Балканска фондација за деца и млади во партнерство со

Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и
Сојуз на синдикати на Македонија

Проект: ОТВОРЕН ДИЈАЛОГ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ВКЛУЧЕНОСТ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ
ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТНИЧКИ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

П Р И РАЧ Н И К
Најдобрите практики за активно барање на работа:
Вработувањето како алатка
за општествено вклучување на младите

Скопје, 2011

Издавач:
Балканска фондација за деца и млади
Ул. Даме Груев 5/3/3
1 000 Скопје
Тел.: +389 (0) 2 3122 704
Факс: +389 (0) 2 3122 705
Е-маил: bcyf@balkanyouth.org
www.balkanyouth.org

Автор:

Лиценцирана агенција за посредување за вработување
Ул. Васил Ѓоргов 24/1-5
1 000 Скопје
Тел./Факс: +389 (0) 2 3230 091
Е-маил: vrabotuvanje@vrabotuvanje.com.mk
www.vrabotuvanje.com.mk

Достапно на македонски, албански и англиски јазик

DG Employment, Social Affairs
and Equal Opportunities

Awareness raising on social inclusion and social
protection VP/2008/015

“Open dialogue on social inclusion through youth employment and youth labour rights in Macedonia”
- VS/2008/0577 SI2.514557

Оваа публикација е дел од проектот „Отворен дијалог за општествена вклученост на младите преку
вработување и работнички права во Македонија“, финансиран од Европската Комисија, Генерален
Директорат за вработување, социјални прашања и еднакви можности

Мислењата што се овде изразени им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на
Балканската фондација за деца и млади, Економскиот факултет-Универзитет Љубљана, Сојуз на
синдикати на Македонија, Европската Комисија, Генерален Директорат за вработување, социјални
прашања и еднакви можности

СОДРЖИНА
1.

Вовед

5
8
8
8

2.
Вработување од аспект на работодавач

2.1. Основни поими во менаџментот

2.2. Процес на екипирање: планирање

2.3. Процес на екипирање: извори за снабдување со кандидати

за вработување –регрутирање


2.3.1. Надворешно регрутирање


2.3.2. Внатрешно регрутирање


2.3.3. Разлики и сличности

2.4. Процес на екипирање: селекција на кадар


2.4.1. Чекори во селекција на кадар (техники за селекција)


2.4.2. Процес на селекција на кадар во македонски компании

11
11
11
12
13
13
15

3.









Алатки за активно барање работа – методи и техники (градење на кариера)
и како да се користат ефективно
3.1. Огласи за вработување

3.1.1. Огласување на слободно работно место

3.1.2. Клучни техники за селекција на кадар
3.2. Што правиме кога нема огласи за вработување
3.3. Интернетот како алатка за барање работа

3.3.1. Користење на електронска пошта (e-mail) кога има оглас

3.3.2. Користење на електронска пошта (e-mail) кога нема оглас
3.4. Електронски (онлајн) берзи на труд
3.5. Лиценцирани агенции за посредување за вработување (ЛАПВ)

16
16
16
17
18
18
19
19
20
22

4.





Активно барање работа – вештини за барање работа
4.1.
Професионална биографија

4.1.1. Кои се карактеристики на професионалната биографија

4.1.2. Убедлива професионална биографија според форматот на EUROPASS CV
4.2. Насловно писмо
4.3. Интервју за работа
4.4. Волонтирање

23
23
23
25
29
31
34

5.



Работнички права на младите луѓе
5.1. Закон за работни односи - кои се вашите права како вработени
5.2. Етика и коректен третман на работа
5.3. Мобинг
5.4. Синдикати и синдикални организации во Република Македонија

36
36
38
38
39

6.



Претприемништво – самовработување
6.1. Што е претприемништво и претприемач
6.2. Карактеристики на еден претприемач
6.3. Развој на бизнис идеја и изработка на бизнис план
6.4. Правно регистрирање на фирмата

40
40
41
42
47

Во практиката. Формалното образование е пресуден стадиум во кариерното насочување. АДС-Агенција за државни службеници) и приватни посредници на слободниот пазар (ЛАПВ-Лиценцирани агенции за посредување за вработување). можности за учење.Вовед 1 К ариерното насочување. како и да се стекнат со вештини за барање и задржување на работно место (на пр.. форми и механизми на кариерното насочување е неминовна за воспоставување на ефективен систем за подготовка на денешните ученици за понатамошната работа. Во поново време. структурирање и давање податоци за занимањата. трендови и услови на пазарот на трудот. најчесто се служиме со: � Непосредни усни информации � Официјални информатори на соодветни служби � Радио и ТВ емисии � Дневни и неделни весници � Флаери и плакати � Изложби и фотографии � Видеоматеријали 5 . подготовка за интервју и сл. кој е поттикнувач на секоја индувидуа кон развој на сопствен креaтивен потенцијал во насока на доживотно учење. се активира уште од најмала возраст и го следи низ образованието во текот на целиот професионален живот. владини и невладини програми и услуги и можности за вработување. личноста е под влијание на разни формални/неформални.). пишување биографија и насловно писмо. Во текот на животот. Најчесто посредувањето го вршат државни институции (АВРМ-Државната агенција за вработување на Р. Координацијата помеѓу сите стадиуми. кариерното насочување се разбира како еден од клучните инструменти на општеството за управување со човековите ресурси (насочување на човечкиот потенцијал кон гранки и дејности корисни за заедницата). се важни: � Кариерно информирање – сите информации потребни за планирање. кариерното насочување разликува неколку форми. добивање и задржување на вработување / работно место. образовни и тренинг установи и институции. независно дали станува збор за времено или трајно вработување.Македонија. да ги разберат и да им пристапат на можностите за дообука и за стекнување дополнителни вештини потребни за вработување. Во кариерното информирање. исто така нудат вакви услуги за своите ученици и за студенти. свесни и несвесни влијанија кои го одредуваат нејзиниот животен и кариерен пат. организирани и спонтани. вештини. За темата. � Посредување при вработување – насочување на луѓето кон соодветни работни места. Информирањето е основа и услов за сите други форми на кариерното насочување. можни кариерни патеки. Информирањето вклучува собирање. постојат повеќе средства и инструменти за добивање на корисни инормации. Генерално. � Советување за вработување – им помага на луѓето да ги дефинираат своите непосредни цели за вработување. како комплексен систем кој го води секој млад човек за негово професионално реализирање. Некои средни училишта и универзитетски установи. како клучна форма во кариерното насочување. образовни програми. активно барање на работа.

При излегување од формалниот образовниот систем. 773 лица или 68. Денес. Фаза на работење во просек 42 години и потоа фаза 4. од работата ни зависи колку ќе успееме во животот. навистина има голема потреба од едукација и образование на младите.  Прогнозата за број на расположливи работни места од која било област. 2. Тоа е сегмент од кариерното насочување на секоја индивидуа. е една од варијантите на која мора да се смета при одлучување за кариера. учествуваш во играта. Колку имаме попрестижна работа. Фаза на образование со траење од 16-17-19 години. успехот и квалитетот на луѓето се мери преку работата што ја работат т. брошури. Имајќи го ова на ум.Mакедонија брои 949. Заслужен одмор-пензија. младите луѓе се соочуваат со отворениот пазар на труд. и фактот дека само мал дел од младите луѓе имале можност да се запознаат Основно правило со менаџментот на човеки ресурси. за конкретен период. способности и вештини. Многу е важно да се напомене дека тие се учат и се стекнуваат. Процентот на невработеност е голем.периодот на работа трае најдолго и затоа треба сериозна подготовка за овој период. Кога размислуваме за нашата кариера. толку ќе имаме подобра плата и подобар живот (исполнет со материјални задоволство од кои тргнува сè).3 %. како се тие стекнати � Достапност на извори на информации � Соработка со служби за вработување и посредување при вработување � Способност за интерпретирање на добиените информации � Градење мрежа за барање работа � Барање работа со план � Да се направат најдобра можна професионална биографија и насловно писмо � Да се развијат способности за одење на интервју Барањето работа е процес низ кој минува секој млад човек. Бидејќи. Од пресудно значење е да се разберат процесите на понуда и побарувачка од работна сила и работни места во општеството. често влијаат на одлуките за Вашата кариера.ПРИРАЧНИК � Современи електронски / дигитални медиуми � Специјални публикации. подразбира поседување на знаења и способности што се неминовни за секој млад човек кој е во оваа фаза од животот. каталози Активното барање работа. во III тримесечје од 2010г. според професијата. по излегувањето од системот на образование. клучната тема на овој Прирачник.  Поставете си го прашањето: Каква перспектива нуди дејноста/работното место кое го барате Вие? БАРАЊЕТО РАБОТА Е КАКО ИГРА ВО КОЈА ИМА ПРАВИЛА! 6 .313 лица. Детство-трае 7 години. Според податоците на Државниот завод за статистика.е преку платата што ја земаат. ќе сфатиме дека тој се состои од 4 фази: 1. а 300 540 лица или 31. сакале можеш воопшто да или не. Барањето работа е животно и егзистенцијално прашање. Ако размислиме малку за животниот век. при определување на нашата цел и сакана професија.7% се невработени. активното население во Р. За сега сè уште нема начин да се продуцира разумен баланс на понуда/побарувачка во едно слободно општество.  Перспективата во работата. Прогнозите за пазарот на труд. треба да внимаваме и на пазарот на труд и на импулсите што ги добиваме од таму. за жал или за биографија за да среќа. Може да забележиме дека токму фазата . па затоа треба да се потрудиме да бидеме што поконкуретни на пазарот на труд. но и постарите-за техниките и методите за професионална активно барање работа. е многу непрецизна наука. од кои вработени се 648. 3. Активното барање работа се состои од повеќе чекори: � Проценка на личните интереси. и тоа во насока на:  Рационалната кариерна одлука го препознава влијанието на пазарот на трудот. што се активира и не следи низ образованието и во текот на целиот професионален живот. ќе се согласиме сите. кој ја третира темата за вработување е да имаш ДОБРА и барање работа.

разликата е меѓу неорганизирано и организирано барање вработување. направам или развијам? Кои организации и служби можат да ми помогнат при барањето на работа? Дали правилно ги читам . значи тие се учат. убедување. способности и знаења треба да ги стекнам за да го работам тоа што го сакам? Дали ми треба повеќе теорија или практика? Кои се моите слаби страни? Како да ги елиминирам? Каде. како и што треба да вложам за да ги зајакнам моите способности или да ги коригирам моите слаби страни? Кои контакти треба да ги задржам. треба знаење и способности.толкувам огласите и барањата за работа? 7 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите План за активно барање на работа . одење на интервју и и вложување во себе преговарање. убедливо насловно писмо. Пример на план за активно барање работа. така и за барањето работа треба да се има и среќа. Едноставно. среќа способности за комуникација. Зборот активно е многу важен за сите оние кои бараат вработување. Како и за секоја друга работа. Никој од нас не се родил со тие знаења. Работата што ќе ја најдеме е одлична професионална биографија. треба да ја појасниме и разликата меѓу барање и активно барање работа. резултат на нашата личност. Едноставно. Но. кој треба да почнете да го пополнувате уште додека сте во средно училиште! Кои се моите интереси? Што сакам да бидам? Каде се гледам за 5 до 10 години? Зошто токму мене да ме одберат на работното место кое го сакам или зошто би бил/а добар претприемач? Кои се моите силни страни? Во што сум најдобар/а? Имам ли некаков талент или дарба? Во кои 10 компании/организации би сакал да работам? Кои нови вештини. се стекнуваат или се усовршуваат. така и за барањето вработување. способности и план и барањето вработување со план.ПРИРАЧНИК Додека сè уште зборуваме за барање работа. но никогаш не заборавајте СРЕЌАТА ги следи ХРАБРИТЕ и оние кои ЗНААТ. треба да се поклопат вистинското време и вистинското место. Зборот АКТИВНО ја прави разликата меѓу барањето вработување без знаење. како и за многу други работи во животот.

Основни поими во менаџментот Пред да преминеме на елаборирање на проблематиката којашто е тема на овој прирачник. насочување и развој на човековото однесување и потенцијал во организациите. штитење и користење на ресурсите кои се потребни за организацијата. т. се менаџмент функциите организирање и екипирање. Лоцирање на фунцијата екипирање и потфункциите планирање. Само преку извршување на сите четири функции може да се обезбеди ефикасно и ефективно постигнување на целите на организацијата.Активно барање на работа и Самовработување.е нејзините човечки ресурси се користат на таков начин што ќе овозможи сопственикот да добие најмногу од способностите на своите вработени. Без некои машини и алати. за овој Прирачник. организирање (екипирање). Во поголемите организации / компании. без доволно финансиски средства исто така. додека. Човечките ресурси ги вклучуваат сите членови на една организација.област на истражување и организирање на знаење насочено кон разбирање. во сите работни организации. Менаџментот служи да им помогне на организациите најдобро да ги користат своите ресурси за да ги постигнат своите цели. функциите во менаџментот се многу дискутирани. Менаџерите се одговорни за здобивање развој. Еден од најважните ресурси. Треба да разбереме кога и какви кадри (стручност и лични карактиристики) бараат менаџерите за вработување на нови луѓе во нивните организации? Во основа. од страна на различни автори. бидејќи обезбедувањето со луѓе (менаџери и не-менаџери) е услов без кој не може да се замисли извршување на работата. регрутирање и селекција на кадар во менаџментот 8 . тренират и оспособуваат квалитет кај вработените. потребно е прво да го разбереме процесот на вработување на нови вработени од аспект на работодавачите. предвидување. Менаџментот на човечки ресурси е научна дисциплина . се човечките ресурси – луѓето вклучени во производство и дистрибуција на производи и услуги. од топ менаџерите до вработените на влезно ниво. Како менаџерите ја постигнуваат оваа цел? Тоа го прават преку извршување на четири основни менаџерски функции: планирање. односно да го дефинираме менаџментот во основа и менаџментот на човечки ресурси. Тие се свесни дека само на овој начин може да се здобијат со конкурентска предност. но без луѓе .2. Она што е важно.1. Целта на МЧР е да осигура дека вработените на компанијата. 2.2 Вработување од аспект на работодавач 2. за екипирање се задолжени посебни одделенија (сектори). односно фокусот ни е повеќе на екипирањето (Слика 1). Треба да се напомене дека. за да таа биде ефикасна и ефективна. лидерство (раководење) и контрола на ресурсите во една организација.никако! Екипирањето е дел од ингеренциите на манaџментот на човечките ресурси (МЧР). може да се работи. Процес на екипирање: планирање Успешните менаџери сфаќаат колку се вредни човечките ресурси и преземаат активности кои ќе им помогнат да одберат.

Тековни човечки ресурси. односно ќе зборуваме за планирање. менаџерите мора да направат предвидувања и за побарувачката и за понудата. Улогата на планирањето во процесот на вработување. 9 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Раководење . во однос на нејзините цели и стратегии. сега и во иднина. Чекори кои ги презема секоја компанија. точно стои како се однесуваат и колку ги ценат своите вработени. овде во Македонија. при професионална процедура за вработување на нов кандидат. за постигнување на своите долгорочни цели. или сака да има компанијата. Лоцирање на процесот на планирање. Идните човечки ресурси се вработените потребни на компанијата подоцна. се следниве: ЧЕКОР 1 Дефинирање на визија. Предвидувањата на понудата ја проценуваат расположливоста и квалификациите на тековните вработени. потребни на компанијата. им помага на менаџерите да одредат кого треба да регрутираат и да изберат за постигнување на компаниските цели. регрутирање и селектирање на вработени. Предвидувањата за побарувачката ги проценуваат квалификациите и бројот на вработените. и понудата на квалификувани работници и надворешниот пазар на труд. мисија и стратегија на компанијата Многу често во една од овие изјави на компаниите. да ги предвидат нивните тековни и идни потреби од човечки ресурси. со мала веројатност. вработените за возврат да имаат пристојна материјална и психолошка награда за својата работа. може во некоја од овие изјави да видиме какви вработени има. Проценката за потребите и на тековните и на идните човечки ресурси. мисијата и стратегијата на компанијата или организацијата за која конкурираме или треба да одиме на интервју.ПРИРАЧНИК Планирање Регрутирање Планирање Селекција Обучавање и развој Организирање (Екипирање) Контролирање Воведување и ориентација Оценка на работата Трансфери Сепарација Слика 1. Постојано треба да го имаме тоа на ум кога се подготвуваме за интервју! Иако. се вработените потребни денес на компанијата. за тоа која функција на манеџментот на ЧР е одговорна за прием на нови кадри. регрутација и селекција на кадри во менаџментот пак. Како дел од планирањето на човечките ресурси. сега и во иднина. Совет за оние кои бараат работа: Да се потрудиме да ги најдеме изјавите за визијата. во кои се вклучуваат менаџерите. Овде ќе бидат споменати само неколку видувања. со цел обезбедување на висококалитетни производи и услуги за потрошувачите. Планирањето на човечки ресурси се состои од низа активности.

Иако е најчесто годишен. сите наши контакти да не известат веднаш штом ќе дознаат дека некој некаде напредува и може да се ослободи работно место. За жал. па навистина нема голема помош од овој документ за оние кои се пријавуваат за работа. Најважно. Размислувањето при прибавувањето е едноставно: Се пријавуваат повеќе добри кандидати Повеќе добри кандидати ќе влезат во финалната група на кандидати Финалните два-три кандидати ќе бидат многу квалитетни Избраниот кандидат/ка ќе биде многу квалитетен 10 . бидејќи многу често излегуваат и итни работи. ЧЕКОР 3 План за човечки ресурси Планот за човечки ресурси (ПЧР) е столб на вработувањето! Сите чекори што има намера да ги преземе компанијата или организацијата.Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија ПРИРАЧНИК ЧЕКОР 2 Годишен план Планот на компанијата произлегува од визијата. кои вредности и способности ги бара и ги цени компанијата. Совет за оние кои бараат работа: Доколку имаме можност некој од останатите вработени да ни каже детали од планот за човечки ресурси. Совет за оние кои бараат работа: Треба да дознаеме. особено по интервјуата. корисно е да се имаат предвид роковите низ кои треба да поминат компаниите и да бидеме трпеливи. ЧЕКОР 4 Политики и процедури за нови вработувања и унапредувања Совет за оние кои бараат работа: Доколку се пријавуваме да работиме во компанија во која има пишани правила и процедури за нови вработувања. Совет за оние кои бараат работа: Треба да се обидеме да дојдеме до годишниот план на компанијата. Прибавувањето опфаќа постапки и методи за привлекување маса на добри кандидати од кои ќе може да се изврши подобра селекција. Во секој случај. Информациите можат да помогнат при одговарање на интервјуто. е составен дел на годишниот план на компанијата. бидејќи е тешко да се дојде до него. сепак ПЧР ги објаснува сите важни елементи за развој на човечките ресурси во компанијата или во организацијата. отказ од вработениот или отпуштање. Тој може да биде долгорочен или краткорочен. што е речиси неизводливо во Македонија. и со какви механизми таа се обидува тие способности и вредности да ги одржи и да ги развие. тогаш тоа е компанија која дефинитивно е одлично место за работа и која е посветена на вистински избор на нови вработени. доколку немаме некој човек внатре во компанијата. се наведуват во планот за човечки ресурси. многу компании овие процедури ги сметаат за интерен документ кој речиси е и деловна тајна. за човечки ресурси. ќе знаеме што нè очекува. од аспект на вработените. мисијата и стратегијата. дали местото за кое конкурираме е целосно ново или испразнето и поради која причина е испразнето: напредување. ние ќе можеме подобро да ги приспособиме нашето насловно писмо и професионалната биографија. Може да се разговара со поранешен вработен. Годишниот план. ЧЕКОР 5 Процес на прибавување кандидати Прибавувањето кандидати е предуслов за вработување на вистинските кандидати. Совет е. но мора да има и годишен план.

за надворешно регрутирање. нивоа) кои се резултат од анализата на работата и планирањето на човечките ресурси. Откако менаџерите ќе го завршат планирањето на човечките ресурси и анализите на работните места. способности. што менаџерите треба го преземат пред регрутирање и селекција. Тоа е процес на одредување на: 1.2. нуди поголеми предности во однос на останатите конвенционални извори за снабдување со кандидати апликанти. . Постојат два начина за снабдување со кандидати за вработување-регрутирање: надворешно и внатрешно. Некои компании. . временски рамки. а тоа се регрутација и селекција на кандидати за вработување.3. Регрутирањето започнува со специфицирање на потребите од човечки ресурси (број. Надворешното регрутирање може да се изврши и преку тимови за интервјуирање кои одат во колеџите или факултетите за наоѓање на нови вработени. должности и одговорности што се составен дел на работното место и 2.пристап до голем број потенцијални апликанти. способности ќе им бидат потребни на потенцијалните вработени за извршување на задачите и обврските на тие работни места. отворени денови за студенти и советници за кариера во средни училишта. тие ќе ги знаат потребите од човечки ресурси и работни места што треба да ги пополнат. или 2. Предностите се: . знаења и способности потребни за да може компанијата да ги постигне своите цели. Познавањето. Надворешно регрутирање Менаџерите.можност да се привлечат лица во една компанија кои имаат вештини. По овој процес.процедурите и политиките на компанијата и секако им е потребна и дополнителна обука отколку на оние кои се интерно регрутирани-промовирани. . кога кандидатите не мора да имаат големо работно искуство.ПРИРАЧНИК Анализа на работни места е следниот чекор по чекорот планирање на човечки ресурси. Процес на екипирање: извори за снабдување со кандидати за вработување – регрутирање 2. огласи на интернет). Регрутирањето е активноста што ја прават менаџерите за да се снабдат со квалификувани кандидати за отворените работни места во нивните компании. 11 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Откако со помош на анализирање на работата ќе биде одредена потребата од човечки ресурси. прашалници за анализа на работно местостандардизиран формат кој се фокусира врз однесувањето на вработените. менаџерите ги пополнуваат отворените рабитни места од постојаните вработени. користат и агенции за посредување за вработување. Овие предности треба добро да се „измерат“ и споредат со слабите страни. Во денешно време. тие бараат лица надвор од компанијата кои претходно не работеле за таа компанија. за надворешно регрутирање се користат и неформални мрежи-со препораки од веќе вработени. Промени на работни места што не бараат големи промени во одговорноста.можноста да се доведат нови луѓе со нова енергија и кои можеби имаат нов покреативен пристап кон работните предизвици и се во тек со новитетите во технологијата. или нивоата на авторитетите. Работни задачи. кога применуваат надворешно регрутирање за снабдување со кандидати за вработување. вештини. 2. Унапредувања. Тие.3. регрутирањето преку компјутерски мрежи-интернет. интервјуирање. средби со групи во локалната заедница. Надворешно регрутирани вработени. за сите работни места во една компанија.1. секогаш постои несигурност во насока на нивно брзо вклопување и добро извршување на задачите и преземање на одговорностите. исто така ќе знаат какво познавање. кога вработените надворешно се регрутираат.3. немаат доволно познавање на внатрешното работење . Внатрешно регрутирање Кога регрутирањето е внатрешно. саеми на кариера. се преминува на фазата регрутирање. вклучувајќи ги релативно високите трошоци на надворешното регрутирање. Вработените коишто се регрутирани од внатрешни извори или бараат: 1. работните услови и карактеристики на работното место. додека ја извршуваат работата. Исто така. може да се премине кон следните фази во потфункцијата екипирање. Конечно. вештините и способностите потребни за извршување на задачите на работното место. Анализата на работно место може да се прави на неколу начини и тоа со користење на метода на набљудување на вработените. 2. Постојат повеќе начини преку кои менаџерите можат надворешно да регрутираат кандидати (огласи во весници и списанија. Надворешното регрутирање има свои силни и слаби страни за менаџерите.

пријателски притисоци. бидејќи нуди побрза. поквалитетна процедура и многу поголем избор на опции. во крајна инстанца. Разлики и сличности Што е заедничко и за надворешниот и за внатрешниот процес на вработување? Мора да има процедури и правила според кои ќе се одвива процесот на надворешно вработување. - менаџерите.  Кој има овластување за одобрување на почеток на процесот за вработување?  Каде ќе го објавиме огласот?  Кои се бараните квалификации и карактеристики на бараниот кандидат?  Како оди постапката за пријавување?  со формулар за пријава. структура. во кој медиум. за прифаќање на нововработениот/та?  Можност и потреба да се најми агенција за посредување при вработување. дали работното место е добро за нив.3. правила.Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија ПРИРАЧНИК Интерното регрутирање има неколку предности: - апликантите се веќе запознаени со компанијата (цели. однесување на работно место. Овие процедури треба да го објаснат следново:  Постапката за отворање на внатрешен или на надворешен оглас. Што е различно меѓу надворешниот и внатрешниот процес на вработување? � Каде се објавува огласот. во многу се намалува бројот на нововработени кои даваат отказ. Кога компаниите имаат проблеми и слаби резултати.  со насловно писмо. доволно се информирани за нивните вештини. веќе ги познаваат интерните апликанти.  со професионална биографија.  Кој ќе биде во комисијата и како се избира таа?  Кој ќе ги организира интервјуата?  Какво интервју ќе се води и какви прашања ќе се поставуваат на интервјуто?  Дали ќе се прават тестови и какви?  Кој одлучува. процедури). � Треба да имаме повеќе тестови и прашања насочени кон потенцијалите на кандидатите. - недостаток на нова енергија. бидејќи не ги познаваме. - може да ги зголеми нивоата на мотивација и морал на вработените. Регрутирањето е најефективно кога менаџерите даваат искрена проценка-реалистичен преглед на силните и на слабите страни за самата работна позиција и за компанијата во целост. креативност. партиски. - потребно е помалку време и не чини многу. � Се јавуваат роднински. бидејќи треба да се плати огласувањето и дел од селекцијата. На овој начин.  со затворено писмо преку пошта.  со запишување на листа (во просториите на компанијата). способности. најчесто применуваат надворешно регрутирање.3. зошто менаџерите толку се потпираат врз надворешното регрутирање? Одговорот е дека и внатрешно регрутирање има свои слаби страни: - ограничен број на кандидати. � Колку долго ќе се проверуваат аликациите. 12 . Се поставува прашањето со предностите на внатрешното регрутирање. бидејќи тие не се соочуват со нереалистички очекувања и им помагаат на апликантите сами да одлучат за себе. Во процесот на вработување однадвор. енергија и време. идеи. култура. � Чини повеќе пари. пристапи. за да донесат менаџерски талент со свеж пристап. - недостаток од соодветни интерни кандидати. 2. уште повеќе треба да се потенцира дека најдобро е да се најми фирма која е специјализирана за водење на процес за вработување.

Денес. . Регрутирањето е првиот чекор во процесот на пополнување на работно место. Тестирање Оценка на работни способности Тестови и анализи 3.1. избор на најдобар кандидат и доставување на понуда. 2. по регрутирањето. Селектирањето е наредниот чекор.ПРИРАЧНИК Значи.). од процесот на селекција. е првично набљудување кое претставува груба селекција. грубата Процес на прибавување на кандидати (регрутација) селекција се спроведува преку прегледување и проверка на Процес на селекција Професионалните биографии. Понуда за работа Пополнување на слободно работно место Понуда за плата и други бенефиции 13 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Регрутирањето и селекцијата се поврзани фази. Чекори во процес на селекција на кадар Постапки Цели Дејства и насоки Комплетирање молба за пријавување Обезбедување информации за интервју Упатување на информативен раговор 1. елементите кои се потребни на една компанија за да може успешно да го врши процесот на вработување на одлични кандидати се: 2. пробна работа и други инструменти. Една од главните функции. но мора да се прави разлика меѓу нив: 1. Потоа. Насловни писма и апликациски формулари на апликантите. Физички тестови Оценка на физичка подготвеност. следи т. разгледување на можните извори за соодветни кандидати. Во втората фаза.4. заштита од болести Ги изведува стручно лице 6. интервјуа. Кандидатите кои ја поминале оваа фаза на селекција. за одредено работно место. детални задолженија и сл. Испитување на минати активности Проверка на вистиност на податоците Разговор со претходните работодавачи 4. Првичен разговор за проверка Брза оценка за кандидатот Прашања за искуства. можно е кандидатите да бидат подложени на разни видови тестови. одат на интервју. Темелен разговор за селекција Откривање на повеќе факти за кандидатот Го води директниот претпоставен 5. првичната селекција е базирана на евалуација на CV-то. е resourcing (пополнување со кадар).е пристап до кандидатите на различни начини. Процес на екипирање: селекција на кадар Визија. кампања на огласување. Чекори во селекција на кадар (техники за селекција) Основни методи за набљудување и селекција коишто се користат како основа за донесување одлуки за вработување се: • Препораки • Формулари за пријавување за вработување • Видеорезимеа • Интервју при вработување • Тестови за способности • Тестови со работни примероци Табела 1. референци. т. на менаџментот на човечки ресурси. тој вклучува анализа на работното место. тестови за знаење и психотестови. со условите на работа (плата. навики и знаења 2. контактирање со тие кандидати и привлекување на апликации. 2.4. Доколку има поголем број на пријавени кандидати.н „фина“ селекција каде што се користат и препораки. од нивна страна. мисија и стратегија Годишен план План за човечки ресурси Правила и процедури за вработување Чекорот што следува.

неформални разговори) • Селекција (првичен избор) преку телефон • Тестови • Методи за групна селекција • Пробна работа • Препораки • Други (помалку конвенционални) методи (графологија. ПБ. Воедно и наједноставно го објаснува целиот процес и дава претстава на работобарателите.. најмногу користените чекори може да ги видиме во сликата подолу. Оваа разработена процедура го опишува процесот на селекција на нови работници и може да послужи како една водилка за фирмите.) Анализирајќи го процесот на селекција на кадар..одбирање на нов вработен. Преглед на пријави се чуваат во случај Почетна селекција не задоволува Апликациски формулар не задоволува Тестирање не задоволува Интервју(а) не задоволува Проверка на податоци не задоволува Финално интервју не задоволува Понуда за работа Кандидатот прифаќа Кандидатот одбива вработување се бара друг кандидат од пријавените Слика 2: Чекори во процес на селекција 14 се повторува постапка . како компаниите спроведуваат една процедура на селекција. говор на тело.ПРИРАЧНИК Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија Метод којшто се применува најмногу во современиот бизнис е интервјуто. астрологија. Како други методи за селекција се уште и: • Апликациски формулар • Методи на самопроценка (видео.

Процесот на селекција на кадар во овие компании. На кандидатот кој ќе ја помине оваа процедура. Тој често: • Нема предзнаења од областа на човечките ресури. за нововработениот следува воведување во работата. На секој процес на селекција на кадар му претходи преиспитување на потребата за вработување на нов вработен.е кои техники најчесто се користат при избор на квалитетен (компетентен) кадар. обуката и детално запознавање со фирмата. По определување на потребата за нов работник. т.4. Ова преиспитување треба да се темели на детална анализа на работата на работното место кое треба да се пополни. Во овој случај процесот на селекција се покажал како нецелосно успешен и постапката ќе мора да се повтори делумно или целосно. . јасно е дека имаме најмногу компании кои се категоризираат во мали и средни. со препораки. • Проверка на препораките. Кандидатите. може да се смета дека процесот на селекција е успешно завршен и работното место е пополнето. Секако дека постои и алтернатива.2. Клучни техники за селекција на кадарот. обично се наоѓаат преку огласи во дневни и специјализирани весници. Во насока на разбирање на процес на селекција. Доколку е пополнето слободното работно место. политики. • Нема доволно време да посвети за изведување на целосен процес на селекција. начини на работа. се пристапува кон објавување на слободно работно место. како и анализа на вештините кои треба да ги поседува работникот. Со тоа регрутирањето е завршено и започнува процесот на селекција на кадарот. избраниот кандидат да ја одбие понудената работа поради различни причини. процедури и правила. во македонските МСП-а (мали и средни претпријатија). нејзините обичаи. • Нема познавање на техниките и методите за селекција на кандидатите.ПРИРАЧНИК 2. • Интервјуа. Процес на селекција на кадар во македонски компании 15 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Имајќи ги предвид карактеристиките на македонското стопанство. агенции за вработување. во продолжение ќе дадеме едно видување како се одвива селекцијата на кандидатите. посети на училишта и факултети и сл. со цел да се привлече доволен број на квалитетен кадар. • Пробна работа. а тоа е сопственикот. • Апликациски формулар. што се применуваат во нашите компании се: • Професионална биографија и насловно писмо. Ова се елементи од планирањето кои и претходат на селекцијата. • Не планира да издвои финансиски средства за ангажирање на професионалци за спроведување на селекцијата. што значи ги задоволил сите критериуми. најчесто зависи од еден човек. • Тестови. му се понудува работното место и доколку тој ја прифати работата со понудените услови.

страна и на неа определен простор за пријавување на заинтересирани кандидати. На овој начин. радио. тој очекува информација за објавено работно место во компанија каде што може да се пријави. • Приватни агенции за посредување за вработување. • Препораки од пријатели. пак. генерално претставува трошок за компанијата и многу е важно тој да привлече задоволителен број на апликанти.3 Алатки за активно барање работа – методи и техники (градење на кариера) и како да се користат ефективно 3.1.1. бидејќи компаниите кои имаат своја веб. практикуваат да испраќаат свои апликации или. кои нема да биде во состојба квалитетно да ги прегледа. Огласи за вработување Секогаш кога еден млад човек е во фаза на барање работа. • Во електронски медиуми . Работобарателите можат да добијат информации за објавени огласи за вработување или отворени работни позиции на следниве начини: • Во дневни. вебстрани. 3. младите луѓе кои се корисници на интернетот како медиум за информирање. сами се откажуваат од аплицирање. многу малку го користеа и методот на директни пријави. Треба да се напомене дека на истиве овие начини и компаниите ги пронаоѓаат потенцијалните кандидати за селекција и пополнување на отвореното работно место.1. Oгласување на слободно работно место Најпопуларен метод за регрутација е огласување на слободно работно место во дневни. Најчесто оние кои не ги исполнуваат барањата од огласот. оние кои поседуваат квалификации што кореспондираат со барањата во огласот. неделни и специјализирани весници и магазини. кога може да испратат свои документи за аплицирање-пројавување на интерес за работа во посакуваната компанија и кога нема објавен оглас. бидејќи квалитетен содржински и дизајниран оглас (опис на работа и побарувани квалификации). како и во последниве неколку години на он-лајн берзи на труд. во поголем дел. Ова се однесува особено за малите и на средни компаниии коишто немаат доволно обучен кадар што ќе може да посвети доволно внимание на сите апликации. компанијата нема да добие преголем број на апликации. од кои ќе може да се направи добра селекција што ќе резултира со успешен избор на квалитетен кандидат за пријавување. До неодамна. познаници. Ова. Во поново време. на овој начин креираат своја база на работобаратели-потенцијални кандидати за вработување. да се пријават како потенцијални кандидати. • Образовни институции. но и на селекција на кадар. Ова треба секогаш да се практикува. Најчесто во нашата практика.ТВ. да пополнуваат стандардизирани формулари-регистрации на вебстраните на секоја современа компанија. 16 . ќе привлече вистински – компетентни кандидати да аплицираат за работата. привлекуваат многу апликанти-потенцијални кандидати. неделни весници и специјализирани списанија – лесни за користење. вооедно е и покана до работобарателите. • Во Државната агенција за вработување. интернет страни. ова е прв чекор на регрутација. роднини. • На настани. Огласувањето.

Но.2. квалитети. ефективно и креативно да решава проблеми. • Потребни барања за претходно искуство. Квалитетна ПБ е услов за влез во натамошни фази во процедурата на селекција и чекор поблиску кон добивање на посакуваното работно место. • Кои документи треба да бидат доставени со пријавата.работодавач и нивни контакти.“ Подвлечените зборови во примерот го идентификуваат клучното знаење. Насловното писмо и` дава душа на ПБ и дава повеќе информации. 3. ПБ е втор по важност документ за секоја личност и е првиот контакт на оној кој бара работа со работодавачот. со цел: 1. може веднаш да се повикаат на интервју. 17 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите По објавување на огласот. да биде тимски играч. Секој кандидат којшто е повикан да пополни апликациски формулар е должен да ги наведе точните податоци и да биде искрен. • Точно дефиниран назив на работното место. г) Тестовите се уште еден метод кој се применува во процедурата на селекција на кадарот. Добиените податоци за кандидатот да бидат средени по логичен и унифициран редослед. Целта на ПБ е да го убеди работодавачот/читателот на апликациите дека оној што ја испратил е вреден да биде повикан на интервју. • Главни задачи и одговорности кои кандидатот треба да ги исполнува. менаџерски и комуникациски вештини. способности. искуство и квалификации кои лицето ги стекнало до момент на пишување на ПБ.одговори на сите прашања без исклучок. Тие вклучуваат проверка на физичка способност. следи прибирање на апликациите-пријавите од кандидатите и претселекција-прв филтер во процедурата. да ги открие клучните барања за работното место и да ги евидентира сите потребни документи кои се барани за пријавувањето. интелигенција. вештини. вештини. кој може да се најде во оглас за вработување: „Идеалниот кандидат треба да поседува одлични лидерски. б) Апликацискиот формулар е документ што го даваат успешните компании на пријавените кандидати. знаења. • Опис на работата.1. Кандидатот треба да поседува иницијативност. • Работни услови што ги нуди работодавачот ( не се среќава често во огласите). Доколку бројот на пријавените е помал . како основен метод за првична селекција на апликантите се користат апликациски формулари. Затоа.до 10 апликации. знаења. Апликантот е должен неколку пати да го прочита огласот. нумерички вештини и др. Тестовите се користат во согласност со потребните критериуми и нивно мерење што сакаме да ги откриеме за конкретно работно место поврзани со работењето. Големите компании со резерва ги земаат предид информациите презентирани во препораките. каков потенцијален кандидат стои зад биографијата. Клучни техники за селекција на кадар а) Професионална биографија (ПБ) и Насловно – мотивациско писмо (молба) Професионалната биографија претставува збир на вештини. клучни квалификации и компетенции. здравје. најважно од сè е кандидатот да ги разбере клучните квалификации. Да се осигура компанијата дека нема да бидат испуштени некои важни информации и 2. Пожелно е кандидатот да биде ориентиран кон клиенти.ПРИРАЧНИК Неопходни информации коишто треба да ги содржи огласот. . вештини и способности за успешност во работењето на супервизорска позиција. може да се изгуби многу време при деталното проучување на целосната документација. в) Препораките се еден од најкористените методи при селекција на кадарот. Таа е основен документ – незаменлива алатка за барање работа. за да биде доволно информативен и да привлече компетентни апликанти се: • Основни информации за компанијата . • Очекувани лични карактеристики. писменост. задолженија и барања за работното место објавени во огласот. како и да ја промовира тимската работа помеѓу соработниците. Насловното писмо е втор документ кој го пишува кандидатот и го испраќа заедно со ПБ. Подолу е даден еден пример за опис на работно место со супервизорска задача. Ова писмо е можност расказно да се опишат одредени позитивни карактеристики на кандидатот кои не биле истакнати во ПБ. како и да воспоставува и да одржува ефективни релации со соработниците. но помалите компании во поголема мера се базираат на нив. Со оглед на можноста да се пријават и по стотина кандидати на еден оглас. во овие случаи. како и да ги пополни сите полиња .

он. потребно е да знае како изгледа процесот на вработување. но сепак би сакале да нè имаат предвид при првиот нареден оглас за позиција за која сме заинтересирани.3. одредуваат некои лични карактеристики што може да помогнат во комплетна евалуација за еден кандидат.Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија ПРИРАЧНИК д) Тестовите за личност се користат околу еден век и тие сè уште се популарни и голем број компании ги користат за селекција. со време (додека сме на училиште или на факултет или после него.лајн берзи на труд. нашата ПБ е јавен документ кој треба да го има секој што на кој било начин може да ни помогне да најдеме работа (агенции за посредување за вработување. Што правиме кога нема огласи за вработување Многу е важно да се напомене дека нашата ПБ не е документ кој треба да го чуваме за специјални можности. Најважно од сè е нашата ПБ да ја има компанијата во која сакаме да работиме. вообичаено дефинираат профил на личност. сакаме да оствариме кариера. е една од клучните методи и техники. ѓ) Интервјуто е многу важен метод во селекцијата и фактор кој игра голема улога при носење на одлука за избор на кандидат за вработување и понуда за вработување од страна на компанијата. но и за кандидатот кој ќе одлучи дали понудата ќе ја прифати или не. како метода за селекција на кадар. Уште една важна работа е дека нашата ПБ не е единствениот документ кој може да не вработи. поточно каде сакаме да работиме.). овој пробен период трае максимум 3 месеци. треба да овозможи „пречистување“ на изборот на кандидатите на само неколку (понекогаш и на само едно лице). како последен чекор пред вработувањето.. во практиката. Во македонски услови. во која компанија / компании. Користењето на интернет. компјутери. односно со испраќање на нашата ПБ и насловно писмо до потенцијален работодавач. Значи. Ова познавање е предуслов за да може подготвен да влезе во сите чекори на процедура за екипирање со нововработени во секаков вид на работни организации. Тоа не смее да значи дека ќе седиме и ќе чекаме само таа компанија или три наши посакувани компании за работодавачи на листата на желби и можности. роднини. биро за вработување при АВРМ. Напротив. 3. Значи треба да инвестираме во себе. Без компјутер не може да се изработи ПБ и НП. способности. посебно во информирање за слободни работни места како и во подготовката на професионална биографија (ПБ) и насловно писмо (НП). е) Пробната работа е метод при селекцијата на кандидатите и најсигурен начин за избор на кадар за вработување.. претставува и последен чекор во процесот на селекција на кадарот. ПБ е столбот на нашето барање работа која секогаш оди со насловно писмо и препораки (и тогаш кога нема оглас). нашата ПБ треба да биде пуштена во промет и да стигне до сите оние кои се наши потенцијални вработувачи. но и компетентни. пријатели.2. ако веќе сме го завршиле образованието). најголем број компании ја практикуваат пробната работа.. а без интернет нема впечатлива ПБ и НП. Секој работобарател којшто активно бара работен ангажман и сопствена професионална реализација.. Пробната работа. На нив би им се понудила пробна работа. затоа што таа. во процес на активно барање работа. Овие тестови. Секако. Најчесто. Интервјуто. со сите свои предности и недостатоци. Треба да дознаеме што би барале компаниите од кандидатите за вработување и полека да работиме да ги исполниме тие барања: јазик. всушност. Начинот на кој може да го направиме тоа е со директна пријава. претставува последен чекор кој кандидатот треба да го помине пред да биде постојано вработен во компанијата. а во нашата ПБ немаме што да ставиме како искуство. треба да објасниме дека знаеме оти нема оглас во моментов. техника која најдобро го предвидува идното однесување на кандидатите на работното место. период по кој кандидатот (во најголем број случаи) добива постојано вработување. да дадат оглас за работно место кое ни одговара! Доколку работното место бара работно искуство. Пробната работа се користи како една од последните методи за финална селекција на кандидат за вработување. применувана 100% во секоја процедура и за секое ниво на работна позиција. Исклучително е важно да знаеме што сакаме во животот.. значи дека треба да работиме на негово стекнување што ќе ја подготви нашата ПБ за компаниите за кои сонуваме. Интернетот како алатка за барање работа Интернетот и подготовка на впечатливи ПБ и НП. дури и кога нема оглас. 3. Ова е поради фактот што преку интернет може да пронајдеме 18 .

 компанијата е во фаза на првичен раст или развој. воопшто не остваат телефонски броеви. Она што е важно кога испраќаме апликација кога нема оглас. па мора да има веб – страница. . Другиот начин за користење на електронска пошта е за испраќање на вашата ПБ и НП до приватните агенции за посредување за вработување. Прво. Преку е-маил можеме да ги испратиме нашите податоци и да добиваме информации за сите понуди за работни места во агенциите. Доколку имаме дилема како да испратиме апликација со ПБ и НП на оглас во кој се наведени и електронска пошта и поштанска адреса. на крајот од пораката со која конкурираме многу е важно да вметнеме две работи: � Молба за да ни потврдат дека ја примиле пораката и � Известување дека паралелно со апликацијата преку e-mail ќе испратиме и писмо. може да се направи категоризација на компаниите според тоа дали имаат или немаат веб– страница која може да ни помогне во барање работа и подготовка за одење на интервју. Користење на електронска пошта (e-mail) кога има оглас Очигледен е трендот на голем број компании кога објавуваат огласи да ги оставаат своите електронски адреси ( e-mail). вклучувајќи ја и Македонија.  има менаџмент тим кој е пазарно ориентиран и со современи сваќања. Во самиот налов на електронска пошта. доколку во иднина се отвори ново работно место. продажба и развој. Без интернет не можеме да направиме истражување за компанијата или организацијата за која сакаме да конкурираме и не можеме да се подготвиме за индустријата во која тие работат. Во самата електронска пошта. Организација без интернет пристап и страна не е вредна за конкурирање? Фактот е следен: доколку компанијата за којашто конкурираме има веб – страница. Најдобро е да ја испратиме на електронска пошта во кој ПБ ја испраќаме во прилог како посебен документ.  го користи интернетот и веб – страницата за промоција. 19 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите На овој начин. Пред да побараме да добиваме информации треба да се распрашаме кои се услугите и дали се наплаќаат. голема е веројатноста дека нешто од следново е точно:  е доволно голема. е да бидеме што пократки и подиректни во нашата електронска пошта. треба да се најде адресата на вистинската личност која е задолжена за човечки ресурси во компанијата. Користење на електронска пошта (e-mail) кога нема оглас Електронската пошта може да се користи и за „ловење“ на работни места за кои нема оглас. 3.2.1. кога ќе има ново побарување за вработување.ПРИРАЧНИК формат и изглед на биографијата која нас ни се допаѓа и ни прилега. Но. Значи. ова во денешно време не е вистинска слика. 3. а НП може да оди и во прилог и во текстот на самата порака. но сакаме да го имаат во предвид. Поради ова. препораката е и на двете. сите коишто бараат работа треба да го следат трендот доколу сакаат да си ги зголемат шансите за наоѓање квалитетна работа. интернетот може да го користат и компаниите кои бараат кандидати за вработување и невработените кои бараат работа или вработени кои бараат подобро работно место. па не можеме да добиеме подетални информации.3.3.  има некаква соработка со странство. не може да ги испратиме документите преку електронска пошта. Многу често може да дознаеме дека компанијата соработува со приватна агенција за посредување за вработување и да контактираме со нив и да побараме тие да не имаат предвид. Најчесто. мора да кажеме дека ова е ПБ која не е пврзана за конкретен оглас. паралелно со поштанските адреси. Сè уште има митови според кои интернетот е многу малку користен и од самите компании и поради тоа не е алатка која носи големи резултати. Без интернет.

поквалитетно. • Има многу повеќе знаење за МЧР од порано. совети и едукација за барање работа.е оние кои бараат работа. Исто така. допринесоа неколку промени кај нас: • Неколку години наназад. преку интернет. без излегување од канцеларија и губење време на патување. постојат електронски берзи на труд.ПРИРАЧНИК Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија 3.mk o www. 20 . Ова е огромна погодност за сите и тоа: .за оние кои бараат кандидати од самото работно место. потранспарентно и поевтино барање работа и барање на кандидати за работа. сезонски или за неколку дена). • Поголем дел од компаниите користат интернет како начин на комуницирање. Оние кои. т. Денес.4. квалитетите (лични и професионални). За овој современ начин на барање на работа/кандидати за работа.за оние кои бараат работа. Овие онлајн берзи на труд. оние кои веќе работат. што поради модернизираниот систем на образование.mk Што е електронска берза на труд? Електронските берзи на труд се интернет – страница на која има информации за понудата на работна сила (за невработени кои бараат работа) и за понудата на слободни работни места (на неопределено и на определено работно време. цените се релативно достапни за користење на интернетот.com. квалификациите кои се бараат – со еден збор. промоција.com. оглас за вработување. бараат квалитетни кандидати. како: o www. по работнотото време можат да проверат дали има нови огласи за вработување. Крајната цел на електронските берзи е да помогнат во процесот на побрзо. оставаат податоци за компанијата. 365 дена во годината. па така и во процесот на активното барање на работа како и барање на кандидати за работа. работните места што се празни.dobrarabota. бидејќи во кое било време можат да се најават и да проверат што има ново. интернет-страни за барање/нудење на работа. Поставеноста на овие онлајн берзи. . Нормално. • Веќе има агенции или компании со изграден бренд во Македонија кои се специјализирани за посредување за вработување. постојат неколку електронски берзи на труд во Македонија. Електронски (онлајн) берзи на труд Ова е делот во кој ќе се осврнеме на барање работа во Македонија. но по неколку часа користење. образование. совети или изготвување на ПБ и НП.vrabotuvanje. онлајн берзите им помагаат на невработените кои немаат редовни или воопшто немаат приходи.com. Значи. способности. вештини и знаења итн. оние кои се надградба на основната бесплатна услуга. Предности на електронските берзи на труд а) Достапни се 24 часа. можат да остават оглас за нови вработување во своите компании или организации. на интернет. неделни или месечни информации кои им стигнуваат по пошта или по електронска пошта.mk o www. како: директно барање според потребите на индивидуален невработен. продавање. описот на работното место. значи дека се достапни во секое време. се едноставни и направени по веќе стандардни шеми за користење на интернет страница и лесни за користење за сите кои се компјутерски писмени. но имаат капацитет да одат на подобри работни места. Ова значи дека работобарателите ги оставаат своите податоци. На електронските берзи на труд. Основните услуги се бесплатни за невработените. треба малку време за да се научат можностите и опциите кои ги нудат онлајн берзите на труд. и оние кои бараат вработување и оние кои бараат кандидати. следните најавувања и проверки се чиста рутина. со фокус на искуството.najdirabota. в) Лесни и едноставни за навигација. специјалноста. • Има значително зголемен процент за користење на интернет. б) Најчесто се бесплатни за невработените. се наоѓаат и воспоставуваат контакти. пак. Има и дополнителни услуги кои се наплаќаат. совети за подготовка за интервју. Забележителен е порастот на процентуалното користење на интернетот во секојдневното функционирање.

менаџер за продажба. па дури и кога сме на патување надвор од државата. не е самокритична. Најважниот клучен збор е звањето стекнато со образованието т. готвач.000 конкретни ПБ.. учење за основните барање на компаните (странски јазици. менаџер за финансии. струка. не е тимски играч. Едноставно. може да се следи трендот за тоа кои се барани професии од самите компании и организации. овие берзи. кои се приспособени на последните трендови во технологијата и начинот на животот во европските и останатите развиени земји. како крајна цел. Многу често. стручна надградба.google.). занимање или едноставно каде ви се најголеми шансите да се „продадете“. од работа. што е и крајна цел на интернетот. com или било која друга страница) знае како се пребарува со клучни зборови. струка или занимање. Треба да се има на ум кога се оставаат информации на простор наречен електронска берза на труд. Како да се користат електронските берзи на труд за да извлечеме максимум од нив?  Совет за опишување на лични карактерни особини Повеќе од 2-3 „тешки“ пофални збора даваат сигнал дека личноста која го напишала тоа се преценува.. телефон. има премногу високо мислење за себе. потранспарентно и поевтино. Тие даваат информации за обуки.yahoo. специфични познавање и специјализации.com. Секој што макар еднаш пребарувал некоја интернет страница (на пример www. но и по град. Целта на оставање на нашите податоци е компаниите или организации кои ја користат електронската берза да можат да не најдат нас. кои се трендовите. Овие податоци се однесуваат на сè она што е поврзано со нашето образование. Може да се сретнат две нивоа на оставање на податоци: а) Регистрација на самата интернет-страница. даваат податоци за тоа што се случува во секторот за вработување. професионална едукација.. адреса.. д) Даваат општи статистички податоци и трендови. работно или волонтерско искуство. сметководител.ПРИРАЧНИК г) Може да провериме што има ново и од дома и до работа и од интернет-кафè. тип на работа која се бара итн. карактерни особини. а кои во опаѓање. www. Затоа. комјутер на соседот. Во овој дел се пополнува стандардизиран вид на ПБ со веќе поставен формат и прашања на кои се одговара. консултант. не мораме да правиме патни трошоци. ѓ) Дејствуваат едукативно. обучувач. овозможуваат еден нов начин на барање работа и барање кандидати. Тоа се прави според принципот на клучни зборови. Верувајте. туку според лични карактеристики. компјутерско работање.. од одмор/патување). кои индустрии се во пораст. електронска пошта.. барање за минимум плата. не е отворена за нови идеи. добро размислете кои 2-3 клучни збора ќе ги ставите за себе. Секој може да ја провери берзата од која било локација (од дома. познавање на странски јазици и компјутери. и точно да се размисли која е вашата специјалност.). сепак постојат полиња и места во формуларот во кои се бара да се опишете себеси и своите лични квалитети. е) Го прави барањето работа и кандидати за вработување побрзо. со цел пребарувањето да биде попрегледно и поедноставно. б) Подетални информации. колкава е динамиката на пораст на вработеноста или невработеноста. квалитет и предности. На онлајн берзите на труд. . од интернет-кафе.(во зависност 21 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Има неколку заеднички работи за секоја електронска берза на труд:  Оставање на лични податоци Секоја берза на труд треба да има јасно означена област каде што можат работобарателите да остават свои лични податоци. Овие клучни зборови се многу важни за секој кој остава податоци на електронските берзи. Ова е можеби една од најдобрите предности на онлајн берзите на труд. е полето каде што треба да се опишете не по професија. тие ги сублимираат информациите за вработеноста и невработеноста и постојано даваат свежи информации на темата. Најчесто тоа се таканаречени КЛУЧНИ ЗБОРОВИ кои мора да ги напишете и по кои се прави пребарувањето. Капацитетот на секоја електронска берза треба да може да прими минимум 100. лекар специјалист. возраст итн. Иако прашањата се стандардизирани. од училиште. Овие податоцие се оставаат со цел да се добие корисничко име и лозинка. кои не се стандардизирани. датум на раѓање. Онлајн берзите на труд. тренинзи. тоа е нешто што работодавачите најмалку го сакаат. Најчесто се бараат минимум податоци како што се име и презиме.  Барање работа преку онлајн берзите на труд Друга важна област на онлајн берзите на труд е местото за пребарување на компании или организации кои ставиле свој оглас. Друго важно поле каде што се пишуваат клучни зборови.е струката или занимањето/професијата (машински инженер.

Лиценцирани агенции за посредување за вработување (ЛАПВ) Основна улога на агенциите за посредување за вработување е да посредуваат меѓу оние кои бараат кандидати за вработување и оние кои бараат работа.финални кандидати кои треба да ги интервјуирате и да ги примите на работа.можат лошо да влијаат врз сите останати вработени.  Нудат побрза услуга. Тоа што е важно е барањето работа да го правиме во редовни интервали (еднаш или два пати неделно).ПРИРАЧНИК Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија од опциите кои ги дава самата интернет страница). На многу онлајн берзи на труд има места каде што се ставаат итни огласи или важни огласи.  Заштедуваат пари. редово треба да се проверуваат. ЛАПВ не смеат да наплаќаат членарина од невработените туку само од фирмите кои бараат кандидати за вработување.  Можат да помогнат да се избегнат притисоците за вработување на лица по пријателска. во приватниот сектор несоодветните вработени се како гнило јаболkо . бидејќи вашите вработени можат да се посветат на нивната основна дејност.  Овозможуваат процесот на вработување да тече многу поорганизирано и попрофесионално. а не да се занимаваат со нешто што не е нивна професија. Со тоа се намалува потребата од давање скапи огласи во дневните весници и се забрзува процесот на екипирање на фирмите и на организациите. нема економска исплатливост да имаат посебно вработен човек за управување со човечките ресурси. Законски. Предности на aгенциите за посредување при вработување  Имаат своја база на кандидати кои веднаш можат да ги проверат и да ги контактираат. Овие локации не берзите. роднинска или партиска линија кои можат да се покажат несоодветни за работното место.5.  Нудат поевтина услуга: за цената на еден поголем оглас во еден дневен весник со користење на ЛАПВ добивате услуга според системот клуч на рака .  Имаат стручно знаење за менаџментот на човечките ресурси и за процесот на екипирање. 22 . бидејќи за малите и средни компании кои немаат над 50 -тина вработени. регрутација и селекција на нови вработувањa.  Ги применуваат научните сознанија на менаџментот на човечки ресурси во практиката. За жал. 3.

многу лоша. работно искуство. - приспособена за работата за која се конкурира (ЗНАЧИ СЕ МЕНУВА ИЛИ СЕ ПРИСПОСОБУВА ЗА СЕКОЈ ОГЛАС). Професионалната биографија е кратка ПРИКАЗНА за нас која треба да привлече внимание. Во професионалната биографија се наведуваат само фактите од нашата приказна. - одговара на барањата во огласот – директно или индиректно. да биде забележана и да го убеди читателот дека ние сме компетентни и најдобро ќе ја извршиме работата. факултет и толку). способности. Кај нас се користат сите три варијанти. лични карактеристики. колку знаеме. - професионален изглед. не се раскажува и не се опишува. - јасна во јазикот и формата. анализа итн. На следните страници ќе бидат разработени сите карактеристики и ќе бидат објаснети елементите кои мора да ги има една убедлива професионална биографија. што сме. Може да се разграничат неколку видови на ПБ: лоша. фактура. а ние поради разбирливост и едноставност ќе го користиме зборот професионална биографија (ПБ). Кои се карактеристики на професионалната биографија Како и при пишувањето на секој друг важен документ (писмо. предлог. што знаеме. - нема НИКАКВА ГРЕШКА (граматичка. средна. Професионална биографија Терминолошки. Буквално сè. Латинските зборови curriculum vitae означуваат животна приказна. Кои се карактеристиките на добра и убедлива професионална биографија (зборот убедлива значи. јазична. извештај. - не промовира нас и нашето искуство на позитивен начин. зборот професионална биографија е еднаков со значењето на зборовите CV (Curriculum Vitae) и резиме (resume).1. 4. добра. менталитет.1. вештини. Приказната се раскажува на интервјуто! Но.проект. Професионална биографија е лична карта за нашето образование. за да стигнеме до интервју – ни треба добра и убедлива професионална биографија. дека ако биографијата не го убеди читателот дека ние сме вистинската личност за нивната фирма или институција и не сме повикани на интервју – биографијата не ја извршила својата главна функција): - концизна и потполна. Со еден збор. сè за нас на една до максимум две страници. знаења. што само по себе објаснува многу.) така и при пишувањето на професионалната биографија има правила.1. - најчесто на една до две страници.Активно барање работа – вештини за барање работа 4 4. печатна или правописна). одлична и одлична и убедлива. - ги содржи сите релевантни податоци (сè што се бара во огласот). Тоа што сакаме веднаш да го разјасниме (и понатаму постојано ќе го потврдуваме) е дека професионалната биографија е ПРИКАЗНА! Тоа е нашата приказна за тоа кои сме. 23 . што сме учеле. понуда. дали постојано учиме и се надоградуваме (или сме завршиле средно.

интереси. ги има сите потребни информации за вас. нема задебелени букви. но истовремено и целосно информативна – сè е на едно место. Вештината во пишувањето на професионална биографија е со помалку зборови да кажеме повеќе. Подоцна ќе се осврнеме на форматот на ПБ кој во последно време многу се употребува кај нас. способности. Лесното читање на професионалната биографија е од огромно значење таа да привлече внимание и да се најде во 10% кои ќе бидат повикани на интервју или на тестирање. Зборот формат се однесува на начинот на кој изгледа страницата. интереси. конференции и чекори кои покажуваат желба за постојано учење. На интернет можеме да најдеме различни формати. или се бара млад човек на возраст до 35 години. т. менталитет. Обидете се да се ставите на местото на личноста која ќе ги чита сите 30. убаво е срочено. Ако двете страници или целата страница е еднолична (значи не е разиграна. Читливоста значи лесен и брз преод од еден на друг дел. БАРАЈТЕ ГИ СЛАБОСТИТЕ НА ВАШАТА БИОГРАФИЈА!!!. луѓе кои веќе работат и имаат добра професионална биографија). но и доволно различна за да и посветиме посебно внимание. Секој збор треба да е на правото место. Подобро е ние први да ги видиме отколку оној кој ќе треба да одлучува дали ќе не викне на интервју. � Јасност во јазикот и форматот ЈАСНОСТА веднаш се надоградува на КОНЦИЗНОСТА.ПРИРАЧНИК Целта на овој прирачник е да ги објасни карактеристиките на одличните ПБ. а можеме и да се обратиме во специјализирани агенции за посредување за вработување. критички да ја прочитаат вашата професионална биографија. На пример. 50 или 100 пристигнати биографии! Ставајќи се на местото на оној кој треба да не викне на интервју или да не одбие ќе можеме подобро да видиме дали нашата професионална биографија одговара на конкретниот оглас или не. Биографијата е потполна. нема наслови кои се јасно издвоени од текстот). сèе тука.е да помогне во пишување на одлична убедлива ПБ. Концизноста се однесува на тоа да нема непотребни информации (на пример. Запомнете: вашето CV може да биде читано за само 30 секунди!!! � Без ниту една грешка Под грешка подразбираме: граматичка. познаници. Затоа. недостасува опис на нешто што се бара во огласот (на пример. навлегување во премногу детали за вашето претходно работно место или за семинарските кои сте ги изработиле. Важно е да имаме што повеќе КЛУЧНИ зборови кои очекуваме да бидат барани или веќе се споменати во самиот оглас. шансите дека ќе го заспиеме читателот се големи. образование. Концизната ПБ е едноставна. вашите знаења. за нас. еднолична и досадна. видете дали секој збор најдобро го објаснува тоа што сакате да го кажете. личен развој и развој во кариерата. Карактеристиките на одлична и убедлива ПБ се: � Концизна и потполна Зборот концизна означува дека професионалната биографија треба да е СРЕДЕНА. Сите овие работи треба директно или индиректно да бидат наведени. Тоа што е разбирливо. секоја реченица да има јасна поента. јазичка. карактер. 24 . нема подвлечени зборови. има убав тек. УРЕДНА и да плени со својата разбирливост. печатна или правописна. Читливоста означува колку очите на читателот можат брзо да се движат низ текстот и да го разберат начинот на кој секој дел е одделен. Тоа што луѓето го забораваат е да не ја направат ПБ монотона.а тоа е Europass CV. тој мора да оддава структурираност и прегледност. за вашето знаење. Изборот на форматот е лично наш и треба да биде оној кој нас најмногу ни се допаѓа. Едноставно. не е јасно што е наслов. бидејќи нашата професионална биографија пред сè треба да биде РАЗБИРЛИВА во изразувањето и јазикот. семинари. способности. а ние не сме ставиле датум на раѓање). а не се директно поврзани со тоа што се бара во огласот). ака дава целосна слика и ПРИКАЗНА за вас. ако не е објаснето од кога до кога сте работеле. Препорачливо е минимум две други лица (пријатели. дали може појасно да кажете нешто. � Лесно читлива Читливоста е слична со концизноста. желби и амбиции. тимска работа и опис дека сме работеле во тим во нашата претходна работа. Потполноста се однесува на тоа да не недостасуваат информации во ПБ. можеби не е разбирливо за личноста која ќе ги чита професионалните биографии и ќе се потруди да елиминира 90% од нив. а што поднаслов. Што се однесува до форматот. потполноста и јасноста. аспирации. препрочитајте ја секоја реченица и збор.

особено оние со поголемо работно искуство и повисок степен на образование. без притоа да изгубиме во читкоста и форматот. бидејќи има една група која смета дека професионалната биографија треба да биде што подетална и пообемна (особено за оние со поголемо искуство) и втора група која смета дека ПБ треба да е што поконцизна и пократка за да може побрзо и полесно да се прочита. значи дека не сме: темелни. Доколку не направиме врска или најмал заеднички содржател меѓу нашата приказна и приказната на фирмата. секогаш е одлично за дебата. Огласот е приказната на фирмата која бара кандидати. организирани. Убедлива професионална биографија според форматот на EUROPASS CV Подолу е пренесен форматот на Europass CV и објаснување како тој треба да биде пополнет. Со други зборови. Искуствата покажуваат дека ПБ треба да биде на една. Вештината во пишување на добра професионална биографија е да ги споменеме и да ги ПОТЕНЦИРАМЕ оние работи кои се релевантни за конкретниот оглас. аналитични итн. Вообичаен формат на фотографија е . зошто некој друг би го посветил своето време. Едноставно. вредни. Најголемиот број биографии се елиминираат токму по принципот на печатни. сериозни.1. Не е препорачливо да оставате повеќе од два телефонски броја. кој ќе сака да не вработи! Ако ние немаме доволно време да си ја прочитаме биографијата и да ги поправиме нашите печатни или граматички грешки. Исто така. нема да успееме да се наметнеме како сериозен кандидат. граматички или технички грешки. � Една до две страници Прашањето за должината на професионалната биографија.ПРИРАЧНИК Искрено. Не дозволувајте интервјуирачот да се измачи да ве пронајде. 25 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите � Приспособена според барањата на огласот Професионалната биографија се менува за секој оглас. Наведете ги телефонските броеви на кои најлесно можат да ве контактираат. Не можеме еднаш да направиме професионална биографија и да ја праќаме на сите огласи без да прочитаме што точно се бара во огласот и не покажеме уште во самата ПБ дека ние ги исполнуваме сите. Доколку вашата постојана адреса на живеење (онаа која е наведена во вашата лична карта) е различна од онаа на која моментално престојувате. Europass Curriculum Vitae Вметнете фотографија. а оние кои се помалку важни да ги напоменеме. 4. не сме покажале зошто треба да не одберат. Професионалната биографија е нашата приказна со која бараме работа. ОВДЕ НЕМА МИЛОСТ!!! Луѓето кои читаат биографии не можат да поднесат печатни грешки. Ако нашата приказна е грешна или со грешки. наведени се и елементите кои една професионална биографија треба да ги содржи. ако ние не сме посветиле доволно време на нашата професионална биографија.jpg Лични информации Име и презиме Адреса (и) Телефон (и) Пример: Петре Петревски Наведете ја адресата на која можат да ве контактираат. . дел или неколку од барањата. пропуштаат многу. внимателни. професионални. Избришете го ова поле доколку не е релевантно Забелешка: личната фотографија вообичаено не претставува составен дел од професионалната биографија освен доколку тоа не е побарано во огласот. максимум две страници.2. Оние кои не го знаат тоа или не го прават. наведете ги двете адреси со напомена на која адреса моментално можат да ве контактираат.

Наведете го називот на работното место коешто сте го извршувале. Но исто така.ком. па потоа да дојде делот на работно искуство.02. Датуми Работно место/ Професија Главни задачи и одговорности Наведете ги датумите од кога до кога сте биле на тоа работно место. На пример. На пример: Македонец/ка 20. Забелешки: - Доколку аплицирате за прво вработување. Доколку немате факс – избришете го ова поле. Претпочитајте вашата електронска адреса да делува сериозно и професионално. фокусирајте се само на оние искуства кои ќе дадат тежина на вашата апликација.com. почнувајќи од вашето последно работно искуство наназад. Работно искуство Во ова поле го наведувате работното искуство едно по едно. На пример: Вработување. Несериозно делува доколку имате електронска адреса како што е на пример: shmizla1983@live. ул. - Доколку вашето работно искуство сепак е доста ограничено и мало (поради тоа што тукушто сте дипломирале). Васил Ѓоргов.ПРИРАЧНИК Факс Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија E-mail Националност Датум на раѓање Пол Посакувано вработување / Професионална област Наведете го бројот на факсот доколку го користите. но може да покаже дека сте се стекнале со одредени вештини кои се бараат. работа која барала контакти со луѓе – развивање комуникациски вештини. Наведете кои биле вашите главни задачи и одговорности на работното место. На пример: Човечки ресурси 26 . - За да бидете јасни и концизни. не занемарувајте го работното искуство кое можеби нема директни допирни точки со работното место за кое аплицирате. Назив и адреса на работодавачот Тип на делокруг/ сектор Наведето го полниот назив и адресата на работодавачот. не пропуштајте да ги наведете вашите практикантски и волонтерски искуства кои даваат увид во вашиот контакт со деловниот свет и опкружување. тогаш подобро е да започнете со опишување на вашето образование и едукација. работа во странство – учење странски јазик. Наведете ја вашата целосна електронска адреса со назнака дали станува збор за приватна или службена адреса.1984 Машко/ женско Во ова поле се наведува кон кое работно место/ професија се стремите. на пример: Маркетинг менаџер Забелешка: ова поле дава брз увид во вашиот профил со акцент на вашите клучни компетенции. Лиценцирана агенција за посредување за вработување. На пример: Одржување на компјутери или Контактирање со добавувачи или Продажба и презентација на производи. 24-1/5 Наведет ја главната дејност на фирмата.

во професионалните биографии важно е да бидеме искрени. Повторно напоменуваме. доколку наведеме дека одлично го познаваме англискиот јазик. не наведувајте кога и каде сте завршиле основно образование. целта е да се добие што поцелосна слика за вашите вештини и способности. Со други зборови. На пример: Дипломиран инженер архитект Наведете ги клучните предмети и релевантни вештини со кои сте се стекнале во текот на образованието. а кои не се наведени во формалните дипломи и сертификати кои ги поседувате.). во текот на студирањето). работа со компјутери.ПРИРАЧНИК Образование и обуки Во оваа тема наведете ги нивоата на стекнатото образование. Лични вештини и способности Овој дел од професионалната биографија е наменет да ги опфати сите оние вештини и способности кое се стекнати во текот на животот. така и низ разни обуки. Име и вид на организацијата која ја дала обуката Наведете го името и видот на образовната институција. Фокусирајте се на квалификациите кои се важни за вашето аплицирање за конкретното работно место. низ секојдневни активности во текот на вашиот работен ден или слободно време. ви овозможуваат да дадете посеопфатна слика за сите оние вештини и способности кои сте ги стекнале како во текот на образованието (на пример. Мајчин јазик Наведете го вашиот мајчин јазик Други јазици Наведете ги странските јазици кои ги познавате и за секој од нив. Потточките кои се опфатени со овој дел од професионалната биографија (јазици. во посебна табела. - Нема потреба да давате информации за сите нивоа на образование коишто сте ги поминале. Особено во овој дел важно е да бидете реални и искрени во вашата самопроценка. почнувајќи од последното стекнато образование наназад. социјални вештини и компетенции итн. но и кои се стекнати на неформален начин. Датуми Стекнат стручен назив Наведете ги датумите од кога до кога сте ја посетувале образовната институција Наведете ја точната титула со која сте се стекнале како резултат на образованието. а потоа на интервјуто за работа не тестираат и се покаже дека нашето познавање на јазикот е само просечно. Институт за психологија – Скопје. а шансата за вработување ќе ни пропадне. тогаш подобро е да започнете со опишување на вашето образование и едукација. На пример. низ искуството и низ кариерата. а кои се применливи на работното место за кое аплицирате. бидете концизни. па потоа да дојде делот на работно искуство. јасни и прецизни. во очите на интервјуирачот ние ќе бидеме лажговци. Забелешки: - Доколку вашето работно искуство сепак е доста ограничено и мало (поради тоа што тукушто сте дипломирале). На пример: Универзитет „Св. тренинзи и курсеви коишто сте ги посетувале. Доколку поседувате универзитетска диплома. направете самопроценка. Самопроценка Европско ниво (*) Разбирање Слушање Зборување Читање Јазик Јазик 27 Усна интеракција Усна продукција Пишување Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Клучни предмети/ вештини кои биле опфатени . Кирил и Методиј“ – Филозофски факултет. Не заборавајте.

28 . наведете го контекстот во кој тие вештини се стекнати. здравство. дома. Возачка дозвола Наведете дали поседувате возачка дозвола и од која категорија На пример: Б-категорија Дополнителни информации Овде наведете ги сите оние информации за кои сметате дека се релевантни и неопходни. работни места на кои се потребни комуникациски вештини. Секако во примерот е наведен и контекстот во кој тие вештини се изразени.).europa. наведете ги сите оние вештини и компетенции за кои сметате дека претставуваат предност. тебеларни пресметки. употреба на интернет. во зависност од огласот и работното место за кое аплицирате: публикации и истражувања.) Организациски вештини и компетенции За што зборуваме овде? Организациските вештини и способности се однесуваат на вештините за координирање и управување со луѓе. На пример: - Добри комуникациски вештини стекнати за време на моето работно искуство како продажен агент Секако. Power Point) - Основни познавања на графички дизајн (Adobe Illustrator) Наведете го контекстот во кој сте се стекнале со овие вештини или во кој најмногу ги употребувате. напредни вештини на програмирање итн. на работа. пак . Опишете ги вашите организациски способности: - Лидерство (моментално одговорен за 10 луѓе) Не заборавајте да го објасните контекстот во кој се стекнати вештините. на вештини и способности развиени во некоја специфична техничка област како што се производна индистрија. обуки. Скалата за самопроценка можете да ја преземете од: http://europass. итн. Excel. Уметнички вештини и компетенции Наведете ги само оние уметнички вештини и компетенции кои ќе се сметаат за предност при селекцијата за конкретното работно место. банкарство итн. - Одлично познавање на MS Office (Word. Компјутерски вештини За што зборуваме овде? Компјутерските вештини се однесуваат на вештините на користење на компјутерски програми/ софтвер за обработка на текст. брачен статус итн. Технички вештини и компетенции За што зборуваме овде? Техничките вештини и компетенции се однесуваат на специфични вештини и способности за управување со опрема и машини различни од компјутерите или. членување во организации.. слободни активности (на пр. Општествени вештини и способности За што зборуваме овде? Општествените вештини и способности се однесуваат на сите оние вештини и способности кои ни се потребни за работа и финкционирање со други луѓе. проекти и буџети. - Одлично раководење со процеси на контрола на квалитет (јас бев одговорен за спроведување на ревизија на квалитет во мојот оддел). не заборавајте да го наведете контекстот во кој сте ги развиле тие вештини и способности (низ работното искуство. Други вештини и компетенции Овде. тренинзи и сл. а тимската работа неопходна.eu/LanguageSelfAssessmentGrid/en. Исто так.ПРИРАЧНИК Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија (*) Common European Framework of Reference for Languages Табелата за познавање на странски јазици се пополнува по пат на самопроценка. култура и спорт).cedefop. а не беа наведени на друго место.

Ако некој друг ни ја напише ПБ. нашата ПБ нема душа и топлина. концизни. - објаснети се нашите предности и силни страни. � Работно место Следниот параграф. - почнува со формална прва реченица. од вашето писмо. наслов. треба да се однесува на работното место за кое аплицирате. со датум. Затоа. - тоа е писмо во кое се наведуваат нашите намери и нашата мотивација зошто аплицираме за работното место. т. Не секогаш ќе знаете кој ќе ги разгледува вашите апликации. Содржина на насловно писмо � Адресирајте го писмото правилно Адресата треба да ги содржи името и титулата на личноста која ќе ги разгледува апликациите и целосниот назив и адреса на организацијата каде што аплицирате. Или. Без насловното писмо. - завршува со молба за интервју или средба. Затоа. предмет на обраќање. - има јасен тек на речениците и покажани се нашите писмени комуникациски способности. Моите квалификации одговараат на барањата наведени во огласот. согласно огласот објавен во дневниот весник „Дневник“ од 25. писмо за аплицирање итн. т. кои се клучните прашања на кои треба да одговори насловното писмо? Главните елементи кои треба да ги има едно насловно писмо се следниве: - деловен формат на писмо. оној којшто ја напишал биографијата. На англиски јазик се нарекува COVER LETTER или насловно писмо во наш превод. Насловното писмо и дава душа на професионалната биографија.е кој ги прима апликациите и објаснете дека ви е потребна оваа информација затоа што сакате да го насловите вашето писмо до вистинскиот човек. толку многу се бара НП – за да се оцени човекот колку што може подобро.е ја испраќате вашата апликација. како сте дознале за отвореното работно место (оглас од дневен весник. тогаш може да ни напише и НП. - јасни и читливи реченици. Пример 1: Насловно писмо како одговор на оглас за вработување: Ве молам примете ја мојата апликација за работно место рецепционерка. - објаснето е зошто сакаме да работиме на тоа работно место. интернет страна. - има јасен одговор. затоа што зборовите и речениците е најдобро да се ваши.01. текст и заклучок. 29 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Кои се главните карактеристики на одлично насловно писмо? . Од самите имиња можеме да ги изведеме функциите и важноста на насловното писмо: - тоа е првиот документ кој воопшто го гледа оној кој ќе го чита нашето НП. - во него се пишува и се објаснува со реченици (за разлика од професионалната биографија каде што сме јасни.) и кратка информација за тоа зошто сметате дека токму вие се вклопувате во ова работно место. нема личност зад зборовите. која тој што ќе ја чита ПБ веќе ќе ја има оформено кога ќе стигне до ПБ. писмо за пријавување. Тоа. внатрешна информација итн.2.2011 година. кратки и не се расплинуваме со многу зборови).ПРИРАЧНИК 4. хартијата ја претвора во личност и слика. Насловно писмо Насловното писмо (НП) има неколку имиња: мотивациско писмо. јавете се во фирмата и прашајте кој е одговорен за огласот. зошто токму нас. но тоа е малку потешко. - тоа е писмо бидејќи се пишува како писмо. со вовед.

е работното место. Доколку имате какви било прашања. т. Би бил многу заинтересиран да работам за компанија која се грижи за животната околина. Во овој параграф треба да се фокусирате на една до две ваши клучни квалификации и како тие би биле од корист за работодавачот.  Вашите квалификации: Покажете му на работодавачот зошто токму вие одлично се вклопувате во барањата на огласот. каде што бев одговорна за процесирање на дојдовните повици. Да. Бидејќи со Насловното писмо за првпат се обраќате до потенцијалниот работодавач.годишно работно искуство како рецепционерка во ТТ Компани. Г-ѓица Петревска сметаше дека моите квалификации одговараат на барањата на работното место. а исто така има одлична репутација како работодавач во нашиот град. имам 5. телефон и електронска адреса.  Завршеток на писмото На крајот. Пример 4: Како што може да се забележи од мојата професионална биографија. слободно контактирајте ме. Бидете колку што можете поконкретни и упатувајте на повеќе информации во вашата професионална биографија. учествував и во селекцијата на телефонската централа Signex 320 и бев одговорна за обучување на останатите вработени кои ја користеа. 30 . треба јасно да покажете зошто сакате да се вработите во таа фирма. Пример 5: Ќе ми претставува особено задоволство да ви ги претставам моите квалификации дополнително во тек на интервју со вас. наведете ги вашите контакт информации: Име и презиме. една до две постигнувања кои би го демонстрирале вашето работно искуство или вештини. деловна асистентка во Вашата компанија. Во текот на моето работење во компанијата. а и ги познавам услугите кои им ги нудите на компаниите за заштита на животната средина. прецизни и разбирливи. електронска пошта и пошта. вие треба да покажете дека сте истражиле малку за компанијата и за нивните потреби. Пример 3: За GenTech прочитав во дневните весници. Писмото треба да биде лесно за читање и прилагодено согласно потребите на огласот и компанијата за која аплицирате. писмото мора да биде апсолутно професионално и без ниту една грешка.ПРИРАЧНИК Пример 2: Насловно писмо како одговор на личен контакт/ препорака: Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија По препорака на г-ѓица Петра Петревска. тука важат истите правила како и за пишување Професионална биографија. Исто така.  Заклучок Овој параграф треба да содржи барање за термин за интервју. јасни.  Информации за фирмата/ организацијата Во овој параграф. Бидете концизни. ви ја испраќам мојата апликација за работно место рецепционерка. целосна адреса.

се стекнав со увид во тоа како се одвива еден бизнис. до структурирани процеси на интервјуирање со однапред подготвена листа на прашања. бр. Со почит. Во прилог е мојата професионална биографија каде што можат да се најдат повеќе детали за моите квалификации и искуство. Интервју за работа Откако ги напишавте вашата убедлива Професионална биографија и Насловно писмо. затоа погрижете се да оставите добар прв впечаток. Ве молам примете ја мојата апликација за работното место ПРОДАВАЧ во вашата компанија огласено во дневниот весник „Дневник“ од 24. Темелно прочитајте го огласот за работа – тој често ќе ви покаже кои се главните прашања кои би ги интересирале работодавачите. Шансите дека работодавачот повикал на интервју повеќе кандидати за истото работно место се големи. Скопје Ул. 1000 Скопје Предмет: АПЛИКАЦИЈА ЗА РАБОТНО МЕСТО ПРОДАВАЧ Почитувана Г-ѓа/ Г-ѓица Петревска. Интервјуата можат да бидат од многу едноставни. Скопје Тел. дали таа фирма е вистинската за вас и дали ќе и користи на вашата кариера.ПРИРАЧНИК Пример: Насловно писмо како одговор на оглас за вработување До: Ѓ-ѓа/ Г-ѓица Петра Петревска Менаџер за Човечки ресурси АБВ Дооел. Исто така.2011 година. 123. 456. Па. се пријавивте на огласот за работно место кое многу го посакувате. интервјуто е двостран процес на размена на информации.456 cveta@yahoo. Интервјуирачите ги интересираат следниве прашања: - Дали можете да ја вршите работата? - Дали ќе ја извршите работата? - Дали ќе се вклопите во организацијата? А вие сакате да знаете дали организацијата ќе ги задоволи сите ваши потреби. се носи во првите триесет секунди од интервјуто. бр.com 4. Би ми претставувало огромно задоволство да ја започнам својата кариера во вашата компанија. неструктурирани средби. толку поефективно ќе можете да покажете колку вие можете да придонесете кон организацијата.3. одлуката да ве вработат. 000/ 123. Или како што гласи изреката: Нема да имате втора шанса за прв впечаток. 5. запомнете. за штетните влијанија на дрогата врз животот на младите луѓе. Но. 2. Ефективно демонстрирајте го вашиот потенцијал: подгответе се за интервјуто � Дознајте сè што можете за работното место за кое аплицирате Колку подобро го познавате работно место и колку подобро ги разбирате потребите на работодавачот. Цвета Цветановска Ул.02. во текот на моите студии од областа на економијата. и ве повикаа на интервју. � Вежбајте претставување Често пати. Се надевам дека ќе добијам покана за интервју во термин кој вам ви одговара каде што ќе можам поопширно да ви се претставам. . 31 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Во текот на моето средно образование имав можност да се стекнам и да ги развивам моите комуникациски вештини преку членување и активен ангажман во невладината организација XYZ каде што бев одговорна за држење обуки и едуцирање на моите соученици.

- Имајте во предвид листа на сите ваши постигнувања! - Размислувајте за предизвиците со кои сте се соочувале и како сте се справувале со нив. дознајте сè што можете да дознаете за компанијата. За да го дознаат тоа. Тие бараат личности кои можат да донесат нешто ново и ќе додадат вредност на нивниот бизнис. лесно ќе можете да давате и конткретни примери како тоа можете да го направите. Па затоа. како да се претставите себеси. - Сетете се на ситуациите кога сте биле во улога на решавање на проблеми. тогаш ќе бидете во можност да дадете одговор на неколку многу важни прашања на интервјуто: - Зошто ве заинтересира оваа област? - Која беше причината да аплицирате во нашата компанија? - Кои се вашите главни интереси во областа? - Каде се гледате себеси за 5 години? Што имам јас да понудам? Работодавачите исто така сакаат да знаат зошто треба да ве вработат. поминете низ вашите претходни искуства на работа. � Интервјуто Вежбајте одговори на можни прашања на интервју. За да се подготвите. но не обидувајте се да ги запомните на памет. Доколки одговорите со „НЕ“ само ќе испратите погрешен сигнал дека вие всушност и не сте заинтересирани за работата. во текот на образованието и вашите слободни активности. како влегувате во просторија. Кога вистински ќе го дознаете одговорот на прашањето: „Зошто ја сакам оваа работа?“. тие поставуваат различни прашања со цел да дознаат малку повеќе за тоа кои сте вие и што сè можете да постигнете. Единствениот начин да го убедите интервјуирачот дека токму вие сте вистинските за тоа работно место е да им покажете дека знаете точно со што се занимава нивната компанија. Следуваат неколку прашања за кои би требало да сте подготвени да ги поставите: • За работата: - Колкав е секторот или одделот каде што е ова работно место? - Имате ли програми за обуки на вработените? - Какви се можностите за напредување? - Во кој ранг се движи платата за ова работно место? • За личноста за којашто ќе работите: - Кој ќе ми биде директен претпоставен? - Колку долго тој/таа работи за компанијата? - Каков е нивниот профил? 32 . чанта или сл. како да се поздравите полни со самодоверба и насмевка. така и одговорите кои ги давате треба да звучат природно и спонтано. па. пред сè треба да си дадете одговори на следниве три прашања: - Зошто ја сакам оваа работа? - Што имам јас да понудам? - Што уште друго треба да знам? Треба добро да се подготвите за овие прашања. За да имате супер успешно интервју за работа. родителите итн. не знаете што ви е важно во релацијата работодавач/ вработен или дека ви недостига самодоверба и одлучност. така вашата десна рака секогаш ќе ви биде слободна за ракување. Кога темелно ќе размислите како вие можете да придонесете за компанијата. Вашата лева рака користете ја за носење на документи. Можеби најдобро би било да си ги запишете одговорите и да ги вежбате со пријателите.. Клучот за успешно интервју е да бидете свои.Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија ПРИРАЧНИК Вежбајте како да отворите врата. Па. Зошто ја сакам оваа работа? Работодавачите не бараат само луѓе со кои ќе ги пополнат слободните работни места во нивните компании. Што уште друго треба да знам? Како едно од последните прашања кои ќе ви ги постават на интервју е: „Дали има нешто што би сакале да знаете за компанијата или работното место?“’. - Сетете се на грешките кои сте ги правеле и што сте научиле од нив.

. - Доколку нешто не знаете. � Секогаш оставете си повеќе време. - Да се гледа интервјуирачот во очи. прекрстување на рацете. вежбајте интервју со некој за кој знаете дека ќе ви даде искрен фидбек кој ќе ви биде од корист. 33 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Прашања и Одговори Уште еднаш поминете низ вашата професионална биографија. а што не треба да правите на интервју: � Што треба. Што треба. - Бидете природни и спонтани. - Кратко да се објасни кое е вашето искуство. пари. Обидете се да го замислите текот на интервјуто и поставете си себеси цели. бидејќи сум добро подготвен. побарајте појаснување. признајте го тоа на начин кој покажува дека можете да научите. � Документи. - Бидете смирени и самоуверени. „Продадете“ се себеси без да се фалите.картичка и сл. Мислете на тоа што можете вие да направите за работодавачот.. . - Јас сум добар слушател и активно внимавам на она што интервјуирачот ми го кажува. - Активно слушајте.ПРИРАЧНИК Денот пред интервјуто Дури и најсамоуверените луѓе можат да се почувствуваат вознемирено пред интервју. - Бидете искрени. - Заблагодарете се за можноста за интервју. Доколку не го разбирате прашањето. - Добор го покажувам она што го знам за организацијата и индустријата.. Доколку имате можност. Бидете свесни за своите навики кога сте нервозни или под стрес и обидете се да ги контролирате. Подгответе ги сите работи кои ви се потребни за денот на интервјуто: облека. Примери за цели кои можете да си ги поставите себеси: - Јас се ракувам цврсто и одржувам контакт очи во очи. - Размислете пред да одговорите. Следуваат неколку совети за тоа што можете да направите за да се чувствувате подготвени: � Организирајте се. го кажувам тоа. јасно и со самодоверба. штом интервјуирачот заврши со прашањата. - Ја сум самоуверен. бидејќи сум полн со ентузијазам и сум заинтересиран. - Активно учествувам во интервјуто. гледање нагоре и сл. вештини. - Обидете се да избегнете разговори за вашите лични проблеми. способности. и информации за интервјуто како што се името на интервјуирачот. Погрижете се дека ќе имате доволно време дури и во случај на непредвидени проблеми. - Му ги покажувам на интервјуирачот моите вештини и како можам да бидам корисен/а за организацијата. Ментална подготовка. Дозволено е да има тишина пред да одговорите за да можете да си ги организирате мислите. точната локација и како да стигнете до таму. - Споделете што е она што ви се допаѓа кај организацијата или работата. - Станете од интервјуто. На пример тресење со нозете. но на начин кој покажува дека можам тоа да го научам. Погрижете се дека со себе ќе ги имате сите потребни документи како што се: - Копија од вашата професионална биографија - Препораки - Сертификати и дипломи - Порфолио на вашата работа - Визит. што знаете за компанијата и кои прашања веќе сте ги подготвиле. Дали знаевте дека врвните атлетичари често прво ја визуелизираат патеката и трката пред почетокот на самата трка? Замислете се себеси како одговарате на прашањата смирено. - Доколку нешто не знам.

можеби организацијата нема буџет за вашето работно место.. Еве неколку начини како се толкува Волонтирањето од оние кои одлучуваат дале ќе не повикаат на интервју: - Оние кои волонтираат се личности кои сакаат да учат! - Оние кои волонтираат се личности кои работат со љубов. - Немојте први да го поставувате прашањето за плата. ВОЛОНТИРАЊЕТО е работно искуство при кои ние го ДОНИРАМЕ нашето време. Но. Никој не треба да се срами од волонтирањето. станува збор за работно искуство кое треба и мора да се наведе. владина институција итн. 4. - Оние кои волонтираат се личности кои се свесни дека е подобро да имаат искуство отколку самообразование! - Оние коишто волонтираат се личности кои инвестирале во себе и во својата иднина! Бидејќи сите работодавачи ги сакаат горенаведените ставови и сакаат кандидати со таков начин на размислување.Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија ПРИРАЧНИК � Што не треба. Поентата на волонтирањето е следна: јас вложувам свое време. Исто така. да го направите тоа во следната година. Оние кои редовно читаат Професионални биографии (оние кои одлучуваат дали ќе ве повикаат на интервју) го ценат и високиот просек на оценки.. Но. Некој ќе рече дека дури и тогаш е добро да се заработува и тоа донекаде е точно. Ова ја кочи дискусијата. Во продолжение. волја. - Не се расправајте со интервјуирачот. но од аспект на нашите професионални биографии. Волонтирање Веќе беше споменато дека РАБОТНОТО ИСКУСТВО е централен дел на нашата професионална биографија (CV). важно е да се сака да се научи нешто што не би го знаеле доколку не волонтирате. - Не ласкајте. Интервјуирачот нека ви биде пример – како тој/ таа зборува. - Не ставајте на масата ништо помеѓу вас и интервјуирачот како што е чанта или портфолио. но многу повеќе ќе го ценат практичното искуство што го има одреден матурант или факултетски образувана млада личност. Тоа е тоа. здружение на граѓани. Дали тоа значи дека треба да седиме дома и практично ништо да не работиме? Наша одлука е дали ќе го инвестираме нашето време во нешто што кога ќе бараме вработување може да ни донесе предност пред сите останати. начин на размислување и однесување на младите и на возрасните. - Не преувеличувајте и не се споредувајте себеси со други. И во случаите кога се бара кандидат без работно искуство. сте промениле иле сте напредувале на неколку работни места. религија или контроверзни прашања. - Немојте да дискутирате за политика. а 34 . ниту премногу тивко.е за време на школувањето и студирањето и веднаш по завршувањето на образованието. ќе зборуваме за волонтирањето и работењето во почетокот на нашите вработувања. - На прашањата не одговарајте само со „ДА“ или „НЕ“. Дури и во случаи кога веќе имате стекнато 3-5 години платено работно искуство. секогаш е предност да се види дека кандидатот е личност која инвестирала во своето знаење. За да се биде волонтер. Ова е една од многуте дефиниции за волонтирањето. нашиот совет е доколку не сте волонтирале досега. но добивам драгоцено искуство кое ќе ми помогне да се вработам или да најдам подобра работа. здруженијата на граѓани. Ова значи поставување бариера. т. интерес! - Оние кои волонтираат се личности за кои платата не е најважната работа. Интервјуирачот ова ќе го препознае и ќе мисли дека сте неискрени. - Немојте да зборувате ниту премногу гласно. - Не критикувајте го вашето претходно работно место или шеф. Најдобро време за волонтирање се средношколските и студентските денови.4.. Токму нашите родители се гордеат на старите времиња кога „ја градеа Југославија“ на работни акции. не за таа година. каде што и најчесто се волонтира не се секогаш финансиски моќни да обезбедат платени позиции и работни места. знаење и искуство на одредена организација: фирма. - Не ги прекрстувајте рацете преку градите. и тогаш сите не оделе на работни акции (освен ако немало директива). Тоа е волонтирање. Дури и тогаш треба да продолжите да волонтирате. Ваквиот став е одбранбен. Волонтирањето е животна филозофија. дури и тогаш треба да го споменеме вашето ВОЛОНТЕРСКО искуство.

за само еден. Подобро пробна работа отколку никаква работа. Тогаш зошто не сме бе­дуваме нашето идно продолжиле да студираме? Дали татко ви или мајка ви е професор или влијателен доктор или богат бизнисмен? вра­ботување додека 2. дека не се преценува себеси. што може да ги добиеме од оние кои ги читаа нашите биографии. Раководител на тим за организирање кампања за привлекување на нови делегати. Нашата фирма сака само со завршен факултет. значи ќе учи и во нашата фирма. - Тимска работа и водење тим. Најдобро што можеме да направиме додека сме млади е да волонтираме и да работиме хонорарно.5? Дали имате практично работно учи­ме или додека искуство? Дали татко ви или мајка ви е професор или влијателен студираме! доктор или богат бизнисмен? 3. Имам многу пријатели кои се сосема надвор од својата струка (музичар кој води проекти за обука. Подобро да работиме отколку да седиме дома и да се жалиме колку не ни ја бива државата. Македонски модел на Обединети нации (ММОН) НВО Сами оценете ја разликата меѓу празното место под делот на работното искуство и објаснувањето на сериозно и практично волонтерско искуство. Стекнати знаења и способности: - Одлични комуникациски и дебатни способности. Сте магистрирале? А сè уште ништо не сте работеле? Тогаш сте преквалификуван и ќе барате преголема плата. Кога се вработуваат менаџери. Копретседавач на симулација на работата на Вториот комитет при ООН. млади или обучени менаџери. да продолжите да волонтирате и да барате нови задолженија и искуства. Подобро волонтирање отколку никакво искуство е нашата девиза. 35 . во случај да има потреба од нов вработен. Многу е полесно доколку веќе некого знаете во фирмата или организацијата во која конкурирате. - Управување со време и кратки рокови. дури 87% од фирмите користат препораки од вработените при вработување на службеници. Знае да даде. знае да земе. Просек на оценки во средно од 5.00. Човек кој волонтира е човек кој е подготвен да учи.менаџер) и навистина им е супер. доктор кој е проект. особено за оние понапредни.ПРИРАЧНИК доколку веќе волонтирате. Ако ова ни се малку епитети и квалитети. Друга многу важна позитивна страна на волонтирањето е можноста да се запознаваат луѓе и организации. кое може да биде пресудно за да бидете повикани на интервју. а ние го обез­ 1. тогаш дефинитивно не се разбираме и не сме на иста бранова должина. што ќе ставиме во нашата биографија? Дека сме излегувале во таа и таа кафеана? Дека сме „киснеле“ на интернет? Дека секој ден со другарите сме играле кошарка? Дека сме многу паметни? Во нашата ПБ ќе има тоа што ние ќе одлучиме да има додека учиме и Железото се кова додека додека студираме: е жешко. па и во Македонија. бидејќи може токму тој или таа да ве препорача кај директорот. Според една анкета. Просек на факултет од 9. најдобро е да не летаме високо и да прифаќаме сè она што е во близина на нашата струка. Од аспект на Професионална биографија. Еве еден реален пример: Работно искуство: Датуми Работно место/ професија Главни задачи и одговорности Назив и адреса на работодавачот Тип на делокруг/ сектор 2001.два месеца волонтирање. процентот на користење на препораки е 64%. Ако е подготвен да учи. особено ако работното место за кое аплицирате ги бара способностите и знаењата наведени во примерот. Ништо повеќе во животот нема да ви помогне од тие искуства. На почетокот на нашата кариера и нашите вработувања. волонтерството е света работа. Има чувство за тоа што треба да направи за да успее во животот. Значи. На крајот од денот. кои утре можат да ве препорачаат или токму тие самите да ве повикаат да работите за нив. но дури и што е надвор од неа. Овој метод на барање кандидати е многу користен од фирмите во светот.2003 година Волонтер -Организатор на миниконференција во средно училиште. - Организациски способности.

односно вработувањето во Република Македонија е дефинирано преку Законот за работни односи. Договор за вработување Кога ќе ви понудат вработување. тој мора да содржи информации за периодот на вработување. работодавачот е должен да го пријави вашето вработување во задолжителното социјално осигурување. одлично се подготвивте. информирајте се за условите на вработувањето и задолжително прочитајте го пред да го потпишете. треба да бидете информирани дека договорот за вработување може да се склучи на два начина: a) За време траење кое однапред не е определено – договор за вработување на неопределено време. она што мора да го направите е да потпишете договор за вработување. или b) За време траење кое е однапред определено и договорено – договор за вработување на определено работно време.1. т. а една копија задолжително треба да ви биде врачена на денот на потпишувањето на договорот. Договорот за вработување ги дефинира и регулира правата и обврските меѓу вас и вашиот работодавач. одредба за тоа колку денови годишен одмор ви следуваат. итн. но и други закони и колективни договори.5 Работнички права на младите луѓе 5. како што се Агенцијата за вработување на Република Македонија. при што една копија останува во просториите на работодавачот.е да влезете во работен однос.е во Агенцијата за вработување на РМ во рок од три дена од потпишувањето на договорот за вработување. како вработени и работодавачите како и вашите права и обврски. Во однос на времетраењето. побарајте договор за вработување. Закон за работни односи – кои се вашите права како вработени Ве повикааа на интервју за работа. Добро е да знаете дека доколку сте вработени со скратено работно време. Кој е следниот чекор? Што треба да очекувате од работодавачот? Секако. Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Работниот однос. или ii. Во однос на должината на работното време. назив на работното место. Важно е да знаете дека вашиот работен однос започнува и се уредува преку склучување на договор за вработување и регистрирање на вашиот работен однос во надлежите институции на државата. сигурни сте дека успеавте да покажете дека вие сте најдобриот кандидат. но дали е тоа се? Секако дека не. работно време. Пред да почнете да ја извршувате работата. т. Кога го читате својот договор за вработување. ви објаснија што и каде ќе работите. Договор за вработување со полно работно време од 40 часа неделно. 36 . Договорот треба да го склучите во писмена форма. Пред почетокот на вработувањето. Конечно телефонот заѕвони. ве известија дека ја добивте работата која отсекогаш сте ја посакувале. имате право да се вработите и во друга или повеќе компании со цел да го достигнете полното работно време од 40 часа неделно. месечна плата која ќе ви се исплаќа. Законот за работни односи ги уредува односите помеѓу вас. Договор за вработување со скратено работно време (било кое работно време кое е пократко од полното работно време). договорот може да биде: i.

Доколку на пример студирате или сте дипломирале на Медицинскиот или Правниот факултет. На крајот на приправничкиот стаж – ве очекува полагање на стручен испит. Работодавачот е должен да ви издаде решение за годишен одмор. исто така. работодавачот не смее да наведе ништо што би ви отежнало при ново вработување. по тоа што за разлика од волонтирањето кое е доброволно и го вршите за да стекнете работно искуство. 37 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Волонтерски стаж Доколку сакате да волонтирате.ПРИРАЧНИК Приправнички стаж Сигурно сте слушнале дека за одредени професии. при што првиот дел не смее да трае помалку од 12 дена. Притоа. односно да извршите приправнички стаж. законот во Република Македонија налага вршење на приправнички стаж. Доколку стапувате во работен однос за прв пат. Но. вие ги задржувате сите права кои произлегуваат од Законот за работни односи на Република Македонија. . освен доколку со закон не е уредено поинаку. Паузи и одмори Доколку склучите договор за вработување со полно работно време од 40 часа неделно. и тоа по два дена за секој месец работа доколку во текот на календарската година не се стекнете со правото на користење на целиот годишен одмор. откако вие и вашиот работодавач се договорите за тоа. саботите. слободните денови и отсуствата поради боледување не се пресметуваат во деновите од годишен одмор. Пробна работа При склучување на договор за вработување. Периодот на пробна работа не смее да надминува период од 6 месеци. како и тоа дека работодавачот е должен да ви ги обезбеди сите услови потребни за оспособување за самостојно вршење на работата. приправничкиот стаж сте обврзани да го извршите за да можете да вршите самостојна дејност. Важно е да знаете кои институции смеат законски да организираат волонтерска работа (според Законот за волонтерство): − Здруженија на граѓани. треба да знаете дека Законот за работни односи предвидува и волонтерски стаж. Престанок на работниот однос и враќање на документи При престанок на работен однос. − Органи на државна власт. Доколку сте приправник. со добивање на отказ од страна на работодавачот или од деловни причини – укинување на работното место. кога ќе добиете работен ангажман како Приправник.спогодбено раскинување. но само доколку тој е неопходен за полагање стручен испит или оспособување за вршење самостојна дејност. Работниот однос може да ви престане поради: истекување на важноста на договорот за вработување кој бил склучен за определено време. Па. вие морате да потпишете договор за вработување со работодавачот каде го извршувате стажот. и тој може да се користи во два дела. имате право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор. за да можете да извршувате самостојна дејност како Лекар или Адвокат. така. Притоа. Годишниот одмор по правило можете да го користите во текот на календарската година. неделен одмор од најмалку 24 часа непрекинато и годишен одмор од најмалку 20 дена. неделите. а во договорот за вработување мора да биде наведен точниот период како и висината на платата која ќе ви се исплаќа. вам ви следува дневна пауза од 30 минути. Ваквиот ангажман се разликува од волонтерството. − Јавни установи. при што организаторот на волонтерската работа треба да гоизвести надлежниот инспекторат за труд. треба да знаете дека приправничкиот стаж може да трае најмногу 1 (една) година. со работодавачот можете да се договорите за пробна работа.е не сте навршиле 6 месеци непрекинат стаж. стечај или ликвидација на фирмата. т. − Верски заедници и религиозни групи. и договорот за волонтерство мора да биде склучен во писмена форма. знаења и вештини. работодавачот е должен најдоцна во рок од три дена да ви ги врати сите ваши документи и да ви издаде потврда за видот на работата која сте ја вршеле. и − Единици на локална самоуправа. т. Празниците.е 8 часа дневно. ќе се стекнете со право на користење на целиот годишен одмор кога ќе навршите 6 месеци непрекинат стаж. претходно морате да стажирате. Исто како и кај договорот за вработување.

Етика и коректен третман на работа Важно е да ја разбирате етиката и нејзината поврзаност со работата. Се смета дека таквите активности најчесто се случуваат еднаш седмично. па дури и да им се закануваат. 5. како што се убиство. Зошто треба да добиете праведен третман на работа? Постојат многу причини зошто менаџерите треба да бидат правични и праведни. Второ. преквалификацијата. национално или социјално потекло.3. чести изостаноци од работа. Забрана за дискриминација Работодавачот не смее да ве става во нееднаква положба заради расата. некои шефови можат несоодветно да се однесуваат кон подредените – да викаат на нив. отсуства и услови за работа. недостаток на квалификации за работата илиукинување на работното место. Моралните стандарди не можат ниту да се востановат ниту да се променат со носење на закони и секогаш се над личниот интерес. Етиката се однесува на принципите по кои се раководат индивидуите или групите. работното време и откажувањето на договорот за вработување. да се исмејуваат и да ги понижуваат. а кон луѓето секогаш треба да се однесуваме достоинствено и со почит. Етичките одлуки имаат две карактеристики. напуштање на работното место. оспособувањето (обучувањето). прекумерно дебелеење или слабеење. Прво и основно. боледување. честа. лажење и клеветење. за да може да се каже дека некој е жртва на мобинг. Компаниите во кои владеат правдата и правичноста. здравствената состојба. Прво. Исто така. пред врачување на отказот. Доколку нешто е погрешно во една ситуација. несоодветно и непримерено однесување. возраста. во текот на најмалку шест месеци. важно е да знаете дека работодавачот е должен писмено да ве предупреди и да ги образложи причините за отказ. добивање отказ и др. Моралните стандарди се однесуваат на прашања кои се од исклучителна важност за општеството.ПРИРАЧНИК Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија Работодавачот мора да има добри и оправдани причини за да ви подели отказ и тоа: незадоволителен учинок. неможност за напредување во работата. членување во синдикат. Злоупотребената личност (жртва на мобинг) е беспомошна и во неможност да се одбрани. ќе биде погрешно и во друга ситуација. Вашиот работодавач е должен при секое исплаќање на плата да ви достави писмена пресметка на плата и придонеси од плата. сите ние сме пред се луѓе а потоа и работници. обично се компании во кои се почитуваат етичките принципи. Плаќање на работата Вие имате право на плата која се исплаќа во парична форма која се исплаќа најдоцна до 15ти во месецот. па се до елиминација на загрозената личност од работното место. Добро е да ги знаете можните последици од мобинг во однос на работата: намалена продуктивност. етичките одлуки секогаш подразбираат нормативен суд кој подразбира дали нешто е добро или лошо. зголемена употреба на 38 . Етичките одлуки – принципите на однесување секогаш се заснивани врз моралот – а тоа се стандардите на однесување кои се општо прифатени во општеството. 5. несоница. човечкото достоинство и интегритетот. политички убедувања. На пример. Мобинг Мобингот (Mobbing – work abuse. со цел да се загрози угледот. полот. напредувањето во работата. полова насоченост или други лични околности. Неправедното однесување на работа може да биде и сосема очигледно. мобингот може да ве доведе и до физички и емоционални пореметувања и проблеми. плаќањето и наградувањето на работата.2. каде што една личност или група на луѓе психолошки злоупотребуваат друга личност. Во секој случај. образованието. имотна состојба. бојата на кожата. моралните судови не зависат од ситуацијата. добиваме поголемо задоволство од работата и го помага чувството на припадност кон организацијата. Без разлика дали сте припадници на машкиот или женскиот пол. employee abuse) е релативно нов во Република Македонија и претставува специфична форма на однесување на работното место. вам ви припаѓаат еднакви можности и еднаков третман при вработувањето. како што се хроничниот замор. религиозни. а некои причини се многу очигледни. намален имунитет. а особено на стандардите кои ви помагаат во носењето одлуки како да се однесувате. односно инвалидитет. Она што не е толку очигледно е дека чувството на правичност кое го добиваме како вработени влијае и врз нашата посветеност и мотивација за работа.

апатија. депресија. Никој не смее да ве стави во понеповолна положба поради членство или нечленство во синдикат. унапредување и заштита на своите економски. работодавачот не смее на посреден или непосреден начин да ви ги влоши условите за работа. Разрешување на конфликти Конфликтите помеѓу вас.4. чувство на безсмислен живот. Давање информации и совети Доколку работите во средна и голема компанија. 39 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Секако дека во текот на работниот век ќе размислувате да станете член на синдикат. сложените системи за исплаќање на плати. . заштитата и безбедноста при работа и сл. неминовно е и настанувањето на недоразбирања. одбрана и унапредување на правата на работниците. 5. Доколку сте жртва на мобинг и поведете правна постапка против поединецот или групата – вршители на мобинг. Според Законот за работни односи на Република Македонија. давање информации и совети на своите членови. претставување. Секаде каде што луѓето се собираат или работат во голем број. немотивираните работници и сл. Една од основните функции на синдикатите е разрешување на ваквите конфликти преку ваше застапување во преговорите со работодавачите. како што се работното време. т. финансирани и водени од страна на нивните членови – работниците. Синдикатите се организации кои се формирани. Вие слободно одлучувате за своето пристапување или истапување од синдикатите. емотивна празнина. забранет е секаков вид психичко вознемирување на работно место (мобинг). сигурно ќе бидете свесни дека невозможно е секој вработен поеднично да преговара со менаџментот за секој проблем или прашање што ќе се наметне. како и да преговараат за останатите услови за работа. односно поради учество или неучество во работата на синдикатот. Па така. Преговарање за плата и услови за работа Една од основните функции на синдикатите е да ви ги заштитат нивоата на платите во индустријата која ја застапуваат. Сето ова. губење на мотивација и ентузијазмот. вашите колеги и работодавачите најчесто настануваат кога ќе се исцрпат сите достапни канали на комуникација. «burn out» синдром. вашиот синдикат избира.ПРИРАЧНИК алкохол. Добро е да ги знаете функциите на синдикатите. пореметување на способноста за прилагодување. не ретко може да доведе до пораст на незадоволството кај вас и вашите колеги. социјални и други поединечни и колективни интереси. Можно е вашата индустријата да се соочува со најразлични проблеми кои потекнуваат од воведување на нови технологии. Според законот во Република Македонија. разрешување на конфликти и давање различни услуги за своите членови. со цел остварување на своите интереси. цигари и седативи. токму претставниците на синдикатите истапуваат во одбрана на вашите права и ги изнесуваат вашите гледишта во однос на проблемите со кои се соочувате. синдикатот е самостојна. Во ваквите случаи.е не смее да ви ја намали платата. односно назначува еден претставник кој ќе ги застапува интересите на вработените и ќе преговара со менаџментот. да ве премести на друго место или да ве спечи во напредувањето. меѓу кои се и преговарање за плата и услови за работа. демократска и независна организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување. Синдикати и синдикални организации во Република Македонија Одбрана на работничките права Синдикатите овозможуваат непречено функционирање на вашата индустрија.

во поглед на приватната иницијатива и во поглед на бизнис се разликува од друга група. но и ризикот е поголем. Претприемачот е поединец кој создава вредност и во тој процес го превзема ризикот да изгуби пари. Во последниве години и во Македонија се преземаат најразлични иницијативи за подршка на start-up бизнисите. претставува начин на размислување кој се врзува за креативност. Луѓето кои сонуваат за сопствена компанија се нарекуваат претприемачи. Вечно прашање кое се поставува кога се анализираат претприемачите – сопственици на компании е дали тие се родени или се создаваат. може да заклучиме дека комбинацијата од голем дел на горенаведените карактеристики и МНОГУ РАБОТА креираат ПРЕТПРИМАЧ. време или друг облик на вредност. Тој/таа инвестираат средства во дејност каде можностите за профит се поголеми. Оние кои не се гледаат себеси како вработен кај работодавач туку сакаат да се самовработат и тие да вработуваат кадри кои ќе работат со нив во нивна . независно од видот на дејноста и правната форма на компанијата. способност за раководење. Одговор на ова прашање е дека некои претприемачки особини се вродени (висока енергија. Една група луѓе. решителност. практичност. YES инкубатори.6 Претприемништво – самовработување Во последните 20 години во Македонија интензивно се работи на полето на создавање на култура за претприемништво во насока на колективно програмирање на јавното мислење. секој поединец – претпримач треба да си постави неколку прашања за самопроверка: 40 . физичка издржливост). Претприемач е личност која употребува иновативност за да искористи или создаде можност со цел да оствари профит. со воведување на разни мерки за намалување на невработеноста преку самовработување од страна на донаторски организации во соработка со државните институции. интелигенција. 6. прифаќање на ризици-храброст.сопствена компанија. систематски пристап на проблемите.1. Повеќето од претприемачките вештини се стекнати со учење и тренинг: иноватор. кои превземаат иницијатива и носат промени во опкружувањето во кое живеат. отпочнување и успешно раководење со сопствен бизнис. чесност. способност да ги прифати неизвесностите. Тој/таа е движечка сила на претприемачкиот процес. сестраност. Во овој дел од прирачникот ќе се запознаеме и со можност за професинална кариера на поединец во насока на отпочнување со сопствен бизнис. флексибилност. смисол за комерција.ДА или НЕ. дисциплина во извршување на задачите кој сам си ги планира. Што е претприемништво и претприемач? Една од можните дефиниции е следната: Претприемништво е процес во кој скоро од ништо се гради нешто. Во фазата на размислување и паметно проценување на личните желби и аспирации за отпочнување со сопствен бизнис . Со овие теми може да им помогнеме во процес на размислување и избор на најиздржана бизнис идеја и изработка на првичен бизнис план. Конечно. интегритет. Целта на оваа тема е да ги запознае и насочи младите луѓе со претприемачки дух кон активностите во процесот на нивното планирање. продуктивност. сегменти во состав на високи образовни институци и др. Позитивниот однос на општеството кон претприемачите е неопходен.

00) и да не чекам скромна плата?  Сакам ли да бидам слободен во изборот? Сакам да сум газда на сопствената судбина и среќа?  Кога нешто правам сакам тоа да биде на мој начин. седум дена во неделата  Треба да се поседува физичка кондиција за да се работи напорно и во строго определени рокови  Потребна е и психичка цврстина . особини за воопшто да се одлучиме за самовработување:  Дали мислиш дека си лидер?  Дали сакаш и лесно сам донесуваш одлуки?  Дали другарите. да прифатите низок животен стандард.00 до 16.2. или пак како сопственик на своја компанија. кога и каде сакам?  Сакам да имам надпросечен стандард?  Сакам интересна и предизвикувачка работа?  Чувствувам шанса дека имам добра идеја за мој производ/услуга? Одговорите на овие прашања може да ви дадат почетна насока за тоа дали сте вие тип на личност кој би бил максимално реализиран како вработен кај работодавач. имајте во предвид дека:  Водењето на сопствен бизнис бара ангажирање од 10 до 16 часа дневно. карактеристики.стабилност за да се издржат сите напори и оптоварувања  Спремност. пријателите тебе ти се обраќаат за совет или помош?  Дали уживаш во натпреварување?  Дали имаш силна желба за успех. доколку е потребно. треба добро да се самоанализираме.ПРИРАЧНИК  Сакам ли да се ослободам од тип на службеничка работа (од 8. Пред да започнете со планирање на конкретни активности кон отпочнување на сопствен бизнис. Карактеристики на еден претприемач За да може да се одговори на сите очекувања што го има определбата на еден претприемач. додека бизнисот застане на нозе  Вашето семејство треба да биде исто така подготвено да поминат низ сите тешкотии заедно со вас  Да бидете подготвени дека може ќе ја изгубите и целата своја заштеда или заштедата на вашите најблиски 6. Може да ни помогне познатата алатка за СВОТ анализа: S W O T Strengths – Силни страни Weaknesses – Слаби страни Opportunities – Можности Threats – Закани 41 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Следните прашања може да помогнат во насока на самопроверка дали ги поседуваме потребните способности. сила и само –дисциплина?  Дали сакаш долгорочно да планираш?  Дали ги сакаш луѓето? Дали си искрен со нив и сакаш ли да им помагаш?  Дали имаш добри односи и дружење со останатите? .

сестран.  Контролирајте ги почетните трошоци.3. ќе мора да водите и администрација. За почеток треба да размислувате како да започнете со бизнис во кој ќе вложувате што е можно помалку средства и тоа на следните начини:  Не земајте простор под кирија веднаш. Пронаоѓањето на добра идеја е само прв чекор во развој и реализација на бизнис идејата. само-мотивиран. со цел да бидеме поподготвени кога ќе се соочиме со некој од нив или пак да успееме да ги елиминираме причините пред време што би не довеле до ризиците. знае да возврати. висока енергија. донесува неопходни одлуки.  Подршката од семејството е пресудна. вештини и знаења. Само личности што ги поседуваат наведените карактеристики. ориентиран кон резултати.  Финансиски не умеат да ја водат компанијата. започнете со еден или двајца.  Не вработувајте веднаш повеќе работници.Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија ПРИРАЧНИК S W O T Во основа еден претприемач се препознава во следните карактерни црти: -презема ризик. одлучен. Некои основни статистики ги набројуваат следните ризици:  Просечно работно време 64 часа. може да се справат со ризиците при започнување и водење на сопствен бизнис. знае да ги комерцијализира работите. дозволува неизвесни ситуации. сигурен во себе. Треба да бидеме свесни и за нив.  Не можат добро да планираат. користи секоја можност. 42 . За бизнис идејата да стане бизнис прилика таа треба да биде атрактивна.  Најтешко е во првата година (20% од претприемачите немаат добивка). во право време. Основна карактеристика е пазарната оправданост – почни со она што на пазарот и купувачите им е потребно.  Лошо раководење со залихите.  Не поседуваат методологија и систематичност. отворен и директен. самоконтрола. видлива во некој производ или услуга. Развој на бизнис идеја и изработка на бизнис план Треба да знаеме дека секоја бизнис идеја не претставува и бизнис прилика. желба за независност. иноватор. можни се периоди и без приходи. која создава дополнителна вредност за својот краен потрошувач-корисник. потебни му се успеси.  Повеќето луѓе не постигнуваат големи материјални добивки. проактивен. Ако сонувате за бизнис кој бара големи заложувања – почнете да собирате пари со мал бизнис. практичен.  Избегнувајте ги или ограничете ги залихите. визионер.  Малкумина од претприемачите знаат што точно прават. Не го контролираат растежот.  Избегнувајте преголеми трошици за опрема.  Избегнувајте да позајмувате пари. флексибилен е. 6. способности. постојана.

 Задржете ја главнината на заробените средства во бизнисот. но не треба да се препушти друг да го пишува комплетно. Но истите можат да бидат технолошки.  Почнете со нешто што знаете да го работите или имате предиспозиции. Бизнис планот првенствено го пишувате заради себе и сопствениот бизнис.  Избегнувајте бизниси со правен ризик и правни обврски. пазарно и финансиски остварливи и неостварливи бизнис идеи. кога треба да биде завршен. Следува предлог формулар кој може да ви биде добра основа за развој на вашата бизнис идеја: РАЗВОЈ НА БИЗНИС ИДЕЈА Опис на бизнис идејата: Име и презиме на претприемачот: Телефон: Датум на раѓање: Години вкупно работно искуство: Години искуство релевантно за идејата: Опис на работното искуство релевантно на бизнис идејата: Опис на производот / услугата: Споредба со конкуренцијата по квалитет и цена: Големина на пазарот (проценете ја количината која сега се продава на пазарот што вие ќе го покривате: Кои ќе бидат вашите главни купувачи: Кои се вашите главни конкуренти: Како ќе се промовирате (како ќе дознаат за вас): Клучен фактор на успех (зошто мислите дека ќе успеете): Клучен фактор на ризик (што може да ве спречи во тоа): Потребни инвестиции во средства (во евра): Извори на средства: Вкупна продажба (за една година): Вкупни трошоци (за една година): Опис на продажбата и трошоците (во количина и цена): Изработка на бизнис план Бизнис планот е пишан документ кој ги дефинира целите на работењето и во кратки црти ги прикажува методите за постигнување на целта. Секогаш треба да размислувате во насока на разгледување на неколку ваши бизнис идеи. Кога почнувате со развивање на вашата бизнис идеја сé треба да ставате на хартија. може да побарате помош. како ќе се спроведува.ПРИРАЧНИК  Одберете бизнис во кој се плаќа во готовина. Многу оригинални идеи се технолошки. Во бизнис планот се опишува за каков бизнис се работи. кој ќе го врши. пазарно и финансиски под знак на прашање! Но не се разочарувајте – обично треба само соодветно да се модифицираат. каде ќе се врши. 43 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Адреса: . Во основа нема добра или лоша бизнис идеја-сите се добри. Никој освен вас не ја познава подобро вашата идеја и вашиот бизнис.

.ПРИРАЧНИК Неколку факти за бизнис планот: . планот е инициран од пазарот. - опишете како ќе ги продавате производите и услугите (како ќе стигнете до купувачите). вашите предвидувања (како ќе изгледа вашиот бизнис за година или две). . Запомнете: да не планираш е исто како да планираш неуспех. Содржината на бизнис планот зависи од видот на бизнисот и намената на пишувањето. . . . докажете ја вашата способност планот да биде успешен. Ако е потребен за добивање на кредит тогаш треба да се следи структура која ја бара банката. претпоставките поддржете ги со бројки. 44 . а не од производот/услугата. секој бизнис план има причина зошто се пишува. . . покажете во што сте различни во однос на конкуренцијата. а не долг и комплициран (најважните информации за бизнис идејата). . корисно средство за почеток и водење на бизнисот (не само за добивање на кредит). треба да биде информативен. приложете документи кои ќе помогнат во побра презентација на бизнис идејата (ќе ја направат поверодостојна).

- Краток опис на производите. Вовед Воведните составни елементи го одредуваат првиот впечаток: 1. мебел. - Залиха. Производи и услуги Како твојот приозвод/услуга ќе биде направен? Во овој дел се опишуваат физички ресурси потребни за реализирање на бизнисот: локација. Бизнис концепт Овде се опишува поопширно планот за општите податоци кои се наведени во чекор 2. таа треба да ја објасни причината или намерата за постоење на вашиот бизнис. нивните цени и услови на продажба.ПРИРАЧНИК Подетален Пример на елементи и содржина на Бизнис план: БИЗНИС ( ДЕЛОВЕН) ПЛАН Самовработување . опрема и возила). и тоа внимателно. Зависно од бизнисот исто така треба да се даде информација за залиха и добавувачи како и опис на производниот процес. - Начин на продажба. Во општи податоци треба да се наведе: - Основна дејност на компанијата. цели и општи податоци. згради. добавувачи). информативно. е-маил адреса Други контактни информации III. 45 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите II. - Краток опис на пазарот. - Се наведуваат трошоците на производството кои влегуваат во единица производ. погон (локација. - Главни финансиски резултати. асортиман на производи / услуги. за кого тоа го работите и на кој начин. IV. - Се опишува времето потребно за производство на единица производ и план за почеток на производството. залиха. факс. - Фабрика. локација. - Се прави листа на средства со кои ќе се реализира бизнисот (земјиште. треба да се опишат следните активности општо: - Производниот процес. опрема. Кратко Резиме Овде се наведува : Целта. - Опрема (се опишува потребната опрема како и цената и трошоците за неа). оснивач. Доколку вашиот бизнис предвидува производство. цени и услови на набавка. Посветете внимание на Вашата Мисија. - Материјали (се наведувааат материјалите и суровините потребни за процесот на производство. дали има потреба од држење на залиха. бизнис план со по една реченица-опис на бизнис идејата. - Финансиски средства потребни за реализација на вашиот бизнис план. - Доколку е потребно треба да се извади дозвола за дејноста. просторен капацитет и опременост . Резимето се пишува на крај и не треба да биде подолго од 2-3 страни. Насловна странa - - - - - Име на фирмата Лого на фирмата Адреса Телефонски број. простор). Мисијата треба да објасни што работите. привлечно. простории.вложување I. Во овој дел исто така се даваат информации и за добавувачите. - Правен статус. бројкa на вработени.

План за продажба. контролирање. колку е конкуретен вашиот производ/услуга на пазарот. Возило. организационата структура (планирање. промоција и се она што ќе се употреби за да се промовира производот/услугата: VII. по што се разликувате од другите. организирање. која е целната група на твојот производ/услуга – треба да знаеш кои се луѓето кои би го купувале твојот производ/услуга. Телефон 11. придружни документи Овде се вклучуваат информации како: - Податоци за вашето работење во минатото. - Договори за продажба на производите во земјата и странство. Финансиски план Овде се пишува планирана набавна цена на производ/услуга. Камати 15. управување со бизнисот): IX. - Други важни документи кои можат да покажат дека Вашите идеи се детално разработени и ветуваат успешна реализација. трошоци 8.ПРИРАЧНИК Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија V. VIII. кои се главни играчи од истата на пазарот. Придонеси 3. VI. сервисирање 6. 46 . Истражување и анализа на пазарот Во овој дел се пишува дејноста на која и припаѓа: опис на индустријата. Плата 2. Сметководство. Други трошоци Овој план се изработува за секој месец пооделно и за секоја година. Управување и организација Овде се опишува како е структуиран менаџментот. трошоци за работа по месеци и години. Маркетинг план Овде се пишува планираната реклама. Комуналии 12. правни услуги 9. Кирија 10. конкуренција. инвестиции-вложувања: 1. приходи по месеци и години. Реклама 7. Ова се приложува кога Бизнис Планот сакате да го поднесете и во Банките со цел да добиете кредит. производство (канали на дистрибуција) Овде се опишува вашиот план за продажба на производот/услугата и кои се планираните канали на дистрибуција. Даноци 14. Поправки. X. Осигурување 13. Набавки 5. бензин. Дополнителни надворешни услуги 4. Прилози.

Мислете како кога купувате облека за дете.4. Содружниците одговараат за обврските лично. Јавно трговско друштво Едноставно и евтино да се формира и управува.500 евра. тоа брзо расте. Поголемата документација може да биде товар.000 евра – симултано без јавен повик до 50.ПРИРАЧНИК 6. Основната главнина не може да биде помала од 5 000 евра. ќе составиме бизнис план. осигурително друштво. Откако ќе генерираме бизнис идеја. но не учествуваат во управувањето. Одговорноста на содружниците за долговите на друштвото е ограничена на нивниот влог Дивиденда – ако содружниците остварат добивка. Друштво со ограничена одговорност едно лице (ДООЕЛ) Влогот може да биде непаричен. Форми на организација на Вашата дејност: Главни Предности Главни недостатоци Трговец поединец (ТП) Едноставно и евтино да се формира и управува. Задолжително за некои дејности (банка. Пред поднесување на пријава за упис износ на вкупен паричен влог не може да биде помал од 2. Можностите се основање на сопствена фирма и купување на постоечка фирма. Правно регистрирање на фирмата Постојат различни можности за влез во бизнисот. Комплементарите одговараат лично и неограничено Командиторите одговараат во висина на влогот. Изберете најпогодна правна форма. солидарно и неограничено со сиот свој имот Командитно друштво Комбинација од ЈТД и ДОО Комплементари и командитори Комплементарите можат да вложат и труд и услуги. Одговорноста за долговите на друштвото е ограничена на нивниот влог. Основната главнина не може да биде помала од 5 000 евра. Основачот одговара за обврските лично и неограничено со сиот свој имот. треба да одлучиме за законскиот облик на работење. Прилично скапо да се основа (минимум 25. Акционерско друштво Дивиденда – ако АД оствари добивка Акционерите се инвеститори. Треба да се избере вистинскиот партнер. ќе го испитаме пазарот. Несоодветно за мали бизниси. кои се детално објаснети во табелата подолу.000 евра – сукцесивно со јавен повик). Поголемата документација може да биде товар.За нормално работење и развој на фирмата треба да имате соодветна легална форма на бизнисот. Со друштвото управуваат комплементарите. Сам свој газда. Друштво со ограничена одговорност ДОО Влогот на содружниците може да биде непаричен. Сепак одберете ја најпрактичната форма во смисол на трошоци. штедилници). Постои можност за неколку облици на работење. 47 Најдобрите практики за активно барање на работа: Вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите Форма .

С.pdf. - Маџовски. - Ристовска.mobbingnet. (2007): Osnovi menadzmenta ljudskih resursa. С.gov. 158 од 09.gc. Т. europa. на 11 февруари 2011 г.ПРИРАЧНИК Балканска фондација за деца и млади во партнерство со Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана од Словенија и Сојуз на синдикати на Македонија Библиографија - Вработување. на 11 февруари.mk/whatweoffer. Р. Лесовска... mtsp.cedefop. С. превземено од: http://www. - The Times 100: Trade unions.org/mk/ informacii/1.ком. Поленаковиќ.. Превземено од http://www..gov. Превземено од http://www. на 17 јануари 2011 г. Д. - Service Canada: Cover letters. - Service Canada: Prepare for the interview. З.mk. Скопје: Вработување. бр.php. - Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија. Превземено од http://stat.2010 година. Поленаковиќ. Превземено од http://europass.Стојановиќ. на 9 февруари 2011. - Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија: Закон за работните односи (пречистен текст). на 9 февруари 2011 г. 48 .jobsetc. Превземено од http://www.. Анчевска. (2008): Прирачник за обука на наставници: Кариерно Насочување. 11 февруари 2011 г. Велков.gov.jsp?category_ id=303&root_id=300. Државен Инспекторат за Труд: Правата и обврските на работодавачите и вработените од областа на работните односи. Л. - Сојуз на синдикатите на Македонија: Лична карта на ССМ.. Достапно на http://vrabotuvanje. Скопје: УСАИД проект: Активности во средно образование.ком. превземено на 16 февруари 2011 г.jobsetc.com.eu/img/dynamic/c1345/type.. Скопје: УСАИД проект: Активности во средно образование. Трајковска..pdf. Gary.pdf. (2008): Презентациски материјали за обуки за самовработување и претприемништво.mtsp. Скопје: Европски Универзитет Република Македонија Скопје. информирање и ориентирање на денешните ученици за утрешната работа. (2005): Прирачник за Подготовка на професионална биографија и насловно писмо. - „Мобинг“ Информирај се и препознај го! Што е мобинг? Превземено од http://www. М. Превземено од http://www. С. советување.kss..uk/downloads/theory/trade_ unions.file/CVInstructions_en_GB.FileContent.mk/WBStorage/Files/Zakon%20RO%20%28web%29.thetimes100. 2011 г.12. на 4 март 2011г.html.ssm.mk/index. Поленаковиќ. - Маџовски.gc. Л. Р. Beograd: Data status. Лиценцирана агенција за посредување за вработување-Скопје: Совети. Дојчиновска.. Превземено од http://www. Трајковска. - Маџовски. php?option=com_content&view=article&id=354&Itemid=129&lang=mk. Скопје: Вработување Едукација..mk. на 10 февруари 2011 г. Топалоска. (2005): Прирачник за Активно барање на работа. Службен весник на РМ. Поленаковиќ. - Државен завод за статистика на Република Македонија: Соопштение News Release за активно население во Република Македонија (2010). (2007): Менаџмент и менаџери.ca/eng/pieces. Ј. Ј.org. - Europass: Instructions for using the Europass curriculum vitae. И.jsp?category_id=202& crumb=1&crumb=34&crumb=106.co. на 9 февруари 2011г. - Тодоров.pdf. Ј. 10 февруари 2011 г. - Dessler. - Конфедерација на слободни синдикати на Македонија: Зошто да се биде член на КСС? Превземено од http://www.mk/WBStorage/Files/PT_Zakon_za_Rabotnite_odnosi_158_09122010.ca/pieces.

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful