You are on page 1of 10

Топ 10 библиски мистерии

Библијата е извор на непобитни вистини за преку милијарда


луѓе во светот, но со книга толку стара, со текот на времето почнуваат да се раѓаат
разни шпекулации во врска со фактите содржани внатре. Оваа листа се сосредоточува
на некои од историските мистерии, а покрај тоа и на некои теолошки мистерии кои
што се наоѓаат во Библијата. Тоа се теми кои што ги фасцинираат како учените
теолози, така и обичните мирјани.

10. Светиот Грал

Мистеријата: Каде се наоѓа Светиот Грал?

Според христијанската митологија, Светиот Грал претставува сад, чинија или пак чаша
која што Исус ја употребил на Последната Вечера, за која што се вели дека поседува
чудесни моќи. Поврзувањето на Јосиф од Ариматеја со легендата за Светиот Грал
потекнува од доцниот дванаесетти век според која Јосиф го прима Светиот Грал од
привидението на Исус и со своите следбеници го носи во Велика Британија.
Верувањето во Гралот и неговиот потенцијал никогаш не спласнало. За повеќе групи
се сметало дека го поседувале во своја сопственост (вклучувајќи ги тука и витезите
темплари, веројатно затоа што тие биле на врвот на својата моќ во времето кога
приказните за Светиот Грал се уште кружеле помеѓу обичниот народ). Во повеќе цркви
има пехари за кои што се тврдело дека се Светиот Грал, како на пример катедралата
Света Марија од Валенсија каде што се чува артефактот наречен Светиот Пехар (на
сликата погоре – забелешка, оригинал е само најгорниот дел, кој што е во вид на чаша),
кој што наводно Св. Петар го однел во Рим во првиот век, а потоа истиот бил однесен
во Уеска во Шпанија од страна на Св. Лоренцо во третиот век. Валенсискиот пехар
навистина ја има репутацијата на вистинскиот Свет Грал, бидејќи научно е докажано
дека садот е направен во периодот помеѓу 4. век пр.н.е. и 1.век од нашата ера, и тоа на
просторот на Средниот Исток. Според други верувања, Светиот Грал е закопан под
Рослинската капела или пак лежи длабоко во водите на изворот кај Гластонбери Тор.
Има и уште верзии за судбината на светиот сад, како таа дека тој е чуван од страна на
наследни заштитници на Гралот, или пак дека бил скриен од страна на темпларите во
Оук Ајленд, Нова Скотија.

9. Ковчегот на заветот

Мистеријата: Каде се наоѓа познатиот Кивот?

Ковчегот на заветот, уште наречен и Кивот, е ковчегот во кој што според Библијата се
сместени камените плочи на кои што биле запишани Десетте Божји заповеди, како и
стапот на Арон и сад со мана – света храна која што Бог му ја дал на народот на Израел
за пат низ пустината. Ковчегот бил чуван во Ерусалим се додека Вавилонците не го
ограбиле и уништиле храмот. Оттогаш, ковчегот влегол во доменот на легендите
бидејќи му се губи секоја трага засекогаш. Некои од теориите во врска со неговата
местоположба се: свештениците намерно го закопале ковчегот под Ридот на
храмовите; ковчегот бил изнесен од Ерусалим поради јавувањата за напредувањето на
Вавилонците; ковчегот бил однесен од етиопскиот принц Менелик I. Ископувањата од
наше време близу Ридот на храмовите откриле тунели, но копањето под самиот Рид на
храмовите е строго забрането. Едно од најзначајните исламски светилишта, Златната
џамија (или Омаровата џамија) лежи на местото каде што наводно некогаш стоел
Првиот храм на Соломон. Според Библијата, кога кралот Соломон го градел храмот,
Ковчегот на Заветот го ставил на платформа која што можела да се спушти во систем
на тунели во случај храмот да биде заземен. Според тоа, тоа место и најверојатно е
местото каде што се крие светиот ковчег.

8. Содом и Гомора

Мистеријата: Дали тие биле вистински градови и ако биле каде се


наоѓале?

Поради гревовите кои што ги чинеле жителите, Содом, Гомора, Адмах и Зебоим биле
уништени со „сулфур и оган од страна на Господарот на небесата“ (Книга на
постанокот 19; 24-25). Во христијанството како и во исламот имињата на овие градови
се синоними за непростлив грев, причина за пад и провербијалното покажување на
Божјиот гнев. Археолозите се уште спорат околу тоа дали Содом и Гомора навистина
постоеле во историјата. Според Библијата, тие се наоѓале близу Мртвото море. Можни
кандидати за Содом и Гомора се археолошките наоѓалишта откриени од Волтер Е. Раст
и Р. Томас Шоб во 1973, како и Баб ед – Дра, локалитет ископан во 1965 од страна на
археологот Пол Лап. Други можни места се Нумеира, Ес Сафи, Феифех и Каназир, кои
што исто така биле посетени од Шоб и Раст. Сите тие места се наоѓаат близу Мртвото
море, со траги од оган и сулфур на многу од камењата, како и знаци за ненадеен
престанок на населувањето на тие места кон крајот на бронзената ера.

7. Рајската Градина
 

Мистеријата: Каде се наоѓа Рајската градина?

Додека повеќето теолози и проучувачи на Библијата сметаат дека приказната за


Рајската градина веројатно не треба да се сфаќа буквално, некои луѓе веруваат дека тоа
место навистина постоело. Понатаму, во Библијата има и податоци кои што би можеле
да ни дадат извесни координати за местоположбата на истото. Според Книгата на
постанокот, географската локација на градината, како и на самиот рај била на
просторот помеѓу четирите реки (Пишон, Гихон, Тигар и Еуфрат) и трите региони
(Хавила, Асирија и Куш). Според некои претпоставки Едем се наоѓал при  горните
текови на Тигар и Еуфрат (северна Месопотамија), во Ирак (Месопотамија), Африка
или пак Персискиот Залив. Иако вистинската локација е целосна мистерија, има еден
особено фасцинантен пресврт во приказната: Во Библијата се спомнува дека Етиопија
е близу или пак ја опкружува Рајската градина (Книга на постанокот 2:13): „И името на
втората река е Гехон: истата ја обиколува сета земја Етиопија“. Од 1974 наваму
палеонтолозите ископувале шест милиони години на живот и заклучиле дека Етиопија
е научно докажаната локација на настанокот на човекот, научно докажаната Рајска
градина. 

6. Библиски кодови
Мистеријата: Се чини дека во Библијата има кодирани пораки; дали тоа
е случајност?

Библискиот код, уште познат и како кодот на Тората, претставува серија на пораки кои
што наводно се содржат во текстот на Библијата, кои што кога ќе се дешифрираат
наводно содржат предвидувања и пророштва. Проучувањето и резултатите од овие
шифри се популаризирани во книгата The Bible Code. Примарниот метод според кој
што наводно биле откриени пораки од големо значење е наречен "ELS" (Equidistant
Letter Sequence) кој што функционира така што одбирате почетно место од каде што ќе
дешифрирате (во принцип било која буква од текстот) и потоа сите зборови ги
поврзувате без оставање на место, и потоа прескокнете одреден број на букви, најчесто
непарен, и кога така ќе стасате до наредната буква, повторно прескокнувате ист број на
букви како и претходниот пат. Се разбира, за да го пробате тоа со Библијата, ќе треба
да знаете староеврејски. Новинарот Мајкл Дрознин успеал во 1994 да го предвиди
атентатот врз израелскиот премиер Ицак Рабин во 1995 токму  преку библискиот код.

5. Изгубените племиња
 

Мистеријата: Што се случило со изгубените племиња?

Изразот Десетте изгубени племиња на Израел се однесува на древните израелски


плениња кои што исчезнале од библиските сеќавања откако Царството на Израел било
уништено, поробено и протерано од страна на древна Асирија. Многу еврејски групи
имаат развиено доктрини според кои што постоењето на овие племиња продолжило
под сокриена форма, или пак им претстои идно враќање на сцената на историјата. Тоа
тврдење делумно е основано врз пишаната религиска традиција, и делумно врз
шпекулации. Во изминатите времиња имало најразлични, па дури и некои бизарни
претпоставки за тоа кои би можеле да бидат потомците на изгубените племиња.
Според некои теории тоа би можеле да бидат Ирците, Индијанците во Америка,
Британците, па дури и Јапонците. Евреите Каифенг (на сликата погоре) од Кина тврдат
дека тие се потомците на едно од изгубените племиња.

4. Фараонот од Егзодусот
 

Мистеријата: Кој бил фараонот од Книгата на егзодусот?

Фараонот од Егзодусот бил владетелот кој што владеел со древен Египет во времето на
егзодусот на Евреите. Но тука се поставува прашањето, кој точно би можел да биде тој
фараон? Приказната за поробувањето на Децата на Израел, чумите со кои што Бог го
присилува фараонот да ги ослободи, и нивниот премин преку Црвеното море при што
успеваат да и избегаат на египетската армија која што ги прогонува, за сето тоа пишува
во Библијата, во поглавјата во Книгата на егзодусот. Но фараонот не е именуван – тој е
означен единствено со „фараонот“ – и прашањето за неговиот идентитет било предмет
на бројни расправи помеѓу тие кои што веруваат дека егзодусот е вистински историски
настан. Во популарната култура најчесто се смета дека тоа бил Рамзес Велики, иако од
ниеден документ или пак археолошко откритие не може да се утврди дека тој морал да
се справува со чуми, ниту пак дека ги бркал еврејските робови додека тие бегале од
Египет. Има и еден податок оставен од Мернептах, во форма на поема од
таканаречената „Израелска стела“ или „Победничката стела на Мернептах“ во кој  што
се спомнува наводното безмилосно уништување на Израел при неговиот поход на
Канаан;  „Израел беше збришан.....му се затре семето“.   Но освен тоа нема никаков
доказ кој што силно би можел да го поткрепи точниот идентитет на фараонот спомнат
во Егзодусот.

3. Ноевиот ковчег
 

Мистеријата: Каде се наоѓа Ноевиот ковчег?

Барем уште од времето на Еусебија (275 – 339) па се до денешен ден, потрагата по


остатоците на Ноевиот ковчег ги восхитува христијаните, евреите и муслиманите
подеднакво. И покрај многуте гласини и тврдења за наводните откритија и експедиции,
ниеден научно потврден податок кој што би можел да се поврзе со коработ на Ное се
уште не е пронајден. Потрага по ковчегот била наречена „бркање на диви гуски“ од
некои археолози. Трагачите по ковчегот имале многу малку нешта кои што би можеле
да ги наведат на трагот на ковчегот, освен спомнувањето на „планините на Арарат“ во
Книгата на постанокот. Некаде во средината на деветнаесеттиот век археолозите
идентификувале кралство и регион од првиот век пр. н. е. наречен Урарту, кои што
постоеле во времето на асирската империја и на раните царства на Јуда и Израел.
Урарту се наоѓало во планините на денешна Ерменија и источна Турција. Се до
деветнаесеттиот век овој регион не бил доволно гостопримлив за луѓето од западниот
свет, така што не била возможна никаква позначајна експедиција во потрага по
Ноевиот ковчег. До почетокот на дваесет и првиот век се појавиле две можни места
каде што завршил Ноевиот ковчег: таканаречената Араратска аномалија (на сликата
погоре) близу главниот врв на Арарат (аномалијата се состои во тоа што на
воздушните и сателитските снимки се појавува како темна дамка на снегот и мразот на
врвот); второто место е Дурупинар близу Догубавазит, 29 километри јужно од Арарат.
Тука можете да прочитате интересна статија за најнеодамнешното откритие на
скаменето стебло кое што наводно е дел од еден од ѕидовите на коработ.

2. Возљубениот ученик
Мистеријата: Кој бил возљубениот ученик?

Една од најголемите мистерии при проучувањето на Библијата се однесува на


идентитетот на „ученикот возљубен од Исус“. Според Евангелието на Јован, тоа бил
ученикот кој што се потпрел на Исус за време на Последната вечера, и единствениот
машки ученик кој што присуствувал на чинот на распнувањето. Згора на тоа, во
Евангелието според Јован 21;24 се навестува дека всушност целото тоа Евангелие е
напишано според сеќавањата на токму тој ученик. Сепак, чудно е тоа што никаде не се
спомнува неговото име. Останатите три Евангелија исто така не го кажуваат неговото
име. Всушност, тие воопшто не го ни спомнуваат  „возљубениот ученик“ (како што
често се нарекува). Во нив исто така не се спомнува ниту за никакво потпирање врз
Исус за време на Последната вечера, ниту пак присуство при распнувањето. Целосниот
молк во врска со тоа само ја зголемува мистеријата. Многу учени сметаат дека
возљубениот ученик бил Лазар, братот на Марија и Марта од Бетанија, и човекот кој
што Исус го кренал од мртвите. Причината поради тој ученик е наречен „возљубениот“
е поради тоа што кога сестрите го повикале Исус да му помогне на Лазар, му кажале:
„Господару, тој кој што го љубиш е болен“. Некои современи теоретичари дури велат
дека возљубениот ученик всушност била Марија Магдалена – мисла која што сосем
сигурно би го импресионирала Ден Браун.

1.Авторството на Евангелијата
 

Мистеријата: Кој ги напишал Евангелијата?

Евангелијата најверојатно се најзначајниот дел од Новиот Завет, и се до


осумнаесеттиот век нивното авторство општо земено не било доведувано во прашање,
Но како што современите учени ја истражувале историјата на четирите книги, тие
почнале да го поставуваат под знак прашање општо прифатениот факт дека тие биле
напишани од Матеј, Марко, Лука и Јован. Почнало многу да се шпекулира (најмногу
поради редоследот на пишувањата во книгите) дека евангелијата биле пишувани од
луѓе кои што ги познавале апостолите, но не и од самите апостоли. Тоа е мистерија
која што веројатно никогаш нема да биде решена, освен ако не се појави некој
круцијален изворен документ за општите места во евангелијата, кој што би ги објаснил
разните недоследности кои што одат во прилог на теоријата дека тие не биле пишувани
од апостолите.

You might also like