношкол- ци - членови на Младинскиот образовен форум (МОФ) беа во посета на локалната самоуправа во Општина Карпош каде практично се запознаа со динамиката на секојдневните работи кои се одвива- ат во Општината. Претседателот на Советот на Општина Карпош Трифун Трифуновски, ги запозна со програмските работи кои се во надлежност на Општината, по што се обрати и раководителот на Одделението за урбанистичко и просторно плани- рање Благица Блажевска, која презентираше некол- ку капитални проекти кои се од витално значење за граѓаните на оваа локална самоуправа. Куса презентација одржа и раководителот на Одделението за односи со јавноста Виолета Цве- тковска, која успеа да го привлече вниманието на присутните средношколци со своето излагање на

актуелни теми, од областа на социјалните медиуми и методи на комуникација. На презентацијата при- суствуваше и градоначалникот на Општина Кар- пош Стевчо Јакимовски кој говореше за надлеж- ностите и обврските кои се дел од неговото се- којдневие, како и за обемот на работа на локалната самоуправа. Во текот на оваа посета средношкол- ците поставуваа прашања на теми кои се однесува- ат на работата, обврските и идните програмски цели и определби на Општина Карпош. На крај, градоначалникот Јакимовски ја поведе групата средношколци во куса обиколка на Креативниот тим на Општината, каде тие и практично се запоз- наа со процесот на изработка на идејни решенија кои подоцна локалната самоуправа ќе ги спроведе на дело.

И. Ѓ.

ќе ги спроведе на дело. И. Ѓ. КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

11

ИНТЕРВЈУ

Андријана Цветковиќ, филмски режисер

Цветковиќ, филмски режисер МАКЕДОНКА ВО РАБОТИЛНИЦАТА НА

МАКЕДОНКА ВО РАБОТИЛНИЦАТА НА КУРОСАВА

Самурајскиот филм „Пурпур и злато“ (Purple and Gold) чиј автор е македонската режисерка, Андри- јана Цветковиќ. минатата година, на фестивалот„

IAFOR-FilmAsia 2012.“, во Јапонија ја освои првата награда во категоријата краткометражен филм. Ан- дријана е родена во Карпош, а факултет за филмска режија има завршено во соседна Бугарија, по што станува стипендист на јапонската влада, а потоа и прва македонка, доктор по филмската уметност Уба- ви поводи за разговор со нашата “јапонка“ за Ур- бан.

Вашиот филм „Пурпур и злато“ минатата

година во Јапонија беше прогласен за најдобар во категоријата краткометражен игран филм. За што се зборува во филмот и како го реализиравте? -“Пурпур и Злато” има многу интересна приказ- на. Моето сценарио победи на интернационален анонимен конкурс за краткометражен игран филм кое го организираа студијата во Јапонија, а на кој учествуваа уште 180 лица. Јас тогаш живеев во То- кио, и веднаш добив повик од две големи телевизии коишто побараа да снимаат репортажи со мене. Филмот се снимаше во Шочику студиото, каде што

12 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

впрочем снимале најголемите филмски имиња како што се Куросава, Озу и Мизогичи. “Пурпур и Злато” ја имаше својата премиера на големиот Интернационален филмски фестивал “Хи- сторика”, а наградата на IAFOR FILMAsia2012 е прва, а се надевам нема да биде и последна за мојот филмски првенец. Наградата мене лично многу ми значи од две причини: прво затоа што на фестива- лот се доделува само една награда во оваа категори- ја и е избран меѓу многу други успешни остварува- ња, а второ, затоа што во жирито беа филмски ра- ботници и научници, од Азија но и од Америка Дали приказната на “Пурпур и Злато” е ин- спирирана од Македонија? Да, филмот е инспириран од македонските пре- данија, поточно од легендата за жалната врба за која во нашиот фолклор постои предание дека била убава девојка, која чекајќи го својот сакан се пре- твора во жална врба. Интересно е што во Јапонија има иста таква легенда, и песна која ја опејува су- дбината на девојката што чека и се претворила во жална врба или во јапонски “јанаги”. Како личност која веќе долго време живее во Јапонија, можам да констатирам дека Јапонците и Македонците не се толку различни кога е во прашање емоционалноста и сензибилитетот, би рекла дури дека се многу бли- ски.

Во 2009 одбранивте и докторат во областа

на филмската уметност на Универзитетот “Ни- хон” во Токио со што сте првата Македонка со до- кторат во областа на филмот?

-Никогаш не замислував дека ќе се насочам кон науката, мислејќи дека ќе работам исклучиво како режисер. Се запишав на докторски студии во Токио затоа што сакав да ја потврдам мојата теза за архе- типовите во филмот, и успеав во тоа. По завршу- вањето на докторатот бев поканета да бидам научен соработник на научниот центар во рамките на Ни- хон Универзитетот, и така започна мојата научна кариера. Минатата година добив покана да работам во Центарот за интернационални јапонски студии во Кјото, каде работев на дополнителни истражу- вања за мојата книга и одржав многу предавања ка- ко во Центарот така и на други универзитети.

Вашите почетоци се токму во оваа општина

во Драмскиот театар каде што како дете глумевте во претставата „Училиште за кловнови“? -Како дете бев член на детското драмско студио во Првата детска амбасада која ја водеа нашите ак-

тери Драган Спасов Дац и Роберт Вељановски. Од тука почна и мојата љубов кон театарот. Подоцна, со друга театарска работилница го поставив, на сцената на Драмски, мојот текст „Циркус“. Додека го режирав текстот се фатив себе си како користам многу филмски елементи во мизансценот и како са- кам да постигнам ефект на филмска монтажа. От- тогаш решив да се посветам на филмот и да станам филмски режисер. Навистина сум среќна што из- брав правилно, и иако оваа професија е многу теш-

ка и бара многу жртвувања, сепак не би ја менувала за ништо.

Искуството кое го имате стекнато како ис-

тражувач, следниот месец ќе го споделите со сту- дентите од Универзитетот ЕСРА? -На универзитетот ЕСРА би требало да одржам серија предавања со кои подобро ќе ги запознаам студентите со азискиот и поконкретно со јапонски-

от филм. Јапонските методи на предавање се повр- зани со користење на визуелен материјал како крат- ки видеа, инсерти од филмови, интервјуа со режи- серите, и она што е клучно во наставата е вклучу- вање на студентите во часот преку дискусии, нивни презентации и слично.

Како живеете во Јапонија?

- Јас веќе речиси три години сум чест гостин на многу од јапонските телевизии, а сé започна со мое- то гостување во култната емисија COOL JAPAN на националната телевизија NHK. По првото гостува- ње, тие ме поканија и во следната емисија, и веднаш по неа, побараа да склучат договор со мене. Се со- гласив и нашата соработка оттогаш е прекрасна. Во Кјото, пак, луѓето ме препознаваат како режисерот

на ТЕД (TEDxKyoto.com), настан кој предизвика го- леми и позитивни реакции низ јапонските медиуми и јавност.

Дали вашиот втор дом, Јапонија ќе остане ва-

ша база за истражување и филмска дејност и во иднина? -Јапонија е дел од мојот живот и се разбира дека планирам во неа да ги продолжам моите нови похо- ди кон науката и филмот, но јас дефинитивно сум

дел од онаа млада интелектуална сила која не се ог- раничува со работењето на една географска должи- на. Мојот дом ќе биде секаде каде можам да го рабо- там она што го сакам.

Омилени дестинации во кои уживате и ги

полните батериите кога сте дома во Македонија? -Многу ја сакам Македонија, мојот Карпош осо- бено. Но, секогаш кога сум тука, најубаво се одма- рам во Охрид. Сум патувала многу низ светот, и

Сум патувала многу низ светот, и Во поглавјето петнаесет од

Во поглавјето петнаесет од учебни- кот по англиски јазик на американ- ската авторка Joanie Mcconnele за средно образование, младите Ја- понци можат да се запознаат со Андријана преку краткиот текст од кој се изведени и прашања. Погла- вјето ја опфаќа нејзината биогра- фијата во која се потенцира дека е филмски работник, по потекло од Македонија

сум видела многу убави места но Охрид има нешто

магично за мене, кое ми ја одмара и ми ја полни ду- шата.

Кога да очекуваме и македонски филм?

-Македонски филм може да се очекува во блиска иднина. Во моментов работам на сценарио, на тема која мене многу ме интригира, но не би ја открива- ла прерано. Мислам дека во себе ја имам приказна- та што сакам да ја раскажам

Дарко Андоновски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

13

СТИПЕНДИСТИ

Кристијан Мирковски,стипендист на Општина Карпош

на Општина Карпош ТРИУМФ ВО МОСКВА Стипендистот на

ТРИУМФ ВО МОСКВА

Стипендистот на Општина Карпош, Кристијан Мирковски е апсолутен победник на фестивалот „Децата на Русија на 21 век“ кој се одржа во Мос- ква, на 12-ти минатиот месец. Тој се натпреварува- ше во категоријата на пијанисти, на возраст од 10- 12 години, каде што триумфираше, а потоа беше прогласен за апсолутен победник на фестивалот. Жири комисијата беше составена од видните руски уметници: Вера Б. Носина професор на Руската ака- демија за музика, „Гнесин“, Александар Евгеневич Майкапар и Галина С. Журавлева, заслужни арти- сти на Руската Федерација. Овој шести фестивал - конкурс за млади пија- нисти и органисти „Децата на Русија на 21. век“, се одржа во државната образовна институција за до- полнително образование на децата на градот Мос- ква. Станува збор за Детското музичко училиште „ Самуил Мојсеевич Майкапар“, кое е под управа на Северозападната административна област на гра- дот Москва. Во рамките на фестивалот, кој се реа- лизираше во Музејот Островски во Москва, се одр- жа концерт “Топло срце” на кој учествуваа деца со посебни потреби, каде настапи и нашиот Кристијан Мирковски со композицијата „Скерцино“ од Саму- ил М.Майкапар. По завршувањето на натпреварот беше органи- зиран концерт на победниците а во центарот на вниманието беше нашиот стипендист и супер та-

14 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

лентиран пијанист, Кристијан ученик во ОУ „Јан Амос Коменски во Тафталиџе 1 и петооделенец во Државното музичко-балетско училиште „Илија Ни- коловски Луј“ во класата на професорката Станис- лава Поцевска.

И.Ѓ.

Луј“ во класата на професорката Станис- лава Поцевска. И.Ѓ.

ТАЛЕНТИ

ТАЛЕНТИ МИХАИЛ, ПАГАНИНИ НА ПИЈАНО Во училиштата во Карпош врие од

МИХАИЛ, ПАГАНИНИ НА ПИЈАНО

Во училиштата во Карпош врие од талентирани девојчиња и момчиња, но само некои од нив имаат можност, да не речеме среќа, својата дарба јавно да ја верифицираат, во сферите во кои пројавуиваат особен интерес. Еден од таквите е и Михаил Димов- ски, ученик во четвртото одделение во ОУ „Лазо Трповски“, супер талентиран пијанист. Впрочем, неговото дружење со пијано, како такво го оценува неговата учителка, Јасна Кастратова Аврамов. - Јас музиката ја засакав уште од малечок би- дејќи мојата баба Нада е наставничка по музичко и покрај неа почнав да учам да свирим на пијано. Ос- вен што вежбам дома, одам и во нижото музичко училиште каде наставничка ми е Јасна Кастратова, со која се подготвувам за музички натпревари. Тат- ко му на Михаило, Спасе Димовски вели дека тој самиот си пројавил интерес кон музиката, односно дека тоа нема врска со фактот дека во емејството имаат врвни музичари. Е, токму тоа, неговиот инте- рес, за нас, родитетлите е мотив повеќе целосно да му давам поддршка на Михаило. Спасе, како и секој родител на талентирано дете, има забелешки за, како што вели, негрижата на оп- штеството за талентирани деца. - Ние, например мораме сами да ги сносиме сите трошоци за одење на натпревари, како во Републиката, така и надвор од неа, бидејќи единствен начин да знаете каде ви е детето во однос на врсниците, е настап на натпре-

вари на кој наученото го проценуваат и го оценува- ат квалификувани музичари. Со идниот пијано мајстор Михаило разговарав- ме во миговите кога неговиот врсник Кристијан Мирковски од ОУ „ Јан Амос Коменски“, во Москва освои прво место за пијано, изведба на престижен меѓународен натпревар. - Да, и јас имам настапувано на повеќе натпрева- ри и можам да се пофалам дека сум освојувал и на- гради. На два натпревари одржани во Скопје, два- пати освоив второ место, а второ место имам осво- ено и на републичкиот натпревар во Гевгелија. Миахило вели дека сака да вежба и тоа го прави секој ден и со своето „Јамаха “ пијанино дневно се дружи најмалку по два часа, а кога се подготвува за натпревар тогаш времето за вежбање го удвојува. И додека Михаило објаснува дека му се омилени композициите на Бетовен, Моцарт и варијациите (за виолина) на Паганини, неговиот татко вели дека сака да ја искористи оваа можност и да ги пофали градоначалникот Јакимовски и локалната самупра- ва на Карпош, за нивната поддршка на талентирани ученици, додавајќи; „Се надевам дека таква под- дршка ќе има и Михаило, бидејќи освен што е та- лентиран, музиката искрено ја сака и како што из- гледа сега, таа ќе му биде животна преокупација.

М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

15

КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ

На меѓународен ликовен конкурс

ГРАН ПРИ ЗА СИМОНИДА ФИЛИПОВА КИТАНОВСКА

ЗА СИМОНИДА ФИЛИПОВА КИТАНОВСКА Жирито кое ги оценуваше творбите

Жирито кое ги оценуваше творбите пристигна- ти на Меѓународниот конкурс за избор на најуспеш- но дело во ликовната техника акварел, што го распи- ша Општина Карпош, во состав проф. д-р Данчо Ор- дев, проф. д-р Решат Амети и м-р Тони Шулајковски едногласно одлучи Гран при наградата „Теофил Тофе Шулајковски“, да и ја додели на Симонида Филипо- ва Китановска. Освен оваа награда, која изнесува 30.000 денари, Општината додели и десет откупни награди со пое- динечен износ од по 10.000 денари. Меѓу наградени- те автори се: Анета Ивановска Симјановска, Ки- рил Бошков (Бугарија), Илија Кафкалески, Милан Ан-

дов, Бехард Холеман (Австрија), Илчо Симовски, Доне Милјановски, Илија Спасовски-Чендо, Томе Мишев и Росица Лазевска. Тричленото жири, едно- гласно одлучи на доајените на македонската умет- ност Владо Аврамчев и Александар Цане Јанкулов- ски, кои живеат и творат на територија на Општина Карпош, како учесници на годинешниов конкурс, да им додели специјални награди за посебен придонес во развојот на уметноста во Карпош и во Република Македонија. По промоцијата на наградените ќе се изработи каталог, а по едно дело од секој автор, ќе биде прикажано на посебна изложба.

В.Ц.

на посебна изложба. В.Ц. 16 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 •

16 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Музичка работилница во ООУ„Ј.А.Коменски“

во ООУ„Ј.А.Коменски“ СЕ РАЃА НОВ ХОР Во кабинетот за

СЕ РАЃА НОВ ХОР

Во кабинетот за музичка настава во ОУ „Ј. А. Ко- менски“, секој вторник и четврток, во попладневни- те часови ечи од убавата хорска музика. Во тој амби- ент, почнувајќи од 16. октомври минатата година, вежбаат младите хористки, ученички од петто до oсмо одделение. Станува збор за хорот „Карпош го- спел хор“кој го води нашиот реномиран музички педагог Сузана Турунџиева и во кој членувањето е врз доброволна основа. - Ние не сме класичен хор кој негува класична музика, ами пееме популарна литература сочинета од евергрини, негро спиритуали, латино теми, сон- гови од познатите мјузикли, или попрецизно музи- ка која ги привлекува и ги мотивира прекрасните де- војчиња, сегашни членови на хорот, вели госпоѓа Ту- рунџиева. Предизвикот да се биде дел од нешто по-

инакво е огромен а јас лично се гордеам бидејќи мојата намера да создадам нешто поинакво, успеа бидејќи интересот за членување во хорот е голем, додава нашата соговорничка, потенцирајќи дека е изненадена од барањето на девојчињата повеќе пати да имаат проби. Професорката Турунџиева вели дека има уште еден сон, хорчето да прерасне во вистински хор, во кој ќе стане традиција да се членува и по завршу- вањето на основното образование. Целта ми е овие девојчиња да продолжат да пеат и тогаш кога ќе ста- нат сопруги и мајки, заклучува Турунџиева, повику- вајќи ги заинтересираните девојчиња да дојдат на проба во училиштето „Коменски“, секој вторник и четврток во 14.30 часот.

М.Р.

и четврток во 14.30 часот. М.Р. КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

17

ЈУБИЛЕЈИ

35-години на Здружението на пензионери “Карпош”

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ФОКУСОТ НА ВНИМАНИЕТО НА ОПШТИНАТА

На 11-ти јануари во салата на Кинотеката на Македонија, се одбележа 35-годишнината од посто- ењето на Здружението на пензионери “Карпош”, едно од најстарите здруженија во Р.Македонија. На свечената седница, покрај членовите на Со- бранието, Извршниот одбор, другите органи и тела, како и раководствата на 7-те ограноци, присуству- ваа и поголем број гости, меѓу кои: градоначални- кот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, претседателот на Советот на општината Трифун Трифуновски, претседателот на СЗПМ Драги Арги- ровски, претседателот на Извршниот одбор на СЗПМ Методија Тошевски, претседателот на СЗП на Град Скопје д-р Крсте Ангеловски, како и претсе- дателите на ЗП на Тетово, Кичево, Прилеп, Неготи- но и Велес.

Прилеп, Неготи- но и Велес. Свеченото одбележување на оваа

Свеченото одбележување на оваа значајна го- дишнина започна со химната на Р. Македонија во изведба на пензионерскиот хор на Здружението “Серенада”, а потоа, пригодно обраќање имаше претседателот на Собранието на ЗП “Карпош” Јо- ван Гиновски. Во оваа пригода тој ги акцентираше најзначајните активности и карактеристики во раз- војниот пат на Здужението, при што оцени дека во последните години во фокусот на вниманието се прашањата поврзани со создавањето услови и ре- шавањето на проблемите за достоинствен живот на пензионерите. Во своето обраќање, тој, посебно ја нагласи мошне добрата соработка со Општина Кар- пош и градоначалникот Стевчо Јакимовски кој, ка- ко што истакна, е секогаш присутен на позначајни-

18 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

те активности на Здружението и дава целосна под- дршка во решавањето на потребите на пензионери- те.

Потоа, на присутните им се обрати покровите- лот на Јубилејот, градоначалникот Стевчо Јакимов- ски, кој, притоа, оцени дека меѓу ЗП “Карпош” и Општината, во континуитет се остварува одлична соработка која, на обострано задоволство, ќе про- должи и во идниот период. “Пензионерите, како наши постари сограѓани, активно се вклучени во активностите и во манифестациите што ги органи- зира Општината. Јас, со посебно задоволство се дружам со поензионерите кои, како популација ги уживаат сите права како и другите граѓани”. Тој исто така, нагласи дека и во годините што доаѓаат ќе го поддржува Здружението и финансиски ќе ги помага неговите програмски активности со желба во наредните јубилејни годишнини, двете здруже- нија на територијата на Општината да функциони- раат како едно. Поздравно обраќање до присутните на свечена- та седница имаше и претседателот на СЗПМ Драги Аргировски, кој, накусо потсети на активностите на Сојузот, на добрата соработка на ЗП “Карпош” со локалната самоуправа, потенцирајќи ја потреба- та од обединување на сите пензионери од Општина Карпош во едно здружение, со што ќе бидат посил- ни и ќе оставаруваат уште подобри резултати. Членот на Извршниот одбор на ЗП “Карпош” Лидија Јеремиќ ја промовира монографијата “Да не се заборави”, чии автори се Калина Сливовска-Ан- донова и Мендо Димовски. Таа оцени дека моногра- фијата претставува трајно сведоштво за функцио- нирањето на Здружението во минатото, но, исто- времено е и патоказ за тоа како треба да работат ваквите здруженија во иднина. За успешна соработка и придонес во оствару- вањето на целите и задачите на Здружението, на по- веќе институции, задруженија и поединци им беа врачени благодарници. Меѓу другите, благодарни- ци добија: Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски, СЗПМ, Драги Аргировски, Ме- тодија Тошевски, д-р Крсте Ангеловски, општин- ската организација на Црвениот крст во Карпош, ка- ко и ЗП од: Тетово, Кичево, Прилеп, Неготино, Би- тола и Велес.

Живко Трајановски

КАРПОШ РЕКОРДЕР ВО НАПЛАТА НА ДАНОК Општина Карпош во изминатата

КАРПОШ РЕКОРДЕР ВО НАПЛАТА НА ДАНОК

Општина Карпош во изминатата 2012 година успеа да го зачува приматот на Општина во Градот Скопје која е најуспешна во наплатата на данокот на имот. Според сумарните податоци во Одделението за данок, од вкупното задолжување врз основа на да- нок на имот за 2012 година кое изнесуваше 34.513.407,00 денари, заклучно со 31.12.2012 година, се наплатени е 33.158.414,00 * денари што изнесува 96,07% успешност во наплатата. Ваквите показатели, освен што говорат за ста- билност во приходите на Општината врз оваа осно- ва и цврста финансиска подлога, како и професио- налност на администрацијата во прибирањето на изворните приходи, говорат, пред се, за високата лојалност на граѓаните на Карпош, изразена токму преку исполнувањето на нивните обврски и довер- бата што ја имаат во локалната власт.Според пока- зателите, од 24.411 издадени даночни решенија до граѓаните, навремено се доставени 22.165 решенија или 90.80%, што исто така придонесе за рекордната наплата на данокот на имот. Во текот на минатата година приходот од данок на имот по глава на жи- тел изнесуваше 555,73 денари,додека приходот од данок на имот по даночен обврзник е 1.397,73 дена- ри.Данокот на имот (физички и правни лица, кама- та за задоцнето плаќање на даноци од имот) учест- вува со 31,28% во вкупните даноци од имот за 2012 година.

ДАНОЦИ

Интересен е податокот дека најголема наплата на данокот е во текот на пролетните месеци, март, април и мај, поточно, кулминацијата е во месец ап- рил. Она, на што сме посебно горди во Општината е, што според официјалните, компаративни анализи Карпош е лидер во успешната наплата во споредба со сите 10 општини на Скопје. Иако, како сума, Оп- штина Центар има поголем прилив на средства, тие имаат и поголемо задолжување (поширок опфат на даночни обврзници) кои успеваат сепак да ги наплатат со многу понизок процент од Кар- пош, додека споредбата со другите општини говори дека далеку предничиме во успешноста на наплатата на даноци. Според графичкиот приказ, заклучмо со 18.12.2012, тоа изгледа вака:

со 18.12.2012, тоа изгледа вака: Навремено Аеродром е трета

Навремено Аеродром е трета според наплатата на данок со 82, 57 отсто од даночното задолжување на своето население, Центар со 82,73 на второ место, а Карпош е апсолутен рекордер со наплата од 90,68%. Сепак, локалната власт презема активности за натамошно подобрување на наплатата на даноци, меѓу кои се: навремено доставување на даночните решенија до физичките и правни лица, изготвува- ње на извештај за наплатата на данок на имот за пр- вото полугодие за 2013 година, сè со цел, да се утвр- ди динамиката на наплата на данокот на имот и преземање соодветни мерки во зависност од резул- татите ,ангажирање на даночниот испектор во Оп- штина Карпош, со цел за да се изврши проверка на состојбата и вредноста на недвижниот имот кој е предмет на оданочување, детален увид врз дневна основа во отворените стечајни постапки за правни- те лица, доколку поседуваат имот на територија на Општина Карпош, обврската врз основа на данок на имот да се пријави и да влезе во стечајно побару- вање, како и изготвување на опомени и решенија за присилна наплата за 2013 година. Никола Николовски, раководител на Одделението за даноци

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

19

НА КАФЕ КАЈ

Ивко Панговски, легендарен радио репортер и стенограф

радио репортер и стенограф ГОЛ, ГОЛ, НЕ, НЕ Е ГОЛ, ДРАГИ

ГОЛ, ГОЛ, НЕ, НЕ Е ГОЛ, ДРАГИ СЛУШАТЕЛИ

Кога името ќе ви го поистоветат со професијата или обратно, можете да се сметате за успешен смр- тник. Со такво нешто може да се пофали човекот кај кој една врнежлива јануарска приквечерина се упа- тив на кафе. Поточно, кафето е убав изговор за средба и за разговор со Ивко Панговски, уште еден легендарен Карпошовец, славен радио репортер и еден од најпознатите стенографи на балканските простори. Додека го чекаме кафето од госпоѓата Панговска, мојот домаќин вели дека за почетокот на нашиот мубает би било убаво да ми прочита нешто. Се согласувам и неколку минути потоа останувам без збор. Колегата Панговски, веројатно од некое претходно искуство, решил да ми ја олесни работата и подготвил автобиографски текст, оставајќи ми можност да го препишам и да се потпишам. Го уважувам неговиот труд и од него препишу- вам само една реченица. Ивко Панговски е роден 1931 година во Галичник и на неполни две години со семејството се преселил во Скопје. Во неговото пи- сание има „голи“ факти но ниту трошка од она по- ради што тој е една од живите новинарски легенди, веројатно ненадминат опишувач на спортските на- стани преку брановите на Радио Скопје. Кафето пристигна и ние го отворивме муабетот, целосно игнорирајќи го подготвениот концепт, ос- вен неговата речиси вродена навика да, и кога рас- кажува за обземеноста со внучињата, како пред себе да има микрофон и спортска арена. Се разбира, претт- ставувањето на Ивко Панговски би било штуро ако не се потенцира дека неговиот дом во Тафталиџе 1

20 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24• ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

наликува на спортски музеј, од влезот до под- кро- вјето. На ѕидовите и во витрините во сите просто- рии во него, педантно се поместени фотографии, признанија, документи и сувенири кои се најречита илустрација за комплексноста на животот и делото на нашиот домаќин. Тука е и топката, подарок од последниот натпревар што го коментирал на брано- вите на Радио Скопје. Во пошироката јавност малку е познато дека ма- естро Панговски бил еден од најуспешните стено- графи во поранешната Југославија, еден од ретките кој бил присутен на историските настани, отворени и затворени партиски и државни седници, изворно бележејќи ги исказите на водечките југословенски и македонски политичари. - Долга е приказната околу тој дел од мојот про- фесионален ангажман, кој одеше напоредно со но- винарството, односно радио репортерството. По сплет на околности, како мошне млад бев ангажи- ран да го стенографирам Другарот Тито и потоа и буквално ми беа отворени сите врати, секаде каде што требаше да се бележат изворни искази на поли-

Зад себе оста-

вив илјадници дешифрирани страници од дебатите

тичари, револуционери, првоборци

на државниот врв на Југославија и на Македонија, на МПЦ, од тајните и затворените заседанија, судски

претреси и процеси

На тој начин имав можност да

се сретнам со највлијателните личности во двете др- жави, од сферата на политиката, спортот, уметнос-

тите

Со многу од нив, трајно се спријателив, раска-

жува Панговски, а секоја приказна ја илустрира со

автентична фотографија на која е со Тито, Колишев- ски, Ранковиќ, Темпо, Крсте Црвенковски, Чемер- ски, Кардељ Го потпрашувам, а тој ги евоцира спомените, разните згоди и незгоди како оние сврзани со су- дењето на Венко Марковски и реконструкцијата на загинувањето на Кочо Рацин, затворените ноќни се- дници на ЦК и на Собранието на кои се носени суд- боносни одлуки за државите но и за судбината на поединци. На мојата забелешка дека тежината на таа работа веројатно не била во фаќање белешки

туку во обврската за тоа, потоа, никому и никаде да не се раскажува.

