You are on page 1of 11

K

АНОН < ИЗЛОЖУВАЊЕ НA


ПАГАНСКАТА МИСТЕРИЈА
ОВЕКОВЕЧЕНА ВО КАБАЛАТА
КАКО ПРАВИЛО НА СИТЕ
УМЕТНОСТИ <

од Вилијам Стирлинг
со предговор од Канингем Греам

2017
ПРЕДГОВОР
на второто македонско издание

Книгата Канон изложување на паганската мистерија овековечена


во кабалата како правило на сите уметности била објавена анонимно во
1897 година и до ден денес потеклото на нејзиниот автор не е доволно
разјаснето.
Речиси 40 години подоцна авторството на Канон му е припишано
на Шкотот Вилијам Стирлинг. Во 1939 Вилијам Х. Дејвис му пишал на
В.А. Марсден, кураторот од Британскиот Музеј, дека не е наведено ав-
торството на книгата Канон и дека требало да стои „Вилијам Стирлинг,
архитект (умрен 1902, на 42 год.)“. Оттогаш наваму неговото име фи-
гурира како автор на делото во Британскиот библиотечен каталог.
Постоењето на Стирлинг се потврдува со писма што ги има во На-
ционалната Библиотека на Шкотска, Библиотеката на Хотон, Универ-
зитетот Харвард и амстердамската Bibliotheca Philosophica Hermetica.
Во Речникот на Шкотските Архитекти постојат кратки биограф-
ски податоци за Стирлинг. Стирлинг е роден во Данблејн на 24.07.1861,
син единец на архитектот Вилијам Стирлинг III и неговата жена Агнес.
Неговиот татко починува во 1867 и ја остава својата жена со три мали
деца (Вилијам и неговите две сестри Ен и Ада, кои тогаш имале шест,
четири и осум години). Мајката на Вилијам живеела во Њутон Котејџ,
Данблејн, адресата каде сè уште живеела Вилијамовата сестра Ада во
1929. Во Канон постои едно споменување на родниот град Данблејн во
фуснота на стр. 12.
Фамилијата успева да го запише Вилијам Стирлинг како стипендист
на колеџот Фетис во 1873 во Единбург. Колеџот е основан од Вилијам
Фетис, богат трговец и филантроп со цел да им обезбеди бесплатно об-
разование на сирачиња и други деца кои ‘невино страдаат’. Наставниот
план на колеџот Фетис вклучувал латински, грчки англиски, француски,
Предговор v

германски, музика, сликање и архитектура. Пред тоа Стирлинг учел


во локалното парохиско школо. Во 1879 е земен на обука во фирмата
од архитектот Џон Бернет од Глазгов, па при крајот на стажирањето
во 1884 добива место во канцеларијата од лондонскиот архитект Чарлс
Џејмс Фипс. Тоа бил Ч.Џ. Фипс (1835-1897), водечкиот лондонски ар-
хитект на театри, кој наедно бил овластен за да го дизајнира Кралскиот
институт на британски архитекти. Во 1882-1883 Фипс бил во Един-
бург при градбата на Кралскиот лицеј, па можно е тогаш да го сретнал
младиот архитект. Во 1884 се претполага дека Стирлинг бил запишан
на Кралската Академија на Уметности, а во 1893 станал демонстратор
по архитектура на Универзитетскиот Колеџ во Лондон се до 1901-1902
год. Таму започнал како демонстратор на часовите од професорот То-
мас Роџер Смит и на крајот напредувал до асистент. Многу од приме-
рите во Канон можно е да му биле сугерирани од страна на проф. Смит
кој предавал за Архитектурата како Ликовна Уметност и за нејзиното
потекло.
Во 1884 Стирлинг веројатно бил во Лондон, бидејќи во Канон спо-
менува еден манускрипт на велен (Апокалипсата од Св. Јован напиша-
на околу 1300 год. со бројни минијатури меѓу кои и онаа на Новиот
Ерусалим), што се чувал во Британскиот музеј. Извесен читател со име
Вилијам Стирлинг е регистриран во Британскиот музеј во мај 1884, а
приложената адреса е недалеку од домот на Ч.Џ. Фипс. Постои и едно
автографско писмо од 15 мај 1900 до книжарите Messrs J & Leighton
што содржи упатства за повезување на ракопис; а адресата што ја при-
ложил е Албион Чејмберс 11, Адам Стрит Лондон, каде живеел барем
од 1896 и каде го завршил животот.
Преку познанството со Шкотот Роберт Канингем Греам – веројат-
но заради соработката на нивните татковци – Стирлинг навлегол во
уметничките кругови и во друштвото на Вилијам Ротенштајн, Перси
Виндам Луис и Вилијам Батлер Јејтс. Всушност Стирлинг го познавал
Виндам Луис (1882-1957) а се спријателил со сликарот Вилијам Ро-
тенштајн (1872-1945), преку Роберт Канингем Греам (1852-1936), кој
бил автор, патник, гаучо во Аргентина и политичар во Обединетото
Кралство. Ротенштајн, пак, го запознал Стирлинг со поетот В.Б. Јејтс.
Очигледно Стирлинг го сметал Ротенштајн за многу близок штом му ги
оставил на чување своите ракописи. Не знаејќи што да прави со рако-
писите, Ротенштајн му ги предал на Јејтс кој сè уште ги држел до поче-
vi КaНОН

токот од 1903, кога љубопитниот А.Е. Вејт посакал да го види и земе го-
лемиот куп од необјавени ракописи што го оставил Стирлинг. Меѓутоа
Вејт како „плодовит“ автор на окултни тематики заклучил „дека нема
да биде голема загуба за светот“ ако не се објават, па му ги вратил на
поетот.
Во својата книга „Луѓе и Спомени“, Вилијам Ротенштајн го евоцира
сеќавањето за животот и карактерот на Стирлинг:
„Првата вест, која ми ја соопшти сопругата беше дека Стирлинг по-
чинал. Бев шокиран зашто длабоко се грижев за него. Требаше да говорам
за Стирлинг пред ова. Канингем Греам ми имаше напишано во 1897: ’Бог
е голем (како што знаеш) ама е многу немарен, колку јас што знам. Затоа
ти го пишувам писмово за да те запознаам со мојот пријател г. Стирлинг.
Тој е Шкот, архитект во кој не е присутна коварност. Тој напиша исклу-
чително интересна книга за фалусното обожување, а јас му го напишав
предговорот. Требаше да ја објави г. Кверич, ама во последен момент се
појави проблем околу условите на плаќање. Г. Стирлинг чул за Хакон &
Рикетс, па изгледа им се обратил. Затоа ти пишувам да го земеш Стир-
линг под рака и нога за нога да појдеш и да го претставиш на Хакон, ...
Во Стирлинг видов извонреден и пријатен карактер. Тој е самодоволен и
едвај познава некого. Архитект е, без работа, кој го посвети сето свое вре-
ме на проучување. Тој има необични погледи и теории – не знам колку
се поткрепени со докази – за евангелијата и за градбите на раните цркви;
според негово мнение основите на раните цркви секогаш биле симбо-
лични. Тој знае доста за темава, правеше истражувања и состави теории,
кои ги отелотвори во книгата Канон. Многу сум неупатен во темата за
да имам некое мислење; но можам само пофално да се изразам за префи-
нетоста на карактерот од Стирлинг; тој е еден од оние луѓе, кој ги прави
другите да изгледаат груби наспроти него, без оглед колку се надарени и
славни. Имам сретнато само два-тројца такви луѓе со иста сензитивност
– и сите тие не беа славни.
За да ја проучува темава, Стирлинг беше страстен колекционер на
книги; дури и се сомневам дека има гладувано за да ги купи, оти ми изгле-
даше заслабнат, па дури и видов некои симптоми кај него кои ме растре-
вожија. Тој ми говореше дека го следеле и таквото чувство се зголемуваше
кај него. Имаше сместување во Јорк Билдингс, каде некој се доселил и
- како што велеше - ги следел неговите движења. Се вознемирив и еден
ден го посетив неговиот сосед; открив дека е младиот актер, неодамна до-
селен во Лондон – еден Гренвил Баркер – и беше очигледно дека сомне-
жите на Стирлинг беа неосновани. Веднаш пред да заминам од Лондон
Предговор vii

за Германија, Стирлинг ме посети и ми даде примерок од неговата книга.


На заминување, пред да ме отпоздрави нежно ми ги допре образите со
прстите и ми притекна дека си мисли оти ме гледа за последен пат. Се
потсетив на ова кога сопругата ми ја кажа трагичната вест..“

Стирлинг до 1897 истражувал и го пишувал делото Канон, па го


објавил анонимно во истата година кај Елкин Метјуз со предговор од
Канингем Греам. Книгата била финансирана од рудниот магнат Хенри
Вилијам Хендерсон Дансмур од Гленбрух, Каландер. Во книгата Канон
повеќето белешки на Стирлинг упатуваат на Витрувиј и Чезаријано, но
сепак постои укажување дека ја следел и современата професионална
литература. На стр. 237 споменува план што е објавен во списанието
„Builder, јануари 1894, кое било водечко списание за архитекти од тој
период.
Од преписката на Стирлинг и Канингем Греам (декември 1896) се
заклучува дека Стирлинг му го испратил ракописот од книгата на раз-
гледување и од него добил големо охрабрување да продолжи со работа-
та:
Ти многу ме охрабри со твоето благонаклонето мнение за книгата.
Се плашев дека на секој човек што не е математичар или кабалист ќе му
биде неразбирлива.

Кога Канингем Греам го запрашал дали се нови идеите кои се изло-


жени во книгата, Стирлинг одговарил:
... бидејќи главната цел на книгата е насочена да покаже дека Каба-
лата, што е сврзана со космичките броеви, го чини древниот канон на
теологијата и уметностите, тогаш може да се каже дека материјалот што е
пред тебе е значително „нов“ и во поглед на главната генерализација и во
однос на посебните докази што се приведени.

Тој признава дека некои од идеите се веќе „присутни наоколу“ некое


време и наведува дел од своите извори: William Drummond’s Oedipus Ju-
daicus, 1811; Godfrey Higgins’ Anacalypsis, (1836) и Gerald Massey’s Book
of Beginnings & Natural Genesis, (1881‒1883). Кога пак бил запрашан за
неговите погледи во однос на религијата, Стирлинг одговара:
Со оглед дека си збунет во однос на мојот став спрема религијата,
сметам дека треба да заборавиме на минатото. Моето мнение е дека по-
пуларната религија отсекогаш била суеверие и дека теологијата на ини-
viii КaНОН

цијантите била само генијална философска хипотеза со научна основа,


додека светите списи обезбедувале код на симболи што му овозможувал
на свештениците, кога говореле за мистериите, да го прикријат своето
знаење од луѓето. Таков бил случајот сè дури не се појавила каста на свеш-
теници кои имаат малку повеќе авторитет од денешниве со изјавите што
ги даваат за боговите. Како предизвик за антикварите, старата религија
е исклучително фасцинантна. Не гледам причина зошто би бил наречен
материјалист.

Покрај Канон, Стирлинг спремал и ново дело насловено „Тради-


ција“ во чест на миланскиот архитект Чезаријано, преведувачот на Ви-
трувиј.
Како што наведува Ротенштајн во периодот 1901-2, Стирлинг стра-
дал од параноидни напади и сметал дека некој го следи и шпионира. Во
април 1902, Стирлинг извршил самоубиство во својот стан во Албион
Чејмберс, а официјалните полициски документи за настанот се изгубе-
ни. Сведоштвото на Ротенштајн укажува дека тој не умрел од природна
смрт.
Виндам Луис во неговата книга „Rude Assignment“ (1950) дава по-
тресен приказ за неговата смрт:
„Со своите слаби залихи тој ја поддржувал неговата стара мајка и се-
стра и живеел во малечок темен стан на Аделфи. Две-три недели никој
го немаше видено наоколу. На крајот провалија: тој лежеше точно пред
вратата со неговото пресечено грло. Стаорите што хараат по лондонската
канализација беа однеле делови од неговото тело“.

Ротенштајн планирал да го спомене Стирлинг во вториот том од


својата книга Луѓе и Сеќавања, па во преписката со Вилијамовата се-
стра Ен, таа го замолува да не споменува ништо за „трагичните детали“
од неговата смрт, бидејќи мајка му и сестра му Ада биле многу возне-
мирени од смртта и знаеле само дека умрел од срцева болест по напад
од грип.
Веројатно неговата сестра Ен го припремила текстот од посмртни-
цата што се појавилa во The Stirling Observer на 3 мај: „ ... Господин Стир-
линг беше високо образован и способен архитект со незанемарливи
книжевни вештини ... тој се посвети на проучување на една длабока те-
матика, што не е неповрзана со архитектурата, имено тоа е езотерична-
Предговор ix

та наука за древните уметности и религии, па во 1897 го објави Канон,


значајно дело на оваа тема што вклучува големо истражување и значи-
телна оригиналност. Тој наедно посвети многу внимание на уметноста,
особено на проучување на слики и гравури, та неговото мнение беше
високо ценето од страна на уметниците и издавачите .... Г. Стирлинг
беше добро познат во Лондонските културни кругови и беше високо
ценет ...“
Стирлинг случајно ја потврдува оваа уметничка сензибилност во
Канон кога упатува на сликата од Паоло Веронезе „Визијата на Св.
Елена“ (првата верзија од 1565, Национална галерија бр. 1041) како на
една од најубавите слики во светот ... Уметникот Паоло Веронезе т.е.
Каљари се беше потрудил „тајната на вистинскиот крст да се претстави
со значителна точност“.
Сестра му Ен го организирала неговиот погреб и ја наследила не-
говата оставштина. Најпрво сестра му ги предала ракописите на Ротен-
штајн, како на книжевен извршител, но тој не знаејќи што да прави со
нив, побарал помош од Јејтс. И Јејтс се чувствува неспремен за таа зада-
ча, па во своето писмо до Ротенштајн (на 17 октомври 1902), му вели:
... Многу би сакал да ги видам ракописите од Стирлинг кога ќе дојдам
во Лондон во ноември ... порано или подоцна тој беше сигурен дека ќе
направи добро дело – тој ми покажа дел од нацртите на некаков пагански
храм, кој ми изгледаше прилично фантастичен – не можев да ги следам
неговите нумерички спекулации и навистина немам голема доверба во
нив, но тој ги осветли и оживеа сите интересни работи“.

На 19 јануари 1902 Јејтс му ги предава ракописите на Вејт [A.E.


Waite] и бара од него да му ги врати во март. Ротенштајн наведува дека:
„Ниту пак можеше Јејтс да стори нешто со списите од Стирлинг; тие
беа премногу неповрзани и недовршени“.

Ракописите од книгата „Традиција“ биле продадени од сестрата Ен


на Стирлинг преку Вилијам Х. Дејвис во 1929-30 и нивната локација
денес е непозната. Во една преписка со Дејвис, Ен ја споменува Геор-
гина Нејлиор:
Г-ѓа Нејлор работеше на белешките и се обидуваше да ги подреди,
а тоа е многу тешка задача, па јас ќе ја консултирам и ќе запрашам дали
некој дел од нив може да се објави.
x КaНОН

Георгина Нејлор била талентирана уметница, ќерка на ливерпул-


ски банкар, родена во Лискард, грофовија Чешир на 29 јули 1854. Таа
студирала ликовна уметност на школото Слејд, кое било дел од Уни-
верзитетскиот лондонски колеџ. Нејзини колешки биле Мина Бергсон
(односно Мојна Мејдерс, жената на Макгрегор Мејдерс, еден од осно-
вачите на Редот Златна Зора) и Ени Хорниман.
Р.А. Гилберт во модерното издание на Вајзер ја опишува ано-
тираната копија на книгата Канон што ја поседува и споменува дека
постојат некои нејасни ознаки дека е посветена на некоја „Госпоѓица
Нејлиор“ [To Miss Nalyor In Memoriam], макар што името е сосема не-
вообичаено за Англија. Сосем оправдано тој претполага дека се работи
за „Naylor“. Од белешката, пак, на стр. 365 се сретнуваат иницијалите
G.N. па оттука Гилберт претпоставува дека коментаторот на делово е
некој учен свештеник, кој се бавел со окултни науки. Откако ги спо-
редил писмата на Георгина Нејлиор (обезбедени од Cis van Heertum,
кураторот на Bibliotheca Philosophica Hermetica во Амстердам) со не-
говата анотирана копија на Канон, Гилберт потврдува дека ракописот е
ист.
Се претпоставува дека Георгина Нејлиор ги користела материја-
лите од Стирлинговата книга Традиција, која била замислена како до-
полнение на Канон. Од анотациите и коментарите во анотираната вер-
зија на Канон очевидно е дека се планирало ново ревидирано издание.
Георгина Нејлиор не е спомната од William Rothenstein и Wyndham
Lewis, ниту е регистриран корисник во Британскиот Музеј.
Постојат и некои други шпекулации и мистификации околу иден-
титетот на авторот од Канон. Една од нив е и следнава:
„Стандардно објавено дело за масонската кабала е Канон (1897).
Во ниедно друго дело не постои вакво меродавно изложување на ну-
меролошката вештина. Авторството на оваа книга е загатка. Модер-
ниот уредник Џон Мичел развива елаборирана, но целосно неубед-
лива вообразба – ’За оваа мистериозна личност, Вилијам Стирлинг,
чие животно дело е прикажано во оваа книга, ништо биографско не
е потврдено, освен дека е масон и дека се самоубил во својот стан во
Аделфи, Лондон‘. Всушност не постои таква личност како Братот
(Аделфос) ’Вилијам Стирлинг‘. Името е измислица наменета за да се
сокрие идентитетот на вистинскиот автор(и). Интересно е што името
Предговор xi

е намерно смислено како кабалистичка игра на зборови врз онаа од


Вилијам Шекспир.
WILLIAM STIRLING 900 + 9 + 20 + 20 + 9 + 1 + 30 + 90 + 100 + 9 + 80 + 20
+ 9 + 40 + 7 = 1344

WILLIAM SHAKESPEARE 900+9+20+20+9+1+30+90+8+1+10+5+90+60


+5 + 1 + 80 + 5 = 1344

Ова е многу интересен доказ, но може да се работи за случајност,


зар не? Всушност тоа е не е веројатно, бидејќи е двојно енкриптирано:
можеме да ги испитаме и двете имиња со помош на Едноставниот ан-
глиски гематриски код, па и во овој случај двете имиња остануваат со
иста вредност:
WILLIAM STIRLING 21+9+11+11 + 9 + 1 + 12 + 18 + 19 + 9 + 17 + 11 + 9
+ 13 + 7 = 177

WILLIAM SHAKESPEARE 21 +9+11+11+9+1+12+18+8+1+10+5+18+15+


5+1+17+5 = 177

Во прилог на ова тврдење оди и фактот што не постојат никакви


докази дека авторот бил масон или член на некое тајно друштво од тој
период. Не постојат ни преписки меѓу Стирлинг и неговите совреме-
ници од езотеричниот свет, па сепак книга како Канон едноставно не
може да ја напише човек, кој е неупатен во Мистериите. На стр. 153 ав-
торот дава загатка од 28 степен на Шкотскиот масонски ритуал кога ги
споменува Орфеј и Исус, додека пак на самиот крај од книгата наведува
цитат од масонскиот манускрипт Regius (1390), што е уреден и објавен
од Џејмс Халивел.
Книгата Канон е вистински бисер во езотеричната литература
и уште при нејзиното издавање добила висока оцена од Вилијам Вин
Весткот, угледен масон и основач на редот Златна Зора. Во „Теозоф-
ската Ревија, том. xxii, 1898, стр. 85-90), Весткот напишал дека, „ова
дело не е за генералната публика; премногу е нејасно и математичко ...
а книжевните критичари не можат да напишат логичен приказ на оваа
книга“. Весткот напишал многу пофалби за анонимниот автор на дело-
во заради неговата „ерудиција и генијалност“.
Истиот восхит кон ова дело го делел и окултистот Алистер Кроули,
кој исто така бил член на Златна Зора. Тој го навел Канон во листата
xii

на препорачани книги со една концизна напомена: „Канон од Вилијам


Стирлинг – најдобар учебник за применета кабала“.
Досега постојат две значајни изданија на Канон:
- The Canon: London: Granstone, 1974, London: Research into Lost
Knowledge Organisation, 1981
- York Beach (ME): S. Weiser, 1999.
Најдобро издание е она на Вајзер од 1999, кое содржи вовед на Р.А.
Гилберт, и други биографски податоци за Стирлинг.
Во второво македонско издание се вметнати појаснувања на тек-
стот, белешки од анотаторот (означен како анот.) како и многу додат-
ни слики, на кои се упатува во текстот.
M.
СОДРЖИНА

Предговор . . . . . . . . . . . . . . . . . . . xiv
I ВОВЕД . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
II СВЕШТЕН ДЕЛ . . . . . . . . . . . . . . . 14
III КАБАЛА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 32
IV НОЕВА АРКА . . . . . . . . . . . . . . . . . 54
V ИМИЊА НА БОГОВИТЕ . . . . . . 66
VI КРСТ НА РАСПЕТИЕ . . . . . . . . . . 111
VII БАБИЛОНСКА КУЛА . . . . . . . . . 125
VIII ХРАМОВИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 145
IX СЛОБОДНО ЅИДАРСТВО . . . . . 189
X МУЗИКА НА СФЕРИТЕ . . . . . . . 204
XI РИТУАЛ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 217
XII ГЕОГРАФИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . 238
XIII РЕТОРИКА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 264
Индекс . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 316

You might also like