You are on page 1of 2

Република Македонија

Министерство за транспорт и врски


___________________________________

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА


ДОМУВАЊЕ
ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

Скопје, 2018 година

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ
Член 1
Во Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“
бр. 99/2009, 57/2010, 36/2011, 54/2011, 13/2012, 55/2013, 163/2013, 42/2014,
199/2014, 146/2015 и 31/2016) во член 105-а став (2) во точката 5) алинеја 4
сврзникот „или“ се заменува со запирка.
Во точката 5) во алинејата 5 сврзникот „и“ се заменува со сврзникот
„или“ и се додава нова алинеја 6 која гласи:
„АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).“
Точката 6) се брише.

Член 2
Одредбите од член 105-а став (2) точка 5) од Законот за домување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/2009, 57/2010, 36/2011,
54/2011, 13/2012, 55/2013, 163/2013, 42/2014, 199/2014, 146/2015 и 31/2016) и
одредбите од член 1 од овој закон со кој член 105-а став (2) точка 5) се
дополнува со нова алинеја 6, нема да се применуваат од денот на
влегувањето во сила на овој закон до 1 септември 2018 година.
Член 3
(1) Претседателот и членовите на Регулаторната комисија за домување
кои се именувани во периодот од денот на влегувањето во сила на овој закон
до 1 септември 2018 година, се должни да го исполнат условот за познавање
на странски јазик најдоцна во рок од една година од денот на нивното
именување.
(2) На Претседателот и членовите на Регулаторната комисија за
домување кои нема да го исполнат условот за познавање на странски јазик во
рокот утврден во став (1) на овој член им престанува мандатот.

Член 4
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија“.

You might also like