You are on page 1of 2

Врз основа на член 7, став (2) алинеја 3 од Законот за државни службеници

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001,


43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 69/2004, 81/2005, 61/2006 и 36/2007),
директорот на Агенцијата за државни службеници донесе

УПАТСТВО
за примена на додатокот на плата за кариера на државните
службеници

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1
Со ова упатство се уредува примената на додатокот на плата за кариера на
државните службеници.

II. ДОДАТОК НА ПЛАТА ЗА КАРИЕРА

Член 2
(1) Државен службеник се стекнува со соодветен степен на кариера со
постигнување на минимален стаж од 3 (три) години во државната служба и позитивна
оцена за работењето.
(2) Минималниот стаж во државната служба, се намалува за една година, за
државен службеник кој е оценет со оценка „се истакнува“.
(3) Минималниот стаж во државната служба, се зголемува за една година, за
државен службеник кој е оценет со оценка „не задоволува “.
(4) Приправничкиот стаж на државен службеник–приправник, не се
засметува во потребниот минимален стаж во државната служба.
(5) Одделението за управување со човечки ресурси најдоцна до 10 јули секоја
година, до функционерот кој раководи со органот, доставува список на државните
службеници кои на 30 јуни во тековната година, ги исполнуваат условите за стекнување
со одреден степен на кариера, врз основа на кој функционерот донесува решенија.
(6) Решението за стекнување со соодветен степен на кариера се доставува до
организациската единица на органот, надлежна за финансиско-материјално работење.
(7) Исплатата на додатокот за кариера, за државните службеници од став (5)
од овој член, започнува со платата за месец јули.

III. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 3
(1) Државен службеник кој за 2005, 2006 и 2007 година е оценет со позитивна
оцена и кој на 30 јуни 2008 година постигнал најмалку 3 (три) години минимален стаж во
државната служба, се стекнува со степен на кариера А.
(2) Одделението за управување со човечки ресурси најдоцна до 10 август
2008 година, до функционерот кој раководи со органот, доставува список на државните

стр. 1 од 2
службеници кои во смисла на став (1) од овој член, се стекнуваат со право за степен на
кариера А, врз основа на кој функционерот донесува решенија.
(3) Исплатата на додатокот за кариера, за државните службеници од
претходниот став, ќе започне со платата за месец август 2008 година.
Член 4
Ова упатство влегува во сила со денот на неговото донесување.

Број 01 – 4955/1 АГЕНЦИЈА ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ


09.07.2008 година ДИРЕКТОР,
Скопје АЛЕКСАНДАР ГЕШТАКОВСКИ, С.Р.

стр. 2 од 2

You might also like