You are on page 1of 1

АЛТЕНАТИВНО ЛЕКУВАЊЕ ЗА ЗГОЛЕМЕН ИМУНИТЕТ

Алтернативната кинеска медицина највеке е насочена кон изнаоѓање на решенија за


лекување и влијание врз имуноилошкиот систем. Отука произлегуваат кинеските
лековити бнилки. Чајот од сушени печурки, познат по името Polyporus umbellatus, го
подобрува работењето на имунолошкиот систем. Чајот или тинктурата од зајчина
(Astragalus membranaceus) помага на организмот во борбата против вирусите инфекциите
и го јакне дејството на имунолошките тела. Женшен (Panax ginseng) може да го подобри
дејството на имунолошкиот систем со тоа што го спречува дејството на можните штетни
слободни радикали кои деструктивно влијаат врз имунолошкиот систем.

Алтернативното лекување со лековити билки

За ехинацејата (Echinacea spp) одамна се верува дека е силен стимулатор на


имунолошкиот систем и дека има антивирусни и антибактериски особин . Ехинацејата е
билка која американските индијанци од југозападните рамнини ја користеле за облоги,
како средство за плакнење на устата и правење чаеви. Денес таа е омилена градинарска
билка, со пурпурни цветови, може да порасне и до метар и половина во височина.
Билјарите го ценат сушениот корен на ехинацејата поради широкиот спектар на дејства
против многу вирусни и бактериски заболувања, на пример настинка, бронхитис,
инфекција на увото, грип и воспаление на мочниот меур. Според лабароториските
проучувања, ехинацејата им помага на белите крвни зрнца во борбата против туѓи
микроорганизми. Исто така, може да го зголеми во значителна мера создаавањето на Т-
клетки кои им се придружуваат на белите крвни зрнца во борбата против
предизвикувачот на инфекцијата. Ехинацејата може да биде ефикасна и како локален лек
против егземи и други кожни болести. Шитаке (Lentinus edodes) е печурка со вкус на месо
која расте на стеблата на паднатите дрвја, и долго време е основна состојка во кинеската
кујна. И во кина и во јапонија се употребава со векови како средство за борба против
карциномот. Современите кинески хербалисти оваа печурка ја употребуваат и како
лековито средство за намалување на холестеролот во крвта. Печурката содржи силно
антибактериско својство кое уништува многу микроби, предизвикувачи на многу
комплексни болести. Сулфидната состојка на печурките, исто така има широк диапазон на
антибактериски својства

Сите овие алтернативни начини на лекување допринесуваат за заштита на нашиот


имунолошки систем или на негово опстојување и воздигнување на нивото на вистинска
функционалност.

You might also like