Trajan Bo`inov

Текстови од пдф. презентации
на содржините
по Македонски јазик и литература

III година
средно стручно
четиригодишно образование
1

2

КОДИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК .......................... 6
ПРЕГЛЕД НА РАЗВИТОКОТ НА ГЛАСОВНИОТ СИСТЕМ
ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК................................................................................................ 6
ПРЕГЛЕД НА ПРОМЕНИТЕ ВО ГРАМАТИЧКИОТ СИСТЕМ
НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ............................................................................................... 7
СИНТАКСАТА КАКО ДЕЛ ОД ГРАМАТИКАТА .......................................................... 8
ПРОСТА РЕЧЕНИЦА – ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА....................................................... 9
ПРИРОК – ГЛАГОЛСКИ И ИМЕНСКИ .............................................................................. 11
ПОДМЕТ – ЗНАЧЕЊЕ И ФУНКЦИИ.................................................................................. 12
СОГЛАСУВАЊЕ МЕЃУ ПОДМЕТОТ И ПРИРОКОТ....................................................... 13
МОДАЛНА КАРАКТЕРИСТИКА НА РЕЧЕНИЦАТА ...................................................... 14
АКТИВНИ И ПАСИВНИ РЕЧЕНИЦИ ................................................................................ 14
БЕЗЛИЧНИ РЕЧЕНИЦИ........................................................................................................ 15
НЕГАЦИЈА ............................................................................................................................. 16
НЕОПХОДНИ РЕЧЕНИЧКИ ЧЛЕНОВИ ............................................................................ 16
ДИРЕКТЕН И ИНДИРЕКТЕН ПРЕДМЕТ........................................................................... 17
ПРЕДМЕТ СО ПРЕДЛОГ – ПРЕДЛОШКИ ПРЕДМЕТ ..................................................... 18
ПРИЛОШКИ ОПРЕДЕЛБИ ................................................................................................... 19
АТРИБУТ И АПОЗИЦИЈА .................................................................................................... 20
РЕЧЕНИЧКИ СООДВЕТНИЦИ (ЕКВИВАЛЕНТИ)........................................................... 21
СЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ – СВРЗНИЧКИ И БЕСВРЗНИЧКИ.................................... 22
СОСТАВНИ (КОПУЛАТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ....................... 22
СПРОТИВНИ (АДВЕРСАТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ................... 23
РАЗДЕЛНИ (ДИСЈУНКТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ....................... 23
ИСКЛУЧНИ (ЕКСКЛУЗИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ........................ 24
ЗАКЛУЧНИ (КОНКЛУЗИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ........................ 24
ВРЕМЕНСКИ (ТЕМПОРАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ............................. 24
ПРИЧИНСКИ (КАУЗАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ................................... 25
ПОСЛЕДИЧНИ (КОНСЕКУТИВНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ .................... 26
ЦЕЛНИ (ФИНАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ............................................... 26
УСЛОВНИ (КОНДИЦИОНАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ........................ 27
ДОПУСНИ (КОНЦЕСИВНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ................................. 28
НАЧИНСКИ (МОДАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ...................................... 29
ЕСЕЈ ........................................................................................................................................ 29
ОСОБЕНОСТА И ОЧУДЕНОСТА
НА ДРАМСКОТО/ТЕАТАРСКОТО ПАМЕТЕЊЕ ............................................................ 30
РЕАЛИЗАМ – ПОЈАВА, ОСОБЕНОСТИ, ПРЕТСТАВНИЦИ ................................... 30
ОНОРЕ ДЕ БАЛЗАК (1799 – 1850) ....................................................................................... 32
ФЈОДОР М. ДОСТОЕВСКИ (1821 – 1881) .......................................................................... 34
ЛЕВ НИКОЛАЕВИЧ ТОЛСТОЈ (1828 – 1910) .................................................................... 36
МОДЕРНАТА ВО СВЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА........................................................... 38
ЕДГАР АЛАН ПО (1809 – 1849) ........................................................................................... 39
ШАРЛ БОДЛЕР (1821 – 1867)............................................................................................... 41
МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА КОН КРАЈОТ
НА 19. И ПОЧЕТОКОТ НА 20. ВЕК ................................................................................. 42
МАРКО ЦЕПЕНКОВ (1829 – 1920) ...................................................................................... 44
ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ (1875 - 1951) ........................................................................... 45
МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ ................... 48
3

..........................2000) ........................................................................1942) ..1943)..... 58 КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ (1912 .................. 49 АНТОН ПАНОВ (1906 ............................................................................................................................ 55 ВЕНКО МАРКОВСКИ (1915 ...................................................................1942) ............. 64 МИТЕ БОГОЕВСКИ (1919 ................................................................1988) ............................................................................ 60 МАКЕДОНСКИ ДВОДОМНИ ПИСАТЕЛИ ................................................................................................................................................1975) ........................................................... 62 НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ (1909 ...... 53 КОЧО РАЦИН (1908 ...................................................................1968) ............. 67 ПОВОЕНА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА ................................. 70 ЃОРЃИ АБАЏИЕВ (1910 .....1944) ................. 66 АЦО КАРАМАНОВ (1927 ...................................................................1965) ........................... 68 СТАЛЕ ПОПОВ (1902 ....................................................... 51 РИСТО КРЛЕ (1900 ..............1942)...........................................................ВАСИЛ ИЉОСКИ (1902-1995) ............................................................................................. 68 СЛАВКО ЈАНЕВСКИ (1920 ..............1963) ..... 72 4 ....................................................................

една многу едноставна и симпатична програма. страницата на ДПМ и сл. Просветно дело). Презентациите се работени според програмата за четиригодишно образование изготвена од Бирото за развој на образованието на Република Македонија.ДОБРОДОЈДОВТЕ! На презентациите од содржините по Македонски јазик и литература за трета година на средното стручно образование. или со цитат од некој автор или извадок од литературно дело. Слајдовите се групирани од по неколку и сите завршуваат со по некоја поука (најчесто од Светото писмо). Повеќе објаснување на мојот блог: trajan-vapcar. При обработката на материјалите е користена програмата за презентации и текстови на Softmaker office.blogspot.). Со среќа! Трајан Божинов 5 . Живко Цветковски. Лилјана Минова Ѓуркова. Граматичкиот дел е работен според содржините од учебникот Македонски јазик за средно образование (Стојка Бојковска. Делот од литература е пишуван според материјали од различни извори (Википедија на македонски и други јазици.com. Презентацииве се продолжение на оние од втора година чиј опит ми беше драгоцен при обликувањето на содржините. Презентациите и текстовите направени од нив. можат слободно да се користат со печатење без ограничување (освен за комерцијални цели). Димитар Пандев.

е. како во поглед на согласките и самогласките. Должината на изговорот на вокалите (тие биле долги и кратки вокали.сънъ дьнь. Стариот јазик познавал 11 самогласки (а. о. ы) кои се разликувале според: 1.. Местото на образувањето (вокали од преден и вокали од заден ред). така и во поглед на гласовните промени (повеќе видови палатализации. ь. Во текот на Народноослободителната војна (1941-1945). у. Иако без усвоени правила и азбука. кога се зацврстуваат основите на стандардниот јазик и кога тој се кодифицира со донесување на Резолуциите за азбуката и правописот. јотување и сл. до неговото исполнување. Кавасаки. во манастирот Св. 2. од највисоки до најниски вокали). и редуцирани (еровите ь. ѧ э.(Спореди во современиот јапонски: Јасунари Кавабата. ѫ. Мисирков ПРЕГЛЕД НА РАЗВИТОКОТ НА ГЛАСОВНИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Во текот на својот развој гласовниот систем на нашиот јазик минал низ повеќе периоди во кои настанале сериозни промени во неговата структура. Во тоа особено бил користен опитот на нашите писатели и поети меѓу Двете светски војни. Вековниот сон на македонскиот народ за своја државност била отелотворена со свикување на Првото заседание на АСНОМ (на Илинден 1944. со одлука на Президиумот на АСНОМ била формирана Комисија која требало да изготви азбука и правопис на македонскиот јазик. летоци и други материјали. 3.. Цитат за овој час: Долгот кон татковината и народот. 6 . конечно нашиот јазик можел слободно да се користи и на него да се пишуваат разните прогласи. Непосредно по ослободувањето на земјата. Сите слогови биле отворени – завршувале на вокал: тьмница. која на 5 мај била прифатена од Владата. Висината на изговорот (со пет степени на изговор. Стариот гласовен систем бил посложен.КОДИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК Последна етапа од развојот на современиот македонски јазик настанува за време на Втората светска војна и непосредно по неа. Прохор Пчински) и донесените решенија. се вика народен идеал и кон неговото исполнување треба да се стреми секој свесен човек. Едно од тие решенија е прогласување на македонскиот јазик како службен во Федерална Македонија.Хокаидо). ъ.). Правописот бил озаконет на 7 јуни 1945 година. во сите документи бил видлив стремежот да се пишува на јазик со наддијалектна основа и кој ќе биде разбирлив во сите делови на Македонија. и. По повеќемесечна работа (со формирање на нова Комисија) на Владата на Федерална Македонија ѝ била поднесена Предлог резолуција за азбуката на 3 мај 1945 година. ъ).

н. духх-душ ша-дусси). кои ги 7 . бегај од неправдата и неправдата ќе избега од тебе. а се изгубила щ (шт). и. додека во т. односно о: дьнь→ден сънъ→сон). Консонантскиот систем на нашиот стар јазик исто така имал сложена градба.пет. јака позиција станувале е.риба. рыба . рѫка . ѕ.рака. Како нова фонема се појавила џ.Токму губењето на еровите била причина да се растрои структурата на отворени слогови. х) поминувале во сродни меки (ч. односно во а. По овие и некои други промени (губењето на вокалното л). мене ми и сл. с). Во втората фаза (12. Спореди: јунакк-јунач че-јунац ци.Во развојот на вокалниот систем на старословенскиот (старомакедонскиот) јазик одбележуваме три фази: Во првата фаза (10. додека ы поминува во и. Со помош на некои гласовни промени (палатализации) одредени тврди согласки (к.н. Покрај поделбата по место на образување. 2 ПРЕГЛЕД НА ПРОМЕНИТЕ ВО ГРАМАТИЧКИОТ СИСТЕМ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Во развојот на граматичкиот систем на нашиот јазик исто така се одиграле промени кои во основа ја промениле неговата структура. Во современиот јазик остатоци од падежите наоѓаме кај формите на личните заменки (јас. ж. у. Постоеле меки и тврди согласки. о. Во третата фаза (15. век) се губи носниот изговор на ѧ и ѫ и поминале во е. односно ц. – 16. пѧт. -11. по начинот на образување и по звучност. е. век) се губи широкиот изговор на э и тоа поминува во е: млэко – млеко. Во стариот јазик односите меѓу деловите на реченицата се искажувале со падежи (постоеле седум на број). 1. започнало затврдувањето на меките согласки која е важна особеност на современиот гласовен систем на нашиот јазик. 7. г. – 13. и зло нема да те постигне. Со губењето на деклинацијата (падежните форми) и појавата на членот (под влијание на балканските несловенски јазици). Кога системот на меки и тврди согласки почнал да се растројува. ш. век) еровите во т. богг-бож же-боѕѕи. Поука за овој час: Не прави зло. слаба позиција се губеле: тьмница. мене ме. од синтетички тип нашиот јазик поминал во аналитички тип. се востановил современиот изглед на вокалниот систем составен од петте самогласки: а. согласките се разликувале (и образувале парови) и според мекоста.

Се појавиле и нови глаголски конструкции образувани со помошните глаголи сум и има (сум дојден.На страницата 163. сме имале носено). -та. Постоеле инфинитив (гледати гледати гледати) и супин (идѫ ловитъ рыби).користиме за означување на директен и индиректен предмет). подоцна ќе настане членот: рабътъ. детето. имам носено. „Македонците денес го заземаат речиси целиот брег на Белото Море. на исток се мешаат со Бугарите од Тракија на запад со Арбанасите од Арбанија и Епир и на север со Србија ги граничи Шар Планина. -но. Од постпозитивната употреба на показната заменка тъ тъ. и сложени). Во основа синтаксата тргнува од зборовите и нивните форми и притоа ги утврдува правилата според кои тие се поврзуваат. врзан текст кој. 2009 8 . всушност. -ти... 21. 08. а можеби и во Европа“. Кај придавките постоела проста и сложена промена (добра добра и добра добрая я). -то. Помала единица од реченицата е именската група (синтагмата). жената. и глаголската л-форма. се наведува дека „Македонците се најстари Словени на овој Илирски Полуостров. Од трите видови аорист (прв и втор сигматски и асигматски). Преземено од Нова Македонија. бев дојден. Во системот на именките постоеле повеќе основи (со тврда и мека промена). Основна единица со кои се оперира во синтаксата е реченицата (простата и проширената). -на. та та. и -т. од кои денес останале глаголската придавка на -н. Српска историја од 19 век: Македонците се најстар народ. во современиот јазик останал само еден во кој има форми од трите. а поголема е сложената реченица. Маријо!). Зборот синтакса е од туѓо (грчко) потекло и значи составување. е текст изговорен или напишан.н. со која се користи за образување на повеќе глаголски форми. Поука за овој час: Од гревот бегај како од змија ако му се приближиш. Србите и Бугарите дојденци . Се чува и имперфектот. редење (на зборовите). Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња. 18 . -ни.. Системот на заменки исто така бил разгранет со мноштво форми. или еден покрај друг. тој ќе те касне. глаголскиот прилог на –јќи. Постоеле пет вида партиципи кои се менувале по падежи. 2 СИНТАКСАТА КАКО ДЕЛ ОД ГРАМАТИКАТА Синтаксата е дел од граматиката што се занимава со можностите на зборовите да се поврзуваат меѓу себе и притоа да создаваат поголеми јазични целости. Во него наоѓаме мноштво од именски групи и разни видови реченици (прости и проширени. Сите тие се обединети во т. то то. Особено бил раширен системот на глаголските форми. или еден зад друг престојувале во овие земји. и во формите за повикување кај именките (Марија..

крај!. 04 ПРОСТА РЕЧЕНИЦА – ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА Одделните зборови како лексички единици и покрај своето посебно значење. Меѓу продавањето и купувањето гревот се вовлекува. односно делови. Сепак. Петре се радува радува.н. Стојков и Попов учеа во нашето училиште. Зборовите оган!. 9 . кој го трпи дејството?. Прирокот во реченицата пред себе и зад себе отвора простор за други именски групи. Сложената реченица содржи две или повеќе прости или проширени реченици. Поука за овој час: Колецот се забива меѓу два камења. Услов за образување на реченицата е постоењето на глагол во лична форма (прирок). Реченицата (проста и проширена) е основна синтаксичка единица која содржи прирок (глагол во лична форма). Најдобрите македонски фудбалери Пандев. за други делови на реченицата се вика валентност. Тие доаѓаат на прашањата: кој го врши дејството?. Сите литературни дела. но за целосна комуникација (општење) е потребно да има и личноглаголска форма (прирок). На пр. не се доволни за да го искажеме целосно она што го мислиме. пожар!. за комплетна реченица е потребно да има и други делови како што се подметот и додатоците. а даде е тривалентен (Новата учителка ни даде книги). Само во состав со други зборови поврзани меѓу себе. Способноста на прирокот да отвора празни места пред и зад себе. како и други делови (најчесто подмет и додатоци на прирокот или подметот). изговорени со посебна интонација можат да даваат некаква информација.Во наведениов текст имаме повеќе реченици преку кои може да се види што сакал да ни каже авторот на статијата. односно два или повеќе прироци.н. сите научни трудови и т. кога се врши дејството?. освен прирокот (Белото Море). На чекор сме до победата. На пр. Ние можеме повеќе. Исто така ги откриваме обележјата на именските групи и речениците. ги искажуваме нашите мисли и остваруваме општење со други луѓе. глаголот плаче е едновалентен (Стариот плаче). каде се врши дејството? и т. се форми на општење. Врзаниот текст е надреченична целост и содржи повеќе реченици. 10. Од валентноста на глаголот зависи дали реченицата ќе има една. две или повеќе именски групи. но во исто време се и врзани текстови.. Именската група (синтагмата) може да ја имаат сите делови на реченицата. сите новинарски написи.

пријателство расипува. Истата информација може да се прикаже како прашање: Ние победивме? Најпосле. Поврзаноста со другите делови на текстот доведува до појава на елипса – испуштање на оние делови од реченицата кои се подразбираат во дадената ситуација. Поука за овој час: Кој фрла камен на птици – ќе ги избрка.) на крајот на реченицата. Тоа значи дека таа има своја содржина. 22. пак. Таа се јавува во три разновидности: расказна интонација . како што е погоре посочено. важна улога има и подметот (субјектот). Таа особеност на прирокот е наречена валентност и во различни јазици може да биде различна. наречен интонација. прашална . Прирокот има способност да отвора пред и зад себе празни места и да врзува други делови од реченицата. Од подметот зависи.со извичник (!) на крајот. Таа информација може да се соопшти во вид на констатација: Ние победивме. формата на прирокот. со истата реченица може да се искаже чудење: Ние победивме! Тоа значи дека секоја реченица има своја модална карактеристика во која до израз доаѓа. Во ваков случај таа се прилагодува спрема другите реченици и може некој нејзин дел да отпадне. состојби. има само еден прирок (лична глаголска форма) и затоа не треба да се одделува како посебен вид реченици. нејзин основен (главен) дел е глаголот во лична форма (прирокот. Во граматичката структура на простата реченица. покрај прирокот. Информацијата може да биде искажана или примена на поинаков начин во зависност од околностите во кои се предава или прима. кои се поврзуваат со вршители или трпители на тие дејства. сложената реченица има два или повеќе прирока. ставот на говорителот.со прашалник (?) и извична .се става точка (. за да нема повторување и сл. состојби и сл. Со реченицата се искажува одредена информација. а кој пријател навредува.Проширената реченица како и простата. Важна улога во изговорот на простата реченица има основниот тон со кој се предава. предикатот). За разлика од нив. 22 10 . околности. Другите членови на простата реченица ги дообјаснуваат прирокот и подметот Од ставот на говорителот зависи како ќе се предаде содржината на информацијата. Реченицата може да се разгледува и како дел од текстот. Простата реченица ги има следниве особености: Таа е централна (основна) синтаксичка единица. Со прирокот се искажуваат дејства.

ПРИРОК – ГЛАГОЛСКИ И ИМЕНСКИ Прирокот (предикатот) е основен дел на реченицата. Заедничко за сложениот глаголски прирок е што првиот глагол има лице. Престана да зборува на час. кој содржи глагол и именка во функција на директен предмет: прави обид (=се обидува). Глаголскиот прирок може да биде прост и сложен. како и некои други глаголи (стане. се труди. настојува.) Сложениот глаголски прирок содржи два глаголи од кои вториот е дел од да даконструкцијата и поблиску го објаснува прирокот. бидува). додека вториот глагол има лице и број и се јавува само во сегашно време: Почнав да пишувам. Продолжува да игра. сака (= има желба). Глаголот треба бидејќи е безличен. Требало да дојде до сега. успева. Успеа да победи. Во да-конструкцијата влегуваат т. ќе треба. Сакаше да каже нешто. Ќе можете да играте. Се мачи да заспие. Глаголски се вика затоа е глагол во лична глаголска форма. Заедно со подметот тие образуваат реченица и меѓусебно се усогласуваат. требаше. Простиот глаголски прирок. Третата група ја сочинуваат глаголите: успее. сложена глаголска форма (Ние веќе бевме заминале порано. Меѓу двата прирока (глаголскиот и глаголско-именскиот се јавува т.) или 2. Во модалните глаголи спаѓаат следниве глаголи: може. може да биде:1. води разговор (= разговара). модални и група со глаголот успее. Треба да читате повеќе.проста глаголска форма (Тој редовно игра кошарка. се мачи. број и време. Можеме да излеземе на одмор. станува. Како глагол-врска се јавува глаголот сум (биде. Сакал да помогне. фазни. 11 .н. врши замена (=заменува): прави ограда (=оградува). Фазни ги викаме глаголите што означуваат фаза. мора. има форми само во трето лице еднина. аналитички налитички прирок. пак. остане.н. Глаголско-именскиот прирок е составен од два дела: глагол-врска и именски дел. требаше да одиме на излет. смее. Прирокот може да биде глаголски и глаголско-именски. етапа од текот на глаголското дејство. ќе требаше и т. требало да пазаруваат. додека лицето и бројот го дополнува вториот глагол: треба да внимавате.). Како модален се јавува и глаголот треба. Се труди да научи. продолжение или крај на глаголското дејство. се обидува. Таа ја имаше позајмено книгата. Почнаа да доаѓаат првите гости. Ќе мора да учите повеќе.н. кој е безличен и се јавува само во трето лице еднина и има форми за сите времиња: треба. Не смееме да бегаме од час. Тие може да означуваат почеток. но покажува и време. останува и сл.

Продолжи да биде редовен на предавањата. Тие се паметни деца. Заменките: Вие очекувате многу. заменки: Кој е овој? Ти ситој. 15 ПОДМЕТ – ЗНАЧЕЊЕ И ФУНКЦИИ Покрај прирокот. Со подметот се означуваат и носители на одредени состојби или особини: Тој беше разочаран. Тој е првиот меѓу еднаквите. 12 . Ние мораме да станеме прваци. именките кои можат да бидат придружени од придавки или броеви: Вардар е најголемата наша река. Настојуваше да биде немилосрден кон непријателот. именки сами или придружени од придавки: Тој е фаворит за наградата. 31. 2. Со подметот се означува: 1. причинител (предизвикувач) на дејство: Бучавата им ги кинеше нервите. заменски. како втор главен дел во речениците (освен кај безличните. вршител на дејство кај преодните глаголи во активните реченици: Возачот го запре автомобилот. односни): Таа е прекрасна. Не беше таков порано. Честопати тој се изоставува. поднесувач/трпител на дејство во пасивните реченици: Гостите беа замолчани. 2. или на друг начин го покажува глаголското дејство или состојбата. Броевите: сами или придружени од заменки или именки: Трите сестри беа близначки и убавици. Почнува да станува немирен. 3. редни бројни придавки. прилози (сосема ретко): Како сте вие? Добро сме! Но и: Добри сме! Поука за овој час: Има ли меѓу сè што е создадено полошо од око лакомо? Затоа тоа солзи рони по сè што ќе види. 4. Старицата страдаше од реума. Во улога на именски дел се јавуваат: 1. 4. Улога на подмет најчесто вршат: 1. Именскиот дел од глаголско-именскиот прирок се однесува на подметот. Придавките: Болниот брзо ќе оздрави. Тие двајцата задоцнија на часот. И глаголско-именскиот прирок може да биде прост (да содржи само глаголврска) и сложен (со фазни. 5. со модални и со глаголи од третата група): Тој стана учител. Сакаше да биде трговец. се јавува и како помошен (Ти си научил) и како полнозначен глагол: (Македонија е (=се наоѓа) во средиштето на Балканот.Глаголот сум покрај улогата на глагол-врска (Тој е добар). Третото дете беше син. 3. кај кој отсуствува) се јавува подметот. го дообјаснува и се согласува со него. 3. броеви: Бројот е три. зашто од контекстот може да се дознае кој го врши. Убавата девојка се огледува во огледалото. Тој престана да биде здодевен. 2. придавки (описни. Тоа се дрвени огради.

