УНИВЕРЗИТЕТ „Св.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА

СЕМИНАРСКА РАБОТА
ТЕМА:
ГОРИВНИ ЌЕЛИИ И НИВНА ПРИМЕНА ВО
МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА

Изработил:
Стојковска Виолета
бр.индекс 6317

Професор:
академик Глигор Каневче

Битола, 2008
1

СОДРЖИНА:
АПСТРАКТ
1. ВОВЕД
2. ГЛОБАЛЕН ПРОЦЕС КОН ЧИСТА ЕНЕРГИЈА
3. ЕНЕРГИЈА И ЕКОЛОГИЈА
3.1. LIBER PERPETUUM-ГОРИВНИ ЌЕЛИИ
4. САЕМ НА АВТОМОБИЛИ ВО ТОКИО
5. ВОЗИЛА НА ГОРИВНИ ЌЕЛИИ
5.1. Сузуки на горивни ќелии
5.2. Хонда на горивни ќелии
5.3. Hy Wire од General Motors
5.4. Автобус на горивни ќелии
6. ГOРИВНИ ЌЕЛИИ СО ПОЛИМЕР ЕЛЕКТРОНСКА МЕМБРАНА (PEM)
6.1. Како работи системот на PEM горивните келии
7. ЗАКЛУЧОК
8. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1
3
4
4
5
6
6
7
7
9
9
10
11
12

2

Слични се на батериите. Во таа прилика сите овие системи се покажале многу добро. кои исто така произведуваат електрична струја со електрохемиски процес. 3 . Од откривањето на горивните ќелии до нејзината употреба поминале цели 120 години. па не можат да се испразнат. Со употреба на водородот како гориво во моторните возила. НАСА (NASA) прва ја демонстрирала употребата на овие системи како извор за струја во леталата и ракетите во текот на свемирските летови Џемини (Džemini) во 1960 година. кој процес е возможен со примена на еколошки чисти горива како што е водородот. Гроув (Grouv) го поставил принципот на работа така што направил систем од четири ќелии при што секоја од нив содржела водород и кислород. даден е опис на возила од марките Сузуки и Хонда. како и еден пример за употреба на горивните ќелии во автобусите. но горивните ќелии се снабдуваат со водород и кислород. и произведената електрична енергија ја користел за разложување на водата на елементи во дополнителната ќелија.АПСТРАКТ Горивните ќелии се уреди кои по електрохемиски пат произведуваат електрична енергија од горивото – водородот. прототип на возило Hy Wire од General Motors. но понатамошниот развој го стопирале големите паришни вложувања и техничките бариери. Така. На крајот е даден принципот на работа на системот на горивни ќелии со полимер електронска мембрната. Во понатамошниот дел од семинарската работа се обајнети неколку типови на моторни возила кои како погон користат горивни ќелии. Тоа е систем кој најчесто се користи во моторните возила. наместо штетните издувни гасови кои се добаваат од моторите со внатрешно согорување се добива чиста вода. Во оваа семинарска работа на почетокот е даден преглед на глобалниот процес за чиста околина. Познати се големите проблеми на Аполо 13 кои за малку ќе се завршеше катастрофално кога заради губење на кислородот од резервоарот неможело да се произведува електрична струја во горивната ќелија. Првата горивна ќелија ја конструирал Вилијам Гроув (Wilijam Grouv) уште во 40те години на IXX век.

карбонатни и цврсто оксидни. Како алтернативни на фосилните горива се наметнуваат сончевата енергија. Тоа се електрохемиски реактори во кои што хемиската енергија со голема ефикасност се претвора во електрична. силата на ветерот. Покрај наведените модели значајни се и регенеративните горивни ќелии. а електричната енергија потребна за оваа реакција се добива од соларни ќелии.1. Максималниот напон кој може да го даде една ќелија е околу 0.8 V. фосилно – киселински. Основните елементи на секоја горивна ќелија се позитивна и негативна електрода и електролит. што е доволно за светење на една сијалица.н. Испитувањата и развојот на горивните ќелии. ВОВЕД Голем е бројот на истражувачи кои ширум светот интензивно работат на развој на нови извори на енергија кои би ги замениле постоечките базирани на фосилни горива. ладилниците и регулаторите на температурата и т. Тие функционираат слично на батериите и користат залихи на водорот и кислород за реакцијата со која се произведува струја. како и другите алтернативни извори на енергија забрзан од појавата на првата голема нафтена криза во 70те години на минатиот век. Најновите испитувања се поврзани за искористување на соларната енергија одбиена од Месечината. Најблиску до масовната практична употреба се горивните ќелии или горивните галвански елементи. алкални. Овие издувни продукти влијаат на глобалното загревање и придонесуваат за појава на т. Врз основа на соединенијата кои се користат како извор на водорот се разликуваат неколку типови на горивни ќелии. Употребата на фосилните горива ги ограничува природните ресурси нафта и јаглен. 4 . Моторите со внатрешно согорување емитувајќи гасови. Современите испитувања се поврзани за пет основни видови на горивни галвански спреги: нискотемпературни или оние со полимерни мембрани. компресорот. биогоривата и др. пумпата за циркулација на електролит. Другиот ограничувачки фактор и еколошката природа. значајно ја загадуваат животната природа. Дополнителните надворешни елементи го сочинуваат резервоарот со гориво. пред се јаглерод диоксид. но не и за придвижување на возило. Во нив водорот и кислородот се добиваат со електролиза на вода.н ефект на стаклена градина.

компатабилна со постоечките системи и лесно сфатлива. Освен тоа. Транспортните имаат примена во автомобилите. Корисникот мора јасно да ги види нејзините предности во однос на постоечките технологии. Еколошки проблем е моженото климатско влијание на емисијата на водена пара до која би дошло при масовно користење на овие системи.Затоа низата спреги меѓусебно се поврзуваат во систем чиј напон е мултициплиран со бројот на споените единици.co.yu/magazin/index.htm . Друг проблем е и инфраструктурата. Од експериментални модели и лабораториски прототипи се развиле во комерцијални производи. Овие системи според намената се делат на портабл. струјата би требало да чини помеѓу 25 и 50 долари по киловат. транспортни и статични. Се проценува дека киловат струја произведена во свемирските бродови вреди 600. Во последно време горивните ќелии добиле широка примена во секојдневниот живот. Горивните галвански елементи имаат поголем степен на искористување во однос на моторите со внатрешно согорување. преносните персонални компјутери и сл. Во овој момент горивните ќелии не ги исполнуваат сите овие услови. тие се прифатливи и од гледиште на зачувување на животната средина. мора да биде веродостојна.ekonomist.000 долари. Портабл горивните ќелии се користат како извори на електрична енергија за напојување на мобилните телефони. Gorivne ćelije. продукт на работата на горивните елементи со кои се напојувало леталото. За работа на горивните ќелии потребен е водород. За да биде една технологија широко прифатена и применета во праксата мора да задоволува четири основни критериуми. а статичните служат за комплетно напојување на електро – енергетските системи на стамбените згради и деловните објекти. па во случај на негова примена за придвижување на автомобилите потребно е изградба на станици за снабдување со водород или преуредување 1 http://www. Тоа е чиста технологија која не ја загадува околината бидејќи во текот на работата се ослободува водена пареа наместо јаглерод диоксид. Biljana Šljukić 5 . Прва негативна карактеристика е високата цена на електричната енергија добиена со помош на горивните галвански спрегови.1 За да можат горивните ќелии да се користат за напојување во автомобилите. Поранешниот астронаут Кент Камерун (Kent Kamerun) изјавил дека тој и неговите колеги во текот на мисијата пиеле вода.

Во Генерал Моторс го решиле проблемот на инфраструктурата со употреба на бензинот за производство на водородот. но. Системот работи така што смесата на воздух и бензин со ниска содржина на сулфур преминува преку низа од катализатори кои го издвојуваат водородот. а со слични перформанси како кај моделите со мотори со внатрешно согорување. БМВ. Се очекува да се појави на пазарот до 2010 година. Еколозите се сомничави и истакнуваат дека ваквите системи и понатаму емитуваат јаглерод диоксид. Но. Секако дека водородот е многу полесно да се издвои од метанолот или природниот гас. кои во текот на ноќта би се полнеле во депоата. 6 . Возилото е потешко од стандардното. како што е Форд. Сите показатели укажуваат на тоа дека горивните ќелии се иднина која тропа и на нашата врата. Тој се насочува до делот каде се соединува со кислородот од воздухот за да се произведе електрична енергија. Степенот на искористување кај овој систем е 50% повеќе отколку кај класичните мототри. Хонда. На крововите од автобусите можат да се вградат резервоари со еднодневни залихи на водород. а не перформанси. Генерал моторс моментално има за цел ефикасност. Во Чикаго за прв пат се воведени автобуси во 1998 година кои работат на водородни горивни ќелии. Генерал моторс. бензинот е единствено гориво кое е лесно достапно за возачите на бројните бензиски пумпи. многу е бучно. Сите поголеми автомобилски ккомпании. Тоа е причина што горивните ќелии се користат повеќе за напојување на автобуси отколку за приватни автомобили. Мерцедес и други веќе направиле и промовирале свои прототипови на патнички автомобили кои го користат водородот како гориво. но има и добри карактеристики. во Генарал моторс тврдат дека нивото на издувните гасови е намалено за 50% во однос на моторите со внатрешно согорување.на постоечките бензински пумпи за таа намена. Нивниот модифициран Шевролет С-10 е прво возило со горивни ќелии со бензин кое навистина функционира. но се смета дека верзијата S – 10 ќе биде со напојување од горивни ќелии. емитува облак од водена пареа.

Бр. Ауди и Фолксваген ги прикажале своите експериментални возила на водород. Затоа нема штетни испарувања. Во прашање се возила кои користат горивни ќелии. Најголемите авто – компании.1: Возило кое како погон користи горивни ќелии. Хонда. неодамна се прикажани нејновите водородни технологии – од водородни ќелии на авто – гигантот Хонда до производите на малите компании. Џефри Серфас (Džefri Serfas) е претставник на националното здружение за промоција на водородот. го навеле еден дел од американските авио – индустрии да започнат да работат на производство на возила на т. како и политичката нестабилност во некои од државите произведувачи на нафта. како што се Генералс моторс. На штандот на калифорниската фирма „Водородни автомобилски системи“ прикажана е 7 . ГЛОБАЛЕН ПРОЦЕС КОН ЧИСТА ЕНЕРГИЈА Заштитата на човековата околина често е една од најважните теми во меѓународните медиуми. туку ќелијата како отпад исфрла само вода и топлинска енергија. во кои што со помош на водород и кислород се добива електрична енергија. неодамна во Калифорнија одржало собир под името „Глобален процес кон чиста енергија“. Со помош на водородот може да се добие гориво за возилата од друг облик на енергија – ветер. јаглен или атомска енергија. Националното здружение за промоција на водорот како гориво.2. која го задвижува електро-моторот на возилата. Сите тие енергенти не може да се стават во резервоарот. односно како извор на енергија користи водорот Се поголем е бројот на сопственици на автомобили кои се грижат како нивната зависност од автомобилот влијае на околината. Тојота. Во конгресниот центар Лонг Бич (Long Bič). во Калифорнија. Сл. но можат да се претворат во водород.н алтернативни горива. Влијанието на јаглеродните испарувања.

ЕНЕРГИЈА И ЕКОЛОГИЈА 3. на кои се доведува гориво. со натпис „служба во заштита на околината“2. Британија и Ј. од здружението за промоција на употребата на водородот верува дека возилата во иднина ќе бидат тивки. но не и електрони и реактанти.com 8 . но како реактаните просторно се разделуваат.макета на полициско возило на горивни ќелии – опишано како водородна патрола. LIBER PERPETUUM-ГОРИВНИ ЌЕЛИИ Горивните ќелии ја генерираат енергијата по пат на процесот на спротивна електролиза. Горивните ќелии имаат малку подвижни делови и произведуваат многу мала количина на отпадни гасови или топлина. во горивната ќелија со електрохемиски процес од горивата богати со водород. кога ќе се спореди со класичните мотори. Африка. катализатор и електролит кој овозможува проток на јони од анодата на катодата. Достигнува брзина од 80 км/ч. удобни и интересни. Од конструкционен аспект горивната ќелија се состои од неколку клучни компоненти: аноди. како и пет – киловатен акумулатор кој се дополнува во текот на возењето. катоди. 3. обично од природен гас или метанол. која работи на компримиран водород.com http://www. кој во комбинација со кислород произведува електрична енергија и вода. наместо да согорува. Според тоа. Џефри Серфас. со ефикасен електрохемиски процес се претворва во електрична енергија. Хемиската реакција која се одвива во горивната ќелија е еквивалентна на процесот на согорување. „Моторциклот има горивна ќелија од еден киловат. Британската фирма „Интелигентни дизајни“ прикажала моторцикл на батерии и горивни ќелии кој е 10 пати поекономичен. Таа фирма возилата со мотори на внатрешно согорување ги преработува да работат на водород. Имено.voanews. на кои се доведува оксидациона супстанција (кислород).voanews.1. а тоа е во споредба со класичните мотори како да се движи 300 км со само еден литар гориво“3. се издвојува водород. полупростливи мембрани. протокот на 2 3 http://www. Компанијата „Интелегентна енергија“ веќе произведува горивни ќелии во САД.

за добивање на поголеми напони ќелиите се врзуваат сериски. а топлината која се ослободува во текот на процесот може да се користи за различни процеси. природен гас. Како системи за согорување горивните ќелии можат да користат нафта. а на катодата се доведува кислород. Горивните ќелии исто така можат да користат водород добиен со електролиза на вода со користење на помошни извори на електрична енергија. јаглен или метанол. Сл. Бр. На горивото кое се доведува на анодата се наоѓа голема количина водород. со тоа што овие горива мора сопретходни процеси да се доведат во соодветна хемиска состојба со збогатен водород.2: Изглед на горивна ќелија Основната разлика помеѓу горивните ќелии и батериите е во тоа што ниту горивото ниту оксидациската супстанција не се интегрирани делови на горивната ќелија. додека отпадниот производ постојано се отстранува.електрони кои спонтано тежат да се движат од горивото кон оксидациската супстанција (кислородот) е сопрен и свртен кон надворешното коло. 9 . што на горивните ќелии им дава можности за комбинирање со генератори на струја и топлотна енергија во индустријата. туку нивното снабдување се одвива по потреба и барање на потрошувачите. па отпадниот производ е само чиста вода. Бидејќи една горивна ќелија произведува напон од околу 1 V. како што се фотонапонските соларни системи или енергијата на ветерот.

лесно се паркира во мал простор и има хибриден модел за погон кој се состои од горивни ќелии и безнински мотор. Изложувачите на автомобили на саемот настојуваат да докажат дека се придржуваат на еколошката револуција. прецедателот на компанијата Тојота Катсуаку Ватанабле (Katsuaku Vatanabe).4. со својот комерцијално јако успешен модел Пријус (Prijus). Моделот има независна контрола на сите 4 тркала. Рекордно високите цени на суровата нафта и се поголемата загриженост поради ефектот кој автомобилските испарувања го имаат на околината. како и возила кои користат алтернативни извори на енергија. Тојота се наоѓа на чело. кој има хибриден електро – бензински мотор. САЕМ НА АВТОМОБИЛИ ВО ТОКИО На саемот за автомобили кој кон крајот на 2005 година се случи во Токио најголемо внимание привлекоа автомобилите кои не се штетни за околината. Сл. го прикажал најновото возило на најголемиот јапонски производитл – познат како FAJN-EKS (Fine-X). 3: Неколку типови од марката на возила Тојота кои како погон користат горивни ќелии и кои беа изложени на саемот на возила во Токио 10 . Бр. и останатите производители на возила тргнуваат по патот на Тојота. така што прикажале енергетски економични автомобили. Во присуство на неколку стотини новинари и сниматели.

com 11 . BMW се придружило кон компаниите Damler-Krajsler и Dženeral Motors во настојување да произведат нова технологија за хибридни возила за следните генерации. 4 http://www. претцедател на компанијата БМВ (BMW). Но кога зборуваме за предности по околината. Тој нагласува дека иако хибридните возила можат да бидат поефикасни за градски сообраќај. Сепак. „Горивните ќелии како систем мораат да ја преминат сериозната технолошка препрека.Портпаролот на компанијата Субару (Subaru). горивните ќелии и возилата на струја не претставуваат опасност за бензинските мотори.voanews. бидејќи развојните трошоци се многу високи а нема гаранција дека пазарот ќе гу оправда. Хелмут Панке (Helmut Panke). со што би ја заштитиле околината “4 – вели Džun Imada. нагласува дека напорите за производство на еколошки пријателски возила не се засновани само на заработка. германските производители на луксузни автомобили не ги игнорираат алтернативните системи. Džun Imada. и понатаму е скептичен. ние авто – компанииете мораме да работиме на нови технологии како што се горивните ќелии.

Но. председател на Сузуки. Сеуште има многу потешкотии што треба да се отстранат и да се усоглсат со производствените трошоци.2. Сузуки на горивни ќелии Сузуки. Веруваме дека пазарот сам ќе дојде кога ќе го направиме возилото вели Лоренс Барнс подпреседател на Генерал Моторс.netauto. на неодамна одржаниот саем на автомобили во Токио.1.5. јапонски врвен производител на автомобили. каде треба да се задоволат и изгледот и цената кои треба да се прифатливи за купувачите. планира во соработка со Генералс моторс да го заврши производството на комерцијалното возило на горивни ќелии (fuel cells). кој ќе продаде милион возила на горивни ќелии. Сузуки чија е една петтина во сопственост на ГМ соопштило дека целта е да се совладаат сите технички предизвици пред тоа да се започне со вградување на горивни ќелии во мини возила. Хонда на горивни ќелии 5 http://www.co.yu 12 . Генерал Моторс кој инвестира 21 милијарда долари во развојот на горивни ќелии како погонска сила на возилата. а посебно тоа е предизвик кога се работи за мали автомобили какви што произведува Сузуки. За разлика од досегашните возила со класично гориво како погонска снага конструкторите на горивни ќелии мораат да се грижат за тоа да се постави голем резервоар со водород. 4: Возило на водорот од марката Сузуки „Точното време на комерцијализација и почетокот на сериско производство ќе биде познато за некои четири до пет години“5 – изјавил Хироши Тсуда. Бр. сака да биде прв производител на автомобили. ВОЗИЛА НА ГОРИВНИ ЌЕЛИИ 5. 5. Сл.

но. Јапонската компанија исто така. имаат проблем при ниски температури затоа што водородот како гориво се замрзнува.Јапонската Хонда лансирала нов модел на мал автомобил на горивни ќелии која може да работи и на температура и под 0 степени целзиусови. што беше проблем на досегашните слични модели. го поедноставила снопот на горивни ќелии така што е потребно половина помалку делови и ја намалила тежината од 73 на 48 кг па уредот полесно се произведува. Автомобилот на горивни ќелии практично не ја загадуваат околината затоа што работат на струја која се добива кога водородот притиснат во резервоарот ќе дојде во допир со кислородот во воздухот. Сите поголеми светски производители развиваат автомобили на возила што ги придвижуваат горивни ќелии. 5: Возило на водород од марката Хорда Хонда во новиот модел го решила тој проблем со користење на метални делови така што снопот на горивни ќелии работи и на – 20 степени целзиусови. Сл. Бр. 13 . оставајќи вода како нус производ. Новиот автомобил опремен со два снопа на горивни ќелии работи тивко и изедначено како да има бензински мотор и со полн резервоар може да помине 395 километри.

а светските енергетски и еколошки проблеми се повеќе одат во прилог на развојот на автомобили каков што е Hy Wire. Неколку стотини милиони долари вложиле американците во развојот на алтернативни погони. General Motors веројатно најдалеку стигнал во развојот на погонот на горивни ќелии.Слика 6: Изглед на возило од марката Хонда со погон на горивни келии 5. Hy Wire од General Motors Очекувањата се сé поголеми. а и во различни прототипи во последните пет години поминале стотина илјади километри во најтешки услови на неколку континенти. а интересно е и тоа што развојот на оваа технологија започнала уште во шеесетите години на минатиот век. По полигонот за тестирање се движеле два автомобила скоро нечујно и наликувале на свемирскиот брод во Одисеја 2001. Кога се отвора возилото Hy Wire личи на орман затоа што се отвараат двете врати слично како на старото Фиќо. Сето тоа е направено без некој дефект и без прекин. На новинарите упатствата им ги давал Марк 14 . а новинарите во три недели пробно возење на полигон за тестови поминале уште дополнителни две илјади километри. Само со Hy Wire поминале скоро десетина илјади километри. Седиштата се залепени за патосот и се имало впечаток дека се седи во ловечкиот Месершмит од Втората светска војна чиј преден дел е од стакло заради поголема прегледност.3.

Надолжно во средината на шасијата сместени се три резервоари за гориво со вкупна зафатнина од 150 литри. Ова возило кое е целосно електрифицирано има електрични сопирачки кои дејствуваат многу подобро од класичните. Секој од нив има по две комори кои не се поврзани со механичка. Количината на платината е намалена на еден грам по киловат снага со можност уште повеќе да се намали.Каски директор на дизајнот на футуристичките автомобилои на GM кој им ја објаснувал внатрешноста на автомобилот што е интересно за нас тоа возило за погон користи горивни ќелии кој се сместени во дводелниот под на возилото. Бр. Најскапи се материјалите од флуориран полимер кој се користи за мембраните и платината која служи како катализатор во електродите. Главни нејзини делови се мембраната. а целата каросерија се прицврстува со десетина навртки на шасијата. во кои се полни течен водород при температура од – 252 степени целзиусови. Со електрична енергија возилото се снабдува од горивни ќелии. хидроулични. Оваа шасија дозволува да се ставаат повеќе типови на каросерија и тоа за многу кратко време. што е посебно важно заради големите температурни разлики помеѓу водородот и околината. туку со магнетска врска. Најголемите проблеми во автомобилот биле резервоарите кои од 100 километри автономија се 15 . 7: Изглед на внатрешноста на возилото Hy Wire од General Motors Горивната ќелија во основа е едноставна. Сл. електродите и сепараторските плочи. Заради непостоењето на метален контакт на внатрешниот и надворешниот плашт топлинските загуби се минимални.

Автобус на горивни ќелии Тојота Мотор Корпорацијата и Хиро Моторс ЛТД објавиле дека е хомологизиран првиот автобус на горивни ќелии за јапонскиот јавен превоз. Автобусот FCHV-BUS2 го движи чист водород кој е сместен под многу висок притисок (350 атмосфери). Бр.4. 9: Автобус на горивни ќелии 16 . Хибридниот систем FCHV-BUS2 прецизно го регулира напојувањето на моторот со електрична енергија. водородот е подполно безопасен под услов да е обезбедебо неговото испарување во атмосферата. а секундарната батерија ја акомулира енергијата која се регенерирала при сопирање. во добро заштитени резервоари. 8: Пресек на прототип возилото Hy Wire 5. Сл.покачило на сегашни 300 километри. Иако многумина се плашат заради експлозија како кај Спејс Шаталот. Сл. Бр.

Стандарден автобус за градски превоз од марката Мерцедес тип Цитаро со погон на горивни ќелии Слика 11: Пресек на автобус со погон на горивни келии 6. Нив им треба само хидроген (водород). 10.Сл. 17 . ГOРИВНИ ЌЕЛИИ СО ПОЛИМЕР ЕЛЕКТРОНСКА МЕМБРАНА (ПEM) Горивни келии со полимер електролитска мембрана (ПEM) – исто така наречени горивни келии со мембрана во протонска размена – даваат сила со голема густина и нудат предности како што се ламата тежина и зафатнина. кислород од воздухот. Тие обично се полнат со чист водород наполент од резервоари и вградени преработувачи. споредено со другите горивни келии. и вода за да работат и немаат потреба од коризовни флуиди како некои келии. ПEM горивните келии користат тврд полимер како електролит и порозни карбонски електроди кои содржат катализатор од платина. бр.

Работата при ниски температури дозволува брзо за стартоваат (помало време на загревање) и резултираат со помало абењена системските компоненти. мала чуствителност кон поставеноста. ПEM горивните келии главно се користат за сообраќајни апликации и некои стационарни апликации. имаат потреба од катализатор од племенити метали (обично платина) кој се користи за одвојување на водородните електрони и протони. додавајќи неопходност за реактор за намалување на СО во бензинот хидрокарбонско додколку гориво. Планинстиот катализаторе многу чуствителен на затрујување со СО. водородот се Производителите добива од моментално алкохол или истражуваат катализатори од платин/рутениум кои се поиздржливи на СО. резултирајќи со поголема трајност. и добриот одност сила – тежина. околу 80о С. овие келии се соодветни за употреба во патничките возила. како што сае автомобилите и автобусите. додавајќи трошок на системот. 18 .Сл. Поради нивното брзо време на стартовање. Како и да е. 12: Горивни ќелии со полимер електронска мембрана Горивни келии со полимер електролитска мембрана (ПEM) работат на релативно ниски температури. Бр.

но токму овие келии се користат кај автомобилите. Кога ќе се врати струјата од мрежата. 19 . Горивната келија ја чуствува загубата на енергија и се вклучува. Најчестата интеграција на горивни келии комбинира келии со минимален батериски сет или стандардно UPS за да овозможи поможна струја. келијата се исклучува.Слика 13: Поедноставно прикажување на плочите на ПЕМ горивни келии 6. горивната келија е вклучена и овозможува струја способна да го претрпи оптоварувањето и да ги наполни батериите или UPS.1. Некои интеграции на келии вклучуваат исправувачи и DC – DC конвертоври и повеќе горивни келии со цел да овозможат повеќе непони и излези на струја. чекајќи на следното опаѓање на енергијата. Кога се загуби струјата од мрежата. После 60 секунди. Како работи системот на ПEM горивните келии Постојат неколку типови на горивни келии. батериите или UPS го преземаат товарот.

бр.Сл. 14: Начин на работа на системот со горивни ќелии Слика 15: Поедноставен дијаграм за објаснување на принципот на работа на ПЕМ горивните келии Упростен дијаграм на принципот на работа на ПЕМ горивните келии (размена на водородно-кислородни протони) дадена е на сликата. и 20 .

протокот на електрони кој спонтано тежи да се движат од доривото кон оксидационата супстанција (кислород) е запрен и завртен кон надворешниот круг. кој во комбинација со кислород произведуваат електрична енергија и вода. во горивната келија со електрохемески процес од горивата богати со водород. по ефикасен електрохемиски процес се претворва во електрична енергија. позитивни случај водород) се следи реакцијата на H2(g) = 2H+ + 2eОслободените електрони излегуваат надвор од анодата и низ надворешниот круг влегуваат во катодата.= H20 Вкупната реакција на горивните келии е: H2 + 1/2 02 = H20 6. катода. горивото наместо да согорува. на која се доведува оксидационен субстрат (кислород). Од конструктивен аспект горивната келија се состои од неколку клучни компоненти: анода. Позитивните јони на кислородот (H+) поминуваат низ електролитот. катализатор и електролит кој овозможува проток на јоните од анодата на катодата. Според тоа.2. полупропустлива мембрана. 21 . кон катодата. се издвојува водород. Имено. (аноди). Горивните келии ја генераат енергијата по пат на процес на спротивна електролиза. но реакторите просторно се раздвојуваат. но не и електрони и реактанти Хемиската реакција која се одигрува во горивната келија еквивалентна е со процесот на согорување. а меѓу нив како најперспективни технологии од овие групи се издвојуваат горивните келии. Горивото (во овој транспортира низ анодата во анодниот електролит. каде тие дирекно реагираат со кислородот: 2H+ + 1/2 02 (g) + 2e. обично природен гас или метанол. Принцип на работење на горивните келии Алтернативните енергетски системи на новата генерација концептуално се разликуваат од конвенционалните енергетски системи. каде оксидација: како работат тие. односно Горивната келија се состои од негативни електроди електроди (катоди) и електролит. Горивните келии имаат малку подвижни делови и произведуваат многу мала количина на отпадни гасови или топлина. на која се доведува гориво.прикажана е основата на нивната работа.

на станиците за снабдување со гориво се поставуваат и апарати за снабдување со водород. На пробните патеки на возилата кои се тестираат. Слика 17: Начин на полнење на возилото со водород 22 . На сликите е прикажан начинот на полнење на возилото со водород. СТАНИЦИ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ВОДОРОД Станиците за снабдување со водород се уште не се застапени и се уште претставуваат прототипи и се во тек на испитување. односно изгледот на апаратот за полнење со водород.Слика 16. а кои се со погон на водород. Принцип на работа на горивните келии 7.

Слика 18: Изглед на апаратот за полнење на возилата со водород 23 .

ЗАКЛУЧОК Горивните ќелии се веќе стварност. Степенот на искористеност од преку 30% како и нивната цена многу се интересни во комбинација со ПВ или ветерот за производство на водород или метанол станат важен извор на електрична енергија не само кај дистрибуираните потрошувачи. Со горивни ќелии е можно уште денеска и тоа комерцијално да се напојуваат со електрична енергија дистрибуирани потрошувачи (единици од 100 kW) а наскоро како денеска стојат работите тоа ќе биде главен извор на енергија во автомобилите на електричен погон. Иако можат да се инсталираат заради скоро занемарувачкото влијание на природната околина побаруваат минимални услови на одржување и можат да користат различни горива кои лесно и брзо можат да се менуваат. Горивните ќелии ветуваат дека ќе бидат многу важен енергетски извор не само во дистрибуираните потрошувачи. Горивните ќелии имаат четири основни предности: поголем број на ќелии можат да се групираат во пакети со различни димензии.8. па така во оваа семинарска работа е прикажана нивната 24 . Постојат и секундарни предности. работа која не побарува надзор и друго. можност за брзо стартување на системот. речено идеален производител на зелена енергија. Користејќи го водородот или метанолот како гориво. Денеска горивните ќелии најчесто имаат ПЕМ. Денес горивните ќелии започнуваат се повеќе да се применуваат во моторните возила. затоа што ваквиот систем зафаќа многу малку простор. а произведувајќи електрична енергија и вода како последица на физичко . како што се струјно напонска реактивна контрола. а патнички автомобили на таков погон како што е најавено посериозно ќе влезат во сообраќај во 2004 година (Мерцедес Крајслер . Тојота Форд). како што е и користењето на водородот во енергетски цели. Со примена на горивните ќелии во моторните возила се зголемува корисната површина во возилото. туку и во големи размери.хемискиот процес тие се. Автобуси на таков погон веќе одамна крстарат по светските метрополи.

Хонда. автобусите и во новиот протитп на возилото HY WIRE.примена во возилата Сузуки. 25 .

во Калифорнија. неодамна се прикажани нејновите водородни технологии – од водородни ќелии на авто – гигантот Хонда до производите на малите компании. 26 . обично од природен гас или метанол. Во горивната ќелија со електрохемиски процес од горивата богати со водород. Возила кои започнале со воведување на системот на горивни ќелии се Сузуки и Хонда. во Генарал моторс тврдат дека нивото на издувните гасови е намалено за 50% во однос на моторите со внатрешно согорување. Еколозите се сомничави и истакнуваат дека ваквите системи и понатаму емитуваат јаглерод диоксид. Поголема употреба на ваквите системи се очекува да се појави на пазарот до 2010 година. Но. правени се експерименти во возилото Hy Wire. кој во комбинација со кислород произведува електрична енергија и вода. Степенот на искористување кај овој систем е 50% повеќе отколку кај класичните мототри.РЕЗИМЕ Првата горивна ќелија ја конструирал Вилијам Гроув (Wilijam Grouv) уште во 40те години на IXX век. се издвојува водород. Во конгресниот центар Лонг Бич (Long Bič).

co.cfm 4.ac. www.strath.uk 27 .mercedes-benz.com/serbian/linktous.uk-EandE 3. Auto Club. www.hydrogenandfuelcells-fuelcells 6. prosinca 2002 2.fueleconomy. www.htm 5.esru.gov. www.2006.energy. Broj 422.netauto.gov 7. www./23. www.co.yu.КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 1.eere.voanews. Auto Moto Revija.