You are on page 1of 3

Петар Илич Чајковски (руски: Пётр Ильич Чайкoвский; 7 мај 1840 (25

април стар стил) – Петроград, 6 ноември 1893 (25 октомври стар стил)) — еден
од најголемите руски композитори и симфоничари, кој со своите дела ја
одбележа ерата на доцниот романтизам како еден од најсестраните и
најплодните.

Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и „Пикова дама“, а


неговуите три балети: „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“ и „Заспаната
убавица“ се едни од најизведуваните балети на сите времиња. Познато негово
дело е и циклусот „Годишните времиња“.

По потекло Чајковски е од угледното украинско козачко семејство Чајка. Бил


втор син на инженерот по рударство Петар Федорович Чајковски, етнички
Украинец, и неговата втора сопруга Александра Андреевна, внука на
француски имигрант. Иако музичкото насочување на семејството не било силно
изразено, Чајковски на свое барање на 4 години добил часови по клавир.
Првата музика која влијаела врз него дошла од еден механички клавир што
неговиот татко го донел од Санкт Петербург. Почнал да свири на него, а
семејстото било одушевено. Понекогаш тој свирел подобро од неговата
учителка. Неговите родители планирале за својот син кариера во владината
служба, па Чајковски посетувал правно училиште во Санкт
Петербург од 1850 до 1859 година. По завршувањето работел во
Министерството за правосудство, а часови по клавир земал кај пијанистот
Рудолф Кундингер, кој емигрирал во Русија.

Во Москва настанале неговите први успешни дела, помеѓу нив и увертирата


„Ромео и Јулија“, како и оперите „Војвода“ и „Опричник“. Во првата ја
искористил типичната руска музика и „цитирал“ руски народни песни. Многу
сведошта докажуваат дека станувал се повеќе депресивен и невротичен.

Во 1868 година речиси да дошло до пресврт во неговиот живот, кога ја


запознал пејачката Дезире Арто, со која сакал да се ожени. Во врската се
вмешале негови пријатели и мајката на пејачката, па таа пропаднала. Десире
во 1869се омажила за еден шпански баритон.

Од 1888 настанале неговите последни познати дела: балетот „Трнорушка“,


„Хамлет увертира“, „Пикова дама“, „Петта симфонија во е- мол, опус 64“ и
балетот „Оревокршачка“. Во годината на својата смрт (1893) ги компонирал
недовршениот „Концерт за клавир и оркестар во Ес- дур“ и „Шеста симфонија
во х- мол „Патетична“, опус 72“.

Чајковски починал ненадејно, на 53- годишна возраст, а неколку дена


претходно ја диригирал „Патетична симфонија“. Причините за смртта до денес
не се разјаснети. Според наводите на неговиот брат Модест, Чајковски се
заразил од колера која пустошела низ Санкт Петербург.
ПЕТАР ИЛИЧ ЧАЈКОВСКИ