Дел 4
АТМОСФЕРСКА ЦИРКУЛАЦИЈА
И ВЕТЕР
ШТО Е ВЕТЕР?
Под ветер се подразбира струењето на воздухот вдолж земјината површина
и во најголем дел е хоризонтално.
Иако во атмосферата преовладуваат хоризонталните струења на воздухот
во однос на вертикалните, сепак вертикалните струи се од огромно значење
за временските процеси и за летањето, бидејќи преку нив доаѓа до
формирање на грмежни непогоди и олуи.
Во некои случаи вертикалните ветрови се изразито силни и претставуваат
опасност за воздухопловството. Сепак, во општ случај под терминот ветер
се подразбира хоризонтално струење на воздухот.
МЕРЕЊЕ НА ВЕТЕРОТ
За мерење на правецот и брзината на ветерот се
користат т.н. анемометри.
Анемографите припаѓаат на регистрирните
метеоролошки инструменти кои што автоматски и
континуирано ги бележат измерените вредности
на ветерот.
Заради големото значење што го има ветерот во
воздухопловството, дадени се и други дефиниции со кои се опишуваат некои
карактеристики на ветерот:
1. Моментална брзина и моментален правец на ветерот - измерени
вредности на споменатите величини во најкраток временски
интервал во кој мерниот инструмент може да ги регистрира
промените на ветерот.
2. Среден ветер (средна брзина и среден правец) - се добива со
пресметување на средните вредности на моменталниот ветер за
одреден временски интервал (на пример, 10-минутен).
3. Удари на ветерот или рафален ветер - постои само кога
моменталната брзина е поголема од средната 10-мин брзина на
ветерот за 10 kt (5 m/s) или повеќе.
4. Варијабилен правец на ветерот - се јавува во случаи кога
екстремните моментални правци се разликуваат од средните за 60°
или повеќе, а средната брзина е поголема од 3 kt.
5. Тишина - е состојба на одредено место во атмосферата без ветер.
Дел 4 – АТМОСФЕРСКА ЦИРКУЛАЦИЈА
Сл. 4-2 Во цевката која ги сврзува двата резервоари со иста геометрија постои
градиент на притисокот, бидејќи разликата во висината (тежината) на водата во
садовите создава различни притисоци. Тоа доведува до претекување на водата од
едниот резервоар (лево) во другиот резервоар (десно), што е последица на
дејствувањето на силата на градиентот на притисокот.
Врската помеѓу градиентот на притисокот и движењето на воздухот може да
се илустрира и со примерот на автомобилска гума со нормална компресија.
Притисокот во неа е секогаш повисок од надворешниот, т.е постои разлика
Дел 4 - АТМОСФЕРСКА ЦИРКУЛАЦИЈА
КОРИОЛИСОВА СИЛА
Кориолисовата сила дејствува на дел воздух што се движи. Таа не е реална
сила, бидејќи нејзината појава е предизвикана од ротацијата на Земјата.
Појавата на Кориолисовата сила и нејзиното влијание на промена на
правецот на движење на едно тело може да се прикаже со ″ротационата
табла″ (сл. 4-4).
На северната хемисфера при ветер кој што дува околу област на низок
притисок (спротивно од насоката на движење на стрелките на часовникот -
циклонално струење) силата на градиентот на притисокот е поголема од
Кориолисовата сила, така што резултантната сила ќе биде насочена кон
центарот на нискиот притисок и воздухот ќе струи кон центарот на низок
притисок. На северната хемисфера при ветер кој што дува околу област на
висок притисок (во насока на движењето на стрелките на часовникот -
антициклонално струење) Кориолисовата сила е поголема од силата на
градиентот на притисокот.
БЕЈС-БАЛОТОВО ПРАВИЛО
Ова правило гласи:
Доколку се поставиме со грбот на правецот на ветерот на северната
хемисфера, областа на низок притисок се наоѓа на левата страна.
ПРИЗЕМЕН ВЕТЕР
Приземниот ветер е од големо значење за воздухопловството поради
ефектот што го има во текот на полетување и слетување. Стандардната
висина на која што се мери приземниот ветер изнесува 10 m над земјината
површина на репрезентативно место.
Во општ случај, ветерот поблиску до земјината површина е послаб отколку
ветерот на поголемите висини, поради силата на триење која што се јавува
помеѓу воздухот и земјината површина. Колку што е земјината површина
понерамна, толку ветерот ќе биде повеќе ослабен. Силата на триење е
помала над океанските површини и рамните пустински предели, а поголема
е над планинските подрачја.
Смалената брзина на ветерот резултира со смалување на дејството на
Кориолисовата сила, па на помалите висини силата на градиентот на
притисокот ќе има поизразено дејство. Тоа ќе предизвика како краен ефект
воздухот околу низок притисок да скршнува и да струи кон центарот, а околу
висок притисок да струи кон периферијата.
Дел 4 – АТМОСФЕРСКА ЦИРКУЛАЦИЈА
ПРОДОЛЖУВА...