You are on page 1of 37

 Работата на индукциони инструменти се

заснива на вртливо магнетно поле


 Реагираат само на наизменична струја(за
формирање на вртливо магнетно поле се
потребни најмалку две наизменични струи
кои се фазно поместени помеѓу себе)
 Инструментот има две намотки-едната со
дебела жица и едната со тенка жица во кои
течат наизменични струи фазно поместени
помеѓу себе
 Индукционите инструменти ретко се
среќаваат како волтметри и амперметри,
почесто како ватметри, меѓутоа најчесто
како броила на електрична енергија
 Електрична енергија W[KWh] која
потрошувачот ја троши се пресметува како
производ од моќност и време:
W=P t [KWh]
 За мерење на електрична енергија се
применуваат индукциони броила на
електрична енергија
 Се употребуваат само за наизменична
струја
 Електромагнет(1) има мал број намотки од
дебела жица, се поврзува сериски со
потрошувач и низ него протекува струјата
на потрошувач(уште се нарекува струјна
намотка и струен електромагнет)
 Електромагнет(2) има голем број намотки
од тенка жица, се приклучува паралелно на
потрошувачот и уште се нарекува напонска
намотка(напонски електромагнет)
 Магнетните полиња што ги создаваат двата
електромагнети дејствуваат врз
алуминиумскиот диск(3) кој може да се
врти околу осовина(4)помеѓу половите на
перманентниот магнет(5) и меѓу железото
на двата електромагнети
 Бројот на вртежи на алуминиумскиот диск
се регистрира со бројчаник
 Наизменичните струи кои течат низ
струјната и напонската намотка создаваат
вртливо магнетно поле
 Магнетните полиња како и струите фазно
се поместени поради што во
алуминиумскиот диск формираат вртложни
струи(секое магнетно поле дејствува врз
струјата која е индуцирана од другата
намотка)
 Како резултат на тоа се создава активен
вртежен момент кој го врти дискот
 Поради вртење на дискот во полето на
електромагнетите(1 и 2) и во полето на
перманентниот магнет во дискот се
индуцираат и други вртложни струи кои го
создаваат против моментот кој го кочи
дискот
 Моментот од триење се компензира со
дополнителен момент
 Кога дискот ке постигне постојана брзина
на вртење постои рамнотежа помеѓу
активниот вртежен момент и
противмоментот
 Математички може да се покаже дека
активен вртежен момент М е
пропорционален со моќноста која се троши
на потрошувачот, а противмоментот е
пропорционален со аголната брзина на
вртење на дискот ω
 Од еднаквоста на активниот момент и
противмоментот(стационарен режим кога
ω=const) следи:
 Електрична енергија W потрошена во
одреден временски интервал
пропорционална е со бројот на вртежи кои
ги прави броилото за тој временски
интервал:
W=(1/KB) N
KB – константа на броилото[vrt/KWh]
N – број на вртежи на броилото
 Дискот иам тенденција за лесно вртење
дури и кога нема потрошувачка на
електрична енергија
 Поради дејство на напонскиот
електромагнет дискот постојано вибрира и
потребен му е минимален момент за да се
придвижи
 За да тоа се спречи под напонскиот
електромагнет се поставува железно јазиче
(јазиче од железен лим) (7)
 На негова висина на самата осовина се
прицврстува железна кука(8) која го запира
дискот и не му дозволува да се придвижува
поради привлечната сила
 На секое броило постои табела со ознаки:
 Броилото може да се употребува за напон
до 240 V
 Броилото може да се употребува за струја
од 2,5 А до 10 А
 Броилото може да се користи за
фрекфенција од 50 Hz
 Броилото прави 1500 вртежи за потрошена
електрична енергија од 1 KWh
 S – струјна намотка

 N- напонска намотка

 Р – потрошувач
 Работи со голема точност
 Грешката не зависи од оптовареноста и
факторот на моќност(не е поголема од 2%)
 Поради едноставната конструкција
веродостојно е и не е подложно на кварови
 Не бара никакво одржување
 Може да издржи без последици големи
преоптоварувања
 Недостатоци:
- голема сопствена потрошувачка
- подложност на влијанија од околината
како што се магнетни полиња,механички
удари,положба
 Реагираат само на реактивна моќност
 Се изработуваат исклучиво како трофазни
 Конструктивно не се разликуваат од
броилата за активна енергија, освен во
начинот на поврзување
 Многу електрични уреди работат со фактор
на моќност cosϕ помал од
1(електромотори,електрични
печки,енергетски претворувачи и др)
 Таквите уреди за својата работа ангажираат
и реактивна електрична енергија која треба
да се евидентира и да се плати
 За да се намалат трошоците за реактивна
енергија се вградуваат компензатори на
реактивна енергија(најчесто
кондензаторски батерии со променлив
капацитет)
 Многу често се среќаваат на повисоки
напонски нивоа
 Имаат примена и во нисконапонската
мрежа
 Имаат помала грешка во однос на
механичките(<0,1%)
 Имаат помала сопствена потрошувачка од
индукционите броила,помала зависност од
промена на напон и фрекфенција и не се
осетливи на положба
 Првите електронски броила се
конструирани како аналогни броила кои се
реализирани како функционален
еквивалент на индукционите броила
 Се приклучува преку струјни и напонски
мерни трансформатори со што се
прилагодува напонот и струјата за
понатамошна обработка
 Множачите произведуваат правоаголни
импулси чија површина е пропорционална
со производот на напонот и
струјата(струјата на потрошувачот ја
одредува амплитудата на импулсот,а
напонот ја одредува ширината на
импулсот)
 Таквите импулси се доведуваат на U/f
претворувач кој на својот излез дава број
на импулси во текот на време
пропорционален на енергијата на
потрошувачот
 Таквиот резултат се прикажува со
бројчаник,а има можност и за пренос во
понатамошен систем за обработка
 Аналогно електронско броило остварува
мерење на електрична енергија користејки
аналогни уреди и со додавање на различен
хардвер
 Дигитално електронско броило работи на
принцип на А/Д конверзија
 Трансформираните влезни напонски и струјни
сигнали во дигитални импулси понатаму се
праќаат на обработка во процесор
 Во принцип дигиталното броило претставува
компјутер кој има комуникациски порт за
поврзување во мрежа
 Имаат многу поширок опсег на употреба од
останатите броила
 На кој принцип работат индукционите
инструменти?
 Што најчесто мерат индукционите мерни
инструменти?
 Напиши ја равенката за електрична
енергија што ја троши потрошувачот за
одредено време?
 На каква струја работат индукционите
броила за електрична енергија?
 Колку намотки имаат индукционите броила
на електрична енергија и како се
нарекуваат?
 Кои се составни делови на индукционо
броило на електрична енергија?
 Објасни го принципот на работа на
индукционо броило на електрична
енергија?
 Напиши равенка за електрична енергија
изразена преку бројот на вртежи на
индукционото броило(алуминиумскиот
диск)?
 Напиши ги равенките за активен момент и
противмомент кај индукционо броило на
електрична енергија?
 Кои податоци се означени на лепенката со
табела кај индукционо броило на
електрична енергија?
 Нацртај електрична шема за еднофазно
индукционо броило?
 Како се поврзуваат струјната и напонската
намотка кај индукционо броило на
електрична енергија?
 Нацртај електрична шема за трофазно
индукционо броило?
 Наброј ги главните недостатоци кај
индукциони броила на електрична
енергија?
 На кој начин се намалуваат трошоците за
реактивна електрична енергија?
 Нацртај ја и објасни принципиелната шема
за аналогно електронско броило?
 Објасни го принципот на работа на
дигитално електронско броило?

Проф.Ставревски Ненад
12.12.2018