You are on page 1of 13

С.О.У.

“ОРДЕ ЧОПЕЛА” - ПРИЛЕП

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА:
I ДЕЛ
 Даме Груев и припаѓа на генерацијата на
Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Петар Поп
Арсов и други визионери и борци. Роден
е во битолското село Смилево 1871 год.
Во семејство на ѕидарски мајстор -
печалбар со што на својот син му
обезбедил школување. По основното
образование во родното село оди во
еден од најзначајните центри на
европскиот дел на Турција, Битола. Во
Битола учи до VIII одделение како
одличен ученик. Потоа заминува во
Солун во тогашната бугарска
(егзархиска) гимназија, каде што ги
завршува I-от и II-от клас на
гимназијата. Некаде кон 1887/88 год. во
солунската гимназија избувнуваат
ученичките бунтови против просветната
политика на Егзархијата. Овие настани
ги користи српската пропаганда, која на
незадоволните ученици им ветува
продолжување на образованието во
Белград на трошоци на српската влада.
Така, Даме Груев, по двегодишно школување во бугарската
солунска гимназија, доаѓа во 1888 год. со поголема група
Македонци во Белград. Српските власти настојуваат да ги
србизираат учениците. Тоа веднаш предизвикува револт кај
младите Македонци. Сега повторно ги прифаќа бугарската
пропаганда и со тоа за Даме започнува едно безизлезно вртење
во круг: бегство од Македонија, разочарување во Белград и во
Софија и конечно враќање во Македонија. Даме Груев и Петар
Поп Арсов во 1889 год. пристигнуваат во Софија каде што
веднаш започнуваат со организирање македонско гласило -
списанието “Лоза”. Се формира Младата македонска книжевна
дружина создадена од македонските студенти во Софија во 1892
год. Во оваа друзина учествуваат Даме Груев, Петар Поп Арсов,
Пере Тошев, Иван Хаџи Николов, Георги Басалчев, Евтим
Спространов и други. Но наскоро оваа дружина и нејзиното
гласило, списанието “Лоза” ќе бидат забранети од бугарската
влада на чие чело тогаш стои Стефан Стамболов.
II ДЕЛ
 Уште во текот на 1891 год., кога престојува пократко време во
Битола, тој организира еден револуционерен кружок, во кој
влегуваат Лука Џеров, Никола Кочов и други. Нивната идеја била:
борба за добивање автономија на Македонија. Дваесетгодишниот
Даме Груев, студент по историја на вишото училиште (Универзитет)
во Софија донесол цврсто решение да се врати во својата
татковина. Откако бил исклучен од вишото училиште тој се враќа во
Македонија каде прво учителствува во своето родно село Смилево,
а потоа во Прилеп. На почетокот од своето учителствување во
Прилеп тој бил отфрлен од граѓаните на Прилеп затоа што тие
сметале дека Даме бил исклучен од Универзитетот поради неговите
социјалистички идеи, односно дека бил против државата, бога,
моралот и др. Набрзо си заминува од Прилеп и оди за Солун каде
работи како коректор во печатницата на Коне Самарџиев. Во Солун
уште повеќе се зближува со неговиот другар Петар Поп Арсов. Исто
така се зближува и со: Андон Димитров, учител по турски јазик во
Солунската гимназија; др Христо Татарчев, лекар; Иван Хаџи
Николов, книжар; Христо Батанџиев, учител и др. Во овој круг тој
заговара за потребите за организирање отпор против Турците. Во
овој круг се поставуваат и основите на ВМРО кон крајот на 1893 год.
Во исто време со овие заговори во Солун, во Софија водат
слични разговори Гоце Делчев и Коста Шахов кои подоцна ќе
се придружат кон солунската група. На 23 октомври 1893 год.,
во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов, Даме ги собира сите
оние за кои смета дека ќе и се посветат на борбата. Тогаш се
конструира и првиот Централен Комитет на ВМРО. На Божиќ
1894 год. во куќата на Андон Димитров се конструира
раководството на организацијата. Даме Груев станува прв
секретар. Низ градот се основаат повеќе комитети, особено
меѓу учениците. Идејата на Груев била да се опфатат што
повеќе учители во организацијата, затоа што тој смета дека
“најдобро им се служи на народот и на слободата како народен
учител”. Оттогаш, 1884 год., па се до неговата смрт тој ќе
патувал низ цела Македонија за да ја побуди македонската
национална свест. Очекуваниот судир со бугарската егзархија
не изостанал. Со тоа егзархијата станала првата пречка пред
револуционерните барања на македонскиот народ. Егзархијата
се плашела од револуционерните идеи што се ширеле во
Македонија, бидејќи тие го загрозувале нејзиното опстанување.
Затоа таа превзела контра-офанзиви. Ангажирала истакнати
личности од редовите на македонската буржоазија и ги
вклучува во пропагандната офанзива.
III ДЕЛ
 Во Штип, 1894 год. доаѓа до
првата средба меѓу Даме Груев
и Гоце Делчев. Даме доаѓа во
Штип како главен учител во
третокласното училиште во
градот. Во истата година доаѓа
за учител во Ново Село и Гоце
Делчев, исклучен од
софиското воено училиште.
Низ Македонија почнуваат да
се формираат комитети на
организацијата. Отпорот на
македонскиот народ против
повеќевековниот поробувач се
поставила на цврсти основи, а
воедно почнале да се
уништуваат странските
пропаганди (бугарска, српска,
грчка) кои го задржувале
нормалниот тек на настаните.
IV ДЕЛ
 Првите официјални настапи на Даме
како раководител на отпорот на
македонските народни маси се
некаде кон 1895 год. Тогаш патува
во Софија и Цариград на две мошне
значајни средби со Врховниот
комитет и со Егзархијата. Даме не е
приврзаник на брзи и непромислени
дејства. Потребна е подолга
подготовка, потребна е целосна
поддршка на народот. Затоа се
зафаќа да организира мрежа од
комитети. Го издава весникот
“Востаник”. Испраќа шифрирани
писма до членовите на
организацијата низ Македонија,
патува по села, организира канали
за праќање писма, книги, оружје. Во
текот на 1897/98 год. тој е без
служба. Турските власти одвај
чекаат да го протераат од Солун.
Интерниран е во Битола каде што Пере Тошев и
Ѓорче Петров веќе неколку години ја вршеле својата
револуционерна дејност. На 6 август 1900 год., Даме
паѓа во затвор по таканаречената Поп-Ставрева
афера во Битола. Поп-Ставревата афера е една од
првите поголеми провали во организацијата. Уапсени
се стотина лица, од кои 46 се осудени на 3,5 и 10
години затвор. Осуммина се осудени на смрт. Даме е
осуден на 10 години. Иако затворен, Даме раководи
и од зад решетките. Даме го претвора затворот во
школа на револуционери. Ги посветува неуките
селани во делото, ги превоспитува арамиите со
магијата на својата убедувачка реч. На мај 1902 год.
го префрлаат во Подрум-Кале, заедно со Христо
Матов и Христо Татарчев. Амнестијата го враќа во
Солун непосредно пред Солунските атентати. Тогаш
го затекнува ненадејно и веста за решението за
востание.
V ДЕЛ
 Во отсутство на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Јане
Сандански, Пере Тошев, Петар Поп-Арсов и речиси сето врвно
раководство на револуционерната организација, во Солун на 4
јануари 1903 год. е донесено решение за предвремено
востание. Тоа се должи на предавството на Иван Хаџи-Николов,
кој без да се советува со никого од Централниот комитет на
организацијата, му ги предава сите важни документи на Иван
Гарванов, страхувајќи дека ќе биде затворен по една провала
во Солун. Иван Гарванов, како инфилтриран врховистички агент
во највисокото раководство на ВМРО. Гоце Делчев не го
прифатил решението за кревање на востание и откако разбрал
дека Даме е пуштен од затвор, побрзал да се сретне со него. Се
сретнале за време на велигденските празници во Солун. Даме
сметал дека иако некои револуционерни окрузи, како што бил
Серскиот, не биле подготвени за востание, имало доволно
време да се стори тоа. Даме доаѓа во Битола по разделбата со
Гоце, како амнестиран затвореник од Подрум-Кале. Патот го
води кон родното село Смилево, каде што ќе се донесат нови
пресудни решенија за востанието.
На 17 април по стариот календар во Смилево се одржува
историскиот Смилевски конгрес, на кој присутствувале делегати
од повеќе краишта на Македонија. Конгресот се одржува во
домот на локалниот активист Георги Чуранов. Даме Груев е
избран за претседател на конгресот. Се поднесуваат извештаи за
состојбата по реоните, за степенот на подготовка за востанието.
Се констатира дека се располага со десетина илјади луѓе со
оружје. Делегатите од костурско, охридско и демирхисарско се за
востание. Најголем противник на востанието е прилепскиот
војвода Петре Ацев. Во главниот штаб се избрани Даме Груев,
Борис Сарафов и Атанас Лозанчев. Во него ќе бидат вклучени
штом ќе дојдат уште: Христо Матов, Пере Тошев и Ѓорче Петров.
Главниот штаб, заедно со Централниот комитет и со другите
окрузи го одредиле датумот на востанието. На 2 август во
Македонија ќе се крене востание против петвековниот поробувач
- Отоманската империја. Почетокот на Илинденското востание
Даме го дочекува во Смилево, како прв предводник на
организираниот бунт против империјата. Откако востанието било
крваво задушено Даме се криел во Битолско со желба за
повторно кревање на востание. Од 1903 год., па се до 1906 год.
кога трагично завршува неговиот живот во Малешевско, тој е
постојано во Македонија, со две пократки престојувања надвор
од Македонија.
Во февруари 1904 год. ја обиколува Македонија со ѓаконот
Евстати. Тогаш ги посетува Прилеп, Лерин, Воден, Ениџе-Вардар,
Гуменџа, Гевгелија, Тиквешко. Во мај истата година присутствува
на подвижниот прилепски конгрес на кој се водат жестоки
расправи за децентрализацијата на организацијата. Таму се и
Ѓорче Петров, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев, Петре Ацев и др.
Есента 1904 год. Даме се наоѓа со четите на Георги Сугарев,
Петре Ацев и Ѓурчин Наумов во селото Слатино, Поречко во текот
на борбите меѓу четите на организацијата и србоманските чети во
Порече. Во една од тие борби, во октомври 1904 год., Даме е
заробен од страна на Мицко војвода. Револуционерната
организација ја принудува српската влада лично да интервенира
на Даме ништо да не му се случи и да биде ослободен. Наскоро
Даме им е предаден во Скопје на луѓе од организацијата. Во 1905
год., во месец октомври, се одржува општиот конгрес на ВМРО,
познат по името Рилски конгрес. Даме пак е на чело на овој
конгрес. Тој е избран за претседател со тајно гласање. На
конгресот се присутни најпознатите револуционери, активисти и
делегати на ВМРО. Се расправа за виталните интереси на
организацијата. На овој конгрес Даме прави последни напори за
она што цело време се борел, да се зачува единството на
организацијата. Се донесува и решение за да се помират
скараните крила на ВМРО, но и покрај таа одлука разидувањата
во ВМРО нема да престанат. Тоа Даме ќе го фрли во очај и сака
што побрзо да се врати во Македонија.
VI ДЕЛ
 Носејќи во себе силно претчувство
на смрт, Даме на 11 декември 1906
се наоѓа опколен од турскиот
аскер во малешевското село
Русиново. Пробивајќи го првиот
обрач околу куќата на Димитар
Алаѓозов, движејќи се кон врвот
Петлец по длабок снег и студ Даме
прифаќа нерамноправна борба,
надевајќи се дека ќе се извлече
кон планината. Меѓутоа, откако
потешко ранетиот Атанас Карчев,
се самоубива, по се изгледа дека и
тој самиот си го одзема животот за
да не им падне жив во рацете на
турските војници. Селаните му го
однеле мртвото тело и го закопале
во дворот на црквата во Русиново.
Подоцна неговите останки се
пренесени во родното село
Смилево.
ИЗРАБОТИЛЕ:
МАЈА МИТРЕСКА
АНТОНИО ПЕТРЕСКИ
РОБЕРТ ПЕТРЕСКИ
БЛАГОЈЧЕ НИКОЛОСКИ
ХРИСТИНА НИКОЛОСКА

Користена литература:
Д-р Гане Тодоровски – “Даме Груев”
Даме Груев – “Спомени”

You might also like