ги имаме следниве случаи: Мојот и твој лаптоп се расипа (користиме еден лаптоп). Во поглед на согласувањето по лице. туку: Ние Ние. Неправилно е да се каже: Директорот закажала состанок. Ако подметот е именка која покажува множество и прирокот треба да биде во множина: Група луѓе дојдоа кај нас. Во нашиот јазик согласување по род. Согласувањето по број не остава можности за колебања. Кога се користи второ лице множина при обраќање од почит ги имаме следните случаи: Вие сте прекрасен (прирокот е глаголско-именски). како и да-конструкцијата: Кој лаже. 11 СОГЛАСУВАЊЕ МЕЃУ ПОДМЕТОТ И ПРИРОКОТ Согласувањето (конгруенцијата) означува можност зборовите во реченицата меѓу себе да се приспособуваат. 32. Поука за овој час: Кога си со големци. 1. 1 13 . неколку луѓе. Да се бега од часови не е добро (бегањето од часови не е добро). Тагата по него сонот го одзема 31. Ако подметот е во еднина и прирокот ќе биде во еднина и сл. прирокот се јавува во множина: Нашето езеро и крајбрежје се најубавите пејзажи. а функцијата или професијата е од машки род. број и лице има меѓу подметот и прирокот. Марија дошла. Кога зборува друг. Вие стигнавте порано (глаголски прирок). туку Директорката закажала состанок. 3. Ако подметот има форма на збирна множина и прирокот треба да биде во множина: Лисјето паѓаат пожолтени. Тој излезе предвреме. и краде (лажгото лажгото и краде. Во т.Понекогаш функција на подмет може да вршат и цели односни реченици. Колебање во согласувањето по род може да настане кога лицето е од женски пол. не зборувај ти.н. Во вакви случаи пожелно е да се употреби именката од женски род. бевме на прошетка. авторска множина се допушта лицето кое зборува за себе во множина и прирокот да биде во множина. не прави се голем како нив. Ние станавме рано. Ако две именки како подмет се придружени од една придавка. Мојот и твојот лаптоп се расипаа (користиме два лаптопа). Детето е радосно. 2. Ако една именка употребена како подмет е придружена од две придавки. Согласување по род имаме кога прирокот е глаголската л-форма или кога во именскиот прирок имаме придавка: Александар дошол. тогаш првото лице има предност над второто и третото: Ние и вие отидовме на театар. Поука за овој час: Грижата за богатство телото го урива. прирокот е во она лице кое е еднакво на лицето од подметот: Ти многу ми знаеш! Не е добро да се каже: Неколку луѓе бевме на прошетка. Кога во една реченица имаме повеќе лица.

Во општењето говорителот може да соопштува нешто.н. или веќе да завршило (Тој слуша внимателно. што сторивте!). Каков човек се ти? Каде одите?. дејството на глаголот (Не зборувајте гласно! Станете на постар човек). Зар повторно се разболе?). Ќе почнете ли да учите?). одделните модални глаголи (може. иако не знае од каде ќе дојде. Желбени .). смее и сл. 14 . а дејството може да се одвива додека зборуваме или ќе случи во иднина. Во однос на тоа како ги поставуваме прашањата постојат три групи прашања: а. Прашања со користење на или. при што се искажува и втора можност (Ќе гледаме фудбал или кошарка?). Се случило многу одамна.МОДАЛНА КАРАКТЕРИСТИКА НА РЕЧЕНИЦАТА Модалноста ја разбираме како начин на изразување на говорителот. модалните зборови и изрази (сигурно. Ќе биде поубаво некогаш). да прашува. дека е можно. реторски прашања со познат одговор. 30 АКТИВНИ И ПАСИВНИ РЕЧЕНИЦИ Кога ги разгледуваме речениците од аспект на подметот. Постојат и т. радост. чудење и сл. неопходно или пожелно. 27. глаголските форми за прекажување (на пр. треба. да одречува и т. Заповедни – во кои се искажува односот на говорителот да се изврши или не.) и кои се изговараат со посебна интонација која ја бележиме со извичник (!) на крајот (Колку убаво изгледаш! Леле. Форми преку кои говорителот го искажува својот став се заповедниот и можниот начин.н. Прашални – преку кои се бара одговор за нешто што ни е непознато. страв. бездруго. Прашања со користење на прашални заменки. преку некои глаголски времиња или со прашање (Ќе се откажеш од пушењето!. зар. Се изговараат со посебна интонација и со прашалник (?) на крајот на реченицата (Што правите вие?. речениците ги разликуваме по тоа дали подметот е вршител на глаголското дејство или негов трпител. 2. Расказни – во кои се соопштува за нешто. да потврдува или да одречува нешто и т. в. идното прекажано време).во кои говорителот ги искажува своите душевни расположби (желби. ли: Дали беше ти?). 3.н.). б. Тој може да каже дека она што го тврди е реално да се изврши или не. да ги искажува своите чувства. како негов личен став меѓу она што го соопштува и стварноста. и при што се користат некои прашални честички (дали. да искажува желба или потреба. во краен случај и сл. Поука за овој час: Кој зло прави – со зло му се враќа. заменски придавки прилози: Кој го кажа тоа?. Заповедта може да се искаже и во поблага форма. Така и речениците ги делиме на: 1. 3. мора. Прашања на кои одговорот е да или не.

во пасивните станува подмет – но сепак е трпител (поднесувач) на дејството. во пасивните станува предмет и се воведува со помош на предлогот од или изразот од страна на. 1. студи. но без повратната заменка се: Ми иде да плачам. Со употреба на лична глаголска форма заедно кратката форма од повратната заменка се. игра.. Не се оди без пари. се смрачува. Ако тргнуваме не од вршителот на дејството. пасивна реченица: Родителите се повикани од класниот). Прирокот во овие реченици се врзува со други делови. оди. Прирокот во пасивните реченици се прави: 1. На тој начин подметот станува предлошки објект. 20 БЕЗЛИЧНИ РЕЧЕНИЦИ Безличните реченици во споредба со другите немаат вршител на дејството. Тука влегуваат и глаголи кои ја опишува психофизиолошката состојба..Кога во реченицата имаме преоден глагол. со помош на сум и глаголска придавка од глаголот во активната реченица (активна реченица: Класниот ги повика родителите. пасивна реченица: се издава спортската сала од (страна на) училиштето). безлични реченици со глаголско-именски прирок. Се раздени со облаци. И кај двете групи прирокот се јавува во трето лице еднина. 2. Поука за овој час: Размислувањето е почеток на секоја работа. г. 15 . Во првата група безлични реченици среќаваме: а. наспроти активната реченица (активна реченица: Училиштето ја издава спортската сала. Реченици со безлични форми од глаголи кои обично може да имаат форми за сите лица: гледа. б. пред секоја работа потребен е совет. Не ми се гледа веќе. Некои од овие реченици се поврзуваат со лица и тогаш се јавува кратката заменска форма за индиректен предмет: Ми студи. Безлични реченици со глаголски прирок. Безлични реченици со глаголи кои ја одразуваат психофизиолошката состојба. односно подмет. но не и со подмет. в. Реченици со безлични глаголи: врне. Вршителот на дејството во активните реченици кој е подмет. Ме боли главата. Безлични реченици со глаголи употребени без повратната заменка се: Во селото гореше старата колиба. 37. со подмет кој го врши дејството и со директен предмет кој го трпи дејството – станува збор за активна реченица (Класниот ги повика родителите). туку од трпителот и тој да биде ставен на прво место – тогаш станува збор за пасивна реченица (Родителите се повикани од класниот). Трпителот на дејството кој во активните реченици е директен предмет. Кај овие реченици разликуваме две групи: 1. 2.

3. стопира (не дозволи). чувство на болка предизвикува. Татко му не знаеше за него. Поука за овој час: Кој удира око. ама бавно доаѓа. никакви) и прилози (никаде. забрани. Кога имаме двојна негација. Поука за овој час: Колку и да се кратки зборовите да и не тие бараат сериозна размисла. заповедни. бездрвен. никако): Никој не му можеше ништо. именскиот дел може да биде заменка (Ништо не е!). никогаш. ни. разликуваме реченичка и членска негација: Не знаеше да каже не! Сакаме пари за житото.д. смеете да јадете). деблокада. Потврдувањето и одрекувањето (негирањето) како појави заемно се надополнуваат. Одречни заменки (никој. многу често прирокот (глагол во лична форма) бара дополнување за тоа што прави подметот. Имало да биде! Нема аир од украдени пари. без-. прашални): Таа не беше на предавањето. сепак за оформување на целосна реченица се потребни и други членови кои поблиску ќе го определат прирокот. Не смеете да не јадете (= можете. Во однос на бројот на одречните зборови во реченицата се разликуваат еднократна и повеќекратна негација. Негирањето го има во сите типови реченици (расказни. аморален). (а прирокот е дури и основен). ниту: Ни јаде. каде и 16 . а. (немоќен. Безлични реченици со глаголот има – се наречени и егзистенцијални: се тврди или се негира постоење на нешто или некого. предизвикува солзи. стопира: Тој денес нема да дојде на работа. ничиј). Никој ништо не рече. 22. Така. се среќаваат и одречни. но во некои случаи може и да го поништи. одвај (= скоро не). Негацијата ја остваруваме со помош на: 1. ништо. заменски придавки (никаков. глаголска придавка (Ни е кажано кажано). Питагора НЕОПХОДНИ РЕЧЕНИЧКИ ЧЛЕНОВИ Иако прирокот и подметот се главни делови на реченицата. а кој го удира срцето. желбени. а не брашно! Насилство. Со глаголи со вградена негација: Нема. не! Во нашиот јазик постојат и зборови со вградена негација: заборави (= не се сети).и сл. 2. ни на куче дава! 2. де-. таа може да го засили одрекувањето. Има правда. именка (Беше пладне). прилог (Како Како е? Засега е добро!). покрај потврдните реченици. Со некои претставки (префикси): не-. Честичките не. 21 НЕГАЦИЈА Многу често во рамките на врзаниот текст. 4. Во групата реченици со глаголско-именски прирок. Во зависност од тоа дали негација се однесува на прирокот или друг член од реченицата. одрече (= тврди дека не).

тие се подмет. иако во последно време и тие се придружени од предлогот на: на неа. ве. Доколку кратките заменски форми самостојно се употребат. ѝ. Доаѓа на прашањата кого? и што? Јас видов луѓе. освен кога се користат формите за индиректен предмет од личните и личнопредметните заменки: нему. Анастасија напиша песни. на интимност. Кажи си ја маката. се) и за индиректен предмет (ми. ти. Тие се наречени неопходни членови на реченицата. Им даде. вам. Ни дадоа на знаење. Им даде на учениците домашна задача. Во пасивните реченици директниот предмет станува подмет. род и број . Овој предмет се вика и на-предмет. нѐ. кои се активни реченици. Со индиректниот предмет (објект) се означува оној кому му е насочено дејството или пак ја именува целта на дејството. Вие читате весник. на него. тргнуваме од прирокот. зашто речиси редовно оди со предлогот на. Вам ви велам). Во утврдувањето што е подмет. ДИРЕКТЕН И ИНДИРЕКТЕН ПРЕДМЕТ Директниот предмет (објект) е именски член во реченицата врз кој директно поминува глаголското дејство. Кога се користат истовремено долгите и кратките форми од личните заменки. Тоа се предметите и прилошките определби. Удвојувањето на директниот предмет се врши: 1. се гледа дека во нив нема предлог и дека глаголското дејство директно (непосредно) поминува врз предметот. индиректен и предлошки предмет (предмет со предлог).тие се директен предмет. ви.н. односно повратната заменка (И 17 .кога се врши дејството и сл. му. Им даде на децата / им даде ним. Во наведениве примери речениците би можеле да стојат и без дативните форми. тогаш немаме удвојување на предметот: Го видов. Ѝ се пофали на баба му за петката. иако и понатаму е трпител на дејството. етички датив со кој се искажува понепосреден однос кон некого или нешто. додека со зборовите луѓе. Од примерите. (Му Му рече нему нему. односно долга заменска форма: Го видов човекот / го видов него него. ни. ним. на кого. те. предметите ги делиме на: директен. Во блиска сродност со овој предмет стои употребата на т. некому и сл. весник и песни. Во зависност од односот меѓу прирокот и именските делови на реченицата. Песните се напишани од Анастасија. вие и Анастасија по лице. и друг предмет од именка (или именска група).(На него му рече!? На вас ви велам!?). го. нејзе. ја. а што предмет во реченицата. но би се изгубила нијансата на блискост. им. си). Многу често во нашиот јазик имаме удвојување на директниот и индиректниот предмет и тоа е една од неговите особености. Одвај оди со тие ми ти високи потпетици. Во реченициве тој се согласува со зборовите јас. Удвојувањето се врши со помош на кратките заменски форми за директен предмет (ме. ги. не се согласува .

ништо. Со прашалните заменки што. кај индиректниот предмет се вообичаени удвојувањата со прашални и односни заменки (Кому му веруваш). Нема удвојување на директниот предмет 1. Предлошкиот предмет во реченицата го откриваме на прашањата (во. 18 .Работеше без нив нив. кој. Се бори за правда (за што се бори?). затоа што за прирокот се врзува со предлог. 5. . Со употреба на показни заменки. каков и сл.. Врати нови учебници). За разлика од кај директниот предмет. 3. Индиректниот предмет се удвојува во следните случаи: 1. Но во случаите како Кого сакате? и Кого го сакате? се прави извесна разлика во значењето. Со односни заменки (Еве пријатна вест што ја очекуваме сите). по. сами или следени од именки (Го знам овој човек). со именски групи што го содржат еден (Им помогна на едни луѓе). 3. односно повратната заменка (Нему му рече). Ќе има некое зголемување на струјата. Со лични или географски имиња (Го сонуваше Белото Море). 4. 3.) кого? (за лица) и што? (за предмети): Дојде со своите родители (со кого дојде?). Со употреба на членувани именки или именски групи (Му даде на непознатиот човек). ако не е дел од индиректниот предмет. така што понекогаш е нејасно дали станува за предлошки предмет или за прилошка определба во која има именка и предлог.): Најдовме еден стан. Но и некои прилошки определби можат да се врзат за прирокот со предлог. 4. Работеше без ракавици . Секому му даваше вересија. . Работи без ракавици (без што работи?). никаков) почесто нема удвојување на директниот предмет (Никого не гледам). 2. 2. Во таква улога можат да се јават сите предлози. Со употреба на членувани именки или именски групи (Ги отвори насолзените очи). Кога се користат истовремено долгите и кратките форми од личните заменки. Ако тој е нечленувана именка или именска група (Судијата повикал сведок сведок. 4.вас ве повикаа на свадба).Пристигна со нив. речиси и да нема удвојување (Што барате?). Никому не му должи ништо. Се сеќава на мене (на кого се сеќава?). сами или придружени од именки (Секогаш им помагаше на овие деца). без.. Нема удвојување на директниот предмет со именска група во која е еден или пак неопределена заменка (некој. Со лични или географски имиња (Му подвикна на Петрета). на. 2. како и со именски групи во кои има неопределени. Удвојување имаме и со нечленувани именки: Како на туѓинец да му зборуваш! ПРЕДМЕТ СО ПРЕДЛОГ – ПРЕДЛОШКИ ПРЕДМЕТ Предлошкиот предмет се вика така. Со употреба на показни заменки. општи или одречни заменски зборови: Некому му одговара хаосот. па дури и предлогот на. нешто и сл. Со одречните заменски форми (никој. каде што се ретки или воопшто ги нема. Предлошкиот предмет составен од предлог и именка (или именска група) можеме да го замениме со тој предлог и долгата заменска форма: Пристигна со своите родители.

како освен. Се врати од школо школо. Како прилошки определби се јавуваат: прилозите. Леонардо да Винчи ПРИЛОШКИ ОПРЕДЕЛБИ Прилошките определби служат како дополненија на прирокот во реченицата. Доаѓаат на прашањата кога? од кога? до кога? и сл. односно со фразеологизми. Го определуваат времето кога се врши глаголското дејство. Се користат именки со предлози: Не дојде поради болест. Се искажуваат со прилози за време или . за време. односно именски групи и предлози: Тој влезе внатре внатре. против и сл. за причина. Се искажуваат со прилози.Предлозите во предлошкиот предмет го губат своето основно значење и добиваат улога на сврзувач меѓу прирокот и именката. за колку и сл. 5. Понекогаш предлогот може да се изостави: Секој ден доаѓаше прв на училиште. односно именски групи и предлози (Учи со музика). со глаголски прилози (Раскажуваше смеејќи се). Со нив се објаснуваат околностите за одвивањето на глаголското дејство. односно именски групи и предлози: Ќе ти се јавам вечерва вечерва. Се искажуваат со прилози за место. единствено се употребуваат во улога со предлошки предлог: Не видов друг освен тебе! Поука за овој час: Секогаш ќе се најдат очи и уши – отворени за туѓите тајни. Отиде во густата шума. Го искажуваат начинот на кој се врши глаголското дејство. за начин. со фразеолошки изрази (Го фати на спиење). именки или именски групи со предлози. Се залага многу многу. Овие се прилошките определби: 1. или со именки. глаголски прилог.. односно именски групи и предлози: Не троши пари по кафеани кафеани. Доаѓаат на прашањата како?. Го определуваат местото каде што се врши глаголското дејство. Доаѓаат на прашањата колку?. односно со именски групи и предлози. 4.. Го нервираше до крајни граници. 2. Има напредок на демократијата во минатата година. Доаѓаат на прашањата каде? до каде? на каде? и сл. или со именки. на кој начин? Се искажуваат со прилози за начин (Се бореше храбро). Роден сум на Петровден Петровден. 3. Доаѓаат на прашањата зошто? од која причина?. Доаѓаат на прашањето со која цел? Се користат именки. со именки. 6. и преку споредба со како (Пее како славеј). за цел. Некои предлози. За една петка ќе беше одличен. за место. 19 . за количество и степен. Доаѓаат на прашањата кога? каде? како? зошто? и сл. Работи за постигнување траен мир. со именки.

атрибутот доаѓа пред именката: црно вино. која. Врската меѓу атрибутот и именката може да биде согласувачка (нов дом) и управувачка (дом со нов мебел). постојат и такви кои не ја менуваат структурата на реченицата. Кога општи именки вршат атрибутска служба на лични имиња. Кога се две општи именки една до друга. заби бели) или за развиен атрибут (прозорци со искршени стакла). Плавуш Планина . чаша вино. Придавскиот атрибут може да биде: обичен (ако придавката е во своето основно значење: златен накит. При сета своја желба желба. односно именски групи и предлози: Без работа нема напредок.7. туку служат за збогатување на нејзината содржина. искршени прозорци. не успеа да стане писател. пред да не каже ништо. Атрибутот е второстепен реченички член кој се поврзува со именките во реченицата и кој самостојно не може да постои. замислен замислен. Градот Мелник. првата се јавува како атрибут: змија осојница. Тие се наречени второстепени реченични членови. Доаѓаат на прашањето под кој услов? Се користат именки. може да се замени со придавка: платно од памук / памучно платно. Атрибутот определува некоја особина на именката. 8. бели заби. 20 . Тогаш тој одделува со запирка и се нарекува изделен придавски атрибут (Замислен Замислен. независно од именката на која се однесува. или метафоричен (преносен) наречен епитет: златно дете. По правило. Кога редоследот е обратен. Тука спаѓаат атрибутот и апозицијата. сребрен прстен. победивме на гостувањето. стариот учител го гледаше пожолтениот албум / Стариот учител. Како атрибут може да се јават придавки и именки (со предлози). зборуваме за стилска обоеност (вино црно. за услов. И покрај заморот заморот. пак. Во некои случаи атрибутот може да стои на различни места во реченицата. Искажуваат (не)допуштање за извршување или неизвршување на глаголското дејство. Селото Рич. сребрени снегулки. за допуштање. го гледаше пожолтениот албум). Во функција на атрибути може да се јават и броевите и некои заменки: Секое чудо за три дена! Именскиот атрибут се добива кога на една именка и додаваме друга именка со предлог. Винстон Черчил АТРИБУТ И АПОЗИЦИЈА Покрај основните и неопходните членови на реченицата. тие може да бидат членувани или нечленувани: Вујко Вања. Цитат за овој час: Дипломатот е човек кој двапати ќе помисли.

авторот на Печалбари. Ех. е роден во Дојран. Тоа се именки. авторот на Печалбари. без која таа не може да постои. предупредувања: (Опасно по живот!. Има исто значење и вредност со тие реченички членови и може да си ги заменуваат местата. Бизмарк 21 . Антон Панов. авторот на Печалбари.Кога се две именки поврзани со цртичка. Апозицијата е второстепен член на реченицата. Тоа се реченички соодветници (еквиваленти). Пишувавме за Антон Панов. авторот на Печалбари (апозиција со индиректен предмет). Или Цезар или ништо. Се изговараат со посебна интонација. Дојранските ракувања се посветени на Антон Панов. Го учевме Антон Панов. (апозиција со директен предмет). е роден во Дојран. Се користат при обраќање (Драги мои пријатели! Дами и господа!). на подметот. прилошката определба и секогаш се одделува со запирка. во текстовите можат да се најдат делови без глагол во лична форма кои се користат самостојно. леле! Напред!). нацрт-устав (нацрт-уставот). Ристо Крле пишува меѓу двете светски војни кога и Антон Панов. Платон РЕЧЕНИЧКИ СООДВЕТНИЦИ (ЕКВИВАЛЕНТИ) Личната глаголска форма (прирокот) е основен дел на реченицата. мојата омилена книга. Центар за странски јазици). прилози. При извици (Добро!. Во примериве одбележаните зборови се апозиција и се однесуваат на подметот. И именскиот атрибут може да биде изделен од именката на која се однесува: Ја прочитав За македонцките работи. но не целата вистина. онаа што игра улога на атрибут не се членува: предлог-закон (предлог-законот). поет-страдалник (поетот-страдалник). извици и сл. Таа може да се однесува на секој друг член во реченицата освен на прирокот. Антон Панов. авторот на Печалбари (апозиција со прилошка определба). Авторот на Печалбари. реклами. Здраво!. (апозиција со предлошки предмет). Цитат за овој час: Знаењето што го имаме е само трошка од она што го немаме. именски групи. Сепак. значи. Се користат уште во натписи. предметот. Цитат за овој час: Само вистината.

причинските. допусните. не само што . доаѓа до колебање на кој тип сложени реченици им припаѓаат: Се фати сиромавиот на оро. Сите викаа по него. 2. се скина тапанот. Спротивставени дејства (по и се јавува пак или сепак): Ја повтори годината и пак не сфати дека треба да учи. целните. спротивни. Сложените реченици ги делиме на 1. Во групата на зависносложените реченици спаѓаат: временските. Речениците што влегуваат во составот на сложената реченица се викаат дел-реченици. Во зависност од меѓусебниот однос на простите реченици во сложените реченици. ќе се скине тапанот(зависновременска реченица). Дејства кои се редат едно по друго: Го прочита писмото и се расплака.туку и. та. Не знам ниту сакам да знам за него. тие можат да бидат независносложени реченици (двете прости реченици се независни и можат да стојат независно една од друга) и зависносложени реченици (едната реченица да биде зависна од другата). Ако се фати сиромавиот на оро. Сврзниците па и та поврзуваат дејства што следуваат едно по друго: Зборуваше тивко. Независносложените реченици се делат на: составни. па.СЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ – СВРЗНИЧКИ И БЕСВРЗНИЧКИ Сложената реченица е поголема синтаксичка единица од простата реченица и содржи најмалку две прости (или проширени) реченици. Сврзници се: и. Не јаде ни пие. 3. начинските. Кога ќе се фати сиромавиот на оро. Со него се поврзуваат 1. односните и исказните. (кај кои врската меѓу дел-речениците е потесна) и на исклучни и заклучни независносложени реченици (со полабава врска меѓу дел-речениците). сврзнички (синдетонски) ако содржат сврзници или сврзувачки зборови и 2. последичните. ни. па наеднаш се развика. разделни. односно најмалку два прирока. ниту. условните. Поради отсуство на сврзници кај бесврзничките реченици. ќе се скине тапанот (зависноусловна). СОСТАВНИ (КОПУЛАТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Кај составните независносложени реченици содржините се поврзани меѓу себе по различна основа. та не 22 . истовремени дејства: Тој јадеше и потпивнуваше. Најчесто се користи сврзникот и. бесврзнички (асиндетонски) реченици кои не се поврзани со сврзници. Во одречните реченици се користат сврзниците ни и ниту. 4. Дејства од кои второто може да биде резултат на првото (може да се вметне затоа): Го беше потрошил кредитот и (затоа затоа затоа) не можеше да телефонира. Кај сите овие реченици (освен кај односните и исказните) зависните дел-реченици се јавуваат како прилошки определби на прирокот во главните дел-реченици.

ами. Според Правописот. ама никој не го слушаше. Реченици во кои втората е негација на првата: Зборуваше добро.туку и/ами и/но и/ама и може да се јави во одречна форма: Не само што не знаеше . 23 . Сврзникот а поврзува 1. ниту. Според Правописот. Владимир Мајаковски СПРОТИВНИ (АДВЕРСАТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Во овие реченици се искажуваат содржини со спротивставени дејства со помош на сврзниците: а. Поука за овој час: Вотката е бела. но со различни вршители: Кога се разделивме. Но тој може да се јави и во средината на спротивни независносложени реченици: Сакаше да се спротивстави. но и го заслужи. составните независносложени реченици со сврзниците и. но. ами гледаше само пред себе. имитирајте се самите. та. Сврзникот меѓутоа обично се употребува на почетокот на нов пасус. меѓутоа. ама. е неправилна и непожелна. а јас не можев да ги задржам солзите. Реченици со слични дејства. Сврзниците туку и ами се користат во спротивни реченици во чиј прв дел се одречува нешто: Не слушај гаталец. 2. Употребата на али наместо но и ама. не само што . Реченици во кои се употребува сврзникот или само еднаш меѓу дел-речениците. Со спротивно значење може да се јави и временскиот сврзник додека: Јас мислам така. Не се свртуваше назад. спротивни дејства со потврдна форма: Доби укор од класниот. туку слушај паталец. реченици во кои сврзниците се повторуваат. Сврзниците но и ама поврзуваат 1.знаеше што да прави. а тоа не беше добро. И овие сврзници може да поврзуваат дејства кај кои второто произлегува од првото. а не знаеја како. туку. Употребата на него во вакви случаи е неправилна и непожелна. 2. Реченици со спротивставени дејства: Тие сакаа многу. 3. додека ти мислиш поинаку. но го зацрвенува носот и ја оцрнува репутацијата. пред сите спротивни сврзници во сложените реченици се пишува запирка. Реченици во кои дејствата се надоврзуваат: Доби единица. 2. се одделуваат. таа плачеше. додека оние со сврзниците па.туку и не сакаше да знае. Сврзничкиот состав не само што . Цитат за овој час: Не имитирајте го Мајаковски. меѓутоа не знаеше на кој начин. Антон Чехов РАЗДЕЛНИ (ДИСЈУНКТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Постојат два типа разделни реченици 1. ни.туку и не се одделуваат со запирка.

или оди си. дејства кои се одвиваа истовремено или дејства кои се 24 . или се правеше дека не слуша. веројатно. в. Дел-речениците се одделуваат со запирка. Сврзувачки средства: само. в. било .ни. единствено. само што. Фјодор М. едно од дејствата може да му претходи на другото. единствено што. ни на куче дава. Во реченицата Излеговме надвор. Или се користи во алтернативни прашања: Ќе речат: си бил или не си бил? Според Правописот овие разделни реченици не се одделуваат со запирка?! 2. Се радува.било.ниту. дејството на едната се надоврзува на дејството од другата реченица. Во двете дел-реченици дејствата се исклучуваат: Остани овде. Достоевски ИСКЛУЧНИ (ЕКСКЛУЗИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Кај овие реченици врските меѓу дел-речениците се полабави. Цитат за овој час: Бензинот ваш . Сврзници со одречно значење: ни . Ем е шуто.или. или ве запишувам.ја. само Лилјана не дојде. се пишува запирка.ту.1. Во овие реченици. за да не се заразат уште повеќе. Ни јаде.де. сигурно добил пријатни вести. Во двете дел-реченици дејствата не се исклучуваат: Се радувам кога победуваме.Сите дојдоа. д.и. Како сврзници се јавуваат следните модални зборови: значи. ем боде. но кога се истакнува втората реченица. Посебна група чинат и . главна дел-реченица е Излеговме надвор. б.идеите наши. час не знае што прави.. а кога заврши часот е прилошка определба за време. секако. За означување на најизменично вршење на дејствата: де . Несреќните и бедните треба да се одбегнуваат едни со други. Нека дојде или татко ти или мајка ти. ниту . г. ја . ЗАКЛУЧНИ (КОНКЛУЗИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Со овие реченици се искажува некаков заклучок. Кај дел-речениците се пишува запирка. Дејството во втората дел-реченица може да се јави како последица на дејството во првата реченица: Бидете внимателни. г. Реченици со повторени сврзници: а. б. или играме нерешено.ем. Со сврзниците: или .час. Најчест сврзник кај овие реченици е кога. Иљф и Петров ВРЕМЕНСКИ (ТЕМПОРАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Во временските зависносложени реченици дејствата на дел-речениците се рзгледуваат од аспект на времето кога се извршуваат. сигурно. Дејството во втората делреченица е поверојатно од она во првата реченица: Не слушаше. ту . или кога се долги речениците. или кога има повеќе од две дел-реченици. или двете да се одвиваат истовремено. Час е мирен. час . Со него се поврзуваат дејства кои следуваат едно по друго. Во Правописот ваквите реченици не се одделуваат со запирка. ем .. кога заврши часот. Цитат за овој час: Несреќата е заразна болест. Кај овие реченици а.освен што.

Овие реченици се поврзуваат со следниве сврзници: бидејќи. како и дека и оти (пообични во разговорниот јазик). Го истераа од час бидејќи не внимаваше. кога зависната реченица е пред главната. помина кај баба му. а со да и за ограничување на дејството. дури. се користат сврзниците откако. Кога зборуваше. Всушност. Дури и додека сврзуваат истовремени дејства. поради тоа што. откога. додека и тн. Неправилна е употребата на пошто како сврзник: Не се врати назад пошто пошто/бидејќи /бидејќи му беше незгодно. подвлеченото се јавува како прилошка определба за причина. ПРИЧИНСКИ (КАУЗАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Зависнопричинските реченици поврзуваат дејства од кои едното (во зависната реченица) се јавува како причина за другото дејство. Цитат за овој час: Да ги оставиме убавите жени на луѓето без фантазија. Според Правописот. штотуку. откога: Откако се одмори. Треба да се прави разлика меѓу прашалниот прилог зошто и сврзникот зашто: Си отиде зошто/ зошто/зашто зашто не можеше да чека повеќе. Додека јаде.//дур(и) дур(и) да дојде бабата изгорела тавата. домашните постигнаа гол. заради тоа што. ги бришеше насолзените очи. Само што почна натпреварот. зашто. Кога читаше. Според Правописот.се одделува со запирка. тукушто се поврзуваат дејства кои траат многу кратко и/или се повторуваат. Кога зависната е зад главната. само што. Ако дејството во главната реченица. се случува пред она во зависната (споредната) реченица се користи пред да. затоа што. ако споредната реченица е пред главната . добиваме зависна дел-реченица во состав на зависнопричинска реченица.откако. Во реченицава: Го истераа од часот поради невнимание. само што. тукушто. Пред да дојде дома. Марсел Пруст 25 . Се радуваше на пролетта зашто ги сакаше прошетките. секогаш беше во право. штотуку. Кога дејството во главната реченица следува по она во споредната. Штом ќе влезеше професорот. Со сврзниците штом. се користи запирка ако врската меѓу нив е полабава. зависната реченица се јавува како проширена прилошка определба за причина на главната реченица. ги протри очите. царуваше тишината. Кога ќе ја прошириме. седна да учи. реши да прочита друга книга. тој не разговара: Дур(и) да дојде дедото//изгорело селото. Други временски сврзници се: штом. пред да. се одделува со запирка. Поради тоа што не ја најде лектирата.повторуваат: Кога стана.

Меѓу да и личноглаголската форма може да стои само негацијата. дотолку. Не е правилна употребата на да-конструкцијата за искажување на можен начин: Учев многу за да би положил. кратките форми на личните заменки. Толкави му беа силите што не можеше да му се спротивстави.). Толку беше уморен што одвај стоеше на нозе. Џон Милтон ЦЕЛНИ (ФИНАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Кај целните (намерните) реченици зависната реченица се сврзува со главната со помош на сврзниците да и за да. Правилно: Толку многу учеше што сите оценки му беа одлични.ПОСЛЕДИЧНИ (КОНСЕКУТИВНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Кај последичните зависносложени реченици се искажува дејство кое е последица од дејството во главната реченица. така што ја препрочитав повторно. Кај последичните реченици не е правилно да се употребува толку заедно со така што: Толку многу учеше. си): За да не пречам на другите. Неправилно е да се рече: Дојдов како би ги помирил скараните. 2. така што сите оценки му беа одлични. Во главната дел-реченица се јавува показниот прилог толку или друг показен збор (така. Во првата (главната) дел-реченица Толку беше уморен се дава причината. додека кај речениците од првиот тип.. главна реченица е Тој дојде. запирка може да се пишува или не. Цитат за овој час: Пред сите други слободи. а во зависната дел реченица се јавува што: Така силно викаше што ги разбуди соседите. се дава последицата од првата реченица. а во втората (зависната) што одвај стоеше на нозе. се повлеков предвреме. 26 . таков. толкав. Меѓу за и да може да се вметнат и други зборови: За првпат кога ќе дојде да му оставиме подобар впечаток. Треба: Дојдов за да ги помирам скараните. Во главната нема показни заменки. Постојат два типа последични реченици: 1. дајте ми ја слободата да знам. Според Правописот на македонскиот литературен јазик запирка се пишува пред зависните реченици со сврзникот така што. Неправилна е употребата на така да наместо така што. или Многу учеше. Правилно е: Учев многу за да положам. како и кратките форми на повратната заменка (се.. Во реченицата Тој дојде за да побара помош. така што сите оценки му беа одлични. Кај овие реченици во зависната реченица редовно се употребува да-конструкцијата. во зависната се јавува така што: Книгата беше интересна. додека за да побара помош е зависна дел-реченица и со неа се искажува целта (намерата) во главната дел-реченица. да говорам и да спорам слободно според мојата совест.

Со овој услов се опфаќаат и реченици во кои има заемно поврзани дејства што се повторувале во минатото. така што не се расправа со него. Се обидува (се обиде. При разгледување на условот во зависната реченица наидуваме на следниве специфичности: 1. нека научи повеќе. зависна во кој се содржи условот е Ако редовно тренираш. Внимавај на час за да научиш (целна реченица). Ако редовно тренираш. ќе играше во првиот тим. ќе играш во првиот тим. Некои од целните реченици можат лесно да се претворат во условни. Во оваа сложена реченица. ниту неговата последица: Ако тренираше редовно. Кај реалниот услов се дава и последицата и нема пречки тој да не се исполни: Ако победиме. Марк Твен УСЛОВНИ (КОНДИЦИОНАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Кај условните зависни реченици дејството во главната реченица се засновува на (не)исполнување на условот во зависната реченица. меѓу нив се пишува запирка. Ако најдеше парички меѓу тезгите на пазарот. ќе се обиде. но не се знае дали ќе се исполни условот. меѓу нив не се пишува запирка. главна дел-реченица е ќе играш во првиот тим. Според Правописот на македонскиот литратурен јазик. Кога условот е поставен. можен и нереален. 3. кога зависната делреченица е пред главната. одеше кај продавачот и си купуваше лубеничка. Внимавај на час ако сакаш да научиш (условна реченица). Кога условот е исполнет. Кога условот е поставен. би се обидел) за да му помогне. Ги држеше строго затоа што сакаше да научат повеќе (причинска реченица). се јавува и неговата последица. отколку за нештата што сте ги направиле. Поука за овој час: По дваесет години повеќе ќе жалите за нешта што не сте ги направиле. 1. а кога зависната е по главната. (целна реченица). а со тоа и причината. ќе одиме на државното првенство. се обидел. како и неговата последица. 27 . 2. Постојат три типа услов: реален. но условот не е исполнет. Глаголот во главната реченица може да се употреби во било кое глаголско време или начин. Не му дава повод за да се раправа со него/ Не му дава повод. Понекогаш некои од зависноцелните реченици по своето значење стојат близу до други видови реченици: Одеше пеш за да ослаби/ Одеше пеш и слабееше.По своето значење целните реченици стојат во блиска врска со зависните причински реченици: Ги држеше строго за да научат повеќе. додека во зависната е секогаш во сегашно време. а со тоа и последицата: Штом сака подобра оценка.

ќе ти помогнев. покрај иако се користат и други сврзнички состави: макар што. последицата е спротивна на условот од првата реченица. Сврзникот да понекогаш може да стои заедно со без: Без да прашаме. се дава последицата. сепак. а во главната дел-реченица гостите не допатуваа. има колебање дали тоа ќе се случи: Ако можам. Кај условните зависносложени реченици ги среќаваме следниве сврници: Сврзникот ако е најчест кај сите типови услов.. да не се знае дали ќе се исполни или не. а со тоа и на последицата. јави ми навреме. иако не постојат пречки за исполнување на условот. брго прај ја повисока портата. Честичката ли може да се јави во функција на сврзник во реченици со кои се искажува реален услов: Падна ли слана. пак. ако може да се јави и во друга функција (афирмативна: Ако Ако. Покрај сврзувачката служба. немаме пристап до кабинетот. Да ми го кажеш виновникот. без оглед на тоа што.2. со кои се искажува можен или нереален услов. се искажува услов кој може да биде испонет. при 28 . меѓу двете се пишува запирка. може и не мора да се пишува запирка. (Не сум знаел и не можев да помогнам).. гостите не допатуваа. спротивна на условот во зависната дел-реченица: Иако се јавија. Сврзникот да среќава повеќе во реченици со нереален. ништо ќе нема од овошките! Сврзникот кога во условните реченици. 2. Во улога на сврзник се јавува и доколку наместо ако: Доколку имаш потреба од помош. и да допусни реченици. се јавува заедно со би: Кога би сакале богатите. Според Правописот на македонскиот литературен јазик. Доколку пак. ќе те посетам. да знае!). Како кај спротивните реченици. и покрај тоа што. Во зависната дел реченица Иако се јавија имаме исполнет услов. не би имало гладни луѓе. Како и кај условните. така и му требаше. Кај нереалниот услов се дава спротивното од она што би се очекувало како услов и последица. ако зависната делреченица е пред главната. Ако знаев. Кај можниот услов. ќе купев нова кола (нереален услов). а особено кај реалниот услов. иако-допусни. и во зависната делреченица на допусните реченици. главната дел-реченица е напред. Цитат за овој час: Ако го фатиш пријател камилџијата. Кај првиот тип иако-допусни реченици. или. отколку во оние со реален услов: Да имав пари. ќе го казнам (реален услов). Постојат два типа допусни реченици: 1. и во главната дел-реченица на допусните реченици. 3. Народна пословица ДОПУСНИ (КОНЦЕСИВНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Допусните реченици по своето значење се доближуваат до зависноусловните и до независноспротивните реченици.

Непожелна е и неправилна употребата на мада.но но но. Народна ЕСЕЈ Литературен жанр во прозна форма.. Во народниот јазик наместо иако. И да не знаеш. како магаре умре.. Иако зборуваше полека. Реченици кои се поврзуваат со како. пообично е ако. Според Правописот на македонскиот литературен јазик. божем. небаре. Доаѓа од француското essai (лат.н. сепак сепак. макар што не требаше. како да. Народна НАЧИНСКИ (МОДАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ Во зависната дел-реченица на овие реченици се искажува начинот на кој (ќе) се одвива(ло) дејството во главната реченица. Многу често со и да доаѓаат честичката дури. Кај двата типа реченици. пак. никој не го слушаше. Реченицава може да се смета и за допусна. ти простувам. Правилно: Попуштив. 29 . не можам да ти поткажувам. ушите ми стојат. главната дел-реченица е напред. а во главната последицата спротивна на логичната последица. exagium) и значи оглед. Ги разликуваме следниве типови: 1. Зборуваше полека. Цитат за овој час: Како коњ се роди. 3. Попуштив. што. сепак сепак. мада не требаше. треба да се почитува. со која се нагласува спротивставениот однос меѓу дел-речениците. скица.. нема да добиеш единица. 2. ако зависната делреченица е пред главната. Цитат за овој час: Ако ми паднале обетките. освен кога зависната дел-реченица е дополнително објаснение. се радуваше како мало дете. може и не мора да се пишува запирка. како божем. никој не го слушаше. Реченици во кои се среќава заменскиот прилог како што: Се однесува така како што не треба. Што и да направиш. не голем по обем и со слободна композиција. Кога. И покрај тоа што се измори.сѐ што. обид.реченица се дава услов. Реченици со сврзувачкиот состав без да: Купи стан без да земе кредит..(Дури и да сакам. меѓу двете се пишува запирка. многу често сврзничките состави иако не и без да можат да се заменат: Го навреди иако не знаеше. многу често се јавува честичката сепак. проба. речениците од првиот тип се доближуваат до спротивните независносложени реченици. Според Правописот овие реченици не се одделуваат со запирка. По своето значење. На овој начин. колку и т. Се чудеше небаре прв пат да слуша за тоа. не успеа да се запише во листата на голгетери. Вториот тип со и да се викаат уште условно-допусни бидејќи во зависната дел. Јадеше лакомо како да не видел никогаш лубеници. Кој и да биде избран. сепак сепак. Макар што сакаше многу. како и заменските зборови кој.

афористичност. март-април. По Револуцијата од 1848 година. во текот на изминативе 25 века од својата бурна историја. „сега и овде“?. когнитивно? Која му е. колку што знае. лириката и драмата. за почеток Што му е на театарот минатото. театарот да смисли некои трикчиња со помош на кои ќе им се измолкне и на историјата и на историцизмот? Може ли. Германија и почеток на национално-ослободителни борби на угнетените народи. каква што се обврзал постојано да ја покажува на своите сцени? Му пречи ли на театарот минатото.. не ретко спротивставеност на мислења. емоционално. Од Википедија ОСОБЕНОСТА И ОЧУДЕНОСТА НА ДРАМСКОТО/ТЕАТАРСКОТО ПАМЕТЕЊЕ Редица прашања. ефикасно да се справува со него? Дали. а од друга. век е време на бурни историски настани. овој тип/вид меморија суштествено се разликува од сите останати типови/видови на истата?.Со есејот се изразуваат личните впечатоци и ставови на авторот по определен повод или предмет и со него не се претендира на сеопфатност и исцрпност.. со научната статија и литературниот расказ. сосема свои! форми на паметење: визуелно. Австро-Унгарија. покрај епот. театарот успеал да развие соодветни техники и методи со помош на кои научил минатото успешно да го ресемантизира. Блесок бр. differentia specifica на фамозното емоционално паметење – една од темелните категории во прочуената театарска система на Константин Сергеевич Станиславски – та. Некои теоретичари го разгледуваат есејот како четврти литературен род. кој – како што вели Аристотел – стварноста треба да ја подражава преку дејствувањето. за да мора толку интензивно да се занимава со него? Умее ли театарот минатото соодветно да го памети. (со кои неретко се меша). во тој опасен процес на сценското претставување на неговиот „вечен презент“. за да може перманентно да го трансформира во фамозната „вечна сегашност“.Се обидува ли. подвижност на асоцијациите. можеби. 2009 Поука за овој час: Човекот гледа онолку. благодарение токму на неа.. време на револуционерни превирања во Франција. ОСОБЕНОСТИ. Во однос на обемот и функцијата граничи. креативно да го рециклира и. востановување на интимна искреност и разговорна интонација. воопшто.. Јелена Лужина. за да промовира и да развива некои сосема специфични – сосема нови. феудализмот конечно бил срушен и заменет со 30 . на пример. 65. ПРЕТСТАВНИЦИ Средината на 19. На есеистичкиот стил му се својствени сликовитост. театарот да излезе од опасна „сенка“ на овие „баучи на минатото“. .. со филозофскиот трактат. Гете РЕАЛИЗАМ – ПОЈАВА.. воопшто. од една страна.

стварност). било укинато крепосништвото (во Русија дури во 1861). на човечките односи и општествените настани. Објективно сликање на животната стварност. Се јавуваат економисти и филозофи кои ќе се обидат да ги објаснат противречностите на економските и општествените законитости (Сен Симон. биологијата. откритија во физиката. сепак била животна реалност. се залагаат за нивно разрешување. Напредокот на производството ќе го поттикне и напредокот на општествената мисла и филозофијата. Тоа се прави со уметнички средства преку обопштување. За да се наслика еден лик. хемијата. фотографијата. секогаш се спротивставувала на поголема слобода и права на непосредните производители – работниците и селаните. Тоа е време и на големи научни достигнувања и пронајдоци (телеграфот. но положбата и на селаните и на работниците многу не се променила. анализа и експерименти. полека се создава еден нов правец во литературата наречен реализам (од лат. но со единствена цел – да ја зголемува својата економска и материјална моќ. нема единствени мислења за реализмот.капитализам. И што е поинтересно. која колку и да била разочарувачка. збор realismus – реалност. појава и модернизирање на железницата). кои ќе бидат искористени за унапредување на производството. Така. Буржоазијата како владејачка класа ги прифаќала научните достигнувања и материјално ги потпомагала. механизирано производство. Само научните факти добиени врз основа на овие методи. 3. Тие и понатаму останале експлоатирани класи во општеството. Според некои теоретичари на литературата тие би биле следниве: 1. И во поглед на особеностите. Во областа на науката преовладувале проучувања засновани на методите на набљудување. Овен. додека пак. Иако е тешко временски да се разграничат романтизмот и реализмот. век. се сметале за релевантни за понатамошни испитувања. се земаат особини од мноштво луѓе и се создава еден типичен претставник. тие два правци ќе се испреплетуваат кај еден ист автор. сепак новиот правец своите почетоци ги има во триесеттите години на 19. 2. Писателите реалисти во своите постапки ги користат методите на набљудување и анализа за односите меѓу луѓето и преку изложување на критика. Реалистите создаваат типични карактери во типични средини. Но затоа пак. за кого се вели дека е типичен претставник на оној 31 . Маркс и Енгелс). Таков е ликот на стариот скржавец Гранде. Фурие. романтизмот уште долго нема да биде напуштен. Таа морала да го напушти романтичарскиот занес на утопистите и да се сврти кон секојдневната стварност. Ваквите состојби во општеството наоѓале одраз и во литературата.

целокупното свое творештво да го публикува под еден заеднички наслов – Човечка комедија комедија. од парискиот живот (трилогијата Историја на тринаесеттата тринаесеттата). Како сведок на бурни историски настани тој ги слика противречностите на француското општество и преку набљудување и анализа верно ги одразува односите меѓу луѓето во своите дела. Балзак ОНОРЕ ДЕ БАЛЗАК (1799 – 1850) Со своето творештво Оноре де Балзак ги испишува најзначајните страници во историјата на францускиот реализам. Школувањето го почнал во еден духовен колеџ не по своја желба. се занимава со издавачка дејност. од провинцискиот живот (Евгенија Евгенија Гранде. патот е погрешен.. И повторно доживува неуспех. Балзак успеал првиот дел поцелосно да го обработи. Конечно. Ибзен). Мопасан. Изгубени илузии илузии) и Слики од политичкиот живот. Нешто подоцна се јавува натурализмот со дела во кои се слика мрачната страна на животот ( Зола. Така. Чехов.) со Балзак. расказот) особено биле попогодни за творечко изразување. романи со бурна и авантуристичка содржина. критичкиот (Гогољ Гогољ Гогољ). Според замислата Човечката комедија требало да содржи 137 дела поделени во три студии (делови): Студии на карактери..н. во 1829 година под своето име го објавува романот Шуани и го свртел вниманието на читателите и критичарите врз себе. Дикенс. Во теоријата на литературата уште се познати психолошкиот реализам (Достоевски).н. но се откажал од кариерата на правник. го завршил правниот факултет. за да во 1834 година дојде на идеја. Реализмот се смета за општ литературен правец и се јавува во неколку видови. Некои од литературните прозни форми (романот. во малограѓанско семејство. Во следните години објавува и по неколку романи. Во колеџот тешко се разболел. кои го трупале своето богатство уништувајќи ја среќата на своите најблиски (ќерката Евгенија). од селскиот живот. Флобер. Во него влегуваат шест слики: Слики од приватниот живот (Чичко Чичко Горио Горио). од војничкиот живот. Аналитички студии и Филозофски студии. Русија и т. По преселбата на родителите во Париз. како претставници. во зависност од периодот и земјите во кои настанува. Во историјата на литературата свое место си обезбедиле и Стендал (предвесник на реализмот). иако не биле запоставени ниту поетските. социјалистичкиот (Горки). зборуваме за класичен реализам кој од Франција бил прифатен и во други земји (Англија. За таа цел некои од порано издадените романи ги преработува.слој скржавци во Франција. 32 . 4. По неуспешните обиди да пишува под псевдоним. Балзак е роден е во гратчето Тур. Толстој и т. Тургенев. Поука за овој час: Кога целта не е јасна.

. Роднината Понс.како и расказите Свештеникот од Тур. единствена наследничка на наследство обременето со долгови. на сиот народ. да се добере до високото париско општество. но и како љубовен (односите меѓу Делфина и Ежен) и дури како криминален (постапките на Вотрен). откако се преселиле во Париз. Селани. Не пишува легенди за минатото. Непосредно по свадбената церемонија. Тема на романот е слепата и безгранична љубов на таткото Горио кон своите ќерки. Балзак одвај успевал да ги надмине материјалните проблеми.Гопсек. писателот ќе ѝ рече: „Ура! Јас го направив тоа што не го можел Бонапарта!. Еден од таквите дела е романот Чичко Горио.. Евелина станала. На таа мисла ќе го наведува и бившиот затвореник Вотрен. Делото содржи шест поглавја во кои авторот паралелно ја опишува судбината на стариот Горио по смртта на својата жена. кој се бори против општеството. Романот има драмска структура и многу потсетува на трагедијата Кралот Лир од Шекспир. на сопственичката на пансионот г-ѓа Вокер. Во тоа му помогнала грофицата Евелина Ханска. Балзак во своите дела дава слика на целото општество. За разлика од нивните автори (Скот. но како крадец и убиец. на крајот на романот Растињак ќе ја сфати својата заблуда. како и стремежот на младиот Ежен де Растињак. како и желбата на младиот студент од провинцијата (Де Растињак) да успее во големиот град (Париз). туку дава уметничка слика на тогашното буржоаското општество преку типизирани ликови. Балзак во литературата се јавува во време кога во мода се историскиот роман (Ајванхо) и романот на личноста (Робинзон Крузо. со која се познавал од 1832 година и со која ќе стапи во брак во 1850 година. потомок на пропаднато благородничко семејство. Дејството се случува во 1819/1820 година.. 33 . Преку тебе ја покорив Русија“. Типолошки романот можеме да го одредиме како општествен. иако можела да се откаже.. Балзак умира (на 18 август). Гете). кога од страв да не ги изгуби и ќерките Анастазија и Делфина. На патот до славата и богатството ќе го води мислата дека со чесност ништо не се постигнува и дека чесноста не се исплатува. Страдањето на младиот Вертер). ќе им дозволи буквално да го ограбат. Но само на неколку месеци по свадбата. Сепак.Од неговите речиси стотина романи би ги издвоиле уште: Шагринска кожа. Жената на триесет години. И покрај напорната работа (пишувал и по 15-16 часа дневно). Не помалку интересни се ликовите на двете ќерки на старецот. Полковникот Шабер.. Роднината Бети. ќе ја покаже својата хуманост и ќе го испрати старецот до неговото вечно почивалиште. Дефо. на виконтесата де Босеан.

Ќерките Анастазија и Делфина израснати без никакви материјални
ограничувања, до крајни граници ја злоупотребуваат родителската љубов, за на
крајот да одбијат да го погребат својот татко.
Виконтесата де Босеан, далечна роднина на де Растињак ќе го воведе во
аристократските кругови, но и самата ќе страда за невозвратената љубов на
еден португалски благородник. Г-ѓа Вокер многу брзо ќе увиде дека желбата да
стане г-ѓа Горио нема да ѝ се исполни.
Цитат за овој час: Во Париз младите луѓе прават кариера со
помош на жените, а жените - со помош на старци. Балзак
ФЈОДОР М. ДОСТОЕВСКИ (1821 – 1881)

Едно од најголемите имиња на рускиот реализам. Роден е во семејството на
Михаил и Марија Достоевски. Фјодор е второ од осумте деца во семејството.
Кога имал 15 години умрела мајка му. Неговиот татко, по занимање лекар,
малку подоцна умрел, најверојатно од насилна смрт. Тие настани во психата на
идниот писател оставиле длабоки траги.
Образованието го завршил на Воено-инженериската академија во Санкт
Петерсбург, но само по една година ја напуштил воената служба и се оддава на
писателска дејност (романот Бедни луѓе).
Во 1849 година бил уапсен под обвинение дека со една група подготвувале
заговор против царот Николај I. Бил осуден на смрт, но по неколкучасовно
исчекување, егзекуцијата била заменета со присилна работа во Сибир.
Тогаш повторно ги добил епилептични напади на кои бил склон уште од
детството. Престојот во Сибир ќе го инспирира да ја напише повеста Записи
од мртвиот дом. По враќањето се оженува со Марија Димитриевна Исаева.
По некое време се откажува од нихилизмот и го прифаќа христијанството.
Следуваат години на творечка активност кога настанал романот Понижени и
навредени, и го започнува Злосторство и казна
казна. Патува во повеќе европски
држави. Три години по смртта на првата жена, се оженува со Ана Сниткина,
која како стенографка му помага побрзо да ги пишува неговите дела, бидејќи
бил притиснат од долгови направени со коцкање. Од коцкањето конечно се
откажува во 1871 година, кога надзорот над финансиите го презема жена му. Од
бракот со втората жена ќе се родат две ќерки и два сина.
Во тој период ќе настанат следниве дела: Идиот, Демони, Младич, Записи
од подземјето, Двојник (повест), Коцкар, Браќа Карамазови и повеќе
раскази и повести.
Како признат автор, Достоевски станува член на низа руски и меѓународни
асоцијации на писатели. Бил поканет да го посети императорскиот двор, а
добива и други почести (да зборува пред споменикот на А. С. Пушкин). Смртта
го затекнала во Санкт Петерсбург. Погребан е во присуство на многуброен народ.
34

Злосторство и казна е најзначајното дело на Достоевски. Првпат е објавено
во продолженија во текот на 1866 год.
Тема на романот е двојното убиство што го извршил Раскољников и казната
што го стигнува. Таа казна е повеќе душевно страдање, отколку физичко
малтретирање. Идејата е дека ниедно злосторство не може да биде
оправдано и неказнето. Во поширока смисла, тема на романот е универзалната
положба на човекот како единка и неговата судбина.
Романот има осмислена и разгранета структура. На почетокот се запознаваме со
главниот јунак, осамениот студент Родион Раскољников, кој разочаран од
положбата во која западнал (ги напуштил студиите поради материјална беда),
смислува убиство над старата лихварка. Над ваквата социјална структура,
Достоевски ја додава психолошката компонента – размислувања на главниот
јунак за да го оправда тоа убиство. Кога, без да сака, ја убива сестрата на
старицата, психолошкиот товар се зголемува, за да на крајот преку
самопризнанието и покајувањето – Раскољников ќе сфати дека теоријата за
силна личност на која и е сѐ дозволено, е голема заблуда.
-Јас себе се убив, а не бабата! Ќе признае главниот јунак во романот пред
Соња Мармеладова, девојка со искрена и чиста душа.
Со нејзина придружба во полициската станица ќе го признае убиството.
На судскиот процес ќе биде докажана вината на Раскољников, но како
олеснителна околност ќе биде земено предвид неговата добрина, како и желбата
да им помага на сиромашните. Осумте години прогонство во Сибир на кои ќе
биде осуден, ќе ги помине заедно со Соња, која секогаш ќе биде подготвена да
им помага на другите, дури и да се жртвува за нив.
Главниот јунак Родион Романович Раскољников е сложена личност со повеќе
позитивни и негативни особини. Една од нив е гордоста. Тој исто така парите
од убиената старица не ги зема за себе, а ги раздава на посиромашните. Свесно
го извршува убиството над старицата, мислејќи дека тоа го прави за повисоки
цели. Се обидува да го оправда второто убиство над Лизавета Ивановна,
сестрата на старицата - како грешка.
Грижата на совеста ќе го притиска како товар што не може да го отфрли од
себе. Станува рамнодушен кон сите. Отуѓеноста се вселува во неговата душа.
Затоа оди кај Соња за да се исповеда. Нејзината желба да му помогне, со
силната верба во Бога, ќе направат по некое време, тој да ја откупи својата
заблуда со вистинско покајување.
Соња Мармеладова, тивка, бедна и девојка од улицата, не по своја желба - е со
спротивен карактер. Добрината во нејзините постапки и спремноста да им
помага на другите, ќе го скрши отпорот кај горделивиот Родион и тој ќе падне
пред нејзините нозе и ќе бара прошка.
Цитат за овој час: Ако Исус нема ништо општо со вистината, и вистината нема ништо
општо со Исус, но јас претпочитам да бидам со Исус, отколку со вистината. Достоевски
35

ЛЕВ НИКОЛАЕВИЧ ТОЛСТОЈ (1828 – 1910)

На Лев Николаевич Толстој му припаѓа едно од челните места во руската и
светската литература. Тој е познат и како мислител и реформатор. Се залага за
отпор без насилство – идеја што подоцна ќе биде прифатена од Махатма
Ганди и Мартин Лутер Кинг.
Руската православна црква ќе се спротивстави на неговите религиозно-морални
погледи публикувани во повеќе дела и Толстој ќе биде исклучен од неа.
Роден е во с. Јасна Полјана, во близина на градот Тул. Потекнува од старо
благородничко семејство. Мајка му умрела кога имал само две години, а нешто
подоцна останал и без татко. Детството го поминува во родното место и во
Москва, а потоа живее во Казањ, каде што студира источни јазици, а подоцна и
правни науки. По краткиот престој во родниот крај, стапува во воена служба
најпрвин на Кавказ, а потоа заминува на Крим и учествува во одбраната на
Севастопол од Турците.
Во меѓувреме ја објавува повеста Детство, а работи и на Момчештво, кои
заедно со повеста Младост составуваат трилогија. Веќе со првото дело, Толстој
се наредил меѓу најзначајните руски писатели.
Во трите раскази: Севастопол во декември, Севастопол во мај и
Севастопол во август 1855 година, Толстој го разобличува односот на
аристократијата за време на војната и го истакнува хероизмот на рускиот човек.
Авторот бил со воодушевување пречекан во Петроград, каде што биле објавени
расказите. Тогаш се запознал со некои од најголемите руски творци (Тургенев,
Некрасов, Чернишевски, Гончаров).
Во животот на Толстој особено се значајни неговите посети на Италија,
Франција, Германија, Швајцарија, со цел да се запознае со напредната
педагошка мисла во тие земји и да работи на просветување на руските селани.
Покрај практичната педагошка работа, Толстој е активен и како автор на низа
педагошки статии објавувани во списанието Јасна Полјана. Се залага за
ослободување на селаните од крепосништвото и доаѓа во судир со
благородништвото на кое му припаѓа. На полето на литературата го објавува
романот Семејна среќа, повеста Козаци и многу раскази.
Важен настан од животот на Толстој е женидбата со Софија Андреевна
Бернс, која ќе му стане не само верна сопруга, но и вредна помошничка околу
средувањето и редактирањето на литературните и публицистичките дела. Во
бракот ќе им се родат 13 деца, од кои некои доживеале длабока старост.
Во годините по женидбата (1862), настапува расцут во творештвото на Толстој
кога неговиот талент пораснал до размери на генијалност. Прв во светската
литература ја воочува разликата меѓу несреденоста на културниот човек и
непосредноста на обичните луѓе блиски до природата.
Тогаш настанале неговите најзначајни дела Војна и мир, и Ана Каренина,
како и некои помали дела (повеста Козаци, расказот Кавкаскиот заробеник).
36

) Во Смртта на Иван Илич (1886). За делото Владимир В. како и повеќе други дела (повестите: Хаџи Мурат. исполнета со искреност и длабока човечност. како што го направил тоа чуварот на железничката станица. Првичната замисла на Толстој да ја прикаже судбината на жена од високото руско општество. на Наташа Ростова.Во основата на Војна и мир е поставено руското општество во првата половина на 19. си имаат поважни работи. како впрочем и многу од делата на Толстој (само Војна и мир и Ана Каренина се филмувани по десетина пати од различни режисери и со различни актери во главните улоги). која силно сака и бара да биде сакана. најсовршеното и најсложеното дело на Толстој. и која се упропастила себеси. и со епска широчина дава приказ на историските настани што се одиграле. подоцна се претворила во роман со широки општествени рамки. Набоков ќе напише дека овој расказ е најсветлото. Испуштајќи го духот. Психолошки уверливо авторот ја прикажува младата Ана која по средбата со Вронски ќе лета од среќа. Според силината на уметничкиот израз. за да најпосле биде отфрлена од најблиските. се пробудува душата. Крајцеровата соната. Повеста е екранизирана. 37 . Потоа авторот го опишува животот на главниот лик. и како во еден момент несреќно ќе падне и ќе се повреди. Кога се зборува за ова дело. Смртта на Иван Илич. особено за време на војната. За само неколку месеци боледување. време кога се одиграле значајни настани . век. неодминливи се ликовите на Андреј Болконски. ќерката. синот). не заостанува по ништо зад Војна и мир. Декабристичкото востание (1825). Толстој раскажува за мачната умирачка на еден судски обвинител.војната со Наполеон Бонапарта (1805-1812). женидбата. Единствено слугата Герасим е тука да му помогне.ќе стане идеална мајка и сопруга. првобитната замисла – романот да биде со семејна тематика. На почетокот се дава веста за смртта на судскиот чиновник и размислувањата на неговите соработници кој ќе го добие неговото место. односите во семејството. телото на Иван Илич Головин почнува да се распаѓа. романот Ана Каренина ( со тема за љубовта и бракот). Делото се смета за едно од најдобрите кратки форми во светската литература. Иако во делото е претставена галерија од речиси 500 ликови. Сите во семејството (жената. Толстој постепено ја надополнува. тој полека умира. Во подоцнежниот период Толстој го објавил романот Воскресение. која кога ќе порасне ... унапредувањата во службата. Со умирање на телото. сепак во преден план авторот ја дава моралната сила на обичниот руски човек. и секако. Навлегувајќи подлабоко во епохата. Лажниот општествен морал кај младата жена ќе предизвика длабоки внатрешни судири и таа ќе го заврши својот живот на начин. на Пјер Безухов. Иван Илич гледа пред себе светлина и почувствува вистинска среќа.

Верлен. Толстој МОДЕРНАТА ВО СВЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА Крајот на 19. Преку нови форми на здружување во т. Кризата на општеството изразена преку кризата на личноста. импресионизмот.. Неговата татковина е Германија. Како спротивставување на импресионизмот.. Експресионистите ги прикажуваат сликите не како што ги гледаат. Според симболистите предметите и појавите околу нас се само симболи на мислите. Н. Арагон како негови 38 . додека се запоставува содржината и уметничката вистина. нешто подоцна (пред Првата светска војна) се јавува експресионизмот. Маларме. Со Манифестот на надреализмот. Бодлер. Рилке. Негови претставници се Е. Модернизмот како литературен правец во својата основа не е единствен и се разгранува во повеќе струења како што се симболизмот. крупните капиталисти освојуваат нови пазари и ги присвојуваат богатствата на новите колонии. Во тој поглед авторите се надоврзуваат на епохата на романтизмот. така и на општествен план.н. А. Зачетник на овој правец е С. Набљудувајќи ја стварноста. век е исполнет со противречности. (втората деценија на 20. претставници се Ш. трустови. стилот и формата воопшто. Нивна е девизата уметност заради уметност (l`art pour l`art). Толстоизмот како филозофија го поставува моралното самоусовршување како смисла и цел на животот. Пруст. Б. Претставници се А. Италија. Франција. и почетокот на 20. нивниот живот безвреден. Поради тоа дошол во судир со Руската православна црква која го одлачила од своите редови (1901).. од каде се проширува во Австрија. експресионизмот. Чехов. Брехт. футуризмот.Самиот Толстој како основач на толстоизмот. Се прави обид преку ирационалност и мистицизам да се одгатне судбината на обичните луѓе. како на економски. Р. М. Кафка. е предмет на многу спротивставени мислења. чувствата и идеите што живеат во човекот“. А. Дури некои од струењата на модерната ги определуваме како неоромантизам. Ф. писателите и уметниците се дезориентирани и се повлекуваат во својот интимен свет. Бретон. Во делата на модернистите во преден план се ставаат формалните особености на делото. туку како што ги доживуваат со душата и срцето.н. Индивидуализмот се пренагласува како решение за бегање од стварноста. Блок. Кај нив доминира сликата. М. како што се јазикот. П. Имаат заслуги во збогатувањето на формите на поетското дело. и како единствен пат до Бога. Толер. станува основа на нивното творештво. Елијар и Л. Франс. век се промовира истоимениот правец. надреализмот и т.. Импресионистите ги создаваат своите дела под влијание на впечатоците. Рембо. Работната сила станува поевтина. А. Поука за овој час: Една од најштетните и најопасни мисли е: „сите така прават“ – Л. П. со А.

се венчава со својата братучетка Вирџинија Елиза Клем. во семејство на Елизабет и Дејвид По. воведува нови тематски и изразни форми и ја премостува епохата во која твори. Тамелан и други стихови. но не е заинтересиран да ја заврши. Во 1835 тајно (а следната година и јавно). Ленор. Основното образование го стекнал во Шкотска и Англија. дури и во скромноста. а подоцна уредува едно литературно списание. Во 1831 година во Њујорк ја издава третата стихозбирка Поеми во која се поместени претходните поеми Тамерлан. По безуспешно се обидува професионално да се занимава како писател и од тоа да живее. но никогаш не бил легално посвоен. станувајќи предвесник на симболизмот. таа ќе се засили особено кога неговата сопруга Вирџинија ќе се разболе од туберкулоза. Роден во Бостон. Рано останал без родителите. Гавранот). Од склоноста кон алкохолот По не се откажал никогаш. А причината за смртта е пијанството. Едгар Алан По имал несреќно и несредено детство. но не го оформува целосно. а тој двојно повеќе. век кога романтизмот е во полн расцут. патувачки актери. или нешто друго. Неговиот исклучителен талент разгранува нови врвици. Бил прифатен од некој трговец по име Џон Алан. која имала 13 години. Поука за овој час: Треба да имаме мерка во сè. Две години подоцна ја издава својата втора книга поезија Ал Араф. Со една од нив (Елмира Ројстер-Шелтон) тој ќе стапи во брак на само неколку месеци пред смртта. Ал Араф и уште шест нови.основачи. Во неразбирање од средината и во несреденост му поминал и остатокот од животот. Во 1820 се враќа во Америка. Самиот збор надреализам ја објаснува неговата суштина: се напушта реалното за да се навлезе во потсвесното. Уште не е разјаснето. Во 1827 година ја издава својата прва збирка Тамерлан и други поеми. Анатол Франс ЕДГАР АЛАН ПО (1809 – 1849) Едгар Алан По живее и твори во првата половина на 19. Кон неа се однесува како нежен сопруг и дури како брат. Образованието го продолжува во Ричмонд. Во животот на Едгар Алан По постоеле и други жени. Вирџинија ќе биде поттик да ги напише некои од неговите најпознати песни (Анабел Ли. Премрежјата кои го следат поетот уште од детството ќе се таложат во неговата душа и ќе го поттикнат на пијанство. Во меѓувреме тој работи како новинар и уредник во еден балтиморски весник.Бегањето од реалното е типично и за футуризмот. Кратко време учи во воената академија во Вест Поинт. во она што е меѓу сонот и јавето. дадаизмот и другите модерни струења. рецензии и статии во разни весници. 39 . а во 1847 година и ќе почине. Објавува повеќе раскази (Истории за гротеската и арабеската – во два тома). на кои тој им посветува и внимание и песни.

која одвреме навреме. Додека внимателно го читала. Верн. Па си реков: „дај. Во поезијата се стреми кон совршенство на формата. Многу години подоцна француските симболисти С. слично на месечината. и на она што му прилега и на она што не му прилега на еден човек. како да го испушта зборот nevermore! (никогаш повеќе). Всушност. толку се и безочни. Убиство во улицата Морг. "е министерот Д. К. Ф. Мотивот на смртта Едгар Алан често го користи во своите песни. рече Г. низ бунило поведува разговор со злокобната птица. што не ја покажува никому. Бодлер го сметаат за свој учител и се најзаслужни за неговата афирмација во светски рамки. Маларме и Ш.. Ж. Јулалум. Дојл. Херојот скршен од болка по саканата Ленора... Гавранот. Валјд. Документот за кој станува збор .. исполнети со страв и ужас и морничави мисли.. А. Како критичар ги формулира правилата врз кои треба да се гради краткиот расказ.стигнал до ограбената личност кога таа била сама во кралскиот будоар. треба сигурен да бидам таен ли е некој створ! . Марк Твен . кој се дрзнува на сй и сешто. За него убавината (особено женската) е највисок идеал за кој мечтае и кој го прославува. Го негува детективскиот расказ (Украденото Украденото писмо).Во последните десетина години По достигнува творечка зрелост. Тоа поопширно го објаснува во есејот Филозофија на композицијата. Лирскиот херој во поемата доцна во ноќта задреман над книгите слуша тропање на портите. Методите на кражбата колку се остроумни. низ прозорецот се втурна Гавран горд до темен взор. е само тука да ја потврди безнадежноста. Мистеријата на Мари Роже. а гавранот како симбол на морничава таинственост. сетив: морници ме лазат. да го засили очајот. зачув некој како чука пак со удар тап и спор. А. Го објавува романот Авантурите на Артур Гордон Пим. поемите На Елена."Крадецот". ќе идам до прозорецот... во кој пишува дека поемата ќе им се допадне и на критичките и на модерните вкусови. преку мене нешто јурна. Хичкок и др. Таа лежи во основата на едно од неговите најубави дела – поемата Гавранот.Панѕурите штом ги турнав.да бидеме отворени. Според авторот смртта на саканата жена е најпоетичната тема на светот. Во расказите на По има неверојатни приказни и настани. има своја неосветлена страна. Достоевски. Цитат за овој час: Секој човек. води разговор самиот со себе. М. Во многу од нив е присутно сатанското и окултното. била ненадејно прекината со влегување на една висока личност од која особено 40 .. херојот растргнат од тешки мисли. Маската на црвената смрт. Неговото влијание е присутно и кај О. станува збор за писмо . В собата штом дојдов назад. расказите Црната мачка. да видам.

на крадецот му е познато дека ограбениот знае кој е крадец. родителите го испраќаат за Индија. а особено на симболизмот. адресата била одозгора и бидејќи на тој начин содржината не била изложена на погледи. била принудена да го остави писмото на масата. и целата моќ произлегува од тоа. "како што велите." "Е. но секако дека не се осмелила да го сврти вниманието кон таквиот чин во присуство на третото лице кое стоело веднаш до неа." "Да". секако. се сврте Дипен кон мене. По кусиот престој таму. Образованието го стекнува во Лион и Париз. "но можно е да постои такво мислење." "Кому друг". околу петнаесетина минути. па вади писмо слично на она за кое станува збор. на заминување од масата го зема писмото кое не е негово. рече Дипен обвиен во вистински облак од чад. Најпосле. Но тоа. Министерот си заминал. За да го оттргнат од настраностите. па неговата мајка се премажила за висок француски офицер. "и така стекнатата моќ во опасни размери. "имате сѐ што е потребно за моќта да биде целосна . таа работа ми ја довери мене. го отвора. Ограбената личност секој ден е сѐ повеќе убедена во нужноста да си го поврати писмото. за државни работи. оставајќи го своето писмо на масата некое писмо без особена важност. Како студент води нередовен живот исполнет со скандали. дека писмото е сй уште во рацете на министерот. Со употребата исчезнува и неговата моќ. Рано останал без татко. Судбината на Шарл Бодлер и како човек и како поет во многу нешто потсетува на онаа на Едгар Алан По. не би можела ниту да посака. го препознава ракописот од адресата. но не и со некои јасни политички определби. По избрзаниот и напразен обид да го втурне во некоја од фиоките. Вистинската сопственичка сето тоа го видела. писмото останало незабележано. претпоставувам.. не може отворено да се изведе." Извадок од Украденото писмо превела Македонка (Божиновска) Маџирова ШАРЛ БОДЛЕР (1821 – 1867) Иако живее и создава значително пред да се појави модерната." "Ми ласкате". реков." "Јасно е". се преправа дека го чита. Неговото остро око веднаш го здогледува документот. Сепак. 41 . Шарл Бодлер се смета како зачетник на сите модерни струења во литературата.. отворено. Пак поведува разговор.. доведена до очај. Најпосле. а потоа го остава во непосредна близина на другото писмо. и ја наѕира нејзината тајна. На нему својствен начин набрзина изложува неколку деловни работи. Во револуционерната 1848 година учествува понесен од толпата. "поумен агент. одговори префектот. рече префектот. се враќа во Париз и продолжува со непримерното однесување. а не од неговата употреба.имала намера да го сокрие. ниту да си замисли. па тогаш".. забележува збунетост кај личноста до која е адресирано. последните неколку месеци се користи за политички цели. Во тој час влегува министерот Д.

Цитат за овој час: Жената е покана за среќа. Жана Дивал. Не бил разбран ниту од најблиските. и што со големи крила рамнодушно пловат над лаѓата што се лизга над горчливи јами. како и преводот на Авантурите на Артур Гордон Пим (и на раскази и песни) од Е. Тој исто така е автор на повеќе рецензии и критики од ликовни изложби и сл. ниту пак од критичарите. им се посветени повеќе од песните во Цвеќето на злото. со извесни прекини. Во некои песни ја искажува горчината вгнездена во неговото рането срце. дело што ќе ја разбранува француската јавност. меѓу луѓе што не го разбираат. А. барајќи го идеалот на убавото. Земајќи ги симболите како основна техника за своето изразување. но кога е на земјата. Во животот на Бодлер значајно место им припаѓа на жените. предизвикана од здодевноста на парискиот живот. Таквата состојба ја правеле искушенијата на кои наидувал во ноќниот живот на Париз. По. Слично на албатросот. птици што в морска шир се сами. Како одговор на нивните обвинување ја пишува песната Албатрос. Нејзе. додека шест песни како крајно неморални се целосно отстранети од збирката. ќе одржува. високо се крева. меѓу џган и врева. за птицата чија судбина потсетува на гордоста на поетите. И ПОЧЕТОКОТ НА 20. Првото издание на збирката содржи шест циклуси песни. Централната власт слабее. и на уште две жени. ВЕК Во последните децении на 19. дека е разуздан и циничен сладострасник. тој длабоко нурнува во најтемните длабочини на човековата душа. Бодлер МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА КОН КРАЈОТ НА 19. тиражот е запленет.Во 1857 година излегува стихозбирката Цвеќето на злото. Во поезијата на Бодлер доминира меланхолијата. 42 . Луѓето од бродот често за забава ги ловат албатросите. Во следните изданија се отстранети некои песни (од цензурата) и додавани нови. Со една од нив. Бодлер ги поставува основите на симболистичката поезија. Бодлер често запаѓал во безволност и апатија. По негативните критики дека со него се шири неморал. им служи за потсмев. а Бодлер и издавачот се парично се казнети. век Турската империја на Балканот ја потресувале силни општествено-политички настани. и поетот како принцот на облаците. Препуштајќи им се на ефектите на разните пороци. кои сметале дека го велича развратот и неморалот. Во следните години Бодлер го објавува стихозбирката Сплинот на Париз (со песни во проза) и Вештачки рај (есеи/статии за искуството од користењето на халуцинантни средства). врска до крајот на животот. Но тој е горд и со презир гледа кон нив.

Востанието ќе се вреже длабоко во свеста на народот дека треба да се подготвува за еден нов Илинден кој ќе дојде неколку децении подоцна (1944). Напоредно со револуционерната борба. М. Д. Македонија.Како резултат на национално-ослободителните движења. учители.). како меѓу народот. дури при крајот на 19. Населението неможејќи да се справи со сиромаштијата и со наметнатите даноци од власта. Бугарија се осамостоила (1878). ја напуштало Македонија и во потрага по подобар живот мигрирало во соседните држави (Бугарија. во периодот за кој станува збор. Србија. под османлискиот јарем. покажала како требало да се гради сожителството меѓу сите кои се борат за слобода и социјална правда. Иако недоволно подготвено и со трагични последици по населението. а подоцна и во прекуокеанските земји.. Така се јавило печалбарството како нов општествен феномен. на чие чело ќе застане корифејот на ослободителната борба. Теророт на кој бил подложено невиното население. отпрвин повеќе стихиен и индивидуален. 43 .. со траење од десетина дена.. Србија ја проширила својата територија на југ. подоцна ВМРО (1893). Круна на вековниот идеал за слобода на македонскиот народ и на сите што живееле во Македонија биле Илинденското востание (1903) и Крушевската република. предизвикал внимание кај европската јавност. Мисирков. Чернодрински. Отпорот на македонскиот народ против османлиското ропство. на начинот како била прокламирана и уредена. Крушевската република.век добил своја организирана форма преку создавањето на ТМОРО. Турција била принудена да ги отвори своите пазари за производите од европските земји. В. работници. но не и доволно. Империјата (во нејзините рамки и Македонија) била под наплив на индустриска стока со подобар квалитет и пониски цени. Цепенков. заедно со другите стопански гранки. Разнишаните турски позиции во Македонија создале погодна почва за дејствување на туѓите пропаганди на околните балкански државички со цел да го подготват теренот за нејзина идна поделба. Пулевски. Романија).. Босна и Херцеговина била окупирана од Австро-Унгарија. за да се натерат властите за спроведување на реформите на кои се обврзале. покрај стремежот за национално ослободување.) Организацијата. На Организацијата ѝ пристапувале елементи од сите слоеви на населението (селани. се борела и против туѓите влијанија. и покрај двете востанија во Разловци (1876) и во Кресна (1878). Гоце Делчев. К. заземајќи го Врање. П. Занаетчиството полека пропаѓало. останала единствена словенска земја на Балканот. дејствуваат и творат литературни и културни дејци (Ѓ. Како резултат на диктатот на земјите победнички во војните што ги водела. така и во сопствените редови. Чуповски.

А во поново време го откриваме и како автор на песни. но и за настаните во тоа време дознаваме од неговата Автобиографија (1896). Мисирков). М. и откако видел свои текстови во Зборникот на Кузман Шапкарев. трети. така и со начинот и љубовта со која ги собирал истите. драмата Црне војвода (1903). Цепенков почнал да собира народни умотворби.Мајски). 2900 соништа и нивни толкувања. многу страници со јазичен и етнолошки материјал и т. 350 баења. не можел да го разубеди да се откаже од желбата да го запишува непроценливото народно богатство. . како со сестраноста во собирачката дејност (забележал повеќе од 5500 пословици и поговорки. 70 детски игри. Македонцко тажејње. Многу од податоците за него. биле објавувани фолклорните материјали. 300 благослови. Редењето на дедо Марко Цепенко. Требало да поминат години за да се сфати големината и вредноста на наследството што ни го оставил. далеку од родната земја – Македонија. во многудетно семејство. не сите творби се со издржани уметнички вредности. Н.100 гатанки. на страниците на периодични списанија во Бугарија. каде што неговиот татко Коста се преселил од прилепското село Ореовец. Како резултат на неговата неуморна собирачка дејност. по многу нешта.Некои од нив работеле на будење на националната свест преку разграничување на македонскиот од бугарскиот јазик (Лозарите. Под влијание на Д. бугарски). Тој восхитува. Едно од тие списанија (Сборникъ за народни умотворенија. Цитат за овој час: Мнозина философи има гоедари и мнозина гоедари станале философи. кој дошол за учител во Прилеп (1856/57). дури и како драмски писател. повеќе песни (Мојата песна. напишана на родниот прилепски говор. Завршил ќелијно училиште во Варош (Прилеп). други со своите дела ја поттикнувале револуционерната борба (Чернодрински. со собирачката дејност ја дополниле ризницата на македонското културно наследство (Цепенков. Се разбира. Цепенков на поодмината возраст почнал да создава дела кои носат личен печат: Автобиографијата (1896). Роден е во Крушево. а потоа го учел терзискиот занает. што веќе никој. 800 приказни. наука и книжнина) речиси целото било исполнувано со записи од Цепенков. и за ништо на светот. влашки. И покрај семејните и здравствените проблеми (видот полека го губел). 400 верувања и клетви. Но сите се со искрени мотиви и со пораки на страдалник.).н.150 песни. исклучителна појава во нашата културна историја. Шапкарев). грчки. Љубовта кон книгата била голема и Цепенков читал сѐ што ќе му дошло при рака. Научил повеќе јазици (турски. Толку ја засакал народната мудрост. Марко Цепенков МАРКО ЦЕПЕНКОВ (1829 – 1920) Марко Цепенков е. Миладинов. 44 . К.

За некои негови критичари тоа било недопустливо. Но Цепенков бил длабоко сраснат со духот на нашиот јазик и таквите интервенции воопшто и не ги забележуваме... Може слободно да се каже дека тој не е обичен запишувач на народни умотворби. букви кои не се користеле во бугарската ортографија! Она што го разликува Цепенкова од другите собирачи на народни умотворби е постапката со која ги бележи приказните внесувајќи понекогаш лични интервенции во нивната содржина и придодавајќи нови елементи.Тој е прозаист кој на најубав начин народната мудрост ја доближува до светот на уметничката литература. го напуштило родното Селци (Дебарско) и се населило во Охрид. Притоа е одмерен. го продолжил средното во солунската гимназија. за кои попрво би рекле дека се раскази на Цепенков. 45 .Позив од мајка Македонија. Белешки за македонцките војводи (1894). сепак на Војдан Чернодрински му припаѓа челното место во оваа литературна област.Џинот. Меѓу многуте негови приказни. К. каде што биле заштитени колку толку од турските власти. Марко Цепенков ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ (1875 . секогаш најпрвин би ја истакнале онаа за Силјан Штркот. се зафаќа со психолошко портретирање на главниот лик. Х. исто како што со мерка ги изнесува мотивите поради кои Силјан се оддава на безделничење. Интересно е да се каже дека во повеќе свои творби Цепенков употребувал упростен правопис со примена на ѕ и џ. Цепенков е уверлив не само во изнесувањето на деталите околу авантурите на Силјан Штркот и во описот на селскиот живот. Напротив тие со сочниот стил... . и кои восхитуваат со мајсторски водената нарација. Вреди да се спомне е тоа дека Цепенковите приказни се непресушен извор и подлога за многу дела од современи автори. умирачката ќе ми отми перото од раката. уште повеќе. Тука Војдан го започнал основното образование.1951) Иако почетоците на театарската уметност воМакедонија се поврзани со драмските изведби на Ј.). Во неа се прикажува за страдањата што ги доживеал разгалениот син кој не сакал да ги прифати советите на своите родители. на приказните им даваат полнокрвност и со својата реалистичност ги доближуваат до читателите. Цитат за овој час: Најпосле да ви речам нешто. Животниот пат на Чернодрински се совпаѓа со судбината на илјадници Македонци кои поради несигурноста на личниот живот биле принудени да ги напуштаат родните огништа и да се населуваат во места (најчесто градови). а го завршил во Софија. каде што татко му порано се преселил. Така и семејството на Војдан Поп Георгиев-Чернодрински по една немила случка.

Австрија. Тој исто така ќе биде сведок на меѓусебни пресметки на членовите на Внатрешната македонска револуционерна 46 . Самиот Чернодрински во периодот по Хуриетот (1908) во Солун.Мајски Илинден) или да се формираат театарски групи (Слобода и др.). Со своето дело извршил влијание и на други македонски писатели да создаваат драмски творби (на Димитар Хаџи Динев . Секаде бил со интерес пречекан од публиката. на Димитар Г. а особено во градовите каде што живеела македонска емиграција. Битола. Крагуевац и во неколку други градови во Србија. Тогаш Чернодрински ја напишал Македонска крвава свадба прикажана со голем успех кон крајот на годината. Со театарската група Чернодрински посетил многу места во Бугарија и секаде Драмата доживувала овации.Змеова невеста. Поттикнат од успехот на Македонска крвава свадба. Швајцарија. ги продолжил во Берн. формирал театарски групи со кои се прикажувале и драми со посовремени содржини. За неговиот репертоар Чернодрински ги напишал драмите: Од глаата си патиме. Студиите по право ги започнал во Грац. Чернодрински ќе биде сведок на ново. Ја формирал театарската група Скрб и утеха.Коста Шахов). Зло за зло (преработка на едночинката Дрварите). Чернодрински ќе ја продолжи дејноста преку формирање на Столичниот македонски театар во Софија. Кукуш. По трагичната поделба на Македонија (1913). К. кој. тројно ропство на својот народ. . Молеров . Со желба за афирмација на македонската национална мисла надвор од Бугарија.Нивна цел била да ја помагаат револуционерната борба преку нејзина афирмација во Европа Во летото 1900 година се вратил во Софија и целосно се посветил на литературно-театарската дејност. Македонска емиграција). Во нејзините рамки ќе се формира театарскиот кружок Македонски зговор кој ќе ги изведе првите драмски обиди на Чернодрински (Дрварите. на Марко Цепенков Цепенков.Револуционер. Робот и агата. пак. Чернодрински се обидел и како автор на либрето за првата македонска оперетка Срешта. бидејќи понесен од повикот за ослободување на поробената татковина. за поблиску да работат на ослободителното дело. негов соборец и истомисленик. на Н. Чернодрински ќе ја прикаже Македонска крвава свадба во Белград (во присуство на членови на кралското семејство). но не ги завршил. Чернодрински една година е учител во битолското село Могила. Кружокот дејствува до есента 1897 година кога речиси сите негови членови се префрлиле во Македонија. посветена на Гоце Делчев.Во Софија активно се вклучува во активностите на Младата македонска книжовна дружина (претседател . На таа турнеја се приклучил и Крсте Петков Мисирков. Во меаната. активно се вклучил во организирањето на повеќе македонски студентски друштва. кој работел на професионални основи. на научните предавањата ќе се заложи за создавање на посебна македонска држава. Скопје.

туку тоа е едно од најзначајните во македонската литература. Осман-бег напомош го повикува Селим-оџа. Нејзината вредност е уште поголема. Цвета ќе ги изговори на крајот на петтиот чин кој се одигрува на денот на свадбата. Меѓу сите највпечатлив е ликот на Цвета. Непомирлива е по однос на верата и својата слобода. Доаѓа чивликсајбијата Осман-бег со својата придружба и ја граба Цвета. кои држат до верата и обичаите. Не помагаат ниту советите на двете потурчени Македонки кои треба да ја разубедат Цвета да се помири со судбината. Цвета војвотката. последните три драми се напишани на бугарски јазик). Отпрвин под дејство на опојни треви Цвета одговара онака како што посакува Осман-бег. копнее по саканиот Спасе. Заради тоа и конфликтот во драмата го заострува да крајни граници. Драмата Македонска крвава свадба не само што е најпознато дело на Војдан Чернодрински. вљубен во младата и убава жетварка Цвета. Доаѓа Осман-бег за да се одмазди и да ја направи свадбата крвава. таа се присвестува. На реката) или од подалечното и поблиското минато (Духот на слободата слободата. ама Турчинка не станав. Третиот чин се одвива во харемот на Осман-бег каде што тој на разни начини се обидува да ја потурчи Цвета. Млада. Цар Пир. лабави струни на македонскиот роб. безуспешно ја бараат низ собите во присуство на заптии. Македонците чесни и достојни. ама Турчинка не станувам. Спасе и братот на Цвета. Бурите крај Вардар. Драмите што ги пишува тогаш се од македонскиот битов живот (На нова година. Слав Драгота. се испреплетени повеќе мотиви: социјалниот. Дуко. Последните години од својот живот ќе ги помине пишувајќи стихови и средувајќи ги своите спомени во писмена форма. Ја одбива понудата 47 . Во првиот чин авторот нѐ запознава со тешкиот аргатски живот на поголемото семејство на дедо Кузман кое жнее на имотот на Осман-бег. Или како што вели авторот: да се раздвижат спокојните. Во драмата која има пет чина. Но кога мајка ѝ бара да ѝ го види лицето. Од тие причини и ликовите се антагонистички поставени: Турците се насилници и злосторници. ако се знае улогата што ја одиграла за јакнење на националната свест кај нашиот народ. Идејата во Драмата е да се поттикне и зајакне свеста кај народот за ослободување од Турците. Четвртиот чин се одигрува во уќуматот. Истите зборови умрев. Им се приклучува овчарот Спасе.. Вториот чин се одвива во куќата на дедо Кузман каде што пијан Турчин ги малтретира жените барајќи да му зготват вкусни јадења и ги плаши децата. каде што во присуство на архиерејски намесник и конзули се одвива распитот дали Цвета доброволно се потурчила или насила. Таа храбро се спротивставува на секоја негова закана. го кине фереџето и вели умирам. битовиот и родољубивиот. убава.организација.

Дури и врз животите на своите аргати.. Смета дека има право на сѐ во неговиот имот.А Војдан и последниот грош го раздаваше и од сè најмногу ја сакаше Македонија. Осман-бег е типичен насилник. од Мала Азија било донесено население од кое ќе се регрутира ударната сила на грчкиот национализам со децении подоцна. Задоени се со духот на слободата од новите комитски песни. На место на Македонците. Во новонастанатите услови економската ситуација се влошила како резултат на прекинатите сообраќајни врски кон Европа и Ориентот. Ако тоа е интерсно за читање и гледање и по повеќе од едно столетие. Дуко и Спасе се храбри и бунтовни. Грчките власти. суров и одмаздолубив. тоа значи дека ништо не изгубило од својата актуелност.Залудни останале напорите на напредните македонски дејци да се спречи поделбата на Македонија. Во новоосвоените територии српските власти доведувале колонизатори на кои им била доделена најдобрата земја за обработување. Спремни се да посегнат по оружје за да ѝ стават крај на неправдата од поробувачите. Со Букурешкиот договор од 1913 година живото ткиво на македонскиот народ било поделено меѓу соседните балкански земји: Грција. само се потврдила неправдата нанесена кон нашиот народ. на нивните потомци нема да им донесе национално помирување и обединување! Во услови кога македонскиот јазик бил забранет за употреба во училиштата и бил забранет да се говори дури и во домовите (во Грција). за кои ни по речиси едно столетие. Марија Чернодринска МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ По Балканските војни и Првата светска војна настанало ново раздобје во историјата на нашиот народ. Со такви вредности е токму драмата Македонска крвава свадба. извршиле размена на населението со Турција и Бугарија. Иако некои од нашите 48 .. Неколку години подоцна. Бугарскиот двор инфилтрирал свои офицери во раководството на ВМРО со цел да се пресмета со Македонците кои се бореле за автономна држава во рамките на една идна балканска федерација. ќе загинат многу македонски синови за идеи и идеали. секако не можеме да зборуваме за нормален развој на нашата литература.. Вредностите на едно уметничко дело најобјективно се оценуваат преку временската дистанца. а кои минувале низ Македонија. со цел да го изменат етничкиот состав на Егејскиот дел на Македонија.да живее раскошно во харемот. Цитат за овој час: . Занаетчиството и трговијата стагнирале исто како и земјоделството и сточарството. Ниту во Бугарија положбата не била подобра. Душата постојано таму му беше.. Умира убивајќи го оној што посегнал по нејзината чест. Србија и Бугарија. Како резултат на меѓусебни пресметки. на Париската мировна конференција. пак.

Д. но сите нив ги обединува авторовиот стремеж за хуманистички односи. Крстиќ. Талев.Бегалка. Од првото драмско дело По матурата (1921). Допирни точки. В. е Бегалка. Цитат за овој час: Во 1938 година се замисли формирањето на Македонскиот литературен кружок. Окрвавен камен.. Покрај драмите Иљоски е автор на бројни научни и есеистички трудови од областа на литературата и јазикот и добитник на повеќе литературни награди и признанија.). Други. Крле. Комедијата е исполнета со богат народен колорит од песни и игри. Нагазил човекот . но најдолго работел како професор на Педагошката академија во Скопје. Татко и син .. каде што го оформил основното и гимназиското образование. Иљоски. подоцна да биде оспорувани (В.н.). Ѓ. но со родителите се преселил во Куманово. Свадба.). Но исто така 49 . По ослободувањето вршел повеќе функции (член на Комисијата за Кодификација на македонскиот литературен јазик и сл. чии дела на времето биле високо вреднувани. особено пред Втората светска војна. Негови се и следниве драми: Биро за безработни.. Христов. предмет на нивните дела се Македонците и нивните судбини (А. Кузман Капидан. Н. Рацин. има и една група писатели кои речиси целото свое творештво го создале на македонски јазик (А. па до последните. подоцна ги преработувал под други наслови (Бежанка. Роден во Крушево. Два спрема еден. Ленче Кумановче . Панов. Се разбира. Сижето на драмата раскажува за љубовта на двајца млади од две социјални средини. Чест. С. Интересно е тоа што Иљоски некои од своите драми напишани. а поради разни околности. К... Пиши Панче. Неделковски. Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) ВАСИЛ ИЉОСКИ (1902-1995) Васил Иљоски е првиот од македонските драмски писатели чии дела се прикажани на сцената на Скопскиот народен театар меѓу Двете светски војни и кој повеќе од шест децении активно ја негувал драмската литература. Меѓу многуте драми на Иљоски прва прикажана на македонски јазик (1928). за подоцна целосно да се посветат на мајчиниот јазик (К.. Васил Иљоски беше меѓу првите 14 избрани академици на МАНУ по нејзиното формирање (1967). Васил Иљоски создава творби низ кои провејуваат различни идејни пораки врз различни тематски основи. Р. Марковски).).Чорбаџи Теодос. најчесто врз комични ситуации. Вапцаров.писатели пишувале на туѓи јазици. најпрвин пишувале на туѓи јазици. потоа како професор работел во Куманово и во други градови. Најпосле не може да се одречува придонесот на творци. пак. Ј. и секако најпопуларна. Абаџиев. Ученичка авантура.Млади синови и сл. Смрт за живот и т. Филозофскиот факултет го завршил во Скопје. што ни дава за право да заклучиме дека тоа е битово-сценско дело.).

успева да си го спаси лозјето и да го пренесе кумството врз синот на Теодос. Како основа (тема) на драмата е обработена анегдотата за наметнато кумство на новороденче. на кое му бараат кум. Арсо ги советува Циганите да го остават новороденчето на патот за да го најде Теодос и да му стане кум. Преку комика и со лежерност авторот ги разрешува ситуациите кога доаѓа до судир меѓу патријархалните сфаќања на скржавиот деспот Аџи Трајко и силната и света љубов меѓу Бошко и Ленче. За него жена му Кева ќе рече: Душовадник. а Арсо ќе си го поврати заложеното лозје. тоа тера да се размислува и дејствува. таа улога со помош на Арсо ќе му ја препушти на синот Томче. Комичното не не е цел само за себе. Гордиот и до крајни граници смешно-педантен. татко ѝ бил самарџија и имала кал под ноктите. Кон тоа Иљоски го придодава и мотивот на „забранетата“ љубов меѓу Томче. се однесува како деспот. Драмата избилува со емоционалнаекспресивна лексика и фолклор кои Иљоски мајсторски ги внесува преку карактерите на главните личности. со тешко срце ќе ја прифати улогата на цигански кум. ги омаловажува сите околу себе. синот на чорбаџи Теодос. тоа поучува и облагородува. кој додека спие никој не се решава да го разбуди. како во поглед на композицијата. Нивните судбини зависат од неговите постапки.можеме да речеме дека таа е драма со изразен социјален конфликт. Кога ќе стане. така и во поглед на динамиката на драмското дејство. Не сака да чуе за молбата на синот Томче да ја побара за снаа Стојанка. авторот нѐ запознава со повеќето личности и особено со карактерот на главниот лик чорбаџијата Теодос. сите други се безвредни. живојадник! Во вториот чин се појавува бакалинот Арсо и семејството на Поцко. Знаејќи дека наскоро треба да помине Теодос. Второ дело по популарност на Иљоски е комедијата Чорбаџи Теодос. ситничар. За да биде ситуацијата покомична се јавува Арсо. Според вредносните критериуми таа стои на повисоко рамниште од Бегалка. Чорбаџи Теодос е надмен. болен чистотник. Во третиот чин по многу комични ситуации. Идејата да се изложи на 50 . Во постапките што му се наметнати ќе се види колку Теодос е немоќен да се извлече и ќе биде предмет на исмејување од сите. Во првиот чин кој се одвива во куќата на чорбаџијата Теодос. но тој е уште и лихвар и скржавец. Околу него се поставени сите други личности. Чорбаџи Теодос смета дека само тој е тој. кое според обичаите мора да го прифати чорбаџи Теодос. кој го наседнува чорбаџијата да биде цигански кум и преку повеќе смешни досетки. Тоа се одигрува во три чина. затоа што била црна како Циганка. кој држи до обичаите. христијански Цигани со новороденче. и сиромашната девојка Стојанка.

а го продолжил во Струмица. по разурнувањето на родното место за време на Првата светска војна. се во сенка на успехот што го постигнал со Печалбари. за да ја заврши во Струмица. Чорбаџи Теодос АНТОН ПАНОВ (1906 . во Лесковац 22. Белград. Панов основното училиште го започнал во Дојран.. кога нашиот јазик бил забранет за употреба. Драмата Пиликатник со тема од рибарскиот живот доживеа своја изведба на сцената на Струмичкиот театар (кој го носи името на славниот писател). Од тој период се и повеќе раскази (Роденденот на Серјожа Јегоркин. каде што се преселил. која ја сметал за втор роден град.). Орденот Свети Сава од петти степен. како и збирката есеи Мисли и размислувања. Овде ги спомнуваме и драмите Преродени и Градинар (комедија). Цитат за овој час: Татко ѝ самарџија. Печалбари во основа е социјална драма во која како главна тема е предаден тешкиот печалбарски живот и последиците што предизвикува. од публиката била прифатена со восхит и трогателност. како и драмите напишани подоцна. (Најново Кумановскиот театар . по Војната преработена под наслов Вероника Самарак.. Тогаш настанала драмата Стега со социјална тематика. Истовремено настапувал како хорист во Белградската опера. Тагоре.потсмев надуеноста на богатите. Антон Панов ја изодува на релацијата Дојран-Скопје-Петроварадин-Нови Сад. Премиерата во Народниот театар во Скопје. Виша гимназија и средно музичко училиште учел во Белград. Животната патека по враќањето од Белград. Бања Лука. Тинка. Тогаш ги направил првите литературни обиди (песната Врни се во дом и повеќе други песни. Иљоски на најсликовит начин ќе ја осмисли токму во оваа типична комедија. Потоа била прикажана низ повеќе градови на Македонија и Јужна Србија (Во Битола . сепак. Со него да се засватам? Поарно самар на грбот да си ставам. Успехот со Печалбари ќе го поттикне авторот да продолжи да пишува драмски дела. Оттогаш и нема театар во Македонија каде што не е поставена. Тука треба да се спомене обидот да напише роман со тематика од белградскиот живот (работен наслов Живи гробови). кој во тоа време престојувал во Белград). Беда во колибата). Сите тие творби. Идејата да ја напише Печалбари кај Панов зрее повеќе години и конечно ја реализира 1936 година. Роден во семејство на сиромашни родители. а писателите „по потреба на службата“ биле преместувани во места надвор од Македонија. 51 .) Драмата подоцна била поставена на сцените на повеќе театри низ тогашна Југославија (во Ниш.2010).23 претстави.1968) Антон Панов е еден од авторите кои ја афирмирале македонската драма во времето меѓу Двете Двете светски војни. некои под влијание на Р.

Во последната сцена од тој чин по враќањето од печалба.Сепак победува бездушноста на Јордан и Костадин заминува на печалба. со тешко срце ќе замине. Во драмата централни ликови се Костадин и Јордан. На почетокот на третиот чин Костадин и Симка се среќни. го моли Костадина да се согласи на условите што ги поставува татко ѝ (да му позајми пари и кои ќе треба да му ги врати). со стегната композиција и живи дијалози.синот Никола. и покрај грижата од другарите.. Вториот чин започнува со разговорот меѓу Костадин и неговата мајка. да му се платат 30 златници. мајката на Костадин. а таа ги дава на синот Коле за да му ги однесе на дедо му Јордан за задуша. По ова доаѓа еден селанец за да бара пари на заем од Јордан. се разбира со одредена лихва. но тоа ќе трае до моментот кога кај нив ќе дојде Јордан за да си ги бара позајмените 50 златници. Костадин е свесен за последиците што ги носи печалбарството и не сака да ја продолжи таа традиција. се појавува Јордан и Симка за да го избегне срамот. да се спротивстави на бездушноста на богаташите кои заради парите ги уништуваат животните радости на најблиските.. Првиот чин завршува со сцената во која Симка и против својата волја е свршена за синот. според обичајот. Драмата се состои од четири чина. Тој заедно со своите другари се решава да ја грабне Симка. Се пазари како џамбаз кога треба да ја омажи својата ќерка. за да не ја доживее судбината на својот татко кој умрел на печалба без да го виде сина си. Костадин. Првиот чин се одигрува во домот на селскиот лихвар Јордан кај кого доаѓа Божана.По природа бунтовен. Подоцна ја жртвува среќата на својата ќерка и својот внук за грст златници. Јордан. Костадин ги нема тие пари и не сака да оди на печалба. Таткото Јордан е согласен под услов. Во моментот кога тоа сака да го направи. кога Костадин. сопственикот на фурната во Белград. барем не додека не му се роди синот. во кој Костадин кажува дека нема 30 златници и дека не сака да купи невеста за пари. Четвртиот чин се одигрува во Белград. Врз маката на сиромашните го трупа своето богатство. за да ја побара Симка за снаа. неколку години подоцна. 52 .Идејната порака ја откриваме преку отпорот на еден од главните ликови Костадин. притиснат од противречните односи кои го опкружуваат..затоа што стојникот Стрико Кољо веднаш се согласува да плати според редот и обичајот. другарите на Костадин ѝ го подаваат ќесето со спечалените пари на Симка. сепак. Нему сличен во постапките му е Аранѓел. за да не се врати никогаш и да не ја виде рожбата од силната љубов кон Симка . тешко болен умира од туберкулоза. Жестоко се спротивставува: Зошто татко ми ги остави коските на печалба? Зошто јас не сум чул ни збор од неговата уста?... За таткото на Симка. најважни се парите. каде што Костадин се разболува.

туку и дијалозите се кратки и исполнети со живост. а по враќањето по низа препреки ќе успее да отвори самостоен чевларски дуќан. Извесно време работи како општински писар.1975) Ристо Крле е интересна појава во развитокот на македонската драма. РИСТО КРЛЕ (1900 . Автор кој не само што го потврди нагорниот од на театарската уметност кај нас. На денот на јубилејот. иако на првата изведба по барање на режисерот дошло до измена на композиторот. кој ни служеше како инспиратор. Цитат за овој час: Среќен што сум роден Македонец и што ѝ припаѓам на првата генерација македонски писатели кои се осмелија под тешки услови и уште во потешки времиња први да почнат да пишуваат на македонски јазик. Албанија. За тоа придонесуваат поговорките и пословиците што авторот умешно ги користи. с. По основното образование завршил први клас нижа гимназија. Ристо Крле имал нередовно школување. Тоа оди во прилог на заложбата на писателите од периодот меѓу Двете светски војни да се застапуваат за јазична норма која ќе биде разбирлива за поголемиот дел Македонци. заплетот се случува кога Јордан одбива туку-така да ја даде Симка. Во 1925 година работи како калфа во Поградец. Јазикот во драмата во основа е говор од западното македонско наречје иако се среќаваат и јазични конструкции од југоисточното наречје. а по неколку години уште еден клас. Тогаш ние истапивме како прогресивни македонски родољуби на чело со Рацин. Нешто подоцна пред налетот на поефтини и помодрени фабрички производи. специјално подготвени за неа. а егзистенција за себе и семејството да побара како работник во Скопскиот монопол и како службеник 53 . ќе се повтори и врз плеќите на Симка. неговата умирачка е како расплет. 23 април 1967 година. Посебен белег на драмата ѝ даваат музичките делови со елементи од македонскиот фолклор. Кулминација на драмското дејство настанува кога Костадин заминува на печалба. да го затвори дуќанот. силно го сака Костадина и не сака да биде (про)дадена на друг. Роден во Струга во 1900 година во семејство на чевларски занаетчија. иако ние бевме само драматурзи и не се занимававме со поезија.. Експозицијата во драмата започнува со љубовта меѓу Костадин и Симка. Не само што композицијата на Печалбари е цврсто градена и збиена. По смртта на татко му го немал можност да го продолжи образованието и го прифатил чевларскиот занает. ќе биде принуден како и многумина. Антон Панов. и на некои од песните. Во тој поглед придонесот на Антон Панов е исклучителен. А тоа не беше лесно да се направи при немање на македонска граматика и правопис.р. туку го внесе мотивот на непрепознавање познат уште од античката литература и толку суров по своите последици..Симка е воспитана да се покорува на таткото. Судбината на свекрвата Божана да гледа сираче.

Успехот од премиерното прикажување бил неочекуван и сензационален. Во четвртиот чин Ангеле е дома. а можеби и го убил. Третиот чин се случува дваесетина години подоцна. Татко му и мајка му не го препознаваат. таткото си го одзема животот со нож. 54 . а оттаму за Солун. Тој е автор и на други прозни текстови. ( првиот дел на Автобиографијата . Заплетот започнува кога Ангеле се враќа од печалба и доаѓа во куќата на сестра му. за убиството на печалбарот од страна на родителите поради непрепознавање. Во вториот чин најблиските се во исчекување на вестите дали Ангеле им се приклучил на другите печалбари на пат кон Битола.1990 и сл. сведок е на трагичниот крај на братот Ангеле и на родителите. каде што го пречекува внуката Ана. додека бил во Поградец. Првите чекори на полето на културата и уметноста Ристо Крле ги прави како аматер во Културно-уметничкото друштво Црни Дрим во родниот град. Така ќе настанат Парите се отепувачка. а потоа и дома. Милион маченици (која морал да ја преправа поради острата критика кон тогашниот општествен систем -1940). премиерно изведена1938 година. драмското дејство минува низ следниве етапи: експозиција. По ослободуваето Крле работи како службеник во Министерството за просвета и како администратор во Друштвото на писателите на Македонија. со помисла да не се кажува кој е.1940). Мајката скршена од голема тага и бол умира. Во петтиот чин доаѓа сестрата Ката со семејството и наместо радост. го убива и покрај противењето на мајката Мара. Парите се отепувачка е драма во пет чина. Тоа ќе го потикне Крле да се зафати со пишување и на други драми: Антица (изведена на сцената на Скопскиот народен театар . Тогаш ќе биде опфатен од творечко неспокојство да ја преточи во драма потресната сторија што ја слушнал во 1925 година.во Хипотекарната банка во Белград. Кај таткото Митре се јавува грозоморна мисла: да го убие непознатиот кој сигурно ограбил некој друг печалбар. Ангеле го отвора куферот полн со златници. која од раскажувањата знае дека вујко ѝ е во Америка на печалба. Расплетот се случува кога од ќерката Ката ја дознаваат вистината. Ангеле се мисли дали да преноќува кај сестра си или да се врати кај родителите. и испраќањето на Ангеле. меѓу другото и затоа што како автор се јавила личност со непотполно средно образование.). која се надоврзува во првиот и вториот чин преку разговорите на личностите. Ангеле се враќа од печалба и првин пристигнува во домот на својата сестра Ката во соседното село. Грофот Миливој (1958). Во поглед на композицијата. описот на обичаите. по војната: Велик ден (1950). Кулминацијата настанува кога родителите не го препознаваат синот и кога таткото Митре заслепен од златото. Првиот чин се одвива во куќата на селанецот Митре каде што се собрани роднини и пријателите за да го испратат синот Ангеле на печалба во Америка.

Од тие причини постојано бил под присмотра на полицијата. дека недостасувале елементи на сценската разработка и т. таа за да го одвлече од најлошото. Веќе на 20 години поетскиот изблик ќе го преточи во песната Синови на гладот. како и во прозниот состав Резултат. дури и како историчар и литературен критичар. не смогнува сили да му ја оттргне секирата на мажот. но највпечатливи се таткото Митре. на кои тој им припаѓал од своето раѓање. Рацин се јавува и како уредник на весникот Искра во кој соработувале повеќемина напредни писатели од Македонија. напишани на српски јазик.1943) Кочо Рацин е. Севкупниот негов ангажман бил плод на неуморната работа да ги осознава противречностите на општеството во кое живеал.Во драмата се прикажани повеќе ликови. Покрај револуционерната борба на која ѝ останал верен до крајот на својот живот и поради која често бил затворан и интерниран. како публицист. Алчноста за пари од некогашниот сиромашен селанец Митре ќе направи неговата психа да се исполни со мисли на злосторник. Покрај пишувањето на поезија и прозни состави. 55 . да му земе некој златник од куферот на туѓинецот. мајката Мара. засновано на експлоатација на наемните работници. шегата што ја смислиле децата Ката и Ангеле за да биде радоста поголема. дека мотивот за убиството не го осветлил и искористил целосно . сестрата Ката и синот Ангеле. и особено ноќе. Дури читал и дела од автори кои биле тешко разбирливи за неговата возраст (Хегел и др. или поточно речено. во повеќедетното семејство на Апостол и Марија Солеви. ќе се претвори во трагедија која опоменува и поучува. Уште позначајно е што тој организирал литературни читања на кои се демонстрирал отпор против тогашниот режим. Цитат за овој час: Парите се причина за сите зла. отуѓеност на човечност. средишна личност во македонската литература меѓу Двете светски војни и еден од основоположниците на современата наша поезија. без сомнение. Густав Флобер КОЧО РАЦИН (1908 .н. дури му предлага на Митрета. Во слободното време. читал сѐ што ќе му дојде прирака. Претходно. Некои критичари му забележуваат на авторот дека во обликувањето на нивните карактери не одел до крај. но не е без значење ниту неговото ангажирање како прозаист. Поради сиромаштија го напуштил школувањето во првиот клас на гимназијата. Роден е Велес. за да му биде од припомош на татко му во грнчарскиот занает. Ниту напорната работа не можела да го оттргне од желбата да чита и да се наобразува.). Но под дејство на душевно и морално растројство на Митре. кога веќе му останале очите во нив и да си легнат. Неговиот придонес како поет е неспорен. Мајката Мара иако побожна и свесна за гревот што се надвиснал над нив.кај него ќе појави отсуство. Рацин наоѓал време да ѝ се посвети и на литературната дејност.

Тутуноберачите и Елегии за тебе ) се користи метриката која е застапена во народната песна. која го уапсила и интернирала. Сепак. По неговата трагична смрт. Една од трите статии е објавена и на македонски јазик. Во поглед на мотивите. Во пролетта 1943 година се приклучил на партизанските единици на Народноослободителната војска на Македонија чиј Главен штаб се наоѓал на планината Лопуштник. во околности кои не се докрај разјаснети. Од тој период е стихозбирката во ракопис Антологијата на болката. 56 . заслугите на Рацин за нашата литература се највредни на полето на поезијата. со песни напишани на српски и бугарски јазик. преку Босна се раширило низ повеќе европски краишта. Татко. Тутуноберачите. Самобор кај Загреб). како и на збирки со македонски народни песни. Врв на Рациновото творечко созревање е објавата на стихозбирката Бели Мугри (1939.на бугарската. песните се главно социјални и во нив се пее за тешкиот аргатски живот (Денови.Со песните од стихозбирката Бели мугри ја премостува празнината настаната по Константин Миладинов.По окупацијата на Југославија. Рацин се вратил во Македонија и одново бил проследуван од полицијата на новата власт . Неколку години подоцна (1936) ја објавил и првата песна на македонски јазик До еден работник. На страниците на некои списанија биле објавени повеќе негови песни. Интересот на Рацин за историјата на нашиот народ најдобро можеме да го согледаме преку објавените статии за Богомилството кое како социјално движење од Македонија. за потоа да побегне од логорот. Извесно време престојувал во Софија каде што се среќавал со група млади македонски писатели.Раца Фирфова. Нејзината појава со интерес била проследена од напредната критика и била растурана на просторите на тогашната држава и пошироко. Таа мала книшка (со сѐ на сѐ 12 песни) ќе поттикне и охрабри и други млади македонски автори да се свртат кон сопствениот јазик. Творечката дејност Рацин ја започнал со стихови посветени на саканата девојка Рахилка . Во нашата литературна историја Кочо Рацин е познат и како автор на повеќе прозни дела. Животот несреќно го завршил на 13 јуни истата година. делови од недовршениот роман Опиум /Афион).Во речиси сите песни (со исклучок на Копачите и донекаде Утрото над нас . меѓу кои бил и Коле Неделковски. објавени низ периодичните списанија или по неговата смрт (Во каменоломот. Рацин како литературен критичар напишал повеќе статии и прилози кои се однесуваат на Развитокот и значењето на една наша нова книжевност (читај македонската). Рацин бил заробен и интерниран. Пладне. да се пишува на народен јазик и по углед на народната поезија. Радоста е голема. а заедно со уште двајца другари ја отпечатиле стихозбирката 1932. Бил ангажиран околу издавањето на борбеното гласило Илинденски пат. Речиси сите ја обработуваат социјалната тематика.

“ Воведната песна во збирката Денови на најубав начин ја ја отсликува поврзаноста на Рацин со народната песна. Напишана е во осумсложник (осмерец). Со употреба на повеќе стилски фигури (споредба на почетокот: Како на вратот ѓердани. зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна... метафори. Тие светли денови ќе дојдат само со борба која ќе ја поведат тие што се угнетени. додека за Копачите ќе кажеме дека е таа нагласено револуционерна. без дно да најде. Печал и Тутуноберачите). Подлогата на Татунчо.. Песната почнува и завршува со истите стихови: 57 .скот умри. контрасти: роди се човек . со насолзени очи и поглед во кои има и надеж и јад. роди се човек . ветерчок тихо над неа жална ѝ тага рееше: „Зошто ми. клетви ај пуст да е.роб биди. и симболи: алки ковани. го очекуваат денот кога треба да им се измери и плати трудот: Денот ли дојде тој да се мери – мерка му нема. со два дактила и еден трохеј во средината. восхитува лиризмот кој е проткаен низ целата песна: И ноќе кога месечко гроб ѝ со свила виеше. кои со мака секој лист тутун по неколку пати го превртуваат низ прстите. скотски цел живот работи за други туѓи имоти. синџир железен) поетот пее за ропската положба на аргатите.Селска мака. а в градите длаби без да се запре. кои се типични и народната поезија. Само здружени и од цел свет со работа со труд ќе можат да го направат поубав. пуст да би останал. За туѓи бели дворови копај си црни гробови! Во Тутуноберачите поетот ги прикажува бледите и испиени лица.. Кантарот носи лисјето златно а в гради луто далгите беснат на жолтата мака – на жолтиот тутун на жолтата пот на раците ни! Копачите е песна во која провејува поетовиот оптмизам дека ќе дојдат подобри времиња. Песната Ленка е една од најубавите елегии во нашата уметничка поезија Иако фонот на песната е социјален. Елегии за тебе и Утрото над нас е родољубива.

за да се откаже од својата национална припадност и јазикот на кој ги напишал своите најубави дела. толку е актуелна и денес и ќе биде секогаш. нови мотиви и идеи. тој во нив внесува нови доживувања. кон оној кој е ограбуван. Поради 58 .1941). а подоцна е осуден на петгодишна робија на Голи Оток. Венко Марковски гимназиското образование го завршил во Скопје. но и песна со силна верба за новиот светол ден. речиси преку ноќ е повлечено од рафтовите на библиотеките и книжарниците. Иако Рацин во песните тргнува од непресушните извори на народното творештво. што по еден творечки начин гради мостови меѓу минатото и иднината. Блаже Конески ВЕНКО МАРКОВСКИ (1915 . сѐ што создал на македонски јазик. чиј труд се потценува. е затворен во Идризово. Нешто подоцна е испратен на лекување во Бугарија. и би рекле. Тогаш ги објавува своите први дела. одбележување на неговите јубилеи на државно рамниште и т. Цитат за овој час: „Тешко ние да можеме да најдеме во нашата културна историја друга толку монолитна личност како Рацин.. По судирот со КПЈ поради поддршката на Информбирото.. н. Во Бугарија му се дадени најголеми почести (академик. На експресивните елементи од народните песни им придодава современа. Станува член на Македонскиот литературен кружок (1938 . Затоа неговата поезија колку била блиска до времето кога е создавана.). низ која е проткаен повикот На работа // на труд! Копачите се песна исполнета со револуционерен патос.Се к'ти ноќта црна! Се рути карпа – мрак! И петли в село пеат и зората се зори – над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден! Целата песна е исполнета со метафорчност и симболика.1988) Венко Марковски (роден како Вениамин Миланов Тошев) е еден од осноположниците на современата македонска поезија. пратеник. додека постои социјална неправда и нееднаквост. а по Втората светска војна еден од нашите најпродуктивни творци. што знае на здрави основи да создава културна традиција. По враќањето од робија и неговото покајување. модерна сензибилност. печатење на творбите во луксузни изданија. Низ сите песни на Рацин се огледува љубовта кон малиот човек. потоа во Софија студира словенска филологија.

машко племе. Во песната Жетварите ја искажува сета мака на аргатите жетвари: . 1951). 1944). Спомени (сонетен венец. Огинот (поезија.. 1944). A нигде cенкa. змиа -срп. Над пламнати бездни (поезија.пек . 1940). Подоцна ги објавил следниве дела: Народни бигори (поезија. И во песната Огинот стилските средства се раскошни: машко племе. Низ песната поетот користи епитети. от темни зори caл тие стоат сред вивнат век.. 1945). за корка горат. 1940). 1939).. крај алтан-жито и змиа-срп!. На прагот (роман во стихови. 1938). Венко Марковски се јавува во литературата со песни објавени во списанието Илустрација Илинден. 1946)... Се пишувани на родниот велешко-скопски дијалект.судир со фашистичкиот режим во Бугарија е интерниран во Гола Вода и Ениќој. и пука кожа на ропски грб.. Стихозбирките биле пречекани со радост од македонската емиграција во Бугарија. Илинден (поема. Лулкина песна (елегии. бујни чела и сл. сo глад се борат. 1944).Партизани (спев во три дела.Република (поема. некои од своите творби ги препева на бугарски јазик. Гоце (драма во пет чина. Има спротивставени мислења околу некои решенија. Во нив се поместени песни со различни мотиви: социјални. 1940). Бие дванајсет (поема. 1945). а по ослободувањето учествува во Комисиите за Кодификација на македонскиот литературен јазик. Робии (македонски епос. Пот врне врела от бледи чела. а за талентот на Марковски тогаш пофално и објективно пишувале и некои бугарски критичари. Во развојот на современата македонска поезија од посебно значење се неговите први збирки поезија Народни бигори и Огинот издадени во Софија 1938 год. 1945). Луња (поезија. Во нив е силно влијанието на народната поезија. родолубиви и сл. Притоа. љубовни. продолжил да создава на бугарски јазик. метафори за да го наслика амбиентот: алтан-жито. Чудна е Македонија (поема. 1944). Климе (роман во стихови. се топи камен под силен пек. 1954). На исток (сонетен венец. 1946). За родниот кат (пиеса во четири дејствија. Гоце (поема.А солнце-огин до рана гори. 1940). По враќањето во Македонија. 1954). 1946). На пожарите на Елада (поезија. 1941). Ha борба. Железницата (поема. 1938). зема учество во НОБ. солнце. ропски мрак. народдрен. Сказна за резбарот (роман во стихови. за радос светнал ден! 59 . Венко Марковски по заминувањето во Бугарија.

. Подоцна Марковски ќе го надогради својот талент со неколку поеми.1942) Коле Неделковски спаѓа меѓу поетите кои ги поставуваа основите на современата македонска поезија. Во списанието Илустрација Илинден ги објавил своите први творби (Стојан војвода. Тој имал ретка среќа да се запознае со погледите на Крсте П. па фрлен на улица? 60 .Пред нас е ново време. Се дружел со македонски емигранти. откривајќи ја книгата За македонцките работи меѓу рафтовите на Софиската народна библиотека и со радост на мало дете ги читал нејзините страници. во поново време Венко Марковски повеќе е предмет на полемики. Ѓорги Абаџиев. Антон Попов. Венко Марковски. Вапцаров. Покрај занаетот посетувал и трговско училиште. Раткина неволја. Коста Веселинов. во време кога нашиот литературен јазик сѐ уште не беше востановен. Мајка. во сиромашно семејство. Чичко ми). го напуштил Скопје и заминал за Софија. но бил разочаран од односот на некои од нив кон родната земја. но и да се наобразува.. се фрлил од мансардата на една софиска шесткатница. Богдан и Гроздана. Во Софија продолжил да работи како молер-декоратер. со неговите постапки по заминувањето во Бугарија. Мисирков. зад нас е народ-дрен! Се живо в огин гори се крева ропски мрак. Коле Неделковски на само десеттина дена пред смртта ја објавил својата втора збирка Пеш по светот. Војница како Никола Крстев Неделков. Поука за овој час: Напишаното останува.Васил Ивановски. Или можеби бил убиен. На 2 септември 1941 година. отколку со неговиот вистински придонес во развојот на нашата литература. зa слобода се борике светне мајкин праг!. романи во стихови. Нешто подоцна станал член на антифашистичка диверзантска група чија цел била отпор на германскиот окупатор и нивните бугарски слуги.Тие песни подоцна ќе ги помести (под други наслови) во својата прва стихозбирка М’скавици (1940) Во 1938 година пристапил кон Македонскиот литературен кружок. Материјалните неприлики биле причина да го напушти школувањето во први клас на велешката гимназија и да се зафати за молерскиот занает во Скопје. за да не падне жив во рацете на агентите. сонетни венци. чиј главен организатор бил Никола Ј. а во кој членувале многу македонски дејци: Ангел Жаров (Михаил Сматракалев). откако го уништил летоците за диверзантските акции. Роден е во с.. Поради тоа што бил постојано под присмотра на полицијата. Латинска сентенца КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ (1912 . Ангел Динев.. Одродени. За жал.

тирани недни! Доста се тија лаги и злоба пакосен глас од устите гадни над мојот народ у секоја доба Во следната стрфа пее за волците гости кои доаѓат да ги глодат сувите коски на народот.Неговата саможртва е светол пример за неразделно поврзување на идеалите за слобода и правда. од кои највпечатлива е песната Глас од Македонија. така чести во народните песни (црна чума. (Работник) или положбата на емигрантите (Скитник). Во третата строфа ја искажува желбата нашиот народ сам да си ја одредува својата судбина: Па нека сега сам да си реши со своја волја судба и сева. д'издигне славно свој род без врева. дали те болест фанала// ели ти ропство дотегна// ели си рани церела// на твои мили другачки?. силен крик до болка. трајте. Песната завршува со идеалот за ослободување на поробената и поделената татковина. 61 . Во втората стихозбирка е објавена кратката поема Пеш по светот како и шест други песни. над гроб ѝ разви трендафил. користејќи епитети и словенски антитези. за време на балканските војни и за нејзино обединување: Та Шар и Пирин дружно да викнат родната песна в небеса темни и бурниот Егеј .. со јасна определба за јазикот и националната припадност. борба за правда прегрна! Во однос на изразните средства Неделковски се потпира на стилското богатство на народниот гениј. трајте. И Коле Неделковски. а Богдан с народ измачен. своите први литературни обиди во поглед на метриката ги прави врз обрасците на народната поезија. Во поглед на мотивите. покрај оние од поблиското историско минато. Таква е на пример песната Богдан и Гроздана (во Молскавици под наслов Младост попарена) која е прва поместена во збирката.на век да плиска тешкиот глас на новите химни. Гроздана ја в земја ставија. првно либе.. против божемното ослободување на нашата татковина: О. Со право можеме да кажеме дека бил поет-револуционер. в животот еднаш сам да се теши. за кои пееше и за кои се бореше. се застапени современи мотиви како што социјалната положба на работниците( Стачка ) со повик за револуционерна борба: До кога ли вака//шепот без екот?// Па доста сме браќа// робје на векот. како и други наши поети.

анархист. писателите одбрале да го користат јазикот на државата чии државјани биле. Навистина е голем бројот на писателите кои имале две татковини: една во која живееле и една за која копнееле. Меѓу тие што дејствувале и пишувале во втората половина на 19 век е Трајко Китанчев со поемата на македонски јазик Марко Крале си ја губи силата (1889).со далекусежни последици. Скопско). Цитат за овој час: Таму е мојот ајдучки Пирин. автор на романот во стихови Илинден. Молеров писател и фолклорист (драмата Змејова невеста). Зад името на стружанецот Асен Каваев стои немало творештво од песни. и на литературен јазик. Никола Киров . до Егеј. Со родната земја ги поврзувало потеклото. со забодени очи далеку во просторот ги црта со остер поглед границите на мојата татковина . која била поделена и подјармена.Мајски своите драми ги пишува на родниот крушовски говор. или сите свои творби. Меѓу оние кои оставиле свои спомени 62 . Дебарско) е еден од нашите поистакнати дејци во Бугарија. кои поради разни околности. Петар Манџуков ( с. чичко на Коле Неделковски. неколку романи и драми на македонски јазик. На тој начин тие станале дел од кулурната историја на нашите соседи. Антон Попов МАКЕДОНСКИ ДВОДОМНИ ПИСАТЕЛИ Во културното наследство на македонскиот народ значајно место му припаѓа на творештвото на повеќе писатели и поети од минатото. Но и со она што останало како негово наследство. за да им се наметне малку подоцна. раскази. Димитар Г. или пак. до Родопите и до Рила. ги пишувале на други јазици (најчесто на бугарски или српски јазик). Во отсуство на сопствена татковина. мемоарите на бугарски јазик. Мирковци. роден во Берово. поет. Некои од писателите пишувале само на бугарски јазик. општествен деец и автор на стихозбирката Под туѓо небо. ново тројно. Евтим Спространов е фолклорист и автор на песни и раскази на македонски јазик. тој ни се претставува како светол пример во нашата културна историја..Животниот пат на Неделковски е прекинат многу рано за да можел целосно да го развие својот творечки талент. уредник на повеќе весници. поет. драмски писател. И Војдан Чернодрински покрај на македонски. Лазар Поп Трајков. автор на Предвесници на бурата (во 5 тома). извишен со снежно модри раменици во височините. Арсени Јовков (Селци. приказни и легенди во мојата душа. поет и револуционер. публицист. кои најдоцна го отфрлиле турското ропство.. судбината на сонародниците. пишува и на бугарски јазик. Димитар Миленски пишува на бугарски јазик и на ресенски дијалект Овде посебно го истакнуваме Милан Војницалија. дури и при забрана да се користи народниот јазик. од првите детски денови запишан со песни. делумно.до Шар. Во нашата литературна историја сѐ повеќе се откриваат нивните дела сместени меѓу рафтовите на библиотеките и страниците на литературните списанија. Атанас Раздолов.

Михаил Сматракалев. како и Ангел Динев. бугарски и хрватски . автор на повеќе романи со историска содржина (Илинден. списокот на писатели кои пишувале на бугарски јазик го заокружуваме со Славе Македонски.Беломорски. Христо Смирненски. припаѓаат на групата основоположници на Македонскиот литературен кружок. автор на повеќе збирки раскази. Антологија на болката. посебно треба да се истакне Воислав Илиќ (с. 63 . Синови на гладот. Чудна е Македонија).Ведров. но малку напишал на македонски јазик. поет и раскажувач. Иако нецелосен. есеист . Железниот светилник.Попиванов (на српски. поеми и драмата Македонски печалбари. При крајот на 19 век со песни исклучиво на српски јазик се јавил Коста Абраш. Баниште. роден во Охрид. бугарски и македонски . Асен Шурдов . автор на драми. роден во Прилеп. Д Талев се крепеше од љубовта кон Македонија.Вечерин.драмата Земјата). заедно со Антон Попов (антифашист. Ангелко Крстиќ (с. Не помала група писатели Македонци дел од своите творби ги напишале на српски или на хрватски јазик. пишувајќи за Македонија се и Сребро Јанакиев. Васил Ивановски.поет. Негови познати дела се збирката раскази Штуро племе и романот Тасо Македонецот. Во таа група го вбројуваме Томо Смиљаниќ Брадина. Јован Сербаковски (Вевчани). (Тресонче. Богдан Сираков (Велес). повеќе критичко-есеистички трудови). Кирил Манасиев . неколку свои песни напишал на македонски јазик.зад себе. Дебарско). Венко Марковски (на македонски. Пишувал револуционерна поезија (песната Црвена). Кире Димов (Велес) на македонски јазик ја напишал Баладата за заборавените. со повеќе дела на македонски јазик. литературен критичар и историчар. Лабуништа. Струшко) првите литературни обиди ги направил на почетокот на 20 век. Во каменоломот. Повеќе песни напишал на родниот македонски говор. кој хронолошки припаѓа на современата бугарска литература. Мала Река). Меѓу авторите кои се заслужни за афирмацијата на нашата литература. Меѓу писателите кои оставиле богато творештво зад себе е и Димитар Талев. Неговиот роман Трајан бил високо вреднуван во српската литература.Бура над родината. Никола Ј. Една помала група македонски писатели создавале на три јазика: Цеко Стефанов . Преспанските камбани. Љубомир Весов. доктор на филолошки науки. И Кочо Рацин првите свои дела и добар дел од своето творештво го создал на српски јазик (Резултат. Огномет. со монографија за Војдан Чернодрински и др. Антон Великов . и други.Современи парадокси). Самуил). но силното национално чувство го врзува за родната земја. доктор на науки. Коста Веселинов. Вапцаров.

Востаници. Списокот на писатели Македонци ќе го завршиме со наши сонародници од Албанија: Стерјо Спасе (1914 .1942). работел како техничар во фабриката за хартија во Кочериново. Мислата искажана подолу може да се однесува на сите. (Велес) кој загинал во Шпанската граѓанска војна (со повеќе песни и една поема. Орелот и штркот. Поради својата револуционерна дејност полицијата постојано го следела на секој чекор и често бил отпуштан од работа. На македонската литература ѝ припаѓа според љубовта со која ѝ приоѓа на татковината. Цитати за овој час: “Ние сме Македонци по раѓање. Американци по избор…Ние сме усвоени синови и ќерки на Америка. Мојот американски аџилак. почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. но Македонија е нашата природна мајка и ние не можеме да ја заборавиме. автор на многу фељтони. член на МАНУ. Омилен писател на американскиот претседател Франклин Рузвелт. за јазикот што го зборувавме како деца и што не го заборавивме…Стојан Христов НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ (1909 . ние би биле безвредни синови и ќерки на Америка ако немавме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство. автор на десетина романи: Зошто. По завршувањето на училиштето работејќи на бродот го прошетал Медитеранот. Мара. без разлика како тие се чувствувале. кои се родени во Македонија или на кои корените им се во Македонија. чиј живот бил прекинат кога имал само 17 години.1989). Неговите песни по војната се издадени во стихозбирката Црвена пролет. или како ние ги чувствуваме. Се обидел и како раскажувач.. Роден е во Банско. Пиринска Македонија. Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја верноста. Откако се вратил. Главен уредник е на списанието Литературен критик и еден од основачите на Македонскиот литературен кружок (1938 . а потоа продолжил во Морнарско-машинското училиште во Варна. Со поезија на француски јазик ќе се јави револуционерот. Ќе се вратам). Ганчо Хаџи Панзов. Тие не беа сами. За неговата херојска смрт Кочо Рацин ќе ја напише песната Испанска балада. Будење. Стојан Христов.Меѓу оние што пишувале на српски. еден од најплодните албански писатели. една од најсветлите 64 . Покрај егзистенцијалните проблеми Вапцаров наоѓал време за пишување. Лавот од Јанина. Ова е мојата татковина. статии и романите: Херои и убијци. Гимназија до шести учи во Разлог.со јазикот на кој создава своите дела. Покрај езерото.1942) Никола Вапцаров е еден од најголемите македонски и бугарски писатели и еден од најпреведуваните автори во светската литература. дури и како романсиер. бугарски и македонски јазик е и Ацо Караманов. во семејство посветено на македонското ослободително дело. беше американски писател. на бугарската . сенатор. и неговиот син Илинден Спасе.

но не липам јас. Вапцаров за нас е значаен со песните со кои ја искажува љубовта кон родната земја. на повеќе статии и на една драма Бранот којшто бучи (Деветтиот бран). по потекло Бугари. Посмртно му е издадена збирката песни Антологија.. Забележан останува неговиот реферат (доклад). Останува нејасно како се помилувани другите деветмина осуденици од групата. Во нив како да ги препознава хероите: Многумина ги нема. Песни за една земја) кои посмртно ќе му донесат меѓународни признанија.. Во последните стихови поетот ја изразува увереноста дека ќе дојде нов Илинден. гневот беше толку нараснат та не се сфати волчката им нарав. поет и револуционер. чу ли? Ќе дојдат други среде дим и жареж. Покрај песните со социјална и интернационална тематика (Песни за човекот.. Тоа се песните Земја. но изразува и револт кон оние што сакале да го искористат за свои цели: .Започнаа со раце гнасни на народот во душа да му џбараат но.. Боровите в бура илинденски приказни пеат.пројави на македонската национална свест во Бугарија. 23. Фатен е од полицијата. како и со рефератот поднесен пред членовите на Кружокот. заедно со Македонците Атанас Романов и Антон Попов. Над Охрид модрината во просторот се слева а подолу уште на Егејот далги се леат. Никола Вапцаров отворено застанува во борбата против фашизмот во Бугарија со подготвување летоци и организирање диверзантски акции. подоцна преточен во истоимена песна. Илинденска и другите од циклусот Песни за татковината.јули 1942 година. 65 . Казната е извршена истиот ден. во кој ги образлага целите и задачите што стојат пред писателите.. Тој е автор на повеќе песни за деца. Иако бил посветен и на други цели (револуционерна борба и сл.. Во песната Илинденска со восхит пее за минатото на нашиот народ. Во Земја јасно ја определува својата татковина: Над мојата земја до небото Пирин се крева. Плод на неговиот литературен ангажман е стихозбирката Моторни песни (1940) која содржи четири циклуси меѓу кои и Песни за татковината. и осуден на смрт со стрелање.). со нови борци кои ќе го отфрлат ропството. Вапцаров преку литературната дејност работи на јакнење на националната свест на Македонците во Бугарија.

предвреме ако младост изгуби. хуманист.. секогаш на страната на угнетените. Богоевски зад себе оставил само неколку песни. Од кога нород поробен.. народот од Преспа да ја прифати како своја и да ја пее: . уапсен е од полицијата и одлежал два месеци затвор.Ако во борба. стана да кршит окови. Роден е во с.Глеј во овој тука. Смилево на Илинден 1942 година.Никола Јонков Вапцаров МИТЕ БОГОЕВСКИ (1919 . загина. по примерот на Гемиџиите. Поради слабата материјална положба ги прекинува студиите на Економскиот факултет во Белград и се враќа во родниот крај.. како песната Разделвачка. овојпат треба да го впрегнеме. Во септември 1942 година се приклучува на паризанското движење. а ти? Ти секако си Карев. брате. објавена во Наша реч. Основно училиште завршува во родното место. па сепак неговата песна Стојанка млада партизанка. ако во нас останала искра од благороден патриотизам.. от ко се дигна на нозе Целата Македонија. По само 12 дена. .. лесна да ти е брате. во нерамна борба за да не падне жив во непријателски раце.1942) Мите Богоевски е поет и револуционер. Знај тој е Питу Гули. Цитат за овој час:Но. ако во нас има капка македонска крв. чија саможртва е вткаена во слободата на нашата татковина. Трговска гимназија во Битола. земјата. и четириесета навлесе. со последните куршуми си ги одземаат животите. ти имаш сестра да те замени. Вредноста на неговото творештво ги надминува регионалните граници и се мери со светските стандарди за естетското во поезијата. ако ние милееме за својата татковина. заедно со Стив Наумов. Во продолжение поетот го искажува восхитот на народот кој се радува што дошле нивни борци за да го истераат непријателот и со своите синови да го прослават големиот празник: 66 .: Минаја триесет и девет... Се вклучува во напредното движење во Ресен. револуционер. меѓу кои и Триесет и девет минаја и Спроти Илинден. Болно. Живееше толку малку за да ја надгради својата поетска дарба. Да заклучиме: Вапцаров е поет. Особено е интересна првата песна напишана по повод влегувањето на одредот Даме Груев во с. за да понесеме дел од тежината на едно дело и жестоко величие на една епоха. ропски да го впрегнеме.

Неговите песни по војната се издадени во стихозбирка под наслов Црвена пролет. на Тјутчев.Има песни за децата на борбата и за децата од улицата. Верхарен. и пишував брзо. фрлајте ји вилите грабнете ји косите. Бил во цутот на својата младост. елегиите на Маларме. за нови светли. и на кој начин да му служи на својот народ: Ако воопшто станам писател.. славни дни. Во една од љубовните песни (Тајна) пее: Пак ли сакаш да ти го кажам тоа што ти го го кажав вчера во сината ноќ дека си за мене и смев и солза дека си за мене и слабост и моќ.Се собра цело Смилево. Песната Спроти Илинден (1938) го искажува борбениот дух на поетот: . Цитат за овој час: Скромно по обем.. удрете на тираните.Сакав по цели ноќи да читам. Да слуша думи пламени.. Поезијата на Ацо Караманов е разновидна според мотивите. Лермонтов. по цели часови.. Во дневникот што го водел. баладите на Шилер.. толкувач на неговите копнежи и со перо да ги бранам неговите идеали од сите непријателски стихии.1944) Поет и револуционер. скромно по вредности. ја сонувал слободата во своите песни. Друговац АЦО КАРАМАНОВ (1927 . за црвената пролет. но исто така и со љубовни чувства. 67 . Во погорните класови на гимназијата восхитувал со неговите размисли за животот. Гете... Има песни со борбени и револуционерни мотиви. И тогаш го грабнував перото.. Загинал во борбите за конечното ослободување на татковината. Едгар По. ќе се грижам со сите сили да му бидам верен служител на својот народ. бучеа во мојата душа со страшна сила и го бараа своето ехо во моето срце… Ацо Караманов е роден во Радовиш. Подоцна се објавени и нови песни и други материјали под други наслови. за новиот човек. радост им срце исполни Душа им пламна за борба. осамен во мојата мала соба и да чувствувам како по снагата ми лази оној оган што луѓето го нарекуваат инспирација.Време е плодот да се берит.М. брзо. запишал: . Уште како мал многу читал. опијанет од реката на мисли што бучеа во мојата глава и ја потресуваа како пламенен виор целата душа… Песните на Бодлер. тоа дело сепак опстојува пред ригорозната селекција на времето. Веќе на 9 години почнал да пишува.

Г. беа тешко погодени од веста за неговата предвремена смрт.н. Славко Јаневски. Но со текот на времето. втора и трета генерација македонски прозаисти ( во првата: Стале Попов. втора и трета генерација поети и писатели дојде до свртување кон теми од современиот живот и што е уште поважно. Цитат за овој час: За тоа време во македонската литература во полн ек се големи литературни битки меѓу реалистите и модернистите за еден посовремен литературен израз и за еден модерен литературен концепт. бидејќи Караманов беше најистакната и најталентирана млада личност во кругот на нашата образовна младина во годините на Втората светска војна.н. така и на помладите генерации поети и писатели. и внесување на нови и модерни изразни средства. Покрај тоа беше општествено ангажиран. Еден од основачите на 68 . втора и трета генерација македонски поети (во првата: Ацо Шопов. Гого Ивановски и зошто не . Ѓорѓи Абаџиев.2000) Славко Јаневски е без сомнение еден од најпродуктивните современи наши писатели. а особено оние од неговата генерација. Блаже Конески. а литературните творци генерациски се разграничуваа како прва. и т.1945) и создавањето на македонската држава во рамките на федерална Југославија се создадоа преуслови за непречен развој на македонската култура на сите полиња. макар и формални обележја. Владо Малески.Револуционерниот дух на поетот можеме да го откриеме во песната Децата на борбата: Во нашите раце железо се топи во градите срце челично бие од одот земјата се стресува како да сме ветар или бура ние. Ако во првите повоени декади бројот на објавените творби и не беше толку голем.Венко Марковски!) и прва. Цитат за овој час: "Сите што го познаваа. Милан Ѓурчинов ПОВОЕНА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА По завршувањето на Втората светска војна (1941 . петта и т. Тоа во случајот на нашата литература веќе станува бесмислено. По таа аналогија литературните критичари почнаа новите имиња да ги класифицираат во четврта. НОБ и последиците од војната беа долги години тема речиси на сите автори. Автор кој зад себе остави импозантен опус од сите литературни жанрови.. а во нејзини рамки и на сите литературни жанрови. Можеби е време авторите да се групираат и по некои други. Старделов СЛАВКО ЈАНЕВСКИ (1920 . Тоа ќе ја направи нашата литература да биде помодерна и ќе ја доближи до современите текови на светската литература. Коле Чашуле и Јордан Леов). како на оние кои своите почетоци ги беа направиле пред војната. генерација.н. Славко Јаневски. до напуштање на веќе установени клишеа и обрасци. особено кај авторите од т..

Милиони џинои џинои. ако не ги сметаме романите во стихови на Венко Марковски! Подоцна романот го преработува под нов наслов Стебла. 69 . отколку што тие заслужуваат. или дека ќе им се посвети помалку внимание. Наброените дела во никој случај не ја заокружуваат целосната рамка на опусот на Славко Јаневски. Евангелие по Итар Пејо. Егејска барутна бајка. на повеќе книжевни и политички статии и есеи.. Македонскиот дел од пеколот. Современост. Титов пионер)..н. Тој опус го сочинуваат осум книги меѓу кои: Распеани букви. Славко Јаневски е автор на повеќе препеви. Просто е невозможно на еден ограничен простор да се набележат сите поважни негови активности. Покрај повеќето збирки раскази и патописи (Кловнови и луѓе. поезија заедно со Ацо Шопов). Славко Јаневски е роден во Скопје. Девет Керубинови векови. 1952). Месечар. Значаен дел од своето творештво Славко Јаневски им го посветил на децата. По ослободувањето се посветува на литературата со која се занимава професионално до крајот на својот живот. Каинавелија. и негов претседател. Оковано јаболко. каде што завршил основно и среднотехничко училиште. Хоризонт. И бол и бес. Остен. Чудотворци Чудотворци. покренувач и уредник на повеќе литературни и други списанија (Нов ден. Или сѐ на сѐ 15 романи! Меѓу шесте збирки раскази да ги спомнеме и:Омарнини. Јаневски го објавува првиот роман на македонски јазик (Село зад седумте јасени.Друштвото на писателите на Македонија. Првите литературни дела ги објавува веднаш по војната (Крвава низа. трилогијата Миракули на грозомората во која се поместени романите Легионите на свети Адофонис. Јазол. Кучешко распетие. Зад тајната врата. Меѓу поважните дела на Славко Јаневски овде ќе ги наброиме: Романите: Две Марии. Континент Кукулино. Потоа објавува неколку дела за најмладите. Славко Јаневски во фондот на македонска поезија приопштил 11 збирки песни од кои овде би ги спомнале: Лирика. еден од нашите први академици при формирањето на МАНУ (1967). Горчливи легенди. Пупи Паф гледа од вселената. Тој е автор или коавтор на сценарија за повеќе играни филмови: Волчја ноќ. Ковчег. добивајќи награди како сценарист. Депонија и т. на повеќе списанија за деца (Пионер. и Чекајќи чума. Рулет со седум бројки. Во пролетта 1944 година се вклучува во НОБ. за да се сврти потоа кон прозниот израз (повеста Улица). Целокупното негово дело е зачудувачко по вредност и по обем и сигурно надминува над четириесет томови. поезија. Пупи Паф господар на соништата. без страв дека некои ќе бидат изоставени. Тврдоглави. Пруга на младоста. Свој придонес има на полето на филмската и ликовната уметност. Песји шуми. Астропеус.

Јаневски беше вистински трагач и истражувач. некои од нив бездомници или лица на кои главниот јунак не им ги знае вистинските имиња (Баждар. Цитат за овој час: Логосот на Јаневски ги покренува суштествените прашања на постанокот. кој. Доказ за големината на неговото дело е наградата што го носи неговото име за најдобро прозно дело која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. опстанокот и битието на македонскиот народ. При тоа често го меша митското и реалното. Подоцна Стале Попов ќе заврши и Теолошки факултет во Белград. на академик Георги Старделов. се прави обид да се осветлат сите аспекти на творештвото на Славко Јаневски и да се покаже поврзаноста на Јаневски со нашиот национален и културен идентитет. иако во поодминати години посериозно се зафати со литературата. Рациново признание и т. понекогаш и со силна доза на хумор. Јаневски е повеста Улица во која се навраќа на своето детство преку сеќавања и слики кои допираат до првите сознанија за светот кој почнува и завршува во неговата улица.1965) Стале Попов припаѓа на првата генерација повоени македонски писатели. главно млади. зад себе остави и бројни и вредни прозни остварувања. Таквата оригинална постапка ќе ја започне со Тврдоглави и ќе продолжи со другите дела во кои со Кукулино се омеѓува светот. десетина години по смртта неговото творештво станува податливо поле за истражување на литературните критичари и историчари. По основното училиште во Витолиште.Колку што одминува времето.н. потеклото. век. наградите 11 Октомври и 13 Ноември. Таа се исполнува со повеќе јунаци. Катица Ќулавкова СТАЛЕ ПОПОВ (1902 . Во 70 . рускиот емигрант-Генералстап). во свештеничко семејство. Улица е скица за Скопје од триесеттите години на 20. историјата. но и некои со многу благородни постапки. Мариово. Едно од првите прозни остварувања на Сл. наградата Мирослав Крлежа. Денес. Цела галерија од несреќни луѓе со кои судбината си поиграла. авторовата улица станува подолга и поширока.Во посебно поглавје може да зборуваме за наградите и признанијата што Јаневски ги има добиено: Наградата АВНОЈ 1968 (своевремено многу престижна награда во Југославија). Стале Попов е роден во с. Мелница. Додека живееше и твореше. Улица е само предвесник на грандиозниот потфат на Јаневски да трага и истражува во нашето минато. завршил и богословија во Битола. Во најновиот проект Слушате ли каинавелијци.Се навраќаше на историја со многу бол. награда на Струшките вечери на поезијата (Браќа Миладиновци за најдобра збирка од македонски автор). иако заради Балканските и Првата светска војна школувањето се одвивало со прекини.

тутунски работник. По ослободувањето на земјата станува претседател на Околискиот одбор на Прилеп. судбината ќе направи 71 . со кои се создава подвоеност и оттуѓеност кај блиските роднини. трговец. така и во повеќето подолги дела. освен Доктор Орешковски. Така настанале делата Калеш Анѓа. Бугарија.. Доктор Орешковски. преку жедта да се приграби туѓото. Но. овчар. Романот не е само исполнет со идила и фолклор. збирки раскази во чиј центар на случувања е Мариово. истовремено авторот слика и други луѓе. во него суштествува и омразата и непријателството од кои ќе се јават делбите меѓу ближните. Дилбер Стана. ќе напише повеќе други романи. Необично дете. повести. Расказите на Стале Попов ја зафаќаат битовата страна на Мариовецот. Романот е своевидна сага за тоа семејство. од крајот на 19 век до првата половина на 20 век. Во него се предава семејниот живот на Сукаловци од мариовско Витолиште. Стале Попов е автор и на две збирки раскази: Итар Пејо и Мариовски раскази и на новелата Мариовскиот панаѓур. настани и прилики на еден поширок простор и на една подолга временска дистанца. Откако се вратил во родниот крај е интерниран во с. Стале Попов релативно доцна ја почнува писателската дејност. општински чиновник.. Шаќир Војвода. па управник на Шумската дирекција. Тука би ја придодале подолгата проза Опасна печалба. Со новостите во однесувањето што ги донесува еден од главните ликови . Почетокот на Втората светска војна ќе го најде како службеник во Собранието на Белград. службеник. Дилбер Стана. Во следните десетина години. Речиси сите романи имаат историска подлога. Останата млада како вдовица и без деца. Средишен лик околу кој е поставена фабулата на романот е Доста Рожденката. Неврокопско. Романсиерскиот опус на Стале Попов го сочинуваат уште: Толе Паша. Во раскажувачката постапка Стале Попов тргнува од некоја народна песна или анегдота за да ја развие до размери на роман или подолга проза. шумар. Во основата на романот Крпен живот се содржи битово-социјална тематика. Хуморот е составен елемент како на расказите. во кој се обработува современа тема. Калеш Анѓа. од крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Долен.животот работел сѐ што можел. Најпрво со објавување на раскази во списанието Современост. се поврзал со Народноослободителното движење на Македонија. По бегството и враќањето дома. Бил и земјоделец. за по година две да го објави романот Крпен живот (1953). полека се рушат патријархалните норми во зачмаената и примитивна средина. а пред пензионирањето работи како професор по македонски јазик во Скопје.Доста Рожденката. Во романот авторот проговара и за моралните вредности. Дури тие се доближуваат до реалистичните народни приказни. за трагиката на националната поделеност во виорот на Балканските војни.

испечено. Таа е примитивна. Доста лесно се прилагодува на новата средина. Во Бугарија ја објавил во 72 . клетви.таа и Илко Сукалов. Е боже. Авторот со симпатиија и со доза на хумор го опишува нејзиниот физички изглед. Припаѓа на првата генерација повоени македонски писатели. Во неговите дела се предадени судбини на луѓе и настани кои се дел од колективното паметење на нашиот народ. но исто така го покажува и она што го научила во градот. сполај ми ти на милоста твоа оти направи дел и за мене! Илко Сукалов ЃОРЃИ АБАЏИЕВ (1910 . место за афирмација на нашата литературна и национална мисла во Бугарија. за да нема потомок и целото имање да се го присвои за нејзините три деца. лековерна. Цитат за овој час: Пак со жена! Пак со домаќинка. тој да падне врз бабата Бисера!. Но прави сѐ. пак во редот на луѓето. па дури потајно се надева на рожба. Тогаш ги направил првите публицистички и литературни обиди. благослови.. а ако има некаков грев. опрано. пак послано. од почетокот на минатото столетие. Тој е еден од првите кои му пристапиле на Македонскиот литературен кружок. но и за проучување како од фолклористите. Откако Дојран бил целосно разурнат за време на Првата светска војна. закрпено. длабоко во себе. Ѓорѓи Абаџиев е роден во Дојран. месено. Сепак. Таа прва ќе ја прати ќеркичката на училиште со што ќе предизвика ново чудење кај селаните. дури и магии. Стале Попов во обликувањето на ликовите раскошно ги користи фолклорните елементи: поговорки. и начин на облекување и однесување. иако крпен. себична. да започнат нов живот. подготвена е да се омажи. на кого му умрела жената. Јатрвата Митра отпрвин не е против женидбата на деверот Илко зашто ќе има некаква одмена. Митра се плаши да преземе поризичен чекор. Едно време работел како секретар на Македонскиот национален комитет и бил редактор на весникот Македонско знаме. Не е случајно што делата на овој автор се интересни за читање. со клетви кон Нешка кои кај читателот предизвикуваат само смеа. 1910 година. со родителите се преселил во Горна Џумаја (денес Благоевград). Подоцна Доста потајно ќе настојува да го придобие деверот Трајко и неговиот имот.1963) Ѓорѓи Абаџиев е автор целосно посветен на расветлување на историската вистина за македонскиот народ. така и од лингвистите. Доста не сака да седи дома. Потоа студирал правни науки во Софија и се дружи со луѓе од напредната македонска емиграција во Бугарија. Откако и тоа ќе се случи и ќе се роди ќеркичката Неда (Неша) таа и Илко бескрајно се среќни и благодарни на Господ што не ги заборавил. Јазикот е мариовски. каде што завршил средно училиште.

Ѓорѓи Абаџиев е автор на збирките раскази: Изгрев. дека ќе му стават крај на тоа насилничко царство.Тој е уверен дека само живите можат да ја продолжат борбата Постојано се обидува 73 . го мачи дилемата зарем не е злосторство и предавство да се остане жив. Последна средба. размислува потрезвено. Тој исто така е автор на монографијата Балканските војни во Македонија.На хероите ликот им е чист кога се мртви. Авторот во романот се свртува не кон надворешните фактори кои ја предизвикале трагедијата на Солунските атентатори. и подоцна директор. да се распарчи! Престојот во затворот му е неподнослив и навредлив.. Смета дека борбата не е завршена и дека ѝ требаат живи луѓе на Организацијата. Бил соработник. понекогаш се навраќа во детството. Живее во спомените со другарите пред атентатите. Нив ги мачи дилемата живот или смрт. Во бунило ја сонува бесилката и самиот обесен на неа.2 Август ( Илинден) 1963 година.Тој почнува да ја губи присебноста. како и на романите Арамиско гнездо (1954) и Пустина (1961). ако другарите загинале. Темата на романот се совпаѓа со порано објавените дела на Абаџиев. И што по смртта? Арсо.коавторство првата збирка раскази и уметнички репортажи Труд и луѓе (на бугарски јазик). Почина на денот со кој е поврзана неговата (и нашата) судбина . Глигор. По враќањето во Македонија (1948) продолжил со писателската активност. туку кон внатрешноста на тие преживеани херои и страдалници. Залудно Глигор се обидува да му ги оттргне мислите од минатото. Меѓу другите признанија ја добил и наградата 11 Октомври за романот Пустина. Но начинот на кој ја изложуватоа. во која постигнува посуверени естетски и стилски резултати. а не мртовци. Развојниот пат на Ѓорѓи Абаџиев можеме условно да го поделиме во две фази: Во првата кога ги напишал збирките раскази и романот Арамиско гнездо и во кои можат да се најдат лексички и синтаксички недоследности (поради долгото отсуство од Македонија). Се радува што ќе им се суди. Сѐ треба да се минира. Среќата што останале живи ја смета за најголема казна. ќе каже. на Глигор му останува да го види обесеното тело на Арсо и да му ја прочита последна желба напишана со клинец на ѕидот: Тука згасна Арсо во лето илјада деветстотини и трето. На крајот од романот. Пустина е модерен психолошки роман. главниот лик. на Институтот за национална Историја на Македонија. и во втората со романот Пустина. Епопејата на ножот. Да го повлече од работ на провалија што се вика смрт и да го сврти да погледне кон реалноста што се вика живот. Поточно чинот на солунските атентати.. да се запали. па повторно на моментите кога ја давале заклетвата пред Организацијата дека заеднички ќе изгинат. вториот лик во романот. живот со почеток за нова борба за слобода. го разликува тоа дело од другите.

а Берлинскиот договор ѝ дава за тоа сигурно право.да му ги оттргне лошите размисли на Арсо и кова планови за повторно бегство од затворот. на кои им ги силувале ќерките и жените.com.net/trajce www. Човештвото ја задолжува со тоа.issuu./trajce 74 . Се покажува не како анархист. туку како револуционер. толку трагично. Цитат за овој час: Во Македонија. на неколку часа од Будимпешта и Виена.slideshare. Говор на Анатол Франс. Со романот Пустина Ѓорѓи Абаџиев расветлува едно важно поглавје од нашата историја.blogspot. Овие злосторства се правени за срам на Европа. 1903 Трајан Божинов учебна 2009/2010 http://trajan-vapcar. Европа мора нив да ги спречи. На судењето кажува зошто го одбрале чинот на насилство и зошто токму врз француските бродови и банка. турските војници и функционери ги колат селаните. но и светло и си обезбеди значајно место во нашата литература. припадник не еден поробен народ за кој Франција и Европа треба да знаат.com http://www.

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful