Стојан Николов Георгиев е македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Бугарија.
Стојан Георгиев потекнува од бунтовничко македонско семејство. Неговиот дедо од мајчина страна цели пет години поминал во затворот „Еди куле“ како борец за ослободување на Македонија од Османлиското ропство. И други негови предци се бореле и умирале за слободата на македонскиот народ.
Стојан Георгиев (наречен Томовичин по дедо му Томо) е роден на 18 март1938 година во градот Петрич, Пиринскиот дел на Македонија. Уште како ученик на 18-годишна возраст доаѓа во судир со бугарската власт поради неговиот јавно искажан став за постоење на Македонците како посебен народ од Бугарите и членство во илегална македонска организација. Покрај бројните полициски испитувања и малтретирања од секаков вид, има одлежано две затворски казни од по четири години. По паѓањето на комунизмот во Бугарија, избран е за прв претседател на ОМО „Илинден“. Наспроти сите закани и притисоци во Бугарија, учествува на разни меѓународни средби на кои го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%93%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8%D0%B5%D0%B2_%D0%A2%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD