You are on page 1of 7

СЕПУГС ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН –

СКОПЈЕ

Улога и специфични
карактеристики на
угостителство, туризам,
водоинсталатерство,
шумарство и банкарство
на Република Македонија
Предмет: Економија Изборен
Изработила: Борјана Китановска IV6 Ментор: Дафина Богданова

Скопје, 2019
Вовед
Современото живеење не може да се замисли без услугите кои ги нудат
угостителството и туризмот како стопански дејности кои во стопанството
функционираат како меѓусебно поврзани и динамични системи. Денешниот
човек е сосема свесен за своите потреби за патување, запознавање на нови
простори и култури, како и за потребите да ужива во најразлични гастрономски
специјалитети од традиционални и нови кујни, од сопствените, но и од различни
земји во светот. Зголемениот животен стандард на луѓето им налага нови
зголемени потреби од најразлични производи и услуги, а нивната куповна сила
им овозможува задоволување на истите. Како резултат на брзата
индустријализација и концентрација на населението во големите градови,
настанаа големи промени во навиките и квалитетот на животот, што неминовно
доведе до зголемување на потребите на луѓето од користење на угостителски и
туристички услуги.

Формирањето на претпријатија како шумски стопанства, кои професионално и


стручно ќе се занимаваат со дејностите од областа на шумарството , ќе
придонесат за развојот на шумарството и трајност во стопанисување и
искористување на шумите.

Главен дел

Угостителество
Угостителството и туризмот претставуваат услужни стопански дејности кои се
многу важни и за целото општество и за луѓето како корисници на угостителски
и туристички услуги.

Угостителството претставува стопанска дејност која врши разни услуги на луѓето


за задоволување на нивните потреби за сместување, исхрана, пијалоци, забава
и разонода

2
Заради вршењето на услужни дејствија, се смета дека угостителството му
припаѓа на терцијарниот сектор на стопанството, поточно во секторот З - Услуги
за сместување и сервисни услуги за храна.

Според ова, угостителството претставува производствено - услужна дејност која


ги има следниве карактеристики:  реализација на угостителската услуга
гостинот треба да биде лично присутен,  услугите не можат да се складираат
за подоцнежна продажба.

Современото угостителство е значајно од повеќе аспекти на човековото


живеење и работење, како и од аспект на стопанското работење:  дава услуги
со кои се задоволува најважната потреба на луѓето за исхрана и пијалоци, како
и за одмор, разонода и рекреација,  дава услуги за одржување на семинари,
конгреси и разни деловни собири кои се многу важни за деловното работење, 
овозможува вработување голем број луѓе,  овозможува зголемување на
девизните приходи во земјата, кои настануваат од странските гости и т.н.

Туризам
Туризмот претставува услужна стопанска дејност, која во литературата и
праксата во различни земји се нарекува уште и како “туристичка индустрија“ или“
туристичка трговија”, или “ патничка индустрија”.

3
Поимот туризам потекнува од англискиот збор “ tour “ кој значи задоволство од
патување и задржување на различни места.

Туристичкото стопанство го сочинуваат :  транспортни средства (авиони,


железница, автобуси, бродови, автомобили итн.),  објекти за сместување ,
исхрана и пијалаци, и забава и рекреација (хотели, мотели, ресторани, барови,
приватни издавачи на соби ,и тн.),  патнички агенции,  туристички водичи, 
продавници за специфични предмети (сувенири и други артикли кои ги купуваат
туристите ),  произведувачи на разни специфични предмети кои ги бараат
туристите (занаетчии),  фолклорна уметност,  разни организациони форми
кои им обезбедуваат забава на туристите, и други.

Водостопанство
Заради поуспешно и поефиксно управување со водите а согласно законот за
Водостопанство Владата на РМ на 28.10.2015 год.основа Акционерко Друштво
на РМ во државна сопственост – Скопје.

Предмет на работењето на Друштвото се сите дејности определени со


Националната класификација на дејностите освен оние за кои што е потребно
дозвола согласност или одобрение издадено од државен орган или друг
надлежен орган.

Приоритетната дејност при основањето на Друштвото се определува со (01.61 –


Помошни дејности за одгледување на посеви).

АД Водостопанство ги користи, одржува и стопанисува со системите за


наводнување и одводнување во целина, заради:

- Снабдување со вода за наводнување;

- Снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за


консумирање од страна на човек (вода за пиење и други потреби);

4
- Снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби,
вклучувајќи го и производството на електрична енергија);

- Уредување на речни корита;

- Одводнување на земјиште и

- Одведување на испуштена вода

Со цел да обезбеди ефикасна работа на системот, да заштити или обезбеди


сигурност на објектите кои припаѓаат на системот, и вршат заштита и одбрана
од поплави согласно Законот за водите, АД Водостопанство со средства од
програмите на органот надлежен за управување со животната средина и
просторно планирање:

- Гради и одржува објекти за заштита и одбрана од поплави;

- Гради и одржува објекти за зпречување и заштита од ерозија;

- Гради и одржува објекти за уредување на реките и пороите и

- Врши други работи согласно закон.

Шумарство
Се претпоставува дека причината за трајното и делумно исчезнување на шумите
од некои простори на Македонија се:

• Интензивните сечи на шумите кои биле во непосредна близина, а и


подалеку од реката Вардар преку која во тоа време се транспортирале до Солун,
а служеле за потребите на турската империја

• Голем придонес имало и ќумурењето, односно сечењто на шумите од кои


се правело дрвен јаглен за затоплување на амамите и раскошните одаи на агите
и беговите во зимскиот период во поголемите градови-Скопје, Битола, Велес,
Куманови и други

5
• Потреби за дрво од страна на месното население, за огрев, за техничка
грaѓа или за лисник со кои се хранеле домашните животни

• Копачење со претходно палење на шумите на рамните места во ридско-


планинските предели за добивање на обработливи површини

• Пожарите кои во тој период се случувале, дали со намера, од негрижа или


со гром како природен феномен

Банкарство
Банкарскиот систем е најзначаен дел од вкупниот финансиски систем во
Република Македонија, бидејќи околу 90% од вкупните средства на
финансискиот систем отпаѓаат на банките. Банкарскиот систем на Република
Македонија е регулиран согласно Европските стандарди и истиот се
карактеризира со континуиран тренд на пораст на нето добивката на банките,
пораст на побарувачката за кредити како од корпоративниот сектор така и од
секторот население, висока каматна маргина и либерализиран пристап за
странските инвеститори.

Заклучок

6
Користена литература
Димеска.Л,Економија Скопје 2010

Стопанска комора на Македонија, Oсврт на состојбите во градежништвото 2017


/ 2016, 1К 2018 / 1К 2017

Транспорт и други услуги, 2015, Државен завод за статистика

http://www.stat.gov.mk/OblastOpsto.aspx?id=26