UBUNTU LINUX оперативен систем

ВОВЕД
Убунту (Ubuntu) е оперативен систем со отворен код базиран на Linux. Терминот “отворен код” (“open source”) се користи за изворниот код
на софтверот кој е достапен за корисниците без никакви ограничувања
околу интелектуалната сопственост. Ова овозможува корисниците да го
дис-трибуираат софтверот, да креираат негови делови и да го
прилагодат на нивните индивидуални потреби или во соработка со други
да го подобрат.
Ubuntu претставува понова дистрибуција на Linux. Таа е креирана
во април 2004 година. Ubuntu е дистрибуција која се фокусира на
потребите на обичните корисници (десктоп корисници). Проектот е
спонзориран од Canonical Ltd (www.canonical.com) компанијата, основана
од страна на Марк Шатлворт (Mark Shuttleworth), успешен бизнисмен од
Јужна Африка, долгогодишен Debian Linux программер и познат
промотор на слободниот софтвер. Шатлворт инвестирал над 10 милиони
долари за да ја иницира UBUNTU фондацијата, која била поттикната од
неговата верба во сло-бодниот софтвер. Според него, тој инвестирал
големи средства со цел да ја поправи најголемата грешка во областа на
компјутерските технологии - доминација на Microsoft на пазарот на
десктоп компјутери.
Од самиот почеток, Марк Шатлворт одлучил дека Ubuntu ќе биде
секогаш бесплатен и дека ќе биде слободно достапен за сите корисници.
За разлика од други дистрибуции на Linux, не постои ниту една комерцијална верзија на Ubuntu. Но, една од најголемите предности на Ubuntu
е што можат да се најдат илјадници корисници кои се подготвени доброволно да им помогнат на останатите корисници. Како што Ubuntu софтверот е направен за да биде слободно споделен помеѓу корисниците, во
Ubuntu заедницата истото верување важи и за знаењето, кое што исто
така треба да се споделува помеѓу корисниците.
Ubuntu е древен африкански збор што значи “ХУМАНОСТ КОН
ДРУ-ГИТЕ”. Ubuntu исто така значи: “Јас сум тоа што сум поради тоа што
сме сите ние”. Ubuntu Linux дистрибуцијата го носи духот на Ubuntu во
светот на софтверот. Логото на Ubuntu претставува прегрнати лица.
Ubuntu е GNU/Linux оперативен систем кој е совршен за лаптопи,
десктопи и сервери. Ги содржи сите потребни апликации, вклучувајќи и
1

пребарувач за Веб, канцелариски софтвер, софтвер за on-line комуникација и многу други.
Ubuntu се развива од заедницата. За скоро три години Ubuntu прерасна во заедница од над 12 000 членови и во просек од над 8 милиони
корисници (јуни 2007 година).
Ubuntu е проект кој се одржува во соработка помеѓу сите придонесувачи кон проектот од целиот свет. Меѓу другото, Canonical плаќа развивачи за развој на Ubuntu. Тие пишуваат код, го пропаѓираат Ubuntu, цртаат, преведуваат, тестираат и документираат. Процесот на развој на
Ubuntu е отворен и транспарентен за секого, без разлика дали е нов
Ubun-tu корисник или напреден развивач. Секој е добредојден да
придонесува кон проектот со цел подобрување на системот.
Стандардите и ветувањата на Ubuntu се поставени на самиот почеток на неговиот развој и се однесуваат на следните активности:



Ubuntu секогаш ќе биде бесплатен, вклучувајќи ги и ентерпрајз
изданијата и безбедносните надградби.
Ubuntu доаѓа со целосна комерцијална поддршка од Canonical
и стотици други компании од целиот свет.
Ubuntu ја содржи најдобрата инфраструктура за преводи и
пристапност што заедницата за слободен софтвер може да ја
понуди.
Ubuntu дисковите содржат само слободен софтвер. Ubuntu
охрабрува да се користи слободен софтвер со отворен код, да
се подобрува и да се споделува со другите.

РАЗВОЈ НА ОПЕРАТИВНИ СИСТЕМИ ВО СВЕТОТ
Во почетокот на појавата на компјутерите не постоеле вистински
оперативни системи. Тоа биле програми кои ги вршеле сите задачи прет-ставувале и оперативни системи и апликативни програми. Со текот
на вре-мето се увидело дека е потребно да се издвои делот кој
комуницира со хардверот и дел кој ќе овозможи околина за работа на
апликативните програми. Така се појавуваат првите оперативни системи
кои ги нуделе ос-новните функционалности за работа на компјутер.
Позначајни оперативни системи кои се среќаваат на персоналните
компјутери се UNIX и DOS како доминантни до средината на 80десеттите години на минатиот век. До тогаш корисничкиот интерфејс на
оператив-ните системи се состоел од командна линија каде корисниците
ги пишу-вале наредбите.
Оперативниот систем (operating system) претставува најосновна
сис-темска програма и се стартува веднаш по вклучување на компјутерот
Целта на оперативниот систем е да обезбеди комуникација со хардверот
и да обезбеди опкружување во кое корисниците межат да ги извршуваат
програмите. Оперативниот систем треба да го направи компјутерот
лесен и едноставен за користење како и да овозможи искористување на
2

хар-дверот на што е можно поефикасен начин. Во почетокот на развојот
на компјутерските системи, поголемо внимание се обрнувало на
ефикасно искористување на хардверот отколку врз комфорот на
корисникот при користење на компјутерот, бидејќи само програмери
можеле да работат со компјутери. Подоцна, големо внимание се
посветува и врз корисникот, т.е. лицето кое ќе работи со оперативниот
систем и другите програми. На тој начин, компјутерите стануваат
достапни до секој корисник - кориснички ориентиран (user friendly).
Подоцна се појавува и графички кориснички интерфејс (Graphic
User Interface) кој денес го поседуваат сите модерни оперативни
системи. Меѓу најпознатите се Windows, Mac OS, Linux. За Linux е
карактеристично што може да користи различни графички интерфејси
(најчесто GNOME и KDE).
Апликативниот софтвер работи над оперативниот систем. Тоа
значи дека откако се стартува оперативниот систем, може да се
стартуваат ап-ликациите. Апликативните програми се зависни од
оперативниот систем. Доколку една апликација е изработена за Linux,
нема да може да стар-тува под
Windows. Типичен пример за
апликативен софтвер се аплика-циите за уредување на текст и слики, за
Интернет пребарување или за примање и испраќање електронска пошта.

ИСТОРИЈА НА СЛОБОДНИОТ СОФТВЕР
Идејата која стои зад слободното дистрибуирање на изворниот код
е да се поттикне доброволен и колаборативен развој на софтвер. Корисниците непрекинато го подобруваат софтверот, поправаат грешки,
разви-ваат нови функционалности и го споделуваат сето тоа меѓусебно.
Како резултат на заедничкиот развој на софтвер од голем број на
програмери, корисниците добиваат софтвер кој најчесто е поквалитетен
и има подобри перформанси во споредба со некоја од неслободните алтернативи. Корисниците се охрабрени да го прилагодуваат софтверот на
сопствените потреби, што само по себе е голем чекор напред од наметнатата филозофија: “ЕДНА ВЕЛИЧИНА ОДГОВАРА ЗА СИТЕ”.
Проектите за слободен софтвер се потпираат и на талентирани
луѓе без програмерски способности. За да се креира комплетен
производ, мно-гу проекти вклучуваат уметници, музичари, дизајнери на
кориснички ин-терфејси и креатори на софтверска документација.
Во шеесеттите години на минатиот век, беше вообичаено
софтверот да се дистрибуира слободно од компјутерски компании (како
IBM) и да се споделува меѓу корисниците. Во тоа време софтверот се
сметаше како двигател на хардверот врз кој се базираше бизнис
моделот на овие ком-пании. Софтверот беше доставуван заедно со
изворниот код кој можеше да биде менуван и подобруван. Но, во
седумдесетите години цената на хардверот значајно панда и
компјутерските компании се обидоа да го за-држат профитот преку
продажбан а софтверот.
3

Во Септември 1983 година, Richard Matthew Stallman, поранешен
програмер во лабораторијата за вештачка интелигенција на Институтот
за технологија во Масачусетс, САД, го започна проектот наречен GNU,
чија цел била да се создаде слободен оперативен систем, базиран на
оперативниот систем UNIX. Тој бил загрижен од големата експанзија на
неслободен софтвер и неможноста корисниците да ги менуваат програмите на нивните компјутери. Доминирале ограничувањата на
развивачите на софтвер наспроти слободата. Заштитениот софтвер
станал секојдневие (дури и за универзитетите). Најголем дел од софтверот се дистрибуира без изворниот код (се дистрибуира само
извршната верзија која програмерите не можат да ја менуваат и
подобруваат, т.е. корисникот ја купува програмата и ја користи таква
каква што е).
Со отпочнување на проектот GNU, во 1985 година, Stallman го
фор-мира Движењето за слободен софтвер и отвора Фондација за
слободен софтвер. Stollman одлучил да започне проект кој ќе изгради
нов опе-ративен систем од нула, кој ќе ги поддржува UNIX стандардите и
да го направи неговиот изворен код слободен за да може секој да го
копира и изменува.
GNU проектот имал цел (GNU е рекурзивна кратенка од “GNU’s
Not Unix”) да креира нов вид на слободен софтвер (free software) кој ќе
има таква лиценца, која секој да има слобода да ја копира, дистрибуира
и модифицира своја копија на софтвер. Секој има слобода да сподели
копии со своите соседи, да направи измени или да го погледне
изворниот код за да види како работи. Нема тајни во слободниот
софтвер, туку тој ја дава целата слобода на корисниците. Логото на овој
проект е веќе препоз-натливиот бик.
Слободниот софтвер се однесува на слободата на корисниците да
го стартуваат, копираат, дистрибуираат, проучуваат, менуваат и подобруваат софтверот. Попрецизно, тоа се однесува на четири видови на
сло-боди, за корисниците на софтверот:



Слобода да се стартува програмата за било каква намера
(слобода 0).
Слобода да се проучува како работи програмата и да се
прилагоди според потребите на секој корисник (слобода 1).
Ова значи и пристап до изворниот код.
Слобода да се редистрибуираат копии, со што да може да им
се помогне на блиските (слобода 2).
Слобода да се усовршува програмата и да се издадат
надградбите во јавност на секој корисник, па така целата
заедница ќе има придобивки (слобода 3). Пристапот до
изворниот код е предуслов за тоа.

Одредена програма претставува слободен софтвер ако
корисниците ги имаат сите овие слободи. Лиценцата на слободниот
софтвер е така развиена за да го штити слободниот софтвер и да ги
4

спречува корис-ниците да го менуваат и копираат софтверот под
одредени услови. Оваа лиценца е позната како GNU GPL лиценца (GNU
General Public Licence) или концепт “copyleft”, и е најкористена лиценца
на слободен софтвер. Таа е направена така да ги штити програмите за
да некој не ги копира и ме-нува под негови услови, туку само под услови
на GNU GPL лиценцата.
Идејата да се пренапишат милиони линии од изворен код изгледа
невозможна за еден или двајца, но соработката и здружените сили на
сто-тици програмери го прават проектот возможен. Така, не само што
целиот код бил напишан, туку во многу делови бил и подобар од
оригиналните UNIX верзии. Бидејќи кодот бил видлив, тој често бил
менуван и биле создадени подобри верзии.

РАЗВОЈ НА LINUX ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ
Учесниците во GNU проектот креирале повеќе софтвери кои биле
UNIX компатибилни, но недостасувал главниот дел - самиот оперативен
систем, т.е неговото јадро (kernel). Во почетокот постоел ваков оперативен систем наречен MINIX, кој бил слободен софтвер, но бил
изработен само за научни цели, бил едноставен и авторите не сакале да
го менуваат за да креираат посериозен оперативен систем.
MINIX е UNIX базиран оперативен систем со отворен изворен код
кој го напишал професорот Andrew S. Tanenbaum за да им ги покаже
внатрешните процеси во еден оперативен систем на неговите студенти.
Во Август 1991 година, Линус Торвалдс (Linus Benedict Torvalds),
сту-дент на втора година на компјутерски науки на Универзитетот во
Хел-синки, Финска, започнал да работи на MINIX. Тој бил инспириран од
MINIX, и сакал во својот дом да има оперативен систем кој ќе личи на
UNIX (кој тогаш можел да го користи само на Универзитетот). Првично
Linux бил дизајниран да биде MINIX базиран оперативен систем кој Linus
Torvalds можел да го користи на својот компјутер.
Во Септември 1991 година, Linus Torvalds ја објавил првата
верзија на Linux јадрото, верзија Linux 0.01 (napi{ana za 386 procesor). На
5 Ок-томври 1991 год. Излегува верзијата Linux 0.02 во која поголемиот
дел од асемблерскиот код е напишан во C програмскиот јазик и можел
да работи и на други компјутери.
Во 1994 година е објавена верзијата Linux 1.0 на Linux јадрото под
лиценца GNU GPL (GNU=општа јавна лиценца). Слободното јадро и
GNU алатките обезбедија плодна околина за корисниците, а особено за
енту-зијастите. Во почетокот Linux нудеше интерфејс со командна
линија, за да подоцна понуди и графички кориснички интерфејс.
Во наредните години голем број на програмери се вклучуваат во
из-работка на јадрото на оперативниот систем Linux. Многу бргу се
појавија компании и корпорации кои изработија повеќе комерцијални и
некомерци-јални варијанти на Linux оперативниот систем.

5

Денес, Linux може да се опише како UNIX систем под лиценца на
слободен софтвер, кој е во согласност со SVID, POSIX и BSD
стандардите, како и со стандардите поставени од новиот сопственик на
заштитниот знак UNIX – The Open Group. Linus Torvalds е вработен во
Open Source Development Labs (www.osdl.org), организација која го
менаџира правецот на развојот на Linux, додека самиот Linus сеуште
активно учествува во развој на јадрото на Linux.
Денес големите компании како IBM и Novell имаат вклучено
стотици луѓе во креирање на Linux. Sun корпорацијата го помогна
издавањето на
OpenOffice.org, слободен пакет од канцелариски
програми, а има и своја верзија на UNIX, позната под името Solaris.
Овие, но и многу други примери ја покажуваат филозофијата на Linux во
акција. Linux денес има софтвер за сите потреби, од програма за
проверување на електронска пошта
(e-mail) до огромни сервери за епошти. И поголемиот дел од овој софтвер е слободен и бесплатен за
секој корисник.
Linux не е сопственост на некое приватно лице или компанија,
дури ни Linus Torvalds кој го стартувал, но Torvalds е сериозно вклучен во
глав-ниот процес на развој на јадрото и го има во сопственост
заштитното име Linux.
Главни карактеристики на отворениот изворен код на Linux се состојат во следново:


Достапен е и пристаплив за секого.
Може да се менува во однос на личните потреби и
платформата врз која работи.
Може да се редистрибуира во постоечката или изменета
форма.

Во 1998 година, John Hall, Larry Augustin, Eric S. Raymond и Bruce
Pe-rens го започнаа Движењето за отворен код (Open Source Movement).
Го промовираа софтверот со отворен код исклучиво како техничко совршенство.
Логото на Linux оперативниот систем е пингвин кој што Linus Torvalds го има одобрено како официјална маскота на Linux. Името на маскотата е Такс (Tux). Такс е создаден од Лери Јуинг (Larry Ewing).
Денес постојат голем број различни верзии кои се достапни и се
поз-нати под името дистрибуции, како на пример: Suse Linux, Novell
Linux, Red Hat Linux, Mandriva Linux, Fedora Core Linux, Ubuntu Linux и
други кои се произведени од различни компании и организации.
Поголем број од дистрибуциите ги споделуваат истите клучни компоненти од GNU и јадрото на Linux. Во нив е вклучен графички
кориснички интерфејс, десктоп работна околина, колекции од
канцелариски апли-кации, апликации за работа со Интернет, апликации
за работа со мултиме-дијални податоци, мрежни апликации, игри и сл.
Во почетокот дистрибу-циите ги содржеле само клучните компоненти од
оперативниот систем, но постепено е започнато вклучување на поголема
колекција на апликации за секакви намени. Денешна модерна Linux
6

дистрибуција ги содржи глав-ните компоненти потребни за работа на
оперативниот систем, но исто така содржи и многубројни периферни
апликации со кои можат да се задоволат скоро сите потреби на
корисниците.
Изворниот код на јадрото на Linux и придружните апликации се
бес-платни и слободни за да може секој корисник да ги користи. Важно е
да се потенцира дека дистрибуциите во поголем број случаи не ги
создаваат апликациите што се вклучени во дистрибуцијата. UBUNTU
тимот не го соз-дава Linux, ниту го создава GNU. Всушност UBUNTU го
зема GNU, Linux оперативниот систем и многу други апликации, ги
тестира и интегрира за да може да ги вклопи во една инсталација.
UBUNTU овозможува од едно CD да се инсталираат стотици
разно-видни апликации и сите тие да работат синхронизирано во една
работна околина.

РАЗВОЈ НА UBUNTU LINUX
Debian е една од Linux дистрибуциите што најдолго опстојува и
оваа Linux дистрибуција е концепциски родител на Ubuntu Linux
(www.ubuntu.com). Debian проектот (www.debian.erg) е основан во 1993
го-дина и со години произведува квалитетни GNU/Linux дистрибуции.
Debian креира стабилни верзии кои се базираат на темелно тестирани
големи колекции кои се комплетно интегрирани во еден софтверски
пакет. Но, се карактеризира со бавно издавање на нови изданија. Со цел
побрзо да се издаваат нови изданија е создаден UBUNTU проектот.
Ubuntu се стреми да ги преземе добрите страни на Debian, но и да
ги поправи негативните аспекти на Debian. Ubuntu се обидува да се
надгради на Debian и да ги подобри областите каде за тоа има можност.
Проектот Ubuntu не е направен за да го замени Debian проектот.
Напротив, Ubuntu не може да постои без Debian проектот бидејќи е
базиран на Debian и на неговите високи квалитети. Debian и Ubuntu
зависат од Linux и GNU проек-тите у имаат за цел да произведуваат
добар софтвер, кој можат да го сместат во единствен интегриран пакет,
и како таков да го дистрибуираат до секој корисник.
Својата прва верзија Ubuntu ја издаде во Октомври 2004 година.
На секои шест месеци излегува нова верзија и надградбите за новите
верзии се секогаш бесплатни. Корисниците секогаш се охрабруваат да ги
ажури-раат своите компјутерски системи со најновите верзии на
софтверот. Своите имиња верзиите ги добиваат според шемата:
Година.Месец (име). Името во заградата е кодното име на верзијата.
Секое издание на Ubuntu е поддржано 18 месеци. Постојат и
издани-ја со долготрајна поддршка (LTS-Long Term Support) кои се
подржани три години за десктоп и 5 години за сервер компјутерски
системи.
Ubuntu (слика 1) секогаш е достапен во неколку изданија како што
се: Ubuntu, Edubuntu, KUbuntu, Hubuntu, Gobuntu.
7

Слика 1: ЛОГО на Ubuntu

Edubuntu (слика 2) е GNU/Linux дистрибуција која е прилагодена
за образовни потреби.

Слика 2: ЛОГО на Edubuntu

KUbuntu (слика 3) е верзија на Ubuntu која ја содржи работната
око-лина KDE наместо GNOME.

Слика 3: ЛОГО на KUbuntu

HUbuntu (слика 4) е наменет за корисници со послаби компјутери
или за оние кои бараат поефикасна работна околина и побрзи системи.

8

Слика 4: ЛОГО на HUbuntu

Gobuntu е официјално најавен од Марк Шатлворт на 10 Јули 2007
година. Од тогаш Gobuntu започна да се издава дневно, што значи дека
веднаш по измените на софтверот се издава.
Секако најпопуларна Linux дистрибуција е Ubuntu за што
потврдува големиот број на корисници. Ова овозможува постоење на
активна заед-ница на Ubuntu корисници. За одредени проблеми
корисниците можат да најдат решение на Интернет или преку контакт со
други корисници.
Ubuntu е сместен на едно CD кое се нарекува живо CD (live CD).
Ова значи дека Ubuntu може да се стартува од CD-то, без инсталација на
диск (hard disk). Инсталацијата на Ubuntu е лесна и брза. Ubuntu се
инсталира со само неколку кликнувања на глувчето од живото CD на
Ubuntu. По инста-лацијата живото CD не е неопходно за работа на
системот.
Ubuntu е лесен за користење и доста наликува на Windows во
рабо-тењето. Се базира на Debian дистрибуција. Го користи погодниот
DEB па-кет на Debian за ракување со апликации и нивна инсталација. Во
себе има вградено две графички софтверски апликации кои се наменети
да го олеснат процесот на инсталација на Ubuntu апликациите. Постојат
многу софтверски апликации на располагање за Debian системите, а
истите тие работат и под Ubuntu, со што корисниците имаат огромен
избор на аплика-ции со кои можат да работат.
Ubuntu, со неговиот разумен 6-месечен циклус на издавање нови
верзии, настојува да биде што поажурен, но во исто време внимава
новите верзии да не бидат пуштени во оптек пред да бидат вистински
спремни и комплетни за такво нешто. На овој начин, корисниците се
сигурни дека имаат ажурна дистрибуција со минимален број грешки.
Linux дистрибуциите се многу добро прилагодени за десктоп
опкру-жување. Целта на Ubuntu е заземање на голем дел од десктоп
пазарот, и затоа потребите на обичниот корисник секогаш се во преден,
приоритетен план. Резултат на ваквиот пристап е што GNOME работната
околина на Ubuntu е многу погодна за просечен корисник.
Кај секој компјутерски софтвер одредени корисници понекогаш
пос-тавуваат прашања во врска со начинот на кој треба да се користи тој
соф-твер, или прашања за решавање на определени проблеми. Ubuntu
нуди импресивна техничка поддршка. Од заедница на корисници која
9

волон-терски помага, па се до компании кои даваат техничка поддршка
за одре-дена цена како што е Canonical Ltd и многу други компании кои
се лоци-рани низ целиот свет.
Ubuntu блогот, познат како Планета Ubuntu се разликува од типичен блог, бидејќи содржината на Веб страницата не е континуиран извор информации напишани од едно лице. Планета Ubuntu
(www.planet.ubuntulinux.org) е место каде Ubuntu програмери и членови
на Ubuntu заедницата можат да споделуваат занимливости, новости,
успеси, жалби...
Форумите на Ubuntu се атрактивна алтернатива на листите со епошта, доколку корисникот има време да ја посети Веб страницата на
која се наоѓа форумот. Убунту форумите се поставени на
www.ubuntuforums.org. Оваа страница овозможува огромен избор на
добро организирани форуми кои можат лесно да се пребаруваат за да се
најде одредена информација, да се постави одредено прашање, да се
разговара со останатите корис-ници или да се гледаат статии од други
корисници, со цел да се стекне но-во знаење во одредена област
поврзана со Ubuntу.
Листите со е-пошти се погодна можност за дирекна комуникација
со одреден корисник, за разлика од форумот, кој треба да се посети и да
се пронајде одредена информација. Постојат огромен број на Ubuntu
листи со е-пошти, од кои многу се специјализирани и за да се користат,
корисникот треба да се зачлени во нив преку Интернет. Стандардните
листи
со
е-пошти
можат
да
се
најдат
на:
www.ubuntulinux.org/community/lists.
Фрижидерот на Ubuntu (fridge.ubuntu.com) е централна локација
каде корисниците на Ubuntu можат да најдат што е ново во Ubuntu
заедницата. Прикажани се информации за идните активности на Ubuntu,
тековни ин-формации за Ubuntu на Интернет и во печатените медиуми,
информации за разни проекти и други.
IRC (Internet Relay Chat) е популарен механизам за on-line
дискусии помеѓу било кои корисници. Постојат IRC канали на повеќе
светски јазици.

КЛУЧНИ РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ UBUNTU И
MICROSOFT WINDOWS
Моделот на програми со отворен код се разликува од моделот на
програми со затворен код по тоа што:

Ги охрабрува подобрувањата и варијациите на своите софтверски решенија.
Се потпира на бизнис моделот базиран на сервиси за разлика
од бизнис моделот на лиценца по корисник.

10

Верува дека придобивките од соработката и придонесот од
пове-ќе развивачи се поголеми од тие на контролирани,
помали, пла-тени развојни тимови.

Ubuntu и Microsoft Windows можат да се споредуваат во многу
карак-теристики како што се: цената на чинење, развојниот циклус,
сигурноста, прилагодување според потребите, чувањето на податоците.
1. Цена на чинење
Ubuntu е ослободен од лиценцни цени (бесплатен), а Microsoft
Win-dows наплатува лиценци по корисник.
2. Верзии на софтверски пакети
Ubuntu има своја верзија за домашни и професионални корисници.
Обезбедува шест месечен циклус за потполно поддржани бесплатни
вер-зии. Microsoft Windows обезбедува зголемена сигурност за
профессионал-ните верзии наспроти десктоп. Има непостојан циклус на
излегување на нови верзии.
3. Сигурност
Ubuntu има заклучен администраторски корисник (root). Ретко е нападнат од вируси и тројанци. Microsoft Windows дозволува лесен пристап
до администраторскиот корисник. Редовно е нападнат од вируси и тројани.
4. Прилагодување според потребите
Ubuntu е лесен за дизајнирање и персонализирање. Во исто време
можат да работат повеќе различни верзии на Ubuntu. Кај Microsoft Windows постои стандарден оперативен систем кој поседува ограничени опции за персонализирање. Се наплатува за дополнителни апликации.
5. Чување на податоците
Ubuntu е лесен за ажурирање. Корисничките податоци се сместени
во домашниот директориум. Лесен е за мигрирање и пренос на корисничките податоци и конфигурации на друг компјутер. Кај Microsoft
Windows корисничките податоци се снимени на повеќе локации.
Поседува тешка постапка за бекапирање (снимање и чување на
постојните податоци) и ми-грирање на податоците.
11

6. Инсталација
6.1 Инсталација на оперативен систем
Ubuntu оперативниот систем е слободно достапен на Интернет
или со користење на бесплатно CD. Исто така, Ubuntu може да се
користи дирекно од “живо” CD. Кај Microsoft Windows потребно е да се
набави оперативен систем. Оперативниот систем мора да се инсталира
на хард диск-от од компјутерот.
6.2 Инсталација на апликативен софтвер
Ubuntu му овозможува на корисникот достапност до многу разновидни апликативни програми. Сите тие се слободни за превземање
преку Интернет. Microsoft Windows има лимитиран избор на стандардни
апли-кативни програми. Корисниците можат да набават и да преземат
одредени програми on-line преку Интернет, додека други програми мора
да се ин-сталираат рачно.
7. Апликации
7.1 Веб прелистување на електронска пошта
Ubuntu користи Firefox Веб прелистувач и Evolution клиент за електронска пошта. Microsoft Windows користи Internet Explorer Веб прелистувач и Outlook клиент за електронска пошта.
7.2 Процесор на текст
Ubuntu користи OpenOffice.org софтверски пакет за обработка на
текст, а Microsoft Windows користи WordPad стандарден пакет.
7.3 Мултимедија
Ubuntu вклучува повеќе стандардни мултимедијални програми
како Sound Juicer, Rythmbox, Serpentine, Movie Player, Sound Recorder и
др. Mic-rosoft Windows вклучува Microsoft Windows Media Player 11 (WMP)
и Micro-soft Windows Media Center (WMC).

12

7.4 Уредување на слики и фотографии
Ubuntu вклучува F-Spot менаџер за фотографии и Gimp за
уредува-ње на слики. Microsoft Windows вклучува Picture Gallery
апликација за фотографии и Paint за уредување на слики.

UBUNTU LINUX ВО МАКЕДОНИЈА
Во Македонија постои невладина организација која има за цел да
го промовира слободниот софтвер. Тоа е организацијата Слободен
Софтвер Македонија (ССМ). Веб страницата на оваа организација е:
www.slobodensoftver.org.mk . На неа можат да се најдат новости и теми
кои се однесуваат на слободниот софтвер во Македонија.
Постојат и други организации - заедници на корисници на
слободен софтвер во Македонија. Една од поактивните е заедницата
Лугола, која претставува група на корисници GNU/Linux од Битола
(www.lugola.net).

КОРИСТЕЊЕ НА UBUNTU LINUX ОПЕРАТИВНИОТ СИСТЕМ
Ubuntu Linux претставува оперативен систем кој е изработен од
мно-гу автори како слободен софтвер под името GNU GPL лиценца.
Наменет е за персонални компјутери и сервери.
Оперативниот систем управува со функционирањето на компјутерот, овозможува создавање работна околина за сите останати програми
и воспоставува врска помеѓу компјутерот и корисникот: компјутерот
прима наредби од корисникот и ги прикажува резултатите од работата на
одре-дена излезна единица (најчесто монитор и монитор).
Концепцијата на оперативниот систем Ubuntu се базира на
графичка околина во која активностите се одвиваат на интуитивен и
едноставен на-чин со користење на сликички во боја и менија за работа.
Оваа графичка околина се вика Graphical User Interface (GUI), а во
Ubuntu е земена гра-фичката околина GNOME (покрај GNOME често
користена графичка око-лина е KDE).
Во Ubuntu постојат повеќе едноставни кориснички програми: уредувач на текст Gedit, графичка програма GIMP, програми за
комуникација – Pidgin и сл. Исто така Ubuntu содржи неколку прирачни
алатки како што се калкулатор, пуштач на музика и видео, канцелариски
пакет OpenOffice.org и други. Корисниците кои имаат потреба од
апликации од специфична област (сметководствени, медицински

13

апликации и сл.) можат да ги инсталираат дополнително, главно преку
Интернет.
Работната околина GNOME е стандардна во Ubuntu. GNOME
(GNU Network Object Model Environment) е меѓународен труд со цел
градење комплетна работна околина - графички кориснички интерфејс
(кој е на врвот од компјутерски оперативни системи) од слободен
софтвер. Ова подразбира креирање на:


Рамки за развој на софтвер.
Избор на апликативен софтвер за работна површина.
Избор на апликативен софтвер за работа со програми кои
овозможуваат стартување на апликации, работа со датотеки и
менаџирање со прозорци и задачи.

Во оваа книга е обработена Ubuntu Linux верзија 9.10 која е
позната под името Karmic Koala. Оваа верзија е издадена во Октомври
2009 година и ќе биде поддржана до Април 2011 година.
Стандардна работна површина за Ubuntu 9.10 е GNOME, водечко
UNIX и Linux десктоп опкружување и развојна платформа. Секој може опционално да инсталира KDE и Xfce десктоп опкружувања, кои имаат свои
сопствени карактеристики и различности. KDE и Xfce се изработени во
Ubuntu, но постојат соодветни и за Kubuntu и Xubuntu проектите. Доколку
сака, корисникот може да инсталира KDE или Xfce верзија (само една од
нив).

Коала

СТАРТУВАЊЕ НА UBUNTU
Со вклучување на компјутерот започнува стартната процедура на
Ubuntu Linux (слика 5). Оперативниот систем ги активира стартните
проце-си и во исто време го проверува статусот на компонентите на
14

компјутерот. По извесно време се појавува интерактивен прозорец за
пријавување на корисникот кој го активирал компјутерот и кој сака да
работи во Linux оп-кружување користејќи Ubuntu.

Слика 5: Стартување на Ubuntu Linux 9.10

Карактеристично за сите дистрибуции на Linux е што не е можно
не-гово неовластено активирање (освен ако е направено поинаку од
админи-страторот на оперативниот систем, по желба на корисникот). За
активи-рање на Ubuntu, неопходно е во интерактивниот прозорец да се
внесат следните податоци:

Корисничко име (user name): Ова е уникатно име на корисникот
со кое се прави негова регистрација во компјутерскиот систем.
Врз основа на ова име, компјутерот му дава на корисникот
право на пристап и користење на одредени ресурси. Доколку
компју-терот е дел од одредена компјутерска мрежа, врз
основа на ко-рисничкото име, на корисникот му се доделуваат и
мрежни ресу-рси. Корисничкото име е јавно и можат да го знаат
сите корис-ници на даден компјутер или на компјутерската
мрежа. По внесу-вањето на корисничко име и притискање Enter
од тастатурата, на екранот, се појавува нов дијалог за
внесување лозинка.

Лозинка (password): Бидејќи корисничкото име може да е од јавен карактер, неопходна е авторизација при пријавување на корисникот во компјутерот. Тоа се постигнува со внесување на
ло-зинка што ја знае исклучиво корисникот. Со лозинката се

15

потвр-дува правото на пристап на корисникот со соодветно
корисничко име (претходно внесено).
По внесување на лозинката се притиска копчето Enter од
тастатурата. Доколку внесените податоци се валидни (во спротивно се
повторува постапката), продолжува постапката за активирање на Ubuntu
која завршува со појавување на работна површина на Ubuntu Linux на
екранот на мониторот (слика 6).

Слика 6: Работна површина на Ubuntu Linux 9.10

Доделувањето на кориснички имиња и лозинки (регистрација на
ко-рисници на компјутерски систем) треба да го врши исклучиво стручно
лице кое е овластено да го администрира системот. Обично како
админис-тратор се јавува првиот корисник на системот, т.е оној кој ја
реализирал инсталацијата. Ова лице подоцна може да регистрира и
други корисници и да им доделува различни администраторски
привилегии. Секој корисник, независно од доделените администраторски
права, може да ја менува својата лозинка. Од безбедносни причини е
препорачливо да се менува лозинката. Од друга страна, Linux системите
користат напредни алгоритми за енкриптирање на лозинките.
Во други дистрибуции на Linux (не и во Ubuntu) постои корисник со
корисничко име root кој има улога на администратор на системот и ги
има сите привилегии врз оперативниот систем.
Изгледот на работната површина на Ubuntu на екранот на
монитор-рот може да се менува по желба на корисникот. Ubuntu
располага со бо-гата палета на слики (Desktop Background) од кои
корисникот може да из-бере која сака. Постапката на менување на
изгледот на работната повр-шина ги содржи следните чекори:
16




Десен клик на глувчето (курсорот е поставен на работната
површина).
Се појавува Мени од кое се избира наредбата: Change Desktop
Background.
Се појавува дијалог прозорец: Appearance Preferences (слика
7).
Се активира копчето Background (ако не е активирано) и се
појавува палета од колор фотографии.

Слика 7: Палета слики за работна површина на Ubuntu

Се избира една фотографија (одредени фотографии имаат
можност за наизменично менување на повеќе варијанти
фотографии) и се притиска копчето Add со што новата
фотографија се поставува на работната површина на Ubuntu.

Во командата Style постојат различни опции за уредување на
работната површина: Tiled, Zoom, Centered, Scaled и Fill screen.

17

ИЗГЛЕД НА ЕКРАНОТ НА UBUNTU
По активирањето на Ubuntu се појавува неговиот екран кој се
состои од три главни дела: горен панел, работна површина и долен
панел.
Горниот панел (top panel) претставува тенка лента и се наоѓа на
вр-вот на екранот. Ubuntu нуди можност за прикажување на панелот и на
друга страна на екранот, но почетната состојба е секогаш горе. Панелот
обезбедува пристап и активирање на повеќе видови на апликации.
Оваа верзија на Ubuntu Linux 9.10 овозможува корисникот самостојно да ја креира содржината на панелите. Исто така овозможува да се
додаваат и нови панели и на нив да се креира содржина од икони по
жел-ба на корисникот.
Постапката за креирање содржина на горниот панел ги опфаќа
следните активности:





Десен клик на глувчето (курсорот е поставен на постојниот
горен панел).
Се појавува Мени од кое се избира Add to Panel..
Се појавува прозорец Add to Panel на кој има широка палета
на икони кои можат да се постават на горниот панел (слика 8).
Се кликнува на избрана икона и со притискање на копчето Add
иконата се поставува на горниот панел.
Бришење на произволна икона: Десен клик на иконата и од
менито кое се појавува се избира Remove From Panel.
Поместување на произволна икона: Десен клик на иконата и од
менито кое се појавува се избира Move. Се активира иконата и
таа може да се поместува на произволна локација на горниот
панел. Со лев клик на глувчето иконата се фиксира на
избраната локација.

Постапката е идентична за поставување икони и на останатите палети: долна палета, лева странична и десна странична палета.

18

Слика 8: Палета икони кои се додаваат на панел

Опис на некои икони кои се наоѓаат на палетата (слика 8) и кои можат да се додаваат на панелите:

Menu Bar: Applications, Places, System (Апликации, Места,
Систем).

Main Menu: Главно GNOME мени.

Shut Down: Исклучување на компјутерот.

19

Временски извештај: Надгледување на моменталните
временски услови и прогнози.

Корпа за ѓубре: Икона за складирање на избришани датотеки,
фолдери, програми, апликации ..

Лента на карактери: Палета од карактеристични букви и знаци.

Надгледувач на системот: Индикатор за оптеретеност на
системот.
Надгледувач на фреквенцијата на процесорот: Надгледување
на промената на фреквенцијата на процесорот.
Пребарувач во речник: Пребарување зборови во речник.


.

Часовник: Прикажување тековен датум и време.
.

Секако најексплоатирана икона во Ubuntu е Meni Bar во која се
сместени Апликации, Места и Систем. Овие менија содржат листи од
кра-тенки за специфични команди, задачи или апликации. Овие три
менија обезбедуваат лесен графички пристап до апликациите, до делови
од ком-пјутерскиот систем или мрежни локации, како и задачи поврзани
со упра-вувањето на компјутерскиот систем.
Во Ubuntu Linux 9.10 има можност за креирање дополнителни
пале-ти. Тие можат да се креираат само на горната страна на екранот.
Постап-ката ги опфаќа следните чекори:

Десен клик на глувчето (курсорот е поставен на било кој панел).
Се појавува Мени од кое се избира командата New Panel.

20


Се појавува нов панел испод постојниот горен панел. На овој
панел исто така можат да се додаваат нови (или исти) икони со
постапка која е претходно опишана.
Бришење на произволен панел:
-

Десен клик на панелот кој треба да се избрише.
Од Менито кое се појавува се избира Delete This Panel.
Се брише избраниот панел од екранот.

Постои и можност за зголемување на ширината на произволна
пале-та. Тоа се прави на следниот начин:

Десен клик на глувчето на палета на која треба да се промени
ширината.
Од менито кое се појавува се избира командата Properties. Се
појавува дијалог прозорец Panel Properties (слика 9).

Слика 9

Во дијалог прозорецот во делот Orientation се покажува за кој
панел се работи: Top (горен панел), Bottom (долен панел), Left
(лев страничен панел) и Right (десен страничен панел).
Во делот Size се овозможува зголемување и намалување на
ширината на избран панел. Сепак, постои минимална ширина
(23 пиксели). Со зголемување на вредноста во пиксели (pixels)
соодветно се зголемува ширината на панелот што се гледа и
на екранот на компјутерот (работна површина на Ubuntu).
Опцијата Autohide (автоматско криење) овозможува
сокривање на панелот, но кога корисникот ќе се доближи со

21

глувчето до него, панелот се враќа во неговата оригинална
големина.
Опцијата Show hide buttons (прикажи ги копчињата за криење)
овозможува прикажување на две копчиња на двата краја на
панелот, и кога корисникот ќе кликне на нив, панелот ќе се
сокрие, ќе се вовлече на едната страна на екранот. Со
повторно кликнување на истото копче (стрелка во лево или
десно), панелот ќе се врати назад.

Ubuntu му овозможува на корисникот со помош на инструкцијата
Help да добие дополнителни информации и објаснувања за користење
на панелите. Тоа се реализира на следниот начин:


Десен клик на глувчето на произволен панел.
Се отвора Мени од кое се избира наредбата Help.
Се појавува дијалог прозорец Using the Panels (слика 10) од кој
можат да се изберат различни текстуални содржини кои се од
интерес за корисникот. Пример: со кликнување на Managing
Panels се отвора нов прозорец (дијалог) во кој можат да се
изберат одредени содржини кои се однесуваат на управување
и ракување со панелите.

Слика 10

КОРИСТЕЊЕ НА ДИРЕКТОРИУМОТ
22

КОШНИЧКА ЗА ЃУБРЕ
Кошничка за ѓубре (Trash): Служи како електронска кошничка за
отпадоци. Во неа се складираат непотребни датотеки и директориуми.
Ако на корисникот му се потребни избришаните документи, тој може
истите да ги врати назад. Доколку на иконата се гледа кошничка со
хартија, во неа има некоја содржина (документ). Ако иконата е празна
кошничка, тогаш во неа нема документи.
Директориумот Ѓубре е сокриен и се наоѓа домашниот
директориум Home Folder (/home/sasho). Со бришење на одредени
датотеки и фолдери не се ослободува простор на дискот. За да се
направи тоа, потребно е да се направи празнење на кошничката со
ѓубре.
Иконата кошничка за ѓубре се отвора со двоклик на глувчето. Ѓубрето се празни на два начини:
1. Се празни целата кошничка за ѓубре одеднаш:



Десен клик на иконата кошничка за ѓубре
.
Се отвора Мени од кое се избира Empty Trash.
Се отвора интерактивен прозорец: Empty all of the items from
the trash? (слика 11).
Со кликнување на копчето Empty Trash се брише целата
содржина од ставки кои се наоѓаат во кошничката за ѓубре.

Слика 11

2. Од кошничката за ѓубре се бришат одделно (поединечно или
групно) одредени ставки (документи):

Се кликнува на иконата Кошничка за ѓубре и се отвора
прозорец Trash-File Browser (слика 12) каде се гледа
содржината на кошничката (кои документи се наоѓаат во неа).

23

Се селектираат оние ставки што треба да се избришат (се
користи копчето SHIFT од тастатурата за да се селектираат
повеќе ставки) и се притиска копчето Delete од тастатурата.

Слика 12

Се појавува дијалог прозорец (Слика 13) во кој се прашува
корисникот дали е сигурен дека сака да ја избрише
селектираната ставка од Кошничката за ѓубре.
Со кликнување на копчето Delete селектираните ставки
перманентно се бришат од Кошничката за ѓубре.

Слика 13

24

Скоро сите акции во Ubuntu можат да се изведат и со глувчето и
со тастатурата, при што корисникот треба да го избере оној начин кој во
конкретен случај е полесен.

АКТИВИРАЊЕ АПЛИКАТИВНА ПРОГРАМА
Апликациите најчесто се активираат преку менијата или преку иконите. По активирање на апликацијата, таа претставува активен процес.
За да се активира одредена апликација, таа треба претходно да биде
инста-лирана. Со Ubuntu Linux 9.10 доаѓаат голем број на апликации, а
нивното
активирање
е
главно
преку
Менито
Апликации
.
Пример: Активирање на играта Tetravex.
Постапката за активирање ја сочинуваат следните чекори:


Со покажувачот на глувчето (со левото копче) се кликнува на
копчето Апликации. Се појавува листа на подменија кои
содржат други менија.
Од Менито се избира опцијата Игри (Games). Малата стрелка,
десно од Games означува дека постои нова подлиста Logic.
Се отвора новата подлиста и се кликнува на опцијата Tetravex
(се кликнува со левото копче). По оваа акција се активира
играта Tetravex, која се појавува на екранот (слика 14).

Слика 14
На овој начин може да се активира било која програма или
наредба која е инсталирана на компјутерот.
25

Одредена програма може да се активира и со кликнување на
нејзи-на икона или на кратенка (покажувачка икона) доколку таа се наоѓа
на ра-ботната површина (десктоп) или се појавува како содржина на
некој про-зорец. Со глувчето се доаѓа до иконата и се кликнува двојно.
Постапката на поставување на произволна икона на работната површина ги опфаќа следните чекори:

Applications - Games - Logic - Tetravex.
Со десен клик на глувчето на играта Tetravex се отвора ново
Мени кое ги има следните опции:
-

Add this launcher to panel: Иконата Tetravex се поставува
на горниот панел.
Add this launcher to desktop: Иконата Tetravex се
поставува на работната површина (десктоп).
Entire menu: Со кликнување на ова Мени се отвора ново
подмени со следните опции: да се додаде програмата
Tetravex на горниот панел заедно со целото Мени Logic
како драјвер на панел (слика 15) или како мени на панел.

Слика 15

ЗАТВОРАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ
По завршување на работата со одредена програма (апликација),
таа треба на безбеден начин да се затвори. Безбедно затворање значи
дека нема да се појават несакани последици врз документите на
корисниците или врз оперативниот систем. Затворањето може да се
направи на повеќе начини:

26

Најчесто користен начин е со кликнување на копчето X кое се
наоѓа во горниот десен агол на апликацијата.

Се кликнува на иконата Window Menu
која се
наоѓа на горниот лев агол. Се отвора ново мени и се избира
наредбата Close (Затвори).
Со избор на наредбата Излези (Quit) која се наоѓа во првото
мени од апликацијата (во случај на играта Tetravex се отвора
менито Game и се притиска Quit).
Со користење на Alt + F4.
Со притискање на Ctrl + Q.
Кога апликацијата е “блокирана”, т.е. таа не прима никакви
наредби од корисникот, се користи следната постапка за
затворање на апликацијата:




-

-

Се кликнува на Менито Систем (System) и се отвора
подменито Administration.
Се избира наредбата System Monitor (слика 16).

Слика 16
Се избира името на процесот (Process Name) што треба
да се затвори.
Во конкретниот случај (затворање на играта Tetravex) се
избира gnotravex.
Се кликнува на командата End Process (долу десно).
27

-

Се појавува дијалог прозорец: End the selected
process? (слика 17).
Со одговарање потврдно, т.е. со кликнување на End
process, се затвора апликацијата, т.е таа престанува да
работи.

Слика 17

ЗАТВОРАЊЕ НА UBUNTU
Оперативните системи се наменети за истовремено извршување
на повеќе апликации и процеси. Тие имаат потреба од прописно
исклучување на компјутерот. При работа на компјутерскиот систем
активни се повеќе процеси. Некои процеси работат во позадина и
извршуваат осетливи за-дачи кои се значајни за нормално работење на
компјутерскиот систем. Во Ubuntu Linux 9.10 не се препорачува
едноставно да се исклучи компјутерот од струја или да се рестартира.
При исклучување на компјутерот мора да се спроведе прописна
про-цедура за правилно затворање на Ubuntu. Процедурата на
исклучување на компјутерот ги опфаќа следните активности:

Се активира Менито System и се избира наредбата Shut
Down.. (Напушти).
Се отвора дијалог прозорец Shut Down the Computer (слика
18). Ова може да се постигне и со наредбите Ctrl + Alt + Del
(од тастатурата).

28

Слика 18

Доколку не се избере ниту една од опциите на дијалог
прозорецот, Ubuntu ќе се затвори за 60 секунди.

На дијалог прозорецот можат да се изберат следните опции за
зат-ворање на Ubuntu:

Shut Down (исклучи): Оваа опција реализира подготовка за исклучување на компјутерот и негово исклучување. Важно е оваа
наредба да се изврши на крајот на завршените работни активности. Препорачливо е најпрво да се снимаат сите документи
со кои работел корисникот, а потоа да се затворат
апликациите. Ако корисникот ја избере оваа опција, ќе започне
процедура за исклучување на системот. Оваа процедура
најпрво ги повикува сите активни апликациии и им испраќа
наредба да завршат со работа. На екранот се прикажува
процесот на исклучување на Ubuntu и потоа компјутерот
автоматски се исклучува.

Restart (рестартирање): Се врши рестартирање (повторно
стар-тување) на компјутерскиот систем. Се реактивира,
односно ис-клучува оперативниот систем и повторно се
активира од дискот.

29

Syspend (режим на неактивност): Оваа опција се избира кога
треба да се префрли компјутерот во специјален режим на неактивност. Подоцна при активирање на компјутерот, корисникот
повторно ги има активни сите елементи што ги имал во
моментот кога ја повикал опцијата Syspend. При активирање
на оваа опци-ја сите хардверски компоненти (освен RAM
меморијата) се неак-тивни, при што се заштедува електрична
енергија (батериите траат подолго време). Оваа опција често
се користи кај лаптоп компјутерите.

Hibernate (хибернација): Хибернација е слична со опцијата Syspend, со таа разлика што сега се гаси и RAM меморијата, и компјутерот е целосно исклучен. При вклучување на компјутерот,
тој продолжува да работи од таму каде што бил пред
хибернација. Доколку имало активни апликации тие
продолжуваат со работа. Хибернацијата е побрза од процесот
на исклучување и старту-вање на оперативниот систем, бидејќи
не мора да се исклучат апликациите со кои работел
корисникот. Поради овие причини, овој метод се почесто се
користи за исклучување на компјутерот.

Во повеќе верзии на Ubuntu со опцијата хибернација оди опцијата
ЗАКЛУЧИ ГО ЕКРАНОТ. Кога се активира хибернација доаѓа до заклучување на екранот. Кога е заклучен екранот, никој не може да работи со
апликациите на корисникот, но може да остави порака (Leave Message)
или пак да работи под друго корисничко име (Switch User). Кога корисникот кој бил најавен ќе сака да продолжи со работа, треба да ја внесе
својата лозинка и да кликне на копчето Unlock (отклучи).
Со користење на опцијата Switch User (смени корисник) се врши
на-јавување на друг корисник на системот. Со ова може да се најави друг
корисник и да работи со компјутерот, а апликациите на претходниот
корисник (главен корисник) остануваат уште активни. Кога другиот корисник ќе заврши со работа на компјутерот, првиот корисник може да
про-должи со работа таму каде што застанал.

ПРОЗОРЕЦ НА АПЛИКАТИВНИ ПРОГРАМИ
Прозорец претставува правоаголен дел на екранот во кој се прикажува одредена апликација. Најчесто корисничките апликации имаат визуелен приказ, иако постојат и апликации кои немаат графички приказ, бидејќи немаат таква потреба. Прозорецот е составен од неколку елементи
кои се исти за сите прозорци во Ubuntu оперативниот систем, со што се
олеснува работата на корисниците и се креира еден унифициран компјутерски софтверски систем.

30

Со активирање на било која апликација се отвора нејзин прозорец.
Прозорец може да се отвори и со двоклик на икона која се наоѓа на
работ-ната површина (десктоп) на екранот. Пример за ваков прозорец е
прика-жан на слика 19.

Слика 19

Секој прозорец на корисничка апликација содржи повеќе елементи
кои имаат различни функции. Интеракцијата со овие елементи се
реализе-ра со помош на глувче, но истите можат да се извршат и со
помош на тас-татурата.
На слика 18 е прикажан прелистувач на датотеки File Browser. Тој
се отвора на следниот начин:

Се отвора Мени Places (Места) и се избира Home Folder
(домашна папка).
Се отвора директориумот Examples со двоклик и се отвора
прозорец: Example – content - File Browser (слика 20). Овој
директориум се креира при инсталација на Ubuntu, и во него се
сместени повеќе мултимедијални датотеки.

31

Слика 20

Карактеристични елементи на прозорец на корисничка апликација:


Работен простор (work area): Се прикажува содржината на
отворената апликација.
Насловна лента (title bar): Името (насловот) на прозорецот е
прикажан на горната лента.
Лента на менија (menu bar): Се прикажани имињата на
менијата преку кои се пристапува до наредбите.

Ленти со алатки (toolbars): Копчиња на лентите со алатки кои
овозможуваат избор наредби со кликнување на глувчето.

Ленти со лизгачи (scroll bar): Со кликнување на лизгачите се
овозможува движење низ содржината на прозорецот, ако таа е
поголема од прозорецот.
Копче за минимизирање (minimize window): Со кликнување на
ова копче, прозорецот се намалува во форма на икона и се
прикажува на долниот панел. Прозорецот може повторно да се

32

прика-же на екранот со кликнување на иконата на долниот
панел.
Копче за враќање (maximize window): Со кликнување на ова
копче прозорецот се зголемува на целиот екран или се
намалува на дел од екранот
.
Контролно мени (window menu): Се активира со кликнување на
иконата која се наоѓа горе лево на прозорецот. Минито кое се
отвора нуди повеќе опции кои се однесуваат на прозорецот:
-

Move: Движење на прозорецот.
Resize: Менување на големината на прозорецот.
Minimize: Спуштање на прозорецот како икона на
долниот панел.
Maximize: Прикажување на прозорецот на цел екран.
Always on Top: прозорецот секогаш да се прикажува
горе на екранот.
Always on Visible Workspace: Прозорецот секогаш да се
прикажува во видливиот работен простор.

МЕНУВАЊЕ ДИМЕНЗИИ НА ПРОЗОРЕЦ
Корисникот може секогаш да ја прилагодува големината и положбата на прозорецот со користење на соодветни копчиња за управување
со големината на прозорецот. Освен со стандардни големини (опишани
прет-ходно) може и произволно да се одредува големината на
прозорецот. Оваа постапка опфаќа влечење по рабовите на прозорецот.
Влечењето се реализира на тој начин што покажувачот на
глувчето се поставува на оној дел од работ на прозорецот што треба да
се промени. На овој начин, покажувачот на глувчето се трансформира
во:


Вертикална стрелка надолу или нагоре: Овозможува промена
на височината на прозорецот со влечење на работ горе или
долу.
Хоризонтална стрелка на лево или на десно: Овозможува
промена на ширината на прозорецот со влечење на работ лево
или десно.
Стрелка во косо во четири можни насоки: Овозможува промена
и на ширината и на висината на прозорецот со влечење на
работ дијагонално.

Прозорецот може исто така да се поместува низ работната
површи-на на екранот на компјутерот, а притоа да не се менува неговата
големи-на. Оваа постапка ги опфаќа следните чекори:
33



Се кликнува на насловната страна на прозорецот и се држи
копчето на глувчето. Тогаш покажувачот добива форма на
рака, наместо на стрелка.
Се влече прозорецот до саканата локација.
Се пушта копчето на глувчето и прозорецот останува на новата
позиција.

Лента со лизгачи се појавува на дното и/или на десниот крај на
про-зорецот кога неговата содржина зазема поголем простор од
големината на прозорецот. Со користење на лизгачите, содржината на
прозорецот се поместува се додека посакуваниот дел не стане видлив
во прозорецот.

ИЗДАВАЊЕ НАРЕДБИ ПРЕКУ МЕНИЈА
При активности во прозорците, можат да се издаваат одредени наредби со чија помош корисникот ги повикува посакуваните акции. Вакви
наредби можат да се зададат преку менијата, преку лентите со алатки
или со кратенки од тастатурата.
Со кликнување на насловот на Менито во лентата со менија, се отвора менито, се кликнува на потребната наредба и се добива посакуваната акција.
Овие менија содржат повеќе елементи:

Ако до наредбата е прикажано соодветно копче, тоа значи дека

таа наредба е достапна и преку лента со алатки,
.
После наредбата има три точки: Покажува дека со
селектирање на наредбата се отвора интерактивен прозорец

.
После наредбата има стрелка во десно: Покажува дека со
селектирање на наредбата се отвора друго мени, односно

подмени
.
После наредбата има имиња на копчиња од тастатурата:
Покажува дека копчиња од тастатурата се користат за да се

селектира одредена наредба
.
Пример: Save As (Ctrl + Shift + S) значи дека за да се
селектира наредбата Save As треба во исто време да се
притиснат копчињата Ctrl, Shift и S од тастатурата.
Наредбите кои се прикажани со сиви букви се неактивни во
моментот на отворање на дадено мени
34

.

ПОВИКУВАЊЕ НАРЕДБИ ПРЕКУ
ЛЕНТИ СО АЛАТКИ
Кај лентите со алатки, посакувана наредба се повикува со клик со
глувчето на определено (потребно) копче. На копчињата постојат сликички што служат за подобра идентификација на функцијата на секое копче.
Доколку покажувачот на глувчето се држи неколку секунди на копчето
без да се кликне на него, на екранот ќе се прикаже облаче со
објаснување на функцијата на копчето.
Ако лентите со алатки не се прикажани, тие се повикуваат со
Менито View (Поглед).
Постапката ги опфаќа следните чекори:



Се отвора Мени Places (Места).
Се избира подменито Home Folder.
Од отворениот прозорец се кликнува на Examples.
Во отворениот прозорец се кликнува на наредбата View
(Поглед) со што се отвора Мени каде се прикажани следните
ленти со алатки, кои можат да се вклучуваат и исклучуваат:
-

Main Toolbar (Главна лента со алатки).
Side Panel (Странична лента).
Location Bar (Локациска лента).
Status Bar (Статусна лента).

ИНТЕРАКТИВНИ (ДИЈАЛОГ) ПРОЗОРЦИ
Активирањето на голем број наредби воид кон прикажување на интерактивни прозорци кои често се нарекуваат и дијалози.
Интерактивните прозорци се користат да обезбедат дополнителни
информации кои се во врска со извршување на наредбата.
Интерактивните прозорци главно се состојат од контроли и листи
од кои корисникот избира или поставува опции.
Постојат повеќе елементи од кои се составени интерактивните
про-зорци. Позначајни се следниве:


Check box (поле за селектирање): Поле кое има само две
опции (вклучено/исклучено и слично).
Text box (текст поле): Поле во кое може да се внесуваат
текстуални податоци.
Command button (командно копче): Копче кое треба да се
притисне за да се изведе одредена операција.

35

Option button (избор на опција): Од повеќе можни
(предложени) опции треба да се избере само една.
• Combo box (надолно мени): Постои листа од можни опции од
кои треба да се избере една.
На слика 21 е прикажан интерактивен прозорец Toolbox кој се користи за уредување слики. На прозорецот можат да се видат некои од
елементите кои претходно се опишани. Овој интерактивен прозорец е
до-биен на следниот начин:


Се отвора Менито Applications (Апликации).
Се избира подменито Graphics и се кликнува на наредбата
GIMP Image Editor.
Се отвора интерактивен прозорец Toolbox.

Слика 21
Кога ќе заврши работата со интерактивниот прозорец, постојат
следните опции кои можат да се реализираат (кои стојат на располагање
на корисникот):

Се притиска Enter од тастатурата или се кликнува на копчето
Close (затвори) за да се изврши наредбата.

36

Со притискање на копчето Esc (од тастатурата) или со
кликнување на копчето Cancel (Откажи), интерактивниот
прозорец се затвора без да се изврши наредбата.

ИСТОВРЕМЕНА РАБОТА СО ПОВЕЌЕ АПЛИКАЦИИ (MULTITASKING
PROCESS)
Во Ubuntu оперативниот систем можат истовремено да се активираат повеќе апликации. При ваква активност секоја апликација добива
свој прозорец.
Сепак, од сите активирани апликации, корисникот може
еднозначно да работи (да упатува наредби) само на една избрана
апликација. Ако неколку апликации се прикажани на екранот, активната
апликација на насловната лента има потемна боја (за разлика од
останатите кои имаат светла боја). Доколку отворените апликации се
поставени на екранот една под друга, со кликнување на насловната
лента, одредена апликација се прикажува прва, т.е доаѓа пред
останатите ако била зад нив.
Доведување на соодветна апликација на посакувана позиција
може да се реализира и со командата
Alt + Tab (копчиња од
тастатурата).
Пример: Потребно е истовремено да се активираат следните
апли-кации: Character Map, Calculator и Welcome то Ubuntu. Тие се
активираат на следниот начин:


Character Map: Се отвора менито Applications, се активира
под-менито Accessories и од него се избира Character Map.
Calculator: Се отвора Мени Applications, се активира
подменито Accessories и од него се избира Calculator.
Welcome to Ubuntu: Се отвора менито Places (Места) и се активира подменито Home Folder. Од прозорецот се избира Examples и од новиот прозорец се избира Welcome to Ubuntu.

При отворање на секоја од трите апликации, истите се минимизираат и за секоја се отвора икона со име на апликацијата. Со кликнување
на иконите, апликациите се прикажуваат на екран една над друга.
Големината на прозорците на секоја апликација може да се намалува и на тој начин да се овозможи сите три апликации да се гледаат на
екранот. Вака уредени трите претходно активирани апликации се прикажани на Слика 22.

37

Слика 22

КРЕИРАЊЕ РАБОТНИ ПРОСТОРИ (WORKSPACES)
Кога се извршуваат повеќе апликации, просторот на екранот може
да постане пренатрупан и да ја отежне работата на корисникот. За да се
избегнат вакви проблеми, прозорците на апликациите треба да се групираат во повеќе работни простори (површини) според нивната намена.
Со ова се намалува натрупаноста на работниот простор и се олеснува
нави-гацијата помеѓу прозорците.
Пример: Корисникот во исто време активирал три апликации. За
по-лесна работа, две апликации можат да се сместат во првиот работен
прос-тор, а третата апликација се сместува во вториот работен простор.
Постапката на креирање работни површини во Ubuntu и нивно
кори-стење ги опфаќа следните активности кои се распределени во
повеќе че-кори:
• Со глувчето се прави десен клик на долната палета на екранот
со што се отвора Мени од кое се избира Add to Panel...
• Се појавува интерактивен прозорец (слика 23) Add to Panel од
кој се избира иконата: СКОКАЧ помеѓу простори за работа.

38

Слика 23



Со кликнување на копчето Add, селектираната икона се
појавува во десниот дел на долната палета.
Се појавуваат два квадрати, што покажува дека има активни
два работни простори.
Стандардно Ubuntu е подесен за работа со два работни
простори. Ако корисникот сака да ги подели прозорците на
апликациите на повеќе делови, треба да креира (додаде) нови
работни простори. Постапката ги опфаќа следните активности:
-

Со глувчето (покажувачот е поставен на иконата за
работни простори
) се прави десен клик со
што се отвора Мени од кое се избира наредбата
Preferences.

-

Се отвора дијалог прозорец: Workspace Switcher
Preference (слика 24).

39

Слика 24

-

Во полето Number of workspaces се избира вредност 3.
Во прозорецот Workspace names се појавуваат три (3)
работни простори: Desk 1, Desk 2 и Desk 3. Во исто
време и на долната палета на екранот се појавуваат три
работни простори (три правоаголници)
.

-

Со активирање (штиклирање) на полето: Show
workspace names in switcher, на работните простори се
испишуваат нивните соодветни имиња: Desk 1, Desk 2 и
Desk 3. (Доколку ова поле не е активирано, на работните
простори - со обоени правоаголници ќе биде прикажано
колку апликации се опфатени во секој работен простор.
Ако се отвори нова апликација, таа ќе се лоцира во
активниот работен простор.

Пример: Активирани се следните четири апликации: Calculator,
Cha-racter Map, Welcome to Ubuntu.odt и Tetravex. Потребно е тие да се
распре-делат во три работни простори и тоа:


Desk 1: Calculator и Character Map.
Desk 2: Welcome to Ubuntu.odt
Desk 3: Tetravex

40

За реализирање на овој пример потребно е да се реализираат
след-ните активности:


Апликациите се минимизираат и нивните икони се појавуваат
на долната палета.
Со глувчето се доаѓа на иконата Calculator и со десен клик се
отвора Мени од кое се избира наредбата Move to Another
Workspace. Се отвора прозорец од кој се избира Desk 1. Истата
постапка се повторува и за апликацијата Character Map.
Постапката е слична и за апликацијата Welcome to Ubuntu.odt,
само што во овој случај се избира работниот простор Desk 2.
За апликацијата Tetravex се избира (селектира) работниот
простор Desk 3.

За активирање на соодветен работен простор треба да се кликне
на соодветен дел на иконата за работни простори. Пример, ако се кликне
на Desk 2 (се затемнува површината), на долната палета се појавува
иконата на апликацијата: Welcome to Ubuntu.odt. Слично ако се кликне на
Desk 1 работниот простор се појавуваат иконите на апликациите:
Calculator и Character Map.

РАБОТА СО ДОКУМЕНТИ
При користење на апликации, особено кориснички апликации, најчесто се креираат документи. Кога се активира некоја апликација, таа
нај-често автоматски креира нов документ. Кога ќе се заврши со
работата на документот, тој треба да се сними за да се зачува неговата
содржина.
Документите што ги креираат апликациите и кои се снимени во меморијата на компјутерот се викаат документи (files). Тие се посебни
целини и во себе ја чуваат содржината на документот.
Апликациите од текст процесорот OpenOffice.org се добар пример
за апликации кои работат со документи. Затоа со реализација на
конкретен документ ќе биде прикажано работењето со документи во
опкружување на текст процесорот OpenOffice.org.
Постапката на креирање текстуални документи ги опфаќа
следните чекори и активности:


Се кликнува на Мени Applications и се отвора подмени Office.
Се избира текст процесорот OpenOffice.org Word Processor.
Се отвора нов документ: Untitled1 – OpenOffice.org Writer
(слика 25).

41

Слика 25

Со наредбата File + Save As (слика 26) се отвора нов прозорец
Save во кој се внесува името на документот (поле Name) и
името на фолдерот (директориум) – Save in folder (слика 27).

Слика 26

42

Слика 27

Доколку корисникот сака да го заштити овој документ од
неовластен пристап, тоа може да го направи со потврдување
(штиклирање) на наредбата Save with password од слика 27.
Со кликнување на копчето Save се отвора дијалог прозорец
Enter Password (слика 28) каде во означено поле треба да се
внесе лозинка која подоцна ќе биде неопходна за да се отвори
наведениот документ.

Слика 28


Со кликнување на копчето Save (слика 25) документот UBUNTU
LINUX – Voved се зачувува во меморијата на компјутерот како
датотека во директориумот Sasho.
Со отворање на менито Places и подменито Home Folder се
појавува дијалог прозорец Sasho – File Browser каде е
43

прикажана содржината на директориумот Sasho. Може да се
види дека таму се наоѓа и документот UBUNTU LINUX – Voved,
кој е мемориран како датотека (file) под име UBUNTU LINUX –
Voved.odt (слика 29).

Слика 29

Со кликнување на надолното мени Icon View
(слика 29) и со избор на опцијата List
View, содржината на директориумот Sasho е прикажана во
листа од датотеки и други директориуми. За сите овие
документи се дадени повеќе податоци кои ги карактеризираат
(слика 30).

Личниот (домашниот) директориум (фолдер, папка) Home Folder
се креира стандардно за секој корисник и автоматски се именува како
корисничко име. Овој директориум ги содржи сите датотеки на корисникот. Во компјутерски систем кој има повеќе корисници (повеќекориснички систем - multiuser system), секој корисник креира поддиректориум на овој директориум каде ги зачувува своите податоци (документи).

44

Слика 30

На левиот крај од горниот панел се наоѓаат три главни менија:

Мени Апликации (Applications Menu): Ги содржи сите апликации
кои се инсталирани на компјутерскиот систем.

Мени Места (Places Menu): Ова мени му дозволува на
корисникот да му пристапи на домашниот (личен) директориум,
на работната околина, на целиот систем на датотеки, на
надворешните уреди и на мрежата на која е поврзан
компјутерот на корисникот.

Мени Систем (System Menu): Ова мени овозможува корисникот
да ги менува поставувањата (преференци) на сопствениот
компјутер. Исто така, може да му пристапува на Ubuntу
системот за помош, за да добие сознанија за одредени
системски активности.

СИСТЕМ НА ДАТОТЕКИ ВО UBUNTU
45

Сите податоци и документи во Ubuntu се меморираат во форма на
датотеки (files). Секоја датотека претставува посебна целина. Датотека
може да биде документ (текст, слика, видео, MP3 слика) или одреден
дел од оперативен систем (драјвери за периферни уреди,
конфигурациска да-тотека, системска програма). Сепак најчесто
корисниците работат со доку-менти. Добро организирани корисници се
оние кои креираат логички име-нувани директориуми каде се сместуваат
и класифицираат датотеките. Директориумите претставуваат папки кои
содржат поголем број датотеки и/или директориуми, именувани како
поддиректориуми.
Најчесто датотеките се снимаат во меморијата на компјутерот
(hard disc) со што се овозможува корисникот да работи со нив во било
кое вре-ме. Меѓутоа, датотеките и фолдерите можат да се меморираат и
на надво-решни дискови (CD или DVD), на флеш мемории или на други
мемориски уреди за зачувување на податоци.
Пообемни датотеки, ако се испраќаат преку електронска пошта,
по-требно е да се архивираат како архивски датотеки, т.е. да се компресираат.
Во Ubuntu Linux се започнува со основен, коренов директориум кој
се означува со коса црта (/). Личните (домашните) директориуми на
корис-ниците се сместуваат во директориумот Home Folder кој се наоѓа
во коре-новиот директориум. Оваа локација се означува како /Home
Folder. Докол-ку корисникот на Ubuntu е Sasho, тогаш локацијата на
неговиот домашен директориум ќе биде
/Home Folder/Sasho. Во
домашниот директориум ко-рисникот ги има сите овластувања, но
доколку сака да прави измени во другите директориуми, потребно е да
има привилегии кои му се доделени од администраторот на системот.
Бидејќи hard disc-от може да биде поделен на повеќе партиции, во
Ubuntu тие се креираат како посебни виртуелни директориуми (наместо
да имаат ознаки C:/ или D:/). Истото се однесува и за флеш мемориите,
оп-тичките уреди или други надворешни мемории.
Ubuntu е чувствителен на мали и големи букви и затоа треба да се
внимава како ќе се внесуваат соодветни текстуални инструкции.
Ubuntu го користи графичкиот интерфејс GNOME. Со GNOME
доаѓа прелистувачот на датотеки НАУТИЛУС (Nautilus) со чија помош
корис-ниците на лесен и визуелен начин можат да ги менаџираат
датотеките и директориумите.
Со верзијата Ubuntu Linux 9.10 (која е цел на опсервација во оваа
книга) оди верзијата Nautilus 2.28.1.

NAUTILUS – РАБОТА СО ДАТОТЕКИ
46

Наутилус е значаен програмски сегмент на Ubuntu кој му овозможува на корисникот на едноставен и интегриран начин да управува со
да-тотеки и апликации. Наутилус овозможува да се организираат
датотеки во фолдери и да се извршуваат други активности како што се:



Креирање и прикажување на документи и директориуми. Тоа
подразбира креирање нови датотеки, нивно меморирање и
организирање во фолдери (папки).
Пребарување и класифицирање на датотеки.
Пристап на компјутерот до локална мрежа (работа во
компјутерско мрежно опкружување).
Снимање податоци на CD или DVD.

Наутилус се активира преку Мени Места (Places). Ова мени е
соста-вено од повеќе елементи:

Личен/домашен фолдер (Home Folder): овој фолдер е креиран
за секој корисник за да може да ги складира во него своите
лични датотеки (документи, files). Името на овој фолдер е исто
со името на корисникот на Ubuntu.

Компјутер (Computer): Ги содржи сите компјутерски уреди и
системот со податоци. Исто така овозможува снимање на CD и
DVD.

Работна површина (Desktop): Активна површина која го опфаќа
целиот екран на корисничкиот компјутер и која овозможува
лесен и брз пристап до одредени мемориски датотеки,
фолдери, програми, апликации кои преку своите икони се
лоцирани на ра-ботната површина.

Со кликнување врз некој од елементите од Менито Места (Places)
се отвора прозорец во кој е прикажана содржината на конкретниот фолдер. Со тоа се стартува Наутилус. На слика 31 е прикажан прозорец на
Наутилус кој е активиран преку Home Folder. Тоа значи дека локацијата
која ја покажува Наутилус е: /home/sasho, каде sasho е името на
актуел-ниот корисник на Ubuntu.
Прозорецот на Наутилус се состои од повеќе делови. Во горниот
дел се наоѓаат: Насловна лента, Мени од наредби, лента со алатки,
лока-циска лента, работна површина на Наутилус и статусна лента
(најдолу на прозорецот).

47

Слика 31

Менито од наредби е стандардно и во него се наоѓаат наредби кои
се среќаваат кај поголем број на Ubuntu апликации: File, Edit, View, Go,
Bookmarks (обележувачи - му овозможува на корисникот да креира кратенки до одредени локации на компјутерскиот систем, а потоа до нив да
може да се пристапува дирекно), Tabs, Help. Овие наредби нудат опции
за управување со датотеките и директориумите и за изгледот на самиот
Наутилус.
Лентата со алатки ги овозможува следните активности:

Овозможува брзо движење напред

и назад

низ локациите во кои бил корисникот. За ова се
користат копчињата Forward (Напред) и Back (Назад) кои се
претставени со стрелки во лево и во десно.

Копчето Горе (Open the parent folder)
служи за
поместување на еден директориум погоре.

Копчето Барај
(Locate documents and folders on this
computer by name or content) служи за пребарување низ
системот на датотеки. Лоцира документи и фолдери по име или
по содржина. Со кликнување на ова копче се отвора поле

48

Search во кое треба да се внесе името на датотеката или
фолдерот што се бара.
Работната површина на Наутилус се состои од два дела. Во
левиот дел се наоѓа странична лента која служи за прикажување на
директо-риумите. Десниот дел содржи листа на датотеки и фолдери што
го содржи директориумот што е активен.
Локациската лента се наоѓа под лентата со алатки и овозможува
приказ и менување на локацијата каде се наоѓа корисникот. Со
кликнување на најлевото копче на локациската лента
мени изгледот на локацијата во следниот облик:

, ќе се про-

Location: /home/sasho

Во ваков облик, корисникот може да внесе одредена локација и
преку тастатурата на компјутерот.
На локациската лента се наоѓа дел кој овозможува зголемување и
намалување на големината на иконите кои се наоѓаат на работната
повр-шина на Наутилус. Овој дел е составен од следните сегменти:


Користење нормална големина на икона (use the normal view
size): Со десен клик на глувчето на иконата 100%
се покажува палета од различни процентни
вредности за зголемување и намалување на иконите (од 33%
до 400%), од кои може да се избере една вредност.
Лупа со минус (Decrease the view size): Со секое кликнување со
глувчето се намалува големината на иконите до најмала
вредност од 33%.
Лупа со плус (Increase the view size): Со секое кликнување со
глувчето се зголемува големината на сите икони кои се наоѓаат
на работната површина на Наутилус до најголема вреднос од
400%.

На десниот крај на локациската лента се наоѓа надолно мени Icon
View
кое служи за избор на начин на прикажување
на датотеките и директориумите кои се наоѓаат на работната површина
на Наутилус. Во Менито се наоѓаат следните опции за прикажување:

49

Icon View: Прикажувањето на датотеките и фолдерите е со
икони (како на слика 31).

List View: Датотеките и директориумите се прикажани како
листа во која освен името (Name), се прикажува и големината
(Size), типот (Type) и датумот кога е направена последна
модификација врз датотеките и фолдерите (слика 32).

Слика 32

Compact View: Дава приказ на подредени икони со име и знак.

Слика 33
На приказот на податоци на листите на датотеки и фолдери можат
да се додадат и нови податоци. Ова се реализира на следниот начин:
50



Датотеките и директориумите (кои се наоѓаат на работната
површина на Наутилус) треба да се прикажани во облик List
View (слика 32).
Од Менито View се избира наредбата Visible Columns
(Видливи икони).
Се појавува интерактивен прозорец: sasho Visible Columns
(слика 34).

Слика 34


Се штиклираат информациите кои треба да бидат прикажани
на листата со датотеки и директориуми.
Пример: На слика 34 се селектирани следните информации:
Name (име), Size (големина), Date Accessed (датум на
последно пристапување), Owner (сопственик) и Permission
(дозволи, овластувања).
Врз основа на избраните информации се појавува соодветна
листа на датотеки и директориуми (слика 35).

51

Слика 35

Ако датотеките и директориумите кои се наоѓаат на работната површина на Наутилус се прикажани во облик Icon View, тогаш приказот и
вклучувањето дополнителни податоци се реализира со следнава постапка:

Се кликнува View и од менито кое се отвора се избира
наредбата Arrange Items (Подредување на икони).
Се отвора ново Мени во кое има повеќе опции за подредување
на иконите:
-

Manually (рачно): Рачно подредување на иконите од
страна на корисникот.
By Name (според името): Се подредуваат иконите
според името по азбучен ред.
By Size (според големината): Се подредуваат иконите од
најмала до најголема (според опфатена на меморија).
By Type (според типот): Подредување според типот на
датотеките (по азбучен ред на дипот на датотеки).
By Modification Date (според датумот на модификација):
Подредување според времето на последната промена
(од најнова до најстара).
By Emblems (според амблеми): Подредување според
поставените амблеми.
Compact Layout (компактен редослед): Подредување на
иконите со збивање една до друга.
52

-

Reversed Order (обратен редослед): Подредување на
иконите во обратен редослед од тековниот.

На страничната лента која се наоѓа на работната површина на
Нау-тилус се наоѓа опаѓачко Мени Places (Места)
(слика 35) кое е составено од следните наредби:

Information (информација): Дава информациски приказ за
активниот директориум.
Tree (дрво): Ја прикажува целата хиерархија на
директориумите во форма на дрво. Првиот дел од дрвото е
Home Folder (домашна папка), а вториот дел е File System
(систем на датотеки). И во двата дела е прикажана нивната
содржина (слика 36).

Слика 36


History (историја): Ги прикажува оние директориуми кои се
последни посетени.
Notes (забелешки): Овозможува внесување забелешки во
форма на текст од страна на корисникот, за тековниот
директориум.
53

Emblems (амблеми): Овозможува додавање на амблеми (во
форма на мали икони со различна форма) на одредени
датотеки и директориуми (слика 37).

Слика 37

Постапката на додавање амблеми на икони ги опфаќа следните
че-кори:
1. Прв начин: Се кликнува на иконата за да се направи активна.
Се селектира амблем и со влечење се носи врз иконата на
дато-теката (или фолдер). Можат да се додаваат повеќе
амблеми на било која икона.
2. Втор начин:


Се селектира иконата и со десен клик на глувчето се
отвора Мени од кое се избира наредбата Properties.
Се отвора дијалог прозорец Јавно Properties и се
кликнува на копчето Emblems.
Се појавува палета од Амблеми (слика 38) кои можат да
се закачат на било која икона.

54

Слика 38

Се кликнува (потврдено) на произволен амблем (пример:

амблемите
,
) и тој веднаш се
закачува на селектираната икона која се наоѓа на
работната површина на Наутилус.
Бришење на амблем на икона: Постапката е иста како и за
закачување амблем, само што е потребно на амблемот кој
е избран, да се избрше потврдата (штиклираното).

Статусната лента е сместена најдолу во прозорецот Наутилус. На
неа се прикажуваат дополнителни корисни информации кои се
однесуваат на тековните активности на корисникот. Статусната лента се
повикува и отповикува со активирање на Менито View и потврдување на
наредбата Statusbar.
Во статусната лента се прикажуваат следните информации:

Се прикажува број на објекти (датотеки и фолдери) кои се
содржат во активниот директориум). Пример: На слика 36, на
статусната лента се прикажани следните податоци: Актуелниот
55

директориум има 22 објекти (items) - датотеки и фолдери и
слободен мемориски простор од 100,2 GB (гига бајти).


Се прикажува број на селектирани објекти (документи).
Се прикажува колку мемориски простор зафаќа одреден селектиран објект (документ). Пример: Ако се селектира документот
UBUNTU LINUX – Voved. odt од слика 29, на статусната лента
ќе се прикажат следните податоци:
“UBUNTU LINUX – Voved.odt” selected (285,1 kB)

Се прикажува од колку документи се состои одреден
селектиран фолдер (директориум). Пример, ако се селектира
објектот-фолдер Површина (Desktop) од слика 29, на
статусната лента ќе се прикажат следните податоци: Фолдерот
Површина се состои од 8 документи (items).
“Површина” selected (containing 8 items)

МЕМОРИСКИ УРЕДИ ВО UBUNTU
Мемориските уреди во Ubuntu имаат File system (систем на
датоте-ки) кој е организиран во датотеки и директориуми. Најчесто
користени ме-мориски уреди се:




Оптички дискови (CD, DVD).
Флеш мемории, кои се приклучуваат со USB интерфејс.
Мемориски картички од други дигитални уреди (фотоапарати,
мобилни телефони и др.).
Дискети (флопи).
Надворешни hard (тврди) дискови кои се прикачени на
компјутерот.

Сите мемориски уреди најчесто автоматски се меморираат од
стра-на на Ubuntu во посебни виртуелни директориуми преку кои се
пристапува до нив. Мемориските уреди се прикажуваат со посебна икона
која се лоци-ра на работната површина, но само кога се прикачени на
компјутерот.

Внесување CD во компјутерски систем: Пример: Во CD - единицата на компјутерот се внесува CD на кое се снимени одредени
56

материјали од Edubuntu. По активирањето на CD-то на десктоп
на екранот се појавува соодветна икона со карактеристики за
меморискиот уред (CD). Исто така, на левата странична лента
од работната површина на Наутилус (каде се прикажуваат
дирек-ториумите) се прикажани карактеристики на внесеното
CD со икона и име. Со активирање на оваа икона на работната
по-вршина се прикажува содржината на внесениот мемориски
уред (слика 39). Со исклучување на CD-то се бришат сите
икони и по-датоци за него.

Слика 39

Приклучување USB стик (флеш меморија): Постапката е иста
како и кога се внесува CD. Пример: Преку USB е внесена
датотека GIS – opstini - sliki. Датотеката се појавува во File
Browser (слика 40), а во исто време на работната површина
(долу лево) се прикажува датотека за USB со карактеристики
за неговата меморија.

57

Слика 40

По завршените активности со мемориските уреди, тие треба
правилно да се исклучат за да не дојде до нивно оштетување. Оптичките
дискови немаат посебна процедура за исклучување, додека кај флеш
мемориите И кај други уреди потребна е посебна постапка.
Кај флеш меморијата, постапката е следна:

Се поставува покажувачот на глувчето на иконата (слика 41) на

Слика 41


USB која е прикажана на десктоп (работна површина) на
екранот на компјутерот (слика 40, долу лево).
Со десен клик на глувчето се отвора Мени од кое се избира
наредбата Safely Remove Drive. Во исто време се бришат
сите икони и податоци кои се однесуваат за USB-то.
Сега USB флеш меморијата може безбедно да се извади од
компјутерот.
СЕЛЕКТИРАЊЕ ДАТОТЕКИ И ДИРЕКТОРИУМИ
58

За да се активира одредена датотека или директориум, тие треба
претходно да бидат селектирани
Кога се селектира поединечна датотека тоа се прави со кликнување на нејзината икона или име. Но, понекогаш е потребно повеќе
датотеки да се селектираат за да се реализираат одредени активности.
Постапката на селектирање повеќе датотеки и директориуми ги опфаќа
следните че-кори и нуди алтернативни начини:

Се кликнува на првата датотека, се држи копчето Shift од
тастатурата и се кликнува на последната датотека што треба
да се селектира. На овој начин ќе бидат селектирани сите
датотеки од првата до последната.
Ако не е потребно селектирање на последователни датотеки,
постапката е следна: Наместо копчето Shift се држи копчето
Ctrl (од тастатурата) и се кликнува на сите датотеки и
директориуми што треба да се селктираат (слика 42).

Селектирање на сие датотеки и фолдери во даден (тековен)
дирек-ториум се реализира на следниот начин:

Се кликнува на наредбата Edit и од менито кое се отвора се
избира Select All.

Слика 42

59

Доколку прикажувањето на датотеките и директориумите е во форма на икони, тогаш е можно и селектирање по површина. Вакво селектирање се изведува со кликнување и влечење на глувчето

Слика 43
КРЕИРАЊЕ ДАТОТЕКИ И ДИРЕКТОРИУМИ
При инсталирање на Ubuntu, оперативниот систем креира поголем
број директориуми кои се сместени во кореновиот (основниот) директориум. Исто така се креираат и голем број на датотеки кои се сместени во
соодветни директориуми.
Корисникот може да креира свои директориуми во својот личен директориум (Home Folder). Само администраторот на компјутерскиот
систем може да креира директориуми и други локации дирекно во
системскиот дел на оперативниот систем.
Корисникот креира нов директориум за да во него ги чува своите
но-ви документи кои ги креира во секојдневното работење. На новиот
дирек-ториум му се доделува име кое ја појаснува содржината на
датотеките кои се меморирани во него.
Креирањето нов директориум во Наутилус ги опфаќа следните чекори и активности:

Се одредува директориумот во делот директориуми (странична
лента), во кој треба да се креира нов директориум (новиот
директориум е поддиректориум во означениот директориум).
Во овој случај се избира домашниот директориум:
/home/sasho.
60


Од менито File се селектира наредбата Create Folder (креирај
папка).
Во делот каде се наоѓаат другите фолдери се појавува нова
икона со име untitled folder (папка без име) (слика 44).

Слика 44

Се пишува името на новиот директориум во правоаголникот за
текст што се појавува под иконата на новиот директориум.
Со притискање Enter од тастатурата завршува креирањето нов
директориум (фолдер).

Креирањето нова датотека во Наутилус ги опфаќа следните
чекори:


Се избира истиот директориум /home/sasho како и при
креирање фолдери.
Од менито File се избира подменито Create Document од кое
се избира Empty File (празна датотека).
Во делот каде се наоѓаат други фолдери се појавува нова
икона со име New file (нова датотека) (слика 45).

61

Слика 45


Се пишува името на новата датотека во делот под иконата.
Со притискање Enteр од тастатурата завршува креирањето
нова датотека.

Корисникот на одредена датотека може да и додели и наставка
што ќе го определува нејзиниот тип. Пример, ако се додели наставка
(.txt) тоа значи дека се работи за текстуална датотека.
Доколку треба да се промени името на одреден фолдер или
датоте-ка тоа се прави на следниот начин:


Се селектира фолдерот.
Со десен клик се отвора мени од кое се избира наредбата
Rename (промени име).
Името на фолдерот е во позиција да може да се промени.

Не е препорачливо да се преименуваат датотеки или
директориуми во кои се сместени апликации, делови од оперативниот
систем, драјвери и слично. Многу апликации нема да работат ако се
преименуваат нивните датотеки. Треба да се почитува основното
правило: Корисникот не треба да преименува, преместува или брише
датотеки или директориуми што тој самиот не ги креирал (или не знае за
што тие служат).
Често е потребно одредена датотека или фолдер да бидат
достапни од друг директориум. За таа цел тие не мора да се копираат.
62

Може да се креира посебна датотека - покажувач (shortcut) што
покажува на оригин-налниот објект. Оваа датотека зафаќа многу мал
мемориски простор. По-кажувачката икона изгледа исто како и
оригиналната, само што има мала стрелка што укажува дека се работи
за покажувач (слика 46). Со отвора-ње на покажувачка датотека,
операцијата автоматски се насочува на ори-гиналот.

Слика 46

Во Ubuntu, Наутилус, покажувачка датотека се креира на следниот
начин:


Се селектира одредена датотека или фолдер за која треба да
се креира покажувачка датотека.
Се отвора мени Edit (уреди) и се избира Make Link (направи
врска).
Се појавува покажувачка датотека за селектираната датотека
(слика 46). Во конкретниот пример прикажана е покажувачки
фолдер Link to Слики на постојниот фолдер Слики.

БРИШЕЊЕ ДАТОТЕКИ И ДИРЕКТОРИУМИ
Често е потребно да се избрише одредена датотека или
директори-ум. Тоа се случува кога:


По грешка е креирана датотека или директориум.
Содржината на одредена датотека или директориум повеќе не
е потребна.
Потребен е мемориски простор на дискот.

63

За да се реализира постапката бришење треба да се направат
след-ните чекори:





Се селектира датотека или фолдер што треба да се бришат.
Можат да се селектираат и повеќе датотеки или фолдери.
Важно е да се знае дека: Кога се брише директориум (фолдер),
се бришат сите датотеки и поддиректориуми кои се наоѓаат во
него.
Се отвора мени Edit и се кликнува на наредбата Move to Trash
(однеси во кошничката за ѓубре) или се притиска копчето
Delete од тастатурата.
Селектираните објекти (files, folders) се бришат од екранот и се
сместуваат во кошничката за ѓубре. Со ова објектите не се
бришат трајно.
Ако корисникот сака трајно да ги избрише селектираните
објекти, тогаш се користи наредбата Shift + Delete од
тастатурата (се притиска и се држи Shift и се притиска Delete).
Се појавува дијалог прозорец: Are you sure you want to
permanently delete “Име на селектиран објект” (слика 47).
Со кликнува Delete, селектираните објекти трајно се бришат.

Слика 47

КОПИРАЊЕ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ ДАТОТЕКИ И
ДИРЕКТОРИУМИ
Операцијата копирање претставува креирање на дупликат на
одре-дена датотека или директориум (објект).
Операцијата преместување претставува преместување на
одредена датотека или директориум од еден во друг директориум. Оваа
операција може да се реализира и со:

Копирање на објектот, и потоа.
64

Бришење на оригиналот.

Наједноставен начин за копирање и преместување објекти во Наутилус е со користење на техниката “влечи и пушти” (drag and drop).
Тоа значи: Се селектираат избраните објекти од изворниот директориум,
се влечат до саканиот директориум и потоа се пуштаат.
Пример: Потребно е фолдерот Музика да се пренесе од директориумот Home Folder на работната површина (Desktop). Постапката е
следна:


Се кликнува со глувчето на фолдерот Музика и се држи
кликнато.
Се влече фолдерот Музика до работната површина.
Се отпушта глувчето (слика 48).

Слика 48

По реализирање на оваа постапка, фолдерот Музика ќе се најде
на Desktop, но ќе го нема на неговата претходна локација Home Folder.
За да се копира фолдерот Музика со влечење (да остане
фолдерот Музика и во Home Folder и на Desktop) (копирање со
влечење), постап-ката е следна:

Кога се влече фолдерот Музика се држи притиснато копчето
Ctrl (од тастатурата), со што фолдерот Музика ќе се наоѓа и на
двете локации.

Во Ubuntu постои и друг начин за копирање и преместување документи (датотеки и фолдери) со користење одредени наредби на
Наутилус. Тој ги опфаќа следните чекори;


Се избира директориум (пример Home Folder) во кој се содржат
објекти што треба да се преместат или копираат.
Се селектираат потребните датотеки или фолдери.
Се отвора мени Edit и се избира наредбата Copy (копирај)
(доколку се сака да се копираат објектите).
65



Се отвора мени Edit и се избира наредбата Cut (пресечи)
доколку е потребно да се преместат објектите.
Се избира директориум во кој треба да се копираат или
преместат селектираните објекти.
Се отвора мени Edit и се избира наредбата Paste (вметни).

Пример: Потребно е:


Да се копираат фолдерите Слики и Музика од директориумот
Home Folder во директориумот Документи.
Фолдерот Видеа да се копира од директориумот Home Folder
во директориумот Desktop (Површина)
Истата постапка да се примени и при преместување
(користење на наредбата Cut) на истите директориуми од и во
истите дирек-ториуми.

Реализација на примерот:
1. Користење на наредбата Copy.
Прв дел:






Се отвора мени Places и се избира Home Folder.
Се селектираат фолдерите Слики и Музика.
Се отвора мени Edit и се избира наредбата Copy.
Се затвора директориумот Home Folder.
Се отвора мени Places и се избира директориумот Документи.
Се отвора мени Edit и се избира наредбата Paste.
Селектираните фолдери се копираат во директориумот
Документи.

Втор дел:




Од директориумот Home Folder се селектира фолдерот Видеа.
Се отвора мени Edit и се избира наредбата Copy.
Се затвора директориумот Home Folder и преку Places се
избира директориумот Површина (Desktop).
Се отвора мени Edit и се избира наредбата Paste.
Селектираниот фолдер Видеа се прикажува во отворениот
прозорец на директориумот Површина - File Browser, и во
исто време се прикажува и на работната површина (Desktop) на
екранот на компјутерот.

66

При реализација на постапката копирање, селектираните објекти
(фолдери) се наоѓаат и во двата директориуми.

2. Користење на наредбата Cut.
Постапката
на преместување фолдери од еден во друг
директори-ум е иста со постапката копирање, само што наместо
наредбата Copy се користи наредбата Cut. И во овој случај
селектираните објекти се пре-местуваат од изворниот директориум
(Home Folder) во други директори-уми: Документи и Површина. Тоа
значи дека селектираните фолдери по-веќе не се наоѓаат во
директориумот Home Folder.
Ако се копира датотека или директориум на одредена локација каде што постои датотека со исто име, ќе се појави интерактивен прозорец
кој прашува дали корисникот сака да изврши замена на имињата.
Пример: Датотеката Vezba 1 се наоѓа во директориумот Home
Fol-der. Со исто име Vezba 1 се наоѓа датотека и во директориумот
Доку-менти (овие две датотеки не мора да имаат иста содржина).
Се реализираат следните чекори:


Од директориумот Home Folder се копира датотеката Vezba 1.
Се отвора директориумот Документи и се активира наредбата
Paste за копирање на датотеката Vezba 1.
Бидејќи во директориумот Документи постои датотека Vezba 1,
ќе се појави дијалог прозорец (слика 49) кој прашува дали
корисникот сака да изврши замена на имињата на датотеките.

Слика 49

Со кликнување на копчето Replace (замена) датотеката Vezba
1 која се наоѓа во директориумот Документи ќе се избрише, а
на нејзино место ќе биде сместена датотеката што се копира
67

(т.е. датотеката Vezba 1 која се наоѓа во директориумот Home
Folder).
Во Наутилус исто така можат да се користат и кратенки од
тастатурата како замена на наредбите Copy, Cut, Paste. Кратенките го
имаат следниот облик:


Copy = Ctrl + C (копирање).
Cut = Ctrl + X (отсекување).
Paste = Ctrl + V (вметнување).

Истите наредби можат да се добијат и со десен клик од глувчето
врз објектот (датотека или директориум).
Во Наутилус можат да се отворат истовремено и повеќе прозорци,
а постапката влечење може да се реализира од еден во друг прозорец.

ПРИКАЖУВАЊЕ СКРИЕНИ ДАТОТЕКИ И
ДИРЕКТОРИУМИ ВО UBUNTU
Во Ubuntu Linux 9.10 постојат скриени датотеки и директориуми.
Тие се скриени бидејќи при нормална работа не му се потребни на
корисникот и за да се заштитат од ненамерна промена или бришење.
За да се прикажат скриените објекти во Наутилус, се користат
след-ните чекори:


Се отвора мени Places и се избира Home Folder.
Се отвора мени View и се активира (со штиклирање)
наредбата: Show Hidden Files (покажи ги скриените датотеки).
Се отвора прозорец на домашниот директориум (sasho-file
folder) каде покрај постојните датотеки и фолдери се прикажани
и скриените објекти (слика 50). Се забележува дека во
домашниот директориум има вкупно 53 објекти (53 items) од
кои 43 се скриени.

68

Слика 50

Скриените датотеки и директориуми кога се прикажуваат, пред
сво-ето име имаат точка (.). Ова може да се види од слика 51 која е
добиена од слика 50 кога во надолното мени Icon View се избира
опцијата List View.

Слика 51
СНИМАЊЕ НА CD ИЛИ DVD

69

Снимањето на одредени објекти (апликации, програми, датотеки,
фолдери и други) од Ubuntu на USB флеш меморија е едноставно. Кога
се вметнува USB стик во компјутерот, се формира виртуелен
директориум (се појавува икона на Desktop) кој одговара на вметнатата
флеш меморија. Снимањето опфаќа копирање или отсекување на
објекти (датотеки или фолдери) од Ubuntu и нивно вметнување во флеш
меморијата.
Копирањето на одредени објекти на CD или DVD во Ubuntu
опфаќа две фази:

Селектирање на објекти (датотеки и директориуми) кои треба
да се копираат (снимаат).
Снимање или режење (burn) на избраните (селектирани)
објекти на CD или DVD.

Целокупната постапка на снимање на CD и/или DVD ги содржи
следните чекори:

Со внесување оптички медиум (CD или DVD) се појавува
дијалог прозорец (слика 52) и во исто време се креира икона на
Desktop со карактеристики за оптичкиот диск (слика 53).

Слика 52

Слика 53
Од дијалог прозорецот, од опаѓачкото мени, корисникот може
да го избере типот на дискот:
70



Open Folder.
Open CD/DVD Creator.
Open with other Application.

Со избор на: Open CD/DVD Creator и со притискање на копчето
Ok се појавува нов дијалог прозорец: CD/DVD Creator-File
Browser.
Датотеките и/или директориумите што сакаме да ги снимиме се
копираат од други директориуми во папката на CD/DVD
креаторот.
Во конкретниот пример (слика 54) од директориумот Површина
(Desktop) во папката CD/DVD креатор се снимени објектите:
-

Presenting.Kubuntu.odp (презентација на Kubuntu со
слајдови).
Presenting.Ubuntu.odp (презентација на Ubuntu со
слајдови).
Tetravex (игра Tetravex).

Слика 54

Со кликнување на копчето Write to Disc
(запиши
на диск) се отвора дијалог прозорец (слика 55) Disc Burning
Setup (поставување на дискот во фаза на режење).
71


Во текстуалното поле: Disc name се внесуваат податоци за
дискот кој се снима (име на дискот, датум на режење).
Во надолното мени: Select a disc to write to, се избира дискот
за снимање. Во конкретниот случај се работи за DVD – ROM
Disc, од 4,4 GB (гига бајти). (Може да се избере и Image File –
креирање слики, наместо снимање на диск).

Слика 55


Со кликнување на копчето Properties се отвора нов дијалог
прозорец: Properties of CD/DVD Drive, кој нуди повеќе опции за
снимање (слика 56).
Во надолното мени: Burning speed (брзина на режење) се
избира една од следните опции:
-

Max speed (максимална брзина на снимање).
4,0 X (DVD).
3,0 X (DVD).

Со кликнување на копчето Burn (режи, снимај) (слика 55)
започнува процесот на снимање на CD/DVD дискот.

72

Слика 56

Се отвора прозорец: Brasero-Burning DVD (слика 57) на кој се
гледа како се одвива процесот на снимање CD/DVD.

Слика 57

Кога процесот на снимање е завршен се појавува прозорец
(слика 58) каде се наоѓаат неколку значајни информации и
прашања:

73

Слика 58

-

Покажува дека 100% од податоците се успешно
изрежани (снимени) на CD.
Процесот снимање е успешен.
Снимените објекти зафаќаат мемориски простор од 2,8
MB (мега бајти).
Дали сака корисникот на направи и друга иста копија
(Make Another Copy)?

При процесот на снимање на диск, треба да се внимава
компјутерот да не биде многу оптеретен со други апликации кои се
активни во тој мо-мент. Ова може да доведе до прекин на процесот на
режење и униш-тување на дискот (CD или DVD).
За вадење на снимениот диск од компјутер се користи следната
постапка:
-

Се прави десен клик на виртуелната икона за CD/DVD
која се наоѓа на Desktop.
Се отвора мени од кое се избира наредбата Eject.
Излегува CD/DVD од компјутерот и во исто време се
брише виртуелната икона од Desktop (работната
површина).

ПРЕБАРУВАЊЕ
Во текот на своето работење, корисникот постојано креира нови
об-јекти (датотеки, директориуми, и др.). Иако имињата на објектите што
ги дава корисникот имаат за цел да ја појаснат содржината на секој
објект, сепак понекогаш нивното пронаоѓање може да биде
компликувано.
74

Наутилус нуди можност за барање одредени објекти преку
наредбата Search (барај) која се наоѓа на лентата со алатки.
Ubuntu Linux нуди исто така и понапредни алатки за пребарување
кои се објаснети во следните чекори:




Се отвора мени Places и се избира наредбата Search for
Files..
Се појавува дијалог прозорец: Search for files (слика 59).
Во текст полето Name contains (содржи име) се внесува збор
кој го содржи датотеката што се бара. Во конкретниот случај се
внесува зборот Vezba 1.
Во полето Look in folder се селектира локацијата каде
корисникот пребарува.
Со кликнување на копчето Find (најди) започнува процесот
пребарување. Резултат од пребарувањето се прикажува листа
во полето на слика 59. На насловната лента се испишува колку
датотеки се најдени. Во конкретниот случај најдени се две
датотеки (2 Files Found). Во листата на најдени датотеки се
дадени повеќе податоци: Name, Folder, Size, Type, Data
Modified.

Слика 59

Со кликнување на полето: Select more option можат да се
постават повеќе опции за пребарување. Овие опции се
додаваат со кликнување на надолното мени Available options

75

(опции кои се на располагање). Може да се реализираат
следните пребарувања:

Data modified less than (датум на промена).
Size at least (големина на датотеката).
Owner by user (by group) (сопственик на датотеката).

Сите овие дополнителни опции за пребарување се додаваат на
интерактивниот прозорец со: нивно селектирање и кликнување
на копчето Add. Со кликнување на копчето Remove се брише
соодветно дополнително пребарување.
Финалниот изглед на интерактивниот прозорец Search for Files
е прикажан на слика 60.

Слика 60

Кога кориснико не знае ниту име ниту збор од одреден објект што
го пребарува, Ubuntu овозможува во процесот на пребарување да се
кори-стат таканаречени џокери. Се користат специјални знаци на
следниот на-чин:

Специјален знак ѕвезда (*): заменува било колку букви од
името.
Специјален знаквпрашалник (?): Заменува само една буква од
името.

76

Пример:

Ако во полето Name contains се внесе *.jpg, се пребаруваат
сите датотеки од било кое име со наставка .jpg (формат за
слики).
Ако корисникот сака да ги најде сите MP3 пени, тогаш треба да
напише *.mp3.

За различен тип датотеки постојат различн наставки. Позначајни и
почесто користени настаавки се:





Текстуални датотеки: txt, doc, pdf, odt.
Датотеки од OpenOffice пакетот (текст процессор, табели,
презентации, цртежи, бази на податоци): ods, odp, odg, odb.
Слики: jpg, bmp, png, gif.
Аудио датотеки: ogg, mp3, wma, wav.
Видео датотеки: mpg, dv, mov, avi, wmv, rm.
Веб страници: htm, html.

РАБОТА ВО МРЕЖНО ОПКРУЖУВАЊЕ ВО UBUNTU
Голем број од компјутерите кои се користат се приклучени на Интернет или Интранет (локална мрежа составена од неколку компјутери)
мрежно опкружување. Ubuntu и другите Linux дистрибуции се оперативни
системи кои се креирани да соработуваат со други компјутери во компјутерска мрежа.
Ubuntu им овозможува на корисниците кои се во мрежно опкружување, при работа во мрежа, да можат да ги делат ресурсите
(печатари, скенери, плотери, директориуми и др.) со другите корисници.
Тоа значи дека секој корисник во компјутерската мрежа може да
пристапи до од-реден директориум на друг компјутер во мрежата, но ако
за тоа има доз-волен пристап. Дозвола за пристап до соодветен
директориум ја дава ко-рисникот на компјутерот.
Процесот на давање (дозволување) пристап до одредени директориуми на други корисници во компјутерска мрежа се вика
споделување (sharing). Овој процес бара дополнителни инсталирања
на одредени инс-трукции. Тоа претставува систем-администраторска
активност и нема да биде третирана во оваа книга.
Наутилус има можност да работи како мрежен пребарувач. За да
може да пристапува до одредени мрежни ресусрси, потребно е да се
обезбедат следните услови и да се реализираат одредени активности:

77






Секој компјутер треба да биде соодветно приклучен на
компјутерска мрежа.
Од мени Places се избира наредбата Network по што се отвора
Наутилус прозорец (слика 61). Се гледа дека е пронајдена една
мрежа, која претставува Windows компјутерска мрежа. Ова
покажува дека Ubuntu може да се закачи на Windows
компјутерската мрежа.
Влегувањето во мрежа се прави на ист начин како што се
отвораат директориуми.
Со избор на мрежата се прикажуваат групите во мрежата.
Со влегување во групите се прикажуваат компјутерите кои се
наоѓаат во секоја група.
Со двоклик врз компјутерот се прикажуваат неговите мрежни
ресурси.
Ненајавените мрежни корисници можат само да ги читаат
датотеките и директориумите, но не можат да ги менуваат.

Слика 61



Доколку некој директориум е слободен за пристап, тогаш било
кој корисник ќе може да го отвори.
Кога некој директориум ќе се отвори, тогаш од него можат да се
отвораат и копираат неговите датотеки.
Некои мрежни ресурси бараат најавување (идентификација) на
корисникот, т.е. корисникот да има своја лозинка (password) на
тој компјутер.

Пример: Доколку се кликне на Директориумот Data (Податоци) од
прозорецот на слика 61, ќе се отвори дијалог прозорец (слика 62), каде
78

од корисникот се бара да внесе лозинка (password) за лична
идентификација.

Слика 62

По внесување на лозинката и со притискање на копчето
Authen-ticate (идентификувај се) се отвора содржината на
директориу-мот Data (Податоци) со сите негови датотеки и
фолдери (слика 63). Во исто време се креира Икона на Desktop
со натпис DATA.

Слика 63

Пример: За отворање на фолдерот Fonts постапката е следна:
-

Со двоклик се отвора фолдерот HDDRecovery.
Со двоклик се отвора фолдерот ODDFiles.
79

Со двоклик се отвора фолдерот Boot.
Се отвора прозорец каде се наоѓа фолдерот Fonts
(фонтови) (слика 64).

И по исклучување на директориумот Data, неговата икона
останува на Desktop и овозможува брзо и едноставно отворање
на директориумот Data.

Слика 64

СВОЈСТВА НА ДАТОТЕКИ И ДИРЕКТОРИУМИ
ВО UBUNTU
Во Ubuntu, датотеките и директориумите имаат свои својства кои
се однесуваат на оперативниот систем. Овие својства можат да се
прикажат во следната постапка;




Во менито Places се избира Home Folder.
Во отворениот прозорец sasho-File Browser се селектира
(кликнува) на датотеката UBUNTU LINUX-Voved.odt, но не се
отвора.
Се отвора менито File и се избира наредбата Properties
(својства).
Се отвора прозорец UBUNTU LINUX-Voved.odt Properties во
кој се прикажани својствата на селектираната датотека (слика
65).
На интерактивниот прозорец се забележуваат повеќе картички.
Во првата картичка Basic се прикажани основни информации
за текстуалната датотека.
80

Во Втората картичка се лоцирани амблемите кои можат да се
додадат на било која датотека (ова е објаснето во претходните
поглавија).

Слика 65

Третата картичка Permissions (дозволи-пермисии) (слика 66) е
од битно значење за секоја датотека или директориум. Во неа
се гледа дека во однос на една датотека, постојат три вида
корисници:

Слика 66

81


За секој вид корисници можат да се постават одредени
пермисии (дозволи), кои се наоѓаат во надолното мени на
полето Access.
За сопственикот (Owner) постојат два вида дозволи:
-

Read and Write (читај и пишувај): Сопственикот ги има
сите привилегии врз датотеката. Може да гледа (чита) и
да пишува (да ја менува нејзината содржина).
Read – only (само читање): Сопственикот може да ја
отвори датотеката, но не може да прави измени или да
брише од содржината на датотеката.

За корисниците Group и Others (сите други корисници) постојат
три дозволи:
-

Owner (Сопственик): Лице кое е сопственик на
датотеките.
Group (група): други корисници кои се во иста група со
сопственикот.
Others (Други): Сите останати корисници.

None (ништо): Корисникот нема никакво право врз
објектот - не може да го отвори.
Read and Write: Ги имаат сите привилегии.
Read – only: Само можат да ја отворат датотеката.

Четвртата картичка Open With служи за избор на програма
каде треба да се прикаже (отвори) одредена датотека. Во
конкретниот случај (текстуална датотека) датотеката може да
се отвори со Програмата: OpenOffice.org Word Processor
(слика 67).

Слика 67
82

Корисникот може да додава и други програми за отворање на
датотеката кои не се наоѓаат на листата со кликнување на
копчето Add (додај) (слика 68). Пример: Други слични
програми:

Слика 68


OpenOffice.org Drawing.
OpenOffice.org Formula.
OpenOffice.org Presentation.
OpenOffice.org Spreadsheet.

Во последната картичка Notes (забелешки) корисникот може да
внесе текстуални забелешки кои се однесуваат на датотеката.
Ако се работи за датотека слика (.jpg датотека), тогаш во
картичката Open With се наведени соодветни програми каде
може да се отвори датотеката:
-

Firefox Web Browser.
F – Spot.
GIMP Image Editor.
Image Viewer.
83

Ако се работи за директориум (фолдер), својствата се слични како
и за датотеката, со разлика во картичката Permissions (дозволи) (слика
69). Овде наместо полето Access има две полиња: Folder access и File
access:

Слика 69


Полето File access одговара на полето Access (за датотека).
Во полето Folder access има четири вида на дозволи:
-

None (ништо): Нема никакво овластување.
List files only (само за листање на датотеки).
Access files (пристап до датотеките): Дозвола за
отворање (пристапување) до датотеките.
Create and delete files: Има дозвола со сите права врз
датотеките во фолдерот.

На слика 69 се прикажани дозволите за пристап кон фолдерот
Muzika dzez кој содржи повеќе музички датотеки (песни).

Генерални својства за одредена датотека можат да се добијат
на следниот начин:
84





Се отвора мени Places и се избира директориумот Слики.
Од фолдерите се избира одредена слика и со двоклик таа се
отвора.
Се отвора прозорец (Пример: zakintos 2008.jpg) со име и
формат на сликата.
Се отвора мени File и се избира Properties.
Се отвора прозорец Image Properties (слика 70) со три
картички: General, Metadata, Details, каде можат да се најдат
многу податоци во врска со датотеката (слика).

Слика 70

Слично: Генерални податоци се прикажани и за сликата: 3d
dup na gorce petrov.jpg (слика 71).

85

Слика 71

УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНАТА ОКОЛИНА
Кога се прави регистрирање на нов корисник во компјутерскиот
сис-тем, од страна на администраторот на системот на корисникот му се
доде-луваат повеќе особености: домашен директориум, привилегии да
може да користе одредени ресурси. Исто така, на новиот корисник му се
дава пра-во да си ја уредува својата работна околина и тоа:

Да го креира изгледот и содржината на работната површина.
Да се креира изгледот на менијата, иконите, панелите и друго.

Во Ubuntu, корисникот може да ја менува и прилагодува целата
ра-ботна околина според своите желби и потреби.
Поимот Тема во Ubuntu опфаќа:


Изглед на контролите (копчиња, полиња, картички и др.).
Избор на бои.
Изглед на прозорците, иконите и стрелката на глувчето.

86

Во Темата не се опфатени: Позадината на работната површина и
фонтовите, но за нивно поставување постојат други алатки.
Темите во Ubuntu се поставуваат и уредуваат со следнава
постапка:

Се отвора мени System, се активира подмени Preferences и се
избира наредбата Appearance (изглед).
Се отвора дијалог прозорец Appearance Preferences (слика 72)
кај кој се наоѓаат пет картички: Theme, Background, Fonts,
Interface, Visual Effects.

Слика 72

Во Ubuntu се дадени девет (9) теми од кои предефинирана
(преферирана) е темата Human. На слика 72 се забележуваат
и останатите теми: Clearlooks, DarkRoom, Dust, Dust Sand,
Human-Clearlooks, New Wave, Висок контраст инверзно и Јак
контраст големи букви инверзно.
Промена на одредена тема се реализира со кликнување врз
нејзиното име, со што промената веднаш се реализира.

Карактеристиките на секоја теманможат да се менуваат. Тоа се
реализира на следниот начин:

87

Се кликнува на копчето Customize (сопствено) од слика 72, со
што се отвора дијалог прозорец Customize Theme (слика 73).

Слика 73

Во овој дијалог прозорец се наоѓаат повеќе картички:

Во првата картичка Controls се поставува изгледот на
контролите кои се среќаваат во апликациите.
Во втората картичка Colors (слика 74) се врши избор на бои за
прозорците (windows), на полињата за внесување (input
boxes), на избраните објекти (selected items) и на
балончињата за совет (Tooltips).

88

Слика 74

Ако се кликне на некоја од боите (за позадина-Background или
за текст-Text од слика 74) ќе се појави интерактивен прозорец
Pick a Color (слика 75) на кој може да се избере произволна
нијанса на боја за соодветна содржина (позадина или текст).

Слика 75

89


Картичката Window Border (граница на прозорец) овозможува
промена на рамката на прозорецот каде спаѓаат и копчињата
за минимизирање и затворање на прозорецот.
Картичката Icons (Икони) овозможува да се креира (постави)
изгледот на иконите за датотеки, фолдери, менија итн. (слика
76).

Слика 76

Картичката Pointer (стрелка) овозможува да се постави
изгледот и големината на стрелката на глувчето (слика 77). Во
лентата со движење Size (големина) може да се избере
големината на стрелката (мала-small и голема-large).

90

Слика 77

Откако ќе бидат направени измените (мора да постои барем
една измена), корисникот може да ја зачува темата со
кликнување на копчето Save As (е покажано на слика 72). Се
појавува интерактивен прозорец Save Theme As.. (слика 78)
каде корисникот треба да внесе име на темата, и опис на
темата (Description) и дали сака да ја зачува позадината на
темата (Save back-ground image).

Слика 78

91

На сајтот на GNOME (art.gnome.org) се наоѓа голем број на бесплатни теми кои се креирани за GNOME од корисници од целиот свет и
кои можат да се преземат.

КРЕИРАЊЕ ПОЗАДИНА (BACKGROUND) НА
РАБОТНА ПОВРШИНА
Препорачливо е корисникот повремено да ја менува сликата која е
поставена како позадина на работната површина. Промената се
реализи-ра со следната постапка:


Се отвора мени System, се отвора подмени Preferences и се
избира Appearance.
Од прозорецот кој се појавува се избира картичката
Background.
Се појавува дијалог прозорец Appearance Preferences (слика
79).

Слика 79

За работната површина корисникот може да користи бои или
слики кои можат да бидат снимени во различен формат: .jpg,
.png, .bmp.
92

-

Произволна слика може да се стави како позадина на
работна површина на следниот начин: Во менито Places
се избира фолдерот Слики. Се избира слика и се
отвора. Се отвора мени Image и се избира Set as
Desktop Background и сликата се поставува на
работната површина. Понатаму сликата останува во
палетата слики (слика 79) за избор на Desktop позадина.

На прозорецот на слика 79 корисникот има и други опции:
-

Style (стил на поставување слика):

1. Centered (центрирано): Сликата се поставува на центар
од екранот. Ако сликата не е доволно голема се појавува
рамка околу сликата. Ако сликата е поголема, дел од
сликата нема да се гледа.
2. Fill screen (пополнување на екранот): Ја поставува
сликата на целиот екран независно од големината на
сликата.
3. Scaled (во размер): Ја зголемува сликата на целиот
екран, но се грижи за соодносот на страните, со што на
некои од страните можат да се појават рамки.
4. Zoom (зумирано): Го пополнува екранот и се грижи за
соодносот на страните со што некој од рабовите може да
излезе надвор од видливиот дел.
5. Tiled (ситно): ја прикажува сликата повеќе пати (се
повторува) низ целиот екран. Овој стил најчесто се
користи кај многу мали сликички кои се повторуваат за
да се добие шара на екранот (текстура).
Во надолното мени Colors (бои) (слика 79) корисникот може да избере полна боја (solid color), хоризонтална (horizontal gradient) или вертикална градација (vertical gradient). Градациите претставуваат мешање на
две бои (претопување). Боите се бираат со клик врз обоените правоаголници кои се наоѓаат десно од полето Colors.
Корисникот може да додава свои слики како позадина на
работната површина и на следниот начин:



На прозорецот (слика 79) се кликнува на копчето Add (додај).
Се отвора фолдерот Слики од кој може да се избере
произволна слика.
Се кликнува на копчето Open и сликата се појавува на
работната површина.
За да се избрише некоја слика од палетата слики се користи
постапката:
93

-

Се селектира сликата од палетата.
Се кликнува на копчето Remove (отстрани).

ПОСТАВУВАЊЕ ФОНТОВИ
Поставувањето параметри за фонтови (букви) кои се користат во
Ubuntu се реализира на следниот начин:



Се отвора менито System и се избира подмени Preferences.
Од ова подмени се избира наредбата Appearance.
Се отвора дијалог прозорец Appearance Preferences.
Се кликнува на картичката Fonts и се отвора нов прозорец за
креирање фонтови (слика 80).

Слика 80

На интерактивниот прозорец се наоѓаат полиња за
поставување различни фонтови:
-

Application font (апликациски фонт).
Document font (фонт за документи).
94

-

Desktop font (фонт кој се користи за desktop-работна
површина).
Window title font (фонт за наслов на прозорец).
Fixed width font (фонт со фиксна ширина). Со овој фонт
сите букви добиваат еднаква ширина. Се користи за
пишување наредби и инструкции кај програмските јазици.

За да се промени изгледот на некој од фонтовите, се кликнува
на соодветно копче (на одредена класа на фонтови) со што се
отвора интерактивен прозорец Pick a Font (слика 81). Во него
се наоѓаат три (3) полиња во кој корисникот може да избира:

Слика 81

-

Family (фамилија на фонтови). Од фонтовите кои се на
располагање (кои се инсталирани) може да се избере
било кој се селектирање и кликнување. Во исто време во
полето Preview (изглед) се дава приказ на изгледот на
избраниот фонт.
Style (стил на фонтови).
Size (големина на фонт).

Во прозорецот на слика 80 се наоѓа дел за селектирање на
исцртување на фонтови (Rendering). Може да се избере било
која опција, но најчесто се избира според видот на мониторот.
Дадени се следните опции:

95

Monochrome (монохроматски).
Best shapes (најдобра графика).
Best contrast (најдобар цонтраст).
Subpixel smoothing (LCDs): Фонт прилагоден за LCD
монитори.

Со кликнување на копчето Details (од слика 80) се отвора нов
дијалог прозорец Font Rendering Details (слика 82) каде се
дадени повеќе детали за исцртување фонтови и тоа:

Слика 82

-

-

Resolution, dotd per inch (резолуција, точки по инч): Со
менување на резолуцијата, веднаш се забележува
промена на буквите на текстовите на сите нивои (на
прозорци, на икони, на десктоп..).
Smoothing (израмнување, измазнување).
Hinting (предвестување).
ДОДАВАЊЕ ИКОНИ

На работната површина во Ubuntu можат да се креираат икони кои
овозможуваат брз пристап до одредени програми, датотеки, директориуми, документи кои корисникот често ги користи. Некои икони Ubuntu автоматски ги креира на работната површина, како што се: оптички
дискови, флеш мемории и др. Но, исто така и корисникот по своја желба
96

може да поставува икони од различни (произволни) објекти (датотеки,
директо-риуми, програми, апликации и др.) на работната површина.
Препорачливо е на работната површина да се поставуваат
претежно покажувачки (стартувачки) датотеки кои се мали по меморија и
кои ја покажуваат целта. Не е добро да се поставуваат многу други икони
на Desktop. Сите икони кои се наоѓаат на работната површина се
сместени во директориумот Површина кој се наоѓа во Home Folder.
Патеката на овој директориум е: /home/sasho/Површина.
Покажувачка датотека се креира на следниот начин:


Десен клик на глувчето на празно место на desktop.
Од Менито кое се појавува се избира наредбата Create
Launcher (креирај стартувач).
Се отвора дијалог прозорец Create Launcher (слика 83).

Слика 83

Во полето Type (Тип) се избира типот на покажувачот кој може
да биде:
-

Applications (Апликација).
Application in Terminal (Апликација која се извршува во
терминал).
Location (Локација):

Во полето Name (име) се внесува името на покажувачот.
Пример: Се избира фолдер Muzika dzez, составен до песни
како датотеки.

97

Икона на покажувач може да се избере со кликнување на

копчето
(од слика 83), по што се отвора нов прозорец
Browse icons (слика 84) каде е дадена богата палета од икони.

Слика 84

Се избира Икона и со кликнување на копчето на копчето Ok (во
ред), иконата се појавува на прозорецот од слика 83.
Со кликнување на копчето Ok, иконата на покажувачот се
појавува на работната површина (desktop) со испишано име
(слика 85).

Слика 85
Пример 1: Да се креира покажувачка икона со која ќе може да се
отвори песната Cascada-Ready For Love.mp3
која се наоѓа во

98

фолдерот Muzika Cascada, во директориумот Музика, во домашниот
директориум Home Folder.
Реализацијата ги опфаќа следните чекори.
I. Прв дел:






Потребно е да се дадат овластувања (дозвола, пермисија) за
слушање на оваа песна. Бидејќи Покажувачката Икона ќе биде
лоцирана на desktop, овластувања треба да се дадат на сите
ко-рисници.
Треба да се дојде на локацијата на конкретната песна: Places +
Muzika + Muzika Cascada.
Се селектира песната: Cascada – Ready For Love.mp3.
Се отвора мени File и се избира Properties.
Се отвора прозорец и се кликнува на картичката Permissions
(дозволи).
Се отвора прозорец во кој се дава дозвола Read and write во
сите позиции (Owner, Group, Others).
Се штиклира Allow executing file as program за да се
овозможи извршување (Execute) на песната (слика 86).

Слика 86
II. Втор дел:

99


Десен клик на празно место на Desktop и се избира Create
Launcher.
Се отвора прозорец кој се пополнува на следниот начин
(слика 87):

Слика 87

-


Type: Location.
Name: Cascada – Ready For love.mp3
Location: Се кликнува копчето Browse.. + Музика
(директориум) + Muzika Cascada (poddirektorium) +
Open + Cascada – Ready For Love.mp3 (datoteka) +
Open.

Се кликнува на копчето за избор на икона и од палетата се
избира сакана икона и се притиска копчето Ok.
Се појавува покажувачка Икона испод која е напишано името
на

избраната песна

.

Ако се направи двоклик на покажувачката икона од Desktop,
песната веднаш ќе се реализира (слика 88).

100

Слика 88

Пример 2: Да се креира покажувачка Икона со која може веднаш
да се отвори сликата 3d gis na sv. nikole.jpg (слика 89), која се наоѓа
во поддиректориумот Sliki GIS, во директориумот Слики, во домашниот
ди-ректориум, т.е во следната патека:
/home/sasho/Слики/Sliki GIS/3d gis na sv.nikole.jpg
Реализацијата ги содржи истите чекори како во Пример 1.

АВТОМАТСКО ПОДРЕДУВАЊЕ НА ИКОНИ
Ако на работната површина (десктоп) корисникот има креирано повеќе икони, за полесно да се најде одредена икона, потребно е тие да
би-дат подредени во некој редослед.
Автоматско подредување на икони на Desktop во Ubuntu се прави
на следниот начин:


Се прави десен клик на глувчето на празен процтор на Desktop.
Се отвора мени во кое се селектира наредбата: Clean Up by
Name (исчисти по име).
Автоматски иконите се подредуваат по име на работната
површина.
SCREENSAVER (ЧУВАР НА ЕКРАНОТ)
101

Корисникот треба да преземе одредени активности за да го
заштити екранот на компјутерот. Некои од тие активности вклучуваат:

Да се затемни екранот кога компјутерот не се користи.
Да се пушти одредена анимација што рамномерно го
оптеретува екранот.

Ubuntu постојано ги следи активностите на корисникот. Ако во
одре-ден временски период тој не е активен (не се помести глувчето или
се се притисне ниту едно копче), тогаш автоматски се вклучува избрана
анима-ција, која е позната како чувар на екранот (screensaver).
Во Ubuntu системски е поставен чувар на екранот кој се активира
по 5 минути од последната активност на корисникот. После 5 минути се
акти-вира чувар на екранот, додека следниот пат се активира друг чувар
на ек-ранот.
Анимациите се мали програми кои се избираат на следниот начин:






Се отвора мени System, се избира подмени Preferences и се
кликнува на наредбата Screensaver.
Се отвора дијалог прозорец Screensaver Preferences (слика
89).
Од менито Screensaver theme се избира чуварот на екранот
(во конкретниот случај е избрана анимацијата Cosmos).
За да се види како ќе изгледа анимацијата на екранот се
кликнува на копчето Preview.
На лизгачката лента се поставува временскиот период на
неактивност (во минути) (Regard the computer as idle after).
Се активира: Activate screensaver when computer is idle, за
да се активира чуварот на екранот.
Доколку корисникот сака да се заклучи екранот после одреден
временски период на неактивност (пример, 10 минути), тогаш
се штиклира наредбата: Lock screen when screensaver is
active. Подоцна за да продолжи со работа, корисникот мора да
ја внесе својата лозинка .

102

Слика 89

Ако се кликне на копчето Power Management (менаџирање на
енергија) (или со наредбите: System + Preferences + Power
Management) се отвора интерактивен прозорец кој нуди
различни опции за менаџирање на енергијата на
компјутерскиот систем (потребно е да биде активирана
картичката: On AC Power). Некои од понудените опции се
следните:

Actions:
-

Display:
-


Put computer to sleep when inactive for: Постојат повеќе
опции: Never, 2 hours, 1 hour, 30 minutes, 10 minutes.
When laptop lidis closed: Постојат опции: Suspend, Blank
screen, Hibernate, Shutdown.

Put computer to sleep when inactive for: Постојат повеќе
опции: Never, 1 hour, 30 minutes, 10 minutes, 5 minutes, 1
minute.

Во полето: Set display brightness to, со лизгачка лента се
поставува процент на осветленост на екранот на компјутерот.
Со активирање на картичката On Battery Power се отвора
дијалог прозорец со слични опции за батеријата на компјутерот.

103

Ова е важно за корисниците на лаптоп компјутери со цел да се
обез-беди подолга трајност на батеријата.
Сличен дијалог прозорец се појавува кога се кликнува на
картичката General.

РЕЗОЛУЦИЈА НА ЕКРАНОТ
Сликата на екранот на компјутерот се прикажува во точки кои се
наречени пиксели (pixels). Бројот на точки со кои се прикажува сликата
на екранот се вика резолуција. Тоа е број на точки во хоризонтална и
вертикална насока.
Квалитетот на сликата која се прикажува на екранот зависи од
резолуцијата која може да се прикаже. Тоа зависи од квалитетот на
мониторот и од можностите на оперативниот систем Ubuntu.
Резолуција во Ubuntu се поставува на следниот начин:


Се отвора мени System од кое се избира подмени Preferences.
Од подменито се избира наредбата Display.
Се појавува интерактивен прозорец (слика 90).

Слика 90

104

Во полето Resolution (резолуција), од палетата на различни
резолуции (надолно мени) се избира една одредена
резолуција. Кај LCD мониторите најдобро е да се избере
максимална резолуција за да се добие најквалитетна слика на
екранот (во конкретниот случај тоа е резолуцијата 1366 X 768
(16:9) при најголема фрек-венција од 60 Hz).
Со притискање на копчето Apply се применуваат направените
промени.

КОНФИГУРИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ
Оперативниот систем Ubuntu се прилагодува според желбите и
пот-ребите на корисниците. Покрај уредување на работната околина, во
Ubun-tu корисникот може да прилагоди и други параметри:





Датуми време.
Фонтови.
Инсталација на програми.
Поставување карактеристики на периферни уреди што се
приклучуваат на компјутерски систем.
Корисници на системот.
Звучни и други ефекти.

Во Ubuntu администраторот е прв корисник на системот и тој ги
има сите привилегии над системот. Понатаму администраторот може да
дода-ва и други корисници на кои им дава привилегии (овластувања). Корисникот може да биде обичен корисник или администратор. Доколку е
администратор и сака да преземе одредена акција која бара администраторски привилегии, тој ќе мора да ја внесе својата лозинка (password).
Во Ubuntu, алатките за конфигурирање на системот се лоцирани
во менито System кое се наоѓа во главното мени Main Menu. Во System
ме-нито постојат две подменија: Preferences (Преференци) и
Administration (Администрација) во кои се сместени поголем број
системски алатки.

СИСТЕМСКО ПОСТАВУВАЊЕ НА
ДАТУМ И ВРЕМЕ
Сите програми во Ubuntu го користат системското време и затоа е
значајно тоа да биде точно наместено. Во спротивно, времето на креирање на документи (датотеки, директориуми, апликации) ќе биде погрешно.
105

Пред да се активира програмата за активирање на системски
датум и време и временска зона, корисникот мора да има
администраторски при-вилегии. Доколку корисникот е администратор
треба да ја внесе својата лозинка. За таа цел треба да се реализира
следната постапка:

Се кликнува на иконата за датум и време (се наоѓа на горната
палета)
со што се отвора прозорец
(календар). Со кликнување на копчето Locations се отвора
уште еден прозорец (слика 91).

Слика 91

Со кликнување на копчето Edit (уреди) се отвора нов прозорец
Clock Preferences во кој се кликнува на копчето Time Settings.

Се отвора прозорец Time & Date (слика 92) во кој се внесува
точното време и датум. (Истиот прозорец може да се отвори со
десен клик на иконата Time & Date (на горната палета) и од
менито кое се отвора се избира наредбата Adjust Date &
Time).

106

Слика 92


Се кликнува на копчето Set System Time со што се појавува
прозорец Authenticate (Аутентификација) (слика 93) каде
корисникот треба да ја внесе својата лозинка (password).
По внесување на лозинката и кликнување на копчето
Authenticate, и кликнување на копчето Close во следниот
прозорец, новото системско време и датум се поставени на
иконата (датум и време) на горната палета.

Слика 93

УПРАВУВАЊЕ СО ГЛУВЧЕТО
107

Глувчето е уред кој игра главна улога за работа во Ubuntu. Со
него-ва помош се овозможува комуникација на корисникот со компјутерот
пре-ку голем број наредби кои се на располагање. Поради тоа Ubuntu
овозмо-жува секој корисник да изврши конфигурирање (поставување на
одредени параметри) на глувчето според своите желби и можности.
Постапката на конфигурирање на глувчето ги опфаќа следните чекори:

Се отвора мени System, од кое се отвора подмени
Preferences.
Се избира наредбата Mouse (Глувче), со што се отвора
интерактивен прозорец Mouse Preferences (слика 94).

Слика 94

Во картичката General се наоѓаат повеќе опции кои корисникот ги
има на располагање. Параметрите се поставуваат со двоклик на покажувачот на глувчето:

Во опцијата Mouse Orientation корисникот треба да избере
дали ќе работи со десна или со лева рака. Ако е леворак тогаш
копчињата на глувчето ќе имаат обратна функција.

108



Во делот Pointer Speed (брзина на покажувачот) се
поставуваат параметри за движење на покажувачот на
глувчето: Acceleration (забрзување) и Sensitivity (осетливост).
Со опцијата Drag and Drop (влечи и пушти) се поставуваат
вредности на прагот за влечење и пуштање (Threshold).
Во делот Double-Click Timeout (пауза кај двоклик) се
поставува времето кое е дозволено помеѓу две кликнувања за
да одредена операција се смета за двоклик. Стандардно време
е 400 милисекунди, но ова време корисникот може да го
промени.
За правење проба на поставените параметри, се прави двоклик
врз светилката (долу десно кај слика 94).

УПРАВУВАЊЕ СО ТАСТАТУРА
Тастатура (keyboard) е влезна единица која служи за внесување
тек-стуални и нумерички податоци во компјутерот. Ubuntu овозможува
управу-вање со тастатурата од повеќе аспекти.
Апликацијата која служи за управување со тастатурата ги опфаќа
следните активности:

Се отвора мени System од кое се избира подмени Preferences.
Од ова подмени се избира наредбата Keyboard.
Се отвора дијалог прозорец Keyboard Preferences (слика 95).

Слика 95

109


Во делот Repeat Keys (повтори копчиња) се поставуваат
параметри за повторување на копчето доколку тоа е задржано
подолго време.
Брзината на трепкање на фокусот на покажувачот кога се наоѓа
во текстуалното поле се поставува во делот Cursor Blinking
(трепкање на курсорот). Внесување на вредности (slow/fast –
бавно/брзо) за брзината на трепкање се реализира со
поставување на лентата со влечење, со претходно
штиклирање на позицијата: Cursor blinks in text fields.
Тестирање на внесените параметри се реализира со
внесување произволен текст во текстуалното поле: Type to test
settings.

Со активирање на втората картичка Layouts се отвора дијалог
про-зорец (слика 96) кој се користи за поставување на распоред на
копчињата на тастатурата.

Слика 96

Доколку е инсталирана македонска верзија на Ubuntu, тогаш на
рас-полагање се две тастатури: USA и us, mk (македонска тастатура).

110

Овие две тастатури можат да се менуваат со Alt + Shift кога корисникот
се нао-ѓа во било која апликација.
Доколку корисникот сака да има на располагање некоја друга
таста-тура, со друг распоред на копчиња, потребно е да се реализираат
след-ните чекори;

Се кликнува на копчето Add (додај) со што се отвора дијалог
прозорец Choose a Layout (избери приказ) (слика 97).

Слика 97


Во картичката By country (според држава) се избира државата
country (каква тастатура користи).
Во картичката By language (според јазикот) се избира јазикот
кој ќе се користи на тастатурата.

Корисниците често користат одредени скратеници од тастатурата
за да реализираат одредени наредби на поскратен начин. Ubuntu оперативниот систем им овозможува на корисниците сами да постават кратенки од тастатурата за повеќе системски наредби. Постапката се реализира на следниот начин:

Се отвора мени System, се отвора подмени Preferences од кое
се избира наредбата Keyboard Shortcuts.
Се отвора дијалог прозорец Keyboard Chortcuts (слика 98).
Од левата страна е прикажана инструкцијата Action (дејствие)
111

каде се прикажани наредби кои ќе се извршат. На десната
страна се прикажани кратенки (Shortcuts) за наведените
наредби.

Слика 98

За додавање одредена кратенка или да се промени
постоечката, треба да се избере дејствие, да се кликне на
кратенката и да се притисне копчето Add.

ФОНТОВИ
Ubuntu располага со голем број на квалитетни фонтови кои се поставуваат со самата негова инсталација. Сепак корисниците можат дополнително да инсталираат и други фонтови.
Со фонтовите управува оперативниот систем. Одредени
апликации кои користат фонтови се обраќаат до оперативниот систем.
Локацијата на фонтовите (folder fonts) е во домашниот
директориум Home Folder. Одредени карактеристики на фонтовите
можат да се прика-жат во делот што следува со користење на следната
постапка:

Се кликнува (двоклик) на фолдерот fonts (во Home Folder) и се
отвора дијалог прозорец fonts-File Browser (слика 99)

112

Дадена е листа (или икони) на сите фонтови кои се наоѓаат во
фолдерот Fonts со повеќе карактеристики за секој фонт: Name
(име), Size (големина-меморија), Type (тип), Date Modified
(датум на модификација).

Слика 99

Секој фонт има повеќе карактеристики. За да тие се видат
потребно е да се направи двоклик врз соодветен фонт.

Слика 100

113


Со кликнување на датотеката на фонтот Macedoniab_Tms.ttf
се отвора дијалог прозорец Macedonian Tms, Regular (слика
100).
За избраниот фонт се прикажани следните карактеристики:
Име, Стил, Тип, Големина, Верзија. Изгледот на буквите е
даден во форма на низа од букви и броеви, а потоа и преку
одредена реченица која во себе ги содржи сите букви од
англиската абецеда. Реченицата е следна: “The quick brown
fox jumps over the lazy dog” (“Брзата кафеава лисица го
прескокна мрзливото куче”). Оваа реченица е напишана во
повеќе големини за да се добие претстава за изгледот на
буквите кои ќе се употребат во одредена датотека (документ).

КОРИСТЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ
СО ЗВУЧНИ ЕФЕКТИ
Во зависност од вградената аудио опрема (звучна картичка) во
ком-пјутерот може да се изврши конфигурација на звучни ефекти. Со тоа
се овозможува активирање на различни звучни ефекти при
репродуцирање на произволни звучни снимки.
Постапката на конфигурирање и управување со звучни ефекти ги
опфаќа следните чекори:




Се отвора мени System и подмени Preferences.
Се активира наредбата Sound (звук) со што се отвора
интерактивен прозорец Sound Preferences (слика 101).
Се активира картичката Sound Effects (звучни ефекти).
Во полето: Output volume (излезна јачина на звук), на
лизгачката лента се поставува прагот на јачината на звукот (се
одредува максимално 100% јачина).
Во полето: Alert volume (јачина на звук за тревога, будност,
претпазливост), на лизгачка лента се поставува прагот на
јачина на звук при одредени системски акции (избор на
системски звук).
Во полето: Choose an alert sound (избор на системски звук) се
избира системски звук кој ќе се активира при одредени
системски акции. На располагање се следните звуци: Ѕвонче,
длабок тон, лаење на куче, и други. Со кликнување на
соодветно копче се активира избраниот звук.

114

Слика 101

КРЕИРАЊЕ (ПОСТАВУВАЊЕ) ПОДАТОЦИ ЗА
КОРИСНИКОТ
Корисникот има можност да внесува и поставува повеќе информации кои се однесуваат за него. Такви информации се: адреса, телефон,
е-пошта, лична фотографија, менување на лозинка, професија, работно
место, титулар и слично.
Постапката ги опфаќа следните чекори:





Се отвора мени System и подмени Preferences.
Се избира наредбата About Me.
Се отвора интерактивен прозорец (слика 102).
Во картичката Contact (контакт) можат да се внесуваат повеќе
податоци за корисникот.
Во картичката Address (адреса) се поставуваат адреси на
корисникот.
Во картичката Personal Info (лични информации) можат да се
внесат дополнителни информации за корисникот.

115

Слика 102

Ако корисникот сака да ја промени својата лозинка тоа го прави
со кликнување на иконата Change Password (промени лозинка)
(горе десно на прозорецот). Се отвора интерактивен прозорец
Change password (слика 103) каде корисникот може да ја
смени тековната лозинка со нова лозинка.

Слика 103

116

ДОДАВАЊЕ НОВИ КОРИСНИЦИ И ГРУПИ
Администраторот на системот може да додава нови корисници и
групи во својот компјутерски систем. Притоа, и одредени корисници
можат да бидат назначени како администратори. По дефиниција, во
Ubuntu адми-нистратор е прв корисник и тој може да именува нови
корисници или нови администратори.
Постапката на додавање нови корисници ги опфаќа следните чекори:

Се отвора мени System од кое се отвора подмени
Administration.
Се избира наредбата Users and Groups (корисници и групи).
Се појавува дијалог прозорец Users Settings (слика 104).

Слика 104


За да се стартува апликацијата потребно е да се кликне на
копчето Click to prevent change со што се отвора дијалог
прозорец (слика 105) каде корисникот (администратор) ќе мора
да внесе своја лозинка за да се идентификува.
По внесување на лозинката и притискање на копчето
Authenticate, прозорецот од слика 104 станува активен.
За да се додаде нов корисник, прво се кликнува на копчето Add
user (додај корисник).

117

Слика 105


Се отвора нов дијалог прозорец New user account кај кој на
врвот се забележуваат неколку картички (слика 106).
Во картичката Account се внесуваат основни податоци за
новиот корисник: корисничко име (Username) и име и презиме
на корисникот (Real name).

Слика 106

Во полето Profile (профил на корисникот) се избира профилот
на корисникот:
- Desktop user (обичен корисник).
118




Administrator (администратор).
Unprivileged (корисник без привилегии).

Во полето Password, во делот User password, новиот корисник
ја внесува својата лозинка.
Постои и можност за случајно генерирање лозинка (лозинка
што ја генерира оперативниот систем). Оваа лозинка е сложена
и во себе содржи мали букви, големи букви и бројки. Таа е
тешка за помнење, но е и тешка за пробивање. Оваа можност
се користи со штиклирање на полето: Generate random
password (случајно генерирање лозинка).
Со притискање на копчето Ok, новиот корисник е внесен во
листата корисници, која е прикажана на слика 104.
Во картичката Contact information се внесуваат дополнителни
информации за новиот корисник: Телефон, адреса на
деловниот простор, домашен телефон и сл.
Со кликнување на картичката User Privileges (кориснички
привилегии) се појавува дијалог прозорец Account ‘ivan’
Properties (слика 107) каде се гледа какви привилегии има
добиено новиот корисник (обичен корисник).

Слика 107

Со кликнување на картичката Advanced (напредно) се отвора
дијалог прозорец (слика 108) каде се поставува:

119

-

Home directory (домашен директориум
корисник).
Shell (школка/терминал кој ќе се користи).
Main group (група каде припаѓа корисникот).
User ID (идентификатор на корисникот).

на

новиот

Слика 108


Со кликнување Ok, се креира новиот корисник и тој може да
функционира со свое корисничко име и лозинка, со кои може да
се најави и да работи во компјутерскиот систем.
Со кликнување на копчето Properties (својства) (дијалог
прозорец од слика 104) се прикажуваат својствата на
селектираниот корисник. Администраторот на системот може
да ги менува својствата и дури да ја промени лозинката на
одреден корисник.
Одреден корисник може да се избрише со кликнување на
копчето Delete (избриши) од дијалог прозорец (слика 104).

Во Ubuntu е овозможено секој корисник да одреди дали некој негов
документ (датотека, слика, песна, видео клип и др.) можат да го гледаат
корисници кои не се во неговата група. Ова се реализира во следните
че-кори:

Се кликнува на копчето Manage Group (менаџирај групи) од
слика 104.
120

Се отвора дијалог прозорец Groups Settings (слика 109) во
која е прикажана листа на постоечки групи. Нова група се
додава на следниот начин:

Слика 109

-

Се кликнува на копчето Add Group (додај група) со што
се отвора дијалог прозорец New group (слика 110).

Слика 110
-

Се внесува името на групата (Group name) и нејзиниот
идентификациски број (Group ID).
Својствата на групата можат да се уредуваат на ист
начин како што е тоа направено и за нов корисник.
121

ИНСТАЛИРАЊЕ СОФТВЕР
Со инсталација на Ubuntu 9.10 доаѓаат голем број на софтверски
програми. Исто така, корисникот има потреба од додавање на нови програми.
За да може да инсталира одредени софтверски пакети, корисникот
мора да има овластување на администратор.
Најчесто софтверот кој се инсталира во Ubuntu се презема од Интернет. Постапката на инсталирање софтверски пакети ги опфаќа следните чекори:

Софтверските извори за инсталација на нов софтвер во Ubuntu
се поставени со самата негова инсталација.
Корисникот може да ги менува софтверските извори или да
додава свои. Тоа се прави на следниот начин:
-

Се отвора мени System и од него подмени
Administration.

Слика 111
-

Се избира наредбата Software Sources (софтверски
извори) со што се појавува дијалог прозорец (слика 111)
(претходно корисникот треба да ја внесе својата лозинка
во прозорец за идентификација кој се отвора).

122



Корисникот ги селектира работите кои се преземаат од
Интернет и Серверот од кој тие се преземаат.
Во втората картичка Other Software, корисникот може да
додава нови добавувачи на софтвер.
Со притискање на копчето Close (затвори) завршува постапката
на поставување на софтверски извори.

Инсталацијата на одредени софтверски апликации (кои му се потребни на корисникот) ги опфаќа следните чекори:

Се отвора мени Applications и се избира Ubuntu Software
Center.
Се отвора дијалог прозорец Ubuntu Software Center (слика
112) каде се прикажува слободниот софтвер (група софтвери –
Departments) кој може да се инсталира. Од слика 112 се гледа
дека на располагање има 2181 софтверски пакети.

Слика 112

Ако се кликне на некоја од групите софтвери во полето
Departments, ќе се отвори листа од сите софтверски пакети
кои се на располагање за инсталирање. Пример, се отвора
групата Education (образование) (со кликнување на соодветна
икона) и можат да се види кои софтверски пакети (вкупно 67) се
на располагање (слика 113).

123

Слика 113

Инсталација на софтвер се реализира на следниот начин:
-

Се селектира одбран софтверски пакет кој треба да се
инсталира.
Се отвора мени File и се избира наредбата Install.
За бришење апликација се бира наредбата Remove од
менито File.

Ако во дијалог прозорецот (слика 112) се кликне на копчето Installed Software (инсталиран софтвер), ќе се прикаже листа од софтверски
пакети кои се веќе инсталирани (слика 114). Во конкретниот случај има
инсталирано 82 софтверски пакети.

124

Слика 114

Во Ubuntu 9.10 постои понапредна апликација за инсталирање
софтверски пакети. Тоа е апликацијата Synaptic Package Manager (менаџер за пакети Синаптик). Таа се активира на следниот начин:


Се отвора мени System и подмени Administration.
Се избира наредбата: Synaptic Package Manager.
Се отвора дијалог прозорец (слика 115).

Слика 115

125

Оваа апликација овозможува пребарување на одреден
софтверски пакет и негово инсталирање со користење на копчињата
Mark All Up-grades (маркирање) и Apply (примени). Во копчето
Properties (се отвора прозорец) се даваат сите карактеристики на
инсталиран (или кој треба да се инсталира) софтвер.

ИНСТАЛАЦИЈА НА ПЕРИФЕРНА ОПРЕМА (НОВИ УРЕДИ) ВО
КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ
Кога се приклучува периферна опрема (печатар, скенер, плотер и
сл.) во било кој компјутерски систем, потребно е таа да биде
препознаена од оперативниот систем. Кога се приклучува нов
периферен уред, Ubuntu го пронаоѓа новиот хардверски елемент и ќе
инсталира соодветен драјвер (програма што ја овозможува работата на
уредот.
Инсталацијата на голем број стандардни периферни уреди се реализира на автоматизиран начин.
Пример: На компјутерски систем треба да се инсталира печатар
HP Photosmart C3100 series.
Постапката ги опфаќа следните чекори:



При приклучен компјутер, USB кабелот од печатарот се
приклучува на компјитерот.
По десетина секунди Ubuntu, во горниот десен агол на екранот,
прикажува порака дека печатарот е успешно инсталиран и
може да се користи: Printer added: Photosmart-C3100 is ready
for printing.
Новиот периферен уред (печатар) може да се користи.
Се отвора мени System и подмени Administration и се избира
Printing (печатење).
Се отвора дијалог прозорец (слика 116) во кој се гледа дека е
инсталиран наведениот печатар.

126

Слика 116


Со кликнување на иконата на печатарот се отвора нов дијалог
прозорец (слика 117) каде се наоѓаат повеќе картички.
Во картичката Settings се дадени карактеристиките на
печатарот, неговата лоцираност и сл.

Слика 117


Во картичката Printer Options се дадени повеќе карактеристики
(внесување параметриц за документ кој треба да се печати).
Во картичката Job Options треба да се внесат податоци за:
Кои страници од одреден документ треба да се печатат, број на
копи и други опции.
127

СЛУШАЊЕ АУДИО CD
Аудио CD претставува мемориски медиум во кој се снимени
звучни записи како оделни песни.
По ставање на аудио CD во CD уредот на компјутерот, на
работната површина (desktop) на екранот на компјутерот се појавува
икона Audio Disc (аудио диск) (слика 118).

Слика 118

Во исто време се појавува и дијалог прозорец Audio Disc (слика
119) во кој корисникот треба да избере апликација во која ќе се отвори
актуелното аудио CD. Постапката на слушање аудио CD ги опфаќа следните чекори:


Се избира апликација Rhythmbox (од надолно мени на слика
119) и се притиска копчето Ok.

Слика 119
Се појавува интерактивен прозорец (слика 120) каде треба да
се внесат податоци за музичкото CD.
Се внесува наслов на дискот, име на песна, изведувач, жанр и
други податоци.
128

Со кликнување на иконата
(Copy all tracks to the library) сите песни од аудио CD-то се снимаат во фолдерот Музика,
кој се наоѓа во домашниот директориум Home Folder.

Слика 120

Со кликнување на наредбата Music (слика 121) во надолно
мени Library, се отвора дијалог прозорец Music player (слика
122).

Слика 121

Во горниот дел се наоѓаат контроли за пуштање музика,
повторување на листа песни и слично.

129

Иконата Visualization (Визуелизација)
овозможува
визуелен приказ на соодветна песна на екранот на компјутерот.

Слика 122

Со враќање назад и со отворање на мени Places и избор на
директориумот Музика, се отвора дијалог прозорец Makedonija
zasekogas – File Browser (слика 123) каде се прикажани сите
песни кои се преземени од аудио CD-то и се прикажани како
датотеки (files).

130

Слика 123

Со двојно кликнување на произволна датотека (песна) се
отвора прозорец (слика 124) на кој се покажува визуелен
приказ на песната која е активирана.

Слика 124

Снимени песни во фолдерот Музика можат да се активираат
со програмата Rhythmbox на следниот начин:
-

Се отвора избран музички фолдер кој се наоѓа во
директориумот Музика (Пример: Фолдерот Makedonija
zasekogas).
Се селектираат сите песни кои корисникот сака да ги
слуша преку Rhythmbox (слика 125).
Се отвора мени File и се избира наредбата: Open with
Rhythmbox.

131

Слика 125
-

Се отвора дијалог прозорец (слика 126).
Во полето Artist се селектираат сите интерпретатори чии
песни сакаат да се слушаат. Селектираните пејачи и
нивните песни се појавуваат долу на листата.

Слика 126

132

-

Со активирање на копчето Play
се
реализираат сите селектирани песни со распоред на
изведување кој е дефиниран претходно.

133

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful