You are on page 1of 3

Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

Институт за компјутерски технологии и инженерство

Втор парцијален испит


ПРОГРАМИРАЊЕ И АЛГОРИТМИ
Термин 1 - Група 1
28.12.2013

1. (50 поени) Да се напише функција која како аргумент добива низа од цели
броеви и должина на низата. Функцијата треба да го врати најголемиот
елемент на низата и да ја промени низата така што најголемиот елемент ќе
го отфрли од низата. Доколу има повеќе елементи со иста „најголема“
вредност, функцијата треба да го пронајде и отфрли првиот таков најден
елемент. Потоа, да се напише главна програма која треба да изврши
рангирање на натпревар во брзо лизгање со користење на оваа функција. Од
тастатура се внесуваат шифрите (цели броеви) и времињата на
пристигнување (цели броеви) на лизгачите. Програмата треба на екран да ги
прикаже шифрите и времињата на првите и последните 5 лизгачи. Листата
треба да има најмалку 10 лизгачи, но не повеќе од 200 лизгачи.
Забелешка: Забрането е користење на средни загради во рамки на
функцијата.

2. (30 поени) Во едно училиште има три први одделенија (А, Б и В), секое со
20 ученици. Да се напише програма со која се внесуваат информации за
висината на секој од учениците, за трите одделенија. После извршувањето на
програмата, највисокиот и најнискиот ученик, од секое одделение треба да
си ги заменат местата. Програмата треба во еден ред да го отпечати
одделението (со буква) и редните броеви на учениците за кои се врши
замена.

3. (35 поени) Во една текстуална датотека зборовите се составени само од


букви. Да се најде најдолгиот збор во секој ред и да се запише во излезна
датотека. На крај во излезната датотека да се запише и најдолгиот збор во
целата влезна датотека. Името на влезната датотека е vlez.txt, додека
името на излезната датотка е izlez.txt.

vlez.txt izlez.txt
najd && najdo12 najdolg najdolg
na $$$ naj ??56najnajnaj najnajnaj
najdolgzbor naj najdolgzbor
najdolgzbor

120 мин.
Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
Институт за компјутерски технологии и инженерство

Втор парцијален испит


ПРОГРАМИРАЊЕ И АЛГОРИТМИ
Термин 1 - Група 2
28.12.2013

1. (50 поени) Да се напише функција која како аргумент добива низа од


цели броеви и должина на низата. Функцијата треба да ја врати вредноста
на елементот што е најблиску до средната вредност на сите елементи од
низата и ќе ја трансформира низата така што ќе го отфрли тој елемент.
Доколку има повеќе вредности кои се на исто „растојание“ од средната
вредност, функцијата треба да го пронајде и отфрли првиот таков најден
елемент. Потоа, со користење на функцијата, да се напише програма која ќе
го открие победникот на играта „најдобар Дедо Мраз“. Во програмата од
тастатура се внесува големина на обемот на мевот на секој Дедо Мраз од
секоја рунда на натпревари. На почетокот има n Дедо Мразовци, но не се
повеќе од 30. Еден Дедо Мраз излегува од рундата доколку е најблиску до
средната вредност од сите внесени вредности од таа рунда. Кога ќе
останат само двајца Дедо Мразовци, победник е оној кој има поголем обем
на мевот. Програмата треба да го печати обемот на мевот на секој Дедо
Мраз кој излегува од тековната рунда, како и обемот на мевот на Дедо
Мразот победник.
Забелешка: Забрането е користење на средни загради во рамки на
функцијата

2. (30 поени) Во едно училиште има 100 ученици. Да се напише програма со


која се внесуваат информации за: датумот на раѓање на секој од учениците
(ден/месец/година), одделение, паралелка (1,2,3,4 итн.) и реден број на
досие (цел број). Директорот решил да ги награди сите ученици кои имаат
роденден во ист ден со патрониот празник на училиштето (се внесува
преку тастатура). Да се отпечати досието, одделението и паралелката на
наградените ученици, во редослед од највисоко кон најниско одделение
(прво учениците од 9-то одделение, потоа од 8-мо одделение итн.).
Забелешка: Нема потреба да се користи сортирање.
Пример печатење:
Dosie br. Oddelenie Paralelka
123 9 1
365 9 2
113 9 1
76 8 3
333 8 1
… … …

3. (35 поени) Во една текстуална датотека зборовите се составени само од


букви. Да се избројат оние зборови кај кои секоја буква има ASCII
вредност за еден помала од буквата следбеник. Во излезна датотека во
секој ред да се запише најдениот број на такви зборови во редот. На
крајот да се отпечати вкупниот број на такви зборови во целата датотека.
Името на влезната датотека е vlez.txt, додека името на излезната датотeка е
izlez.txt.

vlez.txt izlez.txt

120 мин.
abc && abd efghijk 2
ad $$$ lmnop ??56az 1
cdef rst 2
5