- Да. Таа лекција ја научив од еден постар колега

кога пред половина век, на тогашниот дописник на белградска „Политика“, Јован Поповски му го изди- ктирав дневниот ред на една седница која беше за- творена за јавност. Спомнатиот колега ми удри шла- каница велејќи ми; „Во ова работа правило број еден

е; ништо не слушнав и ништо не видов“, и тоа ми ос- тана вржано како заклетва која никогаш не ја прекр- шив. Слушнав сешто, видов сешто но тоа остана длабоко во мене. Драги слушатели, гол не е гол, е новата тема од нашиот разговор и однапред жалам почитувани чи- татели што не сум во можност со вас да ги споделам сите нешта сврзани со полувековното радио репор- терство на колегата Панговски. Всушност, тој исказ на нашиот соговорник, изречен пред микрофонот на Радио Скопје е траен белег на легендата на маке- донското радио репортерство.

- Јас имав обичај да одам на утакмица, да заста-

нам некаде зад голот и да си пренесувам само за се- бе. Се разбира, сето тоа го снимав на магнетофон и

подоцна правев корекции. Еден ден, колегата Радуле Костовски ме викна да одам со него на првенствен натпревар на Вардар. Отидов, седнав до него и слу-

Отидов, седнав до него и слу- шав како го коментира она што се

шав како го коментира она што се случува пред на- шите очи. Во еден момент, тој рече; „Почитувани слушатели, сега микрофонот му го препуштам на младиот колега Ивко Панговски“. Јас немав можност за никаква реакција, освен да продолжам со прено- сот и така, од тој ден, речиси до вчера, јас на гледа- чите им ги доближував настаните од илјадници спортски натпревари. Од неброените анегдотски настани, згоди и нез- годи, ќе ја спомнам случката сврзана со преносот на натпреварот помеѓу Вардар и Сараево. Имено, коле- гата од Радио Сараево, Мирко Камењашевиќ ми се јави и ме замоли за нив да ја пренесувам таа утакми- ца. Од колегијални причини јас прифатив, натпре- варот почна а почнав и јас но едно време ми се здо- сади да го кршам јазикот и продолжив да коменти- рам на македонски јазик. Се разбира, на гледачите им објаснив дека така ми е полесно и верувам дека ќе ме разберат. По натпреварот ми се јавува Мирко и ми вели: „Колега Ивко, браво, направио си прави шоу, пренос је био спектакуларан “ Потврда на успешноста во некоја работа се и оп- штествените признанија, а тие во професионалната кариера на Панговски имаат вистинска тежина. Да ги спомнеме најзначајните: Златно новинарско перо, Златен микрофон, Државната награда 25 Мај

- Горд сум заради сопствениот однос кон работа-

та и луѓето со кои работев. Другите велат дека во но- винарството сум имал мерка и одговорност, дека сум бил Радио репортер со срце, препознатлив, стил и

глас, и ненадминат дебатен стенограф. Дел од лична- та енергија, искуство и знаење го оставив и во сфе- рата на публицистиката, каде би го истакнал исто- рискиот труд, монографијата „Скопски фудбалски незаборави 1903-1990“. Деновиве ги вршам послед- ните корекции на новиот труд. Станува збор за вис- тинити анегдоти сврзани со мојот професионален ангажман и се надевам дека наскоро и тој ракопис ќе се појави пред читателската публика. Горд сум и заради фактот дека сум жител на нају- бавата и најурбанизираната општина во државата, во која е градоначалник г. Стевчо Јакимовски, човек кој во јавниот живот стартуваше токму во спорт- ската редакција на Радио Скопје. На крајот од средбата, откако ги разгледавме сто- тиците фотографии и документи, трајни сведоштва за големината на неповторливиот радио репортер и стенограф, го прашувам колегата Панговски, што би променил во својот живот кога одново би се нашол- на таа долга и возбудлива патека.

- Ништо, ниту еден чекор и постапка не би про-

менил. Откако знам за себе, се што сум работел, сум работел со чувство на мерка и одговорност и од тоа сум имал полза и на приватен и на професионален план.

Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24• ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

21

ЕКОЛОГИЈА

Во„Скопје Сити мол“

НАГРАДИ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ ЕКОЛОГИСТИ

Деновиве, во трговскиот центар „Skopje City Mall“ се одржа завршната манифестација од проектот „Со- бери ПЕТ за да добиеш (5)“ - за намалување на ста-

добиеш (5)“ - за намалување на ста- кленичките и токсични гасови

кленичките и токсични гасови (POPS). Проектот во соработка, со здружението ОРТ и партнерите - оп- штините Карпош, Центар, Чаир и Аеродром, ЈП Ко- мунална хигиена Скопје, беше спроведен во 30 скопски основни училишта, преку собирање и ре- циклирање на пластика и други видови на пластич- на амбалажа. Овој проект беше помогнат од Гло- балниот еколошки фонд - Програма за мали, гран- тови во Македонија.

Заштеда на енергија

Како најуспешни собирачи на пластична амба- лажа беа прогласени училиштата од трите скопски општини: ОУ “Петар Поп Арсов” – Карпош, ОУ “Лирија” – Чаир и ОУ “Кочо Рацин” – Центар, за што добија и соодветни награди во зависност од нивните потреби. И за другите училишта, учесници во овој проект, здружението ОРТ обезбеди награ- ди: училишен прибор, спортски топки и реквизити, пластични корпи за отпадоци, маици и ЦД – плее- ри. Оваа “еко-дружба”, со пригодни музички точки ја збогатија талентирани ученици, а на истата при- суствуваа претставници на Одделението за зашти- та на животната средина и природа од Општина Карпош како и првиот човек на општината, Стевчо Јакимовски. - Ова е значаен проект за најмалите жители од сите општини, кои уште од најмлада возраст се еду- цираат и се ориентираат кон зачувување на живот- ната средина, но во исто време сознаваат дека амба- лажата што ја фрламе може да биде корисна и да овозможи заштеда. Мене ми претставува особено задоволство што овој проект е мошне успешен во Општина Карпош, како и во другите општини. Ка- ко локална самоуправа, ние сме подготвени и пона- таму да го подржуваме овој и слични проекти, со цел најмладите, во иднина да развијат свест кон еколо- гијата - изјави Јакимовски. И. Ѓ.

СОЛАРНИ БОЈЛЕРИ ВО ДВЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Општина Карпош ја продолжува реализацијата на проектот за заменување на електричните бојле- ри со соларни вакуум системи за топла вода, во сите училишта и градинки на својата територија. Новите системи во двете училишта ОУ „Војдан Чернодрински“ и ОУ „Владо Тасевски“ ќе овозмо- жат користење на санитарна топла вода во текот на 365 дена во годината, за во туш кабините во спорт- ските сали и за потребите на учениците во редовна- та настава, како и за спортските екипи кои ги ко- ристат салите за тренинзи. Користењето на сончевата енергијата овозмо- жува за повеќе од 80% да се намали потрошувачка- та на електрична енергија од постојните шест елек- трични бојлери за топла вода. Според програмата за 2013 година, Општина Карпош гради уште 43 со- ларни системи во училиштата и во градинките, та- ка што, со веќе инсталираните 23 системи, целосно

22 22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ќе се заменат сите електрични бојлери во овие обје- кти кои се во надлежност на Општината. Оваа наша инвестиција за енергетска ефикасност, која се спро- ведува со средства на локалната самоуправа, не подлежи на субвенции од страна на Министерство- то за економија, кои беа декларирани за физичките лица кои вградуваат соларни системи во сопстве- ните објекти до симболичната квота од 300 кори- сници. Општина Карпош, пак,со примената на “Пра- вилникот за мерките за енергетска ефикасност“, кои треба да ги исполнат проектите планирани за изградба и на оние кои ќе бидат реконструирани, услов за добивање на одобрение за градење од Оп- штина Карпош. Да потсетиме, на инвеститорите на таквите објекти ќе им биде дадена повластена ко- мунална такса.

И.М.

Ново урбано катче во Влае

Ново урбано катче во Влае ВЕСТИ НОВ ПЛОШТАД СО ФОНТАНА ВО ВЛАЕ

ВЕСТИ

Ново урбано катче во Влае ВЕСТИ НОВ ПЛОШТАД СО ФОНТАНА ВО ВЛАЕ

НОВ ПЛОШТАД СО ФОНТАНА ВО ВЛАЕ

Приказната за современата урбанизација на Оп- штина Карпош продолжува и во годината која што- туку започна. Минатата недела, градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски, на пригодна све- ченост го постави камен - темелникот на новиот плоштад во населбата Влае. Со тој чин, официјално започна изградбата на овој урбан проект за релак- сација и за социјализација на граѓаните од населба- та Влае и околината. Новиот плоштад ќе се протега на површина од 6.500 м², и според плановите, во употреба ќе биде предаден околу 15-ти март годи- нава. - Сметам дека е добро овој простор да го зафа- тиме со едно вакво извонредно решение, каде што граѓаните од овие две населби ќе можат да се релак- сираат и да се дружат во текот на целата година и посебно во летниот период. Во наредниот период тука е предвидена изградба и на црква, како и по- плочување на платото во комплексот Порта Влае, рече, покрај другото, градоначалникот Јакимовски. За реализацијата на овој проект, локалната само- управа ќе одвои 31.575.714 денари, од кои за гра- дежниот дел се предвидени 11.799.999 денари, из- градбата на фонтаната ќе чини 8.302.823 денари, за

хортикултурното уредување ќе се искористат 4. 098. 730 денари. За урбана опрема Општината ќе одвои 4.360.548 денари, а за осветлување 3.013.614 денари. Архитектонското решение предвидува две партер- ни кружници, сплотени една во друга, поплочени со павер елементи како и изведба на кружна фонта- на за поубав, урбан амбиент. Зелените површини ќе бидат хортикултурно уредени, со ниско и високо зеленило на површина од 3.192 м², збогатени со 10.000 цветни садници. Одржувањето на зеленилото ќе биде со систем „капка по капка“ и автоматско полевање. Просто- рот се предвидува да биде осветлен со 50 нови кан- делабри со современ дизајн и содржини од урбана опрема како што се: 60 нови клупи, 20 корпи за от- падоци, три фонтани за пиење вода, 15 држачи за велосипеди, информациона табла, и штитници за дрва. Овој простор ќе биде погоден за одржување на културно-забавни манифестации, музички кон- церти, театарски претстави и сл. Плоштадот ќе се гради во две фази, при што, сега, се работи на прва- та фаза, а во рамките на втората фаза, планирана е изградба на црква со вкупна површина од 130 м². В. Ц.

со вкупна површина од 130 м². В. Ц. КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

23

ОБРАЗОАНИЕ

Сертификати за младите актери од Карпош

„НАШИ ГОДИНИ“ СО ЦЕПЕНКОВ

„НАШИ ГОДИНИ“ СО ЦЕПЕНКОВ Четириесет млади актери, ученици

Четириесет млади актери, ученици од основни- те училишта на Општина Карпош, се стекнаа со сертификати за успешно завршена школа за актер- ска игра која ја основаше Општина Карпош. Под раководство на доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски, генерацијата млади актери во 2012 година успешно ги совладаа вештините на ак- терската игра, а својот труд го крунисаа со прекрас- ната претстава „Наши години“ за која текстот го напиша познатата актерка Снежана Конеска, врз основа на кажувањата на Марко Цепенков, најголе- миот собирач на македонски народни умотворби.

на македонски народни умотворби. 24 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 •

24 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Пред многубројната публика во холот на ОУ „Ди- мо Хаџи Димов“, учениците на актерската школа на Карпош ги преточија записите на Цепенков во непов- торливо доживување, за тоа, како народните муд- рости се родија од секојдневното живеење, обичаи- те и традицијата во македонското семејство. Како момчето да избере невеста, каков е редот во семеј- ството, како жената го надмудрува мажот и свекр-

вата, како да се превоспита мрзливата невеста и ду- зина други итроштини, предизвикаа бура од смеа и задоволство пред воодушевената публика. Претста- вата, која беше целосно во етно стил, зачинета со најубавите изворни македонски песни: „Се посвр- “

ши сербес Донка“,„На срце ми лежи

заврши со прекрасна порака, молит-

ва за Цепенков, неговите мудрости да останат ве- чен спомен за македонскиот народ. На 24-те учесници во претставата и на сите уче- ници од училиштата во Карпош кои успешно ја за- вршија оваа школа, сертификатите им ги врачи пр- виот човек на Општината Стевчо Јакимовски, кој рече дека ова е обид да се надополни празнината на средно училиште за актерство кај нас, на што Оп- штина Карпош и натаму ќе работи и ќе вложува.

тикве брале“

Две невесте

-Се надевам, рече на крајот градоначалникот Ја- кимовски, дека овие млади ентузијасти и таленти ќе израснат во вистински актери од светска класа, кои успешно ќе не презентираат ширум светот.

В.Ц.

Во Карпош

ТРАДИЦИЈА

ПРОСЛАВЕН СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ

Традиционално, граѓаните на Општина Кар- пош, на свечен начин го одбележаа верскиот праз- ник „Св. Атанасиј Велики“. По тој повод, на три ло- кации во Општината: на спортското игралиште во населбата Влае, во Месната заедница Злокуќани и во црквата “Св. Троица” во Бардовци, се славеше во духот на вековната традиција. Меѓу граѓаните, на народните прослави, при- суствуваше и градоначалникот на Општина Кар- пош, Стевчо Јакимовски кој им се придружи во чес- твувањето на овој верски празник. Свештените

лица одржаа куса литургија, и низ црковна церемо- нија ги благословија присутните верници. Според народните обичаи, се служеше пригодна посна хра- на, се делеше погача, а не изостанаа ниту топлите пијалоци и звуците на старите македонски песни. Овогодинешниот кум на верскиот празник „Св. Атанасиј“, Димитрија Цветковски од Злокуќани, упати покана до првиот човек на Општина Карпош Стевчо Јакимовски да го преземе кумството дого- дина, што, општинскиот татко го прифати со задо- Е.К.

волство.

го прифати со задо- Е.К. волство. НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ЗЛОКУЌАНИ

При крајот на минатиот месец, во населбата Зло- куќани, на пригодна свеченост, градоначалникот на

свеченост, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо

Општина Карпош, Стевчо Јакимовски го предаде во употреба новото детско игралиште. За изградба- та на ова “среќно детско катче”, Општината издвои 479.982 денари, а проектот го изведе скопската фир- ма “Ла Пласт”. Во таа пригода, пред насобраните граѓани, градоначалникот Јакимовски посочи дека ова е првото игралиште на оваа територија, од вку- пно три, кои се предвидени за реализација. Меѓу дру- гото, ова ќе биде и мал комплекс кој во себе ќе содр- жи спортски терени и мини - парк. - Во исто време локалната самоуправа ќе гради уште спортски терени кои ќе бидат лоцирани во близина на мостот Газела, а жителите од населбата Злокуќани, но и останатите граѓани од територија- та на Општина Карпош, во вечерните часови ќе мо- жат да се среќаваат, да се дружат и да спортуваат - рече градоначалникот Јакимовски. И.Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

25

ЕСЕЈ

ХАУСМАЈСТОРОТ ОД ОУ ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА

Авторот на најдобриот есеј во проектот„Десетка за Карпош“ е професорката по француски јазик Силвана Јорданова од ОУ„Вера Циривири-Трена“. Во наредните броеви на Урбан Карпош ќе бидат објавени второ и третонаградените есеи на наставничките од ОУ„Владо Тасевски“, Слободанка Бадаровска и Јованка Трпкова, и Соња Казанкова од ОУ„Јан Амос Коменски“. Есеите се своевиден, субјективен поглед на авторките за едно од соседните училишта на Општина Карпош

Пред неколку седмици, со мојата колешка, го по- сетивме ОУ „Вера Циривири – Трена“. Наша цел беше да оствариме средба со хаусмајсторот во учи- лиштето, Зоран, познат како Зоки Стотка, и со него да споделиме неколку работи од неговиот живот кои многу говорат за неговата личност! Зошто токму Зоран!? Првиот интересен податок за него е тој, што Зо- ран Ѓоргиевски,е роден на 26 Јули 1963 година во Скопје, во 5 часот и 2 минути, само 15 минути пред страотниот земјотрес. Неговата мајка Стојанка, го раѓа на главната улица во Ѓорче Петров, како четвр- то дете, во џипот на чичко Зилче, татко на пратени- кот Имер Селмани. Дали од тогаш, како што вели нашиот народ, ,, маја,, го фатила или пак има голема харизма или пак е нешто друго, Зоран е постојано во друштво и во близина на видни домашни и стран- ски политичари, лекари, спортисти, познати луѓе ка- ко советничката на Блер, хрватскиот, германскиот, словенечкиот, бугарскиот и рускиот амбасадор во Македонија, како и групи од Полска, Романија и Бу- гарија Како? Е, тоа е вториот интересен податок за него. Име- но, на 5 Октомври 1985 година, Зоран стапува во брак со Виолета Донова од село Стојаково, Гевгелис- ко, а нивната прва средба била на Зелен пазар, во Скопје, каде си размениле гајба јагоди за гајба дома- ти, па така јагодите и доматите биле една од причи- ните тој и Виолета да се заедно до ден денес. На 1 Мај 1989 година, Зоран со сопругата и со своето дру- штво, отишле на излет на Матка, каде меѓу неколку-

26 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ те манастири, се наоѓа и

те манастири, се наоѓа и манастирот „Св. Никола Шишевски“, кој постои од 26 Јуни 1336 г.Таа година, 20-тината млади луѓе, решиле да ги обноват мана- стирските конаци, па на 3 Мај 1989 година, Зорано- вото друштво, прераснато како здружение, оди кај тогашниот Поглавар на македонската православна црква, г-дин г-дин Гаврил, од кого добива дозвола за реновирање на манастирските конаци. Во 1990 го- дина, од 3 Мај, Зоран со документ- тапија е назначен за домаќин на манастирот. Од 1997 година, семеј- ството на Зоран Ѓорѓиевски, продолжува самостој- но да се грижи за манастирот и конаците. Така, Зо- ран, останува единствен домаќин на манастирот „Св. Никола Шишевски“, кој секојдневно е посетен од многу видни гости, лекари, амбасадори на стран- ски земји кај нас, спортисти, актери и сл. Во мана- стирот, Зоран и неговата сопруга, за гостите и за по- сетителите прават разни јадења и никогаш не оста-

ваат некој гладен и жеден да си отиде од кругот на манастирот. Често пати, некои од посетителите, меѓу кои и деца на амбасадори, шетајќи се по пате- ките низ Матка, се изгубиле, па за нивно прона- оѓање припадниците на Министерството за внатре- шни работи и Црвениот крст го ангажирале Зоран, кој патеките на Матка може да ги помине и со врза- ни очи. Понов случај, каде Зоран се докажал како хуман и несебичен човек, е случајот на спасување на унгарската амбасадорка. Хуманоста ја докажал и кога двајца посетители паднале од карпа, па ги спа- сил и двајцата. Не помалку вредно е да се спомне и случајот кога на еден посетител му прснал чирот, па Зоран, го носел човекот на грб до местото каде е преземен од медицинска екипа. На грб и со сопстве- ните раце, Зоран носел и пренесувал материјали за градба на манастирските конаци, а тоа и ден денес го прави, и не само за манастирот во кој е домаќин, туку помага секогаш кога може и за реновирање на околните цркви и манастири и сето тоа го прави до- броволно, со силна верба во Бога и со дух на голем хуман човек. При едно такво носење на материјал за реновирање на црквата „Свети Архангел Михаил“, паѓа од висока карпа, но за среќа поминува со пома- ли повреди. Со свој пријател, доброволно работеле на изградба на голема работилница кај црквата „Све- та Богородица“, во која ќе се шие подоцна попската облека за свештените лица низ цела Македонија. Зоран е добар сопруг, татко и дедо. Има две вну-

чиња од двете ќерки, од кои на едната и го дава име- то на неговата сестра, која починува млада и сакајќи да го зачува споменот на неа, покажува колкава е братската љубов. Зоран и неговата сопруга живеат во село Шишево од 1985 година, а и двајцата рабо- тат во ОУ „Вера Циривири Трена“ во Скопје и тоа Вики, неговата сопруга, работи како технички пер- сонал од 1994 година, а Зоран во ова училиште е од 1 Февруари 1984 година како чувар градинар, а од

1994 година е хаусмајстор и честопати работел од

5-6 часот наутро до 20 часот навечер. Сегашното ра- ботно време му е од 5.00 до 15 часот, но честопати, останува подоцна. На работа доаѓа со автобус, но

кога временските прилики се добри, тој на работа доаѓа со велосипед. Во училиштето соработува со сите, коректен е, трпелив, добродушен, истраен во работата и исполнителен. Нема работна обврска

која ќе му се даде, а истата да не ја изврши. Во 2010 и

2011 година, во интерес на училиштето, не зема го-

дишен одмор и цело лето по цели денови е на работа и сам го кречи целото училиште. Летото 2012 годи- на зема само половина одмор и помага при изработ- ка на фасадата на училиштето. Во еден период од својот работен век, Зоки Стотка, како што го викаат на надимок заради својата брзина со која ги извр- шува работните обврски, работи како испомош во ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ и во ОУ „Лазо

Трповски“-Скопје, каде за еден ден има направено рекордни 70 столчиња и ги воодушевува сите. Една цела година работел по 2 дена во ОУ „Христијан Тодоровски“-Карпош и 3 дена во ОУ „Вера Цириви- ри-Трена“. За себе вели дека не трпи тензија на рабо- та и не сака работа во и со стрес, а дека може да поднесе поголем број работни обврски во исто вре- ме и при тоа сите со конкретен рок за извршување. За колегите вели дека со сите си има добар збор и со сите соработува и дека за сестри во својот колектив ги смета психологот на училиштето Јадранка и учи- телката Маја Чинго, па и двете ги вика ДАДЕ. Зоки има завршено обуки за противпожарна заштита евакуација и спасување и Прва помош на работно место , обука за Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем за проектот ,,Еко училиште“. Не за бадијала носи во својот џеб и пен- кало, освен фазомер и шрафцигер. Има добра сора- ботка и со родителите, особено со оние кои на кра- јот од учебната година доаѓаат кај него во манасти- рот со своите деца, ученици на одделенскиот рако- водител Маја Чинго. Со тие родители, Зоран го по- дига шаторскиот камп во дворот на манастирот, ка- де учениците и учителката Маја логоруваат по 2-3 деноноќија и тука учат, другаруваат и ја подготвува- ат завршната приредба. Зоран и неговата сопруга Вики, се цело време со нив и се грижат за нивната исхрана, подготвувајќи ги оброците за учениците. Во јануари 2003 година, Зоран добива мозочен удар додека е на работа во манастирот, но брзо се опоравува и се враќа на работа. Во 2011 година, но- сејќи училишни документи во Општина Карпош, во него и неговиот велосипед удира автомобил но за среќа поминува со помали повреди. На 3 Септем- ври, 2012 година во училиштето, при извршување на своите работни обврски, добива срцев удар и со помош на своите колеги од училиштето „Трена“, ста- сува до кардиологија во Клинички центар – Скопје , каде сè завршува во најдобар ред. За Зоран, Зоки Стотка, прекрасниот, сопруг, та- тко и дедо, одличниот работник хаусмајстор - про- фесионалец и чесен работник, хуман човек и дома- ќин на манастир, може да се зборува и да се пишува уште многу, но ќе оставиме нешто и за некоја друга прилика. Полни со импресии за овој сенароден чо- век, го напуштивме ОУ „Вера Циривири –Трена“, со заклучок: Да, се уште постојат ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ. Зоран не увери во тоа! Зоран е пример за ВИСТИН- СКИ ЧОВЕК, човек со високи морални и етички вредности, работник кој секој би го посакал во свое- то училиште, во својата работна организација, чо- век кој секој би го посакал за пријател!

Јованка Трпкова м-р Слободанка Бадаровска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

27

СПОРТОРАМА

Наши спортски супер таленти: Филип Бакоч, кошаркар на„Карпош Соколи 2000“

СЕ РАЃА НОВ ВЛАДЕ ДИВАЦ

2000“ СЕ РАЃА НОВ ВЛАДЕ ДИВАЦ Филип Бакоч со тренерот Дедиќ

Филип Бакоч со тренерот Дедиќ

Освен што вонредно се посетени, во Скопје и надвор од него, натпреварите на кошаркарскиот клуб “Карпош Соколи 2000„, се карактеризираат и

според редовниот коментар на спортските лаици но

и на осведочени стручњаци. Забелешката гласи;

„Запомнете го малион, четворката, тој ќе биде ид-

А таа, „четворката“ на-

вистина е младо, шеснаесетгодишно момче, но, веќе сега, е висок 203 сантиметри, и се вика Филип Бакоч. А приказната за Филип, како што вели него- виот тренер Огњен Дедиќ, не избрусениот дијамант на македонската кошарка“, може да има и поинаков почеток. Имено, во два наврати,градоначалникот Јакимовски, го спомнува „тоа талентирано момче“,

ната кошаркарска ѕвезда

“.

велејќи; „Тоа момче заслужува да се напише нешто за него, а јас еве ќе ви помогнам околу насловот. Тој може да гласи „Се раѓа нов Владе Дивац“. Градона- чалникот по пат раскажа дека како мал, во весни- кот за деца „Наш свет“ прочитал текст за тогаш на- дежниот боксер Аце Русевски. Насловот, вели гра- доначалникот, гласеше; „Се раѓа нов Мате Парлов“,

и навистина, набргу потоа, Русевски го потврди

пророштвото од статијата во „Наш свет“ Со надеж дека сторијата за Аце Русевски нема да биде исклучок, одам по трага на момчето за кое се зборува меѓу љубителите на кошарката во Оп-

28 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

штината но и во Републиката. Тренерот на „Карпош Соколи 2000“, Дениќ, не го крие задоволството што токму неговите играчи, во буквална смисла на збо- рот, предизвикуваа внимание. – Како човек да не биде горд кога не направил утка при изборот на иг- рачи, а што се потврдува на теренот, преку нивната игра, вели Дедиќ, а потоа реди суперлативи за него- виот пулен Бакоч. „Тој има се што е потребно да се стане врвен кошаркар и ако продолжи да работи како сега, ние ќе добиеме вонсериски играч. Филип и сега ги обара сите рекорди, освен што е државен репрезентативец во категоријата до 16 години, во нашиот тим е незаменлив и со најдобра статистика. Јас како тренер, се радувам што во мојата работа со Филип, имам целосна поддршка на неговите роди-

тели и тоа е вистинскиот пат, тој, наскоро, за некоја година да ги оправда и да ги потврди сите сегашни прогнози и моите искрени очекувања„. Со Филип Бакоч се сретнав пред еден вечерен тренинг и кога го здогледав, сфатив дека тоа е исто- то она момче за кое, минатата есен, на еден натпре- вар ми расправаше Дане Стојковски, гуру на спорт- ските случувања во Општина Карпош. При оваа, прва средба, заклучив дека, гледано однадвор и ла- ички, момчето ги покрива спомнатите епитети. Ос- вен што е висок и симпатичен, Филип на секое пра- шање одговара, без вообичаена трема, со избрани зборови, како некој кој е свесен за себе и за своите вредности во спортот на кој целосно му се посве- тил.

- Да, на кошарката целосно сум и посветен и

мојот пристап кон таа игра видно се промени отка- ко сум дел од тимот на „Соколи“ и тоа пред се бла- годарејќи му на Господ. Од каде сега господ си по- мислив, а Филип веднаш го разбра моето чудење, па се поправа, велејќи дека тренерот Огњен Дедиќ го викаат Господ, а тој мислел токму на тренерот. Го прашувам Филип од каде потекнува неговото невообичаено презиме Бакоч, а тој ми објаснува дека татко му е родум од Херцег Нови (Црна Гора), а мајка му е Македонка и дека е единец, роден на 2. мај 1996. год. во Скопје. Заради височината, според која секогаш се издвојувал во својата генерација, логично било што за свој спорт ја избрал кошарка- та. Со посериозно занимавање со кошарката поч- нал во „Квиско басект“, а потоа преминал во „Во- дно Санс“, а оттаму, по барање на тренерот Дедиќ, се стационирал во КК „ Карпош Соколи 2000“, каде, како што се надева, ќе остане долго.

- Ние, сега сме многу блиску до влегување во

Првата кошаркарска лига, а тоа значи дека пред ме-

не и пред целиот тим се отвораат нови можности за напредување. Филип вели дека нема многу слобод-

но време, но дека тоа не му пречи да биде добар уче- ник во гимназијата „Корчагин„ и редовен на тре- нинзите на својот тим.

- И покрај сите обврски околу спортот, сепак се

наоѓа време за излегување и дружење со врсниците.

Јас, покрај кошарката, ги сакам тенисот и ватерпо- лото и секогаш кога ќе ми се даде можност, се фа-

ќам за тенискиот рекет

убава, другарска атмосфера и тоа позитивно се одразува врз нашата игра и пласманот на табелата. Јас не водам некоја посебна статистика околу моите настапи, но она што знам, е дека по натпревар имам 19 коша и 14 скока, што ме рангира за најдобар во нашата лига. Се разбира, таа статистика се должи и на несебичноста на моите соиграчи и на тренерот кој ми укажува доверба, односно поголема минута- жа на секој натпревар.

Инаку, во клубот владее

- Мојот пример во кошарката е Тодор Гечевски, а

ги сакам и НБА играчите Хауард и посебно Кевин

Лав од „Минесота“. Би кажал уште дека за се ова што сега ми се случува се заслужни и моите родите- ли од кои имам целосна поддршка. Кога на Филип му кажав дека за нашиот разго- вор е „виновен“ и градоначалникот Јакимовски, кој ми сугерираше и наслов на текстот, тој искрено се

израдува, велејќи дека е среќен што е дел од тимот зад кој стојат локалнта самоуправа и градоначални- кот на Општина Карпош.

- Му благодарам на градоначалникот Јакимов-

ски, и ќе се потрудам да ја оправдам прогнозата од неговиот убав наслов, рече талентираниот кошар- кар на „Соколи„. Во текот на разговорот, го прашав Филип дали има девојка. Тој, смеејќи се, потврдно кимна со гла- вата, но на крајот, кога се поздравувавме, рече: А она за девојката, ако може да не се спомне во весни- кот. Му ветив дека девојката нема да ја спомнам и ветувањето го одржав.

М. Раденковиќ

Во„Форца„

ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

На 26 јануари, во спортската сала “Форца” во ор- ганизација на Здружението на Власи стопанствени- ци од Македонија (ЗВСМ) “Мандра”, по четврти пат се одржа турнирот во мал фудбал по повод одбеле- жувањето на 32 годишнината од раѓањето на наша- та незаборавна поп ѕвезда Тоше Проески. Оваа годи- на ЗВСМ “Мандра” во соработка со Општина Кар- пош, како покровител на оваа манифестација заедно се погрижија сеќавањето за Тоше да остане вечно. Манифестацијата ја облагородија песните на македонски ангел – Тоше Проески, како и изведба та на традиционалните влашки песни. На спорт- скиот терен, силите во мал фудбал ги одмерија еки- пите на „Мандра“ и „Мандра ветерани“ - Скопје,

Лилицеа ароши и Лилицеа Ароши ветерани - Велес,

Крушува – Крушево и екипата на Општина Карпош од Скопје. На оваа свеченост присуствуваше и гра- доначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски кој во оваа пригода изјави;

- Јас особено го почитувам Тоше, затоа што тој

не напушти без ниту еден порок, и беше вистински пример за младите. Јас можам да ви ветам дека од наредната година, оваа манифестација ќе биде мно- гу побогата, покрај Вас и локалната самоуправа ќе учествува со цел да го подигнеме нивото на оваа манифестација, во чест на нашиот великан Тоше Проески.

И. Ѓ.

нашиот великан Тоше Проески. И. Ѓ. КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

29

Писмо од Шпанија: Светско првенство во ракомет

Светско првенство во ракомет ЛИКОТ И НАЛИЧЈЕТО НА СП ВО

ЛИКОТ И НАЛИЧЈЕТО НА СП ВО РАКОМЕТ

Екипата на „Карпошвизија“, имаше привилие- гија да биде дел од македонската спортска експеди- ција на Светското првенство во ракомет, во Шпа- нија. Во двонеделната авантура, во една од најуба- вите земји во светот, нашиот репортерски тим, екс- клузивно, со камера и перо забележа настани и слу- чки, кои предизвикаа многу контроверзи во Маке- донија од еден ваков светски спортски настан. Па- тешествието може да се подели во неколку епизоди, од кои едната, импресиите од преубавата Шпанија, донекаде го ублажува непријатното чувство дека со децении доцниме зад светот во подготвеноста за настап на вакви врвни спортски случувања. „Најдолгиот Пат“од Дарко Дамевски, забележа нашиот известувач, е песна во споредба со нашето патешествие од Скопје до Севиља. Автобусот (оп- ремен со специјални душеци и ќебиња), во кој беа играчите и стручниот штаб од хотел Скала, во три часот сабајле се упати кон Софија. На аеродромот во Софија стигнавме во седум ипол и тогаш започ- наа нашите маки. Ниеден репрезентативец немаше комплетна бординг карта(со платен багаж до 20 кг,

30 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

плус рачна торба 10кг), и затоа не им беше дозволе- но да се чекираат, па чекаа 45 мин, како“банда“за нај- после да влезат во авион! А тој полета кон Рим во 9 часот, но наместо во престолнината на Италија слета во Тревизо!? По едночасовно „дремење“ во авионот, без ни- кој да ни објасни што се случува, летнавме назад за Рим каде што не пречека ново „киснење“. Повторно проблем со тежината на багажот, па префрлање на друг аеродром каде повторно следеше циркус без пари. Нашите репрезентативци мораа „како швер- цери“ да ги мерат торбите клекнати на коленици вадеа алишта и ги претураа во ранци или кеси за рачен багаж. Капак на се беше кога пакетот од 75 кг, со витамините и медикаментите (кои се неопходни за психофизичката подготовка на играчите) беше вратен од чекирање заради што докторите (Панчев- ски и Настов), со рента кар возило патуваа 2.600 км до Севиља! За тој подвиг им упатуваме јавна чес-

По слетувањето во Севиља, нови тормозења

титка

и понижувања. Чекајќи автобус што ќе ги однесе до хотелот, играчите во очај, си направија вистинска

журка под отворено небо. По натпреварот со Чиле, нов шок, пак сврзан со префрлање од Севиља до

Автобус, па воз, па автобус и директ-

но, (без тренинг), на важен натпревар. Се разбира,

тв гледачите тоа не го знаат, поточно не им е јасно зошто нашите момчиња десет минути не можат да постигнат гол Втората фаза од нашето историско патешествие на СП во ракомет е сврзано со нашата репрезента- ција и нејзиниот настап и пласман. Вториот про- блем е сврзан со фамозната реченица што со годи-

ни се повторува, а гласи: „Ако не игра брат ми

наша заедничка несреќа (резултати), истата ја упо- требуваат повеќето наши ракометари. Како што ни изјави Кире Лазаров, треба здрава рака, селектор кој цврсто ќе ги стегне работите и кој ќе ги искоре- ни горенаведените маани. Се разбира, сето тоа се одрази со навистина слаби игри на нашата селек-

ција, која на себе личеше само на средбата со Ру- сија. Лошиот настап на македонскиот тим не смее да биде припишан само на играчите. Тука мора да се биде реален и сиве овие работи што ги посочуваме треба да се имаат предвид, при поголема, детална или стручна анализа, ако таква воопшто се случи. Факт е дека е неопходен чекор напред на орга- низациски план при што, пред се, треба да се анга- жира човек што ги познава играчите одблизу, кој може во секое време да ги решава нивните пробле- ми, во играта и надвор од неа.

“. На

Барселона

и надвор од неа. “. На Барселона Третата пизода од нашето
и надвор од неа. “. На Барселона Третата пизода од нашето

Третата пизода од нашето патешествиое се одне- сува на земјата Шпанија. Убава држава, чиста, опре- мена со убави и широки сообраќајни решенија, преполна со ротонди, во чија средина висат големи палми, убави големи мостови што сјаат навечер, гордо поврзувајќи ги бреговите,топли луѓе-домаќи- ни кои уживаат да раскажуваат за нивната култура и нивните историски знаменитости. Пријателски настроени туристи со кои можеш да размениш им- пресии (на англиски јазик), за тоа што треба да се посети. А тоа се, пред се, огромни цркви и катедра- ли кои безвремено бдеат и те восхитуваат Во Барселона, во трговскиот центар “РИЛЛА“, имавме чест да се дружиме со нашето златно мом- че, член на ФК Барцелона, 18-годишниот Давид Ба- бунски, Македонец, главен играч за врска во мла- динскиот тим на „Барселона“ . Користам можност и на овој начин да им се заблагодарам за гостоприм- ството на Софи и Кеке во Барселона, кои домаќин- ски не пречекаа и убаво не нагостија. П.С. Искрено посакуваме ова да биде послед- но светско првенство или голем спортски настан, на кој државата ќе се однесува како што тоа беше случајот со нашите ракометари на СП во ракомет во Шпанија.

Димитар Бадев, Одделение за спорт

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

31

„КА-РИНГ“- СПОРТСКИ БРЕНД НА КАРПОШ

СПОРТСКИ БРЕНД НА КАРПОШ Несомнен придонес во актуелниот

Несомнен придонес во актуелниот епитет-Кар- пош-најспортска општина во државата, го дава и спортскиот колектив „Карпошовиот ринг“ (Ка-ри- нг). Годинава тие се шампиони на Македонија во бо- речките вештини, во се попопуларниот кик бокс. - Навистина имаме убав повод и причина да се пофалиме, државни прваци сме во спортот во кој се натпреваруваат 35 клубови од речиси сите поголеми градови во Македонија. Успехот е дотолку поголем ако се знае дека во изминатата натпреварувачка се-

зона остваривме 86 победи, вели младиот тренер и поранешен шампион во кик боксот, Алек Стојков- ски. „Ка-ринг“, постои три години, што е уште една илустрација за сериозноста со која приоѓаме во сите работи во клубот. Во нашиот клуб се застапени шесте дисциплини од кик боксот и во сите нив има- ме активни борачи но и многу рекреативци. Нашата база е ОУ „Петар Поп Арсов“ и се надеваме дека и во иднина ќе бидеме еден од најуспешните спортски колективи во Општина Карпош. Нашиот клуб во своите редови ги има четирите репрезентативци; Димче Станковски, Дени Таировски, Јовица Ивановски и Цветан Трајанов, вели Стојков- ски и додава дека благодарејќи им на нив и уште де- сетина млади борци од други клубови, Македонија се наоѓа меѓу земјите во кои кик боксот е во голем подем. Имаме желба оваа година да организираме ме- моријален турнир, во чест на Љупчо Неделковски, таткото на кик боксот во Македонија. Токму преку една таква спортска манифестација би го популари- зирале кик боксот, за кој меѓу младите има се пого- лем интерес. Бидејќи сме во постојана врска и во пријателски односи со познатите шампиони Иван Стругар и Сталко Зилкиќ, тие би биле наши гости и промотори на тој турнир, вели Стојковски и додава дека се надева дека за таква манифестација ќе доби- јат поддршка од локалната самоуправа и од градона- чалникот Јакимовски.

М. Р.

Божиќниот турнир во шах-КАРПОШ 2013

ПОБЕДНИК КИРИЛ ГЕОРГИЕВ ОД БУГАРИЈА

Кирил Георгиев од соседна Бугарија, е овогоди- шен победник на Меѓународниот Божиќен шахов- ски тунир, кој традиционално го организира Оп- штина Карпош. Интернационалниот мајстор Геор- гиев е и минатогодишниот победник на “Опен Кар- пош” – кој овојпат си замина дома со 21.000 денари, колку што изнесуваше првата награда на годинеш- ниот Божиќен турнир. Второто и третото место им припадна на шахистите од Србија, Горан M. Тодо- ровиќ и Борољуб Златановиќ кои освоија по 15.000 односно 13.000 денари. По целодневното шаховско „војување“, кое се случуваше во сабота (05.01.2013), на кои фигурите „ги вкрстија“ 107 натпреварувачи од Македонија и странство, во вечерните часови градоначалникот Стевчо Јакимовски имаше чест и

32 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ задоволство да ги прогласи

задоволство да ги прогласи најуспешните натпрева- рувачи во оваа древна игра, при што, лично им ги врачи наградите.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ 33

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

33

Подготвил: М. Раденковиќ

МЕЃУВРЕМЕ

Секој ручек некој мо- ра да го плати.

Б.Таска

Живеј со луѓето како Господ да те гледа, а зборувај со Господ како луѓето да те слу- шаат.

Сенека

Кој ве лаже, ќе лаже

и против вас.

(Хрватска поговорка)

Ако сакаш нешто да кажеш, провери кој те слуша.

(Грузиска поговорка)

Со пари можеш да ку- пиш функција ама не

и почитување.

Љубовта што се храни со подароци, вечно е гладна.

(Еврејска поговорка)

Колата почнува да чкрипи четириесет дена пред да се скрши.

четириесет дена пред да се скрши. Бернард Шо, кој инаку бил слаб

Бернард Шо, кој инаку бил слаб често се дружел со колегата по перо Гилберт Честертон кој бил дебел и крупен. Еден ден, додека шетале, Честер- тон се пошегувал на сметка на изгледот на сво- јот пријател, велејќи му; Кога човек ќе те види ќе помисли дека на светов владее апсолутна сиромаштија. На тоа Шо му возвратил; - Драг Гилберте, кога некој ќе погледа во тебе веднаш помислува дека за тоа се виновни такви- те како тебе.

Малиот Трпе се вратил од училиште и и вели на мјака си.

- Мамо за малку ќе добиев петка по математика.

- Како тоа, за малку?

- Па ја доби Кире, а тој седи до мене.

34 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

„Уметност на живеење Македонија“ Ви предлага работилници:
„Уметност на живеење Македонија“ Ви предлага
работилници:
Запознај го здивот – научи да управуваш
со стресот
Теодора Костовска: тел. 075 40 50 60
или theodoraаol@yahoo.com
Елементи кои ја сочинуваат работилницата:
 Практично знаење за да се справи
со секојдневните предизвици на животот
 Интерактивна вежби
 Yoga вежби, истегнување за релаксација
 Mедитација и моќни техники на дишење
 Ujjayi, Pranayama, Bhastrika,
 Sudarshan Kriya, уникатна техника
техники на дишење  Ujjayi, Pranayama, Bhastrika,  Sudarshan Kriya, уникатна техника
БАДНИКБАДНИКБАДНИКБАДНИКБАДНИКБАДНИК ВОВОВОВОВОВО
БАДНИКБАДНИКБАДНИКБАДНИКБАДНИКБАДНИК ВОВОВОВОВОВО КАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШ
ВОВОВОВОВОВО КАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШ
ВОВОВОВОВОВО КАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШ
ВОВОВОВОВОВО КАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШКАРПОШ