You are on page 1of 2

во таа прва песна опис на задгробниот живот според религиозните представи од тоа време, туку и историја

на неговото внатрешно преродување, патот на неговото морално усовршување: преку грешките и страдањето
од нив, преку сознавањето и ослободувањето од пороците, до совршеното знаење, до моралното совршенство
и среќа.
Втора песна 
Данте е исполнет со трепет и страв пред тешкиот пат. Незнае дали е тој достоен, како Енеј и Апостол Павле,
да влезе во подземното царство и во рајот. Вергилиј му открива по чија волја дошол да му биде водач: во
Лимб ( прв круг на пеколот), каде во вечна тага претстојувал поетот, дошла жена, која греела со таква
убавина што вој веднаш осетил потреба да ги исполнува нејзините заповеди. Таа дознала дека нејзиниот
несреќен пројател Данте се наоѓа во голема опасност и го испратила Вергилиј да го спаси. Нејзиното име
било Беатриче. Данте, исполнет со бодрост, тргнува по својот водач.

Трета песна 
Поетите доаѓаат до вратата на пеколот на која Данте чита страшен натпис: 
„Низ мена се влегува во градот на болки
Низ мене се влегува низ вечна мака
Оставете секоја надеж,вие што влегувате“
Преку таа врата влегуваат во еден темен простор, во кој се слушаат плачови и жални викови. Тоа е
предворјето на пеколот. Во него се мачат душите на тие што во животот не биле добри, ни лоши,
рамнодушните, безволните. Данте гледа неизброиво мноштво сенки, како трчаат во темнината касани од муви
и оси. Но
посилно од физичката болка, нив ги мачи свеста за нивната ништожност. Потоа поетите преминуваат преку
реката Ахерон, пренесени од чуварот на пеколот Харон

Четврта песна
Данте влегува со Вергилиј во првиот круг на пеколот - Лимб. Тука се затворени душите на мудрите и
добротворни луѓе кои живееле пред Христа и воопшто непокрстените невини души. Вергилиј му ги посочува
Хомер, кралот на сите поети, Хорациј – сатиричарот, Овидиј и Лукиј. Тие го примаат другарски Данте. Тука
Данте го видел и Аристотел на кого „ сите му се восхитуваат, сите го почитуваат“. Покрај него се Сократ и
Платон, Демокрит, Диоген и Талес, Евиклидиј геометарот, и многу други грчки и римски филозофи, како и
Електра, Хектор и Енеј. Во овој круг нема физички маки, но големите поети и филозофи се опфатени од тага,
зашто не се приопштиле кон Христовата наука, бидејќи се родени пред неговата ера. 
Во оваа песна многу јасно се гледа раздвоеноста на погледите на Данте, кој е најголемиот поет во средниот
век и предвесник на ренесансата. За одбележување е тоа што во описот на овој круг се спомнува зеленило,
зелена полјана, а инаку во многубројните описи на пеколот, има црна боја – бојата на мракот и димот, и
црвена боја – на огинот – пламенот. (Во Чистилиштето преовладуваат меките бои: зелена и сина, а во рајот
силна светлина ).
Петта песна 
И во оваа песна се гледа раздвоеноста на Данте: со големо сочуство тој ја опишува нежната страст што ја
довело Франческа до изневера на нејзиниот маж, за кого била омажена без нејзина волја, а кој бил жесток и
суров човек. Поетот разбира како е понижено нејзиното човечко достоинство со насилно мажење и со
жестока одмазда од мажот, која е преголена за нивниот грев (Паоло и Франческа се убиени од нејзиниот маж
кој е постар брат на Паоло). Но при сета таа симпатија спрема несреќната двојка, и при сето разбирање за
нивните чуства, тој пак им го одредува местото во пеколот, затоа што не се раководеле од должноста и
разумот.
Шеста песна 
Во третиот круг на пеколот се лакомите и пијаниците. Тие лежат во кал, а студен, незапирлив дож ги удира
по телата. Штом ќе излезат од калта, веднаш пак паѓаат во неа „напред со главата“, органот на вишите
стремежи за кои тие заборавите во животот. Сликата на гадната кал во која се мачат оние што се оддавале
само на јадење и пиење, го симболизира одсуството на духовен живот о повисоки цели во животот. За
одбележуавање во оваа песна е и сликата на политичката положба во Италија.
Седма песна 
Чувар на четвртиот круг е Плутон, митолошки лик, бог на богатството. Во четвртиот круг се мачат скржавите
и расипниците. Тие туркаат тешки вречи со злато и постојано се подбиваат едни на други. Потоа поетите
слегуваат низ калта на Стикс во петтиот круг.
Осма песна 
Врз чунот, со кој двајцата поети пливаат, се нафрла бесно душата на фиорентинецот Филипо Аргенти,
политички противник на Данте, познат по својата жестокост. Вергилиј му препорачува да го потопи чунот.
Разгневени ѓаволи се нафрлаат на двајцата поети; вергилиј го храбри уплашениот Данте во очекувањето на
небесна полош. Тука во петтиот круг се мачат гневните и глобните.
Деветта песна 
Поетите го наближуваат пеколниот град Дис од чии зидови гневните фигури го заплашуваат Данте, а
погледот на Медуза може да го претворе го камен. Самиот Вергилиј не е спокоен. Напомош им доаѓа ангел и
ги спасува. Поетите навлегуваат во едно место покриено со гробници, згорештени од вечен огин што се вие
како змии меѓу нив. Тука, во тие гробмници на шестиот круг се мачат еретиците- кривоверците.
Десета песна 
Од еден гроб се исправа гордо фигурата на Фарината Деи Уберти, познат на Данте како водач на политичка
партија и храбар војник. Осуден е тука за кривоверство и не верувал во бесмртноста на душата.
Единаесетта песна 
Поетите проседнуваат на одмор, за да се привикнат постепено н атешката смрдеа што доаѓа од подлабоките
кругови на пеколот. Вергилиј говори за тие круговио (последни три), каде се мачат три вида насилници
спрема другите (грабачи, лихвари и др.), спрема себеси (самоубиците) и спрема природата и бога.
Поважни епизоди од другите песни
Поетите слегуваат во седмиот круг каде што се мачат лихварите и ограбувачите. Во овој круг се и
самоубиците. Особено сликовито е опишана гората на самоубиците – гора на сиви, искривени дрвја, без лисја
и без плод. Гората е исполната со плачеви од невидливите души на самоубиците. 
Осмиот круг има десет одделенија. Тука, меѓу другите, се мачат и симонитите, оние папи, кардинали и др.
што тргувале со верата, продавале индулгенции (проштевање на гревови), ги продавале за пари
свештеничките служби. Алчноста за пари, трговијата со верата на луѓето предизвикувале длабоко огорчување
дуги и кај луѓето со искрена религиозна вера. Во осмиот круг се лажните пророци, чии лица сега се свртени
накај грбот, така што гледаат секогаш назад, тие плачат од мака, а солзите им се ронат по грбот. Тука се и
лицемерите кои маршираат со тивки стапки под тешки шлемови од одлово однадвор позлатенни (симбол на
нивното лицемерие). Тука се мачат секаков вид измамници.
Во најдлабокиот деветти круг на пеколот, каде владее вечна зима и мраз, се мачат предавниците. Тука е и
владетелот на пеколот Луцифер. Лицето му е обоено со три бои и има три усти. Од крајните две висат телата
на Брут и Касиј, а со средната уста Луцифер ја раскинал главата на Јуда.
Данте и Вергилиј преминуваат низ центарот на земјата (каде завршува куповидната пропаст на пеколот) и
преминувајќи на другата полусфера од земјата, согледуваат ѕвезди.
чуварот на пеколот Харон.

You might also like