You are on page 1of 8

ВИСОКА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО

JАВНОСТА

Студиска програма: новинарство

Теоријата за преговарање на ликот низ филмот „The Joy Luck Club“

- Семинарска работа -

Студент: Наставен професор:

СКОПЈЕ
Содржина:

1
Вoовед........................................................................................... ..............................
.....3

Филмската приказна на The joy luck club……………………………...


………………3

Теорија за преговарање на
ликот……………………………….................................4

Клучни елементи на теоријата и нејзино објаснување преку сцената од


филмот…………………………………………………………………………………………..
4

„The joy luck


club“…………………………………………………………………………….5

Ликот е метафора за сликата за


себе....................................................................7

Заклучок......................................................................................................................
.....8

2
ВОВЕД

 Традиционални норми, вредности, верувања и однесувања од страна на


поединецот.

 Промена преку сопствено дејствување за измени во традиционалните


културни елементи.

Ова се главните компоненти кои ја сочинуваат културата, најстарата човечка


одлика која настанала истовремено со човекот. Разбирање и оценување на
човечката активност. Општествените норми на однесување ги претставуваат
правилата на однесување на една култура. Под влијание на традиционалните
рамки човекот денес една иста работа ја разбира, применува и реализира од
различна перспектива. Влијанието на културното опкружување несвесно се
наметнува во секојдневието појавувајќи се хендикепот за негово
препознавање. И уште ако се додаде дека човекот го формира својот лик со
секојдневната комуникација и прикажување пред другите, може слободно да
се каже дека влијанието на опкружувањето и културното обојување си доаѓа
последователно. Единственото нешто што лично може да се дејствува е
поставувањето на сопствената граница за степенот на влијание и користење
на културнит навики во современето општество.

Филмската приказна на The joy luck club

Филмот „The joy luck club“ е презаситен со психолошки моменти. Ликот


кој се провлекува како носител низ филмот е Јун чија мајка е почината но го
формирала клубот за социјално дружење во кој денес членуваат најдобрите
пријателки на мајката на Јун. Накусо филмот ја раскажува судбината на
Азиските жени и нивните ќерки преселувајќи се од Кина во Америка. Јун не
знае дека има две сестри близначки во Кина, па желбата да ги запознае и се
остварува на крај. Секоја од приказните на пријателките на нејзината мајка е
трагична но завршува со среќен крај. Трите ќерки имаат свој начин на
перцепција на нештата и слободна желба за незавиност. Низ филмот се
преплетуваат прашањата за културните сфаќања, интелегенцијата, развојот
на децата и премногу емоции. Необичното е што четирите мајки во филмот се
израснати во Кина но нивните деца ги воспитуваат и созреваат во Америка.
Сцената за анализа е од конфликтот меѓу мајката Lindo која постојано ја

3
форсира ќерката Waverly да вежба шах истакнувајќи се и себе си и своето
семејство.

Теорија за преговарање на ликот

Желбата за лик е универзален интерес – Brown & Levinson, 1978

Оваа теорија е заснована на ликот и неговите изрази а предложена од Dr.


Stella Ting Toomey, професор за човечки комуникации на државниот
универзитет во Калифорнија. Оваа е една од неколкуте теории кои
експлицитно признаваат дека луѓето од различни култури ги разбираат и ги
управуваат конфликтите на различен начин. Ting Toomey тврди дека иако
ликот е универзален, постојат негови различни претставувања. Тој може да
биде протолкуван на два основни начини.

- Лик на загриженост – се поврзува или со ликот на самиот човек или со


ликот на другиот.

Одговара на прашањето: Дали сакам насочување на вниманието кон мене


или кон другите?

- Лик на потреба – се однесува на поделеноста меѓу вклученоста и


независноста.

Одговара на прашањето: Дали сакам да се поврзам со другите


(вклучување) или пак сакам осаменост (независност)!

Клучни елементи на теоријата и нејзино објаснување преку сцената од


филмот

Активноста на ликот се однесува на вербалните и невербалните стратегии


кои ги употребува за да го одржим, одбрани или надгради неговиот личен
општествен само-имиџ и општествениот имиџ на другите. Постојат три вида
активност на ликот и тоа:

 Солидарна активност – ја зајакнува поврзаноста меѓу двајцата


говорници.

 Одобрувачка активност – да се избегне стравот и да се најдат


позитивните страни на ликот.

 Тактичка активност на ликот – се однесува на степенот до кој една


личност ја почитува независноста на другиот.

4
Според оваа теорија конфликтот оди заедно со ликот и културата.
Конфликтот може да го уништи општествениот лик на поединците и да служи
за намалување на близината на односите меѓу двајца луѓе.

Конфликтот е форум за губење на ликот и негово понижување. Конфликтот


може да ја влоши ситуацијата кога има навредување на другиот или
наметнување на волјата.

„The Joy Luck Club“

Такво наметнување на волјата има и во овој филм. Сцената каде


ќерката Waverly решава да се спротистави на мајката Lindo која и наметнува и
ја тера да игра шах за да биде најдобрата благодарение на интелегенцијата
која ја поседува. Како азиски родители чии деца ги воспитуваат во Америка,
се трудат нивните деца да бидат што е можно повеќе „американизирани“. Тие
се обидуваат да им наметнат обврски на децата и работи кои сметаат дека
треба да ги прават без разлика колку се тие одбивни или привлечни за
децата. Намерата на американците постојано да се биде во трка за
најдоброто може да доведе до културни и социјални проблеми, особено во
ранливата категорија деца. Вистина е дека ќерката во филмот е паметна, но
како што расте го чувствува товарот кој и го наметнува нејзината мајка – да
биде најдобра и непобедлива во шах. Тој товар веќе и пречи на Waverly се до
моментот кога решава дека нема да биде веќе како што сака мајка и.
Независно одлучува дека веќе нема да игра шах бидејќи не сака да го прави
тоа само за семејството да се покажува целото време и да бидат во центарот
на вниманието.

Waverly ги има развиено своите логичко-математички вежтини уште


како дете. Тоа е една од причините поради која таа е толку добра во шахот.
Азијците, особено мајките, го нагласуваат значењето на академското
образование на своите деца. Некои истражувања велат дека тие се спремни
дури и да се изгуби самодовербата на децата за одредени вештини иако се
добри во одредени области. Од едната страна мајката не ја почитува
независноста и изборот на девојчето. Но анализирано од страна на културата,
тоа го прави со единствена причина нејзината ќерка да биде најдобра.
Конфликтот меѓу нив не е спречен бидејќи мајката на некој начин не го
сочувува ликот преку потенцирање дека е одлична во шахот или
математичките вештини, туку само дека мора да продолжи да вежба. Тоа кај
девојчето создава фрустрации и чувство за поигрување со неа поради семејно
прикажување на другите па одбива да го прави тоа.

Обновувањето на ликот е една од активностите кои го сочинуваат


процесот на закана по ликот. Се случува откако ќе се случи губење на ликот.

5
Ting Toomey и Cole забележуваат дека луѓето се обидуваат да го обноват
ликот како одговор на настаните. На пример, оправдувањата и извинувањата
на луѓето се техника за обнова на ликот кога ќе се случи настан на
посрамотување. Извинувањата и оправдувањата на се вообичаени.

 Индивидуализам се однесува на тенденцијата на луѓето да го


нагласат индивидуалниот идентитет над групниот.
Индивидуалните права над групните и индивидуалните потреби
над групните потреби. Индивидуализмот е „јас“ идентитет.
Индивидуализмот ја нагласува индивидуалноста, независноста и
приватноста. Тој вклучува независно размислување и автономија.

 Колективизмот пак гледа надвор од личноста. Тој е нагласување


на групните цели над индивидуалните. Колективистичките
вредности, меѓу другото ја нагласуваат хармонијата,
почитувањето на желбите на родителите и исполнувањето на
потребите на другите.

Девојчето сака индивидуализам а тоа е отстапување на нормите во


нејзиното општество, источните култури. Тие се стремат на колективизам. Не
ги слуша родителите, не го прави тоа што тие и налагаат. Важи дека за
азијците е сосема нормално да имаат родители кои премногу очекуваат од
нив. Преку филмот четирите мајки го прикажуваат нивното трагично детство,
предизвикано пред се од културните навики и верувања во тоа општество.
Ограничени од културата и верувањата на нивните родители поради кои
имаат несреќен живот е она што сега мајките ги тера да го променат кај
своите деца и да живеат американски живот но со азиски корени. Мајката на
девојчето го покажува нејзиниот авторитет но тоа кај девојчето претставува
закана за нејзините лични интереси, желби и потреби. Waverly е гениј во
шахот форсирајќи ја нејзината мајка. Откако се замори од тоа да биде
најдобра и да се покажува пред другите девојчето ја губи својата доверба по
што се создава конфликт со нејзиното семејство. Иако со ваквиот авторитарен
родителски режим овие деца стануваат успешни, тие сепак имаат несреќно
детство потиснати од желбите на родителите. Една од причините е и нивната
оддалеченост од социјалните активности во средината каде живеат. Но иако
Waverly израсна со родители полни со авторитет, сепак таа се омажи два
пати, иако првиот пат само за да ја задоволи својата мајка. Потиснувањето на
ликот е еден од најлошите моменти во ваквите случаи. Можноста да се
отстрани индивидуализмот е најлошата закана за децата. Оправдувањата и
извинувањата на луѓето се техника за обнова на ликот кога ќе се случи
настан на посрамотување. Девојчето во овој случај не сака да се оправда но
едноставно оди против притисокот на своите родители мислејќи дека и
понатаму ќе ја разубедуваат. Но тие употребуваат стратегија на цинично
6
молчење и спротиставување на нејзините потреби. Неможејќи да ја издржи
таквата ситуација на отфрленост и грижа дека греши ќерката на Линдо
попушта под притисокот и вели дека ќе продолжи да игра шах. Мајката не го
искажува задоволството од оваа промена во размислувањето кај своето
девојче бидејќи не сака да даде до знаење дека тоа и го очекувала. Но сепак,
нејзината желба ќерката повторно да биде меѓу првите се исполнува.

За време на конфликтот членовите на културите кои им припаѓаат на


индивидуалистичките вредности имаат тенденција за ориентираност кон
сопствениот лик, додека членовите кои им припаѓаат на групно
ориентираните вредности имаат тенденција да бидат ориентирани кон ликот
на другите или заедничкиот лик.

Раководење со ликот е очигледно по тоа што вклучува штитење на


личноста, дури и ако тоа подразбира преговарање.

Начинот на преговарање со ќерката во филмот е речиси невербален.


Односно преку израз на лицето и гестикулациите. Тоа кај девојчето свесно
создава и ја предупредува која е задачата која треба да ја исполни. Тука
може да се зборува и за непочитувањето на индивидуализмот, се разбира
сфатен настрана од културните вредности и навики.

„Ликот е метафора за сликата за себе“

Дејвид Хо – „Ликот може да биде поважен и од самиот живот“

Ликот е сликата за себе што луѓето ја покажуваат на другите. Ликот се


одржува, губи или зацврстува. Ликот е идентитет кој двајца луѓе заеднички
го дефинираат во текот на еден однос. Ликот е општествено одобрена само-
слика и слика на другите.

 Потребата за позитивниот лик е да желбата да им се допаднете и да ви


се восхитуваат оние кои ви се важни во животот.

 Негативниот лик се однесува на желбата за независност и


неограниченост.

Мајката е таа која сака да ја истакне ќерката пред другите. Со тоа му се


придава значење и на самото семејство. Желбата за успех на ќерката на кој
ќе се восхитуваат сите отстрана е огромна. Тоа само ја потиснува другата
желба, т.е потребата од независност и неограниченост на ќерката. Таа сепак
сака да биде настрана од другите, да го прави она што го сака не затоа што
мора туку затоа што и го разубавува детството.
7
Активности на ликот се оние кои се превземаат за да се справиме со
желбите на ликот за самите себеси и/или останатите. Активноста се однесува
на сите вербални или невербални стратегии кои ги употребуваме за да го
одржиме, одбраниме или надградиме нашиот личен општествен само-имиџ и
да го нападнеме или одбраниме општествениот имиџ на другите.

Во филмот може да зборуваме за тактичката активност на мајката, која не


ја почитува независноста на ќерката. Таа културна нишка се провлекува дури
и во Америка. Место ослободување и слободен избор, ќерката е постојано под
притисок и ограничувња. На овој начин и се спречува нејзината слобода за
избор и посреќен индивидуален живот.

ЗАКЛУЧОК:

Конфликтот најчесто се јавува кога има спротиставување на


индивидуалнистичкото и колективистичкото сфаќање на нештата. Иако
денешниот модерен свет значи и занемерување на културните навики, сепак
свесно или не тие се одразуваат на секојдневната комуникација. Важно е да
се сфатат луѓето и од нивниот начин на согледување на нештата, бидејќи
само така ќе може да се објасни што сака да се каже. Единствено само така
ќе може да се сфатат и другите, затоа што во комуникацијата не е важно
само да се слуша туку и да се разбере содржината и пораката на
соговорникот.

You might also like