You are on page 1of 11

Војна против младите

-либертаријанска перспектива на младинската невработеност и одливот на мозоци -

Бојан Богевски,
м-р по финансово право и Потпретседател на ЛК Атлас

Содржина

1.

Краток осврт на општата состојба со младинската
невработеност и одливот на мозоци;

2.

„Слоно(т)вите во собата“; и

3.

Можни решенија (либертаријански алтернативи).

Младинска невработеност и одлив на мозоци
- некои општи податоци (I) -

53.7% од младите се
невработени - една од
највисоките стапки во светот;
над 50% од испитаниците
сметаат дека партиската
книшка е главен фактор при
вработување;
1/3 од испитаниците сакаат
да работат во државна
администрација;

85% од младите иднината ја
гледаат во странство;
133 место по одлив на мозоци
од вкупно 144 земји.

Слободниот пазар води кон намалување
на невработеноста (II)

...за почеток, треба да им дозволиме на
граѓаните и претпријатијата целосна
слобода и флексибилност самите да си го
одредуваат работното време согласно
нивниот начин на работа но пред се,
согласно потребите на потрошувачите.
Прв чекор: да го укинеме работното време
по наредба, т.е. закон де. Како што се фалат
Данците: „правилата за работа во Данска се
генерално меѓу најфлексибилните и
либералните во Европа. Во споредба со
многу други европски земји, не постојат
ограничувања во Данска во однос на
ноќната работа и работата за викенд, што
значи дека компаниите се слободни да
работат 24 часа дневно, 365 денови во
годината“.
Логиката е едноставна: ако сакате повисоки
плати и подобар животен стандард, морате
да имате зголемување на побарувачката на
труд, односно што повеќе претпријатија во
приватниот сектор. Една од основните
работи како да се постигне оваа цел е да се
тргнат што повеќе пречки од патот на
правото на работа.
http://www.investindk.com/Establishing-abusiness-in-Denmark/The-Danish-labourmarket

Општа
невработеност

Младинска
невработеност

Ранг по екон.
слободи

Хонг Конг

3.1%

11.6%

1

Сингапур

2.1%

6.7%

2

Австралија

5.8%

11.7%

3

Нов Зеланд

6.1%

17.7%

4

Швајцарија

3.2%

8.4%

5

Земја - свет

Слободниот пазар води кон намалување
на невработеноста (I)

„Швајцарската економија има
една од највисоките стапки на
продуктивност по работник во
светот. Социјалната стабилност и
високиот стандард на живот е
директен резултат на
најлибералниот и најмалку
регулиран пазар на труд. Скоро да
нема штрајкови во Швајцарија, а
трудовите спорови се решаваат
ефикасно преку механизми за
социјално партнерство.“
http://www.sgba.ch/en/BusinessEnvironment/Job-Market

Општа
невработеност

Младинска
невработеност

Ранг по екон.
слободи

Холандија

8.7%

11%

15

Луксембург

7.1%

17%

16

Германија

5.1%

7.8%

18

Грција

26.5%

56.9%

119

Шпанија

26%

56.1%

49

Земја (

„Слонови во собата“
1. „Нелојална конкуренција“ од
Државата и партизација на
пазарот на труд;

2. „Микро“-регулација на
секојдневните интеракции на
граѓаните и приватните фирми;

3. „Социјалната“ држава и
добронамерни закони.

„Нелојална конкуренција“ од Државата и
партизација на пазарот на труд
Не е до отварањето „нови работни места“, туку до создавањето вредност –
производи и услуги кои нашите сограѓани доброволно ќе ги купат бидејќи сметаат
дека истите им го подобруваат животот!;

„Меур“ во државната администрација?

Вработувањата во државната администрација водат до поскапување на
производите, отргнување на работната сила од продуктивниот сектор за да
работат како бирократи кои им го отежнуваат животот на претприемачите и
фирмите, и генерално, пад на животниот стандард;

Политизација/партизација на пазарот на труд која води кон уништување на
демократијата, образованието и слободата;

Се додека не се стопира зголемувањето на државната администрација, секоја друга
реформа е второстепена, па и можеби и залудна („пациент болен од рак го лечиме со
аспирин за главоболка“);

„Микро“-регулација на секојдневните
интеракции на граѓаните и приватните фирми

Слободниот пазар е саморегулирачки (најдобар пример: Интернетот, „...и

покрај големата комплексност и рапиден развој во последните 10 години, интернет
заедницата генерално функционира без никакви државни интервенции. Веб-дизајнерите
немаат потреба од раката на власта за да ги развиваат своите способности за креирање
се покомплексни вебсајтови; ИТ професионалците не ги чекаат извештаите на владата да
им каже дека треба да се прилагодат на новата технологија; и фирмите брзаат да ги
понудат своите постојано-еволвирачки услуги за „мазното“ функционирање на сајтовите.
Приватниот сектор се адаптираше, и тоа брзо. Слободниот пазар го направи она што го
прави секогаш кога е слободен – брза да ги задоволи потребите на потрошувачите. Ова
се рефлектира не само во огромната лепеза на достапни услуги, туку и во огромниот пад
на цените за скоро секој аспект од „Мрежата“);

Бариери за влез на пазарот и, следствено, влијае врз бројот на
новоотворени фирми и побарувачката на труд;

Пад на продуктивноста на трудот - голем број нови работници наместо да
работат тоа што се бара, се грижат за фирмата во која работата да биде во
„согласност со законите“ кои секојдневно се зголемуваат и менуваат;

„Социјалната“ држава и добронамерни закони

Пример: Законот за минимална плата;

Според последната анализа на 100-те
највлијателни студии за влијанието на
минималната плата (Наумарк и Вашер,
2007), дури 85% од студиите
потврдуваат дека минималната плата
има негативен ефект врз оние
работници со најниска продуктивност
(маргиналните групи, младите...).

законот може да влијае негативно врз малите бизниси кои би
биле потенцијални конкуренти на големите компании
(пр.оние компании кои исплаќаат пониски плати од 8,050
денари месечно ќе бидат принудени или да отпуштат
работници или пак да ја корегираат платата – ваквата
„корекција“ може да биде компензирана со раст на цените на
производите на компанијата и пренос на негативниот ефект
од овој Закон врз потрошувачите;

законот е дискриминаторски кон одредени групи граѓани
чија „цена на труд“ е пониска од 8,050 денари месечно – овие
граѓани ќе бидат спречени да акумулираат потребно работно
искуство и да се стекнат со компетитивност со која ќе
конкурираат на другите работници;
доколку минималната плата влијае врз пазарот на труд,
можеме да очекуваме дека дел од оние кои ќе бидат
спречени легално да бидат вработени, ќе работат на „сиво“ –
ова ќе води до пад на даночните приходи и намалување на
потенцијалите на Државата да се „грижи“ за помалку
среќните;

можеби најважно од сe, Законот за минимална плата го
укинува слободниот избор на граѓаните во оваа област и го
заменува со политичка одлука.

Можни решенија?
„Можеби не е агенда по кројка на политичарите или пак анти-капиталистите
кои генерално сакаат да се промовираат како „прават нешто“, но најдобриот
начин за креирање нови работни места е пред се државата да ПРЕСТАНЕ да
„помага“. Теоријата и емпириските податоци потврдуваат дека слободен
пазар и мала држава е рецептот за создавање услови кои водат кон раст на
вработеноста, а не обратно. “
Ден Мичел, економист и либертаријанец

ЛИБЕРТАРИЈАНСКИ КЛУБ АТЛАС
ЛКАТЛАС е првото здружение на граѓани во РМ кое направи пионерски
исчекор кон промоција на либертаријанизмот и слободарските
вредности на наше тло.