СЕМИНАРСКА РАБОТА

по предметот

Електрични актуатори и сензори

Наслов на трудот:

Конвенционални сензори
Студент : Ванчо Божинов

Професор: д-р Добри Чундев

Електротехнички факултет, 2011
0

Предмет: Електрични актуатори и сензори

Тема: Конвенционални сензори

СОДРЖИНА

ВОВЕД.............................................................................................................................2
ТЕМПЕРАТУРНИ СЕНЗОРИ..........................................................................................2
ТЕРМИСТОРИ.................................................................................................................3
ТЕРМОПАРОВИ.............................................................................................................6
INFRARED ТЕРМОМЕТРИ.............................................................................................8
СЕНЗОРИ ЗА ПРИТИСОК...........................................................................................10
ДИЈАФРАГМИ..............................................................................................................12
КАПАЦИТИВНИ МАНОМЕТРИ...................................................................................15
МЕРНИ ЛЕНТИ.............................................................................................................15
СЕНЗОРИ ЗА НИВО....................................................................................................15
КАПАЦИТИВНИ СЕНЗОРИ.........................................................................................15
УЛТРАСОНИЧНИ И АКУСТИЧНИ СЕНЗОРИ............................................................15
РАДАРСКИ РЕФЛЕКТОМЕТРИ ВО ВРЕМЕНСКИ ДОМЕН (TDR)...........................15
СЕНЗОРИ ЗА ПРОТОК................................................................................................15
СЕНЗОРИ ЗА ТРАНСФЕР НА ТОПЛИНА..................................................................16
УЛТРАСОНИЧНИ СЕНЗОРИ.......................................................................................17
ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ...................................................................................................17
ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ СЕНЗОРИ ЗА ПРИТИСОК.......................................................23
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА........................................................................................25

1

процес. Конверзијата помеѓу овие две скали е дадена со равенствата: ( ) ( ) Температурата се исто така изразува во Келвинова скала.1 ТЕМПЕРАТУРНИ СЕНЗОРИ Температурата е основна мера која се користи во текот на многу процеси. и ќе 1. неколку различни технологии представуваат заеднички сензорен бидат представени за секој тио на мерење поединечно. комерцијално па затоа е Наместо тоа. Постојат буквално илјадници различни дизајни на сензори кое се достапни за следење и контрола на индустриските процеси. Вредноста на топлината која се содржи во едно тело на температура од е нула. и термодинамичката енергија се пресметува по оваа скала. чија нулта точка е дефинирана да биде или апсолутна нула. но и конвенционалните и напредните сензори се засноваат на исти физички појави при извршувањето на процесните мерења. невозможно да се представи една сеопфатна листа од нив тука. Овие сензори се разликуваат од повеќето напредни сензори опишани во следните поглавја. ВОВЕД Конвенционалните сензори овде се дефинирани преку три карактеристики: тие мерат единична скаларна величина во една точка во процесот. користат технологија која е во широка фабричка употреба повеќе од 2 децении и се достапни од различни комерцијални добавувачи. па така формулата за конверзија е: 2 . Многу американски фабрики се уште ја користат Фаренхајтовата температурна скала. Температурната разлика од еден степен е иста кај двете Келвинова и Целзиусова скала.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори 1. но Целзиус е стандардна единица за мера.

Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори 1. При извод од прв ред. Позитивниот топлински коефициент (PTC) на термисторот го зголемува неговиот отпор како што температурата се зголемува. Такви материјали обично имаат ограничен температурен опсег преку кој покажуваат позитивен температурен коефициент.1).1 PTC Термистор Друг тип на PTC термистор е бариум–титаниум–керамички термистор. составен од мал број на ретки јони на бизмут или антимон. Матрицата содржи доволна количина на проводни честици за да формира филтрирани синџири кои спроведуваат струја низ полимерот. Отпорот на термисторот е функција на собната температура. во зависност од составот на дадениот термистор. волуменот се шири. Чест тип на PTC термистор се прави со дисперзија на ситно поделени проводни честички во термопластична или терморегулациона матрица (сл. 3 . Температурниот коефициент кој има ознака . Како температурата се зголемува. Сл.1 ТЕРМИСТОРИ Зборот термистор доаѓа од контракција на термален отпорник. ограниченото движење на промената на отпорот на термисторот е пропорционална на промената на температурата : Каде е специфичен температурен коефициент на термисторот. и некои алки од синџирот почнуваат да се одвојуваат што резултира со покачување на отпорот на материјалот. може да биде позитивен или негативен.1.

Од дефиницијата за отпор.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори Негативниот температурен коефициент (NTC) на термисторот го намалува неговиот отпор како што температурата расте. дистрибуцијата на енергија оди криволиниски кон повисоко ниво. Бројот на електроните во проводниот појас е одреден од температурата и од нивото на Ферми на полупроводникот. Температурата може да се одреди преку набљудуваниот напон: каде е падот на напонот измерен на температура . кое е енергетско ниво опкружено од електрони на температура од апсолутна нула . Значи со зголемување на бројот на носителите на полнежите се постигнува поголема струја која се пренесува за дадената потенцијална разлика. 4 . се заклучува дека отпорот на термисторот опаѓа со покачувањена температурата.а. каде има празнина помеѓу валентниот и проводниот појас (сл. Веројатноста дека електронот има енергија е дадено со равенството: каде k е Болцманова константа а T е температурата ( .2). Друг потенцијален извор на грешка е константниот извор на струја. Од овде е јасно дека при покачување на температурата. падот на напонот низ термисторот тогаш е прозвод од струјата на напонот и отпорот на отпорникот. и се повеќе електрони се јавуваат во проводната зона или појас. Многу (NTC) термистори се направени од полупроводнички материјал.3.2 NTC Термистор Процесот на мерење со термистор преку поминување на константна струја низ него е покажано на сл. Секоја грешка во измерениот напон ке резултира со грешка и во измерената температура. Сл.

5 . (c) мерење на напонот продуциран од типот J термопар користејќи операциски засилувач и ладен спој Оваа диференцијална равенка може да се реши за измерената температура која е нацртана на сл. која е функција од масата на сензорот. што ке резултира со повисока проценка одколку измерената температура. На тој начин. но во други случаеви карактеристичниот одзив на сензорот треба да биде приближен со временската скала на процесот.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори Додека струјата тече низ термисторот. Поради ограничениот топлински капацитет на телото на сензорот. каде е почетната температура а е крајната температура. термисторот не може инстантно да одговори на промените во температурата. така што : Сл. мало количество на топлина се генерира во него.б како функција од времето: . Брз временски одзив се постигнува со минимизирање на големината и тежината на сензорот.3. Произлезената брзина на одзивот не е толку важна за бавни реакции или стабилни процеси. (b) временско задоцнување помеѓу температурата и одзивот на сензорот. така да овој ефект може да се минимизира со одржување на многу мала струја низ термисторот. временскиот одзив на термисторот зависи од вредноста . временскиот одзив на промената на измерената температура (како резултат на наглото зголемување на температурата) може да се дефинира во однос на временската константа .3 Температурни сензори: (а) мерење на напонот низ термисторот. Дополнителната топлина ке ја покачи температурата на термисторот. Всушност. Загубената моќност на отпорникот е отпорот по струјата на квадрат.

извршено во 1820 год. затоа што имаат мала маса оттука и многу мал топлински капацитет (сл. Оттука потенцијалната разлика се зголемува од температурата. можноста за наоѓање на електрон во проводната зона зависи од температурата и од карактеристичното Фермиево ниво на металот. Оваа струја е резултат на електричниот потенцијал кој се добива низ загреаниот спој. Кога двата метали ќе дојдат во контакт еден со друг.1. Оваа движење на полнежи создава електрична струја. е карактеристичен термоелектричен коефициент за комбинацијата на метали. 6 .4 Термопар Операција на терпопаровите е базирана на откритието. Како температурата на спојот расте. Како што спомнав претходно. Сл. Зебековиот ефект се должи на разликата во густината на проводните електрони помеѓу два метали. измерено во . релативниот вишок на слободните полнежи се движат низ спојот од едниот во другиот метал. потенцијалната разлика зависи само од составот на двете жици и од температурната разлика помеѓу двата споја: Каде .Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори 1. дека колото составено од жици од различни метали кои генерираат струја кога еден од споевите ќе се загрее. Од Томас Зебек.2 ТЕРМОПАРОВИ Термопаровите обично се употребуват за мерење на температура во хемиските процеси затоа што се ефтини. Тие се идеални за детекција на рапидни промени во температурата.4). се јавуваат два ефекти: електроните имаат поголема средна брзина. издржливи и мали. Температурата на загреаниот спој тогаш може да се детерминира со мерење на термоелектричниот потенцијал. и разликата во густината на проводните електрони станува се поизразена.

и е предизвикана од топлинската екситација на електроните кои зрачат енергија. 1. Електронската екситација и зрачењето се зголемуват со температурата на предметот.3. Традиционално. Оваа емисија е наречена blackbody радијација. кој имал константна температура од 0 . На температури близу 500 . можат да се користат на температура преку 1000 . Набљудуваниот напон V се конвертира во температура преку следната формула: Оваа конверзија најчесто се врши автоматски со помош на сензорната електроника.1. таа е инфрацрвена и поради тоа не може да се види со голо око туку со соодветен детектор без да се допира објектот. Средната топлинска енергија на честиците на температура (мерена во апсолутна скала во ) е во редот на . меѓутоа модерните сензори таа компензација ја вршат електронски.) составени од железо и бакар-никел жици и имаат термоелектричен коефициент од 51 / можат да се користат до 700 . покажан на сл. Типот K составен од никел-хром никелалуминиум легура и имаат коефициент од 41 / на собна температура. Дури и објектите кои се малку над собната температура емитираат светлина.3 INFRARED ТЕРМОМЕТРИ Предметите кои се на повисока температура отколку нивното опкружување емитираат електро-магнетно зрачење: овој факт е докажан со светлина емитирана од светлечки објекти кои се црвено или бело зажарени. Различните метални легури беа развиени заради максимизирање на термоелектричниот потенцијал. како што температурата расте светлината станува се по јасна но исто така и побела. Типот J термопарови (прикажано на слика 3. а стандардните термопарови се дефинирани само заради поедноставување на калибрацијата и мерењето. Вториот термопар (ладен спој) е оставен на однапред позната температура за да го компензира offset напонот продуциран од термоелектричниот ефект на спојот помеѓу жицата од термопарот и инструментот. ладниот спој бил ставан во сад со мраз. каде Болцмановата константа . Квалитетно набљудување е тоа дека предметите загреани на околу 500 емитираат заматен црвен сјај.а.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори Напонот продуциран од термопарот се мери со операциски засилувач или друг инструментален засилувач. оваа средна енергија е само мал 7 . Термопаровите обично се заштитени со оклоп од нерѓосувачки челик.c. Важно е да се напомене дека термопаровите мерат температурна разлика помеѓу две точки а не и апсолутна температура. Безконтактните мерења посебно се корисни кога температурата го надминува опсегот на термопаровите (пример во печките за производство на челик).

електронот може да достигне многу поголемо енергетско ниво и да ја зрачи оваа енергија како електро-магнетен бран. и ја покажува способноста на површината на телото да абсорбира и да емитува електромагнетно зрачење. Способноста на површината да емитира радијација е бездимензионален број со вредност помеѓу 0 и 1.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори дел од неколку електрон-волти од енергијата потребна да се создаде фотон на видливата светлина. Вкупната вредност на моќноста (енергија во единица време) емитирана од тело е функција од неговата температура над температурата од околината : каде е Штефан-Болцманова константа . 8 .5. а е површината на објектот. може да се мери релативната моќност на зрачењето и на тој начин да се утврди температурната разлика . Интензитетот на blackbody радијациската енергија е всушност функција од електро-магнетната фрекфенција : каде е Планктова константа а е брзина на светлината. Објаснувањето лежи во фактот дека топлинските взаемни дејствија се случајни. Сл.5 Релативниот интензитет на зрачењето како функција од енергијата на фотонот. е способноста на површината да емитира радијација. прикажано на температури од Оттаму може да се види дека енергијата на зрачењето се поместува нагоре како што температурата расте. Доколку енергијата на фотонот е еднаква на производот . и постои можност да на било која температура. интензитетот на дистрибуцијата од претходното равенство може да се изрази и како: Релативната големина на оваа функција е споредена на неколку различни температури на сл. Со фаќањето на дел од инфрацрвенате светлина емитирана од објектот. така да емисијата на такви фотони од жешки предмети може да изгледа изненадувачка.

Сл. Друг тип на детектор кој се користи во безконтактните топлински мерења е термопилот. кој користи спротивен термоелектричен ефект за да ја одстрани топлината од биметалниот спој.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори Основниот инфраред термометар користи леќи за да го фокусира зрачењето во разладен инфраред детектор (сл. Детекторот сам за себе може да биде како уред со цврсто тело. Температурата на термопилот е резултат на балансот помеѓу вредноста на топлината депонирана од апсорбираното зрачење и вредноста на топлината загубена низ проводникот. кој е спој од 20-100 термпопарови врзани во серии кои делат заеднички топол спој (активниот дел на сензорот) и заеднички ладен спој (сл. Кога зрачењето е апсорбирано во топлиот спој. разладувањето е постигнато со Пелтиер спој.6). Во многу модерни детектори.6 Инфраред термометар Најдобри резултати се постигнуваат со разладен детектор затоа што топлинските шумови се редуцираат на ниски температури. и добиениот напон од термопилот покажува релативна енергија која е депонирана од зрачењето. доведената енергија се ослободува како топлина. Сл. 7 Термопили 9 .7). и термопилот генерира мал напон. Стабилната состојба се брзо воспоставува.

и производот на притисокот и волуменот е: каде е повторно Болцманова константа.2 СЕНЗОРИ ЗА ПРИТИСОК Притисокот е дефиниран како сила извршена врз единица површина. и затоа една атмосфера (0. Во гасовите и течностите. Идеалниот гас се распаѓа на високи притисоци и ниски температури. е забрзување како резултат на земјината гравитација (9.1 MPa) е повеќе од релативниот притисок. се предпоставува дека молекулите немаат взаемно дејство. кој е различен од собниот или атмосферскиот притисок. Единица за притисок е паскал (Pa). каде меѓу молекуларните сили почнуваат да доминираат на кинетичките својства на гасот. овој притисок доаѓа од тежината на флуидот (на дното од садот). Мерењата на притисок во фабричките процеси често се изразува како релативен притисок. кој е дефиниран како 1 њутн на квадратен метар.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори 1. Апсолутниот притисок се изразува во однос на вакуум. притисокот е детерминиран од слободниот волумен V на садот.8 m/s2). Длабочината е вертикалното растојание измерено од површината до влезот на сензорот. или од кинетичката енергија добиена од топлинското движење на молекулите на флуидот. Во идеален гас. 10 . Хидростатичкиот притисок на длабочина d (во метри) во сад полн со течност е даден со равенството: каде е густина [kg/m3] на флуидот. Во гас. апсолутната температура T и бројот на молекули N во гасот. и е притисокот на гасот над течноста.

помножена со плоштината на дијафрагмата: Видливо во овој случај е деформацијата.1 ДИЈАФРАГМИ Додека притисокот по дефиниција е сила извршена врз единица површина. во тој случај силата може да се измери директно со сензор за сила. а влезот 11 .Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори 1. (d) шема на фолија за мерење на деформација во сензорите за притисок Дијафрагмата во сензорот на сл.a е изложена од двете страни. Сл. Генеричкиот манометар е прикажан на слика 8. Други слични дизајни користат флексибилна дијафрагма или мембрана која се деформира под дејство на притисок (сл. Нето силата на дијафрагмата е разлика во притисокот помеѓу страната A и страната B. Ако влезот на страната A е поврзан со процесот. (c) деформација на дијафрагмата под дејство на притисок.8 Сензор за мерење притисок со помош на флексибилна дијафрагма Кога еднаш ќе биде измерено отклонувањето. притисокот може да се измери директно со мерење на силата врз диск на позната површина.2. тоа може да се конвертира како сила (или евентуално во притисок) со користење на механички модел за тоа како дијафрагмата се деформира под дејство на оптеретување.8).8 Сензор за притисок: (a) дијафрагма со два влеза за мерење диференцијален притисок.8. (b) дијафрагма со еден влез за мерење апсолутен притисок. која е измерена користејќи еден од уредите опишан подолу. Тврд диск може да се користи ако тој е монтиран на мевови кои дозволуваат движење како одговор на силата. Сл.

наместо тоа може да се користи тенка плоча. 9 Капацитативен манометар 12 . Истиот сензор може да се употреби за мерење на диференцијален притисок со поврзување на влезот A и B со различни точки во процесот.c. е радијално напрегање врз мембраната. може да се користи тенка мембрана со радиус .2.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори на страната B е оставен отворен кон надвор. таа се деформира до вредност прикажано на слика 8. Сл. Исто така.b. Таков уред е наречен капацитативен манометар. па движењето на дијафрагмата предизвикува видлива промена на електричниот капацитет. Кога притисокот дејствува врз дијафрагмата. тогаш сензорот покажува релативен притисок. Овде. Еден метод за детекција на оваа промена е да се направи електронско осцилаторно коло чија фрекфенција е детерминирана од капацитетот на дијафрагмата. Истиот однос помеѓу аплицираниот притисок и деформацијата на дијафрагмата зависи од деталите во дизајнот на сензорот. тенка мембрана ќе се распадне на високи притисоци.2 КАПАЦИТАТИВНИ МАНОМЕТРИ Еден начин за да се измери деформацијата на проводната дијафрагма е да се однесува паралелно како една плоча на кондензатор. Капацитетот е обратно пропорционален на растојанието помеѓу двете плочи. тогаш сензорот мери апсолутен притисок.9). Сепак ако страната A е запечатена. Манометрите обично се користат за мерење притисок помал од една атмосфера (сл. Значи. равенството за деформацијата е малку посложено одколку за деформација со тенка мембрана. и деформацијата тогаш е пропорционална со притисокот. Нормално. 1. сензорите за притисок се базирани на мерењата на деформациите на мембраните или дијафрагмите. За релативно ниски притисоци. прикажано како на слика 8.

10 Мерна лента Модерните мерни ленти кои се употребуват во сензорите за притисок се направени од силициум или друг полупроводен материјал. Едноставната мерна лента е базирана на отпорот на проводен материјал како што е метална фолија.d со цел да се зголеми чувствителноста на лентата долж наведената насока. тогаш мерната лента ке го има истото напрегање .10).2. Лентата има релативна или делумна промена во должина. Напрегањето е еднакво на делумната промена во отпорот.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори 1. Мерната лента е електричен уред чиј излезен сигнал е пропорционален на растегливата или компресивната лента под дејство на надворешните сили. така што притисокот може да се измери со фиксирање на мерна лента на дијафрагмата како на слика 8. Овие уреди имаад две предности во однос на постарите типови или метални ленти. има напрегање . и можат да се вградат во интегрално коло вклучувајќи овде и инструментален засилувач и некои други видови на кола.c а со тоа и следење на оторот. Отпорните мерни ленти обично имаат модел на фолија слично како на сликата 8. Сл.3 МЕРНИ ЛЕНТИ Најголем број на сензори за притисок користат мерни ленти за следење на деформацијата на дијафрагмата (сл. каде: Ако мерната лента е добро залепена за прачката. Ова коло праќа константна струја низ мерната лента и го снима произведениот напон. 13 . на пример прачка со номинална должина која се истегнува под дејство на напрегање на должина . Тие имаат повисок отпор и можат да се напојуват со константен извор на струја. Ако отпорот на жицата е пропорционален на должината. од овде следува дека со издолжување на жицата се зголемува и отпорот.

1 КАПАЦИТИВНИ СЕНЗОРИ Капацитивните сензори за ниво мерат електричен капацитет електродата сонда и втората електрода. Реалната вредност на капацитетот зависи од геометријата на електродата и резервоарот и од диелектричната константа на материјалот. кое може да доведе до несакани ефекти. Во голема мера може да се толерира составот на електродата. резултантната струја ќе предизвика загревање. 14 .11 Сензори за мерење на ниво на течности 1. Сл. Излезната величина на сензорот е растојанието. оваа техника има ограничувања: високо проводните материјали можат да направат краток спој поради електричното поле кое се генерира од централната електродата. Овој тип на сензор може да се користи во различни варијанти на течности и тврди тела.11). и достигнувајќи ја максималната вредност кога резервоарот е полн. Еден начин за да се одреди нивото на течност во резервоарот е да се измери релативниот притисок на дното од резервоарот.3 СЕНЗОРИ ЗА НИВО Сензорите за ниво се користат за следење на количество на течност или честици во резервоар или силос (сл. Капацитетот на централната електрода се менува како функција од висината на материјалот во резервоарот.12). Како и да е. Во случај на проводно цврсто тело или влакна. мерено од врвот па се до дното на резервоарот. затоа што претставува многу мал дел од напречниот пресек на површината на резервоарот.3. почнувајќи од најниска вредност кога резервоарот е празен. загревањето ќе биде концентрирано на дејството помеѓу честичките и може да дојде до нивно спојување.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори 1. која е обично метален ѕид на резервоарот (сл. Ако материјалот е проводна течност.

каде што ехото се формира. Релативно мали струи може да се пуштат во центарот на електродата. Во овој случај.3. Ако временското задоцнување помеѓу емисијата на пулсот и приемот на ехото е 15 . 1. или да биде ултрасоничен. Пропагираното време (или време на лет) на звукот во течности или гасови е детерминиран од растојанието кое го поминува звукот.2 УЛТРАСОНИЧНИ И АКУСТИЧНИ СЕНЗОРИ Друг пристап е да се лоцира интерфејсот помеѓу врвот наматеријалот и гасот кој е во празниот простор. Во друга позиција. Во случај кај многу течности.12 Нивото на материјал во метален резервоар може да се измери преку капацитетот помеѓу централната електрода и металниот ѕид Друг алтернативен пристап за следење на нивото на проводни течности е со употреба на електрода како на слика 12 со мерење на отпорот наместо капацитетот. отпорот ќе биде максимален кога резервоарот е празен. Додека звучните бранови се рефлектираат како разлика во густината или акустичната импеданса. Ехото патува назад до трансдусерот каде што се детектира. сензорот работи најдобро ако е монтиран на врвот на резервоарот. овој тип на сензор може да се монтира на дното на резервоарот гледајќи нагоре или монтиран на врвот гледајќи надолу. Фрекфенцијата на звукот е во опсег кој човечкото уво го регистрира. но во двата случаја мора да биде пулс со релативно кратко траење. така што може да се измери падот на напонот кој го има помеѓу електродата и ѕидот на резервоарот. звукот патува се додека не се случи одбивање. интерфејсот помеѓу материјалот и празниот простор генерално произведува доволно контраст за да се створи ехо. Во случај на прашкасти материи или честици.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори Сл. а на минимум кога резервоарот е полн.

времето на лет . но грешката во јачината на звукот во предходното равенство може да има повеќе штетни ефекти во мерењето одколку временското закаснување. Брзината употребена во равенството од предходното поглавје 16 . Физичка величина која ја набљудуваме во овој случај е времето. се мери за радарскиот сигнал.13 TDR Сензор за ниво на течност Како во случајот со ултрасоничните сензори. Минијатурната радарска единица генерира сигнали на електромагнетно зрачење кои можат да бидат раштркани и рефлектирани од материјалите. но основниот концепт е ист како и оној што го користат ултрасоничните сензори (сл. затоа што тие мерат локална температура.Предмет: Електрични актуатори и сензори означено како звукот е: Тема: Конвенционални сензори .3 РАДАРСКИ РЕФЛЕКТОМЕТРИ ВО ВРЕМЕНСКИ ДОМЕН (TDR) Радарите можат да се користат за мерење на времето не лет дури и кога има температурни варијации во процесот. Сл. Дури и сензорите кои имаат вградено температурна корекција не можат точно да одговорат на времето на лет.13). Од овде произлегува дека јачината на звукот генерално е многу осетлива на температурата.3. посебно ако се тие проводни. Овие сензори се монтирани во внатрешноста и на врвот од садот. Во овој случај техниката се вика радарска рефлектометрија во временски домен(TDR). затоа што електромагнетното поле не може да ги пробие металните зидови. така што потенцијален проблем при овој пристап е варијацијата на температурата додека звукот патува. 1. тогаш растојанието од сензорот до точката на одбивање на ( ) каде е јачината на звукот.

4 СЕНЗОРИ ЗА ПРОТОК Овие сензори мерат или брзина / на протокот или / на течности или течни честици во цевка или проток во некој процес. a e густината на материјалот 1. Ако средната брзина низ цевката е измерена. Нивото на проток на флуидот е ја одредува вредноста на ладењето на сензорот. тогаш масата на протокот може да се одреди од: каде е напречниот пресек на цевката . многу подобри резултати се добиваат користејќи акустични сензори. Затоа е многу тешко да се добијат прецизни мерења користејќи радар.1 СЕНЗОРИ ЗА ТРАНСФЕР НА ТОПЛИНА Вообичаен метод при мерењето проток на течности или гасови е да се измери и вредноста на топлината пренесена при протокот. Затоа мерењето не времето е повеќе важно во случај на радар одколку кога е случај со ултрасонична рефлектометрија. и треба да се напомене дека вредностите на се прилично мали. Значи температурата на грејниот елемент е определена од балансот помеѓу топлината од жицата која се дава и топлината која се пренесува во флуидот.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори е брзина на светлината. Топлинската енергија која произлегува од жицата е апсорбирана од флуидот кој тече кон сензорот. кој се состои од електрично греен елемент кој е во топлински контакт со флуидот кој се мери.4. 17 . типичните вредности можат да бидат во опсег од 5 до 100 ns. Пример за ова е топло-жичан анемометар. така да температурата е индикатор за нивото на проток. 1. под предпоставка дека електричната струја е константна.

сензорот е во состојба да одржува константна температура и симултано да генерира сигнал кој е пропорционален со со нивото на проток. Специфичната топлина е различна кај материјалите и варира од еден до друг флуид. а другиот. Топлината ја представува нето енергијата. представена како и измерена во џули. Овде топлината Q е вредноста на топлината потребна да се зголеми температурата на масата на течноста до вредност . контролното коло пушта краткотрајна топлина проследена со мерење на отпорот на топлинскиот елемент. Константниот температурен анемометар генерира доволно топлина за да се одржи константна температура на сензорот и оваа температура е нешто над собната температура на флуидот. е едноставно трансфер на топлинска енергија од еден кон друг материјал. Контролното коло во сензорот константно ја следи температурата и ја прилагодува согласно со моќноста на грејачот. брзината на проток течности или гасови може да се измери користејќи техника на ултрасонично време на лет. Се разбира. и исто така е функција од температурата. На сликата 14 е прикажана цевка со дијаметар D со два ултрасонични трансдусери монтирани на влезовите од спротивните страни од цевката. Фрекфенцијата на ултразвукот е избрана како компромис помеѓу јачината на сигналот (која има тенденција да биде 18 . Еден начин за мерење на температурата на жицата е мерење на нејзината отпорност. 1. го прима сигналот. Фрекфенцијата на ултразвукот е обично 1 MHz или помал за гасови и 1-20 MHz за течности. Во овој тип на сензор. топлинските сензори не работат добро во мултифазни проточни апликации каде вредноста на може да варира. како што беше покажано порано како функција од температурата. Едниот трансдусер емитира ултра звучен сигнал.2 УЛТРА СОНИЧНИ СЕНЗОРИ Како што е случај со мерењата на ниво на течности. Кога топлината тече кон или или од објектот (во овој случај сензорот за проток). Вишокот топлина кој флуидот го носи од сензорот има специфична топлина одредена со равенството: каде е масата на даденото количество течност.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори Топлината. кој е монтиран на познато растојание z.4.од овие причини. овие сензори мора да се калибрираат за типот на флуидот кој го допира сензорот. пропорционалната константа е наречена топлински капацитет на сензорот. Со најизменично менување на циклусите на греење и мерење. температурата на објектот се зголемува пропорционално кон вредност : Овде.

каде: √ Како што беше наведено погоре. ако течноста низ цевката се движи со средна брзина . Додека брзината е вектор. Сл. може да се изведе прост израз за време на лет.15 Позициите на приемникот и емитерот. звучните бранови патуваат со протокот на течност. брзината на течноста може да се реши преку две ортогонални компоненти. како и аголот ѕидот на цевката под кој звукот го сече Слика 15. и времето на лет ќе биде редуцирано.14 Ултрасоничен мерач на проток монтиран во цевка со дијаметар D Ако брзината на флуидот во цевката е нула. Користејќи апроксимација дека просечната брзина на протокот во цевката е (m/s).14. Сл. Се разбира. Компонентата на брзината на протокот долж насоката дефинирана со агол е ( ). како што е прикажано на слика 15. така да во оваа насока звукот се шири со брзина ( ). така што ефективната брзина на звукот во насока на протокот е . брзината на проток во цевката генерално е функција од положбата во цевката. 19 .Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори повисока на пониски фрекфенции) и адекватниот дефиниран сигнал (кој бара повисока фрекфенција).б. дадените позиции на емитерот и приемникот. тогаш времето на лет на ултразвукот ќе биде едноставно растојанието помеѓу трансдусерите поделено со брзината на звукот во течноста: √ Како и да е.a ја покажува геометријата употребена во оваа калкулација. тогаш звучните бранови ќе се движат со течноста како што е прикажано на сл. но вкупниот ефект на протокот на течност ќе биде забрзан со доаѓањето на сигналот. звукот кој патува во линија која го сече ѕидот на цевката под агол . додека ефективната брзина трансверзално на протокот е само .

фрекфенцијата на повратниот бран ќе биде Доплеров ефект. дел од звучните бранови ќе се рефлектираат од честиците или меурите кои се ствараат во течноста.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори Времето (време на лет) на сигналот од емитерот до ресиверот е исто така еднакво на растојанието поделено со ефективната брзина на звукот во таа насока. Во случај на континуиран бран. Голем дел од несигурноста во мерењето на проток се должи на температурните ефекти. Брзината на звукот зависи од температурата .така да задолжително е да се знае исто така и температурата во цевката каде што е вршено мерењето. Во секој случај. а ако е тоа пулсирачки тон. тогаш следи дека фрекфенцијата на ехото е детерминирана од брзината на течноста : Решавајќи го . Фрекфенциската промена беше пресметана во равенството за светлина рефлектирана од подвижно огледало. брзината на течноста во цевката може да биде измерена преку времето на лет без точно дефинирање на дијаметарот на цевката. ехото може да биде регистрирано од вториот трансдусер. туку само ако се познати времето на лет и растојанието помеѓу двата трансдусери. Земајќи ја како фрекфенција на ултразвукот емитирана од трансдусерот. Повеќе напредни модели можат да го моделираат ) врз основа на поголем број калибрации на различни температури. добиваме дека : 20 . тогаш ехото може да биде регистрирано и од конверторот при задоцнувањата помеѓу трансмисиите. Овие сензори генерално имаат вградено еден вид на температурна компензација во нив. Друга шема за мерење на брзината на проток во течности преку ултразвук е со детекција на фрекфентната промена на ехото од честичките или меурите. Од равенството евидентно е дека: √ па од овде следи дека времето на патување е: √ Со решавање на ов оваа равенство добиваме дека: ( ) Според тоа. Исто така возможно е сензорот да се калибрира со екстраполација од времето забележено при неколку брзини на проток. каде е брзина на светлината. Ако сноп на ултразвукот од трансдусерот се ињектира во протокот. но резултатот е ист и за ултразвук. Ултразвукот може да биде континуиран бран или пулсирачки звук со релативно кратко траење.

затоа што тие имаат доста широка примена и нивното функционирање ќе биде објаснето на друго место.16 Електромагнетен сензор за проток со магнетно поле. Мерачите на проток генерално вклучуваат следење на температурата заради утврдување на точната вредност на протокот. брзината што се всушност мери е компонента на брзината на протокот ). тогаш промените на времето на лет или фрекфенцијата можат да се употребат заради утврдување на температурата од . Ако вредноста на протокот е позната. Во такви сензори. Принципот на функционирање овде се засновува на фактот дека проводните течности имаат висока концентрација на позитивни и негативни јони. Тие можат да се употребуваат за мерење на проводни течности и кашасти материјали кое се употребуваат во индустриските процеси. Едно нешто може овој недостаток да го претвори во предност. Протокот е од лево кон десно 21 . тие можат да бидат одбиени од надворешен магнет чии линии на магнетниот флукс се нормални на цевката. Овакво поставување не е оптимално затоа што го закочува протокот на течност. и некои дизајни на сензори се такви да трансдусерот се поставува директно во средината на процесното струење на течноста.16). 1.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори каде е позитивна ако протокот е насочен кон сензорот а негативна ако е насочен спротивно. Сл.4. Повеќето Доплерови мерачи на проток предаваат и емитираат ултразвук под агол во однос на цевката. Затоа општ облик на равенството е : Како што беше случај со мерењето на време на лет. Изведувањето на оваа равенство е под предпоставка дека ултразвукот се пропагира во насока на протокот. Доплеровите техники се осетливи во однос на температурните промени.3 ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ СЕНЗОРИ Електромагнетните мерачи на проток овде се спомнати на кратко. Овој пристап е основен за ултрасонични термометри. Резултантната сила на јоните предизвикува тие да се движат нормално во двете насоки на текот на течноста и на магнетните линии на флуксот (сл. Додека овие јони се пренесуваат низ течноста.

4 ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ СЕНЗОРИ ЗА ПРИТИСОК Еден од најчесто употребуваните сензори за проток во индустријата е диференцијалниот мерач на притисок (сл. ако протокот се движи на десно како на сликата. што од своја страна генерираат најизменичен поларитет на електродите.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори На оваа слика е прикажан генерички сензор. прикажан на слика 17. Предноста при употреба на електромагнети е тоа дека тие можат да произведат најизменично магнетно поле. каде ⊗ го покажува магнетниот флукс. ствара пад на притисокот низ стеснувањето. 1. Сл.16. Овој диференцијален притисок се зголемува со брзината на протокот. Ако електродите се поставени така да бидат во контакт со процесниот флуид. Набљудуваниот напон може да се измери со употреба на фазна детекција или друга техника на промената на излезот. Пумпањето на гас или течност преку стегање. тогаш ќе се створи електричен потенцијал помеѓу нив.а) или преку процеп (сл. така што сензорот за притисок мозе да се искористи за мерење на протокот. која покажува дека притисокот и брзината во било кои точки при течењето во таков флуид е: 22 .б). и напонот ќе биде пропорционален со средната брзина на протокот.17. или обично од пар електромагнетни калеми. како намален дијаметар на цевката (сл. Магнетното поле може да се добие од перманентен магнет. Неговата работа е базирана на Бернулиевата равенка.17 Диференцијални сензори за притисок Типичен сензор за мерење на проток на течности е Вентури метарот.а. тогаш позитивните јони ке се одбиваат нагоре а негативните јони надолу.17). Вентури метарот е дизајниран за мерење на вискозни флуиди со густина . Овој уред е составен од заоблена цевка која се стеснува од влезот (лево) па до минимум дијаметар на грлото на уредот и се шири на излезот. Се употребуваат различни геометрии заради генерирање на диференцијален притисок.4.

така што пропорционалната константна во оваа равенство мора да се најде експериментално или приближно од инженерските прирачници за дадената апликација. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА  WWW. предпоставуваме дека брзината на грлото е пропорционалнална на брзината при влезот: каде . Како прв извод.ORG 23 . Протокот на гас исто така често се мери со помош на процеп слично како на слика 17.Од овде следува дека: што значи дека брзината при влезот е пропорционална на квадратниот корен на падот на притисокот: √ Во пракса.Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори Овде.б. Температурните ефекти исто така морат да се земат во предвид во конечната калкулација за брзината на протокот. зависно за соодветната апликација.WIKIPEDIA. вискозноста на реален флуид и геометријата на Вентури метарот влијаат на . Падот на притисокот зависи од големината на процепот. ние го мериме диференцијалниот притисок помеѓу влезот и грлото на Вентури метарот. помали процепи обично се употребуват за помали протоци.

Предмет: Електрични актуатори и сензори Тема: Конвенционални сензори 24 .

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful