You are on page 1of 4

Задачи за вежбање по ООП

Задачи за вежбање
(Објектно-ориентирано програмирање)

1. Да се состави програма за копирање на текстуални датотеки која што ќе


работи на следниов принцип. Да се напише татко класа со име FileCopier која
што ќе има еден метод со име copy(String path) кој што всушност ќе чита
датотека на дадениот пат и нејзината содржина ќе ја складира во атрибут на
класата од тип стринг. Од неа да се наследи син класа со име FileExtendor која
што ќе има метод paste(String path) кој што ќе ја запише содржината од стринг
променливата од татко класата во датотека на дадениот пат. Да се напише и
главна класа која што треба прикаже пример за работата на двете класи.

2. Да се состави програма за запишување на xml датотека. Да се напише класа со


име XmlDataStore која што во себе содржи метод со име setValues(String
firstName, String lastName, int index). Овој метод примените вредности како
аргументи треба да ги поставува на атрибути од истата класа. Да се напише
класа XmlExtendor која што ќе наследува од XmlDataStore. Класата XmlExtendor
треба да сорджи еден метот со име write() кој што податоците земени од татко
класата ќе ги запише во xml датотека со произволно име. Датотеката по
запишувањето би требало да изгледа вака:

<student>
<firstName>test</firstName>
<lastName>test</lastName>
<index>0</index>
</student>

3. Да се состави програма која што чита датотека со координатни точки. Да се


претпостави дека е дадена датотека со координатни точки во следниот формат:

10:12;
134:213;
0:19;
21:98;

Да се состави класа со име Tocka која што ќе има приватни атрибути x и y. За


истите да има соодветни гетери и сетери. Да се состави класа со име
TockaReader. Во конструкторот на оваа класа треба да се чита датотеката и за
секој прочитан ред да се направи нов објект од тип Tocka и да се пополнат
неговите х и у со вредностите од прочитаниот ред. Сите такви објекти да се
сместат во низа со име Tocki[].

-1-
Задачи за вежбање по ООП

4. Да се состави програма која што содржи класа по име proizvodi. Класата ги


има следните приватни членови:

cena – decimalen broj


ime – tekst
tip – tekst

Да се прочита датотека по име artikli.csv во следен формат: cena,ime,tip; и


следниве податоци:

23.0,leb,hrana;
51.1,vino,pijaloci;
19.5,minetalna voda,pijaloci;
129.2,ramka,ukrasi;

при читањето на датотеката да се креира листа од објекти proizvod и


соодветните вредности од датотеката да бидат внесувани во соодветните
приватни членови на објектот. Да се напише main метод кој што ќе ја испечати
листата од објекти на конзола.

5. Да се состави програма која што содржи класа по име sport. Класата ги има
следните приватни членови:

RedenBroj – cel broj


ime – tekst
igraci – cel broj

Да се прочита датотека по име sportovi.csv во следен формат: rbr|ime|igraci# и


следниве податоци:

3|fudbal|11#
2|rakomet|7#
4|tenis|1#
1|kosarka|5#

при читањето на датотеката да се креира листа од објекти sport и соодветните


вредности од датотеката да бидат внесувани во соодветните приватни членови
на објектот. Исто така класата да го имплементира интерфејсот Comparable, и
соодветно методот compareTo кој што треба да овозможува сортирање според
податочниот член RedenBroj. Да се напише main метод каде што листа од sport
објекти со ќе биде сортирана според редниот број на спортот.

-2-
Задачи за вежбање по ООП

6. Да се состави програма која што содржи класа по име Telefon. Класата ги има
следните приватни членови:

tezina – decimalen broj


marka – tekst
model – tekst
proizveden – tekst (zemja na proizvodstvo)

За погоренаведените приватни членови да се напишат соодветни јавни


пристапни методи. Исто така класата да го имплементира интерфејсот
Comparable, и соодветно методот compareTo кој што треба да овозможува
сортирање според податочниот член model, па потоа според marka. Да се напише
main метод каде што листа од Telefon објекти со прозиволно внесени податоци
ќе биде сортирана според горенаведените параметри.

7. Да се состави програма која што содржи класа по име temperatura.


Класата ги има следните приватни членови:

den – cel broj


mesec – cel broj
godina – cel broj
prosecna – decimalen broj (prosecna temperatura)

Да се прочита датотека по име prognoza.txt во следен формат:


den,mesec,godina,prosecna и следниве податоци:

1,1,2008,4.3;
2,1,2008,-3.1;
3,1,2008,-1.8;
4,1,2008,2.1;
5,1,2008,4.3;
6,1,2008,5.3;
7,1,2008,-0.1;
8,1,2008,1.5;

при читањето на датотеката да се креира листа од објекти temperatura и


соодветните вредности од датотеката да бидат внесувани во соодветните
приватни членови на објектот. Да се напише main метод кој што ќе ја испечати
листата од објекти на конзола, но само онаму каде температурата ќе биде
поголема од 0 степени

-3-
Задачи за вежбање по ООП

8. Да се состави програма која што содржи класа по име lica. Класата ги


има следните приватни членови:

ime – tekst
prezime – tekst
GodinaNaRaganje – cel broj
pol – tekst

Да се прочита датотека по име lica.txt во следен формат:


ime,prezime,GodinaNaRaganje,pol и следниве податоци:

Nikola,Nikolovski,1985,maski;
Marija,Markovska,1988,zenski;
Bojana,Boeva,1981,zenski;
Elena,Spasevska,1987,zenski;
Borce,Bogoevski,1986,maski;

при читањето на датотеката да се креираат 2 листи (maski и zenski) од објекти


lica и соодветните вредности од датотеката да бидат внесувани во соодветните
приватни членови на објектот. Да се напише main метод кој што ќе ги испечати
листите од објекти на конзола.

9. Да се состави програма која што содржи интерфејс по име GeometriskiTela.


Интерфејсот да ги декларира следните методи:
Plostina();
Obikolka();

Да се направат 2 класи, Krug и Kvadrat со свои статични приватни членови


(кругот: radius, квадратот: strana). Класите ќе го имплементираат интерфејсот
GeometriskiTela, и ќе ги со помош на методите ќе направат пресметка на
плоштина и обиколка на кругот односно квадратот. За приватните членови да се
направат гетери и сетери соодветно. Да се напише main метод преку кој ќе се
доделат вредности на radius-от и strana-та и потоа ќе ги се испечатат плоштините
и обиколките на конзола.

-4-