You are on page 1of 4

Дали смртта е од Бога – Отец Џејмс 

Бернштајн

Двајцата мои родители веќе беа упокоени во тоа време, тато во февруари 1978 година,
а мама истиот месец во 1983 година. Враќањето назад на Источниот Брег значеше дека се
вратив во мојот дом минус моите родители, чии гробови ги посетив во Седар Парк
Еврејските гробишта во Вествуд, Њу Џерси. Нивното отсуство, како и фактот дека нашите
деца никогаш нема да ги запознаат во овој живот, ме предизвика да размислувам за
реалноста на смртта и нејзиното потекло. Соодветно беше посериозно да ја испитам оваа
тема, бидејќи веќе бев семинарец.

Отсекогаш имав посебна почит за првата книга од Библијата – Битие. Ова делумно се
должеше на фактот што кај некои Евреи, еден начин на учење на децата како да читаат
хебрејски јазик, е да се почне од почетокот, односно со првите стихови на Битие. Битие се
однесува на тоа како човечкиот грев и смрт се појавиле кога Адам и Ева не Го послушале
Бог и јаделе од забранетото овошје во Едемската градина.

Писмото вели: “И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: «Од секое дрво во
градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него
не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш» (Битие 2:16,17). Без оглед на
тоа како извадокот се толкува – дали буквално или фигуративно -сите толкувања
претпоставуваат дека човекот се одвратил од Бога, а како резултат, отпаднал од состојбата
на блискост со Бога до состојба на конфузија и смрт. Гревот, смртноста и смртта, и
духовно и физички, беа директна последица на непослушноста на човекот.

Во овој случај кој се нарекува “Падот”, следните позначајни мислења, кои често се


прават од страна на неправославните цркви, е дека смртта е директен резултат на
казнената пресуда изречена од страна на Бог. Тоа е, Бог постави закон – “да не јадете од
плодот, бидејќи ако јадете, сигурно ќе умрете” – и кога Адам и Ева го прекршија тој закон,
смртта резултира од изјавата за казна од страна на Бог. Акцијата и резултантната казна се
сфаќаат како правна природа. Во ова неправославно разбирање на Падот, Бог немал избор,
освен да изјави дека Адам и Ева ќе умрат. Казнената постапка беше изискувана од страна
на потребата за која Самиот Бог бил врзан. Што беше таа неопходност? Потребата да се
биде праведен.
Искрено речено, јас никогаш не размислував за ова подлабоко. Сега разбирам дека
верував во тоа дека бидејќи Бог е праведен, Тој едноставно не можел да им ги прости
гревовите на Адам и Ева. Затоа, нивната духовна и физичка смрт била директно поврзана
со Божјата праведност. Беше навистина шок да откријам дека она што јас отсекогаш го
сметав за точно и очигледно во врска со оваа најосновна доктрина на Христијанството,
всушност беше лажно и неправославно.

Наспроти овој правен (јуристички) поглед на Падот, Православните тврдат дека кога
Бог му рекол на Адам дека ќе умре ако јаде од забранетото овошје, тоа било едноставна
констатација на факт. Господ во суштина рекол: “Ако вие се одвратите од Мене –
единствениот Извор на животот, тогаш смртта ќе биде исходот”. Православните ја сфаќаат
таа изјава како предупредување, а не закана или одмаздничка правда. Свети Григориј
Палама (XIV век) го опишува овој случај на следниов начин:

Оние кои слушаат такви изреки со мудрост, веројатно знаат дека Бог не ја создал ниту
смртта на душата, ниту смртта на телото. Бидејќи на почетокот, Тој ниту наредил, велејќи:
“Умри во денот кога ќе јадеш”, туку „Во денот кога ќе јадеш, ќе умреш’. И ниту рече:
“Врати се во земјата”, туку “…ќе се вратиш”, објавувајќи го тоа претходно и дозволувајќи
ја слободата, та дури и оправдано не го исклучил исходот.

Писмото вели: Бог им рекол на Адам и Ева дека ако јадат од плодот на дрвото на
познанието на доброто и злото, тие ќе умрат. За првпат сфатив дека Бог не вели: “Ќе ве
убијам“, туку “ќе умрете”. Бидејќи само Бог има живот во Себе и е Извор на сиот живот,
тогаш само живот може да произлезе од Него. Одвраќајќи се од Бог, Изворот на животот,
човекот се свртел кон смртта.

Јадејќи од овошјето, Адам и Ева престанаа да Го сакаат Бога. Тие престанаа да бараат
од Него издршка за себе, храна за себе, и наместо тоа, го јадеа овошјето што го
претставува светот. Јадејќи го светот, тие бараа прехрана за себе од самото создание,
наместо од Бога. Значи, со ова дело, првите родители бараа да Го исклучат Бог од својот
живот и да живеат самостојно.

Во Православната мисла, големиот грев  не е во тоа што тие не го послушале законот,


туку во тоа што тие барале да откријат знаење и храна, одвоено од Бог. Свети Василиј
Велики пишува:

Бог е живот, и лишувањето од животот е смрт. Така, Адам си подготвил смрт за себе
преку неговото одвраќање од Бога … Затоа, Бог не ја создал смртта, туку ние ја
навлековме врз себе преку нашата зла цел. Ниту пак Тој го спречил распаѓањето… така
што болеста да не биде зачувана бесмртна во нас.

Спротивно на тоа, Римо-католичкиот Собор во Трент (1546 год) наведува:

Ако некој не исповеда дека првиот човек, Адам, кога ја прекрши Божјата заповед во
Рајот, веднаш ја загуби светоста и праведноста за која тој бил одреден  и дека го навлекол,
преку престапувањето со тоа  искривување, гневот и лутината на Бога, а со тоа и
смртта, со која што Бог претходно му се закани, и заедно со смртта, ропството под
моќта на оној, кој оттогаш ја има власта над смртта, така да се каже, ѓаволот, и дека
целиот Адам, преку тој прекршок со искривувањето, беше изменет, во телото и душата, на
полошо, нека биде анатема (акцентирањето е мое).

Колку повеќе размислував, толку повеќе разбрав дека разликата помеѓу двете
гледишта не може да се преувеличи: неправославнот поглед истакнува дека смртта е
директна Божја одмаздувачка пресуда за човекот заради прекршување на Неговиот
закон, додека Православното гледиште истакнува дека смртта е  самонаметната состојба
која резултирала од тоа што човекот се оттргнал од Бог, Кој е единствен Извор на живот.

Разликите се од клучно значење, бидејќи ако верувам  дека смртта е некако од Бога, јас
ќе бидам во искушение да Му пријдам на Самиот Бог како на пречка којашто мора да се
надмине, ако сакам да стекнам спасение. Јасно, целта тогаш е смилостување на Бога. За
жал, некои христијани Тројството го гледаат на овој начин: на Бог Отецот се гледа како на
сосема недостижна Старозаветна прадревна фигура со долга, распуштена бела брада –
жесток, груб, одмаздољубив и без жалост. Тој е Бог на правдата и судот, како викиншкиот
бог Один, кој испратил светлосни громови врз слабиот, изнемоштен и смртен човек.
Спротивно на тоа, на Исус Христос се гледа како на љубовно, внимателно, нежно Јагне
Божјо, Кој како Син се обидува да Го смири Неговиот лут Татко. Светиот Дух е чудна
Личност, па Тој обично се игнорира.

Дева Марија е блага, чувствителна, добра женска фигура која е лесно пристаплива,
многу хумана. Така, меѓу оние кои имаат вечен страв од Отецот, постои тенденција да има
пропорционално повеќе молитви упатени кон Блажената Мајка за застапување. Таа Му се
обраќа на нејзиниот Син во нивно име, само како што мајката може тоа да го направи,
поттикнувајќи Го да му пријде на непристапниот Отец. Во оваа шема на нештата, Отецот
е Оној Кој луѓето сакаат да Го избегнат по секоја цена. Всушност, Тој станува фигура
околу која треба да се истрча последен круг, со цел да се влезе во рајот. Ова можеби звучи
како претерување, но познавам благочестиви и побожни христијани, кои Го гледаат
Тројството и Дева Марија многу како што опишав.

Спротивно на тоа, Православното разбирање на Падот се фокусира на нашата положба


или состојба, а не на прекршениот законот на Божјиот осудувачки гнев. Се центрира на
состојбата на Адам и Ева како суштина за тоа кои биле тие и како тоа беше сменето
поради нивното непослушание. Со одвратувањето далеку од Бога, Изворот на животот,
тие почнаа да умираат. Прашањето не е правно или јуридичко, туку онтолошко. Во
извесна смисла, тоа нема никаква врска со Бога, туку сè со човекот. Тоа е помалку
релационо прашање, а многу повеќе прашање на внатрешната промена на срцето во
најдлабоко ниво.

Бидејќи смртта не се гледа како правно прашање, ниту пак и нејзиниот лек. Отец Јован
Романидес напиша книга со добри истражувања на оваа тема, наречена Наследниот грев,
во која пишува:

Како што ќе видиме, правно урамениот проблем за вината наследена од Адам и, како
последица на тоа, казнување на човештвото поради престап против Божјата правда, дури и
не постојат за грчките отци, едноставно затоа што тие го доловуваат тоа дека Бог не е
причина за смртта. Повлекување на човекот од Бога во својата смрт, како слобода на
човековата волја, е надвор од јурисдикцијата на Бога. И тоа е надвор од Негова
надлежност по Негова волја. Фактот дека Бог го посакува спасението на сите, не значи
дека сите се спасени. Бог спасува само преку љубовта и слободата. Поентата е токму она
што теолозите под влијанието на Августин никогаш не го разбраа.

Моето младешко искуство во јудаизмот ме научи дека Бог љуби. Иако имавме многу
закони за да ги исполниме, Бог секогаш беше претставен како милостив и како Оној што
простува. Спасението никогаш не беше учено како наше избавување од Божјиот гнев. Во
моите осумнаесет години како протестант, почнав да го гледам спасението како наше
спасение од гневот на Бога и од пеколот што Тој го создал за изгубените. Спасението во
суштина значеше да се избегне пеколот и да се оди на небото. Сега, како Православен,
научив дека спасението значи да се биде спасен не од Божјиот гнев, туку од силата на
трите големи непријатели: гревот, смртта и ѓаволот.

Извор: Маран Ата

You might also like