Metodika Seminarska, Nabljuduvanje Od Praksa

You might also like

You are on page 1of 5

Час бр.

Дата: 29.09.2015

Училиште: СОУ “Славчо Стојменски”

Ментор за пракса: Наташа Костадинова

Клас: I -3

Задачи за набљудување/Observation tasks:

1. The teacher’s position and body language


2. Instructions
3. Engagement/interest

Целта на овој час е да се изучуваат фрази и изрази во англискиот јазик кои ги содржат
зборовите “love”, “astonishment”, “surprise” и сл

Задача за набљудување 1: The teacher’s position and body language

Професорката не се движеше,т.е. стоеше во едно место до катедрата и немаше доволно добар


говор на телото. Првите триесетмина минути од часот таа стоеше во место, а подоцна се
движеше само покрај првите редови од ученици, па затоа и поради тоа останатите ученици не
беа воопошто претпазливи и активни. Секој професор треба да биде сигурен во тоа што го
зборува и знае, а оваа професорка од време навреме се подзамислуваше и правеше чудни
гестови кои предизвикуваа реакции на тивко исмевање од страна на учениците во последните
клупи.

Задача за набљудување 2: Instructions

Професорката постојано бараше внимание од страна на учениците, но поради тоа што беше
малку тивка, дел од учениците неуспешно ги реализираа нивните задачи. Таа даваше доволно
јасни инструкции, воедно им даваше примери на листови хартија на кои имаше напишано
примери со фразите кои тие требаше да ги учат за време на часот. Меѓутоа, подобро би било
доколку таа отпрвин им ги дадеше инструкциите, а подоцна поделеше листовите, бидејќи
откако им ги подели повеќето ученици гледаа во нив наместо да ги следат нејзините
инструкции.

Задача за набљудување 3: Engagement/interest

Само дел од учениците изгледаа заинтересирани за лекцијата. Останатиот дел си шепотеа


меѓусебно, си сурфаа на интернет на нивните телефони, и тивко правеа се друго освен
следење на професорката. На почетокот скоро сите ја следеа професорката, но со текот на
времето се намалуваше бројот на заинтересирани ученици. Во последните 10 минути веќе
можеше да се забележи нестрпливоста на некои од учениците за до крајот на часот. Тоа е така
поради тоа што професорката недоволно ги мотивираше учениците, бидејќи не секој ученик се
мотивира на едноставен начин, односно кај некои ученици треба вложување на поголем
напор за да се постигне целта и да биде внимателен како другите.
Час бр. 2

Дата: 29.09.2015

Училиште: СОУ “Славчо Стојменски”

Ментор за пракса: Лилјана Стојчева

Клас: II-1

Задачи за набљудување/Observation tasks:

1. The teacher’s position and body language


2. Engagement/interest
3. Meaning

Целта на овој час е повторување на “active and passive forms”, и подобрување на граматичките
вештини кај учениците во однос на употреба на глаголските времиња.

Задача за набљудување 1: The teacher’s position and body language

Професорката имаше добар говор на телото и во поголемиот дел од часот се движеше покрај
учениците и ги проверуваше нивните задачи. Додека објаснуваше, таа правеше соодветни
гестови и добар опис даваше преку имитирање на некои ситуации од реченици и текстови кои
што беа веќе зададена задача за препознавање и формулирање на правилни форми од нив.
Од време навреме се насмевнуваше и ќе се нашалеше кон учениците, за да не ги демотивира,
односно да за им даде стимул за понатамошно успешно извршување на нивните задачи и
следење на лекцијата.

Задача за набљудување 2: Engagement/interest

Поголемиот број од учениците ја следеа професорката и беа активни во однос на извршување


на задачите кои им ги задаваше таа. Преку решавање на реченици со излегување на табла, се
намалуваше интересот кај останатиот дел од учениците кои не беа доволно активни во
почетокот на часот. Меѓутоа, професорката се трудеше да ги активира и останатиот дел од
учениците, со тоа што го имаше поделено времето на тој начин што секој ученик ќе добие
шанса барем два пати да излезе на табла и да го напише она што го има решено во тетратката.
Подоцна, и оние кои не беа заинтересирани, сфатија дека треба да се активираат и да
решаваат, бидејќи повторно ќе бидат прозивани за на табла кога ќе им дојде редот.

Задача за набљудување 3: Meaning

Професорката се труди да им даде правилни инструкции и да доволно објаснувања да даде за


пасивната и активната форма на речениците преку примери. Во текот на часот, некои од
учениците грешеа, но професорката ги корегираше, и потоа им ги укажуваше грешките, а на
крај ученикот кој што ја имаше направено грешката излегуваше на табла и ја пишуваше
реченицата за сите. Јас мислам дека овој вид на проверка и подобрување на знаењата е доста
ефикасна активност, бидејќи и оној дел од учениците кои што то не беа активни и
заинтересирани се активираа до крајот на часот.
Час бр. 3

Дата: 06.10.2015

Училиште: ООУ “Ванчо Прќе”

Ментор за пракса: Ана Везенкова

Клас: VII -2

Задачи за набљудување/Observation tasks:

1. Engagement/interest
2. Learner participation
3. Boardwork

Целта на овој час изучувањето на прилозите за зачестености и подобрување на говорните


способности преку инструкции за правилен изговор преку “listening exercises”.

Задача за набљудување 1: Engagement/interest

Заинтересираноста кај учениците е многу мала поради тоа што многу време се троши за
советување од страна на професорот за работи кои што се случуваат надвор од училницата.
Наставничката не се труди да ги мотивира учениците преку задавање на интересни активности,
работа во парови и сл. Повеќето од учениците си зборуваат меѓусебно и не се трудат да ја
следат наставничката. Интересот кај учениците е голем само кога станува збор за корегирање
на грешка во изговор кај нивни соученици, воедно ова предизвикува и голема врева во
училницата.

Задача за набљудување 2: Learner participation

Само неколку ученици беа заинтересирани и учествуваа во активностите и навремено ги


извршуваа нивните задачи во текот на часот. Околу една третина од учениците креваа рака,
додека останатите воопшто не сакаа да се активираат и да одговараат на прашањата кои ги
поставуваше наставничката. Мнозинството од учениците не сакаат целосно да го користат
англискиот јазик додека одговараат на прашањата. Според возраста на учениците, би било
корисно кога во поголем дел од часот комуникацијата со наставникот и учениците меѓусебно
би била на англиски јазик, а овие ученици го избегнуваа тоа.

Задача за набљудување 3: Board work

Наставничката не ја користеше таблата додека објаснуваше. Таа ги активираше учениците да ја


користат таблата, им даваше да читаат реченици, да ги пронаоѓаат прилозите в о нив, потоа да
излезат да ги запишат на таблата, па ѓи преведуваа. Она што се запишуваше на таблата не
беше доволно јасно и разбирливо за поголемиот дел од учениците, бидејќи таблата не беше
добро избришана од она што претходно било пишувано. Некои од учениците не препишуваа
се од она што им беше дадено на таблата во нивните тетратки, или поради тоа што неможеа
да го разберат, или поради тоа што недоволно беа мотивирани во текот на часот.
Час бр. 4

Дата: 06.10.2015

Училиште: ООУ “Ванчо Прќе”

Ментор за пракса: Ана Стоилова

Клас: II -5

Задачи за набљудување/Observation tasks:

1. Boardwork
2. Mother tongue use
3. The teacher’s position and body language

Целта на овој час е да се потсетат учениците на вокабуларот што го имале изучено претходната
година (имиња на животни, делови на телото), и преку интересни презентации да се
мотивираат учениците кон изучување и разбирање на новата тематска единица.

Задача за набљудување 1: Boardwork

Наставничката користи техника на презентирање преку Power Point презентации со помош на


проекторот во училницата. Бидејќи ова е час за повторување, таа не се служи со таблата затоа
што учениците доволно се сеќаваат на зборовите изучени од лани, и нема потреба од тоа
повторно да се запишуваат тие зборови и да се губи време. Наместо цртање на таблата и
губење време, таа им подели додатен материјал со веќе нацртани животни и делови од
телото, и им даде за задача да ги именуваат и кажуваат на глас сите заедно.

Задача за набљудување 2: Mother tongue use

Во голем дел од часот, и наставничката и учениците го употребуваа англискиот јазик. Дури


изненадуваше тоа колку учениците се способни да го користат англискиот јазик во училницата
според нивната возраст. Сепак, наставничката знаеше кога е потребно да објаснува на
македонски, и го употребуваше во некои периоди од часот кога им објаснуваше нешто што
полесно би го разбрале тие доколку го слушнат прво на македонски.

Задача за набљудување 3: The teacher’s position and body language

Наставничката стоеше во текот на целиот час. Додека објаснуваше таа имаше одличен говор на
телото, зборовите кои што ги објаснуваше ги опишуваше со помош на движење на рацете и сл.
Постојано беше насмеана и благо расположена, со одлично емоционално однесување кон
учениците. Во текот на активноста слушање, повторување и пеење, таа им дозволи на
учениците да станат и да играат, а таа весело и без колебање им се придружи во активноста.
Час бр. 5

You might